42
ООУ Петре Поп Арсов, с.Богомила, Општина Чашка petarpoparsovbog.schools.edu.mk, [email protected] Учебна 2011/12 год. наставник: Славица Карбева Наставник: Славица Карбева

Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

ООУ Петре Поп Арсов, с.Богомила, Општина Чашка

petarpoparsovbog.schools.edu.mk, [email protected]

Учебна 2011/12 год.

ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ПРЕДМЕТОТ ПРОГРАМИРАЊЕ ( Изработено според наставната програма по предметот програмирање за VII или VIII одделение на осумгодишното основно училиште, односно VIII или IX одделение на деветгодишното основно училиште, Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Maj 2010 година)

Изборен предмет во 8 одд.

Неделен број на часови 2

Годишен број на часови 72

наставник: Славица Карбева

Наставник: Славица Карбева

Page 2: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Глобално планирање

по предметот ПРОГРАМИРАЊЕ

за учебната 2011/12 година

Реден број

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕБрој на часови

Период на реализација

1 Поим за алгоритми и програми 4 Септември 2011

2 Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање

4 Октомври 2011

3 Програма со редоследна структура 3Октомври 2011 г.

4 Променливи и искази за доделување 3 Октомври 2011г.

5 Дополнителни специфики на јазикот 6Октомври,

Ноември 2011г.

6 Структура за избор од две можности 6Ноември,

Декември 2011г.

7 Структура за избор од повеќе можности 3 Декември 2011г.

8 Основна структура за повторување 7Декември 2011,

Јануари, Февруари 2012 г.

9 Останати структури за повторување 6Февруари, Март

2012 г.

10Примени во графичко програмирање и желка-графика

8 Март, Април 2012 г.

11 Потпрограми* 4 Април 2012 г.

12 *Настани и интерактивност 4 Мај 2012 г.

13 * Еднодимензионални низи 4 Мај 2012 г.

14 Примери за посложени алгоритми и програми 10 Мај, Јуни 2012 г.

ВКУПНО ЧАСОВИ 72Септември 2011-

Јуни 2012 г.

Програмско подрачје 1: Поим за алгоритми и програми (4 часа)2

Page 3: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Период на реализација: Септември 2011 година;

Цели: Ученикот/ ученичката да ги објаснува поимите алгоритам и програма; да ги осознае основните концепти на алгоритамското размислување и примената на програмите во компјутерите и секојдневниот живот.

Активности и методи: Дискусија за алгоритмите, Разгледување на реални секојдневни алгоритми; Креирање едноставни алгоритми со ситуации од секојдневниот живот и од другите наставни предмети; Дискусија за програмите како неопходен дел од компјутерот и поделбата на софтверот.

Средства и постапки за вреднување:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Поим за алгоритми и програми 4 часа

1 Поим за Алгоритам 1.09.2011- 15.09.2011

2 Начини на прикажување на алгоритмот 1.09.2011- 15.09.2011

3 Поим за програма како дел од софтверот 1.09.2011- 15.09.2011

4 Улога на програмите во компјутерот 1.09.2011- 15.09.2011

Програмско подрачје 2: Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање (4 часа)

Период на реализација: Септември 2011 година;

Цели: Ученикот/ученичката да се запознае со концептот на програмирање и со различните типови на програмски јазици; да го осознае процесот напишување и извршување на една програма; да ги познава и правилно да ги именува и користи елементите од интегрираната околина за програмирање.

Активности и методи: Дискусија за природни и вештачки јазици, програмирање, програмски јазик, примери на програмски јазици; Објаснување на процесот на преведување на програма, дискусија за преведувач, примери програмски јазици, програмер и основните елементи на интегрирана околина за програмирање. Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик

3

Page 4: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање (4 часа)

5 Програмирање и програмски јазици 15.09.2011- 30.09.2011

6 Процес на изработка на една програма од изворна до извршна верзија

15.09.2011- 30.09.2011

7 Запознавање со основните елементи на интегрирана околина за програмирање

15.09.2011- 30.09.2011

8 Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање

15.09.2011- 30.09.2011

Програмско подрачје 3: Програма со редоследна структура (3 часа)

Период на реализација: Октомври 2011 година

Цели: Ученикот/ученичката да ги осознае и објаснува основните елементи од програмскиот јазик, техниката за приказ на екран, техниката на редоследно извршување на секвенца од искази и да се оспособува за изработка на едноставна програма со редоследна структура.

Активности и методи: Дискусија за основните елементи на програмскиот јазик; Објаснување на поимот исказ; Презентација на неколку програми со прикази на екран. Изработка на програми со прикази на екран; Дискусија за техниката за секвенца од изрази и редоследно извршување; Презентација на пример програми и изработка на програми каде повеќе искази за приказ на екран се напластени.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Програма со редоследна структура (3 часа)9 Основни елементи на програмскиот јазик 1.10.2011- 15.10.2011

4

Page 5: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

10 Напластени искази за приказ на екран 1.10.2011- 15.10.2011

11 Изработка на програми 1.10.2011- 15.10.2011

Програмско подрачје 4: Променливи и искази за доделување (3 часа)

Период на реализација: Октомври 2011

Цели: Ученикот/ученичката да го осознае концептот аритметички операции и изрази; да го објаснува поимот за променлива во програмски јазик; да се оспособува за изработка на програми со досега изучените техники.

Активности и методи: Дискусија за аритметичките операции, изрази, величини во ПЈ; Демонстрација на доделување на константни вредности на променлива, доделување на вредност на аритметички израз и доделување на вредност на друга променлива; Дискусија за тип на променлива преку наведување на два најчесто користени типови на променливи; Практична изработка на програми со вклучување на доделувања, аритметички пресметки и прикази на екран.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Променливи и искази за доделување (3 часа)12 Аритметички операции и изрази 1.10.2011- 15.10.2011

13 Константи и променливи и доделување на вредност и тип на променлива

15.10.2011- 30.10.2011

14 Изработка на програми со дадени насоки 15.10.2011- 30.10.2011

Програмско подрачје 5: Дополнителни специфики на јазикот (6 часа)

Период на реализација: Октомври, Ноември 2011

Цели: Ученикот/ученичката да ги осознае техниките за внесување на податоци воПрограмата, техниката за објаснувања за податоците кои се очекуваат од корисникот

5

Page 6: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

и да се оспособува за користење дополнителни специфики на јазикот.

