14
Скопје, февруари 2021 година Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ СО ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2023 ГОДИНА (РЕЗИМЕ)

Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

  • Upload
    others

  • View
    18

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

Скопје, февруари 2021 година

Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

СО ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2023 ГОДИНА

(РЕЗИМЕ)

Page 2: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

1/13

Содржина

ВОВЕД ............................................................................................................................................. 2

I. МАКРОЕКОНОМСКИ УСЛОВИ ВО КОИ БАНКАТА ЌЕ ЈА ОСТВАРУВА СВОЈАТА АКТИВНОСТ ............................................................................................................................... 3

II. ГЛАВНИ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА .................................................. 6

III. ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ............................................................................................ 7

IV. ДЕЛОВЕН МОДЕЛ НА БАНКАТА ............................................................................................. 8

V. ОПШТ ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИЦИТЕ ........................................................ 9

VI. ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2023 ГОДИНА .......................................... 9

VII. ЦЕЛИ И ПЛАНОВИ НА РАБОТА НА СЕКТОРИТЕ И ФИЛИЈАЛИТЕ .................................. 13

Page 3: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

2/13

ВОВЕД Комерцијална банка АД Скопје, како институција во банкарскиот сектор на Република С. Македонија, има обврска да изработи и да донесе Развоен план согласно Законот за банки и подзаконската регулатива од оваа област, Законот за трговски друштва и Статутот на Банката. За изработка на Развојниот план за периодот 2021-2023 година од организационите делови на Банката се добиени Програми на активности со динамика на реализација на истите. Исто така, утврдени се и макроекономските претпоставки и интерните билансни пропорции за изработка на финансиските проекции за периодот 2021-2023 година. Притоа, како долгорочни стратешки цели и правци на развој на Банката остануваат и понатаму дефинираните цели и задачи со Изјавата за политиката на Комерцијална банка АД Скопје. Реализацијата на Развојниот план на Банката редовно ќе се следи на годишна основа, во согласност со Одлуката за методологијата за управување со ризиците, анекс бр. 4: Управување со стратегискиот ризик, донесена од Народната банка. Банката исто така на годишна основа изработува Програма на мерки и активности на деловната политика која ќе претставува подетална разработка на активностите за остварување на зацртаните среднорочни цели согласно Развојниот план

