60
„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13 Број 97 Ноември 2017 50 денари

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13 - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/11/97-Shtit.pdf · „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13“ Издавач Министерство

  • Upload
    doanthu

  • View
    242

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13“

Број 97Ноември 2017

50 денари

На 17 октомври во касарната „Боро Менков“ во Куманово свечено беше одбележан Денот на ЗОК. На свеченоста присуствуваа претседателот на Република Македонија и врховен командант

на вооружените сили Ѓорге Иванов, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во МО Драган Николиќ, генералите во АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот, од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на единиците во АРМ, поранешни команданти на ЗОК, воени аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости од локалната самоуправа и општествените организации. Претседателот на РМ и врховен командант на АРМ Ѓорге

Иванов во своето обраќање повлече историска паралела со која ја посочи одредницата 17 октомри како ден на кој во 1878 г. е кренато Кресненското востание. Токму тој ден е одреден да биде Ден на ЗОК и како што рече претседателот Иванов, припадниците на оваа единица треба да се горди на тоа. „Како врховен командант можам да констатирам дека ЗОК чекори смело кон исполнувањето на мисии и задачи, оставајќи силен белег во достигнувањето на високите стандарди на Армијата. Со ефикасноста во командувањето и контролата со потчинетите единици, како и планирањето и реализацијата на модерна обука со персоналот, ЗОК се наметна како еден од главните столбови на кои се потпира Генералштабот на АРМ“, истакна во своето кратко и

Свечено одбележан Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК)

ШТИТ година IX број 97 ноември 2017

3

ИнфоРегионалниот центар за односи со јавноста на „PTEC Marketplace“ во Брисел

Интервју Интервју со бригаден генерал Зоран Милевски, командант на Здружената оперативна команда на АРМ

На прва линијаТерор во Манчестер

ГлобалНерегуларно војувањеВлијанието на географијата

ЕдукацијаОперативна вештина -ситуационо и фундаментално изненадување

ЕдукацијаПрва категорија на Стручна борбена оспособеност

24 часа„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13“ ВооружувањеХеликоптер „H145M“

ВооружувањеАфриканскиот воин „RATEL IBV“

Вооружување„Паметни“ пиштоли

Еко-безбедностНелегална трговија со ретки или заштитени ресурси

Низ историјатаБункер „Готеница“

Филм„Воз на животот“

с о д р ж и н а

1014

6

21

2428

3442

46

18

32

53

Свечено одбележан Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК)

содржајно говорење пред присутните на манифестацијата, претседателот на Р. Македонија , Ѓорѓе Иванов. На свеченоста за почетоците, досегашниот развој, трансформациите, актуелните состојби и потенцијалните перспективи, говореше командантот на ЗОК, генералот Милевски. Инспириран од важноста на оваа единица и од самата одговорност која ја има како нејзин командант, не штедеше зборови да ги презентира сите успеси кои истата ги има постигнато и да им се заблгодари на сите нејзини припадници за досега сработеното, за кое истакна дека нити било малку, ни воопшто лесно. По повод Денот на ЗОК од страна на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, и командантот на ЗОК беа доделени пофалници и награди за постигнати резултати, како и унапредувања во повисок чин на припадници на ЗОК.

Митко Василевски

56

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13“

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

Претседател на Издавачкиот советРадмила Шекеринска

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:

Билјана Иванова(графичко уредување, корица)

Умит Реџепи (техничко уредување),

Митко Василевски (новинар),

Кристина Илиевска (новинар),

Ксенија Митева (лектор);

Александар Атанасов (фотографии)

Печати: „ДАТАПОНС“

Скопје

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

4

Празникот 11 Октомври - Денот на народното востание “ беше одбележан ширум нашата

држава, традиционално и во Прилеп, градот–херој, каде што свое учество во одбележувањето на празникот имаше и делегација на МО на Р. Македонија и на ГШ на АРМ, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, придружувана од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Министерка за одбрана Радмила Шекеринска, честитајќи го празникот изјави дека „непобедени се сите оние кои се бореле за слобода и како резултат на нивната борба пред многу години, денеска Македонија е независна и суверена држава, потенцирајќи дека секоја генерација има своја борба и дека нашата држава покажува дека е зрела да продолжи да ја развива демократијата и економијата и да ја зајакнува безбедноста, и дека на овој ден, покрај почитта која ја даваме на загинатите борци, време е да се посветиме и на оние кои денес безрезервно ја штитат нашата држава и државните интереси“.А, во поглед на конкретните чекори со кои државата ќе покаже дека се грижи за своите бранители, министерката за одбрана при посетата на касарната во Штип, јавно проговори за одлуката на Владата да се зголемат платите на припадниците на Армијата за 10 проценти и тоа од јануари 2018 година. „После долги преговори што ги водевме и во Владата и со

министерот за финансии, успеавме да обезбедиме не само повеќе средства за одбраната во 2018, туку и да обезбедиме доволно средства за сите припадници на армискиот состав од јануари 2018 да добијат покачување на плата во износ од 10 проценти“. Таа пред припадниците на Армијата посочи дека долга низа години не се инвестирало доволно во условите за работа во Армијата и дека со право припадниците на Армијата критикувале дека биле заборавени и занемарени. „Сакаме да ја исправиме таа неправда, сакаме да ги подобриме условите за работа, сакаме да покажеме дека Македонија е определена реално за членство во НАТО. А, напорите и заедничката работа за зачленувањето на Република Македонија во НАТО треба да биде уште еден мотив повеќе за да ја направиме Македонија побезбедна, посигурна и поатрактивна за инвестиции“. Ќе заклучиме дека во напорите за остварување на таа примарна стратешка цел, припадниците на Армијата на Република Македонија имаа, имаат и ќе имаат несомнено голем придонес. И затоа и сега, а со зачленувањето во НАТО уште повеќе, на нашите сегашни и идни бранители ќе им бидат овозможени подобри услови за работа, повисоки плати и современо оружје со што тие ќе бидат уште помотивирани и поподготвени да ја бранат и достоинствено да ја претставуваат нашата држава – Република Македонија.

д-р Жанет Ристоска

Грижа за бранителите на Македонија -

минати, сегашни и идни...

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

5

Инфо

Делегација од експерти од Министерството за одбрана на чело со министерката за одбрана

Радмила Шекеринска, оствари средба со делегација од Генералната дирекцијата за меѓународна соработка и стратегија при Министерството за одбрана на Република Франција. Делегацијата од МО на Франција беше предводена од Оливие Ланду, директор за Европа, Северна Америка и мултилатерална соработка. Средбата се должи на определените активности содржани во Планот за билатерална соработка на Република Македонија со Република Франција и имаше за цел одбранбените експерти од Македонија и од Франција да разменат мислења за повеќе стратегиски прашања, како и да се отворат можности за продлабочување на соработката. Министерката за одбрана во разговорите потенцираше дека унапредувањето на соработката е од исклучително значење за Република Македонија на патот кон НАТО, особено поради улогата и значењето на Франција во НАТО, ЕУ, ООН, како и во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика. Шекеринска ги запозна експертите од Франција со актуелните активности на Владата, како и со Министерството за одбрана за реиницирањето на реформскиот процес во насока на постигнување на стратегиската цел на Република Македонија – членството во НАТО. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска оствари средба со воена делегација од НАТО, предводена од бригадниот генерал Маријан Јелениевски, заменик-директор на Секторот за безбедносна соработка на НАТО. Целта на посетата на воената делегација од НАТО беше да се иницира продлабочена соработка меѓу НАТО и АРМ. На средбата беше констатирано дека засилената политичка активност на Р. Македонија кон НАТО треба да се поддржи со поблиска воена соработка, и беа понудени три предлози за зголемување на воената соработка помеѓу воената структура на НАТО и АРМ. Тоа би се реализирало преку штабни разговори на експертско ниво еднаш годишно, при што експерти од НАТО и од АРМ ќе разговараат за прашања од заеднички интерес. Исто така преку редовен годишен состанок на ВК на НАТО со АРМ ( формат 29+1) и подобра репрезентација на АРМ во НАТО, преку упатување на национален воен претставник на РМ во Сојузната команда на НАТО и пополнување на позиции за партнерски штабни офицери во воените команди на НАТО. Министерката Шекеринска истакна дека МО и Владата даваат поддршка на предлозите за подобра воена соработка. Таа изрази јасна поддршка за директната комуникација меѓу АРМ и воениот сегмент на НАТО, како и за идејата за одржување на годишни состаноци меѓу ВК на НАТО и АРМ.

Проширување на воената соработка меѓу НАТО и АРМ

Унапредување на соработката во одбраната меѓу Македонија и Франција

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, го отвори состанокот на Групата за

управување со безбедносната соработка во Југоисточна Европа. Групата претставува неформален и флексибилен форум за зајакнување на регионалната соработка преку бројни проекти и иницијативи. Оваа година со Групата претседава Република Македонија. На состанокот заменикот-министер посочи дека во денешниот мултиполарен свет, во кој безбедносните закани се асиметрични, глобалната безбедност може да се постигне единствено преку ефикасна соработка. Исто така, тој додаде дека и по 17 успешни акциски планови за членство, Македонија сè уште е на патот кон НАТО, но и дека реформите остануваат да бидат во нашиот фокус. Во рамките на состанокот, претставници од Министерството за одбрана ги презентираа одбранбената политика и меѓународната соработка во МО, придонесот на АРМ во мировните мисии, како и капацитетите на единствениот НАТО-сертифициран центар во државата, Регионалниот центар за односи со јавноста.

Состанокот со Групата за управување со безбедносната соработка во Југоисточна Европа

Заменикот-министерот за одбрана на Состанокот со Групата за управување со безбедносната соработка во ЈИЕ

Состанок на експертско ниво помеѓу делегации на министерствата за одбрана на Франција и Македонија

Министерката за одбрана и заменик-директорот на Секторот за безбедносна соработка на НАТО

6

Инфо

Регионалниот центар за односи со јавноста е формиран со Одлука на Владата на Република Македонија, во

2005 година, начелно за потребите на обуките од областа за односите со јавноста за земјите од САД-Јадранската повелба (Република Албанија, Република Хрватска и Република Македонија). Во јуни 2013 година по успешно завршената евалуација од страна на НАТО тимот за проценка и добиените високи оценки за организацијата и квалитетот на активностите кои центарот ги нуди, РЦОЈ стана 26. НАТО

партнерски центар за едукација и обука и воедно единствениот центар во оваа мрежа на партнерски центри која брои 31, кој целосно е посветен на едукација и обука од областа на односите со јавноста. Со ова, почитувајќи ги принципите на недискриминација зацртани во концептот на PTEC-центрите, од 2014 година меѓународните активности на РЦОЈ започнаа да се нудат на сите заинтересирани кандидати од земјите-членки на НАТО и Партнерството за мир, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, како и за земјите глобални партнери на НАТО.

Регионалниот центар за односи со јавноста на „PTEC Marketplace“ во Брисел

Регионалниот центар за односи со јавност (РЦОЈ/англ.PARC)

е единствен акредитиран НАТО партнерски центар за

едукација и обука во земјата и етаблиран регионален центар инкорпориран во структурата

на Министерството за одбрана на Република Македонија кој изведува национали,

регионални и меѓународни обуки

7

Учеството на редовната активност „PTEC Marketplace“, која се одржува еднаш годишно и е еден од настаните кои ги организира мрежата на НАТО партнерските центри за едукација и обука, претставува една од обврските на Регионалниот центар за односи со јавноста, преземени со стекнувањето на статусот како НАТО партнерски центар за едукација и обука. Регионалниот центар за односи со јавноста редовно учествува на активностите на мрежата на НАТО партнерски центри за обука, па така и оваа година зема учество на PTEC Marketplace кој се одржа во периодот

09-13 октомври 2017 во НАТО Штабот во Брисел. Имено, на овој настан секој партнерски центар (во моментов 31) имаше свој штанд на кој се изложуваше промотивен материјал за самиот центар и воедно беше претставен Каталогот со активности за наредната година. Регионалниот центар за односи со јавност ја претстави својата годишна програма за работа за 2018 година со курсевите кои ги нуди преку промотивен материјал, но на масата не недостасуваше ниту македонското вино и млечните производи во вид на закуска.

Домаќин на оваа активност беше помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика (NATO PASP), амбасадорот Алехандро Алваргонзалес кој во своето обраќање ја потврди важноста на оваа мрежа на центри како за самите земји така и за НАТО. Тој истакна дека со оглед на тоа што НАТО се фокусира на помагање на партнерите за развој на одржливи, ефикасни и отпорни одбранбени институции, PTEC заедницата силно се ангажира да донесе одржлива и конкретна дополнителна вредност за целокупната иницијатива за проектирање на стабилност. Важноста на зајакнувањето на човечката и оперативната интероперабилност и трансформација преку одбранбеното образование во различни земји е високо на агендата на НАТО и треба да продолжиме заедно кон тој пат – потврди амбасадорот Алваргонзалес.Оваа активност која има изложбен карактер, има за цел промовирање и зголемување на видливоста на партнерските центри за едукација и обука на меѓународно ниво. Штандот на Регионалниот центар за односи со јавноста несомнено беше еден од подобро посетените штандови, првенствено затоа што центарот е единствен од овој вид кој нуди обука на кадри за односи со јавноста, како и поради фактот што оваа професија станува една од најбараните заради градењето на стабилност преку добро информирање, транспарентност и борба против хибридни закани како што се пропагандата и ширењето на лажни вести. Во денешно време односите со јавност не се професија туку клуч на успехот. Добро обучен и искусен персонал за односи со јавноста е повеќе од потребен, а недостатокот од него се чувствува дури и во НАТО. Зошто Регионалниот центар станува сè поатрактивен во НАТО заедницата, а и пошироко е прашање чиј одговор се крие во фактот што персоналот обучен за односи со јавност во PARC, по обуките е подготвен ефективно да се вклучи во односи со јавноста на нивните редовни должности во мировно време, во кризни ситуации, како и кога се распоредени во операции. Дополнителната вредност на PARC е тоа што Центарот не само што обучува широк спектар на персонал низ државните институции и владините агенции, туку создава и единствена мрежа на експерти од односи со јавност низ целата земја и светот.

Габријела Ѓорѓевиќ

Регионалниот центар за односи со јавноста редовно

учествува на активностите на мрежата на НАТО партнерски центри за обука, па така и оваа година зема учество на „PTEC Marketplace“ кој се одржа во

периодот 09-13 октомври 2017 во НАТО Штабот во Брисел

8

Интернационален курс за односи со јавностa во меѓународни операции се одржа во периодот од 16 до

20 октомври во Скопје. Регионалниот центар за односи со јавноста (кој е во склоп на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка) беше домаќин на 17 учесници од 11 различни нации. Италија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Израел, Србија, Украина, Грузија, Кина и Македонија го сочинуваа спектарот на различности кои едноставно функционира како еден. И функционираше. Вистинска можност да се почувствува интернационалното опкружување и да се биде уште еден чекор поблиску до мултинационалната средина. Уште веднаш, понеделнички, мразот беше скршен, се создаде една убава, топла, пријателска атмосфера, а курсот и програмата беа прифатени на најдобар можен начин. По воведното обраќање и

Инфо

Кога курсот е повеќе од „САМО“ курс

9

желбите за успешен курс од страна на шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје, морнаричкиот капетан, Горазд Бартол, учесниците се запознаа со тоа што значат и колку се важни односите со јавноста во меѓународните операции. Господинот Рој Торвалдсен од Норвешка (доколку ја пишуваме неговата НАТО биографија би ни биле потребни повеќе страници) веднаш го привлече вниманието на учесниците, а подоцна започнаа и практичните вежби. И како започна, така и продолжи концептот на курсот. Во утринските сесии теоретски предавања, а попладневно следуваа вежбите и праксата. Едно од правилата кое го прави Регионалниот центар за односи со јавноста уникатен, тотално различен од другите и една од причините поради која е препознатлив, се токму тие практични вежби. Утрински, приближување на НАТО стандардите, за она што значи стратегиска комуникација и комуникацијата во НАТО средина, како и посочување на основните правила за ефективна комуникација. Попладне, применување на истите низ вежби за креирање клучни пораки, ТВ интервју, до тоа како се оддржува прес конференција

и ТВ дебата.На 18 октомври, среда, вистинско уживање. Позитивна енергија на кој никој не можеше да ѝ одолее. Господинот Дејвид Бејли, Британец, објасни што значат и колку се важни социјалните медиуми и мрежи. Алатка без која не може да се замисли современиот начин на живот, современото функционирање и комуницирање. Како целина и заклучок, крајно продуктивен курс, споделени многу искуства и знаења како од гостите предавачи, така и од домашните инструктори. Мартина Кимовска

посочи некои начини како се гради репутацијата во меѓународните операци, мајорот Златко Блажески за културните разлики во истите, Елена Трајановска за тоа како се комуницира ефективно, Ристо Каратановски за она како новинарите го доживуваат целиот тој процес, Габријела Ѓорѓевиќ за ефективен начин на дебатирање... Веќе „нашиот“ мајор од Хрватската морнарица и еден од сертифицираните медиа-тренери, редовен предавач на курсевите во Регионалниот центар за односи со јавноста, Владимир Шкарица го приближи до учесниците начинот на организирањето на прес-конференции. И на крај, кога сè ќе заврши, целиот комуникациски процес, потребна е анализа на истиот. За појаснување на следењето и анализата на медиумите беше задолжен Душко Аврамовски. Одличен тим и одлично завршена тимска работа.А поголемо задоволство од она кога целта е постигната – нема! Задоволни учесници кои ќе понесат преубаво искуство, збогатени со знаење и она најважното, со проширена мрежа на пријатели, колеги од други држави кои сите заедно ќе ги врзува еден заеднички курс. И како што и самите рекоа и ветија, добриот глас и препорака за Регионалниот центар за односи со јавноста ќе го рашират насекаде каде што ќе имаат можност. На нас останува да ја оправдаме нивната доверба и задоволство и да ја продолжиме добрата работа.

Ристе Каратановски

Во периодот од 16 до 20 октомври, Регионалниот

центар за односи со јавноста (кој е во склоп на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна

поддршка) организираше Интернационален курс за

односи со јавноста и беше домаќин на 17 учесници од 11

различни нации. Уште веднаш, понеделнички, мразот беше

скршен, се создаде една убава, топла, пријателска атмосфера,

а курсот и програмата беа прифатени на најдобар можен

начин

Едно од правилата кое го прави Регионалниот центар за односи со јавноста уникатен, тотално различен од другите и една од причините поради

која е препознатлив, се практичните вежби. Утрински,

приближување на НАТО стандардите, за она што значи

стратегиска комуникација и комуникацијата во НАТО

средина, како и посочување на основните правила за ефективна комуникација.

Попладне, применување на истите низ вежби за креирање

клучни пораки, ТВ интервју, до тоа како се оддржува прес

конференција и ТВ дебата

Кога курсот е повеќе од „САМО“ курс

10

бригаден генерал Зоран Милевски,командант на Здружената оперативна команда на АРМ

Како командант на ЗОК, команда под која се најголемиот број единици на АРМ, ќе ни ја посочите ли

главната мисија на ЗОК во рамките на АРМ.– Мисијата на Здружената оперативна команда е комплексна и истата произлегува од структуираноста на ЗОК како команда под која се наоѓаат најголемиот број на единици од кои е сочинета АРМ. Мисијата ја чинат три основни постулати: подготовка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили на АРМ за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на РМ; со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и во операции предводени од ООН/НАТО/ОБСЕ/ЕУ и да придонесува во заштита на пошироките интереси на Република Македонија.

