22
СОУ„ Гошо Викентиев“ – Кочани Предмет: ПАТЕН ТРАНСПОРТ Проектна задача: ТРАНСПОРТ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ПАТНИОТ ТРАНСПОРТ

za goshe

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: za goshe

СОУ„ Гошо Викентиев“ – Кочани

Предмет:

ПАТЕН ТРАНСПОРТ

Проектна задача:

ТРАНСПОРТ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ПАТНИОТ

ТРАНСПОРТ

Ментор: Кандидат:

Златко Петрушов Ѓорги Ѓоргиев

Професор

Февруари, Кочани, 2012 година

Page 2: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

СОДРЖИНА:

ВОВЕД-----------------------------------------------------------------------------------------------3

1. КЛАСИФИКАЦИЈА И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ОПАСНИТЕ МАТЕРИИ--5

2. СТАТИСТИЧКИ АНАЛИЗИ НА ПРЕВОЗОТ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО

ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ-----------------------------------------------------------------------7

3. ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ---------------------------9

4. ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ВОЗАЧОТ И ПРЕВОЗНОТО СРЕДСТВО-----12

5. ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ--------------------14

6. КОНТРОЛА НА МЕРКИ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ--------------15

ЗАКЛУЧОК----------------------------------------------------------------------------------------16

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА----------------------------------------------------------------17

2

Page 3: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

ВОВЕД

Претпријатијата и другите правни лица и поединци кои подготвуваат

опасни материи за превоз или вршат натовар, претовар и истовар, како и

лицата кои во текот на превозот непосредно ракуваат или на друг начин

доаѓаат во допир со опасните материи треба да превземат превентивни и

заштитни мерки поради заштита на живцотот и здравјето на луѓето,

животната средина, материјалните добра и безбедноста во сообраќајот.

Ова значи дека возачите на моторни возила со кои се превевезуваат

опасни материи и другите лица кои учествуваат во превозот на опасни

материи мора да бидат професионално оспособени за превоз и

манипулација со одделните класи на опасните материи.

Опасни материи се оние материи кои при производството,

манипулацијата1 и користењето може да бидат опасни и штетни за животот

и здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина.

Поделбата на опасни материи е извршена во согласност со

меѓународните прописи кои ја уредуваат нивната употреба, превоз и

складирање. Со наведените прописи се опфатени околу 50 илјади

опасни материи и истите се поделени во девет основни класи.

Целокупната материја која се однесува на опасните материи во

Република Македонија е опфатена со повеќе законски и подзаконски акти.

Основниот закон со кој се регулира превозот на опасни материи е „Закон

за превоз на опасни материи во патниот и жечлезничкиот сообраќај“.

Задолжителна стручна обука на лицата кои се вклучени во превозот

на опасни материи е опфатена во „Правилник за стручно оспособување на

возачите на моторни возила со кои се превезуваат опасни материи и на

другите лица што учествуваат во превозот на тие материи.

1 пакување, натовар, транспорт, истовар

3

Page 4: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

Според прописите во АДР, доколку опасните материи се превезуваат

во патниот превоз задолжително треба на сите страни од возилото да се

постават ознаки што ќе служат за означување, предупредување и за

информирање.

Возилата, како и приклучните возила што превезуваат опасни

материи мора да бидат означени со таблички во правоаголна форма со

големина од 400 x 300 мм, со рефлектирачка портокалова боја, со црн раб и

максимална широчина од 15 мм.

Портокаловата табличка може да биде празна или на неа да бидат

впишани одредени броеви, кои се одделени со хоризонтална линија.

Притоа во горната половина е впишана бројката со која се означува

опасноста, а во долната половина бројот на опасната материја што се

превезува (нумерирана со четири цифри), според класификацијата на

Обединетите нации. Обележаните портокалови таблички за превоз на

опасни материи се наречени и Кемлерови таблички. Возилата што

превезуваат опасни материи, покрај основната опрема, мора да имаат и

дополнителна. Тоа се најмалку три противпожарни апарати со сув прав,

два самостојни знака за предупредување (трепкачки светилки) што се

независни од електричната опрема на возилото, два триаголника за

означување на запрено возило на пат, две знаменца за означување на

возилото што превезува опасни материи, клинести подметнувачи на

тркалата, вреќа со песок, лопата, кофа и други помошни рачни

средства што се неопходни за собирање на евентуално истурените

опасни материи.

Ја одбрав оваа тема за мојата проектна задача поради самиот факт

што, транспортот претставува важна алка за економијата на една држава, а

воедно и ресурсите во вид на опасни материи кои имаат високи цени на

чинење, па затоа прикладно и добро е да научиме нешто повеќе на начинот

на кој тие се транспортираат.