Активности и методи: Дискусија за исказите за внесување на податоци во програмата и техника за објаснувања за податоците преку искази за приказ на екран пред секој исказ за внесување на податоци; Изучување на конкретни специфики за избраниот ПЈ преку дискусии, примери и изработка на програми кои нив ги вклучуваат.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Дополнителни специфики на јазикот (6 часа)

15 Искази (техники) за внесување податоци во програмата и за објаснување податоци кои се очекуваат од корисникот

15.10.2011- 30.10.2011

16 Дополнителни специфики од ПЈ 15.10.2011- 30.10.2011

17 Изработка на програми 1.11.2011- 15.11.2011

18 Нови специфики на програмскиот јазик 1.11.2011- 15.11.2011

19 Останати специфики во програмскиот јазик 1.11.2011- 15.11.2011

20 Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје

1.11.2011- 15.11.2011

Програмско подрачје 6: Структура за избор од две можности (6 часа)

Период на реализација: Ноември, Декември 2011

Цели: Ученикот/ученичката да го осознае концептот на споредбен израз, да се оспособи за конструирање споредбени изрази (услови); да ја осознае техниката на вгнездување на искази и резултатите од истото при извршувањето на програмите; да ја применува техниката на вгнездување на искази во конструкција на програми.

Активности и методи: Дискусија за споредбени изрази (услови) и за логички изрази (сложени услови) добиени преку конјункција, дисјункција и негација на споредбени изрази; Составување на споредбени изрази и логички изрази врз база на дадени текстуални барања; Изработка на програми со структура за избор од две можности и низа од програми со техниката за вгнездување.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:

6

Page 7: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Структура за избор од две можности (6 часа)

21 Споредбени и логички изрази 15.11.2011- 30.11.2011

22 Структура и функционирање на блоковите за услов 15.11.2011- 30.11.2011

23 Логички изрази како услов во условните блокови 15.11.2011- 30.11.2011

24 Техника на вгнездување на искази 15.11.2011- 30.11.2011

25 Изработка на програми со примена на техниката на вгнездување на искази

1.12.2011- 15.12.2011

26 Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје

1.12.2011- 15.12.2011

Програмско подрачје 7: Структура за избор од повеќе можности (3 часа)

Период на реализација: Декември 2011;

Цели: Ученикот/ученичката да ја осознае синтаксата и семантиката на структурата за избор од повеќе можности; да ја применува структурата за избор од повеќе можности во конструкција на програми.

Активности и методи: Дискусија за синтаксата и семантиката на структура (исказ) за избор од повеќе можности; Презентација на пример програми, Изработка на програми со структура за избор од повеќе можности; Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Структура за избор од повеќе можности (3 часа)

27 Структура за избор од повеќе можности 1.12.2011- 15.12.2011

28 Изработка на програми со примена на структура за избор од повеќе можности

1.12.2011- 15.12.2011

7

Page 8: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

29 Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје

15.12.2011- 30.12.2011

Програмско подрачје 8: Основна структура за повторување (7 часа)

Период на реализација: Декември 2011, Јануари, Февруари 2012 год.

Цели: Ученикот/ученичката да ја осознае синтаксата и семантиката на структура за повторување на циклус до исполнување на услов; да се оспособува за примена на структурата за повторување на циклус до исполнување на услов во конструкција на програми.

Активности и методи: Дискусија за концептот на циклус (јамка) во една програма; Дискусија за синтаксата и семантиката на структура (исказ) за повторување на циклус до исполнување на услов; Презентација на пример програми, дел од кои задолжително со визуелизација; Презентација на примери од секојдневието; Изработка на програми со структура за повторување на циклус до исполнување на услов; Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Основна структура за повторување (7 часа)

30 Синтакса и семантика на сложен исказ за повторување- циклус со услов

15.12.2011- 30.12.2011

31 Примена на структурата за повторување на циклус до исполнување на услов во конструкција на програми;

15.12.2011- 30.12.2011

32 Изработка на програми со структурата за повторување на циклус до исполнување на услов

15.12.2011- 30.12.2011

33 Изработка на програми со структурата за повторување на циклус до исполнување на услов

20.01.2012- 30.01.2012

34 Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување

20.01.2012- 30.01.2012

35 Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување

1.02.2012- 15.02.2012

36 Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје

1.02.2012- 15.02.2012

8

Page 9: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Програмско подрачје 9: Останати структури за повторување (6 часа)

Период на реализација: Февруари, Март 2012 год.

Цели: Ученикот/ученичката да ја осознае синтаксата и семантиката на структурата заповторување на циклус со броење на циклусите и примена на истата; да ја осознае синтаксата и семантиката на друга структура за повторување и да се оспособува за изработка на програми со досега изучените техники.

Активности и методи: Дискусија за синтаксата и семантиката на структура (исказ) за повторување на циклус со броење на циклусите; Презентација на пример програми, дел од кои задолжително со визуелизација. Презентација на примери од секојдневието; Изработка на програми со структура за повторување на циклус со броење на циклусите; Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Останати структури за повторување (6 часа)

37 Сложен исказ за повторување- циклус со бројач 1.02.2012- 15.02.2012

38 Дополнителни структури за повторување 1.02.2012- 15.02.2012

39 Изработка на програми со структура за повторување на циклус со броење на циклусите

15.02.2012- 1.03.2012

40 Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување

15.02.2012- 1.03.2012

41 Вклучување на останатите изучени искази во програмите преку техниките на напластување и вгнездување

15.02.2012- 1.03.2012

42 Утврдување и систематизирање на знаењата за програмското подрачје

15.02.2012- 1.03.2012

Програмско подрачје 10: Примени во графичко програмирање и желка-графика

(8 часа)

Период на реализација: Март, Април 2012 година;

9

Page 10: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Цели: Ученикот/ученичката да се запознае со концептите на програмирање на графика и можностите кои ги нуди ПЈ; да се запознае со концептот на желка-графика и да се оспособи за конструкција на програми во желка-графика.

