28
ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ Изворите на загадување на водите можат да бидат од природно и антропогено потекло. Природно загадување на води Од природните извори на загадување на водите на прво место доаѓаат ерозивните процеси. Ерозијата било да станува збор за ерозија од вода или ветар, покрај тоа што ја оштетува педосверата, со своите наноси ги загадува и водите особено површинските внесувајќи во нив голема количина на минерали и органски материи измиени од педосверата кои понекогаш можат да бидат и доста токсични, а од друга страна кога се работи за поројни дождови водата во голема мерка се заматува. Антропогено загадување на водите Водите загадени како резултат на активноста на човекот можеме да ги поделиме на: комунални, индустриски, од земјоделско потекло и останати. Комунални отпадни води Количината на комуналните отпадни води зависи од користената вода во домаќинствата на една населба, од комуналната организираност на населбата во врска со одведувањето на дождовните води, поплавните води, преку канализациони системи и системи за прочистување, депонирање на градското комунално ѓубре во

Zagaduvane na vodite

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Zagaduvane na vodite

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ

Изворите на загадување на водите можат да бидат од природно и

антропогено потекло.

Природно загадување на води

Од природните извори на загадување на водите на прво место доаѓаат

ерозивните процеси. Ерозијата било да станува збор за ерозија од вода

или ветар, покрај тоа што ја оштетува педосверата, со своите наноси ги

загадува и водите особено површинските внесувајќи во нив голема

количина на минерали и органски материи измиени од педосверата кои

понекогаш можат да бидат и доста токсични, а од друга страна кога се

работи за поројни дождови водата во голема мерка се заматува.

Антропогено загадување на водите

Водите загадени како резултат на активноста на човекот можеме да ги

поделиме на: комунални, индустриски, од земјоделско потекло и останати.

Комунални отпадни води

Количината на комуналните отпадни води зависи од користената вода во

домаќинствата на една населба, од комуналната организираност на населбата во

врска со одведувањето на дождовните води, поплавните води, преку

канализациони системи и системи за прочистување, депонирање на градското

комунално ѓубре во соодветни депонии и соодветно ракување и др. Комуналните

отпадни води од домаќинствата пред се се оптоварени со органски материи кои се

целосно биодеградабилни, обично од растително и животинско потекло, меѓутоа

во последните децении, поради промените во начинот на живеење на жителите,

се менува и квалитетот на отпадните комунални води особено во застапеноста,

односно користењето на синтетички средства за миење, перење и други

санитарни потреби. Во зимските месеци со користењето на сол, песок и др.

материи по собраќајниците, се потпомогнува загадувањето на градските

комунални води особено во пролетните месеци кога овие материи со миењето на

улиците директно или преку канализационата мрежа за атмосферските дождови,

стигнуваат во реките или водните акумулации. Градските комунални води особено

Page 2: Zagaduvane na vodite

фекалните и водите кои потекнуваат од депониите на органското ѓубре, се и

биолошки загадени со патогени вируси, бактерии, паразити и др. микроорганизми.

Заболувањата што се предизвикувани со причинители кои се пренесуваат со

водата се означени како хидрични заболувања. Од вирусите кои најчесто се

пренесуваат со водата се ентеровирусните кои предизвикуваат детска парализа.

Ова заболување се манифестира со парализа на долните екстремитети, а како

најтешка форма на заболување е парализата на главениот нерв. Реовирусите

предизвикуваат умерена треска проследена со проливи која во зимските месеци и

раната пролет се почести. Од патогените бактерии кој најчесто предизвикуваат

хидрични заболувања се ентеробактериите од кои најзначајни се:Streptococcus,

Escherichia coli, Proteus и др. Кои предизвикуваат цревни заболувања и

воспаленија на белодробните обвивки. Исто така се срејќава и бактеријата

salmonelozi која ги предизвикува тифусот, паратифусот, труење со храна и др.

Како ендемични жаришта во светот се сметаат: Индија, Бурма и Кина од каде

преку патниците се шири во др. земји. Во комуналните отпадни води може да се

најдат и разновидни паразитски глисти, тении и др. кој можат да предизвикаат

различни заболувања. Површинските води особено протечните се силно

оптоварени со комунални отпадни води. Така, во реката Вардар која е главната

водена артерија на Републиката, според податоците на Републичкиот

хидрометеоролошки завод само од градот Скопје се испуштаат годишно околу

10.457.400 m3 комунална отпадна вода а на табелата е прикажано по оделни градови.

Населби Количина m3

Гостивар 6.283.878

Тетово 5.393.189

Скопје 10.457.400

Куманово 667.139

Велес 3.601.234

Неготино 2.004.170

Гевгелија 1.633.608

Според податоците од истражувањата на Републичкиот

хидрометеоролошки завод за следење на квалитетот на водата во

сливното подрачје на реката Вардар за подолг временски период на

излезот од градот Скопје, на мерното место Трубарево значително е

Page 3: Zagaduvane na vodite

влошен кислородниот режим. Од резултатите добиени во 1993 год. во кои

се следени поголем број на физички, хемиски и биолошки параметри на

20 мерни места по должината на течението на реката Вардар за месец

март на мерното место под Кланицата во Скопје БПК 5 изнесувала 9,62

mg/l, која во споредба со истата на мерното место Вруток на самиот извор

на реката била 6,45 пати повисока. Оптовареноста на протечните води со

органско загадување доста јасно може да се согледа и од бројот на

оделните групи бактерии. Така на пример, според истражувањата на

Кунгуловски во реката Пчиња која е доста оптоварена со органско

загадување, бројот на колониите од политрофните бактерии варирал од

100.000 до 540.000 на 1 ml испитувано вода, во Брегалница исто така

многу загадена река е најдено 470.000 колонии во пролетниот и 800.000

во зимскиот перид на 1 ml вода. За разлика од овие реки како почисти се

сметаат реките Бошава, Бабуна и др.

Индустриски отпадни води

Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадување на

водите, имајќи предвид дека повеќе од 50% од отпадните води ги

формираат индустриските стопански гранки, кои многу често без

претходно прочистување ги испуштаат во површинските води преку

директни или индиректни патишта. Во зависност од која индустриска

гранка потекнуваат, отпадните води може да се групираат на отпадни

води по потекло од рударска, хемиска, хетрохемиска, црна и обоена

металургија, прехрамбена, текстилна, индустрија за производство за

храна, гума ,кожа, и др. Индустриските отпадни води кои се користат во

процесите на ладење, можат да предизвикаат термално загадување на

водите. Во случај да се јавуваат во големи количини, можат да извршат

промена на температурниот режим на протечните води кои во оделни

делови можат да ја зголемат температурата и за над 10 0 C. Термалното

загадување на водите може да има дикректно или индиректно штетно

влијание на живиот свет во водите. Зголемените температури на водата

може да ја нарушат активноста на ензимите во живите организми што е

многу поретко, а можат да ја намалат и содржината на кислородот. Ова

води кон намалување на популациите на оделни групи од нижите

Page 4: Zagaduvane na vodite

организми кои во трофичкиот синџир служат како извор на храна на други

организми од повисок ред што се одразува и на популациите од рибната

фауна како представници од рбетниците.

Во прехрамбената индустрија спаѓаат голем број стопански гранки како

што се: месната, млечната, конзервната, шеќерната, индустријата за

производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци и др. Сите овие

стопански гранки трошат големи количини квалитетна вода во сите

операции на технолошките процеси, почнувајќи од подготвувањето на

суровините, нивното миење, ладење и тн. Ефектите на отпадните води од

прехрамбената индустрија се многу слични со тие на комуналните

отпадни води, бидеќи при разградувањето на органските материи со кои

овие води се многу богати, се троши огромна количина на растворен

кислород, што доведува до отежнување на процесите кои водат до крајна

минерализација на разните органски материи и се јавуваат меѓу продукти

со непријатна миризба.

Текстилната индустрија исто така во своите технолошки процеси троши

големи количини вода. Близу 50% од суровината која се користи во

производството на хартија на крајот од технолошкиот процес останува

како отпадна материја. Како значајни загадувачи на водите со органско

загадување се јавуваат стопанските претпријатија за производство и

преработка на кожа и гума, кои слично на другите стопански гранки од

органска природа, трошат големи количини вода.

Хемиската индустрија во загадувањето на водите учествува со најголем

обем, бидејќи постојат голем број на извори од таков вид на загадување, а

од друга страна отпадните води содржат многу токсични неоргански и

органски соединенија. Отпадните води можат да содржат неоргански

киселини како што се: сулфурна, солна, јаглеродна, фосфорна, азотна и

др. Како и солите на соодветните киселини, солите на тешките метали и

нивните деривати, синтетичките материи, пестицидите и многу др.

материи кои многу тешко може да се елиминираат преку природните

процеси и со конвенционалните пречистувачки системи.

Нафтено – преработувачката индустрија исто така троши големи

количини вода во сите процеси на производство, а особено во процесите

на ладењето. Отпадните води содржат различни штетни хемиски

Page 5: Zagaduvane na vodite

соединенија како што се: цијаниди, феноли, сулфурни соединенија,

хелогенизирани и нитрирани јаглеводороди, масла и тн.

Рударско и метало преработувачката индустрија во сите свои фази на

производство и преработувачка, е поврзано со трошење на вода. Речиси во сите

технолошки процеси се користи вода која, по нејзиното искористување, се

испушта во водоприемниците загадени со минерални материи во кои спаѓаат и

голем бр. тешки метали како што се: олово, цинк, бакар и др. Добар пример за

влијанието на оваа индустриска гранка во неорганското загадување на водите се и

податоците од истражувањата извршени од страна на Веселинова во врска со

содржината на тешките метали во водите на реката Златовица со нејзините

притоки кои доаѓаат од процесите на флотирањето на олово-цинковата руда,

отпадните води од јаловидните депонии како и од отпадните води од подземните

јами на рудниците за олово и цинк „Злетово“

Мерно место Олово Цинк Бакар Кадмиум

Злетово 0,040 0,080 0,046 0,004

Коритница 0,210 3,234 0,109 0,029

Глобица 0,131 0,282 0,063 0,015

Киселица 1,524 4,842 0,190 0,046

Стрмош 0,274 3,913 0,100 0,042

Бучиште 0,687 0,923 0,062 0,028

Жиганци 0,190 0,254 0,056 0,023

Уларци 0,126 0,153 0,048 0,021

Од 8-те избрани мерни места по течението на реката Злетовица со

притоките,мерната точка Злетово авторот ја зема за контролна точка

бидејќи ја сметал за релативно чиста средина која не е под влијание на

одпадните води на рударската индустрија „Злетово„.

