17
NO. 32

S work No.32

  • Upload
    ngostar

  • View
    223

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

By Star-Star Skopje, Macedonia

Citation preview

Page 1: S work No.32

NO. 32

Page 2: S work No.32

Ескорт наспроти секс услугиЕскорт, или придружбата е дел од сексуалната индустрија, но по некакви непишани правила во оваа професија сексуалниот чин не е вклучен во понудата. Дали клиентот ќе добие сексуална услуга е прашање на избор, но не на купувачот, туку на продавачот на услугата.На една од најпопуларните веб-платформи за ескорт сервиси (Sugar daddy for me), може да се пронајде женско друштво за излегување, патувања, секс услуги и друго. Девојките кои имаат свои профили на оваа веб-платформа имаат различни ставови во однос на секс услугите кои можат, но и не мораат да бидат дел од нивната работа.Се разбира овие услуги може да си ги дозволат само добро ситуирани господа. Девојките кои се членови на оваа платформа заработуваат и до 60.000 долари годишно, пренесува „Дејли меил“, а со тие пари многу од нив се школуваат, го издржуваат семејството и слично. Според тоа како што потенцираат тие, во оваа професија сексуалната усуга е прашање на избор.

Page 3: S work No.32

Во интервјуто кои некои од нив го дале за магазиниот „Фимејл“, многу од нив признале дека на почетокот на својата кариера имале предрасуди и дека на некој начин го осудувале овој начин на заработка, меѓутоа сега кога се занимаваат со тоа, добро ја воочуваат границата помеѓу ескорт придружбата и проституцијата, и велат дека тоа едно со друго нема никаква сличност.- Многу жени и девојки излегуваат со повеќе мажи истовремено, што е голема предност, и не морам да имам секс со нив ако не го сакам тоа. Со парите кои ги заработувам на овој начин ги издржувам своите деца. Се разбира дека некои од клиентите повремено сакаат и секс, но тоа може да следува откако ќе се запознаеме и ќе се зближиме подоцна. Јас не гледам голема разлика помеѓу ескортот и нормалната врска со маж кој е многу богат и кој ти купува подароци . Единствена разлика е тоа што во исто време може да излегуваш со повеќе клиенти - изјавила 21-годишната Карли од Флорида.30-годишната Денис, која веќе 4 години се занимава со оваа работа, вели дека многу жени ја осудуваат, но таа едноставно сака да ужива додека е млада и убава.- Тоа го гледам како излегување на вечера и дружење, а не како врска која вклучува секс. Додека сум млада

Page 4: S work No.32

и добро изгледам сакам да заработам што е можно повеќе пари. Општеството ме осудува, особено жените, бидејќи немам основано свое семејство, а јас уживам и притоа многу добро заработувам - вели Денис.

Таа додава дека мажите со кои излегува на сакаат сексуални работници од улица со кои директно можат да имаат секс, туку сакаат да запознаваат жени и девојки со кои ќе поминуваат повеќе од само една ноќ.- Едни со други многу се почитуваме. Јас заработувам по 1.000 долари месечно - вели 24-годишната Ема.Една од девојките кои јавно ги споделиле своите приказни, се пофалила дека по неколку десетици клиенти го запознала и оној „вистинскиот“ со кој сака да се омажи. Сепак, таа сака да работи уште малку и понатаму излегува со други мажи.

Page 5: S work No.32

- Тоа воглавно се мажи кои знаат што сакаат, но и што не сакаат. А не сакаат стандардна врска која им носи емотивни драми и проблеми. Затоа оваа професија е одлична. Овие односи се претвораат во долготрајни врски - вели една од овие ескорт девојки.

Девојките кои се занимаваат со оваа работа се соочуваат и со проблеми, бидејќи некои од клиентите стануваат посесивни, сакаат нешто повеќе од дружење и секој однос си носи одреден вид на проблеми.- Генерално овој начин на заработувачка е добар и станува се повеќе популарен, не само кај младите девојки туку и кај постарите. Тоа за повеќето од нас е вистинско уживање. Наместо да се омажиш за човек кој ќе ти го пружи само она основното, додека ти му го посветуваш својот живот на него и на децата, ова дружење носи забава, подароци , пари и уживање - изјавила една од девојките за придружба.

