52
1 6-7-8/2012 www.amsmklubmobili.mk ЈУНИ - ЈУЛИ - АВГУСТ 2012 Бр. 51 чЛеНСко СпИСАНИе Пет години АМСМ Клуб мобилити - Среќен роденден! -

Klub Mobiliti (juni 2012)

Embed Size (px)

DESCRIPTION

AMSM Klubsko Spisanie

Citation preview

Page 1: Klub Mobiliti (juni 2012)

16-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

ЈУНИ - ЈУЛИ - АВГУСТ 2012 • Бр. 51 чЛеНСко СпИСАНИе

Пет години

АМСМ Клуб мобилити

- Среќен роденден! -

Page 2: Klub Mobiliti (juni 2012)

2 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 3: Klub Mobiliti (juni 2012)

36-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Почитувани корисници, Вашите критики, пофалби и сугестии ќе ни бидат патоказ во реализирањето на подобрувањето на сите услуги на АМСМ, што ќе биде во Ваша корист. За оваа цел на располагање ви е нашата мејл адреса [email protected] Доколку вашето членското списание АМСМ Клуб мобилити не го добивате редовно на вашата домашна адреса, јавете се на телефон 02/ 3181-351 или пишете ни на нашата мејл адреса [email protected]

Среќен роденден Клуб мобилити!

Да се прослават пет години од постоење на пе-чатен медиум е посебна гордост за секого и за секоја редакција. Педесет броеви на членското списание, чии страници се исполнети со корис-ни и интересни содржини, коментари, новости од областа на сообраќајот и сите други сфери кои имаат допирни точки со него. Редакцијата на „АМСМ Клуб мобилити“, со своите внатрешни и надворешни соработни-ци, ја создаваше неговата душа, неговиот на-чин на комуникација со членовите. Успешната работа ја создава еден синџир, а кога станува збор за вакво списание по-требно е да се спомнат и другите негови важни алки - од печатењето до дистрибуирањето на „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса на члено-вите на АМСМ. Преку списанието „АМСМ Клуб мобилити“ докажавме колку квалитетот на нашата организација, како и услугите што таа ги дава и дејностите што ги извршува се посебни и применливи во секојдневјето за нашите чле-нови, но и за останатите учесници во сообраќајот. За тоа колку едно списание, седмично или месечно, е успешно најмногу говори тиражот со повеќе од 11.000 примероци, што за пишан медиум од ваков вид е многу значајно. Сите напори водат кон негово натамошно усовршување, а со тоа и кон зголемување на тиражниот број, со што сигурно паралелно ќе се зголемува и членството во АМСМ.Сегашните 52 страници на нашето списание ни се предизвик, со цел во нив да сместиме што повеќе живот, што повеќе потребни информации, на-менски содржини и новини од областа на сообраќајот кај нас и во Европа, податоци од светот на автомото спортот, од сцената на различните мо-дели автомобили, од меѓународните настани врзани со нашата куќа. Би-дете сигурни дека и натаму тоа ќе бидат содржини што ќе ги задоволат вашите очекувања, потреби и високи критериуми.Почитувани членови, ве информираме дека во наредниот период ва-шето членско списание Клуб мобилити ќе излегува секој втор месец. Следниот број очекувајте го во септември.

Маргита ПоПовСКаглавен и одговорен уредник

АМСМ клуб МобилитиЧленско списание

издАвАч:АВто-Мото СојуЗ нА МАКеДонијАул. „Митрополит т. Гологанов“ бр. 511000 СкопјеРепублика Македонијател: 02/ 3181-181Факс: 02/ [email protected]

ГлАвен и одГоворен уредник:Маргита Поповска

ГрАфички дизАјн:Катерина јовановска

редАкцијА:ул. „Митрополит т. Гологанов“ бр. 54/31000 СкопјеРепублика Македонијател: 02/ 3181-351Факс: 02/ [email protected]

издАвАчки Совет:проф. д-р Спасе јовковски (претседател)јово Вангеловски (член)проф. д-р никола Панов (член)Калинка танеска (член)проф. д-р иво Дуковски (член)м-р никола Ангеловски (член)Марјан Апостоловски (член)Димитар Миновски (член)

нАдворешни СорАботници:Жарко АтанасоскиЉубомир АнастасовскиДанчо Здравковскиниколина Стојановаигор ЛандзбергАндријан трипуновАлександар табаковски

лектор:Момент Мал

тирАж:11.000 примероци

ПечАти:Сити Принт - Скопје

бАнкА:Комерцијална Банка А.Д. Скопје

жиро-СМеткА:300000000915716

единСтвен дАночен број:4030991238264

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

В о В е Д

Page 4: Klub Mobiliti (juni 2012)

4 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 5: Klub Mobiliti (juni 2012)

56-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

НОВОСТИНАЈЛУТАТА „ЕДИНИЦА“ ИМА ТРИ ВРАТИОТПОРЕН НА БАБУНИ

АМСМАМСМ Е БРЕНД СО ДОСТОЈНА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ И ДОВЕРБА - ИНТЕРВЈУ СО Г. ДИМИТАР МИНОВСКИПОМОШ НА ПАТ И ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ„ВОЛФ“ ПОВТОРНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

АВТО-МОТО МАЛО ПАКУВАЊЕ СО БОГАТА СОДРЖИНАСМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИ

ТЕСТОВИ И СОВЕТИСЛОБОДА, УЖИВАЊЕ, УДОБНОСТ

89

10

1314

2024

26

hi-techМОЖЕ ХОЛОГРАМ НАМЕСТО ОБИЧНА ТЕЛЕВИЗИЈА

ПАТУВАЊАЗАЧУДУВАЧКА УБАВИНА

СТИЛБЕЛА КОШУЛА ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА

ПОЗНАТИТЕ КАКО ЧЛЕНОВИ НА АМСМКРИСТИНА АРНАУДОВА

ИСТОрИјАЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ НА ПАЗАРОТ

СПОрТСАКАМ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛАНА ПАТ ДО НОВ ТРИУМФФИЛМСКИ ЗАПЛЕТ БЕЗ МААНАСЕКОГАШ ДАВАМ 110% ОД СЕБЕ

28

30

34

36

38

42454748

30

26

50

34

48

С о Д Р Ж и н А

1810

Page 6: Klub Mobiliti (juni 2012)

6 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

ноВоСти

Прекршок Глоба одземање на дозвола

надминување на дозволена брзина

- до 10 км/час во град 2.000 - 8.000 ALL

- до 20 км/час во град 4.000 - 16.000 ALL

- над 20 км/час надвород град

10.000 - 40.000 ALL

- 1 - 3 месеци* - повторен прекршок во рок од 1 година: 4 до 12 месеци

Под влијание на алкохол 10.000 - 40.000 ALL6 до 12 месеци - повторен прекршок во рок од 1 година: 1 до 2 години

неправилно паркирање 2.000 - 8.000 ALL

некористење на безбедносни појаси 1.000 - 4.000 ALL

употреба на мобилен телефон при возење 1.000 - 4.000 ALL

Поминување на црвено светло 5.000 - 20.000 ALL 6 до 12 месеци

небрежно свртување или возење наназад 2.000 - 8.000 ALL

без средни светла 2.000 - 8.000 ALL

АлбАнијАзГолеМени кАзни зА СообрАЌАјни Прекршоци

* 3 до 6 месеци за возачи кои поседуваат возачка помалку од 3 години. •

Прекршок Глоба

надминување на дозволена брзина• во град:

- до 10 км/час- до 30 км/час- до 30 км/час

• надвор од град:- до 30 км/час- до 50 км/час- до 50 км/час

Под влијание на алкохол

50-150 евра + 1-3 месеци одземена дозвола

неправилно паркирање 30 евра

некористење на безбедносни појаси

15 евра

употреба на мобилен телефон 20 евра

црнА ГорАзГолеМени кАзни зА СообрАЌАјни Прекршоци

Минимални и максимални казни:

- 20 евра- 30 евра + 1 поен- 50 - 150 евра + 3 месеци одземена дозвола

- 20 евра- 30 евра + 1 поен- 50 - 150 евра + 3 месеци одземена дозвола

Полицијата е овластена на лице место да наплаќа глоба до 5.000 ALL.Минимални и максимални казни:

1 евро = 138 ALL

Page 7: Klub Mobiliti (juni 2012)

76-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Под

готв

ува:

инф

орм

атив

ен ц

ента

р те

л: 15

555

н о В о С т и

% Автопат (1) Автопат (2) Автопат (3)

0 - 19% 1.000 DKK 1.000 DKK 1.500 DKK

20 - 29% 1.500 DKK 1.500 DKK 1.500 DKK

30 - 39% 1.500 DKK 2.000 DKK 2.000 DKK

40 - 49% 2.000 DKK 2.500 DKK 2.500 DKK

50 - 59% 2.000 DKK 3.000 DKK 3.000 DKK

60 - 69% 2.500 DKK 3.500 DKK 3.500 DKK

70 - 79% 3.000 DKK 4.500 DKK 4.500 DKK

80 - 89% 3.500 DKK 5.000 DKK 5.000 DKK

90 - 99% 4.500 DKK 6.500 DKK 6.500 DKK

+ 100% 5.000 DKK 7.500 DKK 7.500 DKK

1) Aвтопати каде што ограничувањето на брзината е помало од 100 км/час2) Aвтопати каде што ограничувањето на брзината е 100 км/час или повеќе3) Возила над 3,5 т и возила до 3,5 т кои влечат приколка

(Ако брзината надминува 140 км/час парична казна за голема брзина ќе биде додадена на горенаведените износи.

% додатна казна за голема брзина

140 - 149 1.000 DKK

150 - 159 1.500 DKK

160 - 169 2.000 DKK

170 - 179 2.500 DKK

180 - 189 3.000 DKK

190 - 199 3.500 DKK

200 - 209 4.000 DKK

210 - 219 4.500 DKK

220 - 229 5.000 DKK

230 - 239 5.500 DKK

Ако брзината надминува 60% (на автопати и на други патишта) или повеќе од 160 км/ч, на возачот ќе му биде одземена возачката дозвола и ќе треба да полага нов возачки испит.За возач на автомобил со приколка следуваат исти казни за надминување на ограничувањето на брзината од 40%.Возење под дејство на алкохол:износот на казната зависи од приходите на возачот:

0,05% до 0,12% Паричната казна врз основа на нето месечните примања се пресметува според нивото на алкохолво крвта

над 0,2% 1 месечен нето приход на сторителот и до20 дена во притвор *

неправилно паркирање - 510 DKK или 650 DKKненосење на сигурносен појас - 1.000 DKKВозење низ црвен семафор - 2.000 DKK / казнени поени. •

дАнСкАзГолеМени кАзни зА СообрАЌАјни ПрекршоциВозачите на автомобили можат да бидат казнети за надминување на ограничувањето на брзината, како што следува:надмината брзина над дозволеното во % :

надминување на дозволена брзина

во градГлоба

од 1 до 10 км/час 50 евра

од 11 до 30 км/час50 евра за првите 10 км/час + 10 евра за секој додатен км/час

над 30 км/час

Казна на суд*: од 60 до 3.000 евра и одземање возачка дозвола од 8 дена до 5 години

•За странци, можна е казна на лице место до 750 евра

надминување на дозволена брзина

вон градГлоба

од 1 до 10 км/час 50 евра

од 11 до 40 км/час50 евра за првите 10 км/час + 5 евра за секој додатен км/час

над 40 км/часод 55 до 2.750 евра*и одземање возачка дозвола од 8 дена до 5 години

Алкохолво крвта Глоба

од 0,05% до 0,08%:

- Забрана за возење 3 часа

- Мандатна казна (или депозит) на 150 евра, ако е со друг прекршок од 150 до 3.000 евра

белГијАзГолеМени кАзни зА СообрАЌАјни Прекршоци

унГАријАзГолеМени кАзни зА СообрАЌАјни Прекршоци

•возење под дејство на алкохол (BAC <0,05%) - од 15.000 до 30.000 HUF

•возење под дејство на алкохол (BAC 0,05-0,08%) - од 20.000 до 40.000 HUF

•возење под дејство на алкохол (BAC > 0,08%) - од 20.000 до 50.000 HUF

•неносење на појасот (возач и совозач) илиненосење на безбедносна шлем (мотоци-клист - возач и совозач) - 30.000 HUF

•некористење на соодветен систем за врзување деца - 30.000 HUF

•употреба на мобилен телефон додека возите - од 15.000 до 30.000 HUF • 1 евро = 285 HUF

1 евро = 7,43 DKK

Page 8: Klub Mobiliti (juni 2012)

8 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

ноВоСти

BMW M 135iнАјлутАтА „единицА” иМА три врАти BMW ја претстави изведбата со

три врати на новата Серија 1, а со неа и најлутата изведба на

„единицата” означена како M 135i. Лу-тината се препознава преку посебниот аеродинамичен пакет кого го оправ-дува турбо бензинецот 3.0 кој кон сите тркала турка 320 КС преку 6 степен рачен менувач или 8 степен автома-тик. Спринтот до 100 км/час се случува за брзи 5,1 сек. со рачниот менувач и 4,9 секунди со автоматикот. Максиму-мот е ограничен на 250 км/час. Покрај моќниот мотор M 135i добива и спорт-ско потпирање, масивни сопирачки и единствено уредување кое ја нагласу-ва идејата на друмскиот тркач која гла-си: „Задоволство во возење”.•

Chevrolet TraxзА ПоГолеМАПроодноСт

Chevrolet го најави својот прв мал спортски теренец кого го нарече Trax и со кого планира

освојување на глобалниот пазар во сегментот. Trax ќе се продава во 140 држави ширум светот, нудејќи им на купувачите зголемена проодност со возни карактеристики и потрошувач-ка кои се еднакви на еден компaктен автомобил. Trax е поставен на осно-вата на малиот спортски теренец Opel Mokka и под хауба носи три мотор бензинец 1.6 со 115 КС, турбо 1.4 со 140 КС и дизел 1.7 со 130 КС. Светската премиера на Trax, Chevrolet ја закажу-ва за на есен на салонот на автомоби-ли во Париз, а продажбите стартуваат на пролет следната година.•

Volkswagen Scirocco GTS30 Години SCiroCCo

Volkswagen годинава прославува 30 години од појавувањето на купето Scirocco во својата понуда и во чест на големиот јубилеј ја најавува специјалната

серија GTS. Моделот кој ќе биде претставен на изложбата во Лајпциг е дизајниран во стилот на тркачките автомо-били од 1970-те и 1980-те години со нагласени надолжни линии, црвено обоени ретровизори и сопирачки клешти. Поставен е на бандажи од лесен метал од 18 инчи кои до-полнително ја истакнуваат неговата моќ оправдана преку 2.0 литарскиот турбо бензинец со 211 КС. Scirocco GTS ќе биде вклучен во редовната понуда на VW, иако цената сè уште не е објавена.•

Page 9: Klub Mobiliti (juni 2012)

96-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

еуроимпекс ПреМиерА нАновиот Peugeot 208

Под мотото „Let Your Body Drive“ на македонска-та автомобилска сцена премиерно блесна новиот Peugeot 208. на статичката презентација наменета за

преставниците на седмата сила новиот субкомпакт покажа дека претендира да ја продолжи успешната низа на негови-те предходници (206, 207) и да се искачи на тронот во својот сегмент. очекувањата се оправдани бидејќи новиот стајлинг на надворешноста и крајно софистицираната внатрешност на новиот Peugeot 208 го издвојуваат од стереотипите кои владеат во моментот. Колорната палета на екстериерот е искучително интересно конципирана, а во зависност од по-требите и навиките на купувачите на располагање стојат верзиите со три и пет врати. Младешкиот дух е дополнет и со обновена палета на бензински и дизел агрегати кои по-седуваат три и четири цилиндри и освен високата еколошка прифатливост се одликуваат со подобрена моќност и на-малена потрошувачка. Во понудата се истакнува изведба-та e-HDi која има просечна потрошувачка од 3,4 л/100 км и емисија на Цо2 од ниски 87 г/км.•

ноВоСти

АвтонованеСекојдневниот Citroen DS5 доСтАПен во МАкедонијА

најголемиот и секако највпечат-ливиот модел од DS линијата на Citroen официјално од

средината на мај е достапен и на на-шиот пазар. Футуристичкиот дизајн, врвните материјали, високиот луксуз и најмодерната технологија кои се со-ставен дел од DS5 го карактеризираат автомобилот како вистински преми-ум производ кој неможе, а и не смее да се смести во предходно одреден сегмент. импозантната појава на надворешноста е вистински магнет на погледи додека во внатрешноста инспирацијата пристигнува од ае-ронаутиката. Под несекојдневното лимено одело се крие и врвна меха-

ника која е составена од најновата генерација на турбо бензински и ди-зел агрегати. Во понудата постои и хибридна изведба која ја комбинира силата на дизелскиот и електричниот агрегат чија што збирна моќ изнесува

200 КС и се испраќа на сите четири тркала. инаку, новоизбраниот фран-цуски Председател Франсоа оланд го избра токму DS5 како автомобил со кој за прв пат се појави во јавност по стапувањето на функција. •

