40

IAESTE Macedonia Annual Report 2011

Embed Size (px)

DESCRIPTION

IAESTE Macedonia Annual Report 2011

Citation preview

Page 1: IAESTE Macedonia Annual Report 2011
Page 2: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

кампања за обезбедување пракси

семинар за тренинг и мотивација

летна рецепција национално собрание

ла делиШес

еуро-грандс слатка магијасолета

дасто

гео карта - коЧани неимар инженеринггеохидроинженеринг

студио 2000

Page 3: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

45678910

121415161819232426272830

32333435

36

3839

ЗА ИАЕСТЕодбор

предговоркомпаниите за практикантите во македонија

практикантите за престојот во македонијаШто е иаесте

кратка историјаЧесто поставувани праШања од работодаваЧите

ИЗВЕШТАИизвеШтај за финансии

извеШтај за странските практиканти во македонијаизвеШтај за македонските практиканти во странство

кампања за обезбедување праксиIT извеШтај

извеШтај за годиШната конференцијаиаесте ден и роденден

извеШтај за маркетингкампања за нови Членови

локален комитет Штиплокален комитет битолалокален комитет скопје

НАСТАНИцентрално европска конвенција

национално собраниесеминар за тренинг и мотивација

летна рецепција

ИСКУСТВА

СТАТИСТИКАпримени студенти и работодаваЧи

пратени студенти и работодаваЧи

Page 4: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

локален комитет битолаПретседател на ЛК Битола:Дамир Емин[email protected]

Одговорен за маркетинг:Марија Каранфиловска[email protected]

Одговорен за странските студенти во Македонија:Живорад Трајановски[email protected]

локален комитет охридКоординатор:Харун Бајрам[email protected]

национален одбор на иаесте македонија и локален комитет скопје

Национален секретар:Благој Трајкоски

[email protected]

Претседател на ЛК Скопје:Дарко Тодоровски

[email protected]

Одговорен за финансии (потпретседател):Валентин Данилоски

[email protected]

Одговорен за странските студенти во Македонија:Филип Хрисафов

[email protected]

Одговорен за македонските студенти:Александар Ниневски

[email protected]

Одговорен за маркетинг:Анета Лазаревска

[email protected]

локален комитет ШтипПретседател на ЛК Штип:

Божидар Андонов[email protected]

Издавач: ИАЕСТЕ МакедонијаУредници: Невенка Трајковска и Магдалена НовковаДизајн на насловна страна: Ирина Доброхотова и Драган КрстевскиТехничка обработка: Душко Станоески

Печатено во: Б&Д Битола

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии

Карпош 2 бб, 1000 Скопје, МакедонијаЖиро сметка: 300 060 0000 650 23

Депонент: Комерцијална Банка АД Скопје

тел/факс: +389 2 30 65 069е-пошта: [email protected]веб страна: www.iaeste.org.mk

Page 5: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Во годината на волонтерството ИАЕСТЕ Македонија ја имаше својата кулминација во работата и се најде пред најголемиот предизвик, организација на најзначајниот и најмасовниот настан во меѓународно ИАЕСТЕ, Годишната Конференција 2012. Изминатата година дефинитивно ќе биде запаметена како година на рекорди и значајни достигнувања.

Континуираниот напор, посветена работа и нескриен ентузијазам од стотици студенти резултираше со рекордни 78 потпишани пракси успешно, организирана летна рецепција и најважно, нашиот национален комитет се најде на првото место меѓу 87те членки на интернацоналната ИАЕСТЕ мрежа по број на пракси по глава на жител.

Организацијата на, несомнено најинтернационалниот настан во Македонија, Годишната Конференција беше остварување на сонот на многу генерации, потврда за незамеливата потреба од овозможување на квалитетна стручна пракса во текот на изминатите 65 години во петте континенти во светот.

Токму таа можност, пракса во странство, стручно усовршување и стекнување контакти со професори и колеги од странски компании и универзитети, стекнување вистински пријатели, возбудливи патувања, запознавање нови култури и традиции, го прави ИАЕСТЕ уникатно, единствено, неповторливо. ИАЕСТЕ е почетна скала во професионалното усовршување на секој поединец.

Пред Вас е годишниот извештај за 2011 година, кој ќе Ви ја долови сериозната работата и значителниот напредок на нашата организација како медијатор на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатоткот од Светот.

На сите работодавачи, спонзори, членови и други ИАЕСТЕ пријатели ви благодариме од сè срце! Сите заедно успеавме да го донесеме светот во Македонија и да ја однесеме вистинската успешна страна на Македонија во светот. За нашиот успех и напорна работа уверете се и самите во деталниот годишен извештај. Се надевам дека ќе остане запаметен и дека повторно ќе ни дозволите да ја оправдаме Вашата доверба во нас.

Благој ТрајкоскиНационален Секретар

предговор

05за иаесте

Пред Вас е годишниот извештај за 2011 година, кој ќе Ви ја долови сериозната работата и значителниот напредок на нашата организација како медијатор на високото образование и стопанството, како и на Македонија со остатоткот од Светот

Page 6: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Студентот Agnieszka Bystra од Полска со меѓународна размена на студенти беше одредена во ЈКП „ Водовод“-Битола да ја обавува практичната настава.

За таа цел од 04.07- 26.08. 2011 год. континуирано доаѓаше во лабораторија при ЈКП „Водовод“ и интерактивно учествуваше во целокупната работа на истата.

Беше запознаена со водоснабдувањето на град Битола и околината од селските населби , технолошкиот процес на преработка на водата за пиење, начинот на земањето на примероци на вода од дистрибутивната мрежа, теренско определување на резидуалниот Cl2 , како и начинот и методите на изработка на хемиските и микробиолошките анализи според Правилникот за безбедност на водата за пиење.

Студентката многу амбициозно пристапи кон целокупната пракса , нејзините вештини и нејзиното спознавање на проблематиката покажаа дека Agniesz-ka Bystra е многу надарен студент и покажува голем интерес за работата и стекна сознание што многу ќе и помогне во понатамошното стручно усовршување во компаниите каде што ќе биде вработена.

Телесмарт Телеком е компанија која е специјализирана за продажба на големо на телекомуникациски услуги на Телеком, интернет провајдери, кабелски и VoIP оператори и бизнис корисници. Нуди напредни и безбедни телекомуникациски услуги и IT решенија со акцентирано висок квалитет, флексибилност, неограничен капацитет и одлична цена.

ИАЕСТЕ има цел да им обезбеди на студентите техничко искуство кое е од голема важност за нив, а исто така и да им понуди на работодавачите добро квалификувани и мотивирани практиканти. Ние сме подготвени за соработка и помагање за ИАЕСТЕ да ги достигне своите цели.

Неодамна имавме студент од Германија, Al-exander Gerbershagen кој беше ангажиран во сите области на телекомуникациските услуги кои ги нуди оваа компанија . Ова подразбира конфигурирање на VoIP сервери на Linyx платформа, конфигурирање на рутери и свичеви за нашата мрежа и SDH/DWDM знаење. Студентот беше вклучен во IT, SDH/DWDM и серверскиот оддел.

Благојче ДимескиИзвршен директор

компаниите за практикантите во македонија

06 за иаесте

Page 7: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Sorting out the offers that matched my over-whelming criteria, only one remained, the one from Tel-esmart in Skopje, Macedonia. Okay, not particularly what I expected, but still better than doing my (mandatory) internship in Germany, and – besides that – it sounded quite exotic, not so mainstream as the big countries most people (including me, initially) strive for.

After arrival in Skopje, I met five nice and open trainees from different countries with whom I went out a lot in the course of the whole month. I mean “a lot”. It was an intense period, but waking up early the next day in order to go to work proved to be a challenge, and usually I would end up struggling to keep my eyes open when sitting before the computer and reading technical stuff in my workplace (pretty much in the same way as after eat-ing a greasy Burek со месо for lunch).

Besides working and partying, we, the trainees, did trips to Greece and Bitola and participated in some other activities, sometimes on our own, and sometimes accom-panied by you IAESTEies.

» My damn excellent Russian skills were, well, not completely useless, but Macedonian is apparently not the same as Russian » The cashiers in Tinex are way too slow » No, I could not get the visa in Skopje. Thank you, Filip, for

spending so much time on this annoying issue! » Macedonian girls look nicer... » Let’s face the facts: vodka is simply better than rakija » My mum can now make ajvar » Yes, indeed I joined Facebook » It was the best time I ever had

Thank you. Ajde!Alexander Gerbershagen

When I first got offer to do my internship in Mac-edonia I wasn’t sure should I accept it. And now I’m so glad I did because it was most amazing 6 weeks of my life. I even wanted to stay longer and went back there this winter for few days. People in Macedonia are really nice and friendly. IAESTE members organized so many events for us, we traveled almost whole country and I must say that it is so beautiful. And nightlife in Skopje is unbeliev-able ;)

I want to thanks all of IAESTE member, trainees and my working colleague for this wonderful experience and I hope I’ll see every single one of them again.

Hrvojka Štabler

The internship in Macedonia was my first, and my best practical work.

Now, five months later, while I am writing this, I feel sad because it is over, and I have a lot of things to say, a thousand emotions to express, but it is just impossible. No matter how good writer you are, there are no words that can express the way I felt great in Skopje.

Every day there was something planned for even-ing. I am impressed by Macedonian friendly people, great time there, Skopje night life, Monday Havana, Matka, Ohrid lake, Korab, free climbing, Vodno, paintball, 8 Sept., Kosovo hehe and many other great things. I was working at Arkom as an architect where I learned a lot about my profession. I have spent great time with them.