Page 4: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

3/13

I. МАКРОЕКОНОМСКИ УСЛОВИ ВО КОИ БАНКАТА ЌЕ ЈА ОСТВАРУВА СВОЈАТА АКТИВНОСТ

Во текот на 2020 година настанаа значителни промени во опкружувањето во кое работи Банката, кои ќе имаат изразено влијание врз макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во следниот среднорочен период. Имено, во март 2020 година Светската здравствена организација (СЗО) прогласи светска пандемија заради интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19 и здравствените последици кои истиот ги предизвикува. Во вакви околности, заради пандемијата со Ковид-19, Банката своето работење го реализираше во услови кога е прогласена вонредна состојба во Државата, почнувајќи од 18.03.2020 година, заклучно со 22.06.2020 година. Во овој период Банката преземаше интензивни активности и во целост го прилагоди своето работење со донесените препораки и уредби од Владата заради заштита на здравјето на вработените и на клиентите, како и со измените на регулативата поврзана со управувањето со кредитниот ризик и останатите одлуки донесени од страна на Народната банка, кои беа креирани пред сè за да ги заштитат клиентите на банките кои се директно погодени од кризата. Исто така, со цел да го заштити здравјето на вработените и на клиентите, во Банката беа преземени бројни организациско-технички активности, кои наедно обезбедија континуитет на деловните операции и овозможија достапност на услугите на безбеден начин. И покрај тоа што е укината вонредната состојба и престана важноста на голем број од рестриктивните мерки, неповолната состојба со Ковид-19 продолжува и во следниот период, така што, согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти врз БДП се видливи со крајот на вториот квартал од 2020 година, додека последиците врз финансискиот систем ќе се почувствуваат со одредено временско задоцнување. Согласно тековното остварување на предвидувањата за натамошен раст на бројот на заболени, дел од европските земји повторно ги вратија рестриктивните мерки кои ќе имаат дополнително негативно влијание врз економскиот раст. Заради тоа, Владата кон крајот на годината донесе дополнителни економски мерки за ублажување на кризата и е донесена Одлука за продолжување на рокот на постоење кризна состојба во Државата до 30.06.2021 година. Покрај изразеното неповолно влијание на здравствената криза, среднорочното предвидување на макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност исто така е условено и од турбулентните геополитички движења, најавената блокада на евроинтеграциските процеси на Државата од страна на источниот сосед и домашните политички случувања. Согласно проекциите на ММФ од октомври, глобалната економија ќе забележи контракција од -4,4% во 2020 година, додека очекуваното заздравување во 2021 година ќе биде изразено со раст на БДП од 5,2%. И понатаму од особено значење за среднорочните изгледи на македонската економија се идните случувања во ЕУ, како најголем трговски партнер на Државата и пазар на кој во изминатите години се продаваат приближно 80% од вкупниот македонски извоз. Неизвесноста во ЕУ ќе продолжи и во наредниот среднорочен период како резултат на негативните економски последици кои ќе ги донесе здравствената криза, динамиката на вакцинацијата на населението, реализацијата на Брегзит, тензиите околу бегалската криза, зачестените терористички напади, загриженоста околу климатските промени итн. Проекциите на ММФ за економската активност на еврозоната се особено неповолни, при што за крајот на 2020 година намалувањето на БДП е проценето на -8,3%, додека очекуваното закрепнување во 2021 година изнесува 5,2%. Особено е изразено намалувањето на економската активност на Италија и Шпанија, кое надминува 10%, додека за Германија, која претставува најголем трговски партнер на Македонија, за 2020 година е предвиден пад на БДП од -6,0% и закрепнување на економијата во 2021 година со раст од 4,2%.

Page 5: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

4/13

Високото ниво на неизвесност во домашната економија и на меѓународен план упатува на потребата од поконзервативен пристап во обликувањето на очекувањата за наредниот среднорочен период. Притоа, при детерминирањето на макроекономските индикатори за периодот 2021-2023 година, земени се предвид и очекувањата на Министерството за финансии, Народната банка на Република С. Македонија, ММФ и Светска банка. Табела - Основни макроекономски индикатори*

Индикатор 2019 2020 2021 2022 2023

1 БДП (стапка на реален раст) 3.6%

од -5.4% до -4.9%

од 3.9% до 4.8%

од 3.6% до 4.2% 4.2%

2 Инфлација (трошоци на живот, просечна годишна)

0.8%

1.2%

1.5%

2.0%

2.0%

3 Извоз на стоки (номинален раст) 9.4% -20,4% 24.0% 10.1% 10.9%

4 Увоз на стоки (номинален раст) 9.9% -19.4% 22.5% 9.3% 10.2%

5 Салдо на тековна сметка (% од БДП) -2.8% -2.6% -2.2% -2.0% -2.0%

6 Девизен курс денар/евро 61.5 61.5 61.5 61.5 61.5

7 Нето-плата (номинален раст) 3.9% -0.2% 2.9% 3.7% 3.9%

8 Стапка на невработеност 17.3% 17.4% 16.4% 15.4% 14.5%

* Извор: Државен завод за статистика, Министерство за финансии, Народна банка, Меѓународен монетарен фонд и Светска