Споредувајќи ги добиените вредности од мерната точка Злетово со

останатите мерни места,константирано е дека содржината на олово во

мерните места Киселица и Стрмош била за 38 и 6,8 пати поголема, цинкот

за 55 и 46,6 пати, бакарот за 4,13 пати, а кадмиумот за 11,5 и 10,5 пати.

Тоа секако се одразува на живите организми кои живеат во водите на

реката Злетовица и нејзините притоки. Во мерните места: Злетово,

Page 6: Zagaduvane na vodite

Глобица, Бучиште, Жиганци и Стрмош, во текот на целата календарска

1992 год била следена содржината на истите тешки метали во органите

на жабатa(Rana ridibunda).Од добиените резултати,во табелата 26 се

прикажани средногодишните вредности на тешките метали во

испитуваните мерни места во коските, мускулите и хепарот на жабата.

Таб.26. Средногодишните вредности на содржината на некои тешки метали во

органите на жабата(Rana ridibunda) во водите на реката Злетовица со

притоките( Веселинова, 1995)

Мерно

место

мg/kg свежа тежина

Коски Мускули Хепар

Pb Zn Cu Cd Pb Zn Cu Cd Pb Zn Cu Cd

Злетово 11,02 45,90 4,02 0,31 4,04 8,76 1,22 0,04 2,92 15,97 19,02 0,24

Глобица 27,54 62,75 10,71 0,83 8,32 14,52 1,97 0,22 5,59 16,46 24,43 0,53

Бучиште 40,37 87,83 15,42 1,79 12,55 15,68 4,40 0,47 6,70 24,46 32,50 0,63

Жиганци 35,17 61,96 14,19 1,21 10,58 14,31 0,99 0,38 3,83 20,56 27,19 0,56

Стрмуш 42,13 97,95 17,18 2,56 15,20 19,67 9,90 0,88 10,49 29,68 41,62 0,97

Во споредба со мерното место Злетово, вредностите на содржината на

олово во коските, мускулите и хепарот на жабата од мерните точки

Стрмуш и Бучиште се за над 3 пати повисоки, додека за Кадмиумот, кој се

наоѓа како примеса во сулфидните руди за олово и цинк, вредностите во

коските на жабата се за 8,25 и 5,77 пати, во мускулите за 22,0 и 17,75

пати, а во хепарот на жабата за 4,04 и 2,62 пати (повисоки) во споредба со

истите во мерната точка Злетово. Во сливот на реката Вардар,

индустриските објекти на некои урбани центри отпадните води ги

испуштаат директно во реката или во нејзините притоки без претходно

прочистување или пак само кај некои од нив постојат системи за делумно

прочистување. Во табелата 27 се прикажани количините на индустриските

отпадни води во сливот на реката Вардар за 1989 година.

Page 7: Zagaduvane na vodite

Таб.27. Количина за индустриски отпадни води од поголемите урбани

средини кои се испуштале во сливното подрачје во реката Вардар во

1989 година (Цветковски и сор., 1991)

Градови м³ годишно

Гостивар 2.723.662

Тетово 14.859.350

Скопје 70.845.000

Куманово 2.667.000

Велес 14.502.940

Штип 4.681.404

Гевгелија 808.149

Индустриските одпадни води кои се испуштаат во реката Вардар

непрочистени или делумно прочистени, во голема мерка ја оптоваруваат

реката, понекогаш и во некои делници се многу токсични хемиски

соединенија. Така, во мерното место Трубарево на излезот на реката од

Скопје, редовно биле присутни цијаниди и феноли, олово, кадмиум, цинк и

хром кои на водата и дават карактеристики за III и IV класа (Цветковски и

сор.,1991). Во мерното место Велес од токсично-хемиските материи исто

така се присутни цијанидите. Од тешките метали било забелажано

присуство на олово, цинк и кадмиум со значително зголемени содржини во

споредба со погорните профили. Според податоците на Цветковски и

соработниците (1991) во истражувачкиот период 1983-1984 год. Оловото и

кадмиумот во 30% од истражуваните проби, а цинкот во 23%, биле со

вредности за III-IV и вон класи. Во втората од истражувачкиот

период(1984-1988), цинкот во 14%, оловото во 16%, а кадмиумот во 18%

од испитувањата биле со вредности над дозволените. Исто така и

просечните вредности за првите 5 години биле поголеми отколку за

втората половина од истражувачкиот период, и тоа вредностите на

оловото биле поголеми за 74% (0,7086:0,4069 mg/l),на цинкот за 84%

(1,6479:0,8954 mg/l) и на кадмиумот за 93% (0,107:0,00554 mg/l).

