60
МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Број 125 Март 2020 Нашето членство во НАТО е прашање на денови Фото: Ивана Батев

МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Број 125Март 2020

Нашето членство во НАТО е прашање на денови

Фото: Ивана Батев

Page 2: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, генерал Енцо Вeчиарели, на покана од началникот на

Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, престојуваше во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. Генералот Вечиарели, по пречекот со високи воени почести, оствари средби со своите домаќини, генералот Ѓурчиновски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што следуваа официјални разговори во присуство на делегацијата на ГШ на Р. Италија и персонал од ГШ на Армијата. На средбата, министерката Шекеринскa изрази целосна поддршка за развој на соработката меѓу двете армии, која со членството на Северна Македонија во НАТО, прераснува во сојузничка.

„Полноправното членство во НАТО е прашање на денови, а со тоа ќе се зголемат нашите можности за соработка. Со членството во НАТО добивате нов сојузник на којшто можете да сметате“ – рече министерката Шекеринска.На состанокот во Генералштабот се разговараше на теми поврзани со процесите на интеграција и стандардизација по полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО и беа разгледани можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка и учеството во мировни мисии. За време на официјалните разговори, генералот Ѓурчиновски изрази благодарност за посетата и континуираната поддршка која доаѓа во еден важен период за нас, кога очекуваме полноправно членство во НАТО и кога со полн интензитет се спроведува процесот на трансформација на нашата армија,

Посета на НГШ на Вооружените сили на Италија

Page 3: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

ШТИТ година XII број 125 март 2020

3

Инфо

На прва линијаНашето членство во НАТО е прашање на денови

НАТО-активностиКлучни принципи на функционирањето на НАТО

НАТО-активностиНАТО и животната средина

НАТО-армииВооружените сили на Албанија

ЕдукацијаТеорија за стратегијата ЕдукацијаАдаптирање на воената етика

ВооружувањеАвстриски пиштол „Steyr L-A1“

ВооружувањеХеликоптер CHINA Harbin Z-20

ВооружувањеMRAV „Boxer “ Повеќенаменско оклопно возило 8x8

ВооружувањеБорбен нож за командоси „В-42“

ГлобалКорона вирус Забрана за трговија со диви животни

Незадолжително75 години од ослободувањето на „Аушвиц“ (1)Легендарни бегства од „Логорот на смрттa“

Филм„Зајакот Џоџо“

с о д р ж и н а

6

8

5

1417

32

34

10

20

36

52

со цел потполна интеграција во НАТО-структурата. Генералот Вечиарели истакна дека соработката помеѓу армиите е особено значајна, притоа посочувајќи дека соработката и поддршката ќе продолжат во сите полиња и во формат на сојузници. Воедно, тој изрази уверување дека Република Северна Македонија ќе има значајна улога за безбедноста на регионот и пошироко.Посетата на највисоко ниво од страна на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, која е меѓу најголемите и највлијателни земји на НАТО во Европа, покрај зајакнување на меѓусебните релации на воен план, претставува искажана доверба и признание за достигнатите стандарди во обученоста и интероперабилноста на Армијата на Република Северна Македонија со армиите на земјите-членки на НАТО. Покрај поддршката во областа на военото образование и обуката од страна на ВС на Република Италија, од минатата година двајца наши припадници, штабни офицери, со кои го зголемивме учеството во мисијата УНИФИЛ на Обединетите нации во Либан, извршуваат задачи во состав на италијанскиот контингент.

40

Посета на НГШ на Вооружените сили на Италија

48

56

Page 4: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

ИздавачМинистерство за одбрана

на Република Северна Македонија

Претседател на Издавачкиот советРадмила Шекеринска

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:

Умит Реџепи (ликовно-графички и технички уредник)

Ксенија Митева (лектор)

Кристина Илиевска (новинар, фотографии)

Печати: „СТУДИО НАМПРИНТ“

ДООЕЛ Скопје

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

4

Улогата на медиумите во општеството е евидентна и значајна. Да се биде дел од оваа значајна алатка

во современите демократски општества е голема одговорност и претпоставува објавување на проверени и вистинити информации. За жал, светот, и денес, во 21 век, сè уште се соочува со негативните последици од необјективното медиумско известувањe, од ширењето на лажни вести, од неетичноста и неедуцираноста на новинарите, од пристрасноста и употребата на медиумите за најразлични цели. Ние, како медиум на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, имаме специфичен фокус на известување и информирање на јавноста. Нашата главна цел е објективно да се информира за активностите и настаните поврзани со Армијата и Министерството за одбрана и да објавуваме написи со тематика којашто е поврзана со одбраната и безбедноста, да претставуваме различни видови оружја итн. Се надеваме дека и успеваме во намерата: да информираме, да едуцираме и да промовираме и секогаш се трудиме да бидеме надвор и над дневнополитичките игри и партиски препукувања. Нашата армија отсекогаш го имала највисокиот степен на доверба кај нашиот народ. Нашата армија е нашиот најпрепознатлив амбасадор во светски рамки, преку огромниот придонес во светските мировни мисии, преку постигнатите врвни резултати и успеси, каде и да учествувале нејзините припадници. И, затоа, навистина е тажно кога и Армијата и нејзините припадници ќе се најдат

во фокусот на медиумските и политички игри. Во овој уводник сакам да потсетам на неколку неоспорни факти во врска со Армијата.Факт е дека Армијата со сите исполнети обврски и реформи што ги спроведе даде најголем придонес во придвижувањето на нашата земја до членство во НАТО. Факт е дека интересот за прием во редовите на Армијата во последниот период е зголемен и дека во редовите на Армијата се вработени 600 нови припадници.Факт е дека во последниот период на припадниците на Армијата им беше зголемена платата и им се исплаќаат надоместоци и дневници кои со години наназад не им биле исплаќани.Факт е дека денес сите припадници на Армијата добиваат надомест за станарина и дека има нови чизми и нови униформи за сите.Факт е дека сите во Армијата имаат бенефициран стаж и можност за пензионирање според истите услови како за МВР.Факт е дека после 16 години за прв пат беа подновени инженерските единици на Армијата со нови машини и дека се набавени нови оклопни возила.Факт е дека се исплаќаат јубилејни награди итн.Сето ова се факти, а пред фактите и боговите молчат, и не е фер во овие мигови пред исполнувањето на нашата децениска стратегиска цел – членството во НАТО, да се злоупотребува Армијата, затоа што Армијата била, е, и секогаш ќе биде нашиот најдоблесен актер и промотор на позитивни вредности во општеството.

д-р Жанет Ристоска

Факти

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје

Телефони: 02 3128 276www.mod.gov.mk;

Ставовите содржани во написите на надворешните соработници не ја презентираат официјалната политика

или ставовите на Министерството за одбрана.

Page 5: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

5

Делегација од Армијата и Министерството за одбрана на

Република Северна Македонија, предводена од заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, престојуваше во работна посета во Командата за операции на НАТО (SHAPE). Оваа посета, која се реализираше во периодот од 17 до 20 февруари, е во контекст на подготовката на клучниот персонал од Армијата и Министерството за одбрана, за синхронизација и хармонизација на националото одбранбено планирање со Процесот на одбранбено планирање на НАТО (NDPP).Активноста е реализирана во организација на штабниот елемент на

Сојузничката команда за трансформација за Европа, со презентации и дискусии во доменот на одбранбено планирање на НАТО (NDPP), како и во координација со пристапот и настапот на претставниците од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на следните координативни состаноци.

Во рамките на посетата , генералот Нуредин оствари средба со заменик-началникот на штабот на SHAPE за Партнерскиот директорат, адмиралот Туран Булент, при што беа разменети информации и искуства во доменот на пристапните и интегративните процеси на Република Северна Македонија во НАТО, како и информации за најновите активности и процеси. Генералот Нуредин посочи дека се земаат предвид искуствата

од земјите кои неодамна се приклучија на Алијансата, напоменувајќи дека чекорите околу интегрирањето на Република Северна Македонија во НАТО нема да завршат со приемот во Алијансата, туку интензивно и во континуитет ќе продолжат.

Работна посета на Командата на НАТО

ИнфоМинхенска безбедносна конференцијаМинистерката за одбрана, Радмила

Шекеринска, учествуваше на 53. минхенска безбедносна конференција. За време на престојот во Минхен, министерката Шекеринска присуствуваше на неформалната средба на министри за одбрана организирана од германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.На средбата, министерката Шекеринска имаше можност да се сретне и да поразговара со колегите-министри, со секретарот за одбрана на САД, Марк Еспер, со германската министерка Анегрет Крамп-Каренбауер и со француската министерка Флоренс Парли. Тема на разговоритe беа приоритетите на одбраната и натамошната соработка и сојузништво. Министрите упатија честитки до Шекеринска за членството во НАТО и изразија подготвеност за интензивирање на натамошната соработка. На маргините на Конференцијата, министерката Шекеринска имаше одвоени средби со премиерот Албин Курти и со шефот на

дипломатијата на Косово, Глаук Конјуфча, со парламентарниот потсекретар за безбедносна и одбранбена политика во Министерството за одбрана на Германија Петер Таубер, како и со генералот Куртис Скапароти, поранешен командант на американските сили и на Здружената команда на НАТО за Европа, сега во својство на претставник на меѓународната група „Кохен“, која дава врвни експертизи од областа на одбраната и безбедноста.На средбите стана збор за новиот статус на Северна Македонија како НАТО-членка и за постигнатиот прогрес и меѓусебната соработка во одбраната.Во рамките на Минхенската безбедносна конференција, министерката Шекеринска учествуваше и на тркалезната маса под наслов „Нарушување на перцепциите со цел подобро лидерство”, чија тема беше улогата на жените во политиката. Притоа, министерката Шекеринска истакна дека прогресот во родовата еднаквост не треба да се земе „здраво за готово“, туку е потребна континуирана посветеност.

Министерката рече дека жените во политиката често се изложени на вербално, па дури и на физичко насилство, кои се закана за родовата еднаквост.„Кога првпат влегов во Парламентот, бев само една од седумте жени таму. Ја видов пристрасноста зашто сум жена, зашто бев млада и зашто зборував отворено. Сега имаме парламент со застапеност од околу 40 проценти жени и да не беше системот на квоти кои го воведовме во 2002 година, ова немаше никогаш да биде реалност”, истакна министерката.

Интеграција на воздушниот одбранбен системНачалникот на Генералштабот,

генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, оствари средба со командантот на Здружениот

воздухопловен оперативен центар на јужното крило на НАТО, генерал-потполковник Рубен Гарсија Сервент, во рамки на неговата посета на Република

Северна Македонија. На средбата беше разговарано за интеграцијата на нашиот воздушен одбранбен систем во системот на воздушниот ракетен одбранбен систем на командната и контролна мрежа на НАТО, како и можноста за

обучување, вежби и делегирање на персонал од Армијата во оваа команда. По полноправното членство во НАТО, ќе биде неопходно интегрирање на нашиот воздушен одбранбен систем со командната и контролна мрежа на меѓусебно поврзани системи за следење и откривање на воздухоплови, како и нивно пресретнување, за што е потребна стандардизација на информациските системи во меѓусебна комуникација.Во рамки на посетата, генерал-потполковник Рубен Гарсија Сервент го посети и ВИНГ-от во чиј состав е и единицата за воздушно јавување и известување, каде оствари средби со командантите на овие единици.

Page 6: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

6

На прва линија

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет во

Брисел, заедно со министрите за одбрана на сите земји-членки на НАТО. Во изјава за медиумите, министерката рече дека нашата земја за последен пат учествува како поканета за членство во НАТО, а веќе на следниот состанок ќе биде полноправна членка на НАТО, бидејќи од полноправното членство нè делат само денови. „НАТО значи брзо темпо – во ист ден почнува состанокот на министри за одбрана на Алијансата, ден кога во Република Северна Македонија се објави и официјално Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, со што ние ставаме печат на нашето членство во НАТО. Тоа беше денот кога ја добивме веста дека шпанскиот парламент ја прифати практично брзата трака за ратификација на нашиот протокол“, рече министерката Шекеринска и додаде дека нашето членство во НАТО е навистина прашање на денови, а не на седмици или

на месеци. Шекеринска порача дека на оваа средба покажуваме дека веќе не сме тема на масата, туку дека сме членка на масата и дека нашата одлука и нашиот став се цени, се почитува и влијае на одлуките што ги донесува Алијансата. На првата сесија на Советот, министрите за одбрана на земјите на НАТО разговараа за глобалните безбедносни предизвици, како и за развојот на НАТО-мисиите и операциите на глобално ниво. Состаноците на Северноатлантскиот совет продолжија со сесија посветена на растот на буџетите за одбраната на земјите-членки на Алијансата. На состанокот за одбранбеното

буџетирање, министерката истакна дека средствата за одбраната континуирано растат од 2017 година и дека годинава буџетот е речиси дуплиран во споредба со буџетот за 2017 година. Република Северна Македонија, истакна министерката, е посветена на исполнувањето на препораките на НАТО за издвојување на два проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, што веќе исклучително позитивно влијае на одбранбените капацитети на земјата, а со тоа и на НАТО-алијансата.На средбата на министрите за одбрана на НАТО и партнерите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката порача дека земјата останува посветена на главната цел на оваа мисија – мирен, безбеден и стабилен Авганистан.„Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО, којашто покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања“, рече министерката Шекеринска на вториот ден

Министерката на одбрана за состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел

Нашето членство во НАТО е прашање на денови

Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на

членка на НАТО, којашто покажа дека е можен брз прогрес,

дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања

Page 7: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

од состаноците на Северноатлантскиот совет. Таа, изјавата ја даде пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО. „Зад мене се нашите простории како држава-членка на НАТО-алијансата и очекуваме до втората половина на март, основните подготовки за нашата мисија овде да бидат завршени. Тоа значи дека нашата мисија, и политичкиот и одбранбениот дел, буквално ќе бидат дел од седиштето на НАТО, како што ние, Република Северна Македонија, ќе бидеме и официјално дел од Алијансата“, рече министерката Шекеринска.На маргините на бриселските состаноци, министерката Шекеринска организираше работен ручек со министрите за одбрана на Грција, на Словенија, на Црна Гора, на Хрватска, на Босна и Херцеговина и на Бугарија, на која се заблагодари за поддршката од земјите од регионот во процесот за полноправно членство на земјата во Алијансата. Министрите за одбрана порачаа дека регионот докажа дека има капацитет да биде „извозник“ на мир и стабилност, дека земјите знаат да соработуваат и да придонесуваат кон колективната безбедност на Евроатлантската област.

Средби со министри на земјите-членки на НАТОВо рамките на состанокот на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска оствари повеќе билатерални средби со министри за одбрана на земјите-членки на НАТО. Таа имаше одвоена средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Волис. Министрите Шекеринска и Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, документ кој ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година и се согласија дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии. „Исклучително го цениме фактот што сте посветени и помагате во трансформацијата на нашата армија. Со новиот Договор за одбранбена соработка, нашата одбранбена соработка ќе прерасне во соработка на две сојузнички земји“, рече министерката Шекеринска на средбата. Министерот Волис изрази задоволство што процесот до полноправно членство на нашата земја во НАТО веќе е при крај и посочи дека Обединетото Кралство интензивно го поддржува развојот и реформите во одбраната и армијата. Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната, особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и

реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамките на Алијансата. Од 2017 година, Велика Британија има упатено неколку советници за одбранбени прашања во Министерството, а во моментов, бригадниот генерал Хју Лојд Џонс, дава експертска поддршка на процесот на трансформација на Армијата и на развојот на Лесната пешадиска баталјонска група. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаше одвоена средба и со својата француска колешка, Флоренс Парли. На средбата со француската министерка, министерката Шекеринска информираше за усвојувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието, како еден од последните чекори до полноправно членство. Шекеринска изрази задоволство што одбранбената соработка помеѓу двете земји е со засилен интензитет, особено имајќи ги предвид подготовките за учество на припадници на Армијата во европската тренинг-мисија во Централноафриканската Република, заедно со припадници на вооружените

сили на Франција. Изразувајќи убеденост во успехот на нашата земја, министерката Парли посочи дека покажаната храброст и начинот на водење политика за решавање на проблемите, треба да биде пример за целиот регион. Во контекст на почетокот на преговори за членство во Унијата, министерката Шекеринска побара поддршка од Франција, имајќи предвид дека веќе е претставена новата методологија за пристапни преговори, за која Северна Македонија даде поддршка. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Брисел имаше одвоена средба и со турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. На средбата беше поздравена интензивната соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерката Шекеринска се заблагодари за континуираната поддршка од пријателска Турција за членството во НАТО.Министерот Акар порача дека двете земји имаат исклучително блиски и пријателски односи и упати честитки до министерката за членството на Северна Македонија во НАТО. Министерот Акар потенцираше дека поддршката и соработката ќе продолжат со висок интензитет и на билатерално и на НАТО-ниво. Оваа соработка, рече, претставува придобивка и за двете земји.

7

Page 8: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

8

Во последно време сè повеќе се дискутира за колективната одбрана, која означува дека „безбедноста на секоја земја-

членка зависи од безбедноста на сите земји-членки“ и тука простор за понатамошна дискусија не треба да има. Уште со потпишувањето на Вашингтонскиот договор, основачката повелба на НАТО, сите земји-членки се заложуваат дека ќе го почитуваат овој принцип, споделувајќи ги ризиците и обврските. Од 2002 година се

дефинирани нови форми на соработка помеѓу НАТО и ЕУ на полето на стратешкото партнерство, а од 2003 година се договорија за соработка во областа на кризниот менаџмент, вклучувајќи ги и договорите познати како „Берлин плус“ за употреба на средствата и капацитетите на НАТО во операциите со кои раководи ЕУ. Поради ова, воспоставена е ЕУ-ќелија во Врховниот штаб на сојузничките сили на НАТО во Европа (SHAPE) со седиште во Монс, Белгија, како и претставник на НАТО во

Воениот штаб на ЕУ.Заради постојана координација и консултација, секоја држава-членка има постојана делегација во седиштето на НАТО во Брисел. На чело на делегацијата е постојан цивилен претставник на ниво на амбасадор. Покрај него се наоѓа и воениот претставник (MILREP), а секој од нив има поддршка од персонал (цивилен и воен), кој ја застапува земјата во различни комитети на НАТО.

Клучни принципи на функционирањето на НАТО

Основната цел на Северноатлантската алијанса е да ја брани слободата и безбедноста на своите членки во Европа и во Северна

Америка. Оваа цел истовремено е усогласена со Повелбата на Обединетите нации и за таа цел, Алијансата го користи своето

политичко влијание, а секако и своите големи воени капацитети. Како меѓувладина организација, значајно е што земјите-членки го задржуваат својот полн суверенитет и независноста, а одлуките се

носат заеднички, по пат на консултација

НАТО-активности

Page 9: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

9

НАТО-војската и финансирањетоАлијансата нема постојана војска во класична смисла. Сите држави-членки кои учествуваат во воените активности на НАТО ги ставаат на располагање сопствените сили и средства, создавајќи на тој начин интегрирана воена структура на НАТО. Постојат помали структури кои се одговорни за постојано функционирање на системите за комуникација, воздушна одбрана и воздушен надзор, како и известување, помеѓу кои најзначаен е воздухопловниот систем за предупредување и контрола. Под команда на стратешките команданти, Алијансата обезбедува заедничко планирање, вежби и распоредување на силите, кои им стојат на располагање на земјите-членки.НАТО-силите за реагирање (NATO Response Force – NRF) се во состав на копнената, поморската и воздушната компонента. Тие им стојат на располагање на Северноатлантскиот совет за делување во кризни ситуации. Распоредливи се во рок од 5 до 30 дена, за дејство внатре или надвор од евроатлантскиот простор, како на пример: за извршување на хуманитарни задачи, противтерористички акции, евакуација на цивили, поддршка на дипломатијата итн. Тие можат да делуваат самостојно или во некоја операција како претходница на поголеми сили. За ефективно функционирање на Алијансата, воведен е концептот на Комбинирани здружени сили за посебна намена (CJTF). Овој концепт овозможува флексибилна структура којашто им дозволува на воените команданти да влечат служби од различни земји за да одговорат на конкретните барања во рамките на одредени воени операции. Исто така, на овој начин се овозможува интеграција на земјите кои не се членки на НАТО во мировните операции раководени од НАТО и овозможува воени операции под раководство на ЕУ, користејќи ги средствата и капацитетите на НАТО.Во меѓувреме се зголеми итноста и потребата од приспособување и модернизација, како резултат на опасностите од нови и асиметрични закани од опонентите со користење неконвенционални средства, особено тероризам. Поради ова,, на Самитот во Прага во 2002 година, сојузничките лидери ставија акцент на зајакнувањето на воените капацитети на НАТО, како на пример: стратешки воздушен и поморски транспорт, распоредлива борбена поддршка и борбени единици, команда, контрола и комуникации, набљудување „воздух-земја“, разузнавање, следење и лоцирање на целите, борбена ефективност преку прецизно водена

муниција, потиснување на воздушната одбрана, како и капацитети за хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна одбрана. Особено се планира зголемување на капацитетите за полнење гориво во воздух и капацитетот за прецизно водена муниција.За сето ова да функционира, потребно е финансирање на органите на Алијансата. Државите-членки уплаќаат средства за извршување на редовни активности во заедничкиот буџет, соодветно на договорената формула за распределба на трошоците, одредено според економската моќ на секоја од државите-членки. Со оглед дека НАТО има мал број на постојани команди и штабови, поголемиот дел од финансискиот придонес се остварува индиректно, со воени трошоци на сопствените вооружени сили. Исклучок од ова е оперирањето на флотата на авиони од типот „Боинг“ (Boeing E-3A „Sentry“ Airborne Warning & Control System - AWACS), кои обезбедуваат воздушна команда и контрола, воздушен и поморски надзор и простор за менаџмент на боевото поле на Алијансата. Исто така, државите-членки ги сносат трошоците за своите

ангажирани сили во рамките на НАТО-операциите.