Историјата на ЗОК, во определени организациони облици, датира од самите почетоци на формирањето на АРМ, посочете ни ги најзначајните трансформации и прилагодувања на овој значаен организационен елемент од структурата на АРМ.– Ќе се осврнам накратко на досегашниот развој на ЗОК. ЗОК егзистира од самиот почеток на формирање на АРМ. Во периодот 01.04.1992-01.10.2000 година во организациско-формациската структура како Команда на 1.армиски корпус во АРМ. На 01.05.2002 година Командата на 1.армиски корпус се трансформираше во Команда на КОВ. Согласно предизвиците и новите закани по безбедноста на Република Македонија, како и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, од 10.08.2005 година Командата на КОВ се

Интервју со

На 17 октомври во касарната Боро Менков во Куманово свечено беше одбележан

Денот на Здружената оперативна команда. Тоа беше

поводот да поразговараме со командантот на ЗОК

бригаден генерал Зоран Милевски и нашите читатели да ги запознаеме со мисијата, задачите, трансформацијата и други информации за оваа значајна команда во рамките

на АРМ

11

бригаден генерал Зоран Милевски,командант на Здружената оперативна команда на АРМ

трансформира во Здружено оперативна команда (ЗОК) во чиј што облик егзистира до денес.

Каква е организационата структура на ЗОК и кои се нејзините најважни задачи?Здружената оперативната команда, согласно организациско-формациската структура е сочинета од : 1. механизирана пешадиска бригада, Воздухопловна бригада, Бригада за логистичка поддршка, Баталјон на воена полиција, Баталјон за врски и Команда на резервни сили.Задачите на Здружено оперативната команда произлегуваат од мисијата на ЗОК и нив би ги дефинирал низ следното:1. Подготовка на конвенционалните и воздухопловните сили.2. Изведување на операции и давање на воена поддршка како земја домаќин на меѓународните сили на територијата

на Република Македонија.3. Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Република Македонија.4. Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа.5. Подготовка на декларираните сили.6. Достигнување на целосна интероперабилност и интероперативност со НАТО.7. Асистенција на сигурноста на цивилните структури во случај на природни катастрофи и во зачувување на виталната инфраструктура како земјотреси, пожари поплави и во останати кризни ситуации како на пример: снабдување со храна на населението во планински изолираните региони во зимскиот период, изведување на инженериски работи

во регулирање на речните корита, пошумување и слично.

Дали ЗОК на АРМ во моментот е целосно функционална според стандардите на НАТО и како тоа се валоризира и проверува во рамките на НАТО?– ЗОК во моментот е целосно интероперабилна според стандардите на НАТО. За тоа најголема потврда се нашите мировници во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан кои работат рамо до рамо со своите колеги од НАТО алијансата. Секако со цел да се изврши соодветна проверка на нашата интероперабилност и борбена подготвеност согласно стандардите на НАТО, единиците минуваат низ процес на евалуација согласно Концептот на оперативни способности (OCC) по што се здобиваат со соодветен сертификат кој ја потврдува таа подготвеност. Секогаш оценувањето, особено на

нашите декларирани состави, е мониторирано од претставници на НАТО алијансата како дополнителна потврда и гаранција дека патот кој е изоден во процесот на евалуација на единиците е согласно НАТО процедурите.

Дали резултатите на оценувањата кои ги добиваат единиците од Вашиот состав, како што беше последното реоценување на средната пешадиска баталјонска група по НАТО-концептот за оперативни способности Ниво-2, би можеле да бидат уште повисоки доколку опременоста и модернизацијата на опремата се на ниво кое го имаат армиите членки на НАТО?– Секако, покрај обученоста, еден од главните фактори за подигнување на

12

борбената готовност на повисоко ниво, а со тоа и постигнување на повисоки резултати во текот на оценувањата и реоценувањата според НАТО концептот е токму опремувањето и модернизацијата на опремата на припадниците на АРМ, затоа е потребно вложување на дополнителни средства со кои би се извршила набавка на современа опрема, пред сè на: оклопни возила, ракетни системи, современи средства за врски, системи за противвоздушна одбрана,

инженериски средства, средства за АБХО заштита и слично.

Во изразито сложените мировни мисии во рамките на НАТО, ООН и ЕУ кои АРМ ги има на меѓународен план, ЗОК не само што е одговорната за оперативно извршување на овие мисии туку и партиципира со свои припадници и техника. Можете ли да ни посочите на некои од позначајните ангажмани на припадниците од единиците на ЗОК?

– Припадници на Здружено оперативната команда учествуваа и учествуваат во мировните операции во Ирак, во Авганистан, во Либан и во Босна и Херцеговина, каде што добиваа највисоки признанија од авторитетите на земјите-членки на Северноатлантската алијанса. Би сакал да истакнам дека во текот на извршувањето на мисијата припадниците на ЗОК добиваат одговорни задачи и задачи кои се ризични по нивната безбедност и

13

животи. Нашите единици беа и сè уште се ангажирани во обезбедување на Главната команда на силите за задача во Авганистан што е едно огромно признание за нас како армија и држава. Нашиот персонал е активно вклучен во тимовите за обука, асистенција и советување на припадниците на авганистанската армија рамо до рамо со нашите партнери од НАТО алијансата. Тука воопшто не би ја намалил и нашата контрибуција во изградбата на мирот во Босна и Херцеговина и во Либан која е од исклучителна важност.

Кои се Вашите искуства во рамките на организацијата и реализацијата на бројните меѓународни вежбовни активности на армиските единици кои се организирани на територијата на Република Македонија и колку се значајни заедничките вежби со армиите на земјите-членки на НАТО и партнерите ?

– ЗОК како дел од АРМ, има за задача да обезбеди непрекинатост на високиот степен на борбена подготвеност на потчинетите единици. Оваа задача ја исполнуваме преку различни форми на обука, кои се протегаат од основна индивидуална, преку колективна, завршувајќи со здружени форми на обука, односно реализација на вежби. Овие активности претставуваат ултимативен тест и секако увид во способноста на единиците и командите да ја исполнат доделената мисија и суштинските задачи. Планирачкиот процес за реализацијата на вежбите подразбира повеќедимензионален, т.е. сеопфатен преглед на условите на модерното боиште, на тој начин создавајќи максимално реални услови за подготовка на командите и единиците за успешно справување со предизвиците тогаш кога е најпотребно.

Динамиката на промените на боиштето во денешни услови е со толкав интензитет, што и најопремените и најобучените армии во светот не можат самостојно да ги следат, поради што постои потребата од размена на идентификувани лекции и искуства со вооружените сили на партнерските земји.Ова, во основа, ја дефинира потребата и неопходноста од планирање и реализација на вежби од меѓународен карактер. Во секој случај, вежбите од меѓународен карактер се и основа за исполнување на дел од преземените обврски на Република Македонија на патот кон НАТО. Во овој контекст би го истакнал серијалот на вежби „Македонски блесок“ кој оваа година се реализираше по тринаесетти пат, каде декларираните единици од АРМ го презентираат нивото на интероперабилност, а секако и способноста за исполнување на доделената мисија, како дел од басенот на сили на НАТО. ЗОК во текот на 2017 со

свој персонал учествуваше на повеќе од 20 меѓународни вежби кои се неисцрпен извор на знаење и искуство. Kако земја-домаќин за 2017 година на иницјативата А-5 мошне успешно ја реализиравме и вежбата „Здружена реакција-17” и секако една од најголемите вежби оваа година реализирана со нашите партнери од САД, „Dragoon guardian“. Успешната приказна на серијалот вежби „Македонски блесок“ продолжува и во 2018 година со реоценување на четата на Воената полиција.

Колку се обрнува внимание на едукацијата и професионалниот развој на припадниците во рамките на ЗОК и како и каде се школуваат припадниците на АРМ во рамките на единиците на ЗОК?– Едукацијата и професионалниот развој на припадниците на ЗОК

претставуваат важен сегмент во оспособувањето на припадниците на ЗОК. Освен Воената академија каде што се врши производство на нашите идни офицери, а во чии рамки е и Командно-штабната академија, наши припадници се школуваат во голем број на земји кои се НАТО членки и останати земји со кои што имаме воспоставено воена соработка, каде што се реализираат разни школувања и курсеви како што се: Командно-штабна академија, Школа за национална одбрана, борбено - штабни курсеви, јазични курсеви и слично.

Доколку наскоро станеме 30. земја-членка на НАТО, дали ЗОК може да одговори на обврските во колективната одбрана кои се бараат од земјите - членки кои се однесуваат на воениот дел?– Секако, ЗОК може да одговори на обврските од колективната одбрана на НАТО кои се однесуваат на воениот дел, но како што напоменав и претходно, неопходна е модернизација на опремата и техниката на рамниште на земјите од НАТО со што би се реализирале сите произлезени обврски во целост. Напоменувам дека нашиот најголем влог и гаранција во остварувањето на оваа стратешка цел за армијата и државата е обучениот и едуциран персонал согласно НАТО стандардите по школите и центрите за обука на нашите партнери од НАТО алијансата. Тие се оние кои го трасираат вистинскиот пат кон реализацијата на таа цел.

д-р Жанет Ристоска

14

Салман Рамадан Абеди, бомбаш-самоубиец, кој во Манчестер – Велика Британија уби 22 невини лица и повреди

уште 250, според разузнавачките анализи, имал врски со глобална терористичка мрежа која се протега на три континенти. Тој бил 22-годишен британски сунитски муслиман со либиско потекло. Роден е во Манчестер на 31 декември 1994 година во семејство на либиски бегалци кои се населиле во Манчестер по бегството од владата на Моамер Гадафи. Абеди бил меѓу група на ученици кои го обвиниле својот учител за исламофобијата поради критикување на извршените терористички самоубиствени бомбашки напади низ светот. Неговото семејството било многу традиционално и религиозно. До 2012 година бил социјален тип кој се дружел со своите пријатели. Неговото семејство ја посетувало „Дидсбури“ џамијата во Манчестер, а Абеди манифестирал омраза кон имамот кој проповедал против терористичките

организации на Исламската држава и Ансар ал Шеријат. Неговите родители се родени во Триполи, а во 2011 година по соборувањето на режимот на Гадафи, се вратиле во Либија, додека Абеди останал во Велика Британија. Во периодот од 2009 година до 2014 година завршил средно училиште, студирал на колеџот во Манчестер за потоа да се запише на Универзитетот во Салфорд, каде што студирал бизнис-менаџмент. Подоцна го напуштил универзитетот и се вработил да работи во пекарница.Тој им бил познат на британските безбедносни служби и полицијата, но според нивните процени не претставувал голем безбедносен ризик, бидејќи бил поврзан со ситен криминал, но никогаш не бил регистриран дека манифестира милитантни ставови. Во годината пред нападот, познато е дека Салман Абеди патувал од Велика Британија во Либија и во Германија и ги посетил ќелиите на ИД во Сирија. Само четири дена пред нападот тој бил забележан во Германија.

На прва линија

Терор во Манчестер

На 22 мај 2017 година во 22:31 часот, бомбаш-самоубиец ја активирал импровизираната

експлозивна направа во фоајето на арената во Манчестер. Нападот се

случил по завршување на концертот на Ариана Гранде, на кој присуствувале 14.200

луѓе, а експлозијата била смртоносна и до 20 метри.

Ова е најсмртоносниот напад во Велика Британија по лондонските бомбашки

напади од 7 јули 2005 година, а во истрагата беа вклучени

најголемите полициски и разузнавачки служби во светот

15

Абеди допатувал во Манчестер од Диселдорф, непосредно пред да го изврши самоубиствениот напад, а според „Скотланд јард“, тој во Германија остварил контакт со милитантни исламисти. Иако тој најверојатно бил поврзан со софистицирана ќелија на ИД во Европа, се претпоставува дека првично бил радикализиран на претходно патување пред околу шест години кога го посетил своето семејство во Либија. Првата посета на Абеди во Либија била во 2011 година, период кога тој бил опишуван од неговите соседи како „нормално пријателско момче“, фудбалски фан. Меѓутоа, за една година работите драстично се промениле. Според изјави на неговите соседи тој се повлекол во себе, а често на улица гласно ја пеел исламската молитва. Во периодот кога го напуштил Универзитетот во Салфорд, станал близок со двајца добро познати регрутери на ИД кои работеле во близина на Манчестер. Исто така, имамот од џамијата Дидсбури, изјавил

дека Абеди е трансформиран во опасен екстремист. Познато е дека десетина дена пред нападот се вратил од Либија, каде што остварил врски со џихадистите на ИД. Неговата сестра Јомана, по нападот, на нејзиниот профил на Фејсбук го оправдува нејзиниот брат, објаснувајќи дека тој бил лут поради теророт кој се врши со бомбардирањето на Сирија од страна на западните сојузници.Нападот бил пософистициран од некои претходни напади во Велика Британија или во други делови на Европа, па разумно е да се запрашаме дали го направил тоа самостојно. Во часовите пред нападот, Абеди е виден како се качил на воз во Лондон – најверојатно ги добивал последните насоки пред да го изврши самоубиствениот бомбашки напад.По нападот, таткото и братот на Абеди кои се наоѓаат во Либија се притворени, додека другиот брат бил уапсен во Манчестер. Пред неговото апсење во Манчестер, братот на Абеди ги отфрлил обвинувањата дека е член на Либиската исламска борбена група, но изјавил дека ја поддржува организација која е филијала на „Ал Каеда.“ Неколку часа по смртоносниот напад, терористичката

група Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Манчестер. Џихадистите на ИД го славеја „успешниот и изненадувачки“ напад и тврдеа дека тоа е „одмазда за воздушните напади на Мосул“. Ден потоа,нивото на заканата од тероризам во Велика Британија беше подигната од „многу висока“ до „критична“ поради стравувањата дека уште еден напад е неизбежен. Полицијата побара помош од армијата за поставување на вооружени воени лица на клучните локации низ целата земја, што беше одобрено од премиерот на Велика Британија.Според анализите на британските безбедносни служби, изолираните заедници, сегрегацијата и нерегулираното образование во Велика Британија придонесуваат за „размножување“ на екстремизмот и идните џихадисти. Британците од втората генерација на емигранти-доселеници се радикализираат преку многу опасна комбинација на изолацијата и екстремистичката онлајн содржина. Како резултат на горенаведеното многу е тешко да се профилираат и да се идентификуваат

16

потенцијалните напаѓачи, бидејќи меѓу нив има неписмени, образовани, со различна возраст и пол, и конечно има лица кои се непознати за безбедносните служби.Последните напади предизвикале масовно зголемување во бројот на повици кон националната телефонска линија за тероризам. Британските безбедносните служби по нападите имаат отворено 3.000 нови истраги за лица од интерес, додека постојат 20.000 претходни субјекти од интерес за службите. Оваа бројка секојдневно расте. Стравувањата дека поразот на терористичката организација Исламска држава на Блискиот Исток ќе предизвика зголемување на нападите ширум светот денес се реалност. Мерките кои беа преземени за спречување на потенцијалните европски џихадисти да се приклучат кон ИД денес претставуваат закана по националната безбедност на европските демократии - ако не можат да патуваат, зошто да не напаѓаат дома.Зошто е толку тешко да се превенира терористички напад како во Манчестер?Самоубиствениот напад во Манчестер ги потврди стравувањата на академската и експертска заедница дека „меките“ цели како што се стадионите и аеродромите, се изложени на заканата и тешко е да се заштитат од тероризмот. Безбедносните експерти постојано преземаат нови мерки за заштита како резултат на извршените терористички напади низ целиот свет, но заштитата на надворешниот периметар околу концертните или спортските објекти како „Манчестер“

Терористичкиот напад во Манчестер беше изведен кога гостите ја напуштаа арената, претставувајќи лесна цел. Во нападите во 2015 година во Париз, каде што 130 луѓе беа убиени во серија координирани напади, безбедносниот персонал го запрел самоубиецот-бомбаш да влезе во

фудбалскиот стадионот, за потоа да го активира експлозивот надвор од објектот. Проблемот со превенција на вакви видови напади на „меки“ цели е отсуството на стандарден протокол за формирање на безбедносен периметар надвор од објектите, што претставува дополнителен проблем за обезбедување на

вакви настани

арената претставува голем предизвик. Со поставување на неколку контролни точки пред влезовите во објектите се создаваат долги колони кои се лесна цел. И додека многу објекти веќе имаат широк безбедносен периметар надвор од влезот, многу е тешко да се одреди каде да започне и каде да заврши таа граница. Претставува предизвик да се интегрираат сите нивоа на безбедност во една ефективна заштита од оваа закана. Меѓутоа, невозможно е да се одржи постојано највисоко ниво на безбедност на сите нивоа.Терористичкиот напад во Манчестер беше изведен кога гостите ја напуштаа

арената, претставувајќи лесна цел. Во нападите во 2015 година во Париз, каде што 130 луѓе беа убиени во серија координирани напади, безбедносниот персонал го запрел самоубиецот-бомбаш да влезе во фудбалскиот стадионот, за потоа да го активирал експлозивот надвор од објектот. Проблемот со превенција на вакви видови напади на „меки“ цели е отсуството на стандарден протокол за формирање на безбедносен периметар надвор од објектите, што претставува дополнителен проблем за обезбедување на вакви настани. Затоа потребно е да се прецизираат конкретни

начини за спречување на терористички напади од типот на неконтролираното движење на камионот во Ница минатата година, а кои ќе бидат различни од мерките преземени за спречување на напади со подметнат пластичен експлозив во чевлите – пример, обидот за детонирање на експлозивна направа во чевлите на патник во авион на линија Париз - Мајами во 2001 година, предизвика патниците да ги соблекуваат чевлите кога поминуваат низ аеродромското обезбедување. Одредувањето на одреден безбедносен периметар на спортски стадиони и локации за концерти е голем проблем, а ќе поттикне и други безбедносни прашања предизвикани од долгите колони на луѓе кои претставуваат лесна цел којашто ја посакуваат милитантните екстремисти. Поголемите градови во Европа и во САД веќе објавија зголемени безбедносни мерки како одговор на нападот во Манчестер. Безбедносните експерти работат на зголемување на заштитата на посетителите, во и надвор од објектите. Дефинитивно крвавите настани кои се случија во Манчестер на 22 мај 2017 година ќе имаат големо влијание врз усовршувањето на безбедносните протоколи и тактики. Уште посигурно е дека по овој немил настан, свесноста кај луѓето за нивната лична безбедност ќе биде на многу повисоко ниво и „доколку се забележи нешто сомнително, веднаш да се известат безбедносните служби“ нема да биде само излитена фраза.