150 години Opelјубилеј вреден зА ПАМетење

Г одинава Opel прославува 150 години постоење. Про-славата се одвива низ целиот свет, а пристигна и во Македонија. на големата забава гостите се дружеа со

најновиот амбасадор на марката - познатиот пејач Момчи-ло Бајагич – Бајага, се запознаа со врвното достигнување во светот на автомобилите, електромобилот Opel Ampera. Воедно, вредно е запознавањето со историјата на Opel, која почнува во 1962 година и од производител на машини за шиење Opel станува една од највредните автомобилски марки на денешнината. Во насока на прославата Opel орга-низира и два натпревари на тема „150 години Opel“, каде младите дизајнери можат да го искажат својот талент и да добијат вредни награди. •

Page 10: Klub Mobiliti (juni 2012)

10 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

интервју со г. Димитар Миновски - генерален секретар на АМСМ

АМСМ е брендсо достојна

препознатливост и доверба

АМСМ е брендсо достојна

препознатливост и доверба

Page 11: Klub Mobiliti (juni 2012)

116-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

•Господине Миновски, Вие сте иницијатор за објавување на списа-нието „Клуб мобилити“, со цел да се пополни долгодишната празнина на квалитетен контакт со членството на АМСМ. По петгодишно постоење на списанието, сметате ли дека е по-стигната целта? Миновски: Пред сè, честитки за пет-годишниот јубилеј, секако, со желба секоја година да бележиме раст и поголема читаност. AMСМ претенди-ра да се развие во модерен автомобилски и туринг клуб, во кој членовите ќе бидат постојано и навреме информи-рани со квалитетни и значајни информации врзани за нив-ното патување со автомобил. Ваквата идеја е присутна мно-гу одамна во АМСМ, но со осамостојувањето на нашата држава, а особено со остварувањето на полно-правно и непосредно членување на АМСМ во меѓународните асоцијации ФиА, ФиМ и Аит во текот на 1993 и 1994 год. оваа идеја стануваше сè поак-туелна. Секако, во овој период АМСМ имаше други приоритети кои се одне-суваа, пред сè, на продолжувањето на инвестициониот циклус на изградба на станици за технички преглед и бази за лоцирање на Службата за помош на пат низ цела територија на наша-та држава. Сепак, профилирањето и доближу-вањето на АМСМ до нашите членови логично наметнуваше оваа идеја за сопствено списание да влезе во финансиските планови и на мое лич-но задоволство, за прв пат од своето постоење на АМСМ (во 1945 год.), во 2007 год да го издадеме првиот број на „АМСМ клуб мобилити“ .За темите и за квалитетот на „Клуб мо-билити“ најповикани се да се изјаснат нашите членови, кои списанието го до-биваат на домашна адреса и, секако,

А М С М

ПотребАтА од СПиСАнието „АМСМ Клуб Мобили-ти“, КАКо ПоСтојАн ПотСетниК и инфорМАтор нА нАшите членоВи, е неоСПорнА. ноВините Во АВ-тоМобилизМот, Во ПАтнАтА инфрАСтруКтурА, Во зГолеМуВАњето нА безбедноСтА Во СообрАќАјот, ПредизВиКот и убАВинАтА нА МоторизирАниот ту-ризАМ СеКоГАш Се АКтуелни теМи и ВеруВАМ деКА тие Се неиСцрПни.

услуги и привилегиите што ги нуди си-стемот на АМСМ на своите членови? Миновски: „АМСМ Клуб мобили-ти“ сосема одговорно и успешно ги презентира услугите на АМСМ, но, секако, постојат и други начини за информирање на членството, што АМСМ ги практикува. Рубриките кои се постојани и се од информативен ка-рактер, за новините во сообраќајната инфраструктура, измените на закон-ските прописи или состојбата и про-односта на патиштата со сите статич-ки и динамични елементи, како што ние ги нарекуваме, во Македонија и во другите држави се постојан пот-сетник за возачите и за моторизи-раните туристи-наши членови, а со единствена цел нивното патување да биде побезбедно и попријатно. Покрај

овие информации врзани за патувањата, нашите читатели постојано се запознаваат со комплетната палета на многу услуги, кои нашите членови можат бесплатно или со по-пуст да ги користат, како што се бесплатната проверка на нивните возила во пресрет на летната и на зимската сезона, попустите при користењето на службата за патна помош, попустите за аранжманите на

нашата туристичка агенција „АМСМ турс“ и голем број други бенефиции.

• Повратниот позитивен ефект од функционирањето на „Клуб мобили-ти“, од членoвите, го поттикнува прашањето какви се перспективите на списанието и што да очекуваат нашите членови во иднина? Миновски: Потребата од „АМСМ Клуб мобилити“, како постојан потсетник и информатор на нашите членови, е неоспорна. новините во автомоби-лизмот, во патната инфраструктура, во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, предизвикот и убавината на моторизираниот туризам секогаш се актуелни теми и верувам дека тие се неисцрпни. Мојата желба и напори ќе бидат во правец „АМСМ Клуб моби-лити“ да ги зголеми бројот на страни-ците и да отвора нови интересни теми и рубрики. Секако, оваа заложба мно-гу ќе зависи од моментните финанси-ски состојби.

Преку списанието АМСМ Клубмобилити нашите читатели постојано се запознаваат со

комплетната палета намногу услуги, кои нашите

членови можат бесплатно или со попуст да ги користат.

стручната јавност. Лично, мислам дека целта ја постигнавме во целина, иако има уште многу да се направи, но тоа ќе биде предизвик за во иднина.

•„АМСМ Клуб мобилити“ е дел од еКМА, во која членуваат сите списанија на автомото клубовите во европа. дали нашето членско спи-

сание придонесе за популаризација на АМСМ и за негово поинтензивно претставување?Миновски: „АМСМ Клуб мобилити“ веднаш беше прифатен во еКМА и са-мото членување, рамноправно со ко-легите од редакциите на списанијата на многу поразвиените клубови од европа, говори за тоа дека нашите напори за издавање сопствено списа-ние веднаш беа поздравени од еми-нентни новинари кои членуваат во оваа асоцијација. Во овој контекст, вредно е да се спомне дека АМСМ се придружи на трите, од вкупно шест, автомобилски клубови од поранеш-ните југословенски простори, а, мо-жеби, треба се каже и тоа дека некои автомобилски клубови, со поголема традиција, од нашето соседство сè уште се соочуваат со предизвикот за издавање сопствено печатено списа-ние.

• дали сметате дека „Клуб моби-лити“ успева да ги претстави сите

Page 12: Klub Mobiliti (juni 2012)

12 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

• Господине Миновски, на чело на АМСМ сте повеќе од 20 години. Како генерален секретар на системот на АМСМ, како би ги поделиле периоди-те на неговото функционирање?Миновски: особена гордост и за-доволство е да се биде на чело на организација која опстојува од 1945 год. Во овој периoд АМСМ мину-ва повеќе периоди поврзани со трансформацијата на нашиот правен и општествено-економски систем, а тоа особено се случува во периодот по осамостојувањето на Република Македонија. особено е значајно да се напомне дека АМСМ не е резултат на едно раководство, туку на цела плејада луѓе кои несебично го вло-жиле својот труд и афинитети оваа организација да биде во чекор со времето, со што дале личен придонес АМСМ и денес да биде лесно препо-знатлив и со достојна доверба меѓу нашите членови и клиенти. Кога збо-рувам за правните аспекти, мислам на повеќето законски промени што задолжително влијаеја на правниот курс на АМСМ, со укажување на фак-тот дека, и покрај различните и мож-ните предизвици, АМСМ не отстапи од главниот мотив на своето постоење, а тоа е профилирање според потребите на своето членство. на овој план тре-ба уште многу да се работи, но факт е дека многу здруженија на граѓани како да заборавија на оваа основна поента на своето основање. Секако, АМСМ постојано го проследува овој јасен курс и преку нашето клупско спи-сание.

• Последниве години воведовте мно-гу новини во АМСМ и во неговите дејности, со што се прошири спек-тарот на услуги... Кои сегменти во работењето на АМСМ би ги издвои-ле?Миновски: Годините по осамосто-јувањето на Република Македонија беа предизвик за сите субјекти на пазарот, па и за АМСМ. Курсот на развивање на пазарното стопан-ство и конкуренцијата, што ја носи овој концепт, е особен предизвик за здруженијата на граѓани. Предизви-кот е во тоа што законодавецот дава можност здружението непосредно да се занимава со стопански дејности или тоа да го прави во друга правна фор-ма. тука е замката, здруженијата да им дадат приоритет на економските

прашања, а истовремено правата на членовите, декларирани со статутот, да се запостават. Во прилог на ова му одат сложените економски услови на стопанисување.АМСМ избра јасен концепт, според кој, бизнисот го водат проверени кадри-менаџери. Во овој контекст, усвоени се нови знаења организирани во повеќе правни лица, оспособени успешно да функционираат на пазарот. тоа, од друга страна, создаде соодветен про-стор за здружението. АМСМ дефини-ра повеќе членски пакети за земјата и за странство, кои се добро прифатени, но не можеме да сме задоволни од бројот на членството, како и од фактот дека во најголем процент членството е лоцирано во главниот град. Што се однесува на тоа дали треба да се издвои некое правно лице од систе-мот на АМСМ, ќе речам дека тоа не е возможно да се направи од едностав-на причина што пазарот сè уште се мо-делира со нови прописи, кои во овој перид ги опфаќаат дејностите од на-шиот сектор, па логично е овој процес да потрае уште некое време. За мене е најважно што раководството на АМСМ има јасен концепт кој, убеден сум, ќе успее. Зарем нашето списание „АМСМ Клуб мобилити“, со моментен тираж од 11.000 примероци, не е при-мер за голем успех?

• од директните контакти на сред-бите со претставници од различни автомото туринг клубови, надвор од нашата земја, според Вас, до каде е развојот на нашиот Сојуз во според-ба со другите клубови? Миновски: Секако дека компари-рањето со коресподентните клубови е

предизвик за развој. јасно е дека мора уште многу да се работи и напредува за да се постигнат резултати какви што имаат некои западноевропски клубо-ви. Самиот податок дека германскиот АДАК објави членство од приближно дваесет милиони или некои други кои имаат опфат од над 50 % од бројот на возилата во државата, е нешто кон што ќе се стремиме подолг перид. Се-пак, тоа се држави со изразена култура на живеење, според која, членувањето во автомобилски клуб е неопходност за сигурно и безгрижно патување. ние упорно работиме на развојот на оваа култура меѓу нашите возачи и со задо-волство можам да го истакнам фактот дека најлојални членови ни се возачи-те од понежниот пол, кои, соочени со динамиката на модерното живеење, бараат професионална организација на која ќе ѝ ја дадат довербата за одржување и грижа на возилото.Со задоволство можам да го истакнам фактот дека благодарение на јасниот курс кој АМСМ го одржува за развој во модерен автомобилски клуб е при-чина на нашиот претседател, проф. д-р Спасе јовковски, да му се довери функцијата претседател на КоФо (ко-ординативен форум на 23 автомобил-ски клубови од југоисточна европа), со мандат од четири години, за коор-динатор на КоФо е избрана ирена Ми-новска, вработена во АМСМ, а, исто така, севкупните стручни работи да ги извршува стручната служба на АМСМ.

• Какви се перспективите и можно-стите за успешно функционирање на АМСМ во период кога економијата стагнира?

АМСМ не отстапи од главниот мотив на своето постоење, а тоа е профилирање според потребите на своето член-ство изјави г. димитар Миновски во разговорот со Главни-от уредник Маргита Поповска

Page 13: Klub Mobiliti (juni 2012)

136-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

А М С М

АМСМ Центар за возила

Во рамките на АМСМ Центар за возила започна да рабо-ти Кол-центар за помош на

пат на транспортните компании кои вршат превоз на стока и на патници. Кол-центарот работи 24/7, 365 дена во годината и им дава поддршка на компаниите на македонски јазик. ова е можност првпат на нашите превоз-ници да им се овозможи да добијат помош на пат со посредство на до-машна компанија, за територијата на европа. Центарот за возила на АМСМ им беше домаќин на директорот на Сервис 24, г. јарно Бор, како и на претставниците на најголемите здруженија на превоз-ниците во Република Македонија, г-ѓа Биљана Муратовска, генерален се-кретар на Здружението на превозни-ци на стока „Макам-транс“ и г. Горан трпковски, претседател на Здруже-нието на превозници на патници „ис-ток“. на оваа средба, претставниците на Центарот за возила на АМСМ и

Сервис 24 потпишаа договор за сора-ботка, со што се официјализира поче-токот на работата на Кол-центарот.услуги што им се нудат на наши-те корисници се: сервис во случај на замена на пневматик на возило, шлепување и сервисирање, сервис за приколки и полуприколки, услуга за плаќање казни со можност за поврат на средствата со ангажирање адво-кат, помош при полициска контрола/ сервис за превод на комуникацијата, претовар на стоката од оштетено/дефектно возило, организација на замена на возило (вклучувајќи и ла-дилник)/ замена на возач, гаранции за плаќање на услугите, совети при превоз на опасни материи, безгото-винско плаќање и многу други.Сметаме дека со давањето на оваа услуга на македонските транспор-тери во голема мера ќе помогнеме при секојдневните проблеми што тие ги имаат при транспортот надвор од границите на Р.М. • Данијела Доневска

СервиС 24 е Добро организирана сервисна мрежа која секогаш го бара најДоброто ре-шение за своите клиенти. еДинствениот телефонски број нуДи помош на пат во цела европа за сите транспортери кои вршат превоз на стока и на патници. сервис 24 на територијата на европа има Договори со 41.000 Договорни партнери, со цел најбрза, најевтина и најквалитетна услуга за своите членови.

Помош на пат и за превозницитеПомош на пат и за превозниците

Г-ѓа данијела доневска, управител на АМСМ центар за возила и г. јарно бор,директор на Сервис 24

Миновски: Веројатно многу стопан-ственици го бараат вистинскиот од-говор на ова прашање. Сепак, мислам дека АМСМ има капацитет со успех да го надмине предизвикот на ова време, бидејќи во минатите години потроши многу енергија за анали-за на пазарот и на конкуренцијата, на сопствената реорганизација, на ангажирањето проверени кадри, на изготвувањето нови софтверски решенија и на намалувањето на тро-шоците на работење. Конечно, АМСМ го зацврсти имиџот на успешна организација кај граѓаните која прави сè за да се доближи до нив со квали-тетна и ефикасна услуга.

• за крај, што би им посакале на

повеќе од 11.000 редовни читатели на „Клуб мобилити“?Миновски: Да го читаат „АМСМ Клуб мобилити“ и да ни пишуваат како да го подобриме. Секако, ние ќе се трудиме информативниот дел во списанието да биде уште поквалитетен за нивното патување да биде олеснето и посигур-но. Целта е нашите читатели и членови да создадат навика постојано да се ин-формираат пред своето патување, не само преку ова списание, туку и преку телефоните 15555 на Контакт- центарот и 196 на Службата за патна помош. ова е особено значајно кога се наоѓаат во странство, затоа што при сите незгоди, вообичаено, е потребно контактирање и координирање на повеќе служби, како што се полиција, царински служ-

би, болници, вештаци и сл. што во странска држава не е едноставно и често претставува губење драгоцено време. Проблемите, најефикасно и најевтино, се надминуваат кога АМСМ посредува преку коресподентниот клуб. Состојбите се усложнуваат кога во сето ќе се вклучат некои кои сакаат во ваква ситуација да заработат некој денар, а нашето искуство покажува дека постојат добро организирани мрежи, oсобено на нашите балкански простори, кои на многу вешт начин го постигнуваат тоа. Поплаките по вак-вото лошо искуство се задоцнети и единствено служат како искуство за во иднина, како и да им се пренесат на блиските и на пријателите. • маргита поповска

Page 14: Klub Mobiliti (juni 2012)

14 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

„Волф“ повторно на македонскиот пазар

АМСМ

Моторни масла и адитиви

„волф“ (WoLF) е незАвиСнА и иновАциСкА коМПАнијА зА ПроизводСтво нА Мотор-ни МАСлА. од оСновАњето во 1955 Годи-нА ПрерАСнувА во ГолеМ иГрАч во Авто-МобилСкАтА индуСтријА. денеС иМА 150 СПецијАлиСти зА изрАботкА нА Про-изводи „волф“ кои Се кАрАктеризи-рААт Со квАлитет и Со доверливоСт.Со ПолувековнАтА екСПертизА и иС-куСтво, „волф“ е идеАлен зА Потреби-те нА ПАзАрот зА ПодМАчкувАчи (лу-брикАнти). МАркАтА „волф“ иМ нуди нА Свои-те кориСници уникАтно решение, обезбедувАјЌи иМ целоСен из-бор нА лубрикАнти, Производи зА одржувАње и неГА нА АвтоМобилот во зиМСки уСлови, Адитиви и Пре-МАзи кои Ги иСПолнувААт Совре-Мените СтАндАрди зА квАлитет и технолоГијА.

