10
S - WORK СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96

СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

  • Upload
    others

  • View
    25

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

S-WORKСЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96

Page 2: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

2

СТАР

ПРВ КОЛЕКТИВ НА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ НА БАЛКАНОТ

Одбележување на 14-ти септември – Ден на гордоста на сексуалните работници

СТАР - Првиот Колектив на сексуални работници на Балканот, и оваа година се придружува на инцијативата на Global Network of Sex Work Projects - NSWP, за одбележување на 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници. Денес ја славиме моќта на сексуалните работници и сите успеси што нè направија горди како колектив на сексуални работници во изминатата година во нашата земја, особено во време на пандемијата со КОВИД-19. Денес со гордост ги споделуваме нашите успеси.

Со цел да и се даде поддршка на заедницата на сексуални работници за време на пандемијата со КОВИД-19, СТАР иницираше хуманитарна кампања за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија, кои имаат потреба од финансиска помош, како и обезбедување храна и средства за хигиена. СТАР има отворено донациска сметка СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ, преку која се собираат финасиски средства за помош на сексуалните работници кои се наоѓаат во навистина тешка состојба. Со досегашните собрани средства, реализиравме серија хуманитарни акции преку дистрибуирање материјална помош со основни прехрамбени и хигиенски производи помеѓу заедницата на сексуални работници. СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, организираше и хуманитарна онлајн аукција „Акција за реакција“ на донирани дела за помош и поддршка на сексуалните работници во време на криза предизвикана од КОВИД-19. Хуманитарниот онлајн настан кој траеше од 02.06.2020 до 15.06.2020 год., беше организиран по повод одбележувањето на 2-ри  јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, со цел собирање финансиски средства наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, најчесто многудетни и на самохрани мајки.

Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните работници се соочуваат со губење на своите работни места, драстично намалување на клиентите, а со тоа и губење на приходите од кои им зависи езгистеницијата на своите семејства. Сексуалните работници се исклучени од националните економски мерки за помош, и поради тоа помошта од заедницата им е најмногу потребна.

Иницијативата за одбележување на Меѓународен ден за права на сексуалните работници, Гордоста на сексуалните работници, ја покрена NSWP (The Global Network of Sex Work Projects), минатата година. Овој ден има за цел да го слави самоопределувањето и зголемената видливост на заедницата на сексуалните работници и да ги покаже сите достигнувања на меѓународни организации предводени од сексуални работници во изминатата година.

Page 3: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

3

Page 4: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

4

Заедницата на сексуалните работници е една од најстигматизираните популации во општеството кои постојано се изложени на ризик од сексуално насилство, трговија со луѓе, небезбедни работни услови, ХИВ, СПИ и злоупотреба и малтретирање. Повеќето организации кои работат на заштита на правата на сексуални работници како и колективи предводени од самата заедница јасно повикуваат за декриминализација на сексуалната работа.

Повеќето активисти за правата на сексуалните работници тврдат дека декриминализацијата е подобра од легализацијата, бидејќи државната интервенција може да ја отежни сексуалната работа за маргинализираните групи во заедницата на сексуални работници, како што се корисниците на дрога и имигрантите кои не се документирани. Без оглед на напорите да се декриминализира или легализира сексуалната работа, активистите се соочија со сериозно спротивставување од моралистите, конзервативните политичари и институциите за спроведување на законот. Споделуваме дел од митовите поврзани со сексуалните работници и декриминализацијата на сексуалната работа и објаснување зошто се тие погрешни:

Сексуалната работа е неморална Да, можеби е - но не и од причините поради кои мислите. Не е морално погрешно да се продаваат нечии тела; моделите и спортистите го прават тоа цело време и се фалат со тоа. Она што е морално погрешно во врска со сексуалната работа е фактот што криминализацијата на сексуалните работници го прави нивното постоење полно со закани и со кршење на човековите права. Сексуалните работници се постојано изложени на ризик да бидат дискриминирани, малтретирани, па дури и апсени од полицијата и се изложени на ризик од експлоатација и злоупотреба од нивните работодавачи и нивните клиенти.

Сексуалната работа е понижувачка, небезбедна и ги прави сексуалните работници безгласниПрво, дозволете им на сексуалните работници да одлучат дали нивната работа за нив е понижувачка или пак се горди на неа. Што се однесува до недостатокот на безбедност - и воен известувач е небезбеден; рагби играчот е небезбеден; полицаецот е небезбеден. Ние не се залагаме за други небезбедни професии за нивниот недостаток на безбедност; ние се обидуваме да донесеме политики што ќе ги направат побезбедни. Па, зошто сексуалната работа треба да биде различна од другите небезбедни професии?