Наведените податоци покажуваат дека во загадувањето на водата со

Page 8: Zagaduvane na vodite

тешки метали на мерното место кај Велес, значително влијание имаат

индустриските одпадни води на Топилницата за олово и цинк (Цветковски

и сор.,1991). Некои стопански гранки од хемиската индустрија во голема

мерка водата ја оптоваруваат со азотни, сулфурни и фосфорни

соединенија.Така, според прелиминарните истражувања вршени во месец

март 1993 година од страна на Крстиќ и сор., во водата на реката Вардар

во близина на Хемиската фабрика „ХИВ“, содржината на азотот била за

6,88 пати, на NH4 за 6,82 пати, на SO4 за 16 пати, а на фосфорот дури за

224,2 пати поголема со вредностите добиени во мерното место Вруток

(Крстиќ и сор.,1994).

Отпадните води во земјоделското стопанство

Аграрот како голема стопанска гранка преставува значаен извор во

загадувањето на површинските, почвените и подземните води.

Загадувањето пред се потекнува од јамите за силажирање, депониите за

собирање на цврсти и течни шталски ѓубрива, големите фарми за

одглегување на товен и млечен добиток, водни површини околу кои се

изградени фарми за живинарство, складирање и употреба на разни

вештачки ѓубрива и пестициди итн. Отпадните води

кои произлегуваат од земјоделското стопанство предизвикуваат, пред се

органско загадување на водите, но често можат да предизвикаат и

загадување со тешки метали кои се составен дел на некои хемиски

заштитни средства.

ИЗВОРИ НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА

Загадување на водите од природни (атмосферски) води

Атмосферските отпадни води особено во денешно време можат да

бидат многу загадени и тоа како преку дождовите така и преку топењето

на снегот и на мразот. Загадувањето на овие води зависи од загаденоста

на атмосферата, односно од интензитетот на емисијата на штетните

гасови од индустриските објекти и моторните возила, потоа бројот на

сушни денови кои претходеле на дождот, нивото на урбанизација,

површинската обработка н теренот и др. Со површинското перење на

Page 9: Zagaduvane na vodite

градовите (улици, покриви на објекти и др.), автопатите и др. Преку

дождовите оваа отпадна вода може да содржи разни отпадни материи

како и разни микроорганизми (бактерии). Концентрацијата на загадувачите

во дожливо време со истекувањето се менува во тек на време. Во првите

минути од истекувањето, концентрацијата на пливачките (суспендирани) и

растворени материи е поголема за околу 10 пати, а при силни врнежи и

повеќе. По БПК5-параметарот (Означува количина на кислород во

растворот која ќе се потроши за биохемиска оксидација на органските

материи за аеробни материи. Одредувањето на БПК5 се состои во тоа

што се мери количината на кислоротот која се троши за време на

инкубација на пробата која трае 5 дена, која се изведува на температура

на 20 °C. Со овој параметар се испитува количината на кислород. Во

загадените води нема доволно кислород со што живите материи во нив не

можат да опстанат. Водата бактериолошки е исправна со БПК5 од 2-7 mg/l

вода), првите делови од дотокот се загадени 2-5 пати повеќе, отколку

последните. Големите концентрации на загаденост се присутни и кај доток

кој настанува од дожд со мал интензитет.

Површинските дотоци кои се создаваат на подрачјата на индустриски

претпријатија се карактеризираат со висока содржина на нафта и тоа во

границите од15 до 25 mg/l.

Загадување на водите од индустриските води

Според видот на загадувачите, индустриските отпадни води можат да

бидат: 1. Индустриски отпадни води со органски загадувачи каде спаѓаат:

индустрија за прехрамбени производи односно пекарска, месна, млечна,

за овошје, за зеленчук, за безалхохолни и безалхохолни пијалоци,

понатаму индустријата за преработка на кожа и кожени производи и др.

2. Индустриски отпадни води со неоргански загадувачи каде спаѓаат:

хемиската индустрија, машинската индустрија, производството на метали,

термоцентралите, топланите и др.

Најголеми штети нанесуваат отпадните води од црната металургија,

хемиската индустрија, индустријата за целуоза и хартија, прехрамбената

индустрија и индустријата за обоени метали

Page 10: Zagaduvane na vodite

- Отпадни води од прехрамбената индустрија

Прехрамбената индустрија користи големи количини на вода со висок

квалитет за разни потреби: за миење и транспорт на суровините

(фабриките за шекер), за транспорт на отпадните материи (кланичката

индустрија, индустрија за млеко) или како суровина која влегува во

состав на готовиот производ (фабриките за пиво, фабриките за сокови

и алкохол) и сл. Најголемиот дел, откако ќе ја заврши својата улога, се

испушта во водотеците помалку или повеќе загадена.

Основни состојки на загадувањето на отпадните води во

прехрамбената индустрија се различни: суспендирани или растворени

органски материи, шеќер и други јаглени хидрати, белковини, масти и

масни киселини, други органски киселини, алкохоли и сл. Основната

опасност од пуштањето на овие состојки во водните текови се состои

во тос што микропрганизмите во својот метаболизам ги трошат за

храна, трошејќи го истовремено и кислородот растворен во водата. Со

истрошувањето на кислородот од водата се создаваат невозможни

услови за живот на растенијата, а особено на животинскиот свет.