Активности и методи: Дискусија за околината за графички излез во конкретниот ПЈ; Презентација на техниките за приказ на графички елементи; Изработка на низа програми со графички излез, со искористување на сите досега совладани техники на програмирање; Дискусија за желка-графика; Искористување на симулациска програма во дадениот ПЈ или искористување на друга алатка за презентација на концептот и изработка на програми во желка- графика.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Примени во графичко програмирање и желка-графика (8 часа)

43 Опис на околината за графички излез 1.03.2012 - 15.03.2012

44 Техники за приказ на графички елементи 1.03.2012 - 15.03.2012

45 Желка – графика 1.03.2012 - 15.03.2012

46 Изработка на програми во желка графика 1.03.2012 - 15.03.2012

47 Изработка на програми во желка графика 15.03.2012 - 30.03.2012

48 Споредба на програмата изработена во желка графика со програма изработена во Скреч

15.03.2012 - 30.03.2012

49 Споредба на програмата изработена во желка графика со програма изработена во Смал бејзик

15.03.2012 - 30.03.2012

50 Утврдување на постигнувањата на учениците 15.03.2012 - 30.03.2012

Програмско подрачје 11: Потпрограми* (4 часа)

Период на реализација: Април 2012 година;

Цели: Ученикот/ученичката да го објаснува поимот потпрограма, да се оспособи за препознавање на проблемски ситуации во кои треба да се примени потпрограма; за изработка на потпрограми и нивно повикување од главната програма и за правилно користење на променливи од главната програма во потпрограмата.

Активности и методи: Дискусија на концептот за потпрограма; Дискусија за потребата за примена на потпрограми, концептот на разделување на проблемот на помали и

10

Page 11: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

поедноставни, полесно решливи проблеми и примери од секојдневие; Презентација на пример програми кои користат потпрограми; Дискусија за синтаксата на заглавишната линија на потпрограмата и за повикот на потпрограмата и предавањето на параметри; Изработка на потпрограми и изработка на програми кои искористуваат потпрограми преку повик.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Потпрограми* (4 часа)

51 Потпрограми. Имплементација и примена 1.04.2012 - 15.04.2012

52 Предавање на параметри. Глобална променлива во програмата

1.04.2012 - 15.04.2012

53 Изработка на потпрограми и нивно искористување во програми

1.04.2012 - 15.04.2012

54 Утврдување на постигнувањата на учениците 1.04.2012 - 15.04.2012

Програмско подрачје 12: Настани и интерактивност (4 часа)

Период на реализација: Мај 2012 година;

Цели: Ученикот/ученичката да ги објаснува и дефинира поимите објект и настан вообјект; да ја определи врската помеѓу настан и потпрограма и да ги применува настаните при конструкција на интерактивни програми.

Активности и методи: Објаснување и дискусија за објект, настани и интерактивност со демонстрација на готова програма кој испишува порака на екранот по акција на глувчето; Внесување промени во програмата; Пишување програма во која има два настана: со клик на тастатурата се менува боја, а со клик на глувчето се црта форма во таа боја; Повикување иста потпрограма при настанување на различни настани.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

11

Page 12: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Настани и интерактивност (4 часа)

55 Објект. Настан. Искористување на настани 15.04.2012 - 30.04.2012

56 Интерактивни програми со настани 15.04.2012 - 30.04.2012

57 Изработка на интерактивни потпрограми 15.04.2012 - 30.04.2012

58 Утврдување на постигнувањата на учениците 15.04.2012 - 30.04.2012

Програмско подрачје 13: Еднодимензионални низи (4 часа)

Период на реализација: Мај 2012 година;

Цели: Ученикот/ученичката да ги објаснува и дефинира поимите структура на податоци и еднодимензионална низа како структура од податоци ; да декларира, дефинира и користи еднодимензионална низа; да користи повторување со броење на циклусите при достапување до сите елементи од низата и да изработува програми со искористување на еднодимензионални низи.

Активности и методи: Дискусија за структури на податоци. Објаснување и дискусија за еднодимезионална низа како едноставен пример за структура на податоци; Дискусија за декларирање и дефинирање на еднодимезионална низа преку пример програмски код и за индекс на низа; Достап до елемент на низа; Презентација на пример програми и дел од програмски кодови; Дискусија за поимот и начините за поминување на еднодимензионална низа и изработка на програми кои ќе меморираат податоци во низи.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците: Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработки

Еднодимензионални низи (4 часа)

59 Структури на податоци., Еднодимензионална низа 15.04.2012 - 30.04.2012

60 Дефинирање и декларирање на еднодимензионална низа

1.05.2012 - 15.05.2012

61 Достапување до елементите на еднодимензионална низа

1.05.2012 - 15.05.2012

62 Утврдување на постигнувањата на учениците 1.05.2012 - 15.05.2012

12

Page 13: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Програмско подрачје 14: Примери за посложени алгоритми и програми (10 часа)

Период на реализација: Мај, Јуни 2012 година;

Цели: Ученикот/ученичката да запознае некои алгоритми за решавање на дадени проблеми; да се оспособи за програмирање на изучените алгоритми и да изработува програми со сите изучени техники.

Активности и методи: Да се изберат за презентација познати алгоритми во зависност од сите претходно изучени техники; Изработка на предизвикувачки програми (проект-програми) кои ќе ги вклучат сите досега изучени техники. Истражувања на Интернет кои ќе ги побаруваат примерите.

Средства и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците:

Формативното оценување преку:*водење на портфолио за секој ученик*собирање на показатели (ученички изработки, писмени и електронски)*тековни евалуациони листови, чек листи *контролни листови*домашни подготовки и изработкиСумативно оценување на крајот на секој класификационен период и на крајот на учебната година.

