19
Производство на храна

Производство на храна

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Производство на храна

Производство на храна

Page 2: Производство на храна
Page 3: Производство на храна

ХранаХрана е секоја супстанцa која е

искористена за да обезбеди хранлива поддршка на телото. Најчесто е од растително или животинско потекло, содржи есенцијални хранливи материи, како што се јаглехидрати, масти, протеини,витамини или минерали. Супстанцата се внесува во организмот, а се искористува од страна на клетките на организмот за да произведе енергија, да не одржи во живот и да го стимулира растот.

Page 4: Производство на храна

Историски гледано, луѓето снабдувале храна преку два методи: лов, собирање плодови и земјоделство. Денес, исхраната на најголемиот дел од населението е обезбедена од прехранбената индустрија, која е управувана од мултинационалните корпорации кои се занимаваат со интензивно сточарство и индустриско земјоделство за да го зголемат производството

Page 5: Производство на храна

Извори на храна Речиси сите видови храна се од растително или

животинско потекло. Житните зрна се главна храна и обезбедуваат многу повеќе енергија низ светот за разлика од кој било друг вид на култура. Пченка, пченица и ориз, во сите нивни вариетети, вкупно даваат 87% од производството на жито во светот.

Останатите видови храна кои не се од животинско или растително потекло вклучуваат различни видови на габи, особено печурки. Габи и бактерии се употребуваат за подготовка на ферментирана храна, како и квасен леб,алкохолни пијалоци, сирење, кисели краставички, комбуха и јогурт. Друг пример е сино-зелената алга, спирулина.Неорганските супстанци како што се сода бикарбона и калиум битартарат се користат за хемиски да изменат одредена состојка.

Page 6: Производство на храна

РастенијаМногу растенија или делови од растенија се

користат како храна. Постојат околу 2000 видови растенија кои се одгледуваат за храна, а многу од нив имаат и уште неколку различни сорти.

Семето на растенијата е добар извор на храна за животните, но и за човекот, затоа што тие содржат хранливи материи како што се Омега мастите, кои се неопходни за почеток на раст на растенијата. Всушност, поголемиот дел од храната кој се конзумира од луѓето е храна која потекнува од семе. Овде се вклучени и житните култури(пченка, пченица, ориз итн.), мешунки (грав, грашок, леќа итн.) и јаткастити плодови. Маслата од семки често се користат за производство на масло, такви се: сончоглед, семе од лен, семе од репка (вклучувајќи го канола маслото), сусам и др.

Page 7: Производство на храна

Семињата се обично богати со високо незаситени масла, а во умерена количина се сметаат за здрава храна, иако не сите семиња се за јадење. Големите семиња, како што се од лимонот, претставуваат опасност, додека пак семињата од јаболко и цреши содржат отров (цијанид).

Плодовите претставуваат созреани јајници на растенијата, вклучувајќи ги и семките во нив. Многу растенија развиле плодови кои се корисни како храна за животните, така што животните откога ќе го изедат плодот, семките ќе ги исфрлат на одредено растојание. Затоа, плодовите се составен дел од исхраната на многу култури. Некои ботанички плодови, како што се доматите, тиквите и модрите патлиџани се јадат како зеленчук.[

Зеленчукот е вториот тип на растелна материја која се јаде како храна. Овде спаѓаат коренестите зеленчуци (компир и морков), листестите зеленчуци (спанаќ и марула), стеблести зеленчуци (бамбус и шпаргла или аспарагус) и зеленчукот во вид на цвет (артичоки и брокули).

Page 8: Производство на храна

Животни Животните се користат како храна директно или

индиректно преку производите кои тие ги даваат. Месото е пример за директен производ од животно, кој е од мускулите или од органите. Во хранливи производи од животни го вклучуваат и млекото, произведено од млечните жлезди, кое во многу култури се пие или се прават млечни производи (сирење, путер и др.). Покрај тоа, птиците и некои други животни несат јајца, кои се јадливи, а пчелите произведуваат мед, кој претставува редуциран нектар од цвеќињата што е многу популарен во некои култури како засладувач. Неки култури конзумираат крв, понекогаш во форма на крвава колбасица (крвавица), а некои користат крв како зачин во чорби, како што е крвта од цибетките.

Некои култури и луѓе не конзумираат месо или производи од животинско потекло, од културни, здравствени, етички или идеолошки причини.

Page 9: Производство на храна

Производство Традиционално, храната се добива преку

земјоделството. Зголемената загриженост на агробизнисот за мултинационланите корпорации кои го држат светското производство на храна преку патенти за генетски модифицирана храна отвора растечки тренд кон одржливи земјоделски практики. Овој пристап, делумно поттикнат од побарувачката на потрошувачите, ја охрабрува билошката разновидност, локалната самоувереност и органските сточарски методи. Големо влијание врз производството на храна имаат интернационалните организации (како што се: Светската трговска организација и Заедничката земјоделска политика), националната политика на владата (или законот) и војните.