4

Page 5: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

2. КЛАСИФИКАЦИЈА И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ОПАСНИТЕ

МАТЕРИИ

Опасните материи се оние материи кои при производство,

манипулацијата можат да бидат опасни и штетни по здравјјето и животот на

луѓето и да доведат до штети по имотот. Ова значи дека возачите на

опасни материи мора да бидат професионално оспоссобени за

манипулација со овие материи.

Поделбата на опасните материи е извршена во согласност со

меѓународните прописи, кои ја уредуваат ноивната употреба, превоз и

складирање.

Како директни учесници при превозот на опасни материи, посебни

обврски имааат производителот, испраќачот (шпедитер), превозникот

(сопственик на превозното средство), возачот, совозачот или придружникот,

примачот и инспекторот/советник за превоз на опасни материи.

Според Спогодбата, покрај другите документи за транспорт,

задолжителни се транспортниот документ од испраќачот до превозникот

(АДР документ), упатство за посебните мерки за безбедност и АДР-

сертификат за возачот. Според тоа, превоз на опасни материи во патниот

сообраќај може да вршат само возачи што се стручно оспособени и

наполниле 21 година.

Возачите што превезуваат опасни материи мора да имаат сертификат за

стручна оспособеност на возач на моторни возила за превоз на опасни

материи соодветен за опасни материи и видот возило. Возачите, исто така,

треба да завршат основен курс за превоз на опасни материи, како и

специјален курс за превоз на опасни материи во резервоари и цистерни. По

завршувањето на курсот, секој кандидат полага испит, што го

спроведува државна испитна комисија, формирана од министерството

за транспорт и врски. Кандидатот кој успешно го положил испитот добива

АДР-сертификат, во кој се наведени класите опасни материи што може да

ги превезува. Сертификатот се обновува по пет години.

5

Page 6: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

Возачите што превезуваат опасни материи мора да имаат лична

заштитна опрема, што се носи за време на товарењето, при

растоварувањето, а особено во итни случаи. Во опремата за лична

заштита задолжително спаѓа: цврста капа (шлем), заштитни очила со

странична заштита, ПВЦ-ракавици, ПВЦ-чизми, сигнален елек со

рефлектирачки ленти, рачна батериска ламба со противексплозивна

изведба и комплет за прва помош.

6

Page 7: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

2. СТАТИСТИЧКИ АНАЛИЗИ НА ПРЕВОЗОТ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО

ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Сликата подолу, ги покажува преку статистичка анализа, количините

на опасните материи транспортирани со патниот превоз во Германија во

1997 година. Од тука може да се забележи дека повеќето опасни

материи се превезуваат во друмскиот сообраќај (63%).

Класа 1 Експлозивни материи и производи кои се користат за вршење на

експлозии и пиротехника.

Класа 2 - Гасови под притисок, во течна состојба или растворени под

притисок

Класа 3 - Запаливи течности

Класа 4 - Запаливи цврсти материи

Класа 5 - Оксидирачки материи (оксиданти, оксиданси)

Класа 6 - Отровни (токсични) и заразни материи

Класа 7 - Радиоактивни материи

Класа 8 – Корозивни, нагризувачки материи

Класа 9 – Други опасни материи и производи

7

Page 8: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

Одбележување на возилата за превоз на опасни материи

Според прописите на Спогодбата на АДР

                                           

На сликата погоре, се прикажани Видови на договори за превоз на

опасни материи по видови на транспорт опасни материи.

ADR – Патен сообраќај RID - Железнички сообраќај

ICAO-ТI - Воздушен сообраќај IMDG-CODE - Поморски сообраќај

ADN - Речен сообраќај

8

Page 9: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

3. ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ

Опасните материи се предаваат или примаат за превоз само доколку

се спакувани во соодветна амбалажа. Не може да се добие или достави за

превоз, доколку пакувањето е оштетено, тече од контејнерот, содржи

опасни материи кои може да се изгубат или ако пакувањето не е означено

во согласност со одредбите утврдени за пакување на ADR.

Испраќачот, пред испораката на радиоактивни материјали за

транспорт, треба да внимателно да го измери количеството на

радиоактивност по прописите на АРС. За време на превозот на

радиоактивни материи, возачот и примачот мора да имаат личен

дозиметар. Возачот кој ги прифаќа опасните материи за транспорт,

потребно е да го потпише документот за транспорт на опасни материи,

пратката која ја добива, како и упатства за посебни безбедносни мерки.

Моторни возила за превоз на опасни материи

Моторни возила и приколки, наменети за превоз на опасни материи,

ќе бидат предмет на посебен преглед, со цел да се исполнат условите

утврдени со закон и со ADR.