Што се однесува до она што сексуалните работници се безгласни, може да се каже дека тоа е резултат на политиките кои ја криминализираат сексуалната работа и кои ги оставаат сексуалните работници немоќни во утврдувањето на сопствената реалност. Во Нов Зеланд, каде што сексуалната работа е декриминализирана, според истражувањата направени на медицинскиот факултет Christchurch се открива дека 90% од сексуалните работници веруваат дека со Законот за декриминализација им се гарантираат нивните правни, здравствени и безбедносни права; 64% изјавиле дека им било полесно да ги одбиваат клиентите

Митови поврзани со сексуалните работници и декриминализацијата на сексуалната работа и зошто се тие погрешни

Page 5: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

5

по донесување на Законот за декриминализација; 57% изјавиле дека веруваат дека ставовите на полицијата кон нив се подобриле.

На крајот на краиштата, декриминализацијата ќе им помогне на сексуалните работници да заземаат повеќе јавни места, ќе им овозможи да зборуваат гласно за себе и да имаат право на изразување во законите што се создадени за да управуваат со нивното постоење и работа.

Сексуалните работници шират сексуално преносливи инфекции

Сексуалните работници се изложени на поголем ризик од пренос на СПИ, а во повеќето случаи, живеат со нив, во недостаток на здравствени политики насочени кон нивната благосостојба. На пример, во Индија, Националната организација за контрола на СИДА (NACO) започна програма за дистрибуција на кондоми, насочена кон сексуалните работници во 2008 година - потег што беше критикуван од страна на групите за застапување и помош, што не ги става на располагање информациите за сексуално здравје до сексуалните работници. Тие бараат задолжително здравствено осигурување за сексуалните работници и да се декриминилаизиираат нивните работни места, за да можат јавно да ги добиваат сите потребни социјални, здравствени и правни услуги.

На места каде сексуалната работа е декриминализирана или легализирана, случаите на СПИ се намалуваат. Во Род Ајленд, САД, сексуалната работа била декриминализирана од 2003 до 2009 година - во тој период, „државата забележала големо намалување на силувањата и големо намалување на зачестеноста на гонореја кај мажите и жените“, според студијата на UCLA.

Page 6: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

6

Сексот не е дозволен во Берлинските бордели по нивното повторно отворање

Минатиот месец, борделите во Берлин, Германија, добија дозвола повторно да се отворат, откако беа затворени на неколку месеци поради мерките за ограничување за време на КОВИД-19 пандемијата, но сексот е сè уште целосно забранет.

Наместо тоа, клиентите кои бараат сексуални услуги во германската престолнина ќе мора да се задоволуваат само со еротските масажи се додека регулативите не се олеснат во наредните месеци.

И не се само клиентите фрустрирани од делумното олеснување на мерките. Сексуалните работници кои работат во борделите и тоа како ги чувствуваат негативните последици.

Во еден од Берлинските бордели, каде што Јана (49), сексуална работничка која долги години се занимава со сексуалната работа, дава изјава во однос на ситуацијата во која се наоѓа.

Но, Јана (49) со нетрпение го очекува следниот месец кога повторно ќе може да ја понуди целосната услуга.

„Со нетрпение го очекувам наредниот месец, со надеж дека ќе можам да ги нудам сексуалните услуги во целост, тоа го бараат и моите клиенти“, вели таа.

Сексуалната работа беше забранета во Берлин од средината на март, како дел од мерките за контрола на ширењето на коронавирусот.

Во месец јули, неколку десетици сексуални работнички навооружени со сексуални кукли на надувување организираа протест пред горниот дом на парламентот Бундестаг во Берлин, жалејќи се дека континуираните ограничувања ги спречуваат да заработуваат и да живеат нормално, туркајќи ја се повеќе секс индустријата под земја.

Сексуалната работа е легална и регулирана со закон во Германија, при што 40.000 регистрирани сексуални работници во земјата имаат право на договори за вработување и социјални бенефиции.

Сопственикот на еден од Берлинските бордели, Аурел Јоханес Маркс забележал шест-цифрена загуба поради неколкумесечното затворање и сега треба да инвестира уште повеќе за да се осигура дека установата која ја води ги исполнува условите за работа за време на пандемија.