Примери за посложени алгоритми и програми (10 часа)

63 Познати алгоритми за решавање на некои проблеми 1.05.2012 - 15.05.2012

64 Познати алгоритми за решавање на некои проблеми 1.05.2012 - 15.05.2012

65 Изработка на програми 15.05.2012 - 30.05.2012

66 Изработка на програми 15.05.2012 - 30.05.2012

67 Изработка на програми 15.05.2012 - 30.05.2012

68 Утврдување на постигнувањата на учениците 15.05.2012 - 30.05.2012

69 Систематизирање на знаењата на учениците 15.05.2012 - 30.05.2012

70 Систематизирање на знаењата на учениците 1.06.2012-10.06.2012

71 Утврдување на годишните оцени 1.06.2012-10.06.2012

72 Утврдување на годишните оцени 1.06.2012-10.06.2012

13

Page 14: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Тематско-процесно планирање

по предметот програмирање за учебната 2011/12 година

Програмско подрачје бр.1 : Поим за алгоритми и програми (4 часа)

1,2 час

Цели:

- Ученикот/ученичката да го објаснува поимот алгоритам

- да ги осознае основните концепти на алгоритамското размислување;

- да се оспособи за изработка на едноставни алгоритми

Наставна содржина - Алгоритми и нивно претставување

Наставна единица (1 час) – Поим за Алгоритам

Наставна единица (2 час) – Начини на прикажување на алгоритмот

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот ги запознава учениците со обемот и содржините на наставната програма на предметот Програмирање и поединечно ги објаснува програмските подрачја кои ќе ги изучуваат оваа година.

Наставникот ги запознава учениците со поимот алгоритам преку презентирање на примери од секојдневниот живот, за да го поттикне нивниот интерес и да ги мотивира за разработка на ова програмско подрачје.

Наставникот им задава на учениците алгоритам (да се нацрта слика) кој треба да го следат, без претходно да го објасни крајниот резултат. Секој ученик работи индивидуално и при тоа не треба да гледа во изработките на другите ученици, ниту, пак, да побара дополнително објаснување.

Учениците ги споредуваат своите цртежи и преку дискусија согледуваат дали сите имаа ист алгоритам? дали сите нацртале иста слика? зошто? Дали било лесно да се следат упатствата? што им недостатуваше на упатствата?Наставникот го дефинира поимот алгоритам и заедно со учениците ги определуваат карактеристиките кои треба да ги има правилниот алгоритам.

14

Page 15: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Учениците на секој час изработуваат едноставни алгоритми (во корелација со друг наставен предмет), а наставникот ги следи активностите и постигањата на учениците и резултатите од нивната практична работа и истите ги забележува во предходно подготвени документи.

3 час

Цели: -Ученикот/ученичката да го објаснува поимот програма да ја искажува разликата помеѓу алгоритам и програма.

Наставна содржина - Поим за програма како дел од софтверот

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот ги наведува учениците на размислување за поделба на

програмите. Учениците врз основа на дотогашните знаења треба да направат разлика

помеѓу системските и апликативните програми. Наставникот го дефинира поимот –

програма и развива дискусија за разликите помеѓу алгоритам и програма.

Учениците активно учествуваат во неа врз основа на дотогашните познати

информации, ја пополнуваат дадената табела, работејќи во групи, а потоа ги

презентираат запишаните заклучоци.

Наставникот задава одреден проблем на учениците, да направат алгоритам за негово

решавање а потоа и да ги идентификуваат дополнителните прашања потребни при

создавање соодветна програма, за што индивидуално треба да изработата Т-табела.

Наставникот ги следи активностите и постигањата на учениците и резултатите од

нивната работа и истите ги забележува во предходно подготвени документи.

4 час

Цели: -Ученикот/ученичката да ја осознае примената на програмите во компјутерите и секојдневниот живот.

Наставна содржина - Улога на програмите во компјутерот

Активности, методи, наставни средства:

15

Page 16: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот преку бура на идеи ја започнува дискусијата за улогата на програмите во

компјутерот.

Учениците самостојно пополнуваат наставен лист - празна табела, во која за различни

програми го определуваат влезот , излезот и она што го работи програмата.

Програмите не се однапред зададени туку секој ученик самостојно ги избира

програмите кои ќе ги внесе во табелата.

Учениците ги презентираат пополнетите табели при што се развива дискусија каде се

во секојдневниот живот се среќаваме со програми.

Секој ученик дава пример како програмите се составен дел од нашиот живот.

Наставникот ги следи презентациите на учениците и нивните примери од секојдевниот

живот и прави забелешки за нив. Тој им ги посочува на учениците критериумите за

оценување на степенот на пополнетост на зададените табели за да можат потоа тие

взаемно да си ги оценат своите постигнувања.

Програмско подрачје бр.2: Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање (4 часа)

1 час

Цели: -Ученикот/ученичката да се запознае со концеп тот на програмирање;- да го објаснува поимот програмски јазици,програмирање, програмер;- да се запознае со различните типови на програмски јазици.

Наставна содржина - Програмирање и програмски јазици

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот развива дискусија со учениците за начинот на комуникација

помеѓу човекот и компјутерот со воочување на улогата на јазикот и разликата помеѓу

природните и вештачките јазици.

Наставникот ги објаснува новите поими – програмски јазици, програмирање,

програмер. Тој им го демонстрира развојот на програмските јазици од оние кои биле

слични на машинскиот до вишите програмски јазици кои имаат приказ на наредби

слични на секојдневниот јазик.

16

Page 17: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот презентира примери напрограмски јазици. Fortran, Basic, Pascal, C (C+

+),Visual Basic или Java.

Учениците самостојно пополнуваат наставен лист во кој треба да ги вметнат новите

поими на соодветното место и да пополнат развојно скалило според развојот на

програмските јазици.

По пополнувањето учениците добиваат инструменти за оценување според кои

самостојно си ги оценуваат своите изработки.

Наставникот ги следи активностите и постигањата на учениците и резултатите од нивната работа и истите ги забележува во предходно подготвени документи.

2 час

Цели: -Ученикот/ученичката да го осознае процесот на пишување и извршување на една програма;- да ги познава и правилно да ги именува и користи елементите од интегрираната околина за програмирање (едитор, компајлер, дебагер (покажувач на грешки и помош).

