12
ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА ГОДИНА II www.ilinden-tirana.com БРОЈ 21 ТИРАНА - АЛБАНИЈА ДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Во овој број Страница 2 Страница 5 Страница 6 Страница 8 Страница 4 ILINDEN ILINDEN Груевски-Рама: Билатералните односи добри, приоритет економската соработка Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Трајко Вељаноски на 06.11.2013 година се сретна со Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама Средба на претседателот на Македонско друштво” Илинден”- Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај со рабинот на Република Албанија и Балканот, во Израел рабин Уоел Каплан и претседателот на Еврејска Заедница во Република Албанија, г-дин Сокол Пира Македонија, Албанија и Косово за меѓугранично заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат Македонија примена во Советот за човекови права на ОН Значаен македонски проект за албанската владетелска фамилија Кастриоти Промоција Благодарница “Илинден” БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на 06.11.2013 година оствари средба со претседателот на Владата на Република Албанија г-дин Еди Рама СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СРЕЌЕН БОЖИЌ! Со почит Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај Почитувани Македонци во Република Албанија, Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и во лично име, Ви ја честитаме Новата Година 2013 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Исто така, го честитаме и големиот верски празник Божик, на сите христијански верници.

Makedonski vesnik ilinden br 21

  • Upload
    -

  • View
    260

  • Download
    8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Makedonski vesnik ilinden br 21

ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ‚‚ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА

ГОДИНА II www.ilinden-tirana.comБРОЈ 21 ТИРАНА - АЛБАНИЈА ДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во овој број

Страница 2

Страница 5

Страница 6

Страница 8

Страница 4

ILINDENILINDEN

Груевски-Рама: Билатералните односи

добри, приоритет економската соработка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Трајко Вељаноски на 06.11.2013

година се сретна со Претседателот на Владата

на Република Албанија, г-дин Еди Рама

Средба на претседателот на Македонско друштво” Илинден”- Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај со рабинот на Република Албанија и Балканот, во Израел рабин Уоел Каплан и

претседателот на Еврејска Заедница во Република

Албанија, г-дин Сокол Пира

Македонија, Албанија и Косово за меѓугранично заштитено подрачје Шар

Планина – Кораб – Дешат

Македонија примена во Советот за човекови права

на ОН

Значаен македонски проект за албанската владетелска

фамилија Кастриоти

Промоција

Благодарница “Илинден”

БЕСПЛАТЕН

ПРИМЕРОК

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на 06.11.2013 година оствари средба со претседателот на Владата на Република Албанија г-дин Еди Рама

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Со почит Македонско друштво “Илинден” –Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај

Почитувани Македонци во Република Албанија, Во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и во лично име, Ви ја честитаме Новата Година 2013 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Исто така, го честитаме и големиот верски празник Божик, на сите христијански верници.

Page 2: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

2

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се сретна со претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама. На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, при што заедничка констатација е дека политичките односи бележат позитивен

тренд на развој, со континуиран и плоден политички дијалог, и дека во иднина двете земји треба да се фокусираат на можностите за унапредување и продлабочување на економската соработка. „Политичките односи меѓу нашите земји достигнаа ниво кое ни овозможува целосно да се фокусираме на она што е најзначајно за благосостојбата на нашите граѓани, тоа е економијата, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, туризмот итн. Тоа се областите во кои треба да ја насочиме целокупната наша енергија”, истакна на средбата претседателот Иванов, притоа посочувајќи ја потребата од што побрзо завршувањето на Јадранско-јонската магистрала и нејзино поврзување со Коридорот 8.

Претседателот Иванов ја поздрави соработката меѓу двете влади и изрази надеж за нејзино интензивирање, а со цел конкретизирање на проектите од заеднички интерес. Во однос на заедничката стратешка цел - членството во Европската унија, на средбата беше потврдена заемната поддршка со цел побрза интеграција на двете земји во ЕУ. Во однос на НАТО, претседателот на албанската Влада, г-дин Рама ја реафирмираше заложбата на Република Албанија за полноправно членство на Република Македонија во Алијансата. Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната поддршка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Двајцата соговорници изразија подготвеност за унапредување на добрососедските односи и јакнење на регионалната соработка.

