13
Декември N O . 39 S-WORK

S-Work No.39

  • Upload
    trajan3

  • View
    228

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

On line magazine by NGO Star-Star Skopje, Macedonia

Citation preview

Page 1: S-Work No.39

Декември N O. 39

S-WORK

Page 2: S-Work No.39

2

Здружението на граѓани Стар-Стар годинава по осми пат ќе се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници на 17-ти декември.

17-ти декември е ден кој ги обединува сексуалните работници од целиот свет, заедно и здружени, гласно да говорат за ставот против дискриминацијата и со своето делување да ја подигнат свеста кај пошироката популација која секојдневно пренесува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група луѓе. Сексуалните работници се соочуваат со закони кои не ја поддржуваат нивната работа и кои придонесуваат за нивно дискриминирање, криминализирање и изолирање од социјалниот живот. Истите оневозможуваат сексуалните работници да го пријавуваат насилството кое секојдневно го трпат, заедно со своите најблиски. Светот не треба да затвора очи пред вистината дека овие луѓе ги губат човековите права. Сексуалните работници подеднакво треба да ги уживаат човековите права, како и да бидат причина повеќе за донесување закони кои ќе ги заштитуваат и ќе овозможат нивно вклучување во социјалниот живот.

Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел - поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Знаев дека никој нема веднаш да ги пријави за исчезнати, па дури можеби и никогаш нема да бидат пријавени. Собирав проститутки затоа што мислев дека можам да убијам колку што сакам од нив без да бидам фатен”. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10.000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година.

Откако бил фатен сторителот на масакрот Ени Спринкл изјавила : „Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме на сите моите сестри-курви, кои умреа толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме се додека нашите сестри-курви не се безбедни на улица, или дома.“

Минатата година Стар- Стар по седми пат го организираше Маршот на црвените чадори. По тој повод заедно марширавме со една цел - да се запре насилството и тортурата кој секојднено ја трпат сексуалните работници како од институциите, така и од лошите клиенти и општата популација.

Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената боја како убавина, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и сл. Маршот на црвените чадори се одвиваше во центарот на Скопје. Маршот започна на улица Македонија и заврши на новиот плоштад Карпошово востание. Настанот беше покриен од страна на голем број медиуми од Македонија и регионот.

Изразуваме голема благодарност до нашите поддржувачи, граѓани и медиуми за поддршката и солидарноста кои ни ги дадоа за овој настан.

Во прилог следат неколку слики од минатиот настан по повод одбележувањето на 17- ти декември, Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници и маршот на црвените чадори.

Одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници во Скопје

Page 3: S-Work No.39

3

Page 4: S-Work No.39

4

Page 5: S-Work No.39

5

Во повеќе делови од Централна и Источна Европа човековите права на сексуалните работници се прекршуваат како што е правото на слобода, правото на интегритет и приватност, правото на безбедност при работа, ослободени од насилство и дискриминација.

Насилство и државно насилство

Во повеќе земји од Централна и Источна Европа, сексуалните работници се предмет на физичко и сексуално малтретирање од страна на полициски службеници. Насилството од страна на спроведувањето на законите претставува сериозна злоупотреба на правата на сексуалните работници и еден од факторите кои го зголемуваат ризикот од пренос на ХИВ. Ваквиот тип на насилство создава непријателска средина и лоши односи помеѓу спроведените закони и сексуалните работници, со тоа што сексуалните работници не се легално заштитени, работат во небезбедни услови и се мета на насилство од страна на нивните клиенти, партнери, и членови од фамилијата.

Пристап до кондоми

Во повеќе земји, вклучувајќи ги Македонија и Србија, каде што сексуалната работа е криминализирана или пенализирана според закон, сексуалните работници се плашат да носат со себе кондоми, бидејќи полицијата им ги конфискува и потоа истите ги користат како доказен материјал за сторено кривично дело т.е проституција. Бидејќи сексуалните работници се постојано под закана од апсење, тие се колебаат дали воопшто да носат кондоми со себе. Преку ваквите политики и практики, се загрозува и здравјето на сексуалните работници.

Во многу области каде што ХИВ има големо влијание врз сексуалните работници, цената може да претставува бариера за полесен пристап до кондоми и лубриканти.

