14
S-WORK Август N O . 35

S-WORK nO.35

  • Upload
    trajan3

  • View
    233

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

NGO STAR-STAR Skopje, Macedonia

Citation preview

Page 1: S-WORK nO.35

S-WORK Август NO. 35

Page 2: S-WORK nO.35

2

Според новиот предложен закон сексуалните работници во Германија ќе мора постојано да носат лични карти. При тоа, нивните клиенти треба да носат кондоми. Овластена полиција постојано ќе прави проверки без претходна најава.

Но, оваа идеја не оди како што треба.

Сексуалните работници и поборниците за правата на приватност се противат на тоа што тие го нарекуваат Hurenpass, посебна лична карта за секоја сексуална работничка или во превод „лична карта на курва“. Имено според Советот на Европа, тоа би значело кршење на нивните права и намалување на секс индустријата во Германија, индустрија која вработува повеќе од 400.000 и дава услуги на околу 1 милион клиенти на ден, многу повеќе отколку во некоја друга држава во Европа.

„Сексуалните работници ќе треба да се пријавуваат во полиција. Новостите патуваат брзо, особено во помалите градови “, изјави Ундина де Ривиер, сексуална работничка и портпаролката на професионалното здружение на еротски и сексуални услуги со седиште во северозападниот град Вупертал. „Многу сексуални работници работат со скратено работно време. Тоа ќе биде голем проблем доколку работодавачот дознае за тоа. Можете да замислите што ќе мислат родителите на децата што се пријатели на нивните деца. “

Новите законски правила предложени од страна на членовите на христијанската демократска унија на Партијата на Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го променат законскиот акт за проституција донесен во 2002 година. Со овој акт се легализирше проституцијата со цел да им се помогне на сексуалните работници да обезбедат соодветни договори, да имаат јавно здравствено осигурување и други бенефиции. Но само 44 сексуални работници се регистрирани во јавното осигурување, според Советот на Европа.

Критичарите велат дека постојат многу непријатни елементи кои се уште ја контролираат секс индустријата.

„Предлог-законот од 2002 година не успеа во пракса, затоа проституцијата треба да се регулира на начин кој нема да остави место за организиран криминал и присилна проституција,“ вели Маркус Вајнберг од Христијанската демократска унија на Германија.

„Според предложените нови правила, германските сексуални работници ќе мора да се регистрираат и да носат посебни легитимации, почнувајќи од следната година. Оваа законска мерка ќе помогне во спречувањето на работата на макроата и трговијата на луѓе кои ги принудуваат младите жени да ги продаваат своите тела,“ вели Вајнберг.

„Прекршителите на овие законски мерки ќе добијат парични казни кои допрва треба да се

Германија предлага нов закон: Сексуалните работници да носат адолжителнолични карти, а клиентите кондоми.

Page 3: S-WORK nO.35

3

Германија предлага нов закон: Сексуалните работници да носат адолжителнолични карти, а клиентите кондоми.

утврдат“, рече М. Вајнберг.

Но, сексуалните работници не веруваат дека може да им се помогне со задолжително носење на специјални лични карти.

„Со новиот предлог-закон нема да се реши проблемот”, кажува Де Ривиер. „Жената која е принудена да ја работи оваа работа, бидејќи таа или нејзините членови на семејството се загрозени ќе се регистрира, за коректно да ги добие своите документи, без да привлече несакано внимание. Ако на некого можете да му извршите притисок да заработува пари на начин кој не го сака, исто така ќе може да му извршите притисок и да се регистрира. “

Се чини дека легализацијата има на некој начин ограничена експлоатација. Советот на Европа, прикажа информации за 636 случаеви на трговија со луѓе, што претставува пак 30% намалување од регистрираните случаеви од 2001 година. Но, според извештајот на Советот, полицијата не може да изврши рација во борделите, доколку тие не се правно поддржани, затоа повеќето случаеви остануваат незабележливи и истите не се регистрирани.

Влегувањето во борделите од страна на полицијата без некоја одредена причина, воопшто не го решава проблемот, вели Хуанита Хенинг, социјален работник и основач на Doña Carme, здружение за заштита на правата на сексуалните работници во Франкфурт.

„Тие можат да влезат во собата било кое време без наредба за претрес, со што го кршат личното право на сексуалниот работник и уставното право за ненарушување на домот”, вели Хенинг. “Ова не е закон за заштита на проституцијата, туку закон за контрола на проституцијата”.

