445

Sepnuvacot - Donato Karizi

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Sepnuvacot - Donato Karizi

Citation preview

Page 1: Sepnuvacot - Donato Karizi
Page 2: Sepnuvacot - Donato Karizi

Copyright© 2009, Donato CarrisiПрво издание на македонски јазик 2011 Наслов на оригиналотDonato CarrisiTHE WHISPERER Донато КаризиШЕПНУВАЧОТ Печатено во МакедонијаПревод: Горица ПоповаКлуб Матица © обрада: Ленаwww.balkandownload.org

2

Page 3: Sepnuvacot - Donato Karizi

ДОНАТО КАРИЗИ

ШЕПНУВАЧОТ

3

Page 4: Sepnuvacot - Donato Karizi

ЗАТВОР ■■■■■КАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45

ИЗВЕШТАЈ ОД ДИРЕКТОРОТ,АЛФОНС БЕРЕНЖЕ

23 НОЕМВРИ

НА ЗНАЕЊЕ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НАОБЛАСНИОТ ОБВИНИТЕЛ

Џ. Б. МАРИН

ПРЕДМЕТ: ДОВЕРЛИВОПОЧИТУВАН ГОСПОДИНЕ МАРИН, САКАМ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ЗА ЧУДНИОТ СЛУЧАЈ СО ЕДЕН ОД НАШИТЕ

ЗАТВОРЕНИЦИ.ОДНОСНАТА ЛИЧНОСТ Е ЗАТВОРЕНИК БРОЈ РК-357/9. САМО НА ОВОЈ НАЧИН

МОЖЕМЕ ДА ИНФОРМИРАМЕ ЗА НЕГО , ЗАТОА ШТО ТОЈ ПОСТОЈАНО ОДБИВА ДАГИ КАЖЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.

НЕГОВОТО АПСЕЊЕ СЕ СЛУЧИ НА 22 ОКТОМВРИ. ЧОВЕКОТ ТАЛКАЛ НОЌУМ –САМ И БЕЗ ОБЛЕКА – ПО СЕЛСКИОТ ПАТ ВО БЛИЗИНА НА ГРАДОТ ■■■■■

СПОРЕДБАТА НА ОТПЕЧАТОЦИТЕ ОД ПРСТИТЕ НА СУБЈЕКТОТ СО ОНИЕ ШТО СЕСОДРЖАНИ ВО АРХИВИТЕ ЈА ИСКЛУЧУВА НЕГОВАТА ВМЕШАНОСТ ВОПРЕТХОДЕН КРИМИНАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ . ПОКРАЈ ТОА, СО ПОСТОЈАНОТООДБИВАЊЕ ДА ГО ОТКРИЕ СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ, ДУРИ И ПРЕД СУДОТ, ЗАРАБОТИКАЗНА ЗАТВОР ОД ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ И ОСУМНАЕСЕТ ДЕНА.

ОД МОМЕНТОТ КОГА СТАПНА ВО ЗАТВОРОТ , ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9НИКОГАШ НЕ ПОКАЖА НИТУ ЕДЕН ЗНАК НА НЕДИСЦИПЛИНА И СЕКОГАШ ГИПОЧИТУВА, ЗАТВОРСКИТЕ ПРАВИЛА . СУБЈЕКТОТ СЕ ДРЖИ ИЗОЛИРАНО ИОДБИВА ДА СЕ СОЦИЈАЛИЗИРА . МОЖЕБИ ПОРАДИ ОВАА ПРИЧИНА , НИКОЈ НЕБЕШЕ СВЕСЕН ЗА ЕДНА НЕГОВА ОСОБЕНА КАРАКТЕРИСТИКА , ШТО НЕОДАМНА ЈАЗАБЕЛЕЖАЛ ЕДЕН ОД НАШИТЕ ЧУВАРИ . ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ГО БРИШЕ ИГО ПОЛИРА СО ПАРЧЕ ФИЛЦ СЕКОЈ ПРЕДМЕТ СО КОЈШТО ЌЕ ДОЈДЕ ВО КОНТАКТ ;СЕКОЈ ДЕН ГИ СОБИРА СИТЕ ВЛАКНА ШТО МУ ПАДНАЛЕ ОД КОСАТА ; ДО

4

Page 5: Sepnuvacot - Donato Karizi

ПЕРФЕКЦИЈА. ГИ ПОЛИРА ЛАВАБОТО , СЛАВИНИТЕ И ТОАЛЕТОТ СЕКОЈПАТОТКАКО ЌЕ ГИ УПОТРЕБИ.

ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА. СЕ СООЧУВАМЕ СО НЕКОЈ СО МАНИЈА ЗА ХИГИЕНА, ИЛИ,ВЕРОЈАТНО, СО ЛИЧНОСТ КОЈА САКА ПО СЕКОЈА. ЦЕНА ДА ГО ИЗБЕГНЕОСТАВАЊЕТО ЗАД СЕБЕ ’ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ’.

ОТТАМУ, СЕРИОЗНО СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 СТОРИЛОСОБЕНО СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ И САКА ДА НЕ СПРЕЧИ ДА МУ ЗЕМЕМЕ ДНК ЗАДА ГО ИДЕНТИФИКУВАМЕ.

ДОСЕГА СУБЈЕКТОТ ЈА ДЕЛЕШЕ ЌЕЛИЈАТА СО ДРУГ ОСУДЕНИК , ШТОНЕСОМНЕНО МУ ПОМОГНАЛО ДА ГИ ИЗМЕША. СВОИТЕ БИОЛОШКИ ТРАГИ .СПОРЕД ТОА, ОТКАКО ЈА ОТКРИВМЕ НЕГОВАТА НАВИКА , НАШАТА ПРВА МЕРКАБЕШЕ ДА ГО ТРГНЕМЕ ОД ОПКРУЖУВАЊЕТО И ДА ГО ИЗОЛИРАМЕ.

ВЕ ИНФОРМИРАМ ЗА ПРЕТХОДНОВО , ЗАТОА ШТО ЌЕ ПОЧНАМ СООДВЕТНОИСТРАЖУВАЊЕ И ЌЕ БАРАМ , ДОКОЛКУ Е НЕОПХОДНО , СО ИТНИ МЕРКИ ДА ГОНАТЕРАМ ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ДА ДОЗВОЛИ ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОК ОДНЕГОВАТА ДНК.

ПРЕДМЕТОВ Е ИТЕН, БИДЕЈЌИ ПО ТОЧНО 109 ДЕНА (НА 12 МАРТ) СУБЈЕКТОТЌЕ ЈА ОТСЛУЖИ СВОЈАТА. КАЗНА.

СО ПОЧИТ ВАШ,

ДИРЕКТОРД-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ

5

Page 6: Sepnuvacot - Donato Karizi

Г

1

Некаде во близината на В.5 февруари

олемата ноќна пеперуга што го пренесуваше, по сеќавање седвижеше во ноќта. Павкаше со своите правливи крилја,

пробивајќи се низ заспаните планини што лежат како џинови,свртени грб со грб.

Над нив, кадифено небо. Долу, густа шума.Пилотот се заврти кон патникот и покажа напред, кон огромната

бела дупка на Земјата што личеше на блескаво грло на вулкан.Хеликоптерот скршна во таа насока.Седум минути подоцна тие слетаа на работ на автопатот. Патот

беше затворен, а областа ја обезбедуваше полиција. Еден човек восин костум помина под перките и го поздрави патникот, задржувајќија најдобро што може својата разлетана врска.

„Д-р Гавила, Ве очекувавме“, му рече гласно за да спречи гласот даму се загуби во бучавата на роторите.

Горан Гавила не одговори.Специјалниот агент Стерн продолжи: „Дојдете со мене, ќе Ви

објаснам патем.“Одеа по импровизираната патека, оставајќи го зад себе звукот на

хеликоптерот, што повторно полета, вивнувајќи се во мастилавотонебо.

Маглата се превиваше како завеса, заматувајќи ги рабовите наридовите. Околу нив – мирисите на шумата, измешани и засладенисо ноќната влага што се креваше од внатрешноста на нивната облека,студено ползејќи им по кожата.

„Не беше лесно, Ве уверувам: навистина тоа мора да го видите сосопствени очи.“

Агентот Стерн одеше неколку чекори пред Горан, патем

6

Page 7: Sepnuvacot - Donato Karizi

разгрнувајќи ги грмушките со раце, зборувајќи му без да гледанаоколу.

„Се почнало изутрината околу единаесет. Две мали деца оделе попатеката со својот пес. Влегле во шумата, се искачиле по ридот идошле на полјанката. Песот е лабрадор и, како што знаете, тоа сепесови кои сакаат да копаат... па одеднаш побеснел затоа штопочувствувал мирис. Издлабил дупка. И се појавил првиот.“

Горан се обиде да држи чекор додека се пробиваа низ вегетацијата,која стануваше се погуста по падината, што постепено стануваше сепострмна. Тој забележа дека Стерн има мала дупка во панталоните,во висина на коленото, знак дека го има поминато овој патнеколкупати таа ноќ.

„Очигледно, децата веднаш истрчале и ја алармирале локалнатаполиција“, продолжи агентот. „Досега, само рутински активности.Тогаш некој се сетил повторно да ископува за да се види дали постоинешто друго... и се појавил вториот! Тогаш, не повикаа: тука сме одтри часот па досега. Значи, тука сме...“

Една мала полјанка се отвори пред нив, осветлена од рефлектори –болскотливата уста на вулканот. Одеднаш, мирисите на шуматаисчезнаа, а луѓето ги удри реа која не може да не се препознае. Горанја крена главата, дозволувајќи да го исполни мирисот. Фенолнакиселина, си рече во себе.

А потоа го виде.Круг од мали гробови. И околу триесетмина луѓе во бели

комбинезони, како копаат во таа марсовска халогена светлина,вооружени со мали лопатки и четки за да ја отстранат земјата колкушто е можно повнимателно. Некои од нив ја чешлаа тревата, другифотографираа и внимателно каталогизираа се што ќе најдеа. Тие седвижеа забавено. Нивните гестови беа прецизни, одмерени,хипнотизирачки, завиткани во ритуална тишина што ја разбиваа самоповремените мали експлозии на блицовите.

Горан можеше да ги види специјалните агенти Сара Роза и КлаусБорис. И Роше, главниот инспектор, кој го препозна и веднаш дојдесо крупни чекори. Пред да може да ја отвори устата, Горан го

7

Page 8: Sepnuvacot - Donato Karizi

пресече со прашање.„Колку?“„Пет. Секој од нив е педесет сантиметри долг, до дваесет широк и

педесет длабок... Што мислите, што би можеле да закопате во дупкикако овие?“

Едно нешто во сите од нив. Истото нешто.Криминологот се џареше во него со исчекување.Одговорот пристигна: „Лева рака.“Горан се заврти за да ги погледне луѓето во бели комбинезони кои

работеа потаму, во тие апсурдни шумски гробишта. Земјата нудешесамо останки што се распаѓаа, но потеклото на злото што ги донеслотука мора да лежи некаде пред нестварното и запрено време.

„Тие ли се?“, праша Горан. Но овојпат тој веќе го знаеше одговорот.„Според Пи-Ци-Ар анализите, женски се. Тие, исто така, им

припаѓаат на Белци и се на возраст од седум до тринаесет...“Деца.Роше ја изговори реченицата без никаква промена во гласот. Како

плунка што ви остава горчлив вкус во устата ако ја задржите.Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.Почна пред дваесет и пет дена, како мала сторија во некое

провинциско списание: од еден престижен интернат за деца набогатите, исчезна млада ученичка. Секој би помислил дека избегала.Момичката за која станува збор имаше дванаесет години и се викашеДеби. Нејзините школски другарки се сеќаваа дека ја виделе како сизаминува по часовите. Го забележале нејзиното отсуство дури воспалната соба за момички, за време на вечерното пријавување. Тоаневеројатно многу личеше на еден од оние настани што создаваатстатии од средна големина на третата страница, а потоа тивкоисчезнуваат во рубриката Друш вести, очекувајќи предвидлив среќенкрај.

А потоа исчезнала Анеке.Таа потекнуваше од едно мало село со дрвени куќи и со бела црква.

Анеке имаше десет години.Првин, помислиле дека се загубила во шумата, каде што често

8

Page 9: Sepnuvacot - Donato Karizi

заминувала со својот велосипед за ридско возење. Во потрагата севклучило целото локално население. Но, безуспешно.

Пред да можат да откријат што навистина се случува, повторно сеслучило истото.

Третата момичка се викаше Сабина; таа беше најмала, имаше седумгодини. Се случило во градот, во сабота навечер. Отишла напанаѓурот со своите родители, како и многу други семејства со деца.Таму се качила на коњче на рингишпилот, којшто бил полн со деца.Мајка и ја гледала кога се свртила еднаш, и и мавнала. И втор пат, ипак и мавнала. Третиот пат, Сабина не била таму.

Дури тогаш некој помислил дека исчезнувањето на три деца за тридни може да претставува ненормална појава.

Почнала потрага од голем обем. Имало телевизиски обраќања.Одненадеж, луѓето зборувале за некаков манијак, или за неколкцинатакви, можеби и цела банда. Но, немало показатели што бипомогнале да се стесни потрагата. Полицијата воспоставиласпецијална линија наменета за собирање информации, вклучувајќи ианонимни јавувања. Имало стотици индикации; би биле потребнимесеци и месеци за да се проверат сите. Меѓутоа, на малите момичкиим немало трага. Да биде работата полоша, поради тоа штоисчезнувањата се случиле во различни места, локалните полицискисили не можеле да се усогласат чија е крајната одговорност.

Тогаш била повикана единицата за насилен криминал, предводенаод главниот инспектор Роше. Случаите на исчезнати лица,вообичаено, не биле во негова надлежност, но поради планинскатахистерија, тоа се третирало како исклучок.

Роше и неговите луѓе веќе работеле на случајот, кога исчезналамомичката број четири.

Мелиса беше најстара: имаше тринаесет години. Како и ситемомички на нејзина возраст, таа била под полициски час однејзините родители кои страхувале дека може да стане нова жртва наманијакот кој ја тероризира покраината. Но, нејзината принуднаизолација коинцидирала со нејзиниот роденден и Мелиса ималадруги идеи за вечерта. Таа и нејзините другарки и другари смислиле

9

Page 10: Sepnuvacot - Donato Karizi

мал план за бегство и за забава во кугланата. Пристигнале ситенејзини пријателки и пријатели. Мелиса била единствената којаштоне се појавила.

Од тој момент натаму почнал ловот по монструмот, кој често билконфузен и импровизиран во моментот. Луѓето се мобилизирале,подготвени да ја земат правдата во свои раце. Полицијата гиблокирала патиштата насекаде околу местото. Се заострилапроверката на луѓето кои биле осудувани или осомничени закриминал против малолетници. Родителите не се осмелувале да гипуштаат своите деца надвор, дури ни за на училиште. Многуучилишта биле затворени, на радост на учениците. Луѓето гинапуштале своите домови само кога тоа било неопходно потребно.По определено време во денот, градовите и селата се празнеле.

Неколку дена немало вести за нови исчезнувања.Некои луѓе почнале да мислат дека сите преземени чекори и мерки

на претпазливост го дале саканиот ефект на обесхрабрување наманијакот. Но, згрешиле.

Грабнувањето на петтата мала момичка беше најсензационално.Таа се викаше Каролина, имаше единаесет години. Била грабната одсвојот кревет, додека спиела во собата, веднаш до своите родители,кои не забележале ништо.

Пет мали момички киднапирани во текот на една седмица. Потоаседумнаесет мошне долги денови молк.

Се досега.Се до овие пет закопани раце.Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.Горан го разгледуваше кругот на малите ровови. Ужасна варијанта

на играта „прстен околу розите“1. Тој речиси можеше да го слушненејзиното пеење.

„Отсега натаму е јасно дека веќе немаме работа со случај наисчезнати личности“, рече Роше, повикувајќи ги со раката сите околусебе да го слушнат краткиот говор.

Тие беа навикнати на ова. Роза, Борис и Стерн му се придружија ислушаа, со очи фиксирани вземи и со раце прекрстени зад грб.

10

Page 11: Sepnuvacot - Donato Karizi

Роше почна: „Размислувам за личноста која вечерва не доведе тука.Личноста која предвиде дека ќе се случи сево ова. Ние сме тука,затоа што тој сакал да бидеме тука, затоа што тој го замислил тоа. Итој го смисли сево ова за нас. Затоа што спектаклот е за нас. Сето тоаго подготвил мошне внимателно. Тестирајќи го моментот, тестирајќија нашата реакција. За да не изненади. За да ни даде до знаење кој еголем и моќен.“

Тие кимаа со главите.Кој и да беше одговорен за ова, успеа тоа да го направи сосема

незабележливо.Роше, кој веќе извесно време го имаше вклучено Гавила во групата

за сите намери и цели, забележа дека криминологот е растроен, адека очите му се безизразни, како да си размислува за нешто друго.

„Па, докторе Гавила, што мислите?“Горан ја разби краткотрајната мртва тишина и само рече:

„Птиците.“Првин никој не го разбра.Тој продолжи, рамнодушно: „Немав забележано доаѓајќи наваму,

тукушто ми падна в очи. Чудно е. Слушајте...“Гласови на илјадници птици се слушаа од темната шума.„Тие пеат“, рече зачудено Роза.Горан се заврти накај неа и се согласи, потврдувајќи со главата.„Тоа е од рефлекторите... тие мислат дека светлината е од

разденувањето. И тие пеат“, забележа Борис.„Мислиш ли дека тоа има смисла?“, продолжи Горан, овојпат

погледнувајќи ги. „Па, сепак, има... пет закопани раце. Делови. Безтела. Би можеле да кажеме дека во сето тоа нема реална суровост.

Без тела, нема лица. Без лица, нема индивидуи, дури ниту луѓе.Само треба да се прашаме себеси: ’Каде се децата?’. Затоа што тиене се овде, во овие ровови. Не можеме да им погледнеме во очите. Неможеме да видиме дека тие се како нас. Затоа што нема ништочовечко во ниту едно од овие. Тоа се само делови... Немасочувственост. Не им дал ниту малку. Тој не ни оставил ништодруго, освен страв. Не може да се чувствува жал за овие мали жртви.

11

Page 12: Sepnuvacot - Donato Karizi

Тој сакал само да знаеме дека тие се мртви... Мислите ли дека имасмисла? Илјадници птици во темнината, принудени да пеат какоодговор на невозможната светлина. Но тоа е производ на еднаилузија. И мора да се биде внимателен со илузионистите: понекогашзлото не залажува со претпоставки за наједноставните форми нанештата.“

Тишина. Уште еднаш криминологот улови мала, но силнасимболика. Она што другите честопати не можеа да го видат или – вослучајов – да го слушнат. Деталите, основите, нијансите. Сенкитешто ги обвиткуваат нештата, ’темната дупка’ во која се крие злото.

Секој убиец има „план“; прецизен образец што му давасатисфакција, дури и гордост. Најтешката задача е да се разбере којае неговата визија. Токму затоа Горан беше таму. Да го открие тоанеобјасниво зло со уверливите поими на својата наука.

Во тој момент, еден техничар во бел комбинезон им се приближи исо збунет израз на своето лице, директно му се обрати на главниотинспектор.

„Господине Роше, би можело да има проблем... има шест раце.“

12

Page 13: Sepnuvacot - Donato Karizi

З2

боруваше учителот по музика. Но, тоа не беше она што ја сепна.Не беше првпат. Многумина осамени луѓе им даваат глас на

своите сопствени мисли кога безбедни во сопствените домашниѕидови. Дури и Мила понекогаш си зборуваше самата себеси, когабеше дома.

Меѓутоа, имаше нешто друго што беше ново. И тоа беше нејзинатанаграда за цела седмица чекање; седната во студенилото на својотавтомобил, постојано паркиран надвор пред кафеавата куќа, џарејќисе внатре со малиот двоглед во движењата на тој дебел, како млекобел човек во своите четириесетти, како тивко се движи низ својотуреден мал универзум, постојано повторувајќи ги истите гестови,ткаејќи пајажина за којашто само тој беше свесен.

Учителот по музика зборуваше. Меѓутоа, ново беше тоа што овојпат тој изговори име.

Мила го виде како се појавува, буква по буква, на неговите усни.Пабло. Тоа беше потврдата, клучот за влез во тој мистериозен свет.Сега таа знаеше.

Учителот по музика имаше гостин.Речиси десет дена порано, Пабло беше само едно осумгодишно дете

со кафеава коса и со светли очи, кое уживаше во брзото возење насвојот скејтборд низ соседството. И една работа беше сигурна:доколку Пабло мораше некаде брзо да отиде по задача на мајка сиили на баба си, тој скејтираше дотаму. Помина часови на него,горедолу по улицата. За соседите, кои го гледаа од прозорец какопоминува, малиот Паблито, како што го викаа сите, беше како еднаод оние слики што станале дел од пејзажот.

Можеби затоа никој не го виде во тоа февруарско утро во квартоткаде што секој познаваше секого и по име и по куќа и каде што, сечинеше, сите живееја ист живот. Зелено волво карван – учителотмора да го избрал токму тоа затоа што беше како многуте другисемејни автомобили паркирани по улиците – се појави на празната

13

Page 14: Sepnuvacot - Donato Karizi

улица. Тишината на перфектно нормалното саботно утро бешепрекината само од слабото чкрипење на ситните камчиња под гумитеи од едноличното гребење на скејтбордот додека постепено јазголемуваше брзината... Поминаа шест долги часови пред некој дазабележи дека таа сабота нешто недостасува во звукот. Гребењето. Идека малиот Пабло, на студеното сончево утро, бил проголтан одпритаената сенка која не му дозволила да се оттргне, одделувајќи гоод неговиот сакан скејтборд.

Таа штица на четири тркала заврши лежејќи неподвижно восредината на купот полицајци кои се собраа од целата област веднашштом пристигна известувањето.

Сега, десет дена подоцна, би можело да биде предоцна за Пабло.Премногу доцна за неговата нежна детска психа. Предоцна за да серазбуди без траума од својот кошмар.

Сега, скејтбордот се наоѓаше во багажникот на автомобилот наполицајката, заедно со други предмети: играчки, облека.Индикациите што ги надушка Мила додека се обидуваше да најдетрага за следење, ја доведоа до ова кафеаво дувло. До учителот помузика, кој предаваше во институт за повисока едукација и свирешеоргули во црквата во недела наутро. Потпретседател на музичкотоздружение што секоја година организираше мал фестивал на Моцарт.До срамежливиот, анонимен стар ерген со очила, делумно ќелав и сомеки, испотени раце.

Мила го посматраше мошне внимателно. Затоа што тоа бешенејзина дарба.

Таа и се придружи на полицијата од јасно определени причини и,по напуштањето на академијата, наполно и се посвети. Не бешезаинтересирана за криминал, уште помалку за законот. Не беше тоапричината поради која постојано го пребаруваше секој агол, каде штосенките мируваат, каде што животот скапува невознемируван.

Кога го прочита името на Пабло од усните на неговиот затворскичувар, Мила стана свесна за острата болка во својата лева нога.Можеби тоа беше резултат на преголемиот број часови поминати воавтомобилот, чекајќи го тој знак. Или, пак, можеби, тоа беше од

14

Page 15: Sepnuvacot - Donato Karizi

раната на нејзиното бедро што самата ја беше зашила.Ќе ја средам како што треба подоцна, си вети себеси. Сепак,

подоцна. И, кога ја формулира мислата, Мила сфати дека еподготвена да влезе во куќата, да ја разбие магијата и да му ставикрај на кошмарот.

„Агент Мила Васкез до Главната команда: идентификуван еосомничениот киднапер на Пабло Рамос. Градбата е кафеава куќа наВијале Алберас бр. 27. Можна е опасна ситуација.“

„Добро, агент Васкез, праќаме поддршка, но тоа ќе биде понајмалку триесет минути.“

Премногу долго.Мила немаше толку многу време. Пабло немаше.Помислата на ужасот дека ќе мора да ги изговори зборовите „беше

премногу доцна“ кога ќе го дава својот извештај за настанот, јанатера да тргне накај куќата.

Гласот од радиото беше далечно ехо и – со пиштол во дланката вораката спуштена низ гравитациониот центар на нејзиното тело, соочи на штрек, со брзи, кратки чекори – таа стигна до крем обоенатаограда што го обиколуваше задниот дел на малата куќа.

Огромно јаворово дрво се надвиснуваше над неа. Лисјата ја менуваабојата со ветрот, покажувајќи ги своите сребрени контури. Мила сепритаи до оградата и ги начули ушите. Одвреме-навреме, до неа ќедојдеше експлозија од рок-песна, носена од ветрот од некаде воблизината. Мила се наведна преку дрвената врата и виде добросредена градина, со стреа и со црвено гумено црево што се виеше низтревата до прскалката. Пластичен мебел и скара на гас. Се мошненормално. Светловиолетова врата со матирано стакло. Мила јаподаде раката низ вратата и нежно го крена резето. Шарките скрцкааи таа ја отвори вратата само толку за да може да влезе во градината.

Повторно ја затвори, така што никој однатре, гледајќи надвор, не биможел да забележи промена. Се мораше да остане како што беше.Потоа се движеше како да е на тренинг, внимателно одмерувајќи гисвоите стапки врз тревата – само со прстите, за да не оставаотпечатоци од стапалото и подготвена да отскокне доколку се појави

15

Page 16: Sepnuvacot - Donato Karizi

потреба. Неколку моменти подоцна, се најде крај задната врата, настраната од каде што не би можела да направи сенка кога ќе сенаведне за да погледне внатре во куќата. Матираното стакло значешедека не може да го распознае ентериерот, но според контурите намебелот, личеше на дневна соба. Мила ја испружи дланката конкваката на спротивната страна на вратата. Ја фати и ја притиснанадолу. Бравата кликна.

Беше отворено.Учителот по музика мора да се чувствувал безбеден во своето

дувло, што го имаше подготвено за себе и за својот заробеник.Наскоро Мила ќе открие зошто.

Подот од линолеум чкрипеше под нејзините гумени патики со секојчекор што ќе го направеше. Се обиде да ги контролира своите чекориза да не крева преголема врева, а потоа ги соблече патиките и гиостави крај еден стол. Боса, стигна до влезот на холот, и го слушнакако зборува:

„Исто така, ми треба ролна хартија за в кујна. И од тоа средствотоза чистење што го употребуваш за полирање на порцеланот... да,тоа... Потоа, донеси ми шест конзерви пилешка супа, шеќер,примерок од ТВ водичот и неколку кутии цигари, лајт, одвообичаената марка...“

Гласот доаѓаше од дневната соба. Учителот по музика купувашепреку телефон. Презафатен за да ја напушти куќата? Или, можеби, несакаше да ја напушти – сакаше да остане и да ги држи на око ситедвижења на својот гостин?

„Да, Вијале Алберас, број 27, благодарам. И земете кусур запедесет, затоа што тоа е се што имам дома.“

Мила го следеше гласот, движејќи се пред едно огледало шторефлектираше деформирана верзија на нејзиниот сопствен лик. Какооние што ги гледате во забавните паркови. Кога дојде до вратата насобата, ги испружи рацете држејќи го пиштолот, зеде воздух и севтурна во влезот. Се надеваше дека ќе го изненади, можеби одназад,се уште со телефонската слушалка в рака, застанат крај прозорецот.Одлична жива цел.

16

Page 17: Sepnuvacot - Donato Karizi

Која не беше таму.Дневната соба беше празна, слушалката оставена сосема нормално

врз телефонот.Таа сфати дека никој не телефонирал од таа соба, кога го

почувствува студенилото на пиштолот како божем нечиј бакнеж назадниот дел од нејзиниот врат.

Тој беше зад неа.Мила се проколнуваше себеси, нарекувајќи се идиот. Учителот по

музика добро го подготвил своето дувло. Вратата од градината штоскрцка и подот од линолеум што чкрипеше беа аларми засигнализирање на присуството на натрапници. Оттаму и лажнототелефонско јавување, мамката за привлекување на пленот. Огледалошто деформира, така што тој може да заземе позиција зад неа, без дабиде забележан. Сето тоа беше дел од стапицата.

Таа сети како ги подава рацете пред неа, за да и го земе пиштолот.Мила му дозволи да го стори тоа.

„Убиј ме, но сега ти нема спас. Моите колеги ќе пристигнатнаскоро. Не можеш да избегаш, ќе треба да се предадеш.“

Тој не одговори. Таа речиси можеше и да го види со крајот наокото. Дали се смееше?

Учителот по музика направи чекор наназад. Цевката на оружјето сеодвои од Мила, но таа се уште можеше да сети дека продолжувамагнетската привлечност меѓу нејзината глава и куршумот вомагацинот. Потоа, човекот се сврти накај неа и конечно влезе вонејзиното видно поле. Се ѕвереше во неа долго време. Но, без да јагледа. Имаше нешто длабоко во неговите очи што на Мила и личешена претсобје на темнината.

Учителот по музика се заврти, без страв вртејќи и го грбот. Мила говиде како самоуверено оди накај пијаното крај ѕидот. Доаѓајќи доинструментот, човекот седна на столот и погледна во клавишите.Двата пиштола ги остави долу, сосема настрана, лево.

Тој ги крена рацете и, миг подоцна, ги остави да се спуштат назадврз клавишите.

Додека Шопеновото Ноктурно N0.20 во С-moll ја исполнуваше

17

Page 18: Sepnuvacot - Donato Karizi

собата, Мила дишеше тешко, а притисокот се ширеше низ тетивите имускулите на нејзиниот врат. Прстите на учителот по музика лесно играциозно се извиткуваа врз клавишите. Сласта на нотите направиМила да се чувствува како посматрач на оваа претстава,хипнотизирана од неа.

Таа се бореше да остане со студена глава и продолжи своите босипетици да ги лизга наназад, полека, се додека не стигна пак воходникот. Си го поврати здивот, обидувајќи се да го смири своетобучно срце. Потоа набрзина почна да ги пребарува собите следена одмузиката. Ја провери секоја соба, една по една. Работна соба. Бања.Помошна просторија.

Додека не стигна до затворената врата.Ја турна со рамото. Раната на нејзиното бедро ја болеше и таа ја

насочи својата тежина врз делтоидниот мускул.Дрвото се предаде.Слабата светлина од ходникот се проби пред неа во собата чиишто

прозорци беа заѕидани. Мила го следеше зракот светлина вотемнината додека не сретна две преплашени, влажни очи, кои ивозвратија со поглед. Паблито беше таму, на креветот, со нозетесоставени со неговите слабуњави гради. Врз себе имаше самогаќички и џемпер. Тој се обидуваше да открие дали постои нешто одшто би требало да се плаши, дали Мила беше дел од неговитекошмари или не. Таа го рече она што секогаш го кажуваше кога ќенајдеше исчезнато дете.

„Мора да одиме.“Детето кимна со главата, ги испружи рацете и се прилепи за неа.

Мила со едното уво ја наслушуваше музиката што се уште јаследеше. Беше загрижена дека делото нема да трае доволно долго идека нема да има доволно време да излезат од куќата. Ја опфати новнеспокој. Ги ризикуваше својот и животот на заложникот. И сегабеше преплашена. Преплашена да не направи друга грешка.Преплашена да не се сопне на последната скала, онаа што ќе јаизнесе надвор од ова ужасно дувло. Или да не открие дека куќатаникогаш не ќе и дозволи да замине, дека ќе се завитка околу неа како

18

Page 19: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

свилена мрежа, држејќи ја за секогаш како затвореник.Но вратата се отвори и тие беа надвор, на слабата, меѓутоа уверлива

светлина на денот.Кога чукањето на нејзиното срце се смири, и кога можеше да

заборави на пиштолот што го остави во куќата, го стисна Пабло донеа, заштитувајќи го со своето топло тело за да ги истера сите неговистравови, малото момче се наведна накај нејзиното уво ипрошепоти...

„Таа нема ли да дојде?“Одеднаш натежнати, нозете на Мила се вкоренија во почвата. Таа

се затетерави, но не ја загуби рамнотежата.Наполнета со силата од застрашувачката акција, таа го праша:

„Каде е таа?“Малото момче ги крена рацете и покажа на вториот кат. Куќата ги

посматраше со своите прозорци и подбивно се смееше, со истатадлабока и отворена врата што миг пред тоа ги пушти да заминат.

Тоа беше момент кога стравот целосно исчезна. Мила ги поминапоследните неколку метри што ја делеа од автомобилот. Го седнаПабло на седиштето и му рече, со свечен тон на ветување: „Веднашсе враќам.“

Потоа замина назад и дозволи куќата да ја проголта.

е најде во подножјето на скалите. Погледна нагоре, не знаејќишто ќе најде таму, горе. Почна да се качува, зграпчувајќи го

гелендерот. Шопеновите ноти продолжија непоколебливо, следејќиго нејзиното истражување. Нозете и тонеа во скалилата, рацете и селепеа за гелендерот, небаре тој се обидува да ја врати назад.Одненадеж, музиката запре.

Мила се скамени, нејзините сетила беа на штрек. Потоа, следешеодек на истрел, тап удар и конфузни ноти од пијаното под тежинатана учителот по музика кој падна врз клавишите. Мила го забрзатемпото, продолжувајќи го својот пат нагоре. Не можеше да бидесигурна дека тоа не е уште еден трик. Скалите завиваа и

19

Page 20: Sepnuvacot - Donato Karizi

одморалиштето продолжуваше во тесен ходник покриен со дебелкилим. На крајот, прозорец. Пред него – човеково тело. Нежно, слабо,спроти светлината: нозете врзани за столот, вратот и рацетеиспружени накај јамката што висеше од таванот. Мила виде како сеобидува да ја провре преку главата и крикна. Момичката ја забележаи се обиде да ја забрза операцијата. Затоа што тоа беше она што тој икажа, тоа беше она што таа го научи.

Доколку дојдат, ти мораш да се убиеш.„Тие“ беа другите, светот надвор, оние кои не можеа да разберат,

кои никогаш нема да простат.Мила се фрли накај момичката во очајнички обид да ја запре. И

колку што беше поблиску, толку повеќе и се чинеше дека се враќаназад во времето.

Многу години порано, во друг живот, таа момичка беше дете.Мила одлично ја помнеше нејзината фотографија. Ја проучуваше

одблизу, една по една, секоја црта на лицето, поминувајќи ја низумот секоја брчка, секоја изразена линија, каталогизирајќи го секојоблик што се двоеше, дури и најситните недостатоци на кожата.

А тие очи. Со ситни дамки, живо сини. Очите на десетгодишнотодете, Елиза Гомез. Татко и ја чкрапнал. Фотографија направена завреме на забава, додека била зафатена со отворање на подароците ине го очекувала тоа. Мила си ја имаше замислено сцената, со таткотокако ја вика за да се заврти и неочекувано да ја фотографира. АЕлиза се завртила накај него, немајќи време да биде изненадена.Моментот беше овековечен во нејзиниот израз, нешто незабележливосо голо око. Чудесноста почнуваше од насмевката пред да се отворитаа и да се излее на усните или од сјајот на очите како ѕвезда штоизгрева.

Така, Мила не беше изненадена кога родителите на Елиза Гомез ија дадоа таа особена фотографија кога таа им побара најнова слика.Тоа веројатно не беше најсоодветната фотографија, затоа штоизразот на Елиза беше неприроден и ги правеше речисинеупотребливи за оживување начините на кои нејзиното лице биможело да се менува со текот на времето. Нејзините други колеги

20

Page 21: Sepnuvacot - Donato Karizi

кои беа вклучени во истражниот тим се жалеа. Но, на Мила не ибеше грижа, затоа што во таа фотографија имаше нешто – енергија. Итоа беше она што тие мора да го бараат. Не лице меѓу други, еднодете меѓу толку многу. Туку таа момичка, со таа светлина во своитеочи. Додека некој, во меѓувреме, не успее да ја згасне...

Мила ја зграпчи момичката токму навреме, прилепувајќи се донејзините нозе, пред да може јажето да ја земе тежината. Момичкатасе отфрли, се бореше, се обиде да вреска. Додека Мила не и гоизговори името.

„Елиза“, изусти, со бескрајна нежност.И, момичката се препозна себеси.Беше заборавила која е. Годините затвор го избришале нејзиниот

идентитет, по малку секој ден. Додека не стана уверена дека тојчовек и е целото семејство, затоа што остатокот од светот беше јазаборавил. Остатокот од светот никогаш нема да ја спаси.

Преплашена, Елиза ја погледна Мила в очи. Се смири и си дозволисебеси да биде спасена.

21

Page 22: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ш3

ест раце, пет имиња.Со оваа мистерија, тимот ја напушти полјанката во

средиштето на шумата и и се придружи на оперативната група шточекаше на автопатот. Се чинеше дека ужината и свежото кафе не сесоодветни за ситуацијата, иако даваа слика дека се е под контрола.Но, никој од нив, во тоа студено февруарско утро, не го допребифето.

Стерн извади кутиче со пеперминт-бонбони од џебот. Го протресеи слизна неколку во раката пред да ги фрли право в уста. Рече декаму помагаат да мисли. „Како е можно?“, праша, повеќе за себе,отколку некого друг.

„Да му се сневиди“, промрмори Борис, клатејќи со главата. Но, тоаго кажа толку тивко, што никој не го слушна.

Роза го насочи своето внимание кон местото надвор од кампот.Горан ја забележа. Тој сфати – таа има ќерка на исти години како иовие момички. Тоа е првото нешто на што ќе помислите кога ќе сесоочите со криминал против малолетници. Вашите сопствени деца. Исе прашувате себеси што би се случило доколку... Но, не стигнуватедо крајот на реченицата, затоа што дури и самата помисла епремногу болна.

„Тој ќе не натера да ги наоѓаме во делови“, рече главниотинспектор, Роше.

„Тогаш, тоа ли е нашата задача? Собирање трупови?“, праша Борис,со призвук на навреденост. Човек од акција, тој не сакаше да се видисебеси префрлен во улога на гробар. Тој го сакаше извршителот.Исто како и другите, кои брзо кимнаа со главите на неговитезборови.

Роше ги уверуваше. „Приоритетот секогаш е апсењето. Но, неможеме да ја избегнеме тажната потрага по останките.“

„Тоа било намерно.“Сите го погледнаа Горан, размислувајќи за неговите зборови.

22

Page 23: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Лабрадорот ја надуши раката и ја ископа дупката: тоа е дел одпланот. Нашиот човек ги имал на око двете мали деца со кучето. Тојзнаел дека ќе го одведат во шумата. Поради тоа тој ги сместил своитемали гробишта таму. Едноставна идеја. Ја завршил својата ’работа’ ија ставил на екран.“

„Сакаш ли да кажеш дека нема да го фатиме?“, праша налутеноБорис, не верувајќи во слушнатото.

„Ти знаеш подобро од мене како одат овие работи...“„Но тој навистина ќе го стори тоа? Повторно ќе убие...“ Овојпат,

Роза беше таа која не сакаше да се откаже. „Тој досега сеизвлекуваше, ќе го стори тоа повторно.“

Таа сакаше некој да и се противстави, но Горан немаше одговор.Дури и да имаше мислење за проблемот, не можеше да ја преведе сочовечки прифатливи термини суровоста на тоа дека мора да сеподели себеси меѓу помислата на таа сурова смрт и циничната желбаубиецот повторно да ’удри’. Затоа што – и тие сите го знаеја тоа –единствената шанса да се фати ќе биде доколку тој не запре.

Главниот инспектор Роше продолжи: „Доколку ги најдеме телата натие мали момички, барем ќе им овозможиме на нивните семејства даги погребат и ќе им дадеме гроб за да плачат над него.“ Како иобично, Роше ова го искажа на најдипломатски можен начин. Тоабеше проба за она што ќе го каже на новинарите, за да ја омекнеприказната во корист на сопствениот имиџ. Првин оплакување, патага, за да се добие во време. Потоа, истрагата и наоѓањето навиновниците.

Но Горан знаеше дека операцијата нема да биде успешна и декановинарите ќе ги напаѓаат за секој детаљ, алчно соголувајќи го негодо коска и зачинувајќи го со највалкани поединости. И повеќе од се,од тој момент на полицијата ништо нема да и се проштева. Секојнивни гест, секој збор, ќе добие вредност на ветување, на свеченаизјава. Роше беше убеден дека ’чкрабалата’ ќе може да ги држи нарастојание, хранејќи ги, одвреме-навреме, по малку со што и да ќесакаат да слушнат. И Горан го остави главниот инспектор сокревката илузија за контрола.

23

Page 24: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Мислам дека мора да му дадеме име на тој тип... пред тоа да госторат новинарите“, рече Роше.

Горан се согласи, но не поради истата причина како главниотинспектор. Како и сите криминолози кои ја претставуваат својатаработа пред полицијата, доктор Гавила имаше свои сопствениметоди. Прво и основно, да се определат особините на злосторникот,да се трансформираат се уште ретките и недефинирани елементи вонешто човечко. Затоа што, соочени со такво свирепо и немотивиранозло, секогаш сме склони да заборавиме дека единствениот одговоренза тоа, е некоја личност, како и жртвата, честопати со нормаленживот, работа или дури и со семејство. Како поддршка на своитетези, д-р Гавила им кажуваше на своите студенти дека речисисекогаш кога е уапсен некој сериски убиец, тоа се покажува какокомплетно изненадување за неговите соседи и за фамилијата.

„Нив ги нарекуваме монструми бидејќи чувствуваме дека се далекуод нас, бидејќи сакаме тие да бидат ’различни’“, зборуваше Горан насвоите семинари. „А наместо тоа, тие во секој поглед личат на нас.Но, ние преферираме да ја отстраниме идејата дека некој како нас еспособен за такво нешто. И тоа делумно го правиме за да ја’исчистиме од гревови’ нашата сопствена природа. Антрополозитетоа го нарекуваат ’деперсонализација на злосторството’ и тоа,честопати, е најголемата пречка за идентификување на серискиотубиец. Зашто човекот има слаби точки и може да биде фатен. Не итакво чудовиште.“

Поради ова, Горан, на ѕидот на својата предавална, секогаш имашецрно-бела фотографија на дете. Дебелкаво, беспомошно бебе –новороденче. Неговите студенти секојдневно ја гледаа сликата ипостојано се повеќе им се допаѓаше. Кога – повеќе или помалку, консредината на семестарот – студентите ќе собереа храброст да гопрашаат кој е тоа, тој ги предизвикуваше да погодат. Одговорите беакрајно различни и чудесни. А тој се забавуваше со нивните изрази налицата кога ќе откриеја дека детето е Адолф Хитлер.

По војната, водачот на нацистичкото движење во колективнатасвест станал монструм, и со години, земјите кои излегоа како

24

Page 25: Sepnuvacot - Donato Karizi

победници во конфликтот, се противеле на каква и да е другапретстава. Така беше поради тоа што никој не ги знаешефотографиите од детството на Фирерот. Монструмот не можел дабиде дете, тој не можел да има какви и да е други чувства освеномраза, или живот како на своите современици, кои подоцна станаанегови жртви.

„За многумина, хуманизирањето на Хитлер, на определен начин,значи негово ’објаснување’“, ќе кажеше Горан пред класот. „Ноопштеството инсистира дека екстремното зло не може да бидеобјаснето, дека не може да се сфати. Обидите да се направи тоазначи обид да се изнајде некаков начин за негово оправдување.“

Во комбито на оперативната група, Борис сугерираше дека, попоследниот случај, креаторот на гробиштата на раце би требало да сенарече „Алберт.“ Идејата беше прифатена со насмевка од ситевнатре. Решението беше донесено.

Од тој момент натаму, членовите на единицата ќе му се обраќаат наубиецот со тоа име. И ден за ден, Алберт ќе добива лик. Нос, две очи,сопствен живот. Секој ќе го задои со својата сопствена претстава,попрво отколку да го гледа само како минлива сенка.

„Алберт, а?“ На крајот на состанокот, Роше се уште ја одмерувашекориста од името за медиумите. Го префрлаше меѓу усни, сеобидуваше да го почувствува неговиот вкус. Би можело да го биде.

Но, имаше нешто друго што го измачуваше главниот инспектор.Тоа му го спомна на Горан.

„Да ти ја кажам вистината, се согласувам со Борис. СветиХристосе! Не можам да ги принудам моите луѓе да собираат труповидодека полудениот психопат не прави да изгледаме како групаидиоти!“

Горан знаеше дека кога Роше зборува за „своите“ луѓе, всушност,тоа се однесуваше на него. Тој беше оној кој се плашеше од тоа деканема да има резултати. И тој секогаш беше оној кој страхуваше деканекој ќе зборува за неефикасноста на федералната полиција доколкунема да можат да го уапсат виновникот.

А тука беше и прашањето за раката број шест. „Мислев засега да не

25

Page 26: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

ја шириме веста за постоењето шеста жртва.“Горан беше вознемирен. „Но, како ќе откриеме кој е тоа?“„Мислев на се, не грижи се...“

о текот на својата кариера, Мила Васкез имаше решеноосумдесет и девет случаи на исчезнати лица. Имаше добиено

три медали и голема доза ласкања. Ја сметаа за експерт во нејзинатаобласт, честопати беше повикувана на помош, дури и од другиединици.

Утринската акција во која Пабло и Елиза беа истовременоослободени, беше оценета како сензационален успех. Мила не кажаништо. Но се нервираше. Би сакала да ги признае сите свои грешки.Влегувањето во кафеавата куќа без да чека засилување.Потценувањето на околината и на можните стапици што гисодржеше. Таа ги изложи на ризик и заложниците и себесидозволувајќи му на осомничениот да ја разоружа и да насочи пиштолво нејзиниот врат. Конечно, непредвидувањето на самоубиството научителот по музика.

Но ништо од ова не беше спомнато од нејзините претпоставени,кои, наместо тоа, ги нагласија нејзините заслуги, овековечени одновинарите на ритуалните фотографии.

Мила никогаш не се појави на тие снимки. Официјалнотооправдување беше дека таа повеќе сака да ја заштити својатасопствена анонимност во интерес на идните истраги. Но вистинатабеше дека таа мразеше да се фотографира. Таа дури не можеше даподнесе да си го види ликот во огледало. Не поради тоа што не бешеубава, напротив. Меѓутоа, на триесет и двегодишна возраст, часовитеи часовите тренинг и ја одзедоа секоја трага на женственост. Секојалинија, секое навестување на нежност. Небаре ’да се биде жена’ е злокое треба да се искорени. Иако често носеше машка облека, таа небеше машко. Едноставно, на неа немаше ништо што го сугериранејзиниот полов ндентитет. И таа сакаше да се покажува на тојначин. Нејзината облека не беше брендирана. Фармерки што не беа

26

Page 27: Sepnuvacot - Donato Karizi

многу тесни, износени тренерки, кожна јакна. Тоа и беше облеката, итоа беше тоа. Нејзината функција беше да ја топли, или да јаприкрие. Таа не трошеше време да ја избира, таа само ја купуваше.Многу од деловите беа исти. Таа не се грижеше за тоа. Таа сакаше дабиде така.

Невидлива меѓу невидливото.Можеби поради тоа, таа исто така можеше да користи исти

простории за пресоблекување со машките полицајци од секторот.Мила помина десет минути ѕверејќи се во својот шкаф, откако цел

ден трчаше по настаните. Имаше нешто што требаше да стори, ноумот во тој момент и беше некаде на друго место. Потоа, бодежот вонејзиното бедро ја врати назад при себе. Раната повторно се бешеотворила; таа се обиде да ја запре крвта со марамче и со лепливалента, но немаше ефект. Парченцата кожа околу отворот беапремногу кратки и не успеа да стори добра работа со игла и конец.Можеби овојпат навистина ќе мора да се консултира со лекар, но несакаше да оди в болница. Премногу прашања. Реши да стави подебелзавој со надеж дека крвавењето ќе запре, а потоа повторно да сеобиде со нови шевови. Но, ќе мора да земе антибиотик за да спречидобивање инфекција. Ќе набави лажен рецепт од еден од своитеконтакти кои одвременавреме и дава информации за новитепристигнати меѓу бездомниците на железничката станица.

Станици.Чудно е, си помисли Мила. Додека за останатиот свет тие се само

место низ кое поминувате, за некого тие се последната станица.Запираат таму и никогаш повторно не си заминуваат. Станиците сееден вид пред-пекол, каде што загубените души се собираат со надеждека некој ќе дојде и ќе ги собере.

Просечно, секој ден исчезнуваат од дваесет до дваесет и пет лица.Мила ги знаеше статистиките мошне добро. Овие луѓе исчезнуваатодненадеж, без предупредување, без куфер. Како да се растопиле воништо.

Мила знаеше дека повеќето од нив се непоправливи, луѓе коиживеат од дрога и кои скршнале во животот, секогаш подготвени да

27

Page 28: Sepnuvacot - Donato Karizi

се извалкаат себеси со криминал, индивидуи кои постојано билевнатре или надвор од затвор. Но, исто така имаше некои – чудномалцинство – кои на определена точка од својот живот решаваатзасекогаш да исчезнат. Како мајката која отишла да пазари восупермаркетот и не се вратила дома, или синот или братот кои секачуваат на воз и никогаш не стигнуваат на својата цел.

Мила веруваше дека секој од нас има своја патека. Патека што водидо дома, до нашите најмили, до нештата за кои сме најмногуприврзани. Обично, патеката секогаш е иста; тоа го учиме како деца,и секој од нас ја следи заради целината на нашите животи. Но,понекогаш, патеката се прекинува. Понекогаш, таа повторно почнувана некое друго место. Или, по низа пресврти и скршнувања, таа севраќа на точката каде што е прекината. Ако не, останува закаченатаму.

Понекогаш, меѓутоа, таа се губи во темнината.Мила знаеше дека повеќе од половината од оние кои исчезнале се

враќаат и кажуваат приказна. Иако некои немаат што да кажат и гипродолжуваат своите животи како и претходно. Некои се помалкусреќни; сите останки од нив се немо и тивко тело. Потоа, има и таквиза кои никогаш повторно нема да слушнете.

Меѓу тие секогаш има дете.Има родители кои би ги дале своите животи за да дознаат што се

случило. Каде згрешиле. Кој чин на немарност ја произвел таа немадрама. Што му се случило на нивното малечко. Кој го зел нивнотодете, и зошто. Има такви кои го прашуваат Бога, барајќи одговор закој грев се казнети. Такви кои се раскинуваат себеси до крајот насвоите денови барајќи одговори, или умираат со тие прашања.„Дозволете ми да знам барем дали е мртов“, велат тие. Некоизавршуваат посакувајќи да е така, бидејќи сакаат само да плачат.Нивна единствена желба е не да се откажат, туку да можат да запратда се надеваат. Затоа што надежта убива пополека.

Но Мила не веруваше во приказната за „ослободителна вистина.“Тоа го научи наизуст, првиот пат кога најде исчезнато лице. Гопочувствува тоа и попладнево, откако ги однесе Пабло и Елиза дома.

28

Page 29: Sepnuvacot - Donato Karizi

За малото момче се врескаше од радост, свечено свиреа автомобилии се одржа парада на автомобили.

За Елиза – не; беше поминало премногу време.Откако ја спаси, Мила ја однесе во специјалистички центар, каде

што социјалните работници се погрижија за неа. И дадоа храна ичиста облека. Поради некаква причина, облеката секогаш е еден илидва броја поголема, си помисли Мила. Можеби затоа што луѓето закои била наменета ослабеле за време на тие години на заборав и биленајдени токму пред целосно да исчезнат.

Елиза немаше кажано ниту збор за сето тоа време. Таа дозволи дасе грижат за неа, прифаќајќи се што и правеа. Дури и кога Мила ирече дека ќе ја води дома, таа не кажа ништо.

Зјапајќи во својот шкаф, младата полицајка не можеше да не гивиди во своите мисли ликовите на родителите на Елиза Гомез, когатаа се појави со Елиза на нивната врата. Тие беа неподготвени, дурималку и збунети. Можеби мислеа дека таа ќе им донеседесетгодишно дете, а не оваа наполно израсната девојка со која тиевеќе немаа ништо заедничко.

Како мала момичка, Елиза била интелигентна и многу предвремесозреана. Почнала рано да зборува. Првиот збор што го изговорилабил „Меј“, името на нејзиното мече. Мајка и, меѓутоа, исто така ќе гопамети и последниот: „утре“; крајот од фразата: „ќе се видиме утре“,изговорена на излезната врата пред да отиде да спие кај својатадругарка. Но, на тоа утре му требаше многу долго за да пристигне. Инејзиното вчера беше мошне долг ден, што не покажа знаци дека ќезаврши.

Во умот на нејзините родители Елиза продолжи да живее какодесетгодишна момичка, со својата соба полна со кукли и со Божиќниподароци натрупани насекаде околу каминот. Тоа беше овековеченокако фотографија во нивната меморија, затворено како од некакваволшебна магија.

И покрај тоа што Елиза се врати, тие ќе продолжат со чекањето намалата момичка која ја имаа загубено, никогаш не наоѓајќи мир.

По прегратките со солзи и предвидливите емотивни изливи, госпоѓа

29

Page 30: Sepnuvacot - Donato Karizi

Гомез донесе и ги послужи со чај и бисквити. Таа спрема ќерка си сеоднесуваше како што би се однесувала спрема гостин. Можеби тајнонадевајќи се дека ќе си замине иа крајот од посетата, оставајќи ја неаи нејзиниот сопруг да му се вратат на чувството на загуба, за коепочнаа да мислат дека е многу удобно.

Мила секогаш ја споредуваше тагата со некој стар креденец што бисакале да го ’мавнете’, но завршува стоејќи таму каде што е, и пократко време испушта мирис што ја исполнува собата. И со текот навремето се навикнувате на него и самите завршувате како дел од тојмирис.

Елиза се врати, а нејзините родители би сакале да се ослободат одсвоето сопствено тагување и да го вратат сето сочувство што имбеше подарено за време на изминатите години. Никогаш повторно данемаат причина да бидат тажни. Колку многу храброст би требало дасе има за да му се соопшти на останатиот свет за нивната нованесреќа да имаат странец кој се шета низ куќата?

По еден час учтиво однесување, Мила се збогува и имаше чувствокако да забележа молба за помош на лицето на мајката на Елиза. „Асега што да правам?“, немо плачеше жената, преплашена однастапувањето на условите на новата реалност.

Мила, исто така, требаше да се соочи со фактот дека Елиза Гомезбеше најдена чисто случајно. Доколку нејзиниот грабнувач непочувствува потреба да го прошири „семејството“ грабнувајќи го иПаблито, никој никогаш не ќе дознаеше што се случило. А Елиза ќеостанеше затворена далеку во тој свет создаден поради неа самата, ипоради опсесијата на нејзиниот затворски чувар. Прво како ќерка,потоа како верна невеста.

Мила го затвори шкафот со тие мисли во главата. Да заборавам, дазаборавам, си рече себеси. Тоа е единствениот лек.

Секторот се празнеше и таа почувствува дека сака да си оди накајдома. Ќе се истушира, ќе отвори шише порто, со печени костени наплоча. Потоа ќе седне и ќе гледа во дрвјата надвор, низ прозорецотна дневната соба. И можеби, со малку среќа, ќе заспие рано насофата.

30

Page 31: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

Но додека се подготвуваше да се награди себеси со вообичаенатаосамена вечер, во гардеробата се појави еден од нејзините колеги.

Водникот Морексу сакаше да ја види.

ветликав слој влага ги прекриваше улиците во таа февруарскавечер. Горан излезе од таксито. Тој немаше автомобил, немаше

возачка дозвола; им додеваше на други да го одвезат онаму каде штосакаше да оди. Не дека се немаше обидено да вози, поточно, беше идобар во тоа. Но, не е препорачливо за некого да седнува зад волан,навикнат да се губи самиот себеси во длабочината на сопственитемисли. Затоа, Горан се откажа од тоа.

Откако му плати на возачот, второто нешто што го направи постапнувањето со своите чевли број 45 врз тротоарот, беше од својотжакет да ја извади третата цигара во денот. Ја запали, повлечедвапати и ја фрли. Тоа беше навика што ја создаде кога реши да сеоткаже од пушењето. Еден вид компромис, да се залаже себесипоради потребата од никотин.

Додека стоеше таму, ја здогледа својата слика што се рефлектирашена стаклото од една продавница. Застана, за да се посматра самиотсебеси неколку моменти. Неуредна брада го врамуваше неговотопреморено лице. Очилата и разбушавената коса. Беше свесен дека несе грижи премногу за себе. Но, личноста која го правеше тоа сеоткажа од таа улога пред некое време.

Впечатливо за Горан – велеше секој – е неговото долго итаинствено молчење.

И неговите очи, огромни и проникливи.Беше речиси време за вечера. Тој полека се качуваше по скалите.

Влезе во својот стан и слушаше. Поминаа неколку секунди и, кога сенавикна на новата тишина, го препозна познатиот добредојден звукна Томи, кој си играше во својата соба. Отиде накај него, но само гогледаше од вратата, без да има храброст да го прекине во тоа што гоправи.

Томи имаше девет години. Имаше кафеава коса, ги сакаше црвената

31

Page 32: Sepnuvacot - Donato Karizi

боја, кошарката и сладоледот, дури и зиме. Имаше најдобар другар,Бастијан, со кого организираа фантастични „сафари“ во училишниотдвор. Обајцата беа скаути и летото заедно отидоа на кампување.Подоцна зборуваа само за тоа.

Томи неверојатно многу личеше на мајка си, но имаше едно нештоод својот татко.

Пар огромни, проникливи очи.Кога стана свесен за присуството на Горан, тој се заврти и му се

насмевна. „Доцна е“, му рече.„Знам. Извини“, му возврати одбранбено Горан. „Дали госпоѓа Руна

одамна си замина?“„Отиде да го земе синот пред половина час.“Горан беше вознемирен. Госпоѓа Руна беше нивна дадилка неколку

години наназад. Требаше да знае дека нему не му се допаѓа Томи дабиде оставен сам дома. И ова беше една од оние непријатности коипонекогаш правеа продолжувањето со животот да се чининевозможно. Горан констатира дека е тешко самиот тој да го решисето тоа; единствената личност која ја поседуваше таа мистериознасила имаше заборавено да му ја остави книгата со магии пред да гонапушти.

Би требало да разговара со госпоѓа Руна и можеби дури и да бидемалку груб со неа. Ќе и каже да останува навечер додека тој не севрати дома. Томи стана свесен за неговите размислувања и му сестуши лицето. Затоа Горан се обиде да му ги прекине мислите,прашувајќи го: „Гладен си?“

„Изедов едно јаболко и малку крекери и испив чаша вода.“Горан весело одмавна со главата. „Тоа не е вистинска вечера.“„Тоа ми беше ужина. Но, сега би сакал нешто друго...“„Шпагети?“Томи заплеска со рацете на тој предлог. Горан го погали по

главата.Заедно ги сварија шпагетите и ја поставија масата; секој имаше

своја задача и ја исполнуваше не консултирајќи го другиот. Син мубрзо учеше и Горан беше горд на него.

32

Page 33: Sepnuvacot - Donato Karizi

Последните неколку месеци не беа лесни за обајцата.Нивните животи ризикуваа расплет. Горан се трудеше да ги држи

заедно парчињата и отсуството да го надомести со ред. Редовниоброци, прецизен распоред, воспоставување навики. Од таа гледнаточка ништо не беше променето од порано, и тоа значеше сигурностза Томи.

Тие заедно научија да живеат со таа празнина, но кога еден од нивќе посакаше да зборува за тоа, тогаш зборуваа за тоа.

Единственото нешто што веќе не го направија. беше да го кажатнејзиното име. Затоа што тоа име замина од нивниот речник. Тиеупотребуваа други начини, други изрази. Што беше чудно. Човекоткој беше загрижен за крштавање на секој сериски убиец што ќе сепојави, веќе не знаеше како да ја нарекува онаа која извесно времебеше негова сопруга и му дозволи на сина си да ја „деперсонализира“својата мајка. Таа можеше да биде некој лик во една од сказните штому ги читаше секоја вечер.

Томи беше единствената котва што се уште го држеше Горанаповрзан со светот. Во спротивно, тој само ќе требаше да го уловимоментот за да се слизне во една од јамите што секојдневно гиистражуваше, таму надвор.

По вечерата, Горан отиде и се скри во својата работна соба. Томи госледеше. Тоа беше друг ритуал. Горан седнуваше во својот крцкавстар стол, а неговиот син легнуваше помешечки долу врз рогозината,продолжувајќи ги своите замислени дијалози.

Горан ја проучуваше својата библиотека. Книгите одкриминологија, криминална антропологија и од судска медицина беаубаво наредени на полиците, секоја со својата сино-црвена корица излатно порабена. Други беа поедноставни, со поскромен повез. Тиесодржеа одговори. Но најтешкото нешто – како што секогаш имвелеше на своите ученици – беше да се изнајдат прашањата. Овиекниги беа полни со вознемирувачки фотографии. Испоранети тела,измачени, изгорени и расечени; сите строго затворени на сјајнитестраници, означени со прецизни наслови. Човеков живот редуциранна студена студија.

33

Page 34: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

Поради ова, се до неодамна, Горан не му дозволуваше на Томи даги допира книгите во библиотеката. Тој беше загрижен дека неговатаљубопитност ќе го извлече најдоброто од него, и дека отворајќи еднаод тие книги ќе открие колку насилен може да биде животот. Еднаш,меѓутоа, Томи го прекрши тоа. Го најде легнат, како што беше сега,прелистувајќи една од книгите. Горан се уште го помни испруженнад сликата на една млада жена извлечена од река, зиме. Таа бешегола, со пурпурна кожа и со неподвижни очи. Но, Томи не изгледашевоопшто вознемирен, и наместо да му се развика, Горан седна соскрстени нозе покрај него.

„Знаеш ли што е ова?“Долго време Томи рамнодушно размислуваше. Потоа одговори,

внимателно набројувајќи ги сите нешта што можеше да ги види.Зашилените раце, косата на која се зафатил мраз, очите загубени вокојзнае какви мисли. Надокрај, тој почна да фантазира за тоа штоправела во животот, за нејзините пријатели и каде живеела. ТогашГоран стана свесен дека Томи забележал се на фотографијата освенедно нешто. Смртта.

Децата не ја гледаат смртта. Бидејќи нивните животи траат колкуи денот, откако ќе станат додека одат на спиење.

Тогаш Горан сфати дека, колку многу и да се обидува, тој никогашне ќе го заштити сина си од злото во светот. Исто како што, годинипред тоа, не можеше да го спаси од она што му го стори неговатамајка.

одникот Морексу не беше како другите претпоставени на Мила.Тој не се грижеше за слава, или да има негова фотографија во

весниците. Токму затоа Мила очекуваше да и одржи „лекција“ заначинот како ја спроведе акцијата во куќата на учителот по музика.

Морексу беше груб во своето однесување и во расположението. Тојне можеше да задржи едно чувство повеќе од неколку секунди. Така,во еден момент беше бесен или мрачен, а веднаш потоа насмеан иневеројатно љубезен. Исто така, за да го избегне губењето време, тој

34

Page 35: Sepnuvacot - Donato Karizi

ги комбинираше движењата. На пример, доколку требаше да веутеши, ќе ја ставеше едната рака врз вашето рамо и во исто време ќеве водеше до вратата. Или, ќе зборуваше по телефон и со слушалкатаќе си ја чешкаше слепоочницата.

Но овојпат тој не се брзаше.Ја остави Мила да стои покрај неговото биро, без да ја покани да

седне. Потоа се загледа во неа, со нозете испружени надвор од подбирото и со свиткани раце.

„Не знам дали сфативте што се случи денес...“Таа го очекуваше ова. „Знам. Направив грешка...“„А сепак спасивте тројца луѓе.“Изјавата ја скамени на подолго.„Тројца?“Морексу се навали во столот и го погледна листот хартија пред

себе.„Нашле белешка во куќата на учителот по музика. Очигледно тој

планирал да грабне уште некого...“Водникот и подаде на Мила фотокопија од една страница од

дневник. Под денот и месецот, имаше име.„Присила?“, праша таа.„Присила“, повтори Морексу.„Која е таа?“„Среќна мала момичка.“И тоа беше се што кажа тој. Затоа што тоа беше се што знаеше.

Немаше презиме, адреса, фотографија. Ништо. Само тоа име.Присила.

„Значи, престанете да се прекорувате себеси со тоа“, завршиМорексу и, пред да може Мила да му одговори, тој додаде: „Ве видовденес на пресконференцијата: се чинеше дека ништо од тоа не Везасега.“

„Точно.“„Господи, Васкез! Дали сфаќате колку ќе ви бидат благодарни

луѓето што ги спасивте? Да не ги спомнувам нивните семејства!“Вие не го видовте изразот на лицето на мајката на Елиза Гомез,

35

Page 36: Sepnuvacot - Donato Karizi

сакаше да му каже Мила. Наместо тоа, таа само кимна. Морексу јагледаше, клатејќи ја главата.

„Откако сте овде, не сум слушнал ниту најмала поплака за Вас.“„А тоа е добро или лошо?“„Ако самата не можете да го откриете тоа, имате голем проблем,

девојко... Поради тоа, решив да ве приклучам неколку дена даработите со единицата.“

Мила не се согласи. „Зошто? Си ја работам работата и тоа еединственото нешто што ме интересира. Навикната сум да работамна овој начин. Ќе треба да ги приспособувам моите методи на некојдруг. Како можам да објаснам дека...“

„Оди и пакувај ги своите торби“, ја прекина Морексу, одбивајќи гинејзините поплаки.

„Зошто е брзањево?“„Заминуваш оваа вечер.“„Дали ова е некаков вид казна?“„Не е казна, а не е ниту одмор: тие сакаат совет од експерт. А ти си

мошне позната“Лицето на Мила стана сериозно.„За што станува збор?“„Пет киднапирани деца.“Мила имаше слушнато дека се спомнува во вестите. „Зошто јас?“,

праша.„Бидејќи се чини дека има шест, но се уште не знаат кој е тоа...“Таа би сакала повеќе детали, но Морексу очигледно реши да го

заврши разговорот. Тој повторно стана груб, подавајќи ја самопапката со која покажа на вратата.

„И Вашиот билет за воз е овде.“Мила го зеде купот хартии и се упати накај вратата. Кога ја

напушти канцеларијата, во умот си го повтори името. Присила.

36

Page 37: Sepnuvacot - Donato Karizi

Л4

аутистот пред Портата на муграта, 1967 година. Чинијаполна со тајни, 1968 година. Умагума беше во 1969 година, како

и саундтракот од филмот Повеќе. Во 1971 година беше Интрига. Нопред тоа имаше друга... во 1970 година, беше сигурен во тоа. Неможеше да се сети на насловот. На обвивката, да. Еден со крава. Даму се сневиди, како ли се викаше?

Треба да наполнам малку бензин, помисли.Мерачот за гориво покажуваше празно, а сигналната сијаличка

престана да трепка за да засвети заслепувачко црвено.Но, тој не сакаше да запре.Возеше добри пет часа и помина речиси шестотини километри. А

сепак, ставањето на таа исклучителна далечина меѓу себе и она штосе случи ноќеска не направи да се чувствува малку подобро. Рацетеги држеше вкочането на воланот. Напнатите мускули на вратот гоболеа.

За миг, тој се загледа зад себе.Не мисли на тоа... не мисли на тоа...Го држеше својот ум зафатен, пребирајќи низ познати, сигурни

мисли. Во изминатите десет минути се сосредоточи врз сетадискографија на Пинк Флојд. Но, во претходните четири часа тоа беанасловите на неговите омилени филмови, играчите во последните трисезони од хокеарскиот тим за кој навиваше, имињата на неговитестари школски другари, дури и на учителите. Стигна и до госпоѓаБергер. Што ли стана со неа? Би требало да сака да ја види повторно.Само за да ја држи таа мисла оддалечена. И сега, умот му се заглавина тој глупав албум со кравата на омотот!

А онаа мисла му се врати назад.Мораше да ја истера. Да ја врати назад во аголот на својата свест

каде што успеваше да ја затвори во разни времиња за време на ноќта.Во спротивно, пак ќе почнеше да се поти, а одвреме навреме,очајувајќи поради ситуацијата, ќе му навреа солзи, дури и ако не

37

Page 38: Sepnuvacot - Donato Karizi

траеја долго. Стравот се врати и му го зграпчи стомакот. Но тој себореше да остане со студена глава.

Мајка со атомско срце!Тоа беше насловот на плочата. За момент се почувствува среќен.

Но, тоа беше минливо чувство. Во неговата ситуација немаше многуза што да биде среќен.

Тој повторно се заврти да погледне зад себе.Потоа, повторно: Морам да ставам малку бензин.Одвреме-навреме налет на амонијак од подлошката под неговите

нозе, за да го потсети дека изгубил контрола над себе. Мускулите нанозете почнаа да го болат, а листовите да му отрпнуваат.

Луњата што речиси цела ноќ беснееше над автопатот се оддалечизад планините. Тој можеше да ги види нејзините зеленикависветкавици на хоризонтот, додека гласот од радиото соопшти новизвештај за времето. Наскоро ќе зазори. Еден час претходно излезеод наплатната рампа и се појави на автопатот. Дури и не застана зада ја плати патарината. Неговата цел во моментот беше да продолжи,да продолжи подалеку и подалеку.

Следејќи ги инструкциите што ги прими во писмото.На неколку минути го остави својот ум да талка некаде на друго

место. Но неизбежно, непрестајно се враќаше на тоа сеќавање.Стигна до хотелот Модилјани претходниот ден околу единаесет

часот претпладнето. Цело попладне ја работеше својата работа какопродавач во градот а потоа, вечерта, како што беше планирано,вечераше со едни од своите клиенти во хотелското бистро. Малку подесет часот, тој се врати во собата.

Затворајќи ја вратата, ја разлабави својата врска пред огледалото и,во тој момент, неговата рефлексија, заедно со неговата појава влажнаод пот и закрвавени очи, му го покажа вистинскиот лик на неговатаопсесија. Во тоа се претвори откако го опфати желбата.

Гледајќи се себеси, беше изненаден колку цела вечер беше добар вокриењето на вистинската природа на своите мисли од своите колеги.Им зборуваше, ги слушаше нивните бесмислени дрдорења за голф иза напорни жени, се смееше на предизвикувачките шеги за секс. Но,

38

Page 39: Sepnuvacot - Donato Karizi

тој беше на друго место. Тој уживаше во моментот кога, назад восвојата соба, го разлабавува јазолот на својата врска, кога дозволувакиселината што му го давеше грлото да се крене и да експлодира вонеговото лице во форма на сладникав, тежок здив и подмолен израз.Вистинското лице под маската.

Во засолнатоста на својата соба, тој конечно можеше да му дадеоддишка на нагонот што го притискаше во градите и во панталоните,создавајќи му страв дека исто така може и да експлодира. Но, сепак,тоа не се случи. Му појде од рака да се контролира себеси.

Затоа што наскоро ќе замине.Како и секогаш, се колнеше дека тоа ќе биде последен пат. Како и

секогаш, ова ветување го повторуваше пред тоа и потоа. И, како исекогаш, ветувањето ќе биде прекршено, а потоа обновено следниотпат.

Го напушти хотелот околу полноќ, на врвот на својата возбуда.Почна да денгуби: беше поранил. Тоа попладне, меѓу задачите, сеосигури дека се оди според планот, така што нема да има проблеми.Ова го подготвуваше два месеца, внимателно дресирајќи ја својата„пеперутка.“ Чекањето беше капар за секаков вид задоволство. А тојго имаше вкусено тоа. Ги провери сите детали, затоа што кој и да еод нив може да открие се. Но тоа нема да му се случи нему. Тоа немуникогаш не му се случи. Сега, откако беа откриени гробиштата нараце, мораше да преземе дополнителни мерки на претпазливост.Наоколу имаше многу полиција, и секој изгледаше дека е на штрек.Меѓутоа, тој знаеше како да биде невидлив. Немаше од што да сеплаши. Само треба да се отпушти. Наскоро ќе ја види пеперутката напатот, на местото за кое се договорија ден претходно. Секогаш сеплашеше дека тие би можеле да го променат мислењето. Дека нештоќе тргне наопаку. И потоа тој ќе биде тажен, таа скапана тага на којаи требаат денови за да се развее. И, што е најлошо, не можеш да јаскриеш. Но, тој продолжи да си повторува себеси дека и овојпат, истотака, се ќе биде одлично.

Пеперутката ќе дојде.Тој брзо ќе и помогне да влезе во автомобилот, прифаќајќи ја со

39

Page 40: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

вообичаените љубезности. Со оние што им помагаат на работите,што прават се да е убаво, што ги развејуваат сомневањатапредизвикани од стравот. Ќе ја одведе до местото што за нив гоодбра тоа попладне, завртувајќи на мал селски пат од каде што можеда се види езерото.

Пеперутките секогаш имаат мошне пробивен мирис. Мастики заџвакање, патики за в сала. И пот. Тој го сакаше тоа. Тој мирис сегабеше дел од неговиот автомобил.

Дури и сега можеше да го намириса, измешан со мирисот на урина.Тој повторно плачеше. Толку многу нешта се случија од тој момент.Работите брзо се менуваа, од возбуда и среќа, до страв и очајание.

Погледна зад себе.Треба да ставам малку бензин.Но потоа заборави и, вдишувајќи полни гради од тој загаден воздух,

уште еднаш се нурна во сеќавањето за она што се случи потоа...

едеше во автомобилот, чекајќи ја пеперутката. Непроѕирнатамесечина се појавуваше одвреме навреме меѓу облаците. За да ја

растера нервозата, тој повторно го разгледа планот. Првин, ќеразговараат. Но тој повеќе ќе слуша. Бидејќи знаеше декапеперутките секогаш имаат потреба да го добијат она што не можатна друго место: внимание. Тој ја играше својата улога до перфекција.Слушајќи ја трпеливо својата мала жртва која, отворајќи му госрцето, себеси се прави послаба. Ослабува нејзината одбрана и мудозволува непречено да навлезе во подлабоките територии.

Блиску до пукнатината во душата.Тој секогаш го кажуваше само вистинското нешто. Везден го

правеше тоа. На тој начин стана нивни учител. Беше убаво некој дасе учи на своите сопствени желби. Точно да се објасни што треба, даим се покаже како е направено. Тоа беше важно. Да стане нивнотоучилиште, нивни терен за тренинг. Да им се даде лекција за тоа штое пријатно.

Но токму додека ја составуваше таа волшебна лекција што ќе му ги

40

Page 41: Sepnuvacot - Donato Karizi

отвори сите врати на блискоста, расеано погледна во ретровизорот.Во тој момент го виде тоа.Нешто помалку цврсто од сенка. Нешто што би можеле навистина

да не го гледате, затоа што доаѓа право од вашата фантазија. Тојгледаше фатаморгана, илузија.

Веднаш до прозорецот.Здодевното „клик“ на отворањето врата. Рака што се вовлекува во

просторот и го фаќа за грлото, стегајќи го. Без можност да реагира.Налет од студен воздух ја исполни внатрешноста на автомобилот итој јасно се сети, помислувајќи: заборавив да ја заклучам вратата!Бравите! Не дека ќе беа доволни да го запрат.

Човекот беше забележливо силен и успеа да го извлече одавтомобилот само со една рака. Неговото лице беше покриено со ски-маска. Додека го држеше во воздух, си помисли на пеперутката:драгоцениот плен што имаше толку главоболки да го привлече, сегабеше загубен.

Овојпат, тој беше пленот.Човекот го намали стисокот на неговиот врат и го фрли наземи.

Потоа престана да се интересира за него и се врати назад кај својотавтомобил. Отиде да земе оружје што ќе го употреби да медокусури! Воден од очајничкиот инстинкт за преживување, се обидеда се влече по влажната и студена земја, дури иако на човекот со ски-маска му требаа само неколку чекори да го стигне и да го заврши тоашто го почна.

Луѓето навистина прават такви бесмислени потези кога сеобидуваат да избегаат од смртта, помисли сега, во застојаниот мирисна својот автомобил. Некои луѓе ги испружуваат рацете кога ќе сесоочат со цевката на пиштолот и се завршува само со тоа штокуршумот ќе ги продупчи нивните дланки. А за да избегаат од оган,некои луѓе скокаат преку прозорците на зградите... Се обидуваат даго избегнат неизбежното, и себеси се прават смешни.

Никогаш немаше помислено дека и припаѓа на таа група луѓе.Секогаш беше сигурен дека со смртта ќе може да се судри содигнитет. Но таа ноќ, се најде себеси извивајќи се како црв, наивно

41

Page 42: Sepnuvacot - Donato Karizi

молејќи за сопствената сигурност. Успеа да се излази само неколкуметри.

Потоа се онесвести.Го повратија две едноставни шлаканици. Човекот со маската се

вратил. Стоеше над него, гледајќи го со две безживотни, темни очи.Не носеше оружје. Тој со главата покажа накај автомобилот и самому рече: „Александар, сега оди и не запирај.“

Човекот со ски-маска го знаеше неговото име.Тоа првин го погоди како нешто разумно. Но, кога повторно ќе

размисли, тоа беше нештото што најмногу го уплаши.Да избега оттаму. Тогаш не веруваше во тоа. Стана од земјата и се

затетерави накај автомобилот, обидувајќи се да брза поради стравотдека другиот човек би можел да се премисли. Веднаш седна задволанот, погледот се уште му беше замаглен, а рацете му се тресеатолку многу што не можеше да го запали моторот. Потоа, конечно,неговата долга ноќ на патот почна. Далеку одовде, колку што еможно подалеку...

Треба да ставам малку бензин, си помисли, повторно станувајќипрактичен.

Во резервоарот веќе имаше само пареа. Внимаваше на знаците забензинска пумпа, прашувајќи се дали и ова не беше дел од задачатапоставена претходната ноќ.

Не запирај.Неговите мисли ги исполнуваа две прашања. Зошто човекот со ски-

маската му дозволи да замине? Што се случило додека беше вонесвест?

Ги доби одговорите во еден часот по полноќ, кога, во еден моментна чиста свест, слушна звук.

Нешто стругаше кај моторот, придружено со ритмично, металноудирање – тум, тум, тум – непријатно и непрестајно. Тој мора да мунаправил нешто на автомобилот; порано или подоцна едно одтркалата ќе се разлабави и ќе се одвои од оската и јас ќе ја заѓубамконтролата и ќе удрам во заштитната ограда! Но ништо од тоа несе случи. Зашто звукот не беше механички. Но го откри тоа дури

42

Page 43: Sepnuvacot - Donato Karizi

подоцна... и покрај тоа што се уште не можеше да си го признаесебеси.

Во тој момент се појави знак на патот: најблиската бензинскапумпа беше на помалку од осум километри оддалеченост. Ќе отидетаму, но ќе мора да биде брз.

Со таа помисла тој заврти по којзнае кој пат.Но неговото внимание не беше насочено на патот што го

напушташе или на автомобилите зад него.Не, неговиот поглед застана пред да стигне таму, многу пред тоа.Она што го прогонуваше не беше на патот. Тоа беше многу

поблиску од патот. Тоа беше изворот на звукот. Тоа беше нешто одкое не можеше да се оддалечи.

Тоа беше нештото во неговиот багажник.Тоа беше она што го тераше да се џари постојано. Иако се

обидуваше да не мисли што би можело да биде. Но, додекаАлександар Берман се заврти за да гледа право напред, веќе бешепремногу доцна. Полицаецот на работ на коловозот му сигнализирада се тргне настрана.

43

Page 44: Sepnuvacot - Donato Karizi

М5

ила слезе од возот. Лицето и беше живо, но очите потечени однепроспиената ноќ. Чекореше под покривот на станицата.

Зградата се состоеше од величествен главен хол од осумнаесеттиотвек и од огромен трговски центар. Се беше чисто и уредно. Сепак, понеколку минути, Мила ги знаеше сите нејзини темни агли. Местатакаде што ќе бара исчезнати деца. Каде што животот е купен ипродаден, каде што е вгнезден или скриен.

Но тоа не беше причината што беше таму.Двајца колеги ја чекаа во канцеларијата на полицијата на

железничката станица. Набиена жена на околу четириесет години, сомаслинест тен и големи колкови, премногу големи за фармеркитешто ги носеше. И човек од околу триесет и осум години, многу високи добро граден. Тој ја натера да помисли на момците од селото кадешто порасна. Излегуваше со двајца од нив во средното училиште. Сиприпомни колку беше невешто нивното додворување.

Човекот и се насмевна, но колешката само ја гледаше, со еднатавеѓа крената. Мила пристапи кон ритуалот на запознавање. Сара Розаги промрмори своето име и чинот. Но, мажот ја подаде раката, јаснокажувајќи: „Здраво, специјален агент Клаус Борис.“ Потоа се понудида ја земе нејзината платнена торба.: „Дозволете ми.“

„Не, благодарам, можам и самата“, му рече Мила.Но тој инсистираше: „Воопшто не е проблем.“Неговиот тон и упорниот начин на кој и се смееше, и кажаа на

Мила дека агентот Борис по малку мора да е од дон жуаните, убедендека би можел да го употреби својот шарм на секоја жена која ќе мусе најде во близина. Беше сигурна дека тој решил да се обидеведнаш, откако ја здогледал во далечината.

Борис предложи да се напијат кафе пред тргнување, но Сара Розазначајно го погледна.

„Што се случува? Што реков?“, се правдаше тој.„Немаме многу време, се сеќаваш ли?“, му врати жената презриво.

44

Page 45: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Нашата колешка долго патувала и само си мислев дека...“„Нема потреба“, пресече Мила. „Добро се чувствувам, благодарам.“Мила немаше намера да се најде на спротивната страна со Сара

Роза, која не изгледаше како да го цени фактот што Мила е дојденада работи заедно со нив.

Стигнаа до автомобилот на паркингот и Борис седна на возачкотоседиште. Роза седна крај него. Мила се смести назад, заедно сосвојата платнена торба. Се извлекоа од сообраќајот и тргнаа накајпатот што водеше покрај реката.

Сара Роза се чинеше повознемирена што треба да се однесува какопридружба на колешката. Борис не изгледаше дека се грижи за тоа.

„Каде одиме?“, праша Мила срамежливо.Борис ја погледна во ретровизорот. „Во Главното седиште.

Главниот инспектор Роше треба да разговара со тебе. Ќе ти дадеинструкции.“

„Никогаш досега не сум работела со случаи на сериски убијци“,забележа Мила.

„Нема да мораш да фатиш ниту еден“, и одговори Роза кисело. „Ниеќе се погрижиме за тоа. Твојата единствена задача е да го откриешимето на шестото дете. Се надевам дека можеше да го проучишдосието...?“

Мила не и обрна внимание на нотата на самозадоволство во гласотна колешката додека мислеше на непроспиената ноќ што ја поминанад содржината на пликот. Фотографиите на закопаните раце.Скудните судско-медицински податоци за возраста на жртвите и захронологијата на смртта.

„Што се случило во таа шума?“, праша таа.„Тоа е најголемиот случај години наназад“, рече Борис, за момент

тргајќи ги рацете од воланот, возбуден како мало дете. „Никогаш не евидено такво нешто. Според мене, гомнениците ќе го зафататнајвисокото ниво. Затоа Роше го заѕида случајов.“

Вулгарниот сленг на Борис, фактички, ја вознемири Роза, меѓутоа иМила, исто така. Таа никогаш го немаше сретнато главниотинспектор, но веќе знаеше дека неговите луѓе не го почитуваат

45

Page 46: Sepnuvacot - Donato Karizi

многу. Се разбира, Борис беше подиректен, но ако тој си ја земашеоваа слобода пред Роза, тоа значи дека таа се согласува со него, ипокрај тоа што не покажуваше. Не оди на арно, помисли Мила. Таареши самата да го процени Роше и неговите методи, да не биде подвлијание на коментарите што би можела да ги слушне.

Роза го повтори прашањето и дури тогаш Мила забележа дека таанејзе и зборува.

„Дали таа крв е твоја?“Сара Роза се имаше завртено во своето седиште и покажуваше

надолу кон местото. Мила погледна во своето бедро. На нејзинитепанталони имаше дамки крв; раната се отворила. Ја стави дланкатаврз местото и набрзина објасни.

„Паднав кога џогирав“, излажа таа.„Добро, обиди се да ја заздравиш таа рана. Не сакаме твојата крв да

загрози кој и да е од нашите примероци.“Мила одеднаш се почувствува засрамена од прекорот, но не многу,

затоа тоа што Борис преку ретровизорот зјапаше во неа. Таа сенадеваше дека ќе запре тука, но Роза не ја заврши својата лекција.

„Еднаш, еден новопечен, кој требаше да внимава на местото насексуално злосторство, отиде и се измоча во бањата на жртвата.Потрошивме шест месеци ловејќи дух, мислејќи дека убиецотзаборавил да пушти вода.“

Борис се насмеа потсетувајќи се на тоа. Сепак, Мила се обиде да госмени предметот на разговор.

„Зошто ме повикавте? Не можете ли да ја најдете момичката самоако го погледнете списокот на исчезнувања во изминатите месеци?“

„Не прашувај не нас...“ рече боцкаво Роза.Валкана рабоша, помисли Мила. Беше премногу очигледно дека ова

е причината поради која е викната. Роше сакаше случајот да му годаде на некого надвор од единицата, кој не е многу близок со него, даостави да ја преземат вината доколку шестото тело остане безимено.

Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.„Што е со семејствата на останатите пет?“, праша Мила.„Тие исто така ќе дојдат во Главното седиште, заради ДНК тест.“

46

Page 47: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила помисли на тие сироти родители, принудени да се подложатна ДНК лотарија, за да бидат уверени дека крвта на нивната крв еварварски убиена. Наскоро нивните животи ќе се променатзасекогаш.

„А што знаеме за монструмот?“, праша таа, обидувајќи се да сеодвои од таа мисла.

„Ние не го нарекуваме монструм“, напомна Борис. „Тоа би годеперсонизирало.“ Додека го кажуваше тоа, Борис размени значаенпоглед со Роза. „Д-р Гавила не го сака тоа.“

„Д-р Гавила?“, повтори Мила.„Ќе го сретнеш.“Непријатноста кај Мила се зголеми. Беше очигледно дека нејзиното

скудно знаење за случајот ја става во неповолна положба наспротинејзините колеги, кои би можеле да се шегуваат на нејзина сметка.Но повторно, таа не кажа ниту збор за да се одбрани себеси.

Роза, од друга страна, немаше намера да ја остави на мир и созадоволство ја притискаше: „Види, драга моја, не би требало дабидеш изненадена доколку не сфатиш како стојат нештата. Сигурнасум дека си добра во својата работа, но ова е различно, бидејќисериските убијци имаат различни правила. И тоа се пренесува, истотака, и на жртвите. Тие не сториле ништо за да го заслужат тоа.Нивниот единствен престап, најчесто, е тоа што се случило да бидатна погрешно место во погрешно време. Или, кога излегле од дома,носеле некоја особена боја попрво отколку друга. Или, пак, како вонашиот случај, нивниот престап бил тоа што се мали момички,белки, и што имале меѓу девет и тринаесет години... Не сфаќај го ована погрешен начин, но ти не можеш да ги знаеш овие нешта. Не еништо лично.“

Да, сигурно, верувам во тоа, помисли Мила. Откако се сретнаа,Роза правеше се да биде лично. „Брзо учам“, и одговори Мила.

Роза се заврти и ја погледна, со сериозно лице: „Имаш ли деца?“Мила за миг се зачуди. „Не, зошто? Каква врска има тоа?“„Затоа што кога ќе ги најдеш родителите на шестата момичка, ќе

мора да им ја кажеш ’причината’ зошто нивната прекрасна ќерка

47

Page 48: Sepnuvacot - Donato Karizi

била така третирана. Но ти нема да знаеш ништо за нив, за жртвитешто ги прават за да ја пораснат и да ја школуваат, за непроспиенитеноќи кога имала температура, за заштедата што ја оставале настраназа нејзиниот факултет, за да бидат сигурни дека таа ќе има иднина,за часовите поминати играјќи си со неа, или помагајќи и во нејзинитедомашни задачи.“ Гласот на Роза стануваше се поналутен. „Иникогаш нема да знаеш зошто три од тие момички имале ист сјаенлак на своите нокти, или дека едното од нив имало стара лузна насвојот лакот затоа што можеби паднало од велосипед кога имало петгодини, или дека сите тие биле млади и слатки и нема да ги знаешсништата и желбите што ги имале на таа невина возраст и коишто сеуништени засекогаш! Ти не ги знаеш овие нешта затоа што никогашне си била мајка.“

„Холи“, отсечно одговори Мила.„Што?“ Сара Роза се ѕвереше во неа, не сфаќајќи.„Марката на лакот за нокти се вика Холи. Од типот сјајни лакови,

корална прав. Пред еден месец едно тинејџерско списание го давашебесплатно, како подарок. Затоа го имале сите три: навистина бешеуспешен. Исто така, една од жртвите носела прекрасна бразлетна.“

„Не најдовме бразлетна“, рече Борис, кој се заинтересира.Мила извади една од фотографиите од фасциклата. „Тоа е број два,

Анеке. Кожата околу нејзиниот зглоб е побледа. Знак дека носеланешто на тоа место. Можеби убиецот и ја извадил, можеби таа јазагубила кога била киднапирана или за време на борбата. Сите биледеснучарки, освен една: таа има траги од мастило на страната напоказалецот, била левучар.“

Борис беше импресиониран, Роза зјапаше. Мила зборуваше каконадојдена река. „И уште нешто: бројот шест, онаа чиешто име не гознаеме, се познавала со онаа која прва исчезна, со Деби.“

„Како, по ѓаволите, го знаеш тоа?“, ја праша Роза.Мила ги вадеше една по една фотографиите на рацете од

фасциклата. „Има мала црвена точка на врвот на показалецот нарацете од двете момички. Тие се посестрими.“

48

Page 49: Sepnuvacot - Donato Karizi

О

дделот за бихевиористички науки на Федералната полицијаглавно се занимаваше со брутални злосторства. Роше беше

негов шеф осум години и беше во можност од корен да го променинеговиот стил и методи на работа. Тој, фактички, беше оној кој им гиотвори вратите на цивили како Д-р Гавила кој, поради неговитестатии и истражувања, едногласно беше прогласен за најиновативенмеѓу актуелните криминолози.

Во истражната единица, агент Стерн беше офицер за информации.Беше најстар и со највисок чин. Неговата работа опфаќаше собирањеподатоци кои потоа се употребуваа за формирање паралелниграфички анализи и траги со други случаи. Тој беше „меморијата“ нагрупата.

Сара Роза беше офицер за логистика и компјутерски експерт. Таанајголемиот дел од времето го поминуваше проучувајќи новитехнологии и имаше поминато посебна обука за планирањеполициски операции.

Конечно, тука беше Борис, офицер за испрашување. Неговаодговорност беше да ги испрашува вмешаните луѓе со употреба нанајцелисходни методи и да дојде до можното признание од страна навиновникот. Беше специјалист во сите видови техники со кои ќе сепостигне таа цел. И, обично, ја постигнуваше.

Роше издаваше наредби, но суштински не ја раководеше единицата:истрагата ја водеше интуицијата на Д-р Гавила. Главниот инспекторбеше повеќе од се политичар и неговата кариера честопати гидиктираше неговите одлуки. Тој сакаше да се појавува во јавноста ида ги „собира“ заслугите за истрагите кои добро се одвиваа. Но, кајоние кои не беа успешни, ја делеше одговорноста со целата група,или, како што тој ја нарекуваше, „Единицата на Роше.“ Овој метод мудонесе ненаклонетост и, честопати, непочитување од подредените.

Сите се наоѓаа во собата за состаноци на шестиот кат на зградаташто беше дом на Главното седиште на Одделот во центарот наградот.

Мила седна во последниот ред. Во тоалетот таа повторно ја

49

Page 50: Sepnuvacot - Donato Karizi

истретира раната на ногата, затворајќи ја со два слоја фластер. Потоаги промени своите фармерки со други исти такви.

Погледна наоколу, оставајќи ја својата торба на подот. Вонесмасниот човек веднаш го препозна главниот инспектор Роше. Тојнешто живо му раскажуваше на еден скромен човек со аура наљубопитност. Сива светлина. Мила беше сигурна дека надвор од оваасоба, во реалниот свет, човекот би исчезнал како дух. Но овде,неговото присуство имаше значење. Тој очигледно беше Д-р Гавила,за кого Борис и Роза зборуваа во автомобилот.

Во човекот имаше нешто што веднаш правеше да ја заборавитенеговата истуткана облека и неуредната коса.

Тоа беа неговите очи, огромни и проникливи.Продолжувајќи го разговорот со Роше, тој ја погледна Мила,

уловувајќи ја in flagrante. Таа неснаодливо го сврти погледотнастрана, а по извесно време и тој го стори истото, одејќи да седненедалеку од неа. Од тој момент натаму, наполно ја игнорира, а понеколку минути состанокот почна и официјално.

Роше застана на платформата и почна да зборува со свеченодвижење на раката, како да му зборува на некој огромен аудиториум,а не на петмина луѓе.

„Само што го слушнав научниот извештај: нашиот Алберт неоставил траги зад себе. Тој навистина знае што прави. Нема нитутрага, ниту отпечаток на прст во малите гробишта на раце. Тој самони остави да најдеме шест мали момички. Шест трупови... и имиња.“

Потоа инспекторот го покани Горана да зборува, но овој не му сепридружи на платформата. Наместо тоа, остана на своето место, соскрстени раце и со нозете испружени под редот столови пред него.„Алберт од почеток знаел како ќе се развиваат нештата. Тој гипредвидел до најмалиот детаљ. Тој е единствениот што ја раководипретставата. И шест е комплетниот број во формулата на серискиотубиец.“

„666, бројот на ѕверот“, Мила се вмеша инстинктивно. Сите сезавртија накај неа со прекорни изрази на лицата.

„Да не користиме баналности од таков вид“, рече Горан, а Мила

50

Page 51: Sepnuvacot - Donato Karizi

почувствува како тоне во подот. „Кога зборуваме за комплетен број,мислиме на фактот дека субјектот веќе комплетирал една серија, илиповеќе.“

Одвај забележително, Мила се намршти и Горан претпостави декатаа не разбрала, па објасни подобро: „Некого нарекуваме серискиубиец ако има убиено три пати употребувајќи слични методи.“

„Само два трупа го прават повеќекратен убиец“, додаде Борис.„Затоа шест жртви се две серии.“„Значи тоа е еден вид ред?“, праша Мила.„Не. Тоа значи дека ако убиеш по третпат, нема да запреш“, рече

Роза, завршувајќи ја дискусијата.„Рестриктивните сопирачки се олабавени, чувството на вина е

смалено и сега убивате механички“, заклучи Горан и се заврти накајдругите. „Но, зошто ништо не знаеме за телото број шест?“

Роше додаде: „Ние сега знаеме едно нешто. Од она што го слушнав,нашата почитувана колешка не снабди со индиции за кои сметамдека се важни. Таа ја поврза безимената жртва со Деби Гордон,нашиот број еден.“ Роше го кажа ова небаре идејата на Милафактички била негова. „Агент Васкез, ќе бидете ли љубезна да ни гикажете резултатите од Вашата истражувачка интуиција?“

Мила повторно се најде во центарот на вниманието. Погледна восвоите белешки, обидувајќи се да стави некаков ред во мислите предда почне да зборува. Во меѓувреме, Роше и кимна да стане.

Мила се исправи на нозе. „Деби Гордон и детето број шест сепознавале едносодруго. Се разбира, ова е само претпоставка од мојастрана, но би можело да го објасни фактот што двете имаатидентичен знак на нивните показалци...“

„Што точно е тоа?“, праша Горан заинтересирано.„Па... тоа е оној ритуал на боцкање на врвот на – прстот со игла и

со мешање на крвта со допирање на прстите: адолесцентска верзијана крвен пакт. Тоа обично се прави за да се освети пријателството.“

Мила самата го имаше тоа направено со својата пријателкаГрациела; тие употребија ’рѓосана шајка затоа што иглите им сечинеа премногу „женски.“ Одеднаш во умот и навреа сеќавања.

51

Page 52: Sepnuvacot - Donato Karizi

Грациела беше нејзина другарка во игрите. Секоја ги знаеше тајнитена другата, дури еднаш тие си го делеа и момчето, иако тоа ништо незнаеше за ова. Му дозволија да верува дека тој е еден интелигентентип кој успеал да излегува со две пријателки без тие да забележат.Што се случи со Грациела? Ја немаше слушнато со години. Прераного загубија контактот, и никогаш веќе не се сретнаа.

И уште си имаа ветено вечно пријателство. Зошто толку лесно јазаборави?

„Ако е така, детето број шест би можело да е врсник на Деби“,заклучи таа.

„Баровиот тест на телото на екстремитетот на шестото тело јапоткрепува оваа теза: жртвата имала дванаесет години“, рече Борис,кој не можеше да дочека за да добие поени кај Мила.

„Деби Гордон посетувала ексклузивно интернатско училиште. Не еверојатно дека нејзината сестра можела да биде нејзина соученичка,бидејќи никој од другите ученици не недостига.“

„Тогаш морала да ја сретне надвор од училиштето“, и упаднаповторно Борис.

Мила потврди со главата. „Деби била во училиштето осум месеци.Мора да се чувствувала мошне осамено далеку од дома.Претпоставувам дека тешко и одело зближувањето со другимомички. Мислам дека својата сестра ја сретнала во други услови.“

„Би сакал да отидеш и да ја разгледаш собата на момичките воучилиштето: оттаму би можело нешто да излезе“, рече Роше.

„Би сакала, исто така, да зборувам и со родителите на Деби,доколку е можно.“

„Се разбира, сторете го она што го сметате за потребно.“Пред да може да продолжи главниот инспектор, некој чукна на

вратата. Трипати. Веднаш потоа влезе низок човек со бела кошула,иако никој не го покани внатре. Имаше остра коса и необичнибадемлија очи.

„Ах, Чанг“, му се обрати Роше наместо добредојде.Човекот беше медицински иследник што се занимаваше со

случајот. Мила речиси веднаш сфати дека тој всушност не беше од

52

Page 53: Sepnuvacot - Donato Karizi

Истокот. Името му беше Леонард Врос, но секој го знаеше како Чанг.Малиот човек дојде и застана покрај Роше. Носеше досие што

веднаш го отвори, и покрај тоа што немаше потреба да ја читасодржината бидејќи ја знаеше наизуст. Можеби држењето нахартиите пред себе му даваше чувство на сигурност.

„Би сакал да слушате внимателно што открил д-р Чанг“, речеглавниот инспектор. „И покрај тоа што знам дека за некој од васможеби ќе биде тешко да сфати определени детали.“

Забелешката се однесуваше на неа, Мила беше повеќе од сигурна вотоа.

Чанг ги стави очилата што ги држеше во џебот на кошулата, сенакашла и почна да зборува. „Состојбата на зачуваност на останките,и покрај тоа што биле закопани, е одлична.“

Ова ја потврдуваше идејата дека не поминало многу време одформирањето на гробиштата на раце и нивното откривање.Патологот навлезе во многубројни детали. Но, кога Чанг конечнотребаше да го илустрира методот со кој шесте мали момички билеубиени, тој отиде веднаш на поентата. „Тој ги убил отсекувајќи им гирацете.“ Повредите имаа свој сопствен јазик што го употребуваат закомуникација. Мила тоа го знаеше многу добро. Кога патологот јазаврти страницата од досието на зголемената фотографија на една одрацете, таа веднаш ги забележа црвениот круг околу резот искршената коска. Течењето крв низ ткивото е првиот знак далиповредата е смртоносна или не. Ако е зададена на телото, немаактивност на срцевата пумпа, така што крвта пасивно истекува одраскинатите крвни садови, без да се таложи во околното ткиво. Оддруга страна, доколку ударот е зададен кога жртвата се уште билажива, срцето ја турка крвта во повреденото ткиво во очајнички обидда создаде лузна. Спасувачкиот механизам кај малите момичкизапрел во моментот кога раката им била отстранета.

Чанг продолжи: „Повредата е нанесена на половина пат надолуспрема брахијалниот бицепс. Коската не е оштетена, преломот ечист. Убиецот мора да употребил прецизна пила: не најдовменикакви метални струготини покрај маргините на повредата.

53

Page 54: Sepnuvacot - Donato Karizi

Хомогеноста на пресекот на крвните садови и на тетивите ниукажува дека ампутацијата била извршена со она што јас би гонарекол хируршка вештина. Смртта била предизвикана од крвавење.“Потоа додаде: „Тоа била одвратна смрт.“

На таа реченица, Мила почувствува импулс да ги спушти очите вознак на почит. Но, веднаш забележа дека би била единствената.

Чанг продолжи: „Би рекол дека ги има убиено веднаш: не билзаинтересиран да ги држи живи подолго од потребното, и не седвоумел. Методите на убивање се исти кај сите жртви. Со исклучокна една..“

Неговите зборови висеа во воздухот пред да паднат како капкисмрзната вода врз оние што ги слушаа.

„Како мислите?“, праша Горан.Чанг ги крена очилата нагоре од врвот на носот и се загледа во

криминологот. „Затоа што за едната од нив било дури и полошо.“Собата ја обвитка апсолутна тишина.„Токсиколошките анализи открија траги на фармаколошки коктел

во крвта и во ткивото. Во овој случај: антиаритмици, какодисопиламид, АГЕ инхибитори и атенолол, што е бета-локатор...“

„Тој го намалил нејзиниот пулс, симнувајќи го притисокот истовреме“, додаде Горан Гавила, кој веќе имаше разбрано се.

„Зошто?“, праша Стерн, кому воопшто не му беше јасно.Една гримаса, како горчлива насмевка, се покажа на усните на

Чанг. „Го забавил нејзиното крвавење за да умре таа побавно... тојсакал да ужива во претставата“

„Кое дете било тоа?“, праша Роше, и покрај тоа што сите го знаејаодговорот.

„Број шест.“Овојпат на Мила не и беше потребно да биде експерт за сериски

убијци за да открие што се случило. Медицинскиот иследникефектно изјави дека убиецот ги менувал своите modus operandi. Значидека станал сигурен во врска со она што го правел. Тојекспериментирал со нова игра. И таа му се допаднала.

„Тој направил промена затоа што бил среќен со резултатот.

54

Page 55: Sepnuvacot - Donato Karizi

О

Станувал се подобар и подобар“, заклучи Горан. „Од тоа можеме дазаклучиме дека тој уживал во тоа.“

Мила одненадеж сети чудно чувство. Тоа беше она треперење водолниот дел на вратот што секојпат ја предупредуваше дека сеприближува до решението на еден од нејзините случаи на исчезнатилица. Тоа беше тешко да се објасни. Кога тоа ќе се случеше,нејзиниот ум откриваше неочекуван факт. Обично таа перцепцијатраеше подолго, но овојпат, исчезна пред да може да ја зграпчи.Некои зборови на Чанг и побегнаа.