Нуклеарните сили на НАТОПолитиката на НАТО во однос на нуклеарното оружје е една од областите на воената политика каде што дојде до најрадикални промени. За време на Студената војна овие сили ја одиграа централната улога во стратегијата на Алијансата. Постоењето на значителен број нуклеарни сили и изразената волја на сојузничките влади да ги одржат и да размислат за нивната примена, беше креирано со цел да дејствува во насока на одвраќање од каква било форма на агресија.Во денешната стратегија на Алијансата, нуклеарното оружје има многу поредуцирана улога. Секоја земја-членка која поседува нуклеарно оружје значително го намали своето нуклеарно вооружување, а во некои случаи дури и за 80%. Основната цел на преостанатите нуклеарни сили е политичка: да се сочува мирот и да се спречи принуда, а со тоа ризикот од агресија против НАТО би бил неисплатлив и неприфатлив.

Драган Павловски

Page 10: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

10

Иницијална цел на Комитетот за предизвици на модерните општества (CCMS) беше согледувања на проблемите

кои се однесуваат кон заштитата на животната средина и на квалитетот на животот на граѓаните на државите-членки на Алијансата. Како дел на Комитетот посебно функционира една секција, наречена „закани и предизвици“. Активностите на Комитетот во текот на годините ги вклучи и земјите кои не се членки на НАТО, а ги вклучува партнерските држави како што е Евроатлантскиот совет за соработка (EAPC), во кој членуваат 26 земји и други регионални здруженија како Медитеранскиот дијалог и други 20 држави-членки на различни асоцијации. Комитетот се состанува два пати годишно на пленарна седница и еднаш годишно со партнерските држави. На седниците се разгледуваат прашања и се разменуваат знаења и искуства од техничка и политичка природа, од аспекти на социјални прашања

НАТО и животната срединаВо екот на Студената војна и блоковската поделеност во светот,

цивилните авторитети на НАТО, покрај воените аспекти на загрозувањата на националната безбедност на земјите-членки, за прв пат ги согледале и невоените закани. Во 1969 година се формира Комитетот за предизвици на модерните општества

(CCMS)

НАТО-активности

Page 11: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

11

и прашања поврзани со животната средина во цивилниот и во воениот сектор на НАТО. Со Комитетот во доцните седумдесетти години на 20 век НАТО започнува да ја развива политиката за заштита на животната средина со формирање на група експерти составени од владини претставници. Во следните две децении, оваа група разви водичи, најдобри искуства и практики и посочи стандарди за заштита на животната средина. НАТO со КПМО (CCMO) навлезе во полето на проучувањето на еколошката безбедност многу порано отколку самиот термин кој започна да се употребува во деведесеттите години. На почетокот на осумдесеттитте години на 20 век немаше институционална рамка која ги проучуваше соодносот помеѓу безбедноста и животната средина. Министрите за одбрана на НАТО-државите немаа политики и програми поврзани со оваа проблематика. КПМО ги даде почетните насоки според кои армиите би можеле

да го разгледуваат овој сооднос. Почетоците беа со проучувањето на бучавата од млазните авиони и заштитата на околината. Првите семинари беа одржани во 1982 и во 1984 година во Состерберг, Холандија, и беше дискутирано за заштитата на флората и фауната на воените вежбалишта. Со овие релативно кратки чекори КПМО се разви во влијателно тело кое ги надмина очекувањата, дури и на луѓето кои беа почетно инволвирани. Пилот-проектите на КПМО му обезбедија на НАТО да гради добри односи во Северноатлантскиот совет и подоцна во програмата „Партнерство за мир“. Напорите кои КПМО ги правеше во рамките на НАТО, им обезбеди на националните армии да изградат национална и мултинационална програма за заштита и зачувување на животната средина. Никој не би поверувал дека во далечната 1989 година одделни држави од поранешниот Варшавски договор би имале, само за десетина години, програма за заштита на животната средина. Ова беше добар пример во кој малите и големите држави се наоѓаа на иста маса и продуцираа програма за која заеднички интерес имаа сите инволвирани страни. Со процесот на прием на нови членки, последните дваесетина години, значително се трансформира позицијата на КПМО и нејзините активности. Наеднаш сите земји-членки и партнерските нации се интересираат за заштитата на животната средина и ја приспособуваат својата национална легислатива во правец на заштита на животната средина. Јавното мислење се смени до таа мера што воените активности се под постојана „лупа“ во врска со прашањата поврзани со заштитата на животната средина. Целосниот осврт на НАТО кон овие активности се одвиваше во неколку фази.Во првата фаза, која временски се одвиваше во периодот од 1984 година до 1994 година, акцентот беше ставен на обидите за разбирање на импактот кој воените организации го имаа кон животната средина и во креирањето на основните цели и планови. Овие

активности водеа до втората фаза, од 1991 до 1997 година, кога се проучуваа проекти со специфичен интерес, како што беше пилот-студијата за повторно користење на поранешните воени бази. Во овој период многу поранешни членки на Варшавскиот пакт беа повикувани да учествуваат како добредојден партнер. Во неодамнешната трета фаза, од 1997 до 2000 година се покажа зрелоста на Комитетот, што доведе до креирање на политика и доктрини кои беа дел од сите операционални планови на НАТО-мисиите. Еколошката безбеднст сега веќе е прифатена како материја и е од врвен интерес за НАТО и за земјите-партнери во рамките на градењето на цивилно-воените односи, која е во голем контраст со видувањата на воените состојби и погледи за време на осумдесеттите години од минатиот век. Неодамнешниот пилот-проект за системот за менаџирање на животната средина во воениот сектор ни покажува дека НАТО го поддржува професионалнот развој

Со процесот на прием на нови членки во НАТО во последните дваесетина години, значително се трансформира позицијата на

Комитетот за предизвици на модерните општества (CCMS) и неговите активности. Наеднаш сите земји-членки и партнерските нации се

интересираат за заштитата на животната средина и ја приспособуваат својата национална легислатива во правец на заштита на животната

средина

Page 12: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

12

и кариерата на старешините кои се занимаваат со животната средина и кои поддржуваат методологија и менаџирање со стандарди како што е меѓународниот стандард „ISO 14001“, што досега се користеше и беше повеќе својствено за претпријатијата отколку за одбрандбената средина. КПМО му помогна на НАТО и направи огромен напредок во работите на промоцијата на еколошката безбедност и заштитата на животната средина. Уште едно тело кое блиску соработува со КПМО е Комитетот за наука, тело со кое се развиваат и се финансираат програми и проекти за заштита на животната средина. Можеби најзначаен период од досегашното делување е втората фаза, кога КПМО ја одржа својата прва конференција во септември 1991 година во Вилијамсбург,

Вирџинија, САД, и кога за прв пат беше разгледуван Монтреалскиот протокол и улогата на армијата во имплементацијата на истиот. Според овој протокол, беше разгледувано како армијата би можела да помогне во заштитата на озонската обвивка. На овој начин КПМО помогна после самитот на НАТО во Рим 1991 година, да се формира САСС, Северноатлантскиот совет за соработка (NACC).Заштитата на животната средина не е само ресорска обврска туку опфаќа повеќе ресорни комитети во НАТО. Ова го потврдува и семинарот за одбраната, околината и економијата, одржан во јануари 1994 година. Самиот семинар предизвика да се воспостави соработка помеѓу неколку комитети и тела на НАТО-пактот кои заеднички

ги градеа проектите и политиките за заштита на животната средина. Тука е вклучена НАМСА (NAMSA), НАТО-агенција за одржување и набавки, НДР (NDR), НАТО-група за истражување, Комитетот за економија и други ресорски тела и организации. Покрај ова, мора да се напомене дека со формирањето на ЕАСЗ (EAPC), Евроатлантскиот совет за соработка, во 1997 година, кој го наследи САСС (NACC), се прошири на 50 земји-членки, чие поле на интерес се следниве категории: кризен менаџмент; операции за поддршка на мирот; контрола на вооружувањето и прашања поврзани со пролиферацијата на ОМУ; меѓународниот тероризам; цивилно-воена соработка и планирањето во поддршка на цивилните структури во вонредна состојба.Поддршката на Соединетите Американски Држави и програмата „Clearing house“ –програма за научни студии преку софтверски програми поврзани со животната средина, во развојот на единствена база на податоци за состојбата со животната средина, беа првите пишани правила кои воените авторитети ги користеа до донесувањето на Доктрината за животна средина. Посебно во овој период е значајно да се истакне развојот на Програмата за прекугранични еколошки проблеми, која се развиваше со цел да се развие и да се продлабочи меѓународна соработка, процени и превентива на загадувањето од воените гранични инсталации и активности. Иако првично оваа програма беше развиена за Кавкаскиот регион, сепак, набргу најде своја примена и во другите постконфликтни региони во светот.Посебен интерес во развојот на проучувањата кои КПМО ги развиваше во периодот од 1996 до 2002 година беше поврзувањето на меѓународната безбедност и заштитата на животната средина. Посебно значајни се седумте категории на политики кои беа насочени кон заштитата на животната средина, кои би можеле да бидат причината за спречување регионални конфликти: заедничка процена на еколошките закани; рано предупредување; превентивна дипломатија; траен механизам за разрешување на недоразбирањата; кризен менаџмент; посткризен менаџмент. Покрај овие нетрадиционални закани за безбедноста, КПМО се соочува и со други закани како што се: информатичката безбедност и ранливоста на модерните општества;

Page 13: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

13

биотероризмот и екотероризмот над цивилите; заканите за безбедноста предизвикани од меѓународниот криминал, посебно групите кои се занимаваат со трговијата на бело робје.Трансформацијата на ризикот во соработката е иницијатива на УНДП, УНЕП, ОБСЕ, УНЕЦЕ и РЕЦ (UNDP, UNEP, OSCE, NATO, UNECE и REC) за промовирање на мирно разрешување на политичките, економските и социјлните грижи со развивање на посебни механизми за зачувување на природата и околината и на хуманата безбедност.

Доктринарни документи на НАТО за заштита на животната средина Целта на документот „МЦ 469“ („MC 469“ претставува кратенка од Воен комитет 469), кој е од доктринарен карактер, е да воспостави НАТО-

воени принципи и политики за заштита на животната средина. Принципите на овој документ е дефинирање на одговорности на воените команданти на НАТО и на командантите на земјите кои придонесуваат во НАТО-мисиите. Секако, причината за широката применливост е многунационалниот карактер на НАТО-алијансата. Овие принципи задолжително се применуваат од операции предводени од Алијансата и се дел од оперативните наредби. Факторите како успех на мисијата, заштита на силите, намаленото време на подготовка и можните забрани и ограничувања во однос на околината од страна на експертите за заштита на животната средина, се ограничувачки фактори за воените планери, посебно во појдовните фази

на подготовки за мисија. Но, сепак, и под овие услови, НАТО-командантите мора да настојуваат да ги почитуваат и да ги применуваат одредбите и правилата од овој доктринарен документ. Со доктрината, намерата е да се минимизира секој негативен импакт над животната средина од страна на воената организација. Со цел да се постигнат намерите за заштита на животната средина, според документот, потребно е да се применат следниве принципи и политики:1. Општо (генерално). Националните

закони треба секогаш да се почитуваат и да имаат приоритет во однос на меѓународните закони. Во држави и места каде не е можно да се применат стандардите за заштита на животната средина, потребно е да се почитуваат меѓународните закони, правила и регулативи.

2. Одговорност. Кога се раководи

со воени активности, НАТО и мисиите на НАТО имаат колективна одговорност за заштита на животната средина. Но, сепак, секоја нација има и поединечна одговорност за своите постапки и за акциите што ги преземаат силите.

3. Авторитети. Кога не е возможно да се применат принципите, на НАТО-командантите им е дозволено во име на својот авторитет да пропишат процедури и стандарди кои се надополнуваат со доктринарниот документ. Во согласност со земјата-домаќин, тие имаат авторитет да преговараат во поглед на унапредувањето на заштитата на животната средина во својата зона на одговорност.

4. Соработка. Соработката со сите вклучени „играчи“ на теренот кои

доаѓаат од владини, невладини, домашни и меѓународни организации е клучна за да се развие нивото на одговорност кај сите инволвирани субјекти.

5. Размена на информаци. Размената на информации меѓу сите инволвирани субјекти е круцијален фактор за заштита и унапредување на животната средина. Оваа размена на информации придонесува да се изгради доверба помеѓу нациите во мисијата и нацијата која е инволвирана страна (земја-домаќин).

6. Транспарентност. Одговорното лице (НАТО-командантот) треба да биде сигурен дека се применуваат законите на земјата-домаќин и дека домашната јавност е информирана за сите евентуални штети кои се настанати од активности кои силите на НАТО ги изведуваат во земјата-домаќин.

7. Развој на мисии. Со времетраењето на мисијата може во одреден период да дојде и до промена на мисијата која се однесува на заштита на животната средина (научени лекции и искуства).

8. Експертиза за заштита на животната средина. Соработката со експерти од областа на екологијата и заштитата на животната средина е препорачлива и таа треба да се воспостави заради изработка на експертизи и студии за заштита на животната средина.

Ова се основните принципи според кои се водат силите на Алијансата во сите фази од изведувањето на мисиите. Покрај овој документ, посебно е нагласено да се разгледаат СОФА-договорите (SOFA, Status of Force Agreement), меморандумите за разбирање и други документи кои се во корелација со заштитата на животната средина. Покрај ова, треба веднаш да се препознаат и специфичните зони од интерес кои го детерминираат понатамошниот безбеден живот и заштитата на силите. Секој командант мора да ги согледа овие специфики за да ги земе предвид при процесот на планирање. Покрај заштитата на животната средина, тука се работи и за соработка со ЦИМИК-офицерите и со останатите субјекти од околината, како што се културното наследство, ресурсите од посебна важност за населението, локалните инсталации кои со евентуално уништување би направиле техничко-технолошка катастрофа или, пак, евентуално би се загрозил одржливиот развој.

м-р Каменко Аврамовски

Page 14: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

14

Вооружените сили (ВС) на Албанија се составени од: копнена војска, воена морнарица и воено

воздухопловство. Претседателот на државата воедно е и врховен командант на албанските вооружени сили. Во мирно време тој командува со ВС преку премиерот и министерот за одбрана, а за време на војна, на предлог на премиерот, го назначува и го разрешува командантот на ВС. На предлог на премиерот, го именува и го разрешува началникот на Генералштабот, а по предлог на министерот за одбрана, ги назначува и ги разрешува командантите на копнената војска, на воената морнарица и на военото воздухопловство.Генералштабот на ВС е надлежен за развој, менаџирање и координација со

компонентите (здружени состави) од составот на копнената војска, воената морнарица и военото воздухопловство во извршувањето на мисиите.

Копнена војскаВо состав на копнената војска е една бригада со состав: штабна чета, 3 пешадиски баталјони, баталјон за специјални операции, ренџерски баталјон, баталјон за борбена поддршка и центар за обука.Задачи кои ги извршуваат се:

Вооружените сили на Албанија

Албанија е унитарна република со еден

законодавен дом, која се простира на 28.700км2 и во

неа живеат повеќе од 2,8 милиони жители

НАТО-армии

Page 15: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

15

- одржување и развој на капацитети и способности со висока борбена готовност;- обезбедување соодветна обука за справување со евентуални задачи;- помагање на цивилните структури во случаи на несреќи и природни катастрофи, како и поддршка на операции за заштита и спасување;- соработка со други национални институции во областа на нелегална трговија и шверц со луѓе и конвенционално оружје; - обука и учество со контингенти во мировни мисии во рамките на НАТО, ЕУ и ООН.

Воено воздухопловствоВоеното воздухопловство се состои од: две воздухопловни бази, центар за воздушно набљудување, служба на воена метеорологија и чета за воздухопловна поддршка. Тие ги извршуваат следните задачи:- рано предупредување за воздушна опасност;- обука, опремување и оддржување на висока борбена готовност на единиците, системите, опремата, средствата и потребната инфраструктура, за извршување и поддршка на борбени и неборбени операции;- следење на ситуацијата во воздушниот простор на државата, врз основа на прибирање информации од национални и НАТО-извори и нивно обединување и споредување.

Воена морнарицаВоената морнарица се состои од: команда, штабна чета за поддршка, поморска флотила, поморска база, поморски центар за набљудување, нуркачки центар и хидрографска служба, и ги извршуваат следните задачи:- оддржување на борбената готовност на сопствените сили за исполнување на поставените задачи;- одбрана на територијалните води и крајбрежјето, во содејство со останатите структури на ВС и со НАТО структурите;- следење и контрола на поморскиот

сообраќај во територијалните води и крајбрежјето;- учество во операции за пребарување и спасување и хуманитарни операции за помош на населението, во соработка со останатите структури на ВС;- обезбедување услови за хидро-навигација и морски сигнали за безбедно патување во поморската област на Република Албанија;- заштита на морското окружување од загадување и контрола на незаконска трговија со стоки и луѓе;- учество во борбата против асиметрични закани од тероризам и организиран криминал.

Одбранбени прашањаБројот на персонал во армијата во 2011 г. изнесувал 10.000, од кога почнува редуцирање на ниво од 6.800 во 2018 година. Процентот од бруто-домашниот производ (БДП) кој Албанија го издвојува за потребите на армијата бележи опаѓање во период од 2011 г. до 2016 година. Во 2011 г. тој изнесувал 1,53% (197 мил. долари), а во 2016 г. бил 1,1% (131 мил. долари). Оттогаш бележи раст, и во 2018 г. достигнал ниво од 180 милиони долари.Албанските вооружени сили учествуваат во операции за поддршка на мирот, во рамките на НАТО, ООН, ЕУ и коалициски сили против тероризмот од 1996 година. Бројот на учесници во мировни мисии од тогаш до денес постојано се зголемувал (до 2018 г. учество земале вкупно околу 7.000 воен персонал), како и бројот на мисии во кои земале учество. Во моментов контингенти на албанската армија учествуваат во мисиите во Авганистан, во Босна и Херцеговина, на Косово, во Мали, на Егејското Море, како и во состав на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).Со актот за Национална безбедност и придонес кон глобалната безбедност, во тек е реформа на армијата во согласност со стандардите на НАТО, со цел зголемување на професионализмот во ВС и интензивирање на соработката

Албанските вооружени сили учествуваат во операции за поддршка на мирот, во рамките на НАТО, ООН, ЕУ и коалициските сили

против тероризмот од 1996 година. Бројот на учесници во мировни мисии од тогаш до денес постојано се зголемувал. Во моментот

контингенти на албанската армија учествуваат во мисиите во Авганистан, во Босна и Херцеговина, на Косово, во Мали, на

Егејското Море, како и во состав на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG)

Page 16: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

16

со НАТО, со нејзините членки и партнерските земји. Со реформата се очекува и добивање поголема поддршка за исполнување на стандардите и обезбедување придонес во колективната одбрана и мировните мисии предводени од Алијансата. Со долгорочниот и со среднорочниот план за развој на албанските ВС, до 2020 г. е планирано да биде воспоставена новата организациска структура на армијата и да биде извршена ревизија на системот за образование и обука на ВС, со цел подготовка и оспособување на персоналот во согласност со потребите на новата структура.

Модернизација на ВССо модернизацијата на армијата се планира подигнување на квалитетот и создавање на професионални единици, добро обучени, опремени со современо вооружување и системи, интероперабилни со сојузниците и оспособени за извршување различни операции од широк спектар. Модернизацијата на ВС е фокусирана на неколку области:- системи за командување и контрола;- системи за контрола и следење на воздушниот и поморскиот простор;- системи за безбедност на разузнавачките капацитети;- системи и опрема за заштита на силите;

- системи и опрема за индивидуална заштита;- транспортни средства;- вооружување.Модернизацијата на копнените сили се спроведува од аспект на подобрување на сопствените капацитети за учество во операции за поддршка на мирот предводени од НАТО, од ООН, од ЕУ или од други коалиции. Модернизацијата има цел поддршка на приоритетите на единиците, во согласност со стандардите на НАТО, со набавка на:- опрема за одстранување неексплодирани направи за инженериската чета;- средства за тактичка радиокомуникација;- средства за логистичко обезбедување на единиците во теренски услови;- лесно пешадиско оружје и муниција.Модернизацијата на воздухопловните сили обезбедува непречено исполнување на доделените мисии и задачи. Приоритет се дава на набавка на хеликоптери за потребите на воената морнарица, за извршување задачи на национално ниво и за учество во операции предводени од НАТО. Покрај тоа, во завршна фаза е и проект за систем за надгледување на воздушниот простор.Модернизацијата во воената морнарица има цел зголемување на оперативните способности на крајбрежната стража во акциите за барање и спасување и ќе опфаќа набавка на бродови за крајбрежната стража и на поморски систем за надзор, како и формирање интерминистерски оперативен центар за морнарицата.Со модернизација на системите и опремата се планира да се постигне:- стандардизирање на опремата, на техниките и на системите со капацитетите на земјите-членки на НАТО;- интероперабилност на системите и на опремата со структурите на земјите од Алијансата;- развој на оперативните капацитети на армијата за ефикасно извршување на поставените мисии во земјата и во рамките на меѓународни операции.Министерството за одбрана го смета процесот на модернизација за многу важен, од аспект на понатамошното градење капацитети во рамките на НАТО. Овој став на албанското Министерство за одбрана влијаело и на растот на процентот од БДП определен за одбраната последниве години (со тенденција тој да го достигне нивото од зацртаните 2%), како и зголемениот придонес со контингенти за учество во мисии за поддршка на мирот.

М.С.