Преглед на возилото е предмет на овластување од Министерството

за транспорт и врски. За моторни возила кои ги исполнуваат условите

за превоз на опасни материи, се издава сертификат за

квалификуваност за превоз на опасни материи. Тарифите за

сертификација се утврдени од страна на Министерството за транспорт и

врски во соработка со Министерството за економија и финансии.

Сертификат за квалификуваност за моторни возила ќе се издава за

период од 5 години, за возила, приколки, цистерни или цистерна-контејнер,

во кој за тестирање на притисок и проток ќе се издава сертификат за

период од 3 години.

9

Page 10: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

Сопственикот на сертификатите треба еднаш годишно, во одреден

период, да бидат предмет на тестирање. За моторни возила, кај кои ќе се

потврди дека ги исполниле условите за превоз на опасни материи, им

се продолува сертификатот за уште 1 (една) година.

Информациите во сертификатот се наведени на официјалните

јазици. На моторните возила и возилата, односно превозот на опасни

материи, треба да прави на секои 6 (шест) месеци преглед на заштита од

статички електрицитет. Овие резултати се влезени во "Краток преглед на

заштита од статички електрицитет."

Прегледот на моторни возила, кои превезуваат опасни материи, се

прави во технички центри, кои се овластени од Министерството за

транспорт и врски. Ако моторно возило или приколка, кој е наменет за

превоз на опасни материи, се користи за друг вид на транспорт, прво мора

истиот да се исчисти, и ако е потребно - да се изврши деконтаминација.

Физичко или правно лице кој прави деконтаминација на цистерна или

резервоари-контејнери, издава потврда која возачот е должен да ја носи во

кабината на возилото. Потврдата за деконтаминација ја издава лице кое е

овластено од Министерството за транспорт и врски.

Мотор или влечен камион не може да превезуваат опасни материи, ако:

1. По испитувањето се потврди дека се неквалификувани за транспорт

на одредени класи на опасни материи;

2. По измените за технички преглед на моторни возила и возила кои

играат важна улога во безбедноста на патиштата;

3. Промени во правното или физичкото лице;

4. Сертификатот истекува ..

Сертификатот, како што е предвидено, доколку е истечен треба да се

врати во институцијата која го издава.

10

Page 11: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

Моторното возило со кое се превезуваат опасни материи спакувани

(според ADR), треба да има табличка, портокалова, и тоа една напред и

една назад, со димензии 40 х 30 см. Возачот на возилото треба да се

погрижи за јасно да се истакне, на видливо место табличката. Кога од

возилото ќе се истоварат спакуваните опасни материи, табличките треба да

се избришат или да се покријат. Моторните возила кои превезуваат

експлозиви или радиоактивни материјали, треба да имаат соодветни

етикети со назначена класа (25 x 25 см) од двете страни на возилото и на

задниот дел. Според прописите на Спогодбата на АДР, доколку опасните

материи се превезуваат со возила од патниот превоз, задолжително е на

самото возило, на сите негови страни да се постават соодветни ознаки кои

служат за означување, предупредување и информирање.

Моторните возила, приколка, полуприколка или друго возило

кое превезува опасни материи мора да биде означено со Кемлерови

таблички. Тие имаат правоаголна форма со портокалова боја и црн

раб. Портокаловата табличка може да биде празна, или да биде

оформена што значи во неа да има впишано одредени броеви кои се

одделени меѓу себе со хоризонтална линија. Во горната половина

табличката се впишуваат бројната ознака на опасноста, а во долната

половина бројот на опасната материја.

Горниот дел се состои од две цифри те од букви и цифри. Овие

таблички се ставаат на предната и задната страна од возилото, а

налепницата за опасност се поставува на обете страни од цистерната

каљко и на нејзината задна страна.

11

Page 12: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

4. ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ВОЗАЧОТ И ПРЕВОЗНОТО СРЕДСТВО

Возачите на возилата со кои се превезуваат опасни материи мора да

имаат заштитна опрема која треба да ја носат за време на натоварот и

истоварот или во итни случаи. Видот на опремата која се бара зависи од

видот на опасните материи кои се превезуваат. Возачите мора да знаат на

правилен начин да ја употребуваат својата опрема за лична заштита и

треба често да ја вежбаат правилноста и брза употреба затоа што во

одредени случаи тоа може да им го нспаси животот. Опремата треба да

содржи:

Цврста капа за заштита на главата

Заштитни очила

Ракавици за заштита на рацете

Чизми кои се отпорни на нафтени деривати

Кутија за прва помош

Заштитни одела

Заштитна маска со филтер за дишење

Течност за плакнење на очите - Апсорбирачки материјали-

Посебни мерки на безбедност

Надлежниот орган за издавање на дозволи за превоз на опасни

материи, како што се експлозивите од Класа 1, 6,1 и токсичен радиоактивен

материјал од класа 7, ќе ги преземат следните конкретни мерки:

1. Полициска придружба;

2. График на движење (правец);

3. Придружба обезбедена од страна на испраќачот или на превозникот;

4. Експерт, еден човек кој има познавање со ракување на опасни

материи

12

Page 13: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

потребно е да се превезува;

5. Краен рок за транспортот (континуирано);

6. Движење во колона (кога се движат моторни возила за превоз на

опасни материи);

7. Заминување: време и место;

8. Датуми на движење на возилото на патот;

9. Ограничен транспорт во одредени периоди.

