2
Капитал број 1015 12.04.2019 36 www.kapital.mk ИНТЕРВЈУ РАСТОТ НА ДЕПОЗИТНАТА БАЗА ОД 17% Е ДОКАЗ ЗА ДОВЕРБАТА НА КЛИЕНТИТЕ ВО УНИБАНКА КАТИЦА КУЗМАНОСКА директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка Ја оптимизираме брзината на одобрувањето на кредитите, која е една од перформансите за чие континуирано подобрување ги модифицираме процесите, па така за потрошувачките кредити рокот на одобрување е сведен на 30 минути од моментот на аплицирање за кредит.

Капитал број 1015 12.04.2019 36 ИНТЕРВЈУunibank.mk/files/attachments/Unibanka_intervju_12_04_2019.pdf Капитал број 101 12.0 .2019 37 УНИБанка

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Капитал број 1015 12.04.2019

36www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

РАСТОТ НА ДЕПОЗИТНАТА БАЗА ОД 17% Е ДОКАЗ

ЗА ДОВЕРБАТА НА КЛИЕНТИТЕ ВО УНИБАНКА

КАТИЦА КУЗМАНОСКАдиректор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Ја оптимизираме брзината на одобрувањето на кредитите, која е една од перформансите за чие континуирано подобрување ги модифицираме процесите, па така за потрошувачките кредити рокот на одобрување е сведен на 30 минути од моментот на аплицирање за кредит.

www.kapital.mkwww.kapital.mk Капитал број 1015 12.04.2019

37УНИБанка во 2018 година во сите сегменти на работа со население оствари исклучителни

резултати, кои се над просекот на банкарскиот сектор. Депозитната база на население е во континуиран раст, односно остварениот пораст од 16,7% во 2018 година ја покажува

довербата на клиентите и ја зацврстува позицијата на банката, како “Банка на клиентот”. Очекуваме трендот на пораст на депозитната база на население да продолжи

и во 2019 година, со што планиран е раст во износ од 17%. Овој раст ќе го овозможиме со нашите депозитни продукти кои се флексибилни, со различни

рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите.

XXКако се движат износите на штедни влогови изминатиот период во УниБанка?

Порастот на депозитната база, како и нејзината стабилност обезбедува континуирани извори за финансирање на кредитниот раст, што преку пораст на потрошувачката, како краен резултат предизвикува раст на економијата во целост. Согласно последните податоци превземени од кварталниот извештај на НБРМ, порастот на депозитите во банкарскиот сектор за 2019г., се очекува да изнесува околу 8%. УНИБанка во 2018г. во сите сегменти на работа со население оствари исклучителни резултати, кои се над просекот на банкарскиот сектор. Депозитната база на население е во континуиран раст, односно остварениот пораст од 16,7% во 2018г. ја покажува довербата на клиентите и ја зацврстува позицијата на банката, како “Банка на клиентот”.Очекуваме трендот на пораст на депозитната база на население да продолжи и во 2019г. со што планиран е раст во износ од 17%. Овој раст ќе го овозможиме со нашите депозитни продукти кои се флексибилни, со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите. Депозитните продукти на УНИБанка се отворени, односно им нудат на клиентите можност за зголемување на основниот влог преку дополнителни вложувања, се до истекот на рокот на депозитот. Новиот Зимски депозит претставува комбинација од неколку производи, со што истовремено нуди на депонентите највисока профитабилност на пазарот во моментов. Депозитот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што за депозит со рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас - 3.30%. Каматата е фиксна во текот на целиот период на депозитот. Банката во своето портфолио на производи веќе неколку години нуди и производ – умна депозитна сметка, кој им овозможува на клиентите постојано располагање со нивните средства преку уплата и исплата на истите. Каматната стапка е со прогресивна висина, односно се зголемува во текот на животниот век на депозитот.Исто така, како “Банка на клиентот” нудиме специјални услови по сите

наши производи, особено за клиентите приматели на плата во банката. За нас, многу е важно контактот на клиентите со УНИБанка да претставува за нив пријатно искуство, поради што постојано се стремиме да одговориме на нивните потреби, едноставно и брзо. XXКаква е динамиката на кредитирањето во првиот квартал годинава во вашата банка, во делот на клучните категории кредити и какви се проценките за следниот период?