„Уште едно нешто...“ Докторот се заврти накај Мила: и покрај тоашто не ја знаеше, таа беше единственото непознато лице во таа соба,и мора да бил веќе информиран за причината за нејзиното присуство.„Родителите на исчезнатите момички се во соседната соба.“

д прозорецот на станицата на сообраќајната полиција, скриендалеку меѓу планините, Александар Берман можеше да ужива

во целосниот поглед на паркингот. Неговиот автомобил беше долу,во петтиот ред. Од таа точка, му се чинеше мошне далеку.

Сонцето, веќе високо на небото, правеше каросеријата да светка.Никогаш не можеше да замисли дека по невремето од минатата ноќ,денот ќе биде ваков. Прилегаше на доцна пролет и речиси бешетопло. Незабележливо ветре пиркаше низ отворениот прозорец,носејќи чувство на смиреност. Тој беше целосно исполнет.

Кога беше запрен на патот долу, не беше вознемирен, не го фатипаника. Остана внатре во автомобилот, со здодевното чувство навлажност меѓу нозете.

Од возачкото седиште имаше одличен поглед на полицајцитепокрај полицискиот автомобил. Еден од нив ја држеше футролата сонеговите документи, разгледувајќи ги, диктирајќи му ги податоцитена другиот кој, пак, ги проследуваше преку радиоврска.

Наскоро ќе се вратат и ќе ме натераат да го отворамбагажникот, помисли тој.

Полицаецот кој го запре беше мошне учтив. Го праша за светлата

55

Page 56: Sepnuvacot - Donato Karizi

за магла и сочувствуваше со него додека му кажуваше дека не музавидува што морал да вози цела ноќ на такво ужасно време.

„Вие не сте од околината“, му рече додека ја проверувашерегистрацијата.

„Не, во право сте“, му одговори Александар. „Јас сум од другоместо.“

Конверзацијата заврши на тоа. За момент, тој си помисли да имкаже се, но се предомисли. Моментот се уште не е дојден. Потоаполицаецот се оддалечи накај својот колега. Александар Берман незнаеше што ќе се случи, но првпат попушти неговиот стисок наволанот. Крвта почна повторно да циркулира низ неговите раце, анивната боја се врати.

И – се најде себеси размислувајќи повторно за своите пеперутки.Толку нежни, толку несвесни за магијата во која се фрлени. Додека

го запираше времето за нив, правејќи ги свесни за тајните на својотзанес, другите само се исцрпуваа од својата убавина. Тој се загрижиза ова. По се, за што можеа да го обвинат?

Кога го виде полицаецот како се враќа накај неговиот прозорец,овие размисли одненадеж избегаа, а тензијата, што за момент бешеолабавена, повторно се зголеми. Им требаше предолго време, сипомисли. Додека се враќаа, полицаецот ја држеше едната рака насвојот колк, во висина на ременот. Берман знаеше што значи тојпотег. Значеше дека само што не го повлекол својот пиштол. Когаконечно се приближи, го слушна како кажува нешто што тој не гоочекуваше.

„Би сакале да не следите до станицата, господине Берман. Вашатасообраќајна дозвола недостига во документацијата.“

Тоа е чудно, си помисли. Сигурен сум дека ја ставив таму. Но,потоа сфати: човекот со ски маската ја извадил кога тој бешеонесвестен... И сега беше тука, во оваа мала чекалница, уживајќи јанезаслужено топлината на ветрето. Го затворија тука откако му гоодзедоа автомобилот, не знаејќи дека заканата со административнисанкции беше последна во неговите грижи. Тие се засолнаа во своитеканцеларии, наполно несвесни, решавајќи за нештата што веќе немаа

56

Page 57: Sepnuvacot - Donato Karizi

никаква важност за него. Како ја менувате хиерархијата наприоритети на човек кој повеќе нема што да загуби? Неговатанајитна мисла во тој миг беше дека милувањето на ветрето нема дапрестане.

Во меѓувреме, се уште ги фиксираше очите врз паркингот идоаѓањето и заминувањето на полицајците. Неговиот автомобил уштестоеше таму, во полн приказ. Со својата тајна заклучена вобагажникот. И никој ништо не забележа.

Додека размислуваше за посебноста на својата ситуација, забележагрупа полицајци како се враќаат од својата средно-утринска кафе-пауза. Тројца мажи и две жени, сите во униформи. Еден од нив сечинеше дека кажува некоја приказна и мавташе со рацете додекаодеше. Кога заврши, другите се смееја. Александар не слушна нитузбор од приказната, но звукот од смеата беше заразен и стана свесендека и тој се насмевнува. Тоа не траеше долго. Групата поминаблиску до неговиот автомобил. Еден од нив, највисокиот, одненадежзастана, оставајќи ги другите да продолжат. Тој забележа нешто.

Александар веднаш го виде изразот што се појави на неговото лице.Мирисот, си помисли. Мора да го почувствувал мирисот. Без

ништо да им каже на своите колеги, полицаецот почна да се вртканаоколу. Го душкаше воздухот, обидувајќи се да ја најде слабататрага што за момент ги алармира неговите сетила. Кога повторно јапочувствува, тој се заврти накај автомобилот покрај себе. Зачекоринеколку чекори во тој правец, а потоа се вкопа пред затворениотбагажник.

Гледајќи ја сцената, Александар Берман воздивна со олеснување.Тој беше благодарен. Благодарен што го донесоа овде, за ветрето штому беше доделено и за фактот што нема да биде оној што го отворатој проклет багажник.

Милувањето од ветрот стивнуваше. Александар стана од својотстол покрај прозорецот и го извади мобилниот телефон од џебот.

Беше дојдено времето да телефонира.

57

Page 58: Sepnuvacot - Donato Karizi

Д6

еби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.Мила тивко ги повторуваше овие имиња додека низ

прозорското стакло ѕиркаше во членовите на семејствата на петтеидентификувани жртви, кои беа собрани во мртовечницата наИнститутот за судска медицина. Тоа беше готска зграда со големипрозорци, обиколена со отворен парк.

Двајца недостигаа, беше опсесивната мисла на Мила. Еден таткои една мајка што се уште не успеавме да ги најдеме.

Мораат да и дадат име на левата рака број шест. Момичката којаАлберт најмногу ја измачувал, со оној коктел дроги, за да и ја забависмртта колку што е можно поболно.

Тој сакал да ужива во претставата.Таа повторно помисли на случајот на учителот по музика, кога ги

ослободи Пабло и Елиза. И сепак спасивте тројца, и рече водникМорексу, мислејќи на забелешката најдена во дневникот на човекот.Тоа име...

Присила.Нејзиниот шеф беше во право: малата момичка имала среќа. Мила

стана свесна за суровата врска меѓу неа и шесте жртви.Присила била однапред избрана од својот егзекутор. Беше само

чиста случајност што не стана негов плен. Каде беше сега таа? Какоизгледаше нејзиниот живот? И дали имаше дел од неа, длабок искриен, што беше свесен дека избегнала таков ужас?

Стапнувајќи во куќата на учителот по музика, Мила ја спаси. А таатоа никогаш нема да го знае. Никогаш нема да може да го ценифактот дека и е подарен втор живот.

Присила, како и Деби, Анеке, Сабина, Мелиса, Каролина.Предодредени, но без својата судбина.

Присила, како број шест. Жртва без лице. Но таа, во најмала рака,има име.

Чанг напомна дека тоа беше само прашање на време, дека

58

Page 59: Sepnuvacot - Donato Karizi

идентитетот на шестата мала момичка ќе излезе порано или подоцна.Но, идејата дека исчезнала засекогаш правеше да биде тешко да серазгледува друга опција.

Но, сега таа мора да има бистра свест. Мојот ред, си помисли,додека гледаше низ стаклото што ја делеше од родителите на малитемомички кои веќе имаа име. Го проучуваше човековиот аквариум,кореографијата на тие молчаливи, од болка погодени суштества.Наскоро ќе треба да влезе внатре да разговара со таткото и мајката наДеби Гордон. И на тие родители ќе треба да им го даде она штоостанало од нивната болка.

Ходникот до мртовечницата беше долг и мрачен. Таа се наоѓаше вовизбата на зградата. До неа се стигнуваше преку скали или со лифткој обично не работеше. И на едната и на другата страна на таванотимаше тесни прозорци, кои дозволуваа мошне мало количествосветлина. Белите глазирани плочки кои ги прекриваа ѕидовите неуспеваа да ја рефлектираат светлината, што најверојатно билопредвидено кога биле местени. Резултатот беше што таму бешетемно дури и преку ден, и флуоресцентните светилки на таванот беапостојано запалени, исполнувајќи ја соблазната тишина на местотосо непрестаен шум.

Какво ужасно место за да се соочиш со веста дека си го загубилдетето, размислуваше Мила, се уште проучувајќи ги родителите коистрадаа. Немаше ништо да им се понуди за утеха освен некоибезимени пластични столови и маса со стари насмеани списанија.

Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.„Погледни“, и рече Горан Гавила, застанувајќи блиску до неа. „Што

гледаш?“Првин ја понижи пред сите. Сега стана близок. Мила подолго време

посматраше. „Го гледам нивното страдање.“„Погледни подобро. Има повеќе од тоа.“„Ги гледам тие мртви деца. Иако не се таму. Нивните ликови се

збир на лицата на нивните родители. Тоа е начинот на кој јас можамда ги видам жртвите.“

„И гледам јадра на пет семејства. Секое од нив со различен

59

Page 60: Sepnuvacot - Donato Karizi

социјален бек-граунд. Со различни приходи и различни начини наживеење. Гледам двојки кои, поради различни причини, имаат самоедно дете. Гледам жени кои одамна ги поминале четириесеттите ипоради тоа не можат биолошки да се надеваат на втора бременост...тоа го гледам јас.“ Горан се заврти да ја погледне. „Тие се неговитевистински жртви. Тој ги има проучувано, ги има избрано. Ќеркаединица. Сакал да ги лиши од секаква надеж за совладување натагата, од обидот да ја заборават својата загуба. До крајот на своитеживоти тие ќе мора да го паметат тоа што им го сторил. Тој јазасилил нивната тага одземајќи им ја иднината. Тој ги лишил одможноста за пренесување на сеќавањето за нив на годините штодоаѓаат, од преживување на нивната сопствена смрт... и тој се хранисо тоа. Тоа е наградата за неговиот садизам, изворот на неговотозадоволство.“

Мила погледна настрана. Криминологот имаше право: имашесиметрија во злото што им беше сторено на тие луѓе.

„Шаблон“, рече Горан, коригирајќи ги нејзините размисли.Мила повторно помисли на момичката број шест. Неа уште немаше

кој да ја оплакува. Таа имаше право на тие солзи, како и сите други.Страдањето треба да исполни една задача. Тоа ги обновува врскитемеѓу животите на живите и оние на умрените. Тоа е јазик кој имасамо четири зборови. Тоа ги менува условите на прашањето. Тоабеше тоа што го правеа родителите од другата страна на стаклото.Прецизно обновено со нивната болка, парче живот што повеќе непостои. Исткајувајќи ги своите кревки сеќавања, спојувајќи ги белитенишки на минатото со танките нишки на сегашноста.

Мила собра храброст и го помина прагот. Очите на родителитеведнаш се завртија накај неа и настапи тишина.

Се упати накај мајката на Деби Гордон, која седеше покрај својотсопруг, кој ја имаше прегрнато. Нејзините чекори звучеа строгододека поминуваше покрај другите.

„Госпоѓо и господине Гордон, треба да зборувам со вас накусо...“Мила го покажа патот со раката. Потоа ги упати да одат пред неа

кон втората мала соба, со машина за кафе и снек-автомат, излижана

60

Page 61: Sepnuvacot - Donato Karizi

софа спроти ѕидот, маса со сини пластични столови и со кошничка заотпадоци полна со пластични чаши.

Мила ги замоли Гордонови да седнат на софата и отиде да земееден од столовите. Ги испружи нозете, чувствувајќи второ маложегање во раната на својот колк. Не беше толку силно: заздравуваше.

Мила собра храброст и почна, претставувајќи се. Зборуваше заистрагата, без да додава некакви детали во она што го знаеја досега.Нејзината намера беше да ги олабави пред да им ги поставипрашањата што ја интересираа.

Госпоѓа и господин Гордон не престанаа ниту еден момент дагледаат во неа, небаре таа некако има сила да им го запре кошмарот.Обајцата беа привлечни и елегантни. Обајцата адвокати. Од типот наоние што се платени на час. Мила ги замисли во нивниот перфектендом, опкружени со одбрани пријатели, како водат позлатен живот.Разбирливо беше што можеле да ја испратат својата единствена ќеркада учи во престижно приватно училиште. И сопругот и сопругатамора да биле две ајкули во својата професија. Луѓе кои можат да сесправат со најкритични ситуации во своето поле на работа, кои сенавикнати да ги раскинат со заби своите противници, и на коиникогаш не им недостасувала храброст. Но сега, обајцата беа целоснонеподготвени за трагедија како оваа.

Откако го заврши излагањето за случајот, таа премина на поентата:„Госпоѓо и господине Гордон, дали по некаква случајност знаете закакво и да е особено пријателство што можела да го има Деби сосвоја врсничка надвор од училишната средина?“

Двојката меѓусебно се погледна небаре, подобро отколку одговор,се обидува да изнајде веројатна причина за прашањето. Но неможеше да ја најде.

„Не за кое ние знаеме“, рече таткото на Деби.Мила, сепак, не беше задоволна од тој скуден одговор. „Дали сте

сигурни дека Мила никогаш не ви кажала преку телефон за некојшто не и е соученик?“

Додека госпоѓа Гордон се бореше да се сети, Мила се најде себесикако ја проучува нејзината линија: рамен стомак, напрегнати

61

Page 62: Sepnuvacot - Donato Karizi

мускули на нејзините нозе. Таа веднаш сфати дека внимателно билоразмислувано околу изборот да се има само едно дете. Оваа жена неби ја оптоварила својата става со втора бременост. Но, сега бешепремногу доцна. Нејзините години, близу педесеттите, повеќе не би идозволиле да има деца. Горан имаше право. Алберт не ги избрал нивслучајно.

„Не... но подоцна на телефон таа звучеше многу порелаксирано“,рече жената.

„Претпоставувам дека мора да барала од вас да ја донесете дома...“Удри во болна точка, но не можеше поинаку ако сакаше да дојде до

вистината. Со глас скршен од вина, таткото на Деби призна:„Вистина е: таа беше избезумена, рече дека и недостасуваме ние иСтинг...“ Мила го погледна збунето, а човекот и објасни: „Нејзиниотпес... Деби сакаше да си дојде дома, во своето старо училиште.Добро, таа, поточно, никогаш не го кажа тоа. Можеби се плашеше дане не растажи, но... тоа беше очигледно од нејзиниот глас.“

Мила знаеше што ќе се случи: овие родители секогаш ќе сепрекоруваат зошто не го слушале срцето на својата ќерка кога гипреколнувала да и дозволат да се врати дома. Но, Гордонови гиставиле своите амбиции пред неа, надевајќи се дека тоа е нешто штоможе да се пренесе генетски. Во нивното однесување навистинанемаше никаква грешка; тие го сакале најдоброто за својатаединствена ќерка. Во основа, тие се однесувале само како родители.И доколку нештата се одвиваа поразлично, можеби еден ден Деби ќеим беше благодарна. Но тој ден, за нивна жал, никогаш нема да дојде.

„Госпоѓо и господине Гордон, жалам што морам да инсистирам,можам да замислам колку е болно ова, но морам да Ве замолам да сиприпомните за разговорите што сте ги воделе со Деби: луѓето што гивидела надвор од училиштето може да се покажат како мошне важниза решавање на случајот. Ве молам, сетете се, и ако нешто ви дојдена ум...“

И двајцата истовремено потврдија кимнувајќи со главата, ветувајќидека ќе се обидат да се сетат. Мила забележа една фигура задстаклената врата: Сара Роза, која се обидуваше да го привлече

62

Page 63: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

нејзиното внимание. Мила им се извини на Гордонови и излезе. Когаво ходникот застана лице в лице со Сара Роза, жената и кажа самонеколку зборови: „Подготви се, треба да одиме. Нашле тело на еднамала момичка.“

пецијалниот агент Стерн уште носеше жакет и врска. Тојпреферираше кафеави или беж или темносини костуми, и

кошули со пруги. Мила сфати дека неговата сопруга сака тој да седвижи во добро испеглана облека. Изгледаше уреден, со косазачешлана наназад со малку брилијантин. Се бричеше секое утро, акожата на неговото лице беше мека повеќе отколку мазна; убавомирисаше. Беше мошне совесен, тој Стерн. Еден од оние коиникогаш не ги менуваат своите навики, за кого да се биде уреден еповажно отколку да се биде модерен.

И, мора да бил многу способен во својата работа како собирач наинформации.

За време на возењето до местото каде што било најдено телото,Стерн лапна неколку пеперминт бонбони, а потоа брзо ги изложифактите што ги знаеше.

„Уапсениот човек се викал Александар Берман. Има четириесетгодини и е трговски претставник за машински делови за текстилнаиндустрија. Очигледно е добар продавач. Оженет е и секогаш живеелмирен живот. Во градот каде што живее е високопочитуван и добропознат. Неговата работа му носи чесен приход: не е којзнае колкубогат, но во животот му оди ОК.“

„Тогаш е чист“, додаде Роза. „Не е од сортата што би ја очекувале.“Кога стигнаа до станицата на сообраќајната полиција, полицаецот

што го нашол телото седеше на една стара софа во една одканцелариите. Беше во шок.

Локалните власти и го предадоа местото на единицата за насиленкриминал. И тие се фатија за работа помогнати од Горан и поднадзорот на Мила, чија улога се состоеше во тоа да провери дали имаприсуство на инаку корисни траги, што би и дозволило да ја

63

Page 64: Sepnuvacot - Donato Karizi

извршува својата работа полесно без активно интервенирање. Рошеостана во канцеларијата, оставајќи ги своите луѓе да реконструираатшто се случило.

Мила забележа дека Сара Роза се држи на дистанција од неа.Можеше само да биде задоволна поради тоа – иако беше сигурнадека полицајката ја држи на око за да ја фати на грешка.

Еден млад поручник се понуди да ги одведе до точното место.Обидувајќи се да изгледа доверливо, се мачеше да им даде до знаењедека ништо не било помрднато. Но, сите членови на единицата многудобро знаеја дека тоа веројатно е првпат тие да се соочат со сцена одваков вид. Во кариерата на провинциски полицаец не се среќаватечесто со ваков ужасен криминал.

Патем, поручникот ги изложи фактите со крајна прецизност.Можеби претходно го вежбал излагањето за да не згреши. Така штосе појави небаре со напишана изјава: „Констатиравме дека вчераизутрина Александар Берман пристигнал во хотел во едно селомошне далеку одовде.“

„Четиристотини милји далеку“, прецизира Стерн.„Изгледа возел цела ноќ. Резервоарот за бензин му беше речиси

празен“, додаде поручникот.„Дали се сретнал со некого во хотелот?“, го праша Борис.„Очигледно вечерал со клиенти. Потоа се повлекол во својата

соба... ова е тоа што го кажаа луѓето кои биле со него. Но, се уште гипроверуваме нивните верзии.“

Роза набрзина го запишуваше ова во нотесот, а Мила ѕирна возабелешката преку своето рамо: Да се соберат хотел гости верзијараспоредете.

Горан упадна: „Претпоставувам дека Берман уште нема ништокажано.“

„Осомничениот Александар Берман одбива да зборува безприсуство на правен застапник.“

Стигнаа до паркингот. Горан забележа дека околу автомобилот наБерман се наредени бели паравани за да го скријат погледот насмртта. Но, тоа беше само една лицемерна претпазливост меѓу

64

Page 65: Sepnuvacot - Donato Karizi

многуте такви. Демонстрирањето честопати е маска употребена какоодговор на ужасен криминал.

Горан Гавила тоа го научи мошне рано. Смртта, особено насилната,дејствува чудно фасцинирачки врз живеењето. Труповите секогаш гобудат нашето љубопитство. Смртта е високозаводлива.

Пред да дојдат до местото на злосторството, тие навлекоапластични калоши и капи за да ја покријат косата, и неизбежнистерилни ракавици. Потоа поминаа покрај еден мал контејнер сокамфорна паста. Секој од нив стави по малку од пастата под своитеносници за да спречи секаков вид мирис.

Тоа беше испробан и проверен ритуал, што не бараше зборови. Но,исто така, и начин за изнаоѓање на вистинското ниво наконцентрација. Кога ја прими тубата од Борис, Мила се почувствувакако учесник во тој чуден акт на причесна.

Полицискиот сообраќаен поручник, повикан да оди пред нив,одненадеж ја загуби сета своја самоувереност и се расколеба. Потоаси замина.

Пред да ги преминат границите на тој нов свет, Мила го уловиГорана како ја гледа со загриженост. Му кимна со главата и сечинеше дека тој се смири.

Првиот чекор секогаш е најтежок. Мила нема лесно да го заборависвојот.

Во тие неколку квадратни метри, каде што дури и сончеватасветлина беше променета поради вештачката светлост од халогенителамби, се наоѓаше друг универзум, со физички правила и законисосема поразлични од оние во познатиот свет. На трите димензии,висината, ширината и длабочината, им се придружуваше четвртата –празнината. Секој криминолог знае дека токму во „празнината“ наместото на злосторството ќе ги најдете одговорите. Со пополнувањена тие места со присуството на жртвата и на егзекуторот гореконструирате злосторството, и давате значење на насилноста,фрлате светлина врз непознатото. Првиот впечаток на местото назлосторството секогаш е најважниот.

Првиот впечаток на Мила беше мирисот.

65

Page 66: Sepnuvacot - Donato Karizi

И покрај камфорот, мирисот навлегуваше. Мирисот на смртта е иодвратен и сладок. Тоа е контрадикторно самото по себе. Првин вепогодува како удар во стомакот, потоа откривате дека има нештоподлабоко внатре што не може да не ви се допадне.

Членовите на тимот брзо се наредија во круг околу автомобилот наБерман. Секој од нив застана на една точка за посматрање, а нивнитеочи формираа мрежа што го покри секој квадратен сантиметар.

Мила го следеше Горан до задниот дел на автомобилот. Багажникотбеше отворен, како што го оставил полицаецот кој го нашол телото.Горан се наведна внатре и Мила го стори истото.

Внатре во багажникот имаше само една голема црна пластичнавреќа врз која се оцртуваа контурите на тело.

Вреќата беше перфектно прилепена за неговата форма, обликувајќисе според карактеристиките на лицето и добивајќи ги неговителинии. Устата беше отворена како во нем плач. Како да билисшмукан воздухот од темниот амбис.

Како покров од месо.Анеке, Деби, Сабина, Мелиса, Каролина... или тоа беше број шест?Можеа да се видат отворите на очите, и главата зафрлена наназад.

Телото не се откажало од својот живот без борба; спротивно на тоа,поставеноста на екстремитетите беше вкочанета, небаре билепогодени од молња сред скок. На таа статуа од месо нештоочигледно недостигаше. Ја немаше раката. Левата рака.

„Добро, ајде да ја почнеме анализата“, рече Горан.Криминолошкиот метод се состоеше од поставување прашања,

некои од нив едноставни и очигледно безначајни; прашања од коисите тие ќе се обидат да го изнајдат одговорот. Дури и во тојконтекст, секое мислење беше прифаќано.

„Пред се, ориентацијата“ почна тој. „Значи, кажете ми: зошто смеовде?“

„Ќе почнам јас“, предложи Борис, кој стоеше на страната навозачот. „Ние сме овде поради сообраќајната дозвола што недостига.“

„Што мислите? Дали ова е доволно за објаснување?“, праша Горан,гледајќи во групата.

66

Page 67: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Блокадата на патот“, рече Сара Роза. „Откако исчезнаа момичките,имало дузина, распоредени насекаде по местото. Тоа беше можности, се случи... беше среќа.“

Горан одмавна со главата: тој не веруваше во среќа. „Зошто биризикувал возејќи наоколу со тој компромитирачки товар?“

„Можеби само сакал да се ослободи од него“, сугерираше Стерн.„Или, можеби се плашел дека сме му на трагата и се обидувал да гипремести трагите што подалеку од себе.“

„Се согласувам дека тоа може да е обид да не оттргне од трагата“,рече Борис. „Но излегло погрешно.“

Мила процени дека тие веќе решиле: Александар Берман бешеАлберт. Само Горан уште се чинеше малку збунет.

„Нам уште ни треба да процениме каков бил неговиот план. Порадитоа имаме труп во багажникот. Но првото прашање беше различно, иние се уште немаме одговор на него: зошто сме тука? Што не доведезаедно околу овој автомобил, загледани во ова тело? Уште одпочетокот, зедовме здраво за готово дека нашиот човек е остроумен.Можеби и поинтелигентен од нас. Тој неколкупати не измами,успевајќи да ги киднапира малите момички дури и кога секој од насбеше во целосна состојба на готовност... Можете ли воопшто да сизамислите дека го издало тоа што ја немал глупавата сообраќајнадозвола?“

Сите ова го прифатија молчешкум. Криминологот се заврти накајполицискиот сообраќаен поручник, кој во меѓувреме застананастрана, тивок и блед како кошулата што ја носеше под својатауниформа.

„Поручниче, пред кратко време ни кажавте дека Берман баралприсуство на адвокат, така ли?“

„Точно.“„Можеби и службен адвокат ќе биде доволен, затоа што засега би

сакал да разговарам со осомничениот, да му овозможам да ги побиерезултатите од нашите анализи кога ќе завршиме овде.“

„Дали сакате сега да ми дадете инструкции?“Човекот чекаше Гавила да го ослободи. А Горан тукушто направи

67

Page 68: Sepnuvacot - Donato Karizi

како што сакаше тој.„Берман веројатно нашол начин како да подготви верзија на

фактите. Подобро е да се фати на изненадување и да се обидеме да гоуловиме во противречност пред да ја научи наизуст верзијата“,додаде Борис.

„Се надевам дека имал време да ја преиспита својата совест додекабеше затворен таму внатре.“

Веднаш штом поручникот го кажа тоа, членовите на тимот сепогледнаа еден во друг со неверување.

„Мислиш, го оставивте сам?“, го праша Горан.На поручникот му беше непријатно. „Го ставивме во самица,

согласно полициската практика. Зошто, што...“Немаше време да ја заврши реченицата. Борис беше прв кој тргна –

со скок се најде надвор од оградата, следен од Стерн и од Сара Роза,која, кога тие заминаа, набрзина ги собу калошите за да го спречилизгањето кога трчаа.

Мила, како и младиот полициски сообраќаен поручник, очигледноне сфати што се случува. Горан јурна по другите, викајќи наназад:„Тој е субјект на ризик: би требало да внимаваш на него!.“

Во тој момент и Мила и поручникот сфатија за каков ризикзборуваше криминологот.

Неколку моменти подоцна тие се најдоа покрај вратата на ќелијатакаде што беше заклучен човекот. Имаше полицаец за надгледувањекој побрза да ја отвори шпионката кога Борис му ја покажа својатакартичка. По слабо ѕвечкање, сепак, немаше никаков знак одАлександар Берман.

Го избрал слепиот агол од ќелијата, помисли Мила.Додека чуварот ја отвораше тешката брава, поручникот продолжи

со обидите секого да го смири – но себеси најмногу од сите –нагласувајќи уште еднаш дека процедурата била следена спореддокументите. Часовникот на Берман, неговиот ремен, врската, падури и врвките му биле одземени. Немал ништо со што би можел дасе повреди.

Но, се покажа дека полицаецот греши веднаш штом железната

68

Page 69: Sepnuvacot - Donato Karizi

врата беше ширум отворена.Човекот лежеше во аголот на ќелијата. Во слепиот агол.Потпрен спроти ѕидот, рацете му беа положени во скутот, а нозете

раширени. Устата му беше натопена со крв. Црна локва се разлевашеоколу телото.

Тој го употребил најнетрадиционалниот начин да се самоубие.Александар Берман со своите заби си го раскинал месото од

зглобовите и чекал да искрвави до смрт.

69

Page 70: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т7

ие ќе ја однесат дома.Со ова немо ветување, тие го презедоа пренесувањето на

телото на малата момичка.Тие ќе и овозможат правда.По самоубиството на Александар Берман тешко беше да се одржи

обврската, но тие, како и да е, ќе се обидат.Поради тоа телото беше тука, на Институтот за судска медицина.Д-р Чанг го намести микрофонот закачен за таванот, така што сега

висеше вертикално над железната мртовечка маса. Потоа се завртинакај касетофонот.

Првин зеде скалпел и брзо го слизна низ пластичната вреќа, сечејќимошне прецизна права линија. Го остави хируршкиот инструмент исо своите прсти, нежно, ги поткрена двата дела од вреќата што јарасече.

Единствената светлина во собата беше блесокот од ламбата надоперационата маса. Насекаде околу – бездна од темница. А баланс наработ од таа бездна беа Горан и Мила. Ниту еден од другите членовина тимот не чувствуваше дека мора да учествува во церемонијата.

Медицинскиот иследник и двајцата гости беа во стерилни наметки,и со ракавици и маски за лице за да не го контаминираат доказниотматеријал.

Со помош на солен раствор, Чанг полека почна да ги ширирабовите на вреќата, одделувајќи ја пластиката од телото под неа, закое беше перфектно залепено. Малку по малку, со големо трпение.

Тоа постепено почна да се покажува... Мила веднаш ги видезеленото сомотско здолниште, белата блуза и волнениот елек. Потоаго здогледа фланелот од блејзерот.

Додека Чанг продолжуваше, се појавуваа нови детали. Стигна досекцијата на градниот кош, до раката што недостигаше. Жакетот натоа место и не беше којзнае колку крвав. Едноставно беше пресеченво нивото на рамото, од каде што висеа отсечените делови.

70

Page 71: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Тој не ја убил вака облечена. Го преоблекол трупот потоа“, речепатологот.

Тоа „потоа“ се загуби во одекот на собата, потонувајќи во безднатаод темницата што ги обиколуваше, како камен што потскокнува поѕидовите на јама без дно.

Чанг ја извлече десната рака надвор. На зглобот се наоѓашебразлетна со клуче како приврзок.

Стигнувајќи до нивото на вратот, докторот запре за миг за да си јаизбрише веѓата со мал пешкир. Дури тогаш Мила забележа декапатологот е испотен. Тој дојде до најделикатната точка наоперацијата. Стравот беше дека кога пластиката ќе се оддели одлицето, и површинскиот слој на кожата, исто така, може да сеодлепи.

Мила присуствувала и на други аутопсии. 0бично медицинскитеистражители немаат толку обѕири околу начинот на кој ги третирааттелата под истрага. Ги сечат одвоено и ги шијат сосема безгрижно.Во тој миг, сепак, таа процени дека Чанг сака родителите за последенпат да го видат своето дете во најдобрата можна состојба. Поради тоатој беше толку вознемирен. Таа почувствува почит кон човекот.

Конечно, по неколку бесконечни минути, докторот успеакомплетно да ја отстрани црната пластика од лицето на момичката.Мила веднаш ја препозна.

Деби Гордон. Дванаесетгодишна. Првата што исчезна.Нејзините очи беа широко отворени. Устата, исто така. Како

очајнички да се обидувала да каже нешто.Носеше шнола со бел лилјан. Тој и ја исчешлал косата. Колку

смешно, помисли Мила одненадеж. Било полесно да се бидесочувствен со труп отколку со живо дете! Но, потоа заклучи декаимало друга причина зошто тој толку се погрижил за неа.

Тој ја стокмил да биде убава за нас.Нејзиниот сомнеж ја разгневи. Но, таа исто така разбра дека тие

емоции не и припаѓаат нејзе. Беа наменети некому друг. И наскороќе мора да отиде внатре, да го надвладее длабокото чувство натемнина и да ги информира двајцата родители, веќе урнисани, дека

71

Page 72: Sepnuvacot - Donato Karizi

нивниот живот навистина завршил.Д-р Чанг размени брз поглед со Горан. Дојде моментот да утврдат

со каков тип убиец си имаат работа. Дали неговиот интерес за овадете бил општ, или, пак, ужасно насочен. Со други зборови, далималата момичка била предмет на сексуално насилство.

Секој во таа просторија беше раскинат меѓу желбата таа да билапоштедена од тоа крајно страдање, и надежта дека не била. Бидејќиво вториот случај ќе има поголема шанса за останати живи органскитраги на убиецот кои ќе им овозможат да го идентификуваат.

За случаите на сексуално насилство процедурата беше прецизна. ИЧанг, немајќи причина да ја избегне, го почна физичкиот преглед.

Тоа обично почнуваше со одбележување и идентификација наоблеката на телото. Потоа е на ред потрагата по каква и да есомнителна дамка на облеката, секој конец, влакна, ливче. Дуритогаш патологот преминува на субунгуално гребење, што се состои вособирање, со еден вид чепкалка, на она што е под ноктите наможните остатоци од кожата на убиецот – доколку жртвата себранела себеси – или земја или различни влакна, за да сеидентификува локацијата на убивањето.

Но, резултатот беше негативен. Состојбата на телото – освенампутацијата на екстремитетот – беше перфектна, облеката бешечиста.

Небаре некој си ја зел бељата да ја измие пред да ја стави вовреќата.

Третата етапа беше мошне агресивна и содржеше гинеколошкоиспитување.

По неколку минути, Чанг ја крена главата накај Горан и Мила,наведувајќи ладно: „Тој не ја ни допрел.“

Мила кимна со главата и, пред да замине од просторијата, сенаведна над телото на Деби за да ја симне бразлетната со малотоклуче закачено за неа. Тој предмет, заедно со информацијата декамалата момичка не била силувана, ќе биде единствениот подарок штоможеше да им го даде на Гордонови.

Веднаш откако се поздрави со Чанг и со Горан, Мила стана свесна

72

Page 73: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

за итната потреба да се преоблече во чиста облека. Затоа што во тојмиг се почувствува валкана. Поминувајќи низ соблекувалната, запрепокрај големиот керамички базен. Се втурна накај топлата вода и гинурна своите раце во неа, почнувајќи силно да ги трие.

И натаму грчевито миејќи се, погледна во огледалото пред себе. Гозамисли отсликот на малата Деби како доаѓа во соблекувалната, сосвоето зелено здолниште, својот син блејзер и со шнолата во косата.И ја замисли како се придржува со својата единствена останата ракаи како оди да седне на клупата покрај ѕидот. И како почнува да гледаво неа, клатејќи ги нозете. Деби широко ја отвори устата и потоаповторно ја затвори, како да се обидуваше да комуницира со неа. Нозборови не излегуваа. А Мила толку сакаше да ја праша за нејзинатапосестрима. Онаа која сите ја знаеја како детето број шест.

Потоа се разбуди од својата визија.Водата течеше од чешмата. Магла се креваше во широки вртлози, и

ја имаше покриено речиси половина од површината на огледалото.Дури тогаш Мила стана свесна за болката.Погледна надолу и инстиктивно ги повлече рацете од млазот врела

вода. Кожата на дланките и беше црвена, а на прстите веќе сепојавуваа пликови. Мила брзо ги избриша со крпа, а потоа отиде дошкафот за брза помош за да најде завои.

Никој никогаш не смее да знае што и се случило.

ога ги отвори очите, првото нешто што се сети беа изгореницитена нејзините раце. Седна вкочането, одненадеж станувајќи

свесна за спалната соба што ја опкружуваше – гардероберот пред неа,со своето врамено огледало, шкафот одлево и прозорецот соспуштени ролетни кои пропуштаа неколку линии модрикавасветлина. Мила легна да спие со облеката врз себе, затоа шточаршафите и ќебињата во таа бедна мотелска соба беа дамкосани ивалкани.

Зошто се разбуди? Можеби некој чукнал на вратата. Или, можеби,тоа само го сонувала.

73

Page 74: Sepnuvacot - Donato Karizi

Се слушна второ чукање. Стана и отиде до вратата, отворајќи јасамо неколку сантиметри.

„Кој е?“, праша рамнодушно, додека го гледаше насмеаното лице наБорис.

„Дојдов да те соберам. За еден час почнуваат со пребарување накуќата на Берман. Другите таму ќе не чекаат... и помислив да тидонесам појадок.“ Тој мавташе под нејзиниот нос со книжно ќесе коеверојатно содржеше кафе и кроасан.

Мила набрзина се погледна. Не беше многу претставителна, номожеби тоа беше добро: ќе ги обесхрабри хормоните на нејзиниотколега. Го покани внатре.

Борис зачекори во собата, погледна наоколу и се чудеше, додекаМила отиде до лавабото во аголот за да го измие лицето, но, уштеповажно, за да ги скрие своите раце завиткани со завои.

„Местово е дури и полошо од што го помнам.“ Тој го надушкавоздухот. „И секогаш го има истиот мирис.“

„Мислам дека тоа е некое средство против инсекти“„Кога и се придружив на единицата, тука поминав речиси цел

месец пред да си најдам стан... знаеш ли дека овде секој клуч гиотвора сите соби? Муштериите имаат навика да си одат без даплатат, па сопственикот се измори од тоа што мораше постојано даги менува бравите. Најдобро е ноќе да ја блокираш вратата согардероберот.“

Мила го погледна во огледалото над лавабото. „Благодарам засоветот.“

„Ама не, сериозно. Ако ти треба подобро место за престој, можамда ти помогнам.“

Мила го погледна прашално. „Ти во ниеден случај не би ме поканилда престојувам кај тебе, офицере?“

Борис, засрамен, се повлече. „Не, не го мислев тоа. Повеќе бешедека можам да се распрашам наоколу и да видам дали има некојаколешка која би сакала да го дели својот стан со тебе, тоа е се.“

„Се надевам дека нема да останам толку долго за да ми треба стан“,забележа таа, кревајќи ги рамениците. Откако си го избриша лицето,

74

Page 75: Sepnuvacot - Donato Karizi

го здогледа ќесето што тој го донесе. Речиси му го истргна од рацетеи седна со прекрстени нозе на креветот, за да ја провери неговатасодржина.

Кафе и кроасан, како што и се надеваше.Борис беше заверен од нејзиното движење, уште повеќе кога ги

виде нејзините раце покриени со завои. Но, не и рече ништо.„Гладна?“, наместо тоа ја праша срамежливо.

Таа му одговори со полна уста. „Не сум ставила ниту залче в устадва дни. Ако не дојдеше изутринава, мислам дека ќе немав сила даизлезам низ врата.“

Мила знаеше дека не би требало да каже нешто такво, звучешепремногу охрабрувачко. Но, не можеше да изнајде друг начин да мусе заблагодари, а покрај тоа, таа навистина беше гладна. Борис гордои се насмевна.

„Па, како се снаоѓаш?“, ја праша.„Прилично сум прилагодлива, значи. ОК“Настрана фактот што твојата пријателка Сара Роза практично

ме мрази, си помисли.„Ми се допадна твојата интуиција во врска со сестрите...“„Чиста среќа: само ловев меѓу моите адолесцентни искуства. Мора

да си правел глупави нешта кога си имал дванаесет години, зар не?“Кога ја забележа збунетоста кај својот колега, кој беспомошно се

обидуваше да смисли одговор, таа не можеше да не се насмее.„Се шегувам, Борис...“„Ах, се разбира“, и одговори црвенеејќи се.Мила го голтна последниот залак, ги излижа прстите и му се

нафрли на вториот кроасан во ќесето, кој беше наменет за Борис, кој,соочен со таква прегладнетост, немаше храброст да каже нешто.

„Борис, кажи ми нешто... зошто го викате Алберт?“„Тоа е мошне интересна приказна“, и рече. Внимателно се

премести да седне до неа. „Пред пет години ни се случи навистиначудна работа. Имаше еден сериски убиец кој киднапираше жени, гисилуваше, ги давеше и потоа не оставаше да ги најдеме телата безнивната десна нога.“

75

Page 76: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Нивната десна нога?“„Точно. Никој не можеше да го разбере тоа, бидејќи кога

дејствуваше, типот беше мошне прецизен и чист, не оставаше траги.Тој само ја извршуваше таа ампутација. И напаѓаше сосемаслучајно... Па така, веќе бевме кај петтото тело, а не можевме да гозапреме. Во тој момент, д-р Гавила доби една идеја...“

Мила го заврши вториот кроасан и му се сврти на кафето. „Какваидеја?“

„Тој побара од нас да ги побараме низ архивите сите случаи што сеоднесуваат на нозе, дури и оние најмалите и тривијални.“

Мила се чинеше повеќе од збунета.Потоа испразни три ќесички шеќер во пластичната чаша. Борис ја

забележа и направи гадлива фаца; беше блиску да каже нешто воврска со тоа, но продолжи со својата приказна. „Првин, и мене ми сепристори како смешно. Но, почнавме да бараме и се покажа декапред кратко време имало крадец кој се движел низ областа, крадејќиженски чевли од штандовите надвор од продавниците за чевли. Тиеимаат само по еден пар од секоја големина и модел – знаеш, за да сеспречи да ги крадат – и обично тоа е десниот чевел за да бидеполесно муштериите да ги пробаат.“

Мила се вкочани, држејќи ја чашата со кафе во воздух, и помисли замиг, одушевена, колку била оригинална таа истражна интуиција.„Значи, вие ги надгледувавте продавниците за чевли и го фативтекрадецот...“

„Алберт Финли. Триесет и осумгодишен инженер, женет, два малисина. Мала куќа на село и камп-приколка за одмори.“

„Нормален тип.“„Во неговата гаража најдовме фрижидер за длабоко замрзнување и

во него, внимателно завиткани во целофан, пет женски десни нозе.Тоа беше еден вид фетишистичка опсесија.“

„Десна нога, лева рака. Оттука Алберт!.“„Точно!“, рече Борис, ставајќи ја раката на нејзиното рамо во знак

на одобрување. Мила одненадеж се тргна настрана, скокајќи одкреветот. Младиот агент се најде повреден.

76

Page 77: Sepnuvacot - Donato Karizi

З

„Извини“, и рече.„Нема проблем.“Тоа не беше вистина и Мила не му веруваше. Но, реши да се

преправа дека било онака како што кажа тој. Таа му го заврти грботи отиде накај лавабото. „Само да се подготвам и потоа можеме даодиме.“

Борис стана и се упати кон вратата. „Убаво. Ќе те чекам надвор.“Мила го виде како излегува од собата. Потоа, се погледна во

огледалото. Ох, Господе, кога ќе заврши ова?, се праша. Кога ќе мудозволам некому да ме допре?

а цело време по патот до куќата на Берман тие не разменија нитузбор. Всушност, веднаш штом влезе во автомобилот, таа го најде

радиото вклучено и веднаш сфати дека тоа беше декларација занамера како ќе изгледа возењето. Борис беше повреден и можеби, таасега доби уште еден непријател во единицата.

Стигнаа таму за помалку од час и половина. Александар Берманживеел во мала вила опколена со дрвја, во резиденцијален кварт.

Улицата пред вилата беше заштитена со полициски ленти. Зад нивимаше толпа набљудувачи, соседи и новинари. Мила, гледајќи ги, сипомисли – почнува. Додека доаѓаа, слушнаа на радиовеститеизвештај за откривањето на телото на малата Деби, а името наБерман исто така беше објавено.

Причината за толкавата еуфорија кај медиумите беше едноставна.Гробиштата на рацете беа пи-ар катастрофа, но сега барем имаа имеза тој кошмар.

Мила веќе го имаше видено ова и за други случаи. Медиумитецврсто се закачија за приказната и за многу кратко време ќе нагазатнеселективно врз секој детаљ од животот на Берман. Неговотосамоубиство претставуваше признание на вина. Поради таа причина,медиумите ќе инсистираат на својата сопствена верзија. Ќе мудоделат улога на монструм не дозволувајќи ништо спротивно,верувајќи единствено во моќта на својата едногласност. Тие

77

Page 78: Sepnuvacot - Donato Karizi

немилосрдно ќе го сечкаат на парченца, како што се веруваше декатој правел со своите мали жртви, но не гледајќи ја иронијата напоклопувањето. Тие ќе извлечат литри крв од целиот бизнис, само даги зачинат насловните вести и да ги направат што попримамливи.Без почит и без чесност. И дури ако некој покаже доволно смелост даго забележи тоа, тие ќе се засолнат зад вештата идеја за „слобода намедиумите“ за да ја покријат својата неприродна похотливост.

Мила и Борис се пробија низ малата група, влегоа во исклученатазона поставена од полициските службеници и брзо тргнаа попатеката до влезната врата на куќата, не можејќи да избегнат дабидат заслепени од блицовите на неколку фотоапарати. Во тојмомент, Мила го улови погледот на Горан од другата страна на еденпрозорец. Таа се почувствува апсурдно виновна поради тоа што тој јавиде како доаѓа со Борис. И потоа, глупаво, што воопшто иразмислуваше за такво нешто.

Горан го сврти своето внимание назад кон внатрешноста на куќата.Набргу потоа, Мила влезе низ вратата.

Стерн и Сара Роза, помогнати од други детективи, беа таму веќеизвесно време, и забрзано работеа наоколу како мравки. Се бешеиспревртено наопаку. Полицајците детално ги прегледуваа мебелот,ѕидовите и се друго што можеше да послужи како трага за откривањена мистеријата.

Повторно, Мила не можеше да се придружи во потрагата. Освентоа, Сара Роза веднаш и за’ржа в лице дека има право само данабљудува. Па така, почна да гледа наоколу, држејќи ги рацете в џеб,па не мораше да ги објаснува завоите завиткани околу нив.

Она што и го привлече вниманието беа фотографиите.Ги имаше дузина наредени на околните масички и на комодите со

фиоки, во елегантни сребрени или во рамки од ореово дрво. Тие гипокажуваа Берман и неговата сопруга во некои среќни времиња.Живот што сега се чинеше далеку и невозможен. Мила забележа декамногу патувале. Имаше фотографии од секаде низ светот. Но колкушто сликите беа поскорашни, а нивните ликови постари, нивнитеизрази се чинеа прекриени со некаков воал. Во тие фотографии

78

Page 79: Sepnuvacot - Donato Karizi

имаше нешто, Мила беше сигурна во тоа. Но, не можеше да каже штобеше тоа. Имаше чудно чувство уште откако влезе во таа куќа. Вомоментот си помисли дека ќе има појасно чувство што би можело дабиде тоа.

Присуство.Сред сето движење на полицајците, имаше и друг набљудувач.

Мила ја препозна жената од фотографиите: Вероника Берман,сопругата на наводниот убиец. Веднаш можеше да каже дека женатаизгледаше природно горда. Таа покажуваше едно чувство запристојна дистанција додека тие странци ги допираа нејзинитепредмети без да ја прашаат за дозвола, со своето нападно присуствоповредувајќи ја интимноста на тие предмети, на тие спомени. Таа неизгледаше толку многу резигнирана колку присутна. Се понуди дасоработува со главниот инспектор Роше, самоуверено тврдејќи деканејзиниот сопруг нема ништо заедничко со тие ужасни обвинувања.

Мила и понатаму гледаше во неа, кога, завртувајќи се, се најде преднеочекувана глетка.

Еден внатрешен ѕид прекриен со зачувани пеперутки.Тие беа сместени во стаклени рамки. Едни беа чудни, други

прекрасни. Некои од нив имаа егзотични имиња, што беа забележаниврз бронзени плочки заедно со местото на потеклото.Најфасцинантните доаѓаа од Африка и од Јапонија.

„Тие се убави затоа што се мртви.“Тоа го кажа Горан. Криминологот носеше црн џемпер и волнени

панталони. Јаката на кошулата му беше извадена преку пуловерот.Тој дојде и застана покрај неа за да има подобар поглед на ѕидот сопеперутки.

„Кога гледаме нешто како ова, го забораваме најважното инајочигледното... овие пеперутки никогаш повторно нема да летаат.“

„Тоа е неприродно“, се согласи Мила. „А сепак се толкупривлечни...“

„Таков е ефектот што го има смртта врз некои индивидуи. Порадитоа и постојат сериски убијци.“

Горан направи мало движење. Тоа беше се што требаше за да се

79

Page 80: Sepnuvacot - Donato Karizi

соберат веднаш околу него сите членови на тимот. Знак дека и покрајтоа што се чинеа наполно внесени секој во своите сопствени задачи,сепак и навистина гледаа во него, во исчекување да каже или данаправи нешто.

Мила доби потврда за големата доверба што тие ја имаа за неговатаинтуиција. Горан ги водеше. Тоа беше мошне чудно, бидејќи тој небеше полициски службеник, а полицајците – најмалку оние што тааги познаваше – секогаш се опираа да имаат доверба во цивили. Ќебеше поправилно за тимот доколку себеси се нарекуваше „тимот наГавила“ отколку „тимот на Роше“, особено затоа што Роше, како иобично, не беше таму. Тој единствено би се појавил доколку сепојават неоспорни докази што еднаш засекогаш ќе го приковааБерман.

Стерн, Борис и Роза ги зазедоа своите позиции околукриминологот, според својата вообичаена шема. Мила остана чекорпоназад: плашејќи се од чувство на исклученост, таа самата сеисклучи.

Горан зборуваше со тивок глас, веднаш фаќајќи го тонот со којсакаше да продолжи разговорот. Веројатно не сакаше да јавознемирува Вероника Берман.

„Значи, што имаме?“Стерн беше прв за одговор и одмавна со главата: „Во куќата нема

ништо што го поврзува Берман со шесте мали момички.“„Неговата сопруга се чини дека нема поим за ништо. И поставив

неколку прашања, и не добив впечаток дека лаже“, додаде Борис.„Нашите луѓе ја пребаруваат градината со кучиња-трагачи по тела“,

рече Роза. „Но се уште нема ништо.“„Ќе мора да го реконструираме секое движење на Берман во

изминатите шест недели“, забележа Горан и сите се согласија со тоа,иако знаеја дека тоа ќе биде речиси невозможна задача.

„Стерн, дали има нешто друго?“„Нема чудни трансакции со пари на неговата сметка. Највисоката

сметка што морал да ја плати во изминатите години бил третманот завештачка инсеминација на жена му, што прилично го вратило назад.“

80

Page 81: Sepnuvacot - Donato Karizi

Слушајќи ги зборовите на Стерн, Мила го сфати она што гопочувствува токму пред да влезе во куќата, а потоа и гледајќи гифотографиите. Не присуство, како што помисли на почетокот. Таазгрешила.

Тоа беше повеќе од отсуство.Она што го забележа беше недостигот на деца во оваа куќа, која, со

својот скап и безличен мебел, беше куќа создадена за две индивидуина кои им било судено да останат сами. Поради тоа третманот завештачка инсеминација спомнат од агент Стерн се чинешеконтрадикторен, бидејќи на тоа место не можеше дури ни да сепочувствува нервозата на некој кој го очекува подарокот – дете.

Стерн го заклучи излагањето со брза скица на приватниот живот наБерман. „Тој не земал дроги, не пиел и не пушел. Имал членска картаза фитнес клуб и една за видеотека, но изнајмувал самодокументарци за инсекти. Одел во локалната Лутеранска црква, адвапати месечно работел како волонтер во старски дом.“

„Човек-светец“, рече Борис саркастично.Горан се заврти накај Вероника Берман, да провери дали ја

слушнала последната забелешка. Потоа се сврти накај Роза: „Има линешто друго?“

„Ги скенирав хард-дисковите од домашниот и од компјутерот одканцеларијата. Исто така, ги вратив сите избришани фајлови. Но,немаше ништо интересно. Само работа, работа, работа. Типот билфиксиран на својата работа.“

Мила забележа дека Горан одненадеж стана растроен. Тоа не мутраеше долго, и тој наскоро се поврати сконцентриран на разговорот.„Што знаеме во врска со тоа за што го користел интернетот?“

„Го повикав неговиот веб-сервер и тие ми дадоа список на веб-страниците што ги посетил во последните шест месеци. Ништо итаму, исто така... Се чини дека имал пасија за страници посветени наприрода, на патувања и на животни. И купувал антиквитети он-лајн ин а и-бај2, најмногу колекционерски примероци пеперутки.“ КогаРоза го заврши својот рапорт, Горан повторно ги прекрсти рацете ипочна да гледа во своите колеги, еден по еден. Тој краток поглед ја

81

Page 82: Sepnuvacot - Donato Karizi

опфати и Мила и таа, конечно, се почувствува вклучена.„Па, што мислите?“, праша тој.„Се чувствувам како да сум бил заслепен“, рече Борис одненадеж,

недвосмислено нагласувајќи ја реченицата покривајќи ги очите сорацете. „Тој е премногу чист“ Другите потврдно кимнаа со главите.

Мила не знаеше на што се однесува тоа, но не сакаше да праша.Горан помина со раката по челото и ги протри своите уморни очи.Потоа, таа растроеност уште еднаш се појави на неговото лице... тоабеше мисла што за секунда или две го водеше некаде на друго местои сугерираше дека криминологот нешто регистрира за иднаупотреба. „Која е првата причина за истрага на осомничен?“

„Сите ние имаме тајни“, рече вредниот Борис. „Точно“, му одговориГоран. „Сите ние имаме слабости, најмалку еднаш во животот. Секојод нас има една тајна, голема или мала, што не можеме да јазадржиме... а сепак погледнете наоколу: тој човек е прототип задобар сопруг, добар верник, голем работник“, одбележувајќи го секојзбор на своите прсти. „Тој е филантроп, фанатик за здравјето, тојизнајмува само документарци, нема пороци од каков и да е вид, тојсобира пеперутки... Можете ли да му верувате на таков човек?“

Овојпат одговорот беше земен здраво за готово. Не, не можете.„Значи, што прави таков човек со тело на мала момичка во својот

багажник?“Стерн пресече: „Тој го чисти...“Горан се согласи: „Тој ни фрла магија со целата таа перфекција за

да не спречи да бараме на друго место... и каде што не сме побаралево овој момент?“

„Значи, што треба да сториме?“, праша Роза.„Да се почне од почеток. Одговорот е таму, меѓу нештата што веќе

сте ги прегледале. Поминете уште еднаш низ се. Треба да го симнететој брилијантен слој што покрива се. Немојте да ве мами блесокот наперфектниот живот: тој блесок е таму само да ни го одвративниманието и да ги измеша нашите идеи. И потоа треба...“

Горан повторно заталка некаде. Неговото внимание беше на другоместо. Овојпат сите забележаа. Нешто конечно се материјализираше

82

Page 83: Sepnuvacot - Donato Karizi

во неговиот ум, и растеше.Мила реши да ги следи очите на криминологот додека гледаше низ

собата. Не беа едноставно загубени во празнината. Таа забележа декатој гледа во нешто...

Мала црвена ЛЕД ламбичка светкаше наизменично, одржувајќи госопствениот ритам како начин за привлекување на вниманието.

Гавила праша гласно: „Дали некој ги преслуша пораките нателефонската секретарка?“

Просторијата мигновено се вкочани. Тие зјапаа во телефонот, чиецрвено светло му намигнуваше секому, и веднаш се почувствуваавиновни, разоткриени од тој светликав надзор. Не обрнувајќивнимание, Горан едноставно отиде и го притисна копчето што гоактивира малиот дигитален снимач на звук.

Еден момент подоцна, темнината ги повтори зборовите на мртвиотчовек.

А Александар Берман влезе во својата куќа за последен пат.„Ерм... јас сум... Ерм... Немам многу време... Но, сакав да ти

кажам дека ми е жал... Жал ми е, за се... Требаше да го сторам тоапретходно, но не го сторив... Обиди се да ми простиш. Тоа бешесамо моја грешка..“

Комуникацијата се прекина и мртва тишина ја исполни собата.Неизбежно, очите на сите се запреа на Вероника Берман, која стоешемирно како статуа.

Горан Гавила беше единствениот кој се помрдна. Тој се упати накајнеа и ја фати за рамената, доверувајќи и ја на една полицајка да јаодведе во друга соба.

Стен прозбори за сите: „Значи, дами и господа, се чини дека имамепризнание.“

83

Page 84: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т8

аа ќе ја вика Присила.Го прифати методот што го употреби Горан Гавила, кој им

даваше идентитет на убијците што ги гонеше. За да им даде човечкиизглед, за да ги направи пореални во своите очи, повеќе отколку самонепостојани сенки. Значи, Мила ја крсти мртвата број шест, давајќи иго името на посреќната мала момичка која сега – некаде на другоместо, којзнае каде – беше мала момичка како многумина други,несвесна од што се спасила.

Мила го донесе решението враќајќи се накај мотелот. Еден офицердоби задача да ја одведе дотаму. Овојпат, Борис не и ја понудисвојата услуга и Мила не го обвинуваше поради тоа, затоа што толкуненадејно го отфрли изутрината.

Изборот на името Присила за шестата момичка не беше самопоради потребата да и даде претстава на човечност. Постоеше, истотака, и друга причина: Мила не можеше да продолжи да размислуваза неа со бројка. Таа сега сети дека беше единствената која се уштего имаше идентитетот на момичката во срцето, затоа што послушањето на телефонскиот разговор на Берман, нејзиното наоѓањевеќе не беше приоритет.

Тие го имаа телото во автомобилот и на телефонската лента зазвучни пораки, она што за сите намери и цели личеше на признание.Немаше потреба да се мачат понатаму. Се што требаше да се направибеше да се поврзе трговскиот патник со другите жртви. И потоа да сеизлезе со мотивот. Но можеби веќе имаше еден...

Жртвите не се деца. Тие се семејства...Горан и го објасни ова додека ги проучуваа семејствата на малите

момички зад стаклото во мртовечницата. Родители кои, поради разнипричини, имале само едно дете. Мајка која одамна ја поминалачетириесеттата и оттаму нема веќе биолошка способност за надеж завтора бременост... Тие се неговите вистински жртви. Тој гипроучувал, ги избирал. А потоа – единствената ќерка. Тој сакал да ги

84

Page 85: Sepnuvacot - Donato Karizi

лиши од сета надеж да ја преболат својата тага, од обидот да јазаборават својата загуба. Тие ќе мора до крајот на своите животида го памтат она што им го сторил...

Александар Берман немал деца. Тој се обидел да ги добие, но неодело. Можеби поради тоа сакал да се ослободи од својот бес прекутие сироти семејства. Можеби тој ги употребил нив за да и сеодмазди на својата судбина на неплодност.

Не, тоа не беше одмазда, си помисли Мила. Имаше нешто друго...Таа не се откажуваше, но не знаеше од каде доаѓа тоа чувство.

Автомобилот пристигна до мотелот и Мила излезе, поздравувајќисе со агентот кој беше нејзин возач. Тој и возврати со кимање наглавата и го заврти автомобилот пред да го насочи назад, оставајќи јасама во средината на големиот двор со камчиња, со појас шума заднеа и бунгалови што се појавуваа овде-онде во шумичката. Бешестудено, и единствената светлина доаѓаше од неонскиот знак којрекламираше одмори и платена телевизија. Мила се упати накајсвојата соба. Сите прозорци беа темни.

Таа беше единствениот гостин.Помина покрај канцеларијата на портирот, која беше потоната во

синкавата темнина од телевизорот што трепкаше. Звукот бешеисклучен, а човекот не беше внатре. Можеби отишол до тоалет,помисли Мила и продолжи по својот пат. За среќа, го имашезадржано клучот, во спротивно, ќе мораше да го чека портирот да севрати.

Носеше хартиено ќесе со газиран пијалак и два тоста со сирење –нејзината вечера за таа вечер – и туба мелем што ќе го намачкаподоцна врз малите изгореници врз рацете. Здивот и се кондензирана студениот воздух. Мила го забрза чекорот; умираше од глад.Нејзините чекори по камчињата беа единствениот звук што јаисполнуваше ноќта. Нејзиниот бунгалов беше последен во редот.

Присила, си помисли додека одеше. И се сети на зборовитеискажани од Чанг, медицинскиот истражител: дека дури било иполошо за шестата момичка...

Таа реченица беше тоа што ја опседнуваше Мила.

85

Page 86: Sepnuvacot - Donato Karizi

Но, не само поради идејата дека шестата момичка морала да јаплати највисоката цена во споредба со другите – Тој го забавикрвавењето за да направи таа да умира пополека... Тој сакаше даужива во претставата... – Не, имаше нешто друго. Зошто убиецотго променил својот modus operandi? Додека беше на средбата со Чанг,Мила сети треперење на нервот во долниот дел на вратот.

Стигна на неколку метри од својата соба и беше сконцентрирана натоа чувство, сигурна дека овојпат ќе може да ја сфати причината занего. Мала нерамнина на почвата речиси ја натера да се сопне.

Дури тогаш го слушна тоа.Краток звук зад неа веднаш ги разнесе нејзините мисли. Чекори по

подлогата од камчиња. Некој го „копираше“ нејзиното одење. Гикоординираше своите чекори со нејзините за да и се приближиповеќе без да забележи таа. Кога се сопна, нејзиниот прогонител гозагуби ритамот, што и го издаде неговото присуство.

Мила не ја фати паника, не го забави одењето. Чекорите нанејзиниот прогонител уште еднаш се стопија во нејзините. Таасметаше дека тој е на околу десетина метри зад неа. Во меѓувреме,почна да смислува можни решенија. Немаше резон да го извлечепиштолот што го носеше назад на појасот – доколку човекот зад неае вооружен, ќе има многу време за да пука прв. Портирот, сипомисли таа. Телевизорот оставен во празната канцеларија. Тој веќего убил него. Сега јас сум на редот на мене. Но сега веќе не бешедалеку од вратата на бунгаловот. Мораше да донесе одлука. И таа гостори тоа. Немаше друг избор.

Го побара клучот во својот џеб, и брзо ги искачи трите скали коиводеа до тремот. Ја отвори вратата откако неколкупати го завртиклучот, срцето и чукаше во градите, и таа се вовлече во собата. Гоизвлече својот пиштол, а другата рака ја испружи до прекинувачот заструја. Ламбата кај нејзиниот кревет се запали. Мила не мрдаше одсвојата позиција, вкочанета, со грбот прилепен на вратата и соначулени уши. Тој не ме нападна, си помисли. Потоа слушна чекорикако се движат по штиците на тремот.

Борис и кажа дека сите клучеви од мотелот се основни клучеви,

86

Page 87: Sepnuvacot - Donato Karizi

откако на сопственикот му здодеало да ги менува затоа што гоститеги земале со себе кога си заминувале без да платат. Дали личносташто ме следеше го знае тоа? Тој веројатно набавил клуч какомојот. И си помисли дека доколку се обиде да влезе, таа ќе може даго изненади одзади.

Се спушти на колена и преку валканиот килим се довлечка допрозорецот. Се залепи на ѕидот и се исправи за да го отвори. Бешетолку студено што шарките се заглавиле. Со малку напор, таа отвориеден од капаците. Се исправи на нозе, скокна и се најде надвор, назадво темницата.

Пред неа беше шумичката. Високите врвови на дрвјата ритмички сенишаа заедно. Во заднината на мотелот се наоѓаше бетонскаплатформа што ги поврзуваше сите бунгалови. Мила ползејќи сеискачи, држејќи се ниско до почвата и обидувајќи се да уловисекакво движење, секој звук околу себе. Таа брзо стигна добунгаловот покрај нејзиниот, и до другиот до него. Потоа запре ивлезе во тесниот отвор што ги одвојуваше еден од друг.

Оттаму можеше да се наведне и да ѕирне на тремот на бунгаловот.Но, тоа би било ризично. Ги стегна прстите од двете раце околупиштолот за да го засили својот фат, заборавајќи на болките одизгорениците. Брзо изброи до три, земајќи, исто така, трипати длабокздив и скокна зад аголот со кренато оружје. Нема никој. Не биможело да е нејзина фантазија. Беше сигурна дека некој ја следи.Некој наполно способен да се движи зад својата цел, прикривајќи гиакустичните сенки на своите чекори.

Крволочен ѕвер.Мила бараше некаков знак од непријателот на платото. Се чинеше

дека исчезнал во ветрот, во повторениот концерт на еластичнитедрвја што го опколуваа мотелот.

„Извинете ме...“Мила отскокна назад и погледна во човекот без да го крева

пиштолот, парализирана од тие два едноставни збора. И требаанеколку секунди за да сфати дека тоа е портирот. Тој сфати дека јаима преплашено и повтори: „Извинете ми“, овој пат само како начин

87

Page 88: Sepnuvacot - Donato Karizi

Б

да и се извини.„Што се случува?“, го праша Мила, која се уште не успеваше да си

го врати пулсот во нормала.„Има телефонски повик за вас...“Човекот покажа накај својата канцеларија и Мила се упати натаму

без да чека да и го покаже патот.„Мила Васкез“, рече во слушалката.„Здраво, овде е Стерн... Д-р Гавила сака да те види.“„Мене?“, праша изненадена, но со нота на гордост во гласот.„Да. Го викнавме агентот кој те одвезе дотаму, се враќа за да те

собере.“„Добро.“ Мила беше збунета. Стерн не кажа ништо повеќе, па таа

се осмели да го праша: „Излезе нешто?“„Александар Берман криел нешто од нас.“

орис се обидуваше да го намести сателитскиот покажувач направецот без да ги тргне очите од патот. Мила зјапаше право

напред, не зборувајќи ништо. Гавила седеше на задното седиште,стиснат во своето истуткано палто, со затворени очи. Тие се возеанакај куќата на сестрата на Вероника Берман, каде што жената сезасолнила од новинарите.

Горан заклучил дека Берман се обидувал нешто да прикрие. Врзбаза на пораката од телефонската секретарка: Ерм... јас сум... Ерм...Немам многу време... Но сакав да ти кажам дека ми е жал... Жал мие, за се... Требаше да го сторам тоа претходно, но не го сторив...Обиди се да ми простиш. Тоа беше само моја грешка...

Тие од телефонската снимка утврдија дека Берман телефониралкога бил во станицата на сообраќајната полиција, горе-долу во истотовреме кога беше најдено телото на малата Деби Гордон.

Горан се прашуваше зошто човек во ситуацијата на АлександарБерман – со труп во багажникот и со намера да избега колку штоможе побрзо – би и телефонирал на својата сопруга.

Сериските убијци не се извинуваат. И ако го сторат тоа, тие сакаат

88

Page 89: Sepnuvacot - Donato Karizi

да создадат поинаква слика за себе, тоа е дел од нивната мистичнаприрода. Нивната цел е да ја заматат вистината, да ја хранат димнатазавеса што ги обиколува. Но, со Берман се чинеше поинаку. Вонеговиот глас имаше итност. Постоеше нешто што требало да гозаврши пред да биде премногу доцна.

Што сакал да му биде простено Александар Берман?Горан беше убеден дека тој требало да направи нешто со својата

сопруга, со нивните односи како брачна двојка.„Ве молам, доктор Гавила, можете ли да го повторите тоа, за

мене...?“Горан ги отвори очите и ја виде Мила како се џари во него завртена

во своето седиште и чекајќи одговор.„Вероника Берман можеби открила нешто. Тоа веројатно

предизвикало расправии меѓу неа и нејзиниот сопруг. Сметам декатој сакал да ја замоли за прошка во врска со тоа.“

„И што ја прави таа информација толку важна за нас?“„Не знам дали навистина е... но човек во негова ситуација не го

троши времето на решавање обични брачни препирки, освен аконема прикриен мотив.“

„И што би можело да биде тоа?“„Можеби жена му не е наполно свесна за она што го знае.“„И со тој телефонски повик сакал да ја смири ситуацијата, да ја

запре да стигне до срцевината на тоа... Или ни кажува...“„Да, тоа го мислам... Вероника Берман се досега беше мошне

кооперативна со нас, не би имало поента за неа да крие што и да е однас, ако мислела дека информацијата нема ништо со престапот, тукусе однесува само на нив двајцата.“

Сега на Мила се и стана сосема јасно. Сомнежот на Д-р Гавиланеизбежно ќе води кон промена на правецот на истрагата. Но, првинтоа треба да се провери. Поради тоа, Горан се уште немашеразговарано со Роше.

Тие се надеваа дека ќе извлечат значајни индикации од средбата соВероника Берман. Борис, како експерт за испрашување на сведоци илуѓе со информации за некои определени престапи, би требало со неа

89

Page 90: Sepnuvacot - Donato Karizi

да оствари еден вид неформален разговор. Но, Горан реши само тој иМила да се сретнат со сопругата на Берман. Борис се согласи, сооглед на тоа што наредбата дојде од претпоставен, а не од цивиленсоветник. Но неговото непријателство спрема Мила се зголемуваше.Тој не гледаше зошто таа би требало да биде присутна.

Мила беше свесна за тензијата и, реално, и самата целосно несфаќаше што било тоа што го навело д-р Гавила да ја префериранејзе. На Борис само му беше оставена задачата да ја инструира какода го води разговорот. И тоа беше точно она што го направи, пред дапочне да си поигрува со СатНав3 уредот, барајќи ја нивнатадестинација.

Мила се сети на коментарот на Борис кога Стерн и Роза направијакратко портретирање на Александар Берман: Се чувствувам како дасум бил заслепен. Тој е премногу чист.

Таа перфекција беше тешка за верување. Се чинеше дека билаподготвена за некого.

Сите ние имаме тајни, си повтори Мила во себе. Дури и јас.Секогаш постои нешто што се крие. Кога беше мала, татко и и

беше кажал: „Сите го пикаме прстот во носот. Тоа можеме да гоправиме кога никој друг не не гледа, но сепак го правиме.“

Значи, која беше тајната на Александар Берман?Што знае неговата сопруга?Кое беше името на детето број шест?Речиси зазори кога стигнаа таму. Селото лежеше зад црквата, на

свиокот на насипот наднесен над реката.Сестрата на Вероника Берман живееше на катот над пабот. Сара

Роза и беше телефонирала на Вероника за да ја извести за нивнатапосета. Како и што се очекуваше, таа не приговори и не покажаневолност да разговара. Фактот што доби најава имаше намера јаснода и даде до знаење дека нема да се соочи со испрашување. Но, наВероника Берман не и беше грижа за предупредувањето одспецијалниот агент Роза; веројатно се согласуваше и да се изложи нараспит.

Беше близу седум часот изутрина, кога жената ги пречека Горан и

90

Page 91: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила, наполно спокојна, во домашен фустан и во влечки. Ги поканиво дневната соба, со видливи греди на таванот и копаничен мебел, иги понуди со свежо подготвено кафе. Мила спокојно го пиеше своетокафе. Таа не брзаше, сакаше жената наполно да ја спушти својатаодбрана пред таа да почне. Борис ја предупреди: некогаш е потребенсамо еден необмислен збор за да се затвори личноста и да одбие дасоработува понатаму.

„Госпоѓо Берман, сево ова мора да Ви е мошне тешко и жалиме штоморавме да Ве посетиме олку рано.“

„Не грижете се, јас секогаш станувам рано.“„Имаме потреба да откриеме повеќе за Вашиот сопруг, најмалку

затоа што неговото подобро запознавање самото по себе ќепридонесе за да утврдиме колку навистина длабоко бил инволвиранво ова. И верувајте ми, се уште има многу темни страни во овааработа. Можете ли да ни кажете за него...?“

На лицето на Вероника не се помрдна ниту еден мускул, самонејзините очи станаа пожестоки. Потоа почна: „Александар и јас сезнаевме уште од гимназија. Беше две години постар од мене, и бешечлен на хокеарскиот тим. Не беше некој голем играч, но сите му беамногу наклонети. Почнавме да излегуваме, но како група, самопријателски; се уште ништо се немаше случено, и дури не ни паѓашена ум дека нешто може да не соедини. Да ја кажам вистината,мислам дека тој никогаш не ме ни „гледаше“ како нешто такво...мислам, како можна девојка. Ниту пак јас него.“

„Тоа се случи подоцна...“„Да, нели е чудно? По гимназијата јас му ја загубив трагата и се

немавме видено многу години. Заеднички пријатели ми кажаа декатој отишол на универзитет. Потоа, еден ден, тој повторно се појавиво мојот живот: ми се јави, велејќи дека телефонскиот број го нашолво именикот. Подоцна, од моите пријатели открив дека, всушност,кога по дипломирањето се вратил, се распрашувал за мене наоколу исакал да знае што се случило со мене...“

Слушајќи ја, Горан доби впечаток дека Вероника Берман не сепредава себеси само на носталгијата, туку дека на извесен начин,

91

Page 92: Sepnuvacot - Donato Karizi

нејзината приказна има прецизна цел. Небаре намерно ги водешенекаде, далеку во времето, каде што ќе го најдат она по што дојдоа.

„Дури тогаш вие почнавте повторно да се гледате...“, рече Мила. АГоран со задоволство забележа дека агентката, следејќи го советот одБорис, беше решена да не и поставува никакви прашања на ВероникаБерман, туку да сугерира реченици кои потоа ќе ги комплетира, такашто ова повеќе личеше на разговор, отколку на испрашување.

„Дури тогаш ние почнавме повторно да се гледаме“, повторигоспоѓа Берман. „Александар почна да навалува да се омажам занего. И најпосле, јас прифатив.“

Горан се сосредоточи врз последната реченица. Таа звучешепогрешно, како горда лага набрзина додадена во разговорот со надеждека може да помине незабележано. И се сети на она што го забележакога првпат ја сретна жената: Вероника не беше убава, веројатно нени била некогаш. Просечна, со недраматичен вид женственост.Додека Александар Берман беше убав маж. Светлосини очи,таинствена насмевка на некој кој знае дека може да употребиопределена фасцинантност. На криминологот му беше тешко даповерува дека била потребна толкава упорност за да ја наговори да сеомажи за него.

Мила ја презеде контролата над разговорот: „Но подоцна вашитеодноси не беа многу добри...“

Вероника се двоумеше. Премногу долго, помисли Горан. МожебиМила прерано ја фрли јадицата.

„Ние имавме проблеми“, призна на крајот.„Во минатото се обидувавте да имате деца...“„Кратко време земав некаква хормонална терапија. Потоа, исто

така, се обидовме со инсеминација.“„Сметам дека двајцата навистина сте сакале бебе...“„Александар беше тој што беше одушевен од идејата...“Таа го кажа тоа како да се брани, како знак дека тоа можеби било

причина за поголеми несогласувања меѓу двојката.Се приближуваа до својата цел. Горан беше задоволен. Тој побара

Мила да разговара со госпоѓа Берман затоа што беше сигурен дека

92

Page 93: Sepnuvacot - Donato Karizi

женското присуство ќе биде идеален начин за постигнувањесочувствена врска и дека ќе го урне секој можен отпор кај жената.Тој, се разбира, можеше да ја избере Сара Роза и, можеби, тоанемаше да ја вознемири чувствителноста на Борис. Но Мила муостави впечаток како посоодветна, и не се излажа по тоа.

Полицајката се наведна преку масичката што ја двоеше софата одместото каде што седеше Вероника Берман, за да го остави филџанотод кафето. Тоа беше начин да го погледне Горана без да забележижената. Горан незначително кимна со главата: тоа беше знак дека евреме да престане да заобиколува и да се обиде со тотален напад.

„Госпоѓо Берман, зошто во пораката на телефонската секретаркавашиот сопруг Ве моли да му простите?“

Вероника ја сврти главата за да ја скрие солзата што се заканувашеда ја урне браната за своите емоции што ја создаде таа.

„Госпоѓо Берман, Вашата исповед е сигурна со нас. Ќе бидамискрена со Вас: нема полицаец ниту адвокат или судија кои некогашќе можат да Ве натераат да одговорите на ова прашање, затоа што,всушност, тоа е нерелевантно за истрагата. Но важно е ние да знаеме,затоа што е сосема возможно Вашиот сопруг да не е виновен...“

Слушајќи ги последните зборови, Вероника Берман се заврти накајнеа.

„Виновен? Александар не убил никого... но тоа не значи дека бешебезгрешен!.“

Таа ова го рече со злобен бес што се појави одненадеж и годеформира нејзиното лице. Горан ја доби потврдата на која чекаше.Мила исто така го разбра тоа: Вероника Берман чекала на ова. Таа јаочекувала нивната посета, а нивните прашања камуфлирани собезопасни фрази правеа да биде расеана и во разговорот. Тие сизамислуваа дека тие го водат дијалогот, но оваа жена ја подготвиласвојата приказна за да ги доведе до овој прецизен резултат. Таасакаше некому да каже.

„Се сомневав дека Александар има љубовница. Жената секогашсмета на ваквиот вид евентуалност и во тој момент таа исто такарешава дали или нема да може да му прости. Но порано или подоцна,

93

Page 94: Sepnuvacot - Donato Karizi

жената исто така сака да знае. И поради тоа, еден ден почнав да гипроверувам неговите работи. Не знаев што точно барам и не можевда предвидам како ќе реагирам ако најдам некаков доказ.“

„Што најдовте?“„Потврда. Александар криел еден електронски дневник, идентичен

на оној што обично го употребуваше за работа. Зошто да има дваидентични, освен првиот да го употребува за да го прикрива вториот?На тој начин го открив името на неговата љубовница: тој гизабележал сите нивни состаноци! Го конфронтирав со фактите: тојодрекуваше се, а вториот дневник веднаш исчезна. Но јас не гооставив на тоа: го следев до куќата на таа жена, до тоа валканоместо. Сепак, немав храброст да одам понатаму. Застанав на вратата.Јас дури, реално, и не сакав да ја погледнам в лице.“

Дали тоа беше непријатната тајна на Александар? Горан се чудеше.Љубовница? Тие поминаа низ сите овие неволи за толку малку?

За среќа, тој не го информира Роше за својата иницијатива, или, воспротивно, ќе мораше да се соочи со потсмевот од главниотинспектор, кој досега би го затворил случајот. Во меѓувреме,Вероника Берман се претвори во вистински порој и немаше намерада им дозволи да одат понатаму пред да и даде оддишка на својатанесреќа во врска со својот сопруг. Односот на нејзиниот сопруг сорешителна самоодбрана по откривањето на телото, не беше ништодруго освен лукава фасада. Начин да избега од тежината наобвинението, да го избегне распрснувањето на калта. Сега, кога најдехраброст да се ослободи себеси од пактот со брачната солидарност,таа, исто така, почна да го закопува Александар во дупка од која штоникогаш нема да може да излезе.

Горан се обиде да го сретне погледот на Мила за да и даде дознаење колку што може побрзо да го заврши разговорот. Во тојмомент криминологот забележа ненадејна промена во ликот наполицајката, што откриваше израз некаде меѓу вџасеност инесигурност.

Во многуте години на својата кариера, Горан научи да препознаваефекти на страв на лицата на другите луѓе. Би можел да каже дека

94

Page 95: Sepnuvacot - Donato Karizi

нешто длабоко ја вознемири Мила.Тоа беше некое име.Тој ја слушна како ја прашува Вероника Берман: „Можете ли да ми

го повторите името на љубовницата на Вашиот сопруг?“„Ви кажав: името на таа ороспија е Присила.“

95

Page 96: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н9

е можеше да биде само коинциденција.Мила ги повтори, во корист на постојните, најистакнатите

аспекти на последниот случај со кој се занимаваше. Случајот научителот по музика. Додека таа го соопштуваше она што водникМорексу го кажа во врска со наоѓањето на тоа име – Присила – воеден од дневниците што му припаѓаа на „монструмот“, Сара Роза гикрена очите кон небото, а Стерн го следеше нејзиниот гест соодмавнување на главата.

Тие не и веруваа, што беше и разбирливо. А сепак, Мила неможеше да не мисли дека постои некаква врска. Само Горан бешетолерантен. Никој не знаеше што се надеваше да постигнекриминологот, но Мила, по секоја цена, сакаше да го истражи тојкаприц на судбината. Вероника Берман кажа дека го следеласопругот до куќата на неговата љубовница, и тие, токму сега, сенаоѓаа тука. Беше можно другите ужаси да се скриени таму. Дуриможеби и телата на исчезнатите деца.

И одговорот на прашањето за број шест.Мила сакаше да им каже на другите – „Јас ја викав Присила...“ Но

не го стори тоа. Сега тоа се чинеше како богохулство. Тоа бешенебаре името избрано од самиот Берман, убиецот на детето.

Градбата на малиот блок беше типична за место на периферијата нанекој град. Беа во класична гето-област, изградена во шеесеттитегодини како природен додаток на новата индустриска област. Бешесоставена од сиви згради кои, со текот на времето, ги покрилацрвеникава прав од блиската челичарница. Згради со малакомерцијална вредност и со итна потреба од поправање. Тукаживееја привремени жители, главно имигранти, невработени и луѓекои добиваат државна помош.

„Зошто некој би дошол да живее на вакво место?“, се чудеше Борис,гледајќи наоколу со гадење.

Куќниот број што тие го бараа беше на крајот на блокот. Станот се

96

Page 97: Sepnuvacot - Donato Karizi

наоѓаше во визбата и до него се стигнуваше по надворешни скали.Вратата беше направена од железо. Трите прозорци на нивото наулицата беа заштитени со решетки и заклучени однатре.

Стерн се обиде да погледне низ нив, наведнат во смешна позиција,со рацете свиткани околу очите и со задникот напрчен наназад за дане си ги извалка панталоните.

„Ништо не може да се види од овде.“Борис, Стерн и Роза си кимнаа со главите еден па друг и се

наредија околу влезот. Стерн им даде знак со рака на Горан и наМила да останат назад.

Борис зачекори напред. Немаше ѕвонче, па чукна на вратата. Тоа гонаправи енергично, со дланката од својата рака. Звукот бешезастрашувачки, додека тонот на гласот му остана намерно прибран.

„Ова е полиција. Госпоѓо, ве молам отворете.“Тоа беше техника на психолошки притисок за да се натера втората

страна да ја загуби својата ориентација: да им се обраќаш со лажнотрпение, а во исто време да бараш од нив да побрзаат. Но, во овојслучај тоа немаше ефект, затоа што се чинеше дека во станот неманикој.

„ОК, тогаш: да влеземе“, сугерираше Роза, која беше најнетрпеливада провери.

„Треба да го чекаме Роше да се јави и да ни каже дека има налог“,му одговори Борис и го погледна часовникот. „Не би требало да траепредолго...“

„Роше и неговиот налог можат веднаш да одат по ѓаволите!“,возврати Роза. „Внатре може да има сешто.“

Горан се согласи: „Таа има право. Ајде да влеземе.“Од начинот на кој сите ја прифатија одлуката, Мила знаеше дека

Горан има поголема тежина во тимот отколку Роше.Тие се разместија околу вратата. Борис извади комплет

шрафцигери и почна да ја чепка бравата. По неколку моменти,механизмот кликна отворен. Држејќи го цврсто пиштолот во својататупаница, тој ја турна железната врата со својата друга рака.

Првиот впечаток беше дека во местото не живее никој.

97

Page 98: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ходникот, тесен и гол. Светлото не можеше да се вклучи. Роза јавпери својата батериска ламба и тие здогледаа три врати. Првите двеналево, третата на крајот.

Третата беше затворена.Тие се упатија накај станот. Борис напред, Роза зад него, потоа

Стерн и Горан. Мила се најде на крајот. Освен криминологот, секојносеше оружје. Мила беше само „додадена“ на единицата, така штотаа не можеше да го има в рака пиштолот, но го имаше ставено восвоите фармерки, назад во појасот, со прстите склопени околурачката, подготвена да го извлече. Поради тоа, таа одеше последна.

Борис побара прекинувач за светло на еден од ѕидовите. „Немасветло.“

Тој ја крена батериската ламба за да ја истражи првата од тритесоби. Беше празна. На ѕидот забележа влажен слој што се креваше одподот, разјадувајќи го малтерот како рак. Цевките од греењето и одканализацијата се вкрстуваа на таванот. На подот се беше создалабара од отпадна вода.

„Каква смрдеа!“, рече Стерн.Никој не би можел да живее во такви услови.„Тешко дека ова би можело да се нарече љубовно гнездо“, рече

Роза.„Тогаш, какво е ова место?“, се чудеше Борис.Дојдоа до влезот на втората соба. Вратата беше закачена на

’рѓосани шарки и малку подотворена: можен напаѓач лесно би можелда се скрие зад неа. Борис, шутирајќи ја, ширум ја отвори, но внатренемаше никој. Собата практично беше иста со првата. Плочките одподот беа извадени, откривајќи го бетонот што ја покривашеосновата. Немаше мебел, само железен костур од една софа.Продолжија со обиколката.

Остана уште последната соба. Онаа на крајот од ходникот, созатворената врата.

Борис ги крена двата прста од левата рака, приближувајќи ги доочите. Стерн и Роза на тој знак кимнаа со главите и зазедоа позицијана двете страни од вратата. Потоа, младиот агент зачекори назад, ја

98

Page 99: Sepnuvacot - Donato Karizi

крена ногата и ја удри вратата во висина на рака. Вратата се отворисо тресок и тројцата полицајци веднаш се распоредија на линијата наогнот, истовремено осветлувајќи ги сите агли со своите батерии.Таму немаше никој.

Горан се проби меѓу нив, поминувајќи со рацете во латекс ракавиципо ѕидот. Го најде прекинувачот за светло. По три краткитрепнувања, на таванот се вклучи флуоросцентна светилка,разлевајќи го својот правлив сјај низ собата, што беше сосемапоинаква од другите. Како прво, беше чиста. На ѕидовите немашевлага, затоа што беа покриени со пластични непропустливи тапети.Тука, подот се уште ги имаше своите плочки, и тие не беа искршени.Немаше прозорци, но клима-уредот се вклучи по неколку секунди.Електричните жици не беа поставени внатре во ѕидовите, знак декабиле додадени подоцна. Пластични канали ги водеа каблите допрекинувачот со кој Горан го вклучи светлото, и, исто така, доприклучокот на десниот ѕид, каде што имаше биро и канцеларискобиро. А на бирото, компјутер што беше исклучен.

Тоа беше единствениот мебел, ако не се смета една стара кожнафотелја на спротивниот ѕид, одлево.

„Според тоа како изгледа, оваа била единствената соба за која билзаинтересиран Александар Берман“, рече Стерн, свртувајќи се накајГоран.

Роза влезе во просторијата и се упати накај компјутерот: „Сигурнасум дека ова е местото каде што ќе ги најдеме одговорите што гибараме“

Но Горан ја запре, задржувајќи ја со раката. „Немој, би требало да јаследиме процедурата. Ајде сега да си одиме, за да не се променивлажноста на атмосферата.“ Потоа се заврти накај Стерн: „Јави му сена Креп и кажи му да дојде со својата екипа да земат отпечатоци. Јасќе му јавам на Роше.“

Мила внимателно ја следеше светлината што блескаше во очите накриминологот. Таа имаше силно чувство дека тој е близу до нештоважно.

99

Page 100: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

ој помина со прстите низ својата глава, небаре ја чешла косаташто ја немаше. Имаше само едно перче коса назад на вратот, од

каде што се појавуваше опашка што паѓаше на неговиот грб. Зеленаи црвена змија се протегаа низ неговиот подлакот со устите отворенинакај дланката. Неговата втора рака имаше слична тетоважа и имашеуште една на неговите гради, што се гледаше под кошулата. Восредината на различните пирсови што го покриваа неговото лице,беше Креп, научен експерт.

Мила беше фасцинирана од неговата појава, толку спротивна нагоре-долу шеесетгодишна возраст. Си помисли: Вака завршуваатпанкерите кога ќе остарат. Сепак, до пред една година, Креп бешеперфектно нормален средовечен маж, прилично крут и, поточно,здодевен во своето однесување. Ден по ден, се случи промена. Но,откако сите се уверија дека човекот го нема загубено умот, никој нерече ниту збор во врска со неговиот нов изглед, затоа што Креп бешенајдобриот во својата област.

Откако му заблагодари на Горан за заштитата на оригиналнатавлажност на местото, Креп веднаш се зафати со работа. Со својоттим тој потроши цел час во собата, сите во комбинезони и маски налицата за да се заштитат себеси од супстанциите што ги употребувааза да земат отпечатоци од прсти, а потоа ја напушти визбата и дојдекај криминологот и кај Роше, кој во меѓувреме им се придружи.

„Како е, Креп?“, праша главниот инспектор патем, поздравувајќисе.

„Таа работа со гробиштата на раце ме извади од памет“, почнаКреп. „Се уште ги анализиравме оние екстремитети во потрага поупотребливи отпечатоци, кога ни се јавивте.“

Горан знаеше дека земањето отпечатоци од човекова кожа енајтешката работа на светот, заради можната загаденост или зарадипотење на субјектот што се истражува или, како во случајот сотелата, заради процесот на распаѓање, што се случуваше со рацете.

„Се обидов употребувајќи јодно чадење, со специјални глазираникартички, и дури, и со електромиографија.“

100

Page 101: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Што е тоа?“, праша криминологот.„Тоа е најмодерен начин за земање отпечатоци на прсти оставени

на кожата: радиографија со електронска емисија... Тоа копилеАлберт е прилично бистар во неоставањето отпечатоци“, рече Креп.Мила забележа дека тој беше единствениот кој го спомнувашеубиецот со тоа име, затоа што за другите тој веќе го добиидентитетот на Александар Берман.

„Значи, што имаме тука, Креп?“, праша Роше, кому му здодеа даслуша нешта кои беа неупотребливи за него.

Специјалистот ги извлече ракавиците и, се уште гледајќи надолу,почна да опишува што сработил: „Употребивме нинхидрин, ноефектот нод ласер не беше сосема јасен, па го подобрив со цинкхлорид. Зедовме некои отпечатоци од тапетот покрај прекинувачот засветло и од порозната површина на масата. Со компјутерот бешепотешко: отпечатоците беа едни врз други и ни беше потребенцијаноакрилат, но би требало тастатурата да се стави во атмосферскакомора и..

„Подоцна. Немаме време да ја заменуваме тастатурата, компјутероттреба да го анализираме сега“, му упадна Роше, очаен за да дознае:„Значи: отпечатоците и припаѓаат на една личност...“

„Да, тие му припаѓаат на Александар Берман.“ Сите се стаписаа одизговореното, освен една личност; онаа која веќе го знаешеодговорот. И го знаеше тоа уште од моментот кога зачекорија вовизбата.

„Според ова, ’Присила’ никогаш не постоела“, рече Гавила.Тој ова го кажа без да гледа во Мила, која, и покрај тоа, се

почувствува горда.„Постои нешто друго...“, повторно почна да зборува Креп.

„Кожната фотелја.“„Што?“, праша Мила, јавувајќи се од тишината. Креп ја погледна

како некој кој првпат забележува нешто, потоа ги погледна нејзинитепреврзани раце и одненадеж доби загрижен изглед. Мила не можешеа да не помисли дека беше смешно што Креп, однесувајќи се така, биможело да гледа во неа на тој начин. Но, таа ја задржа својата

101

Page 102: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

смиреност.„На фотелјата нема отпечатоци.“„Чудно ли е тоа?“, праша Мила.„Не знам“, и одговори Креп. „Можам само да кажам дека ги има

насекаде, само не таму.“„Но ги имаме отпечатоците на Берман на се друго: зошто е важно

тоа?“, пресече Роше. „Тоа е доволно тој добро и како што треба да сеутврди... и ако навистина сакате да знаете, тој тип почнува сепомалку и помалку да ми се допаѓа.“

А Мила си помисли дека тој всушност би требало прилично многуда го сака типот, со оглед на тоа што токму тој беше решението засите негови проблеми.

„Значи, што ќе правиме со фотелјата, ќе ја анализираме ли?“„Заборавете ја таа проклета фотелја и дозволете им на моите луѓе

да погледнат во компјутерот.“На зборовите „моите луѓе“, членовите на единицата се обидоа да не

се погледнат меѓу себе, воздржувајќи се да не се насмеат. Понекогашжелезниот тон на Роше можеше да биде дури уштепоконтрадикторен од појавата на Креп.

Главниот инспектор тргна накај автомобилот што го чекаше накрајот од блокот, но не пред да ги олабави своите луѓе со зборовите:„Продолжете со ова, момци, сметам на вас.“

Кога беше доволно оддалечен, Горан се заврти накај другите: „ОК“,рече. „Ајде да видиме што има во тој компјутер.“

ие повторно ја запоседнаа собата; обложените ѕидови сопластични тапети ја правеа да личи на огромна утроба. Дувлото

на Александар Берман само што не се беше отворило, само за нив.Или, во најмала рака, тие се надеваа на тоа. Ги ставија латекс-ракавиците. Потоа Сара Роза седна на терминалот: нејзе и бешередот.

Пред да го вклучи компјутерот, таа вклучи мал уред на еден од Ју-Ес-Би приклучоците. Стерн го вклучи диктафонот, седнувајќи веднаш

102

Page 103: Sepnuvacot - Donato Karizi

покрај тастатурата. Роза наглас ја опиша операцијата: „Го приклучивкомпјутерот на Берман на надворешна меморија: во случај тој дападне, целиот хард диск ќе се ископира во истиот момент.“

Останатите стоеја зад неа молчешкум.Таа го вклучи компјутерот.Првиот електричен сигнал беше следен од познатиот звук кога се

стартува дискот. Се изгледаше нормално. Полека, компјутерот почнада се буди од својата летаргија. Тоа беше стар модел што веќе не сепроизведуваше. Редум се појавија податоците од оперативниотсистем, наскоро следени со слика на десктопот. Ништо важно: самосин екран со иконки на мошне чести програми.

„Личи на мојот компјутер дома“, се осмели Борис, но никој не сенасмеа.

„ОК... ајде да видиме што има господин Берман во фолдерот задокументи.“

„Нема текстуална датотека... тоа е чудно“, забележа Борис.„Можеби секогаш бришел на крајот од секоја сесија“, сугерира

Стерн.„Во тој случај, можам да се обидам да ги вратам податоците назад“,

рече самоуверено Роза. Потоа стави едно це-де во драјв-дискот и брзоинсталира софтвер способен да ги поврати сите избришаниподатоци.

Компјутерската меморија никогаш не се празни целосно и речисиневозможно е да се избрише определен податок, затоа што секој однив е неизбришливо отпечатен во неа. Мила се присети што и имашекажано некој, дека силиконскиот состав „затворен“ во секојкомпјутер работи слично како човечков мозок. Дури и кога се чинидека имаме нешто заборавено, некаде во нашите глави, всушност,постојат група клетки што ја заштитуваат информацијата и може дани ја дадат назад, ако не во форма на слика, тогаш како инстинкт.Нема потреба да се сеќаваме на првите мигови кога сме се изгорелеод оган како деца. Она што е важно е дека свеста за тоа, извадена одсите биографски околности во кои е формирана, останува отпечатенаво нашиот ум за да се појавува повторно секогаш кога ќе се

103

Page 104: Sepnuvacot - Donato Karizi

приближиме до нешто врело. Мила погледна во своите завитканираце. Очигледно дека во некој дел од нејзиниот мозок била чуванапогрешната информација.

„Овде нема ништо.“Безнадежната забелешка на Роза ја врати Мила во реалноста.

Компјутерот беше комплетно иразен.Но Горан не беше убеден во тоа. „Постои вебпрегледувач.“„Ама компјутерот не е поврзан на интернет“, забележа Борис.Сара Роза сфати што сакаше да каже криминологот. Таа го извади

својот мобилен телефон и го провери екранот. „Има сигнал... можелда се поврзува преку мобилен.“

Таа веднаш го отвори екранот на пребарувачот и во неговатаисторија ја провери листата на адреси. Имаше само една.

„Еве што правел Берман тука!.“Се покажа низа од бројки. Адресата беше код.

http: //4589278497.89474525. com „Ова веројатно е адреса на ограничен сервер“, сугерираше Роза.„Што значи тоа?“, праша Борис.„Дека не можеш да дојдеш до него преку алатката за пребарување и

дека треба да имаш клуч за да пристапиш до него. Веројатно есодржан внатре, во компјутерот. Но ако не е, ризикуваме самитезасекогаш да си го оневозможиме пристапот.“

„Во тој случај, мора да бидеме внимателни и да правиме точноонака како што правел Берман...“, рече Горан пред да се заврти накајСтерн. „Дали го имаме неговиот мобилен телефон?“

„Да, го имам во автомобилот, заедно со неговиот домашенкомпјутер.“

„Тогаш оди и донеси го...“Кога Стерн се врати, ги најде во тишина. Тие го чекаа со лошо

прикриено нетрпение. Агентот и го подаде мобилниот на Роза, којаго поврза со компјутерот и го вклучи. Поминаа неколку секундидодека серверот го препозна повикот. Ги процесираше податоците.

104

Page 105: Sepnuvacot - Donato Karizi

Потоа брзо го почна полнењето.„Очигледно не можеме да влеземе внатре без никаква тешкотија.“Со очите фиксирани во екранот, тие чекаа на сликата што ќе се

појави за неколку минути. Би можело да биде што и да е, сипомисли Мила. Моќна тензија ги сплоти членовите на тимот, какоелектрицитет што потпукнува помеѓу две тела. Таа можеше да госети тоа во воздухот.

На екранот се појави аранжман од пиксели наредени преку неговатаповршина во редица, како мали делчиња на сложувалка. Но она штого видоа не беше тоа што го очекуваа. Енергијата што јаисполнуваше просторијата до претходниот момент за миг се исцеди,а ентузијазмот исчезна.

Екранот беше црн.„Мора да е безбедносниот противпожарен ѕид“, објави Роза. „Тој

нашите обиди ги толкува како упад.“„Дали го загуби сигналот?“, ја праша со непријатност Борис.„Се разбира!“, експлодира жената. „Мислиш ли дека сум идиот?

Веројатно постои код или нешто...“„Некој вид најава или лозинка?“, сакаше да знае повеќе во врска со

ова Горан.„Нешто слично на тоа“, му одговори Роза отсечно. „Она што го

имавме беше адреса за директно поврзување. Најавата и лозинката сестаромодни механизми: тие оставаат траги и секогаш можат да веодведат до некого. Секој што влегува на овој страница сака да останеанонимен.“

Мила се уште не кажа ниту збор и разговорот ја нервираше. Таавдиша длабоко и ги стисна прстите додека не крцнаа. Имаше нештошто не се поклопуваше, но не можеше да открие што е тоа. Гораннакратко се заврти накај неа, како да беше привлечен од нејзинотозјапање. Мила се преправаше дека не го забележала.

Во меѓувреме, атмосферата во собата се прегреа. Борис реши врзСара Роза да ја истури својата фрустрација од овој неуспех. „Акомислеше дека страницата може да биде блокирана, зошто не следешепаралелна процедура за поврзување?“

105

Page 106: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Зошто не ми го посочи тоа?“„Зошто, што се случува во таков случај?“, праша Горан.„Тоа што се случува е кога систем како овој е блокиран, нема начин

да се пробие.“„Би можеле да се обидеме да се приближиме со нов код и да

добиеме друг влез“, сугерираше Сара Роза.„Навистина? Постојат милион комбинации“, се подбиваше Борис.„Ох, откачи се! Дали се обидуваш сета вина да ја фрлиш врз мене?“Мила продолжи молчејќи да ги слуша овие чудни дофрлања.„Ако некој имал да каже некаква идеја или да даде совет, можел тоа

да го стори претходно.“„Но ти скокаш секогаш кога ќе ги отвориме устите!“„Борис, само остави ме на мир! Јас исто така можам да забележам

дека...“„Што е ова?“Зборовите на Горан паднаа како брана меѓу противниците.

Неговиот глас беше алармантен, или нетрпелив, како што иочекуваше Мила, но сепак придонесе тие конечно да молкнат.

Криминологот покажуваше на нешто пред себе. Следејќи гоправецот на неговите испружени раце, тие пак почнаа да гопроучуваат екранот на компјутерот.

Тој повеќе не беше црн.Во горниот дел, на работ од левата страна, почна да се појавува

нешто напишано.– си таму?„Ох, Господе!“, викна Борис.„Што е тоа? Може ли некој од вас да ми каже?“, праша повторно

Горан.Роза пак седна пред мониторот, со рацете испружени врз

тастатурата. „Влеговме“, објави таа.Останатите се собраа околу неа за да можат подобро да гледаат.Стрелката под реченицата продолжуваше да трепка, чекајќи на

одговор, што засега не доаѓаше.– ти тоа?

106

Page 107: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Слушајте, може ли некој, ве молам, да ми објасни што се случува?“Горан сега го загуби трнението.

Роза брзо му објасни. „Тоа е ’врата’.“„Што значи?“„Тоа е начин на пристап. Мене ми изгледа дека сме внатре во некој

сложен систем. И ова е ’прозорец’ за дијалог: еден вид разговор... надругиот крај има некој.“

„И тие сакаат да разговараат со нас...“, додаде Борис.„Или со Александар Берман“, го исправи Мила.„Па што чекаме? Ајде да одговориме!“, рече Стерн со нота на

итност во гласот.Гавила го погледна Бориса: тој беше експерт но комуникации.

Младиот агент кимна со главата и застана зад Сара Роза, за да можеда и сугерира што би требало да пишува.

„Кажи им дека си тука.“И таа напиша:– Да, јас сум тука.Почекаа неколку моменти, а потоа на мониторот се појави друга

реченица.– немав чуено за теб ј загрижен.Борис и го диктираше следниот одговор на Сара Роза. Но, тој и

препорача употреба само на мали букви, како што правеше личностаод другата страна, по што објасни дека некои луѓе се чувствуваатуплашени од употребата на големи букви. А тие навистина сакаадругата личност да се чувствува олабавено.

– бев мн зафатен, како ти?– бев праш мн праш но кажав 0Некому му биле поставувани многу прашања? Во врска со што?

Секој, а Горан особено, веднаш почувствува дека личноста со којаразговараа била вовлечена во нешто сомнително.

„Можеби бил распитуван од полицијата, но не сметале дека екорисно да го задржат“, сугерираше Роза.

„Или можеби немале доволен доказ“, рече Стерн, помагајќи и.Во нивните глави почна да се формира фигурата на соучесник на

107

Page 108: Sepnuvacot - Donato Karizi

Берман. Мила помисли на она што се случи во мотелот, когамислеше дека некој ја следи на чакалот. Таа ова не го спомнаникому, плашејќи се дека само така и се присторило.

– кој те распр?Пауза.– тие– кои тие?Немаше одговор. Борис се обиде да ја заобиколи пречката,

прашувајќи нешто друго.– што им кажа?– им ја кажав приказната ти рече и успеаПовеќе од нејасноста на зборовите, Горан го загрижуваа

граматичките грешки.„Тоа може да биде код на распознавање“, објасни тој. „Тој можеби,

исто така, не чека да направиме некакви грешки. А ако не, може да јапрекине комуникацијата.“

„Имаш право. Во тој случај, копирај го јазикот и стави своисопствени грешки“, и предложи Борис на Роза.

Во меѓувреме, на екранот се појавија малку повеќе зборови:– се подготви како ти сакаш не можам чекам ти ќе ми кажеш– кга?Конверзацијата не ги водеше никаде. Потоа Борис побара Сара Роза

да одговори дека наскоро тие ќе знаат „кога“, но дека засега еподобро да се повтори целиот план, за да биде сигурно дека другиотго знае.