Македонија и Албанија имаат добри билатерални односи и обострана желба тие да се унапредуваат особено во делот на економската сфера, во интерес на двете земји и целиот регион, оценија македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Еди Рама на средба во Скопјe, Република Македонија на 06.11.2013 година. Македонија останува ангажирана за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. Веруваме дека сите предизвици може да бидат надминати со конструктувна политика во духот на европската соработка и духот на доброседството, а врз основа на принципите на почитување на суверинетитетот територијалниот интегритет и мирно решавање на предизвиците во отворен дијалог, рече македонскиот премиер. Заемно било оценето дека постои континуитет на политичкиот дијалог, меѓусебно почитување и доверба и добра соработка на

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ НА 06.11.2013 ГОДИНА ОСТВАРИ СРЕДБА СО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Г-ДИН ЕДИ РАМА

ГРУЕВСКИ-РАМА: БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ ДОБРИ, ПРИОРИТЕТ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

Page 3: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

3

регионален план. На средбата акцент бил ставен на потребата од интензивирање и унапредување на економската соработка во патната и железничката инфраструктура, како и од повеќе проекти од областа на енергетското поврзување. Премиерот на Република Албанија истакна дека односите со Македонија имаат посебно значење за нив, исто, како што рече, и територијалниот интегритет на Македонија кој е од есенцијално значење за доброто движење на целиот регион кон Европската унија. Албанија е заинтересирана за интензивни односи со соседите во случајот со Македонија во сите области. Подготвени сме за да отвориме нови патеки на соработка да ја зајакнеме еконмската соработка со конкретни идеи и проекти за заеднички развој, рече Рама. Запрашан за оценка на правата на Албанците во Македонија, истакна дека тие се ангажирани во сите политички процеси, организирани и застапени и во Владата. Битно е, рече, Охридскиот договор да биде појдовна точка во сиот внатрешен политички

процес во Македонија и да се импелемнтира како за одење напред и успех на Македонија, што Албанија од срце го поддржува. Не прецизира што Албанија ќе направи за унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Албанија ќе направи се за да го подобри животот на секој кој живее во земјата. Тоа е ангажман кој што Албанија го имала, го има и ќе го има без разлика која партија е на власт, истакна Рама одговарајќи на новинарски прашања. Тој вели дека сите треба да сфатат дека иднината е заедничка и оти така треба да се гради во целиот регион. Сите треба да бидеме смирени, разумни и свесни за политичките

процеси што ги налага времето. Секој израз на нетолерантност и насилство ги води процесите назад, а не напред. Заедничкиот пат е утврден. Ние поддржуваме интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО и поддржувачи сме на идејата дека заедничката иднина на овој регион во кој многу доцниме и сме се страдале низ генерации од разни конфликти и недоразбирања, е под небото на обединета Европа во која границите стануваат небитни кога се работи за обединување на сила, енергија, проекти и идеи за да се гарантира благосостојбата за сите подеднакво, рече Рама.

Македонскиот премиер Никола Груевски смета дека дијалогот е начинот по кој може да се дојде до решенија за сите проблеми. Меѓуетничките односи ги оцени како стабилни со отворен дијалог за сите предизвици. Рама не даде одговор на прашањето дали Албанија во догледно време ќе ја признае Република Македонија под уставното име во интерес на добрососедските односи. Кусо порача дека Албанија дава поддршка на секое решение во однос на спорот за името со Грција. Убедени сме дека тој може да се реши и оти со добра волја тоа е прашање кое што е надминливо, рече албанскиот премиер. Запрашан за коментар за неодамнешната средба со грчкиот претседател Папуљас во Тирана, Рама истакна дека не дошол овде да пренесува пораки. Дојдов, рече, како сосед и пријател да разговараме отворено онака како што тоа и го направивме. Албанскиот премиер престојува во посета на Македонија по покана на македонскиот премиер Никола Груевски.

Page 4: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

4

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ДИН ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ НА 06.11.2013

ГОДИНА СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г-ДИН ЕДИ РАМА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Трајко Вељаноски, му ја честиташе изборната победа на својот соговорник, посакувајќи му успешна работа во периодот што следи и истакна дека развивањето на добрососедски односи е еден од приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, а со остварувањето на средби од највисоко ниво, постојано се зголемува квалитетот на заедничките пријателски односи.

Претседателот Вељаноски се осврна и на соработката меѓу двата Парламента, која се одвива на сите нивоа и дополни дека Собранието на Република Македонија е подготвено да пренесе искуства по однос на донесувањето на закони поврзани со интегративниот процес на Република Македонија. Во овој дел и двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка дава голем придонес во билатералните односи, а во исто време ја јакне целокупната стабилност на регионот и неговите евроатлантски перспективи. Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама, потенцираше дека за Република

Албанија е многу значајно да има одлични односи со Република Македонија, како и дека Република Албанија била, е и ќе биде сосед кој посакува интеграција на Република Македонија.