За оваа година си поставивме сериозни таргети, кои одговараат на стратегијата на банката да ја зацврсти својата позиција како еден од лидерите во кредитирањето на население во банкарскиот сектор. Првиот квартал од оваа година ги исполни нашите очекувања. Tаргетите зададени за сите клучни кредитни продукти се реализирани. Како резултат на ова, портфолиото на население во првиот квартал порасна за 4%, при што најголем придонес имаше растот на портфолиото на потрошувачки кредити. XXКаков е интересот за станбените кредити, колку се тие застапени во вашето кредитно портфолио? Кои сè погодности ги нудите на клиентите во овој сè поконкурентен кредитен сегмент

Овој сегмент е доста конкурентен на пазарот и ние како банка се трудиме да излеземе во пресрет на барањата на клиентите. Станбените кредити во портфолиото на население на банката се застапени со 19%.Продуктот кој банката го нуди во моментот е меѓу најатрактивните. Создадовме продукт со каматна стапка од 3,95%, фиксна за првите 5 години и период на отплата до 30 години. Овие карактеристики на клиентот му овозможуваат сигурност во планирањето на месечниот буџет, односно ануитет непроменлив за подолг временски период, кој зафаќа помал дел од месечните примања. Дополнителна предност на кредитот е што се одобрува без трошоци за проценка на имот, освен првата година. По барање на клиентот банката нуди и бесплатно мобилно банкарство, кредитна картичка и дозволено пречекорување на сметка.Нашите вработени постојано се на располагање за консултации на

клиентите кои планираат купување на стан или куќа со кредит од УНИБанка. Фокусирани сме кон постојано подобрување на услугите и остварување на повисока додадена вредност за нашите клиенти со цел долгорочна и квалитетна соработка.XXКои се клучните цели на коишто се фокусира банката во работата со население?

Нашата основна цел и предизвик е стратешки и технолошки да одговориме на очекувањата на клиентите, да го задржиме и прошириме делот на пазарот во однос на сериозната конкуренција. Во таа насока насочени сме кон поедноставување, како на продуктите, така и на процесите. Развивме продукти кои покрај атрактивните услови, им овозможуваат на клиентите самостојно да влијаат врз висината на каматната стапка во текот на животниот век на продуктот. Ја оптимизираме брзината на одобрувањето на кредитите, која е една од перформансите за чие континуирано подобрување ги модифицираме процесите, па така за потрошувачките кредити рокот на одобрување е сведен на 30 минути од моментот на комплетна апликација за кредит. Во нашиот фокус се и постојаната надоградба на електронското и мобилното банкарство. Овие канали обезбедуваат едноставност, брзина и ефикасно плаќање за клиентите, а притоа внимаваме да се одржи високото ниво на безбедност, како на нивните трансакции, така и на личните податоци.Бројот на корисници е во постојан раст, што се должи на поддршката и едукацијата која банката постојано им ја нуди на своите клиенти, како и нивната сè поголема свесност за предностите кои ги добиваат при користењето на овие продукти, меѓу кои покрај брзината и ефикасноста ги потенцирам исто така и позитивните ефекти врз надоместоците.Сметаме дека овие атрибути, како и стручноста и посветеноста на нашите вработени, ќе придонесат за уште подобро опслужување и задоволство на нашите клиенти. Преку широкиот и квалитетен спектар на продукти кој се нуди во 30 експозитури низ Р. Македонија, со сериозни иновации во ИТ технологијата, УНИБанка претставува и зазема сериозен дел од финансискиот пазар во државата. nnn