влијанието на цигарите врз здравјето

Preview:

Citation preview

влијанието на цигарите врз

здравјето

Цигари – единствен легален производ кој ги убива своите

корисници кога го користат како што е пропишано

Историја на тутунот

• Растението „Nikotiana” е по потекло од Јужна Америка• Колумбо го донел во Европа 1492 година• Машината за правење цигари е конструирана 1880 година

Родриго де Јерез, колумбов морнар, меѓу првите го пробал тутунот и набрзо станал негов зависник.

Верувајќи дека во него се вселил зол дух Инквизицијзта го осудила и фрлила во затвор.

Раширеност

• 1.1 милијарда луѓе на планетата се пушачи• 30% од возрасните се редовни пушачи

Верувале или не

• Секои пет години 5 милиони луѓе умираат од последици на пушењето• Во 20 век тутунот убил 100 милиони луѓе

• Во светот дневно се испушат околу 15 милијарди цигари, а годишно околу 5,5 билиони• Секоја испушена цигара го скратува животниот век за 15 минути, така да пушачите просечно живеат 10 – 15 години пократко од пушачите• Бројот на пушачите во развиените земји се смалува, а се зголемува во неразвиените земји и земјите во развој• Гледано спрема полот, се намалува бројот на пушачите меѓу мажите, но затоа меѓу жените се зголемува

Содржина на цигарите

• Главна состојка на цигарите е тутунот• Со согорување на една цигара се создава дим кој содржи повеќе од 4000 хемиски соединенија

Главни состојки на димот од тутунот се:

• Катрански соединенија• Јаглерод моноксид• Никотин

Катрански соединенијаВо димот од тутунот се откриени

околу 50-на катрански соединенија кои предизвикуваат малигни тумори на дишните, дигестивните и останатите органи

Јаглерод моноксидЈаглеродниот моноксид е гас без боја и мирис. Има 200 пати поголем афинитет за црвените крвни зрнца од кислородот создавајќи метхемоглобин наместо оксихемоглобин и така го спречува снабдувањето на клетките со кислород; клетките остануваат гладни за кислород.

крвен сад

плави клетки со јаглерод моноксид

црвени клетки со кислород

Никотин• Никотинот е алкалoид – безбојна зејтинеста течност.• Со пушење на една цигара во организамот се внесува – 1mg никотин.За возрасен пушач смртоносни се 60 mg, односно 30-60 нагло испушени цигари.• Никотинот е високо токсична дрога и создава зависност исто како и хероинот.

Фабриките за цигари, во цигарите почнале да додаваат амоњак, така да никотинот побрзо продира во мозокот и со самото тоа степенот на зависност од никотинот е изедначен со зависноста од хероин

Од 2004 година произведувачите на цигари додаваат и тнр. никотинска слободна основа, а таа се однесува како дрога – КРЕК (продира побрзо до мозокот предизвикувајќи агресија и оштетување на мозокот)

За подобрување на квалитетот во цигарите се додаваат следните материи:

• Азбесни влакна – се додават во цигарите во хартијата и во тутунот за да не се растура пепелта наоколу;• Препарати кои содржат олово и сулфур – поради корекција на бојата и вкусот;• Титан диоксид (се додава во процесот на избелување) При согорување на титан диоксидот се создава исклучително силен отров ДИОКСИН, кој во организамот се врзува за мастите;• Бензипирен – настанува во димот на цигарите при согорувањето и делува канцерогено;

• Антифриз – се додава поради подобрување на влажноста и аромата на цигарите• Уран и полониум 210 – (се наоѓа во вештачките фосфатни ѓубрива кои се додаваат за зголемување на приносите). Полониумот 210 како силен емитер предизвикува малигни промени (предизвикува 20 пати посилна јонизација одошто бета, гама и ренгенските зраци).

Дејството на тутунот врз човечкиот

организамТутунот предизвикува:1. Психолошка зависност2. Физичка зависност3. Козметички и други

последици4. Болести како

последица на пушењето

1. Психолошка зависност

• Повторување на научените ритуални постапки (принесување на цигарето кон устата, повлекување на дим, исфрање на дим)• Создавање на условни рефлекси на некои дразби (почесто се пуши со кафе, после јадење, со алкохол)

2. Физичка зависност

• Никотинот, како секоја вистинска дрога станува дел од метаболизамот на нервниот систем• Нервните клетки многу брзо го трошат и се јавува потреба за ново цигаре Апстенинцијален синдром – недостаток на никотин во организамот – предизвикува вознемиреност и паѓање на крвниот притисок, вртоглавица и чувсво на болка во пределот на срцето.