Page 6: S work No.32

Скопскиот хроничар Данило Коцевски за ноќниот живот и сексуалните работници во старо Скопје

Скопскиот хроничар во Вест пишува за ноќниот живот и сексуалната работа во минатото. Тогашните имиња на кафеаните и на борделите во улицата создавале впечаток „ако да се движите низ некој чудесен крај кој ви ја разгорува фантазијата: “Империјал”, „Америка”, „Шангај”, „Бела лаѓа”, „Океан”, „Босфор”, „Марс”, „Златен паун”, „Брзиот воз”. Самото име „Брзиот воз” укажува на податокот дека улицата се наоѓала во близина на Железничката станица каде што бил присутен најстариот занает на светот. Колку бил необичен тој свет на ноќното Скопје, зборува и фактот што сексуалната работа била поврзана со разни други феномени на тој живот. Почнувајќи од забавата во угостителските објекти и надвор од нив, па се до коцкањето, а често и хашишот, кој главно бил шверцуван од Истокот. Скопје се будело со првиот мрак и

Page 7: S work No.32

живеело посебен живот, се до рани зори, кога се играло барбут и мунте и се посетувале дамите на ноќта. Од кафеаните, во таа славна улица на девојките одекнувала најразлична музика со тогаш популарните песни „Бате, ле бате, Стојане”, „Црвен фесиќ, јој, мамице”, а особено „Ајде слушај, слушај, калеш бре, Анѓо”. Песната и танците, всушност, биле предигра за сето она што потоа следувало во собите на тие ноќни локали или надвор од нив. Еден од најпознатите бордели во таа улица на сексуалните работнички бил со романтично име „Венеција”. Нишањето на гондолата симболично го означувало еротскиот и сексуалниот копнеж, и таа поетска кованица често била употребувана. Поранешното име на овој ноќен локал бил „Каиро”, а потоа бил преименуван во „Венеција”. Гостите лудувале по двете танчарки кои настапувале секоја вечер, а со кои започнувало нишањето на гондолите. Нивните имиња биле Стела и Роза, а се разбира, нивниот изглед бил многу побитен од имињата. Посебно привлекувал сексапилниот танц

Page 8: S work No.32

кој го изведувале. Биле облечени во зелена, проѕирна свила, под која се отцртувале сите детали на нивните раскошни тела. Страсно и занесно се извиткувале во играта, заведувајќи ги присутните гости.Навечер, веднаш по 19 часот, Скопје знаело да замириса на велеградска кал. Во тие часови, ноќните работнички и работници започнувале да излегуваат, и градот наликувал на Шангај, Бомбај или на Буенос Аирес. И како во некој возбудлив и живописен роман, неколку стотини жени во тие мигови започнуваат да ги облекуваат своите најубави здолништа. Морало се да биде подготвено за ноќната забава и за клиентите. Како се подготвувале дамите на ноќта во тие мигови? Постои дури и таков запис.Најпрвин, со кармин и со пудра ги мачкале нивните восочни лица, а во уста си прскале колонска вода. Карминот, пудрата, колонската вода ги правеле заводливи. Понекогаш, дури и евтината пудра и механичката насмевка успевале да го привлечат вниманието на муштериите што првпат доаѓале или биле нивни редовни гости.Еротската фантазија ја зголемуваат описите на сцените за тоа што се случувало во собите на борделите, а постојат и такви прозни записи. Тие се најчесто иронично-хумористички интонирани, и на лесен и забавен начин ја сликаат таа атмосфера: „Тогаш во Скопје, близу до Станицата постоеше една улица целосно посветена на најстариот занает на светот.“

Page 9: S work No.32

Во Шпанија донесена судска одлука во полза на сексуалните работници

Судот во Барселона донесе историска пресуда, односно одлучи дека сопственичката на една јавна куќа во тој град треба да ги вработи трите сексуални работнички, со тоа што истата треба редовно да плаќа придонеси како тие би имале право на здравствена заштита, инвалидско осигурување и надомест за невработени и пензија. Правниците велат дека иако пресудата сеуште не е правосилна таа е секако важна, и всушност укажува на „дупките” во законот, и дека нема да биде преседан. Во Шпанија вработувањето на сексуални работници преставува кривично дело, но сексуалната работа е легална доколку некој се бави со тоа доброволно.