Page 7: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

7

Задолжително е во сите простории на борделите да се постават табли со напишани правила за однесување, кои строго треба да се почитуват како од вработените, така и од нивните клиенти. Секој што го посетува борделот, треба да пополни формулар со своите лични податоци за контакт, кои потоа се чуваат во затворен плик. Исто така, од нив се бара задолжително носење заштитни маски.

„Сите ги почитуваат мерките за заштита, но сепак едно нешто не функционира како што треба. Клиентите очекуваат дека ќе имаат секс, меѓутоа тоа е забрането тука“, вели Маркс.

Строгите хигиенски прописи ќе мора да се почитуваат и откако повторно ќе дозволат целосни сексуални услуги во Берлин и во други градови во Германија.

Но, Јана не е загрижена за коронавирусот.

„Кога ја работите работата 20 години и имате редовни клиенти, едноставно можете да изберете со кого ќе работите. Воопшто не се плашам“, вели таа.

Page 8: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

8

Донаторска кампања за снимање на Beyond The Red Light – документарен филм за сексуалната работа

Здружени под црвениот чадор, клучен симбол за сексуалните работници, овој документарен филм ги истражува различните степени на конфликти со кои се соочуваат сексуалните работници, истовремено славејќи го активизмот што постои во глобалното движење за правата на сексуалните работници. 

Британската продукциска куќа Aral Sea Productions имаат отпочнато донаторска кампања за собирање средства за снимање на својот документарен филм “Beyond The Red Light“ за глобалното активистичко движење на сексуалните работници, вклучувајќи ја и нашата земја.

По направените интервјуа со неколку организации кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, тимот одлучува да го вклучи СТАР - Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во снимањето на глобалната приказна за секуалната работа во Република Северна Македонија.„Одиме во Северна Македонија во декември за да се сретнеме со СТАР – Првиот колектив на еексуални работници на Балканот. По неколку наши онлјан средби со претседателот на организацијата, уште пред неколку месеци, планираме да поминеме дел од нашето снимање таму. СТАР има за „цел да ги заштити и застапува сексуалните работници во општеството, преку активна соработка со државните институции, граѓанскиот сектор и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво. СТАР ги мобилизира и интегрира сексуалните работници во процесот на градење на капацитети и организацискиот раст и развој“.

„Нашата цел е да следиме три сексуални работници од Северна Македонија, снимајќи јавни настани како што е Маршот на Црвениот чадор, Skopje Red Light District, поп-ап вечери со владини претставници и правење лични интервјуа со членови на заедницата. Ќе посетиме области како Шутка, најголемата ромска општина, каде „сè што е забрането е добро прифатено“. Овој почетен период на снимање ќе ни помогне да ги поставиме темелите за снимањето на остатокот од нашиот документарен филм. Ние сакаме да ви ја покажеме реалноста на маргинализираната заедница која се бори за својата егзистенција. Снимањето на филмот ќе не однесе зад сцената на сексуалната индустрија во Северна Македонија, истакнувајќи ги и борбите и силата на овие лица“.

Page 9: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

9

Зошто ни се потребни парите од донаторската кампањата?

Она што го снимавме досега е финансирано од нашите сопствени џебови, но за да го направиме овој филм пореален, ни треба Вашата помош. Веруваме во нашиот филм и се надеваме дека преку приказните за сексуалните работници кои сме ги запознале, сексуалните работници кои допрва ќе ги сретнеме и нашите сопствени приказни ќе допреме до Вас и Вашата доверба.

Финансирањето што ни е потребно е само за почетокот на нашиот филм со цел да стигнеме во Северна Македонија за да се сретнеме со СТАР - Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и да поминеме две недели таму, што пак ќе ни овозможи да го реализираме нашиот проект и сите наши планирани средби со сексуалните работници со цел да разбереме како изгледаат нивните животи. Со овој документарен филм од Северна Македонија, се надеваме дека ќе ни се отвори можност да аплицираме за поголеми грантови.

Потребното финансирање е за патувањето, опремата, дневните трошоци, осигурувањето, преведувачите, сместувањето и членарината на екипажот.Можете да донирате на следниов линк:

https://greenlit.fund/project/beyond-red-light

Page 10: СЕПТЕМВРИ 2020, БРОЈ 96 · Поради строгите законски ограничувања за време на пандемијата со КОВИД-19, сексуалните

СТАР

ПРВ КОЛЕКТИВ НА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ НА БАЛКАНОТ

Поддржано од :Во издание на: