49
101101 101101 101101 KODEKS NA ODNESUVAWE KAKO SAMOREGULATOREN MEHANIZAM PREGLED NA PRA[AWA I TIPOVI KODEKSI* GRAGANSKA PLATFORMA NA MAKEDONIJA CENTE R FO R STR ATE GIC RESEARCH AND DOCUMENTATION

KODEKS NA ODNESUVAWE KAKO ...ecnl.org/dindocuments/182_Kodeks na odnesuvanje.pdfво земјите од Централна и Источна Европа, ЕЦНП ја разви

Embed Size (px)

Citation preview

101101

101101101101

KODEKSNA

ODNESUVAWEKAKO

SAMOREGULATORENMEHANIZAM

PREGLED NA PRA[AWA I TIPOVI KODEKSI*

G R A G A N S K A

P L A T F O R M A

NA MAKEDONIJA

C E N TE R FO R S TR ATE G I CRESEARCH AND DOCUMENTATION

LPEFLT OB PEOFTVWBXF LBLP

TBNPSFHVMBUPSFO NFIBOJ[BN

QSFHMFE OB QSB\BXB J UJQPWJ LPEFLTJ∗

Sкопје, декември 2007 г.

∗ Подготвен од Европsкиот центаr за непrофитно пrаво, Бuдимпешта, (www.ecnl.org), во sоrаботкаsо Фондацијата за rазвој на цивилното општеsтво, Бuдимпешта (www.ctf.hu), и sо значителниотпrидонеs на Меѓuнаrодниот центаr за непrофитно пrаво, Vашингтон (www.icnl.org) за ФОRУМ -Центаrот за sтrатегиsки иsтrажuвања и докuментација (www.forum-csrd.org.mk). Sодrжината и ме-тодолошкиот пrиsтап во оваа sтuдија sе rазвиени вrз оsнова на баrањата на Гrаѓанsката плат-фоrма на Македонија и во консuлтација sо Фоruм-ЦSIД. За потrебите на оваа sтuдија, ЕЦNЛ бешеиsто така поддrжан од Пrоектот за зајакнuвање на гrаѓанsкото општеsтво, поддrжан од УSАИД иsпrоведuван од Инsтитuтот за тrајни заедници, во sоrаботка sо Центаrот за инsтитuционаленrазвој и Македонsкиот инsтитuт за медиuми.

IIzzddaavvaa~~::ФОРУМ-Центар за стратегиски истражувања и документација

За издавачотГордан ГеоргиевИзвршен директор

АвториКатерина Хаџи-Мицева од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ)

Проектен тимХулија Хилми, Соња Исмаил и Филип Нелковски

ЛектураВиолета Караџовска-Стојановска

Подготовка за печат и дизајнБобан Ангеловски

ПечатиФОРУМ-Принт Куманово

Скопје, декември 2007 г.

Тираж:500

Форум – Центарот за стратегиски истражувања и документација иЕвропскиот центар за непрофитно право би сакале да ја искажат својатаблагодарност до Европската Унија, за финансиската поддршка на оваапубликација преку Европската агенција за реконструкција.

Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не гиодразуваат ставовите на Форум – Центарот за стратегиски истражувања идокументација, Европскиот центар за непрофитно право и на членките наГраѓанската платформа на Македонија, ниту на Европската агенција зареконструкција.

Copyright © 2007 на Европскиот центар за непрофитно право и на ФОРУМ-Центарот за стратегиски истражувања и документација. Сите права сезаштитени.

Содржина:

ПРЕДГОВОР ..................................................................................... 2

I. ШТО Е КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ? .......................................... 3

II. ЗОШТО КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ? ........................................ 5

III. ПРОЦЕС НА ДОНЕСУВАЊЕ КОДЕКС ...................................... 6

IV. ТИПОВИ КОДЕКСИ ................................................................... 11

1. ДЕКЛАРАТИВНИ КОДЕКСИ ....................................................... 12

2. ВОДЕЧКИ НАСОКИ .................................................................... 14

3. СТАНДАРДИ ............................................................................... 18

V. ЕЛЕМЕНТИ НА КОДЕКСИТЕ .................................................... 21

ТАБЕЛА НА КОДЕКСИ ................................................................... 31

ПРЕДГОВОР

Општа цел на Компаративната анализа на документи и искуства од регионот и

Македонија е анализа на постоечките документи, примери и искуства од земјата

и од регионот, како и утврдување на позитивните примери кои што би биле ап-

ликативни во креирањето и донесувањето на Етички кодекс на граѓанските ор-

ганизации во Република Македонија.

Денес во граѓанскиот сектор во Република Македонија постојат многу малку пра-

вила за однесување и контрола на работењето, кои не се однесуваат само на

аспектите на финансиското работење, туку и на етичките стандарди на однесу-

вање. Организациите вклучени во Граѓанската платформа на Македонија од-

лучија дека потребата од градење партнерски однос како меѓу нив самите така

и меѓу граѓанските организации властите и донаторите значи и потреба за соз-

давање услови за нивен непречен развој и дејствување.

Компаративната анализа има за цел да помогне во развојот на граѓанското оп-

штетсво и граѓанските организации и иницијативи преку креирање на рамка која

ќе ги обедини етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на гра-

ѓанските организации.

Авторите и издавачите на оваа студија се надеваат дека таа ќе предизвика по-

широка конструктивна дебата со која ќе се креира Етички кодекс на граѓанските

организации вклучени во Граѓанската платформа на Македонија.

I. ШТО Е КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ?

Кодексот на однесување е тип на саморегулаторен механизам. Другитенајвообичаени механизми за саморегулирање ги опфаќаат сигурноста наквалитетот и други системи на сертифицирање, набљудувачки (чуварски)механизми, прирачници за интерно владеење итн. Сигурноста на квалитетотвклучува надворешна агенција којашто обезбедува сертификација; некоиорганизации често дејствуваат како набљудувачи (чувари), „именувајќи ги ирезилејќи ги“ или „именувајќи ги и фалејќи ги“ оние што не се придржуваат,односно оние што не се придржуваат најдобро кон дадени стандарди.Истовремено, дури и една целна база на податоци којашто им овозможувапристап и споредба на информациите на други организации, може да доведе досаканиот ефект на зголемена одговорност и транспарентност, како што тоа гопокажува примерот со Guidestar во САД.1Кодексите на однесување можат да се најдат под различни имиња, како што сеетички кодекс, етичка повелба, стандарди на извонредност, стандарди наодговорност и слично. За време на својата работа со граѓанските организацииво земјите од Централна и Источна Европа, ЕЦНП ја разви следнавадефиниција на кодексот на однесување, којшто се разликува од другите типовисаморегулаторни механизми:Кодексот на однесување е доброволна спогодба меѓу неколку организациисо заеднички интерес/влог, во однос на специфични саморегулаторнипринципи и/или стандарди за одредено однесување, којшто ќе ја води иобврзува секоја од овие организации и е изработен преку процесот насоработка.Во суштина, кодексот го карактеризираат неколку елементи што го праватразличен од другите типови саморегулаторни механизми:

• Доброволна спогодба: што значи дека организациите коишто сесогласиле да го изработат, се придржуваат кон него според своја слободнаволја. Ако некоја организација решила да не учествува во неговатаизработка, може да реши да потпише посебен кодекс во подоцнежна фазаили да им се придружи на други групи коишто изработиле различен кодекс.

• Кодексот се потпишува меѓу неколку организации со заедничкиинтерес/влог. Ова значи дека постои главна група организации коиштоимаат заеднички интерес поради кој се здружуваат и се мотивираат заизработка на кодекс. Мотивациите можат да бидат различни.Организациите можат да посакаат да ја зголемат свеста кај јавноста запринципите на нивната работа (на пример, организациите за права надецата сакаат да ги промовираат своите вредности: почит, рамноправентретман, интегрирање).Интересите можат да бидат и поконкретни и да водат кон видливирезултати. На пример, кодексот може да се изработи за поддршка на

1 Guidestar е он-лајн база на податоци на една ГО со седиште во САД, којашто обезбедувафинансиски и други информации за сите оние што се заинтересирани за некоја организација.Guidestar International / Системи на цивилно општество има намера да го воведе овој систем воВелика Британија и во други земји во Европа. Види: www.guidestar.org

7

8

создавање бренд, да го олесни подобро финансирањето, да ги зајакнеинтерните структури на владеење, да ја разликува групата од други мрежиили да развие механизми за сертификација на организациите.Консеквентно на тоа, стандардите или принципите што ќе се воспостават,ќе бидат специфични и според карактеристиките и мотивациите на групата.

• Принципите и стандардите запишани во кодексот се саморегулаторни,што значи дека самите организации ја преземаат улогата да ги развиваати да се раководат според истите. Саморегулаторниот карактер накодексите исто така претпоставува постоење „самосертифирачки“механизми за усогласување со кодексот, т.е. организациите развиваат своимеханизми за усогласување и често спроведуваат ревизија на тоа како сеприменува кодексот или таквото овластување му го доверуваат на некоетело. Но, сепак, за да биде сигурна дека постои соодветно олеснување инеопходна стручност при создавањето на одредбите, групата може дадонесе надворешен експерт за да го води тој процес.

• Одредбите од кодексот можат да имаат различно дејство врз членовите;тие можат да служат само како насока за нивното општо однесување изатоа можат да бидат само во форма на општи принципи. Одредбата можеда постави извесни стандарди на однесување и со тоа да бидеобврзувачка за организациите. Членoвите треба да преземат извесничекори за да се усогласат со нив и да ги постигнат стандардите што гиусвоиле.

• Важно е кодексите да се изработат преку процес на соработка меѓуорганизациите што нашле „заеднички влог“ и сакаат да го зацврстат тоа сотаков документ. Иако некои организации му се приклучуваат на кодексот воподоцнежна фаза, организациите што го иницирале процесот се тиекоишто учествуваат во обликувањето на текстот на кодексот. Ова помагакодексите да ги рефлектираат вистинските мотивации на членовите, дапостигнат консензус за принципите или стандардите што сакаат да гипромовираат за да се зацврстат во својата работа и да обезбедат обврскиза сите членови. Всушност, бројното учество е единствената метода штогарантира успешна изработка и имплементација на кодексот.

9

II. ЗОШТО КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ?

Организациите изработуваат кодекси зашто се уверени дека ќе имаат некаквакорист од нив. Користа може да се резимира како што следува2:

• Посилна, поживотоспособна, ефикасна организација преку подобренаодговорност, транспарентност и внатрешна менаџмент-перформанса

Кодексите вообичаено вклучуваат норми или промовираат принципи за тоа какотреба да владее со граѓанските организации, коишто им помагаат наорганизациите во подобрувањето на нивниот менаџмент, одговорност,транспарентност и организациска ефикасност.

• Кредибилитет кај донаторите и зголемена поддршка

Кодексот на однесување може да го подобри кредибилитетот кај финансиеритена организациите-претплатнички. Овие документи сигнализираат поголемаодговорност и транспарентност и приврзаност кон одредени вредности коиштосе споделуваат меѓу донаторите и јавноста. Кодексот исто така позитивно гиистакнува оние граѓански организации коишто го потпишале документот заразлика од другите. За усогласеноста со стандардите може да се комуницираво секоја кампања за собирање финансии и да помага при мобилизирањето наизворите.

