8

INFO SEGA ZBIrka

Embed Size (px)

DESCRIPTION

INFO SEGA ZBIrka

Citation preview

Page 1: INFO SEGA ZBIrka
Page 2: INFO SEGA ZBIrka

Почитуван читателу,

"Во оваа ера на нови технологии, книгите остануваат драгоцени инструменти, лесни

за носење, здрави и практични за споделување на знаења, меѓусебно разбирање и

отворање на светот на сите. Книгите се столбови на знаењето и се од суштинско

значење за унапредување на слободата на изразување и образованието за сите. "

Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО Порака за меѓународниот ден на мајчиниот јазик 2013

Јазиците се најмоќните инструменти за зачувување и развивање на нашето материјално

и нематеријално наследство. Сите потези да се промовира ширењето на мајчиниот јазик

ќе послужи не само да ја охрабри лингвистичката разновидност и повеќејазичното

образование, но, исто така, да се развие целосно свеста за јазичните и културните

традиции низ светот и да ги инспирира за солидарност врз основа на разбирање,

толеранција и дијалог.

Јазиците се потребни за борба против неписменоста, за квалитетно образование, за

квалитетен живот на поединецот, за зачувување на знаењата и традициите од нашите

предци. Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет, за припадноста кон

едно парче земја, за долгот што го имаме кон нашите прадедовци.

,,Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на

македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за

припадност кон нацијата. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина

македонски.“ Блаже Конески

,,Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит како светина значит да останит

верен на дуот на своите предедовци и да уважаат, се', шчо имат они напраено за своето

потомство. Да се откажит чоек од својот народен јазик, значит, да се откажит он и од

народниот дух..“.......................

,,Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме

нашиот јазик,зашто тој јет наш, исто така, како што ни јет наша татковината ни.“

,,За македонцките работи“ - Крсте Петков Мисирков

Тимот на ИНФО СЕГА

Page 3: INFO SEGA ZBIrka

Содржина

Page 4: INFO SEGA ZBIrka

Многу луѓе се жалат дека им поминал целиот век барајќи ја смислата на животот - ако воопшто постои и не е никаде на друго место, туку во самото барање. Ова е мисла проговорена од страна на писателот Јован Дучиќ, кој доволно кажува дека барањето на смислата е всушност реализирањето на зборот живот како именка. Но што од значењето на таа именка, од нејзината суштина? Знае ли некој да ја објасни, да ја реализира и да ја почуствува нејзината вистинска вредност? Но како да се почуствува убавината на животот кога во ова време на лажни идеали искреноста, љубовта и љубезноста се третираат како инвалиди? Искреноста веќе за‘рѓала, пуштила корени во минатото но не и плодови во сегашноста. Сигурно неа луѓето ја имат заборавено во некоја папка во персоналните компјутери. Да побараш искреност во овој свет е исто како да пливаш во песок. Мрдаш со рацете, со нозете, со сета своја снага и сила, но не си се помрднал ни еден милиметар. Ништо не си постигнал, се уште си на почеток, закопан во кафеавите зрнца лаги. Како настануваат тие кафеави лаги, да не ги нарекувам црни затоа што тие се тешки гревови кои настанале како резултат на неискористената искреност, така се појавуваат и овие кафеавиве, кои луѓето ги занемаруваат а тие најмногу нанесуваат болка во душата, во вид на печење и тештење . Искреноста веќе е на работа на смртта. Но што е со љубовта? Каде можеме неа да ја набавиме? Во некој супер маркет или во бутик, или можеби во банка да ја подигнеме како чек од неколку илјади денари? Не, таа се наоѓа во длабочината на срцето и душата, се пробудува само со малку нежност и љубезност. А сега нежност и љубезност каде да најдеме? Добро треба да се размисли околу ова прашање...Тешка е потрагата по овие непроценливи богатства. Некогаш нив ги среќававме насекаде. Кај децата на улиците, кај своите другарчиња, возрасните на работа, во домот. На секаде, дури и ми се чини дека понекогаш и во воздухот лебдеа љубовта и љубезноста како мушички, и... така немаше никогаш недостатоци од нив.

Page 5: INFO SEGA ZBIrka

А сега мушичките влегле во жиците, па преку жиците во компјутерите, преку компјутерите во интернет мрежите, а од таму на фејсбук профилите. Па преку лајкови, коментари и многу други нереални комуникации ние денеска примаме и даваме љубов, се разбира имагинарна љубов. Страшно, но вистинито.... Лајкот им значи живот, коментарот на нивната профил слика кислород, а раговорите на чат хранлива материја која ги храни сите клетки во организмот за да ги одржи во живот и да не атрофираат. Но љубовта повторно и тука ја нема, нормално на лажните фејсбук профили сигурно ја нема постирано никој за слободно да си ја симниш и да си ја ставишна позадина на својот компјутерски екран, па така да почниш да ја чувствуваш во себе. До каде не доведе оваа напредна технологија. Сакајќи да ни помогне, многу ни одмогна. Ги уништува луѓето, ги заслепува, принудувајќи ги да веруваат во некои пороци од кои не можат да го сватат значењето на именката живот. Се повеќе и повеќе изостанува користењето на добрината, на добрите дела направени со многу љубов а не од корист и завист, како што многу од луѓето го прават тоа. Зошто мораше токму ние, младиве да зачекориме први во водите на овој лажен свет и да ги почувствуваме неговите „манири“ на сопствената кожа??? Мојата лутина, мојот бес кон немилосрдниот живот е се поголема, затоа што љубовта веќе со право може да се нарече дека е инвалид, којшто ја загубила засега едната нога, благодарејќи на сите оние кои ја злоупотребуваат нејзината добрина и убавина.

Реловска Наталија 3-1 клас СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

Ментор: Билјана Тинтоска

Page 6: INFO SEGA ZBIrka
Page 7: INFO SEGA ZBIrka
Page 8: INFO SEGA ZBIrka