зошто дА Го изберете брендот „волф“?

„волф“ изработува високотехнолошки про-изводи, кои се одобрени од производителите на моторни возила, во согласност со нивните барања. опсегот на мултифункционалните лубриканти, трансмисијата и хидрауличните течности, како и премазите, не само што се доверливи, туку и гарантираат оптимално функционирање на вашиот возен парк.

„волф“ разви иновациска алатка за пре-порачување производ, што помага при селек-тирањето на правилниот „Волф“ лубрикант. Лубрикантите се адаптирани на современите технолошки еволуции во транспортниот сек-тор.

„Волф“ повторно на македонскиот пазар

Page 15: Klub Mobiliti (juni 2012)

156-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

А М С М

„волф“ нуди голем избор на високотех-нолошки адитиви за одржување мотори и ладилници за секаков вид возила. нивниот капацитет за прочистување значително го про-должува животот на моторот и на ладилникот. Адитивите за гориво (за дизел, бензин и тнГ) и специјалниот ДПФ-чистач го одржуваат секој мотор во оптимална форма.

„волф“ нуди голем избор на производи, по-себно формулирани за безбедно возење и во најекстремни зимски услови. Се користат за секој вид возило.Го штитат возилото од многу ниски температу-ри, како и од корозија и од висока температу-ра. Зимската производна програма на „ВоЛФ“ опфаќа и средства за чистење шофершајбни, концентрирани и во разблажена состојба.Сите производи на „ВоЛФ“ се достапни во 1L, 2L, 5L, 20L, 60L, 205L, 1.000L итн.

„волф“ - Систем за заштита од гасови е име за новата генерација лубриканти. неговиот опсег ги исполнува и најстрогите норми што се по-ставени од производителите на автомобили.

отсега производите на марката „Волф“ мо-жете да ги набавите и во АМСМ услуги трејд, каде што на располагање ви стојат следните услуги:

• опрема за технички преглед • опрема за автодијагностика на возила • опрема за автосервиси• опрема за калибрација на аналогни и на дигитални тахографи• Софтвер за обработка и за архивирање податоци од аналогни и од дигитални тахо-графи и сл.• опрема за светлосно обележување на сите типови специјални возила •

контАкт:ул. „Митрополит т. Гологанов“ бр. 511000 Скопје, р. Македонијател/факс: +389 2 3181 133Моб: +389 71 329 705e-mail: [email protected] www.amsm.mk

Page 16: Klub Mobiliti (juni 2012)

16 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ

Во периодот од 03 до 06 јуни2011 година, во рамките на ФиА (Меѓународната автомобилска федерација) Региа 1, беше организирана „Работилница на ниво на среден менаџмент“ во градот Загреб, Р. Хрватска.Работилницата за среден менаџмент се одржува на годишно ниво, со цел клубовите и раководителите да се стекнат со знаење и искуство, нови идеи и решенија за идните развојни активности на клубовите, поврзани со членството, маркетингот и туризмот.оваа година работилницата беше фокусирана на следниве теми:- оценување на маркетинг активнос-тите, зголемување на лојалноста на членовите, членски услуги и мож-

ностите на пазарот, „Патувајте зе-лено“- клупски активности и услуги, туризам – развојни активности на клубовите во туризмот, предизвиците во членството, развој на членството во услови на економска криза.АМСМ се претстави со презентација на тема „Зголемување на лојалноста на АМСМ членовите“, подготвена и презентирана од Анжелика Мисај-ловска, раководител на секторот „Членство и Маркетинг“. Во презентацијата беа опфатени сите активности што АМСМ ги остварува за своите членови. Врз основа на направената анализа за АМСМ чле-новите заклучивме дека 50% од постојните членови се лојални членови

кои секоја година го обновуваат членството и ги користат услугите на АМСМ. тоа зборува за фактот дека АМСМ членовите се задоволни од понудените услуги на нашиот систем. Како новина која се презентираше на оваа работилница беше темата „Патувајте зелено“. Со оваа тема се претставија клубовите од норвешка, Франција и италија. тие ги промовираа електричните возила со нулта емисија на издувни гасови кои се ослободени од плаќање давачки кон државата. Продажбата и застапеноста на овој тип возила е потпомогната и од Владата на овие држави. • анжелика мисајловска

ФиА работилница за членство

нА РАБотиЛниЦАтА ЗеДоА уЧеСтВо 20 ПРетСтАВниЦи оД 11 АВто КЛуБоВи оД РАЗ-ЛиЧни ДРЖАВи. иМено, ПоКРАј АМСМ оД МАКеДонијА, уЧеСтВо ЗеДоА КЛуБоВи оД ФРАнЦијА, итАЛијА, СЛоВенијА, БоСнА и ХеРЦеГоВинА, ХРВАтСКА, БеЛоРуСијА, унГАРијА, ШВеДСКА, АВСтРијА и ШПАнијА.

Со нови активности до повеќе членовиСо нови активности до повеќе членови

Page 17: Klub Mobiliti (juni 2012)

176-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

А М С М

Летото пристигна, а со тоа и летните АМСМ новости и погодности!

технички преглед на вашето возило за само

799 денари!направете технички преглед на возило за само 799 денари, и тоа во новореновираната станица за технички преглед во Скопје (Центар) и АМСМ станицата за технички преглед во Скопје (Чаир) и патувајте безгрижно.Акцијата трае до 30.09.2012 година.Повеќе информации на АМСМ инфо линија (02) 3181 181 •

одличнА шАнСА зА СуПер летуВАње

Пристигна долгоочекуваниот летен годишен одмор. Подготвивте речиси се за Вас и Вашето семејство, но Ви остана уште дилемата КАДе оВА Лето. треба да биде Грција или турција, со убава плажа, блиску до центарот на градот, со убаво сместување, да не чини многу...Застанете, АМСМ турс има одлични идеи за добро летување за одлична цена.1. Предлог бр.1: ханиоти, Грција7 ноќевања во хотел Гранд Викторија 3*, веќе од 250€ по лице со полупансион, неограничени пијалоци за време на оброците и гратис 2 деца до 12 години.2. Предлог бр.2: кушадаси, турцијаЧартер програма со11 ноќевања во LAL Hotel 2*, веќе од 384€ по лице со полупансиони не заборавајте: нашите АМСМ членови добиваат 5% попуст на сите туристички аранжмани.За повеќе информации посетете ја www.amsmtours.mk или јавете се на 02/3181-120 и резервирајте уште веднаш. •

нАСКоро ноВо АМСМ бизниС членСтВо

BUSINESS EUROPE PREMIUM за безгрижни

службени патувањаBusiness europe Premium членството е наменето за правни лица, а услугите вклучени во членскиот пакет важат за секое возило од службениот возен парк и можат да се користат како на цела територија на Република Македонија, така и било каде во европа.

услуги во Македонија:•Бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода•Бесплатно шлепување во случај на дефект на возило•Бесплатна помош на пат•извлекување на возило•Покривање на патни трошоци во случај на незгода или дефект•травел инфо сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство•Попусти во системот на АМСМ:

•10% попуст на технички преглед •20% попуст на сите сервисни услуги

•Членско списание Клуб Мобилити на адреса на вашата компанија

услуги во европа:•Бесплатна интервенција при дефект на возило•Бесплатен пренос при сообраќајна несреќа•Покривање на патни трошоци во случај на незгода или дефект

или

•Рент-а-кар•Хотелско сместување

Page 18: Klub Mobiliti (juni 2012)

18 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

196 ПоМош нА ПАт (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

02/ 3181-18102/ 15-555

инфо-линијА(од Македонија)

ПАтни инфорМАции(од Македонија)

+389 2 3181-196(од странство)

+389 2 3181-197(од странство)

+389 2 3181-181(од странство)

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: [email protected]

• Колку пати можам да ги искористам услугите на влечната служба бесплат-но со членството Classic?

марко, скопје

АМСМ: Со членството Classic, услуга-та „бесплатно шлепување“ Ви следу-ва два пати и тоа:

• еднаш во случај на сообраќајна незгода;• еднаш во случај на дефект на возилото, а притоа истото да не е во можност да се движи на соп-ствен погон.

Доколку ги искористите овие две услуги, а имате потреба од повторно шлепување, истото ќе Ви биде напла-тено по членска цена.

• Ме интересира дали за патување низ Македонија е потребна меѓународна возачка дозвола за граѓаните на Србија (иако поседувам нов тип на возачка до-звола со цип)?

александар од ниш

АМСМ: Според позитивните законски прописи меѓународната возачка до-звола важи на териториите на сите земји потписници на Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 08.11.1968 година.Со меѓународната возачка дозвола може да се управува со моторно воз-ило во странска држава под услов на реципроцитет, за време на привреме-ниот престој, додека важи престојот одобрен со туристичката виза или до-биен на друг начин. иако имате нова (биометриска) воз-ачка дозвола (истата е национал-на возачка дозвола издадена во Р. Србија), потребна Ви е меѓународна возачка дозвола, затоа што и Репу-блика Македонија и Република Србија се потписници на Конвенцијата како бивши републики на СФРј.

За подетални информации можете да се обратите и до Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.Доколку имате потреба од допол-нителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: [email protected] , или во контакт центарот на АМСМ на следниов теле-фон +389 (0)2 3 181-181, а исто така мо-жете да ја посетите нашата веб стра-ница www.amsm.mk.

• Ве молам за информација колку чини зелен картон за мотоцикл од 600 см³ и 40 KW и дали граничните премини кај дојран и Прохор Пчински работат 24 часа?

со почит, мики

АМСМ: Зелениот картон на мотоцикл од см³ и 40 KW, регистриран во Репу-блика Македонија, изнесува 3.690,00 денари.Граничните премини кај Дојран и кај Прохор Пчински работат нон стоп 24 часа. наша препорака е да го кори-стите граничниот премин кај Дојран.Доколку имате потреба од допол-нителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: [email protected] или во контакт центарот на АМСМ на следниов теле-фон +389 (0)2 3 181-181, а исто така мо-жете да ја посетите нашата веб стра-ница www.amsm.mk. • Ме интересира дали при технич-ки преглед или регистрација се гледа бројот на моторот или се смета како потрошен материјал?

поздрав, веле

АМСМ: При преглед на моторот и погонските уреди се проверува дали моторот е добро прицврстен на свои-те држачи и дали елементите за врска

се исправни и неоштетени, дали мо-торот е комплетен, дали истиот при работа создава бучава поголема од дозволената и дали моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во однос на загадувањето на атмосферата.исто така, се проверува силата на мо-торот во KW (КС), работната зафат-нина на моторот во см³ и бројот на моторот запишан во сообраќајната дозвола. Значи моторот може да се промени, но доколку е променет, а е со иста сила на моторот и работна зафатни-на како претходниот во станицата за технички преглед се внесува из-мената, за потоа истата измена да се внесе во сообраќајната дозвола. но, ако има промена во силата на мото-рот и работната зафатнина т.е. не е еднаков или особините на моторот не содејствуваат со оние на претход-ниот мотор, тогаш измената мора да се констатира и се направи а-тест при Машинскиот факултет. Доколку имате потреба од допол-нителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: [email protected] или во контакт центарот на АМСМ на следниов теле-фон +389 (0)2 3 181-181, а исто така мо-жете да ја посетите нашата веб стра-ница www.amsm.mk. •

Вие ПРАШуВАте

Page 19: Klub Mobiliti (juni 2012)

196-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 20: Klub Mobiliti (juni 2012)

20 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Lancia Ypsilon 1.2 Platinum

Малопакувањесо богатасодржина

нови ветришта дуваат во Lancia. Легендарната италијанска марка која се соочува со сери-

озни проблеми заради големиот пад во продажбите години наназад поле-ка почнува да ја менува филозофијата. Моделите се менуваат концепциски, но сепак го задржуваат неодоливиот италијански шарм, препознатлив пре-ку единствениот дизајнерски стил на Lancia.имиџот е главна нитка во геномот на Lancia кон кого се приклучува и најмалиот автомобил во понудата кој доаѓа како вистинско освежување. Погодувате станува збор за Ypsilon кој за првпат во историјата на моде-лот доаѓа во изведба со пет врати. Модерната Lancia Ypsilon се појави во 1996 година, како наследник на успешниот Y10. овој мал успешен ав-томобил се одржа на пазарот цели 11 години (1985 – 1996) и тоа само со еден „фејслифт“ направен во 1990 година. новата ера во која моделот го смени името во „Y” донесе и нова идеологија, па така првата генерација на Ypsilon стана премиум мал ав-томобил со впечатлив дизајн и лук-сузно уредена внатрешност во која преовладуваат скапи материјали.

уникатниот имиџ на Lancia YpsiLon не остава место за рамноДушност. мами воз-Дишки секаДе каДе што ќе се појави и носи обележје на скап парфем, каДе по правило богатата соДржина е сместена во мало пакување.

Првиот Ypsilon ги постави и основите на дизајнот на арматурна табла со ин-струменти поставени на средина која стана знак на препознавање.

СовршенА еСтетикАтрите врати од секогаш биле глав-ното обележје на Lancia Ypsilon. но, денес работите се менуваат и таа ста-нува попрактична со дополнителниот

пар странични врати. Двата допол-нителни отвори го олеснуваат при-стапот до задната клупа што не беше најсреќно решение кај претходници-те. но, и покрај задните врати нема потреба од страв кај љубителите на Ypsilon. и покрај менувањето на концепцијата автомобилот сè уште не го загубил шармот. италијаните не залудно се мајстори за дизајн. тимот којшто се потпишува под дизајнот на новиот Ypsilon ги задржал основните насоки на страничната линија. Задни-те врати совршено се претопуваат во страничната линија на Ypsilon, а дека станува збор за врати откриваат ква-ките поставени високо каде што се

АВто-Мото

Врвните италијански стилисти успеале на новиот Ypsilon да му вметнат дополнителен пар врати кои се претопуваат во каросеријата. нивното присуство го сокриваат дури и високо поставените кваки

Внатрешноста ја следи традицијата на најмалата Lancia. инструменти поставени на средина, богата опрема, квалитетни материјали и солидна изработка

Page 21: Klub Mobiliti (juni 2012)

216-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

спојуваат оквирните линии на стра-ничните стакла. Чувството за есте-тика на италијанските дизајнери при преплетувањето на лачните линии со облините е доведено до совршен-ство, правејќи го Ypsilon впечатли-во парче автомобил кое не може да мине не забележано.

нАјудобное во ПАр најудобно е во пар, меѓутоа задоволување-то на естетските норми го ограничило просто-рот во кабината. Воза-чот и совозачот имаат доволно простор по дол-жина и височина, но до-колку се покрупни може да им биде тесно и да ги допираат рацете. За-дната клупа е тесна, има куса седечка површина и може да смести само двајца патници на куси релации. Потпирачот се преклопува на средина и ја зголемува корисно-ста на багажникот со волумен од 245 литри кои влегуваат во просекот на класата. Во кабината преовладуваат скапи материјали, крунисани со се-дишта делумно поставени со кожа на-речена Romantic Gold Marrone. За нив во пакетот Platinum се доплатуваат 80 евра. Седиштата се рамни и не го држат телото во свијоците, па тоа се

АВто-Мото

лизга на рамната површина, но затоа убаво изгледаат и пленат со својот дизајн.

вознА динАМикАзА ПетLancia Ypsilon не настапува само како убаво спакуван парфем. Протнувањето низ градскиот метеж и паркирањето е игра. но, задникот бара навикнување, бидејќи преглед-носта ја ограничува масивниот за-ден носач и високо кренатата линија на појасот. Работата ја олеснуваат сензорите за паркирање. најбаран мотор e бензинецот од генерацијата Fire кој од 1.2 литри извлекува 69 КС. Спарен со менувач со долги преносни односи моторот не е спринтер. Голем плус се перформансите на отворено каде долго пресметаниот пренос го намалува бројот на вртежи, а со нив паѓа и бучавата и потрошувачката. на автопат при дозволени 120 км/час во крајниот, петти степен на пренос, мо-торот достигнува околу 3.000 врт/мин. кога се остварува и највисокиот врте-жен момент од 102 Nm. оттука доаѓа

и ниската потрошувач-ка, бидејќи моторот работи во подрачјето на најголема искорист-ливост. иако смирен по дух во најдобрата традиција на Lancia, моторот јавува глад за вртежи и весело ја прифаќа наредбата од педалот за гас, дури и кога се држи во гра-нично подрачје.Подвозјето е стегнато и добро се справува со високата каросерија на Ypsilon кој на пат e мирен дури и при ви-соки брзини. негодува само при страничен ветар и на надолжни канали во асфалтот. на

нерамнини потскокнува и заради гу-мите со низок профил 195/45 R 16 кои годат во свијоци каде Ypsilon e пред-видлив и лесно се држи под контро-ла. Задоволството од возењето един-ствено го расипува управувањето кое ги изолира предните тркала и не пре-несува информации до возачот за тоа што се случува со нив.