• Подобар јавен имиџ, оневозможување злоупотреби и измами восекторот

Со цел придржување кон кодексот, граѓанските организации наметнуваатпостапки коишто ја промовираат одговорноста и со тоа ги оневозможуваатизмамите и злоупотребите во рамките на граѓанскиот сектор. Со јакнењето најавната свест во однос на одговорноста на граѓанските организации, со кодексоттешко можат да останат неоткриени организациите што вршат злоупотреба.Подобреното однесување на организациите очигледно помага приподобрувањето на имиџот на нивниот потсектор и влијае врз развојот напозитивната слика на секторот во целина.

• Создавање коалиции

Имајќи предвид дека кодексите се донесуваат по пат на соработка, самиотпроцес придонесува кон создавање кохезија меѓу граѓанските организации.Кодексот им помага на овие организации при идентификацијата на заедничките

2 Користа наведена во овој оддел се засновува врз документот „Резиме на придобивки поврзани соусвојувањето на кодексот на однесување“ Меѓународен центар за непрофитно право, 2001 (воистото досие со ЕЦНП)

вредности, зафаќајќи се со потенцијални проблеми и стимулирајќи госоздавањето сојузи, како и формирајќи јавна политичка агенда во врска сонивните цели.

• Спречување на интервенција на владата во работата

Кодексот на однесување може да спречи некои форми на интервенирање навладата во работите на секторот. Ако граѓанските организации ја презематодговорноста за добро раководење на организациите во секторот, можат да јаелиминираат потребата од прегломазната легислатива чијашто цел е да горегулира интерното раководење со прашањата во најситни детали.

III. ПРОЦЕС НА ДОНЕСУВАЊЕ КОДЕКС

Често се зборува дека процесот на донесување на кодексот на однесувањее еднаков, ако не и поважен од самиот текст на кодексот. Овој заклучокприродно произлегува од концептот на кодексите како документи коишто гиодразуваат заедничките вредности на една група и коишто претпоставуваатучество во процесот на нацрт и поддршка. Процесот на изработка на еденкодекс ќе се разликува во зависност од типот на кодексот што го усвојувагрупата; колку поголема усогласеност се очекува, толку е попотребно и побројноучество.Трите прелиминарни фактори што влијаат врз изработката на кодексот икоишто на извесен начин го гарантираат неговиот успех се:

• Идентификување група на граѓански организации на коишто сеоднесува кодексот

Цивилниот сектор е разнообразен и организациите што го претставуваат имаатразлични влогови и интереси. За да еден кодекс биде успешен, потребно епостоење препознатлива група организации со заеднички карактеристики иинтереси коишто ќе го изработат и ќе го применуваат кодексот; критична масакојашто стигнала до точката на која можат да ги формулираат причините ицелите на изработката на кодексот. Затоа е неизбежна некаква форма на„членство“ за да се постигнат видливи резултати. Како последица,иницијативите на граѓанските организации на ниво на потсектори (како, например, организации за заштита на околината или на децата) општо земенобиле поуспешни во изработка на кодекси од иницијативи на ниво на сектори.Кога се трудат да изработат кодекс за „целиот граѓански сектор“, иницијаторитетреба да бидат свесни за ограничувањата на сеопфатниот пристап (на пример,тоа најверојатно би бил декларативен документ и помалку веројатно е дека ќепостигне конкретни резултати кај оние што го потпишале).

• Стремеж и верба во идејата како и поконкретен заеднички интересшто ја држи групата заедно

10

На почетокот, за групата е важно да иницира процес за определување наспецифичните мотивации коишто се движечка сила што стои зад изработката накодексот. Тие треба да решат дали идејата и вербата се доволно созреани за дасе почне со овој процес. Ова, исто така, се однесува на прашањето дали ситечленови ги споделуваат истите вредности и визии за процесот и резултатите.Ако мотивацијата не е доволно јасна, на организациите ќе им биде тешко да сесогласат за типот на кодексот или за спроведувањето на одредбите. Колкуповеќе заеднички интереси се дефинираат, толку повеќе кодексот ќе постигневидливи резултати.

• Сопственост: чувството на членовите во групата дека процесот идокументот е нивен потекнува од нивното сопствено уверувањекоешто е рефлектирано во текстот

Кодексот е „доброволна спогодба“, што значи дека организациите самирешаваат дали ќе се придржуваат кон некој кодекс и дали ќе се усогласат сонеговите одредби. Затоа е важно организациите да го разбираат кодексот штого усвојуваат и да веруваат во него. Кодексите треба да се донесуваат интерно.Не треба да бидат наметнати, иако можат да бидат поддржани од трета страна.(За жал, во Централна и Источна Европа кодексот често е наметнат од едендонатор или од една водечка организација на цивилно општество, којаштоверува дека на организациите им треба кодекс за да бидат попрофесионалнии којшто ги одредува процесот и резултатот.) Токму организациите што сезасегнати и коишто се дел од процесот треба да ја диктираат неговатасодржина. Ако сакаме кодексите да се имплементираат ефикасно, важно е дапостои експлицитна верба во групата дека проблемите можат да се решат соусвојување на кодексот и дека нивните гледишта ќе бидат застапени вопроцесот.Како дополнување на овие фактори постојат и други прашања3 што треба да серазгледаат за да процесот биде успешен, а кодексот да се имплементираефективно.Граѓанските организации мора да се спогодат за целите на кодексот. Кодексотможе да биде донесен имајќи ја наум различната корист и тоа фундаменталноќе влијае врз неговата содржина. Важно е да не се избрзува со овој процес иизработката на кодексот да не се одвива на трчаница пред да се има силнозаедничко разбирање и согласност за целите и очекувањата во текот напроцесот на изработка, имплементација, како и за ресурсите коишто требада бидат инвестирани. Очекувањата, обврските и основните правила сеповрзани со содржината и процесот за кои треба да постои групна согласностза сите членови да знаат зошто се изработува кодексот, што ќе биде преземено,како ќе тече процесот, кои се нивните обврски итн.Што се однесува до процесот, кога размислуваат за изработка на кодекс наоднесување, иницијаторите треба да идентификуваат кои други организациисе согласуваат со целта да се изработи специфичен документ и да се креира

11

3 Прашањата за коишто се дискутира се засновани врз „Заеднички карактеристики на добровол-ниот кодекс“, адаптирано од Доброволни кодекси: Водич за нивен развој и употреба, Industry Canada(во досие на ЕЦНП)

група организации што ќе бидат впишани во него. Групата исто така се согласувада го довери самото пишување на кодексот на помала работна група или дапокани надворешен експерт или фацилитатор за да го води процесот и даобезбеди потребно знаење за нацрт-одредби коишто се специфични за групата.Последново е навистина препорачливо во случаи на кодекси што треба давоспостават стандарди. Меѓутоа, процесот мора да обезбеди бројно учествои консултација на сите членови во текот на изработката. Колку повеќеучествува, толку секоја организација-членка подобро ќе се усогласи со кодексоткога ќе биде готов.Учеството во процесот е од клучно значење; организациите обезбедуваатскапоцен придонес, тоа ја обезбедува нивната приврзаност и подоцнежнаусогласеност, а самиот процес може да го зголеми нивното знаење во позитивнапрактика. Отвореноста и транспарентноста се исто така „императив“:организациите треба да овозможат процесот да биде отворен за ситезаинтересирани страни и секој да има пристап до сите информации, воедно даобезбедат и повратна реакција. Слободниот проток на информации треба дабиде овозможен за сето времетраење на процесот. Една работа што треба дасе разгледа како група е дали и до кое ниво да се ангажираат донаторите восамиот процес: одлуката многу зависи од почетната цел на кодексот, но ако тојсе користи како „алатка за кредибилитет“, тогаш кодексот бара повратнареакција од донаторите. Од друга страна, пак, групите можат да го држатпроцесот независен од каква било форма на влијание однадвор. Меѓутоа, можатда преземат активности за промовирање на одредбите од кодексот кај други,вклучувајќи ги и донаторите, за да го подобрат својот профил и да го објаснатзначењето на работата на организациите.Конечно, кодексот никогаш не се вдлабува на камен; тој е динамичен документна којшто треба да се навраќаме одвреме-навреме како што групата собирапоголемо искуство или како што се менуваат внатрешните и надворешнитеоколности. Генерално, групите исто така можат да се согласат да пропишат ипроцес на евалуација во документот со кој кодексот се ревидира на секоинеколку години и да се доработува за да ги задоволи потребите подобро.

Откако групата ќе ги идентификува членовите, таа треба да се согласи запосветувањето на времето на изработката и треба да го започне процесот наидентификување на прашања што треба да бидат покриени од кодексот. Восуштина, организациите треба да се согласат за содржината:

(1) основни вредности што ќе бидат промовирани од кодексот;(2) типот на кодексот и специфичните одредби што ќе бидат опфатени;(3) механизми на спроведување што ќе обезбедат придржување кон кодексот.

Сите елементи во содржината се поврзани еден со друг и организациите требада се согласат околу нив на самиот почеток. На пример, ако организациитеодлучат да имаат повисоки стандарди на однесување, исто така ќе мораат даразмислат за типот на кодексот, механизмите на спроведување потребни заимплементацијата и да согледаат како тие ќе дејствуваат врз процесот иимплементацијата. На пример, некој тип кодекс може од членовите на групата

12

да бара да се согласат со дополнителни мерки за усогласување на стандардитеи да се подложат на ревизии од страна на друга група. Ако членовите не сеподготвени да преземат таква обврска, тогаш групата може да реши да развиепониски стандарди на почетокот, но да го разгледа и да го ревидира кодексот поизвесно време за да одреди како да се продолжи понатаму.Како дополнение на содржината, на организациите мора да им биде јасно штое потребно за да кодексот стапи во сила. Честопати има потребаорганизациите да преземат дополнителни чекори по усвојувањето на кодексотза да ја обезбедат неговата имплементација. Ова особено важи во случаите накодекси коишто содржат конкретни стандарди како оние што ја предвидуваатпотребата организациите да ги ревидираат својата внатрешна структура ифункционирање и нивното усогласување со стандардите. Некои групи развијаедукативни програми или понудија приспособена помош за членовите за да гиподдржат во процесот на имплементацијата на кодексот. Едукацијата треба даги опфати сите членови на персоналот и управните одбори, бидејќи тие се ониешто ќе ги применуваат одредбите од кодексот во практика.Бидејќи кодексите се изработени и се специфични за поодделни групи, треба даима толеранција и за други постоечки кодекси, дури тие да се и со сличниодредби. Важно е да се запомни дека основното јадро на вредности и заедничкимотивации се оние што ги зближуваат групите и ги иницираат да изработаткодекс. Меѓутоа, групите што изработиле кодекси можат да посакаат дапривлечат други организации да го усвојат кодексот и да се усогласат сонеговите принципи. Ова може да биде од особена важност во случај наиницијативи кои целат кон повисоки стандарди на однесување на поширокагрупа организации. Паралелно на тоа, можеби ќе затреба организациите да гопромовираат кодексот во јавноста и меѓу донаторите, особено ако се стрематда го подобрат својот јавен имиџ или ако сакаат да ја рашират свеста за своитевредности. Кога станува збор за тоа, тогаш основната иницијативна група требада развие и план за тоа како да се донесат и други организации, каквиактивности се потребни за промовирање на кодексот и како да се поддржатновите членки при усвојувањето и примената на одредбите.И, што е важно, процесот на изработка и имплементација исто така барачовечки и финансиски ресурси. На членовите треба да им биде јасно колкуќе трае процесот, кои ќе бидат потребните активности што треба да сеспроведат и колкави ќе бидат трошоците. Проектот треба да биде придружен софинансиски план. Важно е организациите и донаторите однапред да гипланираат ресурсите за имплементацијата ако сакаат кодексот да бидеспроведен ефикасно (особено во случајот со стандардите).