д-р Ненад Танески

Во античките времиња војската на Рим веројатно била најсмртоносната воена сила и скоро никој не можел да

ги победи на отворен терен. Таа се движела во масовни но флексибилни легионарни формации кои ефективно го користеле оружјето (долги копја, округли штитови, краток меч со двострано сечило гладиус) со пропратен психолошки ефект предизвикан од застрашувачко врискање. Дополнитело, многу специјалисти ги прателе легиите од заднина, како што се експерти за градење на патишта, артилериски механичари, градители на мостови, логистичари итн. Моралот кај војската бил могу висок. Сепак, кога

18

Нерегуларно војувањеВлијанието на географијата

Глобал

Има многу примери од минатото во кои теренот,

времето, климата или густината на населението

влијаеле на крајниот резултат во конфликтите. И во денешно време моќните

армии и понатака се се соочуваат со предизвици

во справувањето со бунтовниците на непристапен

терен

Нерегуларно војувањеВлијанието на географијата

оваа снажна војска ќе се соочела со непристапен терен и вешти герилци, супериорноста многу бргу исчезнувала. Токму ова и се случило на армијата на Цестус Галус. Таа марширала по тесни кривулести планински патишта од Ерусалем кон градовите на медитеранското крајбрежје под контрола на Рим. Легионарите и нивните локални сојузници биле пресретнати од лесно вооружени еврејски борци кои од високо ги напаѓале со стрели и копја а потоа се спуштале надоле со мачеви и ножеви. Тешката опрема и оклоп, која тежела и до 50 килограми по човек, ги правела легионарите премногу спори за да реагираат на изненадните брзи напади. Се што можеле да направат е да се заштитат под штитовите и да се молат за живот. Во оваа битка, со ефективно користење на теренот, еврејските герилци успеале да постигнат понижувачки пораз врз Римската војска, која изгубила повеќе од 5.700 војници. Друг пример каде што географските услови одиграле одлучувачка улога во конфликтот се случил во скорешната историја. Според историските записи, единствен успешен бунт на робови се случил во 1804 година во Хаити. Независноста на Хаити била прогласена во јануари истата година. Во Јамајка имало и други робови, наречени маруни, кои биле вешти, развиле изненадувачки герилски способности и успеале да ги задржат или да им се спротистават на британските напади со децении, но на крајот тие биле поразени. Единствените робови кои успеале да го срушат колонијалниот режим биле хаитиќаните. Значителен дел во нивната победа сепак зазема тропската клима која била екстремно поволна за комарците. Овие инсекти воини ја ширеле жолтата треска и маларијата, биле поужасни од сите непријатели и биле виновни за најоглемиот број на жртви кај војската дојдена од Европа. Има многу примери од минатото во кои теренот, времето, климата или густината на населението влијаеле на крајниот резултат во конфликтите. И во денешно време моќните армии и понатака се се соочуваат со предизвици во справувањето со бунтовниците на непристапен терен. Во делото на Дејвид Галула за справувањето со бунтовниците, детално е опишано влијанието на географските фактори. Доколку бунтовниците не се обидат да ги искористат предностите што ги нуди околината, тоа може да ги води кон директен пораз. Од друга страна, доколку бунтовниците изнајдат начин за ефективно користење на теренот, тоа може да им донесе големи бенефити. Галула прави список од осум различни фактори кои имаат ефекти на предност

или недостаток. Првиот фактор е местоположбата или локацијата. Таа претставува фактор кој има ефект на штета ако просторот каде што се водат борбите е изолиран со природни пречки или опколен со пустини, мориња или океани. Доколку соседните земји не гледаат со симпатија кон герилската кауза поддршката од „трета страна“ нема да биде достапна и ќе биде многу тешко да се добие. Вториот фактор се меѓународните граници. Овој фактор е во релација со локацијата, посебно кога земјите долж граничната линија имаат симпатии кон бунтовниците. Во овој случај, колку е подолга граничната линија толку поголеми се шансите за добивање поддршка однадвор и просторот за маневар на герилците е поголем. Третиот фактор е големината. Колку државата е поголема, толку е потешко

за режимот на власт да има контрола на целата територија. Тоа им дава поголем маневарски простор на бунтовниците, што е веројатно еден од нивните највредни средства за војување. Така, во 1906 година полковникот Чарлс Колвел наведува дека герилците поседуваат стратегиска предност во времето, маневарот, разузнавањето, ограничените потреби за поддршка и во иницијативата за прифаќање на борба во одредено место и време според сопствен избор. Четвртиот фактор е конфигурацијата. Доколку земјата може да се подели на помали парчиња или делови за да се задржи контролата, тоа создава обструкции за бунтовниците.

19

20

Така, комунистичките партизани во Грција заглавени во своите бази кои требало непрестано да ги бранат, на крајот биле поразени од националните сили кои имале лесна задача да ги локализираат и поразат. Доколку зоната на операции во конфликтот е архипелаг, како Филипините, слободата на движење на бунтовниците е ограничена, и во овој случај поморските сили добиваат на значај. Според Галула, петтиот фактор е теренот. Овој фактор не може да се додели како предност или недостаток на ниту една од завојуваните страни. Секако дека теренот е поволен за бунтовниците доколку тој е покриен со планнини, мочуришта, шуми и џунгли кои се непроодни за оклопни или моторизирани единици (пр.густо пошумените планини на Куба му помогнале на Фидел Кастро и Че Гевара, како и џунглата во Малаја им дале огромна предност на бунтовниците). Доколку теренот е делумно покриен со вегетација или нуди само ограничени можности

за маскирање и прикривање, технолошките иновации ќе ја зголемат предноста на силите кои се справуваат со бунтовниците. Шестиот фактор е климата. Постои генерално уверување дека екстремната клима би била предност за бунтовничките единици, но тоа не е така. Прво, државните сили најчесто имаат многу подобар систем на логистичка поддршка и опремени се со технички капацитети за поправка и одржување на опремата во исправна состојба. На пример, сезоната на дождови во Индокина била постојана главоболка за бунтовниците. Второ, ектремните температури можат да ги сопрат герилските активности, како што зимските месеци скоро ги сопреа активностите на ФЛН во Алжир, или во поскоро време Талибаните во Авганистан. Понатака, и покрај тоа што бунтовниците се навикнати да живеат во сиромашни услови, долготрајната

сиромаштија уште повеќе ќе влијае негативно на моралот во екстремни климатски услови. Седмиот фактор е населението. Од географска гледна точка, населението се гледа како густо населено или широко распрскано. Широко распространето население е предност за бунтовниците затоа што е многу потешко да се контролира. Исто така високиот процент на населеност во руралните средини во однос на урбаните им дава предност на бунтовниците. Последниот, осмиот фактор е економијата. Овој фактор може да функционира на двете страни. Економски неразвиена земја ќе биде биде многу повеќе добредојдена за герилско војување, затоа што двете страни немаат многу што да изгубат, но тоа нема да обезбеди добри услови ниту за бунтовниците ниту за државните сили. Спротивно, економски јака земја

се грижи за своето богатсво, и доколку герилските борби траат многу долго, населението може лесно да се сврти против бунтовничкото движење и покрај тоа што првично тие не биле против. И покрај тоа што листата на Галула е доволно широка за детална анализа на географските услови, треба да се истакне фактот дека во денешно време најголем дел од конфликтите се водат во или во непосредна близина на урбанизираните подрачја. Урбанизираното герилско војување се состои од многу активности, започнувајки од маршеви до вознемирување па дури и политички атентати. Технолошкиот развој, неограничениот пристап до технолошките производи е по присутен во големите градови отколку во руралните средини. Исто така, вештите лица кои или се високо образувани техничари или се екстремо талентирани аматери, живеат во градовите и се многу полесни за регрутација. Густо населен град може да пружи добро

прикривање и заштита за бунтовниците во иста мерка како што тоа го пружаат џунглите. Градовите даваат можност за полесно организирање на масовни собири и движења. Дополнително, градовите зависат од институции и инфраструктура кои обезбедуваат разни услуги и нивното нефункционирање може да биде корисна алатка во остваерувањето на граѓанска непослушност. Сепак, и покрај тоа што урбаното герилско војување нуди огромен број на прилики за оставрување на посакуваните резултати, истото има и свои ограничувања. Нападот на објекти кои нудат важни јавни услуги може да го вознемири населението, ризикот за откривање е многу повисок во однос на руралните подрачја, и бунтовниците можат да оперираат само во многу мали единици.

м-р Атанас Пановски

Од аспект на географските услови, идеален реон за водење на нерегуларно

војување од перспектива на послабиот би ги имал следните карактеристики: голема земја

која нема излез на море, најмалку една соседна земја

која ја поддржува каузата на бунтовниците, теренот е

планински и во најголем дел е покриен со џунгли или има распостранети мочуришта,

земјата е економски сиромашна, населението е широко распрскано во

руралните области

21

Едукација

Во обидот да се најдат проблемите со цел да се решат, воените организации често измислуваат проблеми или

идентификуваат погрешни, само за да се одржи самиот процес во живот, што е погрешно. Крајната цел станува нејасна, сведена на перцепција отворена за интерпретација. Воената е активност која секогаш создава нови проблеми и произведува нови крајни цели. Крајната цел секогаш се менува, бидејќи системот секогаш се менува и тоа е бесконечен процес. На пример, убивањето на Бин Ладен е само преод од еден во друг комплексен систем. Според теоријата на хаосот, слабеењето на „Ал каеда“ предизвика „бура“ во Сирија и во Ирак (се појави ИСИС). Ова е доказ дека еден систем може само привремено да се држи стабилен. Секогаш ќе има антитела во системот. Бидејќи самиот систем е хаотичен, целиот процес е хаотичен, а мирот нема да остане статичен и ќе генерира нови непријателства. Речиси секој проблем откако ќе се реши, мутира во нов проблем со нова крајна цел. На пример, иако Францис Фукујама со завршување на Студената војна прогласи „крај на историјата“ и победа на демократијата, Западот се соочи со старо-нови закани. Секогаш кога ќе се појави нова ситуација

се реформулира проблемот. Се јавуваат нови ограничувања кои зависат од капацитетите со кои располага воената организација. Доколку можностите се помали од очекуваните, се преиспитува оперативниот пристап и се работи со тоа со што се располага. Да не се прави ништо не е опција, бидејќи политиката на која војската ѝ служи ќе бара да се дејствува. Во текот на процесот на реформулирање на проблемот, се

откриваат новите услови во оперативната средина, за повторно да следи одредување на приоритетни задачи за исполнување на крајната цел.За да се сфати бесконечниот циклус на нови проблеми за воената организација, потребно е да се прифати дека секогаш ќе има „изненадувања“. Концептот на „фундаментално изненадување» учи дека функцијата изненадување покажува и открива многу повеќе за себе отколку противникот. Изненадувањата се неизбежни, бидејќи луѓето имаат ограничено знаење за себе и своето опкружување. За да се постигне изненадување, потребни се многу информации и нивно разбирање. Покрај научно-технолошките достигнувања и зголемените капацитети на државите за сфаќање на опкружувањето, изненадувањата и понатаму ќе се случуваат. Оној кој има намера да предизвика изненадување ги проучува фактите и претпоставките на неговата жртва, со цел креирање на лажна перцепција која би била лесно прифатлива. Истовремено, потенцијалната жртва го проучува потенцијалниот агресор за да ги открие неговите намери и да го наведе во погрешен правец. Општествата имаат навика да ги паметат стратегиските изненадувања, особено во

ситуационо и фундаментално изненадување

За да се справи со комплексноста на војната, западната воена мисла го има оперативниот дизајн како алатка за ефикасно

уништување варијабли. Оваа методологија нуди креативни пристапи за откривање можни решенија. Иако комплексните системи се отворени, крајните

линии секогаш остануваат поврзани и само динамиката се менува. Колку повеќе има варијабли, толку системот е

покомплексен

Оперативна вештина -

воена смисла. Во колективната меморија ретко се простуваат изненадувања во минатото спроведени од агресор. Тие се паметат и се проучуваат, бидејќи историјата ќе ја повтори оној кој не ја знае. Војските имаат традиција на учење лекции, особено на тоа како се реагирало на изненадувања во војна. Резултатите од стратегиските изненадувања лесно се идентификуваат, особено од страна на жртвата која се брани. Воената мисла по Втората светска војна сметала дека стратегиските изненадувања во иднина ќе бидат невозможни поради зголемената ефикасност на разузнавањето. За време на Студената војна на Западот се сметало дека комбинацијата на информации и технологија ќе ја реши непредвидливоста на политичкото однесување. Ова се покажало неточно неколку пати и повеќе агресори успеале да постигнат изненадување. Проблемот бил во тоа што технологијата иако нуди собирање на поголем број на информации, покрај корисните,

собира и нерелевантни информации. Неуспехот на обидот да се контролираат информациите најчесто не е поради нивен недостаток, туку поради нивно лошо интерпретирање. За да се надмине ова, во периодот по Втората светска војна дошло до зголемена примена на методи за операциски истражувања и развој на бројни аналитички алатки за обработка на информации. Напредокот во технологијата направи драстични подобрувања на воените капацитети за разузнавање и рано предупредување. Техниката овозможува прецизно откривање на локацијата и движење на било каква воена цел и автоматска анализа и дистрибуција на информациите, а во некои случаи и нивно пренесување директно на системите за контрола на оган. Развојот на компјутерите имаат голем придонес во ова, со една голема мана: недостаток на емоционална интелигенција. Сепак човечкиот инстинкт останува како најважен дел во системот на сфаќање на

информациите. Искуствата покажуваат дека независно за која војска се работи, обично разузнавањето нема проблем со собирање на факти. Проблемите настануваат кога треба да се прават претпоставки. Човековата амбиција, пристрасност и предрасуди негативно влијаат врз проценките и предвидувањата. Краткорочните анализи се обично поточни, но искуствата покажуваат дека долгорочните предвидувања се погрешни дури и во војски кои се технолошко надмоќни. Модерните воени организации се добри во истражување на нови алатки за работа, оружја и опрема, но кога треба да се предвиди како тоа ќе влијае долгорочно на војувањето, тука се прават големи отстапувања. Новите „играчки“, на пример, несекајќи го променија профилот на војникот. Зависноста од технологијата го прават помалку агилен и снаодлив, наспроти очекувањата дека идното војување ќе биде нелинеарно каде ќе се бара креативност и импровизација на боиштетето. Војска која се подготвува за линеарна војна, може да биде фундаментално изненадена кога нејзините војници нема да може да се борат откако ќе им се потрошат батериите. Денес како да постои опседнатост кај војниците да добијат „скапи играчки со многу копчиња“. Ова ќе предизвика оддалечување од базичните војнички вештини и разочарување во борбата против противници кои ќе се борат со импровизирани методи. Уште полошо е што овие побарувања на војските за нова светкава опрема е широкоградо прифатена од воено индустриските комплекси подготвени да ја произведат и продадат. Во обидот да се намали ефектот на изненадување на краткорочен

22

Ситуационите изненадувања се корисни бидејќи од нив се учи како да се

избегне фундаменталното изненадување, а второто е корисно за опстанок на поголемата организација. Од нив се влечат лекции за промена на свеста во

системот и подобрување на воената организацијата во целост. Фундаменталните

изненадувања укажуваат на појава на сосема непознато однесување и се корисни за

долгорочен развој

план, долгорочно се подготвува теренот за фундаментално изненадување кога цела доктрина и организациска култура на војската ќе се развие за погрешен вид на војна. Разликата меѓу ситуационо и фундаментално изненадување е во интензитетот. Додека првото е очекувано и се зема предвид, второто не. Бидејќи зголемување на улогата на технологијата и комплексноста на организацијата се прави за да се избегне изненадување, иронично шокот за двете ќе биде поголем кога тоа ќе се случи. На пример, во една војска ситуационо изненадување е кога нема гориво за возилата да излезат на терен. Фундаментално изненадување е кога командантот ќе сфати дека поради тоа што транспортот на единиците со години е зависен и неопходен од возила, војниците немаат ниту кондиција ниту желба да одат пешки. Колку една војска станува покомплексна и технолошки повеќе зависна, толку е

поголем јазот меѓу способноста да се превенираат ситуациони изненадувања и да се надминат ранливостите од фундаменталните изненадувања (искуствата покажуваат дека на современиот војник може да му падне мотивираноста доколку снема сладолед).Ситуационите изненадувања поттикнуваат решавање на конкретни проблеми, кои може да се надминат со постоечките технолошки алатки и научно разбирање. Меѓутоа, фундаменталните изненадувања поттикнуваат друг вид на размислување, кој е малку потежок за експериментирање бидејќи има подлабока суштина. Во логиката на фундаменталното учење нема постепен трансфер од ситуационо во фундаментално разбирање.

Ситуационото учење не може самото да поттикне информација за да се поттикне фундамнетално учење кое не е секогаш логично и за да се примени треба да се замисли иднината со други услови и настани. Тоа е сеопфатно размислување наспроти редукционистичкото каде нема граница помеѓу објектот и субјектот. За да се изврши трансформација од фундаментално сфаќање во учење кое ќе влијае понатаму врз доктрината на војската, потребно е лидерство со визија и капацитет за историска перспектива. Ова бара лидерско фокусирање на иднината кое ги надминува ограничувањата на ресурсите и прагматизмот, како и оперативна способност да се преведе апстрактното сфаќање во воена терминологија. Практичарите треба да знаат дека со процедури за рано предупредување може да се превенираат ситуационите изненадувања, но не и фундаменталните.

Тие се тешки за детектирање, но не и невозможни. Проблемот е што за разлика од ситуационите изненадувања кои имаат мерливи вредности кои лесно може да се детектираат, фундаменталните немаат. Решението лежи во фактот што за да дојде до фундаментално изненадување е потребно подолго време, т.е. периодот на инкубација е доволно долг за преку анализи на ситуационите изненадувања, теоретски може да се интервенира на време за да се спречи фундаментално изненадување.Постојат најмалку четири методи за детекција на индикатори кои може да доведат до фунаментално изненадување. Прв метод е непрекината анализа на состојбата на институцијата во однос на промените во опкружувањето. Овие

промени секогаш наметнуваат потреба од нова методологија за анализа. Втор метод е проучување на самите индикатори за фундаментално изненадување, не само учење на моменталните лекции. Трет метод е користење на позитивните изненадувања за учење на лекции исто како и негативните, иако тие директно не предизвикуваат политичка или социјална криза. Четврт метод е свесност за промените во опкружувањето кои може да имаат фундаментални импликации. Иако теоретски организациската меморија е неопходна за фундаментално учење, повеќето воени организации имаат краткотрајно сеќавање. Детекцијата на индикатори за фундментално изненадување е полесниот дел од превенцијата, бидејќи преодот од дијагноза кон превенција е потешко да се организира. Сфаќање и детекција на фундаменталните изненадувања бара војничката култура да ја балансира ефикасноста и слободата, да овозможи критичко размислување со метафори и да прифати различни политички перспективи во општеството. Ова значи да се доведат во прашање добро вкоренетите социјални парадигми на пресметлива рационалност како единствен легитимен начин на размислување. Субјективното знаење може да биде порелевантно за фундаменталното размислување отколку објективното. Суштински е да се сфати дека фундменталното размислување бара ситуационо разбирање. Доколку правилно се примени, ситуационото разбирање може да го подобри сеопфатното размислување. Меѓутоа, фундаменталното и ситуационо размислување не може да се изведат еден од друг, ниту да се комбинираат во една целокупност. Напротив, неопходно за пораст на воената организација е одржување на постојана тензија и недоследност меѓу двата начини на размислување.

Ѓорѓи Вељовски

23

Прва категорија на Стручна борбена оспособеност (СБО) претставува највисоко достигнување, односно највисока борбена

оспособеност во кариерата на еден пилот или техничар- летач. Согласно Правилникот за стекнување на воено-летачки звања и услови за распоредување во категории на воените летачи, предуслови за полагање на Прва категорија СБО за пилоти се да го има реализирано потребниот налет на воздухоплови, да има поминато одреден број години во претходната категорија и успешно да го положи Испитот за прва категорија со подготовка и одбрана на стручна тема пред комисија формирана од страна на највисоката Воздухопловна команда. За техничари-летачи предуслов е да има реализирано потребен број часови налет како член на екипаж на воздухоплови, да има поминато одреден број години во претходната категорија и успешно да го положи испитот според Програмата за прва категорија со подготовка и одбрана на стручна тема пред комисија формирана од страна на највисоката Воздухопловна команда.