Надлежниот орган за издавање на дозволи за превоз на опасни

материи може да ги дополни мерките утврдени Законот. На придружното

возилото потребно е да се постават ротирачки светла за подобро

набљудување од сите страни. Во кабината на придружното возило, треба

да има мобилен телефон, за олеснување при известувањето за движењето

на стоките и во случај на некоја несреќа да може да се побара помош.

Придружното возило со ротирачки светла треба да се движат на растојание

од 50 метри од предниот дел на возилото со кое се превезуваат опасни

материи.

13

Page 14: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

5. ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ

При превозот на опасни материи потребно е да се има следната

документација:

Сертификат за возачот – се испишува на повеќе јазици од земјата од каде

се издава. Овој сертификат се издава за да возачите мора да поминат на

основен курс

Сертификат за возилото – се издава откако ќе се изврши преглед на

возилото и ќе се установи каква е неговата состојба

Исправа за превоз – оваа исправа се пополнува на местото на утвора и

фортмата на пишување не е во потполност дефинирана. Овој документ

може да биде во форма на товарен лист или во форма на друг документ.

Документи за одобрување на превоз – се издава од страна на

претпријатието што ги сочинува законите за превоз на опасните материи

Потврда за осигурување на стоката – оваа потврда ја издава

осигуреникот на претрпијатието а во ист момент тој ја осигурува стоката

доколку се случи некоја штета.

Товарен лист

14

Page 15: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

6. КОНТРОЛА НА МЕРКИ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ

Превозот на опасни материи, мора да се контролира од страна

на овластените службени лица:

1. Сертификат за испитувања возилото;

2. Сертификат за добра техничка состојба на моторните возила за превоз

на опасни материи;

3. Сертификат за обука или потврда за возачи за превоз на опасни материи;

4. Документи за стоката;

5. Документи за моторно возило;

6. Одбележување на опремата и моторнита возила за превоз на опасни

материи;

7. Правец на патување и чекање на возилото се идентификува во

дозволата;

8. Упатства за преземање на мерки на безбедност.

По увидот, овластеното лице може да му нареди на возачот:

1. Да се движат во одреден начин;

2. Дека е потребно одредено време на чекање, во одредено место, и

3. Да го запре превозот на опасни материи се додека не се отстранат

утврдените недостатоци.

15

Page 16: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

ЗАКЛУЧОК

Опасни материи се оние материи кои при производство,

манипулацијата и кроистењето може да бидат опасни и штетни за животот и

здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина.

Претпријатијата и другите правни лица и поединци кои подготвуваат

опасни материи за превоз или вршат натовар, претовар и истовар, како и

лица кои во текот на превозот непосредно ракуваат или на друг начин

доаѓаат во допир со опасните материи, треба да превземат превентивни и

заштитни мерки поради заштита на животот и здравјето на луѓето,

животната средина, материјалните добра и безбедноста во сообраќајот.

Ова значи дека возачите на моторни возила со коиу се превезуваат

опасните материи и другите лица кои учествуваат во превозот на опасни

материи мора да бидат професиионално оспособени за превоз и

манипулација со оделните калси на опасните материи. Во таа насока

потребно е организирано и стручно оспособување на возачите на

товарни моторни возила со кои се превезуваат опасните материи.

При допир со материите работниците треба да носат соодветна

опрема со која ќе се заштитат од несакани последици на нивното тело. Така

потребно е да поседуваат заштитни очила, ракавици, чизми, шлем, маска и

дурги работи зависно од опасната материја која се превезува.

Истотака пред да се започне со превоз на материите самите возила

треба да бидат обележани со посебни табли со што останатите учесници ќе

бидат претпазливи во текот на самото сообраќање на патот.

Од сето ова заклучуваме дека транспортот на опасни материи е

ризичен. Ризик постои кога материите не се правилно пакувани или

ракувани. Затоа се препорачува многу голема внимателност при

ракувањето и пакувањето со овие материи.

16

Page 17: za goshe

Проектна задача: Транспорт на опасни материи во патниот транспорт

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај

„Службен весник на РМ“, бр.92 од 24.07.2007 година

2. http://www.pravo.org.mk

3. http://www.mtc.gov.mk

4. http://www.industriehandel.de – Одредени слики

17