Page 17: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Многу често терминот „стратегија“ се користи погрешно. Постои тенденција овој термин да биде

употребен како објаснување за план, концепт или за идеја, или за насока во која треба да се продолжи. Стратегијата се наоѓа во сферата на лидерите на висока позиција во државата, армијата, корпорациите и други институции. Некои ја опишувват стратегијата како сеопфатно насочување на моќта за да се контролира одредена ситуација или област за да се постигнат посакуваните цели. Во воените кругови стратегијата се фокусира на користењето на државните елементи на моќ во служба на државните интереси. Во таа смисла, стратегија е употреба на инстументите (елементите) на моќ (дипломатија, информации, војска и економија) за постигнување државни политички цели. Од национална перспектива, државите имаат свои интереси и ќе ги употребат капацитетите за нивно остварување. Интересите се посакувани крајни состојби како што е опстанок, економска благосостојба итн. Национални елементи на моќ се ресурсите кои се користат за промоција и остварување

на националните интереси. Стратегија е пребарување, заштита или напредок на интересите преку употреба на инструментите на моќ. Стратегијата претставува избор или отсликува посакувани идни состојби.Во креирањето на теоријата за стратегијата се идентификувани осум премиси. Прво, стратегијата објаснува како (начин или концепт) лидерите ќе ја користат моќта

(средства и ресурси) кои им се на располагање во контрола на состојбата и територијата за постигнување одредени цели (посакувани состојби) кои ги поддржуваат дравните интереси. Стратегијата дава насока за употреба на моќта за постигнување специфични цели. Ова насочување, по природа, е проактивно. Насочувањето бара да ја контролира околината, но не и да реагира на неа. Стратегијата не е кризен менаџмент, туку негова антитеза. Кризниот менаџмент се појавува кога не постои стратегија или, пак, стратегијата е погрешна. Така, прва премиса на теоријата за стратегија е дека стратегијата е проактивна и превентивна.Втора премиса на теоријата за стратегија е дека стратегистите мора да знаат што треба да се постигне, односно мора да ја знаат крајната посакувана цел која сакаат да ја постигнат. Само со анализа и разбирање на крајната посакувана состојба во контекст на внатрешното и надворешното опкружување стратегистот ќе може да развие соодветни цели кои ќе водат кон остварување на крајната цел.Трета премиса е дека стратегијата

Едукација

Теоријата за стратегија обезбедува правилно

користење на терминот „стратегија“, а користењето на моделот за стратегија,

составен од четири елементи (цели, начини, средства и ризик), обезбедува развој

на остварливи стратегии. Со оваа теорија се создаваат

основи за јасно артикулирање и објективно оценување на

стратегиите

Теорија за стратегијата

Page 18: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

18

мора да идентификува соодветен баланс помеѓу посакуваните цели, начинот на остварување на целите и расположивите ресурси. Под формулација на стратегијата на целите, начините и средствата се подразбира дел од една интегрирана целина и, доколку станува збор за национална, голема стратегија, тогаш и целите, начините и средствата ќе се однесуваат на концепти на национално ниво. Тоа значи дека целите, начините и средствата треба да бидат постојани. Така, крајната посакувана состојба на националната стратегија за безбедност може да биде поддржана со концепти засновани на сите инструменти на моќ и на сите расположиви ресурси. Националната воена стратегија треба да идентификува соодветни крајни цели на армијата кои треба да се реализираат преку национални воени концепти со национални воени ресурси. Нивоата на стратегиите можат да бидат различни, но меѓусебно поврзани поради сеопфатната и хиерархиската природа на стратегијата.Четврта премиса на стратегијата е тоа дека политичката намена треба да

доминира во сите стратегии, односно дека „војанта е само продолжеток на политиката со други средства“. Политичката намена е наведена во политиките кои ги изразуваат владините крајно посакувани цели. Политиките доминираат врз стратегијата затоа што тие ги артикулираат крајните посакувани состојби. Анализата на посакуваната состојба создава и поставува цели кои имаат фокусираност и оправданост за активностите наведени во стратегијата. Петта премиса е дека стратегијата е хиерархиска. Политичкото раководство ја одржува својата контрола и влијание преку хиерархиската природа на државната стратегија. Стратегијата се создава на врвот како последица на националната или „големата“ стратегија. Од националната стратегија за безбедност, министерствата и агенциите развиваат свои потчинети стратегии. За армијата тоа е националната воена стратегија. Како продолжеток, оваа стратегија води кон пониските стратегии соодветни за различни нивоа на војна. Така се наведуваат следните државни нивоа на стратегија: Национална стратегија за безбедност, Национална

воена стратегија, Стратегија на војувалиште. Хиерархијата овозможува долготрајна контрола и делегира одговорност и авторитет. Шестта премиса е дека стратегијата е сеопфатна. Тоа значи дека креаторот на стратегијата може да создава стратегија од одредена перспектива но тој во својата анализа мора да го земе во предвид севкупното стратешко опкружување за да дојде до соодветна стратегија која има своја примена на неговото ниво. Тој мора да поседува опширно познавање за тоа што друго се случува и по кој редослед, како неговиот избор влијае на случувањата над него, под него и на неговото рамниште. Настојувањата на креаторот на стратегијата мора да се целосно интегрирани со настојувањата на претпоставените, еднаквите на себе и потчинетите елементи. Добра стратегија никогаш не се развива во изолација.Седмата премиса е дека стратегијата се развива врз целосна анализа и познавање на стратегиската состојба и опкружување. Анализата треба да ги истакне внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на одредени цели, концепти и ресурси на стратегијата.Осмата премиса е дека ризикот е вроден во сите стратегии и дека најдоброто што може да го понуди стратегијата е балансирање на евентуален неуспех. Под неуспех се подразбира или неостварување на своите поставени цели или давање простор за значајна предност на противникот. Постои модел на „столче со три ногарки“, кој илустрира дека националната безбедност седи врз воената стратегија која е еднаква на посакуваната крајна состојба, плус како таа се спроведува, плус средствта кои ќе се користат, и нагласува дека колку повеќе овие три елементи не се во избалансирана состојба толку постои поголем ризик за неуспех. Во моделот, крајните посакувани состојби се означени како „цели“, начинот на остварувањето на целите е означен како „концепти“ и средствата за поддршка на концептите се означени како „ресурси“. Моделот поседува три прашања кои се поставуваат пред креаторот на стратегијата. Што треба да се направи? Како треба да се направи? Кои средства се потребни за да се направи? Доколку било која од ногарките не е балансирана и не се преземе ништо, тогаш стратегистот мора да прифати одреден ризик. Може да се додаваат ресурси, да се користат други концепти или да се сменат целите. Теоријата е јасна, добрата стратегија мора да поседува соодветен баланс помеѓу целите, концептите и средствата. За правилно разбирање и квалитетна комуникација помеѓу креаторите на стратегиите, елементите на моделот

Page 19: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

19

се дефинирани според следното: Крајната посакувана состојба (целта) објаснува што, всушност, треба да се постигне. Со остварување на целите се придонесува кон постигнување на посакуваната состојба, на рамниште на кое се анализира стратегијата. Целите се изразуваат со глаголи (спречи војна, промовирај регионална стабилност, уништи непријателски сили).Начинот (стратегискиот концепт) објаснува како, всушност, треба да се постигне посакуваната состојба со користење на расположивите средства. Концептот мора да биде доволно јасен и да обезбеди насоки за планирање на извршителите.

Средствата (ресурси) објаснуваат точно кои ресурси треба да се користат во реализацијата на концептите за постигнување на целите. Средствата можат да бидат „опипливи“, како на пример луѓе, опрема, пари, но можат да бидат и храброст, знаење или желба.Ризикот ја објаснува разликата помеѓу тоа што треба да се постигне и средствата кои се достапни за остварување на целите. Во компетативното меѓународно опкружување секогаш постои ризик, затоа што никогаш нема доволно средства и толку добри концепти кои гарантирааат стопроцентен успех. Ризикот се намалува со балансирање на

целите, концептите и ресурсите.При развојот и анализата на одредена стратегија може да дојде до забуна кога станува збор за целите, начинот и средствата. Затоа се препорачува фокусирање на поставувањето прашања. Целите секогаш ќе дадат одговор на прашањето што сака некој да постигне. Концептите објаснуваат како, всушност, ќе се користат ресурсите. Средствата секогаш објаснуваат што ќе се употреби во реализација на концептот. Доколку целта е да „се одбрани државата, тогаш развојот и формирањето на големи вооружани сили е начинот (како) и националните човечки, финснсиски и инфраструктурни капацитети се примери на средствата

(ресурси кои ќе се користат за да се поддржи како ќе биде тоа). Па, така, дипломатијата е начин на промоција на регионалната стабилност (цел), но дипломатите се средство. „Рушењето на владата на непријателот“ е посакувана цел, со водење на одлучувачка битка е начин, а поголема армија е средство. Покрај процената за соодветен баланс на елементите на стратегијата, како алатки за евалуација и оценување на стратегиите, се предлагаат три категории. Соодветна е стратегијата чија реализација ќе доведе до посакуваните резултати. Остварлива е стратегијата чии активности ќе можат да се реализираат со

расположивите средства. Прифатлива е стратегијатата чие последователно чинење е оправдано со значењето на посакуваниот ефект. Некои експерти тврдат дека државите развиваат два различни типови на воени стратегии. Оперативните стратегии се развиваат врз основа на постоечките воени капацитети и способности. Стратегиите за развој на вооружените сили се засноваат на идните закани и цели и не се ограничени со постоечките капацитети. Примарна улога на овие стратегии е да помогнат во одредувањето и во развојот на капацитетите во иднина.

Атанас Паноски

Стратегијата дава насока за употреба на

моќта за постигнување специфични цели.

Ова насочување, по природа, е проактивно.

Насочувањето бара да ја контролира околината,

но не и да реагира на неа. Стратегијата не е кризен менаџмент, туку негова

антитеза

Page 20: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

20

Одговорноста за примена на вооружено насилство не е само институционална, туку и индивидуална. Така, воената

етика започнува од постапките на поединецот-војникот, сè до постапките на целиот колектив, односно воената организација. Колку е поголема војската, толку е посложено да се усогласат етичките норми и вредности меѓу сите нејзини припадници. Воената етика се занимава со однесувањето на конкретна војска на една држава. Меѓутоа, кога државата е дел од сојуз или коалиција, нејзината војска станува дел од уште поголема организација и нејзината етика мора да се вклопи во нејзините рамки. Ова е голем предизвик бидејќи различни култури, вредности и норми секогаш продуцираат варијации околу тоа што е добро, а што не.Војската е организација од витално значење за државата и заедно со сите

други сфери и институции е должна да се приспособува на промените на геополитиката, опкружувањето и вредностите во општеството. Во контекст на приспособување на етиката, евидентен е посебен предизвик: заедничко за сите војски во светот е што тие се социјално и политички конзервативни. Ова се должи на строгата хиерархиска структура и дисциплина каква што не постои во другите институции во државата. Во светската историја е забележано дека и во најхаотичните периоди (на пример,

т.н.среден век во Европа), воената организација била единствениот поим за ред. Затоа не е необично што војските често се инертни кон промени кои се во судир со воспоставените традиции и обичаи. Постојат две општи објаснувања околу концептот за добро наспроти лошо. Првото вели дека луѓето имаат вродена способност да прават разлика за тоа што е добро, а што не. Штом нешто е лошо, веднаш се забележува како лошо. Второто гледиште се повикува на социјалниот аспект на луѓето според

Едукација

Адаптирање на воената етика

Етиката е филозофска дисциплина која се занимава со проучување и вреднување на однесувањето на луѓето за да се дефинира

дали нешто е добро или лошо. Ова е од исклучително значење за легитимноста на постапките на една воена организација, бидејќи мора јасно да се знае дали, кога и како може да се примени воена

сила

Page 21: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

21

кое, дали нешто се смета за добро или лошо, произлегува од колективниот интерес за опстанок и развој на општеството. Затоа во одредена временска рамка различни работи се сметаат за добри или лоши и со текот на времето може да се промени ставот кон нив. Некои општествено прифатливи вредности од пред 100 години денес се крајно неприфатливи, дури и предизвикуваат чудење и исмејување како можело да се сметаат за нормални. Етиката постојано еволуира, така што треба да претпоставиме дека за 100 години одредени норми и вредности што важат денес, во иднина исто така ќе бидат гледани со сосема други очи.За тоа што е етички прифатливо, потребно е да се согласи мноштвото. Колку една социјална група е идеолошки похомогена, толку е полесно да се постигне консензус. Меѓутоа, ова значи дека одлуката за тоа што е

етички прифатливо, а што не е, може да биде донесена без рационална дебата. Затоа хомогените социјални групи обично се конзервативни и доколку бидат предизвикани нивните гледишта, даваат отпор на промените. Консензусот во хомогена група како војската се претвора во единствен и очигледен систем на вредности, неопходен за да опстои организацијата и како таков се пренесува од генерација на генерација како нешто што отсекогаш било. Не

случајно, карактеристично за секоја војска е речникот на изреки и максими кои се вкоренети толку длабоко што и кога се очигледно нерелевантни за времето и понатаму се повторуваат на наредната генерација. Наспроти ова се наоѓа остатокот од општеството кое секогаш е социолошки, идеолошки и културолошки хетерогено и поради тоа нормите и вредностите постојано се предмет на рационална дебата. Во денешните професионални војски, војниците доаѓаат токму од таква средина, за потоа од нив да се бара да се устројат во сосема поинаква. Тоа е само една од причините што

дури и најбогатите држави во светот имаат проблем со заинтересираност за воениот позив. Затоа постои растечки тренд кај современите војски да ја адаптираат воената етика кон етиката која е општествено прифатлива.Влијанието врз етиката на војникот може да биде надворешно и внатрешно. Надворешното влијание е она од општеството. Војниците најчесто се однесуваат онака како што војската е перципирана во општеството. Тие се поставуваат кон своите работни задачи во контекст на тоа како општеството очекува да се однесуваат. Ако државата има стабилен мир и на војската се гледа како на организација која служи да помага на цивилното население при елементарни непогоди и несреќи, така ќе се постават и војниците. Тоа се очекува од нив. Или, со трендот на „мировни мисии“, бидејќи општеството гледа на војниците како на „мировници“ и војниците започнуваат самите така да се гледаат. Но, држави кои се во војна, или каде постои нестабилен мир, општеството гледа на војската како на единствена сила која може да го заштити. Тогаш војниците создаваат сосема друг став кон работните задачи и нивното место во општеството. Тие се гледаат како пожртвувани граѓани кои за доброто на сите го ризикуваат животот за останатите да бидат безбедни. Ова се две сосема различни перцепциина војските кои произлегуваат од заканите и ризиците на нивните држави. Проблемот се јавува кога една држава не е загрозена, а војската ја одржува воинствената култура дека од нејзе зависи опстанокот на граѓаните. Ова води кон милитаризам кој во минатиот век беше својствен за државите во Јужна Америка и се должи на внатрешно влијание врз однесување на војникот. Војската како организација

Во светската историја е забележано дека и во

најхаотичните периоди (на пример, т.н. среден век во

Европа), воената организација била единствениот поим за

ред. Затоа не е необично што војските често се инертни кон

промени кои се во судир со воспоставените традиции и

обичаи

Page 22: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

22

може да има развиено систем на норми и вредности кои се инспирирани единствено од интересот за сопствен опстанок и развој. Тука е вклучено и обликување на имиџот во општеството, кога војската гради перцепција која му укажува на општеството дека тоа не може без нејзе. Поради традиција на зависност од војската таа се изборила за привилегиран статус во општеството, дури и во форма на посебна каста. Има бројни примери низ светот каде таквите војски функционираат како посебен систем.Во современата воена организација доаѓа до конфликт меѓу организациските интереси за опстанок и интересите на поединците. Денес начинот на живот и технолошките предности ги направи

луѓето да посакуваат постигнување на поголем успех со помал напор. Кога оваа вредност се пресликува на војникот, војската има проблем, бидејќи е традиционално изградена со крв и пот. Од војникот се очекува да се жртвува и да вложи максимум од себе за организацијата. Концептот на лојалност кој важи за секоја војска е токму тоа, инаку воената организација ќе попушти прво во дисциплина, а потоа и во произведување на резултати за улогата која ја има во општеството. Затоа војската од војникот понекогаш бара слепа послушност. Ова е прифатено како добро во воената етика, бидејќи од неа зависи опстанокот на војската. За да се надминат разликите во интересите на поединецот и организацијата, втората треба да создаде добри работни услови и бенефиции и на тој начин да наметне институционална лојалност. Кога тоа ќе го постигне, поединецот започнува да ги промовира институционалните вредности како свои и тоа дава смисла на неговата одлука да биде дел од војската. Прифаќањето на вредностите го промовира идентитетот и солидараностсо организацијата. Кога војниците го поврзуваат својот идентитет со оној на војската, се создава колективна свест, неопходна за тимска работа, но создава и посебна социјална група во општеството која е многу различна од останатите.Војската е уникатна организација во општеството по своите знамиња, амблеми, симболи и значки кои одредуваат статус, кажуваат за традиции, обичаи и вештини. Тоа во голема мера придонесува за формирање

Војската е уникатна организација во

општеството по своите знамиња, амблеми,

симболи и значки кои одредуваат статус,

кажуваат за традиции, обичаи и вештини. Тоа во голема мера придонесува

за формирање на уникатна воена култура и заедно со

неа воена етика

Page 23: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

23

на уникатна воена култура и заедно со неа воена етика. Чувството на припадност кое го имаат војниците придонесува војската да се постави како посебен елемент во општеството, во многу држави како посебно привилегирана социјална група. Поради моќта која ја поседува, војската треба да има развиено етика која е во согласност со општествените побарувања. Воената етика е продукт на неколку цели кои воената организација треба да ги постигне. Пред сè, мора да ја врши функцијата која ѝ е доверена од државата, потоа да се бори за статус во општеството, за сопствен опстанок и развој, истовремено треба да ги задоволи потребите на војниците да ја чувствуваат како своја и да развијат институционална лојалност и посебно важно, вредностите и нормите од општеството доследно да ги спроведе меѓу сите припадници. Постои огромна разлика во воената етика од војска до војска врз основа на тоа каква рефлексија добиваат од своите општества, какви вредности застапуваат и каков начин на живот проектираат. Дали една војска има високи етички стандарди, зависи најмногу од тоа колку на државата ѝ е важно како таа се однесува. На пример, етичкото однесување на вооружените сили на САД е од огромна важност, особено начинот на однесување кога се распоредени надвор од територијата. Тие се инструмент на нивната надворешна политика и државата на нив гледа како на

промотори на демократијата и западните морални вредности. Конзервативната природа на војските прави тие да бидат отпорни на брзи и неочекувани промени во општеството. Војниците се научени да вреднуваат хиерархија и да се покорат на авторитет. Во војничкиот ментален склоп општеството е подобро кога е стабилно и организирано, а позициите на моќ се јасно подредени и не се менуваат. Често се вели дека војската го гледа светот црно-бел, каде јасно е разграничено што е добро, а што лошо. Ова е потребно за да се развие култура на брзо донесување одлуки. Сите варијации меѓу црното и белото го забавуваат процесот на одлучување

и затоа војниците сакаат јасно дефинирани правила. Оттука потекнуваат кодексите на војничко однесување, како лојалност, храброст, интегритет, искреност, вредности кои се сметаат за црно-бели и предвидливи.Од особено значење за функционирање на една војска е послушноста и доследното извршување на наредби. Војската бара послушност, бидејќи е поврзана со дисциплината како основна вредност, без тоа нема дисциплина. Овој аспект е посебно важен во градење на воената етика, бидејќи може да биде во конфликт со личните убедувања на поединецот околу тоа што е правилно, а што не. Затоа воената организација

мора постојано да го едуцира и информира војникот за тоа што смее, а што не смее, што е добро, а што е лошо. Исто така и оној кому му е доверен авторитет да издава наредби треба да биде добро едуциран и информиран, за да не ја злоупотреби послушноста или евентуалното незнаење на припадникот. Воената етика се гради почнувајќи од две вистини:прво,постојат договорени вредности и норми во општеството кои важат за сите граѓани, и второ, тие мора да се прифатат како социјален факт и нивното спроведување не смее да зависи од нечие лично убедување.

Ѓорѓи Вељовски

Page 24: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

24

На Берлинската конференција во 1885 година, територијата на Конго во средишна Африка ѝ била доделена на

Белгија, и под колонијална управа на Брисел останала сè до добивањето на независност во 1960 година. Конго, својот денешен територијален облик го добил во седумдесеттите години од минатиот век, со спонзорство на белгискиот крал Леополд II. После подолг период на политичка индиферентност меѓу црнечкото население, кон средината на 20 век, била создадена е нова политичка елита која барала крај на колонијалната власт. Најпознати, а може да се каже и најважни конгоански личности во доцните 1950-ти години биле Patrice Lumumba, кој го водел Националното движење на Конго или Mouvment National Congolaise – MNC и Joseph Kasavubu, кој бил на чело на движењето „Сојуз за Банког“ или “Association des

Bakongo“ – АВАКО, којшто ги обединувал регионалните и племенските партии.

Независностa на КонгоПри крајот на педесеттите години Брисел бил под силен меѓународен притисок да се повлече од Конго, на

што Белгија останала „глува“. Но, говорот на францускиот претседател, De Gaullea, во Бразавил 1958 година, во кој на француските колонии во Африка им понудил независност, го поместил Брисел од својата летаргија. Белгиската влада сфатила дека нема да може во недоглед да го одржува своето колонијално царство, но времето кое требало да се потроши на подготвување процес за деколонизација било неповратно изгубено. Во октомври 1959 година, било објавено формирањето на конгоанската влада, а на конференцијата за иднината на Конго, одржана на почетокот на 1960 година, бил отфрлен планот за четиригодишна транзиција и била договорена независност, само четири месеци по завршувањето на конференцијата. Така, и Конго се нашла меѓу седумнаесетте африкански земји кои во 1960 година ја стекнале својата независност, заради

ONUC – Organisation des Nations Unies au Congo (1960 – 1964) – Прв дел

Распадот на поранешната белгиска колонија Конго, во јули 1960 година, бил

спречен со ангажирањето на Обединетите нации во основањето на мировната

мисија ONUC. Мисијата имала дваесетина илјади војници,

односно со проширувањето на нејзиниот мандат, активно била

ангажирана во конфликтот

Мисии на ООН

Page 25: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

25

што таа година е наречена „година на Африка“. Со договорот, Белгија ја осигурала својата воена присутност во Конго и после стекнувањето на независноста, а нејзините воени старешини командувале со воено-полициската формација Force Publique, формација која во својот состав имала 25.000 африкански војници. На парламентарните избори во декември 1959 година, најмногу гласови добило движењето MNC на Lumumba. Lumumba станал премиер на Конго, додека на Kasavubu му припаднала церемонијалната претседателска должност. Но, двете политички најмоќни личности на Конго се разликувале во поглед на внатрешното уредување на земјата. Kasavubu, имајќи ја предвид етничката разновидност на земјата, инсистирал Конго да биде уредена како федерална држава, додека Lumumba преферирал унитарно уредување. Конго, својата независноста ја стекнала на 30 јуни 1960 година, и името го делела со поранешната француска колонија Република Конго (со главен град Бразавилија). Со крајот на белгискиот политички патронат исчезнал и изворот на кохезија во Конго, кој во моментот на незвисноста имал 14 милиони жители поделени помеѓу 200 различни етнички групи. Уште првите денови од независноста, во повеќе делови од земјата избиле етнички и политички мотивирани конфликти.