The best thing that happened to me are friends I met, Macedonian friends, especially guys from Iaeste and ofcourse my roommates : Megan, Niamh, Raphi, Fabio, Patrick, Michael, Hrvojka, Alex….Sasa and other trainees.

My intership started with “Danza Kuduro”, when Darko picked me up at the bus station and finished with Michel Telos song „Ai Se Eu Te Pego“, with trainees dancing for me in front of the bus when I was leaving.My friends : I hope that our paths cross again!!!!

A big thank you to all the members from Iaeste Macedonia and every single one of the trainees for made these six weeks unforgetable for me. Thank you for this awesome summer.

Yours Jelena

In Skopje I have been six weeks and sincerely I can say that was the best six weeks in my life. . Addition to the excellent (!) organization of free time, I recall a very positive my job. I took part in the work on three projects in which I had the opportunity to develop my skills......Through this practice I have gained friends from different parts of the world, each of them will agree with me that we came back from Macedonia as a completely different people......Amazing is that all the people there, they repre-sented such different personalities and yet we were able to create a delicious soup in the form of our friendship.- I don’t forget that taste for end of my life-thank you for that Macedonia .

Hanna Zawadzka

When I received the list of IAESTE job offers sometime in February 2011, I was pretty disappointed. Either the advertised period was too short – I needed 18 weeks – or it was intended for a stay during the summer as many students seem to be free in the summer – I am not!

практикантите за престојот во македонија

07за иаесте

Page 8: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

иаесте македонијаИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна,

невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 члена.

Раководена е од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на меѓународно ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот.

Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти. Доделувањето на праксите на

студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно.

иаесте (InTernaTIonal assocIaTIon for The exchange of sTudenTs for TechnIcal experIence) e меѓународна организација за размена на студенти од техниЧките факултети, која е основана во 1948 гoдина по иницијатива на кралскиот колеџ од лондон. таа е неполитиЧка, независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на un, како unesco, unIdo, fao, Ilo итн.

Меѓународната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е здружение на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја.

Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на организацијата. Секоја година Годишната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале работно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од компанијата или институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој.

Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет.

Преку универзитетите и институциите за стручно усовршување членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

Што е иаесте

за иаесте08

целиДа им обезбеди на студентите од високото образование

техничко искуство значајно за нивното образованиеДа им обезбеди на работодавците квалификувани и

мотивирани практикантиДа биде извор за културно збогатување на практикантите и

општеството домаќин

мисијаОбезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентитеПромовирање на меѓународното разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.

Page 9: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011 09

кратка историја

за иаесте

поЧетоци 1992-1995Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. како локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

лк битола 1996На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

семинари 1997За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

JuMp 1998Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

презентација 1999Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

година на успех 2000ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

континуитет 2001За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

враќање 2002Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

sId 2003Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SID- Seminar for IAESTE Development). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите.

импресии 2004За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од 150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

нови ветриШта 2005 Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

година на дружба 2006Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.

бурна 2007Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

промени 2008Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално Национално Собрание. Успешно спроведени Кампања за нови членови, TWIN со Полска, CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

лк Штип и охрид 2009Вклучување на ЛК на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и на новиот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии-Охрид. Пораст на ЛК Битола. Новини во маркетинг со видео клипови и фантастична кампања за обезбедување на пракси во која, и покрај економската криз, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната соработка! TWIN на ЛК Скопје и ЛК Битола со ЛК Милано.

нови рекорди 2010Рекорден број на полноправни членови - 58, број на примени практиканти - 48 и број на испратени македонски студенти на пракса - 61. Ја добивме честа за прв пат да ја организираме Генералната Конференција во 2012 година. Подготовките се во полн ек, очекуваме голема поддршка од нашите соработници, а ние ќе се погрижиме најпрофесионално да одговориме на најголемата задача досега за ИАЕСТЕ Македонија.

подготовки за гк 2012 - 2011Оваа година собравме рекорден број на пракси во историјата на ИАЕСТЕ, вкупно 78 пракси, со цел дека успешно в ги размениме на Генералната Конференција, на која ние сме домаќини. Имавме 57 примени практиканти, а бројот на наши студенти кои заминаа во странство достигна 51.

Page 10: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престојува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата?

Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите, но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договор со ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

Колкава е должината на праксата?Должината на праксата ја одредува компанијата

или институцијата работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано

Каква организација сте и со што се занимавате?

ИАЕСТЕ е меѓународна студентска организација и главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство?

Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентот ја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој.

Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот?

Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација?

За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компании и институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работното искуство на овие студенти со непроценлива вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент?

Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ. Треба

Често поставувани праШања од работодаваЧите

за иаесте10

Page 11: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011 за иаесте 11

Често поставувани праШања од работодаваЧите

поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма?

Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик.

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма?

Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата. Доколку е неопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот.

Дали имаме други обврски кон практикантот?

Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здравствено осигурување, сепак во случај на евентуални здравствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

Што треба да содржи описот на праксата?

Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во

компанијата или работната единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење). Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво.

Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантот не е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата?

Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ - Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кое го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.

Page 12: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Расходите за разлика од приходите беа далеку помали, со тоа и ја прави 2011 година далеку подобра од предходните години. На сликата 2 се прикажани сите расходи кои ги имавме во текот на годината. Како најголеми расходи кои ни се јавија беа патните трошоци, тоа се должи на многуте патувања кои минатата година ги има нашите членови на различни конференции. Како најголем трошок беше Годишната конференција во Тајван, каде што тројца наши делегати присуствуваа.

Фактот што оваа година Годишната конференција се одржуваше во Р. Македонија, а ние како непрофитабилна организација потребата од финансиски средства ни беа од големо значење. Со цел да организираме перфектна конференција, сите наши членови беа насочени за прибирање на финансиски средства.

Во 2011 година уште на почетокот ИАЕСТЕ доби финансиско спонзорство од 2та најголеми поддржувачи на нашата организација МФС и ФЕИТ. Намената на овие средства беше за покривање на патните трошоци на нашите делегати на Годишната конференција во Тајланд.

Како долгогодишен поддржувач, така и во 2011 година СаваТабак финансиски ја помогна нашата организација. Добро е да се истакни дека во текот на 2011 година се собраа повеќе средства од предвиденото за внатрешниот и надворешниот конкурс. Во второто тромесечје сметката на ИАЕСТЕ мируваше. По тивкиот период кој што го имавме, ИАЕСТЕ-Македонија се соочи со бурна есен.

Третиот период беше еден од најдобрите можности како од промоција на ИАЕСТЕ како најдобра студентска организација, така и со добра презентација на настанот кој ни следуваше. Спонзорствата постепено се нижеа! За деталите на сите спонзорства кои директно или индиректно влијаеа врз организацијата на Годишната конференција, во следниот годишен извештај.

На сликата 1 се прикажани приходите од 2011 година. Како што и на графикот се гледа најголеми приходи сме имале од спонзорства, па од надворешен конкурс, внатрешен конкурс како и од членарината. Овие четири приходи ни се едни од основните и единствените од кои ИАЕСТЕ како организација функционира. Годишниот обрт во текот на 2011 година беше нешто повеќе од 30 000 евра со тоа што оваа година ИАЕСТЕ Македонија има направено најголем обрт од 20 годишното постоење.

извеШтај за финансии

12 извеШтаи

Сл. 2 Расходи во 2011 година по категории

Сл.1 Приходи во 2011 година по категории

Page 13: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

На сликата каде што се прикажани финансиските спонзорства, се гледа дека најголемо спонзорство кое до сега е дадено е од МФС, па потоа е АД ЕЛЕМ. Заслужни за прибирање на овие финансиски средства се членовите кои активно работеа на кампањата за прибирање на средства како и кампањата за собирање на пракси. Прекинатата соработка со ЗИП Травел кој минатата година беше еден од поголемите подржувачи, резултираше со прибирање на се поголем број на финансиски средства за Годишната конференција.

Голема благодарност им искажуваме на сите членови кои минатата година, посветено со цел свој потенцијал не себично го понудија своето време. Исто така и голема благодарност до ИАЕСТЕ клубот на пријатели кои после толку години и тие се вклучија во прибирање на финансиски средства. Како по традиција во претходните извештаи и честитам на Јасмина Пислевиќ, ново избраниот одговорен за финансии, сигурен сум дека посветено и доследно ќе си ја врши функцијата.

Валентин ДанилоскиОдговорен за финансии

извеШтај за финансии

13извеШтаи

Сл. 3 Финансиски спонзорства во проценти

Page 14: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Оваа година претставуваше рекордна година во однос на примените и пристигнатите практиканти, по првпат после многу години бројот на пристигнати практиканти и македонски студенти заминати на пракса беше ист, вкупно 57 практиканти ја посетија нашата земја и ја извршија својата стручна пракса во некоја од нашите компании и институции. Причини за неискористувањето на сите пракси беа: откажување

Секоја година членовите на ИАЕСТЕ Македонија го вложуваат својот максимум во организацијата се со цел да имаме успешна година. Иако постоеја финансиски проблеми во целиот свет, со многу работа и труд успеавме да придобиеме нови компании кои веруваа во нас и ни обезбедија 72 пракси во вкупно 62 компании и институции. Воедно успеавме повторно да го задржиме реномето на најактивната и најуспешната студентска организација во Македонија.

На годишната конференција во 2011 која се одржа во Банког, Тајланд, беа разменети сите 72 пракси со ?? земји.

