6
Fotografija i grafi~ki dizajn 6 ФОТОГРАФИЈАТА ВО 20- ТИОТ ВЕК П о многу нешта, почетокот на 20-тиот век преставува радикална пресвртница за развојот на фотографијата. Таа за прв пат доби подиректен пристап. Фотографите почнаа да се фокусираат на предметот , имиџот пред нив, оставајќи ја во заден план и надвор од фокусот позадината, нешто што дотогаш не беше пракса. Овој начин на фотографирање беше многу поблизок до човечкото око. Следбениците на новата ера на фотографијата почнаа да размислуваат за фотогафијата како уметност сама по себе, уметност која има право да опстојува сама. Во тоа време освен природната игра на сенки и светла, благо фукусирани имиџи, фотографите се уште манипулираа со процес на ретуширање или рачно доцртување на фотографијата. Следбениците на чистатафотографија сметаа дека таа сама по себе треба да доволно добра и секое доцртување треба да им се остави на уметниците, а не на фотографите. Во тоа врме, на самиот почеток од 20 век еден фотограф Алфред Штејлиц ја почна битката за признавање на фотографијата како уметност . Во 1907 година во САД, овој фотограф почна нова ера во фотографијата со неговата позната слика „the steerage„. Тој беше комплетно свесен кога ја сликаше оваа фотографија дека она што го прави ќе има значителни реперкусии на фотографијата и начинот на кој од тогаш па натаму ќе се гледа на неа. Подоцна самиот тој самиот за фотографијата ќе напише дека тоа претстави нова ера во перцепицијата поради огромното влијание и релациите меѓу формите и длабоките човечки чувства. Штерлиц повќе од 60 години го охрабруваше секој обид за авангардна фотографија. Неговата фотографија пак беше чиста директна и влијаеше на генерации одлични фотографи кои ја напишаа историјата на фотографијата на 20-тиот век. Меѓу најзначајните е секако Richard Avedon,кој беше неуморен светски хроничар повеќе од 50 години. Тој го фотографираше Движењето за цивилни права на југот на САД, беше фотограф на Вог , со неговиот апарат ги следеше анти воените протести во САД во 70-тите години од минатиот век, ги фотографираше воените жртви од Виетнам, а познат беше и по неговите исклучителни портрети. Тој е првиот фотограф на познатиот The New Yorker. Неговите фотографии се објавени во девет публикации. Robert Capa, самоукиот фотограф кој достигна светска слава на воен фотограф својата приказна ја започна како емигрант во Париз каде почна да работи како фриленс фотограф. Неговите фотографии од цивилната војна во Шпанија го привлекоа вниманието на издавачите. Како воен фотограф патувал во Кина, Германија, Израел. Во 1954 година бил смртоносно повреден во Виетнам. Негоават смрт беше последица на неговото животно мото ако твојата фотографија не е доволно добра, тоа значи дека не си бил доволно блиску до настанот. Квалитетот кој излегува од неговите фотографии произлефува од неговара фасцинираност од тенката линија помеѓу желбата за живот и самоуништување. Капа не само што ги постави стандардите за воена фотографија, тие беа и манифест протви војната, човечките страдања и неправдата. Паѓањето на војнике познатa фотографија на Роберт Kапа, војник за време на Шпанската граѓанска, 5 септември 1936 година.

Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

Citation preview

Page 1: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

Fotografija i grafi~ki dizajn

6

ФОТОГРАФИЈАТА ВО 20-ТИОТ ВЕК

По многу нешта, почетокот на 20-тиот век преставува радикална пресвртница за развојот на фотографијата. Таа за прв пат доби подиректен пристап. Фотографите почнаа да се фокусираат на предметот,

имиџот пред нив, оставајќи ја во заден план и надвор од фокусот позадината, нешто што дотогаш не беше пракса. Овој начин на фотографирање беше многу поблизок до човечкото око. Следбениците на новата ера на фотографијата почнаа да размислуваат за фотогафијата како уметност сама по себе, уметност која има право да опстојува сама. Во тоа време освен природната игра на сенки и светла, благо фукусирани имиџи, фотографите се уште манипулираа со процес на ретуширање или рачно доцртување на фотографијата. Следбениците на „чистата„ фотографија сметаа дека таа сама по себе треба да доволно добра и секое доцртување треба да им се остави на уметниците, а не на фотографите. Во тоа врме, на самиот почеток од 20 век еден фотограф Алфред Штејлиц ја почна битката за признавање на фотографијата како уметност. Во 1907 година во САД, овој фотограф почна нова ера во фотографијата со неговата позната слика „the steerage„. Тој беше комплетно свесен кога ја сликаше оваа фотографија дека она што го прави ќе има значителни реперкусии на фотографијата и начинот на кој од тогаш па натаму ќе се гледа на неа. Подоцна самиот тој самиот за фотографијата ќе напише дека тоа претстави нова ера во перцепицијата поради огромното влијание