13

Процес и содржина:Прашања коишто треба се замат во предвид при создавањето наКодексот

• Постои ли основна група организации со заеднички вредности ивлогови?

• Дали сите учесници имаат унифицирано сфаќање на прашањата„зошто“ и „како“?

• Кој ќе го олеснува процесот?• Дали постои водство со задолженија?• Кој ќе го пишува кодексот?• Постојат ли експерти за содржината на кодексот или дали има потреба

од надворешен фацилитатор/експерт?• Дали целите, очекувањата и основните правила за учество се јасно

наведени и дали за нив постои претходна согласност?• Дали постојат доволно средства за поддршка на процесот или план

за добивање на истите?• Дали сите учесници се вклучени во неговата изработка во секоја

фаза?• Дали процесот е транспарентен и отворен?• Дали има воспоставен проток на информации за процесот?• Дали има решеност за креирање консензус (за принципи, препораки,

стандарди, механизми за обезбедување усогласеност)?• Како се инволвирани донаторите?• Дали постои план за добивање поширока поддршка за кодексот?• Дали постои план за тоа како да се промовира кодексот?

14

IV. ТИПОВИ КОДЕКСИ

Генерално, кодексите се донесуваат од страна на различни групи чииштомотивации, цели и техники на се секогаш исти. Затоа и кодексите се донесуваатво различни форми. Анализата на различни видови на кодекси укажува дека, воповеќето случаи, основните карактеристика на одреден кодекс можат да сеидентификуваат преку следниве четири критериуми:

• Општи цели и намена на кодексите• Типови кодекси: декларативни или обврзувачки• Карактеристики и барања во процесот• Присуство и/или типови механизми за спроведување за да се обезбеди

усогласеност

Врз основа на овие критериуми, кодексите ги групиравме во следниве четиритипови: (1) декларативни кодекси, (2) насоки и (3) стандарди. Притоа, требада се напомене дека многу малку кодекси припаѓаат целосно во едната или водругата категорија. Овие насоки се само индикативно дадени како аналитичкопомагало за оние граѓански организации кои одат во насока да развијатсопствен кодекс на делување.Пред да се разгледа кој тип кодекс е најпогоден, клучно е организациите дабидат начисто со тоа која е главната цел за изработка на кодексот и соспецифичните резултати или придобивки што се посакуваат. Целта ирезултатите ќе одредат дали одредбите ќе бидат повеќе од декларативнаприрода или ќе наметнуваат и извесни обврски за организациите; дали ќе имапотреба од посилни механизми за спроведување или не. Натаму, тоа ќе гидефинира методологијата и процесот на изработка на кодексот - нивото наангажираност на организациите, потребата од надворешни експерти заолеснување на процесот, нивото на бараните средства и нужноста запреземање активности за следење за да се обезбеди усогласеност.Ако организациите се стремат кон видливи резултати, вообичаено ќе требада изработат поспецифични одредби за да обезбедат поефикаснаимплементација на кодексот. На пример, целта на кодексот може да бидепоефикасно собирање средства со понуда на јавна гаранција декапретплатничките организации ги имплементираат активностите на иста линијасо нивната мисија и врз принципи на добро владеење (така што луѓето штодонираат можат да бидат сигурни дека донациите нема да се трошат залуксузната канцеларија на претседателот на организацијата на цивилноопштество). За да го постигне ова, групата треба да изработи кодекс соспецифични стандарди за интерно владеење и извештаи (вклучувајќи ја и, например, максималната стапка на вонредни трошоци). Исто така, тие треба дакреираат и механизам за спроведување и уверливи индикатори за да обезбедатпридржувањекон одредбите на организациите. Можат да земат предвид иангажирање експерт по прашања на владението за да им помогне во нацрт-одредбите базирани врз потребите на групата и да направат план за следењена активностите (приспособена техничка помош, едукација итн.) за да можатчленовите да ги приспособат своите документи во согласност со кодексот.

15

Погледнете ги, на пример, стандардите на холандското Биро за собирањесредства.4

Од друга страна, пак, организациите можат да имаат за цел само да гипромовираат основните принципи и вредности коишто се заеднички за нивнатагрупа. Целта е јавноста и донаторите подоцна да имаат зголемена свест за тиевредности и за начинот на функционирање на организациите. За да го постигнатова, тие можат изработат декларативен или кодекс-водич што ќе ги нагласуватие принципи и да ги планираат промотивните активности.Без оглед на тоа каков став ќе заземат организациите, ако целта и очекуванитерезултати се јасни уште од почеток и ако постои консензус за тоа како тие требада се достигнат, тогаш има поголема шанса кодексот да го рефлектира сето тоа,а резултатите да бидат постигнати.

1. ДЕКЛАРАТИВНИ КОДЕКСИ

Карактеристики. Како што укажува и самото име, овие кодекси ги декларираатвредностите и водечките принципи на една група граѓански организации. Наовие тврдења може да се гледа како на опис на нивниот modus operandi ,т.е. натоа што сакаат да го постигнат и кон какви вредности и процеси тежнеат. Ова енајмеката форма на однесување, не оди подалеку од општа декларација инема казни за непридржување. Целта на декларативните кодекси е дадекларираат дека организациите се заедно и дека имаат некои заедничкивредности. Но, овој кодекс не претендира да обезбеди сертификат зазаинтересираните или донаторите.

Извадоци од Етичките принципи на ГО, Монголија5

Го приложуваме овој документ како декларирање на нашата намерадека ќе сториме сè за да се придржуваме на овие принципи во текот нацелата наша работа:

Принцип 1. Интерна демократија

ГО-ата имаат структура на интерно владеење коешто овозможувадемократско решавање при дефинирањето на мисијата, целите,политиката на менаџирање и нејзина имплементација, финансискиоперации и програмски активности на ГО.

Принцип 2. Непартиски активности

ГО-ата се обврзани официјално да не бидат ангажирани со партизански

16

4 http://www.cbf.nl/Downloads/Bestanden/Engelse%20vertaling%20Artikel%204%20Reglement%20CBF-Keur.pdf5 Етички принципи на ГО, Монголија http://www.demo.org.mn/codeofconduct/indexen.php

активности (т.е. активности што им служат на интересите на некојаполитичка партија, сила или група). ГО-ата поврзани со политички партииможат да им се придружат на овие принципи. Во такви случаи, тие ќетреба да се придржуваат на принципот на непартиски активности принивните ангажмани за јавна добробит.

Принцип 3. Транспарентност и одговорност при активности

ГО-ата обезбедуваат транспарентност на своите активности и редовноподнесуваат извештаи пред јавноста.

Принцип 4. Финансиска транспарентност и одговорност

ГО-ата ги водат чесно своите финансиски работења и извештаи иовозможуваат ефикасно користење на фондовите. Финансискитеизвештаи се отворени за јавноста.

Принцип 5. Еднаквост

ГО-ата нема да вршат дискриминација во однос на возраст, пол, етничкаприпадност, националност, социјално потекло, сексуална ориентација,раса, претходен притвор или други категории.

Принцип 6. Судир на интереси

ГО-ата ќе се стремат да го избегнуваат судирот на интереси. Во случајда не е можно тоа избегнување, лицето засегнато со овој проблемотворено ќе го декларира неговиот/нејзиниот судир на интереси.

Принцип 7. Здравје и животна средина

Активностите на ГО-ата ги поддржуваат здравјето и животната средина.

Принцип 8. Соработка и координација

ГО-ата ги зајакнуваат своите соработка, координација и партнерствозасновани врз заемна почит и поддршка.

Декларацијата може да се користи како порака до владите: реафирмација направото на слободно собирање, како и почитување на човековите права,слободи и заедничките добра.Иако овие кодекси ги дефинираат принципите кон кои треба да се стремат ситенегови членови, целта на овие кодекси е да се најде минимум заедничка основатие да се користат како контролен механизам од кој било вид.Нивото на детали може да варира од организација до организација. Некоидекларации, како што е полската Повелба на принципи за активностите наневладините организации, опфаќаат само една страница и се многу општи во

17

постојат механизми за спроведување, ниту, пак, коалицијата тежнее да гимониторира своите членови за неусогласеност.Советот на непрофитните од Минесота изработи „Принципи и практика нанепрофитната врвност“ коишто ги нарекуваат „цврсти препораки“. Тие на овојдокумент повеќе гледаат како на едукациска алатка за своите членови одоштокако на механизам за осигурување цврст квалитет. Тие се декларираат декапринципите „не се наменети за употреба од страна на инвеститорите или одвладата за евалуација на организациите...“

„Креативноста и разнообразноста на непрофитниот сектор и значајниваријации во локалните услови значат дека некои искуства многу лесноможат да ù одговараат на секоја организација и нужно ќе варираат принивната апликација. Во адаптирањето и усвојувањето на принципите ипрактиките секоја организација ќе се соочи со дузина специфични избориза тоа како да ја извршат својата мисија и како да ја структурираат својатаработа, што бара огромна модификација на основната непрофитнаструктура од страна на членовите и менаџерите на управните одбори. Но,сепак, природата на непрофитна активност бара целосна посветеност наорганизациите на јавната одговорност, целосно посветување на потребнитевреме и внимание и транспарентност и одговорност пред заедницата.“8

Слично на ова „Утврдувањето на вредностите и етички кодекс за непрофитни ифилантропски организации“ на независниот сектор (НС) не се стреми да гозамени етичкиот кодекс на поодделни организации, туку повеќе ќе им служикако модел за сите непрофитни организации.Натаму, овие типови кодекси се нешто помеѓу декларации и стандарди. Од еднастрана, некои од овие кодекси ретко ги препознаваат последиците однеусогласеноста (непридржувањето) и тие не се обидуваат да ја мониторираатили мерат. Од друга страна, пак, некои кодекси со водечки насоки веќедефинираат како членовите треба да се усогласат со прифатените кодекси.Главната разлика меѓу водечките насоки и стандарди всушност е во тоа штостандардите можат да се мерат со испробани индикатори. Понекогаш когадокументот може да се донесе како водечка насока, тој може да содржиспецифични одредби коишто можат да бидат во форма на стандарди (например, „Однесување при годишна финансиска ревизија на приходи поголемиод 50.000 Р“). Подоцна стандардите тежнеат да креираат униформна практикамеѓу организациите-членки, додека водечките насоки оставаат простор запоголема разнообразност на приодот кон имплементирање на водечкитеодредби.Типовите на кодекси со водечки насоки можат да се претворат во документишто обезбедуваат значаен цврст квалитет ако обезбедуваат доволно детали ипридружна документација што ќе ù помогнат на организацијата да се усогласисо одредбите. На пример, во случајот со Јужноафриканскиот етички кодекс,групата може да преземе дополнителни чекори за натамошно проширување наводечките насоки: („имаат јасна политика на заеми и напредување на кадарот“)и да обезбеди натамошни насоки за да ù помогне на групата да усвои таква

19

8 http://www.mncn.org/info_principles13.htm

политика. Во овој случај, наспроти повоопштените зборови, тој, всушност, можеда стане стандард.