Мила помисли дека тоа е одлична идеја; на тој начин тие ќе имаатпредност пред кој и да е на другата страна. Секунда подоцна,одговорот пристигна:

– планот е: замине ноќе потоа никој не ќе ме в. Во 2 оди до крајна улица. крие во грмушки. чека. фаровите ќе дојдат 3 пати.потоа јас можам појавам.

Никој не ја разбра работата. Борис гледаше наоколу, барајќисугестија. Тој го улови погледот на Гавила: „Што мислите, докторГавила?“

108

Page 109: Sepnuvacot - Donato Karizi

Криминологот размислуваше. „Не знам... има нешто што не госфаќам. Не можам да кажам што.“

„И јас го имам истото чувство“, рече Борис. „Типот кој зборува сечини... се чини и како ретардиран, или како да има некој видпсихолошка мана.“ Горан се приближи до Борис: „Треба да гоизнесеш на отворено.“

„Како?“„Не знам... кажи му дека си посигурен од него, и дека размислуваш

да ја откажеш целата работа.“Кажи му дека „тие“ се исто така на твојата трага и потоа прашај го

да ти даде некаков доказ... тоа е тоа: побарај од него да ти се јави насигурниот број!“

Роза побрза да го напише прашањето. Но, на местото за одговорподолго време немаше ништо освен трепкањето на стрелката.

Тогаш нешто почна да се покажува на екранот.– не можам да зборувам на телефон. тие слушат мене.Беше сосема јасно: или беше мошне лукав, или навистина се

плашеше да не биде следен.„Инсистирај. Најди нешто. Сакам да знам кои се ’тие’“, рече Горан.

„Прашај го каде се сега...“Одговорот дојде брзо.– тие блиску.„Прашај го колку блиску“, инсистираше Горан.– тие тука покрај мене.„А што значи тоа, по ѓаволите?“, ’ржеше Борис, ставајќи ги,

огорчен, рацете назад на вратот.Роза се ничкоса на столот и мавташе деморализирано со главата.

„Доколку ’тие’ се толку блиску и го држат на око, како не можат давидат што пишува?“

„Затоа што не може да го види она што го гледаме ние.“Тоа го кажа Мила. И беше задоволна кога забележа дека тие не се

завртија накај неа да ја гледаат небаре само што прозборел некој дух.Напротив, нејзината забелешка го предизвика интересот на групата.

„Како мислиш?“, ја праша Гавила.

109

Page 110: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Затоа што прифативме здраво за готово дека тој пред себе има црнекран токму како и ние. Но, мислам дека неговиот прозорец задијалог е инсталиран на некоја веб-страница што содржи другиелементи: можеби графички анимации, зборови или слики од некаковвид... Затоа, и покрај тоа што тие се блиску до него, ’тие’ не можатда кажат дека тој комуницира со нас.“

„Таа е во право!“, рече Стерн.Собата повторно се наполни со привремена еуфорија. Горан се

сврти накај Сара Роза: „Можеме ли да видиме што гледа тој?“„Се разбира“, рече таа. „Ќе му го испратам сигналот за

препознавање и кога неговиот компјутер ќе го врати назад, ќе јаимаме интернет адресата на која е пријавен.“ Додека го објаснувашесево ова, веќе ја креираше втората интернет врска.

Еден момент подоцна, зборовите се појавија на главниот екран:– д уште таму?Борис погледна во Горан: „Што да кажеме?“„Не брзај. Но, не предизвикувај сомнеж.“ Борис напиша да почека

неколку секунди, затоа што имало некој на вратата и тој треба даотиде да му отвори.

Во меѓувреме, во ноутбукот Сара успеа да ја копира интернетадресата од каде што комуницираше другата личност. „Еве,готово...“, рече таа.

Таа ги внесе податоците во URLph просторот и притисна „enter.“ Неколку секунди потоа, се покажа

веб-страницата.Беше невозможно да се каже дали тоа што ја остави без зборови

беше вџашување или ужас.На екранот, мечки танцуваа со жирафи, хипоталамуси даваа ритам

со тапани, а едно шимпанзо свиреше на хавајска гитара. Собата сеисполни со музика. И додека џунглата оживеа околу нив, еднапеперутка со светли бои се појави на страницата, како добредојде.Нејзиното име беше Присила.

Се стаписаа, не верувајќи. Тогаш Борис погледна во главниотекран, каде што се уште светеше прашањето:

110

Page 111: Sepnuvacot - Donato Karizi

– д уште тука?Дури во тој миг агентот успеа да ги изусти следниве мачни

зборови:„Да му се сневиди... тоа е дете.“

111

Page 112: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н10

ајчесто бараниот збор во интернет-пребарувачите е секс.Вториот е Бог. Секојпат кога Горан ќе помислеше на тоа, се

прашуваше зошто некој би се обидувал да го најде Бог токму наинтернет, од сите други постојни места. На третото место, всушност,има два збора: Бритни Спирс. И заедно со овие два, третиот е смрт.

Секс, Бог, смрт и Бритни Спирс.Прв пат кога Горан го внесе името на својата сопруга во

пребарувачот беше точно пред три месеци. Тој не знаеше зошто гонаправи тоа. Идејата само му дојде, онака, инстинктивно. Не бешесигурен дали ќе ја најде, и, всушност, не ја ни најде. Но тоа бешепоследното официјално место на кое би помислил да ја бара. Беше лиможно за неа да знае толку малку? Од тој момент, нешто во него сескрши.

Тој откри зошто ја барал.Во реалноста, не сакаше да знае каде е таа. Длабоко во себе, нему и

не му беше навистина гајле за тоа. Она што сакаше да го знае, бешедали таа веднаш потоа беше среќна. Затоа што тоа беше она што голутеше: дека ги напушти него и Томи за да биде среќна некаде надруго место. Може ли некој човек да е способен да повреди некоготолку длабоко, со цел да ја следи својата себична желба за среќа?Очигледно, може. Таа го стори тоа и, што беше најлошо, не се вратида го поправи тоа, да ја исцели повредата, таа скинатица во месото начовекот со кого избра да го дели животот, и во месото на своетомесо. Затоа што човек може да се врати, тој мора да го стори тоа.Секогаш постои момент кога, одејќи напред и гледајќи право предсебе, ќе слушнете нешто – извик – и малку ќе подзастанете за давидите дали се е се уште како што било, или дали нешто сепроменило кај луѓето кои сме ги оставиле зад нас, а и во нас самите.Тој момент доаѓа – за секого. Зошто не и за неа? Бидејќи дури не сени обидела? Без телефонски повици со молк од другата страна вомртвилото на ноќта. Без неиспишани картички. Колку ли пати Горан

112

Page 113: Sepnuvacot - Donato Karizi

стоеше и чекаше надвор од училиштето на Томи, надевајќи се декаќе ја улови како тајно го надгледува својот син? А сепак, немашеништо. Таа дури немаше отидено да провери дали тој е во ред. Горанпочна да се чуди во врска со личноста за која мислеше дека ќе можеда ја има покрај себе целиот свој лшвот.

Што, всушност, него го прави толку различен од Вероника Берман?Таа жена беше измамена. Сопругот ја употребил за да создаде

респектабилна фасада, така што таа ќе се грижи за неговитесопствености: за неговото име, за неговата куќа, за неговите нешта,за се. Затоа што најпосле, она што тој го сакаше беше некаде надруго место. Но, за разлика од Горан, госпоѓа Берман гопочувствувала амбисот што се отворил под нејзиниот перфектенживот, таа го надушила неговиот мирис на гнилеж. И не рекланишто. Таа и се придружила на измамата, дури без да учествува вонеа. Таа била соучесник во тишината, другар во претставата, сопругаво добро или во зло.

Горан, од друга страна, никогаш не се посомнева дека неговатасопруга може да го напушти. Ниту трага, ниту знак, дури ниту знакза распаѓање на кој може да се сети и да каже: „Да! Тоа беше толкуочигледно, а јас, како идиот не забележав.“ Тој побргу ќе откриешедека беше ужасен сопруг, така што би можел да се обвини себеси,својата негрижа, својот недостиг на внимание. Тој посакуваше даможе да ги изнајде причините во себе: на тој начин ќе имаше баремнешто. Но немаше ништо, само тишина. И сомнежи. На тие околусебе им ја даде најгрубата верзија на фактите: таа си замина, и точка.Бидејќи Горан знаеше дека секој ќе го гледа тоа што ќе сака да говиди. Некој ќе гледаше сопруг за жалење. Некој друг, човек кој моранешто да и сторил за да ја натера да избега. И тој веднаш сеидентификува во тие улоги, слободно преминувајќи од една во друга.Затоа што секоја болка е обична на свој сопствен начин.

А што во врска со неа? Колку долго се преправала? Кој би можел дакаже колку долго созревала идејата? Којзнае колку време и требалода се збогати со непријатни сништа, со мисли секоја вечер скриенипод перницата, додека спиела покрај него. Проткајувајќи ја таа желба

113

Page 114: Sepnuvacot - Donato Karizi

со секојдневното однесување како мајка, како сопруга. Додека тиефантазии не станале проект, план. Дизајн. Кој би можел да каже когасе уверила себеси, или кога открила дека тоа што го замислувала биможело и да се оствари. Кожурецот ја содржел тајната на нејзинатаметаморфоза, а во меѓувреме, таа продолжила да живее покрај нив,покрај него и Томи, тивко подготвувајќи се за промена.

И каде беше сега? Во паралелен универзум, направен од мажи ижени како оние што Горан ги сретнуваше секој ден, направен оддомови кои треба да се одржуваат, од сопрузи кои треба да сеподдржат, од деца за одгледување. Свет, идентичен и банален, нотргнат далеку од него и од Томи, со нови бои, нови пријатели, новилица, со нови имиња. Што бараше таа во тој свет? Во основа, ситение бараме одговори во некој паралелен универзум, си мислешеГоран. Како луѓето кои го употребуваат интернетот за да ги бараатсекс, Бог, смрт или Бритни Спирс.

Александар Берман, од друга страна, отиде на интернет за да барадеца.

Се се појави одненадеж. Од отворањето на веб-страницатаПеперутката Присила на компјутерот на Берман, доидентификувањето на меѓународниот сервер што го раководи тојсистем – се почна да добива свој лик.

Тоа беше педофилска мрежа со подружници во различни држави.Мила беше во право: „нејзиниот“ учител по музика, исто така, беше

во таа мрежа.Специјалната единица за интернет криминал откри речиси стотици

претплатници. Веќе беа преземени првите апсења, идните ќе сеслучат во следните неколку часови. Мала, но мошне доброселектирана бројка претплатници. Сите луѓе професионалци, надвород сомнеж, имотни и оттаму подготвени да платат огромни сумипари за да го заштитат својот идентитет.

Меѓу нив, и Александар Берман.Враќајќи се таа ноќ дома, Горан повторно помисли на човекот со

умерено однесување, секогаш насмеан и морално воздигнуван воописите од страна на пријателите и познајниците. Перфектна маска.

114

Page 115: Sepnuvacot - Donato Karizi

Кој можеше да знае што го натера да ја поврзе претставата за Бермансо претставата за својата сопруга. Или, можеби знаеше, ама несакаше да го признае тоа. Во секој случај, штом еднаш беше поминатпрагот, реши да ги остави тие размислувања настрана и целосно даму се посвети на Томи, како што му вети по телефон, кога му кажадека ќе си дојде наскоро дома. Син му ја прими веста одушевено и гозамоли да порачаат пица однадвор. Горан лесно се согласи, знаејќидека мала отстапка ќе биде доволна да го направи среќен. Децатасекогаш можат да црпат некаква среќа од нештата што им сеслучуваат.

Значи, Горан се најде себеси како порачува пица со феферони засебе и дупла моцарела за Томи. Тие заедно ги порачаа пиците потелефон, затоа што порачувањето беше заеднички ритуал. Томи ќе гоповикаше бројот, а Горан ја извршуваше порачката. Потоа вадеаголеми чинии купени специјално за таа намена. Томи пиеше овошенсок, а Горан си дозволуваше пиво. Пред да ги донесеа на масата, тиеги ставаа своите чаши во замрзнувачот, за да бидат обложени со мрази доволно ладни за нивните пијалаци.

Но, Горан беше далеку од смиреност. Неговиот ум се уште сезанимаваше со таа перфектна организација. Агентите одспецијалната единица за интернет-криминал ископаа база наподатоци што содржеше повеќе од три илјади детски имиња,поврзани со адреси и фотографии. Мрежата употребувала лажниобласти за да ги привлече жртвите во стапицата... такви какви штобеа оние во цртаните филмови што, по вечерата, Горан и Томизаедно ги гледаа на сателитските канали. Синиот тигар и белиот лав.Додека син му се мушкаше во него, целосно сосредоточен врздвајцата пријатели од џунглата, Горан го посматраше.

Треба да го заштитам, си помисли.Оваа помисла му создаде чуден страв длабоко во градите – темен,

леплив јазол. Страв дека не сторил доволно, дека не бил присутендоволно. Затоа што само еден родител не може да биде доволен. Ипокрај тоа што Томи и тој, во основа, успеваа. Но што ќе се случешедоколку зад бланк екранот на компјутерот на Берман наместо тоа

115

Page 116: Sepnuvacot - Donato Karizi

непознато дете, седеше неговиот Томи? Дали ќе беше кадарен дазабележи дека некој се обидува да влезе во умот на неговиот син, воживотот на неговиот син?

Додека Томи ја завршуваше домашната работа, Горан се бешезасолнал во својата работна соба. Уште не беше седум часот, такашто повторно почна да го прелистува досието на Берман, наоѓајќиразлични делчиња во размислувањата што можат да бидатупотребливи за истрагата.

Пред се, кожната фотелја во визбата, онаа на која Креп не најдеотпечатоци од прсти.

Најде секаде, но не таму... зошто?Тој беше сигурен дека и за тоа има причина. А сепак, секојпат кога

ќе помислеше дека го фатил концептот, неговиот ум ќе одлеташенекаде на друго место. На опасностите што го опкружуваат живототна неговиот син.

Горан беше криминолог, тој го знаеше злото што постоеше. Но тојсекогаш го посматраше од дистанција, како професор. Нему никогашне му беше блиска идејата дека истото зло би можело некако да сепротегне до неговите ковчести прсти и да го допре. Но, сега,мислеше за тоа.

Кога се станува „монструм“?Тој термин, што тој официјално го забрани, сега се врати во

најскришните катчиња на неговиот ум. Затоа што сакаше да знаекако се случува тоа. Кога сфаќате дека сте ја поминале границата.

Берман и припаѓаше на одлична организација, со поврзанахиерархија и со статусен систем. Трговскиот патник и се приклучилза време на студиите. Во тоа време интернетот се уште не бил гледанкако ловиште и биле потребни значителни напори за да се остане восенка и да не се предизвика сомневање. Затоа следбениците билесоветувани за себе да создаваат сигурен и примерен живот каде штоќе можат да ја кријат својата вистинска природа и да ги прикријатсопствените импулси. Да се вклопат и да исчезнат; ова беа клучнитезборови на стратегијата.

Берман се вратил од универзитетот со кристално јасна идеја што ќе

116

Page 117: Sepnuvacot - Donato Karizi

прави. Најпрво, мораше да најде една стара школска пријателка штоне беше ја видел со години. Вероника, која никогаш не беше доволнослатка за момчињата – вклучувајќи го и него – за да покажезаинтересираност за неа. Тој ја насочувал да верува дека неговатаљубов со години била негувана и срамежливо таена. А таа, како штопредвидел, веднаш се согласила да се омажи за него. Првите годиниод бракот им поминале како и на сите двојки, во слога и љубов. Тој,заради работата, често патувал. Во реалноста, честопати ги користелпатувањата да среќава исти како себе, или да ги подготвува своитемлади жртви.

Со доаѓањето на интернетот, нештата станале многу полесни.Педофилите веднаш почнале да го употребуваат овој неверојатенинструмент што не им овозможувал само да дејствуваат под превезотна анонимност, туку и да поставуваат генијални стапици за да гиманипулираат своите жртви.

Но, Александар Берман не можел целосно маскиран да го исполнисвојот план, затоа што Вероника не можела да му роди наследник.Тоа било делчето што недостига, детаљот што вистински ќе го ставинадвор од сомневањата: бидејќи таткото не се интересира за деца надруги луѓе.

Криминологот го турна настрана гневот што му се креваше вогрлото и го затвори досието што по последните неколку часовистануваше се подебело и подебело. Воопшто не сакаше повеќе да гочита. Всушност, тој сакаше само да си легне и да се смири соспиење.

Кој друг можеше да биде Алберт освен Берман? Дури и покрај тоашто мораа да го поврзат и со гробиштата на раце и со исчезнувањетона сите шест мали момички, и да ги најдеа телата што недостигаа,никој веќе од него не би заслужил да ја носи егзекуторската облека.

Но, колку повеќе Горан размислуваше за тоа, толку помалку бешеубеден.

Во осум часот, на подготвената прес-конференција, Рошеофицијално ќе го објави апсењето на виновникот. Горан сфати декаидејата што сега го измачуваше, почнала да му брчи во главата

117

Page 118: Sepnuvacot - Donato Karizi

Г

набрзо откако ја откри тајната на Берман. Развлекувајќи се, магливонејасна, таа цело попладне беше притаена во еден агол на неговиотум. Но, во сенката каде што беше засолната продолжи да пулсира, зада му покаже дека е таму и дека е жива. Дури сега, во мирот насвојата соба, Горан реши целосно да се сосредоточи на неа.

Има нешто во оваа работа што не може да се вклопи...Ти не мислиш дека Берман е виновен?Ох, се разбира, да: човекот беше педофил. Но тој не ги убил шесте

мали момички. Тој нема никаква врска со тоа...Како можеш да бидеш толку сигурен?Затоа што доколку Александар Берман навистина беше нашиот

Алберт, ќе ја најдевме последната момичка во неговиот багажник –број шест – а не Деби, првата. Таа веќе некое време гниела...

И токму кога почна да го обликува својот заклучок, криминологотпогледна во часовникот: уште пет минути до прес-конференцијата воосум.

Тој треба да го запре Роше.

лавниот инспектор ги имаше викнато главните весници набрзооткако почна да циркулира информацијата за развојот на

ситуацијата во случајот на Берман. Официјалното оправдување бешедека тој не сакал новинарите да добијат информации од втора рака,можеби лошо филтрирани од некој доверлив извор. Во реалноста, тојбеше загрижен дека приказната би можела да „истече“ во различниправци, исклучувајќи го од центарот на вниманието.

Роше беше добар во третирањето настани како овој, тој знаеше какода ја одмери тежината и извлекуваше несомнено задоволство одоставањето новинарите да ’висат’. Затоа го почна пресот неколкуминути подоцна, давајќи до знаење дека како глава на тимот тојсекогаш е задржан од настаните што се случуваат во последнатаминута.

Инспекторот уживаше во џагорот што доаѓаше од просторијата запрес-конференции до неговата канцеларија: тоа беше како енергија

118

Page 119: Sepnuvacot - Donato Karizi

што го хранеше неговото его. Во меѓувреме, мирно седеше таму, сонозете врз бирото што го наследи од својот претходник, чијштозаменик инспектор беше долго време – премногу долго, си помисли,и немаше грижа на совест во врска со престрелката пред осумгодини.

Линијата на неговиот телефон почна непрекинато да светка. Но, тојнемаше намера да одговара: сакаше да се зголеми тензијата.

Некој чукна на вратата.„Напред“, рече Роше.Веднаш штом влезе, Мила забележа самозадоволна насмевка на

лицето на инспекторот. Се чудеше зошто, да му се сневиди, тојсакаше да ја види.

„Агент Васкез, сакав лично да Ви се заблагодарам за драгоцениотпридонес што го дадовте во оваа истрага.“

Мила ќе поцрвенеше доколку не разбереше дека ова беше самопресметан вовед за да се ослободи од неа. „Не мислам дека сторивмногу, господине.“

Роше го крена отворачот за писма и почна да си ги чисти ноктитесо врвот. Потоа отсечно продолжи: „Не, тоа беше крајно корисно.“

„Уште не го знаеме идентитетот на шестата момичка.“„Ќе се појави и тоа, како и се друго.“„Господине, би сакала да замолам за Ваша дозвола да ја

комплетирам својата работа, најмалку за неколку дена. Сигурна сумдека можам да дојдам до резултат...“

Роше го испушти отворачот за писма, ги спушти нозете од бирото итргна накај Мила. Со најпрекрасната можна насмевка, тој ја зеденејзината десна рака, се уште завиткана, и ја затресе, незабележувајќи дека тоа ја боли: „Разговарав со Вашиот претпоставен:Водник Морексу ме увери дека ќе добиете пофалба за овој случај.“

Потоа ја одведе до вратата.„Добар пат, агенте. И мислете на нас одвреме навреме.“Мила му кимна со главата, затоа што немаше ништо друго да се

каже. Неколку секунди подоцна, се најде надвор, гледајќи како сезатвора вратата на канцеларијата.

119

Page 120: Sepnuvacot - Donato Karizi

И

Би сакала за ова прашање да продискутира со Горан Гавила,бидејќи беше сигурна дека тој не знае ништо во врска со нејзинотонеочекувано ослободување од обврските. Но, тој веќе заминал дома.Неколку часови претходно таа го слушна на телефон, како сесогласува да вечера. Судејќи според тонот на гласот, личноста надругата страна не можеше да има повеќе од осум или девет години.Тие ќе порачуваа пица.

Мила сфати дека Горан има син. Можеби во неговиот живот имашеи жена и таа, исто така, би учествувала во пријатната вечера што јаприготвуваа таткото и синот. Мила сети трошка завист, без да знаезошто.

Таа ја предаде својата значка на вратата, при што и беше даденеден коверт со билет за воз за дома. Овојпат, никој нема да ја одведена железничката станица. Таа ќе треба да повика такси, со надеждека нејзиното сопствено главно полициско седиште ќе и гинадомести трошоците, и да намине до мотелот за да ги земе своитеработи.

Сепак, кога се најде на улицата, Мила откри дека не и се брза.Погледна наоколу, вдиша од воздухот што наеднаш ја преплави,толку чист и благ. Градот се чинеше нурнат во некој неприроденбалон од студ, кој балансира на работ на метеоролошките случувања.Еден степен повеќе или помалку, и се може да се промени.Разредената атмосфера содржеше прерано ветување за меќава. Илиинаку, се ќе остане како што беше сега – неподвижно.

Го извади билетот од ковертот. Се уште и остануваа три часа донејзиниот воз. Но, таа размислуваше за нешто друго. Дали ќе имадоволно време за да го направи тоа што треба? Немаше начин дадознае, освен да тргне. Основното е што доколку доживее неуспех,никој нема да знае. И, не можеше да си замине со тој сомнеж.

Три часа. Таа ќе мора да го стори тоа.

знајми автомобил и возеше околу еден час. Планинските врвовипред неа го сечеа небото. Дрвени куќички, со коси покриви. Од

120

Page 121: Sepnuvacot - Donato Karizi

нивните оџаци излегуваше сив чад со мирис на смола. Дрва нареденикако кули во дворовите. Од прозорците, спокојна светлина во окербоја.

Возејќи по автопатот 115, Мила скршна на излезот 25. Возеше накајинтернатското училиште што го посетувала Деби Гордон. Сакаше даја види нејзината соба. Беше сигурна дека таму ќе најде нешто штоќе ја одведе до детето број шест, до нејзиното име. И покрај тоа штодосега таа практично не му беше од никаква корист на главниотинспектор Роше, Мила не можеше да замине оставајќи го зад себе тојнеоткриен идентитет. Тоа беше мал гест на сожалување. Медиумитесе уште не објавија дека биле повеќе од пет момички, затоа штоникој досега немаше можност да ја оплакува шестата жртва. А тиенема да можат да го сторат тоа без име, Мила го знаеше тоа. Таа ќестане бела ознака на надгробниот споменик, нема пауза на крајот одкратката листа со имиња, само уште еден број кој треба да се додадена студеното сметководство на смртта. А таа, апсолутно, не можешеда дозволи да се случи така.

Всушност, имаше една друга замисла што ја опседнуваше, и порадикоја патуваше толку многу километри. Тоа беше она треперење нанервот на долниот дел на нејзиниот врат...

Полицајката стигна на своето одредиште токму по девет часот.Интернатското училиште се наоѓаше во едно симпатично селце,илјада и двесте метри нагоре по ридот. Уличките во тоа време наденот се празни. Училишната зграда е веднаш до селото, опкруженасо убав парк, училиште за јавање и со тениски и кошаркарскиигралишта. До нив се доаѓаше по долго возење по патека по којаучениците полека се враќаа од своите спортски активности.Ѕвонливото смеење на девојките ги нарушуваше инструкциите декатреба да се движат во тишина.

Мила ги измина и се паркира на просторот пред училиштето.Малку подоцна се појави во канцеларијата за да праша дали може даја посети собата на Деби, надевајќи се дека никој нема да правипроблем. По консултацијата со надлежниот, помошникот се врати ии рече дека може да оди. За среќа, по нивниот разговор, мајката на

121

Page 122: Sepnuvacot - Donato Karizi

Деби им телефонира за да им каже дека Мила патува натаму.Помошникот и даде пропусница со натпис „посетител“ и и го покажапатот.

Мила одеше низ ходниците додека не стигна до крилото каде штобеа собите на ученичките. Не беше тешко да ја најде онаа на Деби.Нејзините соученички ја имаа покриено вратата со ленти во боја и соразни забелешки. Тие напишале дека никогаш нема да престане даим недостасува и дека никогаш нема да ја заборават. И го имаше инеизбежното: „Ти засекогаш ќе останеш во нашите срца.“

Таа уште еднаш се сети на Деби, на телефонските повици штоочајна ги упатувала до своето семејство за да ја вратат дома, наизолацијата којашто дете на нејзините години, срамежливо исамосвесно, може да ја доживува паднато во рацете на своитесоученички, во место како ова. Поради тоа, таа ги сметаше овиепораки за невкусни, за лицемерно манифестирање на задоцнетитеемоции. Можевте да ја забележите кога таа беше овде, си помислиМила. Или кога некој ја грабна од пред вашиот нос.

Од крајот на ходникот до неа дојде врескање и одушевеноизвикување. Таа помина преку веќе догорените свеќи што некој гипоставил во знак на сеќавање, и влезе во засолништето на Деби.

Ја затвори зад себе вратата и наеднаш настапи тишина. Ја испружираката накај ламбата и ја вклучи. Собата беше мала. Нанадворгледаше еден прозорец, поставен директно над паркот. Одморајќи сеспроти ѕидот, една мошне чиста работна маса стоеше под полицитенабиени со книги. Деби сакала да чита. Десно се наоѓаше вратата забањата, затворена, и Мила реши неа да ја остави за крај. На креветотимаше неколку привлечни играчки што внимателно ја гледааполицајката со своите студени, неподвижни очи, правејќи да сечувствува како натрапничка. Собата беше целосно прекриена сопостери и со фотографии што ја прикажуваа Деби дома, со своитесоученички од старото училиште, со своите другарки и со своетокуче Стинг. Сите нешта што и биле одземени за да може да гопосетува ова ексклузивно интернатско училиште.

Мила забележа дека Деби била момичка со можност да стане убава

122

Page 123: Sepnuvacot - Donato Karizi

жена. Оние што ја опкружуваа, ќе го забележат овој факт премногудоцна, тажни што порано не го забележале лебедот скриен во тоазбунето грдо патче. Но во тој момент таа мудро би ги игнорирала. Сеприсети на аутопсијата на која присуствуваше, на мигот кога Чанг гоослободи нејзиното лице од пластиката и на шнолата со белителилии што се појави во нејзината коса. Нејзиниот убиец ја бешеисчешлал и Мила се потсети на помислата дека тој ја стокмил за дабиде убава за него.

Не, си помисли, таа беше убава за Александар Берман...Погледот на Мила се спушти на еден дел од ѕидот што останал

зачудувачки празен. Таа му се приближи и откри дека на различниместа малтерот беше излупен. Како нешто да било залепено на него,нешто што повеќе не е тука. Други раце, други очи го допреле светотна Деби, нејзините предмети, нејзините спомени. Можеби мајка ибила таа што ги извадила сликите од ѕидовите; ќе треба да го проверитоа.

Се уште размислуваше за тоа, кога ја зачуди некој звук. Доаѓашеоднадвор. Не од ходникот, туку од зад неа, од бањата.

Мила инстинктивно ја приближи раката до ременот, барајќи гопиштолот. Кога го извлече од футролата и го откочи, се исправи итргна накај вратата од бањата. Втор звук. Овојпат, појасен. Да, некојбеше внатре. Некој, кој како и таа, помислил дека е најпогодно времеда влезе невознемируван во собата на Деби и да земе нешто... траги?Срцето лудо и чукаше. Таа нема да влезе внатре, ќе чека.

Одненадеж, вратата се отвори. Мила го помрдна прстот спремасигурносното копче. Потоа, за среќа, се скамени. Мала момичка,вџасена, ги рашири своите раце, фрлајќи го она што го држеше водланките.

„Која си ти?“, ја праша Мила.Момичката пропелтечи: „Јас сум другарка на Деби.“Таа лажеше. Мила беше совршено свесна за тоа. Го стави пиштолот

во футролата на ременот и погледна во подот, во предметите штомомичката ги испушти. Таму имаше едно шишенце парфем, неколкушишиња шампон и црвена капа со широк раб.

123

Page 124: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Дојдов да си ги земам работите што и ги позајмив“, но ова звучешеповеќе како некакво извинување. „Другите беа овде пред мене...“

Мила ја препозна црвената капа на една од фотографиите на ѕидот.Деби ја носеше. И сфати дека беше сведок на ограбување штоверојатно се случувало неколку дена наназад, дело на некои одсоученичките на Деби. Не ќе беше за чудење доколку некоја од нивги извадила фотографиите од ѕидот.

„Добро“, рече таа остро. „Сега да те нема од овде.“Момичката малку се колебаше, потоа си ги собра предметите што

ги испушти и истрча од собата. Мила и дозволи да си оди. Деби би госакала тоа. Нештата што не беа употребливи за нејзината мајка, штоби ја обвинувале до крајот на нејзиниот живот поради тоа што јаиспрати овде. Во споредба со другите родители, госпоѓа Гордон беше„среќна“ – ако може да се зборува за среќа во такви случаи – што гоима телото на својата ќерка за да го оплакува.

Мила почна да пребарува по хартиите и по книгите. Таа го сакашеимето и ќе го добие. Се разбира дека ќе е полесно ако го најдедневникот на Деби. Беше сигурна дека мора да имала нешто кадешто ги доверувала своите неволи. И, како дванаесетгодишнамомичка, таа би го скрила на некое тајно место. Место кое, како и дае, не е многу далеку од нејзиното срце. Каде што би можела да отидеи да го земе веднаш штом ќе и затреба. И, кога имаме најголемапотреба да го засолнеме она што ни е најмило? Ноќум. Мила клекнапокрај креветот, барајќи под душекот, пипајќи наоколу се додека ненајде нешто.

Тоа беше ламаринена кутија декорирана со сребрени зајачиња,затворена со минијатурно катинарче.

Седна на креветот гледајќи наоколу, барајќи го местото каде штоби можело да е скриено клучето. Тогаш одненадеж се сети нааутопсијата и на бразлетната на зглобот од десната рака на Деби. Сометално клуче обесено на неа.

Таа и ја даде на мајка и на Деби и сега немаше време да го добиеклучот назад. Затоа Мила реши насилно да ја отвори кутијата.Употребувајќи хемиско пенкало како лост, успеа да ги помрдне

124

Page 125: Sepnuvacot - Donato Karizi

алките што го држеа катинарчето. Потоа го крена капакот. Вокутијата имаше збирка дребулии, суви цвеќиња и мирисливистапчиња. Црвено обоена безопасна што мора да била употребенапри крвното посестримување. Едно везено свилено марамче. Гуменомече со искривени уши. Свеќички од роденденска торта. Скриенотинејџерско богатство од спомени.

Но, немаше дневник.Чудно, си рече во себе Мила. Големината на кутијата и скудните

остатоци од содржината, наведуваа на постоење на нешто друго.Исто како и фактот дека Деби почувствувала потреба сето тоа да гозаштити со катинарче. Или, можеби, навистина немаше дневник.

Разочарана што доживеа неуспех, таа го погледна својот часовник:ќе го испушти возот. Но, исто така, би можела да остане таму и дабара нешто што би можело да ја одведе до мистериозниот пријателна Деби. Дури и претходно, додека ги пребаруваше предметите намомичката, тоа чувство ја преплави, истото како што веќе го имашесетено неколкупати не успевајќи никогаш да го ’зграпчи’.

Треперење во долниот дел на вратот.Таа не можеше да си замине одовде, првин без да разбере што беше

тоа. Но и требаше некој или нешто што може да ги среди нејзинитеразлетани мисли, да ги насочи. И покрај несоодветното време, Миладонесе решение што беше тешко, но потребно.

Го побара Горан Гавила на телефон.„Доктор Гавила, овде Мила...“Криминологот неколку секунди беше стаписан и не кажа ниту збор.„Како можам да ти помогнам, Мила?“Дали звучеше нервозно? Не, тоа беше само нејзино чувство. Мила

почна да му кажува дека веќе би требало да биде во возот, а наместотоа, се наоѓа во собата на Деби Гордон во интернатското училиште.Мила повеќе сакаше да му ја каже целата вистина, а Горан јаслушаше без коментар. Кога заврши, на другата страна на линијатаимаше долго молчење.

Мила не можеше да знае, но Горан зјапаше во кујнските елементи,држејќи филџан жешко кафе.

125

Page 126: Sepnuvacot - Donato Karizi

Криминологот се уште беше буден затоа што се обидуваше да гоконтактира Роше со цел да го запре неговото медиумскосамоубиство, но без успех.

„Можеби малку избрзавме со Александар Берман.“Мила забележа дека Гавила зборуваше со неразбирлив глас, небаре

зборовите мора да се пробиваат низ неговите гради.„И јас го мислам истото“, му одговори таа. „Како стигнавте до тоа?“„Затоа што тој ја имаше Деби Гордон во багажникот. Зошто не

последното дете?“Мила го потсети на објаснувањето на Стерн за чудните околности:

„Можеби Берман сторил грешка кога ги криел телата, некоипогрешни чекори што можеле да го издадат, па ја преместувал наместо каде што можел подобро да ја скрие.“

Горан збунето ја слушаше. Неговото дишење на другата странаоткриваше дека промислува.

„Во што е работата, дали реков нешто погрешно?“„Не. Но не звучеше многу убедена додека го кажуваше тоа.“Мила за момент размисли околу ова. „Не, во право си“, призна таа.„Има нешто што недостига. Или, подобро, има нешто што не е во

согласност со сето друго.“Мила знаеше дека полицаецот живее од перцепции. Таа никогаш не

ги спомна во официјалните извештаи: се што е битно, се проценувакако „факти.“ Но, бидејќи Горан беше воведен во предметот, Мила сеохрабри да му каже за своите две чувства. „Првиот пат се случи завреме на извештајот на медицинските истражители. Тоа беше какопогрешна забелешка. Но, не успеав да го уловам. Го загубив речисиведнаш.“

Треперење во долниот дел на вратот.Таа слушна како Горан поместува стол, па и таа, исто така, седна.

Потоа тој проговори: „Ајде да се обидеме, хипотетички, да гоисклучиме Александар Берман...“

„Ок.“„Да замислиме дека некој друг стои зад сево ова. Да кажеме дека

типот се појавил однекаде и ја вовлекол малата момичка со отсечена

126

Page 127: Sepnuvacot - Donato Karizi

рака во багажникот на Берман...“„Берман би кажал така за да го отфрли сомневањето од себе“, рече

Мила.„Не мислам така“, и одговори Горан самоуверено. „Берман бил

педофил: не би отфрлал ништо. Знаеше дека му дошол крајот. Сесамоуби затоа што немаше излез, и за да ја прикрие организацијатана којашто и припаѓал.“

Мила се потсети дека учителот по музика, исто така, се самоуби.„Значи, што ќе правиме?“„Ќе му се вратиме на Алберт, неутралниот и безличен профил што

претходно го развивме.“Мила првпат се почувствува вистински вклучена во случајот.

Тимската работа беше ново искуство за неа. И не и пречеше даработи со д-р Гавила. Не го знаеше долго време, но веќе научи да муверува.

„Претпоставката е дека постои причина за грабнувањето на малитемомички и за гробиштата на раце. Може да е апсурдна, но постои. Аза да го објасниме тоа, мора да го знаеме нашиот човек. Колкуподобро го знаеме, толку повеќе ќе можеме да разбереме. Колкуподобро разбираме, толку поблиску ќе бидеме до него. Јасно ли еова?“

„Да... но која е точно мојата улога?“, го праша таа.Гласот на Горан беше тивок и полн со енергија: „Тој е крволочен

ѕвер, нели? Значи, научи ме како тој лови...“Мила го отвори нотесот што го носеше со себе. На другиот крај од

линијата тој слушна прелистување низ страниците. Таа почна дачита од своите забелешки во врска со жртвите: „Деби, дванаесетгодини. Исчезнала на училиште. Нејзините соученици помнат декаси заминала по часовите. Потоа не забележале дека ја нема се довечерната прозивка.“

Горан се напи голема голтка од своето кафе и рече: „Сега кажи миза втората...“

„Анеке, десетгодишна. На почетокот сите мислеле дека се загубилаво шумата... Бројот три се вика Сабина, таа била најмалата: девет

127

Page 128: Sepnuvacot - Donato Karizi

години. Се случило во сабота навечер, кога била на панаѓур со мајкаси и со татко си.“

„Таа е онаа што ја зел од рингишпилот пред носот на родителите. Ипотоа се крена аларм низ целата земја. Беше повикан нашиот тим, атогаш исчезна и четвртата момичка.“

„Мелиса. Најстарата: тринаесет години. Нејзините родители изабраниле да излегува, но на својот роденден таа ја прекршилазабраната и заминала да слави со своите пријатели во кугланата.“

„Сите тие се појавиле, освен Мелиса“, се сети криминологот.„Каролина била грабната од нејзиниот кревет, што значи дека тој

влегол во нејзината куќа... и потоа е бројот шест.“„Подоцна. Ајде, засега, да останеме кај другите.“Горан се чувствуваше неверојатно усогласено со полицајката. Тоа

беше нешто што подолго време го немаше почувствувано.„Мила, сега ми требаш за да разговараме. Кажи ми: како се

однесува нашиот Алберт?“„Прво киднапира мали момички кои се далеку од дома и кои не се

многу дружељубиви. Значи, никој ништо не забележува и тој имавреме...“

„Време за што?“„Тоа е тест: сака да биде сигурен дека успеал во тоа што го сторил.

И со времето што го има на располагање, тој секогаш може да сеослободи од жртвата и да исчезне.“

„Со Анеке тој веќе е поослободен, но и покрај тоа, решил да јаграбне во шумата, далеку од секакви сведоци... А како постапил соСабина?“

„Неа ја грабнал пред очите на сите: на панаѓур.“„Зошто?“, ја прекина Горан.„Од истата причина поради која ја киднапира Мелиса кога сите

биле во состојба на готовност, или Каролина во нејзината куќа.“„Кој му е мотивот за тоа?“„Тој се чувствува силен, станува сигурен во себе.“„Фино“, рече Горан. „Продолжи... сега кажи ми за таа работа со

посестримувањето, од почеток.“

128

Page 129: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Тоа е нешто што се прави кога си многу млад. Го боцкаш својотпрст со безопасна игла и потоа ги приближувате прстите додекарецитирате детски песнички.“

„Кои се тие две момички?“„Деби и број шест.“„Зошто ли Алберт го избрал?“, се чудеше Горан. „Тоа е смешно.

Властите се во состојба на готовност, тие веќе ја бараат Деби, а тој севраќа за да ја грабне нејзината најдобра другарка! Зошто се изложилна таков ризик? Зошто?“

Мила знаеше дека криминологот стигна до нешто, но дури таа и даго кажеше тоа, тој беше што ја одведе дотаму. „Мислам дека имаврска со предизвик.“

Последниот збор изговорен од Мила ја отвори затворената врата воглавата на криминологот, кој стана од столот и почна да се шетка низкујната.

„Продолжи...“„Тој сакал да демонстрира нешто. На пример, дека е најитриот

човек.“„Најдобриот од сите. Тој е целосен егоцентрик, човек кој страда од

нарцисоидно нарушување на личноста... ајде да разговараме за бројшест.“

„За неа не знаеме ништо.“„Зборувај ми за неа, како и да е. Кажи ми го она со што

располагаме...“Мила го остави нотесот, сега беше принудена да импровизира.

„Добро, ајде да видиме... таа, горе-долу е на иста возраст како Деби,затоа што биле другарки. Значи, има околу дванаесет години. Тоа епотврдено од Баровиот тест на телото.“

„Добро... и?“„Според аутопсијата, таа умрела на идентичен начин.“„Што значи? Потсети ме...“Таа се обиде да го најде одговорот во нотесот. „Тој и ја пресекол

раката, како што им направил и на останатите. Освен што нејзинитекрв и ткиво содржат траги од коктел од дроги.“

129

Page 130: Sepnuvacot - Donato Karizi

Горан ја замоли да му го повтори списокот на Чанг на лековите.Антиаритмици, како дисопирамид, АЦЕ блокатори и атенолол кој ебета-блокатор...“

Тој не беше убеден со тоа.„Не сум убедена во тоа“, рече Мила. За миг, Горан Гавила го сепна

сомнеж дека жената може да му ги чита мислите.„На состанокот тој кажа дека на тој начин Алберт го намалил

нејзиниот пулс со спуштање на притисокот“, истакна Мила. „Идоктор Чанг додаде дека причината била за да го забави крвавењето,за да предизвика нејзина побавна смрт.“

Да го забави крвавењето. Да предизвика нејзина побавна смрт.„ОК, добро, сега кажи ми за нејзините родители...“„Чии родители?“, праша Мила, обидувајќи се да не го прекинува.„Не ми е гајле ако тоа не е запишано во твојот проклет нотес! Ги

сакам твоите размислувања, да му се сневиди!“Како тој знаеше за нејзиниот нотес?, се зачуди таа, стресена од

неговата реакција. „Родителите на шестото дете не дојдоа какодругите за ДНК тестот. Не знаеме кои се, затоа што тие го немаатпријавено нејзиното исчезнување.“

„Зошто не пријавиле; Можеби уште не знаат?“„Тоа е неверојатно.“Да го забави крвавењето.„Можеби таа воопшто нема родители! Можеби била сама на светов!

Можеби никому од нив не му е гајле за неа!“ Горан го загубитрпението.

„Не, таа има семејство. Таа треба да биде како и сите останати, сесеќаваш ли? Само ќерка, мајка што ги поминала четириесеттите,двојка која решила да има само едно дете. Тој не менува, затоа штотие се вистинските жртви: тие, веројатно, веќе нема да сакаат даимаат деца. Тој ги избира семејствата, не момичките.“

„Точно“, рече Горан на нејзино задоволство. „Потоа, што?“Мила за миг се помисли. „Тој сака да не предизвикува. Тој сака

предизвик. Како малите посестрими. Тоа е сложувалка... тој нас нетестира.“

130

Page 131: Sepnuvacot - Donato Karizi

Да предизвика нејзина забавена смрт.„Ако има родители и ако тие знаат, зошто го немаат пријавено

исчезнувањето?“ Горан ја притискаше, оставајќи неговиот поглед даталка по кујнскиот под. Тој чувствуваше небаре беа блиску до нешто.Можеби до некој одговор.“

„Можеби се преплашени.“Зборовите на Мила ги осветлија сите темни агли во собата. И таа

почувствува чепкање во долниот дел на својот враг, треперење...„Преплашени, од што?“

Тие сакаа идејата да добие форма на зборови, така што ќе можат даја зграпчат и да се осигурат дека нема да се стопи...

„Нејзините родители се преплашени дека Алберт би можел да јаповреди...“

„Како, ако веќе е мртва?“Да го запре крвавењето. Да предизвика нејзина забавена смрт.Горан запре, клечејќи. Мила се исправи на своите нозе.„Тој не го забавил крвавењето... тој го запрел.“Тие дојдоа до тоа во исто време.„Ох, Господе...“, рече таа.„Да... таа се уште е жива.“

131

Page 132: Sepnuvacot - Donato Karizi

М11

алата момичка ги отвора очите.Таа воздивнува длабоко, небаре излегува на површината од

некаква бездна со течност, со многубројни мали раце што ја влечатнадолу. Но, се бори да ја одржи својата рамнотежа и да остане присвест.

Болката ја жеже, но и дава некаква луцидност. Се обидува да сиприпомни каде е. Ја загуби ориентацијата. Лежи на грб, го знаетоа. Во главата и се врти и момичката е опколена со завеса одтемница. Дефинитивно има треска и не може да се движи. Самодве други чувства можат да ја пробијат маглата на нејзинатаполузаспаност. Мирисот на влага и камења, како мирис на пештера.И постојаниот, исцрпувачки звук на капење.

Што се случило?Сеќавањата се враќаат, едно по едно околу неа. Потоа чувствува

како плаче. Жешки солзи и се слеваат низ образите, навлажнувајќиги нејзините суви усни. На тој начин открива дека е жедна.

Овој викенд требаше да одат на езерото. Таа, тато и мама.Имаше денови кога не можеше да мисли на ништо друго. Излетоткога татко и ќе јаучи да лови риби. Собра црви во градината,ставајќи ги во конзерва. Тие мрдаа, тие беа живи. Но, момичкатане се грижеше за тоа. Или, поточно, мислеше дека тој детаљ еневажен. Затоа што мислеше, здраво за готово, дека црвитенемаат чувства. Не се прашуваше како се чувствуваат заробенитаму. Но, сега се прашува. Затоа што тоа е она што момичката гочувствува сега. Сеќава жал за нив, и за себе. И срам што билалоша. И се надева, со сето свое срце, дека кој и да ја грабнал,извлекувајќи ја од неговиот живот, е подобар од него.

Памти многу од тоа што се случи.Стана рано за да оди на училиште, дури и порано од обично, затоа

што беше четврток, а како и секој четврток тато не можеше да јаоднесе поради тоа што се среќаваше со своите клиенти. Тој

132

Page 133: Sepnuvacot - Donato Karizi

продаваше фризерски производи и, заради предвидувањата зазголемување на бројот на редовните муштерии за време навикендите, ги обезбедуваше со лакови за коса и со шампони, истокако и со козметика. Поради тоа, момичката мораше да оди сама научилиште. Тоа го правеше од својата деветта година. Сеуште гопамти првиот пат, кога заедно со татко си го поминаа краткоторастојание до автобуската станица. Го држеше за рака, слушајќиги неговите укажувања, како, на пример, да гледа на двете странипред да ја помине улицата, или да не доцни затоа што возачот немада чека, или да не запира да разговара со непознати, бидејќи тиеможе да бидат опасни. Со текот на времето момичката гиприфати тие совети до таа мера што веќе не чувствуваше дека восвојата глава го слуша гласот на татко си. Момичката станаексперт.

Овој четврток наутро стана со новарадост во своето срце.Покрај претстојното одење на езерото, имаше и друга причина дабиде среќно. Фластерот што го имаше на својот прст. Капејќи се,во топлата вода го отвори од едната страна и го гледаше својотпрст со мешаница на гордост и болка.

Момичката си имаше посестрима.Не можеше да исчека да ја види. Но тоа не ќе се случи пред

вечерта, затоа што двете одеа во различни училишта. Навообичаеното место тие ќе си ги раскажат последните новости,бидејќи се немаа видено неколку дена. Потоа ќе си играат и ќековаат планови, а пред разделбата ќе си дадат свечено ветувањедека засекогаш ќе останат другарки.

Да, тоа ќе биде голем ден.Го стави својот учебник по алгебра во торбата. Тоа и беше

омилениот предмет и нејзините оценки го кажуваа тоа. Воединаесет часот имаа час по физичко, па ги зеде хулахопките одедна од фиоките и си ги стави патиките за вежбање и белите кусичорапи во торбата. Додека си го местеше креветот, мајка и јавикна момичката долу на појадок. Тие секошш беа во големабрзаница на масата за појадок. Тоа утро не се разликуваше од

133

Page 134: Sepnuvacot - Donato Karizi

другите. Татко и, кој обично пиеше само кафе, стоеше крај масатаи читаше весник. Со едната рака го држеше пред себе, додека содругата – филџанот со кафе, кој се движеше назад и напред однеговите усни. Мајка и веќе беше на телефон со својата колешка, апржените јајца ги подготви без да испушти збор од разговорот.Худини беше свиткан во својата кошница и не го удостои ниту сопоглед откако слезе. Дедо и рече дека, како и тој самиот, и мачкатастрада од низок притисок, па затоа наутро му треба малку време зада си дојде на себе. Веќе извесно време имаше престанато да сечувствува повредено од рамнодушноста на Худини. Тие постигнаапремолчен договор дека ќе го почитуваат местото на оној другиоти дека ќе мора така и да се однесуваат.

По појадокот, момичката ја стави својата валкана чинија волавабото и прошета низ кујната за бакнеж од секој од своитеродители. Потоа ја напушти куќата.

На ветрот, на своите образи се уште можеше да го почувствувавлажниот отпечаток од кафето од усните на тато. Денот бешесветол. Немаше ништо заканувачко во неколкуте облаци кои годамкосуваа небото. Прогнозите велеа дека времето ќе останетакво целиот викенд. „Се подобро за риболовното патување“,забележа тато. И со тоа ветување во срцето момичката одеше потротоарот, право накај автобуската станица. Имаше вкупнотриста дваесет и девет чекори. ги беше изброила. Одвременавреме, повторно ги броеше. Како што направи и тоа утро. И когабеше кај триста и десеттиот чекор, некој ја викна.

Никогаш нема да ја заборави таа бројка. Точно определенататочка каде што животот му се искрши на парчиња.

Се заврти и го виде него. Тој насмеан човек кој доаѓаше накајмомичката, немаше познато лице. Потоа го слушна како ја вика поиме, и веднаш помисли: „Ако ме знае, не може да биде опасен.“Додека приоаѓаше накај него, момичката се обиде подобро да гопогледне за да открие кој е тој. Тој ги забрза чекорите за да јастигне, таа го чекаше. Неговата коса... беше чудна. Како косата накуклата што ја имаше како мала. Изгледаше лажна. Но, од

134

Page 135: Sepnuvacot - Donato Karizi

моментот кога откри дека човекот носи перика, беше премногудоцна. Момичката дури не го ни забележ паркираното бело комби.Тој ја зграпчи момичката, во исто време отворајќи ја вратата ивлегувајќи внатре со неа. Таа се обиде да вика, но тој ја ставираката преку нејзината уста. Периката му се слизна од главата, атој подолго време и притискаше влажно марамче врз лицето намомичката. Потоа, одненадеж, незапирливи солзи, црни точки ицрвени партали преку очите, соголувајќи го светот од неговите бои.И, на крајот, темнина.

Кој е човекот? Што сака од неа? Зошто ја донесе тука? Каде етој сега?

Прашањата доаѓаат брзо, и си заминуваат неодговорени. Сликитеод последното утро како мала момичка исчезнуваат и таа уштееднаш се наоѓа себеси во таа пештера – влажната утроба намонструмот што ја голтна. Од друга страна, тоа пријатночувство на тромавост се враќа. Што и да е, се додека не морам дамислам на сево ова, си мисли. Ги затвори очите, нурнувајќи се уштееднаш во морето од сенки што ја опкружува.

Момичката дури и не забележа дека една од тие сенки го гледа.

135

Page 136: Sepnuvacot - Donato Karizi

С12

негот силно беше наврнал во текот на ноќта, пластејќи се врзсветот како тишина.

Температурата малку се беше зголемила, а лесниот ветрец гиметеше улиците. Додека долгоочекуваниот метеоролошки настанзабавуваше се, нов делириум зеде замав во тимот.

Конечно, имаа цел. Начин да се надомести сето зло што се појави,иако само делумно. Да се најде шестата момичка, да се спаси. И, воисто време, да се спасат самите себеси.

„Само да е живо“, продолжи да си повторува себеси Горан, малкупридушувајќи го ентузијазмот кај другите.

По откривањето, Роше само што не го обеси Чанг што не дошолпретходно до истиот заклучок. Печатот се уште не беше известен запостоењето на шестата киднапирана момичка, но очекуваше декаглавниот инспектор ќе излезе со извинување до новинарите, а немуму беше потребно жртвено јагне.

Во меѓувреме, Роше собра тим медицинари – секој со различнаспецијалност – да ги праша едно основно прашање.

„Колку долго може да преживее дете во такви услови?“Немаше категоричен одговор. Пооптимистички настроените сметаа

дека со соодветен медицински третман и без развој на инфекции, биможело да преживее меѓу десет и дваесет дена. Песимистите мислеадека и покрај младата возраст, со таква ампутација надежите заживот неизбежно би се намалиле до еден час, и, всушност, многу еверојатно дека момичката веќе е мртва.

Роше не беше задоволен и реши јавно да продолжи со неменувањена ставот дека Александар Берман се уште е главниот осомничен. Ипокрај тоа што беше убеден дека трговскиот патник немал ништо сокиднапирањето на момичките, Горан не би ја демантиралофицијалната верзија на главниот инспектор. Излезот не беше вовистината. Тој знаеше дека Роше не може да си дозволи повлекувањена својата претходна изјава за вината на Берман. Тоа ќе му

136

Page 137: Sepnuvacot - Donato Karizi

наштетеше нему, но, во исто време, и на нивните истражни методи.Криминологот, како и да е, беше убеден дека човекот некако бил

„избран“ од вистинскиот извршител.Алберт одненадеж се најде повторно во центарот на нивното

внимание.„Тој знаел дека Берман е педофил“, рече Горан кога сите беа

собрани во собата за операции. „Ние во еден момент го потценивме.“Во профилот на Алберт влезе нов елемент. Тие на почетокот веќе

имаа такво претчувство, кога Чанг ги опишуваше повредите напронајдените раце, употребувајќи го зборот „хируршки“ запрецизноста со која убиецот го нанесол фаталниот удар. Употребатана дроги за да го спушти крвниот притисок на шестото дете им гипотврди клиничките способности на човекот. Конечно, фактот декаверојатно го одржува во живот, им дозволи да помислат дека тој имаисклучително знаење за техниките на реанимација и за протоколитеза интензивна терапија.

„Би можело да е лекар, или можеби некогаш бил“, укажа Горан.„Ќе пребарам малку во професионалните регистри. Може да бил

избришан од нив“, неочекувано рече Стерн.Тоа беше добар почеток.„Како ќе набави лекови за да ја одржува жива?“„Одлично прашање, Борис. Ајде да ги провериме аптеките,

приватните и оние во болниците, да видиме дали некој ги барал тиелекови.“

„Можеби ги снабдел пред еден месец“, забележа Роза.„Особено антибиотици: можеби му требаат да спречи инфекции...

што друго?“Очигледно, немаше ништо друго. Сега беше само прашање на

откривање каде е момичката, жива или мртва.Во оперативната соба сите гледаа во Мила. Таа беше експерт,

личност за консултации за да се стигне до целта што ќе и дадезначење на нивната работа.

„Треба да изнајдеме начин за комуникација со семејството.“Сите се погледнаа меѓу себе, додека Стерн праша: „Зошто? Сега

137

Page 138: Sepnuvacot - Donato Karizi

ние имаме предност над Алберт: тој уште не знае дека ние знаеме.“„Дали навистина мислиш дека еден ум способен за сево ова, уште

одамна не ги предвидел нашите акции?“„Доколку нашите претпоставки се точни, тој ја чува момичката

жива за нас.“Гавила интервенираше како поддршка на Мила, дарувајќи ја со

својата нова теорија.„Тој е оној што ја контролира играта, а момичката е финалната

награда. Тоа е натпревар за да се види кој е поостроумен.“„Значи тој нема да ја убие?“, праша Борис.„Тој нема да ја убие. Ние ќе го сториме тоа.“ Изјавата беше тешка

за „варење“, но тоа беше суштината на предизвикот.„Ако ни треба премногу долго за да ја најдеме, момичката ќе умре.

Ако го изнервираме на каков и да е начин, момичката ќе умре. Аконе се придржуваме до правилата, момичката ќе умре.“

„Правила? Какви правила?“, праша Роза, со лошо прикриенанервоза.

„Оние што тој ги воспоставил, а ние, за жал, не ги знаеме. Патекитепо кои се движи неговиот ум за нас се нејасни, но се мошне јасни занего. А во светлината на секоја од нив, секоја наша акција може дабиде интерпретирана како прекршување на правилата на играта.“

Стерн сериозно кимна со главата. „Значи, одењето право кајсемејството на шестата момичка малку прилега на играње восогласност со неговата игра.“

„Да“, рече Мила. „Тоа е она што Алберт токму сега го очекува однас. Тој смета на тоа. Но тој, исто така, е убеден дека ние ќепотфрлиме, затоа што родителите се премногу исплашени да излезатна отворено, инаку тоа веќе би го сториле. Тој сака да покаже деканеговата сила на убедување е помоќна од каков и да е напад од нашастрана. Парадоксално е, но тој се обидува да помине низ ова како„херој“ во своите очи. Тоа е како да им вели: ’Јас сум единствениоткој може да го спаси вашето дете, можете да ми верувате самомене’... Дали сфаќате колкав психолошки притисок може да создаде?Доколку можеме да ги убедиме родителите да контактираат со нас,

138

Page 139: Sepnuvacot - Donato Karizi

ние ќе добиеме поен во наша корист.“„Но постои опасност да го предизвикаме на напад“, протестираше

Сара Роза, која, изгледа, не се согласуваше.„Тоа е ризик што мора да се преземе. Но, не верувам дека поради

тоа ќе ја повреди момичката. Тој не казнува нас, може да не натерада загубиме извесно време. Тој нема сега да ја убие: најпрво, треба дани ја покаже завршената работа.“

Горан помисли дека е исклучителен начинот на кој Мила толкубрзо ги совлада механизмите на истрагата. Таа беше добра вопоставувањето прецизни насоки. Па сепак, дури и ако другитеконечно ја слушаа што зборува, немаше да биде лесно прифатена,еднаш засекогаш, од страна на своите колеги. Тие веднаш јаидентификуваа како надворешно присуство, како единка што не имбеше потребна. И нивното мислење сигурно нема брзо да сепромени.

Во тој момент, Роше реши дека му е доста и реши да интервенира:„Ќе направиме како што предлага агент Васкез: ќе ја рашириме вестаза постоење на шеста киднапирана момичка и, во меѓувреме, јавно ќему се обратиме на семејството. Исусе! Ајде да покажеме малкумадиња! Уморен сум од чекање нештата да се случат, небаремонструмот навистина решава за се!’’

Некои од луѓето се стаписаа од новиот став на главниот инспектор.Горан не. Без да забележи, Роше само ја употреби техниката нанивниот сериски убиец за пренасочување на улогите и, консеквентнона тоа, на одговорноста: доколку не го најдат детето, тоа ќе бидесамо поради тоа што родителите не им верувале на истражителите и,останале во сенка.

А сепак, имаше малку вистина во тоа што го зборуваше: бешедојдено времето да се проба и да се предвидат случувањата.

„Ги слушнавте оние надрилекари, нели? Шестата момичка иманајмногу десет дена!“ Потоа Роше ги проучуваше, еден по еден,членовите на единицата, и со сериозен глас објави: „Јас решив:повторно го отвораме студиото.“

139

Page 140: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

о времето за вечера, во вечерните вести, на екранот се појавилицето на познат актер. Тој беше избран да го објави апелот до

родителите на шестата момичка. Тој беше познат лик и би можел даја донесе вистинската доза на емоционална вклученост во предметот.Идејата целосно беше на Роше. Мила помисли дека тоа навистина еправилно: ќе ги обесхрабри расипниците на време и лажливците одѕвонење на премногу познатиот број.

Горе-долу во исто време додека јавноста, со комбинација на ужас инадеж, разбра за постоењето на шестото се уште живо дете, тимот гозапоседна „студиото.“

Тоа беше стан на четвртиот кат во една анонимна куќа во центаротна градот. Најчесто, тоа беше живеалиште за второстепени службенилица на Федералната полиција, оние кои се занимаваат соадминистрација и сметки и со застарени архивски документи штоуште не беа дигитализирани во новите бази на податоци.

Станот претходно беше употребуван во рамките на програмата зазаштита на сведоци за сместување на луѓе на кои им е потребно да сескријат. Студиото беше одлично сместено меѓу два други идентичниапартмана. Поради тоа и немаше прозорци. Клима-уредите постојаноработеа, а единствениот пристап беше низ влезната врата. Ѕидовитебеа мошне дебели и имаа различни безбедносни уреди. Со оглед натоа што станот повеќе не се употребуваше за својата изворна цел,уредите беа исклучени. Се што беше останато, беше само тешкатаблиндирана врата.

Горан беше тој кој го побара ова место, откако се формираединицата за истраги на насилен криминал. На Роше не му требашемногу за да го усреќи: едноставно си приспомни на таа „безбеднакуќа“ што со години не беше употребувана. Криминологот јаспроведуваше идејата за живеење рамо до рамо додека се одвиваслучајот. Начин на кој идеите полесно се разменуваат и веднаш сесподелуваат и процесуираат. Нивната принудна кохабитација ќеизроди соработка, а тоа за позврат ќе послужи како хранење намозокот за да пулсира. Д-р Гавила од „новата економија“ ги позајми

140

Page 141: Sepnuvacot - Donato Karizi

методите за формирање работно опкружување во вид на заедничкипростор и со „хоризонтална“ распределба на функциите, наспротивертикалната поделба, што нормално преовладува во полицијата,поврзана со поделба на чинови што, пак, честопати, предизвикуваконфликти и натпревар. Во студиото, од друга страна, разликите беаизбришани, беа развивани решенија, а од секого се бараше придонесшто ќе се сослуша и ќе се земе предвид.

Кога Мила го премина прагот, си помисли дека ова е местото кадешто се фаќаат сериските убијци. Тоа не се случува во реалниот свет,туку овде, меѓу овие ѕидови.

Во центарот на сето тоа се наоѓаше, едноставно, потера, но истотака и напор да се разбере мотивот зад очигледно неразбирливатаниза од ужасни злосторства. Искривената визија на болен ум.

Мила беше свесна дека тој чекор ќе претстанува предзнак за новаетапа во истрагата.

Стерн носеше кафеава торба од вештачка кожа, што му јаподготвила неговата сопруга, и застана настрана, за да ги пропуштидругите да влезат. Борис, со својата раница на грбот. Потоа Роза, ипоследна од сите, Мила.

Зад блиндираната врата имаше кабина покриена со непробивностакло, во која некогаш беше сместено обезбедувањето. Внатре,мртви монитори на видео-системот, неколку столчиња на вртење ирафт за оружје – празен. Втор безбедносен праг, со електронскаврата, го делеше ходникот од останатиот дел на станот. Некогашчуварите морале да ја активираат, но сега таа беше широко отворена.

Мила забележа дека внатре беше задушливо, со мирис на влага и назастоен чад од цигари и со постојано брмчење на клима-уредот. Немада биде лесно за спиење; ќе треба да набават некакви тампони заушите.

Долг ходник го делеше станот на два дела. На ѕидовите – листовихартија и фотографии од претходниот случај.

Лице на девојка, млада и прекрасна.Од погледите што другите си ги разменија меѓу себе, Мила разбра

дека случајот не завршил добро, и дека, веројатно, тие оттогаш

141

Page 142: Sepnuvacot - Donato Karizi

немаат стапнато на ова место.Никој не зборуваше, никој ништо не и објасни. Само Борис

експлодира: „Да ти се сневиди, каков пекол, барем нејзиното лицеможеле да го тргнат од ѕидовите!“

Собите беа опремени со стар канцелариски мебел, чии челни истранични плакари беа дизајнирани со многу фантазија. Во кујната,една работна маса играше улога на маса за јадење. Фрижидерот бешеод старомодните типови што работеа на флорохлуорокарбон и јаоштетуваа озонската обвивка. Некој имал осет да го исклучи одструја и да го остави отворен, но не беше исчистен од поцрнетитеостатоци кинеска храна. Имаше и заедничка соба, со неколку софи,телевизор и место за вклучување лап-топ и други придружни уреди.Во еден агол се наоѓаше апарат за подготвување кафе. Овде-ондевалкани пепелници и секаков вид смет, особено хартиени чаши одресторани за брза храна. Имаше само една бања, мала и смрдлива.Блиску до тушот, некој ставил старо орманче во кое оставилполупразно шише со течен сапун и шампон, како и пакување од петролни тоалетна хартија. Две затворени соби беа резервирани зараспит.

На крајот од станот, се наоѓаше собата за гости. Три кревети на кати два камп-кревета што беа сместени спроти ѕидот. Стол за секојкревет, за да се стави торба, или лични предмети, врз него. Спиењетобеше на едно место. Мила чекаше останатите да зафатат кревет,замислувајќи дека секој од нив, извесно време некогаш имал својсопствен кревет. Како последна што доаѓа, таа ќе го земе тој штоостанал. На крајот, таа се реши за еден од камп-креветите.Најдалечниот што може од Роза.

Борис беше единствениот кој го избра креветот на врвот од тритена кат. „Стерн ’рчи“, ја предупреди со половина уста додекапоминуваше покрај неа. Забавниот тон на гласот и насмевката со штого проследи ова навредливо признание, ја натера Мила да помислидека можеби исчезнал неговиот бес спрема неа. Подобро е на таковначин: ќе го направи помалку тешко нивното заедничкото живеење.Таа и порано го беше делела просторот со свои колеги, но на крајот

142

Page 143: Sepnuvacot - Donato Karizi

дружењето со нив секогаш беше прилично непријатно. Дури и соприпадничките на нејзиниот пол. Додека меѓу другите набрзо севоспоставуваше природно другарство, таа остануваше повлечена,неспособна да ја затвори дистанцијата меѓу нив. Во почетокот, за неабеше мошне тешко. Потоа научи околу себе да создава „балон запреживување“, дел од простор каде што звуците и вревата,вклучувајќи ги и забелешките на луѓето кои остануваа надвор однего, можеа да влезат само ако таа им дозволеше.

Горан веќе се беше распакувал на вториот камп-кревет во собата засместување гости. Тој ги чекаше во главната просторија. Онаа штоБорис, по своја иницијатива, ја крсти „соба за размислување.“

Тие влегоа молчејќи и го најдоа зафатен со пишување на таблата:запознат со техниките за реанимација и со протоколите заинтензивна терапија: веројатно лекар.

На ѕидовите беа закачени фотографии на петте мали момички,снимки од гробиштата на раце и од автомобилот на Берман, како икопии од сите извештаи за случајот. Во една кутија сместена воаголот, Мила го препозна лицето на прекрасната млада девојка:криминологот мора да ги симнал тие слики од ѕидот за да ги заменисо новите.

Во средината на собата – пет стола наредени во круг.Собата за размислување.Горан го забележа погледот на Мила врз скудниот мебел и веднаш

објасни: „Тоа ни помага да се фокусираме. Треба да сесосредоточиме врз она што го имаме. Наместив се според методотшто ми се чини исправен. Но, како што и секогаш кажувам, ако не висе допаѓа, можете да ги разместите. Ставете ги онаму каде штосакате. Во оваа соба ја имаме слободата да правиме што и да нипадне на ум. Столовите се мала отстапка, но кафето и тоалетот ќебидат специјална награда, значи, треба да ги заслужиме.“

„Одлично“, рече Мила. „Што треба да правиме?“Горан плесна еднаш со рацете и покажа накај таблата каде што

веќе почна накратко да ги забележува карактеристиките на нивниотсериски убиец. „Ние мора да ја разбереме личноста на Алберт.

143

Page 144: Sepnuvacot - Donato Karizi

Секојпат кога откриваме нов детаљ за него, ќе го забележиме овде...Можеш ли да замислиш што се случува во главата на серискитеубијци и да се обидеш да размислуваш онака како што размислувааттие?“

„Да, се разбира.“„Добро, заборави го тоа: тоа нема смисла. Ти не можеш. Нашиот

човек, Алберт, има интимно оправдување за она што го прави,перфектно структурирано во неговата психа. Тоа е процес што сегради со годините на искуства, трауми и на фантазии. Поради тоание не смееме да се обидеме и да замислиме што ќе направи тој, тукуда се натераме себеси да сфатиме како дошол до тоа што го сторил.Надевајќи се дека на тој начин ќе стигнеме до него.“

Мила помисли дека, во секој случај, патеката од траги трасирана одубиецот била прекината со откривањето на Берман.

„Тој ќе не тера да најдеме друго тело.“„Така мислам и јас, Стерн. Но, во моментов има нешто што

недостига, не мислиш ли така?“„Што?“, праша Борис, кој, како и другите, се уште не разбираше од

каде криминологот ги вади ваквите нешта. Но Горан Гавила не бешечовек со лесни, директни одговори. Тој повеќе сакаше да се расправасо нив до некоја определена точка и да дозволи останатото само да сереконструира.

„Еден сериски убиец се движи во свет на симболи. Тој пробива еднаезотерична патека, почната многу години претходно во длабочинатана неговото срце и која сега ја продолжува во реалниот свет.Киднапираните момички се само начин да стигне до одредиштето, доцелта.“

„Тоа е потрага по среќа“, рече Мила.Горан ја погледна. „Точно. Алберт е во потрага по некој вид

наплата, казна не само за она што го прави, туку за се она што етој. Неговата природа му дава порив, тој само го следи. И со она штого прави, тој исто така се обидува нешто да ни пренесе...“

Тоа беше она што недостигаше. Недостигаше знакот. Нешто што ќеги однесе над истражувањето на мошне личниот свет на Алберт.

144

Page 145: Sepnuvacot - Donato Karizi

Сара Роза рече: „Немаше траги на телото на првото дете.“„Тоа е разумна забелешка“, се согласи Горан. „Во литературата за

сериските убијци – вклучувајќи ги и филмските верзии – добро епознато дека серискиот убиец секогаш се стреми да го трасира’своето сопствено патување, оставајќи им на истражителите некаквитраги за да ги следат... но Алберт не го сторил тоа.“

„Или можеби оставил, а ние не сме ги забележале.“„Можеби затоа што не знаеме да ги читаме знаците“, призна Горан.

„Веројатно се уште не знаеме доволно. Затоа дојде времето да сереконструираат фазите.“

Постоеја пет фази што ги употреби криминологот за да гикарактеризира акциите на сериските убијци. Почетната точка епретпоставката дека серискиот убиец не е роден како таков, тукупасивно акумулирал искуства додека се развивал убиствениотперсоналитет, што подоцна ќе го однесе во насилство.

Првата етапа на овој процес е „фантазија.“„Која е фантазијата на Алберт?“, праша Стерн додека ставаше

којзнае колку пеперминт бонбони в уста. „Што го фасцинира него?“„Него го фасцинира предизвикот“, рече Мила. „Можеби долго време

бил, или чувствувал дека е, потценет. Сега сака да ни демонстрирадека е подобар од другите... и подобар од нас.“

„Но Алберт отишол подалеку: тој го планирал секое движење,предвидувајќи ја нашата реакција. Тој ’контролира’. Тоа е она штони го кажува: тој мошне добро се знае себеси, но тој и нас добро незнае“, рече Горан. „Оваа фаза е во минатото.“ Втората етапа е„организација“ или „планирање.“ Кога фантазијата созрева, тој седвижи кон фаза на извршување, која неизбежно почнува со изборотна жртвата.

„Ние веќе знаеме дека тој не избира деца, туку семејства.Родителите се неговата вистинска цел, оние кои сакаат само еднодете. Тој сака да ги казни поради нивната себичност... Симболизмотна жртвата овде не се манифестира. Момичките сите се разликуваатедна од друга, имаат различни години, иако не се со голема разлика.Физички тие немаат заеднички карактеристики, како, на пример,

145

Page 146: Sepnuvacot - Donato Karizi

руса коса или дамки по лицето.“„Тој затоа не ги допира“, рече Борис. „Тој не е заинтересиран за

нив на таков начин.“„Тогаш, зошто момички, а не и момчиња?“, праша Мила.Никој не можеше да одговори на прашањето. Горан кимаше со

главата, пребирајќи по деталите.„Тоа и мене ми падна в очи. Но проблемот е во тоа што ние не

знаеме од каде потекнува неговата фантазија. Објаснувањеточестопати е многу побанално отколку што можеме да замислиме. Биможело да е поради тоа што на училиште бил понижуван одмомички, којзнае... Би било мошне интересно да се знае одговорот.Но нема повеќе индиции, значи, ќе мора да се снајдеме со она што гоимаме.“ Мила уште беше убедена дека криминологот и е лут. Небаренекако е фрустриран што таа не ги знае сите одговори.

Третата етапа е „измама.“„Како се измамуваат жртвите? Кој трик го употребува Алберт за да

ги киднапира?“„Деби, надвор од училиштето. Анеке, во шумата каде што отишла

со својот велосипед за ридско возење.“„Сабина ја зел од рингишпил, пред очите на сите таму“, рече Стерн.„Затоа што секој го гледа само своето дете“, додаде Роза со налутен

глас. „Луѓето не даваат пет пари, тоа е вистината за тоа.“„Во секој случај, тој тоа го сторил пред многу луѓе. Тој е

исклучително вешт, копиле!“Горан му кимна со главата на Стерн да сe смири; тој не сакаше да

надвладее неговата лутина.„Тој ги киднапирал првите две во изолирани места. Тие биле еден

вид генерална проба. Кога станал сигурен во себе, ја грабналСабина.“

„И со неа, го кренал нивото на предизвикот.“„Да не заборавиме дека во тоа време немало потрага по него: дури

со Сабина исчезнувањата биле поврзани, и почнал стравот...“„Да, но останува фактот дека Алберт успеал да ја земе пред очите

на нејзините родители. Тој направил таа да исчезне како со магија. И

146

Page 147: Sepnuvacot - Donato Karizi

јас не сум убеден, како што вели Роза, дека на луѓето не им е гајле...тој ги измамил и тие луѓе.“

„Добро сработено, Стерн, тоа е она на што треба да работиме“, мурече Горан. „Како Алберт го направил тоа?“

„Сфати: тој е невидлив!.“Шегата на Борис извлече мала насмевка кај другите. Но за Гавила

содржеше зрно вистина.„Тоа ни кажува дека тој личи на обичен човек, дека има одлични

квалитети за камуфлажа: тој личел токму како и секој друг таткокога ја симнувал Сабина од коњчето на рингишпилот за да ја одведеоттаму. Целата работа траела, колку, четири секунди?“

„Тој веднаш избегал, губејќи се во толпата.“„А момичката не плачела? Не протестирала?“, фучеше Борис со

неверување.„Дали познаваш многу седумгодишни деца кои не збеснуваат на

рингишпил?“, го праша Мила.„Дури и да плачела, тоа секому таму му личело на совршено

нормална сцена“, рече Горан, продолжувајќи ја дискусијата. „Потоадојде Мелиса...“

„Тогаш веќе имаше состојба на готовност на високо ниво. Тааимала забрана за излегување, но и покрај тоа сакала да излезе за дасе сретне со своите пријатели во кугланата.“

Стерн стана од своето место и отиде до насмеаната фотографија наМелиса на ѕидот. Сликата била земена од училишната годишнакнига. И покрај тоа што беше најстара, нејзината се уштенедорасната става ги заштитуваше детските особености, и не бешемногу висока. Таа била пред прагот на пубертетот, нејзиното телопред да ја открие неочекуваната мекост за да можат момчињата,конечно, да ја забележуваат. Засега, натписот покрај фотографијатаво годишната книга само ги истакнуваше нејзината дарба какоатлетичарка и нејзиното учество во училишниот весник како главенуредник. Нејзин сон бил да стане новинар и тоа никогаш нема да сеоствари. „Алберт чекаше на неа. Копиле...“

Мила го погледна: специјалниот агент се чинеше вознемирен од

147

Page 148: Sepnuvacot - Donato Karizi

сопствените зборови.„Но тој ја грабнал Каролина од нејзиниот кревет, во нејзиниот дом.“„Пресметал се...“Горан отиде до таблата, зеде фломастер и почна брзо да запишува

некои поенти.„Првите две брзо ги тргнал настрана. Фактот што цела дузина деца

бегаат секој ден од дома затоа што добиле лоши оценки или сескарале со своите родители, бил во негова корист. Значи, не постоиништо што ќе ги поврзе двете исчезнувања... Третото мора јасно даличело на киднапирање, така што алармот бил активиран... Вослучајот на четвртата, тој веќе знаел дека Мелиса нема да му одолеена импулсот да оди и да слави со своите пријатели... И конечно, запеттата, тој потрошил долго време за проучување на станот и нанавиките на семејството, така што непречено можел да влезе вонивниот дом... Што заклучуваме од ова?“

„Дека употребува софистицирани методи за измама. Насоченипомалку спрема жртвите, отколку спрема нивните старатели:родителите или силите на законот и редот“, рече Мила. „Не ти требанапишано упатство за да се освои довербата на мали момички: гиодвлекуваш со сила и, тоа е тоа.“

Мила се присети дека Тед Банди носел лажен фластер за дапредизвика доверба кај студентите што ги измамил. Тоа било начинда изгледа ранлив во нивните очи. Ги замолувал да му помогнат воносењето тешки предмети и ги убедувал да влезат во неговиотфолксваген буба. Сите тие премногу доцна забележувале дека нанивната страна нема рачка...

Кога Горан заврши со запишувањето, тој ја најави четвртата етапа.„Убивањето.“

„Постои ритуал во нанесувањето смрт, што серискиот убиецсекогаш го повторува. Може да го усовршува со текот на времето, ногенерално останува ист. Тоа е негов заштитен знак. И секој ритуал епридружен со определена симболика.“

„Засега, имаме шест раце и тело. Тој ги убил со чисто отсечувањена екстремитетот, со исклучок на последната, како што знаеме“,

148

Page 149: Sepnuvacot - Donato Karizi

додаде Сара Роза.Борис ги зеде извештаите на патолозите. „Чанг вели дека сите ги

убил веднаш по киднапирањето.“„Зошто толку брзо?“, се чудеше Стерн.„Затоа што не бил заинтересиран за момичките, па немало резон да

ги чува живи.“„Тој не ги гледал како човекови суштества“, го прекина Мила. „За

Алберт тие биле само предмети.“Дури и број шест, си помислија сите. Но, никој не собра храброст

да го изговори тоа. Беше јасно дека Алберт не се грижи дали таастрада или не. Таа само мора да остане жива додека тој не јапостигне својата цел.

Последната етапа е „распоредување на останките.“„Прво гробиштата на раце, а потоа Алберт го става телото во

автомобилот на педофилот. Дали ни праќа порака?“Горан ги погледна испитувачки.„Тој ни кажува дека не е како Александар Берман“, рече Сара Роза.

„Всушност, тој можеби се обидува да ни сугерира дека кога бил младбил жртва на злоупотреба. Тоа е како да ни вели: Гледајте! Јас сумваков каков што сум затоа што некој ме претворил во монструм!.“

Стерн одмавна со главата. „Тој ужива да не предизвикува, давајќини претстава. Но, денес насловните страници на весниците сезанимаваат само со Берман. Се сомневам дека сака да ја дели славатасо кој и да е друг. Тој не го избрал педофилот заради одмазда, морада имал друг мотив...“

„Има и нешто друго што го сметам за чудно...“, рече, потсетувајќисе на аутопсијата што ја следеше. „Го измил и го средил телото наДеби Гордон, облекувајќи ја во нејзината облека.“

Тој ја подготвил за да биде убава за Берман. „Ние не знаеме далитака направил и со другите и дали тоа станало дел од неговиотритуал. Но чудно е...“

Чудноста на која се наврати д-р Гавила – а Мила, иако таа не бешеексперт, го знаеше тоа мошне добро – беше во тоа што серискитеубијци често земаат нешто од своите жртви. Фетиш или сувенир, за

149

Page 150: Sepnuvacot - Donato Karizi

да го доживеат повторно искуството во приватност.Да се поседува предметот, за нив е еквивалентно на поседување на

личноста.„Тој не зел ништо од Деби Гордон.“Веднаш штом Горан ги изговори овие зборови, Мила одненадеж се

присети на клучето за отворање на металната кутија, а висеше набразлетната на Деби.

„Тој кучкин син...“, викна, речиси без да биде свесна за тоа. Уштееднаш, неочекувано, таа повторно беше центар на вниманието.

„Ќе ни кажеш ли и нам за што станува збор?“ Мила погледна воГоран. „Кога бев во собата на Деби во интернатското училиште, поднејзиниот душек најдов метална кутија: мислев дека внатре ќе гонајдам нејзиниот дневник, но немаше ништо такво.“

„Па?“, праша самозадоволно Роза.„Кутијата беше затворена со катинарче. Клучето беше на раката на

Деби, па беше природно да помислам дека ако само таа можела да јаотвори кутијата, дневникот всушност и не постои... но не бев воправо: дневникот би требало да биде таму.“ Борис скокна на нозе:„Дневникот бил таму! Копилето отишло во собата на момичката.“

„Зошто би презел таков ризик?“, приговори Роза, која не сакаше дапризнае дека Мила има право.

„Затоа што тој секогаш презема ризици. Тоа го возбудува“, иобјасни Горан.

„Но, исто така, постои и друга причина“, додаде Мила, чувствувајќисе се посигурна во својата теорија. „Забележав дека некоифотографии исчезнале од ѕидовите: тие веројатно ја прикажувалеДеби со детето број шест. Тој по секоја цена сака да не спречи даоткриеме која е таа!“

„Поради тоа тој го зел и дневникот... и повторно ја затворилкутијата со катинарчето... Зошто?“, беше вознемирен Стерн.

Меѓутоа, за Борис се беше јасно. „Не сфаќате ли? Дневникотисчезнал, но кутијата е заклучена, а клучето се уште е на зглобот нараката на Деби... Тој ни вели: ’Само јас можев да го земам’.“

„Зошто сака ние да го знаеме тоа?“

150

Page 151: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

„Затоа што тој не оставил со нешто... нешто за нас!“„Знакот“ што тие го бараа.Уште еднаш собата за размислување снесе јајце.Криминологот се заврти накај Мила: „Ти беше таму и виде што има

во собата...“Се обиде да се сконцентрира, но не можеше да смисли ништо што

би било алармантно.„Мора да имало нешто!“, навалуваше Горан. „Ние сме токму кај

тоа.“„Погледнав во секој агол од собата, но ништо не ми го привлече

вниманието.“„Мора да било нешто очигледно, не си можела да го пропуштиш!“Но, Мила одмавна со главата. Стерн реши дека сите треба да се

вратат на самото место и да спроведат поажурна истрага. Борис гокрена телефонот за да им најави на надлежните во интернатот декаќе дојдат таму, додека Сара Роза го упати Креп да им се придружиколку што е можно побрзо за да земе отпечатоци.

Токму во тој момент на Мила и се прикажа привидение. „Затоа и него видов тоа“, рече таа, станувајќи свесна дека пред малку изгледа сезагубила. „Што и да е тоа, веќе не се наоѓа во собата.“

ога стигнаа во училиштето, соученичките на Деби беа собраниво холот, којшто, во нормални услови, беше употребуван за

собири и за официјално доделување дипломи. Ѕидовите беа обложенисо копаничен махагон. Строгите лица на учителите кои со текот нагодините училиштето го направиле славно, гледаа долу на бината одсвоите златни рамки, со вкочанети изрази на портретите во кои беазаробени.

Мила беше таа што зборуваше. Се обиде да биде колку што можепољубезна, затоа што момичките веќе беа доволно уплашени.Директорката ги убеди дека нема да бидат казнувани. И покрај тоа,од стравот што трепереше на нивните лица, беше јасно дека тие неверуваат многу во нејзините уверувања.

151

Page 152: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Ние знаеме дека некој од вас ја посетил собата на Деби понејзината смрт. Сигурна сум дека тоа најмногу го направивте затоашто сакавте да поседувате спомен од вашата другарка која починатолку трагично.“

Додека го зборуваше тоа, Мила го сретна погледот на ученичкаташто ја изненади во бањата со полни раце разни предмети. Да не сеслучеше тоа, нејзе никогаш не ќе и паднеше на ум да го стори онашто сега го правеше.

Сара Роза гледаше во неа од аголот на собата, сигурна дека неманишто да открие. Но, и Борис и Стерн и веруваа. Горан само чекаше.

„Навистина, побргу не би ве прашувала, но сигурна сум колку јасакавте Деби. Затоа треба тие работи да ги донесете овде, веднаш.“

Се обиде да биде цврста во своето барање.„Ве молам, ништо не заборавајте. И најбезначајната работа може да

се покаже како употреблива. Сигурни сме дека меѓу тие нешта е иона што и недостига на нашата истрага. Сигурна сум дека секоја одвас сака убиецот на Деби да биде фатен. Зашто, исто така знам декаи никоја од вас не сака да биде обвинета за криење докази, верувамдека ќе ја извршите својата должност.“

Мила ја употреби последната закана, што инаку беше невозможнода им се дава на деца од таа возраст, за да ја нагласи тежината нанивната акција. И исто така барем малку да и се реваншира намалата Деби, толку малку ценета во животот, а одеднаш центар натолку многу внимание по својата смрт само поради некоинемилосрдни нешта.

Мила чекаше, одмерувајќи ја должината на паузата за да и дадешанса на секоја од нив да си размисли. Тишината овде ќе биденајдобриот инструмент за убедување, а таа знаеше дека тие ќе сечувствуваат понепријатно со секоја помината секунда. Таа забележакако некои момички си разменија погледи. Ниту една од нив несакаше да биде прва, што беше разбирливо. Тогаш неколцина од нивсо гестови се договорија да излезат од редовите, што го сторијаречиси симултано. Други пет го направија истото. Останатите, без дамрднат, останаа на своите места.

152

Page 153: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила дозволи да помине уште една минута, проучувајќи ги лицатана момичките и барајќи го индивидуалниот грабливец кој можел даоди спроти стадото. Немаше среќа. Таа се надеваше дека седумте коиизлегоа се оние одговорните.

„Добро, другите можете да си одите.“Момичките почнаа да заминуваат без задржување и се разбегаа.

Мила се заврти накај своите колеги и го сретна бесчувствителниотпоглед на Горан. Но, одненадеж, тој направи нешто што ја фатинеподготвена: и намигна. Таа сакаше да му се насмевне, но не гостори тоа, затоа што сите очи беа вперени во неа.

По речиси четврт час, седумте момички се вратија во холот. Секојаносеше по неколку предмети. Ги ставија на долгата маса каде штообично, за време на церемониите, седеа професорите дотерани сонаметки. Потоа чекаа Мила и другите да ги прегледаат предметите.

Повеќето од нив беа парчиња од облека и дреболии, детски работи,како кукли и привлечни играчки. Имаше еден розов Ем-Пе 3 плеер,пар очила, малку парфеми, неколку шишенца со сол за бањање,чантиче за шминка во форма на бубамара, црвената капа на Деби иедна видео-игра.

„Јас не ја расипав...“Мила го погледна полничката момичка што го кажа ова. Таа беше

најмала од сите нив, не можеше да има повеќе од осум години.Имаше долга руса коса со плетенки и небесно-сини очи, кои одвај гизадржуваа солзите. Полицајката и се насмевна за да ја ослободи,потоа поблиску ја погледна конзолата. Сетне ја зеде и му ја подадена Борис.

„Што е тоа?“Тој ја преврти во рацете.„Не личи на видео-игра...“Потоа ја вклучи.На екранот почна да трепка црвено светло, испуштајќи краток звук

во правилни интервали.„Ви реков дека е расипано. Играта не работи“, побрза да објасни

полничката момичка.

153

Page 154: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила забележа дека Борис одненадеж пребледе.„Знам што е ова... да му се сневиди.“Слушајќи го Бориса како пцуе, полничката момичка ги рашири

очите, не верувајќи и забавувајќи се што некој може да го сквернавиова строго место.

Но Борис дури и не ја забележа момичката, толку беше внесен воработењето на предметот во своите раце.

„Ова е ЏиПиЕс рисивер. Некој од некаде ни испраќа сигнал...“

154

Page 155: Sepnuvacot - Donato Karizi

А13

пелот до семејството на шестата момичка не вроди со плод.Повеќето од јавувањата беа од луѓе кои ја искажуваа својата

симпатија и, всушност, само ги блокираа телефонските линии.Вознемирена баба на пет внучиња се јави седумпати, прашувајќи за„новостите во врска со кутрота мала момичка.“ Кога се случи којзнаекое по ред јавување, еден од дежурните службени лица ја замолибабата, колку што можеше пољубезно, да не се јавува повторно и,патем, со одговорот, и кажа да фати видвиделија.

„Ако се обидеш и им кажеш дека не се од помош, ќе ти одговоратдека не си чувствителен“, забележа Горан кога Стерн му кажа што сеслучува.

Тие беа во мобилната единица, трагајќи по ЏиПиЕс сигналот.Пред нив, оклопното возило на специјалната единица, овојпат тие

не беа на ’возачкото седиште’ – како што Роше претходно наживописен начин ја опиша ситуацијата.

Тие се уште не знаеја каде ги води Алберт. Можеше да биде истапица. Но, Горан имаше сосема поинакво мислење.

„Тој сака нешто да ни покаже. Нешто со што многу се гордее.“ЏиПиЕс сигналот се стесни на една пространа област од неколку

квадратни километри. Од таа оддалеченост трасмитерот не може дасе идентификува. Мораа лично да одат таму.

Напнатоста во мобилната единица беше видлива. Горан разменинеколку збора со Стерн. Борис го извади пиштолот за да ја проверинеговата ефикасност, потоа уште еднаш провери дали панцирот му еприлепен до ребрата. Мила преку прозорецот гледаше во областа воблизината на клучката на автопатот: испреплетени мостови иасфалтирани јазици.

ЏиПиЕс приемникот му беше даден на капетанот на специјалнатаединица, но на својот компјутерски екран Сара Роза можеше даследи што гледаат нејзините колеги во автомобилот напред.

Еден глас се јави преку радиото: „Му се приближуваме. Се чини

155

Page 156: Sepnuvacot - Donato Karizi

дека сигналот доаѓа од точка на еден километар пред нас. Крај.“Тие сите потстанаа за да видат.„Што место е ова?“, се чудеше Роза.Во далечината Мила здогледа масивна градба од црвена тула,

составена од неколку меѓусебно поврзани блокови наредени воформа на крст. Стилот беше обновена готика од триесеттите годинина деветнаесеттиот век, мрачен и строг, типичен за зградите што имприпаѓаа на црквите во тој период. Од една се извишувашекамбанарија. Покрај неа – црква.

Оклопните возила возеа едноподруго по земјениот пат што водешедо централната градба.

Стигнувајќи пред неа, луѓето се подготвија да провалат во зградата.Мила излезе заедно со останатите и погледна во импозантната

фасада, поцрнета со текот на времето. Над вратата се наоѓаа некаквизборови во барелјеф. Visitare Pupillos In Tribulatione Eorum EtImmaculatum Se Custodire Ab Hoc Saeculo.

„Помогнете ги сираците во нивното страдање и останетенеизвалкани од овој свет“, и преведе Горан.

Тоа некогаш било сиропиталиште. Сега беше затворено.Капетанот кимна со главата и луѓето од оперативната единица се

разделија, влегувајќи во зградата од страничните врати.Луѓето од тимот почекаа околу една минута, а потоа Мила и

другите влегоа низ главната врата заедно со капетанот.Првата просторија беше огромна. Право пред нив се наоѓаа две

меѓусебно поврзани скалила што водеа на горните катови. Високпрозорец пропушташе магловита светлина. Единственитесопственици на местото сега беа неколку гулаби кои, исплашени одприсуството на непознатите, се измешаа и запавкаа со крилјатаоколу светларникот, фрлајќи долу подвижни сенки. Во зградатаодекнуваше вревата од чизмите на луѓето од специјалната единицакои проверуваа просторија по просторија.

„Празно!“, викаа секогаш кога собата ќе беше обезбедена.Обземена од нестварната атмосфера, Мила погледна наоколу. Уште

еднаш едно интернатско училиште беше дел од планот на Алберт. Но

156

Page 157: Sepnuvacot - Donato Karizi

Џ

многу поразлично од ексклузивната институција на Деби Гордон.„Сиропиталиште. Тука барем имаат дом и сигурно образование“,

забележа Стерн.Но, Борис објасни: „Овде ги испраќаат оние кои никогаш нема да

бидат усвоени: деца на затвореници и бездомници чии родители сесамоубиле.“

Сите чекаа на откритието. Што и да е тоа што ќе ја прекинемагијата на ужасот, може да биде добредојдено. Се додека конечноне ја открие причината којашто сите нив ги доведе тука. Ехото одчекорите одеднаш запре. По неколку секунди, преку радиото сепроби глас.

„Господине, овде има нешто...“

иПиЕс предавателот се наоѓаше во визбата. И Мила се стрчанатаму заедно со другите, преку училишната кујна со огромни

железни котли, потоа низ големата трпезарија, со столови и масипокриени со сина мушама. Таа слезе долу по тесни спирални скаливо една широка соба со низок таван, каде што светлината доаѓашениз редица отвори за воздух. Подот беше направен од мермер инакосен накај централниот ходник каде што излегуваа одводницевки. Широкиот базен покрај ѕидот, исто така, беше направен одмермер.

„Ова мора да било пералница“, рече Стерн.Човекот од специјалната единица ја крена лентата околу базенот,

стоејќи подалеку за да не го контаминира местото. Еден од нив гоизвади шлемот од главата и клекна за да поврати. Никој не сакаше дагледа.

Борис беше прв кој помина преку бариерата и застана стаписан,принесувајќи ја раката до својата уста. Сара Роза гледаше настрана.Стерн само изусти: „Господи, прости ни...“

Д-р Гавила остана рамнодушен. На Мила и дојде редот.Анеке.Телото лежеше во неколку сантиметри темна вода.

157

Page 158: Sepnuvacot - Donato Karizi

Изгледот и беше восочен и веќе покажуваше знаци на посмртнораспаѓање. И таа беше гола. Во својата десна рака го држеше ЏиПиЕспредавателот што продолжуваше да пулсира – апсурден зраксветлина во тој квадрат на смртта.

Левата рака на Анеке, исто така, беше отсечена, а поради тоа штонедостигаше ја исчанчуваше позицијата на торзото. Но, тој детаљ небеше она што ги вознемири сите нив, ниту тоа беше степенот назачуваноста на телото, ниту, пак, фактот што беа соочени со еднаневина развратност. Реакцијата беше предизвикана од нешто сосемаразлично.

Телото се смееше.

158

Page 159: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н14

еговото име беше отец Тимотеј. Се чинеше дека има околутриесет и пет години. Со мека, руса коса, зачешлана настрана.

И тој трепереше.Тој беше единствениот жител на местото.Живееше во свештеничката куќа веднаш до малата црква:

единствените градби што се уште се употребуваа во огромниоткомплекс. Останатото беше напуштено пред години.

„Јас сум овде затоа што црквата се уште е осветена“, објаснувашемладиот свештеник. Дури и покрај тоа што отец Тимотеј сегаслужеше миса ексклузивно за себе. „Овде не доаѓа никој. Крајот наградот е мошне далеку, а автопатот целосно не отсече.“

Тој престојувал тука само шест месеци. Дошол на местото на некојотец Ролф, кога овој се пензионирал, и очигледно, ништо не знаешеза тоа што се случило во зградата.

„Никогаш не сум стапнал“, призна тој. „А и зошто би стапнал?“Сара Роза и Мила му ја кажаа причината за нивниот претрес. И за

она што го најдоа. Кога разбра за присуството на отец Тимотеј,Горан повеќе сакаше да ги прати нив двете да разговараат со него.Роза се преправаше дека фаќа забелешки на лап-топот, но бешеочигледно дека ни најмалку не и е грижа за тоа што имаше да гокаже свештеникот. Мила се обиде да го разувери, велејќи му деканикој не очекува ништо од него и дека не треба да се обвинува за тоашто се случило.

„Тоа кутро несреќно дете!“, извика младиот свештеник, пред да мупотечат солзи. Беше шокиран.

„Кога ќе се почувствувате подготвен, би сакале да ни сепридружите во пералницата“, му рече Сара Роза, предизвикувајќиповторно вџасеност кај него.

„Зошто?“„Затоа што треба да ви поставиме некои прашања за локацијава: ова

место е како лавиринт.“

159

Page 160: Sepnuvacot - Donato Karizi

О

„Но, само што ви кажав дека речиси никогаш не сум бил овде и немислам...“

Мила го прекина: „Тоа ќе трае само неколку минути, а телото веќего тргнавме.“

Таа се погрижи да го увери во тоа, затоа што и стана јасно декаотец Тимотеј не сака да му остане врежана во меморијата сликата наизмачуваното детско тело. Впрочем, тој мораше да продолжи даживее во тоа мрачно место.

„Како сакате“, конечно се согласи со кимање на главата. Тој гииспрати до вратата, повторувајќи го ветувањето дека ќе им остане нарасполагање.

Враќајќи се накај другите, Роза намерно заостана неколку чекоризад Мила, за да ја нагласи дистанцијата што постоеше меѓу нив. Восекое друго време, Мила ќе реагираше на провокацијата. Меѓутоа,сега таа е дел од тимот и треба да ги почитува различнитеоднесувања доколку сака да ја заврши својата работа.

Ќе те суредам по ова, размислуваше Мила.Но додека го мислеше ова, сфати дека си зеде здраво за готово дека

на сево ова ќе му дојде крај. Дека, на некаков начин, ќе успеат да гоостават ужасот зад себе.

Тоа е дел од човековата природа, си помисли. Треба да продолжитесо сопствениот живот. Смртта ќе биде закопана, па со текот навремето се ќе се ублажи. Единственото нешто што ќе остане, ќе биденекакво нејасно сеќавање во душите, отпаден материјал што зад себего оставил неизбежниот процес на самоодржување.

За секој друг. Но не и за неа, затоа што таа иста вечер тоа сеќавањеќе го направи неизбришливо.

д местото на злосторството може да се добијат многуинформации, како за динамиката на случувањето, така и за

личноста на убиецот.Додека во случајот со првото тело, автомобилот на Берман не

можеше да се земе предвид како вистинско место на злосторството,

160

Page 161: Sepnuvacot - Donato Karizi

во случајот на второто можеше да се сфатат многу нешта за Алберт.Наспроти обидите на Сара Роза да не и дозволи присуство на

состанокот, Мила конечно освои место во тој синџир на енергија –како што таа ги крсти собирањата на тимот по наоѓањето на телотона Деби – а сега дури и Борис и Стерн сметаа дека таа е дел одтимот.

Откако се ослободија од припадниците на специјалните сили,Горан и неговите луѓе ја презедоа пералницата.

Местото како да беше замрзнато од халогените светилки наместенина четирите триножни стативи поврзани со генератор, бидејќи возградата немаше струја.

Се уште немаа најдено ништо. Како и да е, д-р Чанг веќе работешена телото. Тој беше донесол чудно парче опрема во една мала кутија,составена од епрувети, хемиски реагенси и микроскоп. Токму сегаземаше примерок од темната вода во која делумно беше потопенотелото. Наскоро истото ќе го прави и Креп, за отпечатоците.

Екипата имаше околу половина час пред да им го отстапатпросторот на научниците.

„Очигледно не се наоѓаме на примарното место на злосторството“,почна Горан, сакајќи да каже дека ова е секундарното, затоа штобеше очигледно дека смртта на детето се случила некаде другаде. Вослучаи со сериски убијци, многу е поважно местото каде што ќебидат најдени жртвите, отколку местото каде што биле убиени. Затоашто, додека убиството секогаш е акт што убиецот го резервира самоза себе, се друго потоа станува начин на споделување на искуството.Преку телото на жртвата, убиецот воспоставува еден видкомуникација со истражителите.

Од оваа гледна точка, Алберт сигурно не беше без искуство.„Мораме да го прочитаме местото. Да ја разбереме пораката што ја

содржи, како и кому му е наменета. Кој би сакал да почне? Треба даве потсетам дека ниту едно мислење нема веднаш да биде отфрлено,затоа чувствувајте се слободни да кажете се што ви поминува низглавата.“

Никој не сакаше да биде прв. Премногу дилеми им поминуваа низ

161

Page 162: Sepnuvacot - Donato Karizi

умот.„Можеби нашиот човек го поминал детството во овој институт.

Можеби оттука потекнува неговата омраза, неговиот бес. Би требалода ги разгледаме архивите.“

„Искрено, Мила, не мислам дека Алберт се обидува да ни дадеинформација за себе.“

„Зошто?“„Затоа што не мислам дека сака да биде фатен... барем не сега. На

крајот од краиштата, го имаме најдено само второто тело.“„Можеби грешам, но зар сериските убијци понекогаш не сакаат да

бидат фатени од полицијата затоа што не можат да престанат соубивање?“

„Тоа се лајненици“, рече Сара Роза со својата вообичаенаароганција.

А Горан додаде: „Вистина е дека честопати крајната желба насерискиот убиец е да биде запрен. Не поради тоа што не може да секонтролира себеси, туку поради тоа што кога е фатен тој конечноизлегува на отворено. Особено ако е нарцисоиден тип, тој сака дабиде препознаен по големината на својата работа. А додека неговиотидентитет останува мистерија, тој не може да ја постигне својатацел.“

Мила кимна со главата, но не беше наполно убедена. Горан гозабележа тоа и се заврти накај другите.

„Можеби треба да рекапитулираме како ќе одиме сореконструкцијата на врската што постои меѓу местото назлосторството и организационото однесување на серискиот убиец.“

Оваа лекција беше за да и олесни на Мила. Но таа не се лутешепоради тоа. Тоа беше начин да ја изедначи со сите други. А судејќиспоред реакцијата на Борис и на Стерн, се чинеше дека тие инавистина не сакаат таа да заостанува зад нив.

Проговори најстариот меѓу нив. Тој го стори тоа без да гледадиректно во Мила, не сакајќи да и биде непријатно.

„Според состојбата на местото на злосторството, сериските убијциги делиме на две главни категории: ’неорганизирани’ и

162

Page 163: Sepnuvacot - Donato Karizi

’организирани’.“Потоа продолжи Борис: „Припадникот на првата група, како што

можете и да претпоставите, е неорганизиран во сите аспекти насвојот живот. Тој е личност која не успеала во своите контакти солуѓето. Повлечен е. Неговата интелигенција е пониска од просечната,има ограничено образование и извршува работа што не бара некакваособена вештина. Тој е сексуално неспособен. Во тој поглед имасамо невешти и ненадејни искуства.“

По него, продолжи Горан: „Тоа обично е личност што во детствотобила сурово дисциплинирана. Поради тоа, мнозина криминолозисметаат дека тој се стреми на своите жртви да им го нанесе истотоколичество болка и страдање што тој го доживеал како дете. Од таапричина, тој ги крие чувствата на бес и на одбивност и задолжителноне ги манифестира пред луѓето со кои нормално е во контакт.“

„Неорганизираниот сериски убиец не планира: тој дејствуваспонтано“, рече Роза која не сакаше да биде исклучена.

Горан појасни: „Недостигот на организација на злосторството,убиецот го прави нервозен во моментот на неговото извршување.Затоа се стреми да дејствува блиску до места што му се познати,места каде што се чувствува слободно. Анксиозноста и фактот декане патува далеку, го наведуваат да прави грешки, на пример, даостава траги кои честопати го издаваат.“

„Генерално кажано, неговите жртви се само луѓе кои се нашле напогрешно место во погрешно време. И тој ги убива затоа што тоа еединствениот начин што го знае во односите со други луѓе“, заклучиСтерн.

„А како се однесува организираниот сериски убиец?“, праша Мила.„Па, како прво, тој е мошне итар“, рече Горан. „Може да е крајно

тешко да се идентификува поради неговата совршена маска: тој личина нормална личност која го почитува законот. Има високкоефициент на интелигенција. Добар е во својата работа. Честопатизазема важна позиција во заедницата каде што живее. Тој недоживеал никакво особено страдање во детството. Има семејство штого сака. Тој е сексуално способен и нема проблеми во односите со

163

Page 164: Sepnuvacot - Donato Karizi

спротивниот пол. Убива само од чисто задоволство.“Последново тврдење предизвика Мила да се стресе. Не беше само

таа погодена од овие зборови, затоа што првпат и Чанг ги тргнаочите од микроскопот за да погледне во нив. Можеби и тој, истотака, се прашуваше како може едно човеково суштество да наоѓазадоволство во тоа да му нанесува болка на друго човековосуштество.

„Тој е крволочен ѕвер. Прецизно ги одбира своите жртви, генералнобарајќи ги на места далеку од своето живеалиште. Мудар е ипретпазлив. Способен е да го предвиди развојот на истрагата противнего, со предвидување на потезите на истражителите. Затоа и етешко да се фати: тој учи од искуството. Организираниот убиецследи, чека и убива. Неговите акции може да бидат планирани соденови или со недели. Тој ги избира своите жртви со големовнимание. Ги набљудува. Се вовлекува во нивните животи, собирајќиинформации и внимателно бележејќи ги нивните навики. Постојаносе обидува да најде контакт, залажувајќи ги со определен типоднесување или со определени склоности за да ја освои нивнатадоверба. Тој стекнува контрола врз нив, повеќе сака зборови отколкуфизичка сила. Неговата работа претставува еден вид заведување.“

Мила се заврти да ја гледа претставата на смртта што бешеприредена во просторијата. Потоа рече: „Неговото место назлосторството секогаш ќе биде чисто. Затоа што неговата лозинка е’контрола’.“

Горан потврди, кимнувајќи со главата: „Се чини дека ни го дадепортретот на Алберт.“

Борис и Стерн и се насмевнаа. Сара Роза внимателно го избегнанејзиниот поглед и се преправаше дека го гледа часовникот,мрморејќи поради тоа бесцелно трошење на времето.

„Господа, дами, имаме некои информации...“Зборуваше тивкиот член на тоа мало собрание. Чанг се исправи на

нозе, држејќи го слајдот што само што го тргна од под окото насвојот микроскоп.

„Што е тоа, Чанг?“, праша доктор Гавила нестрпливо.

164

Page 165: Sepnuvacot - Donato Karizi

Но, судскиот истражител сакаше да ужива во моментот. Неговитеочи пламтеа од светлината на малиот триумф.

„Кога го видов телото, се прашував како може да биде потопено вотие неколку сантиметри вода...“

„Ние сме во пералница“, рече Борис, небаре тоа не бешенајочигледното нешто на овој свет.

„Да, но како и електричниот систем во оваа зграда, и водоводнатаинсталација не работела со години.“

Откритието одненадеж ги освои сиге. Особено Горана.„Па, што е тогаш течноста?“„Напрегнете се, докторе... тоа се солзи.“

165

Page 166: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ч15

овекот е единственото суштество во природата способно да сесмее или да плаче.

Мила го знаеше тоа. Она што не го знаеше, од друга страна, е декачовековите очи произведуваат три вида солзи: базални солзи, коипостојано го навлажнуваат и го хранат очното јаболкце; рефлекснисолзи, кои се создаваат кога некое надворешно тело ќе влезе воочите; и физички солзи, поврзани со болка или со емоција. Тие имаатразличен хемиски состав. Содржат мошне висок процент манган иеден хормон – пролактин.

Во светот на природните феномени, секое едно нешто може да бидесведено на формула, но објаснувањето зошто солзите од болка сефизиолошки различни од другите, практично, е невозможно.

Солзите на Мила не содржеа пролактин.Тоа беше нејзината ужасна тајна.Таа не беше способна да чувствува страдање. Да чувствува

емпатија потребна да се разберат другите луѓе и, оттаму, да не сечувствува сама меѓу човековиот род.

Секогаш ли било така? Или, пак, нешто или некој ја искоренил тааспособност?

Го забележа тоа кога почина татко и. Имаше четиринаесет години.Таа беше прва што го најде, едно попладне, како лежи неподвижен насофата во дневната соба. Изгледаше небаре спие. Барем така јараскажа приказната кога луѓето ја прашаа зошто веднаш не повикалаитна помош, наместо да седи покрај него речиси цел час. Вистинатабеше дека Мила веднаш сфати дека веќе не може ништо да сенаправи. Но, таа повеќе се вџаси од својата неможност дапочувствува некаква емоција отколку од самата смрт. Нејзиниоттатко – најважниот човек во нејзиниот живот, оној кој ја научи на се,нејзиниот пример – повеќе нема да биде таму. Засекогаш. Анејзиното срце, сепак, не беше скршено.

Таа плачеше на погребот. Не поради тоа што идејата за

166

Page 167: Sepnuvacot - Donato Karizi

неизбежност внесе очај во нејзината душа, туку само поради тоа штотака се очекуваше да направи една ќерка. Тие солени солзи беарезултат на исклучителен напор.

„Тоа е блок“, велеше таа. „Само блок. Тоа е стрес. Јас сум во шок.Тоа исто така мора да им се случува и на други луѓе.“ Таа се обиде сеи сешто. Се измачуваше себеси со спомени, барем да почувствувавина. Ништо.

Не можеше тоа да си го објасни себеси. Потоа се затвори вонепробивна тишина, не дозволувајќи никому да ја праша засостојбата на умот. Мајка и, исто така, по неколку обиди, се помирисо тоа дека нема никогаш да биде дел од тоа, многу лично,справување со тагата.

Светот помисли дека е скршена, уништена. Но Мила, затворена восвојата соба, се прашуваше зошто чувствува само желба да му севрати на својот нормален живот, исто така закопувајќи го човекот иво своето срце.

Нештата не се променија со текот на времето. Болката порадизагубата никогаш не дојде. Имаше и други моменти за тагување.Нејзината баба, една школска другарка, други роднини. И во тиеслучаи Мила не можеше да почувствува ништо, освен чист импулсколку што може побрзо да заврши со смртта.

Кому можеше да каже? Тие ќе ја гледаа како монструм без срце,како невредна да биде член на човековиот род. Само мајка и, насмртната постела, за момент можеше да ја види рамнодушноста воизразот на лицето на Мила и ја тргна својата рака од нејзините,небаре одненадеж почувствувала студ.

Еднаш, кога можноста за тагување во нејзиното семејство помина,за неа стана полесно со непознати да симулира нешто што не гочувствува. Кога стигна на возраст да има потреба од човечкиконтакти, особено со спротивниот пол, се соочи со проблем. „Неможам да почнам врска со некое момче ако не чувствувам емпатијаза него“, таа повторно и повторно си повторуваше себеси. Милапочна да го дефинира својот проблем откако од речник ја научидефиницијата за „емпатија“: „способност за проектирање на

167

Page 168: Sepnuvacot - Donato Karizi

сопствените емоции врз некој субјект за да се идентификува сонего.“

Дури тогаш таа почна да се консултира со психоаналитичари.Некои од нив не можеа да и дадат никакви одговори, други велеадека терапијата би била долга и тешка, дека би требало да направатсоодветна доза истражувања за да можат да ги најдат нејзините„емоционални корени“ и да откријат каде бил прекинатемоционалниот тек.

Сите се согласија во едно нешто: мора да го отстранат блокаторот.Таа со години правеше анализи, без каков било резултат од нив.

Честопати ги менуваше лекарите, и ќе продолжеше така добесконечност, доколку еден – најциничниот од нив, кому тааникогаш не може да му биде доволно благодарна – јасно не и кажа:„Не постои тага. Како и целата низа други човекови емоции. Тоа есамо работа на хемија. Љубовта е прашање само на ендорфинот. Сошприц полн со пентотал можам да ги отстранам сите емоционалнипобарувања. Ние не сме ништо друго освен машини направени одмесо.“

Најпосле, таа почувствува олеснување. Не задоволство туку,конечно, олеснување. Не можеше ништо да стори во врска со тоа:нејзиното тело премина во „заштитена“ состојба, како што се случувасо некои електрични уреди кога има силен напон на струја, а тиетреба да го заштитат своето сопствено струјно коло. Истиот лекар ирече дека постојат луѓе кои во даден момент на нивниот животчувствуваат голема обземеност од тага, премногу, далеку повеќеотколку што човек може да истрпи за време на животот. И на тааточка, тие или престануваат да живеат, или стануваатнечувствителни за тага.

Мила не знаеше дали својата нечувствителност да ја смета за парчесреќа, но благодарение на тоа таа стана она што е. Трагач поисчезнати деца. Исцелувањето на страдањето на другите и гонадоместуваше она што таа никогаш не би го почувствувала.Нејзината клетва одеднаш стана нејзина дарба.

Таа ги спасуваше. Ги водеше дома. Тие и беа благодарни. Таа се

168

Page 169: Sepnuvacot - Donato Karizi

приврза кон некои од нив, а тие ја бараа и ја прашуваа да им гираскаже приказните за нив.

„Да не бевте таму да мислите на мене...“, и велеа.А таа, се разбира, не можеше да открие од што се состои таа

„мисла“, истата мисла за секое дете што се обидуваше да го најде.Можеше да чувствува бес поради тоа што им се случило – истиот бескако и за детето број шест – но таа никогаш не почувствува„сожалување.“

Таа ја прифати својата судбина. Но исто така си поставуваше ипрашање.

Ќе биде ли некогаш способна некого да сака?Не знаејќи го одговорот, Мила уште многу одамна ги испразни

својот ум и своето срце. Таа никогаш нема да има љубов, сопруг илимомче, или деца, дури ниту некое животинче. Затоа што тајната е вотоа да се нема ништо да се загуби. Ништо што некој би можел да и гоземе. Тоа беше единствениот начин на кој таа можеше да влезе воумот на луѓето по кои трагаше.

Со создавање околу себе на истата празнина каква што тие ја имааоколу себе.

Се до денот кога ослободи едно дете од канџите на еден педофил,кој го беше киднапирал за да има само малку забава за време навикендот. Тој ќе го ослободел детето по три дни затоа што, вонеговиот болен ум, „му здодеало.“ Нему не му беше гајле засостојбата во која ги стави семејството на момчето и неговиот живот.Тој се оправдуваше себеси дека никогаш не би го повредил детето.

А што во врска со сето друго? Како го нарече шокот одкиднапирањето? Од затворањето? Од насилството?

Тоа не беше очајнички обид да се изнајде оправдување, колку и да еслабо, за она што го сторил. Тој навистина веруваше во тоа. Затоашто беше неспособен да ги замисли чувствата на неговата жртва.Најпосле, Мила знаеше: човекот е ист како неа.

Оттогаш таа реши веќе да не дозволува нејзината душа да биделишена од основните мерила на другите и на животот засочувственост. Дури и да не може да ја најде во себе, таа вештачки ќе

169

Page 170: Sepnuvacot - Donato Karizi

ја предизвика.Мила ги лажеше тимот и доктор Гавила. Всушност, таа веќе имаше

мошне јасна претстава за тоа какви се сериските убијци. Или, баремнајмалку за еден аспект на нивното однесување.

За садизмот.Речиси секогаш, во основата на однесувањето на сериските убијци

се забележуваа длабоко вкоренети садистички компоненти. Жртвитебеа гледани како „објекти“ од чие страдање, од чие искористување,тие можеа да извлечат лична предност.

Серискиот убиец успева да чувствува задоволство прекусадистичкото искористување на својата жртва.

Честопати, убиецот е неспособен да развие сериозни врски содруги, тој е понижен во своите очи од луѓе што му сепротивставуваат. Тогаш насилството е единствениот контакт соостатокот од светот.

Не сакам истото да ми се случи и мене, си рече Мила саматасебеси. Идејата да има нешто заедничко со тие убијци, кои беанеспособни да сожалуваат, ја исполни со одвратност.

По откривањето на телото на Анеке, откако замина со Роза одкуќата на отец Тимотеј, Мила си вети дека ќе открие што се случилосо тоа дете, кое никако не излегуваше од нејзината меморија. Накрајот од денот, додека другите отидоа во студиото да сумираат штосе се случи и да ги средат резултатите од истрагата, таа ги напуштина неколку часови.

Потоа, како што правеше многупати досега, отиде в аптека. Го купиона што и беше потребно: средства за дезинфекција, фластери, вата,ролна стерилен завој, игли и хируршки конец.

И – жилет.Со мошне јасна намера отиде во мотелот, во својата стара соба. Ја

немаше одјавено и се уште плаќаше за неа, само поради таа состојбасо умот. Ги навлече завесите. Ја остави само светилката покраједниот од двата кревета. Седна и врз душекот ја испразнисодржината од хартиеното ќесе.

Ги соблече фармерките.

170

Page 171: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

Откако истури малку од средството за дезинфекција врз рацете и гиистри, таа натопи парче вата со течноста и ја потапка кожата одвнатрешната страна на десната нога. Погоре се наоѓаше раната штовеќе беше заздравена, како резултат на нејзиниот поранешен невештобид. Но, овојпат, таа нема да ја оплеска работата, ќе го направи тоакако што треба. Со усните ја тргна хартиената обвивка од жилетот.Го држеше цврсто меѓу своите прсти. Ги затвори очите и ја спуштисвојата рака. Броеше до три, и потоа помина низ кожата на ногата.Сети како сечилото се лизга по живото ткиво и продолжува низ него,создавајќи жежок отвор.

Физичката болка еруптира со нем извик. Се тргна од раната низнејзиното тело. Својот врв го достигна во нејзината глава,прочистувајќи ја од сликите на смртта.

„Ова е за тебе, Анеке“, и рече Мила на тишината.Потоа, конечно, заплака.

еѓу солзите – насмевка.

Тоа беше симболична слика на местото на злосторството. Но,фактот дека телото на второто дете беше најдено во пералницата,беше далеку од тривијален детаљ.

„Можеби намерата била креацијата да се прочисти во поплава одсолзи?“, се прашуваше Роше.

Но Горан Гавила, како и обично, не веруваше во тоа поедноставенообјаснување. Дотогаш, моделот на убиецот Алберт се докажапремногу рафиниран за да падне на таква баналност. Тој за себемислеше дека е супериорен во однос на сериските убијци коипостоеле пред него.

Заморот во студиото веќе беше видлив. Мила се врати од мотелотоколу девет часот вечерта, со црвени очи и благо куцајќи со леватанога. Таа веднаш отиде малку да се испружи во гостинската соба, безда го размести својот камп-кревет, или барем да ја соблече облекатаод себе. Околу единаесет часот ја разбуди Горан, кој во ходникотзборуваше по телефон. Не се ни помрдна, преправајќи се дека спие.

171

Page 172: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

Претпоставуваше дека личноста на другата страна на линијата небеше неговата сопруга, туку медицинска сестра или можеби дадилка.Во еден момент тој ја нарече „госпоѓа Руна.“ Ја праша за Томи –значи така се викаше детето – дали јадел и дали го завршилдомашното и дали случајно не збеснал. Горан неколкупатипромрмори нешто додека госпоѓа Руна го запознаваше со новостите.Разговорот заврши со ветувањето на криминологот дека во следнитеденови ќе помине дома, за да го види Томи барем на неколку часа.

Мила не мрдаше, склопчена со грбот накај вратата. Но кога Горанпочна повторно да зборува, таа почувствува дека тој стои на праготод гостинската соба и дека всушност гледа во неа. Можеше да видидел од неговата сенка што се пресликуваше на ѕидот пред неа. Штоби се случило доколку се заврти? Нивните погледи би се сретнале вотемнината. Можеби почетната збунетост би му отстапила место нанешто друго. На нем дијалог.

Но, дали тоа беше она што Мила навистина чувствуваше дека итреба? Човекот покажуваше чудна привлечност кон неа. Таа неможеше да каже каков точно повик беше тоа. Конечно, реши да сезаврти. Но, Горан веќе не беше таму.

Малку подоцна, таа му се врати на спиењето.

ила... Мила...

Како шепот, гласот на Борис се вовлече во сонот од црнидрвја и бескрајни патишта. Мила ги отвори очите и го виде покрајсвојот камп-кревет. Не ја допре за да ја разбуди. Само ја викаше поиме. Но, се смееше.

„Колку е часот? Долго ли спиев?“„Не, часот е шест... Излегувам, Гавила сака да разговарам со некои

поранешни станари на сиропиталиштето. Се прашував дали бисакала да дојдеш со мене...“

Збунетоста на Борис и кажа дека тоа не било негова идеја.„Добро, доаѓам.“Младиот човек кимна со главата, благодарен што таа го поштеди од

172

Page 173: Sepnuvacot - Donato Karizi

натамошно наговарање.По околу четврт час се најдоа на паркингот зад зградата. Моторот

на автомобилот веќе работеше, а Борис ја чекаше надвор, потпрен накаросеријата со цигара в уста. Носеше топла парка што му досегашеречиси до колената. Мила на себе го имаше вообичаениот коженжакет. Кога се пакуваше не предвиде дека во овие краишта ќе бидетолку студено. Срамежливото сонце што ѕиркаше низ зградите почнада ги стоплува куповите валкан снег по аглите на улиците, но тоанема да трае долго: за тоа попладне се предвидуваше невреме.

„Би требало малку да се покриеш, го знаеш тоа, нели?“, и се обратиБорис, гледајќи ја нервозно нејзината облека. „Во ова време одгодината тука мрзне.“

Внатрешноста на автомобилот беше топла и гостоприемлива. Навозачката табла имаше пластични чаши и хартиено ќесе.

„Топол кроасан и кафе?“„И се е за тебе!“, одговори тој, присетувајќи се колку е лакома кога

јаде.Тоа беше понуда за смирување. Мила ја прифати без коментар. Со

полна уста го праша: „Каде точно ќе одиме?“„Ти реков: треба да поразговараме со некои луѓе кои порано

живееле во институцијата. Гавила е убеден дека аранжманот нателото во пералницата не ни бил наменет само нам.“

„Можеби реконструирал нешто од минатото.“„Од далечното минато, доколку е тој. Местата како тоа, престанале

да постојат речиси пред дваесет и пет години. Откако е променетзаконот кој еднаш засекогаш ги укина сиропиталиштата.“

Во гласот на Борис имаше некаква болка, која тој веднаш и ја кажа:„Јас бев во вакво место, знаеше ли? Имав околу десет години.Никогаш не го знаев татко ми, а мајка ми не можеше сама да меиздржува. Затоа извесно време бев сместен таму.“ Мила не знаешешто да каже, вџасена од толку личното доверување. Бориспретпостави.

„Не треба ништо да кажеш, не грижи се. Всушност, дури и не знамзошто ти го кажав тоа.“

173

Page 174: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Извини, но не ме бива многу за зборување. Многумина луѓемислат дека сум ладна.“

„Не и јас.“Борис го гледаше патот. Сообраќајот се одвиваше забавено, затоа

што асфалтот се уште беше прекриен со мраз. Низ воздухот пловеаиздувни гасови. Луѓето се движеа брзо по тротоарите.

„Стерн – можеби така Господ секогаш го чува – успеа да најдедузина поранешни станари на институтот. Ние ќе се занимаваме сополовината од нив. Тој и Роза подоцна ќе ги побараат останатите.“

„Само дванаесетмина?“„Во областа. Не знам точно што има на ум докторот, но ако мисли

дека може нешто да се извлече од тоа...“Тоа претпладне тие разговараа со четири од поранешните деца во

институтот. Сите тие имаа повеќе од дваесет и осум години, соповеќе или помалку исто криминално педигре. Сиропиталиште,поправен дом, затвор, условно отсуство, повторно затвор, условноослободување. Само еден од нив успеал да ги исчисти своите раце одтоа, благодарение на својата црква: станал пастор на една од многутепротестантски заедници во таа област. Други двајца живееле одмилостина. Четвртиот беше во домашен притвор поради продавањедрога. Но, секогаш кога некој од нив кажуваше за своето време воинституцијата, Мила и Борис забележуваа ненадејна вознемиреност.Тие беа луѓе кои запознале затвор, вистински затвор, а сепакникогаш нема да го заборават тоа место.

„Дали ги виде нивните лица?“, го праша Мила својот колега почетвртата посета. „Не мислиш ли дека во тоа место се случило нештолошо?“

„Немаше разлика од другите такви, верувај ми. Мислам дека енешто поврзано со нивното детство. Додека растеш, се соочуваш соразни искуства, дури и со најлошите. Но, кога си на таа возраст,сеќавањата навистина мигновно се врежуваат, и никогаш незаминуваат.“

Секогаш кога ја кажуваа – со сите должни мерки на заштита –приказната за телото во пералницата, соговорниците само

174

Page 175: Sepnuvacot - Donato Karizi

одмавнуваа со главите. Тој мрачен симболизам не им значешеништо.

Околу пладне, Мила и Борис застанаа покрај еден кафе-бар инабрзина купија неколку сендвичи со туна и неколку капучина.

Небото сега беше облачно. Прогнозата за времето не бешепогрешна: наскоро повторно ќе почне да паѓа снег.

Им остана да посетат уште двајца сираци пред сосема да се влошивремето и да ги спречи да се вратат назад. Решија да почнат со онојкој живееше подалеку.

„Името му е Фелдер. Живее на триесетина километри одовде.“Борис беше добро расположен. Мила сакаше да го искористи тоа за

да го распраша повеќе за Горана. Тој ја разбуди нејзинатаљубопитност: се чинеше невозможно да има приватен живот,партнерка, дете. Неговата сопруга претставуваше мистерија. Особенопо телефонскиот разговор што Мила го фати претходната вечер. Кадему е сопругата? Зошто не е дома да се грижи за малиот Томи? Зоштогоспоѓа Руна е таму наместо неа? Можеби Борис би можел да иодговори на прашањата. Но, на крајот, не знаејќи како да ја почнетемата, Мила се откажа од тоа.

Кога стигнаа до куќата на Фелдер, беше речиси два часот попладне.Се обидоа да му телефонираат претходно и да му кажат дека доаѓаат,но снимениот глас од телефонската компанија им кажа дека бројотвеќе не постои.

„Се чини дека на нашиот пријател не му оди најдобро“, забележаБорис.

Погледот на неговото живеалиште го потврди ова. Куќата – акоможеше така да се нарече – се наоѓаше во средината на еден просторсо шут, опколен со каросерии од автомобили. Едно куче соцрвеникаво крзно, кое изгледаше како полека да ’рѓосува како и сеоколу него, ги пречека со зарипнато лаење. Наскоро потоа на врататасе појави човек на возраст од четириесетина години. Наспротистудот, тој беше облечен само во една валкана маичка и во фармерки.

„Дали сте Вие господин Фелдер?“„Да... а кои сте вие?“

175

Page 176: Sepnuvacot - Donato Karizi

Борис само ја крена својата картичка во раката: „Можеме ли дапоразговараме со Вас?“

Фелдер не изгледаше задоволен од нивната посета, но ги поканивнатре.

Имаше голем стомак, а прстите му беа пожолтени од никотин.Внатрешноста на куќата личеше на него: валкано и хаотично. Гипослужи со студен чај во несоодветни чаши, запали цигара и седнана една чкрипава лежалка, оставајќи ја софата за нив.

„Имавте среќа што ме најдовте. Обично работам...“„Зошто не и денес?“, го праша Мила.Човекот погледна надвор: „Поради снегот. Никој не зема физички

работници по вакво време. И губам куп денови.“Мила и Борис го држеа чајот во рацете, но ниеден од нив не го

пиеше. Фелдер не изгледаше дека ќе почне прв.„Па зошто не се обидете да ја промените работата?“, се осмели

Мила да го праша, божем се интересира, и за да воспостави контакт.Фелдер фркна. „Се обидов! Мислите ли дека не сум се обидел? Но

сето тоа фати видвиделија, како и мојот брак. Таа ороспија божембеше поарна. Секој проклет ден ми зборуваше дека јас сумништожник. Сега е мизерна келнерка и дели стан со две скитничкикако неа. Го видов. И припаѓа на црквата на која и се приклучи. Тиеи рекле дека дури и луѓе како неа, што не ги бива за ништо, наоѓаатместо на небото! Што мислите за тоа?“

Мила се сети дека по пат поминаа покрај најмалку дузина таквинови цркви. Сите имаа големи неонски табли што го покажувааимето на конгрегацијата и слоганот што го застапуваат. Тие сенамножија насекаде околу, прифаќајќи покрстеници меѓуотпуштените од големите фабрики, самохраните мајки и меѓу луѓеторазочарани од традиционалната вера. И покрај тоа што различнитесекти сакаа да изгледаат различни една од друга, она што им бешезаедничко беше безусловното придржување кон креаторите на разнитеории, хомофобија, противење на абортусот, афирмација напринципите според кои секоја личност има право да носи оружје ицелосна поддршка на казнувањето со смрт.

176

Page 177: Sepnuvacot - Donato Karizi

Невозможно е да се дознае како Фелдер би реагирал, си помислиМила, ако му кажеше дека еден од неговите колеги затвореници воинститутот станал пастор во една од тие цркви.

„Кога пристигнавте, погрешно заклучив дека сте двајца од нив:доаѓаат овде за да го проповедаат своето евангелие. Минатиот месец,онаа ороспија со која бев порано, прати неколкумина за да мепреобратат.“ Тој се насмеа, покажувајќи два реда расипани заби.

Мила се обиде да се оддалечи од сопружничките теми и немарно гопраша: „Што работевте пред да физичката работа, господинеФелдер?“

„Нема да верувате...“ Човекот се насмеа, гледајќи во нечистотијатаоколу себе. „Основав мала пералница.“

Двајцата агенти се обидоа да не се погледнат меѓусебно за да не мупокажат на Фелдер колку интересна беше таа изјава. Мила неможеше да не забележи дека Борис ја спушти раката покрај бедрото,откривајќи ги футролата и својот пиштол. Се присети дека когастигнаа на местово нивните мобилни телефони немаа сигнал. Незнаеја многу за овој човек и мораа да бидат внимателни.

„Дали некогаш сте биле в затвор, господине Фелдер?“„Само за мали престапи, ништо што чесен човек би го држело ноќе

6уден.“Се виде дека Борис ја регистрира оваа информација. Тој зјапаше во

Фелдер, предизвикувајќи му вознемиреност.„Значи, што можам да направам за вас, Господа полицајци?“, им

рече човекот, без да ја прикрива несомнената нервоза.„Па можеме да кажеме, детството и поголемиот дел од Вашиот

адолесцентен период сте го поминале во институции што иприпаѓаат на црквата“, продолжи внимателно Борис.

Фелдер се загледа сомничаво во него: како и другите, и тој сечудеше што ги натерало полицајците да дојдат дотука. „Најдобритегодини од мојот живот“, одговори тој пакосно.

Борис му кажа што ги донесло тука. Фелдер се чинеше задоволеншто фактите му беа кажани пред да стигнат во јавноста.

„Би можел да заработам многу пари кажувајќи им го материјалов на

177

Page 178: Sepnuvacot - Donato Karizi

весниците, нели?“, беше неговиот единствен коментар.Борис остро го погледна: „Само обидете се, па ќе ве уапсам.“Насмевката исчезна од лицето на Фелдер. Агентот се внесе накај

него. Тоа беше техника на испрашување, и Мила го знаеше тоа. Когаразговараат еден со друг, освен ако се поврзани со некакви посебниемотивни или интимни релации, луѓето секогаш имаат тенденција даги почитуваат невидливите граници. Во случајов, меѓутоа,испрашувачот му се приближи на испрашуваниот со цел да го освоинеговиот личен простор и да направи тој да се чувствува непријатно.

„Господине Фелдер, сигурен сум дека е мошне забавно дапречекате двајца полицајци кои дошле да се видат со Вас, нудејќи гисо чај во кој сигурно сте се измочале, за да уживате во нивните фацидодека седат како морони со чашите в рака без да имаат смелост дасе напијат од него.“

Фелдер не рече ништо. Мила го погледна Бориса: се прашувашедали тоа беше добар потег во даденава ситуација. Наскоро ќеоткријат. Агентот смирено го остави чајот на масата и повторно мусе загледа на човекот в очи.

„Сега, се надевам, ќе сакате малку да ни кажете за Вашиот престојво сиропиталиштето..“

Фелдер погледна надолу, со глас кој премина во шепот: „Може дасе каже дека таму сум роден. Никогаш не ги запознав родителите.Тие ме однесле таму веднаш откако мајка ми ме родила. Името ми годаде отец Ролф, тој кажа дека му припаѓало некому што го познавал,кој загинал млад во војната. Можеби тој луд свештеник помисли декаимето му донесло лоша среќа на другиот тип, па може ќе биде среќноза мене!“

Песот надвор повторно почна да лае, па Фелдер прекина за да му серазвика: „Замолчи, Коч!“ Потоа повторно се заврти накај своитегости. „Имав повеќе кучиња пред неколку години. Местово бешедепонија. Кога го купив, тие ме уверуваа дека било исушено. Но,одвреме-навреме се трупаат некакви материјали: лајна и секаков виднечистотија, особено кога врне. Кучињата ја пијат водата, стомацитеим се подуваат и по неколку дена кинат конци. Коч е единствениот

178

Page 179: Sepnuvacot - Donato Karizi

што ми остана, но мислам дека и тој оди натаму.“Фелдер се разводни. Не му се допаѓаше со нив да се враќа на

местата што веројатно ќе влијаат на неговата судбина. Зборувајќи заумрените кучиња, тој се обидуваше да преговара со полицајците зада го остават на мир.

Но, тие не можеа да го омекнат своето држење.Мила се обиде да биде убедлива кога му рече: „Би сакала да

сторите еден напор, господине Федлер.“„ОК: пукај.“„Би сакала да ни кажете на што ве асоцира претставата за

’насмевка меѓу солзи’.“„Тоа е како што прават психијатрите, нели? Еден вид слободна

асоцијација?“„Нешто слично“, се согласи таа.Фелдер почна да размислува за тоа. Тој тоа го направи

мелодраматично, ѕверејќи се во таванот, со едната рака чешкајќи сија брадата. Можеби сакаше да оддаде впечаток дека му треба помош,или можеби откри дека тие не можат да го обвинат за „недостиг намеморија“, и само си играше со нив. Но, потоа рече: „Били Мур.“

„Кој е тоа, Ваш пријател?“„Ох, тоа момче беше исклучително! Имаше седум години кога

дојде. Секогаш беше расположено, насмеано. Набрзо им станамаскота на сите... Во тоа време местото беше пред затворање: бевмеостанати само шеснаесетмина.“

„Цела таа институција само за вас неколцина?“„Свештениците исто така си заминаа. Единствениот кој остана

беше отец Ролф... Јас бев еден од најстарите момци, имавпетнаесетина години... Приказната на Били беше неверојатно тажна:неговите родители се обесиле. Тој ги нашол телата. Не викал нитупак побарал помош: наместо тоа, се качил на стол и, држејќи се занив, ги откачил од таванот.“

„Таквите искуства ви го одбележуваат животот.“„Не и на Били. Тој секогаш беше среќен. Тој се беше приспособил

на најлошото. Нему се му беше игра. Никогаш немавме видено нешто

179

Page 180: Sepnuvacot - Donato Karizi

такво. За нас, тоа место беше затвор, но Били не ни обрнувашевнимание. Тој имаше енергија, не знам како да го дефинирам тоа...имаше две опсесии: тие проклети ролшуи со кои се возеше нагоре-надолу по празните ходници, и фудбалот. Но, не сакаше да игра.Повеќе сакаше да стои на страничните линии и да врширадиопренос... „Ова е Били Мур од Стадионот на Ацтеките воМексико Сити од Светското првенство...“ За неговиот роденден серазвртевме и му го купивме тој касетофон. Беше воодушевен: поминачасови и часови снимајќи се на тоа чудо и преслушувајќи сеповторно и повторно!“

Фолдер сега се занесе во дребулии; разговорот се измолкна. Миласе обиде да го врати на неговата почетна лента. „Можете ли да никажете нешто во врска со последните неколку месеци наинституцијата?“

„Како што ви реков, таа беше пред затворање и ние момчињатаимавме само две можности: или да бидеме посвоени, или дазавршиме во друга институција, како детски домови. Но, ние бевмесираци од Б класа и никој не сакаше да не земе. За Били, сепак, бешепоинаку: за него се чекаше во редица! Секој веднаш се вљубуваше вонего, сите го сакаа само него.“

„И како заврши? Најде ли Били добро семејство?“„Били умре, госпоѓице.“Тој тоа го кажа со толкаво разочарување во гласот што звучеше

како тоа да беше неговата сопствена судбина. И можеби на извесенначин и била, небаре момчето претставувало еден вид откупнина заостанатите негови другари. Оној кој на крајот би можел и да успее.

„Како се случи тоа?“, праша Борис.„Менингитис.“Човекот шмркна, а очите му светеа. Се заврти накај прозорецот,

затоа што не сакаше тие двајца странци да го видат толку многуранлив. Мила беше сигурна дека кога тие ќе си заминат, сеќавањетона Били ќе продолжи да плови околу него како некој стар дух во таакуќа. Но, со своите солзи, Федлер ја заработи нивната доверба: Милавиде како Борис ја оддалечи својата рака од футролата. Стана

180

Page 181: Sepnuvacot - Donato Karizi

Е

безопасен.„Били беше единствениот кој доби менингитис. Но плашејќи се од

пандемија, за миг не исчистија сите нас од местото... среќа, а?“ Тојсе трудеше да се насмевне. „Па добро, нам ни олеснија, сигурно декабеше така. И – проклетата дупка ја затворија шест месеци порано одпредвиденото.“

Додека стануваа да си одат, Борис уште еднаш го праша: „Далинекогаш повторно се видовте со некој од школските другари?“

„Не, но пред неколку години налетав повторно на отец Ролф.“„Тој сега е пензиониран.“„Јас љубезно се надевав дека скинал конци.“„Зошто?“, го праша Мила, замислувајќи го најлошото. „Дали Ве

повредил?“„Никогаш. Но кога ќе го поминете своето детство на такво место,

учите да го мразите она на што се сеќавате затоа што сте биле таму.“Мисла во голем дел иста како онаа што ја искажа Борис, кој не

сакајќи кимна со главата.Фелдер не ги испрати до вратата. Наместо тоа, се испружи над

масата и ја собра чашата со студениот чај што Борис не сакаше да гопие. Ја доближи до устата и ја испразни во една голтка.

Потоа пркосно се загледа во нив, велејќи им: „Пријатен ден.“

дна стара групна фотографија – децата кои живееле восиропиталиштето токму пред неговото затворање – преземена од

местото што некогаш беше канцеларија на отец Ралф.Шеснаесетмина мали деца застанати околу стариот свештеник,

само едно насмевнување во фотографската леќа.Насмевка меѓу солзи.Очи сјајни, разбушавена коса, заб што недостига, забележлива

дамка од нешто мрсно на неговиот зелен пуловер, изложена небаре емедал на честа.

Били Мур засекогаш останал на таа фотографија и, на малитегробишта покрај црквата на сиропиталиштето. Тој не беше

181

Page 182: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

единственото дете закопано таму, но неговиот гроб беше најубав. Сокаменен ангел кој заштитнички ги шири крилјата.

Откако ја слушна приказната на Мила и на Борис, Гавила го замолиСтерн да ги најде сите документи што се однесуваат на смртта наБили. Агентот го исполни тоа со својата вообичаена посветеност икога се соочија со документите, веднаш им остави впечаток еднаинтересна коинциденција.

„Во случај на потенцијално инфективни болести мора да бидатинформирани здравствените власти. Лекарот кој го добилизвестувањето од отец Ролф е истиот оној кој ја издал потврдата засмртта. Двата документа имаат иста дата.“

Горан се обиде да размисли околу ова: „Најблиската болница еоддалечена педесетина километри. Тој веројатно не се ни потрудилда го потврди идентитетот.“

„Тој им верувал на зборовите на свештеникот“, додаде Борис, „затоашто свештениците обично не кажуваат лаги...“

„Не секогаш“, сметаше Мила.Гавила немаше дилеми по прашањето: „Треба да го ексхумираме

телото.“

негот почна да паѓа во мали, но тешки снегулки, небаре земјатаја подготвува за оние што ќе следат потоа. Наскоро ќе се

стемни, па тие требаше да тргнат.Гробарите на Чанг беа на терен со еден мал булдожер за да ја

откопаат замрзнатата земја. Додека тимот чекаше, не зборувашеникој.

Главниот инспектор Роше беше информиран за развојот и гизадржуваше медиумите, кои пак наеднаш беа во состојба на големавозбуденост. Можеби Фелдер навистина се обидел да шпекулира соона што му го кажаа двајцата агенти без премногу да ја откриватајната. И покрај тоа Роше секогаш велеше: „Она што медиумите него знаат, ќе го измислат.“

Значи, тие мораа да напредуваат пред некој да реши да го исполни

182

Page 183: Sepnuvacot - Donato Karizi

тоа молчење со добро изработена бесмислица.Се слушна тап удар. Конечно булдожерот најде нешто.Луѓето на Чанг слегоа во дупката и почнаа рачно да копаат.

Сандакот беше покриен со пластифицирано платно за да се забавинеговото распаѓање. Тоа беше отстрането за да открие капак од малбел мртовечки ковчег.

„Тука е се гнило“, рече медицинскиот истражител откако брзопогледна. „Ако го извлечеме, ризикуваме негово уништување. А иснегов создава непријатности“, додаде Чанг, зборувајќи му на Горан,од кого очекуваше финална одлука.

„Добро... отворете го.“Никој не очекуваше криминологот да организира ексхумација на

самото место. Луѓето на Чанг раширија една церада над дупката,зацврстувајќи ја на краевите како голем чадор, за да го заштитатместото.

Патологот облече еден елек и со батериска ламба на грбот слезе водупката пред очите на камениот ангел. Пред него, еден техничар сооксигенски пламен почна да го топи цинкот залемен околу сандакоти капакот почна да се ослободува.

Како будите дете мртво веќе осумнаесет години? – се чудешеМила. Били Мур веројатно заслужил кратка церемонија или молитва.Но никој немаше желба ниту, пак, време да го стори тоа.

Кога Чанг го отвори ковчегот, се појавија скудните останки наБили, се уште облечен во она што останало од костумот за прватапричесна. Елегантен, со врска со штипка и со подвиткани панталони.Во аголот на ковчегот имаше ’рѓосани ролшуи и еден старкасетофон.

Мила се присети на приказната на Фелдер: Тој имаше две опсесии:тие проклети ролшуи, со кои се возеше нагоре-надолу низ празнитеходници, и фудбалот. Но, не сакаше да игра. Повеќе сакаше да стоина страничните линии и да врши радиопренос.

Тоа беше сета сопственост на Били.Чанг со скалпел полека почна да отстранува делови од штофот на

костумот и, дури и во таа непријатна позиција, неговите движења беа

183

Page 184: Sepnuvacot - Donato Karizi

брзи и прецизни. Ја провери состојбата на зачуваноста на скелетот.Потоа, вртејќи се накај тимот, најави: „Има голем број фрактури. Неможам стопроцентно да бидам сигурен кога се случиле... но, споредмоето мислење, детето дефинитивно не починало од менингитис.“

184

Page 185: Sepnuvacot - Donato Karizi

С16

ара Роза го доведе отец Тимотеј во кампот на мобилнатаединица, каде што го чекаа Горан и другите членови на тимот.

Свештеникот се уште изгледаше нервозно.„Благонаклонети сме да ве замолиме“, почна Стерн. „Итно треба да

разговараме со отец Ролф.“„Ви реков: тој е пензиониран. Не знам каде е сега. Кога стигнав

овде пред шест месеци, со него се видов само на неколку часови.Толку долго колку само да се ракуваме. Ми објасни неколку работи,ми даде неколку документи и клучевите и потоа си замина.“

Борис се заврти накај Стерн. „Можеби би требало директно да сеобратиме до Куријата. Дали знаете каде ги испраќаатпензионираните свештеници?“

„Сум слушнал дека тоа е еден вид дом за старци.“„Би можело, но...“Тие го погледнаа отец Тимотеј.„Што?“, го праша Стерн.„Мислам дека помнам оти отец Ролф планираше да замине да

живее со сестра си... Да, тој ми рече дека таа е повеќе или помалкуна иста возраст со него и дека никогаш не се омажила.“

Свештеникот конечно беше задоволен што може да придонесе воистрагата. И успеа да им ја понуди помошта што претходно јаодбиваше.

„Ако сакате, јас ќе зборувам со Куријата. Кога ќе размислам, не битребало да биде премногу тешко да се открие каде е отец Ролф. Аверојатно ќе се сетам и на нешто друго.“

Младиот свештеник сега се чинеше посмирен. Потоа Горан рече:„Тоа би било голема помош за нас и многу би придонесло за да сеизбегне беспредметниот публицитет во врска со она што се случуваовде. Мислам дека тоа не ќе и пречи ни на Куријата.“

„Сметам дека имате право“, се согласи отец Тимотеј.Кога свештеникот го напушти кампот, Сара Роза се заврти накај

185

Page 186: Sepnuvacot - Donato Karizi

Горан, очигледно вознемирена.„Ако сите се согласуваме дека смртта на Били не била случајна,

зошто не издадеме потерница по отец Ролф? Јасно е дека тој имаврска со тоа!“

„Да, но тој не бил одговорен за убиецот на малото момче.“Мила ја погоди зборот „убиец“, што Горан го употреби првпат.

Фрактурите на Били може да бидат показатели за насилна смрт, ноне постоеше доказ дека некој друг бил вмешан.

„А како можете да бидете толку сигурен дека свештеникот не евиновен?“, продолжи Роза.

„Отец Ролф само ја прикрил работата. Тој излегол со приказната заменингитисот на Били, така што никој не би се осмелил да раскопуваподлабоко поради стравот од инфекција. А потоа надворешниот светго сторил другото: никој не се грижел за тие сираци, ти исто така гозабележуваш тоа, нели?“

„А сиропиталиштето и така било пред затворање“, додаде Мила.„Отец Ролф е единствениот кој ја знае вистината, затоа треба да го

испрашаме. Но, се плашам дека доколку издадеме потерница... добро,се уште би можеле да го најдеме. Тој е стар и можеби е решенприказната да ја однесе в гроб.“

„Значи, што ќе правиме?“, беше нестрплив Борис. „Ќе чекаме ли даго најдеме свештеникот?“

„Сигурно не“, му реплицираше криминологот. Потоа го насочисвоето внимание кон планот на сиропиталиштето што Стерн годонесе од локалниот катастар. Тој на Борис и на Роза им покажа еднаобласт.

„Треба да одите во источниот павилјон. Гледате ли? Архивата етаму, со сите документи за децата кои живееле во сиропиталиштетодо неговото затворање. Се разбира, ние сме заинтересирани само запоследните шеснаесет деца.“

Горан им ја даде групната фотографија со насмеаниот Били Мур. Јазаврти: на другата страна беа потписите од сите деца нафотографијата.

„Споредете ги имињата: ни треба оној за кого недостига

186

Page 187: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н

документација...“Борис и Роза го погледнаа збунето.„Како знаеш дека една недостига?“„Затоа што Били Мур бил убиен од еден од своите школски

другари.“

а истата групна фотографија што го покажуваше Били Мурнасмеан, Роналд Дермис стоеше трет одлево. Тој имаше осум

години. Тоа значеше дека тој мора да бил маскота на институцијатапред да дојде Били.

За едно дете, љубомората може да биде доволна причина да сепосака нечија смрт.

Кога тој го напуштил сиропиталиштето, бирократијата му јазагубила трагата. Дали бил посвоен? Тоа беше неизвесно. Тој можеда завршил во некој дом. Тоа беше непознаница. Речиси сигурно,раката на отец Ролф стоеше зад таа дупка во информациите.

Беше апсолутно потребно да се најде отец Ролф.Отец Тимотеј ги уверуваше дека Куријата се погрижила за него:

„Сестра му починала и тој замолил да биде симнат нанепрофесионален статус.“ Значи, тој го напуштил свештенството.Можеби тоа било поради чувството на вина што го таел убиецот,можеби било неиздржливото сознание дека злото може да бидемошне добро прикривано дури и покрај појавувањето на детето.

Тимот беше вознемирен од оваа и од други претпоставки.„Се уште не ’скопчав’ дали би требало да ја лансирам потерата на

столетието, или да чекам да се смилувате да излезете со некаководговор!“

Гипсените плочи врз ѕидовите на канцеларијата иа Рошепотреперуваа од звукот на неговиот глас. Но, нервозата на главниотинспектор се одбиваше од тврдоглавата смиреност на Горан.

„Тие ме прогонуваат поради приказната за шестото дете: велат декане работиме доволно!“

„Ние нема да ја најдеме се додека Алберт не реши да ни даде трага.

187

Page 188: Sepnuvacot - Donato Karizi

Штотуку разговарав на телефон со Креп, и тој вели дека местото назлосторството е исто така чисто.“

„Барем кажи ми ако мислиш дека Роналд Дермис и Алберт се еднаиста личност!“

„Ние веќе ја направивме истата грешка со Александар Берман.Засега нема да давам избрзани заклучоци.“

Роше порано не примаше совети како да ги води своите случаи. Ноовојпат прифати.

„Ама не можеме да седиме тука чекајќи тој психопат да не однесекаде што сака тој. Никогаш нема да ја спасиме момичката на таковначин! Особено затоа што знаеме дека таа е се уште жива.“

„Има само една личност што може да ја спаси. А тоа е тој.“„Дали навистина очекуваш да и помогне, само туку-така?“„Јас само велам дека во определен момент тој може да сака самиот

да направи грешка.“„Нека оди по ѓаволите! Мислиш ли дека можам да живеам во надеж

додека оние луѓе надвор само посакуваат да ме видат смешен? Митребаат резултати, доктор Гавила!“

Горан ги знаеше изливите на бес на Роше. Тие не беа директноупатени посебно спрема него. Главниот инспектор ги насочувашеспрема целиот свет. Тоа беше нуспојава на работата: кога сте многуна високо, секогаш постои некој кој сака да ве повлече долу.

„Се изнаслушав куп лајненици за многу кратко време, и не беше сеупатено на моја сметка.“ Горан знаеше како да биде трпелив, нобеше свесен дека тоа секогаш не успева со Роше. Затоа, се обиде даја преземе иницијативата, да го легне на грб.

„Сакате ли да Ви кажам нешто што ме излудува?“„Што и да е, само да излезам од овој ќор-сокак, те молам.“„Не го спомнував тоа до сега... солзите.“„И?“„Имаше најмалку пет литри околу телото на втората момичка. Како

и да е, солзите се солени и поради тоа веднаш испаруваат. Но овиене. Се прашував зошто...“

„И зошто, ако смеам да прашам?“

188

Page 189: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

„Тие се вештачки: тие се прецизна репродукција на хемискиотсостав на човековите солзи, но тоа е измама. Затоа не се сушат...знаете ли како се пресоздаваат солзи по вештачки пат?“

„Немам поим.“„Тоа е поентата: Алберт знае. Тој тоа и го направил, посветувајќи

извесно време на тоа да ги направи. Знаете ли што значи ова?“„Ти ќе ми кажеш.“Роше седна на столот, гледајќи во празно. „Што може да очекуваме

според тебе?“„Искрено, се плашам дека најлошото допрва доаѓа.“

ила слезе во визбата на Институтот за судска медицина. Таанабави некои фигури од познати фудбалери – или барем така и

рекоа кога ги купи. Тој мал гест беше дел од прошталниот ритуал. Вомртовечницата, Чанг го имаше составено телото на Били Мур за даго закопа повторно под очите на камениот ангел.

Патологот ја завршуваше аутопсијата и ги сними фрактурите нарендген-апарат. Снимките беа изложени на светечко пано пред коестоеше Борис. Мила не беше изненадена што го најде тука.

Кога тој ја забележа, почувствува потреба да се оправда себеси.„Дојдов да видам дали има некакви новости.“

„И, има ли?“, го праша Мила, продолжувајќи ја неговата приказназа да не се почувствува непријатно. Јасно беше дека Борис беше тамузаради приватни причини.

Чанг ја прекина работата за да одговори на прашањето од Мила.„Телото паѓало од високо. Од сериозноста и од бројот на

фрактурите што ги открив на скелетот, можеме да утврдиме декасмртта настапила речиси моментално...“

Тоа „речиси“ содржеше и надеж и, во исто време, и болка.„Очигледно никој не може да каже дали Били скокнал или билтурнат...“

„Очигледно.“Мила забележа дека на столот имаше една брошура за директори на

189

Page 190: Sepnuvacot - Donato Karizi

погребални компании, услуга што сигурно не ја испорачуваполицијата. Тоа мора да било идеја на Борис: да даде свои пари за дасе осигури дека Били добил пристоен погреб. На полицата се наоѓааролшуите на Били, перфектно исполирани, и магнетофонот,роденденскиот подарок од кого момчето никогаш не се двоело.

„Можеби Чанг открил каде се случила смртта“, рече Борис.Медицинскиот истражител се упати накај неколкуте зголемени

фотографии на училишниот интернат.„Телата паѓаат слободно и ја зголемуваат својата тежина заедно со

брзината: тоа е ефект на гравитационата сила. На крајот, изгледакако да си згмечен наземи од невидлива рака. Значи, ние гикомбинираме податоците во поглед на староста на жртвата – читајќиод калцифицираноста на коските – со оние од обемот на фрактурите,и можеме да ја процениме висината од која се случило паѓањето. Воовој случај, тоа е повеќе од дватринаесет метри. Според тоа, ако јаземеме предвид просечната висина на зградата и косината натеренот, можеме да потврдиме со речиси стопроцентна сигурностдека детето паднало од камбанаријата, на оваа точка овде... гледатели?“

Уште едно „речиси“ се измеша меѓу зборовите на Чанг додека гопокажуваше точното место на фотографијата. Во тој момент, еденасистент се појави на вратата.

„Доктор Врос, баравте...“За миг Мила не можеше да го поврзе медицинскиот истражувач со

неговото вистинско име. Беше јасно дека никој од неговитепотчинети не се осмелува да му се обраќа со Чанг.

„Извинете ме“, им рече, оставајќи ги сами.„И јас треба да одам“, рече Мила, а Борис и кимна со главата.Додека излегуваше, таа помина близу до полицата на која се наоѓаа

ролшуите и касетофонот на Били, и ги остави фигурите што ги купи.Борис го забележа тоа.

„Неговиот глас е на лентата...“„Што?“, праша таа, не разбирајќи докрај.Борис со главата покажа накај касетофонот и повтори: „Гласот на

190

Page 191: Sepnuvacot - Donato Karizi

Били. Тој прави извештај за вести...“Се насмевна. Но тоа беше тажна насмевка.„Дали успеа да го ислушаш?“Борис потврди со главата. „Да, само првиот дел, потоа не можев да

продолжам понатаму...“„Сфаќам...“, рече едноставно Мила.„Лентата е речиси перфектно зачувана, знаеш ли? Киселините

произведени од...“ – тој не можеше да го изговори тоа – „процесот нараспаѓање не ја оштетил. Чанг вели дека тоа се случува приличноретко. Можеби зависи од составот на земјата каде што бил погребан.Немаше батерии, јас ставив.“

Мила се преправаше дека е изненадена, за да ја намали тензијата наБорис. „Значи, касетофонот работи.“

„Се разбира. Јапонски е!“Двајцата се насмеаја.„Дали сакаш да го ислушаш целото со мене?“Мила се замисли малку пред да одговори. Всушност, таа не го

сакаше тоа. Има нешта што би требало да се остават да почиваатво мир, си мислеше. Но, во случајов, Борис имаше потреба да гослуша и не сакаше да го одбие.

„Ок, тогаш, вклучи го.“Борис отиде до касетофонот, го вклучи и, во таа студена

мртовечница, Били Мур се врати во живот.„...Ние сме на легендарниот стадион Вембли, драги спортски

слушатели! Натпреварот е еден од оние што ќе влезат воисторијата на оваа игра: Англија против Германија.“

Тој имаше прекрасен глас, со шушкаво „ш“ поради што неговитереченици честопати запнуваа. Неговите зборови содржеа призвук нанасмевка, и Мила помисли дека може вистински да го види Били,млад и безгрижен, како се обидува на светот да му даде малку одсвојата особена радост.

Мила и Борис се смееја со него.„Температурата е блага, и дури и покрај тоа што е доцна есен,

нема проГноза за врнежи од дожд. Тимовите се веќе наредени на

191

Page 192: Sepnuvacot - Donato Karizi

линијата во центарот на кругот за да ги слушнат националнитехимни... Трибините се преполни со навивачи! Каква глетка, дами игоспода! Набрзо ќе бидеме сведоци на голема фудбалска пресметка!Но, првин листата на играчи кои ќе учествуваат во денешниот...Ох, Господи, се извинувам и се каам со сето свое срце за гревовите,затоа што по грешка ја заслужив твојата казна, и мноѓу повеќе одтоа, бидејќи те навредив тебе, кој си бескрајно добар и вреден заљубов повеќе од сите нешта.“

Мила и Борис се погледнаа меѓусебно, не разбирајќи. Зборовитешто на првата снимка течеа едноподруго, сега беа побавни.

„Тоа е молитва.“„Но тоа не е Били.“Ти нудам, со твоја света помош, никогаш повторно да не те

навредам, и да ги избегнувам сите можности за грев. Господару намилосрдието, прости ми.“

„Ова е убаво.“Глас на некој човек.„Што имаш да ми кажеш?“„Неодамна кажав многу лоши зборови. А пред три дни украдов

малку бисквити од шпајзот, но Џонатан јадеше со мене... И истотака...ја препишав домашната по математика.“

„Ништо друго?“„Ова мора да е отец Ролф“, забележа Мила.„...“„Размисли мошне внимателно, Рон.“Името го олади студенилото во собата. И Роналд Дермис, исто така,

вратен во своето детство.„Всушност... има нешто...“„И дали сакаш да ми кажеш за тоа?“„...Не.“„Ако не ми кажеш, како можам да ти простам?“„...Не знам.“„Знаеш што му се случи на Били, нели Рон?“„Господ го зеде.“

192

Page 193: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Тоа не беше Господ, Рон. Знаеш ли кој беше тоа?“„Тој падна. Падна од кулата.“„Но, ти беше со него...“„...Да.“„Чија беше идејата да се качите горе?“„Некој ги скрил неговите ролшули во кулата.“„Ти ли го стори тоа?“„И дали, исшо шака, го шурна?“„...“„Никој нема да те казни ако ми кажеш што се случи. Ти ветувам.“„Тој ми кажа.“„Кој? Били? Дали Били те замоли да го турнеш?“„Не.“„Значи, беше некое друго од момчињата?“„Не.“„Тогаш, кој?“„...“„Рон“„Да“„Ајде, одговори ми. Таа личност за која ми зборуваш не постои,

нели? Таа е само дел од твојата фантазија...“„Не.“„Овде нема никој друг. Само јас и твоите другари.“„Тој доаѓа само за мене.“„Слушај ме, Рон: Сакам да кажеш дека ти е многу жал за тоа

што му се случи на Били.“„.. Многу ми е жал за тоа што му се случи на Били.“„Се надевам дека така и мислиш... Во секој случај, ова ќе остане

тајна меѓу мене, тебе и Господ Бог.“„ОК“„Никому друг не смееш да зборуваш за ова.“„ОК“„Те ослободувам од твоите гревови. Во името на Отецот, Синот

и на Светиот дух. Амин.“

193

Page 194: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Амин.“

194

Page 195: Sepnuvacot - Donato Karizi

Б17

араме личност по име Роналд Дермис“, изјави Роше преднабиениот аудиториум, зборувајќи пред камерите и во

микрофоните. „Има околу триесет и шест години. Има кафеава коса,кафеави очи и светол тен.“

Тој покажа слика направена врз основа на фотографијата на која тоје заедно со своите другари, што хипотетички го претставувашевозрасниот Рон. Сликата ја држеше високо, додека блицовитесветкаа.

„Имаме причина да веруваме дека тоа лице е вмешано вограбнувањето на исчезнатите момички. Молиме секој кој го знае, којима каква и да е информација во врска со него, или имал некаковконтакт со него во последниве триесет години, да ја информираполицијата. Ви благодарам.“

Последните зборови активираа хор од прашања и молби одновинарите. „Господине Роше!... Главен инспекторе!... Еднопрашање!...“

Роше ги игнорираше, напуштајќи ја собата од задната врата.Ова беше неизбежен потег. Тие мораа да ги вклучат сирените за

тревога.Откритието на Мила и на Борис беше следено од два ужасни часа.

Ситуацијата сега беше јасна.Отец Ролф го снимил признанието на Рон на касетофонот на Били.

Потоа го закопал со него – како некој што садејќи семе знае декапорано или подоцна ќе има плод – со надеж дека еден ден вистинатасите ќе ги искупи. Некој кој, наспроти годините на невиност, гопризнал своето ужасно злосторство. Некој кој бил негова жртва. Инекој кој си ја зел бељата да го закопа под два метра земја.

...Во секој случај, ова ќе остане тајна меѓу мене, тебе и ГосподБог...

Горан праша: „Како Алберт знаел за сево ова? Отец Ролф и Ронбиле единствените кои ја знаеле тајната. Значи, единственото можно

195

Page 196: Sepnuvacot - Donato Karizi

објаснување е дека Алберт и Рон се една иста личност.“Можеби решението да се вмеша Александар Берман треба исто

така да се чита во тој контекст. Криминологот не можеше да се сетикој му кажа дека нивниот сериски убиец избрал педофил затоа штонајверојатно бил злоупотребуван како дете. Можеби тоа беше СараРоза. Но Стерн веднаш ги отфрли хипотезите, а Гавила се согласи сонего. Сега треба да признае дека можеби грешел.

„Педофилите претпочитаат нивни жртви да бидат сираци и децаскитници, затоа што немаат никого за да ги заштити.“

Горан си се лутеше самиот себеси затоа што порано не дошол дотој одговор. А од самиот почеток пред очи му беа сите делчиња намозаикот. Наместо тоа, тој си дозволи себеси да биде заведен одидејата дека Алберт е вешт стратег.

„Сериските убијци ни ја кажуваат својата приказна со тоа што гоправат: приказната за својот внатрешен конфликт“, постојано имповторуваше на своите студенти.

Тогаш, зошто беше заведен од различни претпоставки?„Тој ја употреби мојата арогантност за да ме измами. Само можев

да видам дека се обидува да не предизвика. А јас сакав да мисламдека се соочуваме со противник кој се обидува да биде поумен одмене.“

Откако ја гледаше прес-конференцијата на Роше на телевизија,криминологот уште еднаш го собра тимот во пералницата насиропиталиштето, каде што беше најдено телото на Анеке. Муостави впечаток како најпогодно место повторно да ја промовираистрагата. Неговата кратка теа culpa послужи да ги растера ситесомнежи во врска со идејата дека тие се уште се тим, а не самолабораторија за експерименти.

Телото на втората момичка беше тргнато пред извесно време, амермерниот базен исушен од солзите. Се што беше останато тамубеа халогените ламби и звукот на генераторот. Наскоро и тие ќебидат однесени.

Горан побара да присуствува и отец Тимотеј. Свештеникотпристигна задишан и видливо вознемирен: и покрај тоа што во

196

Page 197: Sepnuvacot - Donato Karizi

просторијата немаше ништо што потсетува на местото назлосторството, тој и понатаму се чувствуваше мошне непријатно.

„Нема трага од отец Ролф“, почна младиот свештеник. „И јаснавистина мислам дека...“

„Отец Ролф мора да умрел досега“, го прекина грубо Горан. „Воспротивно, ќе слушневме нешто од него по апелот на Роше.“

Отец Тимотеј се чинеше шокиран. „Тогаш, што можам да направамза Вас?“

Горан застана за миг за да ги избере зборовите. Потоа, вртејќи сенакај секого од нив рече: „Може ќе ви се чини невообичаено, знам...но би сакал да се помолиме.“

Роза не можеше да ја скрие својата вџасеност. Ниту Борис, којведнаш размени поглед со неа. Мила беше збунета. Стерн, кој бешемошне религиозен, не толку. Тој беше прв кој ја поздрави сугестијатана Горан. Тој застана во центарот на просторијата и ги испружирацете за да ги дофати рацете на другите за да формираат круг. Милабеше следна. Роза неволно ја следеше. Борис беше најмногу против,но не можеше да го одбие барањето на д-р Гавила. Отец Тимотејкимна со главата, најпосле спокоен, пред да го заземе своето местомеѓу нив. Горан не знаеше ниту една молитва, и можеби немаа дуриникаква молитва соодветна за тој повод. Како и да е, тој се обиде, сотажен глас.

„Неодамна бевме сведоци на ужасни нешта. Она што се случи овдене може да се опише со зборови. Јас не знам дали постои Бог. Носекогаш посакував да го има. Знам сигурно дека постои зло. Затоашто злото може да биде покажано. Бог може само да биде сведок.Но, тоа не е доволно за нас, кои имаме потреба од конкретен доказ...“Горан направи пауза. „Ако има Бог, би сакал да го прашам... Зоштотребаше да умре Били Мур? Од каде дојде омразата на РоналдДермис? Што се случило со него за време на овие години? Каконаучил да убива? Што го натерало да го избере злото? И зошто тој нестави крај на сиот овој ужас?“

Прашањата на Горан висеа во тишината што ги опкружуваше.„Кога ќе посакате, оче...“, рече безгрешниот Стерн малку потоа.

197

Page 198: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

И отец Тимотеј ја презеде контролата над малиот собир. Тој гисостави рацете и почна да ја отпејува светата химна. Неговиот глас –сигурен и прекрасен – го освои просторот со ехо и почна да се виоринаоколу. Мила ги затвори очите и дозволи да биде понесена однеговите зборови. Тие беа на латински, но нивното значење биможело да биде разбирливо дури и за најглувиот човек. Со тоа пеење,отец Тимотеј носеше мир онаму каде што беше хаос, прочистувајќисе од сквернавењето на злото.

исмото беше адресирано до Одделот за бихевиористички науки.Би можело да се класифицира како дело на некој патолошки

лажливец, ако ракописот не покажуваше сличности со парчеточкрабаници што Роналд Дермис ги изработил како дете.

Беше напишано на лист од вежбанка со најобично хемиско пенкало.Испраќачот не се грижел затоа што остава отпечатоци од прстите настраницата.

Очигледно, Алберт немал потреба од прикривање.

За оние кои ме прогонуваат Били беше копиле.КОПИЛЕ! И јас б ев во право што го убив гомраз ев тој ке не повр ед еше бид ејки имашефамилија а ние не она што ми го направимене уште беше полошо а НИКОЈ не дојд е да меспаси НИКОЈ. Секогаш сум тука пред вашитеочи а вие не ме гледате потоа ТОЈ дојд е. ТОЈ меразбра. ТОЈ ме научи беше ти кој ме сакашеваков ти не ме вид е сега дали ме гледаш?Полошо за тебе ке бид е се ке бид е твоја гр ешка јассум тоа што сум. НИКОЈ може да спречи сеова НИКОЈ.РОНАЛД

Горан направи копија од писмото за да може да го проучи

198

Page 199: Sepnuvacot - Donato Karizi

подетално. Тој ќе ја мине таа ноќ дома, со Томи. Навистинапосакуваше една вечер со Томи. Поминаа денови откога воопшто гонемаше видено.

Тој влезе во станот и веднаш го слушна како доаѓа.„Како си помина, тато?“Горан го зграпчи и го крена во срдечна прегратка.„Не можам да се пожалам. А ти како си?“„Добар.“Тоа беа волшебни зборови. Син му научи да ги употребува кога

двајцата беа одвоени еден од друг. Како да кажува дека Горан немапричина за загриженост, затоа што „тој е добар.“ Мајка му не мунедостасуваше. Тие научија таа да не им недостасува.

А тоа се случи набрзо откако си замина. Предметот беше затворенсо тие едноставни зборови. Се беше усогласено. Ајде, ние се сеќавамеколку многу боли да се биде без тебе. Сега можеме да продолжимесо нашите животи.

И тоа така се случи.Горан донесе едно ќесе што Томи нестрпливо го истражи.„Ох, вау! Кинеска храна!“„Помислив дека можеби сакаш малку да отстапиш од менито на

сињора Руна.“Томи направи гадлива фаца. „Ги мразам нејзините топчиња од

месо! Става премногу нане во нив, имаат вкус на паста за заби.“Горан се насмеа: момчето, всушност, имаше право.„ОК, оди и измиј си ги рацете.“Томи отрча кон бањата. Кога се врати, почна да го подготвува

приборот за јадење. Горан премести многу од кујнскиот прибор долуод горните полици кои беа повисоки отколку што детето можеше даги дофати: сакаше да му создаде чувство дека е дел од нивниот новсемен аранжман. Заедничкото работење значеше дека тие сега требада внимаваат еден на друг, така што ниту еден од нив не смееше дасе предаде. Ниту еден од нив не дозволи да и се препушти на тагата.

Томи зеде чинија, во која ги стави пржените кнедли и слатко-киселиот сос, додека татко му го ставеше кантонскиот ориз во две

199

Page 200: Sepnuvacot - Donato Karizi

подлабоки чинии. Имаа и стапчиња за јадење, а наместо прженсладолед, Горан беше купил кутија со чоколаден и сладолед одванила.

Додека вечераа, разговараа за изминатиот ден. Томи му кажа каконапредуваат неговите планови за летното кампување. Горан го прашаза училиштето и беше горд што дозна дека неговиот син добилодлични оценки по гимнастика.

„Јас бев вошкар по речиси сите спортови“, му призна Горан.„Во кој беше добар?“„Во шах.“„Шахот не е спорт!“„Како мислиш? Го играат на олимпијадите, нели?“Томи не изгледаше убеден докрај. Но тој научи дека татко му

никогаш не зборува лаги. Тоа, всушност, беше тешка лекција. Затоашто првиот пат кога го праша за мајка си, Горан му ја кажа целатавистина. Не вртејќи се како мачка околу жешко млеко. „Со тоа немашега“, како што Томи секогаш велеше кога бараше нечија лојалност.И татко му веднаш се согласи. Не заради одмазда или за да ја казнинеговата мајка. Лагите – или, полошо, половичната вистина – само ќеја зголемеа нервозата кај детето. Самиот себеси ќе се најдеше сооченсо големи лаги: со лагата на својата мајка, која си замина, и со онаана својот татко, кој немал храброст да му каже.

„Ќе ме учиш ли еден ден да играм шах?“„Се разбира.“Со тоа свечено ветување, Горан го легна в кревет. Потоа отиде и се

затвори во својата работна соба. Го зеде писмото од Роналд и гопрочита по којзнае кој пат. Едно нешто му падна в очи во врска сотекстот уште кога го читаше првиот пат. Реченицата: ТОЈ дојде. ТОЈме разбра. ТОЈ ме научи.

Зборот „ТОЈ“ намерно беше напишан со големи букви. Горан гоимаше слушнато и претходно тој чуден начин на обраќање. Тоа бешена лентата со признанието на Роналд за отец Ролф.

Тој доаѓа само за мене.Тоа беше јасен пример на лично дистанцирање, кога негативното

200

Page 201: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

Јас секогаш е одвоено од активното Јас. И станува Тој.„Тоа бев ЈАС. Но ТОЈ ми кажа да го сторам тоа. НЕГОВА грешка е

што јас сум тој што сум.“Во тој контекст, секој друг станува „НИКОЈ.“ И тоа, исто така,

напишано со големи букви.НИКОЈ не дојде да ме спаси. НИКОЈ не може да го спречи сето

ова.Рон сакал да биде спасен. Но сите го имале заборавено, како и

фактот дека тој, на крајот од краиштата, бил само дете.

аа излезе за да земе нешто за јадење. И по бесцелното талкањемеѓу продавниците и рестораните што рано ги затвориле поради

времето, Мила мораше да се задоволи со некаква готова супа од еднабакалница. Си помисли дека ќе ја подгрее во микробрановата што јазабележа во кујната на студиото. Но доцна се сети дека не е сигурнадали таа функционира.

Се врати во станот пред вечерниот сув студ да и ги парализирамускулите за да не може да оди. Посака да ги има своите тренерки ипатики за трчање: поминуваше цел ден не движејќи се многу имлечната киселина се насобираше околу нејзините зглобови,отежнувајќи и го движењето.

Додека се подготвуваше да се качи по скалите, ја виде Сара Розанадвор на тротоарот, во жив разговор со еден човек. Тој сеобидуваше да ја смири, но без видлив успех. Мила си помисли декатој мора да е нејзиниот сопруг, и почувствува големи симпатии занего. Пред да може да ја забележи хартијата 4 и потоа да има причинаповеќе да ја мрази, Мила влезе во зградата.

На скалите налета на Борис и на Стерн, кои слегуваа надолу.„Каде одите?“„Повикани сме во Одделот за да провериме како се одвива

потерата“, и одговори Борис, ставајќи цигара во устата. „Сакаш дадојдеш?“

„Не, благодарам.“

201

Page 202: Sepnuvacot - Donato Karizi

Борис ја забележа супата. „Тогаш, bon appetit.“Мила продолжи да се качува и го слушна како му се обраќа на

постариот колега: „Би требало повторно да почнеш да пушиш.“„Подобро би било и ти да се откажеш...“Мила го препозна звукот на кутичето од пеперминт бонбоните на

Стерн и се насмевна.Во студиото сега беше сама. Горан отиде дома, за да ја помине

вечерта со својот син. Таа беше малку разочарана. Се навикна тој дабиде тука и ги сметаше за интересни неговите истражувачки методи.Да не ја ни спомнува молитвата тој ден. Да беше жива мајка и и да јавидеше како учествува во тој ритуал, не ќе им веруваше на своитеочи.

Микробрановата функционираше. И супата не беше толку лоша.Или, можеби, нејзината глад придонесе да и се чини повкуснаотколку што беше. Со послужавник и со лажичка, Мила седна вогостинската соба, среќна што има малку време само за себе.

Седна скрснозе на камп-креветот. Раната на нејзиното лево бедро јапочувствува малку затегната, но таа полека зацелуваше. Секогаш сезацелува, си помисли. Меѓу два залака, таа ја зеде фотокопијата одписмото на Дермис и ја стави пред себе. Го проучуваше писмотододека продолжи да јаде. Се разбира, Роналд избрал мошне чуденмомент повторно да се појави со своето дело. Но имаше нешто возборовите што не беше целосно усогласено. Мила немаше храбростда му го каже тоа на Горан, затоа што сметаше дека не може да идаде никаков совет. Но, идејата ја измачуваше цело попладне.

Писмото, исто така, им беше достапно и на медиумите, што бешесосема невообичаено. Јасно, Гавила реши да го скрши егото нанивниот сериски убиец. Тоа беше како да му велеше: „Гледаш ли? Типосветуваме внимание!“, иако, всушност, тој само сакаше да му гооттргне вниманието од малата момичка што ја држеше какозаробеник.

„Не знам колку долго ќе може да му одолева на импулсот заубивање“, беше кажал неколку часови порано.

Мила се обидуваше да ја изгони таа мисла од умот, и повторно се

202

Page 203: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

фокусира врз писмото. Беше изнервирана од формата што Роналд јаизбрал за своето послание. Тоа беше она што таа го сметаше запротивречно. Не можеше да каже зошто, но текстот сместен средстраница, во форма на една непрекината низа, ја оневозможуваше воцелост да ја „фати“ неговата содржина.

Таа реши да го прекине тоа. Го остави послужавникот и зеде нотеси едно пенкало.

за оние кои ме прогонуваат:– били беше КОПИЛЕ! и јас бев право да го убијам, го мразев.тој ќе не повредеше. затоа што тој имаше фамилија а ние не.– што ми направи мене беше полошо! и НИКОЈ не дојде да меспаси! НИКОЈ!– секогаш бев тука пред вашите очи а вие не ме гледавте– потоа ТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи– тоа беше ти кој ме сакаше ваков ти не ме виде сега дали мегледаш? полошо за тебе на крај ќе биде се твоја грешка– јас сум тоа што сум. НИКОЈ не може да спречи сето оваНИКОЈ.– РОНАЛД

ила го препрочита писмото – еднаш. Тоа беше тирада, полнасо омраза и со злоба. Беше секому упатено, без правење

разлика. Затоа што во неговата свест на убиец, Били претставувашенешто големо што впива се. Нешто што Рон никогаш не ќе бидеспособен да го има.

Среќа.Били беше ведар, дури и покрај фактот што бил сведок на

самоубиството на своите родители. Били ќе беше посвоен, и покрајтоа што беше штитеник од втора категорија. Били беше сакан одсекого, и покрај тоа што за возврат немаше ништо да понуди.

Убивајќи го, Роналд засекогаш ја избриша неговата насмевка одлицемерното лице на светот.

Но, колку што ги препрочитуваше тие зборови, Мила толку повеќе

203

Page 204: Sepnuvacot - Donato Karizi

сфаќаше дека речениците во писмото не беа признание илипредизвик – тие беа одговори. Како некој да го испрашувал Роналд, атој не можел да чека да го напушти молчењето во кое толку долгобил затворен, сакал да се ослободи себеси од тајната што му јанаметна отец Ролф.

Но кои биле тие прашања? И кој ги поставувал?Мила повторно се сети на она што го кажа Горан за време на

молитвата.За фактот дека доброто не може да се покаже, додека постојано се

среќаваме со примери на зло токму пред нашите очи. Докажано.Роналд сметал дека тој направил позитивна, неопходна акцијаубивајќи некој ист како себе – сирак. За него, Бил го претставувалзлото. И кој би можел да докаже дека тој не направил нешто добро?Неговата логика беше перфектна. Затоа што Били Мур, како шторастел, лесно можел да стане мошне лош човек. Кој навистина биможел да каже?

Посетувајќи го Саботното училиште како мала момичка, Милапостојано имаше едно прашање што си го поставуваше себеси. Когапорасна, прашањето остана во неа.

Ако Бог е добар, зошто дозволува да умираат деца?Ако се размисли за ова, тоа навистина е контраст со идеалите за

љубов и правда кои го исполнуваат Евангелието.Но судбината да се умира млад е можеби единствената што Бог ја

резервирал за своите најлоши деца. И можеби децата кои таа гиспаси би можеле да се преобратат во убијци, или во сериски убијци.Многу веројатно, она што таа го правеше беше погрешно. Доколкунекој ги убиел Адолф Хитлер, или Џефри Дахмер, или Чарлс Менсонкога тие се уште биле во пелени, дали тоа би било добар или лошчин? Но нивните убијци ќе беа казнети и проколнати, а сигурно непрославувани како спасители на човештвото!

Таа заклучи дека доброто и злото честопати се испревртуваат. Декаедното понекогаш е инструмент на другото и vice versa.

Токму како што зборовите на молитвата можат да бидатиспревртени со делириумот на убиецот, си мислеше таа.

204

Page 205: Sepnuvacot - Donato Karizi

Одненадеж се појави познатото треперење на почетокот нанејзиниот врат. Како некој да се појавува од скриено место зад неа.Потоа ја повтори во себе последната мисла и во тој миг сфати декатаа ги знаела прашањата на кои Роналд се обидуваше да дадеодговори во своето писмо.

Тие беа содржани во молитвата на Горан.Таа се бореше да се сети на нив, и покрај тоа што ги слушна само

еднаш. Направи различни верзии во својот бележник. Го згреширедоследот и мораше да почне од почеток, но конечно, тие беа таму,точно пред нејзините очи.

Потоа се обиде да ги усогласи со речениците во писмото. Повторнода го склопи тој дамнешен дијалог.

Најпосле таа се препрочита повторно...И се беше сосема јасно уште во првата реченица.

За оние кои ме прогонуваат. Овие зборови се однесуваа на нив, на полицијата. Да одговорат на

прашањата што криминологот ги кажуваше во тишината... Зошто мораше да умре Били Мур?

били беше копиле КОПИЛЕ! и јас имав право да го убијам. јас гомразев. тој ќе не повредеше затоа што тој имаше семејство а ниене…

Од каде доаѓаше омразата на Роналд Дермис?

тоа што ми го направи мене беше полошо! и НИКОЈ дојде да меспаси! НИКОЈ.

Што се случи со него во текот на овие години?

јас секогаш бев тука пред вашите очи, а вие не ме видовте.

205

Page 206: Sepnuvacot - Donato Karizi

Како научил да убива?

потоа ТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи. Што го натерало да го избере злото?

тоа беше ти што ме сакаше ваков. Ти не ме виде. Сега дали мегледаш? полошо за тебе на крајот ќе биде се твоја грешка.

И зошто не стави крај на сиот овој ужас?

јас сум тој што сум. НИКОЈ може да го спречи сево ова. НИКОЈ. Мила не знаеше што да мисли. Но, одговорот на нејзиното прашање

можеби лежи на крајот од писмото.Името.

РОНАЛД Ќе мора веднаш да ги провери своите претпоставки.

206

Page 207: Sepnuvacot - Donato Karizi

С18

негот паѓаше од темновиолетовите облаци на натежнатото небо.Мила успеа да најде такси дури по четириесет минутно чекање

на улицата. Кога слушна каде оди, таксистот протестираше. Речедека е премногу далеку оттука, и ноќе, по тоа ужасно време, никогашнема да најде друг патник за да не се враќа празен. Дури кога Миламу понуди двапати поголема сума од редовната тарифа, тој го сменимислењето.

На патот веќе беа натрупани неколку сантиметри снег, правејќи гобеспредметно фрлањето сол. Возењето беше можно само со синџири,а механизмите очигледно негодуваа поради тоа. Воздухот во такситобеше застоен, а на совозачкото седиште Мила забележа остатоци одќебапи со кромид. Мирисот се мешаше со оној на бор од освежувачотза воздух што директно доаѓаше преку отворите за греење. Тоанавистина не беше пријатен начин да се примаат патници.

Додека го поминуваа градот, Мила ги среди своите идеи. Бешесигурна дека нејзината замисла држи и, како што се приближуваа доместото каде што се упатија, нејзината убеденост, дури, и се зголеми.

Помисли да му се јави на Гавила за потврда, но телефонот речиси ибеше со празна батерија. Затоа го одложи јавувањето, додека не гонајде тоа што го бара.

Кога стигнаа до наплатните рампи на автопатот, полицијата гивраќаше автомобилите назад.

„Има премногу снег, опасно е!“, им кажуваа полицајците навозачите.

Неколку камиони со приколки беа паркирани на работ од патот,надевајќи се дека ќе го продолжат своето патување следното утро.

Таксито ја помина блокадата на патот и се одвои на споредниотпат. До сиропиталиштето можеше да се стигне без да се вози поавтопатот. Порано, најверојатно ова бил единствениот пат дотаму, атаксистот, за среќа, го познаваше.

Таа го замоли да застане близу до портата. Мила дури и не помисли

207

Page 208: Sepnuvacot - Donato Karizi

да го замоли да ја почека и му ги подаде парите. Беше сигурна декане згрешила, затоа што наскоро, местото повторно ќе биде полно сонејзини колеги.

„Не сакате ли да останам додека не го завршите тоа што треба?“, јапраша човекот кога го виде трошниот изглед на зградата.

„Не, благодарам, само одете.“Такси-возачот не инсистираше, туку го сврти автомобилот и уфрли

во прва, оставајќи зад себе слаба реа на ќебапи и на кромид.Мила се прекачи преку вратата и зачекори по земјената патека,

додека нозете и пропаѓаа во калниот снег. Таа знаеше декаполицијата, следејќи ги наредбите на Роше, ги тргнала своитепатроли. Беше тргнат дури и кампот на мобилната единица. Тамунемаше ништо што би било интересно за истражување.

Се до ноќва, си помисли таа.Дојде до предниот дел на зградата, но бравата на вратата, откако

насилно беше отворена од специјалците, веќе беше сменета. Сезаврти накај свештеничката куќа, прашувајќи се дали отец Тимотејсе уште е буден.

Таа помина толкав пат и немаше друг избор.Се упати накај живеалиштето на свештеникот. Неколкупати чукна

на вратата, додека на прозорецот на вториот кат не се виде светло.Отец Тимотеј се појави еден момент подоцна.

„Кој е?“„Оче, јас сум агент Васкез. Се сретнавме претходно, се сеќавате

ли?“Свештеникот се обиде да ги фокусира очите на неа, сред снегот

што паѓаше.„Да, се разбира. Што барате во ова време на ноќва? Мислев дека

веќе сте ја завршиле својата работа овде...„Знам, но извинете, има нешто што треба да го проверам во

пералницата. Можете ли да ми ги дадете клучевите, Ве молам?“„Добро, ќе слезам долу.“Мила веќе почна да се чуди зошто му треба толку долго да слезе,

кога неколку моменти подоцна слушна звук на ѕвечкање зад вратата

208

Page 209: Sepnuvacot - Donato Karizi

додека тој го отвораше резето. Го виде како се појавува завиткан воизносен плетен волнен џакет со дупки на лактите и со вообичаениотблаг израз на лицето.

„Вие треперите.“„Не грижете се, оче.“„Влезете внатре и исушете се малку, додека ги побарам клучевите.

Знаете, оставивте голем неред зад вас.“Мила го следеше во куќата. Ненадејната топлина предизвика брзо

да се почувствува пријатно.„Само што ќе си легнев.“„Жалам“„Во ред е. Може ли да Ви донесам чај? Секогаш го приготвувам

пред да одам на спиење, ме релаксира.“„Не, благодарам. Би сакала да се вратам што побрзо.“„Напијте се, добро ќе Ви дојде. Веќе го направив, само треба да го

сипете во шолјите. Во меѓувреме, јас ќе ги најдам клучевите.“Тој излезе од собата, а таа се упати накај малата кујна што и ја

покажа свештеникот. Чајникот беше на масата. Неговата миризливапареа допре до неа и Мила не можеше да одолее. Си наполни еднашолја и стави големо количество шеќер. Таа се потсети на бедниотстуден чај што Фелдер се обиде да им го даде нејзе и на Борис да гопијат, во неговата куќа на ѓубриштето. Господ знае од каде ја зелводата за да го приготви.

Отец Тимотеј се врати со голем сноп клучеви. Се уште сеобидуваше да го најде вистинскиот.

„Се чувствуваш подобро сега, нели?“, и се насмевна свештеникот,задоволен што инсистираше.

Мила му возврати со насмевка: „Да, многу подобро.“„Еве ги: ова би требало да е оној што ја отвора главната врата...

Сакате ли да дојдам со Вас?“„Не, благодарам“, и веднаш забележа дека свештеникот се

ослободи. „Но, можете да ми направите услуга.“„Кажете ми.“Таа му даде едно парче хартија. „Ако не се вратам по еден час,

209

Page 210: Sepnuvacot - Donato Karizi

Г

повикајте го овој број и побарајте помош.“Отец Тимотеј побледе. „Мислев дека опасноста помина.“„Ова е само претпазливост. Не мислам дека нешто ќе ми се случи.

Тоа е само затоа што не знам како да се движам низ зградава; биможела дури да имам незгода... и, таму нема светло.“

Кога ги кажа последните зборови, таа сфати дека постоеше едендетаљ што воопшто не го зеде предвид. Како мислеше да го направитоа? Немаше струја, а генераторот што го употребуваа за халогенителамби најверојатно беше расклопен и однесен заедно со другиот делод опремата.

„По ѓаволите!“, викна таа. „Немате ли случајно батерија?“„Жал ми е, госпоѓо... Но, ако имате мобилен телефон, можеби

можете да го употребите светлото од екранот.“Таа не помисли на тоа.„Благодарам за советот.“„Добредојдена сте повторно.“Малку потоа, Мила излезе надвор во студената ноќ, додека

свештеникот едноподруго ги затвораше резињата на вратата.Одеше надолу по стрмнината додека не стигна пред главната врата

на сиропиталиштето. Го вовлече клучот во бравата и слушна како вопросторот на другата страна исчезнува ехото од отклучувањето. Јатурна огромната врата и повторно ја затвори зад себе.

Беше внатре.

улабите собрани околу светларникот го поздравија нејзинотоприсуство со трескавично павкање на крилјата. Екранот од

нејзиниот мобилен даваше нејасно зелено светло, откривајќи самомал дел од она што беше пред неа. Непроѕирна темница лежеше воисчекување на работ на тој меур од светлина, подготвена во секојмомент да се втурне и да ја нападне.

Мила се обиде да се потсети како да стигне до пералницата. Итргна.

Звукот од нејзините чекори ја повредуваше тишината. Воздухот од

210

Page 211: Sepnuvacot - Donato Karizi

дишењето се кондензираше од студот. Наскоро се најде во кујната иги распозна контурите на големите железни котли. Потоа влезе вотрпезаријата, каде што требаше да внимава да не се судри сопластичните трпези. Удри во една од нив со своето бедро, кутинајќиеден од столовите ставени озгора. Вревата, засилена од ехото, бешеречиси заглушувачка. Ставајќи ја на место, Мила го виде отворотшто водеше накај долниот кат преку тесните спирални скали. Таавлезе во внатрешноста и полека слегуваше по скалите, лизгави оддолгогодишната употреба.

Стигна до пералницата.Разврти со телефонот за да разгледа околу себе. Во мермерниот

базен каде што беше најдено телото на Анеке, некој оставилцвеќиња. Мила си припомни и на молитвата што сите заедно јакажаа во таа просторија.

И почна да бара.Најпрвин, бараше покрај рабовите на ѕидовите, потоа помина со

прстите врз подните штици. Ништо. Не сакаше да размислува колкувреме ќе помине додека мобилниот телефон остане без батерија.Помалку поради веројатноста да се најде повторно во темница, аповеќе поради тоа што без таа светлина ќе и треба многу повеќевреме да го најде тоа што го бара. По еден час, отец Тимотеј ќе дојдена помош, а таа ќе се преправа дека многу жали. Мора да побрза.

Каде е тоа?, си мислеше. Знам дека е некаде тука...Мошне силна и ненадејна врева предизвика срцето да и запре во

градите. Тоа се случи неколку минути пред да сфати дека тоа бешесамо ѕвонењето на нејзиниот телефон.

Го заврти екранот накај себе и прочита: Горан.Го стави на хендс-фри и одговори.„Нема ли никој во студиото? Најмалку десет пати ѕвонев

последниов час.“„Борис и Стерн излегоа, но Сара Роза би требало да е таму.“„А каде си ти?“Мила помисли дека нема резон да го лаже. И покрај тоа што

воопшто не беше сигурна во своите претпоставки, таа реши да му

211

Page 212: Sepnuvacot - Donato Karizi

каже.„Мислам дека Роналд не слушал претходната вечер.“„Што те натера да го помислиш тоа?“„Го споредив неговото писмо со прашањата што си ги постави за

време на нашата молитва. Тие се изгледаат како одговори...“„Тоа е одличен заклучок.“Криминологот не изгледаше многу изненаден. Можеби тој дошол

до истиот заклучок. Мила се почувствува малку глупаво штопомисли дека би можела да го изненади.

„Но не ми одговори на прашањето: Кај си сега?“„Го барам микрофонот.“„Кој микрофон?“„Оној што Роналд го ставил во пералницата.“„Во сиропиталиштето ли си?“Гласот на Горан наеднаш се вознемири.„Да“„Треба веднаш да излезеш оттаму!“„Зошто?“„Мила, не постои микрофон!“„Сигурна сум дека...“Горан ја прекина: „Слушај, полицајците ја пребараа целата област,

тие би го нашле!“Таа веднаш се почувствува вистински глупава. Криминологот беше

во право: можеше ли да биде толку будалеста да не го земе тоапредвид? На што мислеше таа?

„Тогаш, како...“ Таа не ја заврши реченицата. Една проѕирна капказамрзната вода и се слизна низ ’рбетот. „Тој беше овде.“

„Молитвата беше само трик за да го извадам на отворено.“„Зошто не помислив на тоа порано?“„Мила, за љубов на Бога излегувај оттаму!“Во тој миг таа сфати каков ризик презеде. Брзо го извади пиштолот

и тргна назад, накај излезот, што се наоѓаше најмалку двесте метриоддалечен од местото каде што се наоѓаше. Огромна далечина за даможе да се помине за миг.

212

Page 213: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Кој би можел да биде тоа?“, се прашуваше Мила додека секачуваше по спиралните скали накај трпезаријата.

Бидејќи забележа дека нозете и откажуваат, таа го откри одговорот.„Чајот...“На телефонската линија се појавија пречки. Го слушна Горан во

слушалките како ја прашува: „Што?“„Отец Тимотеј е Роналд, нели?“Пречки. Шуштење. Повторно пречки.„Да! По смртта на Били Мур, отец Ролф ги отпуштил сите од

сиропиталиштето пред датумот на затворањето. Освен Роналд. Гозадржал со себе, плашејќи се од неговиот карактер и надевајќи седека ќе може да го држи под контрола.“

„Мислам дека ме издрогира...“Гласот на Горан не се слушаше добро. „.. рече? Неј... ќам...“„Мислам...“ Мила се обиде да повтори, но зборовите и застанаа во

устата.Таа падна нанапред.Слушалките испаднаа од нејзините уши. Телефонот го испушти од

раката и тој се лизна под една од масите. Чукањето на срцето и сезабрза од паника, разнесувајќи ја дрогата низ нејзиното тело.Сетилата и отапеа. Но, успеа да ги слушне зборовите на Горан прекуслушалките кој викаше: „Мила! Мила... кажи нешто!... учува?“

Таа ги затвори очите, плашејќи се дека нема да може повторно даги отвори. Тогаш си рече себеси дека не сака да умре на место какоова.

„Адреналин... ми треба адреналин...“Таа знаеше како да го добие. Се уште цврсто го држеше пиштолот

во својата десна рака. Таа ја насочи цевката малку покрајделтоидниот мускул на рамото. И истрела. Куршумот ја раскинакожата на нејзиниот жакет и и го проби месото, одѕвонувајќинаоколу во пеколот што ја опкружуваше. Нејзиниот вресок ја пробивревата. Но, тоа ја освести.

Горан јасно го викаше нејзиното име: „Мила!“Таа се довлечка до светлината од телефонскиот екран. Го крена

213

Page 214: Sepnuvacot - Donato Karizi

телефонот и му одговори на Гавила.„Се е ОК.“Се исправи на нозе и повторно почна да оди. И требаше огромен

напор да направи и само еден чекор. Таа се чувствуваше како да е вонекој од оние сништа каде што некој те брка, а ти не можеш датрчаш поради тешките нозе, небаре си до колена во некоја густатечност.

Повредата и пулсираше, но не крвавеше многу. Добро го одмерилаистрелот. Ги стисна забите и, чекор по чекор, чувствуваше какоизлезот станува се поблизу и поблизу.

„Ако знаеше се, зошто веднаш не го уапси тоа копиле?“, викна тааво телефонот. „И зошто јас не бев информирана?“

Гласот на криминологот беше повторно јасен. „Извини, Мила.Сакавме ти да продолжиш да се однесуваш со него природно, за дане го предизвикаме неговото сомневање. Го посматравме отстрана.Инсталиравме сигнални покажувачи на движењето на неговиотавтомобил. Се надевавме дека ќе не одведе до шестата момичка...“

„Но тој не го стори тоа...“„Затоа што тој не е Алберт, Мила.“„Но тој се уште е опасен, нели?“Горан остана молчејќи, за миг предолго. Беше опасен.„Јас кренав тревогата, тие се на пат накај тебе. Но ќе потрае

извесно време; контролниот кордон има радиус од неколкукилометри.“

Што и да направат, ќе биде премногу доцна, си помисли Мила. Потоа време и со дрогата што циркулира низ нејзиното тело, одземајќии ја силата, немаше надеж. И таа го знаеше тоа. Требаше да го слушатој глупав таксист кога се обиде да ја обесхрабри да дојде овде! И –проклетство – зошто не се согласи кога и се понуди да ја чека додекатаа не ја заврши работата? И сега еве каде е, во стапица. Таа саматасе улови право во неа, можеби затоа што несвесниот дел од неасакаше тоа да се случи. Беше опседната со идејата за преземањеризици. Дури и за умирање!

Не, се уверуваше самата себеси. Сакам да живеам.

214

Page 215: Sepnuvacot - Donato Karizi

Роналд – алијас отец Тимотеј – се уште не го направи чекорот. Нотаа беше сигурна дека нема да треба долго да чека.

Три кратки звуци ја вратија во стварноста.„Да му се сневиди“, рече таа, откако телефонската батерија згасна

еднаш засекогаш.Темнината се затвори околу неа како прсти од некоја рака.Колкупати се имаше најдено во незгодни ситуации? Впрочем, тоа

се случуваше и порано. Во куќата на учителот по музика, на пример.Но колкупати се нашла во ваква безизлезна ситуација? Одговоротшто си го даде самата себеси ја најде неподготвена.

Никогаш.Дрогирана, ранета, без сила и без својот мобилен телефон.

Последното предизвика да посака да се насмее: што би можела данаправи со телефонот? Можеби да и се јави на некоја старапријателка. На Грациела, на пример. И да ја праша: „Како си? Јас сумна умирање!“

Темницата беше најлошото нешто. Сепак, мораше да ја гледа какопредност: ако таа не може да го види Роналд, и тој исто така нема даможе да ја види неа.

Тој очекува да се упатам накај излезот...Таа вистински сакаше да го остави местово зад себе. Но беше

свесна дека не смее да го следи својот инстинкт, инаку ќе умре.Треба да се скријам и да чекам да стигне засилувањето.Заклучи дека тоа е мудра одлука. Затоа што сонот би можел да

дојде по неа секој момент. Се уште го имаше пиштолот, и тоа јауспокои. Можеби и тој беше вооружен. Роналд не изгледаше каконекој кој е добар со оружје, но сега и таа не беше најдобра. Но, отецТимотеј добро глумеше недоверливост и исплашеност. Во основа,размислуваше Мила, тој би можел да е способен да прикрие многудруги вештини.

Таа клекна под една од масите во огромната трпезарија, инаслушаше. Одѕивот не помагаше: ги засилуваше непотребнитезвуци, нејасните чкрипења, далечни и лажливи, што таа не можешеда ги протолкува. Капаците на очите неумоливо и се затвораа.

215

Page 216: Sepnuvacot - Donato Karizi

Тој не може да ме види. Тој не може да ме види, си повторувашепостојано. Тој знае дека сум вооружена: ако направи врева или акоземе батерија за да ме бара, тој е мртов човек.

Пред очите почнаа да и се вртат неверојатни бои.Мора да е дрогата..., си рече самата себеси.Боите се претворија во лица и оживеаја само за неа. Тоа не можеше

да биде само нејзина фантазија. Одненадеж, на различни точки вопросторијата се појавија светла.

Копилето е овде и употребува блицови од фотоапарати!Мила се обиде да го впери пиштолот. Но тие трепкави светла,

испревртени од халуциногеното дејство на дрогата, ги направијаневозможни да се лоцираат.

Беше затворена во огромен калеидоскоп.Си ја затресе главата, но повеќе немаше контрола врз себе. Еден

момент подоцна почувствува треперење низ мускулите на рацете инозете, како неконтролирани грчеви. Колку многу и да се обидувашеда ги прекине, идејата за смрт ја заведуваше со ветувањето дека,доколку ги затвори очите, ќе запре се. Засекогаш.

Колку време помина? Половина час? Десет минути? И колку времеи преостануваше?

Во тој миг го слушна него.Беше блиску. Мошне блиску. Не повеќе од четири или пет метри од

неа.Потоа го виде.Траеше само дел од секунда. Во кругот од светлината што го

опкружуваше, таа ја забележа злобната насмевка што му гопрекриваше лицето.

Мила знаеше дека во секој момент ќе ја најде, а таа ќе немадоволно сила да стрела во него. Значи, мораше прва да реагира, дурии ако тоа значеше откривање на нејзината позиција.

Таа нанишани во темнината, насочувајќи го оружјето во правецоткаде што го забележа, појавувајќи се повторно од миг во миг вокругот на блицот. Тоа беше ризично, но немаше друг избор.

Таман да го притисне чкрапалото, Роналд почна да пее.

216

Page 217: Sepnuvacot - Donato Karizi

Истиот прекрасен глас како кога отец Тимотеј ја пееше својатамолитва пред целиот тим. Тоа беше контрадикција во смислата,грешка на природата што таква дарба можела да биде сместена вонечувствителното срце на убиец. И токму од тоа срце се воздигашетаа песна на смртта, високо и со вџасеност.

Би можела да биде нежна и трогателна. Наместо тоа, Мила сетиужас. Нејзините нозе конечно откажаа, како и мускулите на рацете.И таа се отпушти за да заспие на подот.

Блесок на блиц.Вкочанетоста се завитка околу неа како студено ќебе. Ги слушна

чекорите на Роналд како стануваат се појасни додека сеприближуваше да ја истера на виделина.

Уште еден блесок.Готово е. Сега ќе ме види.Навистина не беше важно како ќе ја убие. Таа им се предаде на

ласкањата на смртта со неочекувана смиреност. Последната мисла јаупати кон детето број шест.

Никогаш нема да знам која беше ти...Се онесвести.Дршката од пиштолот се слизна од нејзината дланка. Ја зграпчија

две раце. Сети како некој ја крева. Се обиде да каже нешто, но гласоти застана во грлото.

Не чувствуваше ништо.Кога се разбуди, сети еластично движење: Роналд ја носеше преку

своето рамо, слегувајќи по скалите.Повторно ја загуби свеста.Мошне силен мирис на амонијак ја извлече од нејзиниот вештачки

сон. Роналд држеше едно мало шишенце под нејзиниот нос. И гибеше врзал рацете, но сакаше да биде свесна.

Во неа удри студен ветер. Беа надвор. Каде ли беа? Мила сети декасе некаде на високо. Потоа се потсети на зголемената фотографија насиропиталиштето што ја направи Чанг за да и го покаже местото одкаде што паднал Били Мур.

Камбанаријата. Ние сме на камбанаријата!

217

Page 218: Sepnuvacot - Donato Karizi

Роналд накратко престана да се интересира за неа. Го виде како одинакај парапетот и како гледа преку него.

Тој сака, да ме фрли долу.Потоа се врати и ја грабна за нозе, влечејќи ја накај оградата. Со

она малку сила што и остана, Мила се обиде да го клоцне, но безуспех.

Таа врескаше. Се бореше. Срцето и се исполни со слеп очај. Тој гокрена нејзиното торзо врз парапетот. Со главата зафрлена наназад,Мила гледаше во бездната под неа. А тогаш, низ снежната завеса, тааво далечината ги забележа трепкавите светла на полицискитеавтомобили кои се приближуваа по автопатот.

Роналд се наведна. Таа го почувствува неговиот топол здив додекавикаше: „Премногу е доцна, нема да стигнат навреме...“

И, почна да ја турка. И покрај тоа што рацете и беа врзани на грбот,таа успеа да го зграпчи лизгавиот раб од заштитниот ѕид. Се борешесо сета своја сила, но не можеше долго да се опира. Нејзин единственсојузник беше мразот што го прекрил подот на кулата,предизвикувајќи Роналд да се лизнува секогаш кога ќе се обидеше даго стори конечното туркање. Таа му го виде лицето искривено однапор и виде како ја губи смиреноста поради нејзиниот тврдоглавотпор. Тогаш Роналд ја промени техниката. Реши да ги подигненејзините нозе преку парапетот. Застана пред неа. И во тој прецизенмиг, очајничкиот преживувачки инстинкт ја натера сета својапреостаната сила да ја сосредоточи врз своите колена, што ги насочиво долниот дел од неговиот стомак.

Роналд се отфрли наназад, превиткувајќи се без здив, со рацетепритиснати на препоните. Мила виде дека тоа е нејзината последнашанса пред тој да се соземе.

Без нејзината сила, гравитацијата и беше единствениот сојузник.Повредата на рамото ја жежеше, но Мила ја игнорираше болката.

Се исправи: сега мразот беше против неа, но таа и натаму седвижеше и се нафрлаше накај него. Роналд виде дека таа наглоскокна на него и ја загуби рамнотежата. Мавташе со рацете околусебе барајќи за нешто да се фати, но веќе беше половина префрлен

218

Page 219: Sepnuvacot - Donato Karizi

преку оградата.Кога откри дека нема да успее да се задржи, Роналд ја испружи

раката за да ја зграпчи Мила и да ја повлече во празниот простор подсебе. Таа ги виде неговите прсти кои како канџи се закачија за крајотна нејзиниот кожен жакет, како во некое последно ужасно милување.Го виде како, забавено движејќи се, се стрмоглави, а белите снегулкисе чинеше дека се разбиваат под него додека паѓаше.

Темницата го прифати.

219

Page 220: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н19

ајдлабоката темница.Одлична граница помеѓу спиење и будење. Треската се

зголеми. Таа ја сеќава на своите црвени образи, во своите нозе штоболат, во својот разбрануван стомак.

Не знае кога почнува и кога завршува нејзиниот ден. Ниту далилежела тука со часови или со недели. Времето не постои воутробата на монструмот што ја голтна: таа се проширува и сегрчи, како стомак што полека ја вари својата храна. А бескорисно е.Тука времето за ништо не користи. Затоа што таа не може даодговори на најважното прашање.

Кога ќе заврши ова?Лишувањето од времето е најлошото нешто во нејзиното

казнување. Повеќе отколку болката во левата рака, што понекогашсе шири накај нејзиниот врат и ја притиска врз слепоочницитедодека не се почувствува болна. Затоа што едно нешто сега и ејасно.