„Собирањето на сите лични податоци и нивното регистрирање во централниот регистар претставува огромно кршење на личните права и слободи за вршење на оваа професија”, рече Перси Меклин, адвокат и поранешен директор на Германскиот институт за човекови права во Берлин.

„Оваа работа зависи од анонимноста, нешто од што многу мажи и жени ќе се одречат откако ќе бидат принудени да се регистрираат како сексуални работници”, додаде тој. „Ако постои јавно прикажување на нивните податоци, секој ќе знае што тие работат.”

Според новиот предлог-закон, исто така, ќе се бара секој сексуален работник да поминува здравствени консултации еднаш годишно, а пак нивните клиенти да носат кондоми.

Организациите за правата на жените велат дека се залагаат клиентите да носат кондоми, но се противат на законската мерка за задолжително посетување на лекар. „Луѓето имаат право да плаќаат за добивање на сексуални услуги, доколку тоа го сакаат, вели Хенинг.“

„Се создава впечаток за сексуалните работници дека се заразни, но не постои статистички доказ дека тие се повеќе подложни на СПИ од другите“, рече таа. „Тоа е жигосување и служи само како причина за властите да ја контролираат секс индустријата“.

Page 4: S-WORK nO.35

4

Од сексуална работничка до поборникза правата на сексуалните работници

Бела Робинсон започнала со работа во секс индустријата уште од 18-годишна возраст, кога избегала од насилен брак, а и помогнало нејзиното старателско семејство. Таа е класичен пример на „жртва“ на која се однесуваат законите против трговијата со луѓе. Денес Робинсон е активистка за човекови права, а претходните три децени била курва (термин кој таа преферира да го користи) и воопште не се смета себеси како жртва на секс индустријата. При тоа вели дека всушност државата тргува со неа, и дека токму донесениот закон ги прави жртви оние како неа на кои наводно треба да им се помогне.

Дел од нејзината приказна беше претставен во 2012 година во филмот „Американски куртизани“, под псевдонимот Џина. Моментално држи говор по колеџи, учествува на семинари за сексуални работници, се состанува со политичари и се уште ги опслужува своите клиенти.

Мајката на Бела страдала од шизофренија и алкохолизам. Кога Бела имала 3-4 години, нејзината мајка во алкохолизирана состојба ја донела пушката од подрумот и пукала низ прозорот од нивната кујна, додека нејзините 4 деца спиеле. Поради овој инцидент, децата и биле одземени и биле дадени на старателско семејство, кога Бела веќе станала тинејџер. „Бегавме од куќата,“ кажува таа. „Не ни се допаѓаше тоа што за нас се грижеа непознати.“

На 15-годишна возраст, Бела била во најстабилното опкружување до тогаш, во дом за незгрижени деца кој го раководел бивш свештеник заедно со неговата сопруга. На училиште имала многу проблеми особено во осмо одделение, меѓутоа сепак успеала да положи мала матура, да запише висока школа, да купи мотор и да се вработи како негувателка. Во тоа време почнала да игра билијард и во баровите каде што најчесто се движела го сретнала својот иден сопруг, кој тогаш имал повеќе од 40 години.

Домот во кој живеела се наоѓал во опасен дел од градот; повеќето девојки останувале бремени пред да наполнат 16 години. „Воопшто не им беше грижа за нас, не инсистираа да одиме во школо, “ кажува Бела. Се сеќавам дека останатите девојки постојано ми ги крадеа работите, а јас бев единствената која имаше работа. Затоа морав да си отидам, но не заработував доволно за да можам сама да се издржувам. Дополнително, бев сеуште малолетна.“

Во тоа време, бракот беше единствената прифатлива опција за една 16-годишна девојка. „Тоа воопшто не беша вистински брак, само брак кој би ме спасил од старателството и грижите. Нешто како работен ангажман,“ кажува Бела. Ако денес старателите/родителите дозволат секс со малолетно лице во замена за пари или услуга, државата го третира ова како трговија со луѓе. Во 1981 година, државата и дозволила на Бела да се омажи со 41-годишен маж, кој претходно го злоупотребувал своето семејство.