Врвните италијански стилисти успеале на новиот Ypsilon да му вметнат дополнителен пар врати кои се претопуваат во каросеријата. нивното присуство го сокриваат дури и високо поставените кваки

од напред Ypsilon делува сериозно како за два броја поголем автомобил. Маската во облик на штит е дебело опточена со хром и служи како најава за влез во премиум сегментот. дел од шармот е и двобојната каросерија

Page 22: Klub Mobiliti (juni 2012)

22 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

технички кАрАктериСтики

Мотор: Бензин, четири цилиндари, 8 вентили

зафатнина: 1.242 см3

Моќност: 69 КС (51 kW) при 6.000 врт/мин

Менувач: Мануелен петстепен

Погон: на предни тркала

обесување на тркала:

напред: McPherson/ напречни водилки, назад: торзиска оска

Сопирачки: напред: Вентилиран диск, назад: Барабан

Гуми: 195/45 R16

Маса на возилото: 965 кг

димензии: д/ш/в: 3.842 х 1.676 х 1.520 мм

забрзување од 0 до 100 км/ч:

14,5 секунди

Максимална брзина: 163 км/час

цена на тестираниот модел:

16.280 евра

Lancia Ypsilon не е спринтер, не е ниту наменета за возење на нож и најдобро се снаоѓа во град. Сепак, го наследува тркачкиот дух на мар-ката која славата ја стекнуваше на светските релија и доколку со неа се работи може да понуди вистинско за-доволство зад волан. Духот на тркач го следи постојано иако поголемиот

дел од сопствениците нема да го ба-раат максимумот од возната динами-ка. нив нема да ги интересира ниту ограничениот простор одзади. За нив поважен е шармот, уникатниот имиџ кој никого не го остава рамнодушен и мами воздишки секаде каде што ќе се појави. Lancia Ypsilon носи аналогија на скап парфем. таа е мало пакување

АВто-Мото

со богата содржина. Премиум парче автомобил по кого ќе лудуваат урба-ните девојки и момчиња кои имаат префинет вкус. • Љубомир анастасовски

задникот на Ypsilon е спој на комплексни линии кои со испапчените крила му даваат помускулест настап

ткаенината на вратите е квалитетна и по текстурата потсетува на кожа

багажникот има 245 литри кои се доволни за секојдневни потреби. употребливоста се зголемува со соборување на клупата

Во највисокото ниво на опременост Plаtinum со доплата од само 80 евра се добива релјефна кожа на седиштата кои личат како моден детал

Page 23: Klub Mobiliti (juni 2012)

236-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 24: Klub Mobiliti (juni 2012)

24 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Renault Megane Collection 2012

францускиот произ-воДител на почето-кот оД гоДинава ја освежи понуДата со рестилизацијата на по-пуларните моДели оД гамата Megane која што реДакцијата на амсм клуб мобилити имаше можност поДетално Да ја запознае на ре-гионалната новинарска презентација во сосеД-на србија.

Моделот Renault Megane и неговите досегашни гене-рации ужива во добрата

репутација кај автомобилските по-знавачи. но, одговорните лица од компанијата секогаш сакаат нивни-те автомобили да бидат во тек со најновите дизајнерски и технолош-ки трендови, затоа за оваа година одлучија токму на својот „бестселер“ да му подарат освежување кое ќе му даде дополнителна моќ во борбата по сè попребирливите купувачи.

нови технолоГииСо фрАнцуСки шАрМекстериерните разлики се сведени во основа на предниот дел од возилото, каде што главните промени се од-несуваат на браникот и светлосните групи, во чии состав сега влегуваат и дневните светла во LED технологија. Кај изведбите кои го поседуваат паке-тот GT светлечките диоди се вметнати во долниот дел од браникот со што се прави јасна диференцијација од стан-дардната изведба и акцентот е ставен на спортскиот карактер. Во внатреш-носта е работено на подигање на ква-литетот и збогатување на понудата на стандардната опрема. Аудио уредот и

АВто-Мото

Смена на ddгенерации

кај стандардните изведби го поседува попрактични-от приклучок за USB, а до-колку изразите желба ав-томобилот може да биде опремен и со специјално развиениот Bose аудио си-стем. од новините кои се имплементирани во нова-та колекција за 2012 годи-на се издвојува системот visio чија што должност е автоматски да ги вклучува и гаси долгите светла при разминување со возила од спротивна насока. новина

Во обновената колекција покрај вообичаените изведби на Megane влегуваат и вановите Scenic и Grand Scenic како шик семејни транспортери

Page 25: Klub Mobiliti (juni 2012)

256-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

АВто-Мото

е и сензорот кој препознава загаден воздух со што веднаш ја вклучува програмата за рециркулација на воз-дух во кабината преку автоматскиот клима уред.

нАјГолеМите изМени Под хАубАтАнајважните промени кај Megane се однесуваат на моторната понуда која е збогатена со новоразвиените агре-гати опремени со старт/стоп систем и турбо полначи што нудат подобрени перформанси, ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови. Главниот збор ќе го имаат 1.5 dCi со 110 КС и 1.6

dCi со 130 КС на дизелската страна и 1.2 TCe, со 115 КС и 1.6 TCe со 130 КС кои ќе ги бранат боите на бензинците. По-себно значење е посветено на новиот бензински 1.2 TCe, со 115 КС кој посе-дува вртежен момент од 190 нм што наскоро во име на „даунсајзингот“ ќе треба да го замени атмосферскиот 1.6 бензинец кого го надминува во поглед на перформанси и потрошувачка. Вто-рата опција е потполно новиот 1.6 dCi со 130 КС кој во суштина ги обединува најдобрите карактеристики од двата света, експлозивноста на бензинците и неверојатно ниската потрошувачка која е заштитен знак на компанијата,

идеален за семејните изведби од ти-пот на Scenic и Grand Scenic. Промените при рестилизацијата не ја одминаа и најмоќната изведба Megane RS кој во новата сезона вле-гува со агрегат помоќен за 15 КС и до-полнителни 20 нм. Големата моќност на 2 литарскиот турбо агрегат сега нуди опција за менаџирање на силата така што во секојдневниот режим на работа моторот испорачува „само“ 250 КС, а доколку се избере модусот „sport“, тогаш севкупниот начин на работа на моторот се менува, а во игра скокнуваат и дополнителните 15 КС. • Данчо здравковски

освежениот Megane RS нуди уште поотровни перформанси благодарение на поголемата моќност од 265 КС и се претвора во фаворит на љубителите на лути компакти

Page 26: Klub Mobiliti (juni 2012)

26 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Камп приколки

Многумина се одлучуваат да ги минат викендите и одмо-рите, кампирајќи во своите

нови „домови“, бидејќи тоа им носи и дава големата слобода и уживање. ниту еден друг вид сместување не може да се пофали со претходно на-ведената слобода, уживање и удоб-ност. но, кампирањето во основа бара и соодветни подготовки. тре-ба да се направи план што да се до-купи, што треба да се исфрли, што е најнеопходно да понесете со вас, а најважно од сè е правилно да одбере-те приколка според вашите потреби, а дури потоа да ги „ковате“ останати-те планови.Кога купувате камп приколка, при изборот сигурно дека треба да пре-овладее вашата желба, но никако не заборавајте на тоа колку е моќно вашето моторно возило и дали е во можност лесно да ја влече избраната приколка. Колку полесна приколка, толку подобро за вашето моторно возило и за вашиот џеб.

• откако камп приколката ќе ста-не дел од семејството, пожелно е да наравите еден круг до најблиското излетничко место. неколкуте пробни возења ќе ви помогнат во стекнување

првично искуство кое подоцна ќе ви биде од голема помош при совладување на големи растојанија.

• Со правилен избор на кука за влечење и соодветна приколка, кога станува збор за нејзината тежина во однос на моќност на вашето моторно возило, вие сте ги направиле првите чекори во друштвото на камперите.

• Следното на што треба да по-светите внимание е брзината со која ќе возите. Препорачлива брзина на автопат за возила со приколки е 80 км/ч, а на регионалните патишта најдобро е да се движите со брзина не поголема од 55 км/ч. Возачите кои со години одат на излети и одмори со камп приколки, го велат следново: „кога влечеш приколка брзината со која се движиш ќе ја преполовиш од онаа кога возиш без приколка“.

• не заборавајте го следново; на-глото сопирање најчесто доведува до неконтролирано движење на при-колката. Сопирањето да се врши по-рано и порамномерно и тоа без наг-ли движења со управувачот. Секое, дури и најмало нагло вртење на упра-вувачот, ќе предизвика нестабилно

Слобода, уживање, удобност

КАМПирАњето е не-што ПоВеќе од еден обичен летен одМор. СоцијАлизАцијАтА е дАлеКу ПоедноСтАВнА и дАлеКу ПоГолеМА от-КолКу Во хотелСКите, ПАнСионСКите и При-ВАтните СМеСтуВАњА и нАд Сè КоМодитетот и СлободАтА што јА иМААт КАМПерите е не-СПоредлиВА Со друГите ВидоВи СМеСтуВАњА

КАМПирАњето е не-што ПоВеќе од еден обичен летен одМор. СоцијАлизАцијАтА е дАлеКу ПоедноСтАВнА и дАлеКу ПоГолеМА от-КолКу Во хотелСКите, ПАнСионСКите и При-ВАтните СМеСтуВАњА и нАд Сè КоМодитетот и СлободАтА што јА иМААт КАМПерите е не-СПоредлиВА Со друГите ВидоВи СМеСтуВАњА

теСтоВи и СоВети

Page 27: Klub Mobiliti (juni 2012)

276-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

теСтоВи и СоВети

движење на приколката. Затоа биде-те претпазливи и сопирајте со време, а не во последен момент.

некои возачи ќе ви препорачаат да ја зголемите брзината во случај да биде-те погодени од страничен ветар, де-мек така ќе го совладате проблемот со занесувањето. тоа е погрешен со-вет. најдобро и единствено решение за вакви моменти е следново: кога ќе почувствувате страничен ветар, нама-лете ја брзината со која се движите и занесувањето на приколката веднаш ќе исчезне.Пожелно е на покривот од возилото да имате ставено спојлер кој ќе завр-ши голем дел од работата кога е во прашање аеродинамиката, а со тоа и заштедата на гориво.Ако приколката не е монтажна, одно-сно е од потромав тип, тогаш ќе ви би-дат потребни и додатни ретровизори, за подобро да го следите сообраќајот зад вас.

• Воопшто не е препорачливо да ја претоварувате камп приколката. Поголемата тежина само ќе му на-штети на моторното возило, а при-колката ќе биде уште понестабилна. на тоа што сакате да го понесете со вас, местото му е во автомобилот, а не во камп приколката. товарањето на моторното возило треба да биде рамномерно на двете оски. на при-мер, најтешките работи што ги но-

сите со вас најдобро е да ги ставите веднаш зад предните седишта. така тежината ќе се распредели идентич-но на двете оски и со тоа нема да ја нарушите стабилноста на возилото.

• При преминувањето од една во друга коловозна лента, не ја заборавајте приколката - оставете до-волно простор и за неа. За приколича-рите посебно е деликатно возењето по планински патишта. таму свиоците се поизразени и затоа возачите треба лакот да го фаќаат пошироко за да не дојде до „заглавување“ на прикол-ката. нејзиниот радиус на движење е двојно помал во однос на мотор-ното возило кое ја влече. не само што треба да внимавате на свиоците туку ќе внимавате и на возењето кога се спуштате од планините и ридо-вите. на овие делници сопирачките најмногу ќе бидат во функција и нема да биде лошо ако од време на време ги „одмарате“. најумно е да не оста-вите возилото да се залета по надол-нините, туку да го држите постојано под иста брзина. така сопирачките нема многу да се вжештуваат, а со тоа патувањето ќе ви биде побезбедно. ова самото кажува дека сопирачкиот систем мора да биде проверуван два пати од стручно лице пред да тргнете на пат. и не заборавајте дека вам ви е забрането возилото да го паркирате на нагорнина или надолнина.

• Разбирливо е кога возите со приколка, потрошувачката на гориво да биде зголемена. Штом моторот има за задача да влече повеќе кило-грами, повеќе гориво му е потребно да си ја заврши зададената задача. Заштеда е можна само ако пневма-тиците се прописно напумпани и ако возилото не е претоварено.

• Познато е дека пневматиците со ознака „за сите сезони“ повеќе „трошат“ гориво, отколку пневмати-ците кои се исклучиво наменети за топлиот период од годината. Возила-та со пневматици „за сите сезони“, не можат да бидат толку стабилни како тие што користат летни пневматици. на вас останува кои пневматици ќе ги изберете.

• Пред да тргнете, сè што треба да направите е „мала“ проверка на: системот за управување, системот за сопирање, пневматиците, течност за ладење на моторот, бришачите на ветробранските стакла, светлосните уреди и батеријата.

За крај, уште еднаш ќе ве потсетиме на следново: „кога влечете прикол-ка треба да возите со двојно помала брзина отколку кога сте без неа, а во свиоците мора да возите уште побав-но“. Среќен пат и убаво да си помине-те каде и да одите.• жарко атанасоски

Page 28: Klub Mobiliti (juni 2012)

28 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Холограм

некаде кон крајот на 70-тите години од минатиот век, на една од тогашните

престижни саемски манифестации за електроника, јапонскиот произ-водител Sharp прикажа телевизор во форма на ѕидна слика, а во кусиот опис беше наведено дека екранот е од течни кристали. тој прототип имавме прилика да го видиме по две децении, но во сериско производство. Појавувањето на плазма телевизорите кај светската јавност предизвика своевидна треска и трка по купување таков телевизор, тенок и налик на ѕидна слика. Веднаш потоа се појави и сега веќе популарниот „лцд“ телевизор како некоја посовршена изведба на плазмата. Се водеа расправии кој телевизор да се купи, дали плазма или лцд, но додека траеја двоумењата и разговорите, производителите излегоа на мегдан со уште посовршен тВ приемник, таканаречениот „лед“, чиј екран е составен од многу ситни „лед диоди“. но, ако не е ХД (High Definition) ништо не сте направиле со купувањето. Сега во мода е лед телевизор со ХД и плус проекција во три димензии (3Д), ама со додаток - посебни очила за следење на 3Д приказот. Сега ќе правеле 3Д телевизор, ама без да бидат потребни очилата. и додека ние сè уште се препираме и договараме каков телевизор да купиме, лабораториите работат

Можехолограмнаместообичнателевизија?

деноноќно и најавуваат холограф телевизор. е ова е веќе крупен чекор напред. А што беше тоа „холограф“? на староеленски „холос“ значи целосно, севкупно, а графос пишува или во слободен превод „целосно опишување“. Што значи тоа? Прикажаните предмети ќе можете да ги видите од сите агли, 360 степени. Холограм приказ - се сеќавате на

Hi-TECH

Може, КАКо не. Со холоГрАМот ќе Си „ПАтуВАМе“ КАде САКАМе. Го СтАВАМе ПоСебното цд, дА Го нАречеМе „холоГрАМ-СКо“, Со СниМКи од АМАзонСКАтА џунГлА, ПуСтинАтА Гоби или ПодВодни КорАлни оСтроВи и зАбАВАтА Во ноВА диМензијА штотуКу зАПочнуВА

филмот „Војна на ѕвездите“ кога тамошната принцеза учествуваше на состанок не физички, туку како холограм? или дали се сеќавате на гигантската серија „Ѕвездени патеки“, каде екипажот на бродот „ентер-прајз“ во минутите на одмор си изби-

раа холограми, на пример: егзотично морско крајбрежје, планински пејзаж со мала дрвена куќичка или нешто слично за опуштање и одмор? Во таа серија кога холограмите беа луѓе, тие можеа и да зборат, како да се вистински. Забележувате ли до каде оди човековата фантазија?наједноставно холограмот може да се опише како фатаморгана - привидување. Справата (или „теле-

визорот“) која ќе емитува холограм, работи на принцип на пулсирачки ласерски зраци. Мноштво од такви зраци со нано пулсирање формираат слика (привиденија) која е веродостојна на таа што се снима со камера, на пример филм или

Сцена од филмот „Војна на ѕвездите“ - принцезата со помош на холограм учестувува на состанок.