Сево ова е казнување.Но таа не знае точно за кој грев мора да биде казнета.Можеби бев лоша со мајка ми и со татко ми, многупати збеснував,

никогаш не сакав да пијам млеко на маса, и скришно го фрлав когатие не ме гледаа, инсистирав да ми купат мачка, ветувајќи декапостојано ќе се грижам за неа, но откако го сретнав Худини,побарав куче и тие многу се налутија и ми рекоа дека не можеме дасе ослободиме од мачката, а јас се обидов да им објаснам декаХудини воопшто не ме сака, или можеби ова е поради тоа што имавлоши оценки на училиште, оваа година мојот прв извештај бешеполовина катастрофа, и морам да се поправам по географија иликовно, или можеби е поради трите цигари што скришно ги пушевсо братучетка ми на покривот на фискултурната сала, ама невовлекував, но, всушност, можеби е поради шнолата во форма набуба-мара што ја украдов од трговскиот центар, се колнам дека

220

Page 221: Sepnuvacot - Donato Karizi

тоа го сторив само тогаш, и јас сум многу тврдоглава, особено сомама која секогаш сака да реши која облека треба да ја носам, а таане забележува дека сега сум голема девојка и дека не ми се допаѓаоблеката што таа ми ја купува затоа што имаме различнивкусови...

Кога е будна, таа продолжува да размислува за некаквообјаснување, обидувајќи се да го најде мотивот што ќе го оправдаова што и се случува. Па завршува замислувајќи најбудалестинешта. Но секогаш кога изгледа дека конечно ја открила причината,таа се урива како куќа од карти, бидејќи нејзината болканатежнува над нејзината вина.

Другпат, пак, станува лута затоа што нејзините мајка и таткосе уште не доаѓаат да ја земат.

Што чекаат тие? Заборавиле ли дека имаат ќерка?Потоа ги сожалува. И во умот почнува да вика по нив, надевајќи

се дека има некаква телепатска моќ. Тоа е последниот извор запомош што и остана.

Постојат и моменти кога е убедена дека е мртва.Да, јас сум мртва и тие ме закопале овде долу. Не можам да се

движам затоа што сум во ковчег. Ќе останам во него засекогаш...Но потоа болката ја потсетува дека е жива. Болката е и пресуда

и ослободување. Ја извлекува од сонот и ја враќа во реалноста. Какошто прави сега.

Топла течност се слева низ нејзината десна рака. Ја чувствува. Игоди. Мириса како лек. Некој се грижи за неа. Не знае дали да бидесреќна поради тоа или не. Затоа што тоа значи две нешта. Прво,дека не е сама. Второ, дека не знае дали присутната појава вонејзина близина е добра или лоша.

Таа е научена да чека. Знае кога тоа ќе се покаже. На пример,сфати дека заморот што ја исполнува во секое време и спиењетошто одненадеж ја зафаќа не е независна одлука на нејзиното тело.Тоа е дрогата што ги затапува нејзините сетила.

Само кога дејството на дрогата поминува, појавата доаѓа.Седнува покрај неа и трпеливо ја храни со лажица. Вкусот е

221

Page 222: Sepnuvacot - Donato Karizi

сладок, нема потреба да џвака. Потоа и дава вода да се напие.Никогаш не ја допира, никогаш не и вели ништо. Таа би сакала дазборува, но нејзините усни одбиваат да формираат зборови, агрлото не сака да ги создаде потребните гласови. Понекогаш,чувствува дека појавата се движи околу неа. Понекогаш сеќаванебаре е таму, како неподвижно да ја гледа.

Нов убод од болка. Придушено врескање што се одбива одѕидовите на нејзиниот затвор. И ја враќа кон нејзините сетила.

Тогаш таа забележува.Во темнината, далеку, сега се појави мала светлина. Одненадеж се

појави мала црвена точка, за да го ограничи нејзиниот малхоризонт. Што е тоа? Се обидува подобро да види, ама не може.Потоа чувствува нешто под својата рака. Нешто што не бешепорано тука. Некаков предмет со рапава и неправилна форма. Сечини како да е со крлушки. Гадно е. Круто е. Мора да е некое мртвоживотно. Круто е затоа што е направено од пластика. Зацврстеное за нејзината дланка со леплива лента. И тоа не се крлушки. Тоа секопчиња.

Тоа е далечински управувач.Наеднаш се и се разјасни. Таа само малку треба да го подигне

зглобот и да го насочи предметот накај малото црвено светло, и даго притисне копчето во тамина. Низата звуци што следеа и покажадека не згрешила. Најпрвин празнина. Потоа лента што брзо сенамотува. Познатиот звук на механизмот на видео-рекордер. Воисто време, пред неа се осветли еден екран.

Првпат, светлина ја осветли собата.Таа е опкружена со високи ѕидови од темен камен. И таа лежи во

нешто што личи на болнички кревет, со рачки и метален дел надглаваша и метални ногалки. Покрај неа има еден статив со апаратза инфузија што завршува со игла во нејзината десна рака. Леватае наполно скриена од мошне дебелите завои што и го држат целототорзо имобилизирано. На масичката има теглички со бебешкахрана. И многу, многу лекови. Зад телевизорот, сепак, се уште сенаоѓа непроѕирна темнина.

222

Page 223: Sepnuvacot - Donato Karizi

Конечно, видеото заврши со премотувањето. И потоа почна пак,но овој пат побавно. Шушкањето од звучникот најавува почеток нанекој филм. Миг подоцна почнува некаква ведра, писклива музика –лентата е малку расипана. Потоа екранот се полни со нејасни бои.Мал човек се појавува во фармерки и со каубојска шапка. Исто такаима и коњ со мошне високи нозе. И човекот се обидува да се качи, ноне може. Неговите обиди се повторуваат и секогаш завршуваат наист начин: со човекот кој паѓа наземи и со коњот што се смее. Такапродолжува околу десет минути. Потоа цртаниот филм завршувабез натпис за крај. Но, видеокасетата продолжува да се вртистатично. Кога доаѓа до крајот, лентата автоматски сепремотува. И повторно почнува од почеток. Постојано малиотчовек. Постојано коњот на кој тој никако не успева да се качи. Асепак таа продолжува да го гледа. И покрај тоа што знае како сеодвиваат нештата со коњот полн со презир.

Таа се надева.Затоа што тоа е единственото нешто што и остана. Надеж.

Способноста да не му се предаде целосно на ужасот. Можеби кој ида го избрал цртаниот филм за неа имал спротивна намера. Нофактот што малиот човек не се откажува и продолжува да сеобидува наспроти паѓањето и болката, и дава храброст.

Продолжи, качи се назад во седлото!, му кажува секогаш во себе.Пред да ја совлада сонот уште еднаш.

223

Page 224: Sepnuvacot - Donato Karizi

ОБЛАСТА НА ■■■■■КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОБЛАСНИОТ ОБВИНИТЕЛ Џ. Б. МАРИН

ДИК. 11 – К.А.НА ВНИМАНИЕТО НА ДИРЕКТОРОТ,Д-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ.К/О ЗАТВОР ВО ■■■■■КАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45.ПРЕДМЕТ: ОДГОВОР НА „ДОВЕРЛИВИОТ“ ИЗВЕШТАЈ ОД 23 НОЕМВРИ.ДРАГ Д-Р БЕРЕНЖЕ,ВИ ПИШУВАМ КАКО ОДГОВОР НА ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА

ИСТРАГА ЗА ЛИЧНОСТА ЗАТВОРЕНА ВО ВАШИОТ ЗАТВОР, ДОСЕГА.ИДЕНТИФИКУВАНА САМО КАКО ЗАТВОРЕНИК БРОЈ РК-357/9 СО ЖАЛЕЊЕ ВЕИНФОРМИРАМ ДЕКА ПОСЛЕДНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НАЧОВЕКОТ НЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ.

СЕ СОГЛАСУВАМ СО ВАС КОГА ВЕЛИТЕ ДЕКА ПОСТОИ СОМНЕЖ ОТИЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ВО МИНАТОТО ИЗВРШИЛ СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ ИДЕКА ПРАВИ СЕ ЗА ДА ГО ЗАДРЖИ ВО ТАЈНОСТ . ОД ТАА ГЛЕДНА ТОЧКА.,ИСПИТУВАЊЕТО НА ДНК Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИНСТРУМЕНТ ШТО НИ СТОИ НАРАСПОЛАГАЊЕ ЗА ДА СЕ ПОТВРДИ ИЛИ ДА СЕ ОСПОРИ ТОЈ КРИМИНАЛ.

КАКО И ДА. Е, КАКО ШТО ДОБРО ЗНАЕТЕ, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРИНУДИМЕЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ДА НАПРАВИ ТЕСТ. ВСУШНОСТ, ТОА ЌЕ НЕ ИЗЛОЖИНА. СЕРИОЗНА ПОВРЕДА НА НЕГОВИТЕ ПРАВА ШТО СЕ ОДНЕСУВА НАЗЛОСТОРСТВОТО ЗА КОЕ БИЛ ОСУДЕН (СО ОДБИВАЊЕТО ДА ИМ ГИ ДАДЕ СВОИТЕЛИЧНИ ПОДАТОДИ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ).

ОВА БИ БИЛО РАЗЛИЧНА . МАТЕРИЈА, ДОКОЛКУ ПОСТОЕЈА „СУШТИНСКИ“ И„НЕДВОСМИСЛЕНИ“ ИНДИКАЦИИ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 БИЛОДГОВОРЕН ЗА СЕРИОЗНО ЗЛОСТОРСТВО , ИЛИ ДОКОЛКУ ИМАШЕ „СЕРИОЗНИМОТИВИ ТОЈ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОПАСНОСТ ЗА ОПШТЕСТВОТО.“

НО ТОА, СЕПАК, НЕ Е СЛУЧАЈ.ВО СВЕТЛИНАТА . НА ОВА, ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ШТО ГО ИМАМЕ ЗА

ДОБИВАЊЕ НЕГОВА ДНК Е ТАА ДА СЕ ЗЕМЕ ДИРЕКТНО ОД СУПСТАНЦИЈА . ОДОРГАНСКО ПОТЕКЛО , СО ЕДИНСТВЕН УСЛОВ ДА БИЛА НЕНАМЕРНО ЗАГУБЕНАИЛИ СПОНТАНО ОСТАВЕНА ОД СУБЈЕКТОТ ВО РАМКИТЕ НА НЕГОВИТЕНОРМАЛНИ ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ.

224

Page 225: Sepnuvacot - Donato Karizi

ЗЕМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД ОПСЕДНАТОСТА НА, ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 СОХИГИЕНАТА, КАНЦЕЛАРИЈАТА ГИ ОВЛАСТУВА , ЧУВАРИТЕ ДА. МУ ВЛЕЗАТ ВОЌЕЛИЈАТА, БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ЗА. ДА ЈА ПРОВЕРАТ, СО ЦЕЛ ИЗНАОЃАЊЕГОРЕСПОМНАТИОТ ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ.

СО НАДЕЖ ДЕКА НАЧИНОВ Е СООДВЕТЕН ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ,ОСТАНУВАМ ИСКРЕНО ВАШ,

ЗАМЕНИК ОБЛАСТЕН ОБВИНИТЕЛ

МЕТЈУ СЕДРИС

225

Page 226: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

20

Воена болница во Р.16 февруари

уштете ги да кажат што сакаат, само оставете ги! Вие сте добарполициски службеник, ОК?“

Водникот Морексу го собра сиот свој цигански дух за да ја изразисимпатијата кон неа. Никогаш порано тој не зборувал со неа со таковтажен глас. Речиси беше татковски. А сепак Мила чувствуваше декане ја заслужува таа заштита. Телефонскиот повик од нејзиниотпретпоставен дојде неочекувано, токму како што се појави и веста занејзината ноќна прошетка. Тие ќе ја обвинат за смртта на РоналдДермис, таа беше сигурна, иако тоа беше во самоодбрана.

Заздравуваше во една воена болница. Тоа не беше избор нацивилниот естаблишмент, затоа што Роше мудро реши да ја засолниод љубопитните очи на медиумите. Токму поради тоа, Мила имашецело одделение само за себе. И кога праша зошто, да му се сневиди,таму нема други пациенти, концизниот одговор беше декакомплексот бил планиран како карантин за луѓе заболени од моженбактериолошки напад.

Креветите се освежуваа секоја седмица, чаршафите се переа и сепеглаа. Во аптеката веднаш се заменуваа лековите на кои им бешепоминат рокот на употреба. И сето тоа расфрлање единствено порадидалечната можност дека некој би можел да реши да ослободигенетски модифициран вирус или некоја бактерија што нема даостави преживеани.

Најлудото нешто на светот, си помисли Мила.Раната на раката и беше сошиена со околу четириесет шевови од

еден љубезен хирург кој, откако ја прегледа, не ги спомна другителузни. Тој само и рече: „Не сте можеле да завршите на подобро местоза повреда од огнено оружје.“

226

Page 227: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Што треба да прават вирусите и бактериите со куршумите?“, гопраша таа провокативно. Тој се насмеа.

Потоа друг лекар ја прегледа неколкупати, мерејќи ги нејзиниоткрвен притисок и температурата. Ефектот од силните таблети заспиење што отец Тимотеј и ги даде, исчезна сам по себе по неколкучасови. Диуретикот го стори останатото.

Мила имаше многу време за размислување.Не можеше да не мисли на детето број шест. Таа немаше на

располагање цела болница. Најголемата надеж беше дека Албертпостојано ја држи под седативи. Специјалистите што ги викна Рошеза да го дадат своето мислење околу изгледите за преживување намомичката, ги зедоа предвид не само сериозните физички повреди,туку и шокот и стресот на кои таа била изложена.

Момичката можеби и не забележала дека и недостига еднатарака, си помисли Мила. Тоа честопати им се случува на луѓе коипретрпеле ампутација. Таа ова го имаше слушнато за луѓе штопретрпеле повреди во војна – и покрај тоа што загубиле некојекстремитет, тие и понатаму имале резидуална чувствителност во тојдел од телото, покрај болката имале и чувство на движење и,понекогаш, дури и извесно чувство на треперење. Лекарите тоа гонарекуваат „перцепција на фантомскиот екстремитет.“

Ваквите размислувања длабоко ја вознемируваа, а суровата тишинана одделот само ја засилуваше таа вознемиреност. Можеби првпат помногу години, посака да има друштво. Пред да се јави Морексу, никојне беше дошол. Ниту Горан, или Борис, или Стерн, да не ја ниспомнува Роза. Што можеше да значи само едно нешто: тие решилево врска со неа, за тоа дали да ја задржат во тимот или не. И покрајтоа што последниот збор ќе биде на Роше.

Таа беше лута на самата себеси што излезе толку наивна. Можеби инавистина ја заслужи нивната недоверба. Единствената мисла што јатешеше беше убеденоста на Горан дека Роналд Дермис не би можелда е Алберт. Во спротивно, не би останало ништо што може да сестори за шестата момичка.

Изолирана на тоа место, Мила не знаеше ништо за развојот на

227

Page 228: Sepnuvacot - Donato Karizi

случајот. Побара информации од сестрата која и го донесе појадокоти која малку подоцна повторно се појави, со весник во раката.

Случајот ги заземаше првите шест страници. Малиот бројинформации што успеале да се дознаат беа неколкупати повторени ибез мера надуени. Луѓето беа лакоми за вести. Штом јавноста дозназа постоењето на шесто дете, земјата повторно ја освои чувство насолидарност што мотивира секого да прави нешта што кратко времепред тоа беа незамисливи, како, на пример, организирање намолитвени бдеења или на групи за поддршка. Беше поврденаиницијатива: „Свеќа за секој прозорец.“ Тие мали пламенчиња ќе гоозначат чекањето на „чудото“ и ќе бидат угасени дури тогаш когашестото дете ќе се врати дома. Луѓето навикнати во животот да сеигнорираат меѓусебно, сега се собраа заедно околу нов вид искуствоблагодарение на оваа трагедија: меѓучовечки контакти. Не мораапонатаму да се истоштуваат обидувајќи се да најдат изговор за даконтактираат меѓусебно. Затоа што сега се земаше здраво за готовофактот дека имаат нешто заедничко: сожалувањето за тоа суштество.И тоа им помогна да комуницираат. Го правеа тоа насекаде. Восупермаркетите, во баровите, на работа, во подземната железница.Телевизиските програми не зборуваа за ништо друго.

Но меѓу тие иницијативи, се појави една која создаде чувство штоги засрами дури и истражителите.

Награда.Десет милиони секому кој ќе обезбеди информација употреблива за

да се спаси шестата момичка. Голема сума што предизвика жестокиполемики. Некои луѓе беа на мислење дека тоа ќе ја извалкаспонтаноста на човечката солидарност. Други тврдеа дека тоа е феридеја што конечно ќе ги помрдне нештата од мртвата точка, затоашто зад фасадата на позитивно расположение и понатаму постоешесебичност која можеше да се надмине само со ветување за профит.

Така, без да забележи, нацијата уште еднаш се подели.Иницијативата за награда дојде од Фондацијата Рокфорд. Кога

Мила ја праша сестрата кој стои зад милосрдието, жената,изненадена, широко ги отвори очите.

228

Page 229: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Сите знаат дека тоа е Џозеф Б. Рокфорд.“Нејзината реакција и покажа на Мила колку многу се оддалечила

самата себеси од реалниот свет, обземена од потрагата поисчезнатото дете и од своите сопствени проблеми.

„Извинете, ама јас не знаев“, и одговори таа на сестрата. И помислина апсурдноста на ситуацијата во која животот на магнатот бешефатално испреплетен со оној на една непозната момичка. Двечовечки суштества кои досега мора да живееле мошне различниживоти, и веројатно би продолжиле така до своите последни денови,ако Алберт не помислил да ги соедини.

Заспа со овие мисли и конечно можеше да има корист од бессонотоспиење што ја исчисти нејзината свест од пустошењето во ониеденови на ужасот. Кога се разбуди, обновена, не беше сама.

Гавила седеше на другиот кревет покрај неа.Мила се исправи, прашувајќи се колку долго бил тука. Тој ја смири:

„Избрав да чекам, наместо да те разбудам. Изгледаше толку спокојна.Сторив ли нешто погрешно?“

„Не“, го излажа таа. Се чинеше како да ја фатил наполнонеодбранлива и, пред тој да ја забележи нејзината засраменост, Милапобрза да ја смени темата: „Сакаат да ме задржат на набљудување.Но им кажав дека попладнево си одам.“ Горан погледна на својотчасовник: „Тогаш би требало да побрзаш: речиси е вечер.“

Мила се изненади што спиела толку долго. „Има ли некоиновости?“

„Тукушто доаѓам од еден долг состанок со главниот инспекторРоше.“

Поради тоа е овде, си помисли таа. Сака лично да ми каже дека миги удриле клоците. Но, таа немаше право.

„Го најдовме отец Ролф.“Мила сети како ја жеже стомакот, замислувајќи си го најлошото.„Тој починал пред околу една година, од природна смрт.“„Каде бил погребан?“Од тоа прашање Горан знаеше дека Мила веќе претпоставува се.„Зад црквата. Имаше и други гробови што содржеа трупови од

229

Page 230: Sepnuvacot - Donato Karizi

животни.“„Отец Ролф ги контролирал.“„Се чини дека заминале како него. Роналд бил граничен случај со

нарушување на личноста. Тој бил сериски убиец во развој исвештеникот го сфатил тоа. Убивањето животни е типично во ваквислучаи. Секогаш почнува на тој начин; потоа, кога личноста немаповеќе сатисфакција од тоа, го свртува вниманието кон своитеврсници. Роналд, исто така, ќе продолжел да убива други луѓе. Вооснова, тоа искуство било дел од неговиот емоционален багаж уштеод детството.“

„Ние сега го запревме.“Горан, сериозен, одмавна со главата. „Всушност, Алберт го запре.“Беше парадоксално, но и вистинито.„Но Роше попрво би добил срцев напад отколку да признае што и

да е од таков вид!“Мила си помисли дека со кажувањето на овие нешта, Горан се

обидува да ја одложи веста дека таа е тргната од случајот, и реши даоди докрај. „Јас сум аут, нели?“

Тој изгледаше вџасен. „Зошто го велиш ова?“„Затоа што заебав.“„Сите ние го направивме тоа.“„Јас ја предизвикав смртта на Роналд Дермис: значи, никогаш нема

да дознаеме како Алберт ја дознал неговата историја...“„Како прво, мислам дека Роналд ја зел предвид својата смрт: сакал

да ги заврши сомнежите што долги години го вознемирувале. ОтецРолф го преобратил во лажен свештеник, убедувајќи го дека ќе можеда живее како човек посветен на Бога и како негов следбеник. Но, тојне сакал да го сака неговиот следбеник, тој сакал да го убие зарадисопствено задоволство.“

„И како Алберт дознал за сево ова?“Лицето на Горан се смрачи. „Тој мора да дошол во контакт со

Роналд во некој момент од неговиот живот. Не можам да смисламникакво друго објаснение. Тој го сфатил она што отец Ролф госфатил пред него. И стигнал таму затоа што биле слични, тој и

230

Page 231: Sepnuvacot - Donato Karizi

Роналд. На извесен начин, тие се нашле еден со друг, и исто така, серазбрале меѓусебно.“

Мила длабоко воздивна додека размислуваше за судбината. РоналдДермис во својот живот бил разбран само од две личности. Одсвештеникот, кој не нашол никакво подобро решение за него освенда го крие од светот. И некој како себе, кој веројатно во него јаоткрил својата природа.

„Ти би била втората...“Зборовите на Горан ја вратија во реалноста.„Што?“„Доколку не го запреше, Роналд ќе те убиеше како што го убил

Били Мур пред многу години.“Во тој момент, тој извлече еден коверт од внатрешниот џеб на

своето сако и и го даде.„Помислив дека имаш право да ги видиш...“Мила го зеде пликот и го отвори. Внатре беа фотографиите што

Роналд ги сликал додека ја барал во трпезаријата. Во аголот на еднаод фотографиите – беше таа. Склопчена под масата, со очиококорени од страв.

„Не сум многу фотогенична“, му рече, обидувајќи се да ги потцени.Но, Горан забележа дека таа се тресе.

„Утрото Роше најави дека си ослободена за дваесет и четири часа...или барем додека не се најде следното тело.“

„Не сакам одмор, мора да ја најдеме шестата момичка“,протестираше Мила. „Таа не може да чека!“

„Мислам дека главниот инспектор го знае тоа... но, се плашам декасе обидува да игра на друга карта.“

„Наградата“, рече веднаш Мила.„Таа би можела да донесе неочекувани плодови.“„А што со пребарувањето во професионалниот регистер на лекари?

И со теоријата дека Алберт би можел да е некој кој е избришаноттаму?“

„Тоа е слаба трага. Уште од почетокот никој не верува во тоа. Истокако што не мислам ни дека нешто може да се појави од

231

Page 232: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

истражувањето на лековите што тој веројатно ги употребува за да јаодржи во живот. Нашиот човек би можел да дојде до нив на многуначини. Тој е лукав и подготвен, не заборавај го тоа!“

„Многу повеќе од нас, според она што се гледа“, гласеше нејзиниотнавредлив одговор.

Горан не се навреди од него. „Јас дојдов да те соберам, не да серасправам.“

„Да ме собереш? Што имате на ум?“„Те водам на вечера... И патем, сакам да почнеш да ме викаш

Горан.“

ога излегоа од болницата, Мила инсистираше да намине достудиото: сакаше да се истушира и да се преоблече. Продолжи

да си зборува самата себеси дека, доколку џемперот не и бешепробиен од куршумот, а останатиот дел од нејзината облека да небеше крвава од повредата, таа ќе ги облечеше нив, како единственишто ги има.

Всушност, таа неочекувана покана за вечера ја возбуди и не сакашеда смрди на пот и на јод.

Премолчениот договор со д-р Гавила – иако таа сега требаше да говика по име – беше дека не би требало да гледа на тоа како наекскурзија и дека по вечерата таа ќе се врати право во студиото за даја сумира својата работа. Но – и покрај тоа што чувствуваше виназаради шестата момичка – таа не можеше а да не сетисамозадоволство од поканата.

Не можеше да се тушира поради раната. Затоа внимателно се измидел по дел, се додека не ја потроши целата топла вода во малиотбојлер.

Облече црна поло блуза. Единствените резервни фармерки што гиимаше беа премногу предизвикувачки тесни во задникот, но немашеизбор. Нејзиниот кожен жакет беше скинат на левото рамо, каде штоси пукаше со пиштолот, па не можеше да го употреби. На своеголемо изненадување, една војничко-зелена парка лежеше на камп-

232

Page 233: Sepnuvacot - Donato Karizi

креветот во гостинската соба, со белешка покрај неа: „Студенилотоовде е посмртоносно од кој и да е куршум. Добредојде назад. Твојотпријател, Борис.“

Ова ја исполни со возбуда и со благодарност. Најмногу поради тоашто Борис се потпишал како нејзин „пријател.“ Тоа ги оттргна ситенејзини сомнежи во врска со него. Во парката, исто така, имаше икутиче со пеперминт бонбони: придонесот на Стерн во тој гест напријателство.

Со години таа не носеше друга боја освен црна. Но, зеленатавиндјакна и одговараше. Дури и бројот и беше точен. Кога ја видекако излегува од студиото, Горан не покажа дека го забележалнејзиниот нов изглед. Тој секогаш беше премногу расеан и веројатноне обрнуваше никакво внимание на изгледот на другите луѓе.

До ресторанот отидоа пеш. Прошетката беше пријатна и,благодарение на подарокот од Борис, Мила не го почувствува студот.

Натписот за специјализиран ресторан ветуваше сочни аргентинскиангус бифтеци. Седнаа покрај прозорецот, на една маса за двајца.Надвор снегот беше прекрил се, а црвеникаво-сивкавото небоветуваше уште снег таа ноќ. Во ресторанот, луѓето расположеномуабетеа и се смееја.

Се на менито се чинеше добро и Мила малку се помисли додекареши што да порача. На крајот се реши за добро печен бифтек сопечени компири и со многу рузмарин. Горан порача шницла и салатаод домати. Обајцата пиеја само газирана минерална вода.

Мила немаше поим за што ќе зборуваат: дали тоа ќе биде во врскасо работата или со нивните животи. Втората опција, иако бешеинтересна, ја вознемири. Но, прво имаше нешто за што бешељубопитна.

„Што навистина се случи?“„На што мислиш?“„Роше сакаше да ме тргне од случајот, но потоа го промени

мислењето... зошто?“Горан малку се двоумеше, но конечно реши да и каже.„Го ставивме предлогот на гласање.“

233

Page 234: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Гласање?“, праша таа изненадено. „Значи, беше позитивно.“„Со прилична разлика.“„Но... како?“„Дури и Сара Роза гласаше во корист на твоето останување“, и рече,

погодувајќи ја причината за нејзината реакција.Мила беше вџашена. „Мојот најголем непријател, од сите!“„Не би требало да бидеш толку остра спрема неа.“„Навистина мислев дека било спротивното...“„Роза поминува низ лош период: се разведува од сопругот.“Мила сакаше да му каже дека пред некоја вечер ги виде долу пред

студиото како се расправаат, но се премисли за да не излезепремногу индискретна.

„Штета.“„Тоа никогаш не е лесно кога постојат и деца.“Мила помисли дека ова беше навестување што ја надминува Сара

Роза и можеби го вклучува и самиот Горан.„Ќерката на Сара Роза доби нарушување во исхраната како реакција

на сето тоа. Како резултат на фактот што тие се уште се под еденпокрив, ако можеш да ги замислиш последиците од такватаситуација.“

„И тоа значи дека се може да истура врз мене?“„Како новодојдена и како единствена друга жена во тимот, ти си

најлесна цел за неа. Се разбира дека не може да му се сипе на Борисили на Стерн, луѓе што ги познава со години...“

Мила си тури малку минерална вода, потоа го сврти вниманиетокон своите други колеги.

„Би сакала да ги запознам доволно добро за да знам како да сеоднесувам со нив“, беше нејзиното извинување.

„Добро, ми се чини дека со Борис е прилично лесно: што гледаш,тоа добиваш.“

„Да“, се согласи Мила.„Можам да ти кажам дека тој беше во војската, каде што стана

експерт за техники на распит. Честопати го гледам на работа, ноникогаш не можам да поверувам. Тој може да им влезе во главите на

234

Page 235: Sepnuvacot - Donato Karizi

луѓето.“„Не мислев дека е толку паметен.“„Не, но тој навистина е паметен. Пред неколку години уапсија еден

тип кој беше осомничен дека ги убил и ги скрил телата на стрина муи на чичко му, со кои живеел. Требаше да го видиш: ладнокрвен,исклучително смирен. По осумнаесет часови сериозен распит, пришто наизменично се менуваа петмина агенти, тој не призна ништо.Потоа пристигна Борис. Влезе во собата, помина дваесет минути сонего и типот призна се.“

„Господе Боже! А Стерн?“„Стерн е добар човек. Фактички, би можело изразот да е создаден

специјално за него. Женет е дваесет и шест години. Има два сина,близнаци, и двајцата се во морнарицата.“

„Тој се чини малку тивок. И забележав дека е приличнорелигиозен.“

„Оди на миса секоја недела, а пее и во хорот.“„Не можам да им се изначудам на неговите костуми, во нив личи

како на полицајците во шоупрограмите од седумдесеттите години.“Горан се насмеа и се согласи со ова. Потоа повторно стана сериозен

кога додаде: „Неговата сопруга, Мари, одеше пет години на дијализа,чекајќи на бубрег што, меѓутоа, не доаѓаше. Пред две години, Стерни донира еден од своите.“

Изненадена и восхитена, Мила не знаеше што да рече.Горан продолжи: „Тој се откажа од добра половина од времето што

му останало, за да има барем надеж за неа.“„Тој мора многу да ја сака.“„Да, мислам дека тој...“, рече Горан, со малку горчина во гласот

што таа не можеше да не ја забележи.Во тој момент пристигнаа нивните порачки. Јадеа во тишина,

недостигот од разговор не беше ни најмалку тежок, како меѓу двајцалуѓе кои меѓусебно се познаваат толку добро, што не чувствуваатпостојана потреба да ја пополнуваат тишината со зборови за да не име непријатно.

„Треба нешто да ти кажам“, продолжи таа при крајот. „Се случи

235

Page 236: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

кога стигнав тука, втората вечер кога отидов во мотелот, каде штобев сместена пред да се преселам во студиото.“

„Те слушам...“„Би можело да не е ништо, или можеби беше само чувство, но...

Чувствував како некој ме следи додека го поминував надворешниотпростор.“

„Како мислиш почувствува?“„Дека тој ги ’копира’ моите чекори.“„Зошто некој би те следел?“„Затоа и никому не го спомнав ова. Ми се чинеше како апсурд.

Можеби беше само мојата фантазија...“Горан ја регистрира информацијата и не рече ништо.Кога пристигна кафето, Мила погледна на часовникот.„Има едно место каде што би сакала да одам“, му рече.„Во ова време на ноќта?“„Да.“„ОК. Тогаш да побарам сметка.“Мила понуди да делат, но тој инсистираше на својата обврска да

плати, дотолку повеќе што тој ја покани неа. Со својата типична – иречиси живописна – несреденост, меѓу банкноти, монети и бизнис-картички, тој од џебот извади и неколку балони во различни бои.

„Овие се на син ми Томи, тој ми ги ставил во џебот.“„Ох, не знаев дека си...“, се преправаше таа.„Не, не сум“, и рече набрзина, спуштајќи го погледот.Потоа додаде: „Повеќе не.“

ила никогаш порано не била на ноќен погреб. Овој на РоналдДермис и беше прв. Беше решено да се одржи тогаш поради

јавната безбедност. За неа, пак, идејата дека некој може да сеодмаздува од мртовечки ковчег беше во најмала рака мрачна, како исамиот настан.

Гробарите си ја работеа работата околу гробот. Тие немаа машиназа копање. Земјата беше замрзната и нејзиното поместување беше и

236

Page 237: Sepnuvacot - Donato Karizi

тешко и напорно. Беа четворица, и се менуваа секои пет минути,двајца да копаат, двајца да го осветлуваат местото со факели.Одвреме навреме еден од нив го пцуеше проклетиот студ и, за да сезгреат, вртеа меѓу себе едно шише виски.

Горан и Мила го гледаа местото молчешкум. Ковчегот сопосмртните останки на Роналд се уште беше во комбито. Малкупонатаму беше каменот што ќе биде ставен на крајот: без име, бездатум, само сериски број. И еден мал крст.

Во тој момент, во умот на Мила повторно се појави сцената какоРоналд паѓа од камбанаријата. Додека потонуваше, таа на неговотолице не виде страв, ниту немир. Изгледаше небаре не се плаши одсмртта. Можеби, како и Александар Берман, тој повеќе го сакаше тоарешение. Предавајќи и се на желбата да се збрише себеси засекогаш.

„Се ли е во ред?“, ја праша Горан, навлегувајќи во нејзинотомолчење.

Мила се заврти накај него: „Се е добро.“Во тој момент помисли дека забележа некого зад дрвјата на

гробиштата. Погледна подобро и го препозна Фелдер. Очигледно,тајниот погреб на Роналд воопшто не беше толку таен.

Работникот носеше кариран волнен жакет и држеше конзерва пиво,како да му наздравува на својот стар другар од детството, и покрајтоа што, најверојатно, го немаше видено со години. Мила си помислидека тоа би можело да е нешто позитивно: дури и на место каде штосе погребува злото, се уште може да има повод за жалење.

Доколку не беше Фелдер, и неговата ненамерна помош, тие не бибиле овде. И тоа беше благодарност за него што го запре серискиотубиец во развој – како што го нарече Горан.

Кога таа му го сретна погледот, тој ја згмечи конзервата и се упатинакај својот пик-ап, паркиран недалеку оттаму. Фелдер ќе се врати восамотијата на својот дом во депонијата, на ладниот чај вонесоодветните чаши, на црвеникавото куче, да ја чека истата тааанонимна смрт да се појави еден ден и на неговата врата.

237

Page 238: Sepnuvacot - Donato Karizi

Решението на Мила да присуствува на тој забрзан погребверојатно беше поврзано со нешто што Горан го кажа во

болницата: Ако не го запреше, Роналд ќе те убиеше и тебе како штого уби Били Мур пред многу години.

И којзнае, можеби тој ќе продолжел со убивањето и по неа.„Луѓето не знаат, но според нашите статистики, меѓу шест и осум

сериски убијци се активни во моментов во нашава земја. Но, се уштеникој не ги идентификувал“, рече Горан додека гробарите го спуштаадрвениот ковчег во јамата.

Мила беше шокирана. „Како е можно тоа?“„Затоа што тие напаѓаат случајно, без некаква шема. Или затоа што

никој не успеал да ги поврзе убијците кои многу се разликуваат еденод друг. Или можеби затоа што жртвите не се вредни за обемнаистрага... можеби, на пример, некоја проститутка е најдена вонекаков јаз. Во најголемиот број случаи, тоа е дрогата, или нејзиниотмакро или некој муштерија. Имајќи ги на ум опасностите напрофесијата, десет убиени проститутки се земени предвид какоприфатлив просек, и тие не завршуваат на листата на случаите нанекој сериски убиец. Ова е тешко да се прифати, знам, но за жал, тоае така.“

Налет на ветар крена мали виори од снег и од прав. Мила се стресеи се склопчи уште подлабоко во парката.

„Која е поентата од сево ова?’’, праша. Но прашањето немаше штода прави со случајот со кој тие се занимаваа, или со професијата штотаа ја беше избрала. Тоа беше молитва, начин да се предаде насвојата неспособност да ја сфати определената динамика на злото и,исто така, тажно барање за спас. И таа, сигурно, не очекувашеодговор.

Но Горан проговори: „Бог е нем. Ѓаволот шепоти...“Ниту еден од нив не изусти ништо веќе.Гробарите почнаа да ја полнат јамата со замрзната земја.

Гробиштата одекнуваа од звукот на лопатите. Тогаш заѕвонимобилниот телефон на Горан. Тој немаше време да го извади

238

Page 239: Sepnuvacot - Donato Karizi

телефонот од џебот на палтото, кога заѕвони и телефонот на Мила.Не мораше да одговорат за да знаат дека е најдена третата момичка.

239

Page 240: Sepnuvacot - Donato Karizi

С21

емејството Кобаши – таткото, мајката и двете деца, момче одпетнаесет и момичка од дванаесет години – живееше во

престижниот комплекс Капо Алто. Шеесет хектари потонати возеленило, со базен за пливање, школа за јавање, терен за голф и куќа-клуб резервиран за сопствениците на четириесет вили од кои бешесоставен комплексот. Засолниште на високата буржоазија, вонајголемиот дел составена од лекари-специјалисти, архитекти иадвокати.

Двометарски ѕид, вешто маскиран со жива ограда, го одвојувашеовој елитен рај од остатокот на светот. Местото беше чувано дваесети четири часа на ден. Електронските очи на седумдесет СиСиТиВи-камери што го надгледуваа целиот простор, и приватното полицискообезбедување ја гарантираа безбедноста на жителите.

Кобаши беше стоматолог. Висока заработка, масерати за возење имерцедес во гаражата, втор дом во планините, јахта и завиднаколекција вина во визбата. Неговата сопруга ги гледаше децата и јауредуваше куќата со уникатни и премногу скапи предмети.

„Тие беа три недели во тропските краишта и се вратија минататаноќ“, изрецитира Стерн кога Горан и Мила стигнаа до вилата.„Случајот со киднапираните момички бил и причината запатувањето. Ќерка им, помалку или повеќе, е на истата возраст, памислеле дека е добра идеја да ја пратат послугата на одмор и дапроветрат.“

„Каде се сега?“„В хотел. Ги сместивме таму заради нивна безбедност. На жена му

и требаа неколку апчиња валиум. Не постои друг начин за да сеопише нивната состојба, освен дека се уништени.“

Последните зборови на Стерн беа подготовка за она што ќе говидат.

Куќата не беше веќе куќа. Сега дефинитивно беше „место назлосторството.“ Беше целосно опколена со ленти за да ги држи на

240

Page 241: Sepnuvacot - Donato Karizi

растојание соседите кои се собираа за да видат што се случило.„Барем новинарите нема да можат да влезат внатре“, забележа

Горан.Одеа по тревникот што ја двоеше вилата од улицата. Градината

беше добро одржувана, а прекрасни зимски растенија ги красеа леитекаде што госпоѓа Кобаши, лете, ги одгледува своите наградени рози.

Еден полициски службеник стоеше на вратата и пропушташе самоовластени личности. Обајцата, и Креп и Чанг, работеа со своитетимови. Кратко пред Горан и Мила да влезат внатре, излезе главниотинспектор Роше.

„Не можете да си замислите...“, им рече со смртоносен глас,држејќи го марамчето преку устата.

„Оваа работа се претвора во се поголем ужас. Посакувам даможевме да го спречиме овој колеж... тие се само деца, о Господи!“

Гневот на Роше звучеше искрено.„И како тоа да не е доволно, жителите веќе се пожалиле на нашето

присуство и ги притискаат своите политички познајници да неиспратат одовде колку што е можно побрзо! Можете ли дазамислите? Сега морам да му се јавувам на некој проклет сенатор ида го убедувам дека ќе бидеме брзи!“ Мила ја посматраше малатагрупа жители собрани пред вилата. Тоа се случуваше во нивниотприватен рај и затоа гледаа на нив како на освојувачи.

Но во нивниот агол од рајот неочекувано се отвори вратата напеколот.

Стерн и подаде на Мила тегличка со камфорна паста за да синамачка под носот. Таа го заврши ритуалот на воведување во смрттаставајќи пластични калоши врз чевлите и латекс ракавици.Полицаецот на вратата се тргна настрана за да ги пропушти давлезат.

Куферите од одморот и ќесите со сувенири се уште се наоѓаа крајвратата. Авионот со кој семејството Кобаши долетало од тропскотосонце во тој студен февруари, слетал околу десет часот вечерта.Потоа накај дома, колку што може побрзо, за да се вратат на старитенавики и на удобноста на местото што за нив никогаш веќе нема да

241

Page 242: Sepnuvacot - Donato Karizi

биде истото. Послугата ќе се врати од отсуството следниот ден, патие биле први што стапнале преку прагот.

Смрдеа го исполни воздухот.„Ова го помирисале Кобаши веднаш откако ја отвориле вратата“,

рече брзо Горан.„За момент или два, тие мора да се чуделе што е тоа“, додаде Мила.

„А потоа, ги вклучиле светилките...“Во големата дневна соба, научните техничари и патолозите ги

координираа своите движења, како да беа водени од некој невидливкореограф. Скапоцениот мермерен под безмилосно ја рефлектирашесветлината од халогените ламби. Модерен мебел комбиниран соантиквитети. Три кожни софи со боја на чад ги омеѓуваа тритестрани на квадратот пред големиот камин од розов камен.

На средната софа седеше телото на малата момичка.Очите и беа отворени – шареникави сини. И таа гледаше во нив.Неподвижното зјапање беше последниот знак на нешто човечко на

тоа опустошено лице. Процесот на распаѓање веќе беше вопоодмината фаза. Поради недостигот на левата рака, момичкатаседеше во малку искривена положба. Небаре во секој момент ќезаспие навалена на едната страна. Наместо тоа, таа остануваше даседи.

Беше облечена во цветносин фустан. Шиењето и кројката сугерираадека е рачно правен, и дека веројатно бил изработен по мера. Милаисто така ги забележа нејзините плетени бели куси чорапи исатенскиот ремен прицврстен околу половината со копче од седеф.

Момичката беше облечена како кукла. Скршена кукла.Мила не можеше да гледа во неа подолго од неколку секунди. Го

тргна погледот надолу и првпат го забележа свилениот килим меѓусофите. На него беа прикажани персиски рози и разнобојни бранови.Имаше впечаток дека фигурите се движат. Потоа погледна одпоблизу.

Целиот килим беше прекриен со мали инсекти кои беа во рој и сепрекачуваа еден преку друг.

Мила инстинктивно ја принесе раката до раната на нејзиното рамо

242

Page 243: Sepnuvacot - Donato Karizi

и ја притисна. Секој што би ја гледал отстрана ќе помислеше дека јаболи, но беше спротивното.

Како и обично, таа бараше пријатност во болката.Тоа не траеше долго, но и ја даде силата потребна да биде

внимателен сведок на тој одвратен приказ. Кога доби доволноспазми, престана да притиска. Го слушна д-р Чанг како му кажува наГоран: „Тие се ларви од видот Sarcophaga carnaria. Нивниотбиолошки циклус е прилично брз и се наоѓаат во црви. И се мошнелакоми.“

Мила знаеше за што зборува лекарот, затоа што нејзините случаина исчезнати лица честопати се решаваа со наоѓање на телата. Многучесто беше потребно да се продолжи не само сo тажната церемонијана препознавање, туку и со попрозаичното датирање на останките.Различни инсекти учествуваат во разни фази што ја следат смртта,особено кога останките се на отворено. Sarcophaga carnaria беаживородени муви и требаше да бидат дел од втората група, затоа штоМила го слушна патологот како кажува дека телото морало да бидетука најмалку една недела.

„Алберт имал многу време да дејствува, додека сопствениците билеотсутни.“

„Но има нешто што навистина не го разбирам...“, додаде Чанг.„Како копилето успеало да го донесе телото овде, покрајнадгледувањето на седумдесет камери и триесет приватни чуварикои ја проверуваат областа дваесет и четири часа на ден?“

243

Page 244: Sepnuvacot - Donato Karizi

И22

мавме проблем со струен удар во системот“, рече заповедникотна приватната гарда на Капо Алто кога Сара Роза побара

објаснување за тричасовното замрачување на ТВ-камерите што сеслучило претходната недела, за кога се претпоставуваше дека Албертја довел момичката во вилата на Кобаши.

„И дали таквото нешто не предизвика кај вас алармантна состојба?“„Па – не, госпоѓице...“„Сфаќам“, и не кажа ништо друго, само продолжи да гледа во

капетанските ознаки на чинот на неговата униформа. Лажен чинисто толку колку и неговата функција. Чуварите кои би требало дабидат гаранција за безбедноста на жителите, навистина беа самоуниформирани бодибилдери. Нивниот единствен тренинг сесостоеше од тримесечен платен курс што го држеа пензионираниполицајци во канцелариите на компанијата што ги имаше најмено.Опремата се состоеше од слушалки поврзани со воки-токи и спреј одпипер. Така што, на Алберт не му било многу тешко да ги измами.Внатре, во периферниот ѕид, исто така имаше премин од метар иполовина, скриен од живата ограда што го покриваше целиотобиколен ѕид. Тој естетски каприц во случајов направи единственатамерка за безбедност на Капо Алто да изгледа смешна.

Сега требаше да се открие зошто Алберт го избрал тоа специфичноместо и тоа специфично семејство.

Стравот од соочување со нов Александар Берман го натера Роше дадозволи секаков вид истрага на Кобаши и на неговата сопруга, дури инајагресивната.

Борис доби задача да го „скенира“ стоматологот.Човекот веројатно немаше поим за специјалниот третман

резервиран за него во следните неколку часови. Да се бидеиспрашуван од професионален сослушувач не е исто што и методитево полициските станици речиси насекаде по светот, каде што се сезаснова врз процесот на исцрпување на осомничениот со часови и

244

Page 245: Sepnuvacot - Donato Karizi

часови психолошки притисок и форсирана будност, со одговарање насе исти и исти прашања.

Борис речиси никогаш не се обидуваше да ги улови на грешкалуѓето кои ги испрашуваше, затоа што знаеше дека стресотчестопати предизвикува негативни ефекти врз сведочењето, штопотоа станува чувствително на напади од некој добар обвинител восудницата. Не беше заинтересиран ниту за полупризнание, или заобиди за преговарање, што осомничените честопати го воведуваа воигра кога ќе почувствуваа дека се во тесно.

Не. Специјалниот агент Клаус Борис сакаше да добие само целоснопризнание.

Мила го виде во кујната во студиото како се подготвува да излезена бината. Затоа што, на крајот од краиштата, само за тоа истануваше збор: претстава во која крајот честопати се менува.Употребувајќи лаги, Борис ќе ја скрши одбраната на Кобаши.

Ракавите од кошулата му беа подвиткани, во раката држеше малошише со вода и се движеше напред-назад за да ги истегне нозете: заразлика од Кобаши, Борис воопшто нема да седне, постојанозаплашувајќи го другиот човек со својата става.

Во меѓувреме, Стерн го запознаваше со она што досега успеал дадознае за осомничениот.

„Стоматологот затајува дел од своите даноци. Има една оф-шорсметка на која ги испраќа неоданочените приходи од својата клиникаи од наградите од турнирите на голф што го игра речиси секојвикенд... Од друга страна, госпоѓа Кобаши има поинаков вид хоби:секоја среда попладне се среќава со еден познат адвокат во хотел воцентарот на градот. Се разбира, адвокатот секој викенд игра голф сомажот и...“

Таа информација ќе претставува клуч на распитот. Борис ќе јаодмери ситуацијата и ќе ја употреби информацијата во вистинскиотмомент за да го легне на плеќи забарот.

Собата за распит во студиото беше направена пред долго време и сенаоѓаше веднаш до гостинската соба. Беше тесна, речиси задушлива,без прозорци и со само една врата што Борис ќе ја заклучи набрзо

245

Page 246: Sepnuvacot - Donato Karizi

откако со осомничениот ќе влезе внатре. Потоа ќе ги спуштиклучевите во својот џеб, како што правеше секогаш: едноставен гесткој му ја обезбедуваше неговата позиција на сила.

Неонската светлина беше силна, а ламбата испушташе иритирачкизвук; тој звук, исто така, беше една од алатките на Борис. Тој гиублажуваше ефектите од него ставајќи памучни тампони во ушите.

Лажно огледало ја делеше собата од другата, така што и останатитеможеа да го следат распитот. Беше мошне важно личноста што јаиспрашуваат секогаш да е позиционирана во профил спремаогледалото, а никогаш директно накај него: тој мораше да чувствувадека го посматраат, дури и да не го возвраќа тој невидлив поглед.

И масата и ѕидовите беа бели: еднобојниот ефект значеше дека непостои точка врз која може да се сосредоточи за да може даразмислува за своите одговори. Една ногалка од неговиот стол бешепокуса од другите и постојаното лулање ќе го раздразнува.

Мила влезе во другата соба, додека Сара Роза го подготвувашестрес-анализаторот на гласот, или Си-Еј-Џи-апаратот, кој ќе имдозволи да го измерат стресот во варијациите на гласот наиспитуваниот. Кога некој лаже, количеството крв во гласните жицисе намалува како резултат на стресот, поради што се редуцираатнормалните вибрации. Компјутерот ќе ги анализирамикроваријациите во зборовите на Кобаши, откривајќи ги неговителаги.

Но најважната техника што ќе ја употреби Борис – онаа во која тој,практично, беше мајстор – беше набљудувањето на однесувањето.

Кобаши беше одведен во собата за распит откако љубезно бешепоканет – иако без претходно предупредување – да и помогне наполицијата во нејзината истрага. Полицискиот службеник чија задачабеше да го спроведе од хотелот, каде што беше сместен со своетосемејство, го упати да седи сам на задното седиште во автомобилот,и употреби подолга рута од вообичаената за да го довезе до студиото,со што кај него ја засили состојба на сомнеж и неизвесност.

Со оглед на тоа што ова беше само еден неформален разговор,Кобаши не побара присуство на адвокат. Се плашеше дека таквото

246

Page 247: Sepnuvacot - Donato Karizi

барање ќе го изложи на сомнежи за вина. Тоа беше токму она на штосе надеваше и Борис.

Во собата, стоматологот изгледаше блед. Мила го проучуваше.Носеше жолти летни панталони. Веројатно беа дел од една одоблеките за голф што ги зел со себе на своето патување во тропскитепредели, и што сега ја сочинуваше целата негова гардероба. Носешеи пурпурно-розов кашмирски џемпер и бела поло-блуза, чија високајака се гледаше од џемперот.

Му беше кажано дека наскоро ќе пристигне испитувачот кој ќе мупостави неколку прашања. Кобаши кимна со главата, ставајќи гирацете во скутот, во дефанзивна позиција.

Во меѓувреме, Борис го гледаше од другата страна на огледалото,дозволувајќи си да се задржи подолго за да го проучи како што треба.

Кобаши на масата забележа една папка со своето име на неа. Тамуја стави Борис. Стоматологот ни случајно не ја допре, токму какошто никако нема да погледне ни во правец на огледалото, и покрајтоа што многу добро знаеше дека од другата страна го гледаат.

Папката, всушност, беше празна.„Личи на заболекарска чекалница, нели?“, се пошегува Сара Роза,

зјапајќи во несреќниот човек зад стаклото.Борис објави: „Добро: ајде да почнеме.“Тогаш влезе во собата за распит. Го поздрави Кобаши, ја погледна

вратата и му се извини за доцнењето. Уште еднаш јасно му кажадека прашањата што ќе му ги постави се само за разјаснување, потоаја зеде папката од масата и ја отвори, преправајќи се дека нешточита.

„Доктор Кобаши, имате четириесет и три години, точно?“„Точно.“„Колку долго работите како стоматолог?“„Јас сум ортодонтски хирург“, објасни тој. „Тоа го работам речиси

петнаесет години.“Борис извесно време ги разгледуваше непостојните документи.„Можам ли да Ве прашам колкав беше Вашиот приход минатата

година?“

247

Page 248: Sepnuvacot - Donato Karizi

Човекот малку се стресе. Борис му го упати првиот удар:спомнувањето на приходот беше индиректна алузија на даноците.

Токму како што и предвиде, стоматологот бесрамно излажа засвојата финансиска ситуација и Мила не можеше да не забележиколку наивен излезе во врска со тоа. Разговорот се однесуваше наубиство, и каква и да е финансиска информација што можеше да сепојави, не ќе беше релевантна и не би можела да се пренесе воданочните служби.

Човекот, исто така, излажа и во врска со своите лични податоци,мислејќи дека може лесно да ги контролира своите одговори. Борис,за кратко, му дозволи да продолжи така.

Мила ја знаеше играта на Борис. Таа имаше гледано други колегиод старата школа како спроведуваат нешто слично, иакоспецијалниот агент тоа го практикуваше на несомнено повисокониво.

Секогаш кога Кобаши ќе се потпреше на сопствената фантазија,Борис тоа веднаш го знаеше. Зголемувањето на анксиозностапредизвикува неправилни минимални движења, како што сеизвиткување со плеќите, триење рака од рака, масирање наслепоочниците или на зглобовите. Овие движења се проследени софизиолошки промени како што се зголемување на потењето, кревањена тонот на гласот и неконтролирани движења на окото.

Но добро извежбан специјалист, како Борис, исто така знаеше декатоа се само навестувања за лажење и дека мора да се третираат какотакви. За да се докаже дека субјектот лаже, тој треба да ја признаесопствената одговорност.

Кога Борис почувствува дека Кобаши е доволно сигурен во себе,тргна во противнапад, нафрлајќи во своите прашања наводи штоимаат врска со Алберт и со исчезнувањето на шесте момички.

Два часа подоцна, Кобаши беше исцрпен од баражот со се повеќе иповеќе интимни прашања. Досега, стоматологот ја напушти секојапомисла да повика адвокат, туку само сакаше да излезе од тамуколку што е можно побрзо. Тој беше во таков психолошки колапсшто би кажал што и да е, само да си ја поврати слободата. Тој

248

Page 249: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

можеби дури и ќе признаеше дека е Алберт.Освен дека тоа не би било вистина.Кога Борис го сфати тоа, ја напушти собата со образложение дека

сака да земе чаша вода, и им се приклучи на Горан и на останатитево собата зад огледалото.

„Тој нема никаква врска со ова“, им рече. „И ништо не знае.“Горан потврди со главата.Сара Роза набргу дојде со резултатите од анализите на

компјутерите и на употребата на мобилните телефони во сопственостна семејството Кобаши, кои не обезбедија ниту ронка докази. Инемаше интересни патокази што би се нашле меѓу нивните пријателии познајници.

„Што значи дека мора да е во куќата“, заклучи криминологот.Беше ли куќата на семејството Кобаши – како и во случајот со

сиропиталиштето – место на нешто ужасно што никогаш не сеоткрило?

Но ни оваа теорија не држеше вода.„Вилата била изградена последна на единственото слободно место

од комплексот. Била завршена пред околу три месеци, а Кобаши сепрвите и единствени сопственици“, рече Стерн.

Но Горан одбиваше да се откаже: „Куќата крие некоја тајна.“Стерн веднаш сфати и праша: „Каде почнуваме?“Горан помисли малку, а потоа ја издаде наредбата: „Почнуваме со

раскопување на градината.“

рво беа донесени кучиња-трагачи по трупови, способни данадушкаат човечки останки и на голема длабочина. Потоа

пристигна специјална радарска опрема што скенира подземи, но наекраните не се појави ништо сомнително.

Мила ги гледаше различните активности што се преземаа; се уштечекаше Чанг да и ги даде податоците за детето што го најдоа вокуќата преку споредување на неговата ДНК со онаа на родителите нажртвите.

249

Page 250: Sepnuvacot - Donato Karizi

Почнаа да копаат околу три часот попладнето. Малите булдожерија растргнуваа земјата во градината, уништувајќи ја мајсторскиизведената надворешна архитектура што морала да чини многупроблеми и многу пари. Сега беше изнесувана и невнимателнофрлана во камионите.

Вревата од дизел-моторите го наруши мирот на Капо Алто. Какотоа да не беше доволно, вибрациите предизвикани од булдожеритепостојано го активираа алармот на масерати-то на Кобаши.

По градината, потрагата се пресели внатре во вилата. Бешеповикана специјализирана фирма за да ги отстрани тешкитемермерни плочи од подот во дневната соба. Во внатрешните ѕидовисе јавуваше звук на празнина, па и тие беа раскопани со копачи.Мебелот, исто така, претрпе несреќна судбина: разглобен и сециран,сега беше само за на депонија. Беа раскопани и визбата и темелите.

Роше го одобри тоа уривање. Одделот не можеше да си дозволиповторен неуспех, дури и по цена да предизвика штета што ќе чинимилиони. А и Кобаши немаа намера да се вратат и повторно даживеат таму. Се што им припаѓаше беше неизбришливо извалкано соужас. Тие би го продале имотот и по пониска цена од онаа што јаплатија за него, затоа што нивниот позлатен живот никогаш нема дабиде истиот поради сеќавањата на она што се случи.

Околу шест часот попладнето нервозната тензија кај луѓетозадолжени за работата на местото на злосторството беше опиплива.

„Може ли некој да го исклучи тој проклет аларм?“, се развика Роше,покажувајќи на масерати-то на Кобаши.

„Не можеме да го најдеме далечинскиот од автомобилот“, муодговори Борис.

„Јави му се на забарот и кажи му да ни го даде! Морам ли се да викажам?“

Тие се вртеа во круг. Наместо да ги зближи, тензијата ги сврти еденпротив друг, фрустрирајќи ги со неможноста да го решат проблемотшто Алберт го смислил за нив.

„Зошто ја облекол момичката како кукла?“ Ова прашање гоизлудуваше Горана. Мила никогаш го немаше видено таков. Во тој

250

Page 251: Sepnuvacot - Donato Karizi

предизвик имаше нешто лично. Нешто за што дури и криминологотне беше свесен, нешто што го попречуваше да размислува луцидно.

Мила се држеше на дистанција, обесхрабрена од чекањето. Штозначеше однесувањето на Алберт?

На полноќ, алармот на автомобилот на Кобаши се уште гоодбележуваше поминувањето на времето, неумоливо потсетувајќи госекого од нив дека нивните досегашни обиди беа приличнобескорисни.

Од под земја не се појави ништо ново. Вилата беше практичноопустошена, но ѕидовите не открија никакви тајни.

Додека Мила седеше на тротоарот пред куќата, дојде Борис,држејќи го мобилниот телефон в рака.

„Се обидувам да телефонирам, ама нема сигнал...“Мила, исто така, го провери својот телефон. „Можеби затоа Чанг се

уште не ми се јави да ми ги даде резултатите од ДНК тестот.“Борис мавташе околу себе. „Па добро, и тоа е некаква утеха да се

знае дека и на богатите луѓе им недостига нешто, нели?“Тој се насмеа, го врати телефонот во својот џеб и седна до неа.

Мила се уште не му беше заблагодарила за подарената парка, па тоаго стори сега.

„Не е тоа ништо посебно“, и одговори тој.Во тој момент тие забележаа дека приватните чувари на Капо Алто

се ангажирале за да формираат безбедносен кордон околу вилата.„Што се случува?“„Доаѓаат новинари“, и кажа Борис. „Роше реши да дозволи снимање

на вилата: неколку минути за телевизиските вести за да покажат декапреземаме се што е можно.“

Таа ги гледаше лажните полицајци како заземаат позиција: беасмешни во своите сино-портокалови униформи, кроени за да јапокажат нивната мускулеста градба, со тврд израз на своите лица исо своите воки-токи кои божем им даваа мошне професионаленизглед.

Алберт направи идиоти од вас збришувајќи ви ги камерите соедноставен краток спој, си помисли таа.

251

Page 252: Sepnuvacot - Donato Karizi

„По сето ова време, се уште сме без одговори. На Роше ќе му излезепена на устата...“

„Не бери гајле, тој секогаш наоѓа начин да се појави со мирис нарози.“

Борис ги извади хартијата за виткање цигари и ќесето тутун имолчешкум почна да си витка цигара. Мила јасно чувствуваше декат.ој сака да ја праша нешто, но не директно. И дека ако молчи, немада му помогне.

Затоа реши да почне прва: „Што стори со дваесетте и четири часаслобода што ти ги дозволи Роше?“

Борис беше двосмислен: „Спиев и размислував за случајот.Некогаш имаш потреба да ја расчистиш главата... Знам декаминатата ноќ излезе со Гавила.“

Еее, конечно го кажа тоа. Но Мила грешеше кога помисли декаБорис го спомна тоа од љубомора. Неговата намера беше сосемапоразлична, како што откри од она што тој потоа го рече.

„Мислам дека тој многу страдаше.“Борис зборуваше за жена му на Горан. И тоа го направи со толку

тажен глас што таа помисли дека што и да и се случило на двојката,директно го инволвира и тимот.

„Навистина ништо не знам“, му рече. „Тој не ми зборуваше за тоа.Само некое навестување на крајот од вечерта.“

„Тогаш можеби е подобро ако дознаеш сега...“Пред да продолжи, Борис ја запали цигарата, повлече длабоко и го

издува чадот. Бараше погодни зборови.„Сопругата на Горан беше прекрасна жена, не само убава, туку и

добра. Не памтам колку пати сме јаделе заедно кај нив дома. Таабеше дел од нас, небаре беше во тимот. Кога имавме некој тежокслучај, тие вечери беа единственото олеснување по денот поминатмеѓу крв и мртви тела. Помирување со животот, ако знаеш штомислам...“

„И што се случи потоа?“„Се случи пред околу година и пол. Без предупредување, дури без

каков и да е предзнак, таа си замина.“

252

Page 253: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Го напушти?“„Не само Гавила, туку и Томи, нивниот единствен син. Тој е

прекрасно момче, оттогаш живее со татко си.“Мила претпоставуваше дека криминологот е оптоварен со тагата од

разделбата, но никогаш не би замислила нешто такво. Како мајкаможе да напушти син?, се прашуваше таа.

„Зошто си заминала?“„Никој никогаш не разбра. Можеби имала некој друг, можеби се

изморила од тој живот, којзнае... Не оставила дури ни белешка. Самоси ги спакувала торбите и си замина. Крај.“

„Јас не би се откажала без да дознам зошто го сторила тоа.“„Најчудното нешто е тоа што тој никогаш не побара од мене да

откријам каде е таа.“ Гласот на Борис се промени, и пред дапродолжи погледна наоколу, проверувајќи дали Горан е некаде воблизина. „И има нешто што Гавила не го знае и не смее да го знае...“

Мила кимна со главата за да му покаже дека може да и верува.„Добро... неколку месеци подоцна, Стерн и јас ја најдовме.

Живееше во еден град на крајбрежјето. Не отидовме директно кајнеа, само дозволивме да не забележи на улицата надевајќи се дека биможела да дојде и да поразговара со нас.“

„И направи ли така?“„Таа беше изненадена што не виде. Но потоа само ни мавна, го

спушти погледот и си помина.Ова беше проследено со молчење што Мила не го протолкува.

Борис го фрли догорчето, не внимавајќи на лутиот поглед кај еден одприватното обезбедување, кој веднаш дојде и го собра од тревата.„Борис, зошто ми го кажа ова?“

„Затоа што ми е пријател. Исто како и ти, и покрај тоа што не тезнам толку долго.“

Борис мора да сфатил нешто што ниту таа ниту Горан се уште неуспеале да го забележат. Нешто во врска со нив. Тој само сеобидуваше да ги заштити обајцата.

„Кога жена му замина, Гавила продолжи понатаму. Тој такамораше, особено поради детето. Со нас ништо не промени. Се уште

253

Page 254: Sepnuvacot - Donato Karizi

З

се чини како истиот Горан: совесен, точен, ефикасен. Само престанада се облекува толку елегантно. Тоа не беше важно, немаше за штода се грижи. Но тогаш дојде случајот ’Вилсон Пикет’...“

„Како пејачот?“„Да, така го нарекоа.“ Борис очигледно зажали што го спомна тоа и

рече само кратко: „Одеше лошо. Се направија грешки и некој сезакани дека ќе го распушти тимот и ќе не отпушти. Роше не одбрании инсистираше да си ги задржиме работните места.“

Мила само што сакаше да го праша што се случило потоа, сигурнадека Борис ќе и каже на крајот, кога алармот на масерати-то наКобаши повторно се вклучи.

„Проклет да е, тој аларм ми го дупна мозокот!“Во тој момент Мила случајно погледна накај куќата и за миг

забележа серија слики што и го привлекоа вниманието: на лицата набезбедносните чувари се појави истиот израз на загриженост и тиесите ги ставија рацете врз микрофоните на своите воки-токи, како дасе појавила некаква ненадејна и неподнослива интерференција.

Мила повторно погледна во автомобилот. Потоа го извлечемобилниот од џебот: се уште немаше сигнал. Нејзе и текна нешто.

„Има едно место што се уште не го прегледавме...“, му рече наБорис.

„Кое е тоа место?“Мила покажа нагоре.„Етерот.“

а помалку од половина час подоцна, во студенилото на ноќта,експертите од тимот за електроника веќе почнаа да ја

„преслушуваат“ областа.Секој од нив имаше слушалки и држеше мал уред насочен кон

небото. Се движеа наоколу – мошне бавно, тивки како духови –обидувајќи се да уловат евентуални радиосигнали или сомнителнифреквенции, за секој случај, етерот да не содржи некаков вид порака.

Така и беше.

254

Page 255: Sepnuvacot - Donato Karizi

Тоа беше она што се мешаше со алармот на масерати-то наКобаши и што ги ограничуваше телефонските врски. И што се појавиво воки-токите на чуварите од обезбедувањето во форма нанеиздржливо пиштење.

Малку подоцна, трансмисијата беше трансферирана во приемникот.Тие гледаа околу апаратурата, за да слушнат што има да им каже

темнината.Без зборови, туку со звуци.Одвреме навреме се јавуваше шиштење, но имаше некаква

усогласеност во прецизната серија звуци. Кратко, потоа подолго.„Три точки, три црти, потоа повторно три точки“, преведе Горан во

корист на другите. Во јазикот на најпознатиот радио-код на светот,тие основни звуци имаа недвосмислено значење.

СОС.„Од каде доаѓа ова?“, праша криминологот.Техничарот го проучуваше сигналот што се појави на неговиот

екран. Потоа погледна накај улицата и покажа: „Од куќатаотспротива.“

255

Page 256: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ц23

ело време им било пред очи.Куќата отспротива молчешкум, цел ден, ги посматраше

нивните трескавични напори. Тоа беше таму, на неколку чекориоддалеченост, повикувајќи ги, повторувајќи го своето чудно ианахроно барање помош.

Двокатната вила и припаѓала на Ивон Грес. Сликарката, како што јанарекувале соседите. Таа таму живеела со двете деца, син одединаесет и ќерка од шеснаесет години. Се преселиле во Капо Алтопо разводот на Ивон, а таа и се вратила на својата страст конуметноста, што ја напуштила како девојка за да се омажи занадежниот млад адвокат, Грес.

Во почетокот, апстрактното сликарство на Ивон не било најдоброприфатено. Галеријата во која ги изложила сликите ја затвориланејзината самостојна изложба без ниту едно продадено дело. НоИвон, убедена во својот талент, не се откажала. И кога еднапријателка и порачала портрет во масло на своето семејство за да гозакачи во рамката над каминот, Ивон ја открила својата силна точка.За многу кратко време таа станала една од најбараните сликарки напортрети меѓу луѓето уморни од вообичаените фотографии, коисакале на платно да ги овековечат своите сопствени кланови.

Кога Морзеовата кодирана порака го привлече вниманието накуќата од другата страна на улицата, еден од чуварите забележа декаИвон Грес и нејзините две деца веќе извесно време не биле видениоколу вилата.

Завесите беа спуштени, поради што беше невозможно да сепогледне внатре.

Пред Роше да издаде наредба да се влезе во вилата, Горан се обидеда го повика телефонскиот број на жената. Миг подоцна, во општататишина на улицата, се слушна слабо, но јасно ѕвонење што доаѓашеод внатрешноста на куќата. Никој не одговори.

Тие, исто така, се обидоа и да го контактираат нејзиниот

256

Page 257: Sepnuvacot - Donato Karizi

поранешен сопруг, со надеж дека барем децата ќе бидат таму. Когаго најдоа, тој им кажа дека веќе со години не слушнал ниту глас оддецата. Тоа и не беше чудно, затоа што фамилијата ја напуштилпоради еден фото-модел од дваесетина години, и мислел дека ќе јаисполни својата татковска должност со плаќање на редовнатаалиментација за да биде сигурен дека имаат за јадење.

Техничарите поставија термални сензори околу вилата, за даоткријат некаква трага од топлина во внатрешноста.

„Доколку има некој жив во таа куќа, наскоро ќе дознаеме“, им речеРоше, кој слепо и веруваше на ефикасноста на технологијата.

Во меѓувреме, ги проверија и струјата, и водата, и гасот. Односнитеконекции не биле исклучени, поради тоа што сметките биленаплатувани со директно задолжување, но мерните инструментибиле запрени пред три месеци: знак дека речиси деведесет дена никојне вклучил светло.

„Тоа е повеќе или помалку во истото време кога била завршенавилата на Кобаши и кога стоматологот со семејството се доселил вонеа“, забележа Стерн.

Горан ја замоли Роза: „Сакам да ги прегледаш снимките одкамерите: очигледно овде има некоја врска.“

„Да се надеваме дека нема веќе замрачувања на системот“, му речетаа.

„Се подготвуваме да влеземе внатре“, најави Горан.Во меѓувреме, Борис ја стави својата заштитна футрола на

мобилниот. „Јас сакам да одам внатре“, објави тој кога ја виде Милакако се појавува на прагот од возилото. „Тие не може да ме запратијас исто така сакам да одам.“ Тој не можеше да ја свари помислатадека Роше би можел да побара специјалците да влезат први. „Тиесамо прават метеж. Тие ќе треба да се движат во темница кога ќевлезат внатре...“

„Се сомневам дека ќе успеат во тоа“, забележа Мила, немајќинамера премногу да му се противи.

„И дали, исто така, ќе можат да гарантираат за своите докази?“,праша тој саркастично.

257

Page 258: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Во тој случај, и јас сакам да бидам внатре.“Борис запре за миг и ја погледна без ништо да каже.„Мислам дека го заслужив тоа – на крајот на краиштата, јас бев таа

која откри дека пораката беше...“Тој ја прекина, дофрлајќи и го вториот панцирен елек.Малку подоцна, тие го напуштија карван-возилото за да им се

придружат на Горан и на Роше, повторувајќи ги своите причини давлезат внатре.

„Не доаѓа предвид“, веднаш рече главниот инспектор. „Ова еоперација за специјалци. Не можам да дозволам такванепретпазливост .“

„Слушајте, инспекторе...“, дојде Борис и застана пред него, такашто овој не можеше да го игнорира. „Пратете не Мила и мене воизвидување. Останатите ќе влезат само ако навистина има потребаод тоа.“ Роше одби да попушти. „Сум бил во војска, истрениран сумза овие работи, Стерн има дваесетгодишно искуство на тоа поле, штоможам и да го потврдам, и доколку го имаше вториот бубрег, тојдоброволно ќе се пријавеше со мене, како што многу добро знаете.Како што било случај со агент Мила Васкез; таа влегла сама вокуќата на еден манијак кој како затвореници држел едно мало дете имомичка.“

Доколку Борис знаеше што навистина се случи кога таа ги стависопствениот и животот на заложниците на линијата на огнот, не би јаподдржал толку решително, со горчина си помисли Мила.

„Значи, размисли за тоа: некаде има една се уште жива момичка, нонема да биде уште долго.

Секое место на злосторството ни кажува повеќе за нејзиниотграбнувач.“ Потоа, Борис покажа накај куќата на Ивон Грес:„Доколку таму има нешто што може да не одведе до Алберт, ниетреба да го најдеме пред тој да го уништи. А единствениот начин енас да не пратиш внатре.“

„Јас не мислам така, специјален агенту“, му одговори тивко Роше.Борис направи чекор кон него и го погледна право в очи. „Сакате

ли повеќе компликации? Доста се и досегашниве што ги има...“

258

Page 259: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

Претпазлива закана, си помисли Мила. Таа беше изненадена штоБорис со таков тон му се обраќа на својот претпоставен. Но, сечинеше како да станува збор за нешто меѓу нив двајцата.

Роше го погледна Гавила, само еден миг подолго: бараше ли советили само сакаше со некој да ја сподели одговорноста за одлуката?

Но криминологот не се обиде да ја искористи ситуацијата, и самокимна со главата.

„Се надевам дека нема да зажалиме.“ Главниот инспектор намерноупотреби множина за да ја нагласи заедничката одговорност соГоран.

Во тој момент, се појави еден техничар со монитор за топлинскидокази. „Господине Роше, сензорите најдоа нешто на вториот кат...нешто живо.“ Сите се завртија и погледнаа накај куќата.

убјектот е се уште на вториот кат и не е помрднат оттаму“, јавиСтерн преку радиоврска.

Борис тивко изброи наназад пред да ја турне со рака влезната врата.Резервниот клуч му го даде заповедникот на обезбедувањето:постоеше дупликат за секоја вила што тие го чуваа кај себе во случајна итна потреба.

Мила ја проучуваше концентрацијата на Борис. Зад нив, луѓето одспецијалните сили чекаа подготвени да интервенираат. Специјалниотагент прв влезе внатре, а веднаш по него и таа. Нивното оружје бешеуедначено и покрај нивната Кевлар заштита, носеа слушалки,микрофон и мала светилка на десната слепоочница. Стерн ги водешеоднадвор со радиоврска, додека на екранот ги следеше движењата наконтурите откриени со помош на термалните сензори. Форматапокажуваше многубројни променливи бои кои упатуваа на различнитемператури на телото, од сина, жолта, до црвена. Не беше можно дасе протолкува вистинскиот изглед на субјектот.

Но, личеше на тело што лежи на подот.Би можело да е некој кој е повреден. Но пред да откријат, Борис и

Мила требаше да спроведат правилна истрага во согласност со

259

Page 260: Sepnuvacot - Donato Karizi

безбедносните процедури.Однадвор беа запалени два огромни моќни рефлектора што ги

осветлуваа двете фасади на вилата. Но, поради навлечените завеси,светлината одвај се пробиваше во внатрешноста. Мила се обиде да гиприспособи очите на темницата.

„Се е ОК?“, шепотејќи ја праша Борис.„Се е ОК“, му потврди таа.Во меѓувреме, на местото каде што порано беше тревникот на

Кобаши, сега стоеше Горан, посакувајќи цигара повеќе од кога и да есо години наназад. Беше загрижен. Особено заради Мила. Зад него,Сара Роза ги набљудуваше специјалните камери, седејќи пред четиримонитори. Доколку навистина постоеше врска помеѓу двете куќипоставени една спроти друга, тие наскоро ќе дознаат.

Првото нешто што го забележа Мила беше дека домот на Ивон Гресе во хаос.

Од вратата, таа имаше целосен поглед на дневната соба од левата, ина кујната од својата десна страна. Масата беше натрупана соотворени кутии од цереалии, полупразни шишиња од сок одпортокал и со кутии со расипано млеко. Имаше и празни конзерви одпиво. Шпајзот беше отворен и дел од храната беше расфрлан поподот.

Масата имаше четири стола. Но само една беше помрдната.Мијалникот беше полн со валкани чинии и со тенџериња облепени

со остатоци од храна. Мила ја насочи батеријата во фрижидерот: подмагнетот во форма на желка виде слика на русокоса жена во своитечетириесетти години, смеејќи се додека гушка едно мало момче иедна малку поголема момичка.

Во дневната соба, една ниска масичка сместена пред огроменплазма-екран беше покриена со празни шишиња од алкохол, соповеќе конзерви пиво и со пепелници преполни со догорчиња одцигари. Во средината на собата беше довлечкана една фотелја, а накилимот се забележуваа кални отпечатоци од чизми.

Борис го привлече вниманието на Мила и и ја покажа мапата накуќата, сугерирајќи дека би можеле да се одвојат и повторно да се

260

Page 261: Sepnuvacot - Donato Karizi

сретнат во подножјето на скалите што водеа на горниот кат. Тојпокажа накај делот зад кујната, задржувајќи ги библиотеката иработната соба за себе.

„Стерн, дали се уште е се ОК на првиот кат?“, шепна Борис восвоето радио.

„Не се мрда“, беше одговорот.Тие меѓусебно си кимнаа со главите и Мила тргна во правецот

наменет за неа.„Го добивме“, рече во истиот момент Сара Роза пред мониторот.

„Гледај...“Горан се наведна на нејзиното рамо: според датумот во аголот на

екранот, тие снимки датираа од пред девет месеци. Вилата наКобаши беше само градилиште. На забрзаните снимки, работницитецупкаа околу незавршената фасада како луди мравки.

„Гледај сега...“Роза ја забрза снимката додека не дојде до зајдисонце, кога секој го

напушта градилиштето за да си оди дома и да се врати следниот ден.Потоа го стави видеото на нормална брзина.

Во тој момент нешто засветка во кадарот на влезната врата навилата на Кобаши.

Тоа беше сенка, неподвижна, која чека. И која пушеше.Повремениот сјај од цигарата го откри неговото присуство.Човекот се наоѓаше внатре кај вилата, чекајќи да се стемни. Кога

стана доволно темно, тој излезе. Се сврти наоколу и потоа ги поминанеколкуте метри што го делеа од куќата отспротива и влезе без дачукне на вратата.

„Слушај...“Мила се наоѓаше во работната соба на Ивон Грес, каде што по сите

агли имаше платна, сликарски штафелаи и туби со бои расфрланинасекаде; кога во слушалките го слушна гласот на Горан, таа застана.

„Веројатно откривме што се случило во оваа куќа.“Мила чекаше.„Имаме работа со паразит.“Мила не го разбра, но Горан и го објасни терминот.

261

Page 262: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Секоја вечер, еден од работниците вработен во вилата на Кобашичекал додека се затвори градилиштето, а потоа веднаш се упатувал вокуќата од спротивната страна. Се плашиме дека може да го...“ –криминологот подзапре пред да ја дефинира таквата ужасна идеја –„киднапирал семејството во неговиот сопствен дом.“

Гостинот си го присвоил пријатното престојувалиште, убедувајќисе себеси дека е дел од животот на семејството. Сето тоа гооправдувал со својата наводна љубов. Но, кога му здодеала таафикција, се ослободил од своето ново семејство и побарал другопрестојувалиште за да го опустоши.

Додека ги гледаше гнилите остатоци од неговото поминување низработната соба на Ивон, Мила се потсети на ларвите на Ѕаrcophagacalnaria кои се гоштеваа на килимот на Кобаши.

Потоа го слушна Стерн како прашува: „Колку долго траело тоа?“„Шест месеци“, беше одговорот на Горан.Мила почувствува стегање во стомакот. Шест месеци Ивон и

нејзините деца биле заробеници на еден психопат кој бил способенда прави со нив што и да посака. И, уште повеќе, тој го правел тоамеѓу дузина други куќи, каде што живееја други семејства, изолираниво своите богати домови, замислувајќи дека можат да му избегаат наужасот од светот, верувајќи во една апсурдна идеална безбедност.

Шест месеци. И никој не забележал ништо.Тревникот бил косен секоја недела, а розите во леите постојано

биле негувани со љубов од страна на градинарите одрезиденцијалниот комплекс. Светилките на верандите билевклучувани навечер, со тајмер синхронизиран со временскиотраспоред што ги навестува правилата на кондоминиумот. Децатавозеле велосипеди или си играле со топка на патеките пред куќите,госпоѓите се шеткале муабетејќи за ова или за она, и си разменувалерецепти за слатки, мажите во неделите наутро оделе да трчаат и гимиеле автомобилите пред своите гаражи.

Шест месеци. И никој не видел.Тие не се чуделе зошто завесите се навлечени дури и преку ден. Не

забележале како се трупа поштата во поштенското сандаче. Никој не

262

Page 263: Sepnuvacot - Donato Karizi

обрнал внимание на отсуството на Ивон и на нејзините деца насоцијалните настани во клубот, како што се есенскиот бал илитомболата на 23 декември.

Декорирањето на Божикните елки – исто за целиот комплекс – какои обично, го организирал менаџментот, а потоа, по празниците, тиеги отстранувале декорациите. Телефонот ѕвонел без некој да се јави,Ивон и децата не доаѓале да ја отворат вратата кога некој ќе чукнел, асепак, никој не се посомневал.

Единствените роднини на Ивон живееле мошне далеку. Но, дури итие не помислиле дека има нешто чудно во тоа молчење што сеодолжило толку многу.

Во текот на тоа долго, долго време, малото семејство посакувало, сенадевало, се молело секој ден за помош или за внимание штоникогаш не пристигнале.

„Тој веројатно е садист. И ова е неговата игра, неговата претстава.“Неговата куќа на кукли, беа зборовите што поминаа низ умот на

Мила, кога помисли на облеката што беше облечена на телото штоАлберт го оставил на софата на Кобаши.

Таа помисли на невиденото насилство што го претрпеле Ивон инејзините деца во тој бескраен временски период. Шест месециизмачување. Шест месеци тортура. Шест месеци агонија. Но, кога ќесе размисли, било потребно многу помалку време за да заборави нанив целиот свет.

Дури и „чуварите на законот“ не забележале ништо, и покрај тоашто биле на должност дваесет и четири часа на ден – во состојба наготовност! – токму пред куќата. Тие, исто така, на некој начин, беасоучесници. Како и таа, исто така.

Мила помисли дека Алберт уште еднаш го впери светлото нахипокризијата на оној дел од човечката раса кој се чувствува„нормален“ само затоа што не оди наоколу убивајќи невини децаотсекувајќи им една од рацете. Но кој е способен за еднакво сериозенкриминал: рамнодушноста.

Борис ја прекина низата мисли на Мила.„Стерн, како се одвива ситуацијата горе?“

263

Page 264: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

„Нема ништо.“„Добро, тогаш да одиме.“Тие се сретнаа, како што се договорија, во подножјето на скалите

што водат на вториот кат, каде што се наоѓаа спалните соби.Борис и даде знак на Мила да го покрива. Од тој момент, тие ќе

внимаваат радиостаниците да молчат за да не ја откријат својатапозиција. Стерн беше овластен да го прекине молкот само за да гипредупреди ако живите силуети покажат некакво движење.

очнаа да се качуваат по скалите. Тепихот што ги покривашеимаше дамки: отпечатоци од стапки и од остатоци од храна. На

ѕидот веднаш до скалите беа наредени фотографии од годишниодмори, од родендени и од семејни забави, а на врвот беше закаченпортрет во масло на Ивон и на нејзините деца. Некој и ги ископалочите на сликата, можеби иритиран од тој упорен поглед.

Кога стигнаа до одморалиштето, Борис застана настрана за да јапричека Мила. Потоа заедно продолжија да се движат: различниполуотворени врати водеа во ходникот, кој на крајот вртеше лево.

Зад тој последен агол се наоѓаше последното живо присуство воцелата куќа.

Борис и Мила полека тргнаа натаму. Поминаа покрај една враташто беше подотворена. Мила го препозна ритмичниот звук наМорзеовата азбука што беше пратен во етерот. Полека ја отворивратата и се најде себеси како гледа во собата наединаесетгодишното дете. На ѕидовите имаше постери со планети, ана полиците книги од астрономија. Еден телескоп беше поставенпред прозорецот со решетки.

На малата маса се наоѓаше научна диорама: скала на репродукциина телеграфска станица од деветнаесеттиот век. Беше составена оддве дрвени штички со две батерии кои, преку електроди и бакарнажица, беа поврзани со перфориран диск што на еден клин се вртешево редовни интервали три точки, три црти, три точки. Целатанаправа со едно кабелче беше поврзана за воки-токи-то во шепата на

264

Page 265: Sepnuvacot - Donato Karizi

еден диносаурус. Диорамата на која беше закачена бронзена плочканосеше натпис ПРВА НАГРАДА.

Сигналот доаѓал оттука.Единаесетгодишното момче ја претворило својата домашна задача

во предавател, избегнувајќи ги проверките и забраните од човекот којго држеше како затвореник.

Мила го насочи снопот светлина од батеријата над разместениоткревет. Оздола се наоѓаше една валкана пластична канта. Исто таказабележа и знаци од триење на работ на горната страна на креветот.

На спротивната страна од ходникот беше собата нашеснаесетгодишната девојка. На вратата бојосани букви го формирааимето Кеира. Од вратата, Мила брзо ја разгледа собата. На подот беанатрупани чаршафи. Една фиока за долна облека стоеше исправена,исто така, на подот. Огледалото од комодата со фиоки беше ставенопред креветот. Не беше тешко да се замисли зошто. И тука се гледаазнаци на триење на потпирачите.

Лисици, помисли Мила. Преку ден тој ги држел врзани за нивнитекревети. Овојпат, валканата пластична канта се наоѓаше во аголот.Мора да била употребувана за телесни потреби.

Неколку чекори потаму беше собата на Ивон. Душекот бешеизвалкан и имаше само еден чаршаф. На килимот имаше траги одблуеница, а насекаде низ собата беа расфрлани марамчиња. На еденѕид имаше шајка на којашто некогаш била закачена слика, но кадешто сега висеше еден кожен ремен во целата своја големина,потсетник за тоа за кого служел и како.

Ова била твоја соба за три, копиле едно! И очекувам да платиш затоа што одвреме-навреме си ја посетувал и малата момичка! А когаќе си се изморел од нив, си одел во спалната соба наединаесетгодишното дете, дури и само за да го тепаш...

Гневот беше единствената емоција што и беше одобрена во овојживот. И Мила го искористи, лакомо пиејќи од тој темен извор.

Не постоеше начин да се дознае колку пати Ивон Грес сеприсилувала себеси да биде „фина“ спрема монструмот, само за да гозадржи со себе во таа соба, оттргнувајќи го тој да излезе кај

265

Page 266: Sepnuvacot - Donato Karizi

нејзините деца.„Деца, таму нешто се движи.“ Гласот на Стерн беше вознемирен.Борис и Мила во исто време се завртија спрема аголот на крајот од

ходникот. Немаше веќе време да се прегледува местото. Обајцата гинасочија своите пиштоли и батериските ламби точно во тој правец,чекајќи во секој момент да видат како нешто се појавува.

„Не мрдај!“, и рече Борис.„Доаѓа накај тебе.“Мила го намести показалецот на чкрапалото и почна лесно да го

притиска. Го слушна срцето како со крешчендо и чука во ушите.„Зад аголот е.“Појавата се најави со нејасно цимолкање. Се појави една влакнеста

муцка и погледна во нив. Тоа беше еден њуфаундлендер. Мила гокрена оружјето, а го виде и Бориса како го прави истото.

„Се е ОК“, рече во радиото, „тоа е само куче.“Крзното му беше неуредно и лепливо, очите црвени, а на едната

шепа имаше повреда.Тој не го убил, помисли Мила приближувајќи му се.„Дојди, момче, дојди тука...“„Преживеал сосема сам најмалку три месеци: како успеал во тоа?“,

се чудеше Борис.Кога Мила зачекори кон него, песот се поврати наназад.„Внимателно, исплашен е. Може да те касне.“Мила не обрна внимание на зборовите на Борис и почна пополека

да му се приближува на њуфаундлендерот. Таа клекна за да го смири,и му викна: „Дојди, момче, дојди кај мене.“

Кога доволно му се приближи, виде дека на ремчето околу вратотноси плочка со името. Го прочита неговото име на светлината одбатеријата.

„Њуфи, дојди кај мене, дојди...“Најпосле, кучето и дозволи да дојде до него. Мила ја стави дланката

пред неговата муцка, за да може да ја душне.Борис веќе стана нестрплив. „ОК, ајде да прекинеме да ја

проверуваме мапата и да ги донесеме другите.“

266

Page 267: Sepnuvacot - Donato Karizi

Песот ја крена шепата накај Мила, небаре се обидува нешто да ипокаже.

„Чекај...“„Што?“Мила не му одговори, туку се исправи на нозе и виде дека

њуфаундлендерот отишол повторно назад во темниот агол находникот.

„Тој бара да го следиме.“Тие тргнаа зад него. Завртија зад аголот и видоа дека ходникот

завршува неколку чекори потаму. На крајот, од десната страна,имаше уште една соба.

Борис провери на мапата. „Таа гледа на задниот дел, но не знамшто е.“

Вратата беше затворена. Пред вратата имаше натрупано разнинешта. Една прекривка за кревет со дезен со коски, една длабокачинија, разнобојна топка, еден ремен и остатоци од некаква храна.

„Еве кој го напаѓал шпајзот.“„Се прашувам зошто ги качил овие предмети горе...“Њуфаундлендерот ја дофати вратата како да потврдува дека тоа

сега било негов простор.„Дали рече дека сиве овие нешта самиот ги качил до овде? Зошто?“Како да одговара на прашањето од Мича, кучето почна да гребе по

дрвото од вратата и да цимоли.„Сака да влеземе внатре...“Мила го зеде ремчето и го врза песот за еден радијатор.„Биди добар, Њуфи.“Њуфаундлендерот залаја, небаре разбра. Тие ги тргнаа работите од

пред вратата, а Мила ја фати кваката, додека Борис го насочипиштолот во вратата: термалните сензори не открија никакво другоприсуство во куќата, но никогаш не се знае. Сепак, и обајцата беаубедени дека таа тенка бариера го прикрива трагичниот епилог наона што толку многу месеци се случувало тука.

Мила ја спушти раката за да ја отвори вратата и потоа ја поттурна.Светлото од батериските ламби ја проби темницата. Сноповите се

267

Page 268: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н

движеа од една страна на друга.Собата беше празна.Беше голема околу шест на три метри. На подот немаше килим, а

ѕидовите беа измолерени бело. Прозорецот беше прекриен со тешказавеса. На таванот висеше ламба. Се чинеше како никогаш да не билаупотребувана собата.

„Зошто не доведе тука?“, праша Мила повеќе за себе отколку заБорис. „И каде се Ивон и нејзините деца?“

Таа го избегна вистинското прашање: Каде завршиле телата?„Стерн.“„Да?“„Внесете ги научниците, ние завршивме.“Мила се врати во ходникот и го ослободи кучето, кое избега од неа

во собата. Го гледаше како се смести во аголот.„Њуфи, не може да останеш овде!“Но кучето не се помрдна. Потоа таа му се приближи со ремчето в

рака. Животинчето повторно лавна, но не заканувачки. Потоа почнада го душка дрвениот под. Мила се наведна зад него, туркајќи му јамуцката настрана и насочувајќи ја својата батериска ламба за да видиподобро. Но, таму немаше ништо. Тогаш – виде.

Кафеава дамка.Беше помала од три милиметри. Се приближи до неа и забележа

дека е правоаголна, со малку збрчкана површина.Мила не се сомневаше што беше тоа. „Тука се случило“, рече.Борис не ја разбра.Потоа се заврти накај него: „Тука ги убил.“

ие всушност забележавме дека некој влегува во куќата... но,знаете, Ивон Грес беше привлечна жена која живееше сама... па,

понекогаш имаше посети доцна навечер од мажи во соседството.“Заповедникот на обезбедувањето значајно кимна со главата, на што

Горан реагираше поткренувајќи се на прсти за да му се загледа воочите.

268

Page 269: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Да не сте се осмелиле да инсинуирате нешто такво.“Тој ова го кажа со неутрален тон, но во гласот се чувствуваше

закана.Шефот на обезбедувањето требаше да се обиде да ја оправда оваа

сериозна грешка, и негова и на неговиот потчинет. Но, тој бешеизбрифиран од адвокатите на комплексот Капо Алто. Нивнатастратегија предвидуваше Ивон Грес да биде претставена како леснажена, само затоа што беше сама и независна.

Горан забележа дека креатурата – тој не можеше да смисли другзбор за него – која доаѓала и заминувала од нејзината куќа цели шестмесеци, го злоупотребила истиот изговор за да се задоволува себеси.

Криминологот и Роза прегледаа голем дел од снимките за тој долгвременски период. Требаше да го забрзуваат снименото, но повеќеили помалку, истите сцени се повторуваа – пак и пак. Понекогашчовекот не доаѓаше и Горан си замисли дека тие ноќи биленајдобрите за изолираното семејство. Но можеби, истовремено, билеи најлошите, затоа што значело дека нема да бидат одврзани одсвоите кревети и нема да можат ништо да каснат ниту да се напијатвода кога тој не внимавал на нив.

Да се биде силуван значеше преживување во вечното барање напомалото зло.

Филмот исто така го покажуваше човекот преку ден, како работи наградилиштето. Тој секогаш носеше капче со визир, што спречувашекамерите да го снимат неговото цело лице.

Стерн го распраша сопственикот на градежната фирма кој гонајмил како сезонски работник. Името на човекот било Лебрински,но се покажа дека било лажно. Тоа честопати се случуваше, најмногупоради тоа што на градилиштата беа вработувани странскиработници без дозвола за престој. Според законот, газдите беа самообврзани да им ги побараат документите, без да проверат каде сеиздадени.

Некои од работниците кои во тоа време работеле на вилата наКобаши рекоа дека „Лебрински“ бил воздржан и дека се си чувалсамиот за себе. Тие, според сеќавањата, дадоа негов опис за да се

269

Page 270: Sepnuvacot - Donato Karizi

направи фото-робот. Но на крајот, реконструкцијата беше премногуразлична за да биде употреблива.

Кога заврши со шефот на обезбедувањето, Горан им се придружина другите во вилата на Ивон Грес, што сега беше во ексклузивендомен на Креп и на неговите луѓе.

Остроумните експерти за отпечатоци на прсти весело брбореа преднего додека се движеше наоколу како џуџе во некоја волшебна шума.Куќата имаше нестварен изглед: килимите беа целосно покриени сопластични фолии, а насекаде беа поставени халогени ламби за даосветлуваат различни делови, па дури и детали. Луѓе во беликомбинезони и со заштитни очила од плексиглас ја бришеа од правречиси секоја површина.

„ОК, нашиот човек не е многу бистар“, почна Креп. „Настрананередот што го направил песот, тој насекаде оставил различниотпадоци: конзерви, догорчиња од цигари, употребени чаши. Имадоволно ДНК за да го клонираме.“

„Отпечатоци од прсти?“, го праша Сара Роза. „Со тони! Но, за жал,никогаш не бил гостин во нашите затвори и во архивата не постоиништо негово.“

Горан одмавна со главата; еден куп траги како овие, а се уште не евозможно да се најде осомничениот. Се разбира, паразитот бил многупонепретпазлив од Алберт, кој ги онеспособил сигурносните камерипред да влезе со момичката во куќата на Кобаши. Токму поради таапричина, имаше едно нешто што за Горан немаше смисла.

„Што можеш да ми кажеш за телата? Го прегледавме филмот ипаразитот никогаш ништо не изнесол од куќата.“

„Затоа што не излегле низ врата...“Тие погледнаа едни во други, обидувајќи се да разберат што значи

оваа реченица. Креп додаде: „Ќе ги провериме одводните цевки,мислам дека на тој начин се ослободил од нив.“

Тој ги има исечкано, заклучи Горан. Тој манијак глумел, делумнољубен сопруг, делумно обожаван татко. И еден ден, се ослободил однив, или можеби само ја завршил работата на куќата отспротива, идошол овде за последен пат. Можеби Ивон и нејзините деца имале

270

Page 271: Sepnuvacot - Donato Karizi

претчувство дека крајот наближува.„Но јас го спасив најчудното нешто досега...“, рече Креп.„Што би можело да биде тоа?“„Празната соба на катот над нас, онаму каде што нашата пријателка

полицаец ја нашла таа мала дамка од крв.“Горан забележа како Мила се вкочани, подготвена за одбрана.

Експертот предизвикуваше таков ефект кај многумина луѓе.„Собата на вториот кат би можела да биде моја ’Сиктинска

капела’“, нагласи Креп. „Таа дамка ни сугерира дека таму биломестото каде што се случил масакрот. И дека потоа, исчистил се,иако го испуштил тој детаљ. Но тој сторил повеќе од тоа: всушност,повторно ги бојосал ѕидовите.“

„Зошто би го правел тоа?“, праша Борис. „Бидејќи е глупав, тоа емошне очигледно. Со оставањето таков неред и толку многу траги, исо пуштањето вода во тоалетната школка по останките, тој веќе сизаработил животна казна. Тогаш, зошто да се измачува да ја освежувасобата?“

И за Горан мотивот беше нејасен. „Па како ќе продолжиш одовде?“„Ќе ја излупиме бојата и ќе видиме што има под неа. Тоа ќе ни

одземе малку време, но со новите техники можеме да ја откриемесекоја крвава дамка што тој идиот се обидел толку детски да јаприкрие.“

Горан не беше убеден. „Се што имаме досега е недозволенозатворање и прикривање на тела. Тој ќе заработи затвор, но тоа незначи дека правдата ќе биде задоволена. За да се дознае вистината, иза да се уапси за убиство, нам исто така ни треба таа крв.“

„Ќе ја имаш.“Дотогаш имаа само мошне краток опис на субјектот што го бараа.

Тие го споредија со податоците што ги собра Креп.„Би рекла дека тој е маж меѓу четириесеттата и педесеттата

година“, почна Роза. „Добро граден и висок околу метар и шеесет.“„Трагите од чевли на килимот се околу број девет, па би рекол дека

е тука некаде.“„Пушач.“

271

Page 272: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Сам си прави цигари од тутун и од хартија.“„Како мене“, рече Борис. „Секогаш сум задоволен кога имам нешто

заедничко со типови како овој.“„И би рекол дека сака кучиња“, заклучи Креп.„Само заради тоа што го оставил жив њуфаундлендерот?“, го праша

Мила.„Не, драга моја. Најдовме и некои влакна од некој мелез.“„Но кој вели дека човекот ги внесол во куќава?“„Ги најдовме во калта од трагите од чевлите што ги оставил врз

килимот. Очигледно, имаше материјал од градилиштето – цемент,лепила и разредувачи – кои служат како лепило за останатото.Вклучувајќи го и материјалот што типот го донесол од дома.“

Креп ја погледна Мила како некој што бил непромисленопредизвикан и кој конечно го надминал тоа со заслепувачки блесок.По тој краток интервал на слава, тој го тргна погледот од неа иповторно стана ладнокрвен професионалец каков што го знаеја сите.

„И има уште едно нешто, но уште не сум решил дали вреди да сеспомнува.“

„Кажи ни го, како и да е“, му упадна Горан. Тој знаеше колку Крепсака да биде распрашуван.

„Во таа кал од неговите чевли имаше висока концентрација набактерии. Го прашав за мислење мојот хемичар, кому најмногу муверувам...“

„Зошто хемичар, а не биолог?“„Затоа што претпоставив дека тоа се бактерии што се ’јадачи на

отпадоци’, кои постојат во природата, но се употребуваат заразлични потреби, така што лапаат пластика и нафтени деривати.“Потоа стана подиректен: „Тие, всушност, не јадат ништо, туку самопроизведуваат ензими. И се употребуваат за чистење на поранешнидепонии...“

На овие зборови, Горан забележа дека Мила одненадеж го погледнаБориса, и дека и тој го стори истото.

„Поранешни депонии? Свети лајненици... ние го знаеме тој тип!“

272

Page 273: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ф24

елдер ги чекаше.Паразитот беше на врвот на ѓубриштето, обвиткан во својот

кожурец.Ги имаше натрупано сите видови оружја во месеците подготовки за

конечното откривање на картите. Тој, всушност, и не направи којзнаеколку за да се скрие. Знаеше дека порано или подоцна некој ќе дојдеи ќе му побара објаснување.

Мила пристигна со остатокот од тимот, следен од единицатаспецијалци, кои се распоредија околу имотот.

Од својата возвишена позиција, Фелдер можеше да ги има подконтрола приодите до поранешната депонија. Ги беше исекол идрвјата што му го попречуваа видикот. Но не почна веднаш да пука.Чекаше да заземат позиција, па потоа почна да стрела.

Првин нанишани кон своето куче Коч, еден ’рѓосан мелез, којталкаше низ старото железо. Го уби со еден истрел во главата.Сакаше да им покаже на луѓето надвор дека е сериозен. А можеби ида го поштеди животното од полоша смрт, помисли Мила.

Склопчена зад едно оклопно возило, полицајката го посматрашеместото. Колку време помина од оној ден кога со Борис стапнаа вотаа куќа? Отидоа таму за да го прашаат Фелдер за религиознатаинституција каде што порасна, а тој во себе криел тајна многупострашна од онаа на Роналд Дермис.

Тој излажа за многу нешта.Кога Борис го праша дали некогаш бил в затвор, одговори

потврдно. А тоа всушност не беше вистина. Затоа тие не можеа данајдат отпечатоци што одговараат на оние оставени во куќата наИвон Грес. Но, тој ја употреби таа лага за да се осигури дека двајцатаагенти не знаат речиси ништо за него. И Борис не забележа ништо,затоа што, обично, не лажете за да дадете негативна претстава засебе.

Фелдер го направи тоа. Тој беше прилично лукав, си помисли

273

Page 274: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила.Ги процени и почна да си игра со нив, сигурен дека немаат

индиции да го поврзат со куќата на Ивон. Доколку се сомневаше воспротивното, веројатно немаше живи да ја напуштат таа куќа.

Мила вторпат беше измамена од неговото присуство на ноќниотпогреб на Роналд. Таа помисли дека тоа е гест на сожалување, кога,всушност, Фелдер ја проверувал ситуацијата.

„Ајде, копилиња, дојдете и фатете ме!“Куршумите од автоматската пушка летаа низ воздухот, некои тапо

одбивајќи се од оклопните возила, други ѕвечкајќи по старотожелезо.

„Кучкини синови! Нема да ме фатите жив!“Никој не му одговори, никој не се обиде да преговара со него. Мила

погледна наоколу: немаше никаков преговарач со мегафон, подготвенда му каже да го спушти оружјето. Фелдер веќе си ја имашепотпишано својата посмртница. Никој од луѓето надвор не бешезаинтересиран да му го спаси животот.

Тие само чекаа на еден негов погрешен потег за да го збришат одлицето на земјата.

Неколку снајперисти веќе се наоѓаа на своите позиции, подготвенида стрелаат веднаш штом ќе мрдне. Дотогаш го оставаа да вреска.Тоа ја зголемуваше веројатноста дека ќе направи некаква грешка.

„Таа беше моја, копилиња! Моја! Само и го дадов тоа што госакаше!“

Тој ги предизвикуваше. И, судејќи според лицата што се ѕвереа вонего, обидот беше успешен.

„Треба да го фатиме жив“, рече конечно Горан. „Тоа е единствениотначин да ја откриеме врската меѓу него и Алберт.“

„Не мислам дека момците во специјалната единица се согласуваатсо тебе, докторе“, му рече Стерн.

„Тогаш, треба да зборуваме со Роше: тој треба да даде наредба да сеповика преговарач.“

„Фелдер нема да дозволи да биде фатен: тој веќе предвидел се,вклучувајќи ја и својата сопствена смрт“, забележа Сара Роза. „Тој се

274

Page 275: Sepnuvacot - Donato Karizi

обидува да смисли драматичен пресврт кој ќе му овозможи да заминепрославувајќи се со експлозија.“

Таа не грешеше. Пиротехничарите кои само што пристигнаа,открија некакви разлики во теренот што ја опкружува куќата.„Нагазни мини“, еден од нив го информира Роше, кој дојде да им сепридружи.