Ги венчал општински службеник кој го пронашле преку оглас, притоа немало ни веренички прстен,

Page 5: S-WORK nO.35

5

Од сексуална работничка до поборникза правата на сексуалните работници

ниту меден месец. Нејзината баба ја финансирала вечерата, наместо приемот. Нешто подоцна истата вечер, Бела за прв пат во животот имала сексуални односи. Била толку наивна што за неа „пушењето’ претставувало „голема перверзија“.

„Највероватно тоа беше за прв пат кога го продадов моето тело. Претпоставувам дека веројатно тогаш бев жртва, бидејќи бев малолетна и омажена за човек на возраст како мојата мајка,“ кажува Бела. Според федералните закони, малолетно лице кое ќе стапи во сексуален однос за да преживее или во замена за сместување, се смета за жртва на трговија со луѓе.

Неколку дена подоцна, Бела сфатила дека нејзиниот сопруг е насилен алкохоличар, кој сакал да ја изолира и да манипулира со неа. Се сеќава дека на неа викал секој ден, без некоја посебна причина. Кога му вратила со иста мера, тој подигнал рака во знак на предупредување. Не ја удрил, но знаела што ќе се случи наредниот пат.

Нејзиниот маж ја убедил дека доколку го остави ќе мора да се врати под надзор на државата; затоа таа одлучила подобро да остане во брак и да го трпи злоупотребувањето. Социолошките истражувања укажуваат на фактот дека многу тинејџери повеќе сакаат да нудат сексуални услуги во замена за сместување отколку да се препуштат на старателското семејство. Во извештајот од 2009 година на Проектот за зајакнување на состојбата на младите жени стои следново: „Не изненадија повеќето приказни кои ги слушнавме од млади жени и девојки, вклучувајќи ги и трансродните лица, за насилството кое го трпеле во добротворните друштва и други невладини организации. Ова е причина за голема загриженост, бидејќи социјалните работници треба да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Меѓутоа, се покажа дека системот е поставен така што тоа може само да ги влоши работите. Особено очигледен пример се старателските семејства кои се грижат за децата. "

Според резултатите на криминалистичките истражувања на „Џон Џеј“ колеџот од 2011-та година утврдено е дека 70 % од младите сексуални работници претходно биле на товар на агенциите за старателство, а само 10 % од нив имале макроа, па за „Вилиџ Војс“ се поставило следново прашање: „Ако ова истражување е валидно, како ќе им се помогне на тие 90%? Зарем треба да се игнорираат? Како можеме да ја дознаеме причината која ги донела во таа состојба? Ако за 90 % од испитуваните лица не се утврдило дека постои една личност која ги принудува на сексуална работа, тогаш како се случува тоа?“

Еве како се случува тоа.

Бела побегнала од својот маж неколку дена по својот 18-ти роденден, кога веќе станала сигурна дека не е повеќе под капата на државата. Спиела по коли и работела на црно за минимални пари, но наскоро сфатила дека тоа нема да биде доволно за да заработи за кров над глава. Се запознала со двајца трансвестити (термин кој тогаш се употребувал) кои успеале да и покажат каде греши. Едниот од нив, Џон (скратено од Џоан) нудел сексуални услуги на улица, но Бела тоа се уште не го знаела. „Никогаш не сум се прашувала како Џон има пари да ми плаќа бензин, цигари или храна. Но, наскоро открив. Еден ден кога ми снема бензин во колата, морав да пешачам до најблиската бензинска пумпа, а еден тип во црвен автомобил ми понуди да ме пренесе. Ме покани на пијалок, но јас го одбив велејќи дека сум мажена. Во тој момент извади значка и кажа дека ме апси за

Page 6: S-WORK nO.35

6

проституција.“

Во ова поглавје од својата биографина Бела вели „како може полицаец да ме обвини и осуди за проституција, бидејќи не сум сакала да излезам со него на пијалок.“

Најверојатно вакви инциденти се случуваат често, кажува Бела – жените ги апсат додека поминуваат тротоар, при тоа измислуваа причини како „претрес на сомнителна жена“ и „жена во транс состојба“. Но дали апсењето за проституција навистина може да ги натера младите жени да ја започнат оваа работа?