Page 29: Klub Mobiliti (juni 2012)

296-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

спортски настан. „исцртувањето“ на предметите и луѓето ќе се одвива во еден простор со димензии од еден, два или повеќе кубни метри. Големината на тој простор ќе зависи од тоа каков апарат имате купено, дали ќе покрива еден или повеќе метри кубни простор. е сега, апаратот (телевизорот) ќе биде во сосема друга форма, обичен со еден или повеќе панели направени од посебни материјали чувствителни

на ласерските зраци, но можна е и сосема друга технологија и облик, а тоа зависи од истражувачкиот приод на производителот.Во еден од претходните броеви објавивме текст во кој опишуваме компјутерска тастатура која се формира со помош на ласерски зраци – еден вид холограмска тастатура. За исцртување на таа тастатура потребни се исто толку кубни сантиметри колку што

се големи и обичните тастатури. токму ова истово замислете си го во простор од два кубни метри и наместо исцртана тастатура таму се исцртува нова епизода од „нејшнл географик“, а ефектот е лудница. Го гледате подводниот свет од сите агли

H i - T E C H

во три димензии, буквално како вие да сте таму внатре во тој подводен свет. или следите атлетика во простор со големина 1:1 исто како да сте на стадионот каде се одржуваат олимписките игри.неколку јапонски компании сериозно најавуваат производство на апарати способни да создаваат холограми. Како што изјавуваат, треба само да ги отстранат недостатоците

треба да се отстранат и апаратот да го направат ценовно достапен за сите жители на планетава. За сето ова да се случи, потребни се околу 10, па и повеќе години(?), според сегашните случувања во светот на телевизорите.Досега некои од големите теле-визиски куќи имаат направено холограм ефект за време на интервјуата, истиот ефект постигнат е на концерти и на други јавни

настани, но сè уште нема ништо од масовност и домашна „ ф а т а м о р г а н а телевизија“. една од компаниите, чие име нема да го спомнеме, најавува холограм телевизор за следната година. ништо друго не ни преостанува, туку само да се надеваме дека цената на тВ приемникот ќе биде пониска од цената на сегашниве и дека навистина следната година ќе го има во

продавниците ширум светот. Појавата на холограм телевизијата ќе биде голем исчекор за највлијателниот медиум меѓу медиумите и сигурно ќе предизвика своевидна револуција на планетава.• жарко атанасоски

на досегашните пронајдоци и да ги усовршат до крајни граници. Сегашните холограми во една секунда обработуваат 15 слики, а сегашните телевизори двојно повеќе, 30. Мноштвото од такви ситни проблеми

една позната компанија во светот направи холограм од Мараја Кери за време на концерт. Со секое нејзино „појавување“, следеше и нова облека, а публиката остана подзината од ефектот.

Компјутерска тастатура исцртана со светлосни зраци кои излегуваат од малата црна вертикално поставена кутија. Слично ќе биде и со холограм телевизијата.

Page 30: Klub Mobiliti (juni 2012)

30 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

ПАтуВАњА

www.amsmtours.mkтел. 02/ 3181-120

АМСМ туРС ве води на Сицилија

сицилија е секако еДно оД најпознатите и најизвиканите места во светот. во умот на мно-гумина, тој остров е асоцијација за меДитеран-ска убавина, мафија, неколку активни вулкани, како и на менталитет кој постојано се занима-ва со убавата страна на животот....

Сицилија ќе ве награди со благо-горчливо искуство, повеќе от-колку со нешто што е површно

и презастапено во сите туристички тури. Се чини како сонцето да грее посилно, но и дека сенките се потем-ни и дека животот се живее поцело-сно и секогаш за сегашниот момент. окото на посетителот е постојано под импресија и спремно за прибирање различни глетки на убавина. островот е комбинација од сè што е медитеран-ско, врвни уметнички остварувања, извртени морални вредности, а ду-хот на народот се бори со вечниот антагонизам меѓу рационалното и сензуалното. Сицилија треба да се по-сети со отворен ум и со здрав апетит, бидејќи храната е една од најдобрите во италија!Сицилија била под странска доминација цели 25 века и оттука произлегува импресивното културно наследство: рафинирана архитекту-ра во Магна Гресиа, до комична, ако не контрадикторна уметничка фузија од арапска обработка на градежни-те материјали, до норманска ште-дрост. Комплексноста на културата се надополнува со застрашувачката убавина на пејзажите, почнувајќи од планината етна која ден денес татне, до морскиот брег и преубавите еол-ски острови, како и националниот природен парк на Мадоната. Денес, младите во Сицилија не ја одобрува-ат стегнатата политика и чувството што го имаат дека се заробени во минатото. Сепак, нови потфати при-донесуваат да се забрзаат работите, како што се отворањето на едни од најубавите ренесансни и барокни па-лати за јавноста, или пак програмите кои се наменети за развој на агро-туризмот преку кои скриените рурал-ни богатства на земјата и национал-ните паркови биваат заштитени, но и искомерцијализирани. еден од најубавите и најимпозантните локалитети на Сицилија се наоѓа во местото Агригенто. Средновеков-ниот град во историскиот центар ја чува готска катедрала изградена во XiV век. уште една убава црква од Xiii век е црквата Св. никола. но она што навистина го прави привлечно ова место е ,,долината на храмовите“. Грчките храмови, театри и архео-лошки остатоци се наоѓаат надвор од

зачудувачкаубавина

„храмот Конкорд“во локалитетот

Агригенто„долина

на храмовите“

Page 31: Klub Mobiliti (juni 2012)

316-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

сицилија е најголемиот остров во

медитеранот и заедно со неколку околни

острови претставува автономен регион

во рамките на италија. До самиот врв

на италијанската чизма, сицилија е

разделена од копното со месинскиот

мореуз. Доколку патувате со ограничени

средства и време, со цел да го олесниме

изборот, на нашите читатели им

нудиме неколку дестинации достојни за

посета.

ПАтуВАњА

зачудувачкаубавина

градот. Во Долината на храмовите се наоѓаат и голем број некрополи, куќи, улици и продавници, театри и сето она што му било потребно на еден ан-тички град да се развива. најзачуван е храмот на Хера (јунона по римската терминологија) кој бил изграден во 450-тата год п.н.е. храмот конкорд, пак, одушевува со неговите пропор-ции и од него се зачувани голем број столбови со човечка форма и димен-зии. Патувањето низ времето ќе Ви се чини потполно во Аргигенто, особено поради маслиновите и бадемовите насади. најголемата природна атракција на Сицилија е воедно и нејзината највисока планина. Станува збор за етна, која за старите Грци била крал-ството на Вулкан, богот на огнот и дом на еднооките чудовишта - Кикло-пи. таа се извишува на 3.350 метри надморска височина и е највисокиот активен вулкан во европа. над 1.200 квадратни метри од површината на етна се прекриена со стврдната рела-тивно ладна лава, па затоа планинари-те можат да се впуштат во освојување на нејзините врвови. Поради природа-та на вулканот, научниците не можат со сигурност да кажат на кое место таа ќе почне повторно да еруптира. Ремек делото на архитектурата на Сицилија, секако, е катедралата во Монреале (или Кралската Планина). Градот Монреале се надвиснува над Палермо и нуди прекрасна панора-ма. ниедна посета на Палермо не е вистинска без посета на Монреале, бидејќи тука се наоѓа најголемата концентрација на норманска, арапска и византиска уметност на едно место! Катедралата во Монреале сведочи за соживотот на различните култури и космополитизмот што некои владе-тели сакале да го истакнат, но и да го промовираат. Позната е и по мозаи-ците на ѕидовите кои по големина ги надминуваат и оние од Аја Софија. тие покриваат над 6.000 квадратни километри! од манастирот е останат само делот со импозантните столбо-ви, но и оригиналниот постамент и 12 кули, од кои само остатоците на не-кои се видиливи денес. изградбата на катедралата започнала во 1174 годи-на. Главната причина поради која ова здание привлекува толку посетители, сепак се мозаиците и иконите кои со

Вулканотетна

Катедралата воМонреале

Page 32: Klub Mobiliti (juni 2012)

32 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

но, сицилија не е само остатоци од минати на-роди. таа има зачудувачка природна убавина, а таков е и кањонот Алкантара. тој бил офор-мен од изворите од планината етна и реката

со истото име. од геолошки аспект, долината и кањонот на оваа река се сметаат за раска-жувачи на историјата на земјата. Длабочина-та на кањонот е 65 метри, а 50 метри од нив

се наоѓаат над просечното ниво на водата, па така водата во реката е ладна, дури и во најтоплите месеци.

ПАтуВАњА

нивната убавина создаваат свечена спокојна атмосфера. тука се наоѓаат околу 130 посебни мозаици кои от-сликуваат библиски и религиозни настани, надополнети со натписи на грчки и латински. најимпресивна фреска е онаа на исус Пантократор, лоцирана во централниот дел на та-ванот. Во катедралата, исто така, се наоѓаат и вечните почивалишта на неколку кралеви, меѓу кои Вилијам ii и неговата мајка Маргарита од нава-ра (Франција), но тука е погребано и срцето на Луј iX од Франција, познат како Светиот Луј. Кога веќе сте одво-иле време да ù посветите на оваа пре-

красна градба, не заборавајте да ги посетите и терасестите градини кои нудат прекрасен поглед. Палермо можеби ни е најдобро по-знато како мафијашката мека и како родното место на сите страшни ѕверки во валканиот бизнис. но, Па-лермо е град со богата и интересна историја. Создаден од Феникијците, првото име што го добил градот било Зиз што значи ,,цвеќе’’. Потоа, под власта на Римјаните станува ,,Панор-мос’’ или ,,пристаниште’’, а процутот го доживува во времето на арапска-та доминација (од iX до Xi век), кога бил познат како ,,градот на задовол-ствата’’ поради неговите богати гра-дини, џамии и палати и бил еден од најбогатите градови на Медитеранот. Кога дошле норманите, пак, поголе-миот дел од арапските градби биле срушени, но тие не го занемариле кос-мополитскиот дух на многубројните уметници од сите страни на светот, па така под нивна окупација, е соз-даден ,,арапско-норманскиот’’ стил, карактеристичен за цела Сицилија. Со доаѓањето на Французите, Арагон-ците и Бурбонците, Палермо почнува да доживува декаденција. Во денеш-но време, градот се соочува со про-блеми кои влијаат на економскиот развој, најчесто поради присуството на моќните криминални организации познати како ,,мафија’’ или ,,Коза но-стра’’ (,,наша работа’’). Сепак Палер-мо има навистина завиден број па-лати, градини, цркви, базилики, така што посетата никогаш нема да Ви биде здодевна. на почетокот се пре-порачува да се посети кралската пала-

Кралската палата во Палермо

та наречена ,,норманска’’. таа делува средновековно, но има дарежлива доза ба-рокни елементи. најпозната е по Палатинската капела, која заедно со палатата лежи на многу постари те-мели. Покрај споменатата капела, главни атракции на целото здание се и пунскиот (феникиско-картагинскиот) археолошки локалитет, ,,Ка-пелата со криптата’’, сало-нот на Роџер, астрономската опсерваторија и занданите. на прв поглед можеби палатата не делува толку импресивно, поради сите мешавини од архитектонски сти-лови и поради фактот што најубавите делови биле уништени со текот на времето, но внатрешноста на пала-тата дефинитивно ќе ве врати назад во времето и ќе ве пренесе во жи-вотот на дворовите. Палатинската капела е интересна, бидејќи на неа се забележуваат византиски право-славни икони, а кровот е во форма на

Кањонот Алкантра

Внатрешноста на катедралата во

Монреале има оклу 130 посебни мозаици кои

отсликуваат библиски и религиозни настани

Page 33: Klub Mobiliti (juni 2012)

336-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

но, сицилија не е само остатоци од минати на-роди. таа има зачудувачка природна убавина, а таков е и кањонот Алкантара. тој бил офор-мен од изворите од планината етна и реката

со истото име. од геолошки аспект, долината и кањонот на оваа река се сметаат за раска-жувачи на историјата на земјата. Длабочина-та на кањонот е 65 метри, а 50 метри од нив

се наоѓаат над просечното ниво на водата, па така водата во реката е ладна, дури и во најтоплите месеци.

Show your Card!

Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од

границите на нашата земја. Што зна-чи тоа? тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во објектот каде што ќе го препознаете логото, т.е. налепницата Show your Card! на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст. Доколку планирате да ја посетите италија, еве неколку наши препора-ки, каде ќе добиете попуст и ќе за-штедите многу повеќе, отколку што чини Вашата членска картичка:

Ќе патувам во италија, каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка?

goLF CLuB iL PiCCioLo SiCiLYГолф игралиште во Сицилија, каде ќе добиете 10% попуст со Вашата АМСМ членска картичка.

roMA euroPA FeStiVALоснован пред 22 години како „degli amici di Villa Medici“, денешниот Roma Europa Festival е најголем фестивал на современа уметност во Рим. овој фестивал го посетуваат компании и уметници ширум светот. Како АМСМ членови добивате 15% попуст на влез-ниот билет.

roMA grAnD HoteL FLorAоваа елегантна згра-да, која датира од 20 век и се наоѓа на Via Veneto пред стариот Villa Borghese park во Рим, не е само хотел во кој престојувале најголемите светски џет-сетери, туку е и симбол на „Вечниот град“. Со АМСМ член-

ската картичка добивате 10% попуст на престојот и 14% попуст во рестора-нот „The Cabiria“.

roMe - 3D reWinD roMe– виртуелен Музеј10 години академско истражување и висока технологија обединети за реконструкција на антички Рим во 3Д. Лоциран во близина на Колосеумот 3D Rewind Rome Ве носи во Рим во 3Д верзија. Како АМСМ членови добива-те 20% попуст на влезниот билет.

PALAZZo Forti CoMune Di VeronAГалеријата на модерната уметност на Верона, се наоѓа во Палацо Форти и ви нуди 20% попуст на влезниот билет, доколку поседувате АМСМ членска картичка.

ова се само неколку примери каде може да добиете попуст, а има уште многу други Show your Card! партнери низ територијата на италија кои за на-шите членови нудат попусти и погод-ности! •

арапски купола украсен со арабески. Додека иконите и светците се насли-кани во типичен византиски стил, ку-полата крие свои тајни со издлабени претстави на лавови и орли, но има и сцена на шаховска игра која све-дочи за интелектуалните окупации на средновековните Палермовци. Во оваа капела работеле локални и ту-ниски работници, а мозаиците биле направени од православни монаси. Салонот на Роџер, пак, е едно од не-колкуте простории во палатата кои сè уште постојат во форма слична до оригиналната. и неговиот салон бил украсен со мозаици и бил наменет за вечери или за забава. Астрономската опсерваторија е додаток на кулата од Писан и сега постои како музеј во кој се сместени телескопи од XiX век и други инструменти користени од науката тогаш. Капелата на криптата и занданата се всушност најстариот дел од палатата, изградни уште пред доаѓањето на норманите. Центарот на Палермо е раскрсница во срцето на старата историска об-ласт во градот и е познат како ,,чети-ри ќошеви’’ или кватро канти. Голем број од главните споменици, цркви и останати историски локалитети се

наоѓаат на пешачко растојание од овие четири ќошиња. Секоја од че-тирите згради кои се надоаѓаат на аглите од овие улици, имаат три ни-воа украсени со барокни скулптури и илустрираат различни теми: четирите годишни времиња, шпански кралеви и различни светци заштитници на Па-лермо и Сицилија. Фонтаните на прво-то ниво се типично барокни. и секако, не заборавајте да ја вкусите локалната храна која поради свежина-та и мешавината од сите култури кои оставиле своја трага, е искуство само по себе. употребата на кајсии, шеќер, лимони, лубеници, ориз, шафран, суво грозје, морско оревче, бибер и цимет се докази за арапското влијание. но, оброци кои содржат големи количи-ни месо се доказ за норманската нота во кујната. Подоцна, Шпанците доне-ле цел арсенал производи од новиот свет, како што се: кокосов орев, пчен-ка, пиперки, мисирки и домати. Се надеваме дека за да ја долови-ме убавината на Сицилија, зборови повеќе не се потребни, единствено Вашето присуство таму. • николина стојанова

ПАтуВАњА

центарот на Палермопознат како „четири ќошеви“

Page 34: Klub Mobiliti (juni 2012)

34 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Мода

С т и Л

бела кошула…за секоја пригода

тАА е еднА од рАботите без КојА не Може ниту еден МАж, ниту еднА женА, КоГА МодАтА е Во ПрАшАње. неизбежно ПАрче облеКА Во Сечиј орМАн, неПоГрешен избор Во КојА било КоМбинАцијА и зА СеКојА ПриГодА. нејзинАтА СПоредбА Со белото, ПрАзно СлиКАрСКо ПлАтно не е ни МАлКу СлучАјнА, бидејќи Со неА (и нА неА) Можете дА ПрАВите што САКАте. и КАј МАжите и КАј жените е СиМбол нА елеГАнцијАтА, Со КоСтуМ или нешто црно. доКолКу Сте зА ПоотПуштенА ВАријАнтА обле-чете фАрМерКи, А неодолиВо СеКСи ќе изГледАте и АКо иМАте бАКАрен, бронзен (иСончАн) тен. дури иМА и ПреКАр „џоКер”. Во МоМентите КоГА Ви недоСтАСуВА идејА што дА ноСите.