„Со сите лајна што се наоѓаат под ова, би можело да биде крај насветот.“

Геологот што го консултираа потврди дека ѓубрето натрупано какорид би можело да содржи тони метан произведен од распаѓањето наостатоците.

„Би требало веднаш да го напуштите местово; пукањето може дабиде разорно.“

Горан инсистираше дека би требало барем да се обидат дапреговараат со Фелдер. На крајот, Роше му дозволи половина час.

Криминологот помисли да употреби телефон, но Мила се сети декалинијата беше исклучена поради неплаќање, затоа што кога таа иБорис се обидоа пред некој ден да го контактираат Фелдер, добијаснимена порака. На телефонската компанија и беа потребни седумминути за повторно воспоставување на линијата. Им остануваа уштедваесет и три за да го убедат човекот да се предаде. Но кога неговиотдомашен телефон почна да ѕвони, Фелдер реагираше со стрелба вонив.

Горан не се предаваше. Го зеде мегафонот и застана зад оклопнотовозило кое беше најблизу до куќата.

„Фелдер, овде е Горан Гавила!“„Фати видвиделија!“, по ова, следуваше истрел.„Слушај ме: јас те презирам, како и сите други луѓе овде.“Мила сфати дека Горан нема да се пазари со Фелдер правејќи да

верува нешта што не беа вистина, бидејќи немаше корист од тоа.Човекот веќе си ја избрал судбината. Затоа и криминологот веднашги стави своите карти на маса.

„Ти, лајно низаедно, не сакам да те слушам.“ Друг истрел, овојпатсамо неколку сантиметри од местото каде што стоеше Горан. Иако

275

Page 276: Sepnuvacot - Donato Karizi

добро заштитен, Горан се сепна.„Но ќе ме слушаш, затоа што имам нешто да ти кажам.“Што ли можеше да му понуди кога ја достигнаа оваа точка?

Стратегијата на Горан за Мила немаше смисла.„Ни требаш, Фелдер, бидејќи најверојатно знаеш кој го држи

затворено шестото дете. Ние го нарекуваме Алберт, но сигурен сумдека ти го знаеш неговото вистинско име.“

„Ич не ми е гајле.“„Треба да ти е гајле, затоа што во моментов постои награда за таа

информација!“Наградата.Значи тоа беше играта на Горан. Десетте милиони што ги понуди

Фондацијата Рокфорд за оној кој ќе обезбеди информација што ќепомогне да се спаси момичката број шест.

Некој би можел да се чуди каква предност може да биде таа сума зачовек кој беше сигурен дека ќе оди в затвор. Мила разбра.Криминологот се обиде во умот на Фелдер да ја внесе идејата дека сотие пари би можел да избега, дека би можел да го ’зафркнесистемот’. Истиот систем што го прогонуваше целиот негов живот,правејќи од него тоа што е. Мизерен несреќник, губитник. Со тиепари можеше да си дозволи познат адвокат, кој би можел даиздејствува намалување на обвинувањето врз основа на намаленаодговорност, правна опција обично резервирана за богати обвинети,затоа што тешко можеше да се одржи и да се докаже без соодветноколичество пари. Фелдер би можел да се надева на пониска казна –можеби на околу дваесет години – што ќе ја отслужи не в затвор,туку меѓу пациентите во судската психијатриска болница. Потоа,кога ќе излезе, ќе ужива во остатокот од своето богатство. Какослободен човек.

Горан ја погоди целта. Затоа што Фелдер секогаш сакал да биденешто повеќе. Поради тоа и отишол во куќата на Ивон Грес. За дадознае, барем еднаш, какво е чувството да се живее привилегиранживот, во богат крај, со прекрасна жена и прекрасни деца, и сопрекрасни нешта околу себе.

276

Page 277: Sepnuvacot - Donato Karizi

Сега имаше шанса да добие двоен резултат: да ги освои тие пари ида се извлече од тоа што го стори.

Би можел веднаш да излезе од таа куќа, смеејќи се кога ќепоминува покрај стотината полицајци кои го посакуваа мртов. Нонад се, тој ќе излезе како богат човек. На многу начини, каковистински херој.

Немаше навреди, немаше истрели како одговор од Фелдер. Тојразмислуваше.

Горан го искористи молчењето за да ги дополни своите предлози.„Господине Фелдер, никој не може да ви го одземе тоа што сте го

заработиле. И покрај тоа што не сакам да признам, многумина луѓеќе треба да ви се заблагодарат. Затоа, спуштете го оружјето, излезетенадвор и предадете се...“

Уште еднаш, злото во служба на доброто, помисли Мила. Горанја употреби истата техника за да извлече нешто добро.

Поминаа неколку навидум бесконечни секунди. Но Горан знаешедека колку повеќе секунди поминуваат, толку повеќе постои надеждека неговиот план може да успее. Од зад оклопното возило што гозаштитуваше, тој забележа дека еден од луѓето од специјалнатаединица подава стап со мало огледало на неа за да ја проверипозицијата на Фелдер во куќата.

Миг подоцна го забележа во огледалото.Можеа да му ги видат само рамото и задниот дел на вратот. Носеше

маскирен жакет и ловџиска капа. Потоа за момент се виде неговиотпрофил и неуредната брада.

Се случи само за дел од секунда. Фелдер ја крена пушката, можебиза да пука или како знак дека се предава.

Над нивните глави брзо се слушна придушено фучење.Пред Мила да сфати што се случува, првиот куршум веќе го погоди

Фелдера во вратот. Потоа стигна и вториот, од друга насока.„Не!“, се развика Горан. „Запрете! Не пукајте!.“Мила го виде елитниот снајперист од специјалната единица како се

појавува од своето засолниште, за да може подобро да гаѓа.Двете дупки што Фелдер ги доби во вратот ја распрскаа крвта во

277

Page 278: Sepnuvacot - Donato Karizi

ритамот на неговата каротидна артерија. Се влечеше на едната нога,со широко отворена уста. Со едната рака очајнички се обидуваше даги затвори раните, додека со другата се обидуваше да ја држипушката крената за да го возврати огнот.

Горан, не грижејќи се за опасноста, излезе на отворено воочајнички обид да го запре времето.

Во тој миг, трет истрел, многу попрецизен од претходните два, јапогоди својата цел во вратот.

Паразитот беше истребен.

278

Page 279: Sepnuvacot - Donato Karizi

С25

абина сака кучиња, го знаевте ли тоа?“Таа го кажа тоа во сегашно време, помисли Мила. Тоа беше

нормално: мајката се уште се нема помирено со својата тага. Наскороќе почне да се случува тоа. И за неколку дена ќе нема ниту мир нитусон.

Но не сега, беше премногу брзо.Понекогаш, во случаи како овој, поради некаква причина, тагата

остава простор, пречка меѓу вас и информацијата, една еластичнапречка што се растегнува и повторно се собира, без да им дозволи назборовите „го најдовме телото на вашата ќерка“ да ја пренесатпораката до своето одредиште. Зборовите се одбиваат од тоа чудночувство на спокојство. Кратка пауза на помирување пред крахот.

Неколку часови претходно, Чанг и даде на Мила коверт што гисодржеше споредбените резултати од ДНК анализите. Детето насофата на Кобашиеви беше Сабина.

Третата за обдукција.И третата најдена.Тоа сега беше консолидирана програма. Моdus operandi, би кажал

Горан. Иако никој не се осмели да излезе со какви и да е хипотези заидентитетот на телото, секој очекуваше да биде тука.

Мила ги остави колегите да се чудат за неочекуваниот пораз наФелдер во својот дом и да се обиде да ја пребара таа планина одотпадоци заради можни траги што можат да ги одведат кај Алберт.Таа го замоли Одделот за автомобили и сега се наоѓаше во дневнатасоба во куќата на родителите на Сабина, во една област на село,главно населена од одгледувачи на коњи и од луѓе кои избрале даживеат во близина на природата. Таа возеше речиси петстотиникилометри за да стигне таму. Сонцето заоѓаше и можеше да ужива вошумскиот пејзаж испресечен со потоци што ги полнеа со вода жолтообоените базени. Помисли дека нејзината посета може да бидесмирувачка за родителите на Сабина, дури и во вакво необично време

279

Page 280: Sepnuvacot - Donato Karizi

на денот, да биде како знак дека некој се погрижил за нивната ќерка.И не грешеше.

Мајката на Сабина беше ситна и слабичка, лицето и беше покриеносо ситни линии кои покажуваа дека е силна. Мила ги гледашефотографиите што жената ги стави во нејзините раце, слушајќи јакако зборува за единствената ќерка и за само седумте години нанејзиниот живот. Нејзиниот татко стоеше во аголот на собата,навален накај ѕидот, со затворени очи и со рацете на грб: тој селулаше напред-назад, концентрирајќи се само на дишењето. Милабеше сигурна дека во куќата владее неговата сопруга.

„Сабина беше недоносена: се роди осум недели порано. Си рековмесебеси дека така се случило затоа што ја имаше таа луда желба дадојде на овој свет. И има некаква вистина во тоа...“ Се насмевна ипогледна во својот сопруг, кој кимна со главата. „Лекарите отворенони кажаа дека нема да преживее поради своето преслабо срце. Но,наспроти сите предвидувања, Сабина преживеа. Беше голема колкумојата дланка и тежеше одвај половина килограм, но упорно себореше во инкубаторот. И недела по недела, нејзиното срцестануваше се посилно и посилно... Потоа лекарите го променијасвоето мислење и ни кажаа дека веројатно ќе преживее, но деканејзиниот живот ќе се состои од болници, лекови и операции. Се насе, дека ќе било подобро за нас доколку таа умре....“ Жената запре замиг. „Во еден момент, јас бев толку убедена дека мојата ќеркаостатокот од својот живот ќе го мине во страдање, што се молевнејзиното срце да запре. Но, Сабина беше посилна од моите молитви:се развиваше како нормално дете и осум месеци откако се роди, јадонесовме дома.“

Жената престана да зборува. Во еден миг, изразот на нејзинотолице се промени. Стана грдо.

„Тој кучкин син ги упропасти сите нејзини напори!“Сабина беше најмладата од жртвите на Алберт. Таа беше грабната

од рингишпил. Во сабота навечер. Пред нејзините мајка и татко, ипред очите на сите други родители.

Секој гледал ѕо своето сопствено дете, рече Сара Роза на првиот

280

Page 281: Sepnuvacot - Donato Karizi

состанок во собата за размислување. И Мила се потсети на она штого додаде: На луѓето не им е ѓрижа, тоа е реалноста.

Мила не отиде таму само за да ги утеши родителите на Сабина,туку и да им постави неколку прашања. Знаеше дека ќе мора да јаискористи предноста на овие моменти пред да се урне страдањетоврз нивното привремено засолниште и да уништи се, еднашзасекогаш. Беше свесна и за фактот дека двојката била испрашуванадузина пати за околностите под кои исчезнала малата момичка. Номожеби тие испрашувачи го немале нејзиното искуство за исчезнатидеца.

„Факт е“, почна таа, „дека вие сте единствените кои можеби виделеили забележале нешто. Во сите други случаи, киднаперот дејствувална изолирани места, или кога бил сам со своите жртви. Во овојслучај, тој презел ризик. И, исто така, можно е и дека нешто тргналонаопаку.“

„Сакате ли да ви кажам се од почеток?“„Да, Ве молам.“Жената ги среди мислите и почна: „Тоа беше специјална вечер за

нас. Морате да знаете дека кога ќерка ми наполни три години,решивме да ја оставиме нашата работа и да се преселиме тука. Бевмепривлечени од пејзажот и од можноста нашата ќерка да ја донесемеовде, далеку од бучавата и од смогот.“

„Рековте дека вечерта кога беше грабната ќерка ви, била специјалназа вас...“

„Така е.“ Жената се обиде да го улови погледот на својот сопруг, апотоа продолжи: „Добивме на лотарија. Голема сума. Не толку многуза да станеме богати, но доволно за да им овозможиме на Сабина ина нејзините деца удобна иднина... Никогаш дотогаш не сум гопрактикувала тоа. Но, едно утро купив среќка и – тоа се случи.“

Жената се присили на насмевка.„Се обложувам дека секогаш сте се прашувале што би правеле ако

добиете на лотарија.“Мила кимна со главата. „И така, отидовте на панаѓурот за да

прославите, точно?“

281

Page 282: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Точно.“„Сакам да го реконструирате точниот момент кога Сабина беше на

тој рингишпил.“„Заедно го избравме синото коњче. За време на првите два круга,

татко и стоеше со неа. Потоа Сабина инсистираше третиот пат да сезаврти сама. Беше мошне упорна и и го дозволивме тоа.“

„Сум го видела тоа, многу е природно за деца“, забележа Мила за даја ослободи од секакво чувство на вина.

Жената ја погледна Мила и потоа самоуверено кажа: „Нарингишпилот имаше и други родители, секој покрај своето дете.Моите очи беа фиксирани врз моето. Се колнам дека не испуштивниту една единствена секунда од тоа време. Освен кога Сабина сенаоѓаше на спротивната страна од нас.“ Тој направил таа да исчезнекако во илузионистички трик, беше кажал Стерн во собата заразмислување.

Мила објасни: „Нашите претпоставки се дека грабнувачот веќе сенаоѓал на рингишпилот: еден родител меѓу многу други. Поради тоа,мислиме дека веројатно како и секој друг обичен човек: успеал дапомине како татко, веднаш оддалечувајќи се со малата момичка иисчезнувајќи во толпата народ. Сабина можеби плачела или некакореагирала. Но, никој не обрнал внимание затоа што во сечии очи таабила само мала момичка во настап на бес.“

Веројатно идејата дека Алберт поминал како татко на Сабинаповредуваше повеќе од што и да е друго.

„Ве уверувам, агенту Васкез, доколку имаше некој чуден човек нарингишпилот, јас ќе го забележев. Мајката има шесто сетило за таквинешта.“

Таа ова го кажа со толкава убеденост што Мила не сакаше да и сепротиви.

Алберт успеал перфектно да се маскира.Дваесет и пет полициски службеници, десет дена затворени в соба,

внимателно разгледуваа стотици фотографии сликани таа вечер напанаѓурот. Тие, исто така, ги изгледаа и аматерските филмовиснимени на семејни видео камери. Ниту едно кадро не ја овековечило

282

Page 283: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

Сабина со својот грабнувач, дури ниту како бега со неа. Тие не сепојавија ниту на некоја поединечна фотографија, дури ни какобезбојни сенки во заднината.

Мила немаше други прашања, така што се подготви да си оди. Предда замине, мајка и на Сабина инсистираше таа да земе со себе еднафотографија од ќерка и.

„Така нема да ја заборавите“, и рече, несвесна дека Мила нема да јазаборави никогаш и дека тие неколку часа ќе дадат данок на таа смртво форма на нова лузна. „Ќе ја земете, нели?“

Мила не се изненади од прашањето на таткото на Сабина,всушност, и го очекуваше. Секој ја прашуваше истото. „Дали ќе гофатите убиецот?“

И таа одговараше онака како и секогаш во ваквите случаи.„Ќе сториме се што можеме.“

ајката на Сабина ја посакувала смртта на својата ќерка.Нејзината желба се остварила седум години подоцна. Мила не

можеше да не мисли на ова додека возеше назад во студиото.Шумичките што го правеа пријатно нејзиното патување натаму, сегабеа како темни прсти што се издигаа накај разбуричканото небо.

Го програмира уредот за сателитска навигација, за да ја врати понајкусиот постоен пат. Потоа го вклучи екранот на ноќна опција.Сината светлина ја релаксираше.

Радиото во автомобилот ги фаќаше само станиците на долгибранови и по кратко талкање по фреквенциите, најде една штосвиреше стара класика. Мила ја стави фотографијата на Сабина наседиштето крај себе. Фала му на Бога, нејзините родители беапоштедени од болниот процес на идентификација на телото, когаостанките веќе беа плен на fauna cadaverica. Поради таа причина,Мила го благословуваше откривањето на потеклото преку ДНК.

Тој краток разговор и даде чувство на нецелосност. Нешто бешепогрешно, нешто што не соодветствуваше, нешто што се испречи напатот.

283

Page 284: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ова беше едноставен надомест. Еден ден жената купила тикет одлотарија и добила. Ќерка и станала жртва на сериски убиец.

Две неверојатни случки во еден живот.Страшното нешто, како и да е, беше што двата настана беа

поврзани.Доколку не добиеле на лотарија, никогаш не би отишле на

панаѓурот за да прослават. И Сабина не би била киднапирана ибрутално убиена. Казната за таа среќа беше смрт.

Тоа не е вистина, си кажа себеси. Тој ги избира семејствата, недецата. Тој и така и вака ќе ја грабнел.

Оваа мисла ја вознемири и таа одвај чекаше да стигне до студиотоза да се ослободи и да ја истера од умот.

Патот се извиваше меѓу ридиштата. Одвреме-навреме ќе се појавеаранчови со коњи. Не беа многу оддалечени еден од друг и, за да сестигне до нив, требаше да се оди по споредни патишта кои честопатисо километри се протегаа низ средината на ништо. За време напатувањето, Мила виде само неколку автомобили што доаѓаа одспротивната насока, и еден комбајн со трепкави светла за дапредупреди на своето забавено движење.

Радиото емитуваше еден стар хит од Вилсон Пикет, „Не можешсам.“

И требаа неколку секунди да го поврзе пејачот со името на случајотшто и го спомна Борис кога и раскажуваше за Горан и за неговатасопруга. Одеше лошо. Се направија грешки и некој се закани дека ќего распушти тимот и ќе го отпушти д-р Гавила. Роше не одбрани иинсистираше да си ги задржиме работните места, и објасни тој.

Што се случило? Можеби имаше врска со фотографиите напрекрасната девојка што ги виде во студиото? Стапнале ли оттогашнејзините нови колеги во тој стан?

Но, ова беа прашања на кои таа немаше одговор. И ги оттргна одмислите. Потоа малку го пушти греењето: надвор беше минус три, новнатре, во автомобилот, беше пријатно. Таа дури ја соблечевиндјакната пред да влезе во возилото и чекаше автомобилотпостепено да се загрее. Тој премин од интензивно студено до топло и

284

Page 285: Sepnuvacot - Donato Karizi

ги смири нервите.Со задоволство му се предаваше на заморот што постепено ја

опфаќаше. Се на се, уживаше во патувањето. Во аголот наветробранот, небото, што со денови беше натрупано со дебели слоевиоблаци, одненадеж се отвори. Небаре некој отсекол дел од него,откривајќи неброени расфрлани ѕвезди и дозволувајќи да се пробиемесечината.

Во тој момент, во самотијата на шумичките, Мила се почувствувапривилегирана. Небаре тој неочекуван спектакл беше само за неа.Како што се извиваше патот, малку светлина прелета преку преднотостакло. Таа ја следеше со поглед. Но, кога се префрли навнатрешниот ретровизор, здогледа отсјај.

Месечевата светлина се рефлектираше во металните делови наавтомобилот што ја следеше со исклучени фарови.

Небото се затвори над неа. И повторно беше темно. Мила се обидеда остане смирена. Уште еднаш, некој ја следеше во стапка, како штосе случи во дворот со чакал пред мотелот. Но, ако првиот патмислеше дека е плод на нејзината фантазија, сега беше наполноубедена во реалноста на тоа.

Треба да останам смирена и да размислам.Доколку забрза, ќе открие дека е вознемирена. А и не знаеше колку

вешт беше возачот што ја следи: на овие нерамни патишта, патишташто таа не ги познаваше, обидот за бегство можеше да се покажефатален. Не се гледаа никакви куќи, а првиот центар населен со луѓесе наоѓаше подалеку од триесет километри. Покрај тоа, нејзинатаноќна авантура во сиропиталиштето, со Роналд Дермис и со дрогатаво чајот, и ја ставија храброста на сериозен тест. Таа дотогаш гонемаше признаено ова – всушност, секому му тврдеше дека сечувствува добро и дека не страда од шок. Но, сега не беше сигурнадека ќе може да се судри со друга опасна ситуација. Тетивите нанејзините раце се стегнаа, нервозата и се зголеми. Сети како срцетопочнува забрзано да и чука и не знаеше како да го смири. Ја обзедепаника.

Морам да останам смирена. Морам да останам смирена и разумно

285

Page 286: Sepnuvacot - Donato Karizi

да мислам.Го исклучи радиото за да се сконцентрира подобро. Сфати дека

нејзиниот прогонител ги користи нејзините фарови за да го водат.Откако за миг погледна во екранот на својот ЏиПиЕс уред, го тргнаод неговото место и го стави в скут.

Потоа, ја испружи раката накај прекинувачот за светла и ги исклучи.Наеднаш, забрза. Пред неа имаше само ѕид од темница. Не знаејќи

каде вози, и веруваше само на траекторијата одбележана однавигацискиот уред. Треба да заврти четириесет степени десно. Таапостапи така и на екранот го виде курсорот како и го покажувапатот. Права линија. Малку се занесе, потоа се усогласи. Цврсто гидржеше рацете на воланот, затоа што инаку е потребно само малоцимнување за да биде исфрлена од патот. Завој налево, шеесетстепени. Овојпат мораше наеднаш да смени брзина за да не ја загубиконтролата и за да влезе во кривината. Повторно права линија,подолга отколку првиот пат. Колку долго ќе може да вози безповторно да ги вклучи светлата? Успеа ли да го измами, кој и дабеше, тој што ја следеше?

Добивајќи малку предност на правиот дел од патот пред себе,погледна во ретровизорот.

Фаровите од автомобилот зад неа – доаѓаа.Нејзиниот прогонител конечно се откри и не се откажуваше.

Неговите фарови фрлаа снопови светлина врз неа и пред неа, напатот пред нејзиниот автомобил. Мила погледна токму навреме за даја фати кривината и, во исто време, и таа ги вклучи фаровите. Забрзаи околу триста метри возеше со полна брзина.

Потоа, неочекувано сопре на средина на коловозот и повторнопогледна во ретровизорот.

Работењето на нејзиниот мотор, заедно со бучното удирање вонејзините гради, беа единствените звуци што можеа да се слушнат.Другиот автомобил застанал пред кривината. Мила ги виде белитеснопови што од фаровите се ширеа преку асфалтот. Рикањето наауспухот звучеше како некој див ѕвер кој се подготвува да скокне ида ги зарие забите во својата жртва.

286

Page 287: Sepnuvacot - Donato Karizi

С

Дојди, јас те чекам.Го зеде пиштолот и го слизна куршумот во цевката. Не знаеше од

каде ја најде таа храброст што само миг пред тоа чувствуваше дека јанема. Безнадежноста ја одведе во смешен дуел во средината наништото.

Арно ама, нејзиниот прогонител не ја прифати поканата. Фаровитеисчезнаа зад кривината, претворајќи се во две нејасни црвени светла.

Автомобилот се заврти назад.Мила не се помрдна. Потоа почна повторно нормално да дише.За кратко, го спушти погледот на седиштето до себе, чувствувајќи

се убаво од насмевката на Сабина.Тогаш забележа дека има нешто погрешно во фотографијата на

Сабина.

амо што помина полноќ кога стигна до студиото. Се уште бешена работ на нервите, а до крајот на патувањето размислуваше

само за фотографијата на Сабина, гледајќи истовремено околу себе,чекајќи во секој момент да се појави кој и да беше оној што јаследеше од некој пат отстрана, или да ја начека во заседа на некојсвиок.

Таа брзо се искачи по скалите што водеа во станот. Сакаше веднашда разговара со Горан и да му каже на тимот што и се случи. МожебиАлберт беше тој што ја следел. Мора да бил тој. Но, зошто неа?

Стигнувајќи на точниот кат, ја отклучи тешката блиндирана вратасо клучевите што и ги даде Стерн, ја помина безбедносната кабина исе најде себеси како се нурнува во најголемата тишина што може дапостои. Крцкањето на нејзините гумени чевли врз линолеумот бешеединствениот звук во собите што набрзина ги провери. Најпрвинзаедничкиот дел, каде што на работ на пепелникот забележа цигарашто изгорела во долга лента сива пепел. На масата во кујната имашеостатоци од вечера – виљушка, оставена на едната страна одчинијата, порција пита што одвај беше пробана – како некој одеднашда бил принуден да го прекине оброкот. Сите светла беа исклучени,

287

Page 288: Sepnuvacot - Donato Karizi

дури и во собата за размислување. Мила го забрза својот чекор когасе упати кон спалната соба: јасно беше дека нешто се случило.Креветот на Стерн беше ненаместен, а на перницата имаше кутичесо пеперминт.

Телефонот и бипна, што значеше дека дојде порака. Таа ја прочита. ОДИМЕ ВО КУЌАТА НА ГРЕС. КРЕП САКА ДА НИ ПОКАЖЕ НЕШТО. ДОЈДИ. БОРИС.

288

Page 289: Sepnuvacot - Donato Karizi

К26

ога стигна до вилата на Ивон Грес, виде дека уште сите невлегле внатре: Покрај комбито, Сара Роза ги навлекуваше својот

комбинезон и пластичните калоши за чевлите. Мила забележа декаво изминатите неколку дена Сара е многу посмирена со неа. Сешеткаше наоколу, речиси секогаш потоната во мислите. Можебитака се однесуваше поради своите семејни непријатности.

Но, сега Роза погледна во неа. „Исусе Боже! Ти ништо непропушташ, нели?

Само остави ја... си помисли Мила.Таа ја игнорираше, обидувајќи се да стигне до комбито за да земе

некој комбинезон. Но, Роза застана на скалите, не дозволувајќи и дапомине.

„Еј, тебе ти зборувам!“„Што сакаш?“„Ти навистина мислиш дека си некаков експерт, нели?“Роза стоеше само на неколку сантиметри од нејзиното лице.

Одоздола, Мила можеше да го помириса нејзиниот здив: цигари,мастики за џвакање и кафе. Сакаше да ја оттурне или да и одржилекција. Но, тогаш се потсети на она што Горан го кажа за нејзиниотразвод од мажот и за нејзината ќерка со нарушување во исхраната, пареши извесно време да го тргне ова настрана.

„Зошто си против мене, Роза? Јас само си ја вршам работата.“„Тогаш досега ќе го најдеше детето број шест, не мислиш ли така?“„Ќе го најдам.“„Знаеш, мислам дека нема да бидеш долго во овој тим. Мислиш

дека си ги освоила, но порано или подоцна тие ќе сфатат дека можатда работат и без тебе.“

Роза се тргна настрана, но Мила остана да стои таму каде штобеше.

„Ако толку ме мразиш, кога Роше сакал да ме отпушти, зошто сигласала за мене за да останам?“

289

Page 290: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

Сара се заврти накај неа, а на лицето и се гледаше дека се забавува.„Кој ти го кажа ова?“„Доктор Гавила.“Роза се изнасмеа и одмавна со главата.„Види душичке, ова се тие нешта кои кажуваат дека нема да траеш

долго. Затоа што ако тој ова ти го кажал во доверба, ти си гоизневерила со тоа што ми го кажуваш мене. И, патем, тој теизмамил... бидејќи јас гласав против тебе.“

И решително си замина, упатувајќи се кон куќата, оставајќи јаМила скаменета. Таа гледаше по неа, стаписана од нејзинитепоследни зборови. Потоа влезе во комбито да се пресоблече.

реп гарантираше дека ова ќе биде неговата „Сикстинскакапела.“ Споредбата со собата на вториот кат во вилата на Ивон

Грес, не беше кажана само така.Во модерните времиња, врз ремек-делото на Микеланџело биле

изведени радикални реставраторски зафати што на сликите им говратиле нивниот сјај, ослободувајќи ги од дебелиот слој прав, чад илепило од животинско потекло, насобрани низ вековите одупотребата на свеќи и на буриња за греење. Експертите ја почналесвојата работа со еден мал детаљ – горе-долу со големина напоштенска марка – за да имаат претстава што се крие внатре. Сепокажало комплетно изненадување: дебелиот слој чад криелисклучителни бои што дотогаш дури не можеле ниту да се замислат.

Така и Креп почна со единствената капка крв – онаа што ја најдеМила со помош на њуфаундлендерот – за да го заврши своето ремек-дело.

„Немаше органски материи“, им рече научникот. „Но во цевкитеимаше, а најдовме и траги од хидрохлорна киселина. Дапретпоставиме дека Фелдер ја употребил за да ги раствориостатоците, полесно за да се ослободи од нив. Киселината, дури, емошне добра за растворање коски.“

Мила го фати само последниот дел од реченицата кога стигна до

290

Page 291: Sepnuvacot - Donato Karizi

одморалиштето на вториот кат. Креп стоеше во средината находникот, а пред него беа Горан, Борис и Стерн. Поназад стоешеРоза, потпирајќи се на ѕидот.

„Значи, единствената трага што не поврзува со масакрот на Фелдер,е оваа мала дамка крв?“

„Дали ја анализиравте?“„Чанг вели дека со деведесет проценти веројатност му припаѓа на

момчето.“Горан се заврти да ја погледне Мила, а потоа се врати назад кон

Креп: „Сите сме тука. Можеме да почнеме...“Тие чекаа на неа. Тоа требаше да и ласка, но таа се уште се

обидуваше да ги свари зборовите на Сара Роза. Кому да му верува?На таа хиспрична луда жена која уште од почетокот ја малтротираше,или на Горан?

Во меѓувреме, Креп, пред да ги поведе во собата, им рече: „Овдеможе да останеме од четврт до еден час најмногу, па ако иматенекакви прашања, ве молам, прашајте сега.“

Тие ништо не рекоа.„ОК, ајде да влеземе.“Собата беше изолирана со врата од двојно стакло, со мал премин во

средината што дозволуваше влегување само на еден човек па друг.Тоа беше со цел да се заштити микроклимата. Пред да влезат внатре,еден колега на Креп на сите им ја измери температурата на телото соинфрацрвен термометар, што обично се употребува за деца. Потоа гивнесе податоците во компјутер поврзан со влажноста во просторијаташто ќе го коригира нивното учество во одржувањето на постојаностана термалните услови.

Причината за овие уреди им ја објасни лично Креп, кој последенвлезе во собата.

„Главниот проблем беше бојата што ја употребил Фелдер за да гиизмолери ѕидовите. Не можевме да ја извадиме со обиченрастворувач, истовремено без да се извади и тоа што беше под неа.“

„Па што направивте?“, го праша Горан.„Ја анализиравме и излезе дека тоа е боја врз база на вода и

291

Page 292: Sepnuvacot - Donato Karizi

употреба на растително масло како што е колагенот. Се што требашеда направиме е да испрскаме рафиниран алкохол и неколку часа да гооставиме врз растворот за да се растопи маслото. Всушност, јанамаливме дебелината на слојот на бојата врз ѕидовите. Доколку имаи најмалку крв под бојата, луминолот би требало да ја покаже...“

3-аминофталхидразид, подобро познат како луминол. Супстанцијашто мошне многу помага во техниките на модерната научнаполиција. Реагирајќи на еден елемент во крвта, тој произведува синафлуоресцентна боја, видлива само во темница. Но, со луминолот имасамо еден проблем: флуоресцентниот ефект трае само триесетсекунди што, практично, испитувањето го прави неповторливо попрвиот пат.

Поради таа причина, цела низа камери со долга експозиција ќе годокументираат секој резултат пред тој да исчезне за секогаш.

Креп им подели маски со специјални филтри и заштитни очилазатоа што – иако тоа досега не беше докажано – постоешестрахување дека луминолот може да има канцерогени ефекти.

Тогаш се заврти накај Гавила: „Кога ќе бидете готов...“„Ајде да почнеме.“Преку воки-токи Креп ја пренесе наредбата до својот човек надвор.Најпрвин, беа изгасени светилките.Ова не беше пријатно чувство за Мила. Во таа клаустрофобична

темнина, таа можеше да го слушне само своето кратко дишење штосе филтрираше преку маската, и што звучеше речиси како она начовек на умирање. Така беше поради длабокото, механичковдишување влажен воздух од навлажнувачите кои непрестајнопумпаа пареа во собата.

Таа се обиде да остане смирена, иако чувствуваше како и растенемирот во градите и не можеше да исчека да заврши експериментот.

Малку подоцна, звуците се променија. Отворите почнаа даиспуштаат хемиски раствор во воздухот, што ќе овозможи крвта наѕидовите да стане видлива. Набрзо потоа, шиштењето од новатасупстанција беше проследено со слаб синкав сјај што почна да сепокажува насекаде околу нив. Личеше на сончева светлина

292

Page 293: Sepnuvacot - Donato Karizi

филтрирана низ морските длабочини.Во првиот миг Мила помисли дека тоа е само оптички ефект, еден

вид илузија создадена од нејзината свест како одговор на состојбатана интензивно дишење. Но, кога ефектот се разлеа, таа повторноможеше да ги види своите колеги. Небаре некој повторно ги вклучилсветилките, но заменувајќи ја бојата на мраз на халогенот со нов тонво боја на индиго. Најпрвин се чудеше како е можно тоа, но потоаоткри.

На ѕидовите имаше толку многу крв што под дејство на луминолоттаа целата се осветлила.

Во сите правци се ширеа прскавици, но се чинеше дека ситедоаѓаат точно од центарот на собата. Небаре таму во срединатаимало некаков свет олтар. А таванот личеше како да има цел слојѕвезди. Величественоста на погледот беше расипана од сознаниетокако било направено сето тоа.

Фелдер мора да употребил моторна пила за да ги исече на парчињателата, толку ситни за да може да ги фрли во тоалетната школка и понив да пушти вода.

Мила забележа дека и другите, како и таа, останаа скаменети. Тиесе вртеа и гледаа околу себе, како роботи, додека прецизните камерипоставени од страните неуморно продолжуваа да снимаат. Поминаасамо петнаесет секунди, а луминолот и натаму откриваше се повеќеи повеќе скриени дамки.

Вкочането гледаа во тој ужас.Тогаш Борис ја крена раката кон едната страна на собата,

покажувајќи им го на другите она што постепено се појавуваше наѕидот.

„Гледајте...“, им рече.И тие видоа.На еден дел од ѕидот каде што луминолот не наишол на ништо, не

се ни задржал, и тој дел останал бел. Беше врамен со венец од синидамки. Како кога распрскувате боја врз еден предмет на ѕидот и, когаќе го тргнете оттаму, остануваат неговите надворешни линии. Какоконтура изгравирана во малтерот. Како негатив на фотографија.

293

Page 294: Sepnuvacot - Donato Karizi

Секој од нив си помисли дека отпечатокот личи на човечка сенка.Додека Фелдер со ладнокрвно дивјаштво ги цепкал телата на Ивон

и на нејзините деца, некој, во аголот на собата, бил бесчувствителенсведок на спектаклот.

294

Page 295: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н27

екој ја викна по име.Сигурна е во тоа. Не сонуваше. Овојпат, тоа беше она што

ја извлече од сонот; не стравот, не ненадејната свесност за тоакаде беше толку долго време.

Ефектот од дрогата што ги отапуваше нејзините сетила исчезнаведнаш откако го слушна своето име како се одбива од утробата намонструмот. Речиси како ехо што дошло да ја бара од којзнае каде,и конечно, ја нашло.

„Овде сум!“, сака да викне, но не може, устата и е сеуштеобложена со скрама.

И потоа, таа исто така слуша врева. Звуци што претходно не беаовде. На што личат тие звуци, на чекори? Да. Тоа се стапки сотешки чизми. И со чевли, во исто време. Има луѓе! Каде? Тие се наднеа, околу неа. Насекаде, но некако далеку, премногу далеку. Штоправат тука? Дали дошле да ја бараат? Да, тоа е тоа. Тие се овдепоради неа. Но, не можат да ја видат во утробата на монструмот.Значи, единствената опција е да ги натера да ја слушнат.

„Помош“, се обидува да рече.Нејзиниот глас излегува во придушена форма, заразен од

повеќедневно предизвикуваната агонија, од насилен кукавички сон,спроведуван свесно на слепо, само за да се однесува добро додекамонструмот ја вари во својот каменен стомак. А светот тамунадвор полека ја заборава.

Но, ако се тие сега овде, тоа значи дека уште не ме заборавиле!Мислата ја исполнува со сила што не знаеше дека ја има. Резерва

зачувана од нејзиното тело во некое длабоко скриено место, за да сеупотреби само во итни случаи. Почнува интензивно да размислува.

Како можам да им кажам дека сум тука?Нејзината лева рака се уште е завиткана. Нозете и се тешки.

Нејзината десна рака е единствената можност, единственотонешто што ја држи приврзана за животот. Далечинскиот

295

Page 296: Sepnuvacot - Donato Karizi

управувач се уште е стегнат во нејзината дланка. Таа го крева и гонасочува кон екранот. Моќноста на звукот е нормална, но можебиможе да се зголеми. Се обидува, но не може да го најдевистинското копче. Можеби поради тоа што сите издаваат еднакоманда. Во меѓувреме, звуците над неа продолжуваат. Гласот штого слуша и припаѓа на жена. Но, со неа има и некој маж. Или,поточно, двајца.

Треба да ги викнам! Треба да сторам тие сигурно да ме забележат,инаку ќе умрам овде долу!

Таа првпат ја спомна можноста за смрт. Секоѓаш, се досега, јаизбегнуваше оваа помисла. Можеби тоа го правеше како нишан засреќа. Можеби затоа што дете не би требало да мисли на смрт.Но, сега сфати дека ако никој не дојде да ја спаси, тоа ќе биденејзината судбина.

Смешното нешто е тоа што оној што ќе стави крај на нејзинотократко постоење, сега внимава на неа. Тој и ја завитка раката, идава лекови преку инфузија. Тој совесно се грижи за неа. Зоштоправи така, дали на крајот сепак ќе ја убие? Прашањево не јаутеши. Има само една причина што овде долу ја одржува воживот. И таа се сомнева дека тој во резерва чува многу другиизмачувања за неа.

Значи, ова е можеби единствената можност што ја има за даизлезе одовде, да се врати дома, да си го види семејството. Својатамајка, својот татко, својата баба, дури и Худини. Таа се колне декадури и ќе го сака тој проклет мачор доколку некогаш заврши овојкошмар.

Ја крева раката, и почнува силно да тропа со далечинскиот пометалниот раб на креветот. Звукот што го предизвикува јанервира дури и неа, но тој е ослободувачки. Посилно и посилно.Додека пластичната направа не почна да се крши. Не и е гајле. Тоаметално чукање станува се полуто и полуто. Од нејзиното грлоизлегува скршено липање.

„Тука сум!“Далечинскиот управувач и испаѓа од дланката и таа е принудена

296

Page 297: Sepnuvacot - Donato Karizi

да запре. Но слуша некого над неа. Можеби е позитивно, можеби не.Тишина е. Можеби станале свесни за неа и сега се обидуваатподобро да ја слушнат. Готово е, белки веќе не заминале! Тогаш,почнува повторно да чука, и покрај тоа што десната рака ја боли. Ипокрај тоа што болката и поминува низ рамото и се шири вонејзината леварака. И покрај тоа што тоа само ја зголемуванејзината безнадежност. Затоа што ако по некоја случајност никојне ја слушне, потоа ќе биде дури и полошо, си&урна е во тоа. Некојќе и се одмазди. И ќе и наплати за тоа.

Студени солзи се слеваат низ нејзините образи. Но звуцитеповторно се слушаат и таа повторно собира храброст.

Една сенка се одвојува од камениот ѕид и доага накај неа.Таа го гледа тоа, но, како и да е, продолжува. Кога сенката е

доволно блиску, ги забележува нејзините нежни раце, нејзиниот малсин фустан, костенливата коса што меко паѓа на нејзините рамена.

Сенката и се обраќа со детски глас.„Сега е доста“, и вели. „Тие ќе не слушнат.“Потоа ги положува своите раце на нејзините. Контактот е

доволен да ја натера да запре.„Те молам“, додава сенката.Нејзината молба е толку тажна што таа се убедува и не почнува

повторно. Таа не знае зошто тоа дете сака нешто толку смешно,како тоа да остане овде. Но, таа сепак ја послушува. Не знае далида почне да плаче поради својот пропаднат обид за бегство, или дабиде среќна што открива дека не е повеќе сама. Толку е благодарнашто првото човечко присуство за кое беше свесна е едно маламомичка како неа, што не сака да го разочара. Така што, заборавадека сака да си замине.

Гласовите и звуците на катот горе запреа. Овојпат, тишината ецелосна.

Малата момичка си ги трга рацете од нејзините.„Остани..“, ја моли.„Не грижи се, ќе се видиме повторно.“И момичката се враќа во темнината. И таа и дозволува да

297

Page 298: Sepnuvacot - Donato Karizi

замине. И се фаќа за тоа мало и безначајно ветување дека тоа и ќесе случи.

298

Page 299: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ф28

отелјата на Александар Берман.“Во собата за размислување тимот беше сосредоточен врз

зборовите на Гавила. Тие се присетија на гетото каде што се наоѓашедувлото на педофилот, и на компјутерот со чија помош ловеше низинтернетот.

„Креп не најде отпечатоци на старата кожна фотелја во визбата.“Одненадеж, Горан го виде ова како откровение.„Стотици траги на сите други места, само не на неа. Зошто? Затоа

што некој се потрудил да ги избрише!“Криминологот тргна кон ѕидот, каде што со патенти беа закачени

сите извештаи, фотографии и документи во врска со случајот насиропиталиштето. Откачи еден и почна да го чита. Тоа бешетранскриптот од снимката на која Роналд Дермис, како дете, му сеисповеда на отец Ролф, најдена на касетофонот во ковчегот на БилиМур.

„’Ти знаеш што му се случи на Били, нели, Рон?’ ’Господ гоодведе’. ’Тоа не беше Господ, Рон. Знаеш ли кој беше тоа?’. ’Тојпадна. Тој падна од кулата’. ’Но ти беше со него’ ’...Да’. И потоа,подоцна, свештеникот го убедува: ’Никој нема да те казни ако микажеш што се случи. Ова е ветување’, и се слуша како Роналдодговара: ’Тој ми рече да го сторам тоа’.“... ’Разбираш? Тој’.“

Горан ги разгледуваше лицата кои го гледаа збунето.„Сега слушајте што го прашува отец Ролф: ’Кој е тој? Били? Дали

Били побара да го турнеш?’. ’Не’, одговара Роналд. ’Беше ли некој оддругите момчиња?’, а Роналд вели: ’Не’. ’Тогаш, кој? Ајде, одговорими. Таа личност за која зборуваш, таа не постои, нели? Тоа е самоизмислица на твојата фантазија...’, и Роналд се чини сигурен когаповторно негира, но отец Ролф го прекинува: ’Нема никој друг овде.Само јас и твоите другари’, и, на крајот, Роналд одговара: ’Тој дојдесамо зарадси мене’“

Постепено, тие сите се собраа таму.

299

Page 300: Sepnuvacot - Donato Karizi

Горан, возбуден како мало дете, ги прегледуваше страниците наѕидот и ја откачи копијата од писмото што возрасниот Роналд им гопрати на истражителите.

„Има еден дел што ми направи впечаток во таа забелешка: ’потоаТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи’.“

Им го покажа писмото, подвлекувајќи го пасусот.„Гледате? Тука зборот ’тој’ е намерно напишан со големи букви...

Веќе размислував за ова, но заклучокот до кој дојдов беше погрешен.Мислев дека тоа е јасен случај на лично дистанцирање, при штонегативното Јас секогаш се појавува одвоено од активното Јас. Ипоради тоа станува Тој... ’Тоа бев ЈАС, но ТОЈ ми рече да го сторамтоа, тоа е НЕГОВА грешка што јас сум тоа што сум’... Јас згрешив! Ија направив истата грешка како и отец Ролф пред триесет години!Кога за време на исповедта Роналд вели ’Тој’, свештеникот помислилдека зборува за себе самиот, и дека само се обидувал да ја искажесвојата сопствена вина. Тоа е типично за деца. Но Роналд што ние гознаеме не беше повеќе дете...“

Мила забележа како енергијата ја снемува од очите на Горан. Тоасе случуваше секогаш кога ќе направеше погрешна процена.

„Ова ’Тој’ што го спомнува Роналд, не е проекција на неговатасопствена психа, двојник кој ја има одговорноста за неговитесопствени акции! Тоа е истиот ’Тој’ кому му било удобно вофотелјата на Александар Берман секогаш кога ќе дојдел на лов надеца преку интернет! Фелдер оставил неброени траги во куќата наИвон Грес, но се погрижил да ја измолери собата каде што се случилмасакрот, затоа што таму на ѕидот е единственото нешто што тој подитно треба да го скрие... или да го истакне: сликата, овековечена вокрв, на човекот кој гледа! Затоа што Тој е Алберт.“

„Извини, ама тоа не поминува“, му рече Сара Роза, смирено исамоуверено, што ги вџаси другите. „Ги изгледавме снимките одбезбедносниот систем на Капо Алто и, освен Фелдер, никој не влезево таа куќа.“

Горан се заврти, покажувајќи во неа со прстот: „Точно! Затоа штосекогаш кога одел, ги блокирал камерите со кратко затемнување. Ако

300

Page 301: Sepnuvacot - Donato Karizi

размислиш, ќе се сетиш дека можеш да го добиеш истиот ефект наѕидот со контури на картон или со шнајдерска кукла. И што нипокажува тоа?“

„Дека тој е одличен креатор на илузии“, рече Мила.„Уште еднаш, точно! Уште од почетокот, овој човек не

предизвикува да ги разбереме неговите трикови. Да го земеме какопример грабнувањето на Сабина од рингишпилот... брилијантно!Дузини луѓе, дузини парови очи на панаѓурот и никој не забележуваништо!“

Горан оставаше впечаток дека е навистина восхитен од способностана својот предизвикувач. Не затоа што не му беше жал за жртвите.Ова не беше недостиг на хуманост од негова страна. Алберт бешенегов предмет на проучување. Да се разберат механизмите што гоактивираат неговиот ум беше фасцинантен предизвик.

„Сепак, јас лично верувам дека Алберт навистина бил присутен вособата додека Фелдер ги масакрирал своите жртви. Би исклучилкукли или трикови од тој тип. А знаете ли зошто?“ За моменткриминологот уживаше во изразот на неизвесност на лицата наприсутните. „Во распоредот на дамките крв на ѕидот околуконтурите, Креп идентификувал нешто што тој го нарекува постојанипромени – затоа така ги вика. И тоа значи дека каква било пречка дасе наоѓала меѓу крвта и ѕидот, тој не бил неподвижен, туку седвижел!“

Сара Роза остана со отворена уста. Немаше многу што да се каже.„Ајде да бидеме практични околу ова“, рече Стерн. „Ако Алберт го

знаел Роналд Дермис како дете, колку години можел да има?Дваесет, триесет? Сега значи има педесет или шеесет.“

„Така е“, рече Борис. „И судејќи според димензиите на сенката штоја направил на ѕидот во собата за масакри, би рекол дека е висококолу метар и шеесет и пет.“

„Метар и шеесет и еден“, рече Сара Роза, која веќе ги зеде мерите.„Имаме делумен опис на човекот што треба да го бараме, и тоа е

нешто самото по себе.“Горан пак проговори: „Берман, Роналд, Фелдер: тие личат на волци.

301

Page 302: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

А волците често дејствуваат во глутница. Секоја глутница има водач.А Алберт ни го кажува тоа: тој е нивниот водач. Постоел момент воживотите на тие три личности кога тие се сретнале, одделно илизаедно. Роналд и Фелдер се познавале, тие пораснале во истотосиропиталиште. Но, можеме да претпоставиме дека тие не знаеле које Александар Берман... Нивниот единствен заеднички елемент е тој,Алберт. Затоа тој остава свој знак на секое место на злосторството.“

„И што ќе се случи сега?“, праша Сара Роза. „Можете и самите дазамислите. Две тела од мали момички се уште недостигаат и,следствено, и два дела од глутницата.“

„Тука е и момичката број шест“, забележа Мила.„Да... но неа Алберт ја чува за себе.“

аа се врткаше околу половина час на тротоарот надвор, немајќихраброст да заѕвони. Се обидуваше да ги најде вистинските

зборови за да го објасни своето присуство. Досега беше толкуненавикната на меѓусебни релации, што дури и наједноставнотозближување и се чинеше неможно. А во меѓувреме, и пристуди без даможе да смисли нешто.

На следниот син автомобил, ќе мрднам.Беше нешто по девет часот и немаше многу сообраќај. Прозорците

на Горан, на третиот кат од зградата, беа осветлени. Улицата,искапена во лапавица, приредуваше концерт од метални капки,плискање од олуците и жуборливи шахти.

Добро: ќе одам.Мила излезе од конусната сенка што дотогаш ја заштитуваше од

очите на можните љубопитни соседи и брзо истрча до вратата. Тоабеше една стара зграда, каде што во средината на деветнаесеттиотвек мора да била сместена фабрика, со високи прозорци, со широкивенци на фасадата и со старовремски оџаци што се уште го красеапокривот. Такви имаше неколку во околината. Целиот крај,најверојатно, бил реновиран од страна на неколцина архитекти, коиги трансформирале старите индустриски работилници во станови.

302

Page 303: Sepnuvacot - Donato Karizi

Заѕвони на домофонот и чекаше безмалу цела минута пред да гослушне гласот на Горан.

„Кој е?“„Јас сум, Мила. Извини, Горан, но треба да разговарам со тебе, а не

сакав по телефон. Претходно, во студиото, беше мошне зафатен, апотоа помислив дека би...“

„Качи се горе. На третиот кат.“Се слушна краток електронски звук и бравата на влезната врата се

отвори.Една направа за превоз на стока претставуваше лифт. За да тргне,

требаше рачно да се затворат лизгачките врати и да се помрдне еднарачка. Мила полека ја движеше додека не дојде до третиот кат. Когазастана, најде една полуотворена врата, за неа.

„Влези, повели седни.“Гласот на Горан стигна до неа од внатрешноста на станот. Мила го

следеше. Беше тоа простран потпокрив со повеќе различни соби.Подот беше изработен од сурово дрво. Радијаторите беа од леаножелезо и сместени околу столбовите. Големиот камин во кој горешеоган ја исполнуваше собата со килибарна светлина. Мила ја затворивратата зад себе, прашувајќи се каде е Горан. Потоа го виде како замиг се појави на кујнската врата.

„Ќе дојдам за секунда.“„Не брзај.“Таа разгледуваше наоколу. За разлика од обично несредената појава

на криминологот, неговиот дом беше мошне уреден. Немаше нитуронка прав и се прилегаше дека ја отсликува грижата што ја преземаза да обезбеди малку хармонија во животот на својот син.

По малку, тој дојде носејќи чаша вода.„Извини, ама јас влетав како гром од ведро небо.“„Нема проблем, и така си легнувам доцна.“ Потоа, покажувајќи

накај чашата рече: „Го легнувам Томи. Нема да трае долго. Поседиили подготви си пијалак: барот е онаму долу на крајот.“

Мила му кимна со главата и го виде како се упатува кон една одсобите. Делумно и за да го елиминира чувството на непријатност,

303

Page 304: Sepnuvacot - Donato Karizi

стана и си наполни чаша вотка со мраз. Додека полека пиеше,стоејќи покрај каминот, преку подотворената врата, го видекриминологот во собата на сина си. Седеше на работ на креветот,кажувајќи му нешто, додека со едната рака го потчукна по бедрото.Во полутемнината на собата, одвај осветлена од ноќната ламба солик на кловн, Томи беше само некаква фигура под ќебето што јаисцртуваа нежните милувања на татко му.

Во тој семеен контекст, Горан личеше на некој ДРУГ.Поради некаква причина, таа се потсети кога првпат, како мала,

отиде да го посети татко си в канцеларија. Човекот кој секое утро гонапушташе домот во сако и со врска, таму беше поинаков. Станалцврста, сериозна личност, толку различна од нејзиниот нежен татко.Мила памтеше колку беше натажена.

Истото се случи и со Горан. Ја преплави голема нежност кога говиде како ја извршува својата татковска должност.

Таа двојност никогаш нема да и се случи на Мила. Од неа имашесамо една верзија. Немаше прекин во продолжението на нејзиниотживот. Таа никогаш нема да престане да биде полицајка која сеобидува да најде исчезнати луѓе. Затоа што секогаш беше во потрагапо нив: за време на слободните денови, кога беше на одмор, додекапазареше. Проучувањето на лицата на непознатите за неа стананавика.

Малолетниците кои исчезнуваат имаат приказна, како и секој друг.Но, на некоја определена точка, приказната е прекината. Мила гииспитуваше нивните мали чекори, загубени во темнината. Тааникогаш не ги забораваше нивните лица. Можеа да поминат игодини, таа секогаш можеше да ги препознае.

Затоа што децата се меѓу нас, си помисли. Понекогаш само требада ги побарате во возрасните во кои израснале.

Горан му раскажуваше на Томи приказна. Мила не сакаше да јавознемируваа таа сцена со својот поглед. Тоа не беше глетка занејзините очи. Се сврти, но веднаш ја забележа насмевката на Томиврамена во една фотографија. Да го сретнеше, ќе и беше непријатно,затоа и дојде толку доцна со надеж дека ќе го најде веќе легнат.

304

Page 305: Sepnuvacot - Donato Karizi

Томи беше дел од животот на Горан што таа не беше расположенада го знае.

Малку подоцна, тој и се придружи и со насмевка објави: „Тојзаспа.“

„Не сакав никого да вознемирувам. Но, помислив дека е важно.“„Веќе се извини. А сега, ајде, кажи ми што се случува...“Тој седна на една од софите и ја покани и таа да седне до него.

Огнот фрлаше разиграни сенки по ѕидовите.„Повторно се случи: некој ме следеше.“Горан се намршти.„Дали си сигурна?“„Претпоследниот пат не, но сега – да.“Таа му раскажа што се случи, трудејќи се да не испушти ниту еден

детаљ. Автомобилот со исклучените фарови, отсјајот на месечинатаврз металот, фактот дека нејзиниот прогонител, откако бешезабележан, го сврти автомобилот и се врати назад.

„Зошто некој би те следел тебе од толку многу луѓе?“Тој веќе ја праша истото во ресторанот, кога му го спомна

чувството дека е следена што го сети во дворот на мотелот. Овојпатсе чинеше дека Горан се заинтересира за ова.

„Не можам да смислам оправдана причина“, и призна, откакоразмисли неколку минути.

„Не би имало смисла сега по мене некој да оди обидувајќи се да гофати мојот прогонител...“

„Тој сега е свесен дека знаеш и нема да го стори тоа повторно.“Мила кимна со главата. „Но тоа не е единствената причина што

дојдов.“Горан ја погледна. „Откри ли нешто?“„Ова е повеќе од тоа. Еден од волшебните трикови на Алберт.“„Кој од толкуте многу?“„Како успеал да го земе детето од рингишпилот без никој да

забележи.“Очите на Горан светнаа.„Продолжи, те слушам...“

305

Page 306: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Ние секогаш сметавме здраво за готово дека Алберт бил тој што гокиднапирал. Значи, маж. Но, што ако тоа, всушност, била жена?“

„Зошто мислиш така?“„Всушност, мајката на Сабина прва ме натера да ја разгледам оваа

претпоставка. Иако не ја ни прашав, таа ми рече дека во случај и даимало некој чуден човек на рингишпилот – некој што не бил татко –таа би забележала. Исто така, додаде дека мајките имаат шестосетило за таквите нешта. И јас и верувам.“

„Зошто?“„Затоа што полицијата прегледа стотици фотографии сликани таа

вечер, како и домашни видео-филмови, и никој не забележал некојсомнителен човек. Од тоа, исто така, заклучивме дека нашиот Албертизгледа сосема обично... Потоа ми падна на ум дека за некоја женаби било дури и полесно да киднапира дете.“

„Значи, ти мислиш дека имал соучесник.“ Нему прилично му седопадна идејата. „Но немаме докази што ќе ја поддржат вакватапретпоставка.“

„Знам. И во тоа е проблемот.“Горан стана и почна да чекори низ собата. Ја триеше неуредната

брада и размислуваше.„Тоа не би било првпат... се има случено и порано. Во Глостер, на

пример, со Фред и Розмари Вест.“Криминологот набрзина се потсети на случите на сериски убијци-

двојки. Тој ѕидар, таа домаќинка. Десет деца. Заедно киднапирале иубивале невини момички откако ги присилувале да учествуваат вонивните еротски забави, пред да ги закопаат во дворот назад, наКромвел стрит број 25. Една од девојките која заврши под плочитебеше шеснаесетгодишната ќерка на брачната двојка, која веројатносе осмелила да реагира. Две други жртви, кои би можеле да сеповрзат со Фред, беа најдени на други места. Вкупно дванаесет тела.Но, полицијата го запре откопувањето околу малата сива куќа одстрав да не се урне. „Верувам дека жената го чува шестото дете.“Горан се чинеше мошне заинтригиран. Но, не сакаше да си дозволисебеси да биде понесен од ентузијазам.

306

Page 307: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

„Мила, не разбирај ме погрешно: ова е одлично претчувство. Но,мора да го провериме.“

„Ќе им го спомнеш ли ова и на другите?“„Ќе го разгледаме. Во меѓувреме, ќе побарам еден од нашите луѓе

да ги разгледа фотографиите и филмовите снимени на панаѓурот.“„Јас би можела да го направам тоа.“„Одлично.“„Има уште нешто... љубопитна сум во врска со нешто. Се обидов

сама да го најдам одговорот, но не успеав.“„Кажи што е?“„Во процесот на распаѓање, и очите се подложени на тоа, нели?“„Па, обично ирисот со време ја губи бојата...“ Горан запре и се

загледа во неа, не можејќи да разбере на што мисли таа.„Зошто ме прашуваш?“Мила од џебот ја извади фотографијата на Сабина што на крајот на

посетата и ја беше дала нејзината мајка. Истата онаа што постојаносе наоѓаше на совозачкото место, додека се враќаше назад. Онаа вокоја се загледа откако го надмина стравот поради следењето, и штоги зголеми нејзините сомнежи.

Имаше нешто погрешно.Горан ја зеде и ја погледна.„Телото на малата момичка што го најдовме во вилата на Кобаши

имаше сини очи“, нагласи Мила. „Очите на Сабина биле кафеави.“

о таксито, Горан не изусти ниту збор. Откако му го кажа своетооткритие, Мила забележа дека неговото расположение

одненадеж се промени.„Ние бараме некого за кого мислиме дека знаеме се, а не знаеме

воопшто ништо за него...“ Тој кратко размислуваше. „Тој си игра сонас како со будали.“

Првин таа помисли дека криминологот мисли на Алберт. Но, небеше така.

Тој направи низа брзи телефонски јавувања, не само до членовите

307

Page 308: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

на тимот, туку и кај беби-ситерката на Томи.„Мораме да одиме“, и рече без натамошни објаснувања.„Што со син ти?“„Госпоѓа Руна ќе дојде за дваесет минути, а тој спие.“Потоа повикаа такси.Светлата се уште беа запалени во седиштето на Федералната

полиција. Во зградата владееше итаница поради смените наполицајците. Речиси сите беа ангажирани со случајот. Со деновинаназад, тие беа вклучени во следењето на телефонските јавувања одстрана на нестрпливите граѓани, во потрага по скривалиштето нашестата момичка.

Откако му плати на таксистот, Горан се упати накај главниот влез,не чекајќи ја дури ни Мила, која тешко го следеше. Кога се искачијадо Одделот за бихевиористички науки, ги најдоа Роза, Борис и Стернкако чекаат на нив.

„Што се случува?“„Ни треба разјаснување“, му одговори Горан. „Мора веднаш да се

сретнеме со Роше.“Главниот инспектор го најдоа сред состанок со повисоки

полициски службеници, што траел веќе со саати. Состанокот беше воврска со случајот на Алберт.

„Треба да разговараме со Вас.“Роше стана од фотелјата и им го претстави на другите: „Господа,

сите го знаете доктор Гавила, кој со години соработува со мојотоддел...“

Горан му шепна на уво: „Сега.“Љубезната насмевка исчезна од лицето на Роше.„Господа, мора да ме извините, некои информации го бараат моето

присуство каде и да сум.“

одобро е да е нешто важно“, рече главниот инспектор откако гифрли папките врз масата во својата канцеларија.

Горан почека сите да влезат во просторијата пред да ја затвори

308

Page 309: Sepnuvacot - Donato Karizi

вратата и остро да се пресмета со Роше.„Телото најдено во дневната соба на Кобаши не и припаѓаше на

третата исчезната момичка.“Цврстината на неговиот глас не остави простор за одрекување.

Главниот инспектор седна и ги прекрсти рацете пред себе.„Продолжи...“„Тоа не е Сабина. Тоа е Мелиса.“Мила се сети на момичката број четири. Иако беше најстара од

шесте, таа физички беше недорасната за своите години, што можешеда ја збуни истрагата. И имаше сини очи.

„Продолжи, те слушам...“, повторно му рече Роше.„Ова може да значи само две нешта. Прво, дека Алберт го променил

својот modus operandi, затоа што се досега не оставаше да ги наоѓамемомичките по оној ред по кој беа киднапирани. И второ, дека Чангнаправил грешка со ДНК тестовите. Мислам дека прватапретпоставка е речиси невозможна... и, со оглед на второво,всушност мислам дека сте му наредиле да ги фалсификуварезултатите пред да и ги даде на Мила!“

Роше поцрвене. „Слушај, докторе, немам намера да стојам овде и даги слушам твоите обвинувања!“

„Каде беше најдено телото на детето број три?“„Што?“Главниот инспектор правеше се за да изгледа дека е изненаден од

овој навод.„Затоа што е очигледно дека било најдено, инаку, Алберт не би

продолжил со својот след одејќи право на број четири.“„Телото се наоѓало во куќата на Кобаши речиси повеќе од една

недела! Можеби, како што велиш, би требало првин да го најдемедетето број три. Или, едноставно, сме го нашле првин детето бројчетири! И потоа Чанг нешто измешал, од каде да знам?“

Криминологот го гледаше право в очи. „Поради тоа ни дадовтеслободни дваесет и четири часа по она што се случи восиропиталиштето. За да не ви се плеткаме постојано пред нозе!“

„Горан, доста ми е од овие смешни обвинувања! Не можеш да

309

Page 310: Sepnuvacot - Donato Karizi

докажеш ништо од она што го кажа!“„Тоа е поради случајот Вилсон Пикет, нели?“„Тоа што се случи тогаш нема никаква врска со ова, те уверувам!“„Но веќе не ми веруваш. И можеби не грешиш целосно... но ако

мислиш дека ја губам контролата врз истрагата, прво тоа треба да миго кажеш в лице, без да играш политички игри. Ти велиш така, и ситение ќе се повлечеме, не создавајќи ти каква и да е непријатност, и ќепродолжиме да ја носиме врз себе својата одговорност.“

Роше не му одговори веднаш. Рацете му беа преклопени подбрадата, лулајќи се напред-назад во својата фотелја. Потоа, мошнесмирено, почна: „Искрено, навистина не знам што...“

„Ајде, кажи им.“Стерн беше тој којшто му упадна. Роше се заѕвери во него.„Ти остани токму каде што си!“Горан се заврти да го погледне. Потоа се загледа и во Борис и во

Роза. Тој веднаш сфати дека секој од нив знаел, освен него и Мила.Затоа Борис беше толку двосмислен кога го прашав што правел со

својот слободен ден, си помисли таа. И исто така се присети на благозаканувачкиот тон на својот колега кога разговараше со Роше предкуќата на Ивон Грес, кој тој одби да го прати внатре пред да влезатспецијалните единици. Заканата подразбираше уцена.

„Да, инспекторе. Кажете им се и ајде да завршиме со ова“, пресечеСара Роза, поддржувајќи го Стерн.

„Тој не може да биде исклучен, тоа не е фер“, додаде Борис,покажувајќи со главата накај криминологот.

Се чинеше како да сакаат да му се извинат што го држеле вотемница и да му покажат дека се чувствуваат виновни штопочитувале наредба којашто ја сметале за нефер.

Роше остави да поминат уште неколку секунди, потоа се сврти и гипогледна Горан и Мила.

„Добро... ама ако само некому кажете еден збор во врска со ова, ќеве урнисам.“

310

Page 311: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н29

из полињата срамежливо се протегаше зора.Таа одвај ги осветлуваше линиите на ридовите што се слеваа

една во друга како бранови од земја. Интензивното зеленило наполињата, ослободени од снегот, се изделуваше наспроти сивотонебо. Асфалтната линија се лизгаше меѓу долините, танцувајќихармонично со движењата на пејзажот.

Со челото потпрено на задниот прозорец од автомобилот, Миластана свесна за непознатото чувство на спокојство, можеби порадиуморот, можеби поради оставката. Што и да открие на крајот од овакратко патешествие, веќе нема да ја изненади. Роше не се издадемногу. Откако нејзе и на Горан им кажа да си ги држат уститезатворени, тој се заклучи со криминологот во својата канцеларија зада се соочат лице в лице.

Таа стоеше во ходникот, каде што Борис и објасни зошто главниотинспектор решил да ги исклучи неа и Гавила.

„Тој, фактички, е цивил, а ти... па добро, ти си нешто какоконсултант, така што...“

Немаше многу друго што може да се додаде. Што и да бешеголемата тајна што Роше се обидуваше да ја заштити, ситуацијатамораше да остане под контрола. Затоа од витално значење беше да сеизбегнат какви и да било пропусти. Тој се осигури дека единственитекои знаеја нешто беа оние што се под негова директна команда икои, поради тоа, би можел да ги заплашува.

Мила не откри ништо освен ова. И, исто така, не прашуваше ништо.По неколку часови, вратата од канцеларијата на Роше се отвори и

главниот инспектор им нареди на Борис, Стерн и на Сара Роза даотидат со доктор Гавила некаде на друго место. И покрај тоа што неја именува директно, тој дозволи и Мила да учествува воекспедицијата.

Тие ја напуштија зградата и отидоа до најблиската гаража.Изнајмија две лимузини со непознати регистрации што не можеа да

311

Page 312: Sepnuvacot - Donato Karizi

се поврзат со полицијата, за да избегнат да бидат следени одновинарите кои постојано беа паркирани пред полициската станица.

Мила мораше да влезе во автомобилот со Стерн и со Гавила,намерно избегнувајќи го оној каде што се смести Сара Роза. Требашеда патуваат дваесетина километри; таа се обиде малку да поспие што,всушност, и успеа. Кога се разбуди, веќе беа близу до местото.

По пат немаше многу сообраќај. Мила забележа три темниавтомобили паркирани покрај коловозот, секој со по двајца луѓевнатре.

Стражари, си помисли таа, за да ги држат настранабезделниците.

Околу шест-седумстотини метри се возеа покрај еден ѕид од црвенатула, додека не стигнаа до тешка железна порта.

Патот тука завршуваше.Немаше ѕвонче, ниту, пак, домофон. Имаше ТВ камери закачени на

еден столб и набрзо откако застанаа, ги фати нивното електронскооко. Тоа остана фиксирано на нив. Помина барем минута, а потоапортата почна да се отвора. Патот продолжуваше, исчезнувајќиречиси веднаш зад една височинка. Зад таа граница не се гледаадруги куќи. Само простор со поле.

Поминаа најмалку уште десет минути пред да ги видат шилците наедна стара градба. Куќата што се покажа пред нив, небаре излезе одутробата на земјата. Беше огромна и изгледаше строго. Нејзиниотстил беше како на селските куќи од раниот деветнаесетти век, што гиграделе нафтените или магнатите на челик во слава на својата среќнасудбина.

Мила го препозна камениот грб што доминираше на фасадата.Содржеше едно огромно Р во барелјеф.

Тоа беше домот на Џозеф Б. Рокфорд, претседател на истоименатафондација која понуди награда од десет милиони за откривање нашестата момичка.

Ја поминаа куќата и двете лимузини ги паркираа во близина нанекои штали. За да стигнат до третото место, на западниот раб одимотот од неколку хектари, мораше да земат некакви електрични

312

Page 313: Sepnuvacot - Donato Karizi

автомобили, слични на голф-автомобилчињата.Мила се качи во тој што го возеше Стерн, кој почна да и објаснува

кој е Џозеф Б. Рокфорд, за потеклото на неговото семејство и занеговото огромно богатство.

Династијата почнала пред околу еден век со Џозеф Б. Рокфорд I,дедото. Легендата кажува дека тој бил единствениот син на некојбербер, имигрант. Незадоволен од ножиците и од бричевите, тој гопродал дуќанот на татко си во потрага по својата судбина. Додекасите во тоа време инвестирале во новата нафтена индустрија,Рокфорд I имал среќна интуиција да ја употреби заштедата за даоснова компанија за дупчење артериски бунари. Со оглед на тоа штонафтата речиси секогаш се наоѓа на најмалку гостоприемливитеместа на светот, Рокфорд заклучил дека на луѓето зафатени со тркатабрзо да се збогатат наскоро ќе им недостига основната стока: водата.А водата извлечена од артески бунари, која потекнуваше од главнитенаоѓалишта на црното злато, била продавана за речиси двапатиповисока цена од нафтата.

Џозеф Б. Рокфорд I умрел како милијардер. Умрел кратко предсвојот педесетти роденден од ретка и разорувачка форма на рак настомакот.

Џозеф Б. Рокфорд II наследил огромно богатство од својот татко, којуспеал да го удвои шпекулирајќи со се што ќе му паднело под рака:од канабис до недвижности, од сточарство до електрични уреди, Зада го круниса своето воздигнување, тој се оженил за една кралица наубавината, која му подарила две прекрасни деца.

Но, кратко време пред да наполни педесет години ги добил првитесимптоми на рак на стомакот, кој го сотрел за помалку од двамесеца.

Неговиот најстар син, Џозеф Б. Рокфорд III, завладеал со својатаголема империја на многу млада возраст. Неговиот прв и единственчин на командување беше да се ослободи од иритирачките римскибројки закачени за неговото име. Бидејќи немаше финансиски целиза постигнување и бидејќи можеше да си дозволи секаков вид луксуз,Џозеф Б. Рокфорд водеше бесцелен живот.

313

Page 314: Sepnuvacot - Donato Karizi

П

Семејната фондација беше идеја на сестра му, Лара. Целта наинституцијата беше да им обезбедува на помалку среќните децаздрава храна, покрив над главите, соодветна медицинска нега иобразование. Фондацијата Рокфорд веднаш прими половина одсемејното наследство. И покрај великодушната алокација средства,според пресметките на нивните советници, Рокфордови имаа доволнобогатство да живеат удобно најмалку уште еден век.

Лара Рокфорд имаше триесет и седум години, а на триесет идвегодишна возраст со некое чудо преживеа тешка сообраќајнанесреќа. Нејзиниот брат Џозеф имаше четириесет и девет години.Генетската форма на рак на стомакот што го собори првин неговиотдедо, а потоа и татко му, се појави и кај него, пред само единаесетмесеци.

За триесет и четири денови, Џозеф Б. Рокфорд падна во кома,чекајќи да умре.

Мила внимателно го слушаше извештајот на Стерн, додекаелектричното возило потскокнуваше по нерамната земја. Тие следеаедна патека, што мора да била формирана по природен пат воизминатите два дни, поради постојаното поминување на ваквивозила.

Околу половина час подоцна, дојдоа до работ на третата страна. Водалечината, Мила ги здогледа зафатените со работа беликомбинезони кои го оживуваат секое место на злосторство. Дури ипред да стигне да го види со сопствените очи спектаклот што овојпатза нив го подготвил Алберт, самата глетка беше она што најмногу јарастажи.

Таму имаше повеќе од сто експерти кои работеа.

лачливиот дожд врнеше неумоливо. Додека се пробиваа меѓуработниците кои отстрануваа големо количество земја, Мила се

почувствува непријатно. Како што беа откопувани коските, некој гикаталогизираше и ги ставеше во проѕирни ќесиња на кои беазакачени ознаки, за да можат да бидат ставени во соодветни кутии.

314

Page 315: Sepnuvacot - Donato Karizi

Во една од нив, Мила изброи најмалку триесет бутни коски. Водруга – карлични.

Стерн се заврти накај Горан. „Детето било најдено тука некаде...“Тој покажа на оградената област, покриена со пластични фолии за

да се заштити од дождот. На почвата со латекс беа исцртаниконтурите на едно тело. Белата линија ја репродуцираше нејзинатафигура, но без левата рака.

Сабина.„Беше испружена на тревата, во состојба на напреднато крвавење.

Била изложена премногу долго за да не го надушат животнитенејзиното присуство.“

„Кој забележал дека е таму?“„Еден од ловочуварите кој го контролира имотот.“„Дали веднаш почнавте да копате?“„Првин донесовме кучиња, но тие не можеа да надушат ништо.

Потоа со хеликоптер ја прелетавме областа за да проверимеевентуална неправилност на поставеноста на теренот. Забележавмедека околу местото каде што беа најдени телата, вегетацијата епоразлична. Му ги покажавме фотографиите на ботаничарот, којпотврди дека тие разлики би можеле да индицираат под нив отинешто било закопано.“

Мила и претходно имаше слушнато за ова: слични техники билеупотребувани и во Босна за да се откријат заедничките гробници нажртвите од етничките чистења. Присуството на тела под земјатавлијае врз вегетацијата озгора, затоа што земјата е збогатена сооргански материи произведени од распаѓањето.

Горан гледаше наоколу. „Колкумина ги има?“„Триесет или четириесет тела, којзнае...“„И колку време биле таму долу?“„Најдовме некои многу стари коски. Други се чини дека се понови.“„Кому му припаѓаат?“„Машки се. Повеќето од нив млади, меѓу шеснаесет и дваесет и две

или дваесет и три години.Во некои случаи тоа беше потврдено од анализите на нивните

315

Page 316: Sepnuvacot - Donato Karizi

дентални лаци.“„Ова фрла во сенка се друго“, рече криминологот, веќе

размислувајќи за последиците кога ќе се открие приказната. „Рошенема да се обиде да го прикрие ова, нели? Со сиот народ овде...“

„Не, главниот инспектор само се обидува да ја одложи изјаватадодека се не биде решено на задоволителен начин.“

„Тоа е затоа што никој не може да одгатне што бара оваа заедничкагробница сред убавиот имот на Рокфордови.“ Тој ова го кажа сопризвук на индигнација што не му се провлече на никој одприсутните. „Ама мислам дека нашиот главен инспектор има еднаидеја... а што е со вас?“

Стерн не знаеше што да каже. Ниту, пак, Борис или Роза.„Едно нешто, Стерн... дали телата беа најдени пред или по

објавувањето на наградата?“Агентот призна со нејасен глас: „Пред тоа.“„Така и си мислев.“Кога се вратија кај шталите, го најдоа Роше кој ги чекаше покрај

автомобилот на одделот кој го довезе дотука. Горан се симна одголф-возилото и решително се упати накај него.

„Значи, дали сум се уште вклучен во оваа истрага?“„Се разбира! Мислиш ли дека е лесно за мене да те држам настрана

од работите?“„Не е лесно, но со оглед на тоа што разоткрив се, повеќе би бил

склон да кажам дека беше практично.“„Што би требало да значи ова?“Главниот инспектор почна да се возбудува. „Дека веќе го

идентификував извршителот.“„Како можеш да бидеш толку сигурен во неговиот идентитет?“„Затоа што доколку не мислеше дека Рокфорд е човекот кој

навистина стои зад сево ова, ти немаше да продолжиш со толкунапор да ја држиш приказната во тајност.“

Роше го фати за рамото. „Слушај, Горан, ти мислиш дека се зависиод мене. Но, не е така, верувај ми. Има толку многу притисок озгора,повеќе отколку што воопшто можеш да замислиш.“

316

Page 317: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Кого се обидуваш да покриеш? Колкумина луѓе се вклучени вооваа лајненица?“

Роше се заврти и му даде знак на возачот да си замине. Потоа сесврти накај тимот.

„Одлично, ајде да ги разјасниме нештата еднаш засекогаш... мидоаѓа да повратам секогаш кога помислувам на оваа приказна. Неморам ниту да ви се заканувам да молчите, затоа што ако само едензбор излезе од вас, во истиот миг ќе загубите се. И својата кариера исвојата пензија. А исто така и јас.“

„Разбравме... сега, што стои зад ова?“, влета Горан.„Џозеф Б. Рокфорд никогаш не го напуштил местово, куќата каде

што е роден.“„Како е можно тоа?“, праша Борис. „Никогаш?“„Никогаш“, потврди Роше. „Од почеток, се чинело дека имал

фиксација на мајка си, поранешната кралица на убавината. Тојчувствувал морбидна љубов спрема неа што го попречувало да иманормално детство и адолесценција.“

„Ама кога умрела...“, се обиде да приговори Сара Роза.„Кога умрела, било премногу доцна: Детето било неспособно да

воспостави каков и да е вид човечки контакт. Се дотогаш тој билопколен со луѓе полни со почит кои работеле во служба на неговотосемејство. А постоела и таканаречената Рокфордова клетва, фактотдека сите машки наследници умираат од рак на стомакот напедесетгодишна возраст.“

„Можеби мајка му потсвесно се обидувала да го спаси од таасудбина“, посочи Горан.

„А сестра му?“, праша Мила.„Бунтовник“, рече Роше. „Помлада од него, таа токму навреме

можела да избега од фиксацијата по мајката. Потоа со својот животго направила она што го сакала: патувала низ светот, трошејќи госвоето богатство, согорувајќи се себеси во најнеизвесни врски ипробувајќи дрога и искуства од секаков вид. Сето тоа за да изгледапоразлично од братот кој останал затвореник на оваа палата... седодека сообраќајната несреќа пред пет години, всушност, не ја

317

Page 318: Sepnuvacot - Donato Karizi

затворила и неа со него во истава куќа.“„Џозеф Б. Рокфорд бил хомосексуалец“, кажа Горан.И Роше го потврди тоа: „Да, бил... а телата најдени во заедничката

гробница ја кажуваат истата приказна. Сите во цветот на младоста.“„Тогаш, зошто ги убивал?“, праша Сара Роза.И одговори Горан. Тој имаше видено такво нешто и порано.„Главниот инспектор ќе ме исправи ако грешам, но мислам дека

Рокфорд не можел да го прифати тоа што бил. Или, можеби, кога билмлад, некој ги открил неговите сексуални склоности и никогаш не муго простил тоа.“

Сите помислија на неговата мајка, иако никој не ја спомна.„И секогаш кога ќе го повторел делото, имал чувство на вина. Но

наместо да се казнува самиот себеси, тој ги казнувал љубовниците...со смрт“, заклучи Мила.

„Телата се овде, а тој никогаш не мрднал оттука“, рече Горан.„Значи, ги убил тука. Дали е можно никој – слугите, градинарите,ловочуварите – никогаш да не забележал ништо?“

Роше имаше одговор, но ги остави самите да погодат.„Не можам да верувам“, рече Борис. „Тој им плаќал!“„Го купувал нивното молчење сиве овие години“, додаде Стерн со

гадење.Која е цената на човековата душа?, си помисли Мила. На крајот

на краиштата, проблемот е во тоа. Понекогаш човекот открива декаима зла природа, што значи дека среќата може единствено да ја најдево убивањето други луѓе. Тој има име: убиец, или сериски убиец. Нокако да се наречат другите, оние околу него кои не го запреле, илидури, и го искористиле тоа?

„Како ги наоѓал момчињата?“, праша Горан.„Се уште не знаеме. Издадовме потерница по неговиот личен

асистент, кој, се чини, исчезнал некаде откако беше најдено телотона момичката.“

„И што ќе правите со останатите од персоналот?“„Тие ќе бидат под надзор се додека не го разјасниме прашањето

дали земале или не пари, и колку биле запознати со нештата.“

318

Page 319: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Рокфорд постојано ги корумпирал луѓето околу себе, нели?“Горан ги читаше мислите на главниот инспектор, зашто главниот

инспектор го призна тоа: „Пред неколку години, се појави сомнеж каједен полицаец: го истражуваше исчезнувањето на еден тинејџер којизбегал од дома и ограбил некој супермаркет. Неговите траги недоведоа довде. Тогаш Рокфорд консултирал некои моќни пријатели иполицаецот беше преместен... Другпат, една двојка била паркиранана патот што оди покрај ѕидот што го опколува имотот. Тие виделенекого како се качува по него: тоа било полуголо момче, повреденово едната нога и во состојба на шок. Го зеле со себе во автомобилот иго одвеле в болница. Таму останало само неколку часа: некој дошоли го собрал, кажувајќи дека е од полиција. Оттогаш наваму ништовеќе не се слушна за момчето. На лекарите и на сестрите им билодадено големо мито да ги држат устите затворени. Двојката билељубовници и сето тоа што се случило претставувало закана да гиоткријат нивните актуелни сопружници.“

„Тоа е страшно“, реагираше Мила.„Така е.“„А што можете да ни кажете за сестрата?“„Мислам дека Лара Рокфорд не е токму во главата. Сообраќајката ја

остави во навистина лоша состојба. Тоа се случи недалеку од овде.Таа самата си го стори тоа: излезе надвор на патот и со автомобилотудри во еден даб.“

„Сепак би требало да поразговараме со неа. А и со Рокфорд“, речеГоран. „Тој веројатно знае кој е Алберт.“

„Како, да му се сневиди, ќе разговараш со него? Тој е во неповратнакома!“

„Тогаш тој ќе се извлече со тоа!“ Лицето на Борис беше бесно. „Несамо што не може да ни помогне нам, туку нема да помине ниту еденден в затвор за тоа што го сторил!“

„Ох, не, ти грешиш“, му рече Роше. „Доколку има пекол, тогаш тиеќе чекаат на него. Но таму ќе оди многу бавно и болно.“

„Тогаш зошто го одржуваат во живот?“Роше се насмевна иронично, кревајќи ја едната веѓа: „Сестра му го

319

Page 320: Sepnuvacot - Donato Karizi

Всака тоа.“

натрешноста на куќата на Рокфордови намерно беше направеназа да ве натера да мислите дека сте во некој дворец. Во

внатрешната архитектура доминираше црн мермер, чија прошаранаповршина ја впиваше сета светлина. Тешки кадифени завеси гизатемнуваа прозорците. Поголемиот дел од сликите и таписериитепокажуваа сцени од лов и од селски пијани веселби. Од таванотвисеше огромен кристален лустер.

Штом влезе низ главната врата, Мила веднаш почувствува горчливостуденило. Колку и да беше луксузна, куќата имаше мошнедекадентна атмосфера. Ако се заслушате внимателно, би можеле даја слушнете тишината на минатото, која со текот на времето сенаселила во тоа заканувачко спокојство.

Лара Рокфорд „се согласи да ги прими.“ Таа многу добро знаешедека тоа нема да може да го избегне, но употребата на таа фразанудеше клуч за оној вид личности со какви што требаше да сесретне.

Ги чекаше во библиотеката. Мила, Горан и Борис ќе јаиспрашуваат.

Мила ја виде во профил, седната на кожна софа, со елегантнодвижење на рацете додека ја принесуваше цигарата до своите усни.Беше исклучително убава. Оддалеку, на сите им остави впечатокблагата кривина на челото кое преминуваше во виткиот нос за дазаврши во полните усни. Кога и се приближија, го видоаинтензивното, магнетно зеленило во нејзините очи, врамени содолги, шармантни трепки.

Но, кога влегоа и ја видоа од предната страна, тие беа шокирани одизгледот на втората половина од нејзиното лице. Тоа беше уништеноод една огромна лузна која, почнувајќи од работ на косата, говкопуваше својот пат надолу низ челото за да се нурне во празнатаочна дупка, пред да пикира како бразда од солза и да заврши поднејзината брада.

320

Page 321: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила исто така ја забележа и нејзината очигледно здрвена ноганаспроти другата префрлена преку неа. Покрај себе, Лара држешеедна книга. Корицата беше превртена надолу, па не можеа да говидат ниту насловот ниту, пак, авторот.

„Добар ден“, им рече таа. „На што се должи вашата посета?“Таа не ги покани да седнат. Тие стоеја онаму каде што беа, на

огромниот тепих што покриваше речиси половина од подот.„Би сакале да ви поставиме неколку прашања“, и се обрати Горан.

„Се разбира, доколку е можно...“„Ве молам, слушам.“Лара Рокфорд го изгасна она што беше останато од нејзината

цигара во еден пепелник од алабастер. Потоа зеде друга од кожнатафутрола во скутот, заедно со златна запалка. Додека ја палеше,нејзините тенки прсти мошне благо затреперија.

„Вие понудивте награда од десет милиони за оној што ќе ја најдешестата момичка“, и рече Горан.

„Се чинеше најмалку што можев да сторам.“ Таа гипредизвикуваше на теренот на вистината. Можеби сакаше да гивознемири, можеби стануваше збор само за нејзино чудно одбивањеда се покори, како контраст на строгоста на куќата во која тааживееше во прогон.

Горан реши да одговори на предизвикот. „Знаевте ли за Вашиотбрат?“

„Секој знаеше. Никој ништо не кажуваше.“„Зошто овојпат го прекинаа молчењето?“„На што мислите?“„Ловочуварот кој го најде телото на момичката: претпоставувам

дека и тој бил на платниот список...“Мила погоди што веќе имаше разбрано Горан, дека Лара би можела

лесно да ја забошоти целата работа. Но, таа не го сакаше тоа.„Дали верувате во постоењето на душа?“Додека го прашуваше ова, Лара ја помилува корицата на книгата

крај неа.„Верувате ли?“

321

Page 322: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Размислував малку во врска со ова...“„Дали поради тоа не им дозволувате на лекарите да го исклучат

Вашиот брат од машините што се уште го одржуваат во живот?“Жената не одговори веднаш. Наместо тоа, таа ги крена очите накај

таванот. Џозеф Б. Рокфорд се наоѓаше на катот над неа, во креветотво кој спиеше уште од детство. Неговата соба беше претворена вооддел за интензивна нега достоен на некоја модерна болница. Тојбеше поврзан на машина што дишеше наместо него, што го хранешесо лекови и со течности, што ја прочистуваше неговата крв и гиолеснуваше неговите црева.

„Не разбирајте ме погрешно: јас сакам брат ми да умре.“Таа изгледаше искрена.„Вашиот брат веројатно го знае човекот кој ги киднапира и ги уби

петте мали момички и сега ја држи затворена шестата. Вие неможете да претпоставите кој би можел да биде тој...“

Лара го погледна Горана со своето единствено око: надокрај, таа гопогледна в лице. Или поточно, таа претенциозно му дозволи да јагледа.

„Којзнае, би можел да биде некој член на персоналот. Еден од ониекои сега се тука, или некој кој бил овде во минатото. Би требало дапроверите.“

„Ние веќе го правиме тоа, но се плашам дека човекот кој го барамее премногу умен да ни додели таква милост.“

„Како што веќе сте сфатиле, единствените луѓе кои доаѓаа во оваакуќа беа луѓето на кои Џозеф можеше да им плати. Најмување иплаќање, под негова контрола. Овде никогаш не сум виделанепознати.“

„Ама сте виделе момчиња?“, ја праша Мила импулсивно.На жената и требаше долго време да одговори. „Тој и ним им

плаќаше. Одвреме навреме, особено до неодамна, сакаше да им даваеден вид договор со кој тие му ги продаваа своите души. Тие мислеадека тоа е игра, шега за да се извлечат малку пари од лудиотмилијардер. И потпишуваа. Сите тие потпишале. Најдов некоипергаменти во сефот во неговата работна соба. Нивните потписи се

322

Page 323: Sepnuvacot - Donato Karizi

сосема разбирливи, дури и покрај тоа што она што било употребеноне било мастило во точното значење на зборот.“

Таа се насмеа на својата ужасна алузија, но тоа беше чудно смеењешто ја вознемири Мила. Тоа гргореше од длабочините. Небаре долговреме и било залепено за белите дробови, пред да го исплука надвор.Смеењето беше рапаво од никотин, но и од болка. Тогаш ја кренакнигата што ја држеше покрај себе.

Тоа беше Фауст.Мила зачекори накај неа.„Дали имате некаков приговор доколку се обидеме да го испрашаме

Вашиот брат?“Горан и Борис ја погледнаа небаре го загубила умот.Лара повторно се насмеа. „Што Ви е намерата? Тој сега е повеќе

мртов отколку жив.“ Потоа лицето и стана сериозно додеказборуваше: „Премногу е доцна.“

Но Мила инсистираше: „Ајде да се обидеме.“

323

Page 324: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н30

а прв поглед, Никла Папакидис прилегаше на слаба жена.Можеби поради тоа што беше ниска и непропорционално

широка во колковите. Можеби поради нејзините очи, кои содржеанекоја тажна веселост што правеше да прилега на песна од мјузиклна Фред Астер, или на фотографија од некој бал во стар Њујорк, илина последниот ден од летото.

Всушност, таа беше мошне силна.Својата сила ја градеше малку по малку со текот на времето, во

годините на несреќите, големи и мали. Беше родена во едно малосело, како прва од седумте деца, единственото женско. Имаше самоединаесет години кога умре мајка и. Одржувањето на домаќинствотоостана на неа, како и тоа да внимава на татко си и да ги одгледувасвоите браќа. Таа успеа сите да ги исшколува така што завршија сопристојни вработувања. Благодарение на парите што ги имашезаштедено со своите неуморни жртви и строгата економија водомаќинството, тие никогаш не оскудуваа во ништо. Таа исчека да сеоженат со добри девојки, да создадат свои домови и да и дадатдваесетина мали внуки и внуци кои беа нејзина гордост и радост.Дури кога и најмладиот од браќата го напушти татковиот дом, тааостана да го гледа татко си во неговата длабока старост, одбивајќи даго смести во старски дом. За да ги ослободи браќата и снаите одтаквата тежина, таа само им рече: „Не грижете се за мене. Вие гиимате своите семејства, јас сум сама. Тоа не е жртва.“

Таа се грижеше за својот татко се додека тој не стана наддеведесеттата, внимавајќи на него како да беше новороденче. Когапочина, таа ги собра заедно сите браќа.

„Јас имам четириесет и седум години и мислам дека никогаш немаде се омажам. Нема да имам сопствени деца, но своите внуки и внуциги сакам како да се мои. Ви благодарам што сите ме поканивте даживеам со вас, но јас го направив својот избор пред неколку години,иако дури сега ќе ви го кажам. Ние нема повторно да се видиме,

324

Page 325: Sepnuvacot - Donato Karizi

мили мои браќа... јас решив животот да му го посветам на Исус. Одутре, ќе се заклучам во затворениот манастир се до крајот на мојотживот.“

„Значи, таа е калуѓерка!“, рече Борис, кој молкома ја слушашеприказната на Мила додека возеше.

„Никла не е само калуѓерка. Таа е многу повеќе од тоа.“„Се уште не можам да поверувам дека го наговори Гавила. И не

само него, ти успеа да го наговориш и Роше!“„Тоа е ловење во матно – што можеме да загубиме? А јас тврдам

дека Никла е вистинската личност да ја чува оваа работа како тајна.“„Тоа е сигурно!“На задното седиште имаше една кутија со голема црвена панделка.

„Чоколадите се единствената слабост на Никла“, му кажа Мила наБорис кога го замоли да застанат пред некоја продавница за слатки.

„Но ако е во затворен ред, таа не може да дојде со нас.“„Добро, тоа всушност е малку покомплицирано отколку...“„На што мислиш?“„Никла помина неколку години в манастир. Кога сфатија што може

да прави, тие ја вратија назад во светот.“Пристигнаа кратко време по дванаесет часот напладне. Во тој дел

од градот владееше хаос. Сообраќајната врева се мешаше со музикатаод стерео-системите, со врескањето на кавгите од становите, како исо звуците на повеќе или помалку легалните активности што сеодвиваа на улиците. Народот што живееше таму, никогаш не семрднал оттаму. Центарот – кој беше оддалечен само неколку станицина подземната железница – со своите елегантни ресторани, бутици ичајџилници, исто така можеше да биде и на планетата Марс.

Човек се раѓа и умира во вакви краишта и никогаш не ги напушта.Уредот за сателитска навигација во автомобилот со кој патуваа,

запре, давајќи упатства веднаш откако се исклучија од автопатот.Единствените улични знаци беа муралите што ги означувааграниците на териториите на бандите.

Борис сврти во споредната улица што завршуваше во ќор-сокак. Понеколку минути тие го посматраа автомобилот што имаше добиено

325

Page 326: Sepnuvacot - Donato Karizi

инструкции да го следи нивното движење. Фактот дека двајцаполициски агенти се возеа наоколу не помина незабележано одстражарите кои постојано го надгледуваа секој агол од соседството.

„Само вози пополека и остави да ти се гледаат рацете“, му речеМила, која и порано била во овие делови од градот.

Зградата кон која се упатија се наоѓаше на крајот на улицата. Сепаркираа меѓу остатоците од два изгорени автомобила. Излегоа, аБорис почна да разгледува наоколу. Тој само што сакаше да јазатвори централната брава, кога Мила го запре.

„Немој. И остави ги и клучевите внатре. Овие типови се способнида ја скршат вратата само од инает.“

„Па што ќе ги запре да ми го испокрадат автомобилот?“Мила помина откај возачката страна, пребаруваше низ својот џеб и

извади едни пластични црвени молитвени бројници. Ги закачи околуретровизорот.

„Ова е најдобриот изум во околината против кражби.“Борис збунето ја погледна. Потоа тргна по неа накај зградата.Картонскиот знак над предната врата објавуваше: Редот за храна

почнува во 11. И поради тоа што сите на кои им беше наменета оваапорака не знаеја да ја читаат, беше додаден рачно нацртан цртеж начасовник и една чинија од која се крева пареа.

Мирисаше на мешаница од готвено и од дезинфекциски средства.Во ходникот, неколку различни пластични столови беа распоредениоколу една маса со стари списанија врз неа. Исто така имаше инекакви стари брошури во врска со различни теми, од превенција нарасипување заби кај децата, до начини како да се спречат сексуалнопреносливите болести. Идејата беше ова место да заприлега начекалница. Разни флаери и летоци се истураа од огласната табла наѕидот. Можеа да се слушнат и гласови кои доаѓаа од едната страна назградата до другата, иако точното место од каде што доаѓаа бешеневозможно да се знае.

Мила го повлече Бориса за ракавот. „Ајде, таа живее горе.“Почнаа да се качуваат. Немаше една нескршена скала, а оградата

опасно се лулаше.

326

Page 327: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Какво место е ова?“ Борис избегнуваше да допре што и да е,плашејќи се од некаква зараза. Продолжи да приговара се додека нестигнаа на одморалиштето.

Една мошне убава девојка од околу дваесетина години стоешепокрај стаклената врата. Таа му подаваше шишенце лек на еден старчовек во скината облека, кој смрдеше на алкохол и на кисела пот.

„Треба да го земате еден ден, ОК?“Се чинеше дека смрдеата не и пречеше на девојката. Таа зборуваше

со силен, пријатен глас, јасно изговарајќи ги зборовите како што мусе зборува на дете. Старецот кимаше со главата, но не изгледашеубеден.

Потоа, девојката ја нагласи целта: „многу е важно: не смеете никакода заборавите. Во спротивно, ќе завршите како последниот пат, когаве вратија од вратата на смртта.“

Таа извади едно марамче од џебот и го заврза околу неговиот рачензглоб.

„Вака нема да заборавите.“Човекот задоволно се насмевна. Го зеде лекот и замина, се уште

гледајќи во својата рака со нејзиниот нов подарок.„Можам ли да ви помогнам?“, ги праша девојката.„Ја бараме Никла Папакидис“, и рече Мила.Борис, восхитен, ја гледаше младата жена, наеднаш заборавајќи ги

сите поплаки што ги изнакажа качувајќи се нагоре.„Мислам дека е во задната соба на крајот“, рече таа, покажувајќи на

ходникот зад себе.Кога поминаа покрај неа, погледот на Борис падна врз нејзините

гради, забележувајќи го златниот крст што околу својот врат гоносеше девојката.

„Ама таа е...“„Да“, му одговори Мила, обидувајќи се да не се насмее.„Штета.“Додека одеа низ ходникот, можеа да погледнат во собите што се

наоѓаа и од двете страни. Железни кревети, камп-кревети, или самоинвалидски колички. Сите тие беа зафатени од човечки остатоци,

327

Page 328: Sepnuvacot - Donato Karizi

млади или стари, без разлика. Тие страдаа од СИДА; тие беазависници од дрога или алкохоличари со црниот дроб сведен накаша, или беа само болни и стари.

Две нешта им беа заеднички. Уморните изрази на лицата исвесноста дека во животот направиле лош избор. За нив немашеболница во таа состојба. И веројатно немаа семејство за да се грижиза нив. Или, и ако имаа, беа изгонети оттаму.

Луѓето на ова место доаѓаа за да умрат. Само за тоа станувашезбор. Никла Папакидис го нарекуваше „пристаниште“.

„Денес е навистина прекрасен ден, Нора.“Калуѓерката внимателно и ја чешлаше долгата бела коса на една

стара жена која лежеше на креветот со лицето накај прозорецот,придружувајќи ги движењата со благи зборови.

„Додека утрото шетав низ паркот, им оставив малку лепче наптиците. Со овој снег, тие цело време го минуваат во своите гнезда,топлејќи се едни со други.“

Мила чукна на веќе отворената врата. Никла се заврти и кога јавиде Мила, лицето и се озари.

„Малечка моја!“, рече, приближувајќи и се за да ја гушне. „Колку еубаво што повторно те гледам!“

Носеше џемпер со боја на шеќер, со свиткани ракави затоа штопостојано и беше топло, црно здолниште што и досегаше подколената и патики на нозете. Косата и беше кратка и сива. Нејзиниотмошне светол тен го истакнуваше интензивното синило на нејзинитеочи. Целата појава претставуваше комбинација на отвореност и начистотија. Борис забележа дека околу вратот носи црвени молитвенибројници, како оние што Мила ги закачи на ретровизорот.

„Ова е Клаус Борис, мој колега.“Борис истапи напред, некако со непријатност. „Мило ми е.“„Само што ја сретнавте сестра Мери, нели?“, праша Никла, тресејќи

му ја раката.Борис поцрвене. „Всушност...“„Не грижи се, таа го има истиот ефект врз многу луѓе...“ Потоа

повторно се заврти накај Мила. „Зошто дојде во Пристаништево,

328

Page 329: Sepnuvacot - Donato Karizi

малечка моја?“ Лицето на Мила стана сериозно.„Можеби си слушнала за случајот на исчезнатите момички.“„Секоја вечер се молиме за нив. Меѓутоа, новинарите не ни

кажуваат многу.“„И јас не можам.“Никла се загледа во неа: „Ти тука дојде поради шестото, нели?“„Што можеш да ми кажеш за неа?“Никла воздивна. „Се обидувам да воспоставам контакт. Но, не оди

лесно. Мојата дарба не е она што беше: стана многу послаба.Можеби поради тоа би требало да сум задоволна, затоа што аконаполно ја загубам, тие ќе ме вратат назад и ќе им се придружам намоите посестрими во манастирот.“

Никла Папакидис не сакаше да ја нарекуваат медиум. Велеше декатоа не е точниот збор за да се опише „дарбата од Бога“. Таа не сечувствуваше специјално. Таков беше нејзиниот талент. Таа бешесамо посредник избран од Бога да ја носи таа дарба со себе и да јаупотребува за доброто на другите.

Меѓу многуте нешта што му ги кажа Мила на Борис, додека севозеа накај Пристаништето, беше и тоа кога Никла открила дека иманатприродни сетилни способности.

„На шестгодишна возраст таа во своето село веќе била позната поспособноста да наоѓа исчезнати предмети: венчални прстени,клучеви од врати, тестаменти премногу добро скриени одпокојниците... Една вечер, шефот на локалната полиција влетал кајнеа дома: исчезнало едно петгодишно дете, а мајка му била очајна. Јаодвеле кај жената, која ја преколнувала да го најде син и. Никла замомент се загледала во неа, а потоа рекла: ’Женава лаже. Таа гозакопала во зеленчуковата градина зад куќата’. И точно таму гонашле детето.“

Борис беше мошне потресен од приказната. Можеби делумно ипоради тоа, кога дојдоа, седна малку понастрана, оставајќи ја Милада разговара со калуѓерката.

„Сакам нешто да те замолам, малку поинакво од вообичаеното“,рече полицајката. „Треба да дојдеш на едно место и да се обидеш да

329

Page 330: Sepnuvacot - Donato Karizi

направиш контакт со еден човек на умирање.“Мила ги имаше употребено визиите на Никла неколкупати во

минатото. Понекогаш решенијата за нејзините случаи доаѓаа токмублагодарение на нејзината интервенција.

„Малечка моја, не можам да мрднам од овде, знаеш: секогаш имтребам.“

„Знам, но не можам а да не инсистирам. Тоа е единствената надежшто ја имаме за да ја спасиме шестата момичка.“

„Ти реков: не сум сигурна дека мојата „дарба“ се уштефункционира.“

„Помислив на тебе и поради друга причина... огромна сума пари муе достапна секому кој ќе ја најде момичката.“

„Да, слушнав за тоа. Но што би правела со десет милиони?“Мила погледна околу себе, небаре беше природно да се мисли

парите од наградата да се употребат за реновирање на местото.„Верувај ми: кога ќе ја знаеш целата приказна, ќе сфатиш дека тоа ќебиде најдобрата можна употреба на тие пари. Па, што велиш?“

„Вера треба да ме посети денеска.“Ова го кажа старата жена во креветот. Се дотогаш, таа лежеше

молчејќи и неподвижно, гледајќи низ прозорецот.Никла и пристапи: „Да, Нора, Вера ќе дојде подоцна.“„Таа вети.“„Да, знам. Таа вети и ќе си го одржи зборот, ќе видиш.“„Но тоа момче седи на нејзиниот стол“, рече, покажувајќи на Борис,

кој веднаш почна да станува.Но, Никла го запре: „Останете каде што сте.“ Потоа додаде со

потивок глас: „Вера била нејзина близначка. Умрела пред седумдесетгодини, кога уште биле деца.“

Калуѓерката виде како Борис пребледе и иронично се насмеа: „Не,офицере, јас не можам да контактирам со задгробниот живот. Но,одвременавреме, Нора сака да и се каже дека сестра и доаѓа да јавиди.“

„Па, ќе дојдеш ли?“, инсистираше Мила. „Ветувам дека некој ќе теврати назад пред да се стемни.“

330

Page 331: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

Никла Папакидис помисли околу тоа уште еднаш. „Ама мидонесовте нешто, нели?“

На лицето на Мила се разлеа насмевка: „Чоколадите те чекаат долуво автомобилот.“

Никла задоволно кимна со главата, а потоа повторно станасериозна. „Нема да ми се допадне тоа што ќе го видам во тој човек,нели?“

„Не мислам дека ќе ти се допадне.“Никла ги стегна бројниците. „Добро, да одиме.“

оа се вика „пареидолија“: тоа е инстинктивен стремеж да сеизнајдат познати форми во хаотични слики. Во облаците, во

соѕвездијата или меѓу снегулките на овесната каша во тасот сомлеко.