Наставна содржина - Процес на изработка на една програма од изворна до извршна верзија

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот ги запознава учениците со основните фази во процесот на изработка на компјутерска програма и бара од нив да ги подредат редоследно.

Тој им презентира запишување на даден алгоритам како низа од инструкции во избран програмски јазик.

Наставникот им ја воочува на учениците разликата помеѓу изворна и извршна програма и начинот на преведување.

Наставникот ги дефинира поимите синтаксичка и логичка грешка.

Учениците самостојно ги откриваат грешките во зададен пример и го определуваат нивниот вид.

Наставникот им демонстрира начин на тестирање на една програма на учениците. Преку зададени примери од нив бара работејќи во групи, да разгледаат зададени случаи во кои треба да утврдат дали програмата работи правилно за различни

17

Page 18: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

вредности кои ги внесува корисникот или да оневозможи погрешно внесување вредности во програмата преку пораки и слично до корисникот. По завршувањето учениците пополнуваат зададени чек листи.

Наставникот ги следи активностите и постигањата на учениците и резултатите од нивната работа и истите ги забележува во предходно подготвени документи.

3 час

Цели: - Ученикот/ученичката да се оспособи да извршува готов точен програмски код;- да ја осознае функцијата на дебагерот при извршување на неточен програмски

код;- да ги препознава и да ги разликува датотеките кои се креираат при извршување

и зачувување на програмата.

Наставна содржина - Запознавање со основните елементи на интегрирана околина за програмирање

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот им ја демонстрира на учениците интегрираната околина за

програмирање и нејзините основни делови.

Преку стартување на програмата за програмирање и разгледување на нејзините

основни елементи тој практично извршува готов пример програма.

Наставникот го објаснува значењето и функцијата на елементите на развојната

околина и начинот на градење на програмата.

Учениците учествуваат во дискусија за корекција на грешките и начинот на

меморирање на програмата со избор на ново име и локација.

Наставникот ги следи нивните искажувања и истите ги забележува за да потоа изведат

заеднички заклучоци со учениците.

4 час

Цели:

- Ученикот/ученичката да ги утврди и систематизира постигнувањата за програмското подрачје Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање

Наставна содржина – Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското

подрачје Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање

18

Page 19: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Активности, методи, наставни средства:

Со користење на грозд техника учениците ги утврдуваат сите изучени поими од

програмското подрачје.

Наставникот изработува инструмент за проверување на постигањатана учениците

(кратки прашања во вид на тест и практична задача за секој ученик поединечно) со кои

ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.

Учениците самостојно го пополнуваат дадениот иструмент. По што пристапуваат кон

само оценување врз основа на дадена бодовна листа и холистичка листа.

Наставникот води белешки за активностите на учениците, вештините и знаењата за ова

програмско подрачје. Врз основа на релевантните показатели се одредува оценката на

секој ученик/ученичка. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги

забележува нивните постигања во предходно подготвени документи.

Програмско подрачје бр.3: Програма со редоследна структура (3 часа)

1 час

Цели: -Ученикот/ученичката да ги осознае и објаснува основните елементи од програмскиот јазик (ПЈ);- да ја осознае и да ја користи техниката за приказ на екран

Наставна содржина - Основни елементи на програмскиот јазик

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот покажува пример програма на учениците. Ученикот самостојно ја

анализира програмата со цел да ги определи нејзините градбени делови.

Поконкретно на програмскиот јазик во кој е напишана и некои основни објекти,

операции и својства. За поконкретна анализа ученикот добива листа со дополнителни

прашања кои ќе го наведат поконкретно на одредени делови.

Преку дискусија се споделуваат добиените сознанија. Наставникот ги дефинира

основните градбени делови на програмскиот јазик преку презентација. 19

Page 20: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Ученикот добива две активности кои е потребно да ги работи во група и да

одговори на дадените прашања во однос на начинот на извршување на програма. По

завршувањето ги сменува своите прашања со другите групи и ја повторува истата

постапка.

Секој од учениците наведува пример од секојдневниот живот кој ќе одговара на

градбените делови на програмски јазик.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните

постигања во предходно подготвени документи.

2,3 час

Цели: - Ученикот/ученичката да ја осознае техниката на редоследно извршување на

секвенца од искази (напластени искази, напластување);

- да се оспособи за изработка на едноставна програма со редоследна структура, со напластени искази за приказ на екран.

Наставна содржина –Напластени искази за приказ на екрани изработка на програми

Наставна единица (2 час) – Напластени искази за приказ на екрани

Наставна единица (3 час) – Изработка на програми

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот анализира пример програми со техника на напластени искази.

Објаснува изработка на програма (пр. движење на фигура во правец на стрелките на

часовникот). Потребните искази ги влече во областа со скрипти (програми) и по тоа го

извршува секој блок поединечно (двоен клик на секој блок). Креира скрипта

(програма) со лепење на блоковите меѓусебно.

Наставникот ги определува темите на кои треба да дискутираат учениците - Дали

може да се подобри програмата? Извршување на програма? Со дадени асоцијации за

нив.

Ученикот работејќи во пар добива задача да изработи едноставни програми

со редоследна структура со напластени искази, а потоа и да ги презентира.

20

Page 21: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните

постигања во предходно подготвени документи.Наредниот час им дава на учениците

писмена повратна ингормација за постигнувањата.

Програмско подрачје бр.4: Променливи и искази за доделување (3 часа)

1 час

Цели: - Ученикот/ученичката да го осознае концептот на аритметички операции и

изрази;- да го објаснува поимот за променлива во програмски јазик;

Наставна содржина - Аритметички операции и изрази

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот преку вежба го воведува поимот текстуален и броен израз. По завршување на вежбата дискутира заедно со учениците за разликата помеѓу овие два вида на изрази.

Наставникот ги запознава учениците со поимот променлива во програмскиот јазик, правила за именување на променлива, доделување вредност на променлива и

користење променливи во програмскиот код.

Учениците работејки во парови добиваат две активности преку коу ќе ги увидат претходно посочените делови.

Секој ученик самостојно изработува програма со зададен излез. Наставникот во текот на целиот процес им дава на учениците насоки за работа.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во предходно подготвени документи.