банка Во периодот 2021-2023 година се очекува да биде одржана макроекономската стабилност во Република С. Македонија преку одржување на ценовната стабилност и стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Просечната годишна стапка на инфлацијата, мерена според индексот на трошоците на животот, во 2020 година изнесува 1,2%. Во наредните три години стапката на инфлација би останала на ниско и предвидливо ниво кое би се движело од 1,5% до 2,0% на годишно ниво. Ценовната стабилност ќе биде детерминирана и од натамошната примена на монетарната стратегија на таргетирање на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото од страна на Народната банка. Во дадените глобални и локални економски околности, се очекува ниското ниво на референтни каматни стапки на централните банки да се задржи и во наредниот период и истото е во насока на остварување на мерките на економско опоравување. Притоа, не се очекува зголемување на референтната каматна стапка на Народната банка, ниту на каматните стапки на банките. Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и негативни економски импликации од спроведувањето на мерките за спречување на ширење на корона вирусот во земјата, економската активност во 2020 година се очекува да забележи пад кој би се движел од -5,4% до -4,9%, при претпоставка шокот од пандемијата да се пролонгира во 2021 година. Неповолното глобално окружување ќе влијае врз активноста на домашните извозни компании, приливот на СДИ и инвестициската активност на деловните субјекти. Се очекува намалување на приватните трансфери од странство, а ограничувачките мерки се очекува да имаат одредено влијание врз пазарот на работна сила и расположливиот доход на домаќинствата. Економското заздравување се очекува да продолжи со поумерено темпо во текот на 2021 година, при што е проектиран економски раст од 3,9% до 4,8%. Во наредните две години се предвидува постабилен раст на економската активност, којшто е проектиран на

Page 6: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

5/13

околу 4,2%. Во 2021 година, со нормализирање на состојбите, како и заради ниската споредбена основа, економската активност во ЕУ се очекува да забележи висок раст, а со тоа и надворешната побарувачка и извозната активност на домашните компании. Со оглед дека е предвидено ефектите на пандемијата да бидат од привремен карактер, придонесот на домашната побарувачка врз економскиот раст се очекува да премине во позитивната зона во 2021 година, во услови на заздравување на инвестициската активност и на приватната потрошувачка. Значајно влијание врз очекуваниот раст на инвестициите е предвидено да имаат враќањето на довербата на деловните субјекти, планираните инвестиции на јавниот сектор и владините мерки за поттикнување на приватните инвестиции, поинтензивниот прилив на СДИ, поттикнат и од членството на земјата во НАТО алијансата и одлуката на Европската комисија за отпочнување преговори за членство во ЕУ. Кај приватната потрошувачка се предвидени поволни движења во периодот 2021-2023 година, како резултат на очекувањата за подобрување на состојбата на пазарот на работна сила, зголемен прилив на приватни трансфери од странство, но и поголема кредитна поддршка од банките. Јавната потрошувачка, по очекуваниот раст во 2020 година, како резултат на зголемените расходи за справување со здравствената криза, наредната година се предвидува да има благо надолно приспособување, со проектиран пад од 0,5% на реална основа, пред да премине во позитивната зона во 2022 и 2023 година, кога е предвидено да забележи просечен реален раст од 1,5%. Ефектите на пандемијата врз пазарот на работна сила се очекува да бидат ограничени во 2020 година, пред сè заради владините мерки за ублажување на последиците од пандемијата. Во наредниот период, во услови на подобрување на очекувањата на деловните субјекти, зголемени инвестиции и економска активност, се предвидува да продолжи растот на вработеноста, поттикнат преку активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и на странските претпријатија за отворање нови работни места. Ваквите движења се очекува на пазарот на трудот да придонесат за намалување на просечната стапка на невработеност во 2023 година на 14,5%. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,9% годишно на номинална основа. Во наредниот среднорочен период се предвидува стеснување на дефицитот на тековната сметка, којшто во 2022 и 2023 година се очекува да изнесува 2% од БДП. Ваквото подобрување произлегува од проектираното зголемување на приватните трансфери од странство, по значителниот пад кој се проценува во 2020 година, и порастот на суфицитот на размената со услуги, додека трговскиот дефицит е предвидено да забележи одредено влошување. Приливот на СДИ се очекува да го надмине дефицитот на тековната сметка во овој период, што ќе влијае поволно кон задржување на девизните резерви на адекватно ниво. Зголемените расходи за финансирање на мерките за справување со кризата, кои се предвидени со последниот ребаланс на буџетот, ќе предизвикаат зголемување на буџетскиот дефицит до 8,4% од БДП на крајот на 2020 година, при што очекуваното брзо заздравување ќе го преполови буџетскиот дефицит на крајот од 2021 година, по што истиот ќе се врати на патеката на прифатливото ниво под 3% од БДП (согласно договорот од Мастрихт). Владата на Република С. Македонија има преземено низа економски мерки за ограничување на општественото и економското влијание од здравствената криза преку заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и обезбедување социјална

Page 7: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

6/13

заштита за невработените и домаќинства. Притоа, реализацијата на макроекономските проекции е придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на здравствената криза, интензитетот на ефектите врз економијата и резултатите од економските мерки за нејзино ублажување. Покрај тоа, присутни се и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси, додека политичката стабилност во земјата претставува исто така клучен предуслов за постигнување на проектираниот економски раст и остварување на зацртаните долгорочни развојни цели на Државата, а соодветно на тоа и на макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност.