Дискриминација од здравствени установи и сервиси

Во повеќето земји од Источна и Централна Европа, сексуалните работници особено оние кои издржуваат затворска казна; лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, транссексуалци или трансродни лица; лица кои користат дрога, мигранти – се соочуваат со дискриминација и малтретирање од страна на здравствените работници со што се попречува нивниот пристап до соодветна нега и лекување.

Сексуалните работници кои се ХИВ-позитивни се соочуваат со проблеми при обезбедување на навремена и соодветна антиретровирусна терапија, особено оние кои се во затвор или притвор.

Полициска репресија и затвор (затворски и парични казни)

Во земјите каде што сексуалната работа е криминализирана, забранета или пенализирана, сексуалните работници мораат да се кријат и да работат тајно со цел да ги избегнат законските казни. Принуденото изолирање ги прави сексуалните работници ранлива категорија на луѓе, кои трпат насислтво и работат во лоши и небезбедни услови. Исто така, нивната изолација го намалува пристапот до здравствени услуги и превентивни сервиси за ХИВ.

Полицијата спроведува рации во места каде што работат сексуалните работници, под изговор дека го нарушуваат јавниот ред и мир, и повикувајќи се на законот за борба против трговија со луѓе. Сексуалните работници се честа мета на бруталност, апсење и затворање со или без судски налог. Во повеќето земји во Источна и Централна Европа, сексуалните работници се принудени да ги чистат полициските станици, да им плаќаат дополнително на полициските службеници , дури

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Page 6: S-Work No.39

6

се случувало да го изгубат и старателството врз своите деца. Голем број на случаеви на физичко и сексуално малтретирање се пријавени од страна на сексуалните работнци за време на полициските рации. Ова е една од причината за зголемен ризик од ХИВ кај сексуалните работници.

Принудено тестирање, прекршување на доверливоста и затворски казни

Во некои земји, како што се Латвиа и Киргистан, сексуалните работници се принудени да прават ХИВ тестови и тестови за СПИ, или по апсењето или како дел од политиката на владата за рутинско тестирање. При тоа се прекршува доверливоста на личните информации за време на нивното тестирање, и сексуалните работници не можат да ги контролираа условите под кои тестовите се прават. Во Узбекистан, сексуалните работници со СПИ се присилно затворени во болница се додека нивното лекување не заврши, и потоа самите мора да си ги платат трошоците за третмани и храната.

Непочитување на правата на сексуалните работници

Праведен пристап и добри услови за работа кај сексуалните работници значат спасување на нивните животи. Онаму каде што има лоши услови за работа, ризикот од пренос на ХИВ меѓу сексуалните работници не е поголем од ризикот меѓу општата популација. Сепак, во земјите каде сексуалната работа се смета за неморална и експлотаторска, сексуалните работници немаат каде да се обратат за своите права за безбедна работа и здравје.

Кога полицијата не би била против сексуалната работа, би можеле да се вклучат во борбата против насилството врз сексуалните работници. Во Полска, сексуалните работници велат дека нивната соработка со полицијата им овозможува побезбедни услови за работа.Додека го пишувам ова чувствувам внатрешен немир, безброј случки од минатото ми поминуваат пред моите очи...

Page 7: S-Work No.39

7

Jас сум Емил, Алекс и Сузи, но пред се дечко кој што се занимава со сексуална работа..Имам 33 години, роден сум во Скопје. Моите тинејџерски години беа во време кога во Македонија беше премногу тешко да се егзистира. Време кога бев млад, кога сакав забава, патувања , студии, период кога го посакував она кое што го живеат другите да го живеам и јас. Време кога државата не им даваше никаква поддршка на младите.. Започнав со Емил, тоа беше моето прво уметничко име, моето прво искуство во сексуалната работа. Тоа беше далечната 2000-та година. Работев на отворена сцена каде што работат повеќе девојки, но најчесто работев по оние места каде што излегуваат мажи кои што бараат секс услуги од млади момци.