Page 10: S work No.32

На ваквата пресуда која е донесена во февруари, осудената може да поднесе жалба. Со ваквата одлука судот наведува дека не се прави преседан за големиот број на сексуални работници во Шпанија.Адвокатите на сексуалните работници соопштија дека одлуката на судиите е важна бидеејќи со тоа се покажуваат „дупките” во законот поради кои сексуалните работници кои работат во бордели неможат да ги имаат истите права и бенефиции кои ги користат вработените лица во оваа земја.„Моменталната ситуација може да се опише како беззаконие и непрепознавање на работниот однос, со што се нарушуваат достоинството, слободата и еднаквоста на жените кои се занимаваат со сексуална работа” - кажал судијата во пресудата. Судијата наложил дека сопствениците на борделот треба да платат придонеси за сексуалните работнички од 2012 година. Правниците истакнуваат дека ова е прва судска одлука од овој домен која се однесува на бордел во Барселона каде работеле овие три сексуални работнички. Борделот е регистриран како салон за масажа, а во судските документи е идентификуван како Икс центар БСН (X Center BCN).

Page 11: S work No.32

Полицијата при спроведување на целиот процес вршеше истрага во борделот со цел да се уверат дека трите девојки таму не работеле против своја воља. Иако не откриле никаков доказ дека тие се евентуално жртви и работат под присила, сепак властите покренаа истрага во доменот на работнички права, иако сопственичката изјавила дека таа само им издава соби на сексуалните работнички. Меѓутоа, тие тврделе дека работат во смени и дека всушност добиваат плата од сопственичката на борделот. Судијата застанал на страната на трудовата инспекција која заклучила дека трите девојки работат како вработени со полно работно време. Сопственичката никогаш не ги пријавила работничките како проститутки бидеејќи би се соочила со кривична тужба. Шпанија има околу 600.000 сексуални работници и владата проценува дека годишно овој сектор акумулира и до 3,8 милијарди евра од кој најголемиот дел не се пријавува на институциите. Стотина експерти во 2006 и 2007 година се појавија пред парламентарните комисии со предлози за професионализација на сексуалната работа. Меѓутоа, законодавците заклучија дека тоа е област која е тешко да се регулира, а како главен аргумент беше и тоа што голем дел од лицата вклучени во оваа област се жртви на трговија со луѓе. Шпанските синдикати сметаат дека би било подобро за сексуалните работници да се најде алтернативно решение наместо нивната работа да се внесува во законот за веќе признатите професии.

Page 12: S work No.32

„Со него немав потреба да се докажувам во кревет. Само сакав да бидам тоа што сум и да уживам. Во моментот кога сфатив дека не можам да бидам неговиот избор поради тоа што го работам, се згрозив сама од себе.“ - раскажала елитната сексуална работничка Анџелина за Телеграф.рс.Професиите како сексуална работничка и стриптиз кај јавноста се на вечна осуда. Ретко која жена, но и маж се одлучува да се занимава со сексуална работа. Најчесто, тие се осудувани, мета на критики, при тоа не размислувајќи дека и тие се луѓе кои имаат чуства, кои се заљубуваат, кои сакаат, страдаат, се разочаруваат...Приказната до која случајно дошла екипата на Телеграф.рс допре

Во еден момент и двајцата изгубивме контакт со реалноста...