Заради белгиската образовна политика кон локалното население, во моментот на добивањето на независноста Конго имал само триесетина лица со високо образование, заради што било речиси невозможно да се формира делотворна постколонијална администрација.

Белгиската интервенцијаВеќе на 5 јули, во главниот град Leopoldville (денес Киншаса), гарнизонот со африкански војници,

со кој сè уште командувал белгискиот генерал Janssens, се кренал на бунт. Бунтот се проширил на останатите делови од земјата и прераснал во бран од напади врз неколкуте стотини илјади Европејци кои живееле во Конго. Губејќи ја контролата над сопствените вооружени сили, новата влада во потполност го изгубила кредибилитетот во очите на меѓународната јавност. Lumumba одбил да побара помош од белгиската војса и го сменил командантот на Force Publique, генералот Janssens, а за команданти на конгоанската војска ги поставил африканските офицери Victor Lundulu и Joseph Mobutu. Без консултација со конгоанската влада, белгиската влада, под изговор заштита на своите граѓани, на 11 јули разместила трупи од своите бази од неколку градови, односно белгиските сили ја презеле контролата над главниот град на Конго. Истиот ден, во градот Elisabethville, регионалната влада на Катанга, на чело со Moisei Tshombeom, прогласила незваисност на областа Катанга.Југоисточната провинција Катанга изобилувала со минерални богатства и независноста била прогласена со поттикнување на неколку големи западноевропски и американски компании кои во Катанга имале директни интереси. Всушност, областа Катанга била една од најголемите светски производители на бакар и на

дијамант, а после Втората светска војна оваа област станала интересна и поради локалните наоѓалишта на ураниумова руда, експлоатирано, главно, од неколку белгиски компании. Најголема таква компанија била белгиско-американската “Union Miniere du Haut Katanga“, која во тоа време произведувала околу 60 проценти ураниум на Запад, односно имала и значаен удел во производството на кобалт на светскиот пазар.

Белгиската интервенција од меѓународно-правен аспект претставувала повреда на суверенитетот на Конго па, така, владата на Lumumba на 12 јули побарала помош од Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН на 14 јули 1960 година ја донел Резолуцијата 143 со која се барало повлекување на белгиските воени единици од Конго и го овластила главниот секретар Dag Hammarskjold, во соработка со конгоанската влада, да обезбеди воена помош, сè додека конгоанската војска не биде во состојба да ги извршува своите должности. Со Резолуцијата, истовремено, е воспоставена и мисијата под назив „Организација на Обединетите Народи во Конго (Organisation des Nations Unies au Conco – ONUC).Мисијата ONUC имала задача да го надгледува белгиското повлекување, обезбедување на конгоанската целисходност и давање техничка помош на владините сили. Меѓутоа, подоцна, со две нови резолуции, мандатот е променет заради зачувување на територијалниот интегритет и независноста на Конго, запирање на граѓанската војна, односно протерување на сите странски воени и паравоени сили. Главниот штаб на мисијата е воспоставен во Leopoldville, а за прв командант е поставен шведскиот генерал Вон Хорн.Аргентина, Австрија, Бразил, Бурма, Канада, Шри Ланка, Данска, Етиопија, Гана, Гвинеја, Индија, Индонезија, Иран, Ирска, Италија, Либерија, Мали, Холандија, Нигерија, Норвешка, Пакистан, Филипините, Сиера Леоне, Судан, Шведска, Тунис, Обединетите Арапски Емирати и тогашна Југославија, обезбедиле војници за мисијата. Во мисијата ONUC не учествувале вооружените сили на големите сили. Веќе во средината на јули стигнале првите 4.000 војници од Тунис, Мароко, Етиопија, Гвинеја и Гана, додека шведскиот баталјон бил привремено преместен од мисијата UNEF од областа Газа, за во текот на месец август да пристигнат и контингентите од другите земји. Мисијата, во својот ек, во јули 1961 година, имала 19.800 припадници, додека во моментот на повлекуање имала 5.800 војници. Логистичка подршка на мисијата ѝ укажале уште триесетина земји. Иако мисијата првично била замислена за обезбедување на белгиското повлекување од Конго (кое со исклучок на Катанга почнало на 20 јули), со проширувањето на мандатот, единиците на ONUC биле вовлечени и во воени дејства. (продолжува во наредниот број)

м-р Симеон Митрев

Page 26: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Микробиолошката контрола на водата и на храната има големо значење за здравствената состојба

и за превенција од појава на инфективни болести на припадниците на Армијата. Лабораторијата за санитарна микробиологија при Военомедицинскиот центар редовно ја следи микробиолошката исправност на водата за пиење од воените објекти и микробиолошката вредност на прехранбените продукти од кои се приготвуваат оброците за припадниците на Армијата. Лабораторијата за санитарна микробиологија при Военомедицинскиот центар, која е составен дел на Одделението за микробиологија, е акредитирана лабораторија. Лабораторијата е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – ИАРСМ, на 19.03.2014 година, што значи дека микробиолошките анализи на прехранбените продукти и на водата се изведуваат

со акредитирани методи. Лабораторијата, која е акредитирана од страна на ИАРСМ, мора да ги исполнува барањата наведени во Македонскиот стандард за општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, МКС EN ISO/IEC 17025:2018, и треба да изведува анализи по меѓународни стандарди кои обезбедуваат резултати од висок квалитет, заштеда, продуктивност и можност за мала грешка при анализи. Предност на акредитацијата е пред се доверба во резултатите од тестирањата и меѓународно признавање на резултатите од направените анализи.

Постојат начела за методи на микробиолошки параметри за испитување на водата за пиење, како на пример, метода на микробиолошки параметри за ешерихија коли( E.coli) и колиформни бактерии MKC EN ISO 9308-1. Според овој стандард, во водата за пиење не е дозволено присуство на бактеријата ешерихија коли ( E.coli) и колиформни бактерии. Токму овој стандард е имплементиран во нашата лабораторија и е еден од методите кои се акредитирани и се користат во секојдневната лабораториска анализа на води за пиење, коишто се доставуваат од различни објекти на Армијата. Но, за обезбедување на квалитет

Лабораторијата за санитарна микробиологија при Военомедицинскиот центар, која е составен дел на Одделението за микробиологија, е акредитирана лабораторија. Лабораторијата

е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – ИАРСМ, на 19.03.2014 година,

што значи дека микробиолошките анализи на прехранбените продукти и на водата се изведуваат со акредитирани методи

Квалитетни резултати волабораторијата за санитарна микробиологија при ВМЦ

24 часа

Page 27: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

на лабораториските резултати, покрај интерна контрола, потребна е и надворешна оцена на квалитетот т.е. учество во меѓулабораториски испитувања (РТ-шеми). Лабораториите во светот користат шеми на меѓулабораториски испитувања (Prоficiency testing schemes – PT-шеми), со кои се врши екстерна контрола на резултатите од тестирања и индиректно контрола на квалитетот на работата на лабораторијата. Учеството во РТ-шеми се врши според стандардот ИСО/IEC17025, кој бара резултати од екстерни меѓулабораториски испитувања.Нашата лабораторија учествува во РТ-шеми кои се организирани од референтната лабораторија FEPAS ( Food Examination Performance Assesments cheme) и LEAP ( Laboratory Enviromental Analysis Proficiency schemes). Организаторот на РТ-шемите доставува примерок ( вода или храна), и на доставениот примерок се прави идентификација и енумерација на дефинираниот параметар ( Escherichia coli, Listeria monocytogenes, koliformni bakterii , Salmonella spp и др.)Резултатите од испитувањата се праќаат до организаторот на PT-шемите, кој подготвува извештај за испратените резултати. Резултатот на испитувањето се изразува во z- вредност, а таа z-вредност се пресметува како сооднос на х-резултат на одделни лаборатории и x-доделена вредност, добиена во референтна лабораторија и стандардна девијација. Сите резултати кои имаат вредност на z ≤ 2 се прифатливи и претставуваат цел на сите лаборатории кои учествуваат во меѓулабораториските испитувања.Во периодот од 2013 до 2019 година, лабораторијата за санитарна микробиологија при ВМЦ учествуваше во 4 меѓулабораториски испитувања. Квалитативно испитување на 2 примероци од храна и 2 примероци на вода сo вредност на резултати z<1.Во јули 2014 година, во доставениот примерок на вода, беа одредувани број на колиформни бактерии и број на Escherichia coli во 100 мл вода. Вредноста на резултатот за колиформни бактерии беше z-0,5 а вредноста на резултатот за Escherichia coli беше z -0,3, второрангиран резултат во однос на добиените вредности на останатите 24 лаборатории од Европа кои учествувале во РТ-шемите. Во ноември 2019 година, лабораторијата повторно учествуваше во екстерна

меѓулабораториска контрола и ги добивме следниве вредности за резултати, вредноста на резултатот за колиформни бактерии беше z-0,3 а вредноста на резултатот за Escherichia coli беше z-0,4. Овие резултати се високо рангирани во однос на останатите 27 лаборатории од Европа кои учествувале во РТ-шемите. Сето ова е одличен индикатор за квалитетот на работата на микробиолошката лабораторија, односно на лабораторијата за санитарна микробиологија со применетите стандарди за испитување на вода и

на прехранбени продукти. Лабораторијата дава одлични резултати и го потврдува својот квалитет на работа, а истовремено го потврдува и квалитетот и компетентноста на персоналот. Со ова, лабораторијата успеа да ги отстрани бариерите за меѓународно признавање на резултатите. Успешното работење на микробиолошката лабораторија е овозможено со помош на средствата доделени од Министерството за одбрана, средства без кои не може да функционираат акредитираните лаборатории.

Даниела Затуроска

Page 28: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Звукот најчесто доаѓа од воздухот. Извор на звук претставува секое тело кое осцилира во интервали на

чујност со фреквенција од 16 херци до 20 000 херци. Непријатните звуци за слушање се познати како бучава. Тоа се збир од звуци кои ги доживуваме како пречка и кои може да го оштетат сетилото за слух. Кога бучавата достигнува над 20 000 херци, тогаш тоа е ултразвук, кој човекот не може да го поднесе. На некои луѓе им пречи бучавата, а на некои не им пречи. Но, опасност по здравјето постои кај сите луѓе. Нормалниот однос и граница меѓу прагот на чујност и прагот на болка е од 0 до 160 ДБ (децибели). Слушниот систем, но и нервниот систем на човекот, се нарушува кога бучноста во околината е зголемена. Секоја организација има свои прописи за заштита на работниците на работните места каде има голема бучава, а постојат и строги закони за регулирање на таа област. Работниците задолжително треба да носат заштита на ушите, за да не го изгубат слухот. Денес, според Правилникот за гранични вредности за нивото на бучава, таа треба да е од 50-55 децибели, а таа при мерењата била и до 111 децибели. Ова ниво на бучава било измерено на

неколку локации во Битола и во Скопје. На презентацијата на Технолошкиот факултет се предложени мерки за намалување од два до 12 децибели преку воведување на зони за возење од 30 километри на час, поставување на патни грби, т.н. меѓу народот „легнати полицајци“, пешачки премини, изградба на кружни крстосници и заштитни

ѕидови кои одбиваат звучни бранови и звук, како и и дрвореди од страните на автопатите или како разделни линии на две насоки на сообраќајните патишта. Аеродромите треба да се наоѓаат подалеку од населени места. Во фабриките се препорачува да се набават машини кои не создаваат голема бучава (а и законски строго мора да се набават до одредена јачина на звук ), за да не се употребуваат тампони и специјални капки за во ушите, за да нема преместувања од едно на друго работно место. На голема оддалеченост и со заштитна опрема треба да работат и рударите кои поставуваат динамит и експлозивни мини. Полигоните за автомобилски, авионски и моторциклистички вежби треба да се лоцираат понастрана од населени места. Дискотеките треба да бидат на поголема оддалеченост од населени места, онаму каде нема жители, да бидат со соодветна заштитна изолација. Во индустриски зони, надвор од населени места, треба да се лоцираат и поголеми автомобилски работилници, каде бројните автомобили и неконтролираниот силен звук ве деконцентрира и ве вознемирува, потоа индустриски капацитети – фабрики со инсталации кои создаваат бучава и

Бучавата како еколошки предизвик

Бучавата е еден од најголемите загадувачи на животната средина и е втор по големина

проблем на Европската унија, по загадувањето на воздухот. Бучавата ја

намалува продуктивноста на работата, предизвикува стрес и штети врз здравјето на луѓето, предизвикувајќи

предвремена смртност, кардиоваскуларна болка, нарушување на спиењето,

хипертензија, вознемиреност, нервоза и сериозни психички

нарушувања

Глобал

Page 29: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

кои се штетни за здравјето, посебно оние кои создаваат вознемирувачка атмосфера и нервоза кај луѓето. Законот за заштита од бучава во животната средина, како и Законот за животна средина, ги уредуваат правата и обврските на општините, правните и физичките лица кон животната средина, со цел да се создадат здрави услови за живот на луѓето и заштита на животната средина од бучава. Законот се однесува специјално на преземање мерки за спречување или за намалување на бучавата и за спречување на непријатност од бучава, која влијае на вообичаената работа и активност, на концентрацијата, на одморот и на спиење на луѓето. Бучава создаваат моторните возила на четири тркала, со максимална брзина од над 25 км/ч, железничкиот сообраќај, авионите со максимална маса на полетување од 34 000 кг и со капацитет од над 19 седишта, пловна опрема и слично. Исто така, Законот предвидува примена и на мерки за заштита од бучава, предизвикана на патишта каде што поминуваат над 3 000 000 возила годишно и ги вознемирува луѓето, бучава од железничка пруга по која минуваат 30 000 вагони годишно, цивилен аеродром со повеќе од 50 000 слетувања и полетувања годишно, звук од градежна опрема на градилишта, бучава предизвикана од затворени и отворени паркинзи, јавни собири, приредби, објекти во кои има звучни уреди-рекреативни, дури вознемируваат соседства и апарати за домаќинство-правосмукалки, косилки, машинска опрема, рачни апаратати и уреди и слично. Според Законот, министерот за животна средина, заедно со Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, ги пропишува граничните вредности на бучава, чии штетни ефекти се определуваат со доза-ефект кој укажува како јачината на звукот влијае врз нарушениот сон и ги вознемирува луѓето. Граничните вредности се пропишуваат во зависност од временскиот период на предизвикана бучава, местоположбата на изворот и видовите подрачја, дали станува збор за тивка средина или за пораздвижено подрачје. Постои индикатор за бучавост за преку ден, за навечер, односно за ноќно време. Исто така, се евидентираат изворите на бучава во специјален катастар, а постои и карта каде се наоѓаат овие извори и се врши мониторинг и следење на бучавоста на одредени мерни станици и места. Мониторинг вршат стручни, научни институции и медиуми. Законски, на полето на заштита од бучава,

прво се прават стратешки карти за бучава и се изработувале акциони планови (за период од пет години), каде е пропишано да се дејствува само со дозвола од Владата на Република Северна Македонија. Во нив, критичните места кои треба да се следат се утврдуваат врз основа на проценет број на станови, детски, образовни и здравствени установи кои се изложени на бучава, процена на бројката на луѓе кои живеат на тие подрачја изложени на бучава, а тие содржат и индекс на бучава, гранични вредност на бучавата и слично. Владата реагира

во согласност со предлозите на надлежните институции, градоначалниците,советите на општините, Министерството за животна средина и правно лице. Според законските мерки за заштита од бучава се предвидува и физичките и правните лица да купуваат уреди и апарати, превозни средства и машини кои создаваат ниско ниво на бучава, изолација на објектите, воздржаност од дејства кои создаваат бучава, а забранети се законски уреди, машини кои немаат податоци за јачината на звукот која ја емитираат. Санкционирањето на проблемот со бучавата е со материјално надоместување. Паричните казни се движат од 8000 до 20 000 евра за правно лице, кое гради без да се задоволат стандардите за заштита од бучава, 3000 евра плаќа правно лице ако не преземе мерки за заштита од бучава, а за непочитување на Законот се плаќа од од 500 до 700 евра, во зависност дали станува збор за правно или за физичко лице. За бучава од угостителски објекти, за бучава од опрема или апарати се плаќа по 500 евра, 300 евра за одговорното правно лице и 150 евра казна за физичкото лице.

Васе Митреска

Бучавата во Скопје и во Битола е над дозволената граница,

според мерењата направени минатата година на Техничкиот

факултет во Битола и на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Мерењата

се извршени во вид на истражувања, во рамките

на еколошката кампања за заштита на животната средина

„Не игнорирај – реагирај“

Page 30: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

На 26 Февруари во касарната „Боро Менков“ во Куманово свечено беше одбележан Денот на 1.

пешадиски баталјон. На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, заменик-командантот на КО, бригадниот генерал Орце Јордев, началникот на штабот на КО, бригаден генерал, Мирче Ѓоргоски, поранешни

команданти на Баталјонот и Бригадата, претставници од: локалната самоуправа, установите, институциите, бизнис-заедницата. Пред присутните се обрати потполковникот Мирче Тасев, командант на Првиот пешадиски баталјон, кој се осврна на историските настани и на битката водена на денешен ден пред 76 години во кумановско Жегљане, каде е формираната Третата македонска

ударна бригада, укажувајќи дека припадниците на единицата се горди што ги продолжуваат традициите на оваа славна бригада. Тој истакна дека Првиот пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за извршување на борбени задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО.

26 Февруари – Ден на 1. пешадиски баталјон

Page 31: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Припадници на Првиот пешадиски баталјон се ангажирани на јужната граница, вршат обезбедување на воените објекти на Министерството за одбрана и на Армијата, како и на персоналот кој е дел од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Пред присутните припадници на Армијата и гостите се обрати и началникот на штабот на Првата пешадиска бригада, полковник Дејан Чиплаковски. Осврнувајќи се

на успесите, Чиплаковски истакна дека припадниците на Баталјонот за своите постигнувања се одликувани од претседателот со Орден за воени заслуги. Полковникот Чиплаковски потсети и на обврските на Баталјонот во наредниот период, кога Баталјонот треба да биде домаќин на Бригадата на ЈИЕ. За најдобра единица во Баталјонот за 2019 година беше прогласен Третиот вод од првата Пешадиска чета, беа

наградени и пофалени одреден број на офицери, подофицери и професионални војници и беа доделени благодарници за успешна соработка со цивилните структури. Крајот на свеченоста беше одбележан со свечено дефиле на припадниците на 1.пб, а присутните гости имаа можност да се запознаат со опремата и средствата со кои располага единицата.

Александра Максимовска

26 Февруари – Ден на 1. пешадиски баталјон

Page 32: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

32

Австриски пиштол „Steyr L-A1“

S teyr L-A1“ е пиштол со полимерски рам од 4-та генерација, кој поседува сигурен механизам на дејствување,

одличен безбедносен механизам, мала тежина, одлична ергономија, рамка за муниција со голем капацитет, мал отскок, односно зголемена прецизност и зголемена брзина на стрелба за што придонесува исклучително малата оска на цевката во однос на раката, воедно лесно се расклопува и се одржува. Пиштолот е создаден во 2013 година и претставуват трета генерација од развојот на „Steyr М“, развиен од конструкторите Wilhelm Bubits и Friedrich Aigner во 1999 година. Припаѓа на групата полуавтоматски оружја, со блокиран затворач со модифицираниот Browing-систем (принцип на кратко повлекување на цевката). Пиштолот поседува само DA- механизам на дејство (двојна акција), со примена на механизам без удирач, познат како „Reset action“ на чкрапање. Практично, оружјето поседува 3 степени на сигурност наменети за безбедност на корисникот и околината, а тоа се: осигурувачот на чкрапалото, механизмот за блокирање ударна игла и таканаречениот ,,drop safety”, кој не дозволува испукување на пиштолот при негово паѓање на тврда подлога. Постои опција по желба на корисникот да се вгради и мануелна кочница која поседува облик на копче позиционирано на рамот, веднаш пред чкрапалото. Инаку, од десната страна на рамот, веднаш позади утврдувачот на навлаката, над чкрапалото, се наоѓа мануелна сигурносна кочница која поседува две позиции, „S“ и „F“, која се приспособува со посебен клуч кој ротира под агол од 90°. Инаку, кога механизмот е на позицијата „S“, движењето на чкрапалото е блокирано и е оневозможено расклопување на пиштолот. Вака практично изведениот безбедносен механизам овозможува во цевката безбедно да се носи куршум, а доколку е на позицијата „F“, може и моментално да се дејствува, без какви било претходни дејства. Рамот на пиштолот е изработена од многу отпорен полимер. На долниот преден дел од рамот има шина за прифаќање на ласерски нишан или тактичка лампа. Ракофатот е поставен под агол од 111º. Механизмот за дејство на чкрапалото и неговото куќиште се изработени од пресуван челик, додека челичната навлака со глодање. За поголема

отпорност на металот од надворешните временски влијанија придонесува третирањето со ,,Tenifer” финишот. Спојувањето помеѓу рамот и навлаката е остварен преку челични водишта. Рамката за муниција е изработена од челик, која на долниот дел е затворена со полимер. Стандардната рамка за муницијата 9х19 mm „Para“ е дворедна, со капацитет од 17 куршуми, и на бочните страни поседува отвори со испишани броеви, со цел корисникот лесно да ја утврди состојбата на количеството муниција. Цевката се изработува со ладно ковање во која со режење се изработени 6 жлебови со десен од на вртење. Инаку пиштолот на бочните страни од конструкцијата ги поседува следните команди: на левата страна е поставено копчето утврдувач/ослободувач на рамката за муниција и спуштачот на навлаката, а од десната страна е поставена мануелната сигурносна кочница и утврдувачот на навлаката, кој се вади од десната страна при расклопување на пиштолот (делење на навлаката од рамот). Пиштолот поседува ниски борбени нишани. Специфичност кај овие нишани е нивниот облик, односно предниот поседува облик на бел триаголник, а задниот е трапезоиден и поседува две бели коси линии кои ги следат страните од предниот триаголник, но овие бели линии не се луминисцентни во ноќни услови. По желба на корисникот може да се постават и стандарни нишани со 3 точки или со приспособлив заден нишан. На навлаката се поставени 3 индикатори за куршум во цевката, од кои првиот е на крајот од навлаката, вториот е поставен на горниот дел од навлаката, кај задниот дел од отворот за исфрлување на куршумот, и третиот е извлекувачот на куршум.Од „Steyr L-A1“ е развиена верзијата „L9-A1“ за муницијата 9х19 mm, „L40-A1“ за муницијата .40 S&W, а кратко време е произведувана и верзијата „L357-A1“ за муницијата .357SIG. Инаку, од зачетникот на оваа фамилија пиштоли, „Steyr М“, се создадени цели фамилии на верзии и подверзии со различна големина и во различни калибри, за користење на мунициите 9х19 mm „Para“, 9х21 mm, .40 S&W и .357SIG. Денес, овие верзии од пиштолот се користат во специјалните армиски или полициски единици на државите Австрија, Германија, Грузија, Велика Британија, Турција, Тајланд, Малезија и Капа Верде.

