24
Интернет

Internet

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Internet

Citation preview

Page 1: Internet

Интернет

Page 2: Internet

Интернет'''Интернет''' (анг. Internet или the Net) е

јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како (TCP/IP).

Page 3: Internet

• Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места (websites) и други документи од Пајажината (Светска пајажина - World Wide Web, WWW).

Page 4: Internet

• Наспроти општоприфатеното користење термините интернет и пајажина (web), тие не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани сметачки мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси (Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет.

Page 5: Internet

Интернет

Секој компјутер е поврзан со сите други

Page 6: Internet

• Интернет како мрежа постои веќе триесетина години, меѓутоа со појавата на World Wide Web (WWW) интернет станува она што го знаеме денес.

• Во почетокот на интернетот било комплицирано барањето на податоците, корисниците биле принудени рачно да ги испишуваат наредбите. Поголем број корисници не сакале или не ги знаеле наредбите.

• 1989 година Tim Berners Lee од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето.

• Крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект WWW. Започнува со развој на првата програма за пристап на WEB со едноставно име WWW.

Page 7: Internet

Адреси на интернет

Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Но бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернет не се земени по места туку по дејности, бидејќи дејностите , како што се: образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја држава.

Page 8: Internet

Овие дејности се наречени домени. Во интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се кратенки од англиското име за дејноста и тоа:

edu – за образование

com – за стопанство

gov -- за управа

mil – за војска

org -- за непрофитни организации

net -- за компјутерски мрежи

А за улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така во образованието во Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите. На пример името на гимназијата едефинирано со dsu – државно средно училиште. Овие имиња всушност се имиња на под – домени. На пример некој студент од некој фалкултет си дал интернет име гоце тогаш неговата интернет адреса е [email protected].

Знакот @ означува припадност, што значи гоце припаѓа на односно е под-домен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен на dsu.edu.mk , кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk , а тој е под-домен на доменот mk кој е под домен на интернет.

Page 9: Internet

Видови на поврзување на интернет

Поврзувањето најчесто се врши преку посредник така наречен провајдер. Тоа е фирма која обезбедува интернет така што корисникот го поврзува со другите провајдери, од другите земји од светот. Провајдерот располага со брз сервер и со специјална опрема, а за своите услуги наплаќа од корисниците. Корисникот е потребно да си купи IP адреса односно корисничко име и лозинка со кои ќе можат да се поврзат на интернет. Во Македонија постојат неколку провајдери едни од нив се МТ-нет , Он-нет , Неотел, Телекабел, Кејблтел и многу други.

Постојат различни начини на поврзување на интернет, а тоа е :• Dial-up конекција со брзина до 54 kbps• ISDN конекција со брзина до 128 kbps• ADSL со брзина до mbps• cable (кабловка конекција) со брзина до 512 kbps• Сателитски интернет (сообраќај само во еден правец download)

до 16.000 mbps• wi-fi (бежична конекција) со брзина до 300 kbps

Page 10: Internet

Што се интернет провајдери (ISP)

1. Компании што нудат услуга поврзување на интернет.

2. Тоа може да биде било која компанија која има директна интернет врска и овозможува пристап до неа.

Page 11: Internet

Интернет пребарувач

Интернет пребарувач претставува интернет сервис, чија цел е да пребарува информации на интернет (пред сè со впишување на клучни зборови или фраза). Резултатите од пребарувањето најчесто се прикажани како список на веб-адреси кој ги содржат бараните информации.

Како функционираат? Пребарувачите прибираат информации за тоа што сè има на веб кои потоа ги ставаат на располагање на нивните корисници. Некои од нив користат т.н. пајаци (spiders), односно автоматизирани разгледувачи, кои ги крстосуваат веб-страниците скокајќи од линк на линк. Други пак ги примаат податоците преку други извори, на пример директно од веб-сајтовите кои произведуваат нови содржини.

Page 12: Internet

IP адреси (IPv4) IP адресата претставува нумеричка идентификација и логичка адреса која се доделува на секој уред кој партиципира во одредена компјутерска мрежа која го користи IP (Интернет протоколот) за комуникација помеѓу јазлите (корисниците) во мрежата. Иако IP адресите се практично во бинарен нумерички облик, ти се претставуваат во т.н human readable формат наречен dotted decimal.

Page 13: Internet

• Пример: 204.44.122.12. • Улогата на IP адресите е следна: “Ако

доменското име или името на хостот индицира што бараме, тогаш IP адресите индицираат каде се наоѓа”.

• IP адресите генерално се поделени според нивната т.н изложеност (видливост) на остатокот од Интернет:

• Public (јавни) IP адреси,• Private (приватни) IP адреси.

Page 14: Internet

• Кога се работи за Public (јавна) IP адреса, мрежниот уред на кој истата е доделена е практично видлив за сите уреди кои се поврзани на интернет.

• За приватните Private (приватни) IP адреси, карактеристично е тоа што тие се за приватна, внатрешна употреба во некоја локална компјутерска мрежа.