Џоана Морс, семеен терапевт и брачен советник, вели дека тоа е сосема можно. „Младите луѓе на таа возраст се збунети во однос на својот идентитетот и улога, запрашувајќи се важни

прашања - Кој сум јас? Кој можам да бидам?", објаснува таа. „На младите значително им влијаат не само нивните врсници, туку и повозрасните, на позитивен или негативен начин. Никој не треба да биде изненаден доколку правосудниот систем им залепи етикети кои можат да станат многу моќни во одредувањето на нивната иднина.“

Но, Бела смета дека во секој случај би станала сексуален работник. Но сепак, во таа одлука многу и помогнало апсењето од страна на полицаецот и неоправданото обвинение таа вечер.

Бидејќи јавно и трајно била обележана како криминалец, се обратила до Џо да ја научи како да ја започне оваа работа. Џо и дал кондоми, ја научил како да им приоѓа на клиентите, и препорачал почетен ценовник од 20 долари за орален секс и 40 долари за секс во хотел. И објаснил дека собата секогаш ја плаќа клиентот и дека мора да им ги запишува регистерските таблички, моделот и бојата на автомобилите на секој од клиентите. По завршување на секоја сеанса било договорено да се слушаат на телефон. Џо никогаш не и побарал дел од парите, а Бела сфатила дека неа и е полесно да пронаоѓа клиенти за разлика од својот пријател.

Само недела дена порано, кога имала 17 години, Бела според денешните закони би била тешка жртва на трговија со луѓе, но за неа сè било кaко во бајка. „Сфатив дека ако барем во денот имам 2-3 клиенти, ќе можам да ја платам сметката за хотел, храна и цигари за иститиот ден, а потоа да се опуштам и да уживам. “

„На 19-годишна возраст, “ кажува Бела, „открив огласи за придружба и од тогаш немаше назад. Во тоа време, цената била 100 долари на час. Со два клиенти неделно заработував повеќе од минималната плата. Ја започнав оваа приказна и сега после 30 години, и сè што сум доживеала, воопшто не ми е жал што започнав да работам како сексуален работник. Навистина, претрпев

Page 7: S-WORK nO.35

7

многу од проблеми со правниот систем до насилни полицајци. Дури бев и силувана на улица. Сепак, имав многу среќа, што не ми се случи најлошото. Имаше лоши денови, повеќето беа онака ништо посебно, но имаше и доста фантастични денови“.

Откако избегала од Флорида, по пропуштениот рок за плаќање на киријата, завршила во Њу Џерси во 2007-та година. Оттогаш, Бела веќе година дена не работела како сексуален работник. Наместо тоа се занимавала со медицина и ја одгледувала својата ќерка. Бидејќи знаела дека ќе мора да остане надвор од системот со цел да избегне судски повик, повторно се вратила на најстарата професија. На почетокот и било навистина тешко повторно да се навикне на оваа работа, но сепак успеала да изржи уште 10 месеци. Потоа се здружила со својата пријателка од соседството која пак не можела да ги прима своите клиенти во својот дом бидејќи имала мали деца, па започнале заедно да работат во домот на Бела уште месец дена, се додека полицијата не им чукнала на врата. Бела била обвинета за проституција, ја признала вината и поминала 90 дена во затвор. Откако излегла на слобода, ја пречекале уште 3 месеци неплатени сметки како и судска такса од 3,720 долари, и доколку не ги плати, повторно ќе се врати во затвор. Оваа пресуда на Бела и звучела баш како дефиниција за трговија со луѓе: личноста која работи под принуда и се заканува затвор, а парите кои ги заработува одат во судот. „Ова ми звучеше како да судијата ми наредува да услужам уште неколку клиенти и да му платам, во спротивно повторно ќе завршам во затвор.“ кажува Бела.

Откако била на слобода, Бела слушнала дека на Роуд Ајленд сексуалната работа била декриминализирана, и веднаш се преселила. Во новата околина, за прв пат ја почувствувала слободата. Ако некој и се заканувал, знаела дека веднаш може да повика полиција без страв дека сама ќе заврши во затвор. Но, во ноември 2009-та година Род Ајленд повторно ја прогласиле сексуалната работа за кривично дело. Како причина ја навеле неспособноста на локалната полиција да истражува за трговијата со луѓе додека сексуалната работа нема статус на кримнинал. „Во Род Ајленд секоја година се апсеа сè повеќе малолетни лица за проституција, пред целосно да не криминализираат повтроно,“ кажува Бела.