На истиот начин, Никла Папакидис ги гледаше нештата кои цутеаво неа. Таа не ги нарекуваше визии. И се допаѓаше зборотпареидолија, затоа што – како и таа – имаше грчко потекло.

Таа му го објасни тоа на Борис додека седеше на задното седиштево автомобилот лапајќи една по друга од чоколадите. Она што гозачуди не беше толку многу приказната на калуѓерката, колку фактотдека го најдоа својот автомобил таму каде што го оставија, безниедна гребнатинка, во тоа сурово соседство.

„Зошто го нарекувате пристаниште?“„Зависи од тоа во што верувате, Борис. Некој го гледа само како

точка на пристигнување. Други, на заминување.“„А вие?“„Јас верувам во двете.“Рано попладнето, имотот на Рокфорд почна да се наѕира.Горан и Стерн ги чекаа пред куќата. Сара Роза беше внатре,

договарајќи се со медицинскиот персонал кој се грижеше за човекотшто беше на умирање.

„Стигнавте токму навреме“, им рече Стерн. „Ситуацијата многубрзо му се влоши од изутринава. Лекарите се сигурни дека се во

331

Page 332: Sepnuvacot - Donato Karizi

прашање само часови.“Додека одеа, Гавила и се претстави на Никла и и објасни што треба

да прави, иако не можеше да го прикрие својот скептицизам. Тој гиимаше видено како дејствуваат сите видови медиуми, давајќи и госвојот придонес на полицијата. Многу често нивните интервенциипроизведуваа едно огромно ништо, а други правеа конфузија воистрагата, создавајќи погрешни насоки и бесмислени очекувања.

Калуѓерката не беше изненадена од претпазливоста накриминологот; многупати досега на лицата на луѓето таа го имашевидено тој израз на недоверба.

Стерн, поради религиозноста, не беше убеден во дарбата на Никла.Што се однесува до него, сето тоа беше чисто шарлатанство. Но, гозбунуваше фактот што тоа го практикува калуѓерка. „Барем тоа не гоправи за пари“, и беше кажал претходно на дури уште посомничаватаСара Роза.

„Ми се допаѓа тој криминолог“, и шепна доверливо Никла на Миладодека се качуваа по скалите. „Тој се сомнева, а не се труди да госкрие тоа.“

Забелешката не беше производ на нејзината дарба. Мила сфати декатаа дојде од нејзиното срце. Слушајќи ги тие зборови од толку драгапријателка, Мила почувствува благодарност. Изјавата ги развеа ситесомневања што Сара Роза се обидуваше да ги посее во неа, во врскасо Горана.

Собата на Џозеф Б. Рокфорд се наоѓаше на крајот од пространиотходник прекриен со таписерии.

Големиот прозорец беше свртен накај запад, накај зајдисонцето. Одбалконот можеше да се ужива во погледот на долината.

Креветот со четири столпчиња на секој од аглите се наоѓаше восредината на собата. Насекаде околу него, медицински апарати гиследеа последните часови на милијардерот. Тие наместо него госоздаваа механичкиот ритам, направен од бипкањето на мониторот заследење на работењето на срцето, од вдишувањето и бревтањето нареспираторот, од повтореното капење на инфузијата и од тивкиотпостојан електричен шум.

332

Page 333: Sepnuvacot - Donato Karizi

Торзото на Рокфорд беше поткренато на неколку перници, неговитераце положени покрај бедрата на везениот креветски чаршаф, очитему беа затворени. Носеше пижама од сурова свила, светло розова,отворена кај вратот за да не ја притиска ендотрахеалната цевка. Онамалку коса што ја имаше – беше екстремно бела. Лицето му бешевдлабнато околу орловскиот нос, а останатиот дел од неговото телоодвај формираше контури под ќебето. Прилегаше како да има стогодини, иако имаше одвај педесет.

Во тој момент сестрата се наведна кон раната на неговиот врат,менувајќи ја газата околу цевката што му помагаше да дише. Одцелиот персонал што се менуваше околу тој кревет дваесет и четиричаса на ден, им беше дозволено да се сретнат само со неговиотприватен лекар и со неговиот асистент.

Кога членовите на тимот го преминаа прагот, погледите им сесретнаа со оној на Лара Рокфорд, која за ништо на светот не би гопропуштила овој настан. Беше седната во една фотелја, одвоена оддругите, и пушеше, за инает на сите хигиенски правила. Когасестрата истакна дека тоа можеби не е добра идеја со оглед накритичната состојба на нејзиниот брат, таа едноставно и одговори:„Тоа и така не може да го повреди.“

Никла самоуверено дојде до неговиот кревет, набљудувајќи ја тааповластена претсмртна глетка. Смрт, толку различна од ониебедните, што таа секој ден ги гледаше во Пристаништето. Кога дојдепоблизу до Џозеф Б. Рокфорд, таа во воздухот го исцрта знакот накрстот. Потоа се заврти накај Горан, велејќи: „Можеме да почнеме.“

Тие не можеа да го снимат она што требаше да се случи. Никогаш,ниту за милион години, ниту една порота не би прифатила нештотакво како доказ. Ниту новинарите можеа да дознаат нешто во врскасо овој експеримент. Се мораше да остане меѓу овие ѕидови.

Борис и Стерн ги зазедоа своите позиции, стоејќи покрајзатворената врата. Сара Роза застана во аголот и се потпре на ѕидотсо рацете прекрстени на градите. Никла седна во столот крајкреветот. Мила седна до неа. Спроти нив застана Горан, кој сакашеда ги има на око и Рокфорд и калуѓерката.

333

Page 334: Sepnuvacot - Donato Karizi

Медиумот почна да се концентрира.Мила не знаеше каде навистина беше Џозеф Б. Рокфорд во тој

момент. Можеби беше таму со нив, и можеби можеше дури и да гислуша. Ако не, тогаш веќе потонал доволно длабоко за да сеослободи себеси од сопствените фантазии.

Но, таа беше сигурна во едно нешто: за да го најде, Никла можебиќе мора да падне во длабока и во опасна бездна.

„Ах, почнувам да чувствувам нешто...“Рацете на Никла се одмораа на нејзините колена. Мила забележа

дека прстите почнаа да се грчат од притисок.„Џозеф е се уште овде“, објави медиумот. „Но тој е мошне... далеку.

Како и да е, тој се уште може да забележува нешто од тоа што сеслучува тука...“

Сара Роза и Борис зачудено се погледнаа. Тој не можеше, а да не сеподнасмее збунето, но успеа да се исконтролира.

„Тој е мошне вознемирен. Тој е гневен ... не може да го поднесефактот што се уште е тука... сака да си замине, но не може. Нешто гозадржува ... тој не може да го поднесе мирисот.“

„Каков мирис?“, праша Мила.„Мирисот на цвеќиња што гнијат. Тој вели дека тоа е

неподносливо.“Тие го помирисаа воздухот, надевајќи се на потврда на тие зборови,

но можеа да сетат само пријатен мирис: на полицата на прозорецотимаше голема ваза со свежи цвеќиња во неа.

„Никла, обиди се да го натераш да зборува.“„Мислам дека не го сака тоа... не, тој не сака да ми зборува...“„Наведи го на тоа...“„Жал ми е...“„Што?“Но медиумот не ја доврши реченицата. Наместо тоа, таа рече:

„Мислам дека сака нешто да ми покаже ... да, тоа е тоа ... тој мипокажува некоја соба ... оваа соба. Ама ние не сме овде. Ги нема нимашините што токму сега го одржуваат во живот...“ Никла севкочани: „Со него има некој.“

334

Page 335: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Кој е тоа?“„Една жена, прекрасна е ... мислам дека тоа е мајка му.“Со крајот на окото, Мила ја виде Лара Рокфорд како се помрдна во

фотелјата додека ја палеше којзнае која цигара.„Што прави тој?“„Џозеф е мошне мал... таа го држи на своите колена и му кажува

нешто... таа го прекорува и го предупредува... таа му кажува деканадворешниот свет може само да го повреди. Затоа е подобро даостане тука, ќе биде сигурен. Таа му ветува дека ќе го штити, дека ќесе грижи за него, дека никогаш нема да го напушти...“

Горан и Мила се погледнаа. Вака почнал позлатениот затвор наЏозеф, со мајка му која го оттргнала од светот.

„Таа му кажува дека од сите опасности во светот, жените сенајлошите. Надворешниот свет е полн со жени кои сакаат се да муземат... тие ќе го сакаат само поради тоа што го поседува... тие ќе гоизмамат и ќе имаат предност пред него...“ Потоа, калуѓеркатаповторно кажа: „Жал ми е...“

Мила повторно го погледна Горана. Тоа утро криминологотсамоуверено констатира, во присуство на Роше, дека потеклото нагневот на Рокфорд – истиот гнев што на времето го претвори восериски убиец – лежи во фактот дека тој не можел да го прифати онашто е. Затоа што некој, веројатно неговата мајка, еден ден ги откриланеговите сексуални склоности и никогаш не му простила. Убивањетона својот партнер значи бришење на вината.

Но, очигледно, Гавила грешеше.Приказната на медиумот делумно беше во спротивност со неговата

теорија. Хомосексуалноста на Џозеф би можела да е поврзана софобиите на мајка му. Можеби таа знаела за својот син, а не кажаланишто.

Но, во тој случај, зошто Џозеф ги убивал своите партнери?„Не ми беше дозволено да повикам ниту пријателка...“Сите се завртија за да ја погледнат Лара Рокфорд. Додека

зборуваше, младата жена ја стегаше цигарата меѓу треперливитепрсти и гледаше во подот.

335

Page 336: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Мајка му била таа што тука ги довела тие момчиња“, рече Горан.А таа ги потврди неговите зборови: „Да, и таа им плаќаше.“Солзите почнаа да се слеваат од нејзиното единствено око,

претворајќи го нејзиното лице во маска, дури и погротескна од предтоа.

„Мајка ми ме мразеше.“„Зошто?“, ја праша криминологот.„Затоа што сум жена.“„Жал ми е“, рече повторно Никла.„Замолчи!“, се развика Лара, гледајќи во својот брат.„Жал ми е, малечка сестро...“„Замолчи!“Таа викаше со лут глас, станувајќи на нозе. Брадата и трепереше.„Не можете да замислите. Не знаете како е секогаш кога ќе се

завртите да ги видите тие очи вперени во вас. Поглед што насекадеве следи, и за кој знаете што значи. Дури и покрај тоа што не сакатеда си ја признаете вистината, затоа што ви се гнаси и од саматапомисла на тоа. Мислам дека се обидуваше да разбере... зошто гопривлекувам.“

Никла беше во транс, жестоко треперејќи, додека Мила ја држешеза рака.

„Поради тоа си заминавте од дома, нели?“, се ѕвереше Горан воЛара Рокфорд, обидувајќи се да го добие одговорот по секоја цена.„А тогаш тој почна и да убива...“

„Да, мислам дека тоа така се случи.“„Потоа, пред пет години, се вративте...“Лара Рокфорд се насмеа. „Не знаев ништо за тоа. Тој ме измами,

велејќи дека се чувствува осамено и дека е напуштен од сите. Декасум негова сестра и дека ме сака, и дека мораме да се смириме. Декасето друго било фикс идеја од моја страна. Јас му верував. Кога севратив овде, првите неколку дена се однесувавме нормално: тој бешесладок и нежен, ми обрнуваше внимание. Не личеше на оној Џозефшто го знаев како мала момичка. Се додека...“

Таа повторно се насмеа. А тоа смеење кажа повеќе отколку што со

336

Page 337: Sepnuvacot - Donato Karizi

зборови можеше да се опише насилството на кое била изложена.„Не беше сообраќајна несреќа тоа што вака Ве накажа.“Лара одмавна со главата. „На овој начин тој можеше да биде

целосно сигурен дека никогаш нема да си заминам.“Тие почувствуваа огромна жал за таа млада жена, затвореник, не на

таа куќа, туку на својата сопствена појава.„Извинете“, им рече додека се упати куцајќи накај вратата, влечејќи

ја својата уништена нога.Стерн и Борис се тргнаа настрана за да ја пуштат да помине. Потоа

се свртија накај Горан, чекајќи да донесе одлука.Тој се заврти накај Никла. „Дали ќе продолжите?“„Да“, му одговори калуѓерката, иако ефектот од нејзиниот напор

беше многу видлив.Следното прашање беше најважно од се. Немаа повторна шанса да

го постават. Од него не зависеше само преживувањето на шестатамомичка, туку и нивното преживување. Затоа што ако не успеат да гооткријат значењето на она што се случуваше веќе долго време, тиезасекогаш ќе го понесат белегот на настанот.

„Никла, натерај го Џозеф да ни каже кога го сретнал човекот којбеше како него...“

337

Page 338: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н31

оќе тој ја слушна како вика.Тоа беше мигрената што не и даваше мир и што не и

дозволуваше да спие. Веќе и морфиумот не можеше да ги смиринејзините ненадејни остри болки. Испружена на креветот, тааврескаше додека не и снемаше глас. Нејзината поранешна убавина,што се обидуваше толку внимателно да ја зачува од неумоливотовенеење со годините, наполно исчезна. Стана и вулгарна. Таа, којасекогаш обрнуваше такво внимание на своите зборови, која бешетолку одмерена, стана груба и нестварна во своето пцуење. Пцуешесекого. Својот сопруг, кој почина толку брзо. Својата ќерка, која јанапушти. И Бога, кој ја остави во таква состојба.

Тој самиот, можеше да ја смири.Отиде во нејзината соба и и ги врза рацете за креветот со свилена

марама, за да не може самата себеси да се повреди. Таа веќе ја имашеискубано целата коса, а лицето и беше ишарано со засирена крв одпостојаното гребење со ноктите по своите образи.

„Џозеф“, му рече таа, откако ја помилува по челото. „Кажи ми декасум добра мајка. Кажи ми, те молам.“

А тој, гледајќи ја право во очите полни со солзи, и го кажуваше тоа.Џозеф Б. Рокфорд имаше триесет и две години. И имаше само уште

осумнаесет години до времето кога ќе умре. Не многу долго пред тоа,еден познат генетичар беше повикан да провери дали Џозеф ќе ја имасудбината на татко си и на дедо си. Со оглед на тогашните скуднисознанија во поглед на генетското наследство на болеста, одговоротбеше неопределен: веројатноста дека тој редок синдром дејствувал вонего од раѓањето, варираше меѓу четириесет и педесет проценти.

Оттогаш, Џозеф живееше со таа единствена цел пред себе. Се другосамо го приближуваше една скала поблизу. Како болеста на неговатамајка. Ноќите во таа огромна куќа беа вознемирувани од нејзинитенечовечки врескања што одекнуваа низ големите соби. Бешеневозможно да се избега од нив. По месеци принудно неспиење,

338

Page 339: Sepnuvacot - Donato Karizi

Џозеф почна да става тампони во ушите само за да не ја слушанејзината агонија.

Меѓутоа, тие не беа доволни.Едно утро, околу четири часот, тој се разбуди. Сонуваше нешто, но

не можеше да се сети на сонот. Но, тоа не беше она што го разбуди.Се исправи во креветот, обидувајќи се да открие што беше тоа.

Во куќата владееше некоја чудна тишина.Џозеф сфати. Стана и се облече; панталони, џемпер со висока јака и

една од оние ирските наметки, Барбр. Потоа ја напушти собата,поминувајќи покрај затворената врата на собата на мајка му ипродолжи да оди. Слезе по импозантните мермерни скали и, понеколку минути, излезе надвор.

Одеше низ долгата авенија на имотот се додека не стигна дозападната порта, којашто, обично, ја користеа послугата иразнесувачот на продукти. Тоа беше границата на неговиот свет.Само колку пати тој и Лара беа дошле довде во своите детскиистражувања. И покрај тоа што беше многу помлада од него, сестраму милуваше да излегува зад портата, покажувајќи завидна храброст.Но Џозеф секогаш ја повлекуваше назад. Лара беше замината речисиедна година порано. Откако еднаш најде сила да ја помине тааграница, за неа веќе ништо не беше тешко. Страшно многу мунедостигаше.

Во тоа студено ноемвриско утро, Џозеф неколку минути стоешенеподвижно покрај портата. Тогаш, се прекачи преку неа. Когастапалата му ја допреа земјата, него го обзеде ново чувство, едентрепет во градите што се разлеа насекаде низ него. Првпат во својотживот, тој го искуси значењето на чувството на радост.

Одеше по асфалтниот пат.Зората беше означена со жар на хоризонтот. Пејзажот околу него

беше истиот како и на имотот, и за миг имаше чувство декавсушност не го напуштил местото и дека таа порта беше самопретекст, затоа што целото создавање почнуваше и завршуваше тука,и секогаш кога ќе ја помине границата тој пак ќе почне од почетокот,непроменет, и се така до бесконечност. Како бескрајна низа од

339

Page 340: Sepnuvacot - Donato Karizi

еднакви паралелни универзуми. Порано или подоцна, тој повторно ќеја види својата куќа како се појавува на патеката и ќе знае, сигурно,дека тоа било само илузија.

Но, тоа не се случи. Како што се зголемуваше оддалеченоста, наповршина излезе свеста дека тој може да го прави тоа.

Пред очите немаше ништо. Ниту автомобил, ниту куќа. Звукот нанеговите чекори по асфалтот беше единствената трага на човечкиотрод сред песната на птиците, додека го востановуваа новиот ден.Дрвјата не ги мешкаше ветер, и додека поминуваше, се чинеше какода зјапаат во него како во странец. А тој беше предизвикан да гипоздрави. Воздухот беше пенлив, и имаше некаква миризба. На мраз,на суво лисје и на свежа, зелена трева.

Сонцето сега веќе беше повеќе од ветување. Се лизна низполињата, ширејќи се и ширејќи се како дамка од масло. Џозеф неможеше да каже колку километри имаше изодено. Не се беше упатилникаде. Но, ова беше големо нешто: не му беше гајле. Млечнитекиселини пулсираа низ мускулите на неговите нозе. Никогаш неочекувал дека болката може да биде пријатна. Во своето тело имашеенергија, и воздух за дишење. Тие две вредности ќе го решатостанатото. Тој првпат не сакаше да размислува за нештата. До тојден, неговиот ум секогаш наоѓаше некоја нова анксиозност за да гоблокира. И бидејќи непознатото се уште лежеше во заседа некадеоколу него, за време на тие неколку моменти тој веќе научи деканезависно од опасноста, можеше да зачува и нешто убаво. Каковосхитувањето, како зачуденоста.

Тоа беше точно она што го сети кога стана свесен за новиот звук.Беше тивок и оддалечен, но постојано се приближуваше од зад него.Набрзо го препозна: тоа беше звук на автомобил. Се заврти и го видесамо покривот како се појавува зад испакнатоста на патот. Потоаавтомобилот се скри, за да се појави повторно. Тоа беше еден старкрем карван. Доаѓаше накај него. Стаклата беа толку валкани, штобеше невозможно да се видат патниците. Џозеф реши да го игнорира,се заврти и продолжи да оди. Кога автомобилот се приближи до него,се чинеше дека подзабави.

340

Page 341: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Еј!“Тој се двоумеше дали да се сврти. Можеби беше некој што сакаше

да стави крај на неговата авантура. Да, тоа беше тоа. Мајка мустанала и почнала да го извикува неговото име. Не наоѓајќи го вкревет, ги ослободила слугите да го бараат внатре и надвор одимотот. Можеби човекот што викна по него беше еден одградинарите кој го барал со сопственото возило, надевајќи се надобра награда.

„Еј, ти, каде одиш? Ти треба ли превоз?“Прашањето го разубеди. Не ќе да беше некој од куќата.

Автомобилот се приближи зад него. Џозеф не можеше да го видивозачот. Тој застана, а потоа и автомобилот.

„Одам на север“, му кажа човекот од возилото. „Можам да тизаштедам неколку километри пеш. Не е многу, но нема да најдешмногу превоз во околината.“

Неговата возраст не можеше да се определи. Може да имашечетириесет, можеби помалку.

Брадата му беше црвеникава, долга и разбушавена, криејќи му гигодините. Косата, исто така, му беше долга, и ја носеше наназад сопатец на средината. Очите му беа сиви. „Значи, што ќе правиш? Ќевлезеш ли внатре?“

Џозеф подразмисли малку и потоа рече: „Да, благодарам.“Седна зад непознатиот и автомобилот тргна. Седиштата беа

покриени со кафеав сомот, наместа искинат, откривајќи го платнотооздола. Мирисаше на комбинација од дезодоранси за автомобил, согодини закачувани еден врз друг на предниот ретровизор. Заднотоседиште беше спуштено за да се ослободи поголемо место, сеганатрупано со картонски кутии и со пластични ќесиња, алати иконзерви пиво со различни големини. Се беше перфектно наместено.На возачката табла имаше траги од стари етикети. Радиото беше одстарите модели со касетофон и свиреше некоја кантри музика одкасета. Возачот, кој го имаше намалено звукот за да можат даразговараат, повторно се заврти назад.

„Долго ли одеше?“

341

Page 342: Sepnuvacot - Donato Karizi

Д

Џозеф ги избегна неговите очи поради страв да не забележи дека голаже.

„Да, од вчера.“„Не стопираше ли?“„Да. Еден возач на камион ме качи, ама требаше да вози во друга

насока.“„Зошто, каде одиш ти?“Тој не го очекуваше прашањето и ја кажа вистината.„Не знам.“Човекот почна да се смее.„Ако не знаеш, зошто си го пуштил камионџијата да си замине?“Џозеф се заврти накај него за да го погледне сериозно. „Затоа што

прашуваше премногу.“Човекот се насмеа, сега дури и посилно. „Господе Боже, ми се

допаѓа твојата директност, дете.“Тој носеше црвена парка со кратки ракави. Панталоните му беа

светлокафеави, а плетениот волнен џемпер имаше дезен соромбоиди. Носеше работнички чизми со двојна гума оздола. Воланотго држеше со двете раце. На зглобот на левата рака носеше евтинпластичен кварцен часовник.

„Слушај, јас не ги знам твоите планови и не сакам да те притискамда ми кажеш, но ако мислиш дека ќе ти се допадне, живеам недалекуодовде и можеш да дојдеш на појадок. Што велиш, а?“

Џозеф за малку ќе одбиеше. Веќе доволно ризикуваше што се качиво автомобилот, а сега нема да оди некаде со овој човек, некаде кадешто може да го ограби или нешто полошо. Но во тој момент сфатидека е само под влијание на некој од своите стравови. Утрешнинатабеше мистериозна, а не заканувачка – како што откри токму тоаутро. А за да се вкуси нејзиното овошје, треба да се ризикува. „ОК.“

„Јајца, сланина и кафе“, вети непознатиот.

ваесет минути подоцна, тие го напуштија главниот пат за дапродолжат по еден земјен пат. Возеа полека, преку дупки и

342

Page 343: Sepnuvacot - Donato Karizi

џумки, додека не стигнаа до една дрвена куќа со кос покрив. Белатабоја со која беше бојосана, наместа беше излупена. Верандата бешетрошна, а овде-онде низ штиците се пробиваа снопчиња трева.Паркираа покрај влезната врата.

Кој е овој тип?, се праша Џозеф кога виде каде живее, свесен декаодговорот нема да биде толку интересен колку можноста да сеистражи неговиот свет.

„Добредојде“, му рече човекот, веднаш откако го преминаа прагот.Првата соба беше со средна големина. Мебелот се состоеше од маса

и три стола, од креденец на кој му недостигаа неколку фиоки и одедна стара софа со скинат тапацир на неколку места. На еден одѕидовите висеше слика со некаков непознат пејзаж.

Покрај единствениот прозорец, се наоѓаше исчаден камин од каменво кој имаше студени, поцрнети дрва. На едно столче издлабено вотрупец дрво, на куп беа наставани неколку тави обложени соизгорена маст. На крајот од собата се наоѓаа две затворени врати.

„Извини, нема бања со тоалет. Ама надвор има цел куп дрвја“,смеејќи се додаде човекот.

Немаше ниту струја ниту вода, но наскоро човекот отиде дозадниот дел на автомобилот и ги донесе конзервите со пиво, штоЏозеф ги виде кратко време пред тоа.

Со малку стари весници и дрва што ги собра однадвор, тој запалиоган во каминот. Откако исчисти колку што можеше подобро една одтавите, тој стави малку путер да се стопи и потоа додаде јајца исланина. Веројатно беше второкласно, но јадењето мирисаше толкуубаво што отвораше апетит.

Џозеф го гледаше љубопитно, измачуван од оној вид прашања штодецата им ги поставуваат на возрасните кога доаѓаат на возраст когапочнуваат да го откриваат светот. Но, се чинеше дека човекот тоа него вознемируваше – изгледа сакаше да зборува.

„Долго ли живееш овде?“„Еден месец, ама ова не е моја куќа.“„Што значи тоа?“„Дека она нешто надвор е мојата вистинска куќа“, рече,

343

Page 344: Sepnuvacot - Donato Karizi

покажувајќи со главата накај автомобилот паркиран надвор.„Патувам низ светот.“

„Тогаш, зошто запре?“„Затоа што го сакам ова место. Еден ден возев по патот и ја видов

патеката. свртив по неа и се најдов тука. Куќата беше напуштена,Господ знае од кога. Веројатно им припаѓала на некои фармерскиработници: има еден куп алатки назад.“

„Што им се случило?“„Ох, не знам. Мора да го сториле истото како и многумина други:

кога имало криза во земјата, заминувале по подобар живот во градот.Наоколу има многу напуштени фарми.“

„Зошто не се обиделе да ги продадат имотите?“Човекот се насмеа: „Кој би купил место како ова? Не можеш да

добиеш ни пара повеќе за ваква земја, пријателе.“Тој заврши со пржењето и содржината ја истури директно во

чиниите ставени на масата. Не чекајќи, Џозеф ја нурна виљушката вожолтата каша. Откри дека е многу гладен. Мирисот беше прекрасен.

„Ти се допаѓа, нели? Супер, изеди го, има колку што сакаш.“Џозеф продолжи лакомо да лапа. Потоа, со полна уста, праша: „Ќе

останеш ли овде долго?“„Мислев да си одам кон крајот на месецов: зимите овде се студени.

Собирам некакви резерви и потоа ќе одам да барам други напуштенифарми, со надеж дека ќе најдам нешто што на некаков начин уштеможе да биде употребливо. Ова утро најдов тостер. Мислам дека ескршен, ама можам да го поправам.“

Џозеф регистрира се, небаре прави прирачник од секакви идеи:како да се подготви одличен појадок само со јајца, сланина и путер, икако да се најде вода за пиење. Можеби помисли дека ќе бидатупотребливи во новиот живот. Животот на непознатиот му се видезавиден. Можеби беше тежок, но бескрајно подобар отколку оној штого живееше досега.

„Знаеш ли дека не се ни запознавме?“Раката на Џозеф, се уште држејќи ја виљушката, застана во воздух.„Ако не сакаш да ми го кажеш името, нема проблем. Ми се

344

Page 345: Sepnuvacot - Donato Karizi

допаѓаш, како и да е.“Џозеф продолжи да јаде. Човекот не инсистираше, но тој

чувствуваше обврска некако да му се оддолжи за неговатагостоприемливост. Тој реши да му каже нешто во врска со себеси.

„Јас речиси сигурно ќе умрам кога ќе наполнам педесет години.“И тој му кажа за клетвата врз машките наследници во неговото

семејство. Човекот внимателно го слушаше. Без да спомнува имиња,Џозеф му објасни на човекот дека е богат и му кажа за потеклото насвоето богатство. За храброста и за мудроста на дедо му, кој засадилсеме на голема среќа. Исто така му кажа и за својот татко, кој гозголемил наследството со својот претприемнички гениј. Најпосле, тојзборуваше за себе, за фактот дека повеќе немаше цел да се збогатува,затоа што се беше освоено. Тој има дојдено на овој свет само за дапомине две нешта: огромна среќа и неумолив смртоносен ген.

„Разбирам дека болеста што ги убила татко ти и дедо ти енеизбежна, но за парите секогаш се наоѓа решение: зошто не сеоткажеш од богатството ако не се чувствуваш доволно слободен?“

„Затоа што пораснав со пари и без нив не би знаел како дапреживеам ниту еден единствен ден. Како што гледаш, каквапромена и да направам, секогаш останува тоа дека сум предодреденда умрам.“

„Жими јајцава!“, рече човекот, додека стануваше да ја измие тавата.Џозеф се обиде тоа да го објасни подобро: „Би можел да имам се

што ќе посакам. Но, од таа причина не знам што е тоа желба.“„Што зборуваш, по ѓаволите? Парите не можат се да купат.“„Ох, верувај ми, можат. Ако сакам да умреш, можам некому да му

платам да те убие и никој никогаш нема да знае за тоа.“„Си сторил ли така некогаш?“, го праша другиот човек, одненадеж

мошне сериозен.„Што?“„Да платиш некому за да убие за тебе?“„Јас не, но татко ми и дедо ми направиле такво нешто, знам.“Се случи молчење.„Но здравје не можеш да купиш.“

345

Page 346: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Тоа е вистина. Меѓутоа, кога однапред знаеш кога ќе умреш,проблемот е решен. Гледаш: богатите се несреќни затоа што знаатдека порано или подоцна ќе мора да напуштат се што поседуваат. Неможеш да ги земеш парите в гроб. Јас себеси не се измачувам вомислите за мојата сопствена смрт, некој друг веќе го сторил тоа замене.“

Човекот престана да мисли. „Имаш право“, рече, „но мошне е тажноништо да не се посакува. Мора да има нешто што навистина госакаш, нели? Значи, почни со тоа.“

„Добро, сакам да пешачам. И од ова утро сакам сланина со јајца. И,сакам момчиња.“

„Мислиш, ти си...“„Навистина не знам. Одам со нив, но не можам да кажам дека тоа е

нешто што навистина го посакувам.“„Па зошто не пробаш да одиш со жени?“„Веројатно би можел. Но, прво, тоа би требало да биде нешто за

што имам желба, нели? Не можам тоа да го објаснам подобро од ова.“„Не. Јас мислам дека си веќе доволно јасен.“Човекот ја остави тавата врз другите на столчето. Потоа го

погледна кварцниот часовник на раката.„Часот е десет, треба да одам во градот: ми требаат некои делови за

да го поправам тостерот.“„Тогаш ќе дојдам и јас.“„Не, зошто? Остани тука и одмори се малку, ако сакаш. Брзо ќе се

вратам, можеби можеме пак да јадеме заедно и да поразговарамемалку повеќе. Ти навистина си нешто, го знаеш ли тоа?“

Џозеф ја погледна старата софа со скинатиот тапацир. Му сечинеше мошне привлечно.

„ОК“, рече. „Ќе поспијам малку, ако немаш ништо против.“Човекот се насмевна. „Одлично!“ Речиси беше излезен, кога се

заврти. „Патем, што би сакал за вечера?“Џозеф се загледа во него. „Не знам. Изненади ме.“

346

Page 347: Sepnuvacot - Donato Karizi

Една рака нежно го протресе. Џозеф ги отвори очите и откри декавеќе е вечер.

„Си бил преморен!“, му рече, смеејќи се, неговиот нов пријател.„Спиеше цели девет часа!“

Џозеф стана, протегнувајќи се. Долго време се немаше толку доброодморено. Тој одненадеж сети мака од глад.

„Време ли е веќе за вечера?“„Време е да се запали огнот, и веднаш ќе бидам готов: ќе испечам

пилешко на жарта и малку компири. Дали тоа е ОК како мени?“„Фантастично е, умирам од глад.“„Во меѓувреме, земи си пиво, има на штицата на прозорецот.“Џозеф никогаш немаше пиено пиво, освен пивото што мајка му го

ставаше во Божикниот пунч. Зеде една конзерва од спакуваните шести ја отвори. Ги положи усните на алуминиумскиот раб и се напиголема голтка. Го почувствува студениот пијалак како брзо се движиниз грлото. Тоа беше пријатно чувство на гаснење жед. По вторатаголтка, тој ждригна.

„На здравје!“, викна човекот.Надвор беше студено, но внатре огнот даваше убава топлина.

Светлината од ламбата на гас на средината на масата одвај јаосветлуваше собата.

„Мајсторот рече дека тостерот може да се поправи. Тој мепосоветува и како да го поправам. Тоа е одлично, значи дека биможел пак да го продадам на некој панаѓур.“

„Значи, така заработуваш за живот?“„Да, и тоа одвреме-навреме. Луѓето фрлаат многу предмети што се

уште може да се употребуваат. Ги земам и ги поправам, а потоазаработувам некоја пара. Некои нешта задржувам, како онаа слика,на пример...“

Тој покажа на неврамениот пејзаж на ѕидот. „Зошто токму таа?“, гопраша Џозеф.

„Не знам, ми се допаѓа. Мислам дека ме потсетува на местото кадешто сум роден, или можеби, никогаш не сум бил таму, кој може да

347

Page 348: Sepnuvacot - Donato Karizi

каже – имам толку многу пропатувано...“„Стварно ли си бил на многу различни места?“„Да, на купишта.“ За момент се чинеше загубен во мислите, но

веднаш продолжи: „Моето пилешко е нешто специјално, ќе видиш. Ипатем, имам едно изненадување за тебе.“

„Изненадување? Какво изненадување?“„Не сега, по вечерата.“Тие седнаа на масата. Пилешкото и компирите беа одлично

зготвени и вкусни. Џозеф неколкупати си ја полнеше чинијата.Типот – Џозеф сега така размислуваше за него – јадеше со отворенауста и веќе испи три пива. По вечерата извади едно рачно изработенолуле и малку тутун. Додека се подготвуваше да пуши, тој рече:„Знаеш ли дека многу размислував за она што ми го кажаизутринава?“

„Што точно?“„Она што го кажа за ’желбата’. Бев обземен од тоа.“„Навистина? Зошто?“„Гледаш, не мислам дека е толку лошо да знаеш кога точно ќе

заврши твојот живот. Тоа повеќе го гледам како привилегија.“„Како можеш да кажеш нешто такво?“„Добро, се разбира дека тоа зависи како ја гледаш целата слика.

Дали си склон да ја гледаш чашата до половина полна или дополовина празна. Накусо: ти можеш да ги наброиш сите нешта штоти недостигаат. Или, пак, можеш да го определиш текот на твојотживот според твојот краен рок.“

„Не можам да те следам.“„Мислам дека фактот што знаеш дека ќе умреш во педесеттата

година те тера да мислиш дека немаш моќ врз својот живот. Но, тукагрешиш, мој пријателе.“

„Што подразбираш под ’моќ’?“Типот зеде едно гранче од огнот и со едниот крај го запали лулето.

Пред да одговори, тој длабоко повлече. „Моќта и желбата одат ракапод рака. И двете нешта се направени од истата проклетасупстанција. Второто зависи од првото, и обратно. И тоа не е само

348

Page 349: Sepnuvacot - Donato Karizi

некое филозофско лајно, тоа можеш да го видиш во самата природа.Ти тоа добро го кажа утрината: можеме само да го посакуваме онашто го немаме, мислиш дека имаш моќ да добиеш што и да е, а тинемаш желба за ништо. Но, тоа се случува затоа што твојата моќпроизлегува од парите.“

„Зошто, има ли и некој друг начин?“„Се разбира, моќта на волјата, на пример. Тоа треба да го испробаш

за да го разбереш. Но, се сомневам дека тоа нема да сакаш да госториш...“

„Зошто велиш така? Можам да го сторам.“ Типот погледна во него.„Дали си сигурен?“

„Дефинитивно.“„Одлично. Пред вечерата ти реков дека за тебе имам изненадување.

Сега ќе ти го покажам. Дојди.“ Тој стана и отиде накај една одзатворените врати на другиот крај на собата. Џозеф несигурно госледеше кон полуотворената врата.

„Гледај“Тој зачекори во темнината и го почувствува. Во собата имаше

нешто, и тоа дишеше забрзано. Веднаш помисли на некакво животнои зачекори назад.

„Ајде“, му рече типот, „погледни подобро На Џозеф му требаанеколку секунди за да се навикне на темницата. Ламбата на гас намасата светеше само толку колку нејасно да го осветли лицето надетето. Тоа лежеше, а рацете и нозете му беа врзани за креветот содебели јажиња. Носеше карирана кошула и фармерки, но немашечевли на нозете. Една марама околу устата го спречуваше да зборува,така што можеше само да испушта неповрзани звуци, какоживотински крици. Косата врз неговото чело беше мокра од пот. Себореше како заробено животно, а очите му беа ококорени од ужас.

„Кој е тоа?“, праша Џозеф.„Подарок за тебе.“„И што би требало да правам со него?“„Што сакаш.“„Ама јас не го познавам.“

349

Page 350: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Ниту јас. Стопираше на патот. Го собрав во автомобилот навраќање наваму.“

„Можеби треба да го одврземе.“„Ако сакаш така.“„Зошто не би го направил тоа?“„Затоа што ова е показ на тоа што е моќ, и како таа е поврзана со

желбата. Ако сакаш да го ослободиш, стори го тоа. Но ако сакашнешто друго од него, од тебе зависи што ќе избереш.“

„Да не зборуваш, случајно, за секс?“Типот разочарано одмавна со главата. „Твојот хоризонт е мошне

ограничен, пријателе. Имаш на располагање човечки живот –најголемото, највосхитувачкото дело Господово – и единственотонешто на што можеш да помислиш е да го дупиш...“

„Што би требало да правам со човечки живот?“„Го кажа тоа денес: ако сакаш некого да убиеш, само би требало

некому да платиш за тоа да го направи за тебе. Ама дали навистинамислиш дека тоа ти дава моќ да одземеш живот? Твоите пари јаимаат таа моќ, не ти. Се додека не го направиш тоа со свои раце,никогаш нема да искусиш што значи тоа.“

Џозеф повторно го погледна очигледно преплашеното дете. „Но несакам да го знам тоа“, рече.

„Затоа што се плашиш. Се плашиш од последиците, од фактот декаможеш да бидеш казнет, или од твоето чувство на вина.“

„Нормално е да се плашиш од некои нешта.“„Не, не е, Џозеф.“Тој не забележа дека типот му се обрати по име: во тој момент

беше премногу зафатен да гледа де во човекот, де во детето.„Што доколку ти кажев дека можеш да го сториш тоа, дека можеш

некому да одземеш живот, а никој да не знае?“„Никој? А ти?“„Јас го киднапирав и го донесов тука, се сеќаваш ли? И јас ќе бидам

оној што ќе го закопа неговото тело...“Џозеф ја наведна главата. „Никој никогаш нема да дознае?“„Што ако ти кажам дека нема да бидеш казнет, дали тоа ќе ти ја

350

Page 351: Sepnuvacot - Donato Karizi

разбуди желбата да пробаш?“Џозеф малку подолго гледаше во своите раце, а дишењето му се

забрза додека почна да сеќава како го преплавува чудна еуфорија,нешто што никогаш досега не почувствувал.

„Би сакал еден нож“, рече.Типот отиде во кујната. Додека го чекаше, Џозеф се ѕвереше во

детето кое го молеше со своите очи, плачејќи. Пред погледот на тиебезгласни солзи, Џозеф откри дека не чувствува ништо. Никој немада ја оплакува неговата смрт, кога, на педесетгодишна возраст,болеста на татко му и на дедо му ќе дојде и по него. За светот, тојсекогаш ќе биде богатото момче, недостојно за каков и да е видсожалување.

Типот се врати со еден долг, остар нож. Му го стави в раце.„Нема ништо попријатно од одземање живот“, му рече. „Не нечиј

посебен живот, на некој непријател или на некој кој те повредил.Само живот на човечко суштество. Тоа ти овозможува да имаш силакако Господ.“

Замина и го остави сам, затворајќи ја вратата зад себе.Месечевата светлина се спровре меѓу скршените ролетни, правејќи

ножот во неговите раце да засветка. Вознемиреноста на детето сезголеми, а Џозеф стана свесен за својата анксиозност, за стравот воформа на звуци, но и за некаков мирис. На неговиот кисел здив, напотта од под пазувите. Се приближи пополека до креветот, неговитечекори крцкаа по подот, така што дури и детето мора да беше свесношто се случува. Ја стави рамната страна на ножот врз неговите гради.Би требало ли нешто да каже? Ништо не му паѓаше на ум. Низ телотому се разлеа трепет и се случи нешто што навистина не гоочекуваше: му се случи ерекција.

Го крена сечилото неколку сантиметри, влечејќи го полека низдетското тело, додека не стигна до неговиот стомак. Запре. Зеде здиви бавно го турна врвот на ножот низ ткаенината на неговата кошула,додека не го допре месото. Детето се обиде да вресне, но се што сеслушна беше бедна имитација на крик од болка. Џозеф го турнасечилото подлабоко, а кожата се раздели небаре беше расцепена. Го

351

Page 352: Sepnuvacot - Donato Karizi

препозна белилото на мрсното ткиво. Но, раната се уште некрвавеше. Потоа го нурна сечилото докрај, додека не ја почувствуваврелата крв на својата рака и додека не стана свесен за силнотоиздишување од утробата. Детето го изви својот грб, без да сакапомагајќи му во неговата задача. Тој повторно притисна се додека непочувствува како врвот на ножот го допре ’рбетниот столб. Детето сепретвори во напрегнат сноп мускули и месо. Во таа испакнатапозиција остана неколку моменти. Потоа тромо падна назад накреветот, лишено од својата сила, како безживотен предмет. И во тојмомент, сите аларми…

...почнаа да ѕвонат наеднаш. Лекарот и сестрата се стрчаа околупациентот со подвижниот апарат за реанимација. Никла, наведната,се обиде да си го поврати здивот: шокот од она што го виде жестокоја поврати од нејзиниот транс. Мила ги стави рацете на нејзиниотгрб, помагајќи и да дише. Лекарот ја расцепи пижамата што гипокриваше градите на Џозеф Б. Рокфорд, кинејќи ги сите копчињашто се разлетаа низ собата. Борис за малку ќе се слизнеше на нивдодека се обидуваше да и пријде на Мила на помош. Тогаш лекаротги притисна плочите што му ги подаде сестрата врз градите напациентот, извикувајќи „сега!“, пред електричното празнење. Горандојде до Мила: „Ајде да ја изнесеме одовде“, и рече, одејќи да јаприфати калуѓерката. Додека ја напуштаа собата со Роза и со Стерн,полицајката се заврти за последен пат накај Џозеф Б. Рокфорд.Телото му се измачуваше од електро-шоковите, но под ќебињата, таазабележа нешто што личеше на ерекција.

Ти, комплетно копиле, си рече во себе.Звукот на мониторот за срце се стабилизира во една рамна линија.

Но, во тој момент, Џозеф Б. Рокфорд ги отвори очите.Неговите усни почнаа да мрдаат без да можат да испуштат звук.

Гласните жици му беа оштетени кога му беше направенатрахеотомија за да му се овозможи да дише.

Тој досега би требало да е мртов. Апаратите околу него кажуваа

352

Page 353: Sepnuvacot - Donato Karizi

дека сега беше само безживотно парче месо. А сепак, тој сеобидуваше да комуницира. Неговото стенкање звучеше како на човекшто се дави и кој се обидува да фати еден последен очајнички здивна воздух.

Тоа не траеше долго.Најпосле, една невидлива рака повторно го повлече надолу и се

чинеше небаре душата на Џозеф Б. Рокфорд е голтната од неговатасмртна постела, оставајќи само празно, отфрлено тело.

353

Page 354: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н32

абрзо откако закрепна, Никла Папакидис му се стави нарасполагање на цртачот на Федералната полиција да направи

фоторобот на човекот што таа го виде со Џозеф.Непознатиот кого тој го крсти „типот“ и за кого се

претпоставуваше дека е Алберт.Долгата брада и долгата кадрава коса ја спречуваа да даде прецизен

опис на главните карактеристики на човекот. Таа не знаеше какоизгледа неговата вилица, а носот му беше само нејасна сенка налицето. Не можеше да ја „улови“ и точната форма на неговите очи.

Се што можеше со сигурност да каже беше дека тие беа сиви.Сепак, резултатот ќе биде пратен до сите полициски станици, до

пристаништата и аеродромите, како и до граничните патроли. Рошезапна да реши дали и на медиумите да им даде копии, иако тоа ќе гиизложеше на објаснувања како го направиле фотороботот. Доколкуоткриеја дека зад него стои некој медиум, новинарите ќе заклучеадека полицијата немала со што да оперира, дека полицајците сесопнуваат во темница и дека, во очај, повикале парапсихолог.

„Тоа е ризик што треба да го преземеш“, му предложи Горан.Главниот инспектор повторно му се придружи на тимот во куќата

на Рокфордови. Тој не сакаше да ја сретне калуѓерката, затоа штоуште на почетокот јасно даде до знаење дека не сака да има ништосо нејзиниот експеримент: како и секогаш, целата одговорност бипаднала врз Горан. Криминологот тоа подготвено го прифати, затоашто и веруваше на интуицијата на Мила.

„Малечка моја, едно нешто ми падна на ум“, и рече Никла насвојата миленичка, додека седеа во карванот на мобилната единица иги гледаа Гавила и главниот инспектор како разговараат натревНикот пред куќата.

„Што тоа?“„Дека не ја сакам наградата.“„Но ако тоа е човекот што го бараме, таа ќе ти припадне според

354

Page 355: Sepnuvacot - Donato Karizi

законот.“„Не ја сакам.“„Само помисли на сите нешта што можеш да ги направиш за луѓето

за кои секојдневно се грижиш.“„А што друго им треба што веќе го немаат? Ја имаат нашата љубов,

нашата грижа и, верувај ми, кога некое од божјите суштества ќестигне до крајот на својот живот, нему не му треба ништо друго.“

„Доколку ги земеш тие пари, ќе можам да сметам дека нешто доброизлегло од сето ова...“

„Злото предизвикува повеќе зло. Тоа секогаш било негова главнакарактеристика.“

„Слушнав некој како вели дека злото секогаш може да се покаже.Доброто не. Затоа што злото остава траги од своето присуство.Додека на доброто можеш да бидеш само сведок.“

Никла конечно се насмевна. „Чудно“, рече неочекувано. „Знаеш,Мила, факт е дека доброто е премногу непостојано за да бидезабележано на некаков начин. И кога поминува, не остава траги.Доброто е чисто, злото е валкано... Но јас можам да докажам декадоброто постои, затоа што го гледам секој ден. Кога некој од моитесироти луѓе се приближува кон крајот, останувам со него колку штоможе подолго. Го држам за рака, го слушам тоа што има да ми гокаже; ако ми ги кажува своите гревови, јас не го осудувам. Кога тиелуѓе ќе разберат што им се случува, без разлика дали воделе добарживот и не направиле никакво зло или, пак, сториле некое зло и сепокајале... знаеш, тие секогаш се насмевнуваат. Не знам зошто, нотоа се случува, биди сигурна. Значи, доказот за доброто е насмевкатасо која тие ја предизвикуваат смртта.“

Утешена, Мила кимна со главата. Таа нема да навалува Никла да јаприфати наградата. Можеби има право.

Беше речиси пет часот попладнето и калуѓерката беше уморна. Но,имаше уште едно нешто да се направи.

„Дали си сигурна дека ќе ја препознаеш напуштената куќа?“, јапраша.

„Да, знам каде е.“

355

Page 356: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

ие требаше само да извршат рутинска инспекција пред да севратат во студиото. Тоа беше потребно за да се потврди доказот

од информацијата на медиумот.Но, сепак, сите тргнаа.Во автомобилот, Сара Роза ги следеше насоките на Никла и заврти

каде што и кажа таа. Временската прогноза, патем, предвидувашеповеќе снег. Од едната страна, небото беше јасно, а сонцето брзозаоѓаше. Од другата страна, облаците веќе беа собрани нахоризонтот, а светкањата најавуваа грмотевици.

Тие беа фатени во средината.„Мораме да побрзаме“, рече Стерн. „Наскоро ќе се стемни.“Тие стигнаа до земјениот пат и тргнаа по него. Камчињата

потскокнуваа под тркалата. По сите тие години, дрвената куќа сеуште постоеше. Белата боја беше целосно излупена и беше останатасамо на неколку видливи места. Штиците изложени на времето беаскапани и правеа куќата да изгледа како расипан заб.

Излегоа од автомобилот и се упатија накај верандата.„Внимателно, може да се пропадне“, ги предупреди Борис.Горан се качи на првата скала. Местото се поклопуваше со описот

на калуѓерката. Вратата беше отклучена, но криминологот одвајможеше да ја турне. Внатре, подот беше прекриен со слој земја и сеслушаше како стаорците, вознемирени од нивното присуство, серазбегуваат под масите. Гавила ја препозна софата, иако од неа сеганемаше ништо останато освен скелет од ’рѓосани федери. Комодатасе уште се наоѓаше таму. Каминот од камен делумно беше урнат.Горан извади од својот џеб мала батериска ламба за да ги прегледадвете задни соби. Во меѓувреме, Борис и Стерн влегоа и разгледуваанаоколу.

Горан ја отвори првата врата. „Ова е спалната соба.“Но, креветот веќе не се наоѓаше таму. На неговото место на подот

се забележуваше посветла сенка. На тоа место Џозеф Б. Рокфорд гоприми своето крваво крштевање. Господ знае кое беше детето убиеново таа соба пред речиси дваесет години.

356

Page 357: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Ќе треба да копаме наоколу да не има човечки останки“, речеГавила.

„Ќе ги повикам гробарите и луѓето на Чанг штом завршиме сопроверката на местово“, му рече Стерн.

Во меѓувреме, надвор од куќата, Сара Роза нервозно се шеткашенагоре-надолу со рацете во џебовите за да ги заштити од студот.Никла и Мила ја посматраа од автомобилот.

„Ти не ја сакаш таа жена“, рече калуѓерката.„Би било поправилно ако се каже дека таа не ме сака мене.“„Си се обидела ли да разбереш зошто е тоа така?“Мила погледна настрана. „Дали се обидуваш да ми кажеш дека тоа

е моја грешка?“„Не, само велам дека пред да обвиниме некого, би требало да

бидеме сигурни.“„Таа ме прогонува откако сум дојдена.“Мила ги крена рацете во знак на предавање. „Тогаш не задевај ја.

Се ќе помине набрзо откако ќе си заминеш.“Мила одмавна со главата. Понекогаш, не можеше да го поднесе

здраворазумското размислување на калуѓерката.Внатре, Горан излезе од спалната соба и автоматски тргна накај

втората затворена врата.Медиумот ја немаше спомнато оваа втора соба.Тој ја насочи батеријата на кваката и ја отвори вратата.Таа беше точно со истата големина како онаа до неа. И беше

празна. Влагата ги нападнала ѕидовите и во аглите се беше вгнездилапатина од мувла. Горан го вртеше наоколу снопот светлина одбатеријата. Додека поминуваше преку еден од ѕидовите, забележадека нешто ја одбива светлината.

Тој ја задржа светлината на тоа место и виде дека тоа беа петсветликави квадратчиња, секое со дијаметар од неколку сантиметри.Се приближи, а потоа се смрзна. Закачена на ѕидот со обичнипатенти се наоѓаше серија инстант-фотографии.

Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.На фотографиите тие се уште беа живи. Алберт ги довел тука пред

357

Page 358: Sepnuvacot - Donato Karizi

А

да ги убие. И ги овековечил токму во таа соба, на тој ѕид. Нивнитекоси беа разбушавени, облеката истуткана. Немилосрдниот блиц гиизненадил со нивните очи црвени од плачење, со лицата исполнетисо ужас.

Тие се смееја и мавтаа.Тој ги принудил да ја симулираат таа гротескна поза пред леќите на

фотоапаратот. Таа веселост добиена со принуда беше застрашувачка.Усните на Деби беа извиени во гримаса на неприродно задоволство

и се чинеше дека би можела во секој момент повторно да почне даплаче.

Анеке ја имаше кренато едната рака, а втората и висеше покрајколкот, во гест на резигнација и пораз.

Сабина беше сликана додека гледа наоколу, обидувајќи се да горазбере она што нејзиното детско срце не можеше да го сфати.

Мелиса беше напната и воинствена. Но беше јасно дека и таанаскоро, исто така, ќе се предаде.

Каролина беше неподвижна, со очи широко отворени наднасмевката што покажуваше дека не и се верува што се случува.

Дури откако ги разгледа, Горан ги викна и останатите.

псурдно. Несфатливо. Бесмислено свирепо.

Немаше други зборови за тоа. Молчењето што сите ги зафати,продолжи и на враќање назад во студиото.

Ова ќе биде долга ноќ. Никој не беше сигурен дека ќе може да спиепо ден како тој. Мила непрекинато издржа четириесет и осум часа, завреме на кои се случија толку многу нешта.

Контурите на Алберт беа најдени на ѕидот во вилата на Ивон Грес.Нејзиниот ноќен разговор кај Горан дома, кога му кажа дека јаследеле, како и откривањето на својата теорија дека нивниот човекима соучесник. Потоа излезе прашањето за бојата на очите наСабина што ги одведе до откривањето на измамата на Роше.Посетата на фантомската куќа на Рокфорд. Заедничкиот гроб. ЛараРокфорд. Посредувањето на Никла Папакидис. Истражувањето на

358

Page 359: Sepnuvacot - Donato Karizi

умот на серискиот убиец.И последно од се, тие фотографии.Мила имаше видено многу фотографии во текот на својата служба.

Фотографии на малолетници, сликани покрај море или на училишниконцерти. И беа покажувани од родители или од роднини кога одешеда ги види. Деца кои исчезнуваа за да се појават повторно на другифотографии – честопати голи, или во облека за возрасни – воколекциите на педофилите или во датотеките на мртовечниците.

Но, во петте фогографии најдени во напуштената куќа, имашенешто повеќе.

Алберт знаеше дека тие некако ќе ги најдат таму. И тој ги чекаше.Дали тој дури и предвидел дека тие ќе го истражуваат неговиот

ученик Џозеф со помош на медиум?„Тој не набљудува уште од почетокот“, лаконски коментираше

Гавила. „Секогаш е чекор пред нас.“Мила чувствуваше дека секој нивни потег бил промислуван,

залуден и неутрализиран. А сега, тие мораа и да си го чуваат грбот.Тоа беше бремето што им тежеше на нејзините колеги воавтомобилот додека се враќаа во нивниот штаб.

А – остануваше да се најдат и другите две тела.Првото дефинитивно беше труп. Второто би можело да стане тоа со

текот на времето. Ниту еден не беше доволно храбар да го признаетоа, но сега очајнички посакуваа да го спречат убиството на дететоброј шест.

Како и за малата Каролина, кој можеше да каже каков ужас ќе бидеоткриен? Би можело ли да биде полошо од сето она што веќе гонајдоа? Алберт се подготвуваше за големото финале со шестото дете.

Беше малку по единаесет часот вечерта кога Борис го паркираминиванот под студиото. Тој чекаше сите да излезат, го заклучиавтомобилот и забележа дека го чекаат за да одат заедно нагоре.

Не сакаа да го остават зад себе.Ужасот чии сведоци беа тие, ги зближи многу повеќе од порано.

Затоа што се што им остана беа нивните колеги. Дури и Мила бешедел од тоа другарство. Исто како и Горан. Тие извесно време беа

359

Page 360: Sepnuvacot - Donato Karizi

исклучени, но тоа не траеше долго, и се случи само поради тоа штоРоше сакаше се да контролира. И, им беше дозволено повторно да севратат. Грешката беше простена.

Полека се качуваа по скалите во зградата. Стерн ја прегрна Роза соедната рака. „Оди си вечерва дома кај семејството“, и рече. Но, таасамо одмавна со главата. Мила го разбра тоа. Роза не можеше да гопрекине синџирот. Во спротивно, целиот свет би се распаднал ипортите што уште го заштитуваа ќе му беа широко отворени наШампионот на злото, и тој ќе го поплавеше. Тие беа последнатастража во таа борба и дури и да ја загубеа, немаа намера да сеоткажат од неа.

Сите заедно го поминаа прагот на студиото. Борис почека за да јазатвори вратата, потоа им се придружи наоѓајќи ги сите во ходникот,небаре хипнотизирани. Тој не сфаќаше што се случува додека не гоздогледа, меѓу нивните рамена, телото што лежеше на подот. СараРоза вресна. Мила се заврти, не можејќи да гледа. Стерн се прекрсти.Гавила не можеше да зборува.

Каролина, петтата момичка.И, овојпат, телото на детето ним им беше наменето.

360

Page 361: Sepnuvacot - Donato Karizi

■■■■■■ ЗАТВОРКАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45

ИЗВЕШТАЈ БР. 2 ОД ДИРЕКТОРОТ,

АЛФОНС БЕРЕНЖЕ23 НОЕМВРИ

НА ЗНАЕЊЕ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ,

Џ. Б. МАРИН

ПРЕТСТАВЕН ОД ЗАМЕНИКОТ ОБВИНИТЕЛ,МЕТЈУ СЕДРИС

ПРЕДМЕТ: РЕЗУЛТАТИ ОД ИНСПЕКЦИЈАТА ДОВЕРЛИВО

ДРАГ Г-НЕ СЕДРИС,САКАМЕ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА МИНАТАТА НОЌ НЕНАДЕЈНО БЕШЕ

НАПРАВЕНА ИНСПЕКЦИЈА НА САМИЦАТА НА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9.ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ УПАДНАА ДА ЗЕМАТ ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ , ЗАГУБЕНСЛУЧАЈНО ИЛИ СПОНТАНО ОСТАВЕН ОД СТРАНА НА ЗАТВОРЕНИКОТ , СО НАМЕРАДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ НЕГОВИТЕ ГЕНЕТСКИ ОТПЕЧАТОЦИ , А СЛЕДЕЈЌИ ГИПРЕПОРАКИТЕ ВО ПИСМОТО ОД ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА.

МОРАМ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ДЕКА НА НИВНО ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ,МОИТЕ ЛУЃЕ СЕ СООЧИЛЕ СО БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА ЌЕЛИЈА, ШТО НЕ ТЕРА ДАМИСЛИМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 НЕ ОЧЕКУВАЛ. ЕДИНСТВЕНО ШТОМОЖАМ ДА ПОМИСЛАМ Е ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ Е ВО ПОСТОЈАНА СОСТОЈБА НАГОТОВНОСТ, И ДЕКА ГО ПРЕДВИДУВА И ГО ПРЕСМЕТУВА СЕКОЈ НАШ ПОТЕГ.

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА, БЕЗ ГРЕШКА ОД СТРАНА НА ЗАТВОРЕНИКОТ ИЛИ ПРОМЕНАНА ОКОЛНОСТИТЕ, ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ ПОСТИГНАТ КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ.

МОЖЕБИ СЕ УШТЕ ИМАМЕ ЕДНА ШАНСА ДА СТИГНЕМЕ ДО СРЦЕТО НАМИСТЕРИЈАТА. ЗАБЕЛЕЖАВМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ПОНЕКОГАШ,МОЖЕБИ ПОРАДИ СВОЈАТА ИЗОЛИРАНОСТ , СИ ЗБОРУВА. САМИОТ СОСЕБЕ. СЕ ЧИНИ ДЕКА Е БЛАДАЊЕ И ГО КАЖУВА СО ТИВОК ГЛАС , НО ВО СЕКОЈСЛУЧАЈ ЈА РАЗГЛЕДУВАМЕ ЦЕЛИСХОДНОСТА , СО ВАША СОГЛАСНОСТ, ДА

361

Page 362: Sepnuvacot - Donato Karizi

СТАВИМЕ „БУБАЧКА“ ВО НЕГОВАТА ЌЕЛИЈА ЗА ДА ГИ СНИМИМЕ НЕГОВИТЕЗБОРОВИ.

ЈАСНО, ИСТО ТАКА. , ЌЕ ЈА ПОВТОРИМЕ НАШАТА НЕНАДЕЈНА ИНСПЕКЦИЈАПЛАНИРАНА. ЗА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ НЕГОВА. ДНК.

НА КРАЈОТ, САКАМ ДА ВИ УКАЖАМ УШТЕ НА ЕДНО НЕШТО: СУБЈЕКТОТСЕКОГАШ Е МИРЕН И ПРЕСРЕТЛИВ . НИКОГАШ НЕ СЕ ЖАЛИ И НЕ ИЗГЛЕДАВОЗНЕМИРЕН ОД НАШИТЕ ОБИДИ ДА ГО НАТЕРАМЕ НА ГРЕШКА.

НИ ОСТАНА МАЛКУ ВРЕМЕ. ПО 86 ДЕНА., ЌЕ НЕМАМЕ ДРУГ ИЗБОР ОСВЕН ДАГО ОСЛОБОДИМЕ.

ИСКРЕНО ВАШ,

ДИРЕКТОРД-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ

362

Page 363: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н

33

Станот познат како „студио“сега преименуван во „местото 5“

22 февруари

икогаш веќе нема да биде исто.

Поради сенката што им се надвисна врз главите, се ограничијасебеси на гостинската соба, чекајќи тимовите на Чанг и на Креп да гоистражат станот. Роше, кој веднаш беше информиран, речиси повеќеод еден час зборуваше со Горан.

Стерн лежеше на својот камп-кревет, со едната рака под вратот и соочите фиксирани за таванот. Изгледаше како каубој. Совршеноста налинијата на неговиот костум не ја нарушуваше ниту јазолот нанеговата врска. Борис беше свртен настрана, но беше јасно дека неспие. Со левата нога непрекинато нервозно тупкаше врз покривкатана креветот. Роза се обидуваше да стапи во контакт со некого помобилниот телефон, но сигналот беше слаб.

Мила ги изгледа своите молчаливи колеги еден по еден, пред да госврти погледот на лаптопот врз нејзините колена. Ги имашепобарано папките со аматерските фотографии сликани на панаѓуротвечерта кога Сабина беше грабната. Тие веќе беа прегледани и од тоанемаше ефект, но таа сакаше да ги разгледа во светлината натеоријата којашто веќе му ја образложи на Горан, дека извршителотна злосторството може да е жена.

„Би сакал да знам како, по ѓаволите, успеал да го внесе телото наКаролина овде внатре...“, призна Стерн, искажувајќи го прашањетокое ги измачуваше сите нив.

„Да, и јас би сакала тоа да го знам...“, се согласи Роза.Деловната зградата во која беше сместено и студиото, веќе не беше

обезбедувана како некогаш, кога таму беа водени сведоците, зарадинивна сопствена заштита. Зградата беше речиси празна и

363

Page 364: Sepnuvacot - Donato Karizi

безбедносниот систем беше дезактивиран, но единствен влез востанот беше влезната врата, а таа беше блиндирана.

„Влегол низ влезната врата“, рече лаконски Борис, будејќи се одлетаргијата што ја глумеше.

Но, имаше уште едно нешто што ги правеше понервозни од седруго. Која беше пораката на Алберт овој пат? Зошто решил да ставитаков тежок товар на плеќите на своите прогонители?

„Ако мене ме прашувате, јас мислам дека тој само се обидува да незабави“, рече Роза. „Премногу му се доближивме, затоа ги измешакартите.“

„Не, Алберт не постапува случајно“, се вмеша Мила. „Тој веќе ненаучи дека секој негов чекор е внимателно промислен.“

Сара Роза го впери погледот во неа: „Па? Што, по ѓаволите, сакашда кажеш? Дека еден од нас е посран монструм?“

„Не мислеше така“, рече Стерн. „Само вели дека мора да е од некојапричина којашто е дел од планот на Алберт: тоа е дел од играта штоја игра со нас уште од почетокот. Можеби има и нешто во врска соова место, и со она за што било користено во минатото.“

„Можеби вклучува некој стар случај“, додаде Мила, забележувајќидека нејзиното мислење наидува на глуви уши.

Пред да може да заврши дијалогот, во собата влезе Горан, оставајќија вратата зад себе отворена.

„Ве молам за внимание.“Звучеше како да е итно. Мила ги крена очите од лап-топот. Сите

погледнаа во него.„Теоретски, и понатаму сме надлежни за истрагата, но работите се

комплицираат.“„Што значи тоа?“, викна Борис.„За некој миг ќе ви стане јасно, но ве советувам во меѓувреме да

останете мирни. Ќе ви објаснам подоцна...“„По што?“Горан немаше време да одговори пред да се отвори вратата и внатре

да влезе главниот инспектор Роше. Со него беше и еден крупен човекво своите педесетти години, облечен во истуткан костум и со врска

364

Page 365: Sepnuvacot - Donato Karizi

која беше премногу тенка за неговиот воловски врат. Во устатадржеше незапалена цигара.

„Седнете, седнете...“, рече Роше, иако ниту еден од нив не покажанекаков знак за поздрав. Главниот инспектор на лицето имашеизнасилена насмевка, од оние кои треба да инспирираат смиреност, анаместо тоа предизвикуваат вознемиреност.

„Господа, ситуацијата е конфузна, но ние ќе се справиме со неа:сигурно е дека нема да дозволам некој психопат да предизвикасомневање во моите луѓе!“

Како и секогаш, последната фраза ја нагласи со преголемаемпатија.

„Затоа, во ваш интерес, презедов некои мерки на претпазливост, иво истрагата внесувам уште еден колега.“ Тој ова го кажа без да госпомне човекот кој стоеше до него. „Ова е засрамувачко: ние неможеме да го најдеме тој Алберт, и тој доаѓа и не наоѓа нас! Затоа, водоговор со д-р Гавила, на капетан Моска му ја доверив задачата да виасистира до затворањето на случајот.“

Никој не дишеше, и покрај тоа што веќе разбраа каква ќе биде таа„асистенција.“ Моска ќе ја преземе контролата, давајќи им само еднаопција: да застанат зад него и да се обидат да повратат барем малкукредибилитет, или да отстапат.

Теренс Моска беше многу добро познат во полициските кругови.Својата слава ја должеше на една операција која траеше повеќе одшест години и во која беше инфилтриран во една организација којатргуваше со дрога. Беше заслужен за стотици апсења и за различнитајни операции. Но, никогаш немаше работено на сериски убијци илина патолошки злосторства.

Роше го донесе само од една причина: пред многу години, Москаму конкурираше за местото главен инспектор. Како што тргнааработите, на Роше му текна дека е подобро својот главен ривал да говнесе во операцијата за да го направи еднаков во поделбата натоварот на неуспехот кој сега го сметаше како многу веројатен.Ризичен потег, кој само покажуваше колку му е затегната јамкатаоколу вратот: доколку Теренс Моска сега го реши случајот на

365

Page 366: Sepnuvacot - Donato Karizi

Алберт, Роше ќе мора да му го отстапи местото на врвот нахиерархијата.

Пред да отвори уста, Моска исчекори пред Роше за да јаманифестира на тој начин својата автономност.

„Патолозите и научниците се уште не дадоа ништо значајно.Единственото нешто што го знаеме е дека за да влезе во станот,субјектот буричкал во блиндирана врата.“

Кога, на враќање, ја отвори вратата, Борис на неа не забележаникакви знаци на насилно отворање.

„Многу внимава да не остави траги: не сакал да ви го расипеизненадувањето.“

Моска продолжи да ја џвака цигарата и, не вадејќи ги рацете од џеб,се загледа во секого поединечно.

„Пратив некои полицајци да се прошетаат малку низ соседството сонадеж дека можеби ќе најдеме некој сведок. Можеби дури ќе годобиеме и бројот на регистарските таблички... а кога станува збор затоа што го натерало субјектот да го остави телото токму тука од ситеможни места, обврзани сме да импровизираме. Доколку нешто випадне на ум, ве молам да ме известите. Тоа е се засега.“

Теренс Моска се сврти на петиците и, без некому да даде шанса даодговори или нешто да дополни, се врати на местото назлосторството.

Но, Роше застана. „Немате многу време. Ни треба идеја, и тоа брзо.“Потоа и главниот инспектор излезе од собата. Горан ја затвори

вратата и другите веднаш се собраа околу него.„Што се случува, да му се сневиди?“, праша Борис разбеснет.„Зошто ни треба куче-чувар?“, продолжи Роза како ехо.„Смирете се, не сте разбрале“, рече Горан. „Во овој миг, капетан

Моска е најсоодветната личност. Јас бев тој кој ја побара вакватаинтервенција.“

Останатите беа шокирани.„Знам што мислите, но тоа ми овозможи да му дадам на Роше начин

да се извлече и ја зачував нашата улога во истрагата.“„Официјално – и понатаму сме вклучени, но секој знае дека Теренс

366

Page 367: Sepnuvacot - Donato Karizi

Моска сака да е бунтовник“, забележа Стерн.„Тоа е токму она што јас му го предложив: доколку макар малку го

познавам, нема да сака да сме му на патот; затоа воопшто нема да муе грижа што правиме. Единствено мораме да му кажуваме каконапредуваме.“

Се чинеше како најдобра можна ситуација, но тоа сепак не гонамали товарот на сомнежот што го имаше секој од нив.

„Сите не држат на око“, одмавна Стерн изнервирано со главата.„Значи, ќе го оставиме Моска да трага по Алберт, а ние ќе се

сконцентрираме врз детето број шест...“Тоа се чинеше како добра стратегија: доколку го најдат живо, ќе ја

елиминираат атмосферата на сомнеж што се создаде околу нив.„Мислам дека Алберт го оставил овде телото на Каролина за да не

измами. Затоа што и да не се докаже ништо против нас, секогаш ќене следи сенката на сомнежот.“

И покрај тоа што правеше се што може за да изгледа смирено,Горан беше свесен дека неговите изјави не беа доволни да го кренатрасположението. Затоа што откако се најде и петтото тело, секој однив почна поинаку да ги гледа другите. Се познаваа цел живот, ноникој од нив не можеше да ја отфрли можноста некој од другите даима некаква тајна. Тоа беше вистинската цел на Алберт – да гираздели. Криминологот се прашуваше колку ќе треба за да почне да’рти меѓу нив семето на недовербата.

„На последното дете не му преостанува уште многу време“, изјавиуверен во тоа што го зборува. „Алберт речиси го исполни својотплан. Сега само се подготвува за финалето. Но, му беа потребниодврзани раце, и не исфрли од конкуренција. Затоа имаме само еднашанса да ја најдеме, и тоа е преку единствениот од нас кој еослободен од сите сомневања, затоа што не беше член на тимот предАлберт веќе да го има подготвено својот план.“ Одеднаш,чувствувајќи ги очите на сите вперени во неа, Мила се почувствуванепријатно.

„Ти ќе можеш да се движиш многу послободно од нас“, речеохрабрувачки Стерн. „Да мораш да постапуваш само следејќи ја

367

Page 368: Sepnuvacot - Donato Karizi

својата интуиција, што би направила?“Мила, всушност, имаше една идеја. Но, до тој миг ја чуваше за себе.„Знам зошто одбира само момички.“И тие себеси си го поставуваа истото прашање. Во собата за

размислување, кога случајот уште беше во почетната фаза. ЗоштоАлберт не киднапирал и момчиња? Зад неговото однесување немашесексуални намери, затоа што не ги ни допрел момичките.

Мила мислеше дека го има објаснувањето. „Тие сите мораа дабидат момички заради бројот шест. Речиси сум целосно убедена деканеа ја има одбрано прва, а не последна како што сака да веруваме.Другите беа момички само за да го прикријат тој детаљ. Но, таа билапрвиот објект на неговата фантазија. Не знаеме зошто. Можеби иманекој особен квалитет, нешто што ја одделува од другите. Затоа иморал да го крие нејзиниот идентитет од нас се досега. Не му бешедоволно што ни даде до знаење дека едно од киднапираните момичкиуште е живо. Не, мораше да немаме какво и да е сознание за тоа којае таа.“

„Затоа што тоа би можело да не одведе до него“, заклучи Горан.Но ова не беа некои многу фасцинирачки врски и не беа никому од

помош.„Освен..“, рече Мила погодувајќи за што размислуваат другите.

„Освен доколку секогаш постоела некаква врска помеѓу нас иАлберт.“

Сега веќе немаа што да загубат, а и Мила веќе не се сомневашедека и на другите треба да им каже дека била следена.

„Се има случено двапати. Иако само за вториот пат сум целосносигурна. Додека, пред мотелот, повеќе стануваше збор за чувствоотколку за нешто друго...“

„Значи?“, праша љубопитно Стерн. „Каква врска има тоа со сетодруго?“

„Некој ме следеше. Можеби се случувало и другпат, не би можелада се заколнам дека било така, не сум сигурна... Но зошто? За да мепровери? Зошто? Никогаш не сум располагала со некоја информацијаод витална важност и секогаш, меѓу вас другите, бев малку како

368

Page 369: Sepnuvacot - Donato Karizi

аутсајдер.“„Веројатно за да те исфрли од колосек“, размислуваше Борис.„И тоа: никогаш не постоеше реален ’колосек’, освен ако и

навистина не сум се доближила премногу до нешто и ако не сумстанала важна за случајот без и да бидам свесна за тоа.“

„Но кога се случило тоа во мотелот, ти само што беше дојдена. Итоа ја урива хипотезата за твое исфрлање од колосекот“, рече Горан.

„Тогаш има само едно образложение... кој и да ме следел, сакалсамо да ме заплаши.“

„Зошто?“, праша Сара Роза.Мила ја игнорираше. „И во двата случаја, мојот прогонител не се

издаде случајно. Всушност, сметам дека намерно се разоткрил.“„Добро, разбравме. Но зошто би го направил тоа?“, инсистираше

Роза. „Нема никаква смисла.“Мила ненадејно се сврти накај неа, искористувајќи ја разликата во

тежината како своја предност.„Затоа што, како прво, јас бев единствената од вас која може да ја

најде шестата момичка.“ Повторно ги погледна. „Немојте овапогрешно да го разберете, но резултатите што ги имам зад себе годокажуваат ова. Вие сте одлични во пронаоѓањето сериски убијци.Но, јас ги наоѓам загубените луѓе: секогаш сум го правела и знамкако да го направам тоа.“

Никој не и се противстави. Од тој аспект, Мила беше најголематазакана за Алберт, затоа што единствената можеше да му ги уништиплановите.

„Да рекапитулираме: прво го киднапирал шестото дете. Да откриевведнаш кое е шестото дете, целиот негов план ќе пропаднеше.“

„Но ти не откри“, рече Роза. „Можеби не си толку добра колку штомислиш.“

Мила не реагираше на провокацијата. „Доближувајќи ми се толкумногу, Алберт можеби направил грешка. Мораме да се вратиме на тојмомент.“

„Како ќе го направиме тоа? Белки не се обидуваш да ми кажешдека имаш временска машина.“

369

Page 370: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила се насмевна: без да биде свесна за тоа, Роза дојде многублиску до вистината. Затоа што постоеше начин за враќање наназад.Повторно игнорирајќи го неговиот здив кој мирисаше на никотин,Мила се сврти накај Борис: „Колку си добар во испрашување на луѓепод хипноза?“

„Сега релаксирај се...“Гласот на Борис едвај да беше шепот. Мила лежеше на камп-

креветот, со раце спуштени покрај телото и со затворени очи. Тојседеше покрај неа.

„Сега брои до сто...“Стерн имаше ставено крпа врз ламбата, и во собата владееше

пријатно помрачување. Роза беше седната на својот кревет. Горанседеше во аголот, внимателно набљудувајќи што се случува.

Мила бавно ги изговараше броевите. Дишењето повторно и стананормално. До мигот кога заврши со броењето, веќе беше совршенорелаксирана.

„Сега сакам да гледаш во нештата во своите мисли. Дали сиподготвена?“

Таа кимна потврдно со главата. „Се наоѓаш сред голема ливада.Утро е и сонцето сјае. Зраците ти го топлат лицето, и насекаде околутебе мирисаат трева и цвеќиња. Чекориш и боса си: под нозетеможеш да го почувствуваш студенилото на земјата. Те повикувазвукот на некое поточе. Одиш дотаму и легнуваш на брегот. Гинурнуваш рацете во водата, и потоа се напиваш од неа. Многу едобра

Сликата не беше случајно одбрана: Борис будеше вакви чувства зада воспостави контрола врз Мила. На тој начин ќе биде полесно да јаврати назад во сеќавањата точно на мигот кога поминуваше низпределот зад мотелот.

„Сега кога ја заголна жедта, сакам да направиш нешто за мене.Врати се неколку ноќи наназад...“

„Добро“, одговори таа.„Ноќе, и автомобилот само што те врати назад во мотелот...“„Студено е“, рече одненадеж таа. Горан забележа дека затрепери.

370

Page 371: Sepnuvacot - Donato Karizi

„И што уште?“„Полицаецот кој ме довезе ми кимнува со главата во знак на

поздрав, а потоа се враќа назад. И јас останувам сама на тој просторпред мотелот.“

„Како изгледа просторот? Опиши ми го.“„Нема многу светлина. Само неонскиот знак, кој се ниша на ветрот.

Пред мене се различните бунгалови, но прозорците се темни. Јас сумвечерва единствениот гостин. Зад бунгаловите има дрвја, многувисоки. Се нишаат на ветрот. Наредени се во една линија. Напатеката има чакал.“

„Продолжи да одиш...“„Можам да ги слушнам само своите чекори.“Помисли дека дури може и да го чуе звукот на чакалот.„Каде си сега?“„Одам накај својата соба, поминувајќи покрај канцеларијата на

портирот. Нема никој таму, но телевизорот е вклучен. Носам книжноќесе во кое има два тоста со сирење: тоа е мојата вечера. Здивот микондензира на студениот ветар, и јас забрзувам. Чакалот под моитенозе е единствениот звук што го слушам. Мојот бунгалов е последенво редицата.“

„Добро ти оди.“„Има само уште неколку јарди, и јас се концентрирам на своите

размислувања. На патеката има мала дупка, не ја забележувам и сесопнувам...“ И тогаш го слушам.

Горан не беше свесен дека го прави тоа, но инстинктивно сенаведна накај креветот на Мила како да може да и се придружи натаа плоштатка од чакал, и да ја заштити од заканата со која сесоочува.

„Што слушаш?“„Чекор на чакалот зад мене. Некој ги копира моите чекори. Сака да

ми пријде без да биде забележан. Но го загуби ритамот со моитечекори.“

„И што правиш ти сега?“„Се обидувам да останам мирна, но исплашена сум. Во истиот

371

Page 372: Sepnuvacot - Donato Karizi

ритам продолжувам накај бунгаловот, и покрај тоа што чувствувамжелба да потрчам. Истовремено размислувам.“

„За што размислуваш?“„Дека нема поента во тоа да го извлечам пиштолот, затоа што ако е

вооружен, тој ќе има доволно време да стрела прв. Исто така,размислувам и за вклучениот телевизор во канцеларијата напортирот, и си велам дека тој веќе го убил него. Сега на мене ередот... паниката расте.“

„Да, но успеваш да се контролираш.“„Пребарувам во џебот за да си го најдам клучот, затоа што

единствената шанса што ја имам е да влезам во својата соба...доколку ми дозволи.“

„Концентрирана си на вратата: само неколку јарди си оддалеченаод неа, нели?“

„Да. Ја гледам само неа, се друго околу мене исчезнало.“„Но сега мораш да предизвикаш да ти се врати сеќавањето...“„Се обидувам...“„Крвта громогласно шумоли низ твоите вени, адреналинот е кренат,

сетилата ти се изострени... Сакам да ми го опишеш вкусот...“„Устата ми е сува, можам да го помирисам киселиот мирис на

плунката.“„Допир..“„Студенилото на клучот од собата во мојата испотена рака.“„Мирис.“„Ветерот го носи гнасниот мирис на ѓубре во распаѓање. Кантите се

од мојата десна страна. И борови иглички, и смолата од боровите.“„Глетка..“„Гледам како сенката ми се протега на плоштинката.“„А потоа?“Ја гледам вратата на бунгаловот, таа е жолта, а бојата паѓа од неа.

Ги гледам трите скали што водат до тремот.“Борис намерно го остава најважното за крај, затоа што најважното

нешто што Мила го има забележано за својот прогонител е некаковзвук.

372

Page 373: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Слушаш...“„Не можам да слушнам ништо освен своите чекори.“„Слушај повнимателно.“Горан забележува како на лицето на Мила се појавува грч, токму

меѓу нејзините очи, како да се бори да се сети.„Можам да го слушнам! Сега можам да ги распознам и неговите

чекори!“„Одлично. Но јас сакам уште повеќе да се сконцентрираш...“Мила послушува. Потоа вели: „Што беше тоа?“„Не знам“, одговара Борис. „Сама си таму. Јас ништо не слушнав.“„Но, има нешто!“„Што?“„Тој звук...“„Кој звук?“„Нешто... метал. Да! Паѓа нешто метално! Паѓа на земјата, врз

чакалот!“„Обиди се да бидеш попрецизна.“„Не знам...“„Ајде...“„Тоа е... паричка!“„Паричка, дали си сигурна?“„Да! Мала паричка! Му паднала и тој не го забележал тоа!“Тоа беше неочекувана трага. Доколку ја најдат паричката сред

плоштатката од чакал, и доколку успеат да најдат отпечатоци на неа,тоа би можело да ги одведе до оној кој ја прогонувал Мила. Сенадеваа дека тоа е Алберт.

Очите на Мила беа затворени, но таа не можеше да престане даповторува: „Паричка! Паричка!“

Борис повторно ја презеде контролата. „Добро е, Мила. Сега ќетреба да те разбудам. Ќе бројам до пет, потоа ќе плеснам со рацете ити ќе ги отвориш очите.“ Почна бавно да изговара: „Еден, два, три,четири... и пет!.“

Мила широко ги отвори очите. Изгледаше конфузна, збунета. Сеобиде да стане, но Борис нежно ја турна назад на креветот, ставајќи и

373

Page 374: Sepnuvacot - Donato Karizi

ја раката на рамо.„Уште не“, рече. „Можеби ќе ти се врти во главата.“„Дали успеа ?“, го праша, трепкајќи.Борис се насмевна: „Се чини дека можеби имаме трага.“

Aпсолутно мораш да го најдеш, си велеше таа себеси додека со

раце го пребаруваше чакалот на плоштинката. Од тоа зависи мојоткредибилитет... мојот кредибилитет и мојот живот.

Затоа и беше толку внимателна. Но, мораше да биде брза. Немашемногу време.

Имаше само уште неколку метри да пребара. Оддалеченоста што јаделеше од нејзиниот бунгалов, како што направи и вечерта. Бешеклекната и на раце и на нозе, не водејќи сметка за тоа дека ги валкафармерките. Ги имаше нурнато рацете во тие мали бели камчиња, ина зглобовите веќе се гледаа крвави точки кои се појавуваа од правтасо која беа покриени. Но, болката не ја мачеше; всушност, ипомагаше да се сконцентрира.

„Паричката“, постојано си повторуваше. „Како можело да незабележам?“

Лесно може некој да ја нашол. Некој гостин, или, можеби,портирот?

Мораше да дојде во мотелот пред другите, затоа што веќе немашеникој кому би можела да верува. А имаше чувство и дека нејзинитеколеги повеќе не и веруваат нејзе.

„Морам да побрзам!“Ги фрлаше камчињата преку рамо, гризејќи си ја устата. Беше

нервозна. Беше лута и на себе и на целиот свет. Го повтори тоабезброј пати, обидувајќи се да ја надмине својата вознемиреност.

Од некоја причина, се потсети на нешто што се случи кога бешепочетник на Полициската академија. Дури и тогаш беше очигледнодека е многу резервирана личност и тешко воспоставуваше контактисо други луѓе. Ја ставија да патролира со еден постар колега кој неможеше да ја поднесе. Бркаа еден осомничен по улиците на

374

Page 375: Sepnuvacot - Donato Karizi

Кинескиот кварт. Тој беше премногу брз и не успеаја да го стигнат,но нејзиниот колега мислеше дека, со оглед на тоа што поминаапокрај редица ресторани, осомничениот можеби фрлил нешто воедно буре со остриги. Затоа ја натера да влезе до колена возастоената вода и да пребарува околу школките што пливаа. Тамуочигледно немаше ништо. А тој веројатно само сакал да ја научи наум, како што треба да се направи со секој новак. Таа никогаш потоане стави острига в уста. Но, научи една многу важна лекција.

И грубите камчиња што ги расфрлаше со таков интензитет беа,исто така, тест.

Нешто што требаше да и овозможи да си докаже себеси дека ипонатаму е способна да го извлече најдоброто од нештата. Тоа веќедолго беше нејзина дарба. Но, токму кога почна да се чувствувазадоволна со себеси, низ главата и помина една мисла. Како инејзиниот колега тогаш, и сега некој се потсмева со неа.

Не постои каква и да е паричка. Тоа беше само трик.Само што стана свесна за тоа, Сара Роза ја крена главата и виде

како Мила доаѓа накај неа. Без својата маска и беспомошна, таапочувствува како нејзиниот бес замира при погледот на нејзинатапомлада колешка и на нејзините очи исполнети со солзи.

„Тој ја има твојата ќерка, нели? Таа е бројот шест.“

375

Page 376: Sepnuvacot - Donato Karizi

Ј34

а сонува мајка си.Изборува со својата „магична насмевка“ – така таа ја вика,

затоа што е прекрасно кога не е лута и тогаш станува најубаваталичност на светот, но тоа сега се помалку и помалку се случува.

Во сонот, мајка и раскажува за себе, но исто така и за татко и.Сега нејзините родители подобро се согласуваат, и престанале да серасправаат. Мајка и раскажува што прават, за тоа како е наработа и како е дома додека таа е отсутна, па дури ги набројува ифилмовите што ги гледале на видеото. Иако тоа не се нејзинитеомилени филмови. За нив ќе почекаат на неа. И се допаѓа што гослуша тоа. Би сакала да ја праша мајка си кога може да се вратидома. Но, во нејзиниот сон мајка и не може да ја слушне. Како да изборува преку екран. А насмевката на лицето на мајка и сега еречиси безмилосна.

Некој нежно ја гали по косата и таа се буди.Малата рака и поминува по косата се до перницата, а еден нежен

глас потпевнува некоја песна.„Ти си!“Толку се радува што заборава каде е. Сега најважно е тоа дека

малата момичка не ја измислила.„Толку долго те чекав“, и вели таа.„Знам, но неможев порано да дојдам.“„Ти беше забрането?“Малата момичка ја гледа со своите големи, сериозни очи: „Не, бев

зафатена.“Нејзе не и јасно какви тоа задачи можеле да ја држат толку

зафатена што не можела да дојде да ја посети. Но, тоа сега веќене е важно. Има илјадници прашања за неа. И почнува со она што илежи најмногу на срцето.

„Што правиме овде?“Го зеде здраво за готово фактот дека и малата момичка, исто

376

Page 377: Sepnuvacot - Donato Karizi

така, е затвореничка. И покрај тоа што додека таа е врзана,другата очигледно може слободно да талка низ утробата намонструмот.

„Ова е мојата куќа.“Одговорот ја вџасува. „А што е со мене? Зошто сум јас тука?“Малата момичка не одговара ништо и повторно се концентрира

врз нејзината коса. Таа сфаќа дека момичката го избегнуваодговорот и не инсистира – ќе дојде време и за тоа.

„Како се викаш?“Малата момичка и се насмевнува: „Глорија.“Таа се загледува во неа. „Но...“„Што ’но’?“„Јас те познавам... ти не се викаш Глорија...“„Да, така се викам.“Таа се бори да се сети. Ја видела и порано, сигурна е во тоа.„Те имаше на пакувањето за млеко!“Малата момичка и натаму не ја разбира. „Од неодамна сум овде.

Најмногу четири недели.“„Не! Станува збор за најмалку три години.“Таа не и верува. „Тоа не е вистина.“„Да, вистина е, а твоите родители пратија апел преку

телевизија!“„Моите родители се мртви.“„Не, живи се! А твоето име е... Линда! Твоето име е Линда

Браун!“Малата момичка почнува да се инаети: „Моето име е Глорија! А

Линда, за која зборуваш, е некоја друга. Си ги измешала работите.“Слушајќи го нејзиниот студен глас, таа решава да не инсистира:

не сака момичката да замине и повторно да ја остави сама. „Во ред,Глорија. Како сакаш. Мора да сум згрешила. Извини.“

Момичката со разбирање кима со главата. Потоа, како ништо дане се случило, продолжува повторно да поминува со прстите низнејзината коса, и да потпевнува самата за себе.

Таа потоа се обидува со нешто друго. „Страшно се чувствувам,

377

Page 378: Sepnuvacot - Donato Karizi

Глорија. Не можам да ја мрднам раката. Цело време имам треска.И честопати паѓам во бессознание...“

„Наскоро ќе ти биде подобро.“„Ми треба лекар.“„Лекарите само ги комплицираат работите.“Фразата, кажана од неа, изгледа лажно. Како да слушнала некој

друг како ја вели, и тоа толку често што, со време, таа станала делод нејзиниот речник. И сега и ја повторува нејзе, за свое добро.

„Умирам. Можам да го почувствузам тоа.“ Две големи солзикапнуваат од нејзините очи. Глорија запира и и ги брише образите.Потоа, игнорирајќи ја, се загледува во своите прсти.

,Дали разбираш што ти велам, Глорија? Ќе умрам ако не мипомогнеш.“

„Стив рече дека ќе закрепнеш.“„Кој е Стив?“Малата момичка се сепнува, но сепак одговара: „Стив, оној кој те

донесе тука.“„Мислиш, оној кој не киднапира!“Малата момичка повторно се оџагрува во неа. „Стив не те

киднапира.“Дури и покрај тоа што се плаши повторно да не ја налути, за ова

прашање не може да направи компромис: од тоа зависи нејзиниотопстанок. „Да, ме киднапира, а и тебе ти го сторил истото.Сигурна сум во тоа.“

„Грешиш. Тој не спасил.“Таа не сака да го загуби трпението, но ова е премногу за неа:

„Што зборуваш, да му се сневиди? Не спасил од што?“Глорија се колеба. Таа може да види како очите и стануваат

празни, отстапувајќи му место на некаков чуден страв. Глорија сеповлекува чекор наназад, но таа ја зграпчува зараката. Се обидувада се измолкне, се обидува да избега, но таа нема да и дозволи да сизамине без одговор.

„Од кого?“„Од Френки.“

378

Page 379: Sepnuvacot - Donato Karizi

Глорија си ја загризува устата. Не сакаше да го каже тоа. Но гокажа.

„Кој е Френки?“Глорија успева да се ослободи, таа е премногу слаба за да ја

задржи.„Ќе се видиме повторно, нели?“Глорија си заминува.„Не, чекај! Немој да си одиш!“„Сега треба да се одмораш.“„Не, те молам! Нема повторно да се вратиш!“„Да, ќе дојдам: Ќе се вратам.“Момичката заминува. Таа почнува да плаче. Во грлото и расте

горчлива грутка на разочарување. И се шири низ нејзините гради. Сетресе од липање, а гласот и се прекршува додека плаче вотемнината. „Те молам! Кој е Френки?“

Но, нема одговор.

379

Page 380: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н35

ејзиното име е Сандра.“Теренс Моска го запиша името на врвот на својот бележник.

Потоа повторно погледа во Сара Роза.„Кога беше киднапирана?“Жената се помести во столот пред да одговори, обидувајќи се да си

ги среди мислите. „Изминаа четириесет и седум дена.“Мила беше во право: Сандра била киднапирана пред другите пет. А

потоа Алберт ја искористил за да ја привлече Деби Гордон, нејзинатакрвна посестрима.

Двете момички се сретнале еден ден во паркот, додека ги гледалекоњите во нивните оградени места за јавање. Размениле самонеколку збора, но контактот веднаш бил воспоставен. Деби биланерасположена затоа што била далеку од дома. Сандра сечувствувала исто поради разводот на своите родители. Обединети восвојата тага, тие двете веднаш станале пријателки.

И двете добиле бесплатно јавање коњи. Тоа не било случајно.Алберт ги соединил.

„Како беше киднапирана Сандра?“„Додека одеше накај училиштето“, одговори Роза.Мила и Горан забележаа како Моска кима потврдно со главата.

Сите беа таму – вклучително и Стерн и Борис – во големата архивскапросторија на зградата на Федералната полиција. Капетанот го одбраова невообичаено место за да спречи веста да се расчуе и за даизбегне разговорот да прилега на испрашување.

Во тоа време на денот, во просторијата немаше никој. Долгитередици полици полни со папки почнуваа од местото каде што беатие. Единствената светлина допираше од масата за консултацииоколу која беа седнати. Звуците и гласовите се губеа во ехото наноќта.

„Што можеш да ни кажеш за Алберт?“„Никогаш не сум го видела, ниту чула. Не знам кој е тој.“

380

Page 381: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Очигледно...“, забележа Теренс Моска, како тоа да е отежнувачкаоколност за неа.

Сара Роза и понатаму не беше ставена под каков и да е надзор. Но,наскоро ќе биде обвинета за соучесништво во киднапирање и заубиство на деца.

Мила беше таа што ја идентификува додека го истражувашекиднапирањето на Сабина на рингишпилот. Мислеше дека Албертмора да искористил жена за киднапирањето пред очите на сите, за даостане незабележано. Но, не која и да е соучесничка, туку некоја којаможел да ја уценува. На пример, мајката на детето број шест.

Сомнежите на Мила се потврдија вечерта кога на лап-топот гиразгледуваше фотографиите од панаѓурот вечерта. Во заднината наедна снимка што ја направил некој татко, забележа густа коса иполупрофил кои и предизвикаа интензивни трпки во вратот, што гиследеше името кое не можеше да го згреши: Сара Роза!

„Зошто Сабина?“, прашаше Моска.„Не знам“, одговори Роза. „Ми даде нејзина фотографија и ми кажа

каде ќе ја најдам, тоа е се.“„И никој ништо не забележа.“Во Собата за размислување, Роза рече: Секој гледал само во своето

дете. На луѓето не им е грижа, тоа е вистината за тој настан. ИМила се сети на тоа. А Моска продолжи: „Тогаш знаел каде седвижат семејствата.“

„Претпоставувам. Неговите инструкции секогаш се чинеа многуточни.“

„Како ти го пренесувал своите наредби?“„Сите преку и-мејл.“„И ти никогаш не успеа да му влезеш во трагата?“Немаше одговор на прашањето на капетанот: Сара Роза беше

експерт за компјутери. Штом таа не успеала да го стори тоа, тогаштоа беше невозможно.

„Но ги зачував сите и-мејлови.“ Потоа погледна во своите колеги:„Многу е подол, да знаете. И умен е.“ Го рече тоа како да се обидувада се оправда. „И ја има ќерка ми во свои раце“, додаде.

381

Page 382: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила не беше трогната од нејзината изјава.Уште од првиот ден таа беше непријателски настроена спрема неа,

и го загрози животот, само затоа што беше единствената способна даго открие идентитетот на шестото дете.

„Дали тој ти нареди да се ослободиш од офицер Васкез колку што еможно побрзо?“

„Не, тоа беше моја иницијатива. Таа можеше да предизвикапроблеми.“

Сакаше уште еднаш да го искаже својот презир. Но, Мила и бешепростила. Размислуваше за Сандра, момичката која страдаше однарушување во исхраната – како што кажа Горан – и која сега бешево рацете на еден психопат, со ампутирана една рака – изложена настрадања што не можат да се опишат. Со денови, опсесија и бешенејзиниот идентитет. Сега, конечно, го знаеше името.

„Затоа двапати ја следеше офицер Васкез, да ја заплашиш за да сеоткаже од истрагата.“

„Да.“Мила се потсети дека вечерта откако некој ја следеше со

автомобил, отиде во студиото, но не најде никој таму. Борис ииспрати порака дека сите се во вилата на Ивон Грес. И таа им сеприклучи. Сара Роза беше таму, и се подготвуваше во приколката намобилната единица. Мила тогаш не се прашуваше како е можно таада не е во куќата со другите. Тоа што задоцнила не разбуди сомнежкај неа. Но, за секој случај, Сара Роза ја нападна вербално за да не идаде време да мисли, посејувајќи двоумења околу Горана.

И, патем, тој те измамил... бидејќи јас гласав против тебе.Освен што не беше така, затоа што не сакаше да навлече сомневање

врз себе.На Теренс Моска не му се брзаше: ги запишуваше одговорите на

Роза во својот бележник и пред да го постави следното прашање,малку ќе подразмислеше за одговорот на претходното.

„И што уште направи за него?“„Кришум влегов во собата на Деби Гордон во интернатското

училиште. Го украдов нејзиниот дневник од малата кутија,

382

Page 383: Sepnuvacot - Donato Karizi

наместувајќи го катинарот така никој да не забележи. Потоа ја зедовод ѕидот фотографијата на која беа сликани со ќерка ми. И го оставивЏиПиЕс предавателот кој ве одведе до второто откритие восиропиталиштето.“

„Зар никогаш не помисли дека некој, порано или подоцна, ќе теоткрие?“, ја прашаше Моска.

„Зар имав избор?“„Ти го стави петтото тело во студиото...“„Да.“„Влезе отворајќи со својот клуч и остави лажна трага за

оштетување на влезната врата.“„За да не се посомнева никој.“„Да...“ Потоа Моска долго ја одмеруваше со поглед. „Зошто го

внесе телото во студиото?“Тоа беше одговорот што сите го исчекуваа.„Не знам.“Моска длабоко вдиша преку носот. Гестот значеше дека разговорот

е завршен. Потоа капетанот се сврти накај Горан. „Мислам дека ова едоволно. Освен, ако имаш некои прашања...“

„Не, немам“, одговори криминологот.Моска повторно се заврти накај полицајката. „Специјален агенте

Сара Роза, за десет минути ќе му се јавам по телефон наобвинителот, кој ќе ги формулира официјалните обвинувања противтебе. Како што се договоривме, овој разговор ќе остане меѓу нас, ноте советувам уста да не отвораш, освен во присуство на добарадвокат.“ Уште едно, последно, прашање: „Дали уште некој, освентебе, е вклучен во ова?“

„Доколку тоа се однесува на мојот сопруг, сакам да знаете дека тојне знае ништо. Ние сме сред развод. Штом исчезна Сандра, гоизбркав од дома, користејќи некаков изговор за да го држам вонезнаење за се. Многу подоцна почнавме да се расправаме затоа штотој сакаше да си ја види ќерката и мислеше дека јас не мудозволувам.“

Нив двајцата ги виде Мила како се караат пред студиото.

383

Page 384: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

„Добро“, рече Моска исправајќи се. Тогаш се сврти кон Борис и конСтерн, покажувајќи накај Роза. „Веднаш некого ќе овластам да гоформализира апсењето.“

Двајцата полицајци кимнаа потврдно со главите. Капетанот сенаведна да ја крене својата кожна чанта. Мила виде како го ставабележникот до една жолта папка: на корицата можеше да види некоиотчукани букви: „В“... „он“ и „П.“ Вилсон Пикет, си помисли.

Теренс Моска бавно чекореше накај излезот, придружуван одГоран. Мила, со Борис и со Стерн, остана покрај Роза. Двајцата мажимолчеа, чекајќи да ја уапсат колешката која не им веруваше.

„Жалам“, рече таа со солзи во очите. „Немав избор“, повтори.Борис не одговори, одвај задржувајќи ја лутината. Стерн рече само:

„Добро, но сега смири се.“ Меѓутоа, не звучеше многу убедливо.Тогаш Сара Роза проколнувачки ги погледа: „Ве молам, најдете ја

мојата мала момичка...“

ила надвор го најде Стерн, седнат на едно од железнитескалила на излезот во случај на пожар. Имаше запалено цигара

и ја имаше донесено до устата, играјќи си со неа меѓу прстите.„Немој да и кажеш на жена ми“, и рече Стерн, штом ја виде како

доаѓа од излезот во случај на пожар.„Не грижи се, тоа ќе биде наша тајна“, го уверуваше Мила,

седнувајќи покрај него на скалите.„И, што можам да направам за тебе?“„Како знаеш дека дојдов да побарам нешто од тебе?“Стерн одговори, кревајќи една веѓа.„Алберт нема никогаш да дозволи да биде фатен, ти тоа и самиот го

знаеш“, рече Мила. „Мислам дека веќе ја има испланирано својатасмрт: и тоа, исто така, е дел од планот.“

„Воопшто не ми е грижа ако скине конци. Знам дека не ехристијански да се каже нешто такво, но така е како што е.“

Мила се загледа во него и стана сериозна. „Тој го знае тимот,Стерн. Знае многу нешта за вас, инаку никогаш нема да го оставел

384

Page 385: Sepnuvacot - Donato Karizi

петтото тело во студиото. Мора да ги следел вашите случаи воминатото. Знае како се движите, што е причина секогаш да биде предвас. И мислам дека особено го познава Горана...“

„Зошто мислиш така?“„Прочитав една од неговите изјави во Трибунал за еден стар случај,

а Алберт се однесува како да сака да докаже дека неговите теории несе точни. Тој е сериски убиец sui generisis. Не прилега на некој којболедува од нарцисоидна личност затоа што преферира да го свртивниманието кон други злосторници, а не кон себе. Не прилега какода го води некој незапирлив инстинкт, туку многу добро секонтролира себеси. Неговото задоволство не произлегува од тоа штого прави, туку од предизвикот што го претставува самиот тој. Какоможеш тоа да го објасниш?“

„Едноставно е: Не можам. А и не сум заинтересиран.“„Како може да не ти е грижа?“, остро одврати Мила.„Не реков дека не ми е грижа, реков дека не сум заинтересиран.

Тоа е различно. Што се однесува до мене, ние никогаш не гоприфативме неговиот предизвик. Одиме на прсти само затоа што враце има едно дете. И не е вистина дека не е нарцисоиден, затоа штого бара нашето внимание, не вниманието на некој друг: само нашето,дали ме разбираш? Медиумите ќе се качеа на Месечината само да имдадеше знак, но Алберт не го сака тоа. Барем засега.“

„Затоа што не знаеме какво финале има на ум.“„Точно така.“„Но јас сум уверена дека, во мигот, Алберт сака да го привлече

вниманието врз вас. И зборувам за случајот на Бенџамин Горка.“„Вилсон Пикет.“„Би сакал да ми раскажеш за него...“„Прочитај го досието.“„Борис ми рече дека тоа бил неко проблем...“Стерн го фрли настрана она што беше останало од неговата цигара.