Page 15: Internet

Web Пребарување

http://www.howstuffworks.com/computers/internet-infrastructure.htm

Transmission Protocol

(Протокол за трансмисија)

Domain или име на сервер

Локација внатре во серверот

Име на фајл или на web страна

Најбрзо растечки сервис на интернет Поседува графички кориснички интерфејс, поддршка за hyper texting Uniform Resource Locator or URL

Page 16: Internet

Е-mail

Постојат два модела:• Webmail (e.g. Yahoo mail, gmail, Hotmail): мора да

биде поставено поштенско сандаче на online сервер и до него да има пристап за менажирање на истото.

• POP3 e-mail клиент (npr. Mozilla Thunderbird, MS Outlook): мора да биде online на сервер само за презимање и испраќање на поштата, додека истата се чита и уредува во offline мод.

Page 17: Internet

име_на_корисник@domain_name_на компјутерот

• Твој online идентитет!• Mailbox name или корисничко име – не треба да

содржи запирки, загради и празни места• @ (мајмунче)• Address или hostname – доменот и поддоменот

се разделуваат со точка

Page 18: Internet

Вирален маркетинг

Вирален маркетинг (англиски: viral marketing) е техника на рекламирање која ги искористува постоечките социјални мрежи за да предизвика експоненцијални зголемувања за свесноста на брендот, преку вирални (вирусни) процеси кои наликуваат на ширење на епидемија.

При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк опсег, преку лични контакти (word of mouth) зајакнати со употребата на интернет.Овој вид маркетинг е доста прифатлив за компаниите од причина што е доста поефтин од останатите конвенционални начини на рекламирање.Често се случува виралната (вирусна) кампања да биде започната од луѓе надвор од компанијата чијшто производ или услуга се промовира.

Page 19: Internet

Приватност на интернет - Ризици1. Кражба на идентитет2. Уцена / Изнуда3. Клевета на личност4. Продажба и маркетинг кои не се побарани

од Ваша страна5. Луѓе кои ќе го искористат познавањето на

вашите активности и потези за да делуваат против Вас

6. Искористување на Вашите информации од страна на работодавците

Page 20: Internet

Блог

Блог е веб-сајт во кој се објавуваат датумски определени дополнувања со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Терминот блог е скратеница од веб-лог (weblog, web log), термин чие буквално значење е „дневник на веб”.Пишување или одржување на блог, или додавање на напис се нарекува „блогирање”. Одделните написи на блог се нарекуваат „постови”, а личноста која ги објавува се нарекува „блогер”. Блог може да се состои од текст, хипертекст, слики, линкови, како и можност за оставање коментари. Често даден блог има посебна тема или област која ја покрива, додека пак некои се наменети за дискутирање на лични искуства.Блоговите може да бидат поставени на посебни сервиси за хостирање блогови, или да бидат дел од веб-сајт кој работи благодарение на посебен блогерски софтвер. Блоговите како медиум стекнаа популарност и значење на почетокот на 21 век, промовирајќи го концептот на граѓанско новинарство.

Page 21: Internet

Форум

Форум на интернет е сервис за водење разговори, или софтвер за веб-апликација што овозможува вакви услуги. Форумите на веб, кои се појавија околу 1995 година имаат слична улога како бибиесите (ББС) и дискусионите групи кои беа популарни во осумдесеттите и деведесеттите. Форумите со редовни корисници кои дискутираат на најразлични теми често развиваат виртуелни заедници. Инаку phpbb и vbulletin се најпознатите фирми кои што задоволуваат потреби со форуми.

Page 22: Internet

Интернет претставува кооперативна околина и од социјален и од технички аспект. Тоа е одговорност на сите корисници да обезбедат доверба од општеството.

Page 23: Internet

• Добро e да се знае...• Не откривајте лични информации кога тоа

не е неопходно, • Бидете претпазливи кога оставате лични

податоци на социјалните мрежи, • Не користете службена е-маил адреса за

лична употреба.

Page 24: Internet

• Следејќи ги новите трендови на интернет комуникација, а со цел креирање на неформален простор за јавно претставување на сопствените творештва, истражувања, искуства, ставови, УГД креираше блог сервис наречен „УГД БЛОГСВЕТ“ посветен на сите студенти и вработени кои сакаат да блогираат.

• Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот можат да се вклучат во овој виртуелен простор со свој блог-придонес преку едноставна регистрација на http://blogsvet.ugd.edu.mk/.

• За начинот на користење на „УГД блогсвет“ информирајте се преку видео упатството поставено на следниов линк.

• Најновите и најпопуларните блогови на .„УГД блогсвет“ следете ги и преку фан страницата на Фејсбук – facebook.com/ugdblogsvet.

• На почетокот од декември УГД ќе објави конкурс за избор на:• - најистражувачки блог,• - најкреативен блог,• - најпопуларен блог.• Конкурсот ќе трае до 25 декември, а за времетраење на конкурсот корисниците на блог

сервисот ќе имаат можност да гласаат за објавените блогови и да ги одберат своите три фаворити.

• Наградените блогови ќе добијат парични награди во висина од 5.000 денари за секој блог, односно 15.000 денари за трите најдобри блога.

• Затоа, истражувај, креирај, споделувај, блогирај со УГД блогсвет!• Со почит,• Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип