28

OTCET Probistip 2014

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Дела за Пробиштип. Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, во првите 365 дена од мандатот

Citation preview

Page 1: OTCET Probistip 2014
Page 2: OTCET Probistip 2014

2 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

СПОРТ И МЛАДИ

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

СОДРЖИНА

06

03

04

09

12

15

16

17

ТУРИЗАМ

КУЛТУРА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА

ИЗДАВАЧОПШТИНА ПРОБИШТИП

2014

20

22

24

Page 3: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 3

ОПШТИНАПРОБИШТИП

Почитувани сограѓани!

Измина речиси една година откако ни ја дадовте довербата да ја водиме општината Пробиштип, време кога ние, избрани од Вас граѓаните, имаме должност да дадеме отчет за тоа како ја водевме општината во изминатата година и најважно, кои од ветувањата дадени пред вас ги реализиравме и ги остваривме. Во текот на 2013 година, во општината Пробиштип се реализираа над 50 проекти од вкупно 165, кои беа предвидени во предизборната програма, за која јас како градоначалник дадов цврсто ветување пред Вас, дека ќе бидат реализирани, а за која Вие, граѓаните на општината Пробиштип ми ја дадовте довербата и поддршката. Со големо задоволство можеме да истакнаме дека за период од една година во нашата општина се инвестираа над 6,5 милиони евра, преточени во конкретни проекти, во регионални патишта, локални улици, патишта во руралните средини, во спортски игралишта, во нов градски пазар, нова и модерна филтер-станица за вода за пиење и уште многу други.

Почитувани!

Ова се проекти за кои, пред Вас, граѓаните на општината Пробиштип, дадовме ветување, а досега и на дело покажавме дека истите можеме и да ги реализираме. Покажавме дека стоиме зад дадениот збор и дека дадените ветувања во голем дел можеме да ги исполниме. Општината Пробиштип и во иднина ќе продолжи со исто темпо. Општината Пробиштип и понатаму ќе продолжи со исполнување на дадените ветувања пред граѓаните, ќе продолжи со реализација на предвидените проекти во интерес на граѓаните на нашата општина. Развојот на општината Пробиштип не смее и не може да чека. Како и досега, така и од сега ќе продолжиме со напорна и посветена работа за да оствариме сè што сме ветиле и за што сме ја добиле Вашата поддршка и чест да ја водиме општината Пробиштип.

Градоначалник на општина ПробиштипТони Тоневски

Page 4: OTCET Probistip 2014

4 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

ИЗГРАДБА НА ГРАДСКИ ПАЗАРво централното градско подрачје

Во месецот јануари 2013 година ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење. Вкупната инвестиција на овој проект изнесуваше 1.500.000 евра.

Во месецот август 2013 година го завршивме и свечено го пуштивме во употреба новиот градски пазар кој претставува најголема инвестиција на општината во последните 20 години. Вкупната вредност за негова реализација изнесувеше 72 милиони денари.

Page 5: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 5

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

ПОВРЗУВАЊЕ НА ПРОБИШТИП СО СВЕТИ НИКОЛЕпреку с. Куково - с. Мечкуевци

Во месецот декември 2013 година завршивме значаен дел од инфрастуктурата во едната индустриска зона, кој се однесуваше на асфалтирање на улица во должина од 260m и канализација во должина од 350m.Вкупната инвестиција изнесуваше околу 10 милиони денари.

Во месецот ноември 2013 година го пуштивме во употреба регионалниот патен правец Пробиштип – Свети Николе со должина од 28 километри. Со ова патното растојание меѓу овие две општини се крати за 25 км, а со изградбата на автопатот Миладиновци –Штип жителите на Пробиштип ќе патуваат до Скопје за 40 минути.Вредноста на проектот е 52 милиони денари.

ИНДУСТРИСКА ЗОНА

Page 6: OTCET Probistip 2014
Page 7: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 7

ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛЕН ПАТПРОБИШТИП - с.РАТАВИЦА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛЕН ПАТс.ДРАЧ - с.БУНЕШ

Реконструкција на локален пат Пробиштип - с.Ратавица, во должина од 4000 метри кои се комплетираа со доизградба на преостанатите 860 метри со што се заврши целосната реконструкција на овој патен правец која опфати проширување на

коловозната лента, поставување на рабници и нов асфалтен слој.

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 600.000 евра.

Во месецот август 2013 година се пушти во употреба патниот правец с.Драч – с.Бунеш во должина од околу 2 км.Инвестицијата е со вредност од околу 15.000.000

денари, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и од буџетот на општината Пробиштип.

Page 8: OTCET Probistip 2014

8 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Во месецот декември 2013 година заврши изградбата на улицата „5-та“, во должина од 180 метри со вкупна инвестиција од 900.000 денари.

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА “ЈАКИМ СТОЈКОВСКИ“

ИЗГРАДБА НА ул. 5та

Општината Пробиштип обезбеди финансиски средства од Светска банка за комплетна реконструкција на главната улица во Пробиштип “Јаким Стојковски“ во должина од 1220 метри.

Во овој момент во тек е постапката за избор на изведувач, а проектот ќе започне со реализција во месецот март 2014 година. Вкупната инвестиција изнесува 29 милиони денари.

Одобрени се финансиски средства во висина од 10 милиони денари од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за асфалтирање на улици во с.Добрево во должина од 1 км. Проектот ќе се реализира во месецот март 2014 година.

ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ ВО с. ДОБРЕВО

Page 9: OTCET Probistip 2014
Page 10: OTCET Probistip 2014

10 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ПРОМЕНА НА ПОД ВОПОУ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ЗЛЕТОВО

БЕСПЛАТНА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА ЗА МАТУРАНТИТЕ

Во месецот ноември 2013 година се заврши поставувањето на нови подови во подрачното училиште “Кирил и Методиј“ во Злетово. Со реализацијата на овој проект старите и дотраени подови се заменија со нови модерни подови,

кои освен за подобрување на естетскиот лик придонесуваат и за полесно и побезбедно движење на учениците и на наставниот кадар. Проектот се реализираше со поддршка на УСАИД, а вредноста изнесува 1.500.000 денари.

Со цел успешно полагање на државната матура, општината организира дополнителна настава за матурантите по предметите предвидени за полагање на државната матура.

Page 11: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 11

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Со цел поттикнување на најталентираните ученици и студенти, општината започна со стипендирање на двајца средношколци и тројца студенти од Пробиштип.

ОПШТИНАТА ГИ СТИПЕНДИРА НАЈДОБРИТЕ

Покрај наградите за учениците кои освоиле I, II или III место, општината доделува и парични награди за нивните ментори како благодарност за нивниот вложен труд и посветено време.

Имајќи го во предвид брзиот информатички развој и времето на децата поминато пред компјутерите, а со цел здрав и правилен физички развој на децата од основното образование, општината продолжува со имплементација на проектот Вежбај здраво – чекори право.

НАГРАДИ ЗА МЕНТОРИ НА УЧЕНИЦИ

ВЕЖБАЈ ЗДРАВО – ЧЕКОРИ ПРАВО

Page 12: OTCET Probistip 2014
Page 13: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 13

СПОРТ И МЛАДИ

Со цел развој на спортот, општината Пробиштип доби ново повеќенаменско игралиште во центарот на градот. Игралиштето е наменето за спортување, рекреирање и натпреварување и може да се користи од страна на сите граѓани на општината

Пробиштип. Проектот беше реализран со помош на Агенција за млади и спорт во вредност од 7 милиони денари.

ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ

Општината Пробиштип организира училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и сл.). Со воведувањето на училишните лиги се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, а во исто време се селектираат и најдобрите спортисти во училиштата.

Со цел развој на спортот, општината Пробиштип во текот на летниот период организира повеќе спортски турнири на кои учество земаат спортски екипи од општината и надвор од неа. Покрај спортските турнири, по повод празникот 28ми Август, општината организира недела на спортот каде се доделуваат и вредни парични награди.

УЧИЛИШНИ ЛИГИ

СПОРТСКО ЛЕТО – СПОРТ ЗА СИТЕ

Page 14: OTCET Probistip 2014

14 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

СПОРТ И МЛАДИ

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА МЛАДИТЕ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КАМПАЊА “СТОП ЗА ПОРОЦИТЕ“

Општината Пробиштип ги поддржува хуманитарните акции за помош на социјално загрозените лица преку известувања на веб страната на Општината за потребите и начинот на донирање на парична

помош, облека, спортска опрема, мебел и бела техника, како и преку директно вклучување во хуманитарните акции.

Општината Пробиштип во соработка со релевантните институции организира трибини во населените места за штетните последици од

консумирањето на алкохол и наркотични средства. Целна група на трибините се младите лица кои директно се изложени на овие пороци.

Page 15: OTCET Probistip 2014

БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ - КЛУБ

За да се следат новите трендови и информатичкиот развој и за да се доближат што повеќе до граѓаните на општината Пробиштип, целосно е опремен нов бесплатен интернет - клуб кој се наоѓа во просториите на Домот на културата “Злетовски Рудар“. Клубот е дел од проектот на Владата за отворање на бесплатни интернет - клубови низ републиката.

Page 16: OTCET Probistip 2014

• Изградба на водоснабдителни и канализациски системи – план за управување на сливот на реката Брегалница.

• Подготовка на регионални планови за управување со отпад, заедно со стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за источниот плански регион.

• Подготовка на техничка документција за управување со отпад во источниот плански регион.• Уредување и заштита на речните корита на Злетовска, Шталковичка и Киселичка река.

Со реализацијата на овој проект, општината продолжува со постојано чистење на речните корита и нивно уредување.

Page 17: OTCET Probistip 2014
Page 18: OTCET Probistip 2014

18 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА

ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕс. ТРООЛО

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД ВО с. ЛЕСНОВО

ДОИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО с. БУНЕШ

Во месецот декември 2013 година се пушти во употреба новоизграденииот водоснабдителен систем во с. Трооло, со што конечно се реши деценискиот проблем на жителите од ова населено место.

Инвестицијата е со вредност од 3.100.000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и од буџетот на општината Пробиштип.

Во месецот септември 2013 година се пушти во употреба новоизградениот водоснабдителен систем во с.Лесново.

Обезбедени се финансиски средства од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за изградба на водоснабдителен систем во с.Бунеш во вредност од околу 3 милиони денари. Избран е изведувач, а имплементацијата ќе започне во текот на месецот март 2014 година.

Page 19: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 19

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА

Изградба на канализациски крак во с. Пробиштип во должина 140м со вкупна инвестиција од 240.000 денари.

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИСКИ КРАК

Уличното осветлување како значаен сегмент на една урбана средина е во фаза на постојано обновување со енергетско ефикасни светилки, како и со поставување на нови сијалични места во градот и помалите населени места.

УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Page 20: OTCET Probistip 2014
Page 21: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 21

ТУРИЗАМ

Нова опрема на Пониква: Со поддршка на Владата на РМ спортско рекреативниот центар Пониква доби донација од еден ратракт, систем за производство на вештачки снег, две моторни санки, нов сноуборд

парк. Целата донација е со вкупна инвестиција од над 1 милион евра.

РАЗВОЈ НА ПОНИКВА КАКО ТУРИСТИЧКО-РЕКРЕАТИВЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР

Завршена е изградбата на улица до манастир Св.Василиј на Пониква во должина од 800 метри. Вкупната инвестиција изнесува 7 милиони денари.

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА НА ПОНИКВА

Page 22: OTCET Probistip 2014
Page 23: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 23

КУЛТУРА

Во тек е изградба на Музеј за ретки минерали во централното градско подрачје, кој ќе биде единствен од ваков тип на Балканот.Вредноста на проектот е 11 милиони денари.

ИЗГРАДБА НА СОВРЕМЕН МУЗЕЈ ЗА РЕТКА МИНЕРОЛОШКА ЗБИРКА

Покрај многуте културни манифестации, во месецот јули 2013 година ја организиравме реномираната меѓународна Лесновска ликовна колонија на која земаа учество 18 уметници од државава

и од странство. Со цел афирмација и подобра организација на ликовната колонија, формирано е посебно координативно тело и буџет за нејзина организација.

АФИРМАЦИЈА НА ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Page 24: OTCET Probistip 2014
Page 25: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 25

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА

Со цел поефикасно спроведување на своите надлежности, во текот на месецот август 2013 година, во Злетово се отвори дисперзирана канцеларија на Министерството за труд и социјална политика.

ОТВОРАЊЕ НА ДИСПЕРЗИРАНО ОДДЕЛЕНИЕНА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ВО ЗЛЕТОВО

Во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, детската градинка “Гоце Делчев“ доби финансирање на проект за комплетна реконструкција на клонот

“Цветови“. Проектот ќе се реализира во тек на 2014 година.Вредноста на проектот е 110.000 евра.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ПРОБИШТИП

Page 26: OTCET Probistip 2014

26 | ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ДЕЦАТА ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ЧИИ РОДИТЕЛИСЕ КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

Со цел поголема социјализација на децата од најмала возраст, општината обезбедува бесплатен превоз за децата од руралните средини каде нема детски градинки.

Со цел помагање на семествата кои се корисници на социјална помош, Општината обезбедуба бесплатен оброк за сите ученици чии родители се корисници на социјална помош.

Page 27: OTCET Probistip 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП | 27

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА

Отворен е Општински центар за социјални услуги, преку проектот „Регионална програма за социјална заштита и превенција на трговија со луѓе“.Проектот е добиен од ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка)

ОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Во месецот ноември се заврши со реконструкција на балконите на објектот “Срничка“ во склоп на детската градинка „Гоце Делчев“.

Бидејќи на територијата на општината Пробиштип нема ортопед кој го следи развојот на малите дечиња, општината организира бесплатни ортопедски прегледи за малите деца.

РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА БЕСПЛАТНИ ОРТОПЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

Page 28: OTCET Probistip 2014