22
Универзитет”Гоце Делчев”– Штип Факултет за Туризам и Бизнис логистика Семинарска работа по предметот Осигурување Тема: Пензиски фонд во Македонија

Osiguruvanje seminarskaa

  • Upload
    -

  • View
    533

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Osiguruvanje seminarskaa

Универзитет”Гоце Делчев”– Штип

Факултет за Туризам и Бизнис логистика

Семинарска работа по предметот

Осигурување

Тема:

Пензиски фонд во Македонија

Ментор: Изработила: Проф. Д-р Ристо Фотов Гордана Бозаџиева

Гевгелија, 2011

Page 2: Osiguruvanje seminarskaa

Кратка содржина

Вовед................................................................................................................................3

1. Структура на пензискиот систем....................................................................................5

2. Причини и цели за воведување на третиот столб на пензискиот систем...................6

3. Институционална инфраструктура на третиот столб...................................................9

4. Основање на друштвата за управување со доброволни пензиски фондови............10

5. Доброволен пензиски фонд...........................................................................................11

6. Очекувани ефекти за поединецот.................................................................................12

7. Очекувани ефекти за системот.....................................................................................13

Заклучок..........................................................................................................................15

2

Page 3: Osiguruvanje seminarskaa

Вовед

Пензискиот фонд на Република Македонија има долг историски

развој. Тој егзистира на овие простори околу 50 години постепено

развивајќи и надградувајќи се со текот на времето. Социоекономските

промени во изминатите неколку години не го оставија имун ниту пензискиот

систем кој се соочи со големи тешкотии во неговото нормално

функционирање. Неповолните движења во стопанството предизвикаа

зголемување на бројот на претпријатијата кои работат со загуба,

прогласување на технолошки вишоци на работната сила и отворање на

бројни стечајни постапки. Тоа беа главните причини кои влијаеја на

намалување на бројот на активните осигуреници од една страна и

зголемување на бројот на пензионерите од друга страна што доведе до

намалување на соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите.

Со цел да се надминат очекуваните состојби се наметна потреба од

темелна реформа на пензиското и инвалидското осигурување во нашата

држава.

Системот би можел да го одржи фискалниот биланс преку зголемување на

стапката на придонесот, преку намалување на пензиите или преку

зголемување на даноците. Овие решенија ќе можат да го вратат системот

во рамнотежа на краток период, но долгорочно системот нема да биде

ефикасен и солвентен. Високите стапки на придонес ќе го попречат

економскиот пораст и ќе ги стимулираат обврзниците да ги одбегнуваат

обврските кон системот, односно ќе има појава на евазија на придонесите

кои се основен извор на финансирање на системот. Од друга страна, пак,

намалувањето на нивото на пензиите можеби нема да обезбедува доволен

приход на пензионерите во староста.

Од тие причини се дизајнираше и имплементираше концептот на

реформата на пензискиот систем, односно се воспостави повеќеслоен

пензиски систем во Република Македонија.

Со воведувањето на новиот пензиски систем се очекува избалансираност

на приходите и расходите на Фондот на долг рок, бидејќи со воведување на

капитално финансираното пензиско осигурување се намалуваат обврските

на осигурувањето врз основа на генерациска солидарност.

3

Page 4: Osiguruvanje seminarskaa

Капитално финансираното осигурување радикално се разликува од

постојното тековно финансирано осигурување во однос на третманот и

регистрирањето на уплатените придонеси. Имено, секој член на вториот

столб има индивидуална сметка на која се регистрираат неговите уплатени

придонеси и приносот од инвестициите, што во голема мера наликува на

штедење. За ова осигурување е карактеристиќно што пензиите се актуарски

поврзани со придонесите. Идната пензија зависи од акумулираните

средсства на индивидуалната сметка, чиј износ зависи од стапката на

придонес, движењето на платите, стапката на принос од инвестициите и

годините на придонесување во системот, како и од очекуваното траење на

животот при пензионирање, односно очекуваниот период на користење на

панзијата.

Значајна карактеристика на вториот столб е што тој е приватно и

конкурентно управуван, така што уплатените придонеси се инвестираат од

друштва за управување со средствата на пензиските фондови. На овој

начин се обезбедува економските цели да ја одредат на инвестиционата

стратегија, создавајќи можност за максимизирање на целокупниот износ.