Летната рецепција во 2011 беше една од најдолгите летни рецепции во историјата на ИАЕСТЕ Македонија, започна со доаѓањето на првиот практикант во Мај 2011 и траеше се до одењето на последниот практикант во Февруари 2012. Сместувањето на практикантите како и секоја година претставуваше еден од најголемите проблеми со кои се соочивме. Во периодот до Јуни малиот број на практиканти беа сместени по членови на ИАЕСТЕ Македонија, во текот на Јуни тие беа сместени во студентсткиот дом Томе Стефановски - Сениќ во Автокоманда, потоа во текот на Јули и Август тие беа сместени во Ученичкиот дом Здравко Цветковски, од Септември до Ноември беа сместени во приватно сместување организирано од ИАЕСТЕ Македонија, додека последниот практикант беше сместен кај еден од нашите членови.

Традицијата за пречекување на практикантите и нивно сместување продолжи и оваа година од страна на членовите на ИАЕСТЕ Македонија, имено нашите членови се погрижија и сите практиканти првиот работен ден да бидат однесени на нивните работни места.

извеШтај за странските практиканти во македонија

извеШтаи14

Не-ЕУ земји 25%

ЕУ земји 60%

Јужна Америка 3% Азија

3%

Австралија 7%

Африка 2%

Примени практиканти на практикантот, не соодветен профил на практикантот, финансиски проблеми во компанијата.

За крај сакам да се заблагодарам до целокупното членство на ИАЕСТЕ Македонија кое со својот труд докажа дека се е можно и дека со работа се исполнуваат целите. Се надевам дека напредокот кој го постигнавме овие години ќе продолжи и во наредните и ќе оди само во нагорна линија со помош на мојот наследник во наредната година.

Филип ХрисафовОдговорен за странските студенти

Page 15: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

ги погледнете статистиките.Верувам дека годинава што измина беше

многу успешна, со голем број на стекнати практични искуства, огромен број на нови пријателства и незаборавни спомени за кои ќе можете да прочитате понатаму во делот со искуства.

Александар НиневскиОдговорен за македонските студенти

Работата на одговорниот за странски студенти е една од најодговорните во работењето на ИАЕСТЕ Македонија, а воедно и во ИАЕСТЕ на глобално ниво. Заедно со одговорниот за странските студенти ја извршуваат основната функција во ИАЕСТЕ – размената!

Предуслов за добра размена е добра реализација на кампањата за собирање на пракси. Годинава беше посебно успешна со 72 разменети пракси со што се зголеми изборот на пракси за македонските студенти. Оваа година беше воведена една значајна новина во поглед на аплицирањето на пракси, аплицирање на IntraWeb пракси преку веб страната на ИАЕСТЕ Македонија. Со тоа им се овозможи на сите студенти покрај надворешниот конкурс, уште една можност за да аплицираат на пракса. Со тоа се зголеми и бројот на испратени номинации, кој оваа година надмина 100.

Оваа година се соочивме со 6 откажувања на праксите од страна на студентите поради различни причини, и дури преку 30 одбиени номинации. Сепак преку навремено реагирање од страна на одговорниот за македонски студенти, како и бордот на ИАЕСТЕ Македонија, а во соработка со странските комитети, успеавме да најдеме соодветна замена за најголем дел од одбиените студенти. После надворешниот конкурс успеавме да најдеме соодветни студенти за најголем дел од праксите кои не беа избрани од членовите, но сепак 4 пракси беа вратени без номинација.

Според статистиките кои можете детално да ги погледнете во табелите кои се во прилог на овој извештај, од 51 пратени студенти 45 заминаа на пракса во европските земји, а останатите 6 во Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Во однос на областа на студирање на студентите, половина од нив студираат информатика, потоа следат машинско инженерство, архитектура и телекомуникации како најзастапени области. За останатите области можете да

15извеШтаиизвеШтај за македонските студенти во странство

Page 16: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Беа потпишани 78 пракси во 58 компании и институции. Од вкупниот број на работотдавци дури 17 се компании/институции кои за прв пат овозможуваат пракси за разменската програма на ИАЕСТЕ Маедонија, тоа е добар знак дека се поголем број од македонските компании и институции се решаваат да го поддржат развојот на студентите, бидејќи со секоја пракса во Македонија, еден македонски студент има можност да замине на пракса во странство. Оваа година од вкупниот број на пракси, кој воедно е и своевиден рекорд за последните неколку години, 14 пракси беа потпишани од членовите на ЛК Битола, 1 пракса беше потпишана од членовите на ЛК Штип и останатите 63 пракси беа потпишани од страна на членовите на ЛК Скопје. Дел од работодавците се наши долгогодишни соработници, кои овозможуваат пракси уште од самите почетоци на ИАЕСТЕ Македонија како Национален Комитет, па за време на Годишната Конференција, ИАЕСТЕ Македонија им се заблагодари со доделување на плакети за успешна соработка во изминатите 20 години, колку што ИАЕСТЕ Македонија постои како НК.

Како уште една важна работа која ја посочуваме до работодавците кои примаат странски практиканти во Македонија, е тоа дека тие како компанија немаат никакви други обврски кон практикантот освен обезбедување на услови за студентот да може да ја изврши самата пракса и исплаќање на студентот според наведените услови во договорот за пракса. За сите преостанати обврски кон студентот се грижи ИАЕСТЕ Македонија, и исто така им стоиме на располагање на работодавците за било каков проблем поврзан со праксата, доколку има таков случај.

Петре МилошевскиМатеј Петров

Координатори на кампањата

Кампањата за обезбедување пракси (Job Rais-ing) е највиталната активност во текот на годината и има клучна улога во успешното извршување на работата на ИАЕСТЕ Македонија. Бидејќи главната мисија на ИАЕСТЕ е размена на студенти за извршување на стручни пракси, оваа кампања има директно влијание на односот на разменети студенти кои ќе ја имаат можноста да извршуваат пракси во Македонија и низ светот.

Оваа кампања започнува во Септември и трае до втората половина на Јануари, кога започнува Годишната Конференција на ИАЕСТЕ каде комитетите од сите земји каде што ИАЕСТЕ функционира ги разменуваат праксите по принцип една за една. Во текот на оваа кампања членовите на ИАЕСТЕ Македонија ги контактираат фирмите и институциите во Макдеонија со цел да се овозможат што поголем број на платени стручни пракси за странски студенти и мотив за поголем број македонски студенти да извршуваат стручна пракса во странство. На почетокот од кампањата се контактираат потенцијалните работодавци, се информираат за деталите на договорот и работата на ИАЕСТЕ Македонија по електронска пошта или на состаноците кои нашите членови ги закажуваат при првичните телефонски контакти. Откако од компанијата или институцијата ќе се изјаснат дека ќе овозможат пракса се потпишува договор помеѓу работодавецот и ИАЕСТЕ Македонија во кој влегуваат сите потребни информации за компанијата, профилот на студент кој би аплицирал за пракса и останатите потребни информации за работата и платата на практикантот.

Во овогодинешната кампања за обезбедување пракси и покрај подготовките за Генералната Конференција на ИАЕСТЕ која се одржуваше во Македонија, активно се вклучија доста голем број од нашите членови. За време на кампањата беа исконтактирани повеќе од 250 компании и институции.

кампања за обезбедување пракси

16 извеШтаи

Page 17: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

кампања за обезбедување пракси

17извеШтаи

Ein Sof, MCA (Macedonian Computer Associates), Ultra Com-puting, Агенција за супервизија на осигурување, Ајсиукс Таурус, Апплифу, Ассеко СЕЕ, Беннинг ПСАМ, Бетон ГП АД – Скопје, Брако – Велес, ЈКП Водовод – Битола, ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Гејзер, ГеоКарта – Кочани, Геогидроинженеринг, Градежен Институт АД - Скопје, Дасто, Дијагностика Фармахем, Европа 92 – Кочани, ЕЛЕМ АД, Еконет, Завар Компани, ИЗИИС, Инвестградба ДГПИ – Кочани, Интервеј, Јасива, Кнауф, Лоу Тек Архитект, Македонски Шуми ЈП, Мак – сат, Машински Факултет - Скопје, Микс Нет – Битола, Микросам – Прилеп, Неимар Иннженеринг, НеоТел, Нетцетера, Општина Карпош, Општина Сопиште, Порше Македонија, РЕК Битола, Сектор Филм, Синапс Групација, Сискон, Студио 2000, ТГС Технички Гасови, Телесмарт Телеком, Тетрактис – Кристијан, Технички Факултет – Битола, Топлификација АД, Триангл, Фармацевтски Факултет, Факултет за Електротехника и Информатички Технологии, Фершпед АД, Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Цементарница УСЈЕ, Шпаркасе Банка

Page 18: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Оваа година во употреба пуштивме нов дел од веб страната посветен на ИАЕСТЕ Годишната Конференција која оваа година се одржуваше во Скопје. Целта на оваа веб апликација беше да ги информира делегатите за убавините на Македонија, информации за начини на пристигање во Македонија, начин на обезбедување на визи и други корисни информации.

Со цел оваа година да се подобри информираноста на странските, како и на македонските студенти , ИТ тимот започна со изработка на нова веб апликација која ќе биде дел од моменталната веб страна. На оваа апликација би се објавувал неделниот план за летната рецепција, кој ќе биде ажуриран секоја недела од страна на неделните координатори. Ќе може да се креираат и настани на кои регистрираните корисници ќе може да се пријават дека ќе присувствуваат. Со оваа апликација ќе се олесни работата и ќе се зголеми организираноста на неделните координатори и летните офицери, а ќе се зголеми и информираноста.