„Борис понекогаш не знае што зборува.“„Ајде, Стерн, кажи ми што се случи! Јас не сум единствената која е

заинтересирана за целата таа афера...“ Му кажа за папката што ја

385

Page 386: Sepnuvacot - Donato Karizi

виде во чантата на Теренс Моска.Стерн се замисли.„Добро. Но, верувај ми, нема да ти се допадне.“„На се сум подготвена.“„Кога го фативме Горка, почнавме да го истражуваме неговиот

живот. Тој практично живеел во својот камион, но најдовме сметка занабавка на прилично големо количество храна. Мислевме дека станалсвесен оти кругот околу него се затвора и оти се подготвувал да сезасолни на безбедно место, чекајќи да се смири ситуацијата.“

„Но тоа не беше случај...“„Околу еден месец по неговото апсење, добивме извештај за една

исчезната проститутка.“„Ребека Спрингер.“„Точно така. Но, исчезнувањето се случило порано, околу Божик.“„Кога бил уапсен Горка.“„Сфати. А улиците по кои таа се движела беа во опсегот на областа

каде што се движел камионот.“ Мила извлече заклучок: „Горка јадржел како затвореник, храната била за неа.“

„Не знаевме каде е, ниту колку долго може да преживее. Затоа гопрашавме него.“

„И тој, очигледно, го негираше тоа.“Стерн одмавна со главата. „Всушност, не го стори тоа. Призна се и

се согласи да го открие местото на кое беше скриена, но под еденмал услов: би сакал да го стори тоа во присуство на д-р Гавила.“Мила не разбираше. „И, што беше проблемот?“

„Проблемот беше во тоа што д-р Гавила не можеше да биде најден.“„Како можел Горка да го знае тоа?“„Не знаел, тоа садистичко копиле! Ние го баравме Гавила, а времето

на таа кутра девојка изминуваше. Борис го подложи Горка на разнивидови испрашување.“

„И дали успеа да го натера да проговори?“„Не, но преслушувајќи ги претходните испрашувања на Горка,

забележа дека тој спомнал еден стар магацин каде што имало бунар.Борис сам ја најде Ребека Спрингер.“

386

Page 387: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Но таа веќе беше починала од прегладнетост.“„Не. Си ги пресекла вените со еден од ножевите за отворање кутии

што и ги оставил Горка заедно со храната. Но она што најмногуразбеснува е нешто друго... според медицинскиот истражувач, таа сесамоубила само неколку часа пред да ја најде Борис.“ Милапочувствува како и поминуваат трпки по телото. „А што правел вомеѓувреме д-р Гавила?“

Стерн се насмевна, криејќи ги своите вистински чувства.„Беше најден една недела подоцна во тоалетот на една бензинска

пумпа. Некој моторџија повикал амбулантно возило: бил воалкохолна кома. Го оставил сина си со дадилката, и отишол дома зада излезе на крај со заминувањето на жена си. Кога отидовме да гопосетиме в болница, не можевме да го препознаеме.“

Таа приказна веројатно беше објаснувањето за невообичаенатаприврзаност на тимот со еден цивил како Горан. Затоа шточовечките трагедии почесто ги обединуваат луѓето отколку успесите,си помисли Мила. И се потсети на фразата што ја имаше слушнатоод Горана, кога беа во неговиот стан, откако дозна дека Роше јаизмамил во врска со Џозеф Б. Рокфорд.

Мислиме дека знаеме се за луѓето, а всушност не знаеме ништо...Тоа е апсолутна вистина, си помисли таа. Колку и да се обидува,

никогаш не би можела да го замисли Горан во состојбата во којаштого нашле. Пијан и во делириум. И во тој миг таквата мисла јазагрижуваше. Ја смени темата.

„Зошто случајот го нарековте ’Случај на Вилсон Пикет’“?„Добар прекар, зар не мислиш така?“„Од она што го научив досега, доктор Гавила преферира да дава

реални имиња на случаите на злосторствата врз коишто работи, за даги направи повеќе тридимензионални.“

„Вообичаено, но овој пат направи исклучок.“„Зошто?“Специјалниот агент се загледа во неа: „Имаше еден преживеан.“Никој не преживува еден сериски убиец.Плачење, очајување, преколнување – сето тоа е бесполезно. Токму

387

Page 388: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т

спротивното, тие го засилуваат садистичкото уживање на убиецот.Единствената надеж за жртвата е да избега. Но стравот, паниката инеможноста да се разбере што се случува, одат во корист наразбојникот.

Сепак, во неколку ретки случаи, серискиот убиец не успева да годоврши убиството. Тоа се случува затоа што во мигот кога сеобидува да го заврши своето дело – пауза ненадејно активирана однекоја фраза или гест на жртвата – нешто ќе го спречи.

Затоа Синтија Перл успеа да преживее.„Нешто му рекла... нешто спонтано, веројатно во паниката, не знам.

Рекла: ’Те молам, кога ќе бидам мртва, погрижи се за мојот син. Тојсе вика Рик и има пет години’... Потоа не можеше да поверува декаго рекла тоа, но тоа ја спасило.“

„Го запрел неговиот бес.“„Ја оставил на едно паркиралиште. Додека оделе, на радиото се

слушала песната ’На полноќ’... потоа се онесвестила и повторно серазбудила в болница. Ја прашавме како ги здобила повредите, а таане можеше да се сети. Дури и кога и ја покажавме фотографијата наГорка, неговото лице ништо не и значеше... се до едно саботнопопладне, кога била сама дома и го вклучила радиото. Ја свирелеистата песна на Вилсон Пикет. Тогаш и се вратило сеќавањето“,Стерн ја фрли цигарата и се врати во зградата.

Мила сфати дека тимот му дал прекар на Горка дури откако гофатиле. И дека го одбрале за да ги предупредува на сите нивнигрешки.

имот на Горан Гавила се распаѓаше. А со тоа колабираше иистрагата. Бледнееше и надежта дека ќе ја спасат малата Сандра,

која сега некаде ги користеше последните остатоци од својатаенергија за да преживее. На крајот, неа нема да ја убие серискиотубиец со измислено име, туку ќе ја убие себичноста на некои другимажи и на некои други жени.

Тоа беше најдоброто финале што го замислуваше Алберт.

388

Page 389: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

Додека ја формулираше мислата, Мила го забележа лицето наГоран на стаклената врата пред неа. Тој беше зад неа. Но, не гледашево зградата. Во одразот го бараше погледот на нејзините очи.

Мила се заврти. Долго време, молкум, гледаа еден во друг. Беаобединети со исто чувство на непријатност, со иста вознемиреност.Беше сосем природно да се наведне накај него, да ги затвори очите ида ги побара неговите усни. Беше природно да ги впие своите усниво неговите, и тој да возврати.

рз градот лееше валкана вода. Ги поплави улиците, навлезе низкапаците на шахтите, олуците неуморно ја голтаа и потоа ја

исфрлаа повторно надвор. Таксито ги довезе до еден мал хотел близудо станицата. Фасадата беше исцрнета од смогот, а капаците беапостојано затворени, затоа што луѓето кои престојуваа во него немаавреме да ги отворат.

Постојано доаѓаа многу луѓе. И креветите постојано се местеа. Воходниците, собарките кои никогаш не спиеја ги туркаа количките сопостелина и со парчиња сапун. Во секое време се движеа количкитесо појадок. Некои луѓе запираа таму само за да се освежат и да јасменат облеката. А некои за да водат љубов.

Портирот им го даде клучот од собата број 23. Се качија горе солифт, без да кажат макар збор, држејќи се за раце. Но, не какољубовници. Како двајца луѓе кои се плашат да не се загубат еден содруг.

Во собата, распарен мебел, мирис на дезодоранс и на никотин.Повторно се бакнаа. Овојпат бакнежот беше уште поинтензивен.Како за да ги отфрлат мислите пред да ја отфрлат облеката.

Тој ја стави раката на една од нејзините мали гради. Таа ги затвориочите.

Надвор светеше знакот од блискиот кинески ресторан, пробивајќисе низ дождот, и неговата светлина исцртуваше сенки во темницата.

Горан почна да ја соблекува.Мила му дозволи да го прави тоа, очекувајќи ја неговата реакција.

389

Page 390: Sepnuvacot - Donato Karizi

Првин го откри нејзиниот рамен стомак, потоа се исправи накајнејзините гради и ја бакна.

На нивото на бедрото, се појави првата лузна.Тој со бескрајна нежност го соблече нејзиниот пуловер.И потоа ги виде и другите.Но, неговите очи не се задржаа на лузните. Таа задача беше

резервирана за неговите усни.На големо изненадување на Мила, почна да ги бакнува сите нејзини

рани, многу бавно. Како да може да ги исцели на некој начин.Потоа и ги соблече фармерките, и ја повтори операцијата со

нејзините нозе. Онаму каде што крвта и понатаму беше свежа, илисамо што се беше засирила. Онаму каде што неодамна застаналжилетот, пред да се нурне во нејзиното живо месо.

Мила повторно ја почувствува сета болка што ја сеќаваше кога сиго казнуваше телото за да си ја казни душата. Но заедно со таа стараболка, сега чувствуваше нешто ново, слатко.

Како кога пулсира рана што заздравува, истовремено и болно ипријатно.

Потоа нејзе и беше редот да го расоблече него. Го стори тоа како дакине ливчиња од цвет. И тој носеше знаци на страдање. Тенок граденкош, кој бавно се издигаше од очајот. И испакнати коски онаму кадешто месото го беше проголтала тага.

Водеа љубов со чудна насилност. Полна со лутина, со бес но, истотака, и полна со итност. Небаре секој од нив, со тој акт, се обидувашесе од себе да претури во телото на другиот. И, за миг, успеаја дури ида заборават.

Кога се беше готово, лежеа еднододруго – одделени но сепакобединети – слушајќи го ритамот со кој биеја нивните срца. Потоа сепојави прашањето, маскирано во тишина. Но. Мила можеше да видикако е надвиснато над нив како некоја црна птица.

Задираше во потеклото на болката, и нејзината и неговата.Која првин беше отпечатена на нејзиното тело, а која таа потоа се

обидуваше да ја прикрие со облеката.И, неизбежно, истрагата испреплетена со судбината на детето, на

390

Page 391: Sepnuvacot - Donato Karizi

Сандра. Додека ги разменуваа своите чувства, таа – некаде, блискуили далеку – умираше.

Пред тој нешто да каже, Мила објасни: „Мојата работа се состои вопронаоѓање исчезнати луѓе. Особено деца. Некои од нив сеисчезнати со години, и не се сеќаваат на ништо. Не знам дали тоа едобро или лошо. Но, веројатно, тоа е аспектот на мојата работа којми создава најмногу проблеми...“

„Зошто“, праша заинтересирано Горан.„Затоа што кога ќе се нурнам во темницата за да извлечам нешто од

неа, секогаш морам да најдам мотив, некоја силна причина, за даизлезам повторно на светлината. Тоа е како некое безбедносно јажекое ме враќа назад. Затоа што, ако има нешто што сум го научила,тоа е дека темницата те повикува, те заведува со својатапривлечност. И тешко е да се одолее на таквото искушение... Кога ќеизлезам со личноста што сум ја спасила, свесна сум дека не смесами. Секогаш има нешто што доаѓа со нас од таа црна дупка, нештошто се залепило за нашите чевли. И тешко е да се ослободиш одтоа.“

Горан се сврти за да ја погледне в очи: „Зошто ми го кажуваш ова?“„Затоа што темницата е местото од каде што доаѓам. И на

темницата, одвреме-навреме, морам да и се вратам.“

391

Page 392: Sepnuvacot - Donato Karizi

П36

отпрена е на ѕидот, со рацете зад глава, во сенките. Колкудолго е овде и ја посматра?

Потоа решава да и се обрати. „Глорија...“И таа доаѓа кај неа.На лицето ја има вообичаената љубопитност, но сега на него има

и нешто друго. Сомнеж.„Се сетив на нешто... имав мачор“, вели Глорија.„И јас имам: се вика Худини.“„Дали е убав?“„Тој е лош“, вели, но веднаш знае дека тоа не е одговорот што

малата момичка сака да го чуе, и затоа се поправа: „Да. Има бело икафеаво крзно, секогаш спие и секогаш е гладен.“

Глорија мисли за миг, и потоа повторно прашува: „Зошто мислишдека сум го заборавила својот мачор?“

„Не знам.“„Си помислив... ако сум го заборавила мачорот, исто така ќе

заборавам и многу други нешта. Можеби дури и своето вистинскоиме.“

,Ми се допаѓа името Глорија“, вели таа охрабрувајќи ја, мислејќина нејзината реакција кога и кажа дека нејзиното име е ЛиндаБраун.

„Глорија...“„Да?“„Дали ќе ми раскажеш за Стив?“„Стив не сака. И наскоро и ти ќе го засакаш него.“„Зошто велиш дека не спасил?“„Затоа што е вистина. Тој го стори тоа.“„Не ми требаше спас од него.“„Дали Френки е заканата?“Глорија се плаши од името. Не може да реши. Не знае дали да

зборува или не. Ја одмерува ситуацијата, потоа се доближува до

392

Page 393: Sepnuvacot - Donato Karizi

креветот и изустува со многу тивок глас:„Френки сака да не повреди. Тој не бара. Затоа мора да останеме

овде, скриени.“„Не знам ниту кој е Френки, ниту зошто е лут на мене.“„Тој не ни е лут нам, лут им е на нашите родители.“„На моите? Зошто?“Таа не може да поверува, тоа за нејзе е неверојатна приказна. Но

Глорија е многу убедена во тоа.„Нашите родители го измамија, направија нешто што има врска

со пари.“Таа повторно звучи како да кажува нешто што позајмила од некој

друг и пасивно го научила наизуст.„Моите родители никому не му должат пари.“„Моите родители се мртви. Френки ги уби. Сега ме брка мене за

да ја доврши работата. Но Стив е сигурен дека нема да ме најдедоколку останам овде.“

„Глорија, слушај ме...“Одвреме-навреме Глорија се оддалечува, и таа мора да ја врати од

онаму каде што заталкала во мислите.„Глорија, тебе ти зборувам...“„Да, кажи...“„Твоите родители се живи. Се сеќавам дека пред некое време сум

те видела на телевизија; учествуваа во некоја телевизиска шоу-програма и зборуваа за тебе. Ти посакуваа среќен роденден.“

Таа не изгледа како да е изненадена од откритието. Но, сегапочнува да размислува за можноста тоа да е точно.

„Не можам да гледам телевизија. Само лентите што ми ги даваСтив.“

„Стив. Стив е лош човек, Глорија. Френки не постои. Тој е самоизмислица со која Стив се служи за да те држи овде.“

„Тој постои.“„Размисли за следново: Дали некогаш си го видела?“Таа размислува и одговара: „Не.“„Зошто тогаш му веруваш?“

393

Page 394: Sepnuvacot - Donato Karizi

И покрај тоа што Глорија е на иста возраст со неа, изгледа многупомлада од своите дванаесет години. Како мозокот да престанал даи расте на девет години. Тогаш кога Стив ја киднапираше ЛејлаБраун. Затоа секогаш мора малку да подразмисли за нештата.

„Стив ме сака“, повторува, повеќе за да се убеди себеси отколкупоради што и да е друго.

„Не, Глорија, не те сака.“„Значи, ми велиш дека доколку се обидам и успеам да заминам

одозде, Френки нема да ме убие?“„Тоа нема никогаш да се случи. И ние ќе живееме заедно, нема да

бидеш сама.“,Дали ќе бидеш со мене?“,Да. Но мораме да најдеме начин да избегаме од Стив.“„Но ти си болна.“„Знам. И не можам да ја движам раката.“„Скршена е.“„Како се случи тоа?“„Не се сеќавам...“„Ти падна по скалите кога Стив те донесе овде. Тој е многу лут

поради тоа: не сака да умреш. Тогаш нема да може да те научи какода го сакаш. Тоа е многу важно, знаеш?“

„Никогаш нема да го засакам.“Глорија почекува неколку секунди. „Ми се допаѓа името Линда.“„Тогаш можеш така да ме викаш...“„Во ред, Линда.“ Таа тоа јасно го изговара, и се насмевнува.

„Значи, сега сме пријателки.“„Навистина?“„Кога ќе си ги кажеш имињата еден со друг, станувате пријатели,

зарем никој не ти го кажал тоа?“„Јас веќе го знам твоето име... ти си Марија Елена.“,Да, но пријателите ме викаат Мила.“

394

Page 395: Sepnuvacot - Donato Karizi

И37

мето на копилето е Стив, Стив Смити.“Мила го изговори името со презир, додека Горан ја држеше за

рака на огромниот хотелски кревет.„Тој беше само идиот кој не направил ништо со својот живот. Се

моткаше од една на друга глупава работа, и никаде не успеа даиздржи подолго од еден месец. Повеќето време беше невработен.Кога му починале родителите, ја наследил куќата – онаа во која недржеше како затворенички – и парите од осигурителната полиса. Немногу, но доволно конечно за да го спроведе својот ’голем план’ воживот.“

Тоа го кажа со претерано нагласување. Потоа одмавна со главата наперницата, размислувајќи за апсурдноста на приказната.

„Стив ги сакаше девојките, но не се осмелуваше да им пристапизатоа што пенисот му беше со големина на мало прсте и се плашешедека ќе го исмејуваат“ Насмевка слична на одмазднички потсмев замиг го осветли нејзиното лице. „Затоа почна да се интересира задеца, сигурен дека со нив ќе има повеќе успех.“

„Се сеќавам на случајот на Линда Браун“, рече Горан. „Само што јадобив првата работа на Универзитетот. Мислев дека полицијата иманаправено неколку грешки.“

„Грешки? Направија хаос! Стив беше еден невешт лигавец, и задсебе имаше оставено и траги и сведоци! Не можеа да го најдатведнаш и затоа рекоа дека е умен. А, всушност, беше комплетнабудала! Будала со многу среќа..“

„Но успеа да ја убеди Линда...“„Ја измачувал, користејќи го нејзиниот страв. Го измислил тој зол

лик – Френки – и му ја дал улогата на лош тип, за да може себеси дасе претстави како добар, како ’спасител’. Тој имбецил дури немашени многу мечта: го нарекол Френки затоа што тоа било името нажелката што ја имал како дете!“

„Успеало.“

395

Page 396: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила малку се смири. „Кај дете кое било преплашено и под стрес.Во такви услови е лесно да го загубиш чувството за реалност. Јасцело време мислев дека сум во некое проклето дувло и го нарекував’утробата на монструмот’. Но, над мене имало куќа, а куќата била воурбана област со многу куќи околу неа, сите исти како неа и ситенормални. Луѓето поминувале покрај неа и не знаеле дека сум тамудолу. Најлошото е што Линда – или Глорија, како што тој ја прекрстисо името на една од првите девојки која го одбила – можела слободнода се движи. Но, не ни помислувала да излезе надвор од куќата, иаковлезната врата речиси постојано била отворена. Не ја заклучувалдури ниту кога излегувал на прошетка, затоа што бил сигурен декаприказната за Френки дејствува успешно.“

„Си имала среќа што си излегла жива оттаму“„Раката ми ја беше зафатила гангрена. Лекарите долго време

очајнички се обидуваа да ја спасат. А и гладував, исто така.Копилето ми даваше бебешка храна и ме лекуваше со лекови соизминат рок, што ги украл од еден магацин за лекови. Немашепотреба да ме дрогира: мојата крв беше толку затруена однечистотијата, што е вистинско чудо што сум била свесна!“

Надвор, дождот истураше и го измиваше преостанатиот снег одулиците. Ненадејни налети на ветер ги помрднуваа завесите.

„Еднаш се разбудив од таквата кома слушајќи како некој госпомнува моето име. Се обидов да привлечам внимание, но се појавиЛинда и ме убеди да не го правам тоа. Затоа ја истргнував мојатабезбедност за малата среќна поволност – да не бидам сама. Но, негрешев: горе, над мене, навистина биле двајца полицајци кои јапребарувале областа. И понатаму ме барале! Да викав малкупогласно, можеби ќе ме слушнеа. Во основа, единственото што неделеше беше еден тенок дрвен под. Со нив беше и некоја жена, и таабеше онаа што го извикуваше моето име. Но, таа тоа не го направилагласно, туку само во своите мисли.“

„Тоа беше Никла Папакидис, нели? Така се запознавте...“„Да, таа беше. Но, и покрај тоа што не одговорив, таа сепак

слушнала нешто. Затоа доаѓала повторно во неколкуте наредни

396

Page 397: Sepnuvacot - Donato Karizi

денови, и ја обиколувала куќата, надевајќи се дека повторно ќе ми гочуе гласот...“

„Значи, не беше Линда таа која те спаси...“ Мила го собра носот.„Таа? Таа секогаш го правеше она што ќе го кажеше Стив. Таадотогаш веќе беше негов мал, иако недоброволен, соучесник. Тригодини тој беше целиот нејзин свет. Според она што таа го знаеше,Стив беше последниот возрасен кој останал на Земјата. А децатасекогаш им веруваат на возрасните. Но, Стив веќе помислувал да сеослободи од мене. Бил сигурен дека наскоро ќе умрам, па затоа јаподготвил дупката под стреата зад куќата.“

Фотографиите од таа дупка ја погодија повеќе од сето друго.„Кога излегов од куќата, бев повеќе мртва отколку жива. Не бев

свесна дека болничарите ме изнесуваат на носилка, нагоре по иститескали низ кои ме турна тој акмак Стив кога ме носеше во визбата. Неможев да ги видам ниту дузините полицајци собрани околу куќата.Не го слушнав ни ракоплескањето на луѓето кои се беа собрале за даго прослават моето ослободување. Но, ме следеше гласот на Никла,која и понатаму ми објаснуваше што се случува и која ми велеше дане одам накај светлината...“

„Каква светлина?“, љубопитно праша Горан. Мила се насмевна.„Таа беше уверена дека има светлина. Можеби поради својата вера,таа веруваше дека умираме затоа што се одделуваме од своите тела и,откако брзо ќе поминеме низ еден тунел, пред нас се укажувапрекрасна светлина... Никогаш не и кажав дека не видов ништо.Само темница. Не сакав да ја разочарам.“

Горан се наведна и ја бакна во рамото. „Мора да било ужасно.“„Имав среќа“, рече таа. И одеднаш помисли на Сандра, момичката

број шест. „Требаше да ја спасам. Но не ја спасив. Каква шансаимаше таа да преживее?“

„Тоа не е твоја вина.“„Да, моја вина е.“Мила се исправи, и понатаму седната на работ од креветот. Горан

повторно ја подаде раката накај неа. Но, веќе не можеше да ја допре.Можеше да ја погали, но не можеше да ја допре, затоа што таа

397

Page 398: Sepnuvacot - Donato Karizi

повторно беше некаде далеку.Тој го забележа тоа, и ја остави така. „Одам да се истуширам“, рече.

„Морам да одам дома. Му требам на Томи.“Таа стоеше, неподвижна, додека не го слушна звукот на водата во

бањата. Сакаше да си го исчисти мозокот од тие ужасни спомени, даима бела празнина во мозокот која може да ја исполни со лесниспомени какви што децата обично имаат, привилегија што нејзе ибеше одземена.

Дупката под стреата зад куќата на Стив не беше оставена празна.Нејзините емпатиски способности завршија таму.

Се протегна и од масичката покрај креветот го зеде далечинскиотуправувач за телевизорот. Го вклучи, надевајќи се дека, како водатасо која се тушираше Горан, и бесмислените слики и муабети на истначин ќе ги измијат остатоците од сета болка во нејзиниот ум.

На екранот, една жена цврсто држеше микрофон, додека ветрот идождот се обидуваа да го истргнат од нејзините раце. Од нејзинатадесна страна беше логото на вестите. Под неа, подвижната лентатекст кажуваше дека станува збор за најнова вест. Во заднината,далеку зад неа, беше куќа опкружена од полиција, а трепкавитесветла на полициските возила се пробиваа низ ноќта.

„...по еден час главниот инспектор Роше ќе даде официјалнаизјава. Во меѓувреме, можам да потврдам дека веста е вистинска:манијакот кој ја тероризираше земјава киднапирајќи и убивајќиневини мали момички е идентификуван...“

Мила не можеше ниту да се помрдне, нејзините очи се фиксираа наекранот.

„...тој е напаѓачот, пуштен на условна слобода, кој утрово отвориоган на двајцата затворски службеници кои ја посетија неговатакуќа поради рутинска проверка...“

Мила не можеше да поверува.„...откако во болницата почина повредениот затворски

службеник, на самото место се пратени специјалните единици коирешија да провалат во куќата. По престрелката во којапрестапникот е убиен, влегоа во куќата и дојдоа до неочекувано и

398

Page 399: Sepnuvacot - Donato Karizi

изненадувачко откритие..!“„Момичката, кажи ми за малата момичка“„...заради гледачите кои се вклучија во овој миг, да повторам:

името на напаѓачот е Винсент Кларисо...“„Алберт“, ја поправи Мила во својата глава.„...Одделот информира дека шестото дете и понатаму е во

куќата зад мене: веруваме дека во моментот прима прва помош одмедицинската единица за поддршка. Немаме потврда, но се чинидека малечката Сандра е уште жива“

399

Page 400: Sepnuvacot - Donato Karizi

ИЗВЕШТАЈ ОД ЕЛЕКТРОНСКОТО НАБЉУДУВАЊЕ БР. 723 ДЕКЕМВРИ03,25

ТРАЕЊЕ: 1 МИН. 35 СЕК. ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9:

. . . ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИ ПОДГОТВЕН [СЛЕДУВААТ ЗБОРОВИ КОИ СЕНЕРАЗБИРЛИВИ] . . . КОИ ГО ЗАСЛУЖУВААТ НАШИОТ ГНЕВ ... НАПРАВИНЕШТО ... ДОВЕРБА НАД СЕ ... [НЕРАЗБИРЛИВА ФРАЗА ] ПРЕМНОГУ ДОБРО,УДОСТОЈУВА. ... НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ИЗМАМЕН... ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИПОДГОТВЕН ... [НЕРАЗБИРЛИВ ЗБОР ] СЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОЈ ЌЕ НЕКОРИСТИ ... НЕОПХОДНА КАЗНА... СЛУЖИМЕ НАШАТА КАЗНА... НЕ ЕДОВОЛНО НЕШТАТА ДА СЕ РАЗБЕРАТ, ПОНЕКОГАШ МОРАШ СООДВЕТНО ДАРЕАГИРАШ ... ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИ ПОДГОТВЕН [НЕРАЗБИРЛИВ ЗБОР ]... УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ,УБИЈ, УБИЈ.

400

Page 401: Sepnuvacot - Donato Karizi

В

38

Оддел за бихевиорисшички науки 25 февруари

инсент Кларисо беше Алберт. Или не беше?

Беше надвор од затворот помалку од два месеца, откакоотслужи дел од казната за оружен грабеж.

Штом се најде на слобода, почна да го спроведува својот план.Нема докази за насилство. Нема симптоми на ментално заболување.

Ништо што би можело да го обележи како потенцијален серискиубиец.

Оружениот грабеж бил „стапица“, така тврдеа адвокатите кои гобранеа Винсент пред судот. Глупост на еден млад човек кој есериозно зависен од кодеин. Кларисо потекнува од добро буржоаскосемејство, неговиот татко бил адвокат, а мајка му била наставничка.Студирал, завршил за медицински помошник. Едно време работел воболница, како болничар во операциона сала. Веројатно таму сездобил со знаењето потребно за да ја одржи Сандра во живот поампутацијата на раката.

Хипотезата на тимот на Гавила дека Алберт можеби е лекар небила далеку од вистината.

Винсент Кларисо дозволил сите овие искуства да фатат место воембрионскиот слој од неговата личност, пред да стане монструм.

Но Мила не веруваше во тоа.„Не е тој“, си повторуваше себеси додека со такси одеше накај

зградата на Федералната полиција.Откако на телевизија ја слушна веста, Горан помина дваесетина

минути на телефон со Стерн, кој му ги раскажа најновитеинформации. Под внимателниот надзор на Мила, криминологотчекореше горе-долу низ хотелската соба. Потоа се разделија. Тој јаповика госпоѓа Руна да остане ноќта со Томи и веднаш побрза доместото каде што беше најдена Сандра. Мила сакаше да оди со него,

401

Page 402: Sepnuvacot - Donato Karizi

но немаше повеќе оправдување за нејзиното присуство. Седоговорија да се најдат подоцна, во Одделот за бихевиористичкинауки.

Полноќта беше одминала, но градот беше жив. Луѓето излегуваа наулици, без оглед на дождот, за да го прослават крајот на кошмарот.Беше како сред новогодишна забава, затоа што свиреа автомобилскисирени и сите се прегрнуваа со секого. Како дополнување насообраќајниот метеж, на патиштата беа поставени блокади за да сеоневозможи бегство на соучесниците на Кларисо, но исто така, и зада се спречат љубопитните да навлезат во областа каде што сеслучуваше епилогот на приказната.

Кога такси-возилото застана на пешачки премин, Мила можеше даго слушне извештајот на новинарот на радиото. Теренс Моска бешечовекот на часот. Решавањето на случајот беше среќна околност. Нокако што честопати се случува, единствениот кој профитираше одтоа, беше првиот човек на операцијата.

Уморна од чекањето да се помрднат возилата во колоната пред неа,реши да му се противстави на дождот кој истураше и да излезе одтакси-возилото. Зградата на Федералната полиција беше самонеколку улици подалеку, затоа ја крена качулката на својата јакна ипродолжи пеш, задлабочена во своите размислувања.

Ликот на Винсент Кларисо не соодветствуваше со профилот наАлберт кој го направи Гавила.

Според криминолозите, нивниот човек ги користел телата на шестемомички како еден вид показатели. Ги поставувал на специфичниместа за да се откријат злосторства кои никогаш не излегле војавноста, но за кои тој самиот имал сознанија. Нивната хипотезабеше дека тој бил таен соработник на тие криминалци, и дека ситетие некогаш во животот се запознале.

Тие се волци. А волците често ловат во глутница. Секоја глутницаима свој шеф. А Алберт ни вели дека тој е шефот, велеше Горан.

Мила беше уште повеќе уверена во тоа дека Алберт не е шефоткога слушна за возраста на серискиот убиец – триесет години.Премногу е млад за да го познава Роналд Дермис како момче во

402

Page 403: Sepnuvacot - Donato Karizi

сиропиталиштето, а уште повеќе Џозеф Б. Рокфорд – всушност, таа инејзиниот тим заклучија дека тој мора да е на возраст меѓу педесет ишеесет години. Тој, исто така, не одговараше ниту на описот што годаде Никла откако го виде во мислите на мултимилијардерот.

И, додека одеше по дождот, Мила откри уште нешто што го засилинејзиниот скептицизам: Кларисо беше в затвор кога Фелдер гимасакрираше Ивона Грес и нејзините деца во вилата во Капо Алто,така што не можел да биде сведок на масакрот и да остави трага вокрв на ѕидот!

Не е тој, прават грешка. Но Горан ќе забележи, и стурна сум декаво овој миг им го кажува тоа.

Стигна до седиштето на Федералната полиција и стана свесна декаво ходниците владее вистинска еуфорија. Полицајците се тапкаа погрб, многумина од нив беа вратени од местото на злосторството,уште беа облечени во униформите на тимот за брзи интервенции, иги раскажуваа најновите информации. Потоа извештајот сепренесуваше од уста на уста и се збогатуваше со детали.

Мила ја пресретна еден полицаец кој и рече дека главниотинспектор Роше бара веднаш да ја види.

„Мене?“, праша таа вџасена.„Да, Ве чека во својата канцеларија.“Додека се качуваше по скалите, помисли дека Роше ја повикал

затоа што забележал дека нешто не соодветствува вореконструкцијата на настаните. Можеби сета таа возбуда што ја видево ходниците наскоро ќе се смири или ќе ја снема.

Имаше само неколку комплетно облечени службеници во Одделотза бихевиористички науки, и – никој од нив не славеше. Атмосфератабеше иста како и секој друг ден, освен што беше ноќно време и штосите беа на работа.

Мораше долго да почека, пред секретарката на Роше да ја повика давлезе во неговата канцеларија. Додека беше надвор, Мила можеше данаслушне некои од зборовите на главниот инспектор, кој веројатноразговараше по телефон. Но кога влезе внатре, виде дека не е сам.Горан Гавила беше со него.

403

Page 404: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Влезете, офицер Васкез“, Роше ја повика со рака. Тој и Горанстоеја на спротивни страни од масата.

Мила влезе, пристапувајќи му на Гавила. Тој малку се сврти накајнеа, со неопределено кимање со главата. Целосно ја беше снемалоинтимноста што ја споделуваа само еден час порано.

„Само што му кажав на Горан дека сакам двајцата да бидете напрес-конференцијата што ќе ја држам утре изутрина. Капетан Москасе согласува со мене. Немаше никогаш да го фатиме без вашатапомош. Мораме да ви се заблагодариме.“

Мила не можеше да го скрие изненадувањето. А виде и дека Роше езбунет од нејзината реакција.

„Сер, со најголема почит... Мислам дека правиме грешка.“Роше се сврти кон Горан. „Што зборува таа, да му се сневиди?“„Мила, во ред е“, рече мирно криминологот.„Не, не е. Овој тип не е Алберт, има премногу несогласувања, и

јас...“„Нема ова да го кажеш на прес-конференцијата?“, протестираше

главниот инспектор. „Ако нештата се вакви, тогаш не можеш даучествуваш.“

„Стерн ќе се согласи.“Роше поттурна лист хартија од својата маса. „Специјалниот агент

Стерн поднесе неотповиклива оставка.“„Што? Што се случува, по ѓаволите?“, Мила не можеше да

поверува. „Овој Винсент не соодветствува на профилот.“Горан се обиде да објасни, и таа за миг во неговите очи ја виде

истата нежност со која ги бакнуваше нејзините лузни. „Има дузинидокази кои велат дека тој е нашиот човек. Вежбанки полни собелешки за киднапирање деца и за тоа каде да се остават нивнитетела, нацрти на безбедносниот систем во Капо Алто, план наинтернатот на Деби Гордон и електронски и компјутерскиприрачници кои се доказ дека Кларисо почнал да ги проучува уштедодека бил во затворот...“

„А дали ги пронајдовте и врските со Александар Берман, РоналдДермис, Фелдер и со Рокфорд?“, праша Мила, разбеснета.

404

Page 405: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Цел тим работи и се уште откриваат траги. Ќе видиш дека ќеизлезе нешто и за тие врски.“

„Тоа не е доволно, мислам дека...“„Сандра го идентификуваше“, ја прекина Горан. „Ни рече дека тој е

оној кој ја киднапирал.“Мила за миг се фокусира врз тоа. „Како е таа?“„Лекарите се оптимисти.“„Дали си сега задоволна?“, се уфрли Роше. „Ако сакаш да ми

предизвикаш проблеми, би требало веднаш да си одиш дома.“Во тој миг, од интерфонот се слушна гласот на секретарката која на

главниот инспектор му рече дека градоначалникот сака веднаш да говиди, и дека треба веднаш да тргне. Роше го зеде своето палто одстолот и тргна, но претходно му рече на Горан: „Кажи им декаофицијалната верзија е следнава – или се согласувате, или откачетесе!“ Потоа излезе, треснувајќи ја вратата зад себе.

Мила се понадева дека Горан ќе и каже нешто поинакво сега, когабеа сами. Но, наместо тоа, тој рече: „За несреќа, сите грешки беанаши.“

„Како можеш да го кажеш тоа?“„Целосно потфрливме. Креиравме погрешна трага и слепо ја

следевме. А јас сум главниот виновник за тоа – сите претпоставкибеа мои.“

„Зар не се прашуваш како Винсент Кларисо знаел за сите ониекриминалци? Тој беше оној што ни овозможи да ги фатиме.“

„Не е поентата во тоа... Поентата е зошто ни требаше толку многувреме за да го фатиме?“

„Мислам дека во моментов не си објективен, и мислам дека можамда погодам зошто е така. Во времето на случајот на Вилсон Пикет,Роше ти го зачува угледот и ти помогна да го зачуваш тимот когатвоите шефови сакаа да го распуштат. Ти сега ја возвраќаш услугата– доколку ја прифатиш оваа верзија на настаните, ќе одземеш малкуод славата на Теренс Моска и ќе му помогнеш да ја задржифункцијата главен инспектор!“

„Доста е!“, експлодира Горан.

405

Page 406: Sepnuvacot - Donato Karizi

Неколку секунди молчеа и двајцата. Потоа криминологот тргнанакај вратата.

Таа остана сама во собата, со стиснати тупаници. Се проколнувашеи себеси и тој миг. Потледот и се задржа на писмената оставка наСтерн. Ја зеде. Во неколкуте формални реченици немаше трага одвистинските причини за неговото повлекување. Но, за неа бешеочигледно дека специјалниот агент мора да се почувствувалпредаден, првин од Сара Роса, а сега и од Горан. Сево ова бешегрешка. Таа мораше да влезе во леглото на монструмот.

406

Page 407: Sepnuvacot - Donato Karizi

Т39

ркалата на такси-возилото ја распрскаа наоколу водатанасобрана на асфалтот, но, за среќа, дождот престана. Улиците

блескаа како сцена од мјузикл. Се чинеше дека во секој миг може дасе појави некој брилијантен танчар во вечерен костум.

„Ова е најдалеку до каде што можете да стигнете“, рече таксистот,свртувајќи се накај неа.

„Во ред е. Стигнав.“Плати и излезе од автомобилот. Пред неа имаше кордон полицајци

и дузини автомобили со трепкави светла. Комби возилата наразличните телевизиски канали беа наредени на улицата.Камерманите ги имаа подготвено своите камери и насочено така штопостојано да имаат добар поглед на куќата.

Мила дојде на местото каде што се почна. Сцената назлосторството со славно име нулта место.

Куќата на Винсент Кларисо.Се уште не знаеше како ќе помине низ полициските блокади и како

ќе влезе во куќата. Ја извади својата пропусница и ја стави на вратот,надевајќи се дека никој нема да забележи дека ги нема потребнитеовластувања.

Додека се доближуваше, ги препознаваше лицата на колегите штоги забележа во ходниците на Одделот. Некои од нив држеаимпровизирани состаноци, собрани околу автомобилите. Другите беана пауза за да каснат нешто и да се напијат кафе. Го забележа икомбито на медицинските истражители. Ченг пишуваше извештај,седнат пред вклучен екран, и не ја ни крена главата додека таапоминуваше покрај него.

„Еј, каде одите?“Се заврти и виде еден премногу дебел полицаец како оди накај неа.

Немаше подготвено образложение; требаше да размисли за тоа предда дојде, и сега веројатно нешто ќе оплеска.

„Таа е со мене.“

407

Page 408: Sepnuvacot - Donato Karizi

Накај нив доаѓаше Креп. Научникот имаше фластер на вратот, одкој како да излегуваа глава и канџи на некој крилест змеј, очигледнонајновата тетоважа. Тој се сврти накај полицаецот: „Оставете ја. Таае лице со овластувања“

Полицаецот го прифати неговото објаснување и се сврти за дазамине таму од каде што и дојде.

Мила погледна во Креп, несигурна што би требало да каже. Тој инамигна и потоа си продолжи по својот пат. На извесен начин, небеше чудно што и помогна, помисли Мила. И двајцата – иако наразличен начин – носат знаци на своето лично минато отпечатени нанивната кожа.

Патеката која водеше до влезната врата на куќата беше коса. Начакалот имаше фишеци останати по пукотницата во која ВинсентКларисо го загубил животот. Влезната врата беше извадена одшарките, за да се влегува полесно.

Штом стапна внатре, Мила почувствува силен мирис на средства задезинфекција.

Дневната соба беше наместена со мебел во стилот наседумдесеттите. Софата беше декорирана со кругови и уште беше вопластичното пакување. Во каминот гореше слаб оган. На ѕидовитеимаше тапети со големи кафеави стилизирани цвеќиња кои прилегаана змеј.

Наместо халогени светилки, собата беше осветлена со светилкипоставени на масите. И тоа беше знак за новиот курс што го презедеТеренс Моска. Нема „сцена“ за капетанот. Се мора да биде трезвено.Полиција од старата школа, помисли Мила. А во кујната го здогледаМоска, како држи мал самит со своите најблиски соработници. Јаизбегна таа насока: мораше да остане колку што можепонезабележлива.

Чевлите на сите им беа прекриени со пластични калоши и ситеносеа латекс гумени ракавици. И Мила ги стави и почна даразгледува, движејќи се наоколу заедно со другите.

Еден детектив ги вадеше книгите од библиотеката. Една по една.Ќе земеше книга, брзо ќе ја прелисташе и ја ставаше на подот. Друг

408

Page 409: Sepnuvacot - Donato Karizi

ги прегледуваше плакарите. Трет ги класифицираше украсите.Онаму каде што предметите уште не беа истражени и поместени, себеше опсесивно педантно подредено.

Немаше прав и се можеше да биде каталогизирано само со поглед,небаре се имаше свое посебно место.

Мила не знаеше што треба да бара. Беше таму само затоа што бешеприродно да се почне оттаму. Мораше да види дали навистинастанува збор за Алберт. Мораше да дознае зошто петтото тело бешепронајдено во студиото.

Мила го откри изворот на мирис на средство за дезинфекција когаја виде собата на крајот од краткиот ходник.

Тоа беше аскетска соба, со болнички кревет покриен со шатор закислород. Имаше и големи количества лекови, стерилна облека имедицинска опрема. Тоа беше операционата сала во која Винсент имги вршел ампутациите на своите мали пациенти, а потоа ја претворилво соба во која ја одржувал Сандра во живот.

Одејќи до другата соба, забележа еден полицаец кој гледаше воплазма-екранот со дигитална фото камера вклучена во него. Предекранот беше фотелја со аудио-сараунд звучници околу неа. Од дветестрани на телевизорот имаше цел ѕид мини-Ди-Ви-Ди касети,класифицирани само според датумите. Детективот една по една гиставаше во камерата за да ја прегледа нивната содржина.

Во овој миг, гледаше снимки од некое игралиште. Деца како сезабавуваат во некој сончев зимски ден. Мила ја препозна Каролина,последната мала момичка која Алберт ја киднапира и ја уби.

Винсент Кларисо методично ги проучувал своите жртви.„Еј, може ли некој да ми помогне со ова? Не знам ништо за

електрониката!“, рече полицаецот обидувајќи се да го паузирафилмот. Кога ја забележа на вратата, во еден миг на лицето имашесреќен израз како да добил одговор на својата молба, и покрај тоашто веднаш потоа му стана јасно дека ја нема видено никогашпорано. Пред да може да каже нешто, Мила продолжи по својот пат.

Третата соба беше најважна.Внатре беше една маса од челик, а ѕидовите беа прекриени со

409

Page 410: Sepnuvacot - Donato Karizi

белешки и со ливчиња во најразлични бои и со секакви други нешта.Материјалот до детали го разработуваше планот на Винсент. Мапина улиците и временски распореди. Нацрт на интернатот на ДебиГордон, и нацрт на сиропиталиштето. Тука беше и регистарскататабличка на Александар Берман, како и рутите на неговите бизнис-патувања. Фотографии на Ивона Грес и на нејзините деца, и слика надепонијата на Фелдер. Имаше и исечоци од социјалните списанија забогатството на Џозеф Б. Рокфорд. И, очигледно, фотографии наубиените момички.

На челичната табла имаше и други графички прикази, созбунувачки одредници. Небаре работата одненадеж била прекината.Скриено меѓу листовите хартија – можеби засекогаш – бешефиналето што серискиот убиец го имаше замислено за својот план.

Мила се заврти и се стаписа. Ѕидот кој до тој миг беше зад неа,беше целосно покриен со фотографии на кои беа членовите на тимотистражители за насилни криминални дела снимени додека работат.На фотографиите ја имаше и неа.

Сега и навистина сум во утробата на монструмот...Винсент секогаш одблизу имал увид во она што го работеле.„Лајна! Може ли некој да ми помогне со ова?“, се слушна гласот на

полицаецот од другата соба. „Добар ли си, Фред?“Барем некој дошол да му помогне.„Како можеш да кажеш такво нешто кога знаеш што гледам? И

како да класифицирам нешто што не знам што е?“„Да видам...“Мила се повлече од ѕидот со фотографиите, подготвувајќи се да

замине од куќата. Додека поминуваше покрај собата со телевизорот,забележа нешто на екранот. Местото кое полицаецот по име Фред инеговиот колега не можеа да го идентификуваат.

„Ова е некој стан, што друго да кажам?“„Да, ама што да напишам во извештајот?“„Напиши ’непознат стан’.“„Дали си сигурен?“„Да. Некој друг ќе открие каде е тоа.“

410

Page 411: Sepnuvacot - Donato Karizi

Но Мила знаеше каде е тој стан.Во тој миг ја забележаа и се свртија накај неа, додека таа не

можеше да го тргне погледот од екранот.„Можеме ли да Ви помогнеме?“Таа не одговори ништо и си замина оттаму. Додека брзаше низ

дневната соба, погледна дали нејзиниот мобилен телефон е во џебот.Се јави на бројот на Горан.

Кога тој одговори, таа веќе беше надвор од куќата.„Што се случува?“„Каде си сега?“, во нејзиниот глас се чувствуваше паника.Тој не забележа. „Се уште сум во Одделот, се обидувам да

организирам Сара Роса да ја посети својата ќерка во болницата.“„Кој е кај тебе дома во моментов?“Горан почна да се загрижува. „Госпоѓа Руна е со Томи. Зошто?“„Мора веднаш да одиш таму.“„Зошто?“, повтори тој загрижено.Мила помина покрај група полицајци. „Винсент има снимки од

твојот стан.“„Што значи тоа?“„Дека го пребарал твојот стан... што доколку имал соучесник?“Горан за миг остана без зборови. „Дали и понатаму си на местото

на злосторството?“„Да.“„Тогаш си поблиску од мене. Замоли го Теренс Моска да ти даде

неколцина полицајци и оди до мојот стан. Јас во меѓувреме ќе јаповикам госпоѓа Руна и ќе и кажам да се заклучат.“

„Добро.“Мила го затвори телефонот, а потоа тргна назад кон куќата за да

разговара со Моска.И да се надеваме дека нема да поставува премногу прашања.

411

Page 412: Sepnuvacot - Donato Karizi

М40

ила, госпоѓа Руна не се јавува на телефон!“Веќе беше мугра.

„Не грижи се, речиси сме таму, нема да ни треба уште долго.“„Јас сум на пат. Ќе бидам таму за неколку минути.“Со чкрипење на гумите, полицискиот автомобил запре во мирната

улица на една богата населба. Жителите на околните куќи и натамуспиеја. Само птиците имаа почнато да го поздравуваат новиот ден,наредени во дрвјата и врз покривите.

Мила потрча кон влезната врата. Неколкупати заѕвони на ѕвончето.Никој не се јавуваше. Потоа заѕвони на друго ѕвонче.

„Да, кој е?“„Полиција, господине; Ве молам, отворете.“Електронската брава се отвори автоматски. Мила ја турна вратата и

се стрча кон третиот кат, следена од двајцата полицајци кои дојдоасо неа. Не го употребија товарниот лифт туку скалите, за да стигнатпобрзо.

Те молам, не дозволувај ништо да се случи... те молам, малиот дае добро...

Мила го откриваше божественото суштество во кое одамна имашепрестанато да верува. Иако тоа беше истиот Господ кој, со помош надарбата на Никла Папакидис, ја спаси од незиниот мачител. Имашевидено премногу деца со помалку среќа од неа за да може да јаодржува својата верба.

Те молам, не дозволувај да се случи повторно, не давај да се случиповторно...

Штом стигна на третиот кат, Мила веднаш почна да чука назатворената врата.

Можеби госпоѓа Руна има длабок сон, помисли. Сеѓа ќе дојде и ќе јаотвори вратата и се ќе биде в ред.

Но ништо не се случи.Еден од полицајците застана пред неа. „Дали сакате да ја отвориме

412

Page 413: Sepnuvacot - Donato Karizi

вратата со сила?“Немаше доволно воздух за да одговори, и само потврдно кимна со

главата. Виде како малку се залетуваат и како удираат во вратата.Таа се отвори.

Тишина. Но не нормална тишина. Празна, сурова тишина.Безживотна тишина.

Мила го извлече својот пиштол и тргна пред полицајците.„Госпоѓо Руна!“Нејзиниот глас одекнуваше во собите, но никој не одговараше. Со

глава им даде знак на двајцата полицајци да се раздвојат. Таа тргнанакај спалната соба.

Додека бавно се движеше низ ходникот, почувствува трпки водесната рака, со која цврсто го стегаше пиштолот. Чувствуваше деканозете и стануваат тешки и дека мускулите на лицето и се затегаатзатоа што се џареше со очите.

Дојде до собата на Томи. Вратата беше полуотворена. Ја поттурнасо слободната рака и погледна во собата. Ролетните беа спуштени, ноламбата во облик на кловн се вртеше правејќи на ѕидот фигури нациркуски животни. Во креветот потпрен на ѕидот можеше да сезабележи како леш едно мало тело.

Беше свиткано во позиција на фетус. Мила внимателно тргнанатаму.

„Томи...“, рече со тивок глас. „Томи, разбуди се...“Но малото тело не се помрднуваше.Кога стигна до креветот, го остави пиштолот покрај ламбата. Лошо

се чувствуваше. Не сакаше да го потргне ќебето, не сакаше да гооткрие она што веќе го знаеше. Всушност, сакаше да се откаже одсево ова и веднаш да ја напушти собата. Да не мора, покрај сетодруго, да се соочи уште и со ова. Проклетство! Многупати виделакако се случува истото, и сега се плашеше дека и ова ќе заврши истокако и секогаш.

Но, се присили да ја испружи раката до работ на ќебето. Го зграпчиза аголот и во истиот миг го повлече.

Неколку секунди само така стоеше држејќи го ќебето со раката,

413

Page 414: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

М

загледана во очите на едно старо мече кое и се насмевнуваше сопобожен и непроменлив израз.

„Се извинувам...“Мила се сепна. Двајцата полицајци ја гледаа од вратата.„Овде има една заклучена врата.“Мила само што сакаше да им нареди да ја отворат со сила, кога

слушна како Горан влегува во станот и го повикува својот син:„Томи! Томи!“

Таа тргна накај него. „Не е во својата соба.“ Горан беше очаен.„Како мислиш не е тука? Каде е?“

„Долу има една заклучена соба, знаеш ли за тоа?“ Збунет ианксиозен, Горан не ја разбра. „Што?“

„Собата е заклучена...“Криминологот се стаписа... „Слушна ли?“„Што?“„Тој е...“Мила не разбираше. Горан ја оттурна и брзо тргна накај работната

соба.

ога го виде својот син како се крие зад масата од махагони, неможеше да ги задржи солзите. Се наведна под масата и цврсто

го прегрна. „Тато, многу бев исплашен...“„Да, знам, љубов. Но сега се е готово“„Госпоѓа Руна замина. Се разбудив и таа не беше тука...“„Но сега јас сум тука, во ред?“

ила и понатаму стоеше на вратата, и го врати пиштолот вофутролата, убедена од она што го кажуваше Горан кога клекна

под масата.„Сега ќе ти донесам појадок. Што би сакал да јадеш? Дали крофни

се во ред?“Мила се насмевна. Ужасот помина.

414

Page 415: Sepnuvacot - Donato Karizi

Б

С

Горан повторно рече: „А-јде, дај да те кренам...“Потоа го виде како се појавува од под масата, обидувајќи се да се

одржи на нозе.Но, тој во своите раце не држеше мало момче.

и сакал да се запознаеш со една моја пријателка. Нејзиното име еМила...“

Горан се надеваше дека Мила ќе му се допадне на неговиот син.Често беше срамежлив во присуство на непознати луѓе. Томи не реченишто, само покажа на нејзиното лице. Потоа Горан повнимателносе загледа; таа плачеше.

олзите дојдоа одненадеж, којзнае од каде. Но, овојпат болката небеше со механичко потекло. Раната што се отвори не беше во

нејзиното месо.„Што е? Што се случува?“, ја праша Горан, однесувајќи се како

навистина во рацете да држи човечко суштество.Таа не знаеше што да каже. Тој не изгледаше како некој кој се

преправа. Горан навистина мисли дека враце го држи својот син.Во меѓувреме, двајцата полицајци кои ја придружуваа стоеја и ги

гледаа, беа подготвени да реагираат ако треба. Мила со главата импокажа да останат таму каде што се.

„Почекајте ме долу.“„Но не...“„Одете долу и јавете се во Одделот, и кажете им да го испратат

агентот Стерн. Доколку чуете истрел, немојте да се грижите; тоа битребало да сум јас.“

Неволно, двајцата полицајци ја послушаа. „Што се случува, Мила?“,праша Горан со беспомошен глас. Се чинеше толку исплашен одвистината што не можеше на ниту еден начин да реагира. „Зоштосакаш да дојде Стерн?“

За да го замолчи, Мила му го стави прстот на уста.

415

Page 416: Sepnuvacot - Donato Karizi

М

Г

Потоа се сврти и отиде назад во ходникот. Тргна накај собата созаклучена врата. Истрела во бравата и таа се распадна, а потоа Милаја турна вратата.

Собата беше темна, но можеше да се почувствува мирис на тела вораспаѓање. На големиот брачен кревет лежеа две тела.

Едно големо, другото помало.Поцрнетите скелети, и понатаму покриени со остатоци кожа која

прилегаше на платно, беа прегрнати.

оран влезе во собата. Помириса. Ги виде телата.

„О, мој Боже“, рече, неспособен да разбере кому му припаѓаатовие две тела во неговата спална соба. Се сврти накај ходникот за даспречи Томи да влезе... но не можеше да го види.

Погледна назад во креветот. Тоа мало тело. Вистината се струполиврз него со безмилосна силина. И тогаш, се сети на се.

ила го најде покрај прозорецот. Гледаше надвор. По деновиснег и дожд, сонцето повторно изгреа.

„Ова се обидуваше да ни го каже Алберт со петтата момичка.“Горан ништо не рече.Нејзиниот здив беше како стакло кое се крши секогаш кога ќе се

обидеше да земе воздух. „Зошто?“, праша Мила, со одвај чуен глаској се кршеше во нејзиното грло.

„Затоа што, откако замина, таа повторно се врати во куќава.Сакаше да ми го одземе единственото нешто што ми остана да госакам. А тој сакаше да замине со неа...“

„Зошто?“, повтори Мила, неспособна да ги задржи солзите кои сегасе лееја.

„Едно утро се разбудив и го слушнав гласот на Томи како медовикува од кујната. Отидов таму и го видов како седи на своетовообичаено место. Побара да му придготвам појадок. А јас бев толкусреќен што заборавив дека не е тука...“

416

Page 417: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Зошто?“, го преколнуваше таа.Овојпат, тој долго размислуваше пред да одговори: „Затоа што ги

сакав.“И пред таа да може да го запре, тој го отвори прозорецот и се фрли

во длабочината.

417

Page 418: Sepnuvacot - Donato Karizi

С41

екогаш сакаше пони.Памтеше колку ја тормозеше мајка си да и дозволи да има

пони. Без да размислува дека онаму каде што живееја нема местокаде што би можело да живее еден пони. Дворот од задниот дел накуќата беше премногу мал, а покрај гаражата имаше едно теснопарче земја каде што дедо и ја направи својата бавча со зеленчук.

Па, сепак, таа постојано инсистираше. Нејзините родители мислеадека, порано или подоцна, ќе се откаже од својата смешна желба, ноза секој роденден и во секое писмо до Дедо Мраз таа постојано јакажуваше истата желба.

Кога Мила излезе од утробата на монструмот за да си дојде дома,по дваесет и еден ден затвор и по три месеци в болница, најде еднопрекрасно кафеаво и бело пони како ја чека во дворот.

Нејзината желба беше исполнета. Но таа не можеше да ужива вонеа.

Татко и побарал услуга од неколцина луѓе и убедил неколкуминаод своите пријатели заедно да постигнат добра цена. Нејзинотосемејство не се тркалаше во пари, и дома секогаш мораа да се стегаати да штедат. Економските услови беа главната причина што тааостана единица.

Нејзините родители не можеа да си дозволат да и подарат брат илисестра, затоа и купија пони. А таа не беше среќна поради тоа.

Толку многу пати замислуваше како конечно го добива тој подарок.Постојано зборуваше за тоа. Замислуваше како го гушка, како ставаразнобојни панделки во неговата грива и како темелно го четка.Понекогаш ја тераше својата мачка да го помине истиот третман.Можеби Худини затоа ја мразеше и се држеше настрана од неа.

Има причина зошто децата толку многу ги сакаат пони коњите.Затоа што тие никогаш не пораснуваат и затоа што ги праватбесмртни спомените на детството. Состојба на која може само да сезавидува.

418

Page 419: Sepnuvacot - Donato Karizi

Всушност, откако беше ослободена, Мила единствено сакашеодеднаш да порасне, да воспостави дистанција меѓу себе и она што исе случи. И, со малку среќа, можеби некогаш ќе може да заборави.

Но понито, кое немаше апсолутно никаква шанса да порасне, за неапретставуваше неподнослив пакт со времето.

Кога беше извлечена, повеќе мртва отколку жива, од смрдливатавизба на Стив, за неа почна нов живот. По три месеци што ги поминав болница за да може повторно да ја употребува левата рака, морашеповторно да ја воспостави довербата во некои нешта во светот, несамо во секојдневниот живот дома, туку и со своите емоции.

Грациела, нејзината најдобра пријателка, со која, пред да исчезне,го прослави обредот на сестринство, сега чудно се однесуваше коннеа. Таа веќе не беше истата онаа со која секогаш дисциплинирано иригорозно ја делеше последната мастика за џвакање од пакетчето,онаа која се срамеше да моча пред неа, онаа што ја „бакна пофранцуски“ за да вежбаат за мигот кога ќе дојдат момчињата. Не,Грациела беше поинаква. Разговараше со неа со вештачка насмевкана лицето, и Мила беше загрижена дека ако продолжи така да прави,образите наскоро ќе почнат да ја болат. Се убедуваше да биде фина имила, дури и престана да ја задева, иако само до неодамна сенарекуваа со имиња како „смрдлива стара крава“ и „абрашливаразвратничка.“

Ги боцнаа своите показалци со ’рѓосана шајка за да останатпријателки секогаш, затоа што ниту едно момче никогаш нема дазастане меѓу нив. И, наместо да биде така, беа доволни само неколкумесеци да се појави јаз кој никогаш нема да може да се пополни.

Кога ќе се размисли, тоа боцнување со ’рѓосана шајка беше прватарана што Мила некогаш ја имала. Но, кога заздрави, уште повеќе јаболеше.

„Престанете да се однесувате со мене како да сум се вратила одМесечината“, сакаше да им викне на сите. А, пак, изразот на лицетона луѓето! Ги вртеа главите на другата страна и ги стискаа устите.Дури и на училиште, каде што никогаш не била одлична, нејзинитегрешки сега великодушно се толерираа.

419

Page 420: Sepnuvacot - Donato Karizi

Беше уморна од попувањето на другите луѓе. Се чувствуваше какода е во црно-бел филм, како оние што ги прикажуваат на телевизијаво ситните саати, во кои жителите на Земјата се заменети со клоновиод Марс, а таа се спасила затоа што била во тоа чудно дувло.

Имаше две можности. Или светот навистина се променил, или подваесет и еднодневно носење, монструмот родил нова Мила.

Никој околу неа не го спомнуваше она што се случило. Ја оставијада живее како да е затворена во балон, како да е направена од стаклои како да може секој миг да експлодира и да се распрска на парчиња.Не разбираа дека единствено сака малку автентичност по сетаилузија на која беше изложена.

По единаесет месеци, почна судењето на Стив.Долго чекаше на тој миг. Јавниот обвинител полагаше многу надеж

во неа, затоа што нејзините преплашени содружнички затвореничкии понатаму го бранеа својот мачител. Таа бараше повторно да јавикнат Глорија. Лекарите рекоа дека Линда страда од сериозниментални проблеми. Затоа, од Мила зависеше Стив да биде тргнат.

Во месеците по апсењето, Стив направи се што можеше за да сепретстави како ментално болен. Измислуваше апсурдни приказни захипотетички соучесници кои, велеше, се единствените што гипочитува. Се обидуваше да го убеди светот во приказната што јаупотреби и кај Линда. Онаа за Френки, неговиот зол соучесник. Нотоа наскоро беше побиено, кога полицијата откри дека тоа е името нажелката што ја имал како дете.

Но, луѓето сепак ја проголтаа приказната. Стив беше премногу„нормален“ за да биде монструм. Премногу како нив самите.Парадоксално, но идејата дека зад тоа стои некој друг, некој уштенепознат, вистинскиот монструм – ги разубеди.

Мила дојде на судењето решена да ја фрли целата вина врз Стив,одмаздувајќи му се за она што и го стори. Ќе направи да изгние взатвор, и поради тоа беше подготвена да ја игра улогата на невинажртва, која, дотогаш, тврдоглаво одбиваше да ја игра.

Седна на клупата за сведоци, со лице кон кафезот во кој беше Стивсо лисици на рацете, и планираше се да каже без дури и да го симне

420

Page 421: Sepnuvacot - Donato Karizi

К

погледот од него.Но кога го виде – во таа зелена кошула закопчана до врат,

преголема за него затоа што сега беше уште послаб и поковчест, сораце кои се тресеа додека се обидуваше да фаќа белешки, со косакоја сам си ја потстрижуваше и која сега на едната страна бешемногу подолга – почувствува нешто што никогаш дотогаш не гопочувствувала – сожалување, но исто така и бес кон тој клетник,токму затоа што го жалеше.

Тоа беше последниот пат кога Мила Васкез почувствува емпатијаза некого.

ога ја откри тајната на Горан, липаше.

Зошто?Сеќавањето запретано некаде длабоко во неа и велеше дека тоа се

солзи од емпатија.Одеднаш некаде во неа експлодира браната, ослободувајќи

изненадувачки спектар емоции. Сега дури веруваше дека знае шточувствуваат луѓето.

Како кога Роше се појави на местото, таа знаеше дека тој е свесендека деновите му се изброени, затоа што неговиот кум, врвот нанеговиот специјален тим, го внесол во најлошата можна отровнамамка.

Теренс Моска, од друга страна, беше како фатен меѓу радостазаради сигурното унапредување и непријатноста поради мотивите занего.

Беше свесна за чувството на непријатност што го имаше Стернштом го помина прагот на куќата. И веднаш знаеше дека тој ќе гизасука ракавите за да внесе малку ред во овој ужасен случај.

Емпатија.Единствената личност за која ништо не можеше да почувствува

беше Горан.Таа не падна во стапицата на Стив како Линда – Мила никогаш не

поверува во постоењето на Френки. Наместо тоа, подлегна на

421

Page 422: Sepnuvacot - Donato Karizi

илузијата дека во оваа куќа живее едно мало момче, Томи. Слушашеза него. Но, исто така го слушаше и татко му како телефонира кајдадилката за да праша како е и за да му посака добра ноќ. Дуриверуваше и дека го видела додека Горан го ставал в кревет. Никогашнема да може да си прости себеси за тие нешта, затоа што тиенаправија да се чувствува како будала.

Горан Гавила го преживеа паѓањето од дванаесет метри, но сегалежеше в кревет на интензивна нега, меѓу животот и смртта.

Неговата куќа беше под надзор, но само однадвор. Само двајца луѓевлегуваа внатре. Специјалниот агент Стерн, кој ја замрзна својатаоставка поради случајот, и Мила.

Не бараа ништо, само се обидуваа да ги подредат настаните похронолошки редослед, да најдат одговори на единствените можнипрашања. Во кој миг едно смирено и урамнотежено човечко битиекако Горан Гавила почнал да го реализира својот смртоносен план?Кога се ослободил нагонот за одмазда? Кога почнал својот бес да гопретвора во план?

Мила беше во работната соба кога слушна дека Стерн пребаруваниз соседната соба. Направил многу пребарувања во својата кариера.Неверојатно е колку можат да откријат деталите од нечиј живот.

Додека го истражуваше засолништето во кое Гавила ги оформувалсвоите теории, се обидуваше да не се вовлекува емоционално, даводи белешки за деталите, за малите навики кои можат, случајно, даоткријат нешто важно.

Горан ги чувал држачите за хартија во еден стаклен пепелник.Моливите ги острел директно во кошницата за стара хартија. А намасата држел рамка за фотографија, без фотографија во неа.

Таа празна рамка беше прозорецот во бездната на човекот кој Миламислеше дека може да го сака.

Мила го тргна погледот, плашејќи се да не ја обземе помислата.Потоа ја отвори фиоката на страничниот дел од масата. Таму имашеедна папка. Ја зеде и ја стави врз оние кои веќе ги имаше прегледано.Оваа беше поинаква, затоа што се чинеше дека се однесува напоследниот случај на кој работеше Гавила пред да стане приоритет

422

Page 423: Sepnuvacot - Donato Karizi

оној за исчезнатите момички.Покрај документите, во папката имаше и серија аудио-касети.Почна да ја чита содржината на документите; касетите ќе ги

преслуша доколку од нив се покаже дека треба да се направи тоа.Тоа беше кореспонденцијата помеѓу директорот на еден затвор –

некој Алфонс Беренже – и канцеларијата на Јавниот обвинител. Таасе однесуваше на чудното однесување на еден од затворениците којбеше идентификуван само со својот затворски број.

РК-357/9.Субјектот го нашле, неколку месеци претходно, двајца полицајци,

како талка низ ноќта некаде на село, сам и гол. Веднаш одбил да имги каже своите лични податоци на јавните службеници.Испитувањето на отисоците од неговите прсти докажало само деканема криминално досие. Но, судијата го осудил поради недоличнооднесување.

Се уште е на отслужување на казната.Мила зеде една од аудио-касетите и се загледа во неа, обидувајќи се

да одгатне што би можела да содржи. Етикетата содржеше самовреме и датум. Потоа го повика Стерн и накратко му раскажа штооткрила.

„Но слушај што пишува директорот на затворот... ’Од моментоткога стапна во казнената установа, затвореникот РК-357/9 никогашне покажа каков и да е знак на недисциплина, и секогаш ги почитувазатворските правила. Субјектот е сам во ќелија и не покажува желбада се социјализира... Можеби поради тоа никој и не бил свесен за онашто само неодамна го забележа еден од чуварите. Затвореникот РК-375/9 го брише и го трие секој предмет со кој ќе дојде во допир соедно фирцано парче, секој ден ги собира сите влакна од косата, доперфекција ги полира мијалникот, славините и тоалетот секогаш когаќе ги употреби’. Што мислиш?“

„Хм, не знам. Мојата жена е опседната со чистотата.“„Но, слушај како продолжува: ’Јасно е дека имаме работа со некој

кој има манија за хигиена, или, уште поверојатно, со некој кој посекоја цена се обидува да не остави зад себе „органски материјал.“

423

Page 424: Sepnuvacot - Donato Karizi

Оттаму, сериозно се сомневаме дека затвореникот РК-357/9 имаизвршено некое особено тешко злосторство и сака да спречи даземеме негова ДНК за да го идентификуваме’... Гледаш?“

Стерн зеде еден лист од купот пред неа и почна да чита. „Ова бешево ноември... да не дознале нешто од неговата ДНК?“

„Се чини дека не можеле да го натераат да изврши тест, затоа штотоа би било прекршување на неговите уставни права...“

„И, што направиле?“„Се обиделе да земат малку кожа или коса со ненадејни инспекции

во неговата ќелија.“„Дали го оставиле сам во ќелија?“Мила брзо читаше, барајќи пасус во кој би прочитала нешто за

субјектот. Најде таков. „Еве, директорот пишува: ’Досега, субјектотделеше ќелија со друг затвореник, што со сигурност му помогна даги измеша своите биолошки траги со другиот. Затоа, откако јаоткривме оваа навика, нашата прва мерка беше да го ставиме воизолација’.“

„И, дали успеале да му земат ДНК или не?“„Затвореникот очигледно бил поумен од нив, и секогаш ја оставал

својата ќелија совршено чиста. Но, тогаш забележале дека зборувасам со себе и ја озвучиле неговата ќелија за да разберат штозборува...“

„И што има доктор Гавила со тоа?“„Не знам, веројатно побарале негово експертско мислење..“Стерн остана малку замислен. „Можеби би требало да ги

преслушаме касетите.“На малата масичка во работната соба имаше еден стар касетофон

кој Горан веројатно го користел за да ги снима своите уснизабелешки. Мила му подаде една од касетите на Стерн, кој отиде доапаратот, ја стави касетата и таман сакаше да стисне на копчето заемитување...

„Чекај.“Изненаден, Стерн се сврти и ја погледна – таа беше побледена.„Да му се сневиди!“

424

Page 425: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Што не е во ред?“„Името.“„Кое име?“„Името на затвореникот со кој ја делел ќелијата пред да биде

префрлен во самица.“„Да?“„Неговото име е Винсент... Винсент Кларисо.“

425

Page 426: Sepnuvacot - Donato Karizi

А42

лфонс Беренже беше шеесетгодишен човек со бебешко лице.Се чинеше дека неговото црвено лице е составено само од

мрежа капилари. Секогаш кога ќе се насмееше, очите му се собирааво два процепа. Дваесет и пет години беше управник на затворот и задва месеца требаше да замине во пензија. Беше пасиониран рибар; воаголот на својата канцеларија чуваше трска и шкаф со јадици иконци. Тие наскоро ќе станат неговата главна окупација.

Беренже го сметаа за добар човек. За време на неговото управувањесо затворот, не беа забележани сериозни епизоди на насилство. Созатворениците имаше човечки однос, а неговите стражари многуретко употребуваа средства за принуда.

Алфонс Беренже беше атеист, но ја читаше Библијата. Веруваше вовтори шанси, и секогаш велеше дека секој поединец, ако сака, имаправо на прочка. Какво злосторство и да сторил.

Имаше репутација на чесен човек и за себе мислеше дека живее вомир со сиот свет. Но, веќе извесно време не можеше да спие мирнонавечер.

Неговата жена му велеше дека тоа е поради пензијата, но тојзнаеше дека причината не е во тоа. Она што му ги расипувашесоништата беше помислата дека ќе мора да го ослободи затвореникотРК-367/9 без да знае кој е и дали можеби сторил некакви страшнизлосторства.

„Овој човек е... апсурден“, и рече на Мила додека поминуваа низедна од безбедносните врати, одејќи во крилото во кое беа самиците.

„Во која смисла?“„Апсолутно е непоколеблив. Му ја запревме водата, надевајќи се

дека ќе престане да се мие. Тој почна темелно да се чисти сокрпчиња. И тие му ги конфискувавме. Почна да ја користи својатауниформа. Го теравме да го користи затворскиот прибор за јадење.Тој престана да јаде.“

„И, што потоа?“

426

Page 427: Sepnuvacot - Donato Karizi

„Се разбира дека не можевме да го изгладнуваме! На сите нашиобиди тој одговараше со разоружувачка истрајност... или благарешителност, изберете.“

„А научниците?“„Поминаа три дни во таа ќелија, но не успеаја да најдат доволно

органски материјал за да ја утврдат неговата ДНК. И, се прашувам:како е можно тоа? Сите ние губиме милиони ќелии секој ден, во видна ситни трепки или лушпи од кожата...“

Беренже ја имаше употребено сета своја рибарска трпеливост,надевајќи се дека тоа би требало да е доволно. Но – не беше доволно.Неговиот последен извор на надеж беше оваа полицајка којаненадејно се појави тоа утро кажувајќи му приказна која беше толкулуда што звучеше како вистина.

Одејќи по долгиот коридор, дојдоа до една железна врата, обоена вобело. Тоа беше самицата број 15.

Директорот погледна во Мила. „Дали сте сигурна?“„За три дни овој човек ќе излезе одовде, и, имам чувство дека

никогаш веќе нема да го видиме. Значи, да, апсолутно сум сигурна.“Тешката врата се отвори и веднаш се затвори зад неа. Мила го

направи првиот чекор во малиот универзум на затвореникот РК-357/9.

Тој не беше онаков каков што таа замислуваше дека ќе биде споредидентификацискиот цртеж што го нацрта Никла Папакидис откаконавлезе во меморијата на Џозеф Б. Рокфорд. Освен еден детаљ.Сивите очи.

Тој не беше висок човек. Беше тесен во рамената, а вратните коскиму беа испакнати. Портокаловата затворска униформа бешепреголема за него, толку што морал да ги завитка и ракавите иногавиците. Имаше многу малку коса и таа беше концентрирана оддвете страни на неговата глава.

Седеше на својот кревет на склопување, со челичен бокал ворацете. Го бришеше со жолта крпа за прав. На креветот, наредени понекој редослед, беа прибор за јадење, четка за заби и еден пластиченчешел. Веројатно само што ги исполирал. Само малку ја крена

427

Page 428: Sepnuvacot - Donato Karizi

главата за да ја погледне Мила, продолжувајќи и понатаму сополирањето.

Мила беше сигурна дека знае зошто е таа тука.„Здраво“, му рече. „Дали ќе Ви пречи ако седнам малку?“Тој пристојно кимна со главата, покажувајќи на столот покрај

ѕидот.Единствениот звук во тој тесен простор беше упорното полирање

на металот со крпа. Типичните затворски звуци не допираа доодделот со самици, правејќи ја осаменоста уште потешка. Но, сечинеше дека тоа не му пречи на затвореникот РК-357/9.

„Сите овде се прашуваат кој сте“, почна Мила. „Мислам дека тоастана некој вид опсесија. Секако е така за директорот на затворот. Аи за канцеларијата на Јавниот обвинител. Другите затвореницираскажуваат за вас како за легенда.“

Тој мирно гледаше во неа.„Јас знам дека Вие сте личноста која ние ја викаме Алберт.

Личноста која ја бркаме.“Човекот не реагираше.„Вие бевте во фотелјата на Александер Берман во неговото

педофилско дувло. И се сретнавте со Роналд Дермис во религиознатаинституција, во времето кога уште беше мало момче. Бевте во вилатана Ивона Грес додека Фелдер ги касапеше жената и нејзините деца:на ѕидот е вашата трага обиколена со крв. Бевте со Џозеф Б. Рокфордкога тој првпат изврши убиство во таа напуштена куќа... Тие беав а ш и следбеници. Вие го поттикнавте нивниот срам, бевтеинспирација за нивните зла, секогаш подучувајќи ги од сенка...“

Човекот продолжи да полира, не губејќи го ни за миг ритамот.„Потоа, пред само четири месеца, решивте да дозволите да Ве

уапсат. Воопшто не се сомневам дека тоа го сторивте намерно. Возатворот го запознавте Винсент Кларисо, вашиот цимер од ќелијата.Имавте цел месец да го подучувате пред Кларисо да излезе одзатворот. Потоа Кларисо, само што излезе, почна да го остварувавашиот план... киднапира шест деца, им ги ампутира левите раце иги оставаше нивните тела така за да се откријат сите оние ужаси за

428

Page 429: Sepnuvacot - Donato Karizi

кои никој порано не знаеше... Додека Винсент ја довршуваше својатазадача, Вие бевте овде. Така што никој нема да може да Ве обвиниВас. Овие четири ѕида се совршено алиби... но Ваше ремек-делосепак е Горан Гавила.“

Мила извади од џебот една од аудио-касетите што ги најде воработната соба на криминологот, и ја фрли на креветот. Човекот јагледаше како лета и како се спушта на неколку сантиметри однеговата лева нога. Не се помрдна, не се ни обиде да ја избегне.

„Доктор Гавила никогаш Ве немаше видено, не Ве познаваше. Но,Вие го знаевте него“

Мила почувствува дека срцето почнува побрзо да и чука. Тоа бешеи бес, и мака, и нешто друго.

„Најдовте начин да го контактирате, иако бевте в затвор. Тоа ебрилијантно – кога Ве ставија во самица, почнавте да зборувате самсо себе како да сте некој кутар лудак, знаејќи дека ќе ставатмикрофони во вашата ќелија за да може некој експерт да гипреслуша снимките. Не некој стар експерт, туку некој кој е најдобарво својата област...“

Мила покажа на касетата.„Дали знаете дека ги ислушав сите? Часови и часови електронски

надзор... тие пораки не беа едноставно дрдорење. Тие беа за Горан...’Убиј, убиј, убиј’... Тој Ви обрна внимание и, ги уби својата жена исвојот син. Ова беше случај кога пациентот работи врз својотпсихијатар. Кажете ми само едно: како го правите тоа? Какоуспевате? Брилијантен сте во тоа.“

Човекот или не го разбра нејзиниот сарказам, или не му бешегрижа. Всушност, изгледаше дека е љубопитен да го слушнеостатокот од приказната, затоа што не го симнуваше погледот од неа.

„Но, Вие не сте единствениот кој може да им влезе на луѓето воумот... Неодамна научив многу за сериските убијци. Научив дека седелат на четири категории: визионери, мисионери, хедонисти и луѓекои сакаат моќ... Но, има и петта категорија. Нив ги викаатпотсвесни убијци.“

Таа пребаруваше низ својот џеб, извади оттаму едно парче хартија

429

Page 430: Sepnuvacot - Donato Karizi

и го отвори.„Најпознат е Чарлс Мејсон, кој ги инспирира членовите на

фамозната Фамилија да го направат масакрот во Сиело Драјв. Но, јасмислам дека има два уште покарактеристични случаја...“ Почна дачита. „Во 2005 година, Јапонец по име Фуџимацу успеа да убедиосумнаесет луѓе од целиот свет, кои ги запознал преку чет-линиитена интернет, да си ги одземат животите на денот на свети Валентин.Различни по возраст, пол, финансиски статус и социјално потекло,тие беа нормални мажи и жени, без какви и да било очигледнипроблеми.“

Погледна во затвореникот. „Како успеал сите да ги потчиниостанува мистерија... но, слушајте, ова е едно од моите омилени: Во1999 година, Роџер Блест од Акрон во Охајо уби шест жени. Когабеше уапсен, на истражителите им кажал дека идејата била сугестијана некојси Рудолф Мајгби. Судијата и поротата мислат дека сеобидува да помине како луд и го осудуваат на смртна казна којатреба да се изврши со инјекција. Во 2002 година, на Нов Зеланд, еденнеписмен работник по име Џери Хувер убива четири жени и потоа наполицијата и вели дека тоа му го сугерирал некој Рудолф Мајгби.Психијатарот на обвинението се потсетува на случајот од 1999година и – со оглед на тоа дека не е веројатно Хувер да можел дазнае за случајот – открива дека човекот има колега по име РудолфМајгби, кој живеел во Акрон, Охајо, во 1999 година.“ Повторнопогледна во човекот. „И, што велите? Дали гледате некоисличности?“

Човекот ништо не вели. Неговиот бокал свети, но тој и понатаму нее задоволен од резултатот.

„Еден ’потсвесен убиец’ не извршува злосторство во материјалнасмисла на зборот. Тој не може да биде обвинет и не може да бидеказнет. Судењето на Чарл Мејсон резултираше со правен трик, асмртната казна беше заменета со неколку доживотни казни затвор...Некои психијатри ве нарекуваат шепнувачи, поради вашатаспособност да импресионирате послаби личности од вас. Јаспретпочитам да ве викам волци... волците дејствуваат во глутница.

430

Page 431: Sepnuvacot - Donato Karizi

Секоја глутница има свој водач, и честопати, другите волци ловат занего.“

Затвореникот РК-357/9 престана да го трие бокалот и го оставипокрај себе. Потоа ги стави рацете на колена, чекајќи што следува.

„Но Вие ги надминавте сите нив...“, Мила одмавна со главата.„Нема ништо што укажува на вашата вмешаност во злосторстваташто ги извршија вашите следбеници. Без докази со кои можеме даповедеме обвинение против Вас, наскоро ќе бидете слободен човек...и никој нема да може да стори ништо.“

Мила длабоко воздивна. Гледаа еден во друг. „Срамота: самодоколку го знаевме Вашиот вистински идентитет, ќе станевте славени ќе влезевте директно во историјата. Во тоа Ве уверувам.“

Таа се наведна накај него, гласот одеднаш и стана прониклив изаканувачки: „Во секој случај, јас ќе откријам кој сте.“

Станувајќи, таа од рацете ги истресе невидливите честици прав ипобрза кон излезот од ќелијата. Но, претходно, застана и уштенеколку секунди му посвети на човекот.

„Вашиот последен ученик не успеа: Винсент Кларисо не можеше даго оствари вашиот план, затоа што детето број шест и понатаму еживо ... што значи дека и Вие потфрливте.“

Ја проучуваше неговата реакција, и, за миг, помисли дека низнеговото лице помина некаков израз, но тоа веднаш повторно станазагадочно. „Ќе се видиме надвор.“

Му ја подаде раката. Тој беше изненаден, како да не го очекувашетоа. Долго ја проучуваше. Потоа ја крена млитавата рака и јаприфати нејзината. При допирот на неговите меки прсти, Милапочувствува одвратност.

Остави нејзината рака да се слизне од неговата.Му го сврти грбот и отиде до железната врата. Чукна трипати и

почека, знаејќи дека неговите очи ја следат, и дека неговиот поглед јажеже на точката меѓу лопатките. Некој однадвор почна да го вртиклучот во бравата. Пред да се отвори вратата, затвореникот РК-357/9првпат проговори.

„Момичка“, рече.

431

Page 432: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила се заврти накај него, не разбирајќи што сака да каже.Затвореникот му се имаше повторно вратено на своето крпче иповторно полираше еден друг сад.

Таа излезе, вратата се затвори зад неа, а Беренже тргна накај неа.„И... дали успеавте?“Мила кимна потврдно со главата. Ја подаде раката со која се

поздрави со затвореникот. Научниот експерт зеде неколку пинцети иод нејзината рака внимателно го одвои проѕирниот филм во кој беазаробени клетки од кожата на тој човек. За да ги зачува, веднаш гостави филмот во епрувета со алкална течност.

„Сега ќе видиме кое е копилево.“

432

Page 433: Sepnuvacot - Donato Karizi

Н

43

5 септември

ебото наместа беше испресечено со бели облаци кои само гопотенцираа неговото чисто синило. Да беа поблиску, облаците

ќе го засолнеа сонцето. Вака, само ги носеше ветерот.Ваквото време долго траеше. Зимата отвори пат за летото, без

прекин. Беше топло.Мила возеше со двата прозорци отворени, уживајќи во ветрето во

нејзината коса. Ја пушти косата да порасне, што беше само една одмалите промени што се случуваа во последно време. Другата бешеоблеката што ја носеше. Ги имаше оставено фармерките и сеганосеше здолниште со цветен дезен.

На седиштето до неа се наоѓаше кутија со голема црвена панделка.Подарокот го одбра без многу да размислува, затоа што сега целосносе потпираше врз својот инстинкт.

Ја откри плодната непредвидливост на животот.И се допаѓаше новиот тек на нештата. Но, сега проблем беше

каприциозноста на нејзините емоции. Некогаш ќе се фатеше какозамолкнува сред разговор, сред некоја работа, и – почнува да леесолзи. Без некоја посебна причина, ја обземаше тоа чудно, нопријатно чувство на тагување.

Веќе подолго се прашуваше дали ваквите емоции доаѓаат од ониешто постојано ја исполнуваа кога ќе почувствуваше налети на болка.

Сега знаеше. Но не сакаше да го знае полот на бебето.„Момичка е.“Мила избегнуваше да размислува за тоа, обидувајќи се да го

заборави целиот случај. Сега имаше поинакви приоритети. Тука беанападите на глад кои ги чувствуваше и премногу често и ненадејно,но кои и додадоа малку женственост на нејзината фигура. Потоа,тука беа и ненадејните, итни потреби да моча. И, конечно – ситните

433

Page 434: Sepnuvacot - Donato Karizi

клоцања во нејзиниот стомак, што неодамна почна да ги чувствува.Благодарение на нив, учеше да мисли само на иднината.Но, неизбежно, од време на време, мислите и бегаа назад кон

сеќавањата за настаните.Еден вторник во месецот март, затвореникот РК-357/9 излезе од

затвор. Без име.Но, трикот на Мила беше успешен.Креп успеа да извади ДНК од клетките од неговиот епидерм, и тие

беа пратени до сите расположливи банки на податоци. Исто така, тиебеа споредени и со неидентификуваниот органски материјал останатод нерешените случаи.

Ништо.Можеби се уште не сме го откриле целиот план, си велеше Мила

во себе. Таквата можност ја загрижуваше.Кога безимениот човек се најде повторно на слобода, полицијата во

почетокот го држеше под постојан надзор. Живееше во куќа што муја стави на располагање социјалната служба и – каква иронија – севработи како чистач во една голема стоковна куќа. Не откри за себеништо повеќе од она што веќе го знаеја. Така, со време, полицискитепроверки престанаа. Повисоките функционери не беа подготвени даплаќаат за часовите прекувремена работа, а доброволниот надзортраеше само неколку недели. На крајот, се откажаа.

Мила внимаваше на него, но тоа и за неа стана исклучителноисцрпувачка задача. Откако откри дека е бремена, нејзинитепроверки се проретчија.

Потоа, еден ден во средината на мај – тој исчезна.Зад себе не остави никакви траги и никој не можеше ниту да

претпостави каде заминал. Мила првин беше многу лута, но потоаоткри дека чувствува некакво олеснување.

Полицајката која ги наоѓаше исчезнатите, во основа, сакаше овојчовек да исчезне.

Патоказот од нејзината десна страна го покажа патот конрезиденцијалната област. Таа сврти.

Тоа беше убаво место. Дрворедите создаваа насекаде иста сенка,

434

Page 435: Sepnuvacot - Donato Karizi

како да не сакаа никој да биде навреден. Малите вили беа наредениеднододруго, напред имаа земјиште и сите беа исти.

Насоките што на едно ливче ги напиша Стерн, завршуваа накрстосницата пред неа. Ја намали брзината и погледна наоколу.

„Стерн, каде си, по ѓаволите?“, изговори во својот телефон.Пред да и одговори, го забележа како со телефонот на уво, и мавта

од не многу далеку.Го паркира автомобилот на местото што го посочи и излезе од него.„Како се чувствуваш?“„Освен мачнината, испотените нозе и трчањето в тоалет...

прилично добро.“Тој ја прегрна: „Ајде, сите се одназад, во дворот.“Беше чудно што го гледа без сако и без врска, со сини панталони и

кошула со цветен дезен, отпетлана на вратот. Да го немашенеизбежниот мирис на мента, ќе беше речиси непрепознатлив.

Тој ја одведе Мила до градината од задната страна на куќата, кадешто сопругата на поранешниот специјален агент ја имаше поставеномасата. Таа побрза да ја прегрне.

„Здраво, Мари, прекрасно изгледаш!“„Очигледно – цел ден сум дома!“, рече Стерн, смеејќи се.Мари го плесна мажот си по задникот. „Замолчи и готви!“Кога Стерн отиде накај скарата за да ги приготви колбасите и

парчињата пченка, и пристапи Борис со дополу испиено шише пивово раката. Ја прегрна Мила со своите силни раце и ја поткрена одземјата. „Колку си се здебелила!“

„Ти си нашол да кажуваш!“„Колку време ти требаше да стигнеш дотука?“„Дали беше загрижен за мене?“„Не, само бев гладен.“Се насмеаја. Борис се беше здебелил како последица на многу

време поминато в стол по унапредувањето што го доби од ТеренсМоска. Веднаш по официјалното затворање на случајот, Рошеподнесе оставка, но претходно успеа да ’измолкне’ процедура засвоето повлекување која вклучуваше церемонија на доделување

435

Page 436: Sepnuvacot - Donato Karizi

медал и пофалница. Се зборуваше дека има намера да се вклучи вополитиката.

„Каков идиот сум јас – ја оставив кутијата во автомобилот!“, се сетиМила. „Дали можеш да отидеш да ми ја донесеш, те молам?“

„Се разбира, веднаш ќе го сторам тоа.“ Штом Борис се тргна, тааможеше да ги види и другите присутни.

Сандра седеше во својата инвалидска количка под црешата. Неможеше да оди. Тоа се случи еден месец откако излезе од болницата.Лекарите рекоа дека невролошката блокада е резултат на шок. Сегабеше на строга рехабилитација.

На местото каде што некогаш беше нејзината лева рака, сега имашепротеза.

Покрај момичката стоеше татко и, Мајк. Мила го запозна Мајк когаодеше да ја посети Сандра, и тој и се допадна. И покрај разделбата одсвојата сопруга, тој, со љубов и посветеност, продолжи да се грижиза својата ќерка. Сара Роза беше со нив. Многу се имаше променето.Во затворот имаше загубено некој килограм, а косата многу брзо ипобелела. Доби голема казна – седум години затвор и отказ безпривилегии, што исто така значеше и дека нема да има право напензија. Беше на специјално отсуство. Недалеку од нив беше Дорис,надзорничката која беше дојдена со неа. Таа ја поздрави Мила сокимање на главата.

Сара Роза стана и дојде до неа. Се обиде да и се насмевне.„Како си? Дали е се во ред со бременоста?“„Најлошото нешто е облеката – големината постојано ми се менува,

а не заработувам доволно за да можам постојано да ја менувамоблеката. Еден ден ќе почнам да шетам во бањарка“

„Послушај ме: Уживај во овие мигови затоа што најлошото допрвадоаѓа. Првите три години, Сандра не ни дозволуваше око дазатвориме. Зар не е така, Мајк?“ И Мајк потврди.

Се среќаваа неколкупати. Но, никој никогаш не ја праша Мила кој етатко на нејзиното дете. Господ знае како ќе реагираа да знаеја деканоси дете на Горан.

Криминологот и понатаму беше во кома.

436

Page 437: Sepnuvacot - Donato Karizi

Мила само еднаш отиде да го посети. Го виде од зад стакленатапреграда, но успеа да издржи само неколку секунди и веднаш сизамина.

Последното нешто што и го кажа пред да се фрли во длабочината,беше дека ги убил затоа што ги сакал. Тоа, неоспорно, беше логикана некој кој го оправдува злото со љубов. А за Мила тоа бешенеприфатливо.

Во една друга пригода, Горан изјави: Мислиме дека знаеме се залуѓето, а всушност не знаеме ништо...

Таа мислеше дека зборува за својата жена, и за тие зборовиразмислуваше како за банална вистина, која не е сосема соодветна занивото на неговата интелигенција. Додека не се најде вовлечена воона што го кажал. А токму таа повеќе од сите луѓе ќе го разбереше.Таа која му рече: Затоа што доаѓам од темница. И, одвреме-навреме,морам да се вратам во темницата.

Горан премногу често ја посетувал истата таа темница. Но, еденден, кога се вратил од неа, мора оттаму нешто да тргнало по него.Нешто што никогаш потоа не го напуштило.

Борис се врати со подарокот.„Зошто толку се задржа?“„Не можев да ја затворам вратата на таа твоја стара крнтија. Би

требало да купиш нов автомобил.“Мила ја зеде кутијата и и ја даде на Сандра.„Еј, среќен роденден!“Се наведна да ја бакне. Сандра секогаш се радуваше да ја види

Мила.„Мама и тато ми подарија ај-под“И го покажа. А Мила рече: „Фантастично. Сега можеме да слушаме

малку добар рок.“Мајк не се согласи: „Јас би го претпочитал Моцарт.“„Јас најмногу ги сакам Колдплеј“, рече Сандра.Заедно го отворија подарокот на Мила. Тоа беше сомотско палто со

различни фарбели и копчиња.„Вау!“, извика славеничката кога ја препозна етикетата на

437

Page 438: Sepnuvacot - Donato Karizi

прочуениот дизајнер.„Дали ова вау значи дека ти се допаѓа?“Сандра потврди со насмевка, не симнувајќи го погледот од палтото.„Ајде да јадеме“, рече Стерн.Седнаа на масата во сенката на тремот. Мила забележа дека Стерн

и неговата жена постојано си кажуваат нешто и се допираат како дасе млади љубовници. За доброто на својата ќерка, Сара Роза и Мајк јаиграа улогата на добри родители. Но тој, исто така, беше многувнимателен и кон Сара. Борис цело време раскажуваше шеги и сесмееја толку многу што полицајката Дорис се засркна со храна. Тоабеше пријатен и безгрижен ден. А Сандра веројатно, барем за малку,заборави на својата состојба. Доби многу подароци и дуваше 13свеќички на тортата од чоколада и од кокос.

Со ручекот завршија некаде по три часот. Дувкаше тивко ветре,предизвикувајќи кај нив желба да легнат на тревата и да поспијат.Жените ја раскренаа масата, но жена му на Стерн ја ослободи Милаод обврската поради нејзината бременост. Таа ја искористи можностада дојде кај Сандра под сенката на црешата. Со малку напор, успеадури и да седне наземи, до количката на Сандра.

„Убаво е овде“, рече момичката. Потоа ја погледна мајка си каконоси валкани чинии и се насмеа: „Би сакала овој ден никогаш да незаврши. Многу ми недостасуваше мајка ми.“

Употребата на имперфектот откриваше многу. Сандра зборуваше зачувствата од времето пред да отиде в затвор нејзината мајка.Зборуваше за она што го преживеа.

Мила многу добро знаеше дека овие мали навестувања се обид намомичката да стави ред во минатото. Мораше да ги среди чувствата ида да го надмине стравот кој, без оглед на тоа што сето тоа веќе бешеминато, уште многу години ќе живее во неа.

Еден ден, двете можеби ќе можат да разговараат за она што сеслучи. Мила размислуваше дали на момичката да и ја раскажесвојата приказна. Можеби тоа ќе помогне. Имаа многу заедничкинешта.

Првин најди ги сите зборови што ни се потребни, малечка, имаме

438

Page 439: Sepnuvacot - Donato Karizi

многу време пред нас.Мила чувствуваше нежност кон Сандра. По еден час, Сара Роза пак

ќе замине в затвор. И секојпат разделбата ќе биде голем стрес и замајката и за ќерката.

„Решив да ти доверам една тајна“, рече, за да ја оттргне од мислите.„Но, ќе ти ја кажам само тебе... Сакам да ти кажам кој е таткото намоето дете.“

Сандра се насмеа. „Сите знаат.“Мила за миг беше шокирана од изненаденост, а потоа двете почнаа

да се смеат.Борис ги гледаше од далечина и на Стерн му рече само: „Жени.“Кога конечно престанаа да се смеат, Мила се чувствуваше многу

подобро. Уште еднаш ги имаше потценето оние кои ја сакаат,создавајќи проблем онаму каде што го нема. Всушност, нештатанекогаш беа толку едноставни.

„Тој чекаше некого...“, рече Сандра со сериозен глас. Мила разбрадека таа зборува за Винсент Кларисо.

„Знам“, едноставно рече.„Тој требаше да дојде и да ни се придружи.“„Тој човек бил в затвор. Но, ние не го знаевме тоа. Имавме и име за

него, дали знаеше? Го викавме Алберт.“„Не, Винсент не го викаше така...“Низ лисјата задува топол ветар, но тоа не помогна Мила да не

почувствува како ненадејно ја облева студенило. Полека се завртинакај Сандра и се соочи со погледот на нејзините големи очи коигледаа во неа, без да биде свесна Сандра за она што го рекла во тојмиг.

„Не...“, повтори смирено момичката. „Тој го викаше Френки.“Тоа совршено попладне, сонцето сјаеше. Птиците пееја во дрвјата, а

воздухот беше исполнет со полен и со прекрасни мириси. Треватабеше примамлива. Мила никогаш нема да го заборави мигот когаоткри дека со Сандра има многу повеќе заеднички нешта отколкушто можела и да претпостави. Па сепак, тие сличности секогашпостоеле, и секогаш биле директно пред нејзините очи.

439

Page 440: Sepnuvacot - Donato Karizi

Тој секогаш земал момички, никогаш момчиња.И Стив повеќе сакаше момички.Тој одбираше семејства.А, исто како и неа, и Сандра беше единица.На секоја и ја сече левата рака.Таа ја скрши левата рака кога падна по скалите.Првите две беа посестрими.Сандра и Деби. Како таа и Грациела пред многу години.„Со она што го прават, сериските убијци се обидуваат да ни

раскажат некоја приказна“, еднаш рече Горан.Секој детаљ ја враќаше во минатото, принудувајќи ја да се соочи со

ужасната вистина.Вашиот последен ученик не успеа: Винсент Кларисо не можеше да

го оствари вашиот план, затоа што детето број шест и понатамуе живо... што значи дека и Вие потфрливте.

Па, сепак, тоа не беше случајно. И тоа беше вистинскиот финаленпотфат на Френки.

Сето тоа беше поради неа.Некое движење зад неа ја врати назад од мислите. Мила погледна

во својот голем стомак. Се бореше да не мисли дали и тоа беше делод планот на Френки.

Господ молчи, помисли. Ѓаволот шепоти.А сонцето и понатаму сјаеше тоа совршено попладне. Птиците не

се изморија од пеење на своите песни во круните на дрвјата, авоздухот и понатаму беше исполнет со полен и со прекрасни мириси.Тревата и понатаму мамеше.

Околу неа, и насекаде, светот ја имаше истата порака.Дека секогаш се е исто како и порано.Се.Освен Френки.Кој се врати, за да исчезне повторно во широките пространства на

сенката.

440

Page 441: Sepnuvacot - Donato Karizi

КБелешка на авторот

риминалистичката литература почна да се занимава со тематана „шепнувачите“ за време на процутот на култовите и на

сектите, но има тешкотии да ја утврди дефиницијата за „шепнувач“што би можела да се користи во судски процеси, затоа што е тешкода се докаже постоењето сугестија.

Додека, од една страна, не постои директна причинска поврзаностмеѓу виновникот и шепнувачот, не е возможно да се дефиниразлосторство за кое вториот може да е одговорен. „Поттикнувањетокриминална активност“ обично е премногу слабо за да доведе доказна. Активноста на овие психолошки контролори вклучувакомуникација на потсвесно ниво, кое не внесува злосторничкинамери во психата на посредникот, туку ја акшивира темната страна– присутна во помалку или повеќе латентна форма кај секој од нас –која потоа доведува до извршување сурови злосторства.

Честопати се цитира случајот Офелбек од 1986 година: еднадомаќинка која добила серија анонимни телефонски повици и која,потоа, го убила целото свое семејство ставајќи отров за глувци вонивната супа.

Секој кој ќе си ги изгнаси рацете со ужасни злосторства, честопатисака да ја сподели одговорноста со некој глас, со визија или созамислен лик. Од тие причини, многу е тешко да се утврди когаваквите манифестации никнуваат од вистинската состојба напсихоза, а кога се дело на некој скриен шепнувач.

Меѓу изворите што ги користам во романот, покрај прирачницитеод криминологија, форензичка психијатрија и текстови од легалнатамедицина, цитирам и проучувања на Еф-Би-Ај, организација со чијазаслуга се собрани највредните податоци што се однесуваат насериски убијци и насилен криминал.

Многу од случаите забележани на овие страници навистина сеслучиле. За некои од нив, имињата на луѓето и на местата сепроменети затоа што истрагите за нив се уште не се завршени или,

441

Page 442: Sepnuvacot - Donato Karizi

пак, не се одржани судењата.Истражните и форензичарските техники опишани во романов се

вистински, и покрај тоа што во определени околности си зедовслобода да ги адаптирам на потребите на приказнава.

442

Page 443: Sepnuvacot - Donato Karizi

МПризнанија

нозина мислат дека пишувањето е самостојна авантура. Но,вистината е дека мнозинството, иако несвесно, придонесуваат

во создавањето на приказната. Тоа се оние кои, во месеците додекакнигата созреваше, се грижеа за мене, кои ме поддржуваа и меохрабруваа, и кои, на овој или на оној начин, се дел од мојот живот.

Со надеж дека уште долго ќе останат со мене, би сакал да им сезаблагодарам:

– на Луиџи и Даниела Бернабо, за времето и за посветеноста и накнигата и на нејзиниот автор. За нивните скапоцени совети кои мипомогнаа да созреам како писател, помагајќи ми да ги дотерамстилот и ефикасноста на овие страници. И за тоа што ги вложијасвоите срца во тоа. Доколку овие зборови стигнале до вашите очи,знајте дека тоа најмногу им го должам ним. Ви благодарам. Виблагодарам. Ви благодарам;

– на Стефано и на Кристина Маури, кои го вложија своето име вомене, и кои до крајот веруваа во мене;

– на Фабрицио, мојот „шепнувач“ за неговите принципиелнисовети, за неговата љубезна непопустливост и за тоа што ги сакашесекоја страница и секој збор;

– на Отавио, пријател каков што секој би сакал да има до себе целсвој живот. На Валентина, која навистина е посебна. На малите Кјараи Џија, за чувствата со коишто ме исполнуваат;

– на Џанмауро и на Микаела, надевајќи се дека ќе бидам близу донив тогаш кога тоа навистина ќе е важно. И на Клаудија, мојатасветлина;

– на Масимо и на Роберта, за нивната поддршка и за нивнотоискрено пријателство.

– на Мишел, мојот прв и најдобар пријател. Добро е што знам декатој секогаш ќе биде таму кога ќе ми треба. И добро е што и тој знаедека и јас сум, исто така, тука;

– на Луиза, за нејзините заразни насмевки и за песните што ги пее

443

Page 444: Sepnuvacot - Donato Karizi

гласно ноќе, додека се возиме низ улиците на Рим;– на Дарија, за судбината што ми ја подари. За начинот на кој го

гледа светот и што прави да го гледам и јас со нејзините очи;– на Марија де Белис, која ги негуваше моите детски сништа.

Доколку сум писател, тоа и го должам и неа;– на Уски, мојот „компањон“ кому му нема рамен;– на Алфредо, компањон во илјадници авантури, со карактер како

вулкан;– на Акиле, кој не е тука... но кој секогаш е тука;– на Пјетро Валсеки и на Камила Незбит, и на цел Твду;Им се заблагодарувам на сите во агенцијата Бернабо, кои ги следеа

првите фази на овој роман. И на сите пријатели кои го читаа уште одпочеток и, со своите скапоцени совети, ми помогнаа да го подобрам;

На целото мое големо семејство. На оние кои се и на оние кои беа...и на оние кои ќе бидат;

На брат ми Вито. Првите очи што ја здогледаа оваа приказна, како имногуте други. Дури и ако не можете да ја чуете, музиката на овиестраници му припаѓа нему. И на Барбара, која го прави среќен;

На моите родители, за она што ме научија и за она што ме оставијада научам сам. За она што сум, и за она што ќе бидам;

На сестра ми Кјара, која верува во своите сништа, и во моите. Безнеа, мојот живот ќе беше страшно празен;

На сите кои дојдоа до крајот на овие страници. Со надеж дека сумим подарил емоција.

Дел од приходите од книгава, ќе бидат доброволен прилог за

здружението кое се занимава со присвојување од далечина.

Донато Каризи

444

Page 445: Sepnuvacot - Donato Karizi

1 Песничка за деца од предучилишна возраст, веројатно народнапесна, што се игра и се пее на поголем простор, на отворено или вопросторија. Првпат се појавила во 1881 година, но се соопштува деканејзина верзија била испеана уште во 1790 година (заб. на прев.).

2 е-Вау (i-Baj) – американска интернет компанија што се занимавасо онлајн аукции и со продавање (заб. на прев.).

3 Уред за сателитска навигација (заб. на прев.).4 Митолошки: име за крилести, како ветар брзи чудовишта

(половина девојки, а половина птици грабливки), симболи заненаситна лакомост, затоа што грабале со што ќе стигнеле (заб.напрев).

445