Извадок од Јужноафриканскиот етички кодекс за финансииНа граѓанските организации треба да им биде приоритет развојот иодржувањето на соодветно финансиско менаџирање. Нашите финансии сеуправуваат на начин што осигурува соодветно користење на средствата иодговорност пред членовите и донаторите. За таа цел ние:

• ќе се усогласиме со прифатените книговодствени ревизорски искуства,вклучувајќи ги и процесите на гаранција и авторизација;

• ќе воспоставиме соодветни финансиски системи и ќе вработимеквалификуван кадар за да работи и управува со овие системи;

• ќе спроведуваме годишни финансиски ревизии за приходи над 50.000 Р;

• ќе имаме јасна политика на заеми и напредување на кадарот;

• ќе развиваме политика во однос на надворешни соработници и/илиобесштетување, со цел да го избегнеме „двојното“ несоодветно плаќање;

• ќе воспоставиме системи на купување стока и услуги ослободени одинвестициски интереси на поединци во нашата организација и коишто сеисплатливи;

• ќе подготвуваме реален проект за буџетот на организацијата, потоа ќе гомониторираме и ќе се држиме до него. Во случаи кога ќе бидат потребнипромени, ќе се извршат соодветни консултации и секоја промена ќе бидезабележана;

• формално и јавно ќе ги обвиниме членовите за каков било обид наизмама, кражба или отуѓување;

• во секое време ќе се трудиме средствата на организацијата да бидатпоразнообразни;

• ќе се трудиме трошоците за собирање средства и за администрацијата дабидат минимални;

• ќе обезбедиме средствата да бидат користени само за зацртаните цели;

• ќе обезбедиме тендери и договори за поттикнување на малите иперспективни бизниси, особено на оние што биле во сопственост наобесправените сектори на нашето општество;

• ќе обезбедиме јасно и транспарентно сметководство за поширокоточленство и/или гласачкото тело на организацијата.

Процес. Усвојувањето на водечките насоки бара обврска на водачите награѓанските организации, постојаност на кадарот и членовите науправниот одбор и процес со бројно учество за да се обезбеди легитимитети усогласеност. Бидејќи прогонот вообичаено не е многу силен, се препорачувада се поведат позитивни иницијативи за граѓанските организации да учествуваат

20

во процесот и да му се придружат на кодексот. Примерите вклучуваат: понудана информативен материјал, програми за обука, како и консултации заорганизациите што сакаат да се придружат. Исто така, граѓанските организациитреба да бидат свесни од користа од усогласеноста, како што се зголеменкредибилитет кај инвеститорите, намалување на измамите и злоупотребата,спречување на владина интервенција, како и зголемена способност засоздавање коалиција.9

Независниот сектор на крајот од кодексот обезбедува преглед на процесотна развој. Тој објаснува дека кодексот е зацртан од еден поткомитет наКомитетот за етика и одговорност на независниот сектор, а финалниотдокумент е одобрен од управниот одбор на независниот сектор, со понеколку коментари на членовите на овој сектор. На годишната конференцијабеа поделени копии и беа одржани неколку седници за возвратни реакции.Како дополнение, сите членови имаа електронски канал за возвратнареакција.10

Механизми на спроведување. Бидејќи водечките насоки предлагаат ипрепорачуваат однесување, во нив обично нема конкретни механизми заспроведување. Место да го спроведуваат кодексот, водечките насоки гонагласуваат значењето на едукацијата, споделувањето информации, правејќи јаочебијна користа од усогласувањето (на пример, пристап до фондови,кредибилитет пред донаторите). Водечките насоки се засноваат врзуверувањето дека граѓанските организации ќе се придржуваат доброволно акоја увидат користа од тоа и ако ги имаат неопходните информации како да госторат тоа.

Советот на Минесота на непрофитни принципи и практики занепрофитна врвност прави разлика меѓу задолжителното придржувањеутврдено со државни или федерални закони и строгите препораки што гидава кодексот:„Мора“ е употребно за да ја опише практиката што ја бара државниот илифедералниот закон. „Треба“ е употребено за да ги опише строгопрепорачаните практики. Ова значи дека таму каде што е употребено „мора“,тоа дејствување го бара законот, додека секаде каде што енапишано „треба“,тоа значи дека само кодексот препорачува таков тип однесување илидејствување. На пример: „Непрофитните мора јавно да одговараат за своитефинансии, владение, јавно објавување на практики и програми“ - во овојслучај од граѓанските организации тоа го бара федералниот закон. Илипримерот: „Непрофитните треба да ги спроведуваат своите активности сопроцедурална правичност при решавање за гласачкото тело и заедницата“- во овој случај кодексот строго препорачува процедурална правичност (и

21

9 Catherine M. Shea. NGO Self-Regulation and Codes of Conduct, 2001 (Кетрин М.Ши, Саморегулативаи кодекс на однесување на ГО, 2001)10 Утврдување на вредностите и Етичкиот кодекс за непрофитни филантропски организации,независен сектор, 2004

малку е нејасно што, всушност, е тоа).

Меѓутоа, можат да постојат некои механизми за придржување. На пример,Македонската асоцијација на детски организации (ACORM) бара од членкитеда ù достават годишен извештај со кој ќе покажат дека дејствуваат во согласностсо стандардите.

Кодексот на однесување на ГО-ата во Етиопија формира Комитет запридржување кон кодексот, ГО како механизам за обезбедувањеусогласеност со кодексот преку мониторинг, но исто така и прекупромовирање на кодексот и обезбедувајќи водење. Тој се занимава со жалбии петиции од кадарот, донаторите и јавноста, во случаи кога имапрекршување на кодексот. Комитетот е составен од членови на организации-потписнички на кодексот, но и од двајца претставници на цивилнотоопштество. Жалбите по решенијата на Комитетот ги разгледува Генералнотособрание на членките-потписнички на кодексот.

3. СТАНДАРДИ

Карактеристики. Организациите генерално решаваат да воспоставатстандарди по подолг процес на заедничко работење, откако ќе ги артикулираатзаедничките интереси и откако повеќе ќе знаат за своето функционирање.Стандардите се воспоставуваат за постигнување конкретни цели и повисокистремежи, на пример кога организациите сакаат да изградат бренд или сакаатда ја развијат професионалната оспособеност на членовите. Ова е „највисоката“форма на кодекси коишто се стремат да овозможат сите организации-членкида ги имплементираат истите стандарди во нивните процеси,функционирање, имплементација на програмите и перформансата. Овие типовидокументи имаат конкретни, јасни и мерливи одредби. Тие можат да сеизработат од страна на помала, јасно препознатлива група организации или одекспертска група којашто подоцна ќе бара одобрение од другите. Стандардитесе значајни ако придржувањето кон нив подлежи на мониторинг.Придржувањето се мери со показатели и систем на проценка. Наградите(печатите на одобрение) се издаваат на организации што се придржуваат,додека забелешките, суспензијата или губитокот на членство се казна занепридржување. Со обезбедување строги мониторинг-стандарди,организацијата - членството и секој член -може да изгради висок степен надоверба кај своите вложувачи, донатори, спонзори, поддржувачи, актери одвласта, партнери итн.

„Стандардите за одговорност на добротворните организации“ наАлијансата БББ за мудро донирање даваат интересен пример со описотна многу специфични барања. На пример, тие обезбедуваат управниот органна директори да има најмалку петмина членови со право на глас и треба даимаат минимум три состаноци годишно со присуство на мнозинството. Во

22

финансискиот дел тие бараат организациите да трошат 65% д вкупните рас-ходи на програмски активности и не повеќе од 35% на прилозите при соби-рање средства.

Првата инстанца во претплатувањето на такви кодекси или стандарди е апли-кација за членство, што може да се направи со преглед на ним еднаквите илисо самопроценка. Потоа, редовното мониторирање се врши од чадор-органи-зацијата или од друго тело делегирано со функција да го обезбеди придржува-њето. Некои групи членки исто така решаваат да имаат и механизми на жалба,доколку се случи некој поединец, организација или други да поднесат жалбапротив некој член.Процес. Со овој тип кодекс е најлесно да се администрира во хомогени групи,каде што организациите спроведуваат слични операции, вложувачи и партнерии каде што е обединето едно професионално, репрезентативно тело. Бидејќитие во својата имплементација содржат и елемент на принуда, крајно препо-рачливо е бројно учество и инвестирање во развојот на стандардите. Про-цесот треба да вклучи заедничко планирање, изработка на материјали заусогласување, спогодби за спецификата на механизмот за спроведување и зазагубите во случај на неусогласеност. Важно е што процесот треба да вклучиедукација и техничка помош на членовите коишто сакаат да ги применат при-нципите во својата организација. На пример, Комитетот за етичка ревизија за Ка-надскиот совет за етичкиот кодекс на меѓународна соработка исто така еформиран „за да им помага на членовите да одат напред, и на ниво на етичкистандарди и на ниво на операционализација на стандардите“.11

Непрофитните организации од Мериленд развија неколку алатки за даим помогнат на непрофитните организации за да ги имплементираатстандардите на врвност, како што се:1. Програми за обука2. Воведен курс по стандарди на врвност (3-часовен курс за тоа како се про-ценува организацијата)3. Стандарди на врвност - Клиничка серија (курс од четири сесии што се со-стои од предавање во училница и учење еден со друг и го опфаќа секој стан-дард)4. Пишани едукативни материјали5. Техничка помош еден на еден12

Механизми на спроведување. Стандардите се најстрогите и најнормативнитипови кодекси. Постојат јасни и мерливи стандарди на коишто треба да се при-држуваат сите организации-членки. Членството е можно само ако се утврдиусогласеност и тоа е под редовен мониторинг и за време на членството. За воз-врат, организациите добиваат „потврда“ којашто може да биде сертификат заврвност (за деталите на механизмите на спроведување, види подолу).

23

12 http://www.marylandnonprofits.org/html/standards/04_03.asp

V. ЕЛЕМЕНТИ НА КОДЕКСИТЕ

Елементите што можат да се најдат во кодексите варираат во зависност одтипот на кодексот и прашањата што тој сака да ги опфати. Овој оддел гинаведува најчестите елементи во различните кодекси.

1. Вредности и принципи

Првиот важен елемент на кодексот се вредностите што тој сака да гипромовира. Вредностите се наоѓаат во речиси сите типови кодекси, затоа штотие ги одразуваат мотивите, суштинските прашања околу коишто се собирааторганизациите и коишто сакаат да ги промовираат. Според тоа, типовите навредности најмногу варираат меѓу различните типови кодекси. Тие сеспецифични за група организации и не зависат од интерните околности, но и одполитичката и климата на средината (т.е. постконфликти, етнички прашања,долгогодишни демократии, транзициски економии итн.). Некои од овиевредности се наведени подолу:

• Интегритет, саморегулатива, правда, услужна дејност, соработка,дискреција, респект (Кенија).