Ова се обезбедува со диверсификација на ризиците на инвестициите

(вклучувајќи и меѓународна диверсификација) која е една од неопходните

карактеристики на овој систем.

Системски гледано, диверсификацијата на ризикот е особено значајна

имајќи предвид дека пензиското и инвалидското осигурување се одвива

долг временски период. Какви и непредвидливи движења да се слуќат во

иднина, диверсифицираниот систем ќе обезбеди заштита за старите лицана

долг рок и истовремено долгорочно солвентно функционирање на системот.

4

Page 5: Osiguruvanje seminarskaa

Структура на пензискиот систем

Реформираниот пензиски систем е составен од пензиско и

инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност и

капитално финансирано пензиско осигурување, со што на граѓаните на

Република Македонија, опфатени во ова осигурување, им се обезбедуваат

материјална и социјална сигурност.

Структурата на тростолбниот пензиски систем се темели врз три вида

(столба) на осигурување и тоа:

1) Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на

генерациска солидарност (прв столб)

2) Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

(втор столб)

3) Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет

столб).

Задолжителното пензиско и инвалидско осигурување врз основа на

генерациска солидарност (прв столб) е осигурување организирано според

принципот на тековно финансирање (pay-as-you-go), што значи дека

сегашните осигуреници плаќаат за сегашните пензионери. Овој столб

обезбедува дефинирани пензии според однапред утврдена формула. Преку

овој столб се обезбедува остварување на права од пензиско и инвалидско

осигурување во случај на старост, инвалидност и смрт, што значи дека се

исплаќа дел од старосната пензија, инвалидска пензија, семејна пензија,

како најнизок износ на пензија.

Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор

столб) е осигурување врз основа на капитализација на средствата, со

дефинирани придонеси, при што постои обезбедува тесна поврзаност и

зависност помеѓу обемот на вложените средства – придонесите и идните

пензиски надоместоци што ги остварува секое лице засновани на пазарните

законитости. Имено, овој начин на осигурување е заснован вез приниципи

на собирање на средства преку плаќање на придонеси на индивидуални

сметки чии средства понатаму се инвестираат и добивката намалена за

трошоците на работењето на системот се додава (акумулира) на

5

Page 6: Osiguruvanje seminarskaa

средствата на индивидуалните сметки. Преку овој столб се обезбедува

остварување право на пензиско осигурување во случај на старост, односно

се исплаќа старосна линија (дополнително на пензијата од првиот столб).

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (трет

столб) исто така е осигурување врз основа на капитализација на

средствата, со дефинирани придонеси, но на доброволна основа. Значајно

за ова осигурување е што во него можат да видат вклучени сите лица кои

сакаат да обезбедат повисок обема на материјална сигурност покрај

задолжителното осигурување, како и сите лица кои не се опфатени со

задолжително осигурување, (во првиот и во вториот столб). Покрај тоа, со

третиот столб се овозможува и основање и финансирање на

професионални пензиски шеми.

Причини и цели за воведување на третиот столб на

пензискиот систем

Системски гледано, постоењето на три столба во пензискиот ситем е

можност за обезбедување средства за старост од три извори и

едновремено диверсификација на ризикот, што е особено значајно имајќи

предвид дека пензиското и инвалидското осигурување се одвива долг

временски период. Во тој долг временски период можни се непредвидливи

движења (и поволни и неповолни) како кај населението така и во

економијата, така што диверсфицираниот систем ќе обезбеди заштита за

старите лица на долг рок и истовремено долгорочно солвентно

функционирање на пензискиот систем во целина.

Третиот столб функционира на принцип на капитално финансирано

осигурување, на ист начин како и вториот столб, со таа разлика што третиот

столб е на доброволна основа. Значи и во третиот столб, секој член има

индивидуална доброволна сметка или индивидуална професионална

сметка на која се регистрираат неговите уплатени придонеси и приносот од

инвестициите, а идниот пензиски надоместок зависи од акумулираните

средства на индивидуалната сметка. Висината на акумулираните средства

6

Page 7: Osiguruvanje seminarskaa

пак зависи од висината на уплатите на доброволен придонес, стапката на

принос од инвестициите и годините на придонесување во третиот столб.

И третиот столб, како вториот столб, е приватно и конкурентно

управуван, така што уплатените придонеси се инвестираат од страна на

пензиски друштва специјализирани и лиценцирани за управување со

средствата на доброволните пензиски фондови.