За белата кошула се вели дека е единственото парче облека или дел од гардеробата без мана,

освен, се разбира, ако ја немате. А во тоа не веруваме. ниеден маж ниту, пак, жена (модно освестен/а) не смее да до-зволи такво нешто да му/ù се „испушти” од рака или орман, сеедно. најмалку една, најмногу… колку сакате. и ни-когаш доста. така е некаде од сре-дината на минатиот, XX век кога легендарната Коко на една од ревиите ја искомбинира со здолниште и панталони, и стави неколку бисер-ни ниски и, по бројните негодувања на почето-кот, за кратко време стана моден импе-ратив. А дотогаш беше резервира-на исклучиво за мажите. отка-ко Лорен Ба-кал ја носе-ше во “Key L a r g o ” (1948 г.), и му „пари-р а ш е “

на Хемфри Богарт, же-

ните почнаа да ù веруваат

на мадам Ша-нел и речиси не

ја слекоа. имаше затишје, а трен-

дот се „врати“ во 1953 год. кога прин-

цезата ен (одри Хепберн) избега од

кралската палата и неколку денови по-

мина во друштво на репортерот Џо Бредли

(Грегори Пек), шетајќи низ Рим. на себе имаше,

секако, бела кошула со подвиени ракави. и Мер-

лин Монро ја обожаваше, малку откопчана горе, се-когаш во комбинација на

џинс. „ени Хол” (1977 г.), чиј главен, истоимен лик го толкуваше Дајан Китон, на

модата ù „даде“ нов правец. „Машкиот“ крој на белата кошула го прифатија многу

жени кои воопшто не се двоу-меа кога требаше да стават врска и одозгора да облечат елек. Вниманието на јавноста

го привлече и Ким Бесинџер во 1986 год., преку улогата на елизабет, која деветте и пол седмици што ги мина со Џон (Мики Рурк) беше или облечена во бела кошула или, се разбира, гола. Женственоста на ова парче облека ја „истакна“ ума турман во „Палп Фикшон” (1994 г.) за кое стилистите рекоа: „Совршен крој за совршен лик“. 2005-та беше годината кога Анџелина

дајан Китон како ени хол во бела кошула со „машки“ крој, врска и со елек.

одри хепберн и Грегори Пекво „Пазник во рим“

ума турман во „Палп фикшн“ Совршен крој за совршен лик

Page 35: Klub Mobiliti (juni 2012)

356-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

С т и Л

корсети, врз белите кошули, обично со црна боја, како и „high couture” богати, широки здолништа што се влечкаат на подот, со украсна лента заврзана во го-лема панделка. Претпоставувате, горе има бела кошула.Што било да изберете, каква било комбинација, нема да згрешите. Со бе-лата кошула се „игра“ на сигурно. Затоа ù е даден и прекарот „џокер”. таа ќе ве „спаси“ секогаш кога ќе застанете пред орманот и ќе се запрашате што да об-лечете, кое здолниште, кој фустан, кои панаталони, која блуза, маица... или во моментот кога ја изговарате најчесто

употребуваната реченица: „Леле, немам што

да носам“. Бидете сигурни, имате.

Бела кошула.• игор ландсберг

тАА е еднА од рАботите без КојА не Може ниту еден МАж, ниту еднА женА, КоГА МодАтА е Во ПрАшАње. неизбежно ПАрче облеКА Во Сечиј орМАн, неПоГрешен избор Во КојА било КоМбинАцијА и зА СеКојА ПриГодА. нејзинАтА СПоредбА Со белото, ПрАзно СлиКАрСКо ПлАтно не е ни МАлКу СлучАјнА, бидејќи Со неА (и нА неА) Можете дА ПрАВите што САКАте. и КАј МАжите и КАј жените е СиМбол нА елеГАнцијАтА, Со КоСтуМ или нешто црно. доКолКу Сте зА ПоотПуштенА ВАријАнтА обле-чете фАрМерКи, А неодолиВо СеКСи ќе изГледАте и АКо иМАте бАКАрен, бронзен (иСончАн) тен. дури иМА и ПреКАр „џоКер”. Во МоМентите КоГА Ви недоСтАСуВА идејА што дА ноСите.

Џоли на белата кошула ù даде поинаква „димензија“. Во „Г-дин и г-ѓа Смит” ја носеше на голо, неколку броеви пого-лема. Во тој стил беа и неколкуте кадри од видеоспотот на Кристина Арнаудова за песната „немам срце за друг”, каде што изгледаше навистина привлечно. Белата кошула е омилен дел од гар-деробата и на дизајнерката Каролина Херера која, наспроти луксузот што ги карактеризира нејзините креации, при-ватно се облекува поедноставно. „Го обожавум тоа парче облека, и го носам цел живот. Прави да се чувствувам си-гурна. Женствено е, се вклопува лесно и може да се комбинира на безброј начи-ни. наутро, кога ќе го отворам орманот и ќе се прашам што да носам, а немам посебна идеја, секогаш ја избирам бе-лата кошула. одозгора, со неа ме врзу-ваат и убави спомени. ја носевме во училиште. Се сеќавам, мораше да биде чиста и убаво испеглана. таа никогаш не излегла од мода ниту, пак, ќе излезе не-когаш. Класиката не поминува тукутака. Прилега и на мини и на панталони, дури и на макси здолништа. Кокетна е, со неа лицето секогаш ви сјае”, вели седумде-сет и тригодишната американизирана Венецуелка.Кај мажите белата кошула е присутна во речиси сите комбинации. Се носи со костум, со или без врска, на работа и на-вечер, кога се прославува нешто. ја има и во лежерна варијанта, тогаш ги „сле-ди“ линиите на телото. и белата кошу-ла претрпе модификација. Може да се најде во руски стил, со таква крагна, без неа, со копчиња до половина, дискрет-но извезена, ишарана... Сега е идеално време за ленена, без маица одоздола, а убаво стои и памучна и свилена. Секако, во зависност од пригодата. Спортски из-глед се постигнува доколку е поширока, удобна и се комбинира со панталони чиј крој е, исто така, поширок или, пак, со фармерки. таква „нота“ добиваат и белите кошули наменети за жените. од спортски, преку лежерни, до елегантни. Со класична, руска или без крагна, во вид на туника која се носи со тесни пан-

талони и „хеланки“. оние што сакаат нешто поромантично можат да стават карнери, набори или тантели и да го но-сат со панталони во различни кроеви, со здолниште или со шорц. Модерни се и бели кошули со пуф, со тричетвртински ракави и на преклоп, потоа модели кои се стеснуваат кај половината од памук, стреч или од лесни, проѕирни ткаени-ни. оваа пролет и во летото што доаѓа акцентот е ставен и врз широките бели кошули со „машки“ крој и со надвореш-ни џебови, за поформални пригоди, во комбинација на исто така широк каиш со црна или некоја „јака“ боја. неодолив е, се разбира, и денди стилот, дури и кај жените, со црна врска околу вратот, со елек или без него. Може да се набројува уште, вдахновение-то е неисцрпно. Велат, наки-тот најмногу доаѓа до израз токму со белата кошула. Дури и повеќе кога се носи со црн фустан. Долг или краток, сеедно, само нека биде богат. А боите, нека контрираат. Белата кошу-ла убаво стои и под фустан без ракави, деколтиран, кој навечер се носи без неа. оваа комбинација е делов-на, а сепак женствена. на излозите од бутиците во сопственост на врвни-те дизајнери има и

бела кошуладизајнирана од Карл лагарфелд

Page 36: Klub Mobiliti (juni 2012)

36 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Добро е што има нека-ков развој и Движење во мојата кариера. ако човек стои во место, осо-бено во музиката, тоа никогаш не вроДува со плоД. сè уште се наДевам Дека во земјава ќе се соз-ДаДат поДобри услови за Да се работи и професио-нално Да се твори музи-ка. засега, ситуацијата не е ветувачка.

Кристина Арнаудова

најмногу си верувам себеси

Мислам дека не е потребна по-себна најава за Кристина Ар-наудова... Доволно популар-

на, препознатлива и професионална. Пејачка која од 2000 година зазема свое место на музичката сцена. таа може да се пофали со албуми, многу хитови, спо-тови, фотосесии... а во овој период од животот улогата на мајка е нешто што ја исполнува со спокојство и убавина.

• од кога започна вашата музичка ка-риера?Арнаудова: Пред 16 години, во моето родно место неготино, оформив бенд и свиревме во ноќните клубови, пре-тежно рок-музика, а во истиот период ја снимив и мојата прва песна. Веројатно, досега би требало да одбележам барем два јубилеја, но јас навистина не сакам бројки и не сакам да се оптоварувам со нив. Почнав многу мала и имав среќа брзо да се препознае мојот талент. Во 2000 година ја почнав мојата соло-кариера, односно дотогаш бев член на бендови, па, така веднаш сè тргна по на-горна линија.

• Актуелна сте со својот моќен вокал, многу хитови, спотови... Колку е теш-ко да се дојде до еден висок стадиум во кариерата?Арнаудова: ти благодарам! не знам до кој стадиум сум, се трудам сè она што

го правам да би биде максимумот што можам да го дадам во тој момент, не се штедам, а тоа знае да даде резултати. иако некогаш и не мора да е така. Знам дека имам уште многу да дадам, а дека врвот и максимумот не сум ги дала. и среќа што е така. Сега веќе многу поче-сто работам и се појавувам како автор на моите песни, што ми претставува до-полнителна сатисфакција. Добро е што има некаков развој и движење во мојата кариера. Ако човек стои во место, осо-бено во музиката, тоа никогаш не вроду-ва со плод. Сè уште се надевам дека во земјава ќе се создадат подобри услови за да се работи и професионално да се твори музика. Засега, ситуацијата не е ветувачка.

• Го обожавате рок-стилот... не-што за тој правец на музич-ко изразување... одно-сно, зошто токму рок-стил?Арнаудова: ја сакам музиката воопшто, се трудам да не ја кла-сифицирам, освен на онаа поделба што е најдобра за мене, на добра и лоша. Се-каде, во секој стил, има до-бра и лоша музика и само тоа е един-с т в е н р е л е -вантен

ПоЗнАтите КАКо ЧЛеноВи нА АМСМ

критериум според кој се водам. Сакам гитари во моите аранжмани и затоа из-гледа дека сум рок- артист, иако не сум класичен рок-изведувач. Во моите песни има примеси на џез, поп, рок, па дури имам отпеано песна во хаус ритам, „не-мам срце за друг“, која стана голем хит.

• дали го менувате тимот со кој соработувате или, пак, тимот кој победува, не се менува?Арнаудова: имам сорабо-тувано со многу автори и во тој период од мојата работа сите биле идеа-лен избор. Секако, се-кое ново време бара нова енергија, па и јас одвреме-навреме

Page 37: Klub Mobiliti (juni 2012)

376-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Сè се сведува на тоа дека е најбитно на песната да ѝ ставиш

свој печат, па дури и ако запеам португалски фолк, луѓето да пре-

познаат дека јас сум тоа. Тоа е најголем успех за еден пејач.

ПоЗнАтите КАКо ЧЛеноВи нА АМСМ

се трудам да ги обновам енергијата, емоцијата, а тоа произлегува од луѓето со кои соработувам. Сакам да имам базичен тип, на пример, студиото „До-ре-ми“ во кое снимам веќе три албуми, Дарко тасев на кој овој албум му е трет на кој соработува со мене. но, има и многу нови луѓе, тие ми ја носат таа нова енергија, нов звук, емоција, кои дополнети со искуството на ста-риот тим даваат супер резулта-ти. и тоа може да се чуе! Како и да е, на овој албум најмногу си верувам себеси.

• што ти е во фокусот во овој период?

А р н а у д о в а : Мојата фамилија,

мојот син Максим, тоа е мојот фокус

веќе 19 месе-ци, моето сè,

најскапото и најубавото нешто што ми се има случено во животот! Секако, тука е и мојата кариера, нов албум, нови син-глови, спотови, на кои од почетоток на оваа година работам со полна пареа.

• Како мајка на Максим, како се снаоѓате во таа улога и колку професијата трпи

поради тоа?Арнаудова: Па, сега, на прво место јас сум мајка, а потоа сè друго. Да, професијата трпи, бидејќи сакам навистина да бидам посветена мајка, вистински родител, па работата ја работам во слободно време,

што не е среќно решение, но тој е сè уште мал и сè уште себично са-

кам да го доживеам секој нов момент и да преживеам до

него. Максим е моето сон-це и ништо не ми е теш-ко покрај него, ми дава неверојатна енергија и инспирација, никогаш не сум уморна кога е во прашање тој. Поне-

когаш сум цел ден со него, а потоа

одам на настап во друг град

и пеам до 4 наутро. Сè се сака

кога се може!

• Ги имате најубавите улоги во живо-тот, мајка, сопруга... Колку тоа ти дава мотив и инспирација за нови хитови?Арнаудова: Љубовта е основен дви-гател во животот, но и во уметноста. најдобрите уметнички и музички дела

не би постоеле без љубовта. Сега имам уште една причина повеќе да бидам уште подо-бра во мојата работа, а тоа ми е ѕвезда водилка во сè. Во му-зиката, за жал, среќната љубов не е добра тема, несреќната е најчеста тема во најдобрите пес-ни, но, за среќа, немам проблем со пишувањето тажни љубовни

текстови. напротив, проблем ми е да на-пишам весел текст, од којзнае кои при-чини. Следниот албум, кој планирам да излезе наесен, ќе му биде посветен на мојот син и, се надевам дека еден ден ќе биде горд на тој податок.

• Каков возач сте?Арнаудова: Па, не баш добар, имам воз-ачка, но не сум љубител на возењето, сакам да се возам, а омилена улога ми е онаа на совозач. Кога возев бев многу импулсивна, расеана, возев брзо, па ре-шив дека е подобро да си го држам со-возачкото место.

• дали сакате да патувате... кои ви се омилени дестинации... дестинации кои сте ги посетиле и сте фасцинирани...?Арнаудова: Сакам многу да патувам, обожавам, тоа ми е втора најголема страст по музиката. најмногу сакам да патувам со автомобил, да разгледувам, да застанувам, да посетувам нови места, нови култури. најубаво патување со ав-томобил беше она во италија, Амалфи, кое е фасцинантно за возење со автомо-бил, вистинска филмска сцена е.

• Каков совет би им дале на сите учес-ници во сообраќајот?Арнаудова: Како мајка која постојано се шета со своето дете со детска количка, ќе ги замолам возачите да бидам прет-пазливи и да застануваат на пешачки, да покажат малку почит кон постари лица, мајки со деца итн. Брзото возење ме вади од кожа, тоа не го поднесувам, осо-бено не во градски услови, а од мотори-те во градов имам уплав. на отворен пат е в ред, но во град каде што на секои 200 м има пешачки би требало да се многу повнимателни. • росана јанков

Page 38: Klub Mobiliti (juni 2012)

38 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Zastava 101 (1971 - 2008) во Далечната 1969 гоДина италијанските стручњаци во фиат ја отстапуваат на застава исфрлената проект серија поД коДното име „фиат X 1/1“, со цел натамошна реализација во погоните на тогашната „завоДи

црвена застава“ оД крагуевац, каДе што овој моДел се произвеДуваше цели 37 гоДини.

Четири децениина пазарот

Во Фиат е донесена одлука мо-делот под кодно име „Фиат Х 1/1“ да се произведува во

тогашната југославија во погоните во Крагуаевац, па за таа цел на Сае-мот за автомобили во Белград во 1971 година се претставени првите примероци кои беа произведени во италија. интересирањето беше мно-гу големо како во домашната, така и во меѓународната автомобилска јавност.Моделот Застава 101 имаше преден погон и за почеток се нудеше во серија од 5 врати со мотор со зафтанина од 1,1 см³ и 55 КС, кој се одликуваше со одлични возни својства за тоа време, како и одлични кочници. низ проце-сот на производството, кој траеше речиси цели 37 години, следеа доста иноваци, верзии, како и естетски ко-рекции од незначителен карактер, но сепак формата на каросеријата, моторот, како и другите пропратни делови останаа речиси исти.така, во 1979 година се појави моде-лот со три врати наречен Застава 101 Конфорт, потоа моделот Специјал (ретка, но одлична изведба) кој има-

ше мотор од 1,3 см³ со 73 КС, како и алуминиумски фелни, а внатрешноста беше збогатена со обртомер, инстру-менти за мерење на температурата на маслото во моторот, како и држач за термос за кафе. Додека пак, моделот Супер имаше зафатнина на моторот од 1,1 см³ и 64 КС.Подоцна следеа моделите Гт/ГтЛ со 3 и 5 врати, како и специјалната достав-на серија Застава Поли, да во 1987 за се појави моделот 1.1 ГХ, а потоа 1988 година се појави моделот Скала 55/65, кој како што претходно наведовме освен во одбојниците, предната ма-ска, како и внатрешноста на инстру-ментната плоча и седиштата, воопшто не се промени од првобитниот модел кој се појави во 1971 година.