• „Непрофитната организација се формира за јавна добробит и работи за даја изврши добро дефинираната и артикулирана мисија. Нејзините програмиработат ефикасно и ефективно за извршување на таа мисија и таа епосветена на континуирано подобрување на квалитетот. Засновани врзвредностите на квалитет, одговорност и одговарање, членовите наодборите на непрофитните, доброволците и вработените цело времеработат во интерес на извршување на мисијата на организацијата.“(Непрофитни принципи и практики за непрофитна врвност на Советотна Минесота).

• „Непрофитните организации ги вреднуваат интегритетот, еднаквоста,достоинството, отвореноста, солидарноста, соработката, разнообразиетои доверливоста и дејствуваат врз основа на овие вредности.“ (Етичкикодекс на естонските непрофитни организации)

• Транспарентност, одговорност, саморегулатива (Принципи на добрапрактика на Европскиот центар за фондации)

• „Секој етички кодекс е вграден во темелите на широко споделуванивредности. Вредностите на независниот сектор вклучуваат: посветеностна јавното добро; одговорност пред јавноста; обврзаност и покрај законот;респект на вредностите и достоинството на поединецот; вклученост восоцијалната правда; респект на плурализмот и разнообразноста;транспарентност, интегритет и чесност; одговорно и домаќинско трошењена средствата; и посветеност на врвноста и одржување на довербата најавноста. Овие вредности водат директно до Етичкиот кодекс нанепрофитните и филантропски организации којшто следува. Вредноститеинформираат и ги предводат акциите што организациите треба да гипреземат.

• Спремност за одговор на потребите и добробитта на народот, одговорности транспарентност, демократија на учество, развој свртен кон народот,

24

почитување на правата, културата и достоинството на сите луѓе во рамкитена Повелбата за човекови права, трудење организацијата да ù биде вернана својата мисија, промовирајќи волонтерство и активно инволвирање наволонтери, заемна соработка, стремеж кон врвност. (Јужноафриканскакоалиција на ГО - SANGOCO)

• „Спремност за создавање општество засновано врз правда и еднаквост коефункционира преку механизми на општествено учество и демократија ивтемелено врз уверувањето дека слободата и развојот можат да сепостигнат само во атмосфера на мир.“ (Филипини, Етички кодекс наорганизации од општествената сфера)

2. Владеење

Кога станува збор за легалното опстојување на непрофитните организации, едноод фундаменталните прашања е нивното управување од страна на управниоторган. Добро избраниот управниот орган само што ќе обезбеди подоброуправување, туку може да води до стратешки контакти, совети од високо ниво,влијателност и соодветна проверка. Во кодексите можат да бидат опфатениследниве точки:

• Состав на управниот орган: Кој може и кој треба да е член на управниоторган и од колку членови треба да биде составен?Пример: „Непрофитните управни органи треба да бидат составени одпоодделни волонтери коишто се посветени на застапување на најдобритеинтереси на организацијата и мисијата. За да дозволат доволнообмисленост и разнообразност на перспективите, непрофитните управниоргани треба да бидат составени од не помалку од седум поединци.“(Непрофитни принципи и практики на Советот на Минесота за непрофитнаврвност)

• Карактеристики на управниот орган и принципи на добро владеење: Каковтип луѓе треба да се изберат за членови на управниот орган?Пример:

„(1) Управниот орган треба да биде составен од поединци коишто лично ùсе посветени на мисијата на организацијата и поседуваат специфичнивештини потребни за извршување на мисијата.(2) Онаму каде што вработен во организацијата е член на управниот органсо право на глас, мора да се обезбедат околности во коишто вработениотнема да биде во ситуација да изврши непогодно влијание.(3) Управниот орган треба да има не помалку од петмина (5) независнидиректори. Се претпочита да има седум (7) директори.(4) За да се обезбеди соодветна ротација на службеници и членови науправниот орган, организацијата треба да го ограничи бројот напоследователните мандати на секој член на управниот орган.(5) Членството во управниот орган треба да ја одразува разнообразностана заедниците на коишто им служи организацијата.

25

(6) Членовите на управниот орган треба да работат без компензација занивната работа како членови. На членовите на управниот орган може да имсе плати само за трошоците што директно произлегуваат од нивнатаработа во управниот орган.“ (Стандарди на врвност на Мериленд)

• Одговорности на управниот орган: Каков вид функција треба да имаатчленовите на управниот орган?Пример: „Индикаторот за превидена грешка ги вклучува, но не гиограничува, редовно закажаните проценки на перформансите наизвршните директори, евиденцијата на контролата на расходите како штое одобрението на буџетот од страна на управниот орган, практиката насобирање средства, воспоставување на политиката на судир на интересии воспоставување сметководствени процедури што ќе бидат доволни зачување на добротворните финансии.“ (Алијанса на мудро давање БББ)

3. Транспарентност и одговорност

Активноста на организацијата на цивилно општество треба да биде отворена занабљудување од страна на јавноста и организациите треба да бидат одговорниза користењето на јавните средства. Повеќето граѓански организации сезагрижени само за својот имиџ визави донаторите, иако треба да бидатобврзани да бидат отворени за јавноста, особено што има нагорен трендпрвенствено да се потпираат врз домашни средства за имплементација наактивностите (на пример: приватни донации, шеми на јавно инвестирање,волонтерство). Граѓанските организации не можат да работат во вакуум безподдршка од јавноста. Следниве прашања во врска со транспарентноста иодговорноста можат да се најдат во различни кодекси:

• ОдговорностПример: „Одржување годишна генерална седница со целосно, отворено иточно приложување на информации во однос на целите, програмите,финансиите и управувањето.“

• ИзвештаиПример: „Непрофитните организации годишно треба да ги подготват и да гинаправат достапни за јавноста информациите за мисијата на организацијата,програмските активности и основните (ако е можно) податоци зафинансиската ревизија. Основните финансиски податоци треба да содржатнајмалку едно резиме на активностите и резиме за финансиската позиција.Овој извештај исто така треба да ги наведе имињата на управниот орган надиректори и раководниот кадар.“ ( Стандарди на врвност - Мериленд).Пример: „Непрофитната организација приложува извештај за своитеактивности и финансии најмалку еднаш годишно.“ (Естонски етичкикодекс)

• Јавен пристапПример: „Непрофитните треба да обезбедат членови од јавноста којаштоизразува интерес за работата на организацијата со значајна можност дакомуницира со соодветен претставник на организацијата“. „Непрофитнитетреба да имаат најмалку еден вработен кој ќе се грижи организацијата да

26

се приспособува на духот на федералните и државните закони, што бараприложување информации на претставниците од јавноста.“ (Стандардина врвност - Мериленд)

4. Раководење и човечки ресурси

Овие одредби го регулираат начинот како граѓанските организации ќе раководатсо човечките ресурси, типот на политика што треба да ја водат при ангажирањеи отпуштање на кадарот, плановите за професионален развој и односите со во-лонтерите.Примери:

• „Организацијата-членка треба да има јасна, добро дефинирана, напишанаполитика и процедури што се однесуваат на сите вработени и волонтери,вклучувајќи ги и државјаните на земјата-домаќин и луѓето без државјан-ство.“ „Агенциите се стремат да ја зголемат етничката и расната разнооб-разност, онаму каде што се помалку застапени, при донесувањето одлукина повисоко ниво.“

• „Да има јасна политика за развој на кадарот којашто ќе ги овластува ситеволонтери да ги подобрат своите вештини за да им овозможи да се движаткон повисоко ниво на одговорност.“ (SANGOCO)

• „Непрофитната организација треба да ги има написмено политиката и про-цедурите за персоналот одобрени од управниот орган на директори коиштоуправуваат со работата и акциите на сите вработени и волонтери во орга-низацијата. Како додаток на опфаќањето на основните елементи на ра-ботните односи (на пример, работни услови, привилегии за вработените,годишен одмор, боледување), политиката треба да ги опфати оценувањетона вработените, супервизијата, вработување и отпуштање, жалбена по-стапка, раст и развој на кадарот, доверливост на вработените, досиеја иинформации на клиенти и на организацијата.“ (Стандарди на врвност -Мериленд)

5. Финансии

Генерално, финансискиот аспект на функционирањето на организациите на гра-ѓанското општество е регулиран со различни закони. Меѓутоа, некои кодекси сезанимаваат и со ова прашање со цел да постават повисоки стандарди и да гонагласат одговорното раководење со финансиските работи. На пример, некоикодекси се занимаваат со прашања на административните наспроти програм-ските трошоци. Тие укажуваат дека административните трошоци треба да бидатминимални, а повеќето од средствата треба да бидат потрошени на актуелнатаимплементација на програмата. Овој сооднос е 35:65 во Алијансата на мудродавање БББ, а кај Стандардите на врвност на Мериленд тој сооднос изнесува1:5.Примери:

• „Организацијата работи со буџет одобрен од управниот орган.“ ( Стандардина InterAction PVO) Годишниот извештај, којшто вклучува и изјава за целтана организацијата, целосен или резимиран финансиски извештај и резиме

27

на целосните програмски активности(...) резултати од работата на органи-зацијата се обезбедува по писмено или усмено барање.“ (Стандарди на In-terAction PVO)

• „Усогласување со утврдените практики на деловно сметководство и фина-нсиска ревизија, вклучувајќи ги процесите на овластување и авторизација(...). Спроведување годишна финансиска ревизија за приходи поголеми од50.000 Р(...). Минимални трошоци за собирање средства и администрација(...). Обезбедување транспарентно сметководство за поширокото членствои/или за гласачкото тело на организацијата.“ (SANGOCO)

6. Собирање средства

Некои кодекси пропишуваат етички норми во однос на собирањето средства,односите со донаторите (и институционални и поединечни) и за користењетона собирачите на средства.Примери:

• „Комуникациите за собирање средства треба да опфаќаат јасни, точни ичесни информации за организацијата, за нејзините активности и за наме-рата при користењето на овие средства. Непрофитните организации морада користат средства што се конзистентни со намерата на донаторот и дасе усогласат со специфичните услови што се поставени при донацијата.“(Минесота - Принципи и етика)

• „Кадрите што собираат средства, вклучувајќи ги и вработените и независ-ните консултанти, не треба да добиваат компензација во износ на некаковпроцент од добиената сума или според некоја друга формула за прови-зија.“ (Стандарди на врвност - Мериленд)

7. Мониторинг и евалуација на програмата

Со цел да се задржат високите професионални стандарди, организациите требада го мерат ефектот од својата работа, т.е. постојано мора да прават мониторинги евалуација, зашто како следен чекор сиот програмски развој треба да бидезаснован врз резултатите од овие процеси.Примери:

• „Фондациите организираат соодветен мониторинг и редовна евалуација насвоите активности и програми.“ (Принципи на добра практика на Европ-скиот центар за фондации)

• „Ќе развиеме и промовираме јасни и мерливи показатели за нашите про-грами/проекти за да ги процениме нивната релевантност и ефекти. Ќе фор-мализираме разни алатки за мониторинг и евалуација за да го проценименашата делување во однос на нашите цели и краткорочните и долгороч-ните цели на нашите активности.“ (Етиопски кодекс)

8. Соработка

Овие одредби се занимаваат со прашањата како граѓанските организации требада се однесуваат меѓу себе, како да работат заедно и да соработуваат при им-

28

плементацијата на активностите и како да ги промовираат вредностите закоишто се согласиле.Пример:

• „Фондациите ги споделуваат своите know-how и искуството со сличните ор-ганизации и други релевантни вложувачи за да ја унапредат добрата прак-тика и да соработуваат кога за тоа ќе биде погодно, како и за да гомаксимизираат резултатот во своето поле на активности.“ (Принципи надобра практика на Европскиот центар за фондации)

• „Ќе негуваме атмосфера на соработка во нашите партнерски и поддржу-вачки односи во корист на нашите организации и целните групи. Ќе споде-луваме и ќе разменуваме информации, искуства и ресурси во врска сонашата мисија, со цел промовирање, учење и заедничко разбирање во са-миот сектор и надвор од него.“ (Етиопски кодекс)

• „Непрофитните организации треба да бидат свесни и да ги координираатсо другите организации сличните и дополнителните услуги во нивните за-едници.“ (Принципи и етика - Минесота)

9. Избегнување судир на интереси

Пример:• „Непрофитната организација и лицата инволвирани во неа треба да бидат

спречени во навлегување во судир на интереси. Во случај на судир на ин-тереси, мора да бидат применети сите неопходни мерки за елиминирањетаков судир на интереси.“ (Естонски етички кодекс)

• „Непрофитните оргнизации треба да имаат напишана политика на судир наинтереси. Политиката треба да се однесува на членовите на управниоторган и персоналот, како и на волонтерите коишто имаат овластувања занезависно решавање во однос на средствата на организацијата. Полити-ката треба да ги идентификува типовите на однесување или трансакциитекоишто доведуваат до судир на интереси и треба да обезбеди ревизија насекоја поединечна трансакција од страна на неинволвирани членови науправниот орган на директори. Непрофитните треба да обезбедат изјави засудир на интереси за членовите на управниот орган, персоналот и волон-терите коишто ги резимираат клучните елементи на политиката на судир наинтереси на самата организација. Изјавата за судир на интереси треба даима простор каде што членовите на управниот орган, вработените или во-лонтерите ќе пријават каков било финансиски интерес на поединецот, по-тесното семејство на поединецот, во кој било деловен ентитет којшто е воделовна трансакција со организацијата. Изјавата треба да ја обезбедат ипотпишат членовите на управниот орган, персоналот и волонтерите и вовреме на поединечно стапување во организацијата, а потоа најмалкуеднаш годишно.“ (Стандарди на врвност - Мериленд)

10. Механизми на спроведување

Со цел да се обезбеди донесените стандарди да добијат значење и организа-циите да се однесуваат во согласност со одредбите од кодексите, генерално

29

кодексите вклучуваат еден вид механизми на спроведување или усогласеност.Тие се особено важни во случаите на водечките насоки или кај стандардните ти-пови кодекси. Таквите механизми можат да имаат многу форми: (1) едноставна,доброволна согласност од страна на организациите-членки; (2) самосертифи-катни процеси во кои организациите се оценуваат самите и потврдуваат дека сеусогласени врз основа на таа евалуација; (3) процес на сертификати од странана сродни организации, во кои други организации ја ревидираат и ја потврдуваатусогласеноста на некој член; и „квазисудски“ механизми во кои управниот органна членката прима и сослушува жалби на неусогласеност, ако е потребно со-бира докази и донесува одлуки и санкции. Во овој оддел ги разгледавме сите ти-пови механизми.

• Спогодба на членките. Ова е најслабата форма на механизам за спрове-дување. Во овој случај членките едноставно се согласуваат дека ќе се усог-ласат. Не постои претходен скрининг на организациите пред да го потпишаткодексот. Постои само преземање обврска (ветување) дека во иднина ќе сеоднесуваат според кодексот.Членството во Македонската асоцијација на детски организации е условза потпишување на кодексот „со кој се бара прифаќање на стандардитекоишто се усвоени со самото членство“.

• Самосертифицирање. Ова е построга форма на спроведување каде штоорганизациите-апликанти треба да ја обезбедат потребната документацијадека нивните операции и однесување се според очекувањата. Самосерти-фикацијата не чини скапо и е лесна и за оценуваната и за оценувачкатаорганизација, а е достапна на голем број организации.13

Стандардите на ИнтерAкција на приватните волонтерски организации (ПВО),најголемата алијанса на меѓународни, хуманитарни и организации за развој соседиште во САД, овозможуваат насоки и толкувања за тоа каков доказ треба засекоја точка од стандардите. Ова укажува на тоа дека стандардите се јасни,мерливи и дека усогласеноста може да се мониторира непристрасно. Додекапридржувањето е ревидирано од Интерaкција, самиот процес е според системотна „самопослужување“, а „ефикасноста на механизмот многу зависи од се-риозноста со која секоја организација ја применува програмата“.14

Од сите членки на ИнтерАкција се бара да ги задоволуваат и да се придржу-ваат на „ПВО-стандардите“. Стандардите се „низа од етички насоки коишто гиопфаќаат управувањето, финансиското известување, собирањето средства, од-носи со јавноста, раководни искуства, човечки ресурси и програмски служби“.Најпрвин иницирани на состанокот на Извршниот комитет на ИнтерАкција во1989 година, ПВО-стандардите беа прифатени во 1992 година. Тие имаат цел„да го зголемат кредибилитетот кај донатори-поединци, приватни фондации ивладини агенции“ и довербата во јавноста преку единствениот систем на само-сертификација со кој организациите мора да се усогласат ако сакаат да станат(и останат) членови на ИнтерАкција. Со намера да се обезбеди контрола на ква-литетот, комитет на ниво на управен орган ги надгледува ПВО-стандардите, како

30

13 Кетрин Ши, Сандра Ситар, Извештај и препораки,Акредитација и сертификација на ГО-а: Чекор на-пред? Евалуација на искуството на заедницата за развој, Меѓународен центар за непрофитно право14 Кетрин Ши, Сандра Ситар, Извештај и препораки,Акредитација и сертификација на ГО-а: Чекорнапред? Евалуација на искуството на заедницата за развој, Меѓународен центар за непрофитноправо

и придржувањето на членките кон овие стандарди. ПВО-стандардите на Инте-рАкција „исто така се користат за проценка на подобноста за избор на иднитечленки. Сертификатот за усогласеност важи една година, по која, „со договормеѓу членките, извршниот директор или претседавачот на управниот орган“,мора повторно да ја потврди усогласеноста. Организациите-членки на Инте-рАкција „коишто не ја задоволуваат оваа политика, се соочуваат со суспензијана нивното членство“.15

Друг пример е Етичкиот кодекс на канадскиот Совет за меѓународна сора-ботка. Усогласеноста со кодексот се спроведува преку процес на само-серти-фикација со кој „секоја организација го проценува нивото на својатаусогласеност и презема чекори за целосна усогласеност со стандардите. Член-ките ја пополнуваат алатката за самосертификација и ја враќаат во КСМС сопотврда за усогласеност потпишана од извршниот директор и од претседавачотна управниот орган“.16

• Сертификација од сродна организација. Ова е механизам со кој другитечленки спроведуваат ревизија на усогласеноста на организацијата со одред-бите од кодексот. Една организација може да стане членка само ако сеутврди дека однесувањето било соодветно. „Поради својата строгост, овојмеханизам најверојатно е значаен за донаторите, јавноста и другите коиштосе потпираат на сертификатот, но тој чини скапо и многу мали или нови ор-ганизации не можат да допрат до него поради високите стандарди.“17

Пример: За да една организација се зачлени во Мерилендската асоцијацијана непрофитни, треба да се достави апликација (заедно со платената сумаза апликација) и придружни документи. Овие документи се разгледуваатквартално од страна на искусни ревизори од сродни организации од Ме-риленд, коишто се обучени за прегледување на усогласеноста. Оние ор-ганизации коишто ќе ја докажат својата усогласеност со стандардите,можат да го добијат правото да го објавуваат печатот „Непрофитен печатза извонредност“, којшто важи три години.

„Анализата (на ефектот) заклучи дека по имплементацијата на стандардите, сеслучиле бројни подобрувања во непрофитниот сектор во Мериленд и дека пер-формансата била повеќе зајакната меѓу организациите што биле членки наМерилендските непрофитни организации (а според тоа и обврзани кон осумтеводечки принципи) во следниве области: користењето на изјавите за мисијата,операциите на управниот орган, акциите преземени за поголема транспа-рентност, користење на процедурата за судир на интереси и очекувањатана извршните лица во однос на организациската перформанса.“18

• Квазисудски постапки. Овој механизам предвидува основање тело коеврши надзор на усогласеноста на документите и пропишува постапка вослучај на неусогласеност.

31

15 Кетрин Ши, Сандра Ситар, Извештај и препораки,Акредитација и сертификација на ГО-а: Чекор на-пред? Евалуација на искуството на заедницата за развој, Меѓународен центар за непрофитно право16 Етички кодекс на КСМС, Документ за насоки http://www.ccic.ca/e/docs/002_ethics_guidance.pdf17 Кетрин Ши, Сандра Ситар, Извештај и препораки,Акредитација и сертификација на ГО-а: Чекор на-пред? Евалуација на искуството на заедницата за развој, Меѓународен центар за непрофитно право18 Кетрин Ши, Сандра Ситар, Извештај и препораки,Акредитација и сертификација на ГО-а: Чекор на-пред? Евалуација на искуството на заедницата за развој, Меѓународен центар за непрофитно право

Пример 1: Кодекс на однесување за етиопски граѓански организации вос-тановува Комитет за надзор од избраните членови на Генералното собра-ние и од претставниците на цивилното општество. По добивањето жалбаод поединец или група, Комитетот свикува состанок со обвинетиот по-тписник и тужителот и врши сослушување. Тој на потписникот може да мусоветува да преземе корективни мерки, да му препорача на ГС-суспензијаили одложување на членството на потписникот. Тука постои и механизамна жалба.КОДЕКСОТ на ГО - Спогодба за развој на Филипините има Комисија заинтерни реформски иницијативи којашто ја надгледува усогласеноста:нивна цел е 100% сертификација на крајот од десеттата година за ситемрежи на членки и организации (почнувајќи од февруари 2003 година).19

Документот исто така содржи две табели: во едната се наведени принци-пите и нивното прекршување, во другата се санкциите и казните во врскасо тие прекршоци (види табела).