II. ГЛАВНИ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Според Изјавата за политиката на Комерцијална банка АД Скопје, Банката ќе го врши своето работење врз основа на цврсти банкарски принципи и ќе ги преземе потребните чекори што ќе обезбедат максимална добивка на акционерите на долг рок. Главните стратешки цели на Комерцијална банка АД Скопје и во следниот период ќе бидат: 1. Комерцијална банка ќе продолжи да се развива како водечка, независна, приватна банка

која работи на целата територија на Република С. Македонија; 2. Комерцијална банка ќе се стреми да биде универзална банка што ќе овозможи да ја

зајакне својата веќе стекната позиција во банкарскиот сектор; 3. Комерцијална банка ќе се стреми да ги достигне највисоките стандарди при пружање на

внимателно одбраните производи и услуги на своите клиенти; 4. Комерцијална банка постојано ќе се стреми да ги усогласува своите политики и постапки

за работење со најдобра меѓународна банкарска пракса и 5. Комерцијална банка ќе го применува принципот на еднаков третман на клиентите кои се

акционери и оние кои не се акционери на Банката.

Page 8: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

7/13

III. ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ Приоритетните цели и задачи на развојот на Комерцијална банка АД Скопје во периодот 2021-2023 година се темелат на: Изјавата за политиката на Банката со која се определени основните рамки на нејзиното работење врз цврсти банкарски принципи и преземање конкретни мерки за обезбедување максимална добивка на акционерите на долг рок, остварените резултати во работењето и основните макроекономски проекции. Приоритетните цели и задачи се:

1. Одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување, и тоа преку политика на понатамошно издвојување на значаен дел од нето-добивката за резерви, со што би се обезбедила стапка на адекватност на капиталот која ќе соодветствува на планираните активности,

2. Максимизирање на профитабилноста на работењето со преземање прифатливи ризици,

3. Одржување и евентуално зголемување на учеството на Банката во банкарскиот пазар на Република С. Македонија, во услови на зголемена конкуренција,

4. Обезбедување целосна усогласеност со законската регулатива за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето,

5. Дигитализација и развој на информатичката технологија во сите сегменти од работењето,

6. Континуирано усовршување на организацијата на работење на Банката и управување со човечките ресурси на начин што ќе обезбеди повисок квалитет на услуги,

7. Доколку акционерите на Комерцијална банка АД Скопје обезбедат контролен пакет на акции и утврдат соодветни параметри, менаџментот на Банката ќе презема соодветни постапки, мерки и активности за евентуално привлекување на потенцијален странски стратешки инвеститор кој треба да ги исполни следните услови: да претставува банка чие име е реномиран меѓународен бренд, понудата да ја одразува реалната вредност на акциите на Комерцијална банка и да достави стратешки план за идниот развој на Банката.

Освен задачите кои произлегуваат од изјавата за политиката, Комерцијална банка АД Скопје исто така ги предвидува и следните цели и задачи:

1. Преземање активности за минимизирање и справување со негативните ефекти од здравствената криза врз кредитното портфолио на Банката,

2. Воведување нови или модифицирани банкарски производи и услуги согласно барањата на клиентите, развој на нови некласични банкарски функции, освојување на нови пазарни сегменти,

3. Натамошно унапредување на електронското и мобилното банкарство и промовирање на можностите кои истите ги нудат,

4. Практикување банкарски маркетинг за креирање адекватна понуда согласно актуелните потреби на пазарот, информирање на целните групи и подобрување на перцепциите за брендот на Банката, и во согласност со Стратегијата за корпоративна општествена одговорност,

5. Унапредување на целокупниот процес на управување со ризиците, унапредување на процесите на утврдување на интерниот капитал и интерната ликвидност на Банката и др.