Ивица Дамески

Вооружување

1. Задна поврзувачка шина на рамот и навлаката2. Заден механичи нишан3. Навлака со затворач и ударна игла4. Извлеувач на куршум/ чаура, кој e и индикатор за куршум во цевката5. Предна поврзувачка шина на рамот и навлаката6. Цевка7. Водилка со повратна пружина8. Преден механички нишан9. Полимерски рам со шина за прифаќање дополнителна опрема

Page 33: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

33

10. Мултифункионален елемент, конектор11. Штитник на чкрапалото12. Мануелна сигурносна кочница (со клуч)13. Чкрапало14. Копче за ослободување/ утврдување на рамката за муниција 15. Рамка за муниција16. Ракофат17. Сврзувачки лост помеѓу чкрапалото и механизмот за дејство18. Механизам за дејство

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПИШТОЛОТ „STEYR L-A1“

ВЕРЗИЈА L9-A1 L40-A1

КАЛИБАР/ МУНИЦИЈА 9х19 mm .40 S&W

ДОЛЖИНА 188.5 mm 188.5 mm

ВИСОЧИНА 142 mm 136 mm

ШИРОЧИНА 30 mm 30 mm

ДОЛЖИНА НА НИШАНСКАТА ЛИНИЈА 170 mm 170 mm

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 115 mm 115 mm

КАПАЦИТЕТ НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА 17 куршуми 12 куршуми

ТЕЖИНА НА ПИШТОЛОТ СО ПРАЗНА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА 817 g 838 g

ТЕЖИНА НА ПРАЗНАТА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА 89 g 85 g

Податоците во табелата се преземни од производителот

Page 34: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

34

Развој на таканаречениот „10-тонски хеликоптерски проект“ започнал во 2006 година, а својот прв лет го

има направено 7 години подоцна, на 23 декември 2013 година. Бил произведен од групата за индустрија на воздухоплови, позната под името “Harbin Aircraft Industry Group“. Кинеските државни медиуми откриле детали за хеликоптерот за транспорт со средна големина, две недели откако го направил своето деби на воената парада по повод 70-годишнината на земјата. Првата фабрика на оваа компанија била отворена во 1952 година со цел поправка на авиони. Од 1958 година таа започнала со производство на овластени копии на советските хеликоптери и авиони за домашна употреба (како на пример копија на хеликоптерот „Mil Mi-4“ и копија на авионот „Ilyushin Il-28“). Денес компанијата произведува лесни авиони и хеликоптери, а снабдува повеќе компоненти и воздушни делови за странски воздухопловни компании.Воздухопловните сили на Ослободителната армија (People's Liberation Army Air Force) побарале среден хеликоптер за операции на поголема надморска височина во

нивниот западен планински регион. Во однос на персоналот, воздухопловството на Кина брои околу 398.000 војници, што ја прават најголема воздушна сила во Азија. Првично, овој вид се здобил со 24 парчиња од варијантата „Sikorsky S-70C-2“. Биле со засилени мотори кои дале неспоредлива сила и перформанси, дури и во споредба со варијантата на рускиот хеликоптер „Mi-17V5“, која е купена подоцна. Некои извори известуваат дека компанијата

„Eurocopter“ помогнала во развојот на новиот преносен систем. Покрај Воздухопловните сили на Ослободителната армија, овој хеликоптер најверојатно ќе најде свое место и улога во Народноослободителната копнена војска на Кина. Сателитските фотографии, после фазата на развој и тестирање, покажуваат дека влегол во ограничена употреба во армијата кон крајот на 2017 или на почетокот на 2018 година.

Вооружување

Хеликоптер „CHINA Harbin Z-20“

Page 35: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

35

Третиот вид (Морнарицата на Народноослободителната армија), би можел да ја пополни улогата на поморски хеликоптер. Изворите сугерираат дека Кина ја развива оваа поморска варијанта на „Harbin Z-20“ за употреба и содејство со воените бродови, доволно мал за да биде интероперабилен со сите бродови и со инсталиран целосен пакет за антиподморничка војна, нешто во споредба со сегашните руски хеликоптери „Kamov Ka-28“. Постојат видливи модификации за операции од бродовите, како што се спуштен заден хоризонтален стабилизатор, сличен на поморските хеликоптери „Seahawk“ на американската морнарица. Овој воздухоплов се очекува да изведе антиподморнички војни, мисии за пребарување и спасување, како и други поморски операции и мисии од носачи на авиони. Морнарицата управуваше со помалиот и поограничен „Harbin Z-9“, што претставува копија на Eurocopter-хеликоптерите од типот „Dauphin“ (сега, ребрендираната компанија “Airbus Helicopters“). Најмалку седум бродови на поморската сила во Кина (моментално во производство на кинеските бродоградилишта) се со подолга палуба за хеликоптери во споредба со претходните бродови, со цел да ги сместат поголемите хеликоптери „Harbin Z-20“ во споредба со помалите „Harbin Z-9“.Во однос на општата поставеност, естетиката и големината, постои сличност со семејството „Sikorsky UH-60“. Се смета дека може да се спореди со американскиот хеликоптер „Sikorsky UH-60 Black Hawk“, односно со цивилната варијанта „Sikorsky S-70C-2“, која ја користела Народноослободителната армија на Кина од 1984 година. Испораките престанале во 1989 година, поради воведените санкции против Кина. Така, хеликоптерот „Harbin Z-20“ го направил првиот лет после речиси 30 години откако Кина се здобила со оригиналните хеликоптери „Sikorsky S-70C-2“. Изворите кои сугерираат дека „Harbin Z-20“ е копија на „Black Hawk“ го тврдат ова затоа што воздухопловните сили ја купиле варијантата „Sikorsky S-70C-2“, на чија основа е дизајниран овој тип. Понекогаш овој кинески хеликоптер го носи прекарот „Copyhawk“. Иако одредени елементи од дизајнот изгледаат слични, сепак, постојат и значајни разлики. На пример, кинескиот „Z-20“ има главен ротор со пет лопатки, во споредба со четирите лопатки на американскиот „Black Hawk“. Постои разлика и во спојувањето на опашката со трупот, што му дава поголема поткревна сила и издржливост од „Black Hawk“, има инсталирано системи за сателитски комуникации или сателитски навигациски систем итн.Се верува дека хеликоптерот „Harbin

Z-20“ е придвижуван од домашниот „WZ-10“ турбо мотор, што обезбедува околу 2.145 кс во споредба со моторот „GE T700-701D“, кој произведува околу 2.011 кс. Изведбата на моторот за кој се тврди дека е развиен независно, наводно може да се спореди со оние произведени од водечки меѓународни производители. Овие карактеристики му овозможуваат да изведува операции на надморска височина до 4.000 метри. Дизајнот вклучува многу технологии кои треба да се сметаат за напредни во светот, вклучително и активна контрола на вибрации, дизајн за ниско ниво на бучава од роторите, како и аеродинамички дизајн на роторот со високи перформанси. Исто така, системот за одмрзнување е интегриран во главните лопатки на роторот, што ќе ги подобри временски оперативните способности на хеликоптерот. Според главниот експерт за технологија во Институтот за истражување и развој на хеликоптери на кинеската корпорација за авијациска

индустрија, системот за контрола на летот (Fly-by-Wire Flight Control System) е помеѓу главните напредни карактеристики на „Harbin Z-20“. Овој систем не само што ја намалува вкупната тежина на хеликоптерот, туку и го олеснува летањето.Хеликоптерот има капацитет за околу 12-15 целосно опремени војници, како и капацитет на носивост од околу 5 000 килограми (може да носи околу 1000 кг внатрешен и 4000 кг надворешен товар). Може да транспортира различни товари, како што се возила и артилериски орудија. Овој повеќенаменски хеликоптер може да биде вооружен со митралези и евентуално со друго оружје (противтенковски ракети, ракети „воздух-воздух“ или неводени ракети). Откако ќе биде достапен во доволен број парчиња, „Harbin Z-20“ би можел да ја замени флотата на руските хеликоптери „Ми-17“ кои се во служба на воздухопловните сили на Кина.

Драган Павловски

Еден од поновите хеликоптери на кинеското воено воздухопловство е моделот Harbin Z-20 кој е од категоријата на

средни хеликоптери со повеќенаменска улога

Page 36: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Оклопното повеќенаменско возило на тркала „Boxer“ успешно ги заврши испитувањата со германската

армија во 2008 година. Потоа, Германија изврши нарачка на 272 оклопни транспортери, притоа вклучувајќи и 72 амбулантни возила и 60 командни возила. Испораките започнаа во 2009 година. Оклопните транспортери „Boxer“ ги заменија застарените оклопни возила „Tpz1 Fuchs“ и „M113“, кои беа на служба во германската армија. Холандија одобри набавка на 200 оклопни возила „Boxer“ во различни варијанти. Тие влегоа во служба во холандската армија во 2011 година и ги заменија веќе постоечките оклопни тренспортери „YPR“ и „M577“. Исто така, во 2018 година оклопните возила „Boxer“ беа одбрани од Австралија, кои извршија нарачка на 211 оклопни возила во различни варијанти. Испораките започнаа во 2019 година и според планот треба да бидат завршени во 2026 година. Во 2018 година беше најавено дека Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи во програмата за евентуална набавка на поголем број од

Повеќенаменско оклопно возило 8x8

Вооружување

Повеќенаменското оклопно возило „Boxer“ (MRAV-Multi-Role Armored Vehicle) е заеднички проект на Германија, Холандија и

Велика Британија. Сепак, во 2003 година, Обединетото Кралство се повлече од програмата и отиде на автономен дизајн, на свое

производство на возила

MRAV „Boxer “

Page 37: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

овие возила за британските вооружени сили. Во 2019 година Велика Британија нарача повеќе од 500 оклопни возила во различни варијанти. Се планира испораките да започнат во 2023 година. Во 2019 година испораките на овие возила започнаа кај вооружените сили на Литванија, која нарача 88 возила „Boxer“.Соединувајќи ги силите за формирање на конзорциумот „ARTEC“, компанијата „Rheinmetall MAN Military Vehicles“ – RMMV го произведува „Boxer“ во соработка со германска компанија, производител на воени возила „Krauss-Maffei Wegmann (KMW)“, во рамките на двонационалната програма во која компанијата „Rheinmetall“ има 64% влог.Дизајнот на возилата „Boxer“ се заснова на модуларната структура за максимална флексибилност. Возилото користи единечна шасија со вградени модули за различни намени, вклучувајќи оклопен транспортер за пешадијата, командни возила, амбулантни возила, транспортер за снабдување итн. Овие модули се заменливи за помалку од еден час. Основното возило работи независно од модулите. Возилото MRAV „Boxer“ е еден од најзаштитените оклопни транспортери во светот. Тој има модуларен оклоп со специјална керамичка мешавина. Трикратниот под на трупот на возилото е обликуван за максимална заштита од против тенковски мини. Секој модул на мисијата има сопствена примарна безбедносна ќелија. Се тврди дека предниот оклоп може да обезбеди заштита од 30 мм проектили, додека целокупната заштита која ја обезбедува оклопот е до калибар 12,7 мм. Оштетените оклопни плочи лесно може да се заменат дури и во теренски услови. Исто така, овој транспортер има низок радарски и акустичен потпис, што го отежнува неговото откривање. Заштитата на куполата е прилагодлива за широк спектар на мисии, како и соочување со различни закани. Различните модули овозможуваат дизајнирање на двојна купола (two-man) или дизајн на далечински управувана купола, еден концепт со две конфигурации.Вооружувањето може да биде конфигурирано според специфичните национални оперативни побарувања на секоја земја. Германските транспортери „Boxer“ имаат далечински управуван монтиран топ со 40 мм автоматски фрлач на гранати, додека холандските оклопни транспортери се комплетирани со тежок митралез 12,7мм. Возилата „Boxer“ во конфигурација како оклопен транспортер имаат екипаж од 3 лица и можат да транспортираат 8 потполно опремени пешадиски војници. Војниците влегуваат и излегуваат во

возилото преку задната влезно излезна рампа. Возилото може да транспортира товар со тежина до 8 тони. Оклопниот транспортер „Boxer“ користи голем број докажани и комерцијално достапни автомобилски компоненти.

Се напојува со дизел-мотор „MTU V8 199 TE20“, притоа развивајќи 711 hp. Овој мотор се базира на комерцијалниот дизајн на „Mercedes-Benz OM 500“, но е изменет од страна на MTU за воена примена. Овозможува поголема моќност за разлика од комерцијалната верзија и може да работи во екстремни услови. Поновата верзија на „Boxer“ е опремена со малку помоќен дизел-мотор „MTU 8V 199 TE21“, развивајќи 721 hp. Постојат верзии на „Boxer“ кои се опремени со помоќен мотор, развивајќи 804 hp. Возилото е опремено со централен систем за надувување на гумите, кој ја подобрува подвижноста на тежок терен, како што се песок, снег и кал. Возилото „Boxer“ има извонредна подвижност. Може да се движи со брзина до 80 км на час надвор од патот. Повеќето оклопни транспортери тешко постигнуваат ваква брзина, дури и на патиштата. Максималната брзина на возилата „Boxer“ на пат е 100 km/h. Овој оклопен транспортер има максимална автономија на опсег од над 1000 км.

Останатите спецификации на повеќенаменските оклопни возила „Boxer“ се: – должина: 7,88 метри;– широчина: 2,99 метри;– висина: 2,37 метри– тежина 33 тони;– мотор: MTU 8V 199 TE20 diesel, 711

hp;– посада: 3+8 (возач, командир и

нишанџија + 8 војници);– вооружување: HMG 12,7 mm

(холандска) GL 40 mm (германска верзија);

– автономија на опсег: 1050 km;– максимална брзина на пат: 103 km/h;– максимална брзина надвор од пат: 80

km/h;– оклопна заштита: 12,7 мм фронтално

и странично;– совладување на наклон од 60%;– совладување на страничен наклон

30%;– совладување на вертикална препрека:

0.8 м;– совладување на ров: 2 м;– совладување на водена препрека: 1,2 м.Варијанти на „Boxer“Покрај основната варијанта, како

оклопен транспортер, постојат и следните:

– командни возила (C4I и C2);– оклопни амбулантни возила;– носачи на минофрлач опремени со

МФ 120 мм;– инжинериски возила;– карго возила, транспортери

(логистички) и – возила за извлекување (Recovery).

Самоодната хаубица 155 мм „RCH 155“, е артилериски систем развиен од страна на „Krauss-Maffei Wegmann“, како приватно вложување. Таа користи шасија на „Boxer“, како и 155 мм „Artillery Gun Module“ – AGM. Таа ја користи

Возилото MRAV „Boxer“ е еден од најзаштитените оклопни

транспортери во светот. Тој има модуларен оклоп со специјална керамичка

мешавина. Трикратниот под на трупот на возилото е обликуван

за максимална заштита од противтенковски мини

Page 38: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

38

технологијата на борбено докажаниот „PzH 2000“, самоодна хаубица, која е во служба во Германија и во некои други земји. Артилерискиот систем „RCH 155“ е воведен во 2014 година. Иницијалните испитување во гаѓање се реализирани истата година. Борбеното извидувачко возило (CRV) „Boxer“ е вооружено со „Lance 30 mm“, купола без посада. Ова возило може да смести 4 војници. Возилото беше победник на австралиската програма „LAND400“. Се натпреваруваше против финско-шведскиот „AMV35“, и на крајот беше избран како победник. Ова возило ќе го замени претходното оклопно извидувачко возило „ASLAV-25“.Повеќенаменската варијанта (MPV) „Boxer“ е австралиски оклопен транспортер. Опремен е со RCWS-далечински управувана вооружена станица. Направени му се некои

модификации за да се задоволат специфичните побарувања на австралиската армија. Испораките на ова возило започнаа во 2019 година. Литванската верзија на „Boxer“ е „Vilkas“ (волк), опремена со далечински управувана купола, вооружена со автоматски топ 30 мм и со противтенковски водени ракети „Spike LR“. Поради својот моќен оклоп и вооружување, овие возила може да се сметаат како пешадиски борбени возила на тркала. Литванија има нарачано вкупно 88 вакви возила, а испораките започнаа во 2019 година. На „Eurosatory 2014“, компанијата „Rheinmetall - RMMV“ за прв пат на меѓународен план ја прикажа варијантата „Boxer IFV“ (Infantry Fighting Vehicle), опремена со Rheinmetall LANCE 30mm, купола со двајца. Комбинирајќи го високото ниво на заштита својствено за „Boxer“ и

уникатната подвижност со најновата технологија на купола (мобилност на груб и неповолен терен), HVAC (heating ventilation and air condition) способности, варијантата пешадиско борбено возило претставува најсовремена можност за соочување со тековните побарувања. Почнувајќи од 2008 година, па сè до денес, произведени се повеќе од 800 возила. Моментални оператори на овие возила се Германија, со над 400 возила, Кралската холандска армија со над 200 возила, Литванија со 88 возила, опремени со израелска купола „RAFAEL Samson Mk II“ и Австралија. Можни идни оператори се Алжир, кои се очекува во 2020 да ги произведуваат со лиценца и, секако, Велика Британија, која повторно му се врати на овој проект и сака да произведе 400-600 вакви возила.

Идриз Идризоски

Возилото „Boxer“ има извонредна подвижност.

Може да се движи со брзина до 80 км на час

надвор од патот. Повеќето оклопни транспортери

тешко постигнуваат ваква брзина, дури и на

патиштата. Максималната брзина на возилата „Boxer“

на пат е 100 km/h. Овој оклопен транспортер има максимална автономија

на опсег од над 1000 километри

Page 39: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

39

ИнфотекТурско оклопно возило „ACREP II“Турската компанија за наменска

индустрија „OTOKAR“ на 24.2.2019 година официјално го претстави новото оклопно возило „ACREP II“ 4х4, чија основна намена е да биде извидување и патролирање. Основниот изглед на возилото значајно потсетува на оклопното возило „CRAB“, развиено

од француската компанија „Panhard“. Новото возило во основа ја претставува технолошката иднината на компанијата „OTOKAR“, односно новата генерација на електрично-хибридно возило. На презентацијата беше претставена потполно електричната верзија која има издржливост на работа околу 3

часа или 250 километри автономија на движење. Но, во завиност од интересот на корисникот, се нуди и погонски хибридна електрична дизел-верзија. При развојот на возилото е посветено посебно внимание за намалување на акустичниот и термалниот потпис на возилото. На презентацијата возилото е опремено со борбената безпосадна купола Otokar BOZOK, која поседува 25 mm автоматски топ и митралез со калибар од 7,62 mm. Системот за нишанење на борбената безпосадна купола е составен од дневно-ноќни камери. Но, на возилото можат да се постават и други борбени куполи. Инаку, на сите страни од возилото се поставени камери кои овозможуваат 360 степени видливост. Возилото за влез поседува 2 бочни врати. Екипажот на возилото е составен од 3 лица, а внатрешниот распоред на екипажот е следен: возачот е сместен напред, десно е сместен ракувачот со борбената купола, а лево е лицето одговорно за комуникација. Степенот на заштита на возилото е на ниво од возилото „КОБРА 2“. За во иднина се планира и развивање на автономна извидувачка верзија од возилото, опремено со далечински управувано летало.

Автоматска пушка „Carmel“Во периодот од 2-5 април 2019 година,

на Саемот за наменска индустрија и безбедност „LAAD Defence & Security“ во Рио де Жанеиро (Бразил), израелската компанија „Izrael Weapons Industries“ првпат јавно ја презентираше новата автоматска пушка со конвенционална градба „Carmel“. Пушката функционира со позајмување на барутните гасови,

со краток од на гасниот клип и ротација на затворачот. Телото на пушката е изработено од цврст полимер во чија внатрешност е сместена алуминиумска рамка која е носител на главните метални делови. Теоретската брзина на стрелба на пушката изнесува 850 куршуми во минута. Модуларната градбата на пушката овозможува

менување на командните лостови од десна на лева страна и обратно. Пушката ќе биде изработувана со 4 различни должини на цевки во калибарот 5,56 mm и тоа: 406 mm, 368 mm, 305 mm и 267mm. Цевки ќе можат да се заменуваат за неколку секунди. Внатрешно, цевката ќе поседува 6 жлебови со десен чекор на ротација од 178 mm. На пушката е поставен кундак на склопување, кој е приспособен по должина (до 85 mm) и поседува приспособлива маска. Кундакот се склопува на десната страна, и кога е склопен може да се пука од пушката. Верзијата со најкратка цевка поседува должина од 526 mm со склопен кундак, а кога кундакот е отворен, 721 mm, додека кога кундакот е максимално издолжен 806 mm. Тежината на оваа верзија изнесува 3,3 kg без рамката за муниција и монтажните механички нишани. На пушката се поставени и 4 шини MIL-STD-1913 кои овозможуваат прифаќање на различна опрема. Регулаторот за гасови поседува 3 позиции. Освен основниот калибар од 5,56 mm НАТО, во план се и развивање на верзии во други калибри за следните типови на муниција: 7,62х51 mm НАТО, 6,8 mm Remington, .300 BLK и 6,5 x 55 mm Creedmor.