На средбата стана збор и за членство на Република Македонија во НАТО, при што претседателот на Владата на Република Албанија истакна дека Република Албанија целосно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, бидејќи зајакнувањето и стабилноста на Република Македонија се значајни за стабилноста и сигурноста на регионот. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Вељаноски, истакна дека дополнителна вредност во меѓусебните односи помеѓу двете држави и нивните граѓани би дала позитивна одлука на Владата на Република Албанија да го признае уставното име на Република Македонија. На средбата стана збор и за економската соработка, двајцата соговорници се согласија дека трeба да се зголеми активноста во изработка на заеднички проекти на полето на инфраструктурата и енергетиката на двете држави. Исто така, се разговараше и за образованието како сегмент во кој мора повеќе да се инвестира за доброто на идните генерации во двете држави. Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама, истакна дека е согласен за поголемо интензивирање на регионалната соработка, каде што сите држави од соседството ќе соработуваат за побрза изградба на патната и енергетската инфраструктура со што ќе се зголеми економскиот раст во регионот.

Page 5: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

5

Претседателот на Македонско друштво” Илинден”- Тирана г-дин Никола Ѓурѓај на 07. 11. 2013 година, во просторите на Хотел Гранд во Тирана, оствари работна средба со рабинот на Република Албанија и Балканот, во Израел рабинот Уоел Каплан и претседателот на Еврејска Заедница во Република Албанија г-дин Сокол Пира. Во таа пригода, претседателот на Македонско друштво” Илинден”- Тирана г-дин Никола Ѓурѓај на рабинот Уоел Каплан му ја честита функцијата рабин на Република Албанија, како и признавањето на Еврејската заедница во Република Албанија од страна на албанската Влада. При тоа, била нагласена потребата од соработка меѓу македонското национално малцинство во Република Албанија и Еврејска Заедница во Република Албанија, во интерес на граѓаните и за доброто на двете заедници. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана,

го информира рабинот за состојбата на македонското национално малцинство во Република Албанија, а во контекст на тоа рабинот нагласи дека ќе направи напори за подобрувањето на општите права на малциствата во Република Албанија.

БЛАГОДАРНИЦА “ИЛИНДЕН”

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“ -Тирана г-дин Никола Ѓурѓај при посетата во Латзен – Хановер – Сојузна Република Германија му додели благодарница “Илинден” на Македонски Клуб “Илинден“ – Лазен –Хановер Сојузна Република Германија. Во име на одличната соработка меѓу двете друштва и за особен придонес за подобрувањена состојбите кај македонското национално малциство во Лазен –Хановер,Сојузна Република Германија, благодарницата ја прими претседателот на Македонски Клуб “Илинден“ – Лазен – Хановер, г-дин Живко Лазаров.

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО” ИЛИНДЕН”- ТИРАНА, Г-ДИН НИКОЛА ЃУРЃАЈ СО РАБИНОТ НА

РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА И БАЛКАНОТ, ВО ИЗРАЕЛ РАБИН УОЕЛ КАПЛАН И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА ВО

РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г-ДИН СОКОЛ ПИРА

Page 6: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

6

Никола Беровски 1923 - 1993

Министерот за правда г-дин Насип Начо, нa 11. 11. 2013 година оствари средба со амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојан Карајанов. Амбасадорот Карајанов му честиташе на министерот Начо за новата функција, истакнувајќи дека многу добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина. Во оваа прва средба, министерот Начо ги претстави приоритетите и целите на Министерството за правда и превземените реформи во правосудниот систем и размена на искуства во областа на правосудството меѓу двете земји. Се говорело и за размена на искуства помеѓу двете земји во областа на правосудството. Министерот Начо и амбасадорот Карајанов, исто така, зборувале и за продлабочување на размените во областа на правна експертиза, со посебен фокус на процесот на европска интеграција. Двајцата соговорници го изразиле ставот дека добивањето на кандидатски статус, оваа година, е достапен за Албанија, но исто така, истакнаа важноста да се продолжи со реформите, особено во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