Page 9: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

8/13

IV. ДЕЛОВЕН МОДЕЛ НА БАНКАТА1 Од аспект на деловниот модел, Комерцијална банка АД Скопје се класифицира во групата комерцијални банки финансирани со депозити на нефинансиски сектор (претежно од домаќинства), при што се исполнети следните коефициенти: доминантно учество на кредитите на комитенти во структурата на вкупната актива (12.2020: 38,3%), минимално учество на средствата за тргување во вкупната актива (12.2020: 0,03%), учество на депозитите од комитенти со повеќе од 2/3 во вкупната пасива (12.2020: 87,9%) и мало учество на обврските по кредити во вкупната пасива (12.2020: 0,43%). Структурата на вкупните кредити (на бруто-основа) е со сооднос 65% кредити дадени на нефинансиски правни лица и 32% кредити дадени на домаќинства, додека структурата на вкупните депозити е со сооднос 71% депозити од домаќинства и 24% депозити од нефинансиски друштва. Ваквата структура ги определува доминантните приходи и расходи кои ги генерира Банката и кои влијаат врз резултатите од работењето и остварувањето на планираниот раст. Деловниот модел на Банката го сочинуваат следните основни и помошни (поддржувачки) деловни процеси:

1. Основни деловни процеси: 1.1. Кредитирање на стопанство 1.2. Односи со странство за правни лица 1.3. Наплата на проблематични кредити 1.4. Ликвидност и финансиски пазар 1.5. Платен промет во земјата за правни лица 1.6. Работа со население 1.7. Управување со мрежата на филијали и експозитури 1.8. Трезорско работење

2. Помошни (поддржувачки) деловни процеси:

2.1. Човечки ресурси и општи работи 2.2. Правни работи 2.3. Информатичка технологија 2.4. Маркетинг активности 2.5. Финансиско работење 2.6. Управување со ризици и планирање 2.7. Контрола на усогласеност со прописите и СПП 2.8. Внатрешна ревизија

Во текот на среднорочниот период 2021-2023 година, не се планирани промени во деловниот модел на Банката.

1 Деловниот модел на Банката е дефиниран врз основа на истражување од Bank for International Settlements: https://www.bis.org/publ/qtrpdf/r_qt1412g.pdf и дефиницијата од Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка (Службен весник на РМ бр.24/2018).

Page 10: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

9/13

V. ОПШТ ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИЦИТЕ При остварување на приоритетните цели и задачи за периодот 2021-2023 година, Комерцијална банка АД Скопје ќе продолжи континуирано да управува со ризиците преку идентификување, мерење и оцена, контрола и следење на истите, со цел отстранување или минимизирање на нивното влијание врз работењето на Банката. Управувањето со ризиците Банката го заснова на Стратегијата за преземање и управување со ризици и утврдените политики за управување со одделните ризици, при што Банката доследно ќе ги почитува лимитите за изложеност на ризик согласно законската регулатива и интерните лимити за изложеност на ризик.

VI. ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2023 ГОДИНА 1. Макроекономски претпоставки При детерминирањето на макроекономските индикатори за периодот 2021-2023 година, земени се предвид очекувањата на Министерството за финансии на Република С. Македонија, Народната банка, ММФ и Светска банка (дадени во делот Макроеномски услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност). Во фокусот на монетарната политика и понатаму ќе биде одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, со цел постигнување на ценовна стабилност како крајна монетарна цел, како и задржување на девизните резерви на адекватно ниво. 2. Интерни банкарски претпоставки

- Планирана профитабилност: ROE минимум 10% и ROA минимум 1%,

- Таргетирана нето каматна маржа (NIM) од минимум 2,0% - 2,5% на годишно ниво,

- Пораст на депозитите до ниво што ќе обезбеди нивно учество во вкупните средства на

Банката над 85%,

- Зголемување на каматоносните пласмани во согласност со движењата на отворената девизна позиција и преку водење сметка за соодносот на денарската и девизната компонента на активата на Банката, како и одржување на изложеноста на Банката на валутен ризик во рамките на законски предвидениот лимит,

- Издвојување на дел од нето-добивката за резерви, со цел одржување на вредноста на капиталот и зголемување на стапката на адекватност на капиталот,

- Ликвидност што ќе обезбедува минимална ликвидност пропишана од НБРСМ и градење соодветно портфолио на хартии од вредност како инструмент за обезбедување секундарна ликвидност,

- Планиран коефициент на трошоци пресметан како сооднос помеѓу оперативните трошоци и вкупните приходи помеѓу 45% и 55%.