Испитот за полагање на Прва категорија Стручна борбена оспособеност беше спроведен со четири кандидати, од кои тројца офицери и еден подофицер, сите припадници на вбр на АРМ, на претходно доделените теми од страна на Командата и тоа: потполковник Игорчо Стоименовски на тема „Квалитети и особини на инструктор и наставник по летање во вбр“; потполковник Кире Богданоски на тема „Заштита на хеликоптерите од пешадиско вооружување, лесни ПВО системи и ракетни системи (тактичко летање, активна и пасивна заштита);потполковник Драган Павловски на тема „Процес на обука на пилоти од психолошки аспект“; наредник Дејан Нацевски „Методско упатство за подготовка и извршување на пробни летови на хеликоптер Ми-24“.Стручната комисија која го спроведе Испитот беше составена од искусни пилоти и искусен техничар-летач, кои покрај своите редовни функции и задолженија долги години извршуваат наставничка должност во летањето, и зад себе имаат голем број на обучени пилоти и техничари летачи, во состав: полковник

ПРВА КАТЕГОРИЈА на Стручна борбена оспособеност

24

Едукација

На 20.09.2017 година успешно е реализиран

испит за полагање на Прва категорија на Стручна

борбена оспособеност (СБО) со тројца пилоти и еден

техничар-летач од составот на Воздухопловната

бригада (вбр) на АРМ. Испитот беше реализиран

во Командата на бригадата, во касарната „Страшо Пинџур“ - Петровец,

пред стручна комисија и голем број припадници на пилотскиот и техничкиот состав од единиците на

вбр, како и припадници од останатите единици

Роберт Малезански – командант на вбр; полковник Драги Ѓошевски - претставник од Службата воен-воздухопловен авторитет при Министерството за одбрана на РМ; потполковник Владимир Лазаров – претставник од Командата на вбр; и наредник Сашко Плачков - претставник од Сквадрон на транспортни хеликоптери.Пилотите и техничарот-летач кои ги исполнија условите и се стекнаа со право да полагаат Прва категорија СБО,зад себе имаат респектибилен налет и големо летачко искуство во извршување на редовните летачки задачи за потребите на Армијата и цивилните структури во земјата, реализација на обуки и дообуки на помлади пилоти, а исто така зад себе имаат учества на бројни меѓународни вежби, меѓународни мисии како и задачи надвор од границите на Република Македонија. Потполковник Игорчо Стоименовски е командант на Сквадрон на транспортни хеликоптери, инструктор по летање на хеликоптер „Ми-8/17“.Има завршено ВА „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, од кога и е на служба во АРМ. Има завршено Командно-штабна академија во Скопје. Во неговата кариера извршувал повеќе функции во Воздухопловната бригада. Курс за наставници по летање има завршено во Подгорица, Црна Гора од кога се стекнува со звање инструктор по летање на хеликоптер „Ми-8/17“. Има учествувано во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР, мисијата АЛТЕА во 2008 година, и е одликуван со медал „The European Security Defense Policy Medal“.Потполковник Кире Богданоски е заменик-командант и началник на штаб на Сквадрон на транспортни хеликоптери, наставник по летање на хеликоптер „Ми-8/17“. Има завршено ВА „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, од кога и е на служба во АРМ. Извршувал повеќе

функции во Воздухопловната бригада. Курс за наставници по летање во Подгорица, Црна Гора од кога се стекнува со звање инструктор по летање на хеликоптер „Ми-8/17“, а потоа и наставник по летање на хеликоптер „Ми-8/17“.Учествувал во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР, мисијата АЛТЕА во 2007 година, и е одликуван со медал „The European Security Defense Policy Medal“.Потполковник Драган Павловски е офицер за авијација во Секцијата А-3 во Командата на вбр, инструктор по летање на хеликоптер „Ми-8/17“. Има завршено Правен Факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (отсек Меѓународна дипломатија), а потоа стручно оспособување и усовршување за офицери при ВА „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, од кога и е на служба во АРМ. Завршил и Воздухопловна Командно-штабна академија во Монтгомери,

Алабама, САД. Извршувал повеќе функции во Воздухопловната бригада. Курс за инструктори по летање завршува во Скопје, од кога се стекнува со звање инструктор по летање на хеликоптер „Ми-8/17“. Учествувал во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), мисијата АЛТЕА, и е одликуван со медал „The European Security Defense Policy Medal“.Наредник Дејан Нацевски е подофицер за обука и вежби во Секцијата А-7 во Командата на вбр, наставник техничар оператор и пробен техничар-летач на хеликоптер „Ми-24“. Има завршено Средна воена школа „РВ и ПВО“ во Рајловац, Босна и Херцеговина, а на служба во АРМ е од нејзиното формирање. Извршувал повеќе функции во воздухопловството. Со звање наставник техничар оператор и пробен техничар-оператор се стекнува по завршените обуки и курсеви во Македонија.Учествувал во мисијата ИСАФ.Темите кои по стекнување на условите за полагање Прва категорија им беа доделени на кандидатите, се области за кои Командата на вбр сметаше дека е потребно да се направи подлабоко истражување и продлабочување на знаењата. Нивните стручни трудови стануваат стручна литература, која во специфичните области како што е воздухопловството, ретко се продуцираат. Истражувањата за темите беа базирани на користење на постојна стручна литература од странски автори, литература која е останата во „наследство“ од некогашната ЈНА, користење на слободни податоци од интернет, публикации од областа на воздухопловството, како и најсуштинскиот дел, податоци до кои е дојдено искуствено преку реалното извршување на летачки задачи односно размена на искуства помеѓу летачкиот персонал.

Кире Богданоски

25

Претседателот на комисијата полковник Роберт Малезански,

во завршниот збор, по успешната одбрана на темите, потенцираше

дека знаењето и искуството стекнато низ долгогодишната работа на овие припадници на

вбр треба да се стават на хартија, односно да се објават како

стручни трудови за да можат и идните генераци да учат од нив и да бидат мотивирани и самите

да истражуваат и да даваат придонес за развој на Военото

воздухопловство на АРМ

НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ ја подобрува соработката и дијалогот со сите партнери, базирани на научни

истражувања, иновации и размена на знаења. Исто така, програмата обезбедува финансирање, стручни совети и поддршка за релевантните безбедносни активности кои се развиени од страна на членка на НАТО и земјата-партнер. Покрај Воената академија, учесници во проектот се тимови од Факултетот за електротехника од Универзитетот во Љубљана - Словенија, Факултет за медицина од Универзитетот во Љубљана - Словенија, Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство од Универзитет „Кирил и Методиј“ од Скопје. Ангажманот на тимот од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во состав д-р Југослав Ачкоски, доцент (кодиректор), д-р Димитар Богатинов, доцент, вонреден професор д-р

Сашо Коцевски, Гоце Стефановски и м-р Бобан Темелковски, резултираше

со голем број на објавени научни трудови со

импакт

фактор, учество на конференции, како и организирани работни состаноци и теренски тестирања.Проектот SIARS се состои од моделирање, развивање и интеграција на постоечките избрани информациски системи (ИС) во нов современ телемедицински ИС којшто ќе овозможи спасување на поголем број повредени лица и ќе ја намали смртноста на бојното поле, во акции во кои учествуваат и војници на АРМ. Крајниот резултат од проектот ќе овозможи трансфер на информациите за повредените војници, ВИП или цивили на боиштето во однос на опис на повредата, генерални податоци за повредениот и други општи податоци, како и трансфер на податоци за витални знаци на живот како пулс, притисок и др., без притоа да се запишува во книги или друга тип на евиденција. Системот собира физиолошки податоци од најниската единица на една воена структура користејки „Zephyr BioHarrnes“ сензори за мерење на витални параметри. Имено, секој војник е опремен со Zephyr BioHarnes сензорот за континуирано мерење на виталните параметри (фреквенција на срце, фреквенција на

дишење и ментален статус). Сите членови на

тимот (TM) се опремени со „Tait“- радија кои служат за прием на податоци од биосензорот и нивен пренос преку радиоврска до болничарот (FR) и тактичкиот оперативен центар (TOC). Радиоврската, исто така се користи за гласовна комуникација и истата користи заштитен пренос на податоци. Добиените податоците од сензорите се обработуваат со помош на развиен алгоритам кој е базиран на фази-логика кој го пресметува степенот на ризик за здравјето и ја класифицира состојбата на војникот според MEWS (engl. Modified Early Warning Score) системот за класификација. Алгоритмот ја олеснува работата на болничарот (FR) и тактичкиот оперативен центар (TOC) со автоматска пресметка на нивото на ризик, класификација на жртвите, како и со други податоци кои можат да помогнат во планирањето на соодветна евакуација и минимизирање на ризиците, транспортот и медицинската грижа потоа. Во период од 24 до 29 септемрви 2017 година во Тузла, Босна и Херцеговина, беше извршена успешна презентација и тестирање на системот како дел од меѓународната вежба „EADRCC Consequence Management Exercise – Bosna I Hercegovina 2017”. Самата презентација предизвика голем интерес кај слушателите и истите ја потврдија корисноста на самиот систем. За време на тестирањето, системот беше тестиран во рудник за јаглен и истиот непрекинато вршеше пренос на податоци и класификација на корисниците.

д-р Димитар Богатинов

Воената академија и НАТО - Siars проектот

ЕдукацијаВоената академија „Генерал

Михаило Апостолски“ од Скопје покрај наставна дејност, во последниве

години дава особен придонес со свое учесто во научно-

истражувачки проекти. Еден од тие проекти кој е во

финална фаза на реализација е SIARS (Smart I (eye)

Advisory Rescue System)“ кој претставува 3 (три)-годишен проект финансиран од НАТО програмата „Наука за мир и

безбедност“

Меѓусебната интероперабилност во постапките, зацврстување на воените соработки и размена

на искуства прикажани на воената вежба „Здружена реакција 17“,ја отслика цврстата регионална армиска соработка и нејзиното позитивно влијание на севкупната безбедност во регионот.На теренската вежба која се одржа во период од 25 до 29 септември на Армискиот полигон „Криволак“, учествуваа единици на воената полиција од четири армии членки на иницијативата САД – Јадранска повелба во формат „А5“ , (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора),

како и две одделенија на Воената полиција од Националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота. Ентузијазмот и максималната посветеност на припадниците на воено-полициските единици при изведување на ситуационо-тактичките вежби кои беа зацртани според сценариото во потполност ги исполнија очекувањата и погоре наведените цели.Следејќи ги постапките при решавањето на повеќе тактички задачи од доменот на Воената полиција како: пребарување на објекти, справување со непријателски расположена толпа на луѓе, кордон и пребарување и рекации

при ескорт на ВИП личности, кои ги имаа сите единици, разликата можеше да се забележи само во бојата на униформите и националните обележја на припадниците на армиите-учеснички. Потполната интероперативност во постапките во согласност со НАТО стандардите го докажува многу одамна познатиот факт дека припадниците на АРМ од баталјонот на Воена полиција се пожелен партнер во сите НАТО предводени мировни операции и меѓународни вежби.Дека оваа вежба предизвика голем интерес се гледаше во големата присутност на денот за посетители кога пред речиси сите воени аташеи, резедитенти и нерезидентни назначени во Република Македонија и команданти на единиците на АРМ се демонстрираа различни борбени постапки и ситуации, како пребарување на населено место со кордонирање и евакуација на ранети и повредени со хеликоптер, при што беше прикажана врвна обученост и извежбаност.Вежбата „Здружена реакција 17“ беше увод во активностите и реализација на вежбата „Македонски блесок 13“ на која се изврши реоценување на Средната пешадиска баталјонска група и оценување на Ренџерската чета во согласност со концептот за оперативни способности на НАТО, Ниво 2.

Тони Јаневски

Здружено во остварување на заедничките цели „Здружена реакција 17“

24 часа

За време на вежбата„Македонски блесок – 13“, единиците на АРМ кои се оценуваа извршуваа комплексни и сложени борбени

задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим, при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.Реоценувањето на спбг и оценувањето на рч, согласно НАТО концептот за оперативни способности-Ниво 2 се изврши во период од 2 до 6 октомври на Армискиот полигон „Криволак“, од страна на сертифициран оценувачки тим составен од претставници од НАТО и национални претставници. Притоа беа демонстрирани процедури при обезбедување на база, кордон и пребарување, реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер „Ми-17“, патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и други. На вежбата ѝ претходеа подготовки

преку реализираните работилници и конференции. Вежбата се реализираше во 4 фази кои опфаќаа индивидуална и колективна обука (Ф-1); планирање на одговор на кризи (Ф-2); извршување (Ф-3),распоредување и извршување на оценување и фаза на анализа и проценка (Ф-4). Декларираните единици на АРМ вклучително и спбг, во претходните оценувања добиваа највисоки оценки согласно концептот за оперативни способности на НАТО, што го потврдува високото ниво на борбената готовност

за ангажирање во НАТО – предводените операции.Во периодот од 2 до 5 октомври на полигоните на Армискиот полигон „Криволак“ и во касарната „Илинден“ се спроведе НАТО оценување ниво II на декларираната ренџерска чета. Реакција на импровизирана експлозивна направа, кордон и пребарување, реакција на заседа, реакција на контакт, справување со затвореници итн. се само неколку од серијата на зададени сценирани инциденти низ кои припадниците на четата беа оценети за нивната

24 часа

Во текот на октомври во Центарот за обука „Пепелиште“ и на АП „Криволак“ се реализираше вежбата „Македонски блесок – 13“, која претставува ситуациона тактичка вежба на терен. Цел на вежбата

беше извежбување и НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на

ренџерска чета (рч). На вежбата учествуваа набљудувачи од НАТО тимовите за оценување и припадници на МВР

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 13“

способност. Како што беше истакнато при иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето, сите предвидени активности согласно листата на инциденти се извршени на највисоко професионално ниво, а официјалното известување ќе биде доставено дополнително од страна на НАТО. Декларираните единици на АРМ вклучително и спбг, во претходните оценувања добиваа највисоки оценки согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, што го потврдува високото ниво на борбената готовност за ангажирање во НАТО – предводените операции. Тактичка вежба со боево гаѓањеПо завршеното оценување, на 9 октомври беше изведена тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен пешадиски баталјон

во напад“ на која припадниците на АРМ го демонстрираа нивото на обученост и извежбаност на своите припадници во извршување на офанзивни операции на поголеми здружени состави од повеќе единици на АРМ. На тактичката вежба со боево гаѓање учествуваа повеќе од 800 припадници на АРМ во јачина на механизиран пешадиски баталјон од 1.мпбр, засилен со други единици од

бригадата, полкот за специјални операции и воздухопловната бригада. Согласно сценариото од нивна страна се прикажаа синхронизирани постапки во справување со терористичка група со употреба на огнена подготовка од повеќе видови на артилериски орудија и хеликоптерите „МИ 17“, потиснување на непријателот, уфрлување на тимови од специјалните единици за неутрализирање на раководни старешини, но и евакуација на повредени и други постапки.На гаѓањето, покрај највисоките воени авторитети, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, генералите во АРМ, присуствуваа пензионирани генерали, команданти на единиците во АРМ, асоцијацијата на воени аташеи, НАТО советодавниот тим и голем број

на други поканети гости. Приказот на мерките и процедурите во извршување на борбените постапки во сложени услови на воиштето, со употреба на голема огнена моќ, ја претстави подготвеноста на АРМ за исполнување на уставната мисија за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет, но и за сите предизвици кои се очекуваат од НАТО предводените операции. Тоа беше и истакнато од страна

на претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, во неговото обраќање пред припадниците на АРМ кои учествуваа во вежбата. Помеѓу другото, од страна на највисокиот воен раководител беше оддадено признание за професионалното однесување, високата мотивираност, покажаните вештини и обученост не само за беспрекорно изведената вежба, туку и штотуку завршеното оценување на вежбата „Македонски блесок-13“, но и за сите ангажирања на припадниците на АРМ во справувањето со елементарните непогоди.Импресиите од оваа активност и пред сè покажаната интероперабилност на постапките на декларираните единици во согласност со стандардите на НАТО беа искажани од страна на командантот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во изјавите пред медиумите.

Кристина Илиевска

Оценувањето на декларираните единици при изведување на операции за поддршка на мирот се врши според Концептот за

оперативна способност со кој се врши оценување на можностите за упатување на единици во меѓународни мисии предводени од

НАТО. Реоценувањето на спбг и оценувањето на рч, согласно НАТО концептот за оперативни способности-Ниво 2 се изврши во период од 2 до 6 октомври на Армискиот полигон „Криволак“, од страна на

сертифициран оценувачки тим составен од претставници од НАТО и национални претставници

32

Хеликоптер „H145M“

10. Кокпит, приспособен за користење на ноќни визири11. Кокпит со вградени дигитални LCD-монитори12. Електронски систем за војување опремен со: детектор за откривање од радарска и ласерска озраченост и детектор за откривање на лансирана ракета поврзан со диспензери на топлотни и радарски мамки13. Електронски нишанско/ оптички систем14. Антена VHF/AM2

H145M“ е повеќенаменски хели-коптер (развиен од компанијата „Airbus helicopters“), кој се карак-теризира со голема маневра-

билност, мала бучава на работа, солидна носивост, мали оперативни трошоци и го-лема сигурност на работа, со способност да дејствува во сите временски услови, но и преку ден и преку ноќ.Интелигентно осмислената конструкција овозможува од леталото да се развијат повеќе воени верзии и тоа: транспортна, извидувачка за аквизиција и означување на цели, за пребарување и спасување, за специјални операции, огнена поддршка, медицинска евакуација, командно летало и за морнарички мисии.Вкупниот простор на кабината на лета-лото е со волумен од 8,08 m³, а само транспортниот простор 6,04 m³. Додека внатрешните димензии на кабината се следни: најголема широчина од 1,55 m и најголема височина од 1,3 m. За влез/из-лез хеликоптерот поседува 5 врати, т.е. од секоја страна по една врата за пилотите, по една голема бочна лизгачка врата за транспортната кабина и една двокрилна врата на крајот од транспортната ка-бина. Ваквата градба овозможува брзо влегување/излегување од леталото, до-дека големиот број на вградени прозорци овозможува одлична видливост. Вообича-ено леталото поседува 2 члена на екипа-жот, а во транспортниот дел се сместени 9 војници, но по потреба леталото може да се управува само од еден пилот со цел превезување на 10 војници. При медицин-ска евакуација во задниот транспортен дел може да се сместат 2 носила плус 3 медицински лица. Инаку контролната табла во кокпитот е современо опремена со дигитални LCD-монитори, а воедно е приспособена и за користење на пилотски ноќни визири. Во леталото е вграден и GPS-систем, мисиски компјутер, дигита-лен автопилот Helionix, ELT (emergency locator transmitter/ локатор трансмитер за итни случаи), од нишански системи HUD и HMSD (нишански систем на пилотската кацига) со можност за дејство во ноќни ус-лови, а под носот на леталото е поставен нишанско/ набљудувачки ИЦ/ТВ електро-оптички систем со ласерски далечиномер и означувач на целта. Леталото поседува отворена архитектура која овозможува лесна надоградба (осовременување) на авиониката.За да се зголеми можноста за опстанок на боиштето, леталото поседува: балистичка заштита, самозаптивачки резервоари за гориво (капацитет 867 литри), намалувачи

на топлотните зрачења на издувниците од моторите, вграден е систем за електрон-ско војување во комбинација со детек-тори за откривање лансирани ракети и лансери на топлотни и радараски мамки, дуплирани се одредени хидраулични и електронски системи, плус конструкцијата, седиштата и скии-стојниот трап се про-ектирани да издржат големи удари при принудно слетување.Хеликоптерот на двата надворешни носачи може да понесе различни модели на оружја и тоа: подвесни контејнери со митралези од 12,7 mm или топ од 20 mm, повеќецевни лансери за ненаведувани ракети (со капа-цитет од 7, 12 или 19 ракети). По потреба на клиентот хеликоптерот може да се приспо-соби за користење на наведувани ракети. Покрај наведеното оружје, на бочните лиз-гачки врати по потреба на корисникот може да се постават постаменти за митралези со калибар од 7,62 mm.Како погон во хеликоптерот се вградени 2 турбовратилни мотори Turbomeca ARRIEL 2E, секој со максимална моќност од 800 kW и максимална континуирана моќност од 575 kW. Контролата на моторите се остварува преку двоен канал, со систем за потполна дигитална контрола. Погонот придвижува 4 композитни елиси и фене-строн задниот ротор. Од опрема на леталото може да се по-стават јажиња за брзо спуштање, витло со кука со носивост од 270 kg и должи-на на кабел од 90 m, транспортна кука, пребарувачко светло и гумени пловки на надувување за принудно слетување на вода.