Полицијата во 2009-та година почнала да пронаоѓа тела на девојки, убиени и фрлени на плажите на Лонг Ајленд. Тогаш Бела одлучила да стане активистка. Но, бидејќи имала навика гласно да критикува, ја обвиниле дека не и било важно за жртвите на трговијата со луѓе.

„Ваквите навреди често се насочуваат кон активистите, кои се занимаваат со сексуалната работа,“ кажува Алана Мејс, автор и активистка.

Бела повторно го покренала активистичкото движење COYOTE на Роуд Ајланд, и станала член на Управниот одбор за проектот за Легално образовнаие и истражување на давателите на сескуални услуги. Со цел да ги образува луѓето за повеќето прашања поврзани со сексуалната работа, таа често контактирала со студенти, политичари и синдикални здруженија. Она што Бела сака да и го соопшти на јавноста, и покрај тоа што не ја одобруваат оваа работа, да мораат да им овозможат на сите жени без страв да повикуваат полиција, доколку се силувани, ограбени, уценувани, тепани, искористени, уапсени или убиени (затоа што не може да сметаат на поддршката на полицијата).Денес, животот на Бела е далеку од она што го правела во минатото кога била тинејџерка. „Тој дел од животот ми беше како во бајка, “ кажува Бела, „но вистинска бајка, со среќен крај, бидејќи успеав сè да преживеам“.

Page 8: S-WORK nO.35

8

Драга сопруго,

Не те познавам, но знам да постои можност твојот маж да те изневери со сексуална работничка. Го кажувам ова затоа што сум една од нив.

Но, не твојот маж, велиш ти, не тој! Други мажи да, но вашата врска, вашиот сексуален живот, е поразличен. Сте имале можеби тројка со твојата цимерка од колеџ пред десет години. Секоја година во август ангажирате дадилка и одите за Вегас. Практикувате маратонско гледање на еротски филмови. Имате сјаен брак!

Да те прашам нешто: Кога последен пат сте имале секс три пати неделно? Кога било последно кога тој се жалел на тоа? Нели мислиш дека постои можност тој да одлучил да го решава овој проблем без тебе, и да се обрати кај мене?

Добрата вест е тоа што ако твојот маж одлучил да доаѓа кај мене е тоа што сака да си го зачува бракот. Се одлучил да добие малку нежност без да предизвика ни најмала штета. Замисли си наместо мене, да станува збор за вашата дадилка, вашата соседка, твојата најдобра пријателка. Можам да продолжам да набројувам, но верувам дека сфаќаш што сакам да кажам.

Ја сум професионалец. Јас сум дискретна, и што е најважно, јас сум карактеристична: моето време, внимание и сексуалност се мери во часови, потоа тој е само твој. И што е најважно, не го сакам твојот маж и никогаш не би го сакала. Веројатно би можела за него да чувствувам само она што го чувствувам за мојот омилен келнер.

Никогаш нема да го загрозам вашиот брак, бидејќи откако ќе ми истече работното време не сакам да имам било каква врска со вас двајца. Никогаш нема да излезам со него на вечера, ниту пак да те повикам среде ноќ и да ти споменувам развод. За тоа нема да дознаеш од мене. Но, ако дознаеш тоа значи дека тој е или глупав или лут на тебе.

Навистина, има некои клиенти кои може да се сплеткаат во своите чувства и паднат, но тоа е плитка бара, бидејќи знаат дека сè што правиме е само една обична глума.

Мажите знаат дека ќе ми се допадне онолку колку што на нив им се допаѓа да ми даваат пари. Тој не сонува да има непријатен разговор со тебе и децата, а потоа да побрза во хотелска соба за да води љубов со мене под лажно име. Јас сум надвор од вашиот живот. Јас сум само обична службеничка. Колку и да се има фокусирано на мене сексуално, тој сигурно нема да внесе силни емоции во тоа што го правиме.

Ако кај него се „искомплицираат“ работите, како што денес имаат обичај да кажат, постои еден безбедносен код: јас него го чинам пари.

Писмо од сексуална работничка до сопругата чиј маж ја изневерува

Page 9: S-WORK nO.35

9

Писмо од сексуална работничка до сопругата чиј маж ја изневерува

„Ако потроши 400 илјади за да го купи моето време, се надевам дека ќе го частиш со развод, бидејќи не си требала да му го довериш раководењето со парите“.