Page 11: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

10/13

3. Биланс на состојба

Табела бр. 1: Проекции на Билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје за периодот 2021-2023 година (во милиони денари)

3.1. Вкупните извори на средства на Банката се планира да се зголемат од 132.584 милиони денари на 31.12.2020 година, на 150.441 милиони денари во 2023 година, при што просечната годишна стапка на пораст би се движела околу 4,3%. 3.2. Во рамки на обврските по долгорочни кредити е планирано намалување како резултат на поголем износ на отплати на достасани обврски по кредитните линии кои ги користи Банката, во однос на повлекување на средства од кредитните линии од ЕИБ преку РБСМ и ИПА грантот преку ЕБРД, при што нето-ефектот е негативен. 3.3. Вкупните депозити на Банката се планира да се зголемат и на крајот од 2023 година да достигнат износ од 132.791 милион денари. Просечната годишна стапка на пораст на истите изнесува 4,4%. 3.4. Акционерскиот капитал и резервите на Банката се планира да се зголемат од 11.987 милиони денари на 13.631 милион денари, со просечна годишна стапка на пораст од 4,4% како резултат на распределба на оствaрениот финансиски резултат на Банката во соодветните години. Со ова зголемување дополнително ќе се зајакне капиталот на Банката, со што ќе се обезбеди исполнување на капиталните барања од НБРСМ и заштитните слоеви капитал. 3.5. Паричните средства и депозитите кај НБРСМ, во кои се вклучени задолжителната резерва на Банката во денари и во девизи, благајничките записи и паричните средства, се планира на крајот од 2023 година да достигнат износ од 58.975 милиони денари, односно просечно годишно да се зголемуваат со стапка од 5,9%. Во нивни рамки, Банката ќе вложува во благајнички записи и ќе пласира девизни средства во странски и во домашни банки, во зависност од вишокот ликвидни средства во текот на годината и согласно движењето на каматните стапки за средства пласирани на кратки рокови до 3 месеци, додека порастот на средствата на посебниот депозит кај НБРСМ (Задолжителна резерва во девизи) се планира соодветно на зголемувањето на девизните депозити на страната на пасивата.

Индекс

2021 / 2020

Индекс

2022 / 2021

Индекс

2023 / 2022

Просечен

тригодишен

пораст

Износ % Износ % Износ % Износ % 5:3 7:5 9:7 (11+12+13)/3

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

ПАСИВА

1 Обврски по кредити 575 0.4% 461 0.3% 315 0.2% 197 0.1% 80.2 68.3 62.5 70.3

2 Депозити од комитенти 116,604 87.9% 122,409 88.0% 127,827 88.2% 132,791 88.3% 105.0 104.4 103.9 104.4

3 ПВР и останата пасива 1,506 1.1% 1,682 1.2% 1,681 1.2% 1,680 1.1% 111.7 100.0 99.9 103.9

4 Акционерски капитал и резерви 11,987 9.0% 12,531 9.0% 13,081 9.0% 13,631 9.1% 104.5 104.4 104.2 104.4

5 Нераспоредена добивка 1,912 1.4% 0 0.0% 0 0.0% 0 0.0% - - - -

6 Бруто добивка 0 0.0% 1,970 1.4% 1,996 1.4% 2,142 1.4% 0.0 101.3 107.3 69.5

Вкупна пасива 132,584 100.0% 139,053 100.0% 144,900 100.0% 150,441 100.0% 104.9 104.2 103.8 104.3

АКТИВА

1 Парични средства и депозити во НБРМ 49,686 37.5% 51,046 36.7% 55,099 38.0% 58,975 39.2% 102.7 107.9 107.0 105.9