Застава 101, покрај продаж-бата на домашниот пазар, успеа да извезе и во голем број земји, како од Западниот, така и во источниот блок. особен успех има постигнато во Франција со моделот Медитеран, потоа во Германија, Белгија и во низа земји на тогашниот источен блок, каде што се сметаше за возило кое претставуваше статусен симбол на припадност.Последниот модел на Застава 101 из-лезе од производствените хали во Крагуевац на 21.11.2008 година. Произведени се вкупно 1.045.258 при-мероци за период од речиси полни 37 години на производство на овој мо-дел, но некаде во почетокот на 80-те години ја губи трката со современата автомобилска конкуренција. Па така, Застава 101 престанува да се извезува надвор од источноевропските земји,

сè до 1990 година, од кога во потпол-ност повеќе не се извезува надвор, туку останува на тогашниот пазар сè до 2008 година, кога и официјално е прекинато негово производство.• андријан трипунов

иСтоРијА

Page 39: Klub Mobiliti (juni 2012)

396-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Дн е в н и к о т на румот“ е филм бази-

ран на романот со исто име напишан од хантер С. томпсон, истиот оној автор кој го напиша романот ,,Страв и параноја во лас вегас“ по кого се сними истоимен филм, повторно со Џони деп во главната улога.овој пат, дејството на филмот, иако го креира лик кој е новинар по професија, е сместено во Пуерто рико, во педесеттите години на минатиот век. она што на прв поглед му делува сомнително на новинарот Пол кемп е самата организација и уредување на весникот во кој пишува, атмосферата која владее на островот во однос на сите оние кои шверцуваат, а најчесто рум, убавината и привлечноста на островската култура и она што од неа прават неговите американски поранешни сограѓани...ликовите се навистина добро пот-ковани психолошки и во однос на глумата, приказната е доволно комплицирана, мистериозна и возбудлива да ве држи на место во текот на целото времетраење на филмот, а режијата е доволно добра да ги направи сите тие згоди и незгоди привлечни за окото... •

овој пејач со карактеристично име (Ѕукеро значи шеќер на италијански) е присутен

на европската и меѓународната музичка сцена уште од 70-тите години на минатиот век. Ѕукеро е најпрепознатлив по неговиот рокерско-каубојски имиџ и важи за еден од ,,лошите момци“ од музичката фела во европа. за разлика од неговите претходни албуми кои најмногу се карак-теризираат со комбинацијата од италијански типични мелодии и неговата љубов кон афро-американската музика, овој албум сведочи за неговата професионална зрелост и музичка рафинираност. Албумот се состои од 11 песни и концептуално сите се поврзани – сите тие го опишуваат мирниот живот од зората до самракот во малечко италијанско провинциско гратче. Првите песни соодветствуваат на периодот од денот, па овие балади го определуваат расположението на сите песни од албумот. дури напладне, песните стануваат погласни и порокерски, воведувајќи прекрасни гитарски солажи. Главното чувство што песните го предаваат е она на меланхолија и носталгија, но сепак албумот е одличен за слушање. •

„чокабек“(Chocabeck)од Ѕукеро

„дневникот на румот“режија: брус

робинсон

филмКнига Музика

Во нашите текст-ови веќе го претставивме овој

автор, можеби еден од најзначајните современи автори во италија денес, но и во светот. негов најпознат роман е ,,името на розата“, но овој пат решивме да ù го претставиме на публиката неговото претпоследно

остварување - „таинствениот пламен на кралицата лоана“.овој пат еко дејствието го поставува во 1991 година, пред масовното користење на интернетот, а главен протагонист е бодони, човек во неговите шеесетти години, кој по преживеана операција го губи сеќавањето. дел од неговото закрепнување е враќање на спомените, поради што ќе треба да посети едно малечко местенце во италија каде неговото семејство се криело за време на втората светска војна. она што е интересно, е дека додека ја истражува старата семејна куќа и доаѓа во допир со предметите од неговото детство, читателот е директно транспортиран во воена италија. за ова патување низ времето да биде уште поуверливо, авторот користи цела плејада слики од постери, корици од детски книги и стрипови, популарни плочи, летоци и што уште не, за да може што потемелно да ни ја долови атмосферата во која се одвива дејството. Претпоставуваме вашата љубопитност е веќе заскокоткана, па земете го в рака овој роман и впуштете се во невообичаените авантури на главниот јунак. •

„таинствениот пламен на кралицата лоана“

од умберто еко

ЧитАј, ГЛеДАј, СЛуШАј

Page 40: Klub Mobiliti (juni 2012)

40 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

За повеќе информации на тел. 02/ 3181 105 или на www.amsm.mk www.arceurope.com

хотел „СончевА ПортА“ 3 ***20% попуст од најниската цена во моментот на букирањето. Прекрасен хотел на 1.500 м од центарот на охрид, на 850 м надморска височина.локација: населба Чекоштина, охрид

инфо: www.ohridija.com.mk или на тел.: (046) 260-447 / 070 499-164начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број или веб-страница. Доколку резервирате онлајн наведете Show your Card! член во апликацијата во полето: организација.

хотел „беоГрАд“10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. Хотелот има капацитет од 44 соби, опремени со тВ и телефон, од балконот има прекрасен поглед на реката Дрим.локација: Струга (ул. „Маршал тито“ бб)инфо: http://www.drim.com.mk/makbeograd.html или на тел.: (046) 781 342

начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број.

хотел „дриМ“10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. Хотелот располага со 200 соби, целосно опремени, со тВ, интернет, балкон, мини-бар и прекрасен поглед на охридското езеро.локации: Струга (кеј „Борис Кидрич“ бр.51)

инфо: www.drim.com.mk или на тел.: (046) 785 800начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број.

хотел „turiSt”10% попуст од најниската цена за сместување. Хотел со 4 ѕвездички, во центарот на Скопје локации: Скопје (ул. „Ѓуро Стругар“ бр.11)инфо: www.bestwestern.com/showyourcard или на тел.: (02) 32 89 111начин на користење: За резервации изберете

00800 4288. По јавувањето на операторот изберете 888 4127692 за да го добиете бирото за резервации во хотелите на Best Western. АМСМ-членовите го наведуваат Show your Card! кодот: 568.

хотел „BeLLeVue“10% попуст од најниската цена за сместување Хотелот е оддалечен 8 км од Скопје, со прекрасен поглед на езерце, одличен за одмор и релаксација.локации: Скопје (ул. „32“ бр. 24, населба илинден)

инфо: www.bestwestern.com/showyourcard или на тел.: (02) 25 72 277 начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број. АМСМ-членовите го наведуваат SyC! кодот 587079.

„HertZ“ rent-A-CAr10% попуст од најниската цена за изнајмување возило. „Hertz“ е ексклузивен партнер на програмата Show your Card! и ги нуди своите

попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 држави, во околу 7.000 експозитури.локации: Скопје, Битола и охридинфо: www.hertz-europe.com или на тел.: (02) 31 33 480 начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број. АМСМ-членовите го наведуваат SyC! кодот 587079.

АвтокАМП АС10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. овој автокамп се наоѓа на 4 км од Струга. Кампот нуди капацитет од 1.000 приколки, ресторан, рецепција и можности за разни спортски активности.локација: Струга (ул. „езерски Лозја“ бб)инфо: http://www.drim.com.mk/makas.html или на тел.: (046) 780 877начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број.

нАционАлен реСторАн „охридијА“15% попуст на храна и пијалаци за АМСМ член + три лица. уживајте во националната македонска кујна, во традиционален амбиент. локација: населба Чекоштина, охридинфо: http://www.ohridija.com.mk/restoran-

galerija.php или на тел.: + 389 46 260-447 / +389 70 499-164начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото.

реСторАн „дуоМо“5% попуст на вкупниот износ од сметката за АМСМ-членот и лицата кои го придружуваат.Прекрасен амбиент со вкусна храна,

професионална услуга и пристапни цени.локации: Скопје (ул. „теодосиј Гологанов“ бр. 67)инфо: www.duomo.restorani.com.mk или на тел.: (02) 322 88 28 начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото пред да нарачате или со претходна резервација.

Show your Card!

хотели реСторАни

нАеМ нА возило

одМор и рекреАцијА

Користете ги попустите во Македонија

Page 41: Klub Mobiliti (juni 2012)

416-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 42: Klub Mobiliti (juni 2012)

42 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

лани со горДост ја носеше шампион-ската „еДиница“ на својот мотор, но

во првата сезона без роси како тимски колега не успеа Да им парира на конку-

рентите. гоДинава, ХорХе лоренцо оД стартот на сезоната е конкурентен и по-

кажува лиДерство во тимот, Достојно за наслеДникот на големиот шампион.

СПоРт

интервју со Хорхе Лоренцо

Сакамуште еднатитула

За време на трката од Светското првенство во Формула 1 во Бар-селона, во „моторхоумот“ на

Мекларен се појави светскиот шам-пион од Мото ГП, Хорхе Лоренцо. тајмингот веројатно беше неприкла-ден, бидејќи претходната вечер Луис Хамилтон беше казнет со одземање на пол позицијата, а Шпанецот беше негов гостин, но во новонастанатата ситуација неговиот домаќин беше зафатен со ковање стратегија со ин-женерите пред трката. Слободниот момент во агендата на Лоренцо го ис-користив за да му побарам интервју, прв пат за еден македонски медиум, за што тој веднаш се согласи.

• Ви благодарам што прифативте да разговараме. најнапред може ли да ни одгатнете што правите тука, на формула 1 трка?лоренцо: ова е голем спектакл и јас сум по третпат тука. Бев во 2008 годи-на, а исто и минатата година. овој пат сум гостин на Луис Хамилтон, којшто ме покани како негов пријател. Задо-волство е да се биде тука и да се види еден поинаков свет од оној со мото-циклите.

• имавте одличен почеток на се-зоната со победата во Катар и пласманите на подиумот во херез и есторил. Какви се очекувањата за оваа година?лоренцо: Мојата цел е повторно да станам светски првак и оваа година. Ќе се борам за тоа, а во моментот сум само еден поен зад Кејси. Мислам дека сме многу блиски, многу слични, па доколку го подобриме моторот барем малку, повторно ќе бидеме светски прваци.

• Како ја коментирате одлуката на роси да ја напушти јамаха и да за-мине во дукати? од денешен аспект делува погрешно, бидејќи се бори за пласман во средината. лоренцо: Мене не ми изгледа најдобро кога е на мотор, како да нема доверба во Дукати. Во овој спорт, доколку немаш таква доверба, многу е тешко да бидеш брз и да по-бедуваш во трките. Мислам дека во иднина, или ќе мора да ја најде таа доверба во Дукати, или ќе мора да го смени моторот.

• Мислам дека тој имаше изјава дека никогаш повеќе нема да вози јапонски мотори.лоренцо: тогаш ќе биде многу тешко, речиси невозможно за него.

• Вие ја освоивте својата прва титу-ла во голем стил со фабричкиот тим на јамаха. дали тоа значи дека сте сега долгорочно врзан со нив, или сте отворен и за други опции во иднина?лоренцо: еден возач никогаш не е за-творен на таков начин, зашто никогаш не знае што може да се случи. ова е сепак бизнис и мораш да го најдеш најдобриот интерес за себе, додека фабриките како јамаха и Дукати мо-раат да го најдат најдобриот возач за нив. Кога јас би избирал, би останал во јамаха до крајот на кариерата за-што се чувствувам удобно, тие ми се како семејство, а и моторот е мошне конкурентен. Мојата најдобра идеја е да се продолжи со јамаха.

нАСкоро Ќе Се венчАМеСо ПедроСА

хорхе лоренцо имаше извонреден учи-тел во валентино роси, не само околу возењето и сетирањето на моторот, туку и за правењето шоу, прославувањето на секоја победа. негова идеја беше по секој триумф да изведува „месечево одење“ и да забоде знаме, обележувајќи го тој авто-дром како „лоренцо-ленд“. но, исто така покажува одлики на добар шоумен и на прес конференциите, како на последната во барселона, кога беше запрашан за дру-гарските релации со дани Педроса од хон-да, со кого во минатото беа големи рива-ли, на патеката и вон неа. додека Педроса на истото прашање изјави „порано бевме деца“, лоренцо во свој стил додаде „на-скоро планираме да се венчаме“!

Page 43: Klub Mobiliti (juni 2012)

436-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

СПоРт

опстанок на најподготвенитеколумна: „Своерачно“

Прес конференциите се органи-зирани настани кои вообичаено претходат на некои големи на-

стани, што подразбира дека тие пре-дизвикуваат голем интерес во јавноста, па оттука влегле во учебниците и како „алатка за односи со јавноста“. Во те-кот на работниот стаж сум посетил многу такви, веројатно повеќе стотици, па сум дошол до заклучок дека и некои настани не се толку важни колку што организаторите сакаат да ги претстават дека се, но тоа не ги спречува да се тру-дат да го сменат јавното мислење.останав подзинат кога читајќи ја веста за прес конференцијата во пресрет на трката за Големата награда на Франција, разбрав дека Кејси Стонер најавува крај на кариерата. Во работното искуство кое опфаќа известување од педесетина трка низ светот, а со тоа посета на уште три пати по толку организирани прес конференции, едноставно сум немал можност да слушнам таква „бомба“. Можам да евоцирам спомени од раз-лични настани, дека сум бил присутен на сцени како овациите за Дејмон Хил, во Белгија, 1998 година (прва победа за Џордан по една дождлива трка со многу инциденти), плачењето на Шу-махер во Монца 2000 година (кога го престигна Сена во бројот на победите), на исвиркувањето на истиот возач во Австрија 2002 година (кога Баричело му ја препушти победата по тимските наредби од Жан тод), но вообичаено значењето на тие моменти произлегло од настаните во трките. Воведните прес конференции ретко содржат сенза-ционални објави, секогаш фокусот е на случките кои се очекуваат на патеката, па оттука му верувам и на Михаел Шу-махер кој рече дека се шокирал кога слушнал за изјавата на Стонер.но, вториот дел од загатката е уште по-замаглен, зошто тука и зошто сега? По само четири извозени трки во сезоната (во тој момент – з.а.), од кои три побе-ди беа за Стонер, таква одлука тешко дека некој би очекувал. Австралискиот возач е двократен светски првак, сега ја

брани титулата освоена лани со Хонда, има само 27 години и со добро здравје, веројатно уште цела деценија пред себе со трките во елитното друштво. Причи-ните кои ги наведе, а тоа е промената на правилата, правецот во кој што спортот се движи, во моментов се тешко раз-бирливи и за публиката и за колегите, кои се свесни дека рестрикцијата на високите технологии и доближувањето на спортот до моделите кои одат во сериско производство заради транс-ферот на корисни технологии, пред се е предизвикан од економската криза. Дали имало друга алтернатива за да се задржи елитистичкиот пристап во трки-те, во кои сите фабрики би се натпрева-рувале за титулата најдобар, без при-тоа да штедат средства за да развијат најбрзи машини? Кои потези би требало да се повлечат кога останаа само три фабрички екипи, зарем ќе гледаме трки со по шест учесници?од навивачки аспект, би застанал зад Кејси и јас би сакал да гледам такви трки. Реалноста е друга. треба да се прежи-вее. опстануваат само најдобро подгот-вените, вели старата поговорка. Во збо-ровите на Кејси, како при откажувањето, така и при коментирањето на други случ-ки, забележувам гнев. тоа е неговиот внатрешен непријател, кој не му дозво-лува да биде смирен и сталожен, како што се бара од него во оваа професија. Се присетувам и дека минатава зима тој стана татко. Можеби нема врска, но комбинацијата на факторите резулти-раше на овој начин. Можеби отсуството од трките и одморот од непрестајните патувања, ќе доведат до нова глад за негово враќање во трките. Млад е за да може да си дозволи таква пауза, па да се врати исчеличен и смирен. искрено се надевам!• своерачно, александар табаковски

од нАВиВАчКи АСПеКт, би зАСтАнАл зАд КејСи и јАС би САКАл дА ГледАМ тАКВи трКи. реАлноСтА е друГА. требА дА Се ПрежиВее.

• А претпоставувам никогаш не би го смениле ни клубот за којшто на-вивате, барселона?лоренцо: Ха-ха-ха, да, да. јас сум го-лем фан на Барселона. оваа година не ја освоивме титулата, а еве сега и Гвардиола си оди, па да видиме што ќе се случи во иднина со новиот тре-нер, тито Виланова.

• Колку често одите на стадион да ја бодрите барселона?лоренцо: еднаш месечно.

• Која е посилната страна на јамаха оваа сезона, со новите, посилни мо-тори? дали имате подобра брзина на правците од хонда?лоренцо: Да, генерално имаме повеќе сила на правците, но мислам и дека сме побрзи и од Хонда. Лани многу задоцнувавме зад нив, оваа го-дина сме оК.

• дали тоа значи дека ви одговараат само брзите патеки?лоренцо: не, не и при сопирање, во свиоците јамаха е подобра.

• Ви благодарам за разговорот и се гледаме на некоја трка од Мото ГП.лоренцо: Ви благодарам и на вас.•александар табаковски

Page 44: Klub Mobiliti (juni 2012)

44 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 45: Klub Mobiliti (juni 2012)

456-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

и нема крај на доминацијата на Себастијан Лоеб на светските релија. Последните два наста-

ни, релито во Аргентина и релито во Грција минаа во знакот на осумкрат-ниот светски шампион во рели. Во земјата на „Гаучосите“, Лоеб ја освои јубилејната 70-та победа на рели од Светскиот шампионат. За победите да не застанат тука на следното рели, релито Акрополис, Лоеб се закити со уште еден врвен успех.Релито во Аргентина за Лоеб мина во неизвесност заради бројните грешки. на првиот ден светскиот шампион се изврте три пати и до крајот водеше жестока борба со Хирвонен за да го победи за 0,1 секунда. остатокот од релито беше помирен. Лоеб и Хир-вонен ја контролираа ситуацијата од врвот и не дозволија никој да се замеша во борбата за првите две места. трет заврши Мадс остберг. Швеѓанецот, откако победи на рели-то во Португалија, повторно освои позиција на подиумот.Во Грција Лоеб беше безгрешен и недостижен. Ги смете конкурентите

на патдо нов триумф

WRC - Рели Аргентина и рели Грција

откако ја освои јубилејната 70-та побеДа на релито во аргентина, лоеб набрзо се закити со уште еДна - на релито акрополис, зголемувајќи ги шансите за нова Деветта по реД шампионска титула.