2 час

Цели: - Ученикот/ученичката да го објаснува поимот за променлива во програмски

јазик;- да ја осознае техниката за доделување на вредност;- да се оспособи за користење на променливи и искази за доделување во програмскиот јазик;

Наставна содржина - Константи и променливи. Доделување на вредност и тип на променлива

21

Page 22: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот им демострира доделување на константни вредности на променлива,

доделување на вредност на аритметички израз и доделување на вредност на друга

променлива. Учениците работејки во парови добиваат две активности преку коу ќе ги

увидат претходно посочените делови и разликите во дефинирањето на типот на

променливата во зависност од вредноста што може да ја прими истата.

Секој ученик самостојно изработувана програма со зададен излез. Наставникот во

текот на целиот процес им дава на учениците насоки за работа.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања

во предходно подготвени документи. Во завршниот дел на часот учениците добиваат

чек листа со кратки тврдења која треба самостојно да ја пополнат. По завршувањето

взаемно ги проверуваат и споредуваат дадените одговори во листата.

Наставникот им дава писмена повратна информација наредниот час.

3 час

Цели:

Ученикот/ученичката

- правилно да ги користи аритметичките операции и изрази

- да го определува типот на променлива и да ги зпишува константите во програмите

Наставна содржина- Изработка на програми со дадени насоки

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот им задава вежба на учениците преку која иницира дискусија за тип на

променлива преку наведување на два најчесто користени типови на променлива (на

пр. целобројна и реална променлива).

Заклучоците тие ги запишуваат во табела .

Учениците работејќи во групи изработуваат програми со вклучување на доделувања,

аритметички пресметки и прикази на екран (напластени искази). Наставникот ги следи

нивните постигнувања, ги насочува и дискутира со нив за записот на аритметичките

22

Page 23: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

изрази што ги користат и определување на типот на променлива и задавање ан

константите во програмата.

Наставникот ги евидентира постигнувањата на учениците во претходно подготвени

евалуациони листови.

Програмско подрачје бр.5 Дополнителни специфики на јазикот (6 часа)

1 час

Цели :Ученикот/ученичката

- да ги осознае техниките за внесување на податоци вo програмата

- да ја осознае техниката за објаснувања за податоците кои се очекуваат од корисникот

Наставна содржина : Искази (техники) за внесување податоци во програмата и за објаснување податоци кои се очекуваат од корисникот

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот започнува дискусија за исказите за внесување на податоци во

програмата и техника за објаснувања за податоците преку искази за приказ на екран

пред секој исказ за внесување на податоци.

Секој ученик преку конкретни зададени ситуации внесува податоци во програмата и на

екранот ги гледа внесените податоци.

Наставникот задава проблем кој учениците треба го увидат и решат во парови.

Внесуваат податоци, и внесените податоци ги гледат на екран секој поединечно и

изработуваат програма со досега изучени техники со тоа што се прави една целина на

секнатите знаења од претходните часови, увидување на несовладаното и негово

совладување. По разгледување на соодветната ситуација паровите ги менуваат

ситуациите и се така додека не ги разгледааат сите зададени во одделението.

На крајот на часот секој од учениците пополнува евалуациона листа преку која

го вреднува постигнатото на часот.

2, 3 час

23

Page 24: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Цели :- да ја осознае техниката за објаснувања за податоците кои се очекуваат од

корисникот

Наставна содржина - Дополнителни специфики од ПЈ и изработка на програми

Наставна единица (2 час) – Напластени искази за приказ на екрани

Наставна единица (3 час) – Изработка на програми

Активности, методи, наставни средства :

Учениците ги изучуваат конкретните спецификации за програмскиот јазик преку

дискусии кои се прават за време на часот заедно со наставникот, примери и изработка

на програми кои нив ги вклучуваат (пр. знаковен тип на променлива / поим за објект /

дополнителни описи на визуелната околина).

Увидот во тоа дали ученикот успешно ја направил својата програма, дали го има

добиено бараниот резултат се прави преку техниката на раскажување на приказни,

при што секој ученик по завршување на својата задача истата ја презентира преку

раскажување на приказна за неа, со што е надоврзува на претходно раскажаното.

Наставникот на секој час поединечно го следи раскажувањето на секој од учениците и

го евидентира преку своите забелешки.

4, 5 час

Цели :

Ученикот/ученичката

- да осознава и се оспособува за користење нови специфики на јазикот

Наставна содржина - Нови специфики на програмскиот јазик и Останати специфики во програмскиот јазик

Наставна единица (4 час) - Нови специфики на програмскиот јазик Наставна единица (5 час) - Останати специфики во програмскиот јазик

24

Page 25: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Активности, методи, наставни средства:

Учениците ги изучуваат контретните спецификации за програмскиот јазик преку

дискусии кои се одвиваат за време на часот заедно со наставникот, примери и

изработка на програми кои нив ги вклучуваат. Тие разгледуваат знаковен тип на

променлива, поим за објект и дополнителни описи на визуелната околина.

Секој ученик самостојно решава по една зададена програма. По што взаемно си ги

оценуваат изработките со помош на даден инструмент за оценување. Се гледа дали

ученикот успешно ја направил својата програма, дали го има добиено бараниот

резултат. Секој од учениците добива поени за сработеното.

На крајот на часот учениците прават бодовна скала според постигнатите бодови и се избираат парови, првиот со последниот, вториот со претпоследниот, итн . кои добиваат задача заедно да ги пререшат своите задачи за наредниот час.

6 час

Цели :

Ученикот/ученичката да ги

- утврдат и систематизираат знаењата, вештините и способностите за програмското подрачје Дополнителни специфики на јазикот

Наставна содржина : Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското

подрачје Дополнителни специфики на јазикот

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот изработува инструмент за проверување на постигањата на учениците

(кратки прашања во вид на тест и практична задача за секој ученик поединечно) со кои

ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.

Учениците самостојно го пополнуваат дадениот иструмент. По што пристапуваат кон

взаемно оценување врз основа на дадена скала на проценка и бодовна табела.