Page 10: Производство на храна

Во популарните култури, масовното производство на храна, особено месо како што е пилешкото и телешкото, наиде на критики во многу докуметарни емисии, особено Food, Inc., која обзнанува како се третираат и како масовно се убиваат животните, и тоа најчесто од страна на големи корпорации. Со сегашниот тренд за екологија, луѓето од Западните култури покажале голема заинтересираност за употреба на растителни намирници, храна за посебни групи на луѓе (како што се: луѓе на посебни диети, жени или спортисти), функционална храна (збогатена храна, како што се Омега-3 јајцата), како и повеќе етнички разновидна храна.

Page 11: Производство на храна

Слатко Генарално се смета за најомилен вкус, слаткоста речиси

секогаш е направена од некој вид на шеќер како што сеглукоза или фруктоза, или дисахариди како што се сахароза, која е комбинација на молекулите на глукоза и фруктоза. Сложените јаглехидрати се долги синџири и со тоа немаат сладок вкус. Вештачките засладувачи какосукралоза често се користат како имитација за шеќер, создавајќи чувство на слатко, без калории. Другите типови на шеќер вклучуваат суров шеќер, кој е познат по својата боја, боја на килибар, кога е необработен. Шеќерот е витален за енергија и опстанок и е со пријатен вкус.

Растенијата од родот Stevia содржат состојка позната како стевиол, која кога се екстрахира, има 300 пати повеќе сладост од шеќерот, додека минимално влијае на крвниот шеќер.

Page 12: Производство на храна

КиселоКиселоста е предизвикана од вкусот на

киселините, како оцетот во алкохолните пијалоци. Киселата храна вклучувацитрус, особено лимон, лимета и во помал степен портокали. Киселоста е од особено значење, бидејќи може да укажува на храна расипана од дејството на бактериите. Меѓутоа, многу видови на храна се со малку кисел вкус, сè со цел да се помогне да се стимулира и подобри вкусот.

Page 13: Производство на храна

Солено Соленоста е вкусот на јоните на алкалните метали, како

што се натриум и калиум. Се наоѓа речиси во секоја храна за да го подобри вкусот, иако да се јаде чиста сол се смета за многу непријатен вкус. Постојат многу видови на сол, кои имаат различен степен на соленост, вклучувајќи ја и морската сол, кошер сол, минерална сол и сивата сол. Освен за подобрување на вкусот, солта му е потребна на телото и одржува деликатна електроцитна рамнотежа, што е функцијата на бубрезите. Солта може да биде јодизирана, што значи во неа може да биде додаван јод, кој е неопходна состојка која ја подобрува тироидната функција. Некои видови на конзервирана храна, особено супи или пакувани чорби, имаат тенденција да бидат со високо ниво на сол, што е така заради подолга трајност на храната. Историски гледано, солта се користела како конзерванс за месо, како екскреција на водата. Слично на тоа исушената храна, често промовира безбедност на храната.

Page 14: Производство на храна

ГорчливоКората на лимонот е исклучително

горчлива, додека пак внатрешноста на лимонот се карактеризира како кисел. Горчината е многу непријатна сензација карактеристична по остар, пикантен вкус. Темното, незасладено чоколадо, кофеинот, кората на лимон, како и слични видови на овошја се познати по горчливот вкус.

Page 15: Производство на храна

Производство на храна Пакувани прехрамбени производи за домаќинствата

Пакуваната храна е произведена надвор од домовите за купување. Ова може да биде едноставно како што касапот го подготвува месото, или комплицирано како модерната интенационална прехранбена индустрија. Раните техники за преработка на храна беа ограничени за зачувувањето на храната, паквањето и транспортот. Овде главно се вклучени солење, сушење, маринирање, ферментација и пушење. Производството на храна настана за време на индустриската револуција во 19 век. Овој развиток го искористија масовните пазари и новите технологии, како штп се мелење, зачувување, пакување, означување и транспорт. Тоа донесе придобивки на претходно подготвената храна, за заштеда на време на обичниот граѓанин кои не вработува домашни слуги. На почетокот на 21 век, се појави структурата на две нивоа, со контрола на неколку меѓународни гиганти за храна се отвори широк спектар на познати брендови на храна.

Page 16: Производство на храна

Леб Лебот е дел од основните состојки во

исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.

Брашното со кое се прави лебот може да биде црно или бело.Тоа се добива од житните производи.

Page 17: Производство на храна

Квасец Квасецот е габа која спаѓа во групата на

микроорганизми. Најпознатиот вид на квасец. Од овој вид габа се произведува квасец со кој се прави лебот и сите печива за кои треба тестото да се подигне.

Индустриското производство на квасецот е започнато во Австрија во 1846 година. Значаен напредок се случил во Данска и Германија, помеѓу 1910-1920 година, кога во производството на квасец се додавало шеќер.

Page 18: Производство на храна

ОцетОцетот е алкохолен производ кој има

киселкаст вкус. Оцет е една од главните состојќи во исхраната. Тој се користел многу векови наназад.Исто така се користи како народен лек за симнунање на температурата.

Тој се произведува од вино или некои овошја.Ако сок од јаболко некое време отстои на

собна темпратура тој ќе ферментира во алкохол, а потоа оксидира во оцетна киселина.

Page 19: Производство на храна

Изработија:

Рената П.Стефани М.