Според моето искуство, мажите трошат на секс само онолку колку што можат тоа да си го дозволат. Ако твојот сопруг има ваква потреба на секои две недели, и може неприметно да издвои 1000 долари од месечниот семеен буџет, тогаш дефинитивно ќе отиде кај некој што наплатува онолку колку што наплаќам јас. Дури и да сака повеќе, едноставно не може да заработи плус пари. Но, што е со болестите? Во спротивно од она што го гледаш во филмовите, повеќето сексуални работници во денешно време се дури поздрави и посвесни за безбедносните ризици од просечните заљубени секретарки. Се сеќаваш ли што ти напоменав за мојата исклучително ограничена љубов кон него? Тука спаѓа и неговиот епидемиолошки профил. Така што, не мора да се грижиш дека ќе му родам дете од љубов. Шансата да родам дете од некој мој клиент е отприлика 0 % од „нема шанси“, со просечна статистичка грешка од „ти мора да се шегуваш“.

Можеби и после сè, сеуште не сакаш тој да спие со мене. Ќе те прашам повторно: кога последно сте имале три пати секс неделно?

Не зборувам дека твојата работа е да само да го правиш среќен. Едноставно можеби не сакаш да спиеш со него толку често. Зафатена си, под стрес или пак не те возбудува повеќе. Те разбирам, сосема сигурно е дека не ме возбудува ни мене.

Всушност и во тоа е поентата. Јас сум само една тајна состојка за многу успешни бракови, бидејќи кога ќе дојдат кај мене, и двајцата добивате онолку секс колку што сакате. И доколку не му го шпионираш мобилниот телефон, можеби ќе доживеете златна годишница.

Ти благодарам.

Page 10: S-WORK nO.35

10

Александар Дипој е секс-археолог и француски колекционер кој целиот свој живот собирал сè она што може да се дефинира како „еротско и порнографско ѓубре“. Неговата продавница The Taers of Eros е отворена за посетители само доколку претходно закажете состанок. Во оваа продавница веќе половина век се продаваат слики, фотографии и други сексуални предмети. Тоа на некој начин претставува мал музеј кој ја прати историјата на сексот во Франција.

Сè започнало во 1975-та година, кога еден негов пријател, имено продавач на книги, му рекол дека сака да го запознае со постар господин кој „има нешто специјално да му покаже“. Багажникот на луксузниот автомобил бил преполн со црно-бели фотографии на голи и насмеани сексуални работнички од 1930-те години. Повеќето фотографии ги имал земено од еден бордел во Пигал, местото за слободна љубов во Париз. Сфаќајќи дека деновите му се одбројани, овој старец се сложил да се раздели од фотографиите, под услов да остане анонимен. Така станал познат како „Господин Х.“

Речиси четири децении покасно, Дипој одлучил повторно да ја издаде оваа импресивна колекција во книгата Bad Girls (Лоши девојки, 2014). Оваа книга била заеднички подготвена од Дипој и господин Х. Како фотограф, господин Х повеќе не е жив.

Следува интервју со Дипој за Vice.

Можеш ли да опишеш една типична сексуална работничка од почетокот на 20-от век?Александар Дипој: Типичен профил на една девојка која дошла во Париз да заработи пари за да го прехрани своето семејство кое останало да живее некаде на некоја фарма. Гладна и невработена, обично би наишла на мадам која би и ветила кров над глава. Би останала да работи заедно со уште 10-15 девојки кои се наоѓаат во иста ситуација. Во тоа време сексуалните работнички заработувале до 10 пати повеќе од еден просечен работник. Работниците во 1900-тите добивале по два франци дневно, додека пак девојка која работела како сексуална работничка на улица наплатувала по пет франка за клиент - 20 франци ако работи во бордел.

Какви биле условите тогаш во кои работеле сексуалните работнички?На некој начин, било слично како во спортот. Можеле да работат две до три години, а потоа се „истрошувале“. Болестите биле чести, а пристапот до средствата за контрацепција ограничен. Постоеле кондоми, но не биле обврзани да се користат. Девојките одржувале хигиена со нешто што се нарекува „хигиенски сунѓер“. Секако, тие сунѓери ни најмалку не биле ефикасни. Некои велат дека Париз бил центарот на сексуалната работа.