Заедничка и основна карактеристика на сите видови на отпадни води

од оваа индустрија е дека полутантите во водата претежно се органски

соединенија. При разградувањето на органските материи се троши

огромна количина на растворен кислород (висока вредност на БПК5)

што доведува до отежнување на процесите кои водат до крајна

минерализација на разните органски материи и се јавуваат меѓу

производи со непријатна миризба. Значаен придонес со своите

испитувања во утврдувањето на основните карактеристики на

одпадните води од прехранбената индустрија дале Б.Маслинков сор.

Во 1990 год. научно-истржувачкиот проект под наслов: „Постапка во

третманот на отпадните води од прехрамбената индустрија на Битола

и изнаоѓање можности за нејзина повторна потреба уботреба во

процесот“, а тоа се следниве:

- Отпадни води од индустриски млекари

Составот на отпадоците од оваа индустрија зависи од

искористеноста на суровинита која се преработува односно губитоците

Page 11: Zagaduvane na vodite

при преработката. Овие отпадни води настануваат при технолошките

процеси на преработка на млекото, особено при операциите на миење

на опремата и просториите. Отпадните води од млекарниците се со

висока оптовареност на органски материи, што може да се потврди и

со високата вредност на БПК5- која се движи над 3.000 mg/l.

Најприсутни во овие води се белковините, јагленохидрати меѓу кои

најмногу ја има лактозата и мастите. Во водата се присутни и

детергенти користени при перењето на апаратурата. Карактеристика

за овие води е многу ниската вредност на реакцијата (pH во просек е

околу 5).

- Отпадни води од кланици и месни индусрија

Овие отпадни води имаат променлив состав кој зависи од видот на

закланите животни и асортиманот на произвоството. Тие се

карактеризираат со висок степен на загадување кое претежно настанува

од крвта, влакната, мастите, месото, остатокот од храна, фекалиите и сл.

Окарактеризирани се со високи вредности за БПК5 кои во просек се

движат над 1800 mg/l, до 400 mg/l масти, до 150 mg/l азот и над 1300 mg/l

суспендирани материи. Реакцијата на оваа отпадна вода е блиску до

дозволената граница и се движи околу рН 7.

- Отпадни води од пивари, алкохолни и безалкохолни пијалоци

Овие води потекнуваат од миењето на халите за варење на пивото,

садовите за ладење, цистерните за фермантација и чување, потоа од

миење на шишиња и буриња. Во оваа отпадна вода присутни се

белковини, јаглехидрати, алкохоли и др. Исто така присутни се и

детергенти користени при перењето на опремата. Вредноста на БПК5 во

просек се движи 1.000 мг/л.

- Отпадни води од кожари

Кожарската индустрија троши многу количини на вода кои достигнуваат 5

м3 на 100 мг сува кожа која се преработува. Отпадните води се многу

загадени. Во нив има претежно во колоидна состојба масти, отпадоци од

кожа и влакна, бои и токсични материи, хром и др. БПК5 може лесно да

достигне од 700 до 900 мг/л.

Page 12: Zagaduvane na vodite

- Отпадни води од хемиската индустрија и иидустријата за

преработка на нафта

Хемиската индустрија произведува илјадници разновидни хемиски

соединенија кои преку отпадните води или суспендирани материи може да

се најдат во реките и другите површински води. Повеќето од нив имаат

токсично дејство иа биоценозата во водата. Такви се: живата, арсенот,

цијанидите, селенот и сл. Некои од отпадните хемиски материи се

специфични за одреден индустриски објект, затоа што само тој ги

испушта. Други пак се типични за повеќе фабрики и се јавуваат постојано.

Овие води главно содржат различни органски и неоргански соединенија

кои се во дирекна зависност од индустрискиот процес, технологијата која

се користи и водење и одржување на самите индустриски погони. Општа

карактеристика на отпадните води од оваа индустрија е честата содржина

на токсични материи и материи кои го попречуваат процесот на

биолошкото разградување.

Најголеми загадувачи со неоргански отпадни материи се фабриките во кои

се произведуваат неоргански киселини и тоа: сулфурна, азотна,

фосфорна и др. потоа фабриките за производство на амонијак и

азотарите. Во отпадните води можат да бидат присутни и пестицидите кои

може да бидат и отровни, а тешко се разградуваат. Рафинериите за

нафта и хемиската индустрија што се базира на нафта произведуваат

голем број на загадувачи како на пример: феноли, цнјаниди, органски и

неоргански соединенија на сулфурот, јаглеводороди, масла н низа други

загадувачи. Покрај рафинериите за обработка на нафта, како мошне

големи загадувачи се јавуваат и термоцентралите и топланите. Од

термоенергетските објекти во рецепиентот доаѓаат повеќе видови отпадни

води што најмногу содржат сулфур, разни киселини, бази, нафта и

нафтени деривати, пепел, феноли, разни соли, фосфати и други.

- Отпадни води од индустријата за текстил, хартија и целулоза

Текстилните влакна можат да бидат од растително потекло (коноп, лен,

јута, памук и др.) и од животинско потекло (волна, свила, пердуви).