и релациите меѓу формите и длабоките човечки чувства. Штерлиц повќе од 60 години го охрабруваше секој обид за авангардна фотографија. Неговата фотографија пак беше „чиста „ директна и влијаеше на генерации одлични фотографи кои ја напишаа историјата на фотографијата на 20-тиот век. Меѓу најзначајните е секако Richard Avedon,кој беше неуморен светски хроничар повеќе од 50 години. Тој го фотографираше Движењето за цивилни права на југот на САД, беше фотограф на Вог, со неговиот апарат ги следеше анти воените протести во САД во 70-тите години од минатиот век, ги фотографираше воените жртви од Виетнам, а познат беше и по неговите исклучителни портрети. Тој е првиот фотограф на познатиот The New Yorker. Неговите фотографии се објавени во девет публикации.

Robert Capa, самоукиот фотограф кој достигна светска слава на воен фотограф својата приказна ја започна како емигрант во Париз каде почна да работи како фриленс фотограф. Неговите фотографии од цивилната војна во Шпанија го привлекоа вниманието на издавачите. Како воен фотограф патувал во Кина, Германија, Израел. Во 1954 година бил смртоносно повреден во Виетнам. Негоават смрт беше последица на неговото животно мото „ако твојата фотографија не е доволно добра, тоа значи дека не си бил доволно блиску до настанот. „Квалитетот кој излегува од неговите фотографии произлефува од неговара фасцинираност од тенката линија помеѓу желбата за живот и самоуништување. Капа не само што ги постави стандардите за воена фотографија, тие беа и манифест протви војната, човечките страдања и неправдата.

“Паѓањето на војник” е познатa фотографија на Роберт Kапа, војник за време на Шпанската граѓанска, 5 септември 1936 година.

Page 2: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

7

Fotografija i grafi~ki dizajn

Henri Car er- Bresson, или е жива легенда помеѓу фотографите. Неговата најголема способност да го забележи вистинскиот момент. Тој има работено за најпознатите весници и магазини во светот. Заедно со Robert Capa, David Seymor, Georg Roger го основа „Магнум„. Неговата работа има големо влијание на начинот на кој луѓето понатаму ја гледаат фотографијата.

Go ried Helnewein е познат по неговите портрети. Неговите дела ги објавуваше на големи постери. Тој е наградуван како еден најзначајните политички посветени фотографи. Јавната реакција и дел од неговата артистичка работа и во служба на толку саканата концептуална уметност.

Војниците се истоваруваат на Омаха Бич на Денот Д, 6 Јуни, 1944-Роберт Капа

Зад Gare Св Lazare: една од најпознатите фотографии na Картие Бресон-, илустрираат “решавачки момент” концепт кој се карактеризира многу на неговата работа

Henri Cartier-Bresson- Juvisy, France. 1938

Gottfried Helnwein, “Деветтатo ноемвриска ноќ”, инсталација

“Златниот век со гротески” (Мерилин Менсон), фотографии од Gottfried Helnwein, 2003 година

Page 3: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

Fotografija i grafi~ki dizajn

8

Newman Arnold е фотограф кој животот го посвети на документарната фотографија. На почетокот на кариерата тој фотографираше портрети на познат личности од светот на литературата и уметноста, музиката и филмот. Тој разви посебен стил наречен „портрет во природна околина„. Тој портретите ги сликаше во средина која е блиска до личноста кој ја фотографира

Newton Helmut, Германец кој живеел во Монако и патувал со австриски пасош, фотографирал акти и соработувал со Вог и Плејбој. Интересен е по тоа што неговите дела или биле обожувани или длабоко презирани. Овој фотограф создаде нов стил во модната фотографија и по тоа остана најмногу запаметен.

Пабло Пикасо, портрет фотографиран од Newman

Портрет на Alfried Krupp

Page 4: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

9

Fotografija i grafi~ki dizajn

РАЗВОЈ НА ФОТОАПАРАТОТ ВО 20-ТИОТ ВЕК

Во почетокот на 20-тиот век заедно со новиот правец во фотографирањето и етаблирањето на фотографијата како посебна уметност се случува и голем технолошки развој на фотографските апарати. Во 1925 година на пазарот е пуштена 35 милиметраска - Leica апарат со 35 милиметарски филм, помал од сите тотогаш видени високоформатни фотоапарати. Овој апарат снимал фотографии чии страници биле со размер 2:3, што од тогаш до денес преставува еден вид стандард во фотографијата.