С П о Р т

вкуПен ПлАСМАн

возАчи

1. Себастијан Лоеб 119

2. Мико Хирвонен 89

3. Мадс остберг 80

конСтруктори

1. Citroën Total World Rally Team 194

2. Ford World Rally Team 121

3. M-Sport Ford World Rally Team 91

со своето виртуозно возење дури и тимскиот другар Мико Хирвонен не можеше да го одржува чекорот со него и заврши втор. Oва е трета еден-два победа за Citroen годинава кој се зацврсти во шампионатот за кон-структори со добри 73 бодови пред-ност пред Ford. третото место во Грција го освои првиот возач на Ford, јари-Мати Латвала. Повредениот Лат-вала кој не возешево Аргентина се врати на Акрополис и веднаш застана на подиумот. иако е еден од ретки-те што може да му се спротивстави на Лоеб, заради низата пехови има многу малку бодови за да може да се вмеша во битката за титула. Четврт беше остберг кој сега е трет во шам-пионатот за возачи. Лоебубедливо води во шампионатот за возачи со 30 бода пред Хирвонен и 39 бода пред остберг. иако сезоната е скоро до половина и работите може да се сменат од корен би требало да се случи чудо кое би ги расипало шан-сите на Лоеб да стигне до деветтата титула.• Љубомир анастасовски

Page 46: Klub Mobiliti (juni 2012)

46 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

СпоРТ

Page 47: Klub Mobiliti (juni 2012)

476-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

С П о Р т

формула 1 ужива непреДвиДловост која беше нетипична за спортот во послеДните ДекаДи: сеДум побеДни-ци во првите сеДум трки

Формула 1 и Мото ГП

Филмски заплетбезмаана

Кога би знаеле дека со забрана-та на двојните дифузери и со воведувањето на помеки пнев-

матици ќе креираат волкава драма, шефовите на Формула 1 веројатно ќе посакаа вакво нешто да им се случи и порано. Сепак, тврдокорните фанови имаат причини за забелешки, бидејќи не секогаш победуваат најдобрите, туку оние кои успеале да ги сочуваат перформансите до крајот на трката, но тоа може да се смета и како до-полнителен квалитет во стратешките надмудрувања.Со враќањето во европа, карванот на Формула 1 протатне низ Барселона и Монако, за потоа да го обиколи и Мон-треал. Додека во Барселона бевме сведоци на препородот на Вилијамс и Ферари, со Малдонадо и Алонсо во главните улоги, сепак чесно е да се каже дека пол позицијата му при-падна на Хамилтон, но британскиот возач беше дисквалификуван бидејќи тимот го испратил со премалку гори-во на патеката. низ улиците на Монте Карло пак, доминираа Вебер и Роз-берг, иако и тука пол-позиционерот беше на издржување казна (Шумахер поради предизвикување инцидент во Барселона). За разлика од споме-натите две трки, единствена трка со меѓусебно надмудрување и различни стратегии видовме во Канада, каде што Фетел имаше пол позиција, но брзината во трката беше на страната на Хамилтон и Алонсо. Кога пилотот на Мекларен направи втор пит стоп, Алонсо и Фетел останаа на патеката, но беа достигнати и престигнати, а по-

бедникот Хамилтон го презема и вод-ството во генералниот пласман.Во Мото ГП шампионатот исто така се извозеа три трки: Стонер по триум-фот во Шпанија го потчини ибериски-от полуостров со уште една победа во Португалија, во уште една трка во која Лоренцо и Педроса беа зад него. Сепак, главна вест беше објавувата на Стонер за повлекување од актив-ното возење на трки. тој го раздрма спортот на прес конференцијата во Ле Ман, упатувајќи критики за новите правила и начинот на организација на трките, кои според него се движеле во непосакувана насока. трката во Франција донесе дожд, а во тие усло-ви Лоренцо се издвои како единствен кандидат за победата, додека во дра-

мата зад него поранешниот светски првак Валентино Роси успеа да напра-ви подвиг и да го престигне Стонер за да го освои второто место. Во Бар-селона пак, Лоренцо успеа конечно да ги зарадува домашните навивачи со победа, при што најголем против-ник му беше Дани Пероса со кого се сменија во водството, додека Андреа Довициозо беше човекот кој на оваа трка го симна индиспонираниот Сто-нер од подиумот преземајќи му го третото место. Летото е период во кој се возат кла-сиците на европските трки и во два-та спорта, а на нив се очекува да се издвојат и кандидатите за борба за светската титула. •александар табаковски

форМулА 1

1. Хамилтон 88

2. Алонсо 86

3. Фетел 85

4. Вебер 79

5. Розберг 67

* По трката за Гн канада

Мото ГП

1. Лоренцо 115

2. Стонер 95

3. Педроса 85

4. Довициозо 60

5. Крачлоу 56

* По трката за Гн каталонија

Page 48: Klub Mobiliti (juni 2012)

48 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

СПоРт

интервју со Хеики Ковалаинен

финскиот возач влезе на „висока нога“ во формула 1, откако уште како тест шофер во рено направи сензација на егзибиционата „трка на шампионите“ совлаДувајќи го шу-маХер во најДобрите Денови. Дебитираше како замена за алонсо во францускиот тим по Двете освоени титули на шпанецот, за потоа Да биДе ангажиран во мекларен покрај луис Хамилтон. но, со Доаѓањето на батон, во 2010 гоДина, тој избра Да оДи во нов тим (тогаш лотус, сега кетерХем) и Да го развива својот пат До успеХот оД нула.

на Ковалаинен се присетувам како на добар соговорник, от-како прв пат имав шанса да го

интервјуирам додека возеше за Рено. Во Барселона, за време на шпанското гран при, бев изненаден колку нови-нари се во редот за разговор со него, иако нема освоено бод откако е во Кетерхем, ниту игра клучна улога во борба за титулата. но, токму таквата

• на оваа патека (во барселона) е мошне битно да се има „даунфорс“, уште малку „даунфорс“ и колку што е можно повеќе „даунфорс“. бидејќи вашите проблеми се од оваа област, дали очекувате на другите патеки да Ви оди подобро?ковалаинен: не можам да кажам дека оваа патека многу се разликува од останатите, бидејќи и за другите е потребно да се има добар „даун-форс“. Во овие денови гледаме дека поредокот е речиси идентичен, иако се вози на различни патеки, па оттука не очекувам големи разлики, ние и на-таму ќе продолжиме да се бориме за нашите нормални позиции. ние нема да скокнеме до оние што се пред нас во една трка, поентата е токму во тоа, работиме на тоа и нема потреба да се биде тажен туку треба да се продолжи да се работи.

• засега задоцнувате една се-кунда?ковалаинен: тоа е нешто на што не се осврнувам за да барам точен одговор. Колку и да е, нема да го смени мојот пристап за да дадам 110 проценти од себе, дури иако тие што ги бркам се 5 секунди побрзи од мене. едноставно, тоа не прави разлика за мене.

• Во минатото се употребуваше фразата дека возачите тре-ба да го развиваат боли-дот, но сега сме свесни дека сè повеќе тие по-чести им припаѓаат на инженерите. дали сме-тате дека возачите сè уште се есенцијален дел за развој на вози-лото? ковалаинен: Па, да. Мислам дека сè уште е така. Би го илустрирал тоа на следниов начин. Во првата сесија на тренинзите во Барселона на мое место ќе вози тест воза-чот Александар

Секогашдавам од себеСекогашдавам од себе

неоптовареност со успехот, го прави исклучително податлив и независен во своите погледи на нештата.

• Како сте задоволен од тестира-њата во Муџело?ковалаинен: испробавме многу раз-лични надградби и многу различни делови на болидот, некои од нив ра-ботеа, а некои не. не успеавме да ги направиме сите да работат од прва, па затоа и нема да ги користиме сите нив во трките сè додека не разбере-ме зошто некои од деловите не рабо-теа како што беше планирано.

• дали зборувате за издувниот си-стем?ковалаинен: Да, издувниот систем не успеавме да го разработиме како што посакуваме, но исто така не-мавме и полза од новите делови на суспензијата и шасијата. Проблеми-те се во тој простор, знаеме уште од ланската година дека имаме пробле-ми во тој дел на болидот, па затоа и не сум изненаден што не успеавме од прва да ја доведеме работата во ред со надградбите. Секако дека нема да се откажеме, ќе одиме чекор по че-кор сè додека не разбереме подобро што се случува.• дали е тоа фрустрирачко за воза-чите, за вас, конкретно?ковалаинен: Па... јас се обидувам да го задржам мојот фокус, се оби-дувам да продолжам да работам со болидот, да притискам 110 проценти, знаете, тоа е тоа. Ќе се обидам да на-правам сè што можам заедно со ин-женерите и со дизајнерите за да го подобриме. тоа е најдоброто нешто што можеме да го направиме, но и единственото нешто што можеме да го направиме.

Page 49: Klub Mobiliti (juni 2012)

496-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

СПоРт

Роси, а во суштина јас многу би сакал да бидам во болидот и да работам со екипата, да барам солуции за овие проблеми за ко-ишто зборував досега. но, тимот донесе одлука да им дава шанса на други луѓе да возат на некои од петочните тренинг сесии и јас тоа морам да го прифатам. Апсолутно би сакал да бидам во „кокпитот“, мислам дека тоа е круцијално, во суштина ние сме тие што се во болидот и што го чувству-ваме она што се случува. Без оглед на тоа што велат симулациите, ние сме тие коишто треба тоа да го востано-виме. Мислам дека мора да се смета на тоа и во иднина, мислам дека мно-гу возачи се инволвирани и дека тоа

така треба да остане.

• дали сметате дека во таа работа за

развој на болидот доби-вате помош од Вита-

ли Петров, како што тоа претходно беше случај кога работевте на подобрување на возило-то заедно со јарно трули?ковалаинен: Да, апсолут-

но. Секогаш можеме да ги споредиме податоците и

Витали е доволно про-фесионален, доволно

е брз, па можеме да се споредуваме, да работиме како тим, но,од дру-га страна, јас го имам искуството и знам што тре-ба да правам и што ние треба да сториме за да мрднеме понапред во поредокот. Сум имал на распола-гање до-бар болид,

знам како е, знам кои

бројки треба да ги постигнеме

и константно рабо-тиме на тоа со тимот.

• дали сте задоволен како се развиваат нештата со ваша-

та екипа и вашиот болид?ковалаинен: Мислам дека сите оче-куваа повеќе оваа година, да бидеме понапред во поредокот или барем блиску до оние што се пред нас, па, на некој начин, не сме ја исполниле таа цел. Главна работа е што продолжува-ме да се бориме, да работиме, тимот презеде чекори, го засиливме технич-киот кадар, го зголемуваме времето на работа во воздушниот тунел, а со квантитетот доаѓа и квалитетот. Зна-ете, таму губиме во перформансите, во аеродинамиката. Фундаментално гледано, болидот е мошне добар, од гледна точка на „сетапот“ најдовме добар баланс, болидот е нежен со гумите и немаме никакви сериозни проблеми. Главни се проблемите со аеродинамиката и тимот во конти-нуитет го засилува тој оддел. Се на-девам дека со тоа ќе успееме да се доближиме до другите и да ја испол-

ниме нашата цел, бидејќи сè уште има голем дел од сезоната и сè уште има-ме простор да се подобриме.

• за следната година се најавени уште помеки гуми од страна на Пи-рели...ковалаинен: Генерално, ние немаме проблеми со гумите. тврди гуми или меки гуми, добар контакт со подлога-та или нешто послаб, едноставно ќе го почувствувам тоа што гумата го нуди и ќе возам за да извадам максимум од она што е можно. немав проблем ниту со Мишелин, немав проблем ниту со Бриџстоун, а немам проблем ни сега со Пирели. Знам дека некои возачи имаат поинакво мислење, но јас сум среќен со она што го имам и се обидувам да го извадам најдоброто од него.

• што може да се очекува на некои нетипични патеки како што е онаа во Монако?ковалаинен: Ако нема дожд, мислам дека резултатите ќе бидат горе-долу исти и ќе ги следат трендовите што ги имавме досега. Брзите болиди по-вторно ќе бидат брзи и во Монако. има многу добри возачи кои одлич-но ја познаваат патеката, па ќе биде тешко да се направи голема разлика. отсекогаш сум уживал на таа патека, сум имал добри трки во Монако, така што со нетрпение очекувам повторно да одиме таму, но од друга страна не се надевам на никаков бенефит. Глав-на работа е да успееме да го натера-ме болидот да работи добро на таа патека, колку што е можно подобро, бидејќи таа е различен вид на патека, па и „сетапот“ ќе треба да претрпи промени. Карактеристиките на па-теката бараат различни нешта, па ќе мораме да го адаптираме болидот на тоа и тоа ќе биде клучно таму, кој најдобро ќе се прилагоди.

• имајќи ги предвид проблемите со аеродинамиката за коишто збору-вавте, кои патеки би требало да би-дат најпогодни за вас оваа година?ковалаинен: Генерално, проблемот е универзален и го има насекаде, бидејќи „даунфорсот“ е потребен на секоја патека. Можеби на некои трки со долги правци ќе бидеме конку-рентни, бидејќи видовме во Бахрејн дека на такви делници сме брзи, спо-редено со другите екипи, па можеби би се доближиле до оние што се пред нас. •александар табаковски

Page 50: Klub Mobiliti (juni 2012)

50 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето,

Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на [email protected].

ЧЛенСтВо

Колку вреди вашата безбедност на пат ова лето?

Дали сте помислиле колку вреди Вашата безбедност на пат? Мислите дека сте подготвени

за летниот одмор, прегледувајќи ги личните работи и сé што Ви недостасува... Дали заборавивте на нешто?

ДА! Заборавивте на Вашата сигурност и безбедноста на Вашето семејство додека патувате до саканата летна дестинација. Вашата и безбедноста на Вашето семејство е во Вашата АМСМ europe premium членска картичка. За само 2.400 ден. добивате услуги во вредност од над 70.000 денари во текот на годината. Се прашувате како е тоа можно? АМСМ Ви ја открива магијата на членството:

1. Конечно подготвени тргнувате на летен одмор со Вашиот автомобил, но секогаш може да се случи нешто непредвидено. Доколку Ви се дупне гумата или не можете да го стартувате автомобилот, со Вашата АМСМ Europe premium картичка услугата ПоМош нА ПАт каде и да сте во европа, ја добивате бесплатно. Заборавете на

грижите дека Вие и Вашето семејство ќе останете беспомошни на сред пат. Како наши членови, единствено што треба да направите е да се јавите на 196 директно во АМСМ. Сé останато е наша грижа за нашиот член.

2. Доколку Ви се случи дефект на автомобилот додека патувате на летен одмор и Ви треба шлепување до најблискиот сервис, нека не Ве совлада чуство на немоќ...Со АМСМ Europe premium членската картичка услугата шлеПувАње ја добивате бесплатно, каде и да сте во европа. Повторно, треба само да се јавите на 196, останатото е завршено, а Вие, можете да се опуштите.

3. откако ќе го однесеме Ва-шиот автомобил на поправка во најблискиот сервис, се прашувате што ако останете без автомобил неколку дена? Со АМСМ Europe premium членската картичка доби-вате беСПлАтно рент-А-кАр возило и беСПлАтно СМеСтувАње за одре-дена сума, додека Вашиот автомобил повторно не се оспособи за да го продолжите патувањето.

4. А ако сепак одлучите да се вратите дома, со АМСМ Europe premium членската картичка добивате беСПлАтен трАнСПорт до 200 евра, за Ваше безбедно враќање дома.

5. Со АМСМ Europe premium член-ската картичка добивате и многу други услуги: попусти насекаде во светот со SyC! програмата и попусти на територија на Македонија со АМСМ партнер програмата и многу попусти во системот на АМСМ (попуст на аранжманите во АМСМ турс, попуст на технички преглед, попуст во сервисни услуги и др.)

6. Досега сигурно веќе сфативте дека не се тргнува на пат без АМСМ Europe premium членска картичка. Патувајте безгрижно и чувствувајте се безбедно каде и да сте со АМСМ членските пакети. нашите корисници добиваат МноГу, но нашите членови добиваат секогаш ПоВеЌе! •

Следи нè на:

АМСМ Членство

АМСМ

АМСМ членство02/ 3181-108

www.amsm.mkwww.amsm.mk

Page 51: Klub Mobiliti (juni 2012)

516-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Page 52: Klub Mobiliti (juni 2012)

52 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk