19
ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МИНАТО

периодизација на македонското минато I дел

  • Upload
    brane71

  • View
    146

  • Download
    6

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: периодизација  на македонското минато I дел

ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МИНАТО

Page 2: периодизација  на македонското минато I дел

ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МИНАТО

Од крајот на VIII век п.н.е. Започнало обединувањето на Македонските племиња во единствена држава.

На чело на државата стоел Крал.

За основач на македонската држава се смета кралот Пердика

Page 3: периодизација  на македонското минато I дел

Пердика заедно со своите браќа, Аероп и Гаван, работеле кај некој крал од Горна Македонија. Секој ден за ручек жената на кралот месела леб. Лебот кој бил наменет за Пердика секогаш бил најголем. Кралот мислел дека Пердика има нешто со неговата жена. Кога требало да им плати за тоа што го сработиле тој ги повикал во својата одаја. Во неа имало само еден прозорец низ кој влегувала сончевата светлина. Кралот им дал една торба и им рекол да соберат од светлината колку што сакаат. Тогаш Пердика го извадил својот меч и со мечот направил еден круг на земјата каде што паѓал зракот. Од таа земја ставил во торбата и му кажал на кралот дека тој ќе направи свое кралство големо колку сонцето.Така Пердика направил свое кралство, ги обединил македонските пемиња и го поразил кралот кај кого работел.

ПЕРДИКА I владеел од 700 п.н.е. до 678 п.н.е..

Според легендата раскажана од Херодот,

Page 4: периодизација  на македонското минато I дел

Наследниците на Кралот Пердика настојувале да ја зацврстат и да ја прошират својата држава. Најголем успех македонската држава доживува во времето кога владееле македонските кралеви ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ и АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ

Тогаш Македонија се издигнала во моќна светска сила - „Господарка на светот“ како што ја нарекувале античките автори

Page 5: периодизација  на македонското минато I дел

Филип бил роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на царот Аминта III и царицата Евридика. Во младоста (во периодот од 368 п.н.е. - 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

Page 6: периодизација  на македонското минато I дел

Наскоро по доаѓањето на власт Филип извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане регионална сила.

Монета со ликот на Филип II Македонски

Македонската фаланга во формација „синтагма" од 256 војника по одред

Page 7: периодизација  на македонското минато I дел

Мапа на територијата на ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ

Page 8: периодизација  на македонското минато I дел

Во 336 п.н.е. бил убиен во Ајга за време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и Клеопатра, ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија. Убиец бил Павзаниј од Орестида, еден од неговите седум телохранители.

Македонската фаланга во формација „синтагма" од 256 војника по одред

Споменик на Филип, Скопје

Page 9: периодизација  на македонското минато I дел

Александар III Македонски или „Александар Велики“ (кај блискоисточните народи познат како „Искендер“ син на Филип II Македонски и Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го дале прекарот Magnus, „великиот освојувач на светот“.

Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од филозофот Аристотел Неговото образование ги опфаќало: поезијата, астрономијата, геометријата, реториката, натпреварите во гимнастички вежби, јавањето и ловот

Page 10: периодизација  на македонското минато I дел

На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над Македонија, додека тој била во поход против Бизантион.

Тој раководел содржавните работи.Така уште млад се стекналсо повеќе знаења од секојдневниот живот,од воените вештини и раководењето со државата

Page 11: периодизација  на македонското минато I дел

Александар станал крал на Македонија во 336 п.н.е., на дваесетгодишна возраст, по убиството на неговиот татко Филип II.

Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис, најден во Куќата на Фаун, Помпеја

Page 12: периодизација  на македонското минато I дел

Откако станал крал,па се до крајот на животот, Александар постојано бил во војни и освојувања и секогаш победувал на бојното поле.

Народите што ги потчинил зборувале на различни јазици верувале во различни богови и имале поинакви обичаи од македонските.

Page 13: периодизација  на македонското минато I дел

Александар III Македонски го прифатил персискиот начин на облекување и обичајот на поклонување пред владетелот

Понесен од идејата за создавање светска држава, тој спроведувал политика на меѓусебна толеранција на различните народи и култури.

Александар бил најголем војсководец и освојувач во историјата. Со своите походи тој недалеку го раширил името на Македонија. Создал огромна држава кој се протегала на 3 континенти: Европа, Азија, Африка.

Поради неговите освојувања подоцна Римјаните му го дале прекарот ,,Велики”

Page 14: периодизација  на македонското минато I дел

Карта на царството на Александар 334-323.г.п.н.е.

Page 15: периодизација  на македонското минато I дел

Букефал бил најмилиот коњ на Александар Македонски. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар.

Александар, за спомен на него, на тоа место го основал градот Букефала (денес Џалалпур). Индија

Page 16: периодизација  на македонското минато I дел

Александрија е вториот по големина град во Египет и најголемото морско пристаниште на Средоземното море, кој во 331 п.н.е. го основал Александар Македонски. Градот има околу 4.000.000 жители, се простира на 32 километри на афричкото средоземноморие во северен Египет.Александрија најмногу е позната по старата и новата Александриска библиотека. Градот е важно седиште поради нафтоводот и плинот.Во античко време, градот бил познат по Светилникот кој претставува едно од седумте светски чуда.

Page 17: периодизација  на македонското минато I дел
Page 18: периодизација  на македонското минато I дел

На 10 или 11 јуни 323 г. п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г. п.н.е.

Page 19: периодизација  на македонското минато I дел

Царство е монархиско државно уредување на чело со цар. Секој цар ја наследува круната од својот татко. Царството е поголемо од кралството, опфаќа поголема територија

Империја е царство – држава што држи под своја власт туѓи поседи