Ивица Дамески

Вооружување

1. Вертикален стабилизатор2. Фенестрон заден ротор3. Антена4. Антена VHF/AM5. Намалувач на топлотното зрачење на издувникот од моторот6. Роторска глава со голема маневрабилност7. Елиса со заштита од ерозија8. Филтер на вшмукувачот за воздух (за моторот)9. Конструкција и седишта проектирани да издржат големи удари при принудно слетување

1

2

3

25

24

33

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАТЕРИСТИКИ НА „H145M“

ЕКИПАЖ 1/2 пилоти + 10/9 војнициДОЛЖИНА (СО РОТОРИ) 13,63m

ДОЛЖИНА НА ТРУПОТ 11,69 mВИСОЧИНА 4 m

ШИРОЧИНА СО СКЛОПЕНИ РОТОРИ 2,71 mДИЈАМЕТАР НА ГЛАВЕН РОТОР 11 m

МАКСИМАЛНА ПОЛЕТНА ТЕЖИНА 3.700 kgНОСИВОСТ 1.769 kg

НОСИВОСТ СО КУКА 1.600 kg

ПОГОН2 мотори Turbomeca ARRIEL 2E, секој со макс. континуирана моќност 575kW

МАКСИМАЛНА БРЗИНА 265 km/hКРСТОСУВАЧКА БРЗИНА 240 km/h

БРЗИНА НА ИСКАЧУВАЊЕ 8,1 m/sВИСОЧИНА НА ЛЕБДЕЊЕ 2.667 m

МАКСИМАЛНА ВИСОЧИНА НА ЛЕТ 5.240 mДОЛЕТ 638 km

ВРЕМЕ НА ЛЕТАЊЕ 3 часа и 32 мин.

15. Самозаптивачки резервоари за гориво16. Балистичка заштита на подот17. Бочна лизгачка врата од транспортниот оддел18. Стоен трап, тип скии, проектиран да издржи големи удари при принудно cлетување19. Транспортен простор20. Повеќецевен лансер на ракети21. Носач на оружје22. Куќиште на турбовратилниот мотор Turbomeca ARRIEL 2E23. Двокрилна задна врата24. Антена VOR/ILS25. Хоризонтален стабилизатор

4 5

6 7

8

9

10

11

12

14151617181920

23

22

21

34

Во текот на средината на 1960-тите години кај Јужноафриканските одбранбени сили (SADF), превладува

констатацијата дека странските увезени оклопни возила како што е „Сарацен“, не се во функција во однос на современите закани и предизвиците во опкружувањето во Јужна Африка. Она што беше потребно е високо маневрирачко, ултрасигурно и лесно за одржување, вооружено до „заби“, возило со голема огнена моќ, модуларно добро опремено и економично возило кое ќе може да ги исполни побарувањата на доктрината што ги подготвува (SADF) за мобилна војна со „индиректен пристап“ и „ниска густина на сила“. Тие се определија за конфигурација 6х6, што значи погон на сите тркала, првиот

пар на тркала напред е одвоен како конфигурацијата кај камионите. Таа раздвоеност на предниот пар на тркала од двата задни пара не преставуваше посебен проблем, а беше и поевтина од изградба на посебна конфигурација. Од конструкторот беше побарано да направи поевтино возило кое ќе може да совладува големи пространства, да биде отпорно на противтенковско оружје и да има голема автономија, а неговото вооружување да може да се спротивстави и на современ тенк. Вакви побарувања за оклопни борбени возила поставувани се и во Европа, во поранешниот СССР при конструкцијата на револуционерниот БМП-1 со неговиот автоматски топ 73 мм и денешниот БМП-3 со топ 100 мм. Дизајнерската работа започна во 1968 година со 6×6

Вооружување

„RATEL IBV“Африканскиот воин

„Ratel“ на тркала. Намерата беше брзо пренесување на трупите во и надвор од битка, правејќи ја подвижноста примарна карактеристика, проследена со голема огнена моќ и оклопна заштита. Првиот прототип беше направeн од мек челик што овозможуваше побрзо модифицирање. После оперативните тестирања на терен изведени се подобрувања кои се фокусирани на подобрувањата на способноста на прекинување на грмушки, како што се големите капаци за заштита на надворешните фарови (кои прво беа покриени со мрежа од жици) и „параван заштитата“ која овозможува листовите да не бидат вовлечени во моторот. Овие модификации подоцна беа означени како Мк.2 стандард. Возилото „Ratel 20“ беше пуштено во производство и оперативно распоредено во 1976 година. Последната надградба на возилата „Ratel“ кон Мк.3 стандардот беше имплементирана во 1985 година и вклучуваше повеќе од 185 модификации, како што се подобрен систем за ладење, дополнителни филтри за гориво, дигитален мерач за забрзување, поголема заштита од грмушки (поставувајќи ги предните

надворешни светла пониско и зајакнување на скалите на степен за влез и излез во возилото). Основната варијанта „Ratel 20“ е воооружена со автоматски топ 20 мм, како најевтина конфигурација. Иако делува послабо мора да се има предвид дека станува збор за возило од 1970-тите години, кога Западот сè уште немаше идеја за борбени возила на пешадијата и кога во светот царуваше

американскиот оклопен транспортер на гасеници „М-113“ со отворена инсталација на митралез 12.7 мм. Следна конфигурација беше „Ratel 60“ како ефикасно противпешадиско оружје со минофрлач од 60 мм на куполата кој се полни одзади, потоа доаѓа верзијата „Ratel ZT-3“ вооружен со противоклопни ракети и секако, на крајот африканскиот цар „Ratel 90“ со топ од 90 мм на куполата од неверојатниот „Eland 90 GT 2“.Конфигурацијата „Ratel`s 6×6“ на тркала е дизајнирана за африканскиот борбен простор и се карактеризира со својата флексибилност и крос-кантри способност. Составот со шест тркала (дизајниран да одолее на ефектите на дефлација при пробивање) нуди поголема сигурност и бара помалку

Борбеното возило на пешадијата „RATEL IBV“

е именувано според јужноафриканскиот јазовец-

медојад. Ова животно и покрај неговата мала големина е жестоко суштество кое е во состојба да апсорбира

голема количина на физичко оштетување. Возилото

„RATEL IBV“ е така именувано затоа што вооружувањето и

неговата мобилност го прават страшен и респектабилен

противник

35

оддржувања од возилата како што се американскиот „Bradley“ и возилото на Варшавскиот пакт BMP. Ова возило користи шестцилиндричен „Büssing D 3256 BTXF“ дизел-мотор со директно вбризгување, кој развива 105 hp. Возилото „Ratel“ има клиренс од 350 mm и може да совладува водена препрека од 1,2 метри длабочина. Моторот се наоѓа на задната лева страна од возилото, што се покажа повеќе од доволно за движење низ тежок терен и туркање низ густите грмушки и мали дрвја. Погонската група е така

дизајнирана за да може да се отстрани и да се замени во рок од половина час со дигалка со само две лица. Моторот е поврзан со автоматски менувач на моќноста кој содржи хидродинамичен конвертор на вртежниот момент кој го олеснува возењето. Оперативниот досег на борбените возила „Ratel“ е 1000 км на патот и 600 км надвор од патот, што овозможува флексибилно движење на силите за да се постигне изненадување. Ова подразбира извршување на долги мисии на робусен и променлив терен со мала

логистичка поддршка. Потребно е да биде добро вооружано и самоодржливо со сопствени резерви и резервни делови. Сите борбени возила „Ratel“ можат да работат на долги растојанија и пополнети со сите видови на опрема и потрошен материјал. Резервните тркала се прицврстени на кровот на трупот, додека храната се чува во секој достапен простор. Просечниот број на куршуми 7,62 мм е најмалку 6000 парчиња. Овие борбени возила поседуваат тактичка радиокомуникација која овозможува сигурно командување и контрола. Возилото е опремено со два резервоара за вода за пиење како стандард, секое возило носи печка за готвење, комплет алат, мал кран или кука за влечење во случај возилото да биде оштетено од дејство, кабел и резервни делови. Борбеното возило „Ratel“ е првото пешадиско борбено возило на тркала кое некогаш влегло во служба. На него се наоѓа командирска купола со видно поле од 360 степени. Командирот се наоѓа на левата страна на куполата а нишанџијата седи десно. Одделот за возачот се наоѓа на предната страна во средината од каде има одлична видливост од 270 степени низ три

големи прозорци отпорни на куршуми. Во тек на борбата возачот може да ги активира трите оклопни штитови кои се појавуваат и ги покриваат прозорците за дополнителна заштита. При активирање на штитовите возачот користи тридневни перископи со поглед напред и странично. Овие возила се дизајнирани за брзина и мобилност по цена на оклопот. Заштитата се состои од 20 мм целосно заварен челик преку фронталниот лак и 8-10 мм заварен челик во останатиот дел на трупот. Предниот лак штити

СПЕЦИФИКАЦИИ

ДОЛЖИНА 7,21 метриШИРОЧИНА 2,51 метри

ВИСИНА 2,1 метриТЕЖИНА 18,5 тониПОСАДА 3+8 (зависно од мисијата)

ВООРУЖУВАЊЕ

Dual fed F2 20 mm quick firing cannon; 7.62mm co-axial Browning MG; 7.62mm turret Browning MG; 7.62mm Browning MG in AA монтиран странично

МОТОР „Bussing D 3256 BTXF diesel 282 hpАВТОНОМИЈА НА ОПСЕГ 600-1000 км

МАКСИМАЛНА БРЗИНА НА ПАТ 105 км/чСОВЛАДУВАЊЕ НА НАКЛОН од 60%

СОВЛАДУВАЊЕ НА СТРАНИЧЕН НАКЛОН 30%

СОВЛАДУВАЊЕ НА РОВ 1,15 мСОВЛАДУВАЊЕ НА ВОДЕНА

ПРЕПРЕКА 1,2 м

Возилото е дизајнирано и произведено во време кога Јужна Африка е под многу

строги меѓународни ембарга поради нејзината политика на сегрегација (Apartheid).

Историскиот бекграунд, исто така е поставен во сенката

на Студената војна во Јужна Африка, во која се забележува

пораст на ослободителните движења поддржани од страна

на комунистичките земји од Источниот блок, како што е тогашниот Советски Сојуз

37

од куршуми до калибар 12,7 мм, додека останатиот дел штити од муниција до калибар 7,62 мм, како и од шрапнели од артилериски гранати.Регистарот на конвенционални оружја на Обединетите нации покажува дека 423 оклопни борбени возила „Ratel“ биле извезени од Јужна Африка во периодот помеѓу 2003 и 2012 година.Гана има 39 возила, Јордан 340 Ratel“ IFV увезени ги користи од 2004 година, „Paramount Group“, во соработка со „KADDB-King Abdullah II Design and Development Bureau“ произведуваат конвертирана верзија на возилото „Ratel“ која се вика „Rakel Mk III“, поставувајќи наместо топ од 20 мм, купола од украински ОТ со два топа 23 мм, додека некои возила ги подарила на Ирак. Во Либија во 2013 година е фотографирана „Ratel IFV“ воена опрема. Во земјата, ова ги покрена прашањата во врска со евентуалната нелегална продажба на воена опрема и кршење на т.н сертификати за крајни корисници. Мароко има 60 „Ratel 20“ и „Ratel 90“, Руанда 35, Сенегал 14, Јужна Африка 1400 „Ratel“ 60, „Ratel“ 20 и „Ratel“ 90“. Во Сана, Јемен во 2011 година се фотографирани Ratel“ IFV, најверојатно се конвертираната верзија на „Ratel“ произведена од

„Paramount Group и KADDB“ и во Замбија има14 возила. Борбените возила „Ratel“ се извезуваат уште и во Камерун, Џибути и Сарави, Арапската Демократска Република.Со произведени повеќе од 1400 возила разни верзии „Ratel“ и денеска е оперативен во јужноафриканската војска. Планирано е постепено и во подолг период да го замени јужноафриканската верзија на „Патрија“. Возилата „Ratel“ се докажале во борба и во други намени за кои се произведени и беa совршени господари на просторите на Јужна Африка.

Идриз Идризоски

За време на саемот за оружје и воена техника ,,Партнер 2017” одржан од 27 до 30 јуни 2017 год. во Белград (Србија), пре-

миерено беше претставен најновиот артилериски автоматизиран самооден систем ,,Александар” МГС-25, кој е развиен и произведен од компанијата „Југоимпорт“. Артилерискиот систем е опремен со топ-хаубица со калибар од 155 мм, со должина на цевката од 52 калибри. За разлика од „Нора-Б52“ каде задната борбено-артилериска купола е со екипаж, кај новиот арти-лериски систем ,,Александар” МГС-25 е вградена автоматизирана борбена купола без посада (по примерот на ар-тилерискиот систем „Archer“). Новата борбена купола без посада има авто-матски полнач на топ-хаубицата во кој се сместени 12 проектили и барутни полнења за нив. Дополнителни 12 про-ектили и барутни полнења за нив се сместени во магацинот поставен зад кабината на екипажот, кои преку авто-матски полнач за кратко време можат да ја наполнат борбената купола на хаубицата. Со стандардна муниција дострелот на хаубицата е 32,5 км, до-дека со проектилите HE ERFB RA/BB дострелот изнесува 52 км. Овој артилерски систем овозможува сам да изведе дејство со 4 проектили (со раз-

лична траекторија на движење), кои симултано ќе дејствуваат по одредена зона на далечина до 25 км. Инаку брзи-ната на борбено дејство со МГС-25 из-несува 6 проектили во минута. Поради големиот степен на автоматизација времето на преоѓање од маршевска во борбена позиција е значително нама-лено, односно од времето на сопирање до истрелување на првиот проектил изнесува 1 минута, а истото време е потребно и за напуштање на борбената позиција. Заради поголема стабилност, пред да се изведе борбеното дејство се спуштаат 4 хидраулички стопи. Од помошно оружје на десната страна од кабината на екипажот е поставен еден тежок митралез „М02 Којот“, со калибар од 12,7 км (муниција 12,7х108 км). Како основа за ова оружје се користи веќе докажаната платформа од арти-лерискиот систем „Нора-Б52“, односно шасија од камионот „Татра 8х8“ која на пат може да се движи 80 км/ч, да со-владува ров од 1,6 м и да минува низ водена препрека со длабочина од 1,1 м.Екипажот на ,,Александар” МГС-25 е составен од 3 членови кои се сместени во оклопна кабина. Овие 3 членови се доволни за управување со возилото и неговото вооружување.

Ивица Дамески

,,Александар” МГС-25 155мм

38

Вооружување

„ISKANDER“Руски ракетен систем

Ракетниот систем „Iskander“ е дизајниран со способност да ги уништува непријателските оружја, командните места, комуникаци-

ските јазли, аеродромите со придружни елементи, воздушни и ракетни одбранбени инсталации и друга критична инфраструк-тура, во оперативната длабочина, во сите временски и метеоролошки услови, како и да дејствува против непријателската конвенционална и прецизно наведувана муниција, оружје за масовно уништување, но и против ракетната одбрана и против средствата за електронско војување. Сите возила кои се во состав на ракетниот си-стем „Iskander“ имаат шасија на тркала, што ги прави многу мобилни. Ракетата има еднофазен мотор со погон на цврсто гориво. Таа континуирано се насочува на целта по целата своја траекторија на лет. Ракетата се одликува со неразделива бое-ва глава и со оптичка глава за наведување кон целта. Боевата глава може да содржи кластер-бомба, да е фрагментирачка или пенетрирачка.Системот „Iskander“ е комбиниран од шест видови возила. Транспортер со лансирна рампа поставен на новата шасија со осум тркала, со ознака „БАЗ6909“, опслужуван

Ракетниот систем „9К720 Iskander“ или НАТО кодификациска ознака „SS-26 Stone“ претставува мобилен, тактички ракетен систем со

краток дострел, развиен и произведен во Русија. Овој ракетен систем го замени ракетниот систем „Oka SS-23“ или НАТО ознака „SPIDER“,

кој беше ставен вон употреба со договорот за среднонуклеарни сили. Развојот на системот „Iskander“ беше спроведен од страна на Бирото за инженеринг и дизајн „Коломна“ во текот на 1990-тите. Овој проект

се реализираше под називот „Тендер“

од три лица. Кога возилото е во борбена положба, натоварено со две ракети, тогаш тежи околу 40 тони. Возило за транспорт на ракети со дигалка, исто така, носи две ракети за дополнување на системот. Ста-ницата за подготовка на мисијата е опре-мена и наменета за обработка на разузна-вачки податоци и податоци за ситуацијата во воздушен простор, конвертирајќи ги во податоци за целите на системот, со цел за навигација на ракетите. Командни и штаб-ни возила и возилата за одржување на си-стемот ја комплетираат ракетната батерија вооружена со ракетен систем „Iskander“. Транспортерите со лансирна рампа, во-обичаено се добро прикриени и маски-рани, а непосредно пред лансирање на ракета излегуваат на отворен простор кој овозможува подигање на ракетите и нивно лансирање на целта. По лансирањето, возилото веднаш ја напушта огнената позиција и запоседнува нова добро при-криена и маскирана огнена позиција.Ракетата за ракетниот систем „Iskander“ е опремена со еднофазен ракетен мотор на цврсто гориво со ознака „9M723K1“ и боева глава. Таа е контролирана во текот на целата патека на лет. Ракетата е наме-нета за мобилни и автономни операции и има способност да гаѓа површински цели на далечини од 50 - 280 км во форма на точка. Ракетите може да носат конвен-ционални боеви глави, касетни бомби и овозможуваат изведување на операции со „прецизен удар“. Дозволена грешка на ракетата со оптичка глава е од 5 до 7 м, а во автономна примена, грешката е од 30 до 70 м. Исто така, се верува дека термо-барската боева глава е дел од опциите за боеви глави на ракетите. Неконвенционал-на боева глава, исто така, може да биде опција, вклучувајќи и тактичка нуклеарна боева глава.Секоја ракета на возилото за лансирање може да биде независно лансирана за само неколку секунди, а мобилноста на ова возило ја отежнува превенцијата. По-датоците за целите може да се добиваат не само од сателити и авиони, туку и од конвенционални радари, преку оперативни центри, а ракетите за време на лет, имаат способност да се насочат на друга цел. Друга уникатна карактеристика на систе-мот „Iskander-M“ е оптички водена боева глава, која, исто така, може да се контро-лира со шифрирана радиокомуникација, вклучувајќи ги и извидувачките авиони „AWACS“ и безпилотните летала. Елек-трооптичкиот систем за наведување обе-збедува способност за самонаведување на ракетата кон целта. Вградениот компјутер во самата ракета добива слика од целта, потоа врши зафат на целта и со суперсо-нична брзина се насочува кон целта.Ракетата за системот „Iskander-М“ лета со хиперсонична брзина од 2100-2600 м/с (Mach 6-7), на висина од 50 км. Таа тежи 4615 кг, носи различни боеви глави со тежина од 710-800 кг, има дострел до

500 км, со кружна грешка на погодок од 5-7 метри. Се шпекулира дека за време на летот може да маневрира на различни височини и по различни траектории, а за да ги избегне антибалистичките проектили може да направи маневар со неверојатно оптоварување до 20 до 30 G. Тешко е да се следи ракетата со радарски системи, бидејќи има многу ниска траекторија на лет со максимална точка на лет до околу 50 км. Русија извезува ракети „Iskander-Е“ кои се со помал дострел и со некои други ограничени можности. Ракетата може да носи нуклеарната боева глава со макси-малната моќност од 50 КТ.