Ивица Дамески

Page 40: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

40

Денешните американски специјални единици на армијата на САД потекнуваат директно од Првите специјални сили,

заедничка канадско-американска единица која била формирана во јули 1942 година во Форт Вилијам Хенри Харисон, Монтана. Ова единица во ранг на полк била составена исклучиво од доброволци со исклучително високи стандарди кои поминувале обемна и ригорозна воена и физичка обука. Припадниците на оваа единица биле обучени за воздушни операции, планинарење, амфибиски операции и ски-тактики. Оваа единица се борела под команда на Сојузничките сили со голема храброст и значителен успех на Алеутските острови во близина на Алјаска, во Италија и Јужна Франција. Го добила прекарот „Ѓаволска бригада“, за време на италијанската кампања, поради еден пасус најден во заробен дневник на мртов германски офицер кој напишал: „Секој пат кога ќе се доведевме во ред, „црните ѓаволи“ беа насекаде околу нас и никогаш не ги забележувавме". Поради бројните ноќни операции каде лицата на специјалците биле зацрнети за камуфлажа, германскиот Вермахт ги нарекол „Црните ѓаволи“. Во 1943 и 1944 година, оваа единица успешно извршила многу операции во Италија и Франција и

влијаела на мноштво важни ситуации.На специјалците им била издавана специјална опрема, вклучувајќи специјализирано оружје, кожни јакни, опрема за искачување и друга опрема за студено време. Како елитна единица од типот на командоси што би работела близу или зад непријателските линии, таа имала потреба за посебен вид на борбен нож. Водејќи се од изјавата за карактеристиките на борбените ножеви на познатиот инструктор на американските и англиските командоси, потполковник Вилијам Ферберн, кој се стекнал со

Борбен нож за командоси „В-42“

Вооружување

Page 41: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

широко искуство во користење на борбени ножеви додека служел во Кина, во полицијата на меѓународната населба во Шангај, рекол дека: „Во блиска борба нема посмртоносно оружје од нож. При изборот на нож, мора да се земат предвид два важни фактори: баланс и острина. Рачката треба слободно да ја собере во раката, а ножот не треба да биде многу тежок. Многу е важно ножот да има остар врв и остри сечива, затоа што крварењето од искинатата артерија има можност да се сопре и да престане да крвари. Ако ја исечете главната артерија, повредените брзо ќе ја изгубат свеста и ќе умрат“, командантот на единицата, потполковник (подоцна генерал-мајор) Роберт Т. Фредерик заедно со својот штаб, го развиле ножот врз основа на ножот „Ф-С“ (Ферберн и Сајкс) – борбен нож на британските командоси развиен од споменатиот Ферберн, но со понапреден дизајн. Основата на неговото создавање бил концептот на борбен нож со тенко сечило со две острици, максимално прилагоден за нанесување ненадејни удари, кои можат лесно да навлезат во градите низ униформата и опремата и да ги оштетат внатрешните органи, а со тоа и брзо да го исфрлат непријателот од строј. Функционално, ножот бил дизајниран главно за прободување и всушност бил групен напор на неговиот штаб за совршен борбен нож, а полковникот Орвал Џ. Болдвин, офицер за снабдување во единицата, бил заслужен за идејата за „кршач на черепи“ на врвот на дршката на ножот.

Конечната груба скица била испратена до три компании за ножеви за понуди за изработка: „Камилус“, „Катараугус“ и „Кејс“. Моделот на компанијата „Кејс“ бил лично избран од командантот на единицата. Компанијата за прибор за јадење, „Кејс“ од Бредфорд, Пенсилванија, била избрана за производство на ножот, кој бил именуван како „Нож, борбен, командо тип, В-42“. Според историчарот на компанијата Кејс, ознаката „В-42“ се

однесувала на фабричкиот број на обликот на ножот, но други тврдат дека „В“ доаѓа од зборот „Victory“ (победа) и 42 за годината на производство. Три прототипови на ножеви, со полирана челична завршница, биле доставени од страна на Кејс во август 1942 година. Командантот Фредерик носел еден од овие прототипови ножеви во текот на италијанската кампања, а другите два ги задржал Болдвин. Со некои подобрувања на прототипите, тие биле испратени за тестирање на приоритетна основа.Првата нарачка за ножот „В-42“ се случила на 27 ноември 1942 година, а нарачките продолжиле до ноември 1943 година. Пратката од 1.750 била примена во ноември 1942 година; 70 во февруари 1943 година; 600 во јуни 1943 година; 100 во октомври 1943 година; и 900 во ноември 1943 година, за вкупно 3.423 ножеви. Ова ограничено производство го прави овој нож за најретко стандардно произведен нож, издаден на американските сили во Втората светска војна. Првите 500 ножеви биле нумерирани со сериски броеви. Седумдесет ножеви „В-42“ биле издадени на американските маринци кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 година и тоа биле единствените ножеви издадени за други единици надвор од Првите сили за специјални задачи.Откако се стекнале со стручност во блиска борба, војниците биле запознаени со борбениот нож „В-42“. Војниците дознале дека ножот може да се користи за сечење или за прободување. Дел од обуката вклучувала часови по човечка анатомија; војниците биле научени како да искрварат човек или брзо да убиваат. Само членовите на борбениот ешелон добивале нож. Припадниците на единицата со гордост се фалеле со ножевите „В-42“ како симбол на елитната единица.Ножот „В-42“ е направен во форма на бодеж, со пресек во форма на дијамант, дршката била обвиткана со кожа и имала штитник кој бил направен двојно, над металната плоча во продолжение на

дршката била дебела подлога од кожа што ја апсорбирал ударот. На крајот на дршката, бил направен посебен дел во форма на масивен метален конус, дизајниран за нанесување на удари и за пробивање. Ножот бил произведен со две опции на сечилото со должина од 18,10 сантиметри и 18,42 сантиметри со иста вкупна должина за обете опции, 32 сантиметри и тежина од 200 грама. Се верува дека таквата должина на сечилото е избрана за да се гарантира навлегување со смртоносно оштетување во која било непријателска униформа, вклучително и зимска. Ножот бил

Ножот „В-42“ е направен во форма на бодеж, со пресек во форма на дијамант, дршката

била обвиткана со кожа и имала штитник кој бил направен

двојно, над металната плоча во продолжение на дршката била дебела подлога од кожа што ја

апсорбирал ударот. На крајот на дршката, бил направен посебен

дел во форма на масивен метален конус, дизајниран за нанесување

на удари и за пробивање

Page 42: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

обележан со името на компанијата, а под името, близу до штитникот за раката бил назабен во форма на отисок на прст за да му помогне на палецот при бодењето. Ножот бил издаван со кожна футрола во должина од околу 51 сантиметар во должина, со врвки за да биде врзана за долниот дел на бутината. Причината за должината била таа што ножот висел под долгите парки и требало да биде веднаш достапен. Футролота подоцна била опремена со метален завршеток на крајот, бидејќи остриот врв на ножот честопати ја пробивал футролата и со врвот ги повредувал нозете на специјалците за време на тренинзите. Ножот „В-42“ бил активно користен во битки и се покажал како одлично смртоносно оружје, сечилото лесно продирало низ облека и кожа, се лизгало меѓу коските и удирало во виталните органи на непријателот, а со врвот на рачката било можно лесно да се пробие череп или да се скрши зглоб.Како и секое друго оружје, и „В-42“ имал свои недостатоци. Иако во повеќето случаи овој нож совршено ги надминувал

сите пречки, при предизвикување на смртоносни зафати, понекогаш се случувало врвот, наидувајќи на доволно голема коска, да не ја заобиколи, туку да заглави во неа, што предизвикало отежнато вадење на сечилото од раната. Вториот недостаток на „В-42“ бил тоа што тој бил специјално дизајниран за извршување на воени мисии и не бил многу погоден за секојдневна, војничка употреба, како на пример за отварање на конзерви со храна, за отварање на пакувања со муниција и слично, така да при таква употреба често се кршел.Ножот „В-42“ бил толку уникатен, што бил вграден во првиот дизајн на амблемот на првите специјални сили, изработен во 1943 година. Тоа е единствената хералдичка ставка што се појавува на штитот заедно со двете вкрстени стрели што го сочинувале амблемот. Во 1960 година, кога била оформена Првата група на специјални сили, бил усвоен оригиналниот амблем што го користеле Првите специјални сили. Штитот на грбот никогаш не е сменет. На обележјата на

единицата на првата група на специјални сили сè уште има видливо прикажан нож „В-42“ во центарот помеѓу две вкрстени стрели. Тоа го носат војниците на специјалните сили уште од 1960 година, кога првично бил одобрен за носење. Првите специјални сили официјално биле деактивирани на 5 декември 1944 година во Вилнев-Лобет, Франција. Но, ножот В-42 на Кејс живее до денес. Во заедницата на единиците за специјални операции на САД, тој е симбол на многу големи достигнувања. Тимови за обука „Бела ѕвезда“ во Лаос околу 1960-61 година го користеле ножот „В-42“ на нивните беретки. Седмата група на мобилни тимови за обука на специјалните сили во Ел Салвадор го користеле В-42 на нивните неофицијални амблеми. Бројни други амблеми го користат овој нож како

нивен централен карактер и како симбол на невидливост и храброст. Неколку производители го репродуцираат ножот „В-42“ во текот на годините. Ножот, со тенок облик, одличен за ракување, со дршка направена од кожа и со шилец на нејзиниот врв е колекционерски предмет не само заради неговата реткост, туку и заради неговата грациозност и баланс. Во 1942-1943 година, производството на „В-42“ чинело само неколку долари. Денес, оригиналните „В-42“ честопати се продаваат за илјадници долари.Ножот „В-42“ е легендарен нож кој денес е траен симбол на најелитната единица на армијата на САД. Ниту еден предмет од опремата не е толку синоним за Првите специјални сили, како нивниот борбен нож „В-42“. Како и да е, борбениот нож „В-42“ остави забележителен белег во историјата на борбените ножеви за време на Втората светска војна, а неговата стилизирана слика дури и денес е присутна на амблемите на некои специјални сили.

Александар Стојчевски

42

Ножот, со тенок облик, одличен за ракување, со

дршка направена од кожа и со шилец на нејзиниот врв е колекционерски предмет

не само заради неговата реткост, туку и заради неговата грациозност

и баланс. Во 1942-1943 година, производството на „В-42“ чинело само

неколку долари. Денес, оригиналните „В-42“

честопати се продаваат за илјадници долари

Page 43: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

43

Генерално, минофрлачите се наменети за дејство на жива сила и за огнени средства, а особено на испресечено и планинско земјиште, кога целите се наоѓаат на задниот

наклон, за отворање премини преку жичани пречки и рушење на лесни фортификациски објекти. Уфрлувачката патека и малиот простор кој го зазема на огнената позиција, дозволува минофрлачот да биде сместен во заклони во кои непријателот не може лесно да го уништи. Со употреба на соодветни мини се врши осветлување и зачадување на бојното поле.

ПроизводителиМинофрлачот се произведува во „TDA Armements“ (денес THALES) во Р.Франција, а со соодветна лиценца и во „Thomson-CSF/Daimler Benz Aerospace“ (Германија), во „Hotchkiss Brandt“ (Холандија), во „MKEK“ (Турција) и во „Howa“ (Јапонија).Слични верзии се дел од вооружувањето на повеќе земји. Овој минофрлач има интересна препознатливост по тоа што цевката од внатрешна страна е нажлебена со 40 жлебови, што само по себе претставува реткост кај минофрлачите. „RTF1“ има брз режим на стрелба од 18 мини за една минута (за времетраење од 2 минути), но вој режим во никој случај не треба да се надмине поради можност од пукање на цевката, затоа што при максималното оптеретување, температурата на цевката е 350 степени.

МуницијаМинофрлачот „RTF1“ 120 мм користи едноделни мини 120 мм. Мината претставува склоп на елементи, кои со помош на барутното полнење се исфрлаат од цевката заради постигнување на ефект на целта. Комплетната мина се состои од:- кошулка на мината со стабилизатор и експлозивно полнење;- запалка;- основни и дополнителни барутни полнења.Интересен факт, поврзан за полнењата на мините, е тоа што истите, во зависност од тоа за кое полнење се работи, се изработени во три бои: црвена, сина и бела. Мините ги симболизираат боите на државното знаме на Република Франција.

„RTF1“ 120 ммВооружување

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МИНОФРЛАЧОТ „RТF1“ 120 ММ

КАЛИБАР НА ЦЕВКАТА 120 mm

НАЧИН НА ПОЛНЕЊЕ Рачно

ДОСТРЕЛ6,5 km (со мина OE 120 мм М44)8.2 km (со мина OE 120 мм F1 - OX 120 мм F1)12,8 km (со мина OE 120 мм F2)

ТЕЖИНА 653 kg

ДОЛЖИНА 3,10 m

ШИРИНА 1,94 m

ВИСИНА 1,30 m

ПОСЛУГА 6 (1 командир и 5 послужители)

КЛИРЕНС 0,25 m

ХОРИЗОНТАЛНО ПОЛЕ НА ДЕЈСТВО

– 360 илјадити(при вертикален агол од 800 илјадити)– 620 илјадити(при вертикален агол од 1200 илјадити)

ВЕРТИКАЛНО ПОЛЕ НА ДЕЈСТВО

– од 800 до 1500 илјадити со мина OE 120 мм М44– од 700 до 1200 илјадити со мина OE 120 мм F1

РЕЖИМ НА СТРЕЛБА Бавен: 4 мини за една минута (за времетраење од 10 минути) – Нормален: 10 мини за една минута(за времетраење од 4 минути)– Брз: 18 мини за една минута (за времетраење од 2 минути)– Обука: 2 мини за една минута (без ограничување на времето)

ТИП НА НИШАНСКА НАПРАВА GP1 M 120

ЗАТВОРАЧ Фиксен, прицврстен на цевката

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 1,75 m

ДИМЕНЗИИ НА ПНЕВМАТИЦИ 750 - 16

ПРИТИСОК ВО ПНЕВМАТИЦИ 1,8 bar

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МИНИТЕ ЗА „RТF1“ 120 ММ „OE F1“

ТЕЖИНА НА МИНАТА 18,6 kg

ДОЛЖИНА НА МИНАТА 89,7 cm

ТЕЖИНА НА МИНАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ од 15,20 до 16,20 kg

БРОЈ НА ПОЛНЕЊА 10

ПОЧЕТНА БРЗИНА СО ОСНОВНО ПОЛНЕЊЕ 115 m/s

ПОЧЕТНА БРЗИНА СО МАКСИМАЛНО ПОЛНЕЊЕ 365 m/s

РАДИУС НА УБИСТВЕНО ДЕЈСТВО 18,5 m

Минофрлачот „RTF1“ 120 мм (кратенка од

француски: Rayé Tracté Modèle F1) е орудие кое е во употреба во

Армијата на Република Франција

Page 44: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

44

Обединетите Арапски Емирати биле формирани од група племенски организирани заедници од Арапскиот

Полуостров кои гравитирале покрај јужниот брег на Персискиот Залив и северозападниот брег на Оманскиот Залив. Оваа област, исламот, како водечка и доминантна религија за овој регион, го авторизира со почетокот на VII век. Поголемиот дел од населението во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се со потекло од две племенски заедници: Кавасим (Qawasim) и Бани Јас (Bani Yas), кои се истакнуваат како водечки сили во текот на XVIII век. Племенската заедница Кавасим претежно биле трговци во копнените и поморски земји во регионот на Арапскиот Полуостров. Во денешно време ваков начин на живот имаат емиратите во Рас ал Кајмах и Шарџа (Ras al Khaymah and Sharjah). Племенската заедница Бани Јас биле претежно земјоделци и сточари. Денес нивниот начин на живот го практикуваат Емиратите од Абу Даби и Дубаи. Од XVII до XIX век, областа на Арапскиот Полуостров била позната под името „Пиратски брег“, од причина што европските и арапските пирати во континуитет ги напаѓале странските бродови кои поминувале во овој регион.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се протегаат долж Арапскиот Полуостров, помеѓу Оман и Саудиска Арабија и граничат со

Оманскиот и со Персискиот Залив. Доминатното мнозинство, околу 96 проценти од граѓаните на Обединетите Арапски Емирати, се муслимани, од кои 85 проценти од муслиманите се Сунити, а 15

проценти се Шиити. Во моментов во ОАЕ вкупно живеат 9.848.532 или приближно 10 милиони жители

Историја на конфликтите во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

Низ историјата

Page 45: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

45

Во овој период Британците испраќаат специјални воени експедиции со цел да им се спротивстават на пиратите, што кулминира во текот на 1818 година против пиратскиот штаб на Рас ал Кајма (Ras al Khaymah) и други пирати во регионот на Арапскиот Полуостров. Оваа експедициска акција на британските воени сили, според дел од светските историчари, била преземена со цел да се заштити британската поморска трговија и сообраќај, притоа особено на британската компанија „Источна Индија“, но од страна на друга група на светски историчари, сето ова било мотивирано од желбата на Британците да воспостават надмоќ во регионот во однос на другите европски сили.Во 1820 година, Британија склучува општ мировен договор со главните шеици на Пиратскиот Брег и Бахреин. Нејзината цел била да се стави крај на пиратеријата. Договорот од 1820 година ја вклучува забрана за пиратерија и осуда на трговија со робови. Сепак, овој договор практично не го спречи редовното поморско војување на племињата на крајбрежјето, така што во 1835 година шеиците се согласија за ново примирје, со кое се согласија да пријават агресија на британските политички или поморски власти, наспроти тоа да се одмаздат. Ова примирје беше обновено неколку пати до мај 1853 година, со потпишувањето на договорот за да се запре целосен прекин на сите непријателства на море, со воспоставување на „поморско примирје“.Во 1892 година, Франција, Германија и Русија пројавуваат интерес за Заливот, така што оваа новонастаната состојба ја наведува Велика Британијаи шеиците на Тракискиот Брег да потпишат нов договор, познат како Ексклузивен договор. Според овој договор, шеиците се согласуваат да не склучуваат спогодби со ниедна империјална европска и друга сила, освен со Велика Британија и да не отстапуваат, продаваат делови и области од нивната територија на никого освен на Британија и без британска согласност. Од овој период до независноста во 1971 година, автохтоните крајбрежни шиикдоми (sheikhdoms - владетели) биле под британска заштита, што значело дека Велика Британија има целосна одговорност за нивната одбрана од надворешните влијанија на другите земји, додека шеикдомите ја следеле традиционална форма уредување и владеење на начин на Арапска монархија, односно секој владетел имал практично апсолутна моќ над својата област на владеење. Во текот на 1952 година, Велика Британија им препорача на владетелите на седумте шеикдомите

да формираат Трудски совет, со цел да го охрабри усвојувањето на заедничките политики во административните работи, со што понатаму би довело до федерација на држави. Владетелите се состанувале два пати годишно под претседателство на политички агент во Дубаи. Во 1958 година, кога за прв пат беше откриена нафта под крајбрежните води на Абу Даби, нафтените деривати во голема мерка ја определија структурата на моќта и престиж на тамошниот емират. Нафтената компанија во Абу Даби во 1960 година комерцијално започна со производство, така што истата обезбеди значителна финансиска моќ на овдешниот шеикдом кој стана најбогат емират. Шеикот Шахбут Ибн Султан Ал Нухајан (Shakhbut ibn Sultan Al Nuhayyan), владеел со Абу Даби од 1928 до 1966 година. Но, само последните години од неговото владеење претставувале подем и ренесанса за нафтената индустрија во Абу Даби. Него го заменил неговиот помлад брат, шеикот Зајид Ибн Султан Ал Нухајан (Zayid ibn Sultan Al Nuhayyan), во чие време на владеење Абу Даби ја доживува ренесансата во нафтената индустирија, успевајќи да ги развие сите технологии за производство на сите видови погонски горива за моторните возила.Во 1968 година, Велика Британија

донесува одлука која ја реафирмира во текот на март 1971 година за повлекување на Ексклузивниот договор со седумте земји од арапското крајбрежје и одлука за целосно повлекување на британските воени сили. Во текот на март 1968 година на арапските крајбрежни земји им се приклучуваат Бахреин и Катар кои, исто така, биле под британска заштита, со цел да формираат Федерација на Арапските Емирати, но во текот на 1971 година овие две земји се повлекуваат од овој договор со цел да ја прогласат својата независност. Во текот на јули 1971 година, шест од крајбрежните арапски земји: Абу Даби, Ајман, Ал Фуџајрах, Дубаи, Шарјах и Ум ал Кајвајн (Abu Dhabi, Ajman, Al Fujayrah, Dubai, Sharjah and Umm al Qaywayn) се согласуваат на федерално уредување и устав за постигнување на својата независност како Обединети Арапски Емирати (ОАЕ). Во текот на 01.12.1971 година со посредство на Велика Британија и со потпишувањето на овој договор независноста на Обединетите Арапски Емирати се прогласува престојните неколку дена. Седмиот шеикдом Рас ал Кхајмах (Ras al Khaymah) се приклучува на ОАЕ во текот на февруари 1972 година. По прогасување на независноста на ОАЕ, шеикот Зајид Ибн Султан Ал Нухајан

Највисокиот федерален орган во рамките на ОАЕ е Врховниот совет на владетели кој се состои од владетели од седумте емирати.

Ова тело го избира претседателот (кој секогаш бил владетел на Абу Даби) и потпретседател (кој отсекогаш бил владетел на Дубаи).