Зголемениот број на веб сервиси наложува и зголемена потреба на човечки ресурси. Со зголемениот број на нови членови на ИАЕСТЕ Македонија кои студираат информациски технологии, се зголеми и бројот на членови на ИТ тимот.

ИТ тимот на ИАЕСТЕ Македонија продолжува да ги унапредува постоечките веб сервиси и да воведува нови можности кои ќе им бидат достапни на странските студенти со цел да се зголеми посетеноста и атрактивноста на Република Македонија како земја во која би извршиле стручна пракса.

Душко СтаноескиКоординатор на ИТ тимот

Непрекинатиот развој на информатичката технологија, како и зголемениот број на корисници на интернет услуги во последнава декада овозможи зголемување на бројот на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците. ИАЕСТЕ Македонија како организација водена од млади и амбициозни студенти на технички факултети постојано го следи трендот на модерната информатичка технологија и ги исползува придобивките. Со формирањето на посебен ИТ тим кој е задолжен за развој и одржување на електронски сервиси кои им се достапни на корисниците, ИАЕСТЕ Македонија храбро чекори во иднината.

Iт извеШтај

извеШтаи18

посетеност на веб страната во текот на минатата година

Page 19: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Насмевките на гостите ни се доволен фактор за тоа како помина овој настан. Нивното интересирање за Македонија и воодушевувањето од нашата земја, доказ дека нашите цели се исполнети. Секој кој учествуваше на овој настан, сигурно ќе ги памети изминатите денови до крајот на животот. Беа тоа осум дена исполнети со многу работа, дружења и возбудувања.

Разменските сесии беа мошне успешни. Како резултат на добрата организираност и вредната работа, ИАЕСТЕ Македонија оваа година на Генералната Конференција обезбеди 78 пракси што е рекорд за последните 10 години. Пракси се разменија со 25 земји од кои најмногу со Полска(16), Германија(9) и Шпанија(8). Благодарност до нашите делегати Благој Трајковски, Филип Хрисафов, Никица Пандилов, Петре Милошевски и Дамир Емин за успешно завршената работа.

Време е да ги наведеме главните одлуки кои беа донесени на конференциските сесии. Генералната конференција наредната година ќе се оддржи во Белфаст, Северна Ирска, додека пак идната во 2014, ќе ја организира Еквадор. Семинарот за ИАЕСТЕ развој оваа година ќе се оддржи во Леитринг, Австрија, а во 2013 во Мадеира, Португалија.

Секоја од вечерите беше единствена на свој начин. На традиционалната македонска вечер гостите научија како да играат македонско оро, а секако имаа можност да вкусат и дел од традиционалните пијалаци и храна. Долго ќе се памети Интернационалната вечер, на која секоја земја ја презентираше својата култура и традиција; музика, звуци, насмевки одекнуваа во салата додека сите одлично се забавуваа.

Посебен акцент се стави на Јубилејот: 20 години ИАЕСТЕ Македонија , одржан во хотелот Александар Палас. Присуствуваа сите сегашни и поранешни членови на ИАЕСТЕ, долгогодишни соработници,

“ИАЕСТЕ целиот свет го носи во Македонија” – така и се случи на Годишната Конференија која се одржа во периодот од 20 до 27 јануари во Скопје. Предизвикот да се организира најголемиот ИАЕСТЕ настан на светско ниво беше навистина голем, работата напорна, но задоволството да се гледа како се успешно заврши ги засени сите тешкотии со кои се соочивме. Двегодишната работа на тимот кој работеше на организирање на конференцијата конечно вроди со плод. 250 делегати и гости од целиот свет беа присутни во Македонија. За да се тече како што треба, активно се вклучија 80 волонтери кои работеа дење и ноќе.

извеШтај за годиШната конференција

извеШтаи 19

Page 20: IAESTE Macedonia Annual Report 2011
Page 21: IAESTE Macedonia Annual Report 2011
Page 22: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

спонзори на конференцијата. Особена чест за ИАЕСТЕ беше присуството на Претседателот д-р Ѓорге Иванов, кој како покровител на конференцијата рече : “Честа за Македонија како домаќин но и за мене како покровител е дотолку поголема бидејќи годинава се одбележуваат три важни јубилеи, 65 години од работењето на ИАЕСТЕ во глобални рамки, шест децении од постоењето на ИАЕСТЕ Македонија како локален комитет и 20 години од прераснување на тој локален комитет во Македонски одбор за меѓународна размена на студенти од техничките факултети - ИАЕСТЕ Македонија“

На крај останува впечатокот дека оваа конференција помина одлично. За тоа говорат и многуте честитки кои секојдневно ги добивавме од нашите гости. Овој настан ја издигна нашата организација на едно повисоко, уште попрофесионално ниво , ако се земе предвид големината на истиот. На крај, голема благодарност на сите кои активно учествуваа на оваа конференција, со надеж дека и за вас ова беше едно незаборавно и неповторливо искуство.

извеШтај за годиШната конференција

извеШтаи22

Page 23: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

иаесте роденден

Уште една година постари и уште повесели. За оваа наша прва година на полнолетство се изнаработевме за ја оправдаме довербата што ни беше дадена – организирање на годишната конференција, која помина со многу пофалби и позитивни коментари. Но тоа не беше се- имавме рекорден број на пракси и уште една причина бучно и бомбастично да ги прославиме 19-те години ИАЕСТЕ Македонија.

Во стилот на сериозна младинска организација, која секогаш знае како да се забавува, поддржана од постарите Алумни членови и сегашните, приредивме одличен настап. Почнувајќи од разновидната музика, која беше како турли – тава – по нешто за сечие непце, до лотаријата како загревање. Врвот на вечерта, која беше аукцијата, во која секој што беше заинтересиран да испие кафе со дотичниот/та колега/колешка наддаваше за нивното внимание. Кандидатите пак беа живописно презентирани со нивните квалитети од мене , Анастасија, и мојата коорганизаторка Симона. Секако не смееме да ги изоставиме тортите без кои роденден не е роденден.

И додека роденденот продолжуваше во раните утрински часови, така и ИАЕСТЕ ќе продолжи неуморно да докажува дека гордите иаестовци од година во година ќе наоѓаат начини да си ги прошируваат своите професионални искуства на еден забавен начин.

Анастасија Ефремовска

иаесте ден

Интернационално, како и низ сите ИАЕСТЕ членки ширум светот па така и во Македонија на 21 октомври се одбележа ИАЕСТЕ денот.

Одбележувањето на интернационалниот ИАЕСТЕ ден започна со поставување на информативни штандови на факултетите. Членовите на ова семејство облечени во интернационални ИАЕСТЕ маички успешно го пренесоа позитивниот и ентузијастички дух на ИАЕСТЕ семејството на сите заинтересирани. Студентите имаа можност да вкусат од најдобрите вафли направени од страна на членовите на ИАЕСТЕ, а со тоа низ дружење и смеа да се запознаат со тоа што всушност претставува ИАЕСТЕ и како функционира.

Денот продолжи со одржувањeто на возбудливиот кошаркарски натпревар меѓу активните членови на ИАЕСТЕ и ИАЕСТЕ алумни членовите со другите студентски организации, кои веродостојно го претставија нашето семејство.

Одбележувањето на денот заврши со вечерна забава. Кадешто по многу танцување традиционално го одигравме добро познатиот ИАЕСТЕовски танц.

Го постигнавме тоа што сите го сакавме, а тоа е да им го доловиме ИАЕСТЕ на другите студенти, да го зајакнеме и да го пренесеме ентузијастичкиот дух на сите кои го сакаат и кои се чувствуваат дел од ова семејство, кои се чувствуваат дел од ИАЕСТЕ!

Билјана Петровска

иаесте ден и роденден

23извеШтаи

Page 24: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Во 2011 се обрна големо внимание на соработка со електронските медиуми и презентација на ИАЕСТЕ на повеќе веб портали преку размена на банери, објавување на информативни текстови и искуства од пракси на наши членови. Се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи и уште повеќе ќе се продлабочува.

ИАЕСТЕ Македонија се претстави пред бруцошите со штандови на отворениот ден на Машинскиот Факултет и на Првиот академски час. За таа цел беа изработени нови промотивни материјали. Многу успешна презентација имавме и на ИАЕСТЕ денот, каде студентите беа привлечени од мирисот на свежо печени вафли и топло кафе или чај со порака “IAESTE is HOT”, што веќе стана препознатлив знак за ИАЕСТЕ штандовите. Во чест на ИАЕСТЕ денот се одигра и кошаркарски натпревар помеѓу нашите сегашни и поранешни членови, а вечерта сите заедно ја прославивме со една типична ИАЕСТЕ-вска забава.

Уште со самото прифаќање на позицијата одговорна за маркетинг, знаев дека 2011 ќе биде година полна со предизвици и напорна работа на полето на маркетингот. Покрај редовните настани кои се дел од секоја ИАЕСТЕ година, во 2011 ја имавме и најслатката обврска – организација на Годишната Конференција. Тоа бараше од нас активно да работиме на маркетингот и на сите можни начини да се обидеме да го направиме ИАЕСТЕ препознатлив бренд помеѓу студентите и работодавачите, во што и успеавме.

Годината започна со Кампањата за нови членови, за која што беа изработени постер и промотивни визит картички со мотото на кампањата „Време е за ИАЕСТЕ“. Кампањата опфати презентации на сите факултети вклучени во програмата на ИАЕСТЕ. За тоа колку беше успешна оваа кампања зборува големиот број на нови членови кои беа присутни на Семинарот за тренинг и мотивација, кој ѝ даде одличен крај на Кампањата за нови членови. За овој семинар беше изработена и новата ИАЕСТЕ маичка под мотото “Walk with me”.