ТАБЕЛА НА КОДЕКСИ 20

32

19 Кодекс на ГО Спогодба за развој на Филипините20 За повеќе кодекси види: www.allavida.org/alliance/0512-NGOchart2.pdf

ИЗВОР ЗЕМЈА СПРОВЕДУВАЊЕ КОМЕНТАРИЕтички кодекс наестонските непро-фитни организа-цииwww.ngo.ee/7457

Естонија нема

Принципи надобра практика -Европски центарза фондацииhttp://www.efc.be/codex/principles.html

Европски нема Општи препора-ки, само принци-пи на насоки.Постои документпод наслов:„Илу-стрирани опциина практика зафондации“ кој-што помага и воусогласувањетона организациите

Кодекс на одне-сување на паки-станскитеграѓан-ски организацииhttp://www.civi-cus.org/new/media/PNF%20Code%20of%20Con-duct%20Pak-istan.doc

Пакистан Ги наведува заед-ничките вредно-сти на ниво наорганизаии и за-едница

33

Кодекс на однесување на гра-ѓанскитеoрганизации анга-жирани во хумани-тарни акции,реконстру-кција иразвој на Авгани-станhttp://www.re-liefweb.int/rw/RWB.NSF/db900SID/EVIU-6D5EBR? Open-Document&rc=3&emid=ACOS-635N96

Авганистан Цел на КодексотКодексот на одне-сување ќе промо-вира: подоброразбирање меѓуграѓанските органи-зации -и, нивнитецели и нивните по-стигнувања меѓуопштата јавност,владата, донато-рите и медиумите;транспарентност,одговорност и добраменаџмент прак-тика во функциони-рањето на граѓан-ските oрганизациисо доброволнасамо-регулација; иподобр- ен квали-тет на услугите штоги обезбедуваатграѓанските органи-зации со подигање-то на стандардитена однесување

Кодекс на Асо-цијацијата на дет-ски организации воРепублика Македо-нија (ACORM)

Македонија Услов за член-ство е усвоју-вање на кодек-сот со потпис,годишен из-вештај кој по-кажува декачленката сеоднесува восогласност сонего

Кодекс за специ-фична група награѓански органи-зации.Членкитекоишто не се усог-ласени во разумновреме и поради не-прифатливи при-чини, ќе бидатисклучени

Принципи и прак-тика за непро-фитна врвност -Совет на непро-фитните -Минесотаhttp://www.mncn.org/info_principles.htm

Минесота.САД

Текстот варирапомеѓу „задо-лжително“ и„строго се пре-порачува“. Не-ма механизмиза спроведу-вање

Текстот е наменетза едукационицели на членките

Етички кодекс,Јужна АфрикаSANGOCOhttp://www.san-goco.org.za/site/index2.php?option=com_content&task=view&id=8&Itemid=30&pop=1&page=0

Јужна Африка нема Многу детален,практичен

34

Кодекс на однесу-вање заГраѓанските орга-низации во Етио-пијаhttp://www.icnl.org/knowledge/library/showRecords.php?country=Ethiopia

Етиопија Формиран еКомитет запридржувањекон кодексотод страна наГО-потписни-ците за да сеосигура над-гледувањетона стандар-дите на одне-сување

Можни акции:• Обезбедување на

едукација за усог-ласување

• Повикување надруга ГО потпис-ничка за помошво процесот наедукација

• Советување наГО потписнички запреземање на ко-рективни меркипротив функцио-нер или вработенво ГО кјшто е ди-ректно одговоренза прекршувањена Кодексот

• Опоменување наГО потписничката

• Препорачув сус-пензија или одло-жување напотписничката

Кодекс на новина-рите на Македо-нијаhttp://www.mim.org.mk/mim/do/Html-PageView?p=codex/CodexEnglish/index_mk.html

Македонија Кодексот овоз-можува Сове-тот на честа дабиде одгово-рен за надгле-дување напринципите накодексот

Кодексот овозмо-жува „новинаритекоишто работат восогласност со овојкодекс да уживаатподршка од нив-ните куќи и профе-сионални органи-зации. Во соглас-ност со законитена Република Ма-кедонија,новина-рите го прифаќаатсудот само насвоите колеги и ќебидат ослободениод политички илидруги влијанија“.

Изјава на вредно-сти и Етички кодексза непрофитни ифилантропски ор-ганизации -независен секторhttp://www.indepen-dentsector.org/mem-bers/code_main.html

САД Документотбеше наменетда биде моделза организа-цијата при пре-глед илиусвојување наетичкиот ко-декс. Значи,НЕМА спрове-дување.

Не е наменет да гизамени поспеци-фичните постоечкистандарди

35

Кодекс на однесу-вање на граѓан-ските организацииво Нигеријаhttp://www.civicus.org/new/media/Code_Conduct_CSOs_Nigeria.doc

Нигерија Немаспроведување

Меѓународен коми-тет на организа-циите за собирањесредстваhttp://www.icfo.de/standards.htm

Меѓународна Малку деталии без механи-зам за спрове-дување

ГО Кодекс на одне-сувањеhttp://www.gdrc.org/ngo/codesofcon-duct/botswana-ngocode.html

Боцвана Постои Бордна доверителии извршнотело. Вторивеја подигаатсвеста меѓуграѓанскитеорганизацииза кодексот.Тие исто такаорганизираатневладини фо-руми каде штоколективно горазгледуваатпостигнатото.Овде можат дасе примаат ижалби и по-плаки на ко-дексот.

Кодекс на однесу-вање на Форумотна националнитеГО-аод Угандаhttp://www.ngofo-rum.or.ug/conduct/index.htm#top

Уганда Основан е Ко-митет за Ко-дексот заиспитување нажалбите и пре-порачување назаконски про-гон ако е по-требно

36

Етички кодекс наканадскиот Советза меѓународна со-работкаhttp://www.ccic.ca/e/001/ethics.shtml

Канада Самосертифика-ција, документза насоки, Коми-тет за етичка ре-визија повеќеоснован за еду-кација на член-ките, а не заказнување нанепридржува-њето

Помошта за член-ките се состои во:презентација наалатки за ориенти-рање на кадарот,волонтерите и ди-ректорите кон Етич-киот Кодекс.Етичка игра за сти-мулирање на ана-лизата, дискусијатаи етичкото резони-рање меѓу учесни-ците за потенција-лни етички дилемисо коишто би мо-желе да се среќа-ваат секојдневно.Редовни етички ин-формации се обез-бедуваат прекудвонеделникот наКСМС Флеш етика ињузмаилот ФлешАлатка за организа-ционен дијалог заангажирање во При-ватниот Сектор.Простор во веб-сајтот на КСМС соразни извори и лин-кови за Етика

Холандско цен-трално Биро застандардиПри собирањесредстваhttp://www.cbf.nl/Downloads/Be-standen/En-gelse%20vertaling%20Artikel%204%20Reglement%20CBF-Keur.pdf

Холандија „Печатот“ можеда се добие одорганизациикоишто имаатважност од 5години.Помошта се со-стои во „Регула-тива за печат“ -и документот„Сметковод-ствени насоки“ иприрачник солиста на про-верка

Овој е механизамшто обезбедува по-голем квалитет одиницијативата засамо-регулатива.Главната цел е нанадворешните аген-ции, потенцијалнитедонатори да им седадат индикации задоверливоста и кре-дибилитетот на ор-ганизацијата.

Кодекс на ГО По-тписнички за раз-војотна Филипинитеhttp://www.co-dengo.org/

Филипини Комисијата за ин-терни рефор-миовозможува на-бљудување инадгледување наимплемента-цијата. Системотна казни во тричекори, може дазаврши со прекинна членството

37

БББ Алијанса намудро донирање- Стандарди за од-говорност на добро-творни организацииhttp://give.org/stan-dards/newcbbbstds.asp

САД Потребно е под-несување доку-менти предприфаќање начленството

Националните доб-ротворни организа-ции можат дапокажат, онлајн и вопромотивните мате-ријали, дека ги за-доволуваатстандардите на БББсо изложување напечатот за национа-лна добртоворнаорганизација. Заквалификување закористење на овојпечат, Алијансататреба да утврдидали таа организа-ција ги задоволуванејзините стан-дарди, дали ја по-тпишува спогодбатаза лиценца и далиплаќа годишна чле-нарина

Стандарди на при-ватни волонтер-скиорганизацииИнтерАкцијаhttp://www.interaction.org/pvostandards/index.html#InterAction%20PVO%20Standards

Самосертифика-ција којаштотреба да се по-вторува се-којагодина.

Комитет на нивона борд ја над-гледува усогла-сеноста

Неусогласено-ста може да зав-рши сосуспензија

Подршка на усогла-сеноста: Толковенпрашалник запомош при само-проценкаВебсајтот обезбе-дува пристап до ко-рисни документи

38

АвстралискиСовет за развој намеѓународен ко-дексhttp://www.acfid.asn.au/code-of-con-duct

Австралија Формиран е Ко-митет за кодексна однесување.Тие ги разгледу-ваат жалбите(процес на спра-вување сожалби)Треба да доста-ват резиме одкодексот на од-несување и фи-нансискиизвештај.Документот сонасоки им по-мага на органи-зациите воусогласувањето.

„Комитетот за Кодексотна однесување го мо-ниторира придржува-њето кон кодексот и гииспитува жалбитекоишто може да ги до-стави пред јавноста се-која членка. Комитет есоставен од шест чле-нови избрани од заед-ницата на ГО за Развој,од претседавач и одеден претставник наавстраиските донаториименуван од Австрали-ската Асоцијација напотрошувачи. Кодексотпредвидува јасен про-цес со кој се испиту-ваат жалбите и сеутврдуваат наодите.Онаму кадешто имапрекршување на Ко-дексот, Комитет пре-зема акција заименување на пробле-мот.Ако не се постигнезадоволителна солу-ција, Комитетот можеда го повлече призна-вањето на организа-цијата какопотписничка на Кодек-сот и да ги објави ре-зултатите од истрагата.Вовед/ Кодексот на од-несување не се самопишани стандарди, тоје постојана и активнаобврска на потписнич-ките за позитивна прак-тика. Опсегот иимплементацијата наКодексот го прегледуваКомитетот и прекуо-кеанските помошни ко-митети на АСРМК.Секоја година се одр-жуваат семинари и ра-ботилници за обука иинформирање на када-рот за барањата на Ко-дексот и за тоа како дасе применуваат стан-дардите во секојднев-ната практика“

* Подготвен од Европскиот центар за непрофитно право, Будим-пешта, (www.ecnl.org), во соработка со Фондацијата за развој нацивилното општество, Будимпешта (www.ctf.hu), и со значителниотпридонес на Меѓународниот центар за непрофитно право, Вашин-гтон (www.icnl.org)

39

Стандарди наврвност - Мери-ленд Асоцијацијана непрофитни ор-ганизации - Мери-лендhttp://www.mary-landnonprofits.org/html/stan-dards/04_02.asp#GP

Мериленд(САД)

Процес на сер-тификација одсродни органи-зации

Доделено член-ство, организа-циите добиваат„Печат на при-фаќање

Деталниот водич импомага на организа-циите во поднесува-њето на потребнатадокументација

Прилог 1:Работна верзија на Кодексот на Граѓанската платформа на Македонија*

LPEFLT!OB

HSBHBOTLBUB!QMBUGPSNB!OB!

NBLFEPOJKB

Ноември, 2007 година

* Ова работна верзија на Кодексот на Граѓанската платформа на Македонија служи како основа запонатамошна расправа во процесот на донесување на конечната верзија на Кодексот на Граѓан-ската платформа на Македонија.

ПРЕАМБУЛА

На иницијатива на граѓанските организации во рамките на Граѓанската плат-форма на Македонија, коишто се залагаат за унапредување на квалитетот,транспарентноста, ефикасноста и солидарноста на делувањето на граѓанскитеорганизации и нивниот меѓусебен однос, почитување на принципите на доброуправување и одговорност кон самите себе и своите корисници, донаторите ицелокупната јавност, го донесуваме овој Етички кодекс на организациите членкина Граѓанската платформа на Македонија. Ние, долупотпишаните претставници на граѓанските организации, му пристапу-ваме доброволно на овој Кодекс, изразувајќи спремност да ги почитуваме и раз-виваме вредностите и принципите утврдени во Кодексот.