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување се заснова

на следниве начела:

Обезбедување на дополнителни средства во случај на старост

Членување во доброволен пензиски фонд на доброволна основа

Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување

засновано на дефинирани придонеси

Обезбедување на средства за материјална сигурност на лица врз

основа на капитализирање на средствата

Инвестирање на средствата врз основа на сигурност,

диверзификација на ризик и ликвидност

Транспарентност

Примарна цел на доброволното капитално финансирано пензиско

осигурување во Република Македонија е:

Обезбедување повисок приход во

пензионирањето за осигурениците кои се веќе осигурани во

едностолбниот или двостолбниот пензиски систем (задолжително

пензиско и инвалидско осигурување), а кои сакаат и се во можност да

издвојат дополнителни средства заради поголема материјална

сигурност или одрѓување на повисок стандард на живеење по

пензионирањето;

Обезбедување пензија на лицата кои не се

опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или

од другилица. Тука спаѓаат долгорочно невработените, вработените на

проекти или во странски мисии, брачните другари кои не се вработени и

друга лица без

оглед дали се во работен однос или се невработени;

Обезбедување предуслови за воспоставување

за професионални пензиски шеми во процесот на усогласување на

7

Page 8: Osiguruvanje seminarskaa

системот на социјално осигурување во Македонија со системот на

Европската унија.

Доброволното пензиско се воспоставува и законска рамка за организирање

професионални пензиски шеми и усогласување со европските текови. Со

тоа се прифаќаат и причините на директивата на Европскиот парламент од

оваа област во која се наведува дека, бидејќи системите за социјално

осигурување се под притисок, кој постојано се зголемува, професионалните

пензии во идина ќе имаат улога се поголема улога во дополнувањето на

приходите по пензионирање поради што треба да се развијат

професионалните пензиски шеми без да се поставува прашањето за

важноста на пензиските системи за социјално осигурување во смисла на

сигурно, трајно и ефикасно социјално осигурување, кое треба да гарантира

пристоен животен стандарт во старост и треба да биде во самата суштина

на целта за зајакнување на европскиот социјален модел.

Третиот столб, значи можност за основање и работење на

доброволни пензиски фондови, чии средства, како и кај задолжителните, ќе

бидат во целост одвоени од средствата на друштвата кои ќе управуваат со

нив. За да се осигури успешноста на пензискиот систем потребно е

средствата на пензиските фондови да бидат инвестирани правилно, на

начин кој ќе обезбедува зачувување и зголемување на вредноста на

вложените средства за сарост. Благосостојбата на членовите на пензиските

фондови би била загрозена доколку средствата на пензиските фондови се

инвестирани во средства во поголем пазарен ризик. Од тие причини, и за

доброволните пензиски фондови се уредува законска рамка во која може да

се движи инвестициската политика на друштвата. Огранучивањата на

инвестициите за третиот столб вообичаено се пофлексибилни од

ограничувањата за вториот столб, што е воспоставена практика во

светот.за почетната фаза на системот се смета дека треба да се применат

квалитативни и квантитативни ограничивања, а во иднина тие постепено ќе

се напуштаат и ќе се воведува правило на ``разумен човек``. Средствата на

пензиските фондови ќе се чуваат одделно од средствата на друштвата кои

управуваат со нив, кај чувар на имот. Чувар на имот на доброволните

пензиски фондови ќе биде деловна банка која ги исполнува законските

услови за тоа.

8

Page 9: Osiguruvanje seminarskaa

Со воведувањето на доброволно капитално финансирано пензиско

осигурување се очекува и значајно влијание врз економијата во целина

преку зголемување на штедењето на населението, зголемување на моќта

на инвестирањето и поттикнување на развојот и продлабочување на

пазарот на капитал преку инвестирање на средствата на пензиските

фондови, поттикнување на побарувачка за нови инструменти и нови

финансиски услуги , итн.

Инстититуционална инфраструктура на третиот столб

Во третиот столб на пензискиот систем учествуваат истите основни

видови институции кои учествуваат и во вториот столб, односно:

1) Министерството за труд и социјална политика – надлежно за

креирање и водење на политиката на пензиското и инвалидското

осигурување и вршење надзор во спроведувањето на законите од ова

осигурување.

2) Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско

осигурување (МАПАС) – регулаторна и супервизорска институција која

ги штити интересите на членовите на задолжителните и добороволните

пензиски фондови и го поттикнува развојот на капитално

финансираното пензиско осигурување, а за својата работа одговара

пред Владата на Република Македонија.

3) Друштво за управување со доброволни пензиски фондови –

акционерско друштво чии мнозински основачи се финансиски

институции со голем капитал и искуство, чија единствена дејност е

управување со средтсвата на доброволните пензиски фондови.

4) Друштво за управување созадолжителни и доброволни

пензиски фондови – акционерско друштво основано од финансиски

институции со голем капитал и искуство, чија единствена дејност е

управување со средствата на доброволните пензиски фондови.

5) Чувар на средствата на доброволен пензиски фонт – деловна

банка која исполнува законски услови, чија улога е безбедно да ги чува

средствата на доброволниот пензиски фонд, издвоени од средствата на

друштвото кое управува со него.

9

Page 10: Osiguruvanje seminarskaa

Основање на друштва за управување со доброволни

пензиски фондови и друштва за управување со

задолжителни доброволни пензиски фондови, издавање

дозвола за основање и одобрение за управување со

доброволен пензиски фонд.

Бидејќи се работи за пензиско осигурување и обезбедување средства

за старост, вообичаено сите пензиски системи во законските прописи

вклучуваат високи критериуми за влез во системот, со што ќе им дозволат

влез само на оние друштва кои ги исполнуваат поставените законски

услови. Овие законски услови се оправдани затоа што за пензиската

дејност, односно управувањето со средствата на членовите на пензиските

фондови , тие ќе обезбедат поголемо искуство, вештина и сопственост, кои

се едни од основните предуслови за сигурност и стабилност на пензискиот

систем.

МТСП

МАПАС

Друштво

ЧУВАР НА ИМОТ

Доброволен пензисиски фонд

10

Page 11: Osiguruvanje seminarskaa

Во законот за доброволно капитално финансирано пензиско

осигурување се уредува начинот на издавање дозволи на друштва за

управување со доброволни пензиски фондови и на друштва за управување

со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Критериумите за

основачи се полиберални за друштвата за управување со доброволни

отколку за друштвата за управување со задолжителни пензиски фондови,

бидејќи се работи за доброволно осигурување, каде вообичаено има помал

обем на средства,како и со цел да се овозможи вклучување на нови

учесници во пензискиот пазар и зголемување на конкуренцијата. Од друга

страна пак, бидејчи друштвата за управување со задолжителни и

довроволни пензиски фондови имаат зголемена одговорснот и обем на

средства со кои управуваат, за нив се предлага да исполнуваат исти

критериуми како друштвата за управување со задолжителни пензиски

фондови.

Агенцијата не го регулира само почетното давање на дозвола, туку

сите измени на акционерите, челновите на управниот и надзорниот одбор,

лицата со посебни овластувања и одговорности или измени и дополнувања

на документите и податоците, подлежат на нејзино претходно одобрение,

освен ако промените се надвор од контролата на друштвото, а тоа ги

презело сите потребни мерки за спречување на тие промени.

Доброволен пензиски фонд

Доброволен пензиски фонд, како и задолжителните пензиски

фондови претставува отворен инвестиционен фонд, што се основа и работи

согласно со Законот за инвестициони фондови доколку со Законот за

доброволно капитално финансирано пензиско осигурување поинаку не е

уредено. Доброволен пензиски фонд е основан и управуван од страна на

друштво за управување со доброволни пензиски фондови или друштво за

управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кое го

претставува и застапува доброволниот пензиски фонд пред трети лица.

Седиштето на доброволниот пензиски фонд се наоѓа во седиштето на

друштвото кое управува со тој пензиски фонд.

11

Page 12: Osiguruvanje seminarskaa

Доброволниот пензиски фонд го сочинуваат средствата од доброволните

придонеси упатени во име и за сметка на членовите на тој фонд и

приносите од инвестираните придонеси, придонеси, намалени за

надоместоците што се наплатуваат од доброволниот пензиски фонд.

Сопственици на доброволниот пензиски фонд се неговите членови, а

нивните поединечни сопственички права се определени од износот на

средствата на нивните сметки.

Средствата на доброволниот пензиски фонд се целосно одвоени од

средствата на друштвото кое управува со тој фонд. Оваа сегрегација на

средствата е од исклучителна важност со цел да се постигне висок степен

на сигурност на средствата.