извеШтај за маркетинг

24 извеШтаи

Во мај за прв пат организиравме КИП коктел, на кој што ги поканивме сите поранешни членови на ИАЕСТЕ со цел да ги запознаеме со подготовките за настанот кој што не очекуваше – Генералната Конференција. Како резултат на овој настан, добивме огромна помош од поранешните членови, што овозможи Конференцијата да биде организирана на завидно ниво. На КИП коктелот беа поделени и благодарници на сите поранешни членови на бордот на ИАЕСТЕ Македонија низ годините.

дизајн - Драган Крстевски

дизајн - Симона Туџарова

Page 25: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Во октомври 2011, ИАЕСТЕ Македонија доби своја авторска емисија на Радио МОФ, со наслов “IAES-TE Beat”, која се емитува секој втор понеделник и каде се обработуваат актуелни теми од ИАЕСТЕ. Изминатата година нè имаше буквално насекаде: по сите медиуми, но и по скопските кафулиња. Изработивме мотивирачки пораки кои беа поделени низ повеќе кафулиња и бесплатно се делат со секое кафе.

Во врска со маркетингот за Годишната Конференција, маркетинг координаторите одговорни за настанот завршија одлична работа и го испромовираа на секој можен начин, со што направија секој да слушне за ИАЕСТЕ Македонија. Можам да заклучам дека 2011 беше многу успешна година за ИАЕСТЕ Македонија и се надевам дека следните години маркетингот ќе се движи исклучиво по нагорна линија.

Анета Лазаревска Одговорна за маркетинг

извеШтај за маркетинг

25извеШтаи

дизајн - Ана Момировска и Хаземина Радончиќ

Page 26: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Новина во кампањата беше т.н. ИАЕСТЕ караван кога на 03.04.2011, 20-тина наши членови облечени во добро познатите ИАЕСТЕ маички продефилираа на ФЕИТ, МФС, Архитектонскиот, Градежниот и Фармацевтскиот факултет, каде делеа кафиња, чајчиња, го играа ИАЕСТЕ танцот и ширеа позитивна енергија. Исто така, беше одржана и наградна игра во која некои од посреќните нови членови добија симболични подараци: чаши, маички и влезници за во театар. Поради сето ова, можам да заклучам дека годинава имавме многу успешна кампања за нови членови, која не само што вроди со плод, туку и допринесе за подобрување на веќе постоечката атмосфера во ИАЕСТЕ.

Теа КолевскаКоординатор на кампањата

Кампањата за нови членови (КзНЧ) се одржува секоја година при што постарите членови го презентираат своето искуство и го пренесуваат ИАЕСТЕ духот, сè со цел да се одржи континуитетот во бројот на членови. Оваа година, честа да бидеме координатори на кампањата ни припадна мене и на Зоран Мирчевски. Ова ми беше прва функција во ИАЕСТЕ поради што одговорноста беше поголема, но и задоволството и гордоста кои доаѓаат по секоја добро завршена работа.

Одлучивме кампањата да се одвива во два периода, првиот од 28.02.2011 до 11.03.2011, а вториот

кампања за нови Членови

извеШтаи26

од 04.04.2011 до 15.04.2011 и се разбира сето ова се заокружи со Семинарот за тренинг и мотивација на нови членови кој повторно се одржа на Шапка. Кампањата се одвиваше преку презентации пред студентите и преку поставување на штандови на техничките факултети. Презентациите ги водеа нашите членови кои говореа за работењето на ИАЕСТЕ и за тоа што ИАЕСТЕ ним им овозможило-пракса во некоја од многуте земји во светот. Во првиот период се посетија сите технички факултети во кои е застапена нашата организација, а во вториот акцентот се стави на оние факултети каде што има недостаток на членови, т.е. Градежниот факултет, Природно-математичиот, Економскиот, Шумарскиот, Технолошкиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ. Мотото на овогодинешната кампања за нови членови беше “Време е за ИАЕСТЕ”, кое ги красеше постерите низ факултетите и визитките кои се делеа на студентите.

Page 27: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

локален комитет Штип и локален комитет битола

извеШтаи 27

2011 година за Локалниот Комитет Битола започна со ново претседателство, а со тоа и со нови сили и нови идеи. После успешната 2010-та, чувствуваме одговорност не само да го задржиме темпото со кое се работеше изминатите години, туку и да го зголемиме и со тоа да донесиме подобрување во оние области каде што тоа беше можно.

Како и секогаш, годината започна со Кампањата За Нови Членови. Стандардно, правевме презентации и поставуваме штандови, но за прв пат добивме и можност за гостувања во емисии на локални телевизиски и радио станици, можност што секако ја искористивме како за допирање до поголем број на студенти така и за промоција на самото ИАЕСТЕ Македонија.

На почетокот од Летната Рецепција се одржа и првиот викенд во Битола (од вкупно два), со што уште еднаш им беа претставени убавините на самиот град и околината. И веќе во средината на јуни, пристигна и првиот практикант кој што ја извршуваше својата пракса во Битола, со што Летната Рецепција официјално започна и во нашиот комитет. Во следниот период пристигнаа уште 9 практиканти, што е најголем број до денес. Од друга страна, 4 наши членови заминаа на пракса.

И на крајот од годината, следуваше Job Rais-ing капмањата. Несомнено клучна активност за постоењето на ИАЕСТЕ, која ја сработивме најдобро до сега, со 13 потпишани пракси, со што пред се им овозможивме на поголем број македонски студенти да заминат во странство. Секако благодарност до сите компании/институции кои потпишаа договор за пракса, и посебна благодарност до кабелска телевизија БТВ, компанија која потпиша 8 договори со што стана апсолутен рекордер во давање на пракси.Секако, секогаш има време и за малку забава, па така на пригоден начин беа одбележани IAESTE Day и за првпат кај нас, ИАЕСТЕ роденденот со кој, освен 19 години ИАЕСТЕ Македонија, беа прославени и 15 години постоење на Локалниот Комитет Битола. За оддржувањето на двата настани во пресрет ни излезе кафе-барот Данте, па благодарност и до ни

Можам само да заклучам, дека измината 2011 година беше најуспешна до сега, успех кој се должи пред се на макотрпната работа на самите членови но и на поддршката која несебично ни ја даваат големиот број на компании/институции и поединци, и успех кој се надевам дека ќе продолжи како во наредната, така и во годините што доаѓаат.

Дамир ЕминПретседател на Локален Комитет Битола

ЛК Штип како неформална група започна со работа во месец Февруари 2011 година. За прв пат ЛК Штип се вклучи во активности на ИАЕСТЕ Македонија за време на капмањата за нови членови. Тогаш во соработка со Благој Трајковски националниот секретар на ИАЕСТЕ Македонија и со Александар Ниневски за прв пат во Штип спроведовме презентации за студенти по техничките факултети. На тие презентации ги добивме првите членови кои и до ден денес го сочинуваат ЛК Штип. На самиот почеток имавме вкупно 9 члена. Започнавме со неформални состаноци каде што термините ги договаравме периодично. Со поставувањето на раководната структура и во согласност со сите членови, официјално со редовни состаноци започнавме на 24.03.2011 потоа состаноците ги организиравме во зависност од слободното време на членовите за да на крај фиксираме термин секој Вторник во неделата.

Како нови членови и најнов локален неформален комитет зедовме учество за прв пат на Семинарот за тренинг и мотивација кои преставува редовен годишен настан на ИАЕСТЕ Македонија . На семинарот учествувавме шест члена: Андонов Божидар, Ивана Крстова, Сашко Давитков, Наташа Шутева, Климент Соколов и Трајче Саздовски.

По семинарот, како релативно млад комитет бевме поканети да учествувавме на Националното собрание во Скопје. Од ЛК Штип гости на Националното собрание беа Андонов Божидар и Сашко Давитков.

Во тековната година се вклучувавме и во некои други споредни активности кои ИАЕСТЕ Македонија ги организираше. Во периодот за прибирање на спонзорства за Генералната Конференција членовите контактираа поголеми фирми од регионот. Во текот на кампањата сите наши членови гостуваа по разни емисии на различни медиуми се со цел да ја запознаеме јавноста со ИАЕСТЕ и да го промовираме локалниот комитет.

Во периодот наменет за потпишување на стручни пракси за странски студенти во македонски компании, успеавме да потпишеме само една пракса ( Европа 92 ) иако контактиравме поголем број на фирми од регионов .

Настани од локален карактер , го обележавме роденденот на ИАЕСТЕ со мал коктел и торта каде што покрај нашите членови имавме и поканети гости од страна. Потоа, ЛК Штип организираа рекреативна прошетка до Пониква само за членовите од локалниот комитет каде имаа време повеќе да се дружат и релаксираат.

Божидар АндоновПретседател на ЛК Штип

Page 28: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

рецепција, максимално беше искористен секој момент за презентација на функционирањето на ЛКБ пред странските студенти, а воедно и за презентација на нашата татковина. Во склоп на летната рецепција на 23 Јули беше организирана и Интернационална вечер на која беа присутни странските студенти кои извршуваа платена стручна пракса во цела Македонија, а како гости се појавија и видни личности од политичкиот и бизнис животот со што се придонесе да се истакне нашата организираност, а воедно и да се запознаат со поголем број на студенти и нивните капацитети.

ЛКБ се појави и оваа година како организатор во настанот “Ноќ на истражувачите” кој беше одбележан на 23.09 на плоштад Магнолија. За време на овој настан ЛКБ имаше свој штанд на кој се презентираа студентите со своите откритија, она што го истражувале и работеле за време на праксата во странство. На овој настан имаше претставници од факултети, врвни компании и видни личности од општествениот живот.