Наставникот води белешки за активностите на учениците, вештините и знаењата за ова

програмско подрачје. Врз основа на релевантните показатели се одредува оценката на

25

Page 26: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

секој ученик/ученичка. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги

забележува нивните постигања во предходно подготвени документи.

Програмско подрачје бр.6 Структура за избор од две можности (6 часа)

1 час

Цели :

Ученикот/ученичката

- да го осознае концептот на споредбен израз (а>б, а>=б,…);- да се оспособи за конструирање едноставни споредбени изрази (услови);

да конструира логички изрази (сложени услови) преку конјункција, дисјункција и негација на споредбени изрази (услови);

Наставна содржина: Споредбени и логички изрази

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот започнува со метод на прашања за изразите ? Ученикот дава пример за тоа што е исказ. Наставникот им кажува пример за исказ, што се тоа споредбени искази и секој ученик дава еден пример на два израза на кој се прави споредба. Ја согледуваат разликата при определување на вредноста на споредбениот израз-точно или неточно, т.е. кога условот е исполнет или не е исполнет. Прават едноставен програм каде што ке има споредба на два исказа.

Наставникот заедно со учениците дискутира за логички изрази (сложени услови) добиени преку конјункција, дисјункција и негација на споредбени изрази. Задава примери каде што учениците сами треба да дознаат дали во изразот ќе се употреби И,ИЛИ, дали изразот ке биде вистинит во еден случај или друг. Учениците сами кажуваат примери за И и ИЛИ.

Учениците добиваат задача за составување на споредбени и логички изрази врз база на дадени текствуални барања. Наставникот ги наведува учениците на размислување за тоа - Како би изгледал алгоритмот од Тема1-Телефонирање, ако линијата е зафатена? Дискусија се проширува за проблемски ситуации од секојдневниот живот во кои е потребно проверување на исполнетост на одреден услов од што ќе зависи натамошниот тек на решавањето на проблемската ситуација.

Условот може да биде вистина или невистина.

Ако условот е исполнет се извршува некоја активност. Ако не е исполнет, активноста не се извршува, а може или немора да се изврши некоја друга активност.

26

Page 27: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот бара од учениците да објаснат -ако речениците се напатствија за однесување, дали е задолжително да ја читаме до крај реченицата за правилно да го извршиме упатството, ако условот запишан на почетокот од реченицата не е исполнет?

2 час

Цели :

Ученикот / ученичката да ја осознае синтаксата и семантиката на структурата за избор од две можности.

- да ја применува структурата за избор од две можности во конструкција на програми

- да се запознае со концептот за блок од искази(наредби)

Наставна содржина: Структура и функционирање на блоковите за услов

Активности, методи, наставни средства:Наставникот ги запознава учениците со структурата за избор од две

можности во соодветниот програмски јазик и презентира пример програми за познавање со начинот на прикажување условни си туации во програма, примената на условните блокови, нивната структура и функционирање. Учениците учествуват во првата активност за – Анализа на алгоритам за проблемска ситуација во која се проверува точноста на за даден услов и се испишува соодветна порака на екран, а потоа и пишување програма според алгоритамот:.

Се равива дискусија за- Дали ученикот ги препознава исказите кои се однесуваат на проверка на услов и донесување одлука? Каде почнува, а каде завршува условниот блок? Дали го препознава условот кој се проверува во условниот блок? Колку искази се напишани внатре во условниот блок? Дали исказот во условниот блок ќе се „помине“ ако условот не е исполнет?

Наставникот им презентира на учениците на кој начин најчесто се прикажуваат условните и начинот на нивната градба и вообичаените клучни зборови што се користат при нивно формирање и споредбените операори.

Учениците учествуваат во втората активност на часот за Додавање во програмата на уште еден условен блок. Потоа се развива дискусија за –Ограниченоста на блокови за услов во програмата и анализа на условите во условните блокови и како се запишани внатрешните искази во блокот во однос на линијата за почеток и крај на блокот? Како се запишани исказите во блокот еден во однос на друг? Како се порамнети линиите за почеток и крај на блокот? Со правилно порамнување на исказите во блокот се избегнуваат грешки, програмскиот код полесно се следи и разбира.

3 час

27

Page 28: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Цели :Ученикот/ученичката

- да се оспособи за конструирање едноставни споредбени изрази (услови);- да конструира логички изрази (сложени услови) преку конјункција,

дисјункција и негација на споредбени изрази (услови);- да ја применува структурата за избор од две можности во конструкција на

програми

Наставна содржина : Логички изрази како услов во условните блокови

Активности, методи, наставни средства:На почетокот на часот преку пополнување на вистинитосни таблици се прави уочување

на основните логички оператори и правилата на буловата логика.

Учениците започнуваат активност во која е потребно да изработат програм според

понуден графички алгоритам со условен блок и логички услов. Работејќи во парови

добиваат задача да се обидат ситуациите од табелите да ги претстават преку графички

алгоритам.

Наставникот ги наведува на размислување – Што ќе се случи доколку дојде до

промена на логичките оператори, т.е наместо и да се стави или , или обратно, што се

случува конкретно со излезот? Постигнувањата и одговорите на учениците тој ги

бележи во претходно подготвени листи за евиденција.

4 час

Цели : Ученикот/ученичката

- да ја осознае техниката на вгнездување на искази и резултатите од истото при извршувањето на програмите.

- да ја применува техниката на вгнездување на искази во конструкција на програми.

Наставна содржина : Техника на вгнездување на искази

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот ги воведува учениците преку дискусија за проблемска ситуација од секојдневниот живот во која еден условен настан зависи од друг условен настан. Едниот услов е надворешен, а дру гиот внатрешен – вгнезден. До вгнездениот услов

28

Page 29: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

се стигнува само ако надворешниот услов е исполнет. Тој им посочува конкретен пример со псевдо код за полесно да ја разберат суштината на вгнездувањето.

Учениците имаат зададено активност да направат- Анализа на графички алгоритам за проблемскис итуации кои се претставуваат со вгнездени услови. Пишување програма според алгоритмот и запознавање со терминот вгнездени условни блокови и начин на нивно правилно запишување и користење.