Суровите влакна минуваат низ процесот на преработка со цел да се

отстранат растворливите и нерастворливите нечистотии (песок, земја,

Page 13: Zagaduvane na vodite

маст, гума, восок и масла). Тој процес е извор на отпадна вода со голема

концентрацја на отпадоци. Отстранувањето на нечистотиите се врши и со

перење со топла вода со сапуп, детергенти, алхохоли и органски

растворувачи. Фабриките и погоните за боење и ткаење обично даваат

релативно мало загадување на водите, меѓутоа тие имаат изразена боја и

содржат материи кои сметаат на биолошката преработка, сулфурни

соединенија, соли од разни метали, анилин и др.

- Отпадна вода од преработка на волна дава БПК5 900 – 3.000 мг/л;

- Отпадна вода од преработка иа памук дава БПК5 500 - 600 мг/л;

- Отпадна вода од преработка иа синтетички влакна дава загадување од

БПК5 400 - 2.000 мг/л.

Табела 39. Загадување на водите со тешки метали

Индустрија Метали

Рударство и обработка на Al, As, Cd, Hg, Mn, Mo, Pb, U, VМеталургија и Ag, As, Be, Bi, Cd, Cr, Cu, He, In, Pb, N1, Zn, Хемиска индустрија Al, As, Ba, Cd, Cr, Cu, Fе, Ga, Hg, Pb, Sn, Керимика и порцелан As, Cr, Sb, UБои и пигменти Al, As, Cd, Cu, Fe, Pb, Sb, TiЛегури Be, In, Ga, Os, Pb, TaСтакло As, Ba, Co, Ni, Ti, V Хартија Al, Cr, Cu, Hg, Pb, Ni,Ta, Ti, V

Штавање на кожа Al, As, Cd, Cr, Fe, Hg, Pb, Sn, S Фармацеутска индустрија Al, Cu, Fe, Ga, Hg, Os, TaТекстилна индустрија Al, As, Ba, Cd, Cu, Fe, Hg, Pb, Ni, SbВештачки ѓубрива Аl, As, Cd, Cr, Cu, Fe, Hg, Mn, Pb, Ni, ZnХлор и алкалии Al, As, Cd, Cr, Fe, Hg, Pb, SnРафинерија на нафта Al, As, Cd, Cr, Cu, Fe, Pb, Ni, Zn

Индустријата за целулоза и хартија која е голем потрошувач на вода (500-

1.000 литри вода на килограм хартија) се мисли дека е најголем загадувач

на водите. Отпадните води кои настануваат при производство на хартиена

маса се многу загадени и достигаат до 1.500-2.000 мг/л БПК5.

Отпадните води кои се појавуваат кај перење на хартиената маса се

загадени и содржат преку 1.000 мг/л сулфиди и 1.800 мг/л БПК5.

Отпадните води од индустријата за целулоза и хартија имаат темна боја

како резултат на растворените лигнински материи, а која ни со најголемо

разредување не може да се промени. Овие отпадни води содржат

Page 14: Zagaduvane na vodite

органски и минерални материи. Од органските се солите на лигнинот,

хлор-лигнински продукт и мала количина на натриумови соли, смоли и

масни киселини и др. Тие со малите количини на целулозни влакна на

водата и даваат карактеристичен мирис.

- Отпадни води од металната индустрија и од металургијата

Индустриските објекти кон вршат производство и

преработка на железо и челик користат огромни

количини на вода по единица производ, која

најчесто непрочистена достига до реципиентот како

загадена. И преработката на обоените метали бара

големи количини на вода особено кај алуминиумот,

понатаму рудниците за никел, злато, бакар, олово и

цинк и др. Во отпадните води на овие индустрии главно преовладуваат

разни киселини и тешки метали, како што се оловото, цинкот, хромот,

бакарот, кадмиумот, никелот, среброто, цијанидите, фенолите и др. Сл.

47. Индустријата и загадувањетo на водите од тешки метали.

Комунални отпадни води

Градовите и урбанизираните населби ги загадуваат водите со директно

испуштање на отпадната вода во градската канализацнја. Во

канализационите отпадни води можат да се најдат разни органски

течности, детергенти но и многу хемиски средства, затоа што

многубројните мали индустриски и занаетчиски организации своите

отпадни води директно ги приклучуваат во градската канализација. (Во

просечен град од 100.000 жители по мијалниците на доомовите секој

месец се истура 3,75 тони средства, во клозетските шолји 13,75 тони

течни средства и 3,44 тони моторни масла). Отпадните води за луѓето и

животните можат да бидат многу опасни затоа што можат да предизвикаат

бактериолошка загаденост на водата која може да доведе до епидемија.

Овие води носат разни излачувања и фекалии, органски отпадоци од

исхраната, водите од миење и бањање, но и голем број на бактерии. Меѓу

Page 15: Zagaduvane na vodite

нив се наоѓаат и оние цревни, заразни, вирусни, бактериски и паразитски

болести. Најголем број на бактерии се излачуваат преку човечките

фекалии. Комуналните отпадни води најмногу ги содржат органските

материи (околу 60%), а тоа се: физиолошките излачувања на луѓето,

помија и остатоци од храна, а има и неоргански материи, потоа сретства

за перење и хигиена (сапун и детергенти) и цврсти парчиња од различен

состав. Поради присуството на голем број патогени микроорганизми, овие

води биолошки ги загадуваат површинските води во кои се вливаат.