Да, до 1920-та година, потоа сè се сменило. Но, цел век пред тоа, Париз дефинитивно бил центар на светот. Црвени фенери имало насекаде во Париз. Во почетокот на 20-от век, градот бил централно место за сексуалната работа. Во тоа време, мажите и немале некој возбудлив секс со своите сопруги. Мажите од средната класа се женеле до 35 години. Уште додека биле во пубертет, секогаш постоел некој кој ќе им ја покажел магијата на борделот.d

Фасцинантни фотографии на француски сексуални работнички од 1930-те

Page 11: S-WORK nO.35

11

Како реагиравте вие кога за прв пат ја видовте колекцијата на господин Х? Веднаш ми стана јасно дека е единствена и по квалитет и по квантитет. Имаше околу стотина фотографии. Кога ќе ги погледнете секоја од нив, добивате вистинска слика за животот на Пигал. Како сте работеле со овие фотографии, бидејќи немате можност да го одредите точниот датум, времето, едноставно немате ниедна прецизна информација кога настанеле?

По бројот на фотографии, претпоставувам дека настанале во период подолг од една деценија. Ако погледнете на моделите на автомобилете на фотографиите, претпоставувам дека се направени некаде помеѓу 1925-та и 1935-та. Неколку фотографии се направени на еден познат балкон, па сфатив дека борделот бил лоциран на бр. 75 на улицата Жон Баптист Пигал.

Дали сте дознале уште нешто?Пронајдовем негови фотографии кои не беа еротски. Фотографии на жени од високата класа кои живееле во прекрасни куќи. Денес неговите дела се продаваат на аукција како „дела на Господин Х.“ Постхумано, се здоби со големо почитување како фотограф.На задната страна на секоја фотографија, господин Х го имал напишано името на секоја девојка: Мадо, Сузет, Џипси, Мими, Ноно, Пепе...

Господин Х највероватно бил близок, пријателски настроен и дарежлив спрема дамите. Навистина е сјајно што девојките изгледале многу опуштено на тие фотографии, тие всушност се забавувале додека позирале. Има некои фотографии кои се направени надвор, во обалата Марне. Исто така, има режирано и два десетминутни филмови. Овие филмови ни ја открија нашата најголема фантазија - две девојки заедно. Едната била модел, а другата стриптизета.

Неговите фотографии имаат голема сличност со сликата „Потеклото на светот“ од Гистав Курбе“ создадена во 1866, на која се претставени женските гениталии. Исто така, го сакал егзибиционизмот, па постои и сличност со делата на Џеј Белока, фотограф од Њу Орлеанс, кој бил редовен муштерија на локалните бордели. Сепак, на крајот овој господин се спријателил со девојките и успеал да ги слика онака како што тој посакувал.

Дали борделите во тоа време биле легални?Во Париз, борделите биле потполно легални се до 1946-та. Но, повеќето бордели биле затворени до 1925-та. The Sphinx бил типичен бордел од 1930-та година - во него се наоѓал и бар-ресторан. На жените им бил дозволен влез. Претставувал новина во однос на борделите отворени пред него. Новите бордели се нарекувале „куќа за состаноци“ или „куќа на толеранцијата“. Француските политичари ги тужеле сопствениците на овие бордели дека наводно работеле со Германците за време на германската окупација.

Дали работеле?Тоа зависи од многу работи. Некои бордели како The One-Two-Two го користеле најчесто Германци. The Spinx бил, ако може да се верува на сеќавањата на една мадам, прилично отворен за посети на Германци. Најважната промена била тоа што Германците дозволувале во борделите да се служи шампањ и добра храна. Доколку виделе жена со неколку килограми повеќе, би можеле да претпоставите дека ослободувањето на Франција воопшто не ја интересирало. Што мислите за моменталната ситуација на сексуалната работа во Франција? Колку што можам да видам, сексуалната работа не е тоа што била порано. Мислам дека тоа има врска со склопувањето на браковите. Во 19-от век, ако некој од буржоазијата и побара фелацио на својата сопруга, најчесто би го одбила. Но, ако го добие, не било направено како што треба бидејќи сопругите најчесто ги повредувале при фелацио. Тоа е дополнителна причина да се обратат кај некоја од девојките кои работеле во борделите.

Page 12: S-WORK nO.35

12

Page 13: S-WORK nO.35

13

Page 14: S-WORK nO.35

14

Во издание на Поддржано од