При крајот на летото беше разговарано со уредниците на УКЛО ФМ и беше постигнат договор, при што за прв пат ЛКБ доби сопствена емисија во радио под наслов “IAESTE beat”во која се презентираат свежи информации поврзани со ЛКБ и воопшто со ИАЕСТЕ, а која се изведува во понеделник после секои две недели. Уредувачи и водители на таа емисија се Бошко Белески и Ана Трајчевска. Почнувајќи од 07.11 до 23-12 секоја недела беа делени флаери низ таргетните факултети со цел постојано спамирање на студентите. На 21 Октомври беше обележан денот на ИАЕСТЕ, а на 16 Декември го обележавме и роденденот на ИАЕСТЕ со презентации и кафе во холот на факултетите. Овие важни денови за ИАЕСТЕ беа заокружени со забава во кафе-бар Данте при што на роденденот беше пресечена и торта, а кои воедно ја искористивме за промоција на ЛКБ помеѓу студентите.

Марија КаранфиловскаОдговорна за маркетинг

Одговорностите и обврските за маркетинг би можела слободно да кажам дека немаат крај. Започнуваат при крајот на Февруари, а завршуваат при крајот на Декември. Оваа година беше успешна за ЛКБ, а воедно имавме и голем успех во поглед на маркетингот. Оваа година ни започна со Кампањата за нови членови(КЗНЧ) под мотото “Време е за ИАЕСТЕ”. Истата треше околу еден месец, при што презедовме повеќе активности. Во оваа кампања беа вклучени повеќе членови од ЛКБ, кои ги презентираа своите искуства на новите, неискусни, а сепак заинтересирани студенти.

Со оваа кампања беа опфатени три факултети меѓу кои се Технички факултет(ТФБ), Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи(ФАМИС) и Биотехнички факултет. На ТФБ и ФАМИС беа одржани по 3 презентации во различни термини, а во Биотехнички Факултет беше одржана една презентација, а сето тоа со една цел што е можно повеќе студенти да бидат запознаени за функционирањето на ИАЕСТЕ. Освен што беа одржани презентации и беа поставени постери во Факултетите и студентските домови исто така беа поставени и штандови во холот на овие факлутети, при што беше делено кафе, флаери, а воедно и информации за ИАЕСТЕ. За прв пат беа реализирани и присуства во медиуми. На Тера телевизија во емисијата “Град“ беа присутни Дарко Домазетовски(поранешен претседател на ЛКБ) и Дамир Емин(претседател на ЛКБ), а додека пак во емисија на радиото УКЛО ФМ беа присутни Дамир Емин(претседател на ЛКБ) и Марија Каранфиловска (одговорна за маркетинг на ЛКБ). При крајот на оваа кампања беше организирана забава во кафе бар Данте, а како заокружување на КЗНЧ беше организиран СТМ на Попова Шапка од страна на ЛКС на кој присуствуваа 5 членови од ЛКБ. Како резултат на оваа кампања се зголеми бројот на членови.

Во текот на летото додека траеше летната

локален комитет битола

28 извеШтаи

Page 29: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

голем број на настани кои беа влучени во програмата на Бит Фест. На практикантите им беа презентирани убавините на Битола и битолскиот регион, а воедно и преку организирани викенди од страна на ЛКС беа посетени и др делови на Македонија.

Чест и задоволство ни е да кажеме дека оваа година за прв пат во историјата на ЛКБ, Интернационата вечер организирана на ниво на ИАЕСТЕ Македонија се одржа во Битола на 23 Јули во Галерија Магаза. На овој настан беа присутни практикантите од цела Македонија, а воедно и видни личности и наши соработници од Битола и битолскиот регион. На овој настан преку храна, пијалоци и музика беше презентирана секоја земја.

Марија КаранфиловскаИвана Ивановска

Офицери за летна рецепција

Вториот период, односно летната рецепција започна со доаѓањето на првиот практикант Guner Boyaci односно на 12 Јуни, а додека пак истата заврши со заминувањето на последниот практикант односно Shasika Goonatilleke на 22 Ноември. Оваа година имавме чест да бидеме домаќини на 10 странски студенти кои доаѓаа од 6 земји и тоа од Турција, Шпанија, Полска, Кина, Германија и Австралија.

Нашата цел беше да се погрижиме истите да бидат пречекани, сместени, однесени уште првиот ден на работното место, пријавени од наша страна во полициска станица, обезбедување на број за мобилен телефон и се разбира добар социјален живот. Во текот на целата летна рецепција беа поставувани двонеделни координатори, чија обврска беше да се погрижат за добриот социјален живот на практикантите. Во склоп на истата беа опфатени

локален комитет битола

29извеШтаи

Page 30: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Во овој период исто така беа организирани информативни групи на кои членовите беа обучувани што се треба да направат за да станат дел од нашата организација. Покрај тие имавме и работни групи кадешто членовите дизајнираа маички, постери и флаери. Кампањата за нови членови официјално успешно се заокружи со Семинарот за Тренинг и Мотивација (СТМ) кој оваа година беше организиран во планинарскиот дом на попова Шапка. Воедно на овој семинар покрај новите членови на локалниот комитет Скопје дојдоа и членови од другите комитети (Битола, Охрид и Штип).

Како и секоја година така и 2011 година беше година на голем број на членови. Се започна со кампањата за нови членови во која Локалниот комитет Скопје започна со првите презентации по техничките факултети. Постарите членови како поискусни со придружба на помладите вршеа презентации од своите пракси се со цел да им се објасни на идните членови што значи да си дел од ИАЕСТЕ семејството. Сето тоа беше проследено со претходно поставувани штандови на кои беа делени флаери со мотото на нашата кампања. Најголема заинтересираност и раст имаше како и претходната година така и оваа кај електро-техничкиот факултет.

локален комитет скопје

извеШтаи30

Покрај кампањата за нови членови беше планиран ТВИН со ЛК Осијек, Хрватска но истиот не беше реализиран поради откажување. Исто така покрај ТВИН-от, членови од ЛК Скопје присуствуваа на Семинарот за Развој на ИАЕСТЕ кој оваа година во Април се одржа во Валенсија, Шпанија. Наши претставници Дарко Тодоровски, Филип Хрисафов и Андријана Ади Колевска имаа можност да придонесат за развој на ИАЕСТЕ интернационално ниво.

Наши членови имаа можност да се вкучат на 24-тата Централна Европска Конвенција која оваа година беше организирана во Ораховица, Хрватска. Членовите Валентин Данилоски, Душица Лазарова и Дарко Тодоровски беа дел од Македонските претставници кои се приклучија во развојот на ИАЕСТЕ за централно европските земји. Оваа година исто така беше година во која ИАЕСТЕ Македонија и покрај тоа што не е дел од Централно Европските земји доби претставник кој беше групен водич. Мал детал кој е од големо значење за нашата земја со кој ние докажуваме дека сме способни водичи.

2011 година беше година на големи предизвици за ЛК Скопје. За прв пат во историјата на нашата организација организиравме КИП коктел,настан кој вечно ќе остане во сеќавање за нашите постари и помлади членови. Традиција која се надевам дека никогаш нема да прекине.

Оваа година беше прилично зафатена со подготовки за годишната конференција, која за прв пат се организираше во нашата земја. Но за тоа повеќе во делот за Годишната Конференција.

Page 31: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

локален комитет скопје

Во делот за Летна Рецепција, како и секоја година така и оваа ЛК Скопје изненадува со организирање на настани и викенди за нашите практиканти. Со летните офицери Анастасија Ефремовска и Владимир Стојов ние докажавме дека и оваа година како и претходните дека се истакнуваме не само во Македонија туку и во светот за најдобро организирана летна рецепција.

На 10.08.2011 година почина нашата многу добра пријателка и членка во Манипал, Индија.

Јана Киш беше многу весела и секогаш расположена личност која вечно ќе ја паметиме

ИАЕСТЕ Македонија

31извеШтаи

Во третиот период од годината, рано ја започнавме кампањата за обезбедување на пракси (Job Rais-ing). Како и секоја година така и оваа бележиме стабилна бројка на обезбедени пракси. Одговорни за оваа кампања беа Петре Милошевски и Матеј Петров кои посветија многу време за да ја достигнеме бројката од 78 разменети пракси. Рекорд кој е направен во последните 10 години.

За време на оваа кампања дел од тимот на ЛК Скопје беше повикан да помогне во кампањата за нови членови и развојот на ЛК Копенхаген, Данска. Членовите Анета Лазаревска, Дарко Тодоровски и Филип Хрисафов беа повикани од страна на националниот секретар, Миккел Фолтман да помогнат во развојот на овој комитет.

Оваа година беше организирана и втората Централна Европска Конвенција во Занка, Унгарија. Нашите претставници Марија Каранфиловска и Дарко Тодоровски ја претставуваа Македонија по втор пат оваа година.

Како заокружување на годината се одржа првата ИАЕСТЕ Еуфорија во која сите наши членови присуствуваа на еден посебен настан. Настан кој ги здружи сите заедно на едно место, настан на кој членовите разменуваа поклони. Целта на овој настан се организираше за да го крене позитивниот дух и да ги зближи сите членови.

Локалниот Комитет Скопје ќе продолжи и понатака да ги извршува потребните работи за негово опстојување и да ја води ИАЕСТЕ Македонија кон нови предизвици.