ПРОМОЦИЈА

По повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија, во Националниот историски музеј во Тирана, на 21 ноември 2013 год., со почеток во 17.30 часот се одржи промоција на препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од приредувачот Фоте Никола.. Речникот на Беровски

содржи над 10 илјади зборови. Со финансиска подршка од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, речникот е испечатен во 500 примероци. На тој начин, секој примерок беше подаруван и е бесплатен, со што се овозможува негова широка достапност до сите Македонци во Република Албанија. За препечатување на овој речник, приредувачот г-дин Фоте Никола, претходно аплицирал во неколку иституци во Република Албанија, но од таму добивал одговор дека нема средства за таков проект, иако неговата важност за македонското население во Албанија е огромна. Меѓу присутните беа г-ѓа Драгица Беровски ќерка на Никола Беровски, синот на Стерјо Спасе г-дин Илинден Спасе, амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Стојан Карајанов, потоа амбасадорот на Република Црна Гора во Тирана г-дин Ферхат Диноша, делегација на Македонско друштво “Илинден”- Тирана предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и делегација на Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо предводено од претседателот г-дин Ули Халилај, секретарот на Фондацијата Никола Беровски г-ѓа Арјана Шутку.

Во Тирана беше промовирано препечатеното издание на Македонско – Албанскиот речник од Никола Беровски

Министрите за животна средина и просторно планирање на Македонија Абдулаќим Адеми, неговиот колега од Република Албанија Лефтер Кока и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Шпатим Руди на Попова Шапка го одржаа вториот трилатерален министерски состанок во врска со предложеното меѓугранично заштитено

МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО ЗА МЕЃУГРАНИЧНО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ ШАР ПЛАНИНА – КОРАБ – ДЕШАТ

Page 7: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

7

подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат. Министерот Адеми нагласи дека станува збор за заеднички проект за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје. Албанија и Косово од своја страна имаат веќе прогласено дел од територијата за вакво подрачје, останува од македонска страна тоа да се направи во соработка со УНЕП, невладините организации и локалните самоуправи и нашето Министерство. Имаме изградено заеднички став дека дел од Шар Планина заслужува да се заштити со што ќе се придонесе во заштита на природата, но

и за економски развој на подрачјето со развој на еко-туризмот и промоцијата на природното и културното наследство, изјави Адеми, изразувајќи надеж дека многу скоро ќе достават информација до Владата за отпочнување на постапка за прогласување на Шара како национален парк. Во однос на ставот на месното население, Адеми рече дека во соработка со германската невладина организација „Еуронатур“ биле организирани повеќе средби низ местата на живеење на Шара и оти ставот на жителите полека се менува во прилог на идејата за прогласување заштитено подрачје бидејќи со тоа нема да им се нанесе штета на користењето на имотите и движењето на месните жители. Природата во нашите земји е прекрасна и со вакви проекти се придонесува за добрососедски односи. Со прогласувањето на заштитена зона и од македонска страна се проширува регионот со кој се заштитува оваа прекрасна природа, а ние заеднички ги делиме водните ресурси, шумите и другите елементи од животната средина, така што заеднички треба да придонесеме и за нивна заштита, рече министерот Кока. Според Шпатим Руди ова што го имаме е подарок од природата и треба да работиме на негова заштита. Од наша страна делот од Шара е прогласен за Национален парк, со што ние ги исполнуваме и европските стандарди кои предвидуваат дека 10 проценти од територијата треба да биде заштитено подрачје. Се надевам дека овој позитивен пример ќе се операционализира и во Македонија, а покрај заштитата на природното богатство ќе се овозможи и развој на еколошкиот и планинскиот туризам со што и жителите ќе имаат корист, рече Руди. Пјер Карло Сандеј, претставник на УНЕП, канцеларија на ОН во Виена истакна дека втората конференција е најдобро организирана досега бидејќи има министри и заменик-министер од сите земји, но и други надлежни фактори кои можат да придонесат во заштитата на природата. Се надевам дека и македонската страна ќе го прогласи својот дел за национален парк, но и ќе најде вистинска рамнотежа помеѓу заштитата на биодиверзитетот и природата и економскиот развој на регионот, рече Сандеј. За Љупчо Меловски од Македонско еколошко друштво меѓуграничната соработка со прогласување на трансгранично заштитено подрачје помеѓу Македонија, Албанија и Косово може да придонесе за ефикасна заштита на биодиверзитетот бидејќи на големите цицачи им е потребен поголем простор за живот, а токму овој триаголник Шара – Кораб – Дешат е единственото место каде што опстојува балканскиот рис. Ние добиваме значајна поддршка за нашата иницијатива од меѓународната заедница како што е Канцеларијата на УНЕП од Виена, така и германската невладина организација „Еуронатур“ и се надевам дека со секој ваков собир на високо ниво сме се поблиску до прогласување на Шара за национален парк, рече Меловски.