Средствата на доброволниот пензиски фонд не можат да бидат

предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено

извршување од страна на доверителите на друштвото или во нивно име.

Овие мерки се неопходни со цел да се обезбеди сигурност на членовите на

пензиските фондови.

Доброволниот пензиски фонд има статут, на кој согласност дава

Агенцијата. Статутот на доброволниот пензиски фонд треба да содржи

основни начела и посебни ограничувања при инвестирањето, начинот и

органот за донесување и спроведување на инвестициските одлуки, начинот

на пресметување на трансакциските провизии и надоместоци на друштвото,

начинот на водење на сметководството на доброволниот пензиски фонд и

други податоци од значење за доброволниот пензиски фонд.

Сметководството на пензиските фондови и друштвата се врши во

согласност со законите и меѓународните сметководствени стандарди.

Очекувани ефекти за поединецот

Гледано од аспект на поединецот ваков систем обезбедува поголема

сигурност бидејќи финансирањето на пензиите во новиот систем ќе се врши

од двата столба. Делот од пензијата кој се исплаќа од првиот толб се

пресметува според однапред одредена формула врзоснова на платите. Тоа

обезбедува сигурност на поединецот дека пензијата ќе му се исплати во

12

Page 13: Osiguruvanje seminarskaa

однапред одреден износ кога ќе ги исполни условите за пензија.

Поединецот е посигурен кога зад пензијата стои државата за делот што се

исплаќа од првиот столб. Вториот дел од вториот столб кој е капитално

финансиран, односно каде се врши капитализација и акумулирање на

средства на индивидуална сметка. Со вакво комбинирање на исплатата на

пензијата од двата столба, се обезбедува поголема сигурност при старост

за поединецот. Во услови на постоење на повеќеслоен пензиски систем се

врши диверсификација (поделба) на ризиците кои ги носи секој систем сам

по себе. Со воспоставување на повеќеслоен систем ќе се избегнат ризиците

на тој начин што доколку еден ризик го погоди PAYG осигурувањето (пр.

стареење на населението), тоа нема да влијае на капитално финансираното

осигурување. Од друга страна пак, има ризици кои директно влијаат на

капитално финансираното осигурување (пр. крах на берзата или недоволна

добивка од инвестициите) и во тој случај PAYG осигурувањето останува без

поголеми потреси од ваквите влијанија. Транспарентноста на работењето

на овој вид пензиски систем е важна карактеристика од причини што

поединецот располага со сопствена индивидуална сметка. Членовите имаат

можност за увид во своите индивидуални сметки, а исто така тие добиваат

редовни извештаи од друштвата за состојбата на индивидуалните сметки,

уплатените придонеси, надоместоците и инвестирањето поодделни видови

инструменти, како и остварениот принос од инвестициите.

Очекувани ефекти за системот

Со реформата на пензискиот систем се очекува обезбедување на

долгорочна сигурност и стабилност на системот за пензиско и инвалидско

осигурување за сите генерации осигуреници, што е цел на секоја држава

при креирањето на социјалната политика. Долгорочната солвентност на

системот ќе обезбеди сигурни приходи за пензионерските денови.

Докажано е, и теоретски и емпирски, дека функционирањето на втор

столб, кој е капитално финансиран, во пензискиот систем произведува

дополнителни макроекономски ефекти од реформата на пензискиот систем.

Овие дополнителни ефекти се однесуваат на пораст на националните

13

Page 14: Osiguruvanje seminarskaa

заштеди, акумулација на капитал и зајакнување на моќта на инвестирањето,

забрзување на економскиот раст, како и зголемување на ефикасноста на

пазарот на труд. Воспоставувањето на пензиските фондови ќе има влијание

на зголемувањето на штедењето на населението и тоа на долг рок, а тоа

значи дека ќе засили моќта на инвестирањето и растот на економијата во

земјата. Со воведување на вториот столб, голем дел од средтвата уплатени

во тој столб ќе може да биде инвестиран во македонската економија. Иако

во почетниот период тие средтсва делумно ќе се користат за купување на

долгорочни државни хартии од вредност за да се финансира транзицискиот

дефицит, сепак подоцна тие ќе се инвестираат во македонската економија.