2 Средства за тргување 45 0.0% 43 0.0% 43 0.0% 44 0.0% 95.6 100.0 102.3 99.3

3Пласмани во, и краткорочни кредити

на други банки1,021 0.8% 1,020 0.7% 1,020 0.7% 1,020 0.7% 99.9 100.0 100.0 100.0

4 Кредити на комитенти 50,740 38.3% 52,147 37.5% 53,379 36.8% 55,013 36.6% 102.8 102.4 103.1 102.7

5 Вложувања 25,582 19.3% 29,264 21.0% 29,834 20.6% 29,842 19.8% 114.4 101.9 100.0 105.5

6 Постојани средства 2,838 2.1% 2,881 2.1% 2,825 1.9% 2,747 1.8% 101.5 98.1 97.2 98.9

7 АВР и останата актива 2,672 2.0% 2,652 1.9% 2,700 1.9% 2,800 1.9% 99.3 101.8 103.7 101.6

Вкупна актива 132,584 100.0% 139,053 100.0% 144,900 100.0% 150,441 100.0% 104.9 104.2 103.8 104.3

План 31.12.2022 План 31.12.2023Состојба 31.12.2020 План 31.12.2021

Page 12: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

11/13

3.6. Средствата за тргување, кои се со минимално учество во вкупната актива, Банката планира да ги задржи на приближно исто ниво. 3.7. Пласманите во и краткорочните кредити на други банки на крајот на 2023 година се планира да останат непроменети во однос на 2020 година. 3.8. Вкупните нето-кредити на комитенти на крајот од 2023 година се планира да достигнат износ од 55.013 милиони денари, со просечна годишна стапка на пораст од 2,7%. 3.9. Вложувањата на Банката се однесуваат на вложувања во ХВ расположливи за продажба, ХВ чувани до доспевање, вложувања во ХВ по објективна вредност преку БУ, определени како такви при почетното признавање, и вложувања во придружени друштва.

Вложувањата во хартии од вредност расположливи за продажба се планирани со зголемување како резултат на планиран поголем износ на запишани од доспеани државни записи во денари расположиви за продажба над 3 месеци, кои имаат и најголемо учество во оваа позиција. Во целиот период Банката планира да ги задржи вложувањата во сопственички хартии од вредност расположливи за продажба евидентирани во оваа позиција.

Вложувањата во хартии од вредност чувани до достасување се планирани со зголемување како резултат на поголем износ на пласирани средства во државни обврзници. Истовремено, во рамките на оваа позиција се планира запишување на државни записи со рочност од над 3 месеци во износот во кој доспеваат.

Кај вложувањата во придружени друштва е планиран пораст по основ на вкалкулиран нето-ефект од планирана добивка и планирана дивиденда од придруженото друштво евидентирана по методот на главнина.

Кај вложувањата во ХВ по објективна вредност преку БУ каде се вклучени уделите од КБ Публикум Инвест – Отворен инвестициски фонд Балансиран и КБ Публикум Инвест – Отворен инвестициски фонд – паричен, земен е предвид ефектот од нивното пазарно вреднување.

3.10. Во периодот 2021-2023 година, постојаните средства се планира да се намалат како резултатот на нето-ефектот на нови набавки на опрема и други средства за работа и евидентирана амортизација, така што ќе достигнат износ од 2.747 милиони денари на крајот од 2023 година. Планираниот износ е во рамките на законски пропишаниот мултипликатор за основни средства.

Page 13: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

12/13

4. Биланс на успех Табела бр. 2: Проекции на Билансот на успех на Комерцијална банка АД Скопје за периодот 2021-2023 година година

(во милиони денари)

4.1 Добивката пред оданочување се планира да достигне од 1.970 милиони денари во 2021

година, до 2.142 милиони денари на крајот од 2023 година. 4.2 Нето-приходите од камата се очекува да забележат просечно годишно зголемување од

околу 4,3%, при планиран пораст на кредитите и депозитите и намалени пасивни каматни стапки, при што нето каматната маржа ќе се одржува во распон на таргетираната нето каматна маржа.