Page 8: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

8

На 12 ноември 2013 година во Генералното собрание на ОН Република Македонија беше примена за членка на Советот за човекови права на ОН. Македонската кандидатура доби поддршка од 177 држави членки на ОН и го пополни едното од двете испразнети места резервирани за државите од Источноевропската група, членки на ОН. Македонија во следните три години ќе има можност да учествува во работата на водечкото светско тело за заштита и унапредување на човековите права. Советот за човекови права има 47 членки кои во соработка со високиот комесар за човекови права разгледуваат извештаи за состојбите во државите членки можат да отворат дискусија за одредени прашања и да побараат испраќање на специјален известувач во одредена земја. Македонското Министерство за надворешни работи го постави членството во Советот за

човекови права како еден од своите врвни приоритети во мултилатералата. При својата неодамнешна посета на ОН претседателот на Владата г-дин Никола Груевски и министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски во своите средби работеа за промовирање на македонската кандидатура. Во пресрет на денешното гласање Организацијата ОН-Воч со седиште во Женева од каде работи Советот за човекови права ја прогласи Македонија за една од четирите најдобро подготвени кандидат за членство во овој Совет заедно со Британија, Франција и Мексико. Избрани беа и Кина, Куба и Русија. На 12 ноември 2013 година во Генералното собрание на ОН Република Македонија беше примена за членка на Советот за човекови права на ОН. Македонската кандидатура доби поддршка од 177 држави членки на ОН и го пополни едното од двете испразнети места резервирани за државите од Источноевропската група, членки на ОН. Македонија во следните три години ќе има можност да учествува во работата на водечкото светско тело за заштита и унапредување на човековите права. Советот за човекови права има 47 членки кои во соработка со високиот комесар за човекови права разгледуваат извештаи за состојбите во државите членки можат да отворат дискусија за одредени прашања и да побараат испраќање на специјален известувач во одредена земја. Македонското Министерство за надворешни работи го постави членството во Советот за човекови права како еден од своите врвни приоритети во мултилатералата. При својата неодамнешна посета на ОН претседателот на Владата г-дин Никола Груевски и министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски во своите средби работеа за промовирање на македонската кандидатура. Во пресрет на денешното гласање Организацијата ОН-Воч со седиште во Женева од каде работи Советот за човекови права ја прогласи Македонија за една од четирите најдобро подготвени кандидат за членство во овој Совет заедно со Британија, Франција и Мексико. Избрани беа и Кина, Куба и Русија.

МАКЕДОНИЈА ПРИМЕНА ВО СОВЕТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН

Неодамна, во издание на издавачката куќа „МЕНОРА“ од Скопје излезе едно исклучително издание потпишано од академик Ѓорги Поп-Атанасов, под наслов „ПОМЕНИКОТ НА АЛБАНСКИОТ ПИРГ `СВ ЃОРГИ` ВО СВЕТА ГОРА“. Фактот што оваа книга е приредена од истакнат македонски научник, а се однесува на значаен средновековен документ односен на една албанска фамилија, ни дава право подетално да го запознаеме и македонскиот и албанскиот читател со ова исклучително издание. Во обраќањето кон читателот, акад. Поп-Атанасов не информира дека од трите словенски манастири на Света Гора – Хилендарскиот „Воведение Богородично“, Зографскиот „Св. Ѓорги“ и Рускиот „Св. Пантелејмон“, манастирот Хилендар има најбогата библиотека. Воедно приредувачот појаснува дека во спомнатата библиотека се чуваат, во одделни збирки: околу 1000 словенски ракописни книги, кои настанале во периодот од XII до XIX век, над 150 целосно или