Дарко ТодоровскиПретседател на Локален Комитет Скопје

Page 32: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

26тиот CEC(Централна европска конвенција) се одржа на 14-16.10 во Занка, Унгарија кај езерото Балатон. Дарко Тодоровски (претседател на ЛК Скопје) и Марија Каранфиловска (одговорна за маркетинг во ЛК Битола) ја имаа честа на овој CEC да бидат испратени како делегати од ИАЕСТЕ Македонија.

Овој настан беше навистина организиран на едно Европско ниво, од неговото официјално отворање па се до неговото затварање.

Млади, амбициозни, отворени и дружељубиви луѓе од цела Еврoпа собрани на едно местo, секој со желба да ја претстави својата земја во најдобро светло,а воедно и мотивиран да го пренесе своето искуство, знаење, да научи нешто повеќе, да се надгради себе си и да добие информации кои ќе може да ги пренесе во своето матично ИАЕСТЕ за да го подобри неговото функционирање и функционирањето на ИАЕСТЕ на Европско ниво.

Овој настан беше официјално отворен на 14.10 во 21.00ч. Од секоја земја излезе по еден претставник кој требаше да каже некој збор за неа, така што секој присутен доби некоја информација плус за земјите од кои имаше претставници. Другиот ден беа одржани WG (работни групи), на овие работни групи беа разменети мислења, ставови и беа развиени многу идеа за тоа што треба да се направи за да се подобри функционирањето на ИАЕСТЕ. Наредниот ден 16.10 имаше презентирање на развиените идеи.

Меѓутоа забавата и неформалното дружење не изостануваше. Во склоп на овој CEC беше ставена посета на винарија во Унгарија, кај езерото Балатон. На 15.10 вечерта беше организирана и интернационална вечер на која со јадење, пијалоци и музика секоја делегација ја претстави својата земја.

Навистина кратко, тридневно, но незаборавно искуство!!!

Марија Каранфиловска

централно европска конвенција, ораховица - хрватска

25-тиот CEC (Central European Convention) или, Централно Европска Конвенција се одржа во Ораховица, Хрватска од 29 април до 1 мај. Беа тоа 3 дена полни со дружење, забава, споделување на интернационални искуства и интересни работилници. Колку е прекрасно да се видат стари пријатели на ново место, да се запознаат нови извонредни млади луѓе и колку кратко понекогаш може да трае викендот.ИАЕСТЕ Македонија овој пат беше претставена од тројца делегати кои учествуваа во различни области од работниот дел на семинарот. Беа одржани многу работни групи кои ги покриваат областите на работење на ИАЕСТЕ преку целата година- Job Raising, Летна

Рецепција, Маркетинг, Менаџмент на Локални Комитети, Стратешки развој, Развој на Алумни мрежа, Fundraising, IDT /интравеб и Мини-водич во ИАЕСТЕ. Работните групи беа повеќе од ефикасни, се развија многу нови идеи и на дел од нив веќе е почнато да се работи. Забележливо е и подигнување на нивото на организација и квалитетот на ЦЕЦ семинарот од година во година.Ораховица, иако мало место, не изненади и воодушеви со својата убавина и шарм, прекрасните зелени површини и извонредната чистина. За среќа, имавме доволно време да уживаме во сета таа убавина. Културниот програм од семинарот исто така беше за пофалба. Почнувајќи од гала вечерта, разгледувањето на градчето и посетата на музејот во Ораховица, завршувајќи со оригиналните витешки борби кои локалците ги приредија специјално за оваа пригода. По нивното завршување, и самите имавме можност да ги тестираме своите

способности за мечување и стрелање, со оригинални рачно изработени орудија. Тешко е да се издвои што беше најдобриот дел од ова искуство- дали дружењето со толку многу позитивни луѓе,

интернационалната вечер на која традиционално секоја земја се претставува со своите највкусни јадења и пијалоци, работниот или културниот програм...Но тоа секако не е битно, кога целиот впечаток е повеќе од одличен! ИАЕСТЕ Хрватска заслужија “браво” за одличната организација а за нас ова беше уште едно незаменливо ИАЕСТЕ искуство.

Дарко Тодоровски

настани32

Page 33: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Една светска организација како ИАЕСТЕ не може да функционира без својот статут и правилник на работење. Овие органи помагаат функционирањето да биде беспрекорно, со што се задржува професионалноста во работењето на организацијата и го заштитува членот укажувајќи му ги должностите, а воедно и благодетите кои ги добива од неа.

Еднаш годишно членовите на ИАЕСТЕ Македонија од сите локални комитети, се собираат заедно и во два дена прават ревизија на работата на организацијата од претходната година, одлучуваат како да се подобри истата и склопуваат план кој ќе се реализира цела година. На ова собрание има можност активно да се вклучи секој член со тоа што ќе се влезе во дискусиите за проблемите со кои се соочил и со заедничко размислување ќе се дојде до разумно решение прифатливо за мнозинството.

Оваа година на настанот Национално Собрание успеавме поефективно да го искористиме времето и затоа собранието се одржа само еден ден 20.11.2011. Условот за започнување беше исполнет затоа што беа присутни 50% + 1 полноправни членови, поточно 27 од вкупно 34. Особено драго ни беше што присуствуваа членови како од локален комитет Скопје, така и од локален комитет Битола, локален комитет Охрид и локален комитет Штип.

Една од поважните одлуки кои се донесоа беше одлуката за соработка со приватниот универзитет „Европски Универзитет - Скопје“. Ова е доказ дека нашата организација се шири и сè повеќе и повеќе

луѓе и институции сакаат да соработуваат со нас. Следеа презентации на уредно подготвените извештаи за финансии, маркетинг, летна рецепција, Јоb Raising, извештај од одговорниот за македонските студенти (outgoing responsible) и извештај од одговорниот за странските студенти (incoming responsible), а најважно од сè беше планот за работи кои треба да се завршат до Годишната Конференција во 2012 на која бевме горди домаќини. Конференцијата се одржуваше во Хотел Континентал, Скопје во периодот од 20ти до 27ми јануари.

Покрај бирањето на нов Национален Секретар, се избра и нов одговорен за македонските студенти кои одат на пракса во странство (outgoing responsible), како и делегација за Годишната Конференција 2012. Честитки до новоизбраните, Филип Хрисафов – нов национален секретар, Никица Пандилов – нов out-going responsible им посакуваме среќна и успешна работа во нивниот мандат, како и на Благој Трајкоски – досегашниот национален секретар и Александар Ниневски – досегашниот outgoing responsible за успешно завршената работа.

Како што можеме да заклучиме ИАЕСТЕ Македонија направи многу прогрес во изминатава година, па да се надеваме дека и понатаму нашите членови ќе продолжат да работат со полна пареа и да ја прават нашата организација уште подобра и поголема.

Ѓорѓе Костов

национално собрание

настани 33

Page 34: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

На задоволство на сите уште на самиот Семинар, многу нови членови земаа активно учество во работните групи и пројавија желба за свое вложување во ИАЕСТЕ. Покрај работната атмосфера, да не го заборавиме и забавниот дел. Сè започна со интересни team building игри за запознавање и натпревар меѓу тимови, а дружењето како и секоја година кулмираше со забава која траеше речиси целата ноќ.

И овој семинар како и сите досега беше повод за старите членови да се навратат на своите први денови во ИАЕСТЕ, на својот прв СТМ, кога доаѓаш во една сосема нова и непозната средина, а заминуваш како дел од едно семејство. Долга е листата, а зборовите не се доволни да се опише што значи да бидеш волонтер, да вложуваш во себе на секое поле, да станеш порешителен, да бидеш тимски играч и другар. Задоволни сме што бројот на нови членови од година во година сè повеќе и повеќе се зголемува, затоа што со тоа се зголемува и бројот на порешителни и похрабри млади луѓе, студенти подготвени за нови предизвици.

Симона Туџарова

Секоја пролет, задача на постарите членови, или пак, оние кои барем малку имаат вкусено од стилот на живот наречен ИАЕСТЕ имаат задача да мотивираат и да привлечат нови членови. Или пак, повеќе би рекла дека тоа не е задача, туку едноставно задоволство да запознаеш нови пријатели, и да го споделиш своето искуство. За мене оваа година, како координатор на Семинарот за Тренинг и Мотивација, тоа беше момент, кога за кратко зедов здив, и се обидов да се навратам на сè она што го доживеав и научив во ИАЕСТЕ за само една година. Премногу пријатели, слики, различни светови, проблеми и реакции... И сето тоа сакав да го споделам, да им укажам на новите членови дека секој миг е непроценлив, а секој труд е награден.

Семинарот за Тренинг и Мотивација (СТМ) се организира на крајот од Кампањата за Нови Членови (КзНЧ). Оваа година, за втор пат, овој Семинар се одржа во Планинарскиот Дом “Смрека” на Попова Шапка, а пак студеното време и овој пат не нè одвлече од нашите замисли и планови. На овој семинар, кој традиционално трае два дена, покрај забавата и дружењето кои се неизбежни, новите членови заедно со постарите одржуваат работни групи, за време на кои се запознаваат со работењето и организацијата на ИАЕСТЕ, дискутираат и даваат нови идеи. Работните групи ги опфаќаат сите области кои се потребни за ИАЕСТЕ да функционира како една успешна студентска организација, како што се, маркетинг, летна рецепција, кампања за нови членови или пак кампања за стручни пракси, која впрочем е и главната цел и мотивација на секој што запловува во водите на ИАЕСТЕ. На самиот почеток оние членови кои изминатата година извршиле стручна пракса во странство, вршат презентација на истата.