Нивното присуство е различно во разни места и населби и варира во

текот на денот и ноќта (минимално е околу 5 часот, максимално е околу 12

часот). Сапуните и прашоците за перење се површински активни

соединенија, се собираат на површината на водата со што го менуваат

површинскиот напон на водата. Бидејќи сапуните се смеса на натриумови

и калиумови соли на вишите масни киселини, во водата можат да се

најдат заситени и незаситени јагленоводороди. Исто така во овие води (од

детергентите) има синтетички соединенија кои влијаат на промената на

јонизацијата на површинските води. Со промената на површинскиот напон

на водата се намалува размената на кислородот со воздухот, и поради

намалување на количината на кислородот во водата доаѓа до изумирање

на некои живи организми во неа. Синтетичките површински активни

материи присутни во водата слабо се оксидираат и не се разлагаат брзо.

Нивното разлагање трае од неколку дена до неколку масеци.

Соединенијата на фосфорот кои потекнуваат од прашоците за перење

можат да бидат извор на храна за некои растенија, поради што може да

дојде до нивно интензивно растење (буење) во водата. Во канализацијата

покрај отпадните води од домаќинствата можат да се најдат и други

отпадни материи (елементи и соединенија) кои потекнуваат од разни

работилници, индустриски погони кои се приклучени на неа.

Загадување на водите од аграрните води

Големи загадувања на водите доаѓаат од испирањето на некои материи

(елементи) од почвите на земјоделските површини третирани со вештачки

ѓубрива, пестициди и други хемиски средства. Од нив во водата доаѓаат

Page 16: Zagaduvane na vodite

големи количини на разни штетни метали како што се: оловото, арсемот,

селенот, цинкот, бакарот, живата, кадмиумот, азотот и фосфорот од

вештачките ѓубрива. Штетните и токсичните материи но и дел од

растителните хранливи материи се исперуваат од почвата преку

растворање во водата која доаѓа од дождовите или онаа со која се

наводнува и која потоа истекува во водотеците и реките или пак понира и

доаѓа од подземните води. Колкави ќе бидат загубите на овие материи

зависи од следниве фактори:

- количината на дождови,

- својствата на почвата,

- видот и количината на ѓубрива,

- видот и начинот на користење,

- видот на растителниот покривач (културата),

- времетраењето на растителниот покривач.

Колку дождовите се почести и поинтензивни исперувањето на хранливите

материи од ѓубривата или другите

материи по почвата е поголемо особено

кај ерозивните почви. И со наводнување

исто така се врши исперување на

хранливите и други материи. Кај почвите

кои се пропустливи како што се

делувијалните, песокливите и

чакалестите почви испарувањето на

хранливите и други материи и

загадувањето на водата е многу поголемо, отколку кај тешките глинести и

хумусни почви. Хранливите материи од вештачките ѓубрива повеќе се

изложени на загуба кога долго време пред да ги користат растенијата се

фрлаат во почвата или врз растенијата.

Растителниот покривач во зависност од видот и неговата густина,

загубите пред се на хранливите материи од вештачките ѓубрива со

ерозија и исперување, ги намалуваат затоа што растенијата поголемиот

дел ќе ги користат, но ќе ја ублажат и ерозијата. Сл. 48. Пестицидите и

вештачките ѓубрива ја загадуваат почвата и водата.

Page 17: Zagaduvane na vodite

Хранливите материи од ѓубрињата кога ќе дојдат до реките, езерата,

каналите за наводнување и одводнување, особено азотот и фосфорот

можат да предизиикаат еутрофикација т.е. стимулирање на буен раст на

водните растенија и алги како резултат од збогатувањето на водата со

споменатнте два хранливи елементи, штетите од еутрофикацијата се

двојни:

Големата маса на растенија во водата може да го спречи или

отежне користењето на оваа вода за производство, риболов,

одводнување или наводнување и сл.

Растенијата во водата трошат кислород побрзо од тој што се

надополнува. Негативни ефекти се постигнуваат со изумирање и

распаѓање на растенијата и алгите, при што водата добива непријатен

мирис и вкус. Овие промени се одразуваат на нејзиниот квалитет така што

таа не би можела да се користи за пиење, рекреација и др., а можат да

изумрат и рибите поради дезоксидација. Исто така во водата можат да се

развијат и некои алги кои можат да продуцираат отровни матерни.

Покрај минералните вештачки ѓубрива, пестицидите користени за

заштита на земјоделските култури се загадувачи на водата. Нивното

присуство во водата зависи од:

- резистентноста (отпорност на трансформација),

- количината на употребените пестициди.

Основниот процес во водата кој доведува до разлагање на

соединенијата е хидролизата која зависи од видот на соединението и

реакцијата на водата. Процесот на хидролиза на пестицидите е реакција

меѓу пестицидите и водата. Резистентноста на пестицидите се

карактеризира со време на полухидролиза, односно потребно време од

присутните количини да ги разложи половината за кое е потребно неколку

дена до повеќе месеци. Во процесот на полухидролиза се создаваат нови

безопасни или малку отровни продукти од основните. Освен овие

пестициди кои релативно брзо доаѓаат во површинските води, тие кои ќе

бидат подолго задржани во почвата се извор на постојано и долготрајно

загадување на водата.