3. Козметички и други последици

• Брчки • Непријатен здив• Потемнети заби• Облека и коса со непријатен мирис

4. Болести како последица на

пушењето• Болести на дишните органи• Рак (малигни заболувања)• Болести на срцето и крвните садови• Болести на периферните крвни садови• Болести на крвните садови на мозокот• Заболувања на органите за варење• Алергии и др...

пушењето предизвикува болести на бронхиите и белите дробови

бронхиите водат до левото и десното белодробно крило

димот поминува низ белите дробови

димот ги исполнува цевките за дишење

Рак на белите дробови• Секоја година ракот на белите дробови убива се повеќе мажи и жени• 80 – 90 % од случаите на рак на белите дробови се предизвикани од пушење

здрави бели дробови

бели дробови на пушач

количина на катран во белите дробови

Пушењето ги стеснува сите крвни садови

Пушењето не предизвикува пречки само во коронарните крвни артерии, туку и во артериите на другите делови од телото (посебно периферните)

никотинот ги оштетува ѕидовите на артериите

поради никотинот срцевиот мускул мора посилно да работи

никотинот ги зголемува наслагите од холестерол

никотинот ги стеснува крвните садови

згрутчување на крвта-тромб

задебелен артериски ѕид

(зголемено 50 пати)

Пушењето кај жените

Пушењето кај жените е поопасно по нивното здравје одошто кај мажите. Со сигурност се знае до што се може да доведе:

• Зголемен број на депресии • Зголемен ризик од срцев удар• Зголемен ризик од добивање на рак на градите

Жена што пуши повеќе од половина кутија цигари за време на бременоста има многу поголеми шанси да роди дете со проблеми во однесувањето.

никотинот го спречува развојот на мозокот на фетусот

Ако жената свесно го уништува сопственото здравје, прашање е колку и дали има право да го уништува животот на своето неродено дете?

Пушење, плодност и

секс

Полните жлезди се осетливи на никотин. Злоупотребата на тутунот може да предизвика оштетување на јајце-клетките, го отежнува оплодувањето и зачнувањето, го пореметува менструалниот циклус и предизвикува ран климактериум.

Добро е познато дека пушењето негативно влијае на плодноста и потенцијата кај мажите

Браковите без деца се три пати почести кај пушачите одошто кај непушачите

пушењето смета на другите

Пасивно пушење

Пасивното пушење може да предизвика астма, емфизем, рак на белите дробови, оболувања на срцето и дишните органи, воспаленија на ушите...

Пасивното пушење ги оштетува детските крвни

садови

Пасивното пушење на работното место убива

Истражувањата покажале дека пасивното пушење предизвикува три пати повеќе смртни случаи одошто од повредите предизвикани на работното место.

Зошто се почнува со пушење?

• влијание на пријателите – 51%;• од радозналост – 16%;• поради членовите во фамилијата – 7,1%;• бидејќи е неопходно за општествениот живот – 5,6%;• симбол на зрелоста – 3,2%;• помага во спречување на стресот – 3,1%.

Што му пречи на процесот на

учење?

Цигарето го спречува паметењето поради присуството на многу отровни материи

• тие ја оштетуваат структурата на мозокот• ја смалуваат исхраната стеснувајќи ги крвните садови• предизвикуваат забрзано стареење на мозокот

Пушењето може да биде една од причините за неуспешните обиди

нешто да научиме, запаметиме или репродуцираме

Законска регулатива

Пушењето е забрането во сите затворени простории, во простории каде се одржуваат состаноци, конференции и други организирани собири, во просториите каде се одржуваат култирни, забавни и спортски манифестации, во училишта, болници, музеи, кино сали итн.

Со закон е забрането рекламирање на цигари и продавање на малолетни лица

Без разлика колку долго сме пушач и колку цигари дневно

пушиме, никогаш не е доцна да престанеме да пушиме !

Recommended