Ракетата за системот „Iskander“ е монтира-на на возило-камион со ознака „МАЗ-543“, самоодната лансирна рампа на возило со ознака „9P78E“, а возилото за транс-порт и товарење на ракети на возило со ознака „9T250E“. Како командно возило се користи возилото со ознака „9T250E“. Исто така, ова возило се користи и за превоз на опремата за одржување и поддршка на ракетниот систем. Ракетата за системот „Iskander“ со ознака „9M72“ е моќна ракета „земја-воздух“ со краток дострел на цврсто гориво. Потребно време за лансирање на ракета од овој ракетен систем е помалку од осум минути по добивање на сигнал за предупредување. Ракетниот систем „Iskander-М“ е монтиран во камион со озна-ка „МЗКТ-7930“.На листата на земји-корисници на ракет-ниот систем „Iskander“, покрај Русија, се ноѓаат и Алжир, Ерменија и Грузија. На почетокот на 2017 година, директорот на руското Федерално биро за военотехничка соработка, најави заинтересираност на повеќе земји-партнери на Русија за на-бавка на системот, при што се воздржа од изнесување дополнителни податоци.

Трајче Денчевски

39

40

Дизајниран од страна на „McDon-nell Douglas“ (сега „Boeing“) и „Northrop“, авионот потекнува од 70-ите години на минатиот

век. Бил наменет првенствено за Морнарицата и Маринскиот корпус на САД. Од 1986 година е во состав на сквадронот за демонстрации/акробации на морнарицата на САД, познати како Blue Angels. Своите вештини ги покажуваат низ целиот свет, а пилотите како услов за припадност мора да имаат најмалку 1400 часови налет, исклучителни способности и вештини и сертификат за извршување задачи од носач на авиони. Со максимална брзина од 1915 км/час, лет на висина од 12 200 метри, авионот може да носи широк спектар на бомби и проектили, вклучувајќи „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, дополнети со 20-милиметарски „M61 Vulcan“ топ. Поседува одлични аеродинамични карактеристики за извршување повеќе мисии: Fighter Escort, Fleet Air Defense, Suppression of Enemy Air Defenses (SEAD), Air Interdiction, Close Air Support и Aerial Reconnaissance. Има дигитален

систем за контрола на летањето кој обезбедува одлични перформанси и релативно лесно управување со авионот. Во исто време овој систем обезбедува исклучително маневрирање и им овозможува на пилотите да се концентрираат на работењето и оперирањето со системите за вооружување.За прв пат учествувал во борбена акција во текот на бомбардирањето на Либија во 1986 година, а потоа учествувале и во војните во Босна и Херцеговина и

на Косово, во Заливската војна во 1991 година и војната во Ирак во 2003 година. Американската морнарица ја започнала програмата „Naval Fighter-Attack, Ex-perimental Program“ за набавка на авион за замена на платформите „Douglas A-4 Skyhawk“, „A-7 Corsair II“ и „Mc-Donnell Douglas F-4 Phantom“ и како надополнување на авионот F-14 Tomcat.

Носителот на командата на поморско воздушните системи и шеф на морнарица се соочил со силен отпор од голем број офицери на морнарицата кои биле против воведувањето во служба на „F/A-18 Hor-net“. Но, во 1973 година секретарот за одбрана наредил конкурентите да бидат оценети од страна на морнарицата. Конкуренција која понудила авион со еден мотор и несоодветна опрема за слетување, не бил прифатлив за морнарицата. Затоа било побарано од компаниите „McDonnell Douglas“ и

„Northrop“ да развијат дизајн согласно нивните побарувања. На 1 март 1977 година, секретарот на морнарицата го објавил името на F-18 како „Hornet“. Откако ги поделиле улогите, „Mc-Donnell Douglas“ бил задолжен за крилјата, стабилизаторите и предниот дел на трупот на авионот, како главен изведувач

за поморските верзии, додека „Northrop“ ги изградил центарот и задниот дел на трупот на авионот со вертикалните стабилизатори, како главен изведувач за копнените верзии. Ознаките на авионот биле сино-бели бои означени со „морнарица“ на левата страна и „маринци“ на десната страна. Неговото одржување е дизајнирано така што со цел драстично

Вооружувње

„McDonnell Douglas F/A-18 Hornet“ е суперсоничен двомоторен авион, оспособен за лет во сите временски услови и за лет од

носачи на авиони. Тој е јуришен и борбен авион, па оттука доаѓаат буквите F/A во неговата ознака. Овој авион бил меѓу првите авиони

во кој се користени мултифункционални дисплеи, а со едно копче пилотот бил во можност да ја одбере намената на авионот како

борбен или јуришен или двете. Со оваа способност се дава повеќе флексибилност на оперативниот командант за ангажирање тактички

авиони на борбеното поле

да се намали времетрењето на истото, за разлика „F-14 Tomcat“ и „A-6 Intruder“.Првично, било планирано да се здобијат со вкупно 780 авиони од три варијанти: едноседи „F-18A“ борбен авион и „A-18A“ јуришен авиони (со разлика во однос на авиониката) и двосед „TF-18А“, со намалени капацитети за гориво. Почнувајќи од 1980 година, авионот почнал да се нарекува „F/A-18A“, а назначувањето било официјално објавено на 1 април 1984 година кога „TF-18A“ бил заменет со „F/A-18B“. Првото производство на „F/A-18A“ е од 1980 година со вкупно производство на 380 модели, а производство се префрлило на моделот на F/A-18C од септември 1987 година. Овој авион ја обезбедил основната линија за дизајн на „Boeing F/A-18E/F Super Hornet“, карактеристичен со еволутивен редизајн. Во 90-тите години морнарицата на САД се соочила со потребата за замена на авионите „A-6 Intruders“ и „A-7 Corsair“. За таа цел е дизајниран „F/A-18E/F Super Hornet“ кој не бил само надградба на „F/A-18 Hor-net“, туку нова, поголема платформа со користење на концептите за изградба на Hornet. Овој најнов модел е оспособен за голем спектар на мисии од типот: Air Superiority, Fighter Escort, Reconnaissance, Aerial Refueling, Close Air Support, Air Defense Suppression и Day/Night Preci-sion Strike. Hornet и Super Hornet ќе ѝ служат на морнарицата сè до целосна замена со „F-35C Lightning II“. Поради доцнењето на оваа варијанта, маринците

го продолжиле векот на употреба на F/A-18 Hornet до 10 000 часа летање. Авионот се користи од страна на воздухопловните сили на неколку други држави. Моделите за извозна намена обично се слични со моделите од САД. Бидејќи ниту еден од клиентите не работат на носачи на авиони, сите извозни модели се продаваат без системот за автоматско авионско слетување на носач. Разликата помеѓу стандарден „F/A-18“ со извозните варијанти бил поставување систем за навигација и слетување ILS/VOR (Instru-ment Landing System/Very High Frequency Omnidirectional Range), наместо системот за слетување на носач на авиони.

Кралското австралиско воздухопловство се одлучило за „F/A-18 Hornet“ поради тоа што понудените верзии „F-15A Eagle“ не биле опремени за извршување напад на земја, а „F-16 Falcon“ поседува само еден мотор. Во поново време на дел од

авионите била извршена модернизација и доопремување со цел да го зголемат животниот век до планираниот датум за „пензионирање“ во 2020 година. Финска работела на надградба на авионите со додавање нова авионика (Helmet Mounted Sights, Cockpit Displays, Sensors и Standard NATO Data Link). Надградбата вклучувала набавка и интеграција на нови вооружени системи и проектили, со вкупна цена на чинење помеѓу 1-1.6 милијарди евра. По надградбите се очекува авионите да останат во активна служба се до 2020-2025 година. Оваа платформа на авиони во моментов оперира во 37 тактички сквадрони ширум светот и од 10 носачи на авиони. Како

корисници покрај горенаведените се и: Кувајт, Малезија, Шпанија и Швајцарија. Канада е најголемиот Hornet-оператор надвор од САД. И НАСА оперира неколку „F/A-18“ авиони за истражувачки цели.

Драган Павловски

ВООРУЖУВАЊЕ

ТОП 1× 20 mm M61A1 Vulcan

РАКЕТИ/ПРОЕКТИЛИ

Hydra 70, AIM-9 Sidewinder, AIM-132 ASRAAM, AIM-120 AMRAAM, AIM-7 Sparrow, AGM-65 Maverick, AGM-84H/K Land Attack Missile Expanded Range, AGM-88 HARM Anti-Radiation Missile, AGM-154 Joint Standoff Weapon, AGM-84 Harpoon

БОМБИ

B61 Nuclear Bomb, JDAM Precision-Guided Munition, Paveway Laser-Guid-ed Bombs, Mk 80 series of Unguided Iron Bombs, CBU-78 Gator, CBU-87 Combined Effects Munition, CBU-97 Sensor Fuzed Weapon, Mk 20 Rockeye II

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ПОСАДА 1 до 2 пилотиДОЛЖИНА 18.5 м

ВИСИНА 4.87 мТЕЖИНА НА ПРАЗЕН АВИОН 10 433 кг

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАЊЕ 29 932 кг

МАКСИМАЛНА БРЗИНА 1 915 км/часПЛАФОН НА ЛЕТ 15 000 м

БРЗИНА НА КАЧУВАЊЕ 250 м/секЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ околу 60 мил. долари

42

Вооружување

„Паметно“ оружје е огнено оружје кое имплементира различни

технологии, вклучувајќи сензори за близина, биометрика,

магнети, радиофреквентна идентификација (RFID) и

микрочипови за подобрување на безбедноста на оружјето. Целиот систем на „паметно“ оружје кое работи само во рацете на својот

сопственик бил „измислен“ во 70-тите години на минатиот век,

кога бил претставен магнетен уред со пазарно име „Magna-

Trigger“, наменет за вградување во новите револвери на Смит и

Весон

„Паметни“ пиштоли

Таканаречениот „паметен“ пиштол предизвикува тензии во индустриите за огнено оружје и во ЕУ и во

САД. Повеќето од овие технолошки подобрени пиштоли помалку се создадени како ефикасни машини за убивање, а повеќе за подобрување на безбедноста на огненото оружје. САД се една од земјите со најмногу оружје по глава на жител, и таму се води полемика за тоа дали таканареченото „паметно“ оружје кое го препознава сопственикот е вистинска работа за зголемување на безбедноста на оние кои легално го користат или концептот е лош, а законскиот предлог кој ваквото оружје го прави задолжително, е спротивен на американскиот Устав. Дали поседувањето на оружје во рацете на цивилите и општо на популацијата е добро или лошо, е

43

голема дилема, не само во САД, туку и низ целиот свет. Покрај безбедносното прашање тука се уште и уставните прашања, филозофските, политичките и економските, кои влијаат на разрешувањетo на оваа дилема на еден или на друг начин, во зависност од земјата, но мнозинството може да се сложи со тоа дека оружјето е потенцијално опасно, особено тоа кое ќе падне во неовластени раце. Еден од начините за решавање на овој проблем е таканареченото „паметно“ оружје. Што е „паметно“ оружје? „Паметно“ оружје е огнено оружје кое имплементира различни технологии, вклучувајќи сензори за близина, биометрика, магнети, радиофреквентна идентификација (RFID) и микрочипови за подобрување на безбедноста на оружјето. Идејата за „паметно“ оружје не е нова. Обиди имало уште во 19 век, кога во рачката на револверот бил сместен механизам со брава која

го оневозможувала чкрапањето. За сопственикот да можел да пука, околу раката на нараквица носел клуч кој го ставал во бравата и со тоа овозможувал нормално чкрапање. Секако, во 19 век на ваквите решенија не се посветувало големо внимание, па не биле прифатени ниту од производителите ниту од

корисниците. Целиот систем на „паметно“ оружје кое работи само во рацете на својот сопственик бил повторно „измислен“ во 70-тите години на минатиот век, кога бил претставен магнетен уред со пазарно име „Magna-Trigger“, наменет за вградување во новите револвери на Смит и Весон. Се работело за магнетска брава која оневозможувала чкрапање. Се деактивирала со магнетен прстен кој го носел

корисникот, а кој го деактивирал магнетот вграден во дршката на револверот. „Magna-Trigger.“ Како предност имал исклучителна сигурност бидејќи сите елементи на системот биле пасивни и не требало

И покрај најновиот развој, „паметното“ оружје сè уште има „долг пат за патување“ пред да биде прифатено. „Паметните“

пиштоли се произведуваат со неколку видови на

ограничувачки дизајни вградени во нив, без разлика дали тоа се RFID-чипови кои безжично се поврзуваат со часовник или нараквица за

нивно активирање, PIN-кодови кои треба да се отчукаат

пред да може со пиштолот да се испука или некој друг

персонализиран механизам за заклучување

44

никакво посебно напојување. Од друга страна, заобиколувањето на ваквата сигурносна направа било тривијално, па било доволно да се набави магнетен прстен (или било каков магнет) за да непречено се користи оружјето заштитено со „Magna Trigger“. После 40 години технологијата е пософистицирана, но основните принципи остануваат. На пример, германскиот „Armatix iP1“ е „паметен“ полуавтоматски пиштол кој комуницира со RFID- часовник, кој го носи корисникот на пиштолот. Благодарение на внатрешен уред за следење на пиштолот и часовникот, пиштолот нема да пука ако е далеку од сопственикот. Часовникот, исто така, им обезбедува корисни податоци на носителите, како на пример колку куршуми биле испукани. Една

американска и австриска компанија наречена „Biomac“ моментално работи на систем кој ќе користи оптички сензори за мерење на биометриските податоци под кожата на корисникот за да утврди дали поединецот кој го држи пиштолот е вистинскиот сопственик на оружјето. Ако биометриските податоци не се препознаат, пиштолот нема да пука. Компанијата тврди дека ќе дозволи препознавање на поголем број различни корисници за еден пиштол и дека ќе биде можно ретро-фитинг - примена на системот на постаро оружје. Не се знае дали „паметното“ оружје може да се хакира, бидејќи многу малку луѓе го користеле ова оружје и како такви тие не биле изложени на доволно надворешни закани за да се утврди дали хакерството е сериозно прашање. Сепак, она што се знае е дека некои RFID-тагови можат да бидат хакирани, а биометриката може да биде уште помалку безбедна и скенерите за отпечатоци можат лесно да бидат компромитирани. Некои групи за контролa нa оружјето веруваат дека ова оружје е фундаментално побезбедно од традиционалното, бидејќи тоа има дополнителни безбедносни мерки за да им помогнат на неовластените лица да не можат да го користат пиштолот. Без оглед на тоа кој пристап би се прифатил, проблемот со „паметните“ пиштоли е тој што се чини дека ја комплицира употребата од страна на своите корисници, а истовремено не гарантираат доволна сигурност за да не се злоупотребат и користат од неовластени раце. Засега, се чини дека времето на „паметните“ пиштоли уште не е дојдено бидејќи технологијата носи повеќе проблеми отколку што ги решава, а потенцијалните корисници се предоминантни и огнено против нивното користење, па така повеќе американски здруженија сметаат дека проблемот со американската љубов кон оружјето е подлабок од неовластеното користење на оружјето и како статистичките податоци за сторителите и жртвите, како и законските сопственици не даваат каква било причина дека што било суштествено ќе се промени, па дури и сите одеднаш да го заменат „глупавото“ оружје со ново и „паметно“. Имено, повеќето ненамерни повреди и смртни случаи од огнено оружје во САД се случуваат при чистењето на оружјето, значи, самиот овластен корисник се застрелува самиот себе, односно во текот на лов, кога

Не се знае дали „паметното“ оружје може да се хакира,

бидејќи многу малку луѓе го користеле ова оружје и како

такви тие не биле изложени на доволно надворешни закани за да се утврди дали хакерството

е сериозно прашање. Сепак, она што се знае е дека некои RFID-тагови можат да бидат

хакирани, а биометриката може да биде уште помалку безбедна

и скенерите за отпечатоци можат лесно да бидат

компромитирани

овластениот сопственик се застрелува самиот себеси или некој друг. Во двете сценарија, користењето на „паметното“ оружје не би имало никакво влијание на бројот на несреќите. Исто така, тие сметаат дека таканареченото паметно оружје не е доволно тестирано во практика за да се докаже дека е сигурно, односно дека сопственикот на оружјето може секогаш да го користи еднакво како и обичното, „глупаво“ оружје, и не е докажано дека на кој било начин посебната идентификација на сопственикот донесува поголема вистинска сигурност, што всушност е точно бидејќи не постојат долготрајни или какви било објективни студии за користењето на „паметното“ оружје кои би ја поткрепиле потребата да тоа стане мандатно меѓу сопствениците. И покрај најновиот развој, „паметното“ оружје сè уште има

„долг пат за патување“ пред да биде прифатено. „Паметните“ пиштоли се произведуваат со неколку видови на ограничувачки дизајни вградени во нив, без разлика дали тоа се RFID-чипови кои безжично се поврзуваат со часовник или нараквица за нивно активирање, PIN-кодови кои треба да се отчукаат пред да може со пиштолот да се испука или некој друг персонализиран механизам за заклучување. Но, има многу проблеми со технологијата за „паметни“ пиштоли. Додека најголемата загриженост може да биде технологијата да не успее кога тоа е најпотребно, како што е батеријата на часовникот што заостанува, прекин на електричното напојување или уредот да се пробие, исто така е можно оружјето и неговиот

уред за овозможување едноставно да бидат украдени заедно. Исто така, бидејќи од некои „паметни“ пиштоли сè уште може да се пука од некого кој не е овластен да го користи оружјето ако е во близина на ограничувачкиот уред - ако пиштолот е земен од сопственикот на куќата, на пример, може да се пука ако оружјето е во близина на активирачкиот часовник или нараквица - тие не се толку сигурни како што некои луѓе мислат. Друг проблем е тоа што тие не се особено моќно оружје. „Паметниот“ пиштол кој се здоби со најразлични коментари во последниве години, „Ar-matix iP1“, е пиштол со калибар .22 LR, кој нема доволно сила за запирање на луѓето како лично одбранбено огнено оружје. Тоа, исто така, значи дека практично ниту еден полициски оддел никогаш нема да го прифати

како оружје. Затоа, „Armatix“ сега разви помоќна 9mm верзија на својот паметен пиштол, „iP9“, кој вклучува неколку технологии, како што се нараквици, PIN-кодови и апликација за „паметни“ телефони. Но, сé уште продажбата не е добра, без оглед на огнената моќ што ја има. Иако некои полициски оддели можат да го пробаат, по цена од 1.365 долари, тој е сепак двојно е поскап од другите 9мм пиштоли на пазарот, а индивидуалните купувачи на пиштоли ќе бидат уште потешко убедени да го купат. Германскиот производител на оружје „Armatix“ вели дека „iP9“ треба да ја олесни загриженоста на широката јавност дека огненото оружје опремено со технологија што спречува неовластено пукање може да биде несигурно. Пиштолот изгледа како

малку футуристичка, но рационална верзија на полуавтоматските пиштоли кои се стандардни полициски пиштоли во изминатите три децении. Освен користење на рачен часовник опремен со чип за радиофреквентна идентификација (RFID) кој го отклучува „iP9“ да може да пука кога е во рамките на 25 сантиметри од оружјето, корисниците можат да го активираат пиштолот и со апликација за „паметни“ телефони, која работи на подолг опсег од часовникот (точната близина сè уште се решава) и се собираат податоци за бројот на испуканите куршуми. Исто така, на корисниците кои не сакаат да се потпрат на часовникот или на нивниот телефон, им се нуди можност да го отклучат пиштолот со притискање на одредена секвенца со прстите, што ќе овозможи оружјето да биде откочено сè додека истата

секвенца не се внесе за повторно за да се заклучи. Ова оружје е најблиску од која било компанија која дошла до персонализирана верзија на 9мм, единствен најпопуларен тип на пиштол во САД, кој во голема мерка го носи полицијата и цивилите. Компанијата верува дека калибарот на „iP9“ и технолошките подобрувања им даваат на потрошувачите производ којшто навистина можат да го користат со доверба. Пиштолот „IP9“ треба да биде подготвен за демонстрација пред полициските службеници до крајот на летото, кога ќе можат да го испробаат оружјето на стрелиште. Компанијата се надева дека оружјето ќе започне со производство до почетокот на 2018 година.