ЗНАЧАЕН МАКЕДОНСКИ ПРОЕКТ ЗА АЛБАНСКАТА ВЛАДЕТЕЛСКА ФАМИЛИЈА КАСТРИОТИ

Page 9: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

9

делумно зачувани грчки ракописи од XII - XIX век, како и повеќе стотици стари печатени изданија коишто го зафаќаат периодот од XV до XVIII век. Освен тоа, голем дел од ракописното наследство на Хилендарскиот манастир во минатото е однесен во странски архиви, музеи и библиотеки. „Само да споменеме дека од Хилендарскиот манастир потекнуваат Хилендарските листови од X век, Григоровичевиот паримејник од XII в. (најстар препис на словенскиот превод на паримејникот), Мирославовото (околу 1180- 1190 год.) и Вукановото евангелие (90-те години на XII век), најстари српски книжевни споменици,

пишувани врз основа на македонски антиграфи, и многу други значајни старословенски ракописи“, пишува академик Поп-Атанасов. Во еден дел од ракописите на Хилендарскиот манастир се зачувани литературни дела на истакнати средновековни писатели: преписи од слова на Климент Охридски и Јоан Егзарх, преписи од Учителното евангелие на Константин Презвитер, препис од делото на Црноризец Храбар „За буквите“ и др. Она што, според академик Поп-Атанасов е значајно за одбележување е тоа што меѓу ракописите на Хилендарскиот манастир има и повеќе поменици, коишто настанале во периодот од XVI до XIX век и кои содржат богат историски и ономастички материјал, којшто е од особена важност за историјата на балканските народи. Меѓутоа, со мали исклучоци, овие книжевни споменици останале непроучени, иако претставуваат богат извор за научни истражувања од повеќе аспекти. Непроучен останал и најстариот поменик од ракописната збирка на Хилендарскиот манастир –Поменикот на албанскиот пирг „Св. Ѓорги“ од XVI - XVIII в. Во науката до скоро се мислеше дека Албанскиот пирг „Св. Ѓорги“ е идентичен со изградениот во времето на кралот Милутин околу 1300 година пирг, со параклис посветен на истиот светец, во составот на манстирските одбранбени ѕидови југозападно од соборната црква. Меѓутоа, денес веќе се знае, дека Албанскиот пирг, кој му припаѓал на Хилендарскиот манастир, фактички се наоѓал источно од Хилендар, на половина час пат од манастирот во насока на скитот „Св. Троица“ - Спасова Вода. Од него се гледало хилендарското пристаниште со пиргот „Св. Василиј“ - Хрусија. Во 1428 година Иван Кастриот го зел под закуп за 60 флорини овој хилендарски пирг, заедно со лозјата и маслиновите насади, поради што е наречен Албански пирг. Денес има само урнатини од пиргот и неговите одбранбени ѕидови. Албанската владетелска фамилија Кастриоти одржувала блиски врски со Хилендарскиот манастир и со неговото монашко братство. Со своја грамота од 1426 год. Иван Кастриот со синовите Станиш, Репош, Константин и Ѓорги му приложува на Хилендар две села во Северозападна Македонија – Радостуше (Ростуше) со црквата „Св. Богородица“ и селото Требиште, со што се вбројува меѓу ктиторите на овој светогорски манастир. Неколку години подоцна (околу 1428 год.) Иван кастриот со синовите Репош, Константин и Ѓорги, за паричен надомест од 60 флорини, добиле аделфати5 од страна на Хилендарскиот манастир и право за престој во хилендарскиот пирг „Св. Ѓорги“ до крајот на животот. Во врска со тоа хилендарскиот егумен Атанасиј издал специјален акт кој денес се чува во архивата на Хилендар под бр. 105. Монашкиот живот во Албанскиот пирг продолжил и по смртта на монахот Јов (Иван Кастриот) и неговиот син Репош. За тоа јасно сведочи фактот што за потребите на црковниот живот и богослужението во храмот „Св. Ѓорги“ при овој пирг, биле набавувани и обновувани одделни старословенски ракописи. Пиргот, секако, располагал, со комплет ракописни книги неопходни за извршување на црковното богослужение, коишто подоцна биле пренесени во библиотеката на Хилендарскиот манастир. Во богатата ракописна збирка на овој манастир успеавме да идентификуваме четири ракописи, коишто во минатото му припаѓале на Албаснкиот пирг „Св. Ѓорги“. Освен во овој запис, св. Никола и св. великомаченик Георги се спомнуваат и во посебни молитви упатени до нив, а испишани врз задната корица од ракописот. Тоа, секако, е уште