Беше пролет, бев излезен на едно од крузинг местата, каде што полесно можете да најдете партнер за секс. Во еден момент се појави човек, на отприлика 50 годишна возраст, човек во чии очи се гледаше дека одмна немал допрено младо тело. Ми прозборе на англиски и од мене побара да го придружувам во неговата хотелска соба во еден познат скопски хотел. По завршување на играта, сфатив дека на ваков начин можам да заработувам за да си ги задоволам сите потреби како еден млад студент. Оттогаш започнав да нудам услуги, но тоа не беше само секс, туку беше целосна игра, понекогаш имаше разменување и на нежности, сослушување на осамени клиенти, нудење на масажи, забава...

Постојат премногу случки кои ги паметам до ден денес и кои ми оставиле голем впечаток, но има и такви кои се заборавени, но една случка никогаш нема да ја заборавам. Бев на повик кај еден дипломат во Македонија, кој по завршувањето на услугата ми рече: „По вас многу плукаат, но многу повеќе ве посакуваат и бакнуваат“. Ова ми беше мотив за да продолжам со работата која ја сакам и ме направи горд што сум сексуален работник, но и еден од мотивите за моето започнување со активизмот поврзан со ЛГБТ заедницата и сексуалната работа.

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна Европа

Ескорт со три лика

Page 8: S-Work No.39

8

Од 2010-та продолжив со Алекс и Сузи. Ова се двете мои уметнички имиња кои што и ден денес ги користам. За среќа, сега имаме можност слободно да патуваме надвор од државата и особено сум среќен што можам да ја работам оваа работа во Европските земји. До неодамна бев во Грција. Одлучив да заминам на „печалба“ на еден од Грчките острови. Ова место ми даде можност да го спојам одморот, забавата и работата. Бев вработен во еден од најпознатите клубови во Грција, на почетокот како келнер, а подоцна мојата обврска беше да ги занимавам и анимирам гостите со цел да направат поголеми сметки. Ваквата улога навистина ми одеше од рака. Но, покрај ова исто така договарав и средби за одреден надомест и по завршување на смената во клубот.

Откако се вратив во Македонија заедно со уште 3 сексуални работници започнавме со неформално активистичко движење кое подоцна се оформи во невладина организација СТАР. Целта на организацијата е да ги застапува токму нашите прави. Организација во која поголемиот број од активистите се сексуални работници и единствена која работи во насока на застапување на нашите потреби и интереси.

Преку сексуалната работа се стекнав со различни искуства, и како секоја друга работа и оваа си има свои позитивни и негативни страни. Дури по долгото работење на Хотлајн и нудење сексуални услуги сфатив дека како човек кој што е деградиран од општеството, сепак сум многу понормален за разлика од многубројните клиенти кои само навидум важат за луѓе кои што живеат по правила и норми на општеството.

Во иднина поради мојата возраст можеби помалку ќе се занимавам со сексуална работа, но никогаш нема да ги заборавам моите позитивни и негативни искуства од минатото како сексуален работник. Но тие ќе ми останат како нешто што ќе ме води понатака во животот, т.е да ги застапувам правата на сите оние кои што се занимаваат со сексуалната работа, воедно и да им овозможам на моите пријатели и луѓето од општеството да ја запознаат сексуалната работа како работа. Ова не е само обичен и измислен текст, туку вистинска приказна од нашето секојдневие!!!

Page 9: S-Work No.39

9

Помина една недела одкако се случи изложбата Секс шоп во отворено графичко студио. Сега кога зборувам од одередена дистанца сфаќам дека таква изложба било потребно и многу порано да се случи.

Од страна на публиката од самото најавување на изложбата имав разни реакции, едноставно на луѓето не им беше јасно што ќе се изложува, што ќе има таму, зошто се прикажувам со такви перверзии и разни други прашања. Наеднаш се соочив со многу анонимни ФБ пријатели кои сакаа да разговараат, моите познаници почнаа отворено да разговараат за својата интимност и своите сексуални проблеми. Сметам дека овие реакции пред сè се поради општеството кое не ограничува од сексуалното информирање.

Живееме во општество во кое лажните стварности постојано се произведуваат од страна на медиумите, родителите, Владата, големите корпорации, религиозните групи, политичките групи. Прашањата за сексуалноста отвараат дебати со најразлични дилеми, табуа со прикажување на стекнатите предрасуди и стереотипи, стекнати со помош на општеството и културата.