Александар Стојчевски

45

46

Еко-безбедност

Нелегална трговија

со заштитени ресурси

Во Извештајот на Обединетите нации објавен во 2016

година, меѓу другото, се констатира дека „трговијата

со диви животни сè повеќе се препознава како

специјализирана област на организиран криминал и претставува значителна

закана за многу растителни и животински видови“

47

Нелегалното шверцување на диви животни е голем бизнис, управуван од опасни меѓународни мрежи кои

користат недозволени пазарни техники слични на трговијата со дрога или огнено оружје. Сепак, денес, борбата против овој вид на криминал се води со помош на информатичката технологија и преку компанијата „Big Data“. На тој начин и преку „Облакот“ (Cloud), невладините организации помагаат во борбата против нелегалното убивање и ловењето на дивите животни, притоа користејќи ја технологијата на нови начини за борба против криминалот. Крафорд Алан од Светскиот фонд за дивиот свет која е една од непрофитните организации, предводници на напорите за искористување на моќта на „Облакот“ во борбата против нелегалниот лов, ќе изјави дека криминалните мрежи почнуваат да стануваат нервозни заради ефикасноста на оваа алатка. Во Извештајот на Обединетите нации објавен во 2016 година се заклучува дека „трговијата со диви животни сè повеќе се препознава како специјализирана област на организиран криминал и претставува значителна закана за многу растителни и животински видови”. Заклучокот на истиот извештај вели дека нелегалното ловење на диви животни мора да биде приоритет на националните власти кои треба да понудат решенија. Меѓународната заедница може да го поддржува спроведувањето на локалните закони само преку различни форми на техничка помош и градење на капацитети, вклучувајќи ја и координацијата на меѓународните операции.Борбата против нелегалната трговијата преку алатката „Облак“ (Cloud ) е клучен дел од еден сеопфатен хај-тек напор за спречување на криминалот кој му се нанесува на дивиот свет на глобално ниво и ги надополнува напорите на борбата против нелегалниот лов на терен, како што е Проектот за криминална технологија за дивиот свет (WWF Wildlife Technology Crime Project), инициран со грант од 5 милиони американски долари. Организациите за заштита „едвај дочекаа” да почнат да изрекуваат казни и да го стопираат профитабилниот и комплексен промет на црниот пазар на предмети како што се заби од слонови, коски од носорози и кожи од тигар, вели Алан, кој во својата улога на виш директор на WWF за нелегална трговија (мрежа за следење на трговијата со див свет, координиран заеднички од WWF и Меѓународната унија за заштита на природата), е лидер во борбата против глобалната нелегална трговија на Иницијативата против криминалот кој му се нанесува

на дивиот свет( на англиски јазик: Wildlife Crime Initiative).Со помош на безбедниот „Облак“, аналитичарите од целиот свет се поврзани во едно реално време. Системот им овозможува на корисниците да внесат информации за запленувања/конфискации, забелешки за нелегални производи на пазарот, препораки, информации од теренски локации и слично. Алан вели: „Луѓето ги гледаат вистинските резултати многу брзо, и така продолжуваат да го користат системот. Тоа е многу поинспиративно за луѓето , бидејќи ние можеме да ги споредиме информациите низ целиот свет. Криминалните мрежи се глобални и затоа ги споделуваме и ги собираме податоците во едно реално време”. „Облакот“ им овозможува на аналитичарите да ги поврзат главните играчи, транспортните правци на нелегалната трговија и патеките во системот за веб-мапирање, кој вклучува луѓе, банкарски сметки, регистарски таблички – па затоа ако видите некој со повеќе линкови”, вели Алан. По неколкугодишните фрустрирачки напори за заштита на дивиот свет од ловокрадците, а преку употребата на „Облакот“ почна да се менува и билансот во корист на добрите момци. Алан се сеќава на деновите поминати покрај факс-машините, кога очајно се обидувале да алармираат некого ширум светот дека едно лице на одреден авиолет носи нелегални предмети од

диви животни. „За постарите луѓе, кои пораснаа со машини за пишување, вреди да го направиме она што денес можеме да го направиме., а тоа е да споделуваме податоци низ целиот свет и во сите временски зони. Тоа значи дека можеме да дејствуваме побрзо, поефикасно и подобро од кога било досега. Затоа и преземената акција е ефикасна, добра и рентабилна “, вели тој. Тој вели дека она што е од суштинско значење е фактот дека „ние никогаш нема сами да ја составиме сложувалката “. Според него, „Облакот“ е магичното решение за нас.

48

Искуствата на Виетнам во подобрување на состојбите Со децении се чинеше дека Виетнам е рамнодушен кон својот див свет. Виетнамската традиционална медицина употребува многу од дивиот свет почнувајќи од жолчка на мечка до лушпи од панголин (еден вид на примат), а многу клиенти жалат по статусните симболи како што е слоновата коска. Виетнам, е и значаен центар во глобалната мрежа што ја снабдува соседната Кина, која е најголемиот светски потрошувач на нелегални производи од диви животни. Но, почнувајќи од периодот на Да Нанг, земјата конечно почнува да ја губи својата репутација на лидер во нелегално ловење на диви животни и загрозени видови, а грижата за дивите животни почнува да станува главна тема во ова општество.

Во месец април 2017 година, Нгуен Мау Чиен, кралот на трговијата со носорози, беше уапсен во Ханој, заедно со двајца соучесници, и тоа како резултат на долгогодишната соработка меѓу владите и невладините организации во Африка и во Азија. Експертите велат дека таквото отстранување од „тронот“ се чинело невозможно само до пред две години. „Ако ја погледнете ситуацијата во секој даден ден, Виетнам се чини дека е кошница за конзервација”, вели Даг Хендри, американски активист за диви животни, кој работи во Виетнам веќе 20 години. „Но, ако споредиме каде сме сега со тоа каде бевме само пред 10 години, се чини дека живееме во друга земја”.„Семето“ на конзерваторското движење ( за заштита на загрозените животни), кое почнува да „цвета“ во Виетнам, е „посеано“ во 2000 година, кога беше основана првата еколошка невладина

организација во земјата наречена Едукацијата за природата во Виетнам. Три години подоцна, Нгуен Фуонг Дунг, се приклучи на организацијата, „вооружен“ со диплома по странски јазици. Наскоро таа води програма фокусирана на намалување на побарувачката на потрошувачите на производи од диви животни; Во 2005 година, таа воспоставува и отворена јавна телефонска линија, и тоа во време кога многу малку Виетнамци знаеле што е криминал во дивиот свет, а уште помалку како да постапат во случај да бидат сведоци на таков криминал. „Тоа беше тешко време кога беше невозможно да се натера полицијата да одговори т.е. да реагира на извештаите за продажба на леопарди на пазарот”, се сеќава Нгуен.Во меѓувреме, остатокот од тимот за заштита на загрозените животни (на англиски јазик: ENV) работи со владата на зајакнување на законодавството и како и на кој начин да соработува со полицијата за да се спроведуваат законите. ENV поднесува петиција до владата барајќи да се тргне жолчката од мечка од списокот на лекови, санкционирани од националната програма за здравствено осигурување и да се отворат канцеларии односно служби во 17 градови ширум земјата. Нгуен се здружува со влијателни и познати личности за да направи реклами што се емитуваат на сите ТВ и радиостаници..Во изминатите две години, овие напори за заштита на животните конечно ја достигнуваат критичната маса: потрошувачката на жолчка од мечка е намалена за 61 отсто, а повиците кон отворените линии се зголемуват за 200 проценти. „ENV го забрза процесот кој и така ќе се случеше со економскиот развој иако малку подоцна”, вели Хендри. „Но, дивиот свет нема време да чека”.

Спречувањето на ловењето на ретки или заштитени животнит станува сè потешка задача за полицијата. Затоа и Светскиот

фонд за дивиот свет (World Wildlife Fund) се свртува кон

употреба на информатичката технологија или попрецизно

кажано кон користење на услугите на компанијата „Big

Data“. Светскиот фонд за дивиот свет се опремува со

т.н. „Cloud” (Облак) во борбата против нелегалниот лов

Што се случува со малите лангури (вид на мајмун) во Да Нанг? Во 2013 година,односно една година по напуштањето на Виетнам, основана е „Грин Виет“, мала НВО од младиот приматолог Ха Тан Лонг, која го свртува вниманието на јавноста кон полуостровот Си Тра. “Беше тешко и имаше многу работи за да ги заштитиме мајмуните да не бидат уловени во далечните шуми во централниот дел на Виетнам”, вели офицерот за комуникации на „Грин Виет“, Ле Ти Тран. „Се обидовме да влијаеме во поурбана средина”. Одлуката се исплатеше. Со промовирање на лангурот како икона на Да Нанг - не беше лесно, со оглед на тоа што се смета дека мајмуните носат лоша среќа - GreenViet успеа да ги мобилизира жителите да ја заштитат својата нова маскота. Као резултат на нашата успешна кампања, во

изминатите четири години имаше само два случаи на ловокрадство, иако не се многу сигурни дека проблемот е решен. Затоа, иако изградбата на луксузни хотели на полуостровот го загрозува живеалиштето на лангурсите, GreenViet е убеден дека живеењето толку близу до еден град би можело да го спаси видот од исчезнување.Организацијата „Зачувај го дивиот свет во Виетнам“ пак, се фокусира на заштита на панголините слични на

армадило, чиишто лушпи се верува дека го зголемуваат мајчиното млеко, иако научните докази не го поддржуваат ова народно верување. Од своето основање во 2014 година, оваа невладина организација организира едукативни програми со ученици и полициски службеници, работи со властите на законодавството, ослободи речиси 400 панголини и ги врати назад во дивината, а и го отвори првиот центар за конзервација и спасување на пантолините и месојадците во Виетнам. Истражувањата спроведени од страна на „Зачувај го дивиот свет во Виетнам“ ( на англиски јазик: SVW), заедно со меѓународната организација „Humane Society International“ успеваат да ја намалат потрошувачката на месо од панголини во последниве години и да ја подобрат ситуацијата со запленување на незаконски собраните панголини.

Едно прашање со кое се соочува конзервација т.е. програмата за заштита на загрозените видови во Виетнам е диспаритетот во мотивацијата меѓу богатите градови и неразвиената рурална средина каде што се случува ловокрадството. Но, ако социјалниот притисок продолжува да ја намалува побарувачката, заедно со „затегнатата“ безбедност на границите, конзерватолозите се надеваат дека ловокрадците наскоро нема да

имаат каде да ги продаваат своите производи. Се чини дека дури и Кина ја гледа „светлината“ – до одредено ниво. Побарувачката на слонова коска е преполовена во изминатите четири години, а Пекинг вети дека ќе ја елиминира трговијата со слонова коска до крајот на 2017 година.„Непосредно пред да заминам од Виетнам, последен пат се возев надвор од Сон Тра. Додека се приближував кон главниот дел на полуостровот со ветерот во мојата коса и морскиот воздух во моите бели дробови, бев пречекан со ограда од бодликава жица преку патот. Седејќи на мојот велосипед, гледајќи ги жолтите тврди капи на градежните работници што работеа на плажата подолу, бев убеден дека моите деца никогаш нема да видат дук-лангур (тип на мајмун) во она што останало од дивината. Сега, само пет години

подоцна, сфаќам дека можеби мислев погрешно, и дека има иднина за дивиот свет во Виетнам, вели Ник Дал.

м-р Билјана Поповска

(адаптирано од http://www.foxbusiness.com/features/2017/06/27/world-wildlife-

fund-arms-itself-with-cloud-to-fight-poaching.html;http://www.ozy.com/

fast-forward/how-vietnam-learned-to-stop-poaching-and-love-its-beasts/79150)

50

Во чест на 11 Октомври, Денот на народното востание, 30-тина активисти на Општинската организациона единица

(ООЕ) на ОРОРМ Тетово, со која раководи резервниот капетан Зоран Кировски, на 6 октомври го посетија историското Горно Врановци, што се наоѓа на 30-тина км од Велес. Како што е познато, во Горно Врановци од средината на септември до 13 ноември 1944 година, се наоѓала законодавната и извршната власт на новоформираната Демократска Федерална Македонија (Президиумот на АСНОМ, Поверентствата), како и Главниот штаб на НОВ и ПОМ, ЦК на КПМ, раководството на ОЗНА и печатницата „Гоце Делчев“ во која се отпечатени првите брови на „Нова Македонија“ и на „Млад Борец“. Во Меморијалниот комплекс кој опфаќа пет спомен-објекти, се наоѓа постојана историска поставка со бројни содржини – фотографии, документи, мапи за воените операции, работната соба на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, Михаило Апостолски. Президиумот на АСНОМ го организирал целокупниот општествено-политички живот на слободната држава, а Главниот штаб раководел и ги коородинирал завршните операции за целосно ослободување на Македонија. Покрај престојот на државното, военото и партиското раководство, во овој период во Горно Врановци престојувале и американската и британската воена мисија, во селската џамија функционирала болница, а во блиското село Долно Лисиче, офицерска интендантска школа.

Проверката на психофизичките способности на резервните офицери и подофицери е постојано во

фокусот на вниманието на ОРОРМ. Во контекст на ваквата програмска определба, во Организацијата редовно се планираат кондиционо-рекреативни маршеви на општинско и на регионално ниво кои се реализираат на различни релации во Р. Македонија. Потврда на ова претставува и организирањето кондиционо-рекреативен марш на 7 октомври на кој учествуваа 80 членови на ОРОРМ од осум општински организациони единици од источниот дел на Македонија и од Скопје. Оваа практична активност, во знак на одбележување на 65-годишнината од основањето на ОРОРМ и 25-годишнината од функционирањето на автономниот одбранбен систем, се изведе во Кратовскиот

регион. Според програмата, маршот се реализира на релацијата: локалитет „Лисец“ – с.Каврак на ограноците на Осоговските Планини, во должина од 7 км. На локалитетот „Лисец“, на 1.352 м.н.в., капетан Митре Богданов од 2. пешадиски баталјон од Штип, со помош на топографска карта и бусола изврши географска и топографска ориентација во функција на освежување на знаењата на старешините од ориентација во просторот. По кратката анализа на оваа значајна практична активност, што ја направи претседателот на ОРОРМ проф. д-р Ѓорѓи Малковски, во кругот на црквата во с.Каврак дружењето заврши со заеднички ручек – војничкото гравче што го подготви Првиот логистички баталјон од Штип со кој командува потполковник Лазар Ѓуров.

Проверка на психофизичките способности

Посета на Горно Врановци

Живко Трајановски

ОРОРМ - активности

51

На гаѓањето поделени во групи од по десетмина за секое гаѓање на военото стрелиште учествуваа 90 членови -

офицери и подофицери од резервниот состав на АРМ и членови на ОРОРМ од основните организации од повеќе градови од Македонија. Иако многумина веќе гаѓале со автоматска пушка, посебно со пушкомитралез, сепак самиот чин дека повторно се среќаваат со огнено оружје, иако вежбовно, кај нив предизвикува возбуда.Тоа посебно се чувствуваше кај помладите кои за првпат гаѓаа, а и кај едните и кај другите чувствата се испреплетуваат. Крајната цел кај сите учесници беше успешно да го изведат гаѓањето и да постигнат што подобар успех иако гаѓањето не беше натпреварувачко. Проф д-р Ѓорѓи Малковски, претседателот на ОРОРМ, во изјавата за „ШТИТ“ информира дека гаѓањето е дел од годишната програма на ОРОРМ за воена обука на своите членови. „Овие гаѓање на стрелиштата на АРМ се единствена можност за воената обука на нашите членови,односно постарите да си го проверат знаењата, а новите членови да се стекнат со вештините на гаѓање.Учесниците денеска освоија просечна оценка 4,5, со што докажаа дека се добро обучени за овие гаѓања“, потенцираше претседателот на ОРОРМ проф д-р. Малковски. Тој воедно му се заблагодари на Министерството за одбрана и на Командата за обука

и доктрини на АРМ при велешкиот гарнизон кои како и на изминатите боеви гаѓања и денеска им беа домаќини и главни соработници за успешно изведување на овие боеви гаѓања на стрелиштето. Воедно, што е посебно важно се грижеа и за безбедноста на сите учесници на стрелиштето и за самото гаѓање и ги даваа сите потребни инструкции.Традиционално, по гаѓањето сите се упатија во касарната „Алексо Демниевски -Бауман“ .Во мензата на масите таму сите ги чекаа четири последни броја од нашето списание

„ШТИТ“. Сите веднаш го разграбаа и со интерес го прелистуваа, а читаа и некои од темите и прилозите. Потоа на присутните за учеството им се заблагодари претседателот на ОРОРМ, проф д-р Ѓорѓи Малковски и притоа истакна дека гаѓањето сите учесници со успех го извеле.На крај сите учесници во мензата се послужија со традиционално војничко гравче и меѓусебно разговараа и споделуваа свои искуства од гаѓањето, се дружеа и подобро се запознаваа меѓу себе.

Антоанела Димитриевска

Организацијата на резервни офицери на Македонија (ОРОРМ) на стрелиштето на АРМ

кај Велес во близина на Долно Оризари изведе боеви гаѓања за своите членови со автоматска

пушка „М-70“ и пушкомитралез „М-53“

ОРОРМ со своите членови изведе боеви гаѓања

ОРОРМ - активности

52

24 часа

Натпреварот во стрелаштво со воздушна пушка се реализираше во новото стрелиште на гарнизонот, кој

припадниците на гарнизонот го опремија со сопствени ресурси, иницијатива и мотивираност. На натпреварот учествуваа шест екипи, меѓу кои и екипи од организациите и институциите на градот Велес. На пригодна свеченост во Војничкиот клуб пред присутните се обрати заменикот на командантот на Команда за обука и доктрини, потполковник Стојанче Тодоров, кој им посака пријатно дружење на натпреварувачите и нагласи дека оваа манифестација ќе продолжи како традиционална во соработка со Стрелечкиот сојуз на град Велес.На почетокот на натпреварот двајца млади членови на Стрелечкиот сојуз извршија презентација и запознавање на сите присутни со опремата која се користи за гаѓање на меѓународните натпревари и тактичко-технички карактеристики на воздушната пушка за натпревари.

Седумнаесетгодишната Стефанија Андовска, ученик во трета година во ОСУ „Јовче Тесличков“, веќе шест години е член на Стрелечкиот сојуз. Учесник е на многу школски натпревари каде неколку пати го освојува првото место. На државниот натпревар со воздушна пушка го има освоено второто место.

Стефанија со својот долгогодишен успех во Стрелечкиот сојуз е и член на државната репрезентација во стрелаштво и веќе трета година добива стипендија од Меѓународната стрелечка федерација. Нејзиниот успех е забележан во градот Велес за што сведочи и наградата за изборот за најдобар спортист за 2015 и 2016 година.

