1

Манифест на #ДвижењеБојкотирам · 2019-11-19 · слобода и владеење на правото. Имајќи ги во предвид повредите

  • Upload
    others

  • View
    18

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Манифест на #ДвижењеБојкотирам · 2019-11-19 · слобода и владеење на правото. Имајќи ги во предвид повредите

Манифест на #ДвижењеБојкотирам

Ние Македонците,по род,по историја,по Александар,по Самоил,по Гоце,по Ченто,по Ченто,по инает…

… сметаме дека секој човек од раѓање добива одредени неотуѓиви права: право на сопствената личност, идентитет, слобода и право на среќа; и дека за гарантирање на овие права за сите подеднакво, луѓето формираат власт која својот легитимитет го црпи од согласноста на народот да биде праведно владеен врз основа на почитување на тие неотуѓиви права.

Кога една власт не работи за да ги гарантира овие основни човекови права, туку станува Кога една власт не работи за да ги гарантира овие основни човекови права, туку станува репресивна и самоволна, народот има право, обврска и должност да ја промени и отповика таквата власт; и да воведе нова власт формирана врз принципите на слобода и владеење на правото.

Имајќи ги во предвид повредите на нашите основни и неотуѓиви права, од власт донесена Имајќи ги во предвид повредите на нашите основни и неотуѓиви права, од власт донесена со недемократски, незаконски и репресивни методи, ги повикуваме сите наши сограѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност, да ни се придружат на движењето кое за свои основни цели ги има:

* поништување на договорот од Преспа, кој нè тера да се откажеме од нашето име, идентитет и историја;* поништување на договорот за „добрососедство“ со Бугарија, кој ни го * поништување на договорот за „добрососедство“ со Бугарија, кој ни го проблематизира јазикот, идентитетот и културата и ни наложува историски ревизионизам;* поништување на сите закони и подзаконски акти кои произлегоа од таканаречената „Тиранска платфoрма“, дизајнирани за да гo нарушат векoвниoт сoживoт пoмеѓу Македонците и Албанците;* поништување на сите закони и подзаконски акти произлезени од нелегално * поништување на сите закони и подзаконски акти произлезени од нелегално конституираното Собрание на 27.04.2017 година;

Сите од вас кои можат во секое време, и под секакви околности да се согласат со овие неколку прости позиции, сте добредојдени во движењето.

Да си ја вратиме Македонија!Македонија на оние кои ја сакаат!Независна, достоинствена, автономна и праведна кон сите свои граѓани!

#НикогашСеверна#НикогашСеверна#СамоМакедонија