Page 13: S work No.32

до многу срца. Станува збор за љубовната приказна помеѓу сексуалната работничка Анџелина П. од Белград која одлучила да го раскаже своето искуство. -Како сексуална работничка работев од мојата 25 до 28 година. Работев исклучиво со богаташи. Најчесто ми се јавуваа сопственици на компании кои сакаа да им ја разубавам вечерта на деловните партнери кои им се на посета. Патував многу и имав среќа што ниту еден од нив не ме малтретираше. Голем дел од нив ме изнесуваа на вечера и не ме доживуваа како парче масо само поради тоа што сум девојка со завршен факултет, образована и културна. Радосни беа бидејќи со мене можеа да зборуваат и за посериозни теми, признала Анџелина. Амос го запознав на 28 години. Бевме во Букурешт на потпишување на некој договор. Директорот ме прати кај него во соба и ми рече дека станува збор за многу важен клиент кој е тежок за соработка. Инаку, Евреин, оженет и со едно дете. Сопругата и детето живеат во Израел, а тој патува постојано, вака Анџелина ја започнала својата љубовна приказна.

Page 14: S work No.32

-Дотерана, весела и насмеана влегла во неговата соба со една мисла - уште еден клиент, уште една шанса за добра заработувачка.-Вратата ми ја отвори маж, висок два метра со насмевка на лицето и многу пријатен. Штом го здогледав знаев дека ова нема да биде само „уште еден клиент”. Мислам дека секогаш ќе ги помнам деталите од времето поминато заедно. Ме праша како може да ми помогне, а јас му кажав дека директорот ме пратил за да го опуштам. Тој сфати за што станува збор и ми рече да влезам, додала Анџелина, при тоа истакнувајќи дека тие двајца имале неверојатна хемија. Од првиот момент кога ја допрел таа знаела дека тој е тој.

За разлика од многумина нејзини клиенти, Амос не поминал веднаш на „главната работа”. Најпрво тие разговарале. -Разговаравме долго, иако едвај чекав да ме допре, да ме бакне, да спие со мене. Со него немав потреба да се докажувам во кревет. Само сакав да бидам тоа што сум и да уживам. Иако директорот ме прати кај него на 2 до 3 дена, сепак Амос реши да го продолжи престојот во Букурешт најпрвин на 7, па подоцна и на 15 дена. Не се разделувавме. Шетавме фатени за раце, разговаравме за се и сешто - од банални, па се до политички и религиозни теми. Тоа беше најубавата врска во мојот живот. Но, за жал, платена! Во еден момент и двајцата изгубивме контакт со реалноста. Тој заборави дека има семејство, а јас пак, дека сум сексуална работничка, раскажала Анџелина.

Page 15: S work No.32

Но, по 15 дена тие морале да се разделат. Анџелина плачела со часови, плачела како да се разделува од човек кој го познава цел живот. Се договориле дека ќе се видат повторно. Тој ден тој заминал за Лондон, а Анџелина му рекла дека ќе се обиде да дојде. Времето кое го поминале разделени, тие постојано си праќале мејлови, пораки...-Му се јавив на шефот и му кажав дека сум болна и дека не можам да работам се со цел да заминам за Лондон. Кога се видовме на аеродромот трчавме еден кон друг. Беше како од филм. Во моментот кога сфатив дека не можам да бидам неговиот избор поради мојата професија, се згадив самата од себе. Го прашав дали сака да прекинеме, а тој ми кажа не. Ми рече дека сака да прекинам со тоа што го правам за да заработам. Побара од мене да сум постојано со него, на сите патувања, посети. Да бидам негова, само негова, со солзи во очите раскажувала Анџелина при тоа додавајќи дека и таа побарала од него тој да ја остави сопругата. Но, Амос не се согласил. И рекол дека ситуацијата не е така едноставна и заминал за Израел. После сите перипетии сепак на крај врската не успеала, иако Амос еден период се преселил во Белград. Сепак, подоцна бил принуден да се врати во својата земја, со цел да биде поблиску до својот син.-На почетокот се јавуваше секој ден, па потоа секој втор, па секој трет, за да во еден момент повиците сосема да престанат. Не можев да го добијам ниту на еден од броевите кои ги имав, а на мејловите не ми враќаше. Не можев да поверувам дека нашата приказна заврши вака. Оттогаш поминаа две години. И денес, кога ќе заѕвони телефонот мислам дека е тој. И никогаш не е! Јас во меѓувреме завршив воспитувачки курс и работам во градинка, - ја завршува својата приказна Анџелина.

Page 16: S work No.32
Page 17: S work No.32