семинар за тренинг и мотивација

настани34

Page 35: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Од моето вклучување во ИАЕСТЕ (леле па помина веќе една година!!), првата мисла ми беше-каде на пракса... но бидејќи немав доволно искуство а и квалификации решив да се вклучам во Летната Рецепција. Што е тоа? Накратко – журка на домашен терен ! Надолго и нашироко- би ми требало да напишам роман, но ќе се потрудам во кратки црти да ви доловам што е тоа што ги мами нашите практиканти да останат подолго во чудесната ни Македонија.

За сите практиканти кои решиле да ја изберат Македонија за нивна дестинација за извршување пракса, ИАЕСТЕ Македонија секоја година се труди да обезбеди незаборавно лето, покрај секојдневните работни обврси. А какво и би било тоа ЛЕТНО работно искуство ако не се запазат моментите на дружење забава и лудории? Ова лето имавме над 70 практиканти, од секое ќоше на светот и не би се прецениле ако кажеме дека сите супер си поминуваа.

Почнавме малку срамежливо и неискусно за со првото патување во Битола да се запознаеме подобро да видиме колку сме слични во различностите, да искусиме дел од Хераклеја, неизбежно да се навлечеме сите на шопска салата и по некоја ракиичка (онака традиционално де). Не можевме а да не им се исфалиме со Галичката свадба, убавините на Охридското ни езеро и висините на Солунска глава. Свративме и до Велешкото езеро и Кавадаречкиот маскенбал... и дур да трепнеш поминале 4 месеци!

Тие што биле раскажуваат, тие што не биле дел – веднаш да се вклучат, странци или Македонци, летната рецепција е совршен период за ширење на познаства, склучување доживотни пријателства а и по некој деловен контакт со работодавците. Кој го искусил ИАЕСТЕ духот не останал рамнодушен, верувајте.

Анастасија Ефремовска

летна рецепција

35настани

Page 36: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Тоа што останува од секоја пракса се искуствата, доживувањата, спомените и убавите мигови со пријателите. Кога ќе ги запознаете еднаш, засекогаш ќе ви останат најдобри пријатели! Сепак Шпанија е земја која мора да се доживее, да ја вкусите автентичната сангрија, превкусниот шпански омлет, и да го доживеете шпанскиот дух.

Александар Ниневски

Велат непланираните работи се најслатки. Прекрасно непланирано лето во Шпанија за мене беше повеќе од доволно да се убедам во оваа “легенда”.

Шестиот семестар од моите студии го поминав со ИАЕСТЕ, вклучувајќи се во безброј забавни активности и меѓу другото планирајќи ја летната пракса во Шкотска, Чешка, Белгија, Норвешка.... насекаде во Европа но не во Шпанија, а тоа беше тоооооолку посакувана дестинација. Летото 2011 дознав и зошто.

Живеев два ипол месеци во Мадрид, во кој што се вљубив уште првиот момент кога зачекорив по неговите улици. Архитектурата, духот, луѓето, начинот на живот, навистина се совршени за креирање на една незаборавна авантура. Насмевките на секогаш расположените шпанци и туристи ми го разубавуваа секој ден, а тапаз баровите, клубовите, преполните улици ги исполнуваа ноќите до самите утрински часови со спомени кои засекогаш ќе останат да ни ги топлат срцата. Помеѓу сите излети во Мадрид, Барселона, Валенсија, Малага и многу други маѓични градови, помеѓу сите утра дочекани во импресивните клубови, помеѓу работните обврски и уживањето се провлекуваа прекрасни луѓе кои за кратко време станаа најдобри пријатели и се најубавиот дел од мојата шпанска приказна.

Работев...да. На Факултетот за Телекомуникации во Мадрид, еден од најреномираните во Шпанија. Ја имав можноста да учествувам во огромен проект на кој моите соработници работеа веќе подолго време. Професорот со кој што работев и сите вработени ми го направија ова прво работно искуство навистина пријатно и секојдневно ме поддржуваа, помагаа во моја работа на проектот и никогаш не ги изоставија безбројните сугестии за места кои треба да ги посетам, работи кои што треба да ги видам и доживеам во нивниот град. Листата никогаш не беше празна.

За овие денови би можела да зборувам уште многу, но иако многу пати сме го слушнале, морам повторно да кажам, се ова не може да се раскаже, мора да се доживее. На вас останува да ја изберете вашата дестинација и да создадете спомени кои ќе будат насмевка на вашето лице секој пат кога ќе пролетаат низ мислите.

Александра Стефановиќ

Сите ние кога ќе дознаеме за ИАЕСТЕ и за можнос тите кои ги нуди оваа студентска организација, веднаш во главата си формираме слика за нашата идеална пракса. За мене идеалната пракса беше во Шпанија, некаде во близина на Барселона. По напорната работа во ИАЕСТЕ трудот се исплати. Добив одлична пракса во Матаро, 20km северно од Барселона во Consell Comarcal de Maresme. Првите впечатоци за местото беа воодушевувачки, медитеранска атмосфера, насекаде палми и насмеани луѓе. Имав одличен стан со огромна тераса на покрив со поглед на морето.

Работата исто така беше одлична, колегите беа пријателски расположени и спремни за соработка. Иако мал број на луѓе знаат англиски, тоа беше одлична можност за мене да го усовршам шпанскиот и да поднаучам малку каталонски. Работата опфаќаше изработка на внатрешна апликација за фирмата со користење на ASP.Net, C#, AJAX, jQuery. Исто така, работев со бази на податоци поточно мигрирање на стара база од MS Access во нова база во MS SQL Server 2005, притоа додавајќи нови табели и функционалности. Најголема предност беше што работното место ми беше оддалечено на 2 минути од плажата така да имав можност да се релаксирам по работата со едно „Carajillo de Baileys“ во некое од локалните Xiringitos (барови на плажа).

Вечерните часови се секако резервирани за дружење со останатите практиканти од целиот свет. Без разлика дали испробувавме најразлични коктели и шутери низ улиците на Барселона, уживавме во одлична музика на најразлични концерти и улични фестивали, или едноставно седевме на плажата Барселонета до раните утрински часови, секогаш си поминувавме одлично.

Викендите ги користевме за патување надвор од Барселона и за откривање на остатокот од Шпанија. Имав можност да видам уште многу убави места како Валенсија со „Градот на уметностите и науките“, главниот град Мадрид со преубавата кралска палата, преубавиот баскиски град Сан Себастијан. Не ја пропуштив ниту шансата да ја посетам ни Португалија со прекрасните вина нити пак шансата да пливам во Атлантскиот Океан.

искуство од пракси во странство

36 искуства

Page 37: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

Отсекогаш сум сакал да патувам, да запознавам нови пријатели, нови култури и се разбира да се надградувам во областа која ја одбрав за моја идна професија – информатиката и компјутерското инженерство. Сите тие желби ми се исполнија минатото лето кога со посредство на ИАЕСТЕ имав можност да престојувам во Магдебург - Германија. Но не е само тоа, задоволството е поголемо бидејќи тамошниот престој ме збогати со повеќекратно животно искуство.

Поминав незаборавни 8 динамични недели низ Германија исполнети со многу активности, запознавање на нови луѓе и секојдневни попладневни дружења. Имав беспрекорно сместување во склоп на универзитетскиот кампус, во соба со поглед на полето со ветерници. Нема да ја заборавам прошетката со велосипед по фасцинантниот и најдолг во светот Waterbridge, мост по кој пловат бродови големи исто

колку и оние во реката под него, како и заедничките интернационални вечери, караоке забавите, латино вечерите...

Секој викенд патував заедно со другите практиканти од Магдебург. Посетивме места што секој млад човек би сакал да ги види: Берлин градот на многу контрадикторности низ историјата, проѕирната фабриката на Volkswagen во која се произведуваат најелитните модели на овој производител во Дрезден, Лајпциг – еден од градовите во кои творел Бах, Вајмар – градот на Гете, во Кемниц за прв пат се спуштив во рудник, се возев со рударско вовче и имав рударски оброк, Ахен – тромеѓето помеѓу Германија, Белгија и Холандија, музејот и изложбениот салон на BMW во Минхен, како и незаборавното доживување на Октоберфест - најголемиот фестивал на пивото во светот...

Што се однесува до работата, ова мое прво работно искуство ми влијаеше позитивно од повеќе аспекти. Имав во одлични услови за работа. Учестував во два проекти на факултетот за информатика во рамките на Универзитетот „Otto von Guericke“. Првиот беше дел од голем истражувачки проект заедно со студенти и постдипломци од тамошниот универзитет за чија изработка користев Matlab. Вториот се состоеше во креирање на апликација во Јава за потребите на факултетот. Сатисфакцијата за вложениот труд ја почувствував со нивната благодарност за завршената работа и добивањето на позитивно мислење од страна на менторот.

Со задоволство им препорачувам на сите мои колеги да ги искористат можностите што ги нуди ИАЕСТЕ. Едно вакво искуство допринесува за сестрано надградување и проширување на видиците на секој млад човек.

Горан Петровиќ

искуства од пракси во странство

37искуства

Page 38: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 201138

примени студенти и работодаваЧи

статистика

Page 39: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

иаесте македонијагодишен извештај 2011

пратени студенти и работодаваЧи

39статистика

Page 40: IAESTE Macedonia Annual Report 2011

SAVA TABAK - Акционерско друштво за осигурувањебул. 3-та Македонска бригада бб, 1000 Скопје, Македонија

Тел/Факс: (389 2) 310 5608; 310 5685www.savatabak.com.mk

БД дизајн и печатУл. Шералти бб , 7000 Битола, Македонија

Тел: (389 47) 228 226www.bd.com.mk