Претседателот ги назначува премиерот и Советот на министри. Федералниот врховен совет е надлежен за законодавни и извршни

овластувања. Ги ратификува федералните закони и декрети, ја планира федералната политика и може да го разреши од функција

премиерот ако има таква препорака од претседателот

Page 46: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

46

(Zayid ibn Sultan Al Nuhayyan) од Абу Даби бил именуван за прв претседател на ОАЕ, функција која ја извршувал се до неговата смрт во 2004 година. Владетелот на Дубаи, шеикот Рашид Ибн Саид Ал Мактум (Rashid ibn Said Al Maktum) станал заменик претседател, а неговиот најстар син шеикот Мактум Ибн Рашид Ал Мактум (Maktum ibn Rashid Al Maktum) кој бил принц на Дубаи, станал премиер. По смртта на шеикот Рашид во текот на 1990 година, неговиот син шеикот Мактум Ибн Рашид Ал Мактум ја презема должноста на својот татко како заменик-претседател и премиер на ОАЕ. Владата на ОАЕ во текот на 1976 година станува централизирана, особено кога федералната влада воспоставува контрола над одбраната, разузнавачките служби, имиграцијата, јавната безбедност и граничната контрола. Во текот на 1981 година, главно како одговор на заканата за регионалната безбедност претставена

преку Иранско-ирачката војна (1980-88 година), ОАЕ се приклучи на Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Катар и Оман во формирањето на Совет за соработка на арапските држави на Заливот, сега Совет за соработка на Заливот (Gulf cooperation council – GCC). Советот за соработка на Заливот работи на поттикнување поголема политичка, социјална и економска интеграција меѓу земјите од Заливот и повеќе се фокусира на подобрување на одбраната на земјите-членки. ОАЕ е членка на Обединетите нации (ООН) и на Арапската лига и има воспоставено одлични дипломатски односи со над 150 земји во светот, вклучувајќи ги: САД, Британија, Јапонија, Кина и повеќето земји од Западна Европа.Над 30 проценти од БДП се надополнува од нафтената индустрија на ОАЕ. Според глобалната економска статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2006 година, ОАЕ има нафтени резерви од преку 98

милијарди барели или 8 проценти од светските нафтени резерви. Од овие нафтени резерви Абу Даби има 94 проценти или 92,2 милијарди барели, Дубаи има нафтени резерви од 4 милијарди барели. Абу Даби станува член на Светската оранизација за извоз на нафтени деривати (ОПЕК) во 1967 година. Воените сили на ОАЕ се состојат од: копнени, поморски и воздушни сили. Бројот на воен персонал изнесува 65.500 војници и старешини, од кои 59.000 во копнените армиски сили, 2500 лица во поморските воени сили и 4000 лица во воздушните воени сили. Централно место во одбранбената политика на ОАЕ заземаат САД. Одбранбениот пакт на ОАЕ со САД е после Заливската војна од 1990/91 година, а заемниот Одбранбен пакт се потпиша во 1996 година. Во текот на 2007 година преку потпишување на договор за набавка на борбени авиони помеѓу ОАЕ и САД во вредност од над 6,4 милијарди американски долари, испорачани се 80 „F–16E/F Desert Falcon“ борбени авиони. Пред само неколку години ОАЕ располагала и со едни од најсовремените борбени авиони „C-17A Globemaster III“. ОАЕ има воспоставено договор за одбранбена соработка и со Франција, така што оваа соработка се крунисува со делумна донација и набавка на борбените авиони „Мираж 2000-9“ и „Панхард“ (Panhard)-лесни оклопни борбени возила. Исто така, односите на ОАЕ со: Русија, Германија и Украина се на одлично ниво, а овие држави претставуваат, исто така, потенцијални снабдувачи на ОАЕ со современо воено оружје.Воената индустрија на ОАЕ посериозно започна да се развива пред две децении. Притоа имаат направено за лични потреби неколку корвети од

Воените сили на ОАЕ се состојат од: копнени,

поморски и воздушни сили. Бројот на воен персонал

изнесува 65.500 војници и старешини, од кои 59.000

во копнените армиски сили, 2500 лица во поморските воени сили и 4000 лица

во воздушните воени сили. Централно место во одбранбената политика на

ОАЕ заземаат САД

Page 47: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

47

типот AL Dhafra P-173. Неколку типови на пиштоли и лесно вооружување, како и модернизација на оклопни борбени возила од периодот после Заливската војна. Обединетите арапски Емирати од прогласувањето на својата независност до сега учествувале во следниве конфликти и војни: Либанска граѓанска војна (1976-1979) година, која конечно заврши дури во 1990 година, резултираше со над 120 000 убиени лица и емиграција на еден милион лица како резултат на војната. Во оваа војна ОАЕ, заедно со Арапските сили за одвраќање (Arab deterrant forces), Сирија, Саудиска Арабија, Судан, Либија и Јемен, успеаја да го совладаат Либанскиот фронт и јужната либанска армија. Во Заливската војна (1990-91) година, ОАЕ во коалиција со: Кувајт, САД, Британија, Саудиска Арабија, Франција, Канада, Египет, Сирија, Оман, Катар и други коалициски сили успеваат да ја спречат инвазијата на Ирак врз Кувајт и да го натераат да се повлече.За време на Првата либиска граѓанска војна од 2011 година, ОАЕ е во коалиција со: Националниот транзициски совет (National transitional council - NTC), Франција, НАТО, Британија, САД, Белгија, Канада, Данска, Холандија, Норвешка, Шпанија, Турција, Катар, Шведска и Јордан. Тие успеваат да го симнат од власт и да убијат долгодишниот претседател на Либија, Муамар Гадафи и власта да ја предадат на Националниот транзициски совет. Меѓутоа, по завршуањето на Првата либиска војна сè уште се присутни насилствата врз цивилното население.Бунтот во Синаискиот Полуостров започнува за време на Арапската пролет или, поточно, во 2011 година. Во овој бунт египетските безбедносни сили се борат против фракциите на ИСИС во Синаи. Во текот на 2018 година во коалиција со Египет во овие противбунтовнички операции се вклучуваат и ОАЕ. Во војната против ИСИС од 2014 година до сега, ОАЕ е во коалиција со: Ирак, Курдистан, Слободна Сириска Армија, САД, Британија, Јордан, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, Австралија, Мароко, Канада, Белгија, Германија, Франција, Норвешка и Шведска против: ИСИС, Ал-Нусра фронт и Кхорасан. Во граѓанската војна во Јемен од 2015 година, ОАЕ е во коалиција со: Владата на Хади, Јужното движење во Јемен, Саудиска Арабија, Сенегал, Судан, Кувајт, Бахреин, Египет, Катар, Јордан, Мароко, Јужниот транзициски совет, против: Владата на Хоути и неговите приврзаници, лојалистите на Салех и ИСИС. Во текот на 2018 година

се случува битката во Аден помеѓу јужниот транзициски совет и јеменската влада околу штабовите во Аден.Во периодот на Втората либиска граѓанска војна од 2014 година до сега, ОАЕ е во коалиција со: Либиската влада, Египет, САД и Велика Британија, кои им се спротиставија на: Либискиот генерален национален конгрес, Шура-советот од Бенгази (Shura Council of Benghazi), Шура-советот од Дерна (Shura Council of Derna) и на „Исламската држава“ во Ирак и во Сирија (ИСИС). Во моментов политичкото ривалство во Либија, кое во контиунитет ја држи државата во

конфликтна состојба, се надгледува од египетските и од турските воени сили, поддржани од коалициските сили на НАТО. Бидејќи состојбата со Втората граѓанска војна во Либија е „статус кво“, европските воени аналитичари најавуваат дека НАТО и Европската унија кон крајот на месец март или на почетокот на април 2020 година, ќе распоредат поморски бродови, авиони, сателитска навигација и дроновско извидување, со цел спроведување на ембарго за оружјето во Либија.

д-р Андреј Илиев

Page 48: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

48

Пазарите на кои се продаваат живи животни се сметаат за потенцијален извор на нови и непознати болести. Постојат

шпекулации дека таквиот вид пазар во Вухан можеби е почетното место за појава на епидемијата. Поврзано со ова, Кина стави привремена забрана за трговија со диви животни, како мерка за контрола на ширењето на корона вирусот. Сепак, еколошките активисти велат дека тоа не е доволно. Тие тврдат дека, покрај заштитата на човековото здравје, постојаната забрана би била важен чекор во напорите да се стави крај на нелегалното тргување со диви животни. Воедно, тврдат дека и побарувачката на производи од див животински свет во Кина, која наоѓа употреба во традиционалната медицина или како егзотична храна, води глобална трговија со загрозените видови.

Зошто фаќаме болести од животните?Се проценува дека повеќе од 70% од новите инфекции кај луѓето доаѓаат од животните, особено од дивите животни. Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека постои голема веројатност и новиот корона вирус да е дојден од лилјаци. Но, истиот, можеби потекнува и од непознати животински групи. Исто така, постои мислење дека и вирусите кои го предизвикуваат тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) и респираторниот синдром на

Блискиот Исток (МЕРС) потекнуваат од лилјаци. Но, за овие вируси се смета дека прво циркулирале кај мачките и камилите, пред да бидат пренесени на луѓето. „Доаѓаме во контакт со видови на животински свет и со нивните живеалишта со кои порано не сме биле“,Ние ненадејно сме изложени на потполно нови вируси со кои никогаш не сме биле во контакт во минатото. „Затоа имаме голем број на нови болести кои се поврзани со нови контакти меѓу луѓето и претходно непознатите вируси, бактерии и паразити“, вели д-р Бен Ембарек од Одделот за исхрана и безбедност на храна во СЗО, во својата изјава за „Би Би Си“. Една неодамнешна анализа на речиси 32.000 познати земни 'рбетници покажува дека околу 20% од нив се купуваат и се продаваат на светскиот пазар на дивиот свет, и тоа легално

По појавата на корона вирусот активистите ја

повикуваат Кина да стави трајна забрана за трговијата

со диви животни

Корона вирус Забрана за трговија со диви животни

Глобал

Page 49: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

или нелегално. Студијата, пак, на конзерваторската група WWF покажува дека нелегалната трговија со диви животни вреди околу 20 милијарди американски долари годишно. Таа е четврта најголема нелегална трговија во светот, после шверцот со дрога, со луѓе и фалсификувањето. Индустријата за производи од животински свет е главен дел од кинеската економија и се смета за виновикот поради кој неколку видови на животински свет се на работ на истребување. Затоа, „Оваа здравствена криза мора да послужи како повик за будење на потребата да се стави крај на неодржливата употреба на загрозени животни и нивните делови, како егзотичните миленичиња, потрошувачката на храна и за нивната уочлива медицинска вредност“, се вели во соопштението на WWF. Д-р Ембарек вели: „......Сакаме да избегнеме во иднина да имаме слични настани со нови вируси кои повторно ќе преминуваат од животните на луѓето. Во тој поглед, потребно е долгорочно да се регулира трговијата со животински свет, како за заштита и за јавното здравје, затоа што знаеме дека постои постојан ризик повторно да се случуваат драматични настани “.Кинеската влада, пак, јасно стави до знаење дека забраната ќе биде привремена. „Подигањето, транспортирањето или продажбата на сите видови диви животни е забрането од датумот на објавувањето, сè додека не заврши националната состојба на епидемија“, вели заедничката директива од три кинески агенции. Инаку, Пекинг објави слична забрана во 2002 година за време на избувнувањето на вирусот САРС. Но, според кажувањето на конзервативците, само неколку месеци по објавите, властите се опуштија и трговијата се врати.Во септември годинава, Пекинг ќе биде домаќин на големата глобална конференција за природни и биолошки ресурси, позната како Конвенција за биолошката разновидност. Конвенцијата, потпишана во 1992 година, има цел да го заштити глобалниот биодиверзитет. Во минатогодишниот извештај на Меѓувладината платформа за научна политика за биолошката разновидност и сервисите на екосистемите (IPBES), е утврдено дека еден милион видови се изложени на ризик од истребување. Со одржливоста на планетата како главна глобална агенда, Кина е „под лупа“, не само за она што го прави на нејзината територија, туку и надвор од неа. Нејзината мега-шема на појаси и патишта (БРИ), чија цел е да се изгради инфраструктура низ целиот свет за да се етаблира како голема глобална моќ, е

критикувана поради неодржливо користење на природните ресурси. Кинескиот претседател, Кси Џинпинг, во неколку наврати го користи зборот „одржливост“ додека го промовира BRI во неговите говори. Но, во неодамнешните едиторијали во кинеските медиуми, кои се контролирани од државата, се осудува неконтролираниот пазар на животински свет во земјата. Поврзано со ова, конзервативците и еко-активистите велат дека појавата на корона вирусот може да ѝ даде на Кина можност да докаже дека е сериозна во своите напори за заштита на биолошката разновидност. „На ова гледаме како на можност за постојан обид да се стави крај на чувањето, одгледувањето, припитомувањето и искористувањето на дивиот свет, не само поради месото, туку и заради потребите на

традиционалната медицина“, вели Деби Банкс, водечки истражувач за животински свет на лондонската Агенција за истражување на животната средина (ОВIAС). Затоа, експертите посочуваат на успехот на забраната што Кина ја воведе за увозот на слонова коска, после неколку години меѓународен притисок, со цел да се спасат слоновите од истребување. Но, експертите за животински свет, воедно, истакнуваат дека забраната и регулативата за производи од животински свет треба да бидат глобални, а не само да се применуваат во Кина.

м-р Билјана Поповска (адаптирано од https://www.bbc.com/

news/science-environment-51310786 By Navin Singh KhadkaEnvironment correspondent, BBC World Service)

Page 50: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Кога пристигнував по скалите кон третиот кат во зградата каде што учат овие деца, уште оддалеку можев да ја слушнам нивната

искрена детска смеа и радост. Тие гласно и од сe срце занесено навиваа и се радуваа на секој освоен поен на заедничките екипи во пикадо-натпреварот во кој учествуваа припадниците на Армијата, децата и нивните наставници. Тие, сите заедно навиваа, се дружеа и беа среќни. Го нарекоа инклузивниот пикадо-натпревар, а на крај беа доделени дипломи за екипно освоено прво, второ и трето место и за спомен, среќни и весели, и заеднички се фотографираа.Демир Асанов, Давид Мартинов и Мелиса Бајрамова, како и сите нивни другарчиња, ни рекоа дека преубаво си поминале и се дружеле со припадниците на Армијата. Гордо ни изјавија дека станале нивни пријатели и дека, како што им ветиле, повторно ќе ги очекуваат на ново заедничко дружење. Капетанката Цветанка Велковса, лице за односи со јавноста од велешкиот гарнизон на Армијата, вели дека целта на оваа посета во ПОУ „Маца Овчарова“ била да ги израдуваат учениците преку заедничко дружење и скромни подароци. Таа ни појасни дека иницијативата поттикнува од неа и од нејзиниот колега Љупчо Стојков, главен наредник од Борбено-штабниот курс, а им се приклучиле и останатите нивни колеги, како и колеги од Командата за обука и доктрини при велешкиот

гарнизон. Таа оценува дека целта била постигната и затоа планираат да продолжат и понатаму со вакви и слични средби и дружења со децата кои учат во ова велешко училиште. „Убаво беше да се почувствува радоста и среќата меѓу овие дечиња кои знаат вистински и од се’ срце да се радуваат на малите -големи нешта во животот. „Тие се пример за тоа и од нив за пријателството и радоста треба многу да научат нивните врсници од редовните училишта, но и многу возрасни кои

одамна заборавиле да се дружат и да ги усреќуваат децата“, порача Велковска.Лена Гаданец, директор на ПОУ Маца Овчарова“, потенцираше дека се мноу среќни од ваквиот гест на припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон. „За нашите деца оваа средба е многу значајна, затоа што ова значи дека некој се сетил на нив и сака да се дружи со нив. Децата тоа со голема радост го искажаа со широките насмевки на нивните лица, поради што им благодарам на припадниците на Армијата на ваквото пријатно изненадување и на гестот да го посетат нашето училиште, како и многупати досега, и да ни најават нови средби“, потенцира Гаданец.Инаку, во ПОУ „Маца Овчарова“, припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон во повеќе наврати искажале хуманост изминативе години и делеле пакетчиња составени од војничката маренда. Но, овојпат, за првпат остварија подолго дружење и заеднички спортски натпревар во пикадо со овие деца и уште повеќе ги израдуваа. Припадниците на Армијата, за крај, на нивните нови пријатели, децата од ПОУ „Маца Овчарова“ од Велес, им најавија повторно ваква или слична средба и дружење. „Догледање, ќе ве чекаме“, им возвратија дечињата со широки насмевки на лицата и со подадани рачиња за пријателство и дружење.

Антоанела Димитриевска

50

Во Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес, на 24 јануари, на

гости беа петнаесетина припадници на Армијата од велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски-

Бауман“, кои на децата им донесоа едукативни играчки

за наставата и слободното време и симболични

пакетиња но, најважно, им подарија дел од своето време

за дружење преку спортски пикадо-натпревар

24 часа

Припадниците на Армијата во посета на децата од велешкото ПОУ „Маца Овчарова“

Page 51: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

51

Како што е познато, во поновата македонска историја Февруарскиот поход во 1944 година ќе остане запаметен како

една од најзначајните стратегиски операции на македонската војска во Втората светска војна.Основната цел на Февруарскиот поход била вооружената борба да се разгори низ целата територија на Македонија, да се оствари контакт со Пиринскиот дел на Македонија и соработка со антифашистичките сили во Јужна Србија, со цел да се оргнизираат заеднички дејства. Основната замисла била да се изврши пробив со оперативни групи во бројност до бригада (Главниот штаб на македонската војска кон крајот на јануари 1944 година располагал со Првата македонско-косовска бригада, Втората македонска бригада и групата баталјони „Стив Наумов“ и „Христо Ботев“).Во текот на Февруарскиот поход, за македонските единици, посебно тешки услови претставувале голамата зима, длабокиот снег, гладта и исцрпеноста. За моралот на борците, шефот на сојузничката британска мисија, мајорот Џорџ Квајн, во бригадниот весник запишал: „Никогаш во

животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“. На 17 февруари третата група баталјони стигнала до реката Брегалница, која била надојдена и можела да се премине само преку мостот кај село Истибања. Таа тактичка варијанта била успешно изведена на овој ден. Во знак на почит и признание кон

слободарскиот дух на припадниците на баталјоните, во с. Истибања постои спомен-обележје, кое на 17 февруари го посетија претставници на локалната самоуправа на Виница и на Кочани, на ОРОРСМ и на ООЕ на Виница, како и претставници на ООЕ на Берово и на Пехчево. Пригоден збор за значењето на Февруарскиот поход имаше градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, а свежо цвеќе на спомен-обележјето положија градоначалниците

на Кочани и на Виница, Николчо Илиев и Ивица Димитров, командантот на Вториот механизиран пешадиски баталјон, потполковник Стојанчо Костов, како и д-р Гоце Геогриев и Љупчо Вуксанов (претседател и потпретседател на ОРОРСМ). Во културно-уметничкиот дел од ова чествување учествуваше КУД „Китка“ од Истибања.

Слободарски традиции

На 4 февруари во Делчево беше достоинствено одбележана 148-годишнината од раѓањето на идеологот

на Македонското националноослободително движење Гоце Делчев. На чинот на чествувањето на годишнината од раѓањето на носителот на слободарските идеи од крајот на 19 и почетокот на 20 век и големиот визионер и хуманист,

во центарот на Делчево се собраа повеќе граѓани, меѓу кои: претставници на ООЕ на ОРОРСМ, на локалната самоуправа, претставници на политички партии, здруженија на граѓани и културни институции.Прогрмата беше збогатена со пригоден настап на КУД „Гоце Делчев“, како и со настапот на поетот Васил Маневски, кој рецитираше поезија инспирирана од ликот и делот на Гоце Делчев. Тој, во оваа пригода, предложи обновување на културната манифестација „Гоцеви денови“, манифестација која порано повеќе години се одржувала во градот Делчево.Учесниците, во знак на почит, на споменикот во центарот на градот положија свежо цвеќе.

Достоинствено чествување

Работен договорНа 13 февруари се одржа Седница на Извршниот одбор на

ООЕ на ОРОРСМ Тетово, со која раководеше резервниот капетан Зоран Кировски. Во работата на седницата учествуваа: претседателот и потпретседателот на ОРОРСМ, д-р Гоце Георгиев и Љупчо Вуксанов, како и членот на Извршниот одбор, д-р Тони Петрески, кој раководи со Секторот за цивилно-воени односи во МО. Фактот што на почетокот на календарската година тетовската организациона единица е фокусирана врз реализацијата на идејата на програмските активности во едукацијата и обуката на резервните офицери и подофицери, уште еднаш ја потврдува констатацијата дека раководството на оваа ООЕ, реализацијата на содржините ја планира во континуитет во текот на календарската година. Таа е позитивен пример кој, како искуство би требало да го практикуваат сите ООЕ на ОРОРСМ.Во фокусот на вниманието на овој работен договор беа повеќе актуелни содржини, меѓу кои и програмата за едукација и обука и календарот за одбележување на значајни настани и личности од поблиското и подалечно историско минато. Предложените документи беа позитивно оценети од учесниците на Седницата, а претставниците на ОРОРСМ и МО ги информираа присутните за текот на реформските активности во Организацијата.Образложувајќи ја програмата за едукација и обука, претседателот на ООЕ, Зоран Кировски, нагласи дека акцентот е ставен врз содржините од практичниот

дел, каде што ќе бидат вклучени над 200 членови од сите општини во Тетовскиот регион (Теарце, Брвеница, Боговиње, Јегуновце).Меѓу другото, ќе бидат организирани 2 кондиционо-едукативни маршеви (с.Милетино – с.Блаце – Самовилска Вода), во должина од 12 км и с.Радиовце – с.Теново – с.Стенче – с.Волковија, во должина од 15 километри.Овие програмски содржини во кои ќе бидат непосредно вклучени 70-тина резервни офицери и подофицери, ќе бидат логистички поддржани од Третиот механизиран пешадиски баталјон со кој командува потполковник Изеир Ејупи.

Живко Трајановски

ОРОРСМ-активности

Page 52: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

52

Незадолжително

75 години од ослободувањето на „Аушвиц“ (1)Легендарни бегства од „Логорот на смрттa“

Пред крајот на јануари светот ја одбележа 75-годишнината од ослободувањето на „Аушвиц“, најстрашниот

казамат, монструозниот изум на нацистичката идеологија. Давајќи го својот прилог, злосторите да не се заборават за да не се повторуваат, магазинот „Штит“, по повод 75-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, потсетува на неколкуте легендарни бегства од нацистичкиот пекол, лоциран на југот на Полска, во селото Освјеќим. Од фактите, собирани од 27 јануари 1945 година, кога руската Црвена армија го ослободи озлогласениот логор, дознаваме дека за четири години од неговото постоење, 928 лица се обиделе да се спасат од гасните комори но, за жал, тоа „од рака“ им пошло само на 196 мажи и жени.

Познато е, исто така, дека 331лице од оние кои се обиделе да избегаат, смртта ги стасала на неколку стотини метри од казаматот.