Инвестирањето на овие средства во форма на банкарски депозити или

разновидни хартии од вредност, ќе влијае во правец на намалување на

постојните високи активни каматни стапки и ќе претставува значаен извор

на финансирање на профитабилни проекти во македонската економија. Тое

ќе резултира со забрзување на економскиот раст на Република Македонија.

Истовремено, поголемата улога на вториот столбче влијае во правец на

забрзан развој на домашниот пазар на капитал. Имено, резултатите од

пензиските вложувања зависат од развиеноста на пазарот на капиталот, а

доколку тој е на низок степен на развој, инвестирањето на средствата на

пензиските фондови може да влијае на подигањето на нивото на пазарот на

капитал. Истовремено присуството на пензиските друштва ќе предизвика

појава на нови финансиски услуги, нови финансиски инструменти и нови

финансиски институции. Може да се очекува реформата да придонесе и за

ефикасноста на македонскиот пазар на труд. Разликата помеѓу бруто и нето

платите во Македонија е голема, а тука учествува и придонесот на пензиско

и инвалидско осигурување со 21,2% од бруто платите. Со реформата

долгорочно се очекува да се обезбедат услови за намалување на

придонесот, а со тоа ќе се намали и цената на трудот. Оттука логично е да

се очекува ваквата појава да има влијание врз зголемувањето на учеството

на работната сила, што значи намалување на невработеноста, како и

влијание врз преминот на работниците од неформалниот во формалниот

сектор на економијата.

14

Page 15: Osiguruvanje seminarskaa

Заклучок: ЦЕЛ НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ И ОЧЕКУВАНИ

ПРИДОБИВКИ

Со реформата на пензискиот систем и воспоставувањето и

егзистирањето на повеќеслоен пензиски систем како комбиниран систем од

јавен, тековно финансиран и капитално однапред финансиран пензиски

систем во Република Македонија, се очекува да се обезбеди долгорочна

стабилност на системот кој е важен елемент на социјалното осигурување, а

како резултатна тоа и сигурност во остварувањето на правата од пензиското

и инвалидското осигурување.

Дизајност на реформата поаѓа, пред се, од задржување на

принципите и начелата на нереформираниот пензиски систем.

Задолжителност во пензиското и инвалидското, зависност на правата од

должината и обемот на вложувањето на средствата, социјална правеност, и

почитување на конвенциите и препораките на Меѓународната организација

на трдот. Исто така реформираниот систем е во согласност со Уставот на

Република Македонија според кој гражаните имаат право на социјална

сигурност и социјално осигурување врз принципите на социјалната

праведност. Тоа значи задржување на принципот на осигурување од сите

ризици (старост, смрт и инвалидност).

Основните цели при дизајнирање на реформата беа:

Сигурност во остварувањето на правата од пензиското и

инвалидското осигурување

Осигурување краткорочна и долгорочна солвентност на Фондот

на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија

Максимум сигурност и минимум ризик

Гарантирање праведност на пензиите на сите генерации

15

Page 16: Osiguruvanje seminarskaa

Јакнење на довербата на јавноста во пензискиот систем преку

постигнување на другите цели.

Користени закони, правилници и друга литература

- Закон за доброволно капитално финансирано пензиско

осигурување (‘Службен весник на Република Македонија’ бр.

7/2008)

- Закон за задолжително капитално финансирано пензиско

осигурување (‘Службен весник на Република Македонија’ бр.

29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007 и 88/2008)

- Закон за пензиско и инвалидско осигурување (‘Службен весник на

Република Македонија’ бр. 80/93, 3/94, 14/95, 71/96, 32/97, 24/2000,

96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005,

70/2006 и 153/2007)

- Закон за хартии од вредност (‘Службен весник на Република

Македонија’ бр. 63/2000, 34/2001, 4/2002, 37/2002, 31/2003,

85/2003, 96/2004, 95/2005, 25/2007 и 7/2008)

- Правилник за начинот и постапката на добивање дозвола за

основање на пензиските друштва

- Правилник за поблиските услови за основање на пензиски

друштва

- Правилник за налинот на уплата на придонеси во доброволен

пензиски фонд

- Правилник за максималниот износ и за начинот на плаќање на

парилниот надоместок за премин на член од еден во друг

пензиски фонд

- Правилник за проценка на средствата на задолжителните и

доброволните пензиски фондови

16

Page 17: Osiguruvanje seminarskaa

- Правилник за содржината на одделните сметки во

сметковниот план за задолжителните и доброволните

пензиски фондови

17