Други извори на загадување на водата

Page 18: Zagaduvane na vodite

Други извори од кои доаѓаат значајни загадувања на водата со

штетни па и отровни материи се разни и многубројнн диви депонии на кои

се исфрла секакво ѓубре, локации за експлоатација на песок и чакал,

ерозивни наноси, хаварии при транспортирање на штетни, лесно запаливи

и отровни материи, депонии иа флотациски јаловини од рудниците и сл.

а) Разни депонии на ѓубре

Поголем број индустриски, сообраќајни и друг вид организации, како

и населени места своите депонии ги лоцираат на места кои најмалку

одговараат за таа намена. Најчесто тие се лоцираат покрај патиштата,

покрај реките и каналите, а некои ги затрупуваат со ѓубре изградените

корита на реките. На овие депонии може да се најде ѓубре од различен

вид: хартија, пластика, бои и лакови, разни органски растворувачи,

прегорени моторни масла, конзерви со различна расипана содржина,

стакло од различно потекло, отпадоци од храна и др. Различната

содржина на ѓубриштето создава услови за создавање на нови и

неиспитани соединенија кои придонесуваат во загадувањето на реките и

крајбрежните подземни води.

Под отпадниот материјал на овие депонии се создава темен

филтрат, кој најчесто е составен од отровни материи исцедени и

исталожени од исфрлениот отпад. Овој филтрат како течен продира

длабоко во подземните води кои се користат за пиење и ги загадуваат, а

тие загадени истекуваат во реките со што водите двојно се загадуваат.

Филтратот има темнокафеава боја и има зголемена содржина на

нитрати, хлориди и сулфати. Во него има многу штетни материи кои по

биолошки пат не се разлагаат. Сите овие материи со дождовите

продираат директно во подземните води, а преку нив во површинските или

по пат на исперување директно во површинските води. Уште полошо е

кога овие штетни материи ќе стигиат во езерата или акумулациите каде

само-пречистувањето е успорено во однос на водата во реките.

б) Локации за експлоатација на песок и чакал

Интензивната градба на урбанизираните населби во кој доминира бетонот

има поголема потреба од песок и чакал како негов конституент. Како

природни наоѓалишта се речните корита и нивните наноси со песок. Со

Page 19: Zagaduvane na vodite

експлоатација иа песокта се користат големи багери и кранови при што се

постигнуваат негативни ефекти и тоа:

- се создава широко и стерилно корито;

- се зафаќаат и други почвени и растителни материјали;

- се нарушува квалитетот на подлогата за исхрана и живот на водениот

жив свет;

- се зголемуваат длабочините на реките на некои места, на други се

проширува речното корито;

- се менува и нарушува пејсажот;

- може да се промени речниот тек;

- сите овие промени влијаат на бројноста и видот на биоценозата во

водата.

в) Ерозивни процеси

Со ерозивните процеси на земјата се создаваат наноси на песок и

материјал од мил кои влијаат на квалитетот на водата во реките и им

нанесуваат големи штети. Ерозивните процеси се условени од следниве

фактори: геолошкиот состав на почвата, нагиб и конфигурација на

теренот, растителниот покривач, климата и сл. Голем придонес на

појавата на нови ерозивни процеси и интензивирање на постојните има

самиот човек со неговата активност. Со ерозивните процеси на земјата,

водата се заситува со талог од песок и се заматува. Покрај тоа што

ерозијата влијае на течењето, таа делува и на квалитетот на водата,

затоа што содржи не само нерастворени честички туку и растворени

материи, како елементи или соединенија кои со талогот доаѓаат во реките.

г) Хавариите при транспорт на штетни леснозапаливи и отровни

материи и во индустриските погони

При транспортот на штетни и отровни материи, како нафтата и

нафтените деривати, како последица на сообраќајна несреќа и сл. може

да дојде до хаварија на превозното средство, со што доаѓа до истекување

на материјата која се транспортира и доаѓа до загадување на земјиштето,

а преку него на подземните и површинските води. Најголема и најчеста

опасност претставува истекувањето на нафта и нејзините деривати. При

користење на пловните објекти до загадување на водата може да дојде од

чадот кој се исфрла при согорување на моторите, како и чистењето и

Page 20: Zagaduvane na vodite

подмачкувањето на машинските погони. И во индустриските погони може

да дојде до хаварија на уредите при што ќе дојде до изливање на

поголема или помала количина на разни штетни материи. Овие хаварии

особено се опасни ако се случат во индустриски објекти лоцирани покрај

река, со што ќе се наруши квалитетот на водата, но ќе се загрози и живиот

свет во неа.

д) Депонии на флотациски јаловини од рудниците

Со депонирање на отпадните материјали од рудниците се загрозува и

екосистемот, како со нивната статичка и филтрациона нестабилност така

и со присуство на повеќе загадувачки супстанци, од кои

најкарактеристични се јоните на тешките метали, токсичните реагенси и

друго. Многу јаловински брани не се изградени според пропишаните

норми и постои опасност на излевање на водите од флотациското

јаловиште, кои се агресивни и токсични, со што би довело до загадување

на водотеците.