Лудата храброст на капетанот ПилецкиВо 1960-тите, детаљно биле документирани случки на бегство од логорот на смртта. Неколку од нив се издвојуваат, и со право се вбројуваат во неповторливи подвизи на смртни луѓе во човековата пишана историја. Па, сепак, од која страна да се гледа, со какви мерки да се мери, бегството на капетанот Витолд Пилецки од Аушвиц, има митски димензии. И којзнае дали тој подвиг би го здогледал светлото на денот, да не се случеше падот на Берлинскиот ѕид. Имено, 45 години по завршувањето на Втората светска војна, Алекс

Сторожински, претседател на фондацијата „Косциуско“, на светот му го обелодени досието „Волонтер во Ашвиц“, потресна приказна за лудата храброст на еден полски војник и родољуб. До 19 септември 1940 година, кога, како што подоцна изјавил самиот , „среќата му се насмевнала“ , Витолд бил млад офицер на полската армија, опседнат со целосно ослободување на својата земја од советско влијание. Надвор од регуларната полска армија и политичкото устројство во земјата, формирал движење за отпор на непријателите, токму кога нацистичката германска армија ја окупира Полска. Тогаш започнува и формирање на озлогласениот нацистички логор во Освејнќим, а оттаму и првите гласови за погубувањето на затворениците

Page 53: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

довезувани од делот на прегазената Европа. „Јас таму мора да влезам и самиот да се уверам што точно се случува“, им рекол на своите најблиски другари од Движењето за отпорот. Мислејќи дека се шегува, тие му возвратиле дека знаат дека не е „со сите“, но дека не им се верува дека токму тој доброволно сака да се предаде на смртта. Но, кога им објаснил каков план има, се согласиле, и за неколку дена му направиле документи на име на наводно починатиот Евреин, Томаш Серафински. Храброст или лудост, би помислил секој, бидејќи во Варшава, во 1940 година, било време кога ловот токму на припадниците на еврејската раса бил апсолутна преокупација на нацистите во престолнината на Полска.Најлесен начин да се стаса во „Аушвиц“ бил да те уапси Гестапо и нивните кодоши, но Пилецки, сега веќе Серафински, немал среќа. Со денови лутал низ улиците на Варшава, но германските војници не обрнувале внимание на истопорениот талкач, сè до 19 септември таа 1940 година. При една контрола, Пилецки прв застанал во создадениот ред и прв, со ќотек бил уфрлен во камион кој прибирал нова „тура“ за „Аушвиц“. Сè потоа е легенда достојна на античките митови, смртна авантура во која свесно и доброволно се впуштил еден млад офицер и неповторлив човек.

Бегство во сигурна смртДва дена по апсењето, кога зад него се затворила железната капија, над која пишувало „Работата ослободува“ и кога бил удрен со кундак од пушка и останал без два заба, Пилеци сфатил дека навистина се впуштил во смртна авантура. По сплет на околности, поради физичкиот изглед, сега веќе под име „4859“ , 39-годишниот Витолд бил одреден во логорот да врши тешки физички работи. Освен што со количка носел камења за изградба на нови зандани и крематориуми, често одел на работа надвор од оградениот логор. Гонет од инстинктот за голо преживување, а решен по секоја цена на светот да му ја обелодени вистината за Аушвиц, Пилецки, катадневно, се впуштал во незамисливи потфати. Најпрвин формирал штаб за давање отпор на управувачите со логорот, потоа и разузнавачка мрежа и канали за внесување на информации и материјали однадвор. Во играта со смртта долга 945 дена, во раната пролет 1943 година, Витолд Пилецки бил на чекор до сигурна смрт. Имено, неколкумина

од логорот, со кои направил радиостаница, која во меѓувреме ја демонтирале, биле стрелани, и постоела можност некој од нив да го спомнал пред злоставувачите. Во мигот кога размислувал што да прави, дежурниот „гестаповец“ побарал доброволец за работа во пекара, во ноќна смена. Прв се пријавил и идејќи кон бараката каде се подготвувал леб за управата на логорот, Пилецки одлучил да избега по секоја цена. За негова среќа, за ноќното дежурство се пријавиле и двајца од неговата тајна група, Јан Реџи и Едвард Числески, и наместо да печат леб, несудените пекари тргнале во акција. Најпрвин ги пресекле телефонскиот вод, а потоа и бодликавата жица на оградата која била скоро прилепена за бараката. Во мигот кога се провреле низ оградата, се вклучил алармот и се слушнале пукотници од блиската стражарница. Во сите такви случки дотогаш, бегалците или ги стасал куршум или дресираните кучиња. Таа априлска ноќ во логорот биле неколкумина дежурни „есесовци“, а

кучињата биле во кафези, на другиот крај од логорот. Сепак, рафалите не престанувале цели петнаесет минути, доволно за два куршуми да го погодат затвореникот број 4859, за среќа само во десното рамо, што не било пречка жив да стаса до блиската рекичка. Пред да тргнат, Пилецки и другарите се договориле, од реката натаму да се разделат и да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Смртта не знае за храбростМамејќи ја смртта уште од 1929 година, кога војувал против Русите, Витолд Пилецки , по бегството од „Логорот на смртта“, четириесет дена талкал на југот на Полска, вардејќи го торбулето со документи и белешки направени во „Аушвиц“. Истите оние кои од логорот ги испраќал до командата на полската армија во Лондон, зачуден зошто оттаму не добил никаков одговор, ниту очекувана реакција. По војната дознал дека неговиот смртоносен труд не бил залуден, но дека, ниту командата ниту сојузниците не верувале во точноста на добиените информации. Но, како и да е, откако ги поминал опишаните премрежја, Пилецки стасал до своите и продолжил да се бори против Германците, сè до повторно апсење.На 5 октомври 1944 година, повторно се нашол во сточниот вагон, кој одел до концентрациониот логор во Шлезија. Бил уапсен по напад на една германска караула на полско-германската граница, среќен што наместо куршум, добил шанса да размислува за ново бегство. Во таквата намера го попречиле сојузничките војници, ослободувајќи го логорот, ден

За пет години, колку што функционирал

најозлогласениот нацистички логор „Аушвиц“, забележани се 928 обиди за бегство, од кои само 196 биле успешни.

Неколку од нив се неверојатни и потврдуваат дека желбата за живот и лудата храброст

на поединци, остануваат над секое зло

Page 54: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

54

по неговото пристигнување во занданата. Неколку месеци потоа, преку Италија и Австрија, Пилецки стасал во Варшава и веднаш им се приклучил на полските партизани. По завршувањето на крвавата војна, на кратко се вратил во селото Сукурце, на наследениот семеен имот, каде го пречекале сопругата Марија, синот Анжеј и ќеркичката Софија. Во селото бил пречекан како херој, бидејќи пред војната тука бил раководител на пожарната служба, основач на земјоделска задруга, инструктор по јавање и носител на медал за заслуги. И, наместо да му се радува на живот во кругот на семејство, од кое бил разделен цели пет години, Витолд Пилецки се впуштил во нова авантура. Прифатил да прибира податоци за активностите на руските воени и цивилни власти во Полска, игнорирајќи ги предупредувањата дека се игра со огин. Во раната пролет 1947 година, неговите соработници од разузнувачката мрежа против Советите, дознале дека ќе биде уапсен и барале итно да избега од Полска. Но, тој е човек што доброволно отишол во Аушвиц, одбил да избега и, се разбира, бил уапсен и обвинет за шпионажа, за соработка со непријатели, за носење оружје без дозвола и одбивање да служи воен рок. И, така, храбриот капетан Пилецки бил изведен пред суд, убеден дека лесно ќе се справи со лажните обвинувања. Во таквата процена се излажал, бидејќи на 15 мај 1948 година бил осуден на смрт. „Се обидував да живеам така што во часот на смртната казна можам да уживам повеќе отколку да се плашам“, рекол Пилецки, откако судијата му ја соопштил одлуката дека е осуден на смрт со стрелање. А, дека навистина од смртта ни порано, ни пред водот за извршување на смртната казна, не се плашел, потврдува и службената белешка составена по тој чин. Во дворот на затворот Мокотов во Варшава, на прашањето дали сака нешто да изјави, Полецки извикал „Да живее слободна Полска“.Големата неправда кон ликот и делото на митски храбриот капетан Пилецки, делумно е исправена половина век по неговата смрт. Имено, по падот на комунизмот во Полска во 1990 година, бил рехабилитиран, а пет години подоцна, постхумно е одликуван со Орден на бел орел, најголемото признание во неговата татковина.

Миле Раденковиќ

Page 55: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

55

Оваа година на маршот организиран од страна на ПСК „Кораб“ од Скопје учествуваа околу 70

планинари, меѓу кои и членови на планинарскиот спортски клуб „18 Август“, кој е формиран во Министерството за одбрана.Појдовна точка беше пред кафеаната „Мечкина дупка“ на Матка, на 305 метри надморска височина, од каде што во 10 часот започна маршот. Во 11.30 часот пристигнавме до црквата „Св.Спас“ за краток одмор со топол чај. Околу 12.15 часот дојдовме до крајната цел, црквата „Св.Недела“, која е на 790 метри надморска височина, каде што положивме цвеќе и запаливме свеќи за Диме и пред спомен-плочата на загинатиот, евоциравме спомени и сеќавања. Потоа сите се вративме во црквата „Св.Спас“, каде што ни беше послужена храна „за душа“ на покојникот. Околу 13.30 ч. се вративме кај „Мечкина дупка“ по истата патека.Должината на патеката во правец е 5,5 км со вкупна денивелација од 485метри. Просечно време на поминување на патеката во двата правци е 3 часа и 30 минути. Патеката почнува пред кафеаната „Мечкина дупка“ и продолжува нагоре покрај црквата „Св.Богородица“ по широк земјен пат. По извесно време се свртува во остра кривина налево низ нискостеблеста шума, за потоа да започне искачувањето надесно по

сртот на ридот. Цело време патеката нуди поглед на кањонот Матка. Потоа патеката продолжува низ ливади и опожарен предел и повторно по широк земјен пат се излегува на обиколниот пат од кај касарната кој води до црквите „Св. Спас“ и „Св. Недела“. Ако се загледате високо кон врвот од карпите, над црквата „Св.Андреја“, (Планинарскиот дом „Матка“), ќе забележите крст, а веднаш под него остатоци од средновековна градба. Станува збор за црквата „Св. Недела“, која се наоѓа во рамките на локалитетот познат како Марков град. Археолозите откриле дека Марков град, всушност, е средновековно утврдување со мала црквичка.Се претпоставува дека црквата „Св. Недела“ била изградена во средината на XIV век. Единствено се води полемика околу карактерот на ова утврдување. Постојат, главно, две претпоставки: според првата, Марков град во средниот век претставувал

утврден манастирски комплекс со црква и конаци, а втората претпоставка вели дека Марков град бил утврдена населба со благородничка црква. Според поддржувачите на последната теорија, тука живеел благородникот Бојко, господар на Матка, којшто уште се спомнува и како ктитор на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (Манастир „Матка“). Меѓутоа, речиси секогаш, наспроти историските факти стои понекоја легенда или митско предание. Во случајов тоа е легендата за убавата Бојана. Имено, ако ги прашате жителите на селото Матка за Марков град, сите до еден ќе ви ја раскажат легендата за Бојана: Бојана, според легендата, била прекрасната господарка на Марков град. Таа живеела и управувала со градот и нејзините чифлизи достигнувале до селото Бојане. И, обично, како што бива во легендите од османскиот период, во Бојана се вљубил некој локален османлија. Одбивајќи ја брачната понуда и потурчувањето, Бојана станала цел на неговиот бес. Османлијата собрал голема војска и ја нападнал Бојана која се утврдила во Марков град. Во борбата Бојана убила дури 70 османлии но, сепак, кога видела дека е залудно и дека ќе мора да биде насилно одведена во харемот на насилникот, таа скокнала од карпата во реката Треска. Веднаш потоа османлиите го разурнале и градот.

Синиша Алексовски

IX меморијален марш „Св.Богородица“ - „Св.Спас“ -

„Св.Недела“ (Матка)

ПСК „Кораб“ од Скопје и оваа година организираше

меморијален марш во спомен на нивниот член Димитар

Боцевски, кој пред 9 години, на 31-годишна возраст, несреќно го загуби животот спуштајќи се од црквата „Света Недела“ кон

езерото Матка

Незадолжително

Page 56: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

56

Филм

Овогодинешните „Оскари“ имаа дури два филма со воена тематика во трката за најдобар филм, категорија

која важи за врвна од најпрестижните филмски награди. Едниот е „1917“, а другиот „Зајакот Џоџо“ („Jojo Rabbit”), на кого ги посветуваме овие две страници од „Штит“, кратко по завршувањето на најголемиот филмски настан во годината. „Зајакот Џоџо“ на новозеландскиот режисер Таика Ваитити ни пренесува една сериозна и тешка тема од ерата на подемот на Третиот рајх, која фрла фокус на индоктринацијата на германската младина од идеологијата на Хитлер, на илузиите, но и на првата, наивна, детска љубов, сето тоа спакувано на многу горчливо-сладок и хумористичен начин. Познавачите на филмот, ова остварување на Ваитити, несомнено ќе ги потсети на еден друг „оскаровец“ од пред повеќе од две децении, „Животот е убав“ на

Роберто Бенињи, кој на многу сличен тон, со многу емоции и хумор, преку една филмска фарса, прави „пресоблекување“ на една тешка и мрачна приказна во руво на навидум детска игра, односно темнината на војната ја презентира низ филтер на хумор и „забава“, без притоа да ја потисне сериозноста на војната.

Другарoт диктаторАко треба во една реченица да го дефинираме овој филм, тогаш би кажале дека ова е филм за немилосрдноста на еден конкретен режим, за Третиот рајх. „Зајакот Џоџо“ се концентрира на десетгодишниот Jоханес Џоџо Бецлер, вистинско ариевско момче, кое половина од својот живот го поминало во сенката на Втората светска војна и неговото детство е неизбежно поврзано со неа. Тој го осознава светот низ ситото на нацистичката идеологија и поради тоа прераснува во вистински репрезент на

Хитлеровата младина - националист, горд и убеден во грандиозноста на својата земја, и ориентиран кон идеализирање на ликот на Хитлер, до тој степен што Хитлер е неговото замислено другарче кое го води низ животот и го советува, се појавува одвреме-навреме, секогаш кога му е потребно поттик и поттурнување, но и огледало кое ги апсорбира сите несигурности на детето. Прикажан на крајно комичен начин, во умот на Џоџо, фирерот е тотална спротивност на она како езапаметен во историјата. Замислениот, илузионистички Хитлер, е инфантилен, тромав, детинест, збунет, непромислен… така младото момче го има склопено во својата глава и, поради тоа, можеби, тој му се чини многу достижен и близок. Склоноста кон создавањето на замислениот лик е можеби и последица на отсуството на неговиот татко, кој според официјалната приказна, пренесена од мајка му, се бори

„Зајакот Џоџо“

56

Page 57: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

на фронтот. Сеприсутноста на Хитлер во германското општество и неговото величење е смесата која ја пополнува празнината од недостатокот на татковска фигура кај малото дете. Неговата мајка, пак, Рози Бецлер, постојано трча по палавиот, темпераментен син, изгубен во неговите детски идеали и фантазии, кои сигурно би биле многу поинакви доколку не би пораснал во виорот на најстрашната војна. Џоџо има желба еден ден да се бори на фронтот за татковината , за Германија, и да ги лови „гнасните Евреи“, тоа е неговиот сон кој наивно се труди да го реализира, без притоа да е вистински свесен што тоа значи. Но, неговиот свет, многу ненадејно, ќе се преврти наопаку кога еден ден, додека неговата мајка е надвор од домот, непознато тропање на горниот кат од куќата, ќе го привлече неговото внимание. Малиот фанатик се сретнува со Елза, Еврејка во тинејџерските години, која Рози, неговата мајка, ја крие во ѕидовите на куќата. Кошмарот на младото момче започнува откако Елза ќе му се закани дека ќе му го пресече вратот ако некому спомне дека таа живее со нив. Џоџо се наоѓа на крстопат – тој не може да ја пријави Елза, мислејќи дека е опасна, но не сака ни да живее со неа бидејќи цел живот е израснал со идеите дека Евреите не се луѓе, а истовремено е и збунет зашто неговата мајка би чувала дома Еврејка. Десетгодишникот развива внатрешен конфликт кога реалноста се судира со неговите илузии и со средбата со припадник на Евреите.

„Студија“ за ЕвреитеКога веќе не може да ѝ се спротивстави на станарката, Џоџо смислува како да ја искористи новонастанатата ситуација

да му оди во прилог. Сосема наивно, тој секојдневно, без знаење на мајка му, се сретнува со Елза со многу интересен изговор - прави интервјуа со неа во обид да дознае сѐ за таканаречените Евреи, кои во неговиот ум, имаат чудни моќи и примитивни навики, и врз основа на тие разговори тој подготвува книга која планира да му ја подари на неговиот идол, Хитлер, за да му помогне да „улови“ што повеќе Евреи, откако ќе ги разоткрие нивните тајни. Но, Елза,

која е многу позрела од него, ја користи нејзината женска итрина и му раскажува секакви комични и измислени работи на наивниот Џоџо, кој е премногу мал за да пресуди што е вистина, а што не. Без да забележи, Џоџо ја доживува неговата прва љубов, средбите со Елза почнуваат да му причинуваат задоволство и во нив да наоѓа сѐ помалку личен интерес.Филмот ќе се категоризираше веројатно како комедија, ако индоктринизацијата на малото дете, всушност, не беше слика за реалната ментална состојба на луѓето во тогашното германско општество, предизвикана од Хитлеровата пропаганда која му обезбедила долгогодишна поддршка. Во филмот гледаме како сите противници на нацистичкиот режим се

немилосрдно отстранети, а меѓу жртвите е и неговата мајка, откако ќе се открие дека, всушност, таа е антифашист. Филмот илустрира како режимот по секоја цена се обидува да не падне, па дури и ако тоа бара испраќање на деца кои се едвај една деценија на овој свет, во смрт за татковината. Го гледаме и реалниот страв на Елза, во чии очи е собрана болката на еден цел народ. Оваа црна порака која ни ја испраќа филмот, не останува нималку „загадена“

од комичноста која им е додадена на содржината и на карактерите. Напротив, хуморот е во насока на истакнување на баналноста на целата ситуација која однела милиони во смрт. Оној Хитлер во главата на Џоџо, надвор од неговиот детски свет, не е смешен, будалест карактер, а неговата мајка е борец против идеите кои на детето му се чинат величествени, заедно со таткото кој се бори од страната на отпорот. Ниту Елза не е чудовиште кое спие наопаку на таван како лилјак. Целата перцепција на Џоџо е една голема лага, исто како и

суштината на идеологијата на нацизмот. Сето ова, прави младото момче да ги преиспита сопствените верувања за светот.„Зајакот Џоџо“ не успеа да го добие „Оскарот“ за најдобар филм (сепак влезе на листата на „оскаровците“ со награда за најдобро адаптирано сценарио), но несомнено останува високо на листата на филмови кои ја одбележаа 2019-тата година. Начинот на којшто Џоџо ја согледува војната, во трагикомичен стил, нуди специфичен приказ на нацизмот, слично на гледањето на Бенињи пред 23 години, подеднакво успешно како и во филмот „Животот е убав“.

Елена Ѓорѓиевска

Режија: Taika Waititi

Улоги: Roman Griffin Davis, Thomasin McKenzie, Scarlett Johansson, Sam Rockwell, Rebel Wilson, Alfie Allen

Музика: Michael Giacchino

Кинематографија: Mihai Malaimare Jr.

Монтажа: Tom Eagles

Година: 2019

Земја: Нов Зеланд, Чешка, САД

Времетраење: 108 минути

Награди: Оскар и БАФТА за најдобро адаптирано сценарио, четири други номинации за Оскар, филм на годината на наградите АФИ и уште многу други награди и признанија на различни фестивали

Page 58: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

На околу 100 километри од Скопје, сместен во „грлото“ на изгаснат вулкан, се наоѓа еден од најстарите градови во

Македонија и на Балканот – Кратово, град што во сите годишни времиња е интересно и неодминливо место за странските посетители. Кога ќе го минете Грофчанскиот мост веќе сте во Кратово низ тесните чаршиски камени сокаци каде доминира типична староградска македонска архитектура. Ајдучката чаршија, која е наречена и Стара кратовска чаршија, ја отсликуваат тесни сокаци, занаетчиски и трговски дуќани но, денес, многу од занаетчиските дуќани се изумрени. Куќите главно се граделе од камен и од дрвена конструкција.Ретко кој град на Балканот како Кратово, може да се пофали со средновековни кули и подземни тунели. Tие се особена гордост на овој град. Градени се во

средновековието и некогаш биле 13. Денес, во некоја „попристојна“ состојба само шест: Симиќева, Саат-кула, Златкова, Крстева, Емин-бегова и Хаџи-Костева кула. Најубава е Симиќевата кула, Крстовата била најбогата, а најстара е Златковата кула. Саат-кулата е претворена во изложбена постановка. Кулите некогаш биле во сопственост на закупците на рудниците. Тие тука живееле заедно со семејствата, но и со работниците и нивните семејства. Тука живееле и чуварите што ги чувале кулите, всушност парите (ковани од рудата во рудниците), па затоа кулите биле поврзани и со тунели и подземни ходници. Еден од влезовите се наоѓа кај Грофчанскиот мост, додека излезот е на другата страна, кај Радин мост. Од сите мостови во Кратово, Радин мост е најпознат, висок 23 метри, и е поставен над Манцева Река. За туристите интересен е Грошчискиот мост,

Чаршискиот, Јоркшискиот и Горномалскиот мост. Низ градот течат Кратовска Река и три помали реки.Симбол на градот се и боровите, високи до 25 метри, коишто датираат од 14 век.За туристите, исто така, интересна е црковната уметност, особено фреската на Исус Христос, лоцирана во црквата „Св. Јован Опсечен“, која народот во Кратово ја именува и како женска црква. Низ тесните чаршиски сокаци сè уште се гледа минатото. По кратовските домови во наследство се остава и понекоја тава или тепсија изработена од најпознатиот кратовски бакар. За Кратово има уште многу да се пишува и има уште многу приказни за многу сè уште живи нешта кои се случиле и се запишани во камените блокови на овој град, град во кој живеат луѓе со топли срца.

Кристина Илиевска

58

Кратово – градот на мостови, кули, подземни тунели, стари борови...

Page 59: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото

Кратово – градот на мостови, кули, подземни тунели, стари борови...

Page 60: МАГАЗИН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА ... · 2020-02-28 · 3 6 8 5 14 17 32 34 10 20 36 52 ... поддршката во областа на военото