Следниот голем технолошки чекор е фотографијата во боја. Само по себе ова не било револуционерно откритие, бидејќи и до тогаш имаше неколку повеќе или помалку успешни експерименти со бојата. Првиот модерен филм во боја, Кодакхром беше пуштен во производство 1935 година. Но дури во последните неколку децении од минатиот век филмот во боја стана популарен помеѓу аматерите и професионалците.

Дигиталната фотографија се појавува во момент кога традиционалната фотографија се повеќе стануваше пречка за фотографите кои работеа на терен далеку од фотолабораториите каде можеа да ги прават своите фотографии. Ова беше особено проблем за дописниците. Со се поголемиот напредок на телевизијата која стануваше и се поголема конкуренција, фотографиите мораа побрзо да се доставуваат до весниците. Фоторепортерите кои работеа на локации ширум светот носеа со себе минијатурна фотолабораторија и некои средства за пренесување на сликите преку жица. Во 1981 година Sony ја промовираше првата камера која користи CCD “Charged Coupled Device” и на која не и треба филм. Новата Sony Mavica ги складирала сликите на диск и тие се прикажувале на телевизија.

Затоа и камерата неможе да се нарече дигитална во целост. Во 1990 година Кодак во јавноста ја престави DSC 100 првата достапна дигитална камера. Поради високата цена не се користела никаде освен во професионалното новинарство. Сепак ова беше зачетокот на дигиталната фотографија.

ФОТОАПАРАТ И КАКО ФУНКЦИОНИРА

Сите апарати, од наједноставните па до најкомпликуваните ја имаат истата основна конструкција секој од нив има внимателно конструирано куќиште кое уште се нарекува и тело на фотоапаратот, кое не дозволува навлегување на надворешно светло, освен низ објективот. Телото на фотоапаратот ги обединува механизмот за чкрапнување, регулатор на експозицијата, светломерот, окулаторот за снимање и објективот.

Фотоапаратот е механичка направа која со помош на објективот пропушта светлина, која под прав агол паѓа ма фотоосетлива емулзија на филмот и ја оцртува сликата на објектот што се наоѓа пред фотоапаратот.

Остра и јасна слика на објектот се добива преку оодесување на позицијата на објективот во однос на површината на филмот. Тоа се вика фокусирање или изострување. Изострувањето ја прави остра сликата што ја гледаме или некој нејзин дел.

Денешните фотографски филмови се премачкани со емулзии кои се многу поосетливи од оние кои шшто биле користени од основоположниците

Page 5: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

Fotografija i grafi~ki dizajn

10

на фотографијата, затоа треба многу точно да се експонираат на светлина. За таа цел постојат два регулатори на количеството на светлина кое поминува низ објективот и паѓа на филмот. Тоа се експозиција и бленда.

Времето на изложување на филмот на светлина- експозицијата денес се изразува во стоти и илјадити делово од секундата за разлика од десетиците минути или дури и часови потребни за тоа во 18-тиот век.

За прецизно одредување на експозицијата во делови од секундата, задложен е механизмот на завеса кој работи на принцип на чкрапнување. Со притисок на прстот на чкрапалото, завесата се ослободува и го изложува филмот на светлина во период од една секунда до оум илјадити дел од секундата, во зависност од селекторот на експозиции. По потреба завесата може да остане отворена бесконечно долго (ноќни екпозиции).

Блендата е составен дел од објективот и преставува механички систем од тенки метални ливчиња кои се собираат и отвараат, притоа регулирајќи го количеството светлина кое поминува низ објективот. Блендата и експозицијата работат заедно за да се одреди точното количество светлина потребно за правилно експонирање на филмот.

Со затварање на блендата се менува и квалитетопт на сликата во делот на длабинската острина. Колку е позатворена блендата, толку длабинската острина на фотографијата е поголема и обратно. Вредностите на блендата се бележат со буквата Ф која во зависност од квалитетот на објективот може да биде Ф1 кога е најотворена, па се до Ф64 кога речиси е сосема затворена. Во тој дијапазон блендата опаѓа или се менува за корен до два.

Објективот е можеби најбитниот дел од секој апарат. Во почетокот преставувал само едно дупче на темната комора, а потоа еволуирал преку една леќа, во комплексен систем од различни леќи кој постигнува голем степен на острина на сликата, со голема разделна способност и светлосна јачина. Според својата намена објективите имаат различно фокусно растојание на леќите и се делат на широкоаголни, нормални, телеобјективи и зум објективи.