Page 10: Makedonski vesnik ilinden br 21

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

10

Естела ЃурѓајCтудент на последипломски студии

во Институтот за национална историја во Скопје

Република Македонија

еден знак за поврзаноста на овој ракопис со Албанскиот пирг и со албанската владетелска фамилија Кастриоти. Посебен интерес претставува податокот дека Иван (Јоан) Кастриот се замонашил под името Иов (Јов) и дека починал на 2 мај. Сличен податок, но со означување и на годината на смртта на монахот Иов, наоѓаме во ракопис од збирката на Руската национална библиотека во С. Петербург (Сигн. Q. п. I. No 44) Суштинскиот дел на поменикот започнува на л. 3а, при што се започнува со помен на хилендарските ктитори, меѓу кои, секако, има и ктитори на пиргот „Св. Ѓорги“. Преовладуваат имиња на владетели (цареви, кралеви, кнезови, деспоти) и новните сопруги, еден дел од коишто примиле монашки чин и како монаси односно монахињи живееле до крајот на својот живот. Меѓу споменатите ктитори има имиња на византиски, српски, бугарски, грузиски и влашки владетели, како што се Стефан Немања (Симеон монах), Стефан Немањиќ Првовенчани (Симон монах), кралот Стефан Урош, драмскиот деспот Војихна, кнезот Лазар, деспот Стефан Лазаревиќ, деспот Ѓорги Бранковиќ, бугарскиот цар Иван Асен, влашките војводи Јован Стефан и Јован Радул и др. Меѓу хилендарските ктитори се спомнати и Иван Кастриот и неговиот син Репош. Репош Кастриот, како и неговиот татко Иван Кастриот, го искористил својот аделфат и својот живот го завршил на Света Гора. Погребан е до соборниот храм на Хилендарскиот манастир; неговиот гроб е зачуван, како и натписот над него: „Ïr5stavi se rab! Áo/Yi Ñ5po[6 douFilirisk³i # Š~xŠ ~cŠ ~l Š ~qŠ (6939=1431)“ Завршувајќи го нашето претставување на ова исклучително важно издание, како за македонската, така и за албанската јавност, го честитаме потфатот на приредувачот академик Ѓорги Поп-Атанасов и посакуваме истото да добие и верзија на албански јазик со што ќе стане достапно за користење и во албанското јазично подрачје.

Прием организирано од амбасадорот на Република Македонија во Тирана Република Албанија г-дин Стојан Карајанов за 20 години воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија, гостин Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Трајко Вељаноски

Page 11: Makedonski vesnik ilinden br 21

Издавач: Македонско друштво “Илинден” – ТиранаГлавен и одговорен уредник: Никола ЃурѓајЗаменик на главен и одговорен уредник: Ерлин МазникуЛектура: Валентина НесторКомпјутерска обработка: Тримакс - ТиранаПечати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД “Илинден “- Тирана и редакцијатаРедакција:

1. Ариана Шутку – Тирана 2. Ернеста Дука – Драч3. Ули Халилај – Голо Брдо4. Љубе Богдановски – Горно Крчиште

Контакт:

0692401778 АЛ 0038971946391 МК Адреса: ул. „Михал Грамено“ 183 - Тирана, Албанијае-mail: [email protected] Web: www.ilinden-tirana.com

Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана

IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK

SWIFT:NCBAALTX020

IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR

SWIFT:NCBAALTX

VESNIK ILINDENДЕКЕМВРИ 2013 / ЈАНУАРИ 2014 Година

5. Алдана Лоровска – Врбник6. Бесим Мемишај – Гора7. Ѓерѓи Тeрпо - Мала Преспа8. Брунилда Абдиај - Елбасан9. Стојанка Палко - Поградец

Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден

Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: [email protected]

РЕКЛАМНИ ЦЕНИ ЗА МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Задна страна (целосна) – 200 evra Внатрешна страна (целосна) – 150 evra Било која целосна страница Внатре – 100 evra 1/2 страница (Верикално/хоризонтално) – 50 evra 1/4 страница (Верикално/хоризонтално) – 30 evraВе молиме контактирајте, ќе ни биде задоволство да организираме прифатлив рекламен пакет за вашите потреби. Сите реклами се предмет на одобрување од страна на редакцијата на Македонски Весник Илинден, кој го задржува правото да ja одбие или да го откажете било која реклама во секое време.

Page 12: Makedonski vesnik ilinden br 21

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНАSHOQATA MAQEDONASE „ILINDEN“ TIRAN{

MACEDONIAN ASSOCIATION „ILINDEN“ - TIRANA

www.ilinden-tirana.com

Отсега можете да нè следите на интернет порталот