42

1. ВРЕДНОСТИ КОИ ГИ СПОДЕЛУВААТПОТПИСНИЦИТЕ НА КОДЕКСОТ

Почитување на универзалните човекови права и на правата на ситеграѓани без разлика на родот, етничкото и расно потекло, религијата иуверувањата, хендикепот, возраста, сексуалната ориентација и со-цијалното потекло; развој на плурална и партиципативна демократија,социоекономски развој и културен просперитет; одржлив мир и ста-билност; општествена кохезија, интеграција и хармонија; социјална си-гурност и солидарност; и почитување на разликите и ненасилство.

1.1. Почитување на универзалните човекови права

1.1.1. Човекови права: Ќе ги почитуваме и промовираме човековите слободитеи правата загарантирани со меѓународните конвенции, стандарди и прак-тики.

1.2. Почитување на достоинството и интегритетот на секој поеди-нец, етничка група и култура

1.2.1. Почитување: Во рамките на нашите активност, а особено во нашата ме-ѓусебна комуникација и во комуникација со јавноста, ќе ги почитувамевредностите, принципите, моралните стојалишта, религиозната и етничкаопределба на сите луѓе со коишто соработуваме, согласно со основнитепринципи на човековите права. Воедно, нема да ги подржуваме оние ак-тивности кои директно и наштетуваат на одредена група или поединец.

1.3 Еднаквост и прифаќање на различностите

1.3.1. Непристрасност: Во нашето делување ќе промовираме и применуваменепристрасен и праведен однос спрема сите, без разлика на родоватаприпадност, етничкото и расно потекло, религијата и уверувањата, хен-дикепот, возраста, сексуалната ориентација и социјалното потекло.

1.3.2. Толеранција: Ќе се залагаме за толеранција и почитување на правото наразличност помеѓу луѓето.

1.3.3. Работа са маргинализираните групи: Нашите програми и платформиќе ги охрабруваат и овозможуваат учеството на групи и поединци кои сечувствуваат дискриминирани врз основа на родот, етничкото и расно по-текло, религијата и уверувањата, хендикепот, возраста, сексуалната ори-ентација и социјалното потекло во остварувањето на проекти поврзани соподобрување на нивните животни услови.

43

2. НЕЗАВИСНОСТ

2.1. Автономија: Како граѓански организации сме самостојни и независни восвојата работа. Ќе соработуваме со државните органи, донаторите и оста-натите страни врз принципот на рамноправност, во согласност со нашитестатутарни цели и определби.

2.2. Независност: Ќе го негуваме и поттикнуваме принципот на независност одвладините и останатите државни институции, како на централно така и налокално ниво. Исто така се обврзуваме дека во рамките на договоренитепроекти со донаторите ќе се придржуваме на принципот на независност воработењето.

2.3. Донации: Ги прифаќаме само оние донации кои потекнуваат од донаторичиишто цели се во склад (или не се косат) со нашите цели, мисија и визијаи кои не ја загрозуваат нашата независност и интегритет.

3. НЕПРОФИТНОСТ И НЕ ПАРТИСКО ДЕЛУВАЊЕ

3.1 Непрофитност: Основниот принцип на делување на граѓанските органи-зации е нивната непрофитност. Како граѓански организации доследно ќеги почитуваме законските одредби кои ја одредуваат нашата различностод останатите чинители во општеството.

3.2. Непартиско делување: Како граѓански организации нема да вршиме по-литички активности, ниту ќе го користиме сопствениот имот и средства заостварување на цели на политички партии. Нема да учествуваме на из-борна кампања и нема да собираме средства за изборна кампања и фи-нансирање на политички партии. Строго ќе се придржуваме да јаизбегнуваме поврзаноста на раководните лица на организациите со нивночленство во извршните и раководните тела на политичките партии и немада поставуваме партиски цели во своите програми и проекти.

4. ДОБРО УПРАВУВАЊЕ ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

4.1. Документи: Ние oрганизациите кои го потпишуваме овој Кодекс се об-врзуваме да поседува документи во коишто јасно се дефинира нашата ми-сија, визија, основните цели, програми и структурата на управување.

4.2. Јасна внатрешна организациска структура: Се обврзуваме да воспо-ставиме и практикуваме организациска структура на јасна подвоеност науправните од извршните органи, да применуваме прецизни механизми навнатрешна контрола и да воспоставиме методи за разрешување на евен-туални судири на интереси.

4.3. Судир на интереси: Членките на управните органи на секоја организацијаќе усвојат принципи кои забрануваат судир на интереси на раководнителица, на вработените и на волонтерите во организациите. Таквата поли-

44

тика ќе се однесува на (не)фаворизирањето на лица блиски до управнитеструктури на организациите по секој основ, на примањето подароци од ак-туелните или потенцијалните доставувачи на добра и услуги, корисници награнтови и/или организации со конкурентски или спротивставени интереси.

4.4. Недискриминација: Ние организациите потписнички на Кодексот ќе промо-вираме еднаквост по основ на родот, етничкото и расното потекло, рели-гијата и уверувањето, хендикепот, возраста и половата определеност воангажирањето, вработувањето, обуките и професионалниот развој и на-предувањето во кариерата на персоналот. Позитивната дискриминација сеохрабрува за ангажирање на маргинализираните групи за одредено ра-ботно место, особено за местата кадешто се донесуваат одлуките(управни, надзорни органи).

4.5. Односот спрема вработените: Ќе имаме јасно дефиниран однос спремавработените и ќе воспоставуваме регулативи во однос на вработените иволонтерите, плаќањето на придонесите и хонорарите. Ќе ги штитиме пра-вата и безбедноста на своите вработени и волонтери во согласност со за-конските прописи и ќе промовираме новини во заштитата иунапредувањето на правата на вработените.

5. ЈАВНОСТ, ОДГОВОРНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ

5.1. Одговорност спрема членовите на организациите: Граѓанските органи-зации потписнички на кодексот имаме примарна одговорност кон своитечленови и во секоја прилика ќе ги заштитуваме и промовираме интереситена своите членови, притоа не заборавајќи ја и одговорноста кон целнигрупи, граѓаните и јавноста.

5.2. Отвореност кон јавноста: Ќе бидеме отворени и одговорни во работатасо институциите на Република Македонија, централните и локалните вла-сти, нашите партнери од различните заедници, донаторите и сите останатизаинтересирани страни. Редовно ќе ја информираме јавноста за нашатаработа и за изворите на нашите финансиски средства.

5.3. Извештаи: Ќе промовираме проактивен пристап на известување и нашитепрограмски и финансиски извештаи, како и оценките на нашите активностиќе им бидат достапни на сите заинтересирани страни.

5.4. Доверба: Ние, потписничките на Кодексот, јас споделуваме потребата иважноста на зајакнување на взаемната доверба и во однс на jaвноста и вооднос на нашите активности и приоритети

5.5. Искреност: Како потписнички на Кодексот ќе избегнуваме пораки до јав-носта кои поттикнуваат развивање предрасуди и нетолерантно однесувањеили поттикнување било каква омраза во општеството.

5.6. Заложба: Ќе се залагаме во своите активности кон јавноста да не ја вооп-штуваме и сокриваме стварноста и одговорно да упатуваме на проблемитеи дилемите со кои се соочуваме.

45

6. КОМУНИКАЦИЈА, КООРДИНАЦИЈА И СОРАБОТКА

6.1. Комуникација, координација и соработка. Ние организациите потписничкина Кодекост ќе го поттикнуваме меѓусебното разбирање и почитување, ќепоттикнуваме поголем дијалог и ќе даваме особено значење на разменатана искуства помеѓу нас и нашата комуникација, координација и соработка.

6.2. Помагање: Сите ќе пружаме солидарност, поддршка и помош на остана-тите организации-потписнички на Кодексот, доколку сме во можност тоа даго направиме. Целта на ова е подобрување на работата и зајакнување наорганизациите потписнички на Кодексот.

6.3. Клеветење: Нема да го подриваме или негираме работењето на остана-тите потписнички , ниту ќе поднесуваме лажни или погрешни изјави наостанатите страни и организации.

6.4. Партнерство: Партнерството ќе го градиме врз основа на заедничка ви-зија и цели за развој на македонското општество, почитувајќи ја меѓусеб-ната подршка и солидарност. Како основни елементи на партнерството гисметаме: • почитување на рамноправноста и различноста по секој основ;• транспарентност, размена на знаење и поделба на одговорноста;• почитување на автономијата и воспоставување на доверба во сите парт

нерски активности.6.5. Документи: Партнерствата ќе бидат поддржани со взаемно потпишани до-

кументи кои ќе ја прикажат согласноста на партнерите околу улогата, целта,очекувањата и одговорноста во партнерството.

6.6. Правична застапеност: Како партнерите редовно ќе комуницираме меѓу-себно, со цел да се осигура правичната застапеност на сите партнери вопроектите. Во комуникацијата, партнерите ќе се водат по принципот на фери отворен однос кон останатите организации.

6.7. Меѓусебно натпреварување. Доколку се најдеме во ситуација на меѓусе-бен натпревар и конкурирање истиот ќе се заснова на истакнување на соп-ствените позитивни активности и успеси, а не на негација на активноститеи делувањето на другите организации потписнички на овој Кодекс.

6.8. Конфликт: Партнерите ќе се договараат за начинот како да ги решаваатмеѓусебните конфликти, врз основа на фер и непристрасен однос.

7. СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА

7.1. Собирање средства: Прибирањето на средства ќе го вршиме на чесенначин и без притисоци. Јасно и прецизно ќе го опишеме идентитетот, целта,програмата и реалните потреби во однос на она што можеме да го срабо-тиме и исполниме. Во процесот на прибирање средства, ќе ја почитувамесвојата мисија и нема да аплицираме за средства и активности кои не сево склад со нашите цели и јасно дефинирани програми

46

7.2. Намери: Ќе ги користиме донациите на начин како што е предвидено когасе аплицирало за одредена донација т.е. на начин каков што е пропишанво договорот со донаторот.

7.3. Финансирање од политички партии: Се обврзуваме дека нема да приба-вуваат финансиски средства или други материјални бенефиции од поли-тички партии

7.4. Донатори: Ќе се трудиме донаторите да бидат адекватно признаени засвоите придонеси согласно со желбата и политиката на донаторите. Дона-торите мораат да имаат пристап до информациите околу своите донации.

7.5. Фискална одговорност: Ажурно и доследно ќе ги следиме и применувамефискалните правила на работење пропишани во законодавството на Ре-публика Македонија.

7.6. Злоупотреби: Се обврзуваме да превземеме отворени и одлучни меркипритив оние членови на организацијата кои се теретат за кражба, неза-конско присвојување на имот или манипулација со финансиската состојбана организацијата.

47

CIP - Katalogizacija vo publikacijaNacionalna i univerzitetska biblioteka “Sv.Kliment Ohridski“,Skopje

061.2:174.658

HAXI-Miceva, KaterinaKodeks na odnesuvawe kako samoregulatoren mehanizam : pregled

na pra{awa i tipovi kodeksi / ( avtori Katerina Haxi-Miceva ;proekten tim Hulija Hilmi, Sowa Ismail i Filip Nelkovski ). -Skopje : Forum, Centar za strategiski istra`uvawa i dokumentacija,2008. - 48 str. : tabeli ; 24 sm

fusnoti kon tekstot

ISBN 978-9989-2427-5-5a) Nevladini organizacii - Delovna etika

COBISS.MK - ID 71264522