Нормалните објективи се оние кои ја даваат сликата која минува низ објективот без никакви деформации, токму онака како што ја гледа нашето око. Широкоаголни се оние кои што ја даваат сликата привидно поширока одвисстинското видно поле. Телеобјективите се оние кај кои сликата е зголемена. Зум објективите пак можат да го менуваат фокусното растојание и со тоа да се користат како широкоаголни, нормални или како телеобјективи.

Филмот е носач- подлога на фотоосетливата емулзија која по експонирањето во темната комора на фотоапаратот содржи латентна слика која со помош на хемиска обработка низ развивач и фиксир станува видлив негатив на реалната слика. Од неа потоа се добиваат позитиви со различни димензии. Современите филмови се произведуваат со различна осетливост на емулзијата која се изразува во ИСО и може да биде од 25 ИСО па се до 6.400 ИСО. Како нормално осетлив филм се зема 100 ИСО. Вредностите под тоа се нискоосетливи филмови, а над тоа се осетливи и високоосетливи филмови.

Според видот на филмот има црно-бели негативни филмови, негативни филмови во боја, позитив филмови или слајдови и инфрацрвени филмови.

35 мм СЛР фотоапарат

Без никакво сомнение идните историчари на фотографијата ќе се согласт дека едноокиот рефлексен фотоапарат (single lens refl ex-SLR) е најуспешно конструирана фотокамера. Таа е лесна, издржлива, едноставна за ракување, има вграден светломер различни видови променливи објективи и друга опрема.

Овој фотоапарат функционира на тој начин што сликата се прима низ објективот и се „фрла„ на косо подвижно огледало, кое ја пренесува на мат стакло. Бидејши сликата на мат стаклото е идентижна со онаа што паѓа на филмот, не се јавува паралакса. Механизмот за одредување на експозицијата го поврзува подвижното огледало со механизмот на чкрапнување, така што кога се притиска чкрапалото

Page 6: Fotografija na 20vek,fotoapatat i kako funkcionira

11

Fotografija i grafi~ki dizajn

завесата се отвара, истовремено и огледалото се подига, светлоста непречено паѓа на филмот, со што веќе имаме латентна слика. Современите СЛР апарати имаат механизам за автоматско премеотување на филмот, така што по чкрапнувањето експонираното парче филм се заменува со ново.

ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА

Поради потребата во што можно пократок рок да се достават настаните до медиумите, фотографската техника постојано се развивала во правец на скратување на постапките за добивање на фотографија. Првите обиди биле да се забрза хемискиот процес на развивање на фотографиите. Овој требд сепак бил неуспешен бидејши процесот има свои граници кои не можат да се прескокнат. Еден од начините бил лабораторијата да се однесе на самото место и да се движи заедно со фоторепортерот.

Усовршпувањето на техниката за праќање на фотографиите по телефон наместо по пошта го скратило времето на праќање од неколку дена на неколку часа, иако тогашната телефото -техника се уште била бавна од денешна гледна точка.

Со појавата на компјутерот, интернетот и скенирањето на фотографиите, времето на

дистрибуција на фотографиите се скратува уште повеќе, но и понатаму останува потребно филмовите да се развијат и да се изработат фотографиите ккои потоа се скенираат и се препраќаат понатаму. Еден од начините е и појавата на специјализрани скенери што го скенираат негативот и со тоа се прескокнува процесот и времето потребно за изработка на фотографијата на хартија.

Но на ова ниво на развој на техниката за максимално скратување на периодот за добивање на фотографија се покажало потребно фотографијата уште во самиот фотоапарат да се трансформира во дигитална форма. Па така следниот чекор во развојот биле дигиталните фотоапарати кои ги задржале сите основни делови на класичните фотоапарати, со таа разлика што филмот и механизмот за транспорт на филмот биле заменети со ЦЦД сензор, кои сликата што паѓа на него ја претвора во единици и нули и потоа ги забележува на мемориска картичка.

Дигиталните фотоапарати времето на испрашање на фотографијата од местото на настанот до редакцијата го скратиле буквално на неколку минути. Современиот фоторепортер покрај неизбежниот дигитален фотоапарат, опремен е и со мобилен телефон и лабтоп- момпјутер, со што фотографиите од теренот веќе финално обработени ги праќа директно во весникот или агенцијата. Кај големите агенции покрај фотографијата и настанот, честопати се става и времето кога таа е снимена. Па така неретко ќе најдете фотографија снимена пред 11 минути.

Диаграм на современ професионален дигитален фотоапарат