Потоа да – Претстават со графички алгоритам дадена проблемска ситуација и да направат- Анализа на алгоритамот

По презентирање на добиените резултати учениците продолжуваат со решавање на наредната активност за- Пишување програма според алгоритамот. За размислување им се поставени прашањата: Дали ќе се поминат вгнездените услови ако надворешниот услов не е исполнет? Дали исказ во условен блок може да биде друг условен блок.

Наставникот ги следи заклучоците од учениците, ги дополнува и ги евидентира.

5 час

Цели : Ученикот/ученичката

- да ја применува техниката на вгнездување на искази во конструкција на програми.

Наставна содржина: Изработка на програми со примена на техниката на вгнездување на искази

Активности, методи, наставни средства:

Учениците добиваат задача за самостојно составување програма според

одредени барања за примена на техниката на вгнездување.

Наставникот го следи напредувањето на секој ученик со давање насоки и сугестии за

работа со примена на условни блокови. Учениците ги лоцираат потешкотиите на кои

наидуваат соп омош на асоциите кои ги добиваат од наставникот и му ги посочуваат

на наставникот, кој се обидува преку примери од претходни програми да ги насочи

учениците , самостојно да продолжат со работа.

По завршување на изработките учениците ги презентираат своите изработки, или

доколку не ги завршиле идеите за нивно функционирање.

29

Page 30: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот заедно со учениците ги следи презентирањата и заеднички ги вреднуваат

според претходно поставен критериум.

Наставникот ги бележи постигнувањата на секој ученик поединечно.

6 час

Цели : Ученикот / ученичката да ги

- утврди и систематизира знаењата, вештините и способностите на програмското подрачје Структура за избор од две можности

Наставна содржина: Утврдување и систематизирање на знаењата на програмското подрачје Структура за избор од две можности

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот изработува инструмент за проверување на постигањатана учениците

(кратки прашања во вид на тест и практична задача за секој ученик поединечно) со кои

ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.

Учениците самостојно го пополнуваат дадениот иструмент. По што пристапуваат кон

взаемно оценување врз основа на дадена скала на проценка.

Наставникот води белешки за активностите на учениците, вештините и знаењата за ова

програмско подрачје. Врз основа на релевантните показатели се одредува оценката на

секој ученик/ученичка. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги

забележува нивните постигања во предходно подготвени документи.

Програмско подрачје бр.7 Структура за избор од повеќе можности (3 часа)

1 час

Цели :

Ученикот/ученичката

- да ја осознае синтаксата и семантиката на структурата за избор од повеќе можности

30

Page 31: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставна содржина: Структура за избор од повеќе можности

Активности, методи, наставни средства:

Наставникот започнува дискусија за спротивставени и алтернативни услови, поттикнувајќи ги учениците да се обидат да дадат сличен пример најчесто поврзан со ситуација од некоја компјутерска игра, каде корисниците често избираат една од понудените можности од менито на програмата за број на играчи, ниво, почеток или крај и сл. и од изборот зависи натамошниот тек во програмата.

Наставникот им укажува дека во досегашните примери на програми со условни блокови условот е или исполнет или неисполнет. Ако е исполнет се изведува одредена активност, а ако не е не се прави ништо или се изведува некоја друга активност. Условите беа спротивставени. Има и други проблемски ситуации со алтернативни услови при кои ако еден услов не е исполнет се проверуваат алтернативни услови и во зависност од тоа кој е исполнет се изведува некоја активност.

Наставникот заедно со учениците прават анализа и дискусија по пример програма за запознавање со структурата на блокот со алтернативни услови, а потоа и анализа, дискусија и објаснување на пример програма за избор на една од повеќе понудени можности и различен тек на програмата за секој од изборите и дали условите во посочениот пример може да си ги променат местата.

Учениците самостојно пишуваат програма според одредени барања со насоки и сугестии од страна на наставникот за самостојна практична примена на блоковите со повеќе услови, а потоа взаемно си ги бодуваат со понудената скала за проценка на грешки од наставникот.

2 час

Цели :Ученикот/ученичката

- да ја применува структурата за избор од повеќе можности во конструкција на програми

Наставна содржина: Изработка на програми со примена на структура за избор од повеќе можности

Активности, методи, наставни средства:Учениците добиваат задача за самостојно пишување програма според

одредени барања за примена на структурата за избор од повеќе можности во

конструкција на програми.

31

Page 32: Planiranje Na Nastavata Po Programiranje ,Slavica Karbeva , OOU Petre Pop Arsov, Bogomila, 2011.12 God

Наставникот го следи напредувањето на секој ученик со давање насоки и сугестии за

работа со примена на алтернативни услови. Учениците ги лоцираат потешкотиите на

кои наидуваат со помош на асоцијациите кои ги добиваат од наставникот и му ги

посочуваат на наставникот, кој се обидува преку примери од претходни програми да

ги насочи учениците, самостојно да продолжат со работа.

По завршување на изработките учениците ги презентираат своите изработки, или

доколку не ги завршиле идеите за нивно функционирање.

Наставникот заедно со учениците ги следи презентирањата и заеднички ги вреднуваат

според претходно поставен критериум.

Наставникот ги бележи постигнувањата на секој ученик поединечно.

3 час

Цели : Ученикот / ученичката да ги

- утврди и систематизира знаењата, вештините и способностите на програмското подрачје Структура за избор од повеќе можности.

Наставна содржина: Утврдување и систематизирање на знаењата за програмското подрачје Структура за избор од повеќе можности

Активности, методи, наставни средства:Наставникот изработува практична задача за секој ученик поединечно, за проверување

на постигањатана учениците и со која ја согледува ефикасноста во наставата и

учењето.

Учениците самостојно ја извршуваат дадената задача, по што пристапуваат кон

взаемно оценување врз основа на дадена скала на проценка.

Наставникот води белешки за активностите на учениците, вештините и знаењата за ова

програмско подрачје. Врз основа на релевантните показатели се одредува оценката на

секој ученик/ученичка. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги

забележува нивните постигања во предходно подготвени документи.

32