Подолго време размислував дали да се појавам со ваква изложба, па низ разговор заедно со колегата Дарко Алексовски се одлучивме да реализираме изложба која едноставно само ќе не информира за постоењето на секс играчките.

Пред две години имав изложба на тема Спинтрии каде зборував за сексуалната работа. Додека ја истражував таа тема која ми беше магистерска работа, сфатив дека живееме во голема заблуда. Општеството негативно ја критикува сексуалната работа, поради тоа е принудена на минливост и превремена локација, а сепак на некој парадоксален начин таа опстојува со нивна помош.

Со Дарко се дружиме веќе 13 години сме имале доста соработки кога разговараме на овие општествени стигматизирања, имаме исти ставови и размислувања. Тој се занимава со институционална критика, па решивме да направиме пре-локација на сексуалните играчки и едноставно да ги отвориме тие разни прашања и да поттикнеме преиспитување кај публиката.

Интересот на поставувањето/употребата на предметот во оваа смисла е насочен кон тоа тој да не се менува - тој е тука поради тоа што е реален. Тој е единствено така и потребен. Со кратките едукативни текстови кои зборуваат за настанувањето на играчките и нивното развивање ја информиравме публиката дека тие не постојат поради перверзијата кај човекот, туку поради потребата. Соочувањето на луѓето со овие реквизити предизвика разни коментари, прашања, размислувања кои до сега ги игнорирале или поттиснувале во себе.

Сметам дека сексуалното и репродуктивното здравје е доста важно за општеството. Живееме во средина која е полна со предрасуди и негирање на сексуалните потреби, па затоа голем број девојки завршуваат со здравствени проблеми поради користење на разни предмети за сексуално задоволување. Исто така разводите сè се повеќе присутни поради затвореноста кон својот партнер. Разговорите со родителите на оваа тема и сексуалното образование пред сè би не заштитиле од разни болести и инфекции.

Сексуалните стереотипи кои се вгнездени во секојдневните сфаќања за сексуалноста имаат потреба од преиспитување. За да продолжам да ги истражувам проблемите на сексуалноста и сексуалната работа сметав дека е неопходна оваа изложба Секс шоп.

Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Источна ЕвропаСЕКС ШОП - Изложба на Симона Манчева

Page 10: S-Work No.39

10

Целта на проектот пред сè беше да ја разбуди љубопитноста на публиката за нешто што постои во современото живеење, односно на неговите маргини. Уметноста и уметничкото делување од тој аспект овозможуваат едно реконтекстуализирано гледање на овие објекти, односно нивно перципирање без предрасудите дека тоа е срамно или лошо. Уметноста, односно уметничкиот чин во овој проект е овозможување на публиката да види нешто што вообичаено не би го виделе или не би знаеле дека постои. Значењето на овие проекти е долгорочно и се надеваме дека нашиот проект ќе придонесе кон нашата современа уметничка сцена, со тоа што почна да обработува една тема која кај нас и пошироко е ретко истражувана и проблематизирана од страна на уметниците. Со самото привремено релоцирање на секс играчките од секс шоп во уметничка институција, истата претставува привремен посредник на разгледувањето на овие предмети, а самата публика станува посетител на една импровизирана секс шоп средина.

Симона Манчева е родена во Кавадарци, Македонија. Во 2011 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 2013 година завршува магистерски студии на одделот сликарство. Нејзините уметнички интереси вклучуваат слики, цртежи, објекти, уметнички книги, колаж и фотографии на различни теми (женски актови, дрва, книги,фигури...) и обиди да се претстави една идеја во повеќе различни аспекти. Симона Манчева се интересира за поставување на уметноста во социолошки и социјален контекст, како и за уметноста во јавен простор. Нејзиниот интерес се и социјално маргинализираните групи во уметничка смисла, особено за социјалните аспекти на сексуалната работа. Има учествувано на неколку работилници, уметничко-истражувачки проекти, перформанси, колаборативни и партиципативни проекти и сликарски перформанси. Нејзините дела се прикажани низ повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и странство.

Page 11: S-Work No.39

11

Page 12: S-Work No.39

12

Page 13: S-Work No.39

13

Во издание на Поддржано од