Ненад Антиќ е помлад член на Стрелечкиот сојуз, ученик во прва година во ОСОУ „Коле Неделковски“ и веќе две години е државен првак и стипендист на Меѓународната стрелечка федерација.На прашањето каде се гледаат себеси во идните професии и Ненад и Стефанија имаат желба да бидат

дел од безбедносните структури во редовите на полицијата или во Армијата на Република Македонија. Првото место во машка конкуренција го освои екипата од винаријата „Стоби“ , второто место го освои Стрелечкиот клуб - Велес и третото место екипата од Логистичката чета на гарнизонот Велес.

Во женска конкуренција учествуваше само екипа од Командата за обука и доктрини.Командантот на Команда за обука и доктрини полковник Љубенчо Петровски им честиташе на натпреварувачите за учеството на натпреварот и им додели дипломи на екипите за освоените места.

Славица Николовска

Натпревар во стрелаштво во КОД

Во пресрет на одбележувањето на 11 Октомври, Денот на народното востание,

симболот на македонската борба за слобода, во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес се реализира натпревар

во стрелаштво со воздушна пушка

Бункерот „Готеница“ кој е сместен во густо пошумените предели на Кочевишкиот регион во непосредна близина на

Готевишката Река, беше републички команден центар наменет за словенечкото раководство од каде во случај на војна би раководеле со активностите. Изградбата на бункерот започнала во 1950 година, а завршила во 1958 година. Голем број на воени затвореници, политички неистомисленици, рудари и друг персонал од сите краишта на државата биле ангажирани за изградба на овој подземен објект. Подготовките започнале една година порано кога комунистичкиот режим на поранешна Југославија има донесено одлука околу 200 квадратни километри да се одземат и територијата да се прогласи за „забранета воена зона“.Бункерот е составен од мрежа на ходници и наменски простории кои се наоѓаат на просечна длабочина од 70-100 м под земјината површина. Надморската височина на просторот е околу 1000м. На 2-3 км од самиот бункер на патот кој води до него има стражарска куќичка и рампа која ги спречува љубопитните минувачи да влезат. Воедно, околу целата територија периметараски е поставена жичана ограда која е наменета за пасивна заштита на објектот. Републичкиот команден центар „Готеница“ според своите карактеристики и капацитети овозможува сместување на стотина луѓе со целосна

автономија од надворешноста за период од 3 месеци. Влезот во бункерот е мал и има неколку последователни ровови по што се влегува во ходник со 9 крила со севкупна должина од 1500 м. Бункерот располага со канцеларии, вентилација, магацински блок, простории за одмор, кино сала, операциска сала, санитарни јазли, кујно-трпезариски блок и сe што е потребно за нормално функционирање. Во самиот бункер постои и контролна соба од каде преку сензори за движење се следи секој влез во секое крило на бункерот. За време на изградбата на бункерот биле искористени сите искуства и докажани ресурси со кои дотогаш располагале инженерите и конструкторите, така што за постигнување на херметичност се користени врати и ситеми кои се покажале успешни во подморниците. Издржливите и тивки бродски мотори биле искористени за работа на вентилационите системи.Објектот е делумно отворен за јавноста од 1990 година кога словенечкото раководство почна да го користи како магацински простор за складирање на вооружувањето за новоформираната словенечка армија. Денес просторот се користи како полигон за вежбање на словенечкото Министерство за внатрешни работи, а самиот бункер поради условите кои ги нуди се користи за чување и складирање на словенечкиот филмски архив.

Златко Блажески

Бункерите кои ги изгради поранешниот систем на

Социјалистичка Федеративна Република Југославија се

протегаа низ целата нејзина територија. Покрај главниот бункер на Тито во Коњиц, во секоја поранешна република имаше и по еден републички

команден центар-бункер или подземно засолниште

за државниот и воен врв од соодветната република

Низ историјата

Бункер „Готеница“

54

Генерал-потполковник Јован Ан-древски завршил основно об-разование во с. Врбјани во 1960 година, а потоа се определува за

војничка кариера и ги завршил следни-те школи: Инженериска подофицерска школа во 1962 година, Воена академија на Копнената војска во 1967 година, Ко-мандно-штабна академија на Копнената војска во 1978 година и Школа за народна одбрана, вонредно 9-та класа.Во кариерата започнал како командир на вод во Инженериска чета и инженериски поручник во 1970 година. Натаму е уна-преден во чин капетан во 1972 година, потоа во чин капетан 1. класа во 1975 го-дина, потоа во чин мајор во 1979 година, па во чин потполковник во 1984 година, во чин инженериски полковник во 1989 годи-на, во чин генерал-мајор во 1995 година и во 2000 година е унапреден е во чин гене-рал-потполковник.Во својата војничка кариера ги извршувал следните должности: командир на вод во периодот од 1967 до 1972 година, на чета 1972 до 1974 година, на баталјон 1974 до 1978 година, началник на инжинерија од 1978 до 1979 година, заменик -ко-

мандант на Инженериски полк од 1979 до 1982 година, референт во органот за инженерија од 1982 до 1983 година, командант на Инженериски полк од 1983 до 1988 година, началник во органот на инженерија од 1989 до 1992 година во ЈНА, а од 1992-1993 година, началник во органот на инженерија на АРМ. Потоа со Указ е поставен за командант на 3.АК на АРМ во 1994 година.

Со Указ бр. 2 од 27.12.1994 на претсе-дателот на РМ, дотгашниот инженериски полковник Јован Андревски, досега ко-мандант на 3.АК во ГШАРМ, е унапреден во генерал-мајор и поставен по мирнов-ременска формација во ГШ на АРМ за командант на 1. АК. Таму останува во периодот од 1994 до 2000година (Служ-бен весник на РМ, бр. 70 од 31.12.1994 година). Работниот век го поминал на служба во следните гарнизони: Охрид во периодот од 1967-1973 година, Струмица во пери-одот од 1974-1979 година, Скопје во пе-риодот од 1979-1995 година, Куманово во периодот од 1995-2000 година и Скопје во периодот од 2000-2001 година.Со Указ бр. 4 од 8.5.1995 годинана прет-седателот на РМ, полковник Јован Ан-древски, сега командант на 1.АК во ГШ на АРМ, се унапредува во чин генерал-мајор. Со Указ на претседателот на РМ бр. 1, од 10.2.2000 година, е унапреден во чин генерал-потполковник, а со Указ бр. 3 од 11.2.2000 година, е поставен по мир-новременска и воена формација за НГШ на АРМ, каде останува краток период од 11.2.2000-12.6.2001 година. (Службен вес-

Низ историјата на АРМ

Началници на Генералштабот на АРМ

Генерал-полковникЈОВАН АНДРЕВСКИ

На 23 февруари 2001 година во Скопје е потпишан Договорот за утврдување на границата меѓу Македонија

и Сојузна Република Југославија.

Собранието на Република Македонија на 30 мај го

донесе вториот по редослед Закон за одбрана (Сл. весник на РМ бр. 42 од 1 јуни 2001

година)

(Началник на ГШ на АРМ од 11.02.2000 до 12.06.2001)

Началници на Генералштабот на АРМ

55

ник на РМ, бр. 13 од 21.2.2000 година). За времен на неговиот мандат како НГШ на АРМ, се карактеристични се следните настани:Во 2000 година: На 21.2.2000 година претседателот на РМ под реден бр.280 донесе Уредба за знамињата на единиците на АРМ. (Служ-бен весник на РМ бр.13 од 21.2.2000 година) На 14 март 2000 – претседателот на РМ Борис Трајковски донесе Уредба за видот на униформите на припадниците на АРМ, а на 19 јануари – во Скопје во Во-ената болница, под раководство на кар-диохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во РМ. На 16 јуни 2000 година е основана Прва-та гранична бригада на АРМ. 21 април – Во Скопје, во издание на МОРМ, е промовиран првиот број на списанието „Современа македонска одбрана”. Врхов-ниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Борис Трајковски на 16 октомври го предаде военото знаме на 1. пешадиска бригада од силите за брзи реакции од 1.корпус на АРМ. Со тоа е промовирана почетната оперативна готов-ност на Бригадата. Во Скопје, во Воената

академија на Република Македонија, на 19 декември беа промовирани првите по-дофицери за основни командирски долж-ности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО. Во состав на ГШ на АРМ формиран е Центар за контрола на вооружувањето, потчинет директно на заменикот на НГШ на АРМ.Во 2001 година: На 23 февруари – во Скопје е потпишан Договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ. – Собранието на РМ на 30 мај го донесе вториот по ре-дослед Закон за одбрана (Сл. весник на РМ бр. 42 од 1 јуни 2001 година). (Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ е донесен на 14 февруари 1992 година.)Генерал-потполковникот Јован Андрев-ски е разрешен од должноста на не-гово барање, по што со Указ бр. 25 од 12.6.2001година, на претседателот на РМ е поставен за советник за воени прашања на претседателот на РМ. (Службен весник на РМ бр. 46 од 14.6.20001 година). Во писменото барање за неотповикливо разрешување од должноста, генералот

Андревски нагласува дека на тој на-чин се решил од „морални“ причини, сочувствувајќи со големата загуба на младите животи на припадниците на АРМ. Заминувајќи со чист образ и високо достоинство на одговорната должност, нема да дозволам да бидам надвор од настаните на одбраната. „Сета своја стручност, умешност, под-готвеност и војничка чест подготвен сум да ги ставам на располагање на развојот на одбраната, во овие теш-ки мигови, пред сè за одбраната на територијалниот интегритет и суве-ренитет на Република Македонија“,-се вели, меѓу другото, во барањето на гене-ралот Андревски.Во текот на својата кариера има добиено повеќе писмени пофалби и одликуван е со Орден (ОУ2 ѕа ЅМ) во 1975 година, Орден (ОКА/Ѕ2) во 1975 година, Орден (0У2 7М) во 1980 година, Орден (ОКс1ЅУ) во 1984 година и Орден (ОНА22У) во 1989 година. Пензиониран е на 14.3.2002 година.

генерал во пензија Борис Стојаноски проф. д-р Марјан Димитријевски

Во Скопје, во Воената академија на Република

Македонија, на 19 декември 2000 година

беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на

НАТО

56

Филм

Смеата се слуша подалеку од пла-чот“. Оваа еврејска поговорка е мо-жеби вистинита, а можеби и не,но дефинитивно во неа е содржано

она што во суштина сака да ни го пренесе филмот „Возот на животот“. Во него, гледаме една малку поразлична приказна од Холока-устот во Втората светска војна каде е опиша-но патешествието на група Евреи кои ќе се обидат да ја избегнат средбата со смртта во озлогласените нацистички кампови на еден речиси неверојатен начин. Како добитник на повеќе интернационални награди, „Штит“ го препорачува ова стоминутно патување низ подвижните слики да стане дел од вашето „филмско есенско мени“.

Смртта се наближуваЦентрална Европа, 1941 година. Втора-та светска војна. Кога жителите на едно

еврејско село наслушнуваат дека герман-ските нацисти се приближуваат кон нив за да ги одведат на патот кон истребување, во недостаток на опции и можности за одбегнување на таквиот исход ја прифаќаат единствената идеја за бегство од селскиот лудак Шломо, која колку и да звучи лудо, во тој момент, каде владее општа паника, се чини како најрационална. Идејата се чини неверојатна – организирање на лажна депортација и обид да заминат со лажен воз - „дух“ кој наместо во логор, преку границите на Европа и Русија, требало да ги одведе кон ветената земја Палестина за да го про-должат мирниот и спокоен живот. Така го започнуваат својот пат кон слободата... Но, патувањето не се одвива лесно и без пречки. Возот е пресретнуван од германската војска која мораат да ја надитрат за да преживеат и да ја убедат дека тоа е навистина воз кој

депортира еврејски затвореници, а од друга страна се следени и неколку пати се цел на бомбардирања од страна на членови на францускиот комунистички отпор, во обид да ги „спасат“ заробените. Благодарение на добрата организација, успешно маскираните селани во еврејски затвореници и нацистич-ки војници, ја продолжуваат својата аванту-ра. Оние кои разбирале и говореле герман-ски јазик биле маскирани како вистински Германци, а останатите како нивни заробе-ници упатени кон логорите на смртта. Дали жителите на напуштеното село ќе успеат да ја остварат својата цел, додека од сите стра-ни ги демнат опасности? Ова авантуристич-ко и гротескно патување ја уочува глупоста и апсурдноста на војните и нетолеранцијата, а ја возвишува мирољубивата коегзистенција.Филмот се разликува и доаѓа како освежување за љубителите на воениот жанр

„Воз на животот“

57

затоа што на еден лесен, хумористичен и шармантен, но, не помалку важен начин го претставува животот на прогонетите. Тензијата се провлекува низ целиот филм на начин кој ќе го насмее гледачот. Режисерот успеал одлично да си ја заврши работата комбинирајќи сатира и трагедија и во својот филм и да ја прикаже тежината на воена-та тематика во едно слоевито филмско дело. Неизоставен зачин на дејството е, секако, хуморот што ги повлекува гледачите да заборават на тежината која ја носи приказната и според многумина токму тоа е причината за големиот успех на филмот и за режисерот и сценарист Михаелану кој успева да пренесе силна и длабока порака, а притоа да не го измори гледачот.

Чистата човечка душа - инспирација за режисеротКако најинтересна појава во „Воз на живо-тот“ би ги издвоиле Шломо и Мортдекаи кои благодарение на својата остроумност и проникливост успеваат во многу наврати да ги измамат Германците и да ги убедат дека се едни од нив. Овие ликови чии каракте-ри отскокнуваат од другите, со леснотија успеваат да ни ја претстават идејата за непокорливите Евреи пред соочување со бруталниот крај. Михалеану ни го прикажува нивниот кроток менталитет, тивкиот начин на живот кој го воделе и строгото почитување на еврејската религија и традиции. Тие дури и во време на бегство, човечко невреме, не ги забораваат еврејските обичаи, се молат, јадат исклучиво еврејска храна и пред сѐ, не забораваат на она што ги учи религијата – да се држат заедно и во најтешки времиња, да си помагаат еден со друг и сите заедно да стигнат до својата цел - ветената земја Палестина.Најсилната карактеристика на еврејските патници која се потенцира е дефинитив-

но нивната невиност која се граничи со онаа детската, невиност која сè поретко ја среќаваме меѓу луѓето и која со секој изминат ден, секоја душевна рана и ис-куство избледува во секој од нас. Оваа

навидум лесна, но, комплексна приказна покрај главната тема начнува исто толку длабоки и безвременски прашања кои го мачат човекот од самото негово постоење, а токму ненаоѓањето на егзактен одговор на истите се јавува и како еден од главните причинители за вечната меѓучовечка борба. Едно такво прашање се поставува дента кога Евреите го започнуваат славењето на својот најголем празник Шабат со молитва, а малата група самопрогласени марксистички комунисти одбиваат да учествуваат бидејќи за нив постојат далеку позначајни работи. Шломо успева да ги занеме сите алудирајќи на егоцентричноста и себичноста на човеко-вата природа.Најверојатно единствениот „пропуст“ кој го направил Михаелану е површноста на начинот, стилот на интерпретирање. Токму лесната содржина и францускиот хумор ќе бидат навигатор за некои од филмските кри-тичари кон доделување на лоша оценка и ќе го наречат филмот „банален“, меѓутоа сепак силната порака, скриениот филозофски при-

стап кој ќе нè натера да размислуваме долго по крајот на филмот и шареноликоста на карактерите се токму она што го прават овој филм дефинитивно вреден и препорачлив за гледање.

Лице в лице со крајотСамиот крај на филмот е поздрав до реалноста на времето. Едниствениот пресврт, а веројатно и најважниот кој ја прекинува мирната низа случувања на шините кои водат до ветената земја се случува во послед-ната сцена. Тука го гледаме Шломо зад бодилкавата жица од концентра-циониот камп облечен во затворенич-ка облека, како со блажена насмевка и тап поглед не враќа во реалноста - ниту најдобро организираниот воз не можел да му побегне на будното око на окупаторот. Но, тоа не го спречило ниту него ниту неговите соселани да

се препуштат на фантазијата и неуморно да ги следат своите соништа и да веруваат до последен здив.Во многу нешта, а најмногу по тоналите-тот и атмосферата, овој филм е близок со ремек-делото на Роберто Бенини „Животот е убав“ или „Добро утро, Виетнам“. „Возот на животот“, како и овие кои ги споменавме, го брка истиот агол низ призмата на гледање на нештата прикажувајќи една потресна при-казна низ невообичаено светло и на гласен, жив и весел начин. Низ неа ги откриваме најважните мудрости и најтешки лекции кои можат да се научат, големината на човеч-киот дух, истрајноста и желбата за живот, непокорноста и способноста на човекот да ја задржи позитивната мисла и во најцрните моменти. Иако животот има и почеток и крај и тоа не може да се смени, сепак чове-кот може да извојува победа само кога ќе успее во најтешките моменти да ја задржи ведрината и само тогаш тој ќе излезе како победник од овој живот.

Елена Ѓорѓиевска

5757

Режија: Radu Mihaileanu

Улоги: Lionel Abelanski, Agathe de la Fontaine

Сценарио: Radu Mihaileanu

Кинематографија: Giorgos Arvanitis

Музика: Goran Bregovic

Година: 1998

Земја: Франција, Белгија, Романија, Холандија, Израел

Награди: „FIPRESCI“награда за најдобар дебитантски филм, „Anicaflash“награда на Интернационален филмски фестивал во Венеција, наградата „World Cinema Audience Award“ на „Sundance“ филмски-от фестивал, награда за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на „Film Critics Society Awards“

Селото Лесново кое се наоѓа во општината Пробиштип, е надалеку познато село по неговата висока надморска

височина на југозападните падини на планината Осогово од 890 метри, по чистиот планински воздух и пријатната клима, по надалеку прочуениот и познат Лесновски манастир и по тоа што тоа е единственото село во нашата држава кое лежи на кратерот на изгаснат вулкан. Лесново е недопрено место каде што природата создала таква убавина што изобилува со раскошни бои, зеленилото на шумата помешано со златните сончеви зраци и синилото на небото. Лесново има свои приказни и легенди од минатото, дел од нераскинливата историја на еден вреден и скромен народ. За познатиот

Лесновски манастир се знае дека зазема значајно место во македонската како црковна така и национална но и културна историја. Кога ќе го посетите Лесновскиот манастир, монасите ќе ви ги прераскажат сите преданија за ова свето место, основањето од страна на св. Гаврил Лесновски и податоците за возобнувањето на манастирот. Едни од најубавите фрески со византиски стил на цртање ќе ги видите токму тука. Ќе почувствувате како местото дише со историја, носејќи ви мир и спокојство. Иконостасот во Лесновскиот манастир, е уникатно резбано дело од ореово дрво кое треба да се види, за да се доживее. Дел од столбовите се изработени само од едно парче дрво.Жителите на Лесново во минатото главно се занимавале со ископување

на воденичен камен од пештерите во околината на селото.Специјално обележаните патеки и скали ќе ве однесат до некои од нив. Во Лесново ќе пробате најубава домашна пита, сирење и кисело млеко и ќе ве направи побогати за неколку впечатоци.Ако порано никогаш не сте слушнале за Лесново, за Лесновскиот манастир и за Лесновските воденичарски камења ова е одлична шанса да се запознаете со овие природни убавини кои ја красат нашата држава. Верувајте дека ќе го збогатите вашето духовно знаење и вашиот духовен мир, ќе ги задоволите вашите сетила и ќе бидете побогати со едно сосема ново и прекрасно искуство. Со сигурност ќе посакате да се вратите повторно…

Кристина Илиевска

58

Лесново и Лесновскиот манастир - природна и духовна убавина

Лесново и Лесновскиот манастир - природна и духовна убавина

Убавините на Македонија