4.3 Останатите приходи (кои ги сочинуваат нето-приходите од надомести и провизии, нето курсни разлики, нето-приходи од работа со хартии од вредност, приходи од капитални вложувања и капитална добивка, приходите од минати години, приходите по основ на девизно работење, други и вонредни приходи) се планира да бидат помали за околу 46,7% во 2021 година заради помал износ на планирани капитални добивки од продажба на преземен имот и планирано намалување на приходите од провизии. Во следните две години оваа позиција се очекува да забележи пораст како резултат на враќање на нето-приходите од провизии на нивото кое го остваруваа пред кризата, како и очекувана капитална добивка од продажба на преземен имот.

4.4 Останатите расходи, кои се состојат од плати и други трошоци на вработените, премии за осигурување на депозитите, материјални трошоци, службени патувања, репрезентации, реклама и пропаганда, амортизација и други расходи, се планирани со просечно годишно намалување од 4,7%, главно како резултат на планиран помал износ на материјални и други трошоци и помал износ на трошоци за плати заради намален број на вработени.

31.12.2020 План 2021 План 2022 План 2023Индекс

(4:3)

Индекс

(5:4)

Индекс

(6:5)

Индекс

(7+8+9)/3

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

1 НЕТО - ПРИХОД ОД КАМАТА 2,380 2,505 2,609 2,700 105.3 104.2 103.5 104.3

2 ОСТАНАТИ ПРИХОДИ 2,599 1,384 1,566 1,622 53.3 113.2 103.6 90.0

3НАПЛАТЕНИ ПРЕТХОДНО ОТПИШАНИ

ПОБАРУВАЊА 415 628 399 390 151.3 63.5 97.7 104.2

4 ОСТАНАТИ РАСХОДИ 1,943 1,686 1,676 1,670 86.8 99.4 99.6 95.3

5ДОБИВКА ПРЕД ИСПРАВКА НА

ВРЕДНОСТ (1+2+3-4)3,451 2,831 2,898 3,042 82.0 102.4 105.0 96.5

6ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТ НА

ПОБАРУВАЊА 3,088 3,256 3,200 3,200 105.4 98.3 100.0 101.2

7ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ИСПРАВКАТА НА

ВРЕДНОСТ 1,708 2,400 2,300 2,300 140.5 95.8 100.0 112.1

8НЕТО ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТ НА

ПОБАРУВАЊА (6-7)1,380 856 900 900 62.0 105.1 100.0 89.1

9ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТ НА

ПРЕЗЕМЕНИ СРЕДСТВА (НЕТО)4 5 2 0.1 125.0 40.0 5.0 56.7

БРУТО ДОБИВКА ПРЕД

ОДАНОЧУВАЊЕ/ЗАГУБА

(5-8-9)

107.3 10 2,067 1,970 95.31,996 2,142 101.3 101.3

Page 14: Р А З В О Е Н П Л А Н НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД …

13/13

4.5 Исправката на вредност на побарувањата (на бруто-основа) се планира да се зголеми за околу 5,4% во 2021 година, како резултат на поголем износ на дополнително издвојување на исправка за кредитното портфолио споредено со 2020 година, како резултат на состојбите во економијата предизвикани од ковид-кризата. Во следните две години се очекува движењето на исправката да се врати во рамките на износите кои беа реализирани во годините пред кризата. Нето-исправката на вредност на побарувањата се очекува просечно годишно да достигне близу 900 милиони денари во периодот 2021-2023 година.

4.6 Исправката на вредност на преземени средства во периодот 2021-2023 година е минимална и истата вклучува 20% оштетување на имотот преземен по стапување во сила на новата одлука и сведување на вредност нула на имотот за кој се поминати 5 години од преземањето. Не е предвидена исправка по основ на препроцени на преземениот имот.

VII. ЦЕЛИ И ПЛАНОВИ НА РАБОТА НА СЕКТОРИТЕ И ФИЛИЈАЛИТЕ За успешна реализација на приоритетните цели и задачи и остварување позитивни ефекти во целокупното работење на Банката, во наредниот среднорочен период нејзините организациони делови ќе се придржуваат кон своите зацртани цели и планови на работа, кои се предложени во согласност со Стратегија за корпоративна општествена одговорност на Комерцијална банка АД Скопје.

УПРАВЕН ОДБОР