19
Годишен извештај на НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Јануари-Декември 2017 година Скопје 2018

Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

  • Upload
    others

  • View
    20

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

Годишен извештај

на

НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Јануари-Декември 2017 година

Скопје 2018

Page 2: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

2

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас

против насилство“ во текот на 2017 година ги имплементираше следниве

проекти:

„На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република

Македонија“ чија цел е подобрен дијалог со носителите на одлуки за

подобрување на законската рамка и системот за заштита и подршка на

жените од сите форми на насилство, како и зголемено учество и

видливост на женските организации во процесот на пристап во ЕУ со

подобрен пристап до релевантни податоци за различните форми на

родово базирано насилство. Проектот е поддржан од шведската

фондација Квина тил Квина.

„Спроведување на Национална студија за насилство врз деца“, во

партнерство со канцеларијата на УНИЦЕФ, во рамки на договорот за

соработка воспоставен помеѓу УНИЦЕФ и Владата на Република

Македонија. Истражувањето се фокусира на идентификување и

проценка на институционалните механизми за превенција,

идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на

насилство врз деца, во рамките на системот за заштита на децата.

„ Регионален пакет на специјализирани сервиси за жени жртви на

родово базирано насилство како дел од програмата на локалната

самоуправа“. Општата цел на проектот е креирање на ефективни

политики за унапредување на заштитата на жените жртви на различни

форми на родово базирано насилство на локално ниво, како и

зголемена институционална свест за обврската да се обезбеди

поддршка на сите жени жртви без разлика на етничка, верска,

социјална, сексуална определба.

„Насилството врз жените како дел од агендата на политичките партии“

– со цел актуелизирање на насилството врз жените како приоритетно

прашање во програмите на политичките партии. Проектот е поддржан од

програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за

развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во

Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот

центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот

институт за јавна администрација (СИПУ).

Page 3: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

3

АКТИВНОСТИ НА НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ

ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

ЈАНУАРИ-ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА

ФЕВРУАРИ

09.02.2017 г., во ГЕМ клуб (Менада) се одржа доделувањето на наградите за

„Најдобро младинско видео“. На настанот беа промовирани сите подготвени видеа

кои учествуваа во изборот, а на 1во, 2ро и 3то пласираните видеа им се доделија

вредносни ваучери за набавка на аудио-визуелна опрема. На овој настан му

претходеше објавување на јавен повик за учество во Натпревар за најдобро младинско

видео и информативна обука на која учесниците беа

запознаени со формите и видовите на насилство врз жените

и семејно насилство и состојбата во државата во однос на

овој проблем. Креирана Платформата за јавно гласање

овозможи пошироката популација да ги погледне видеата и

да гласа за својот фаворит. Конечната одлука за изборот на

најдоброто видео ја донесе Националнално жири составено

од 4 члена – активистки и борци за женски права и

спречување на насилството врз

жените. Настанот беше во

рамки на проектот „Натпревар

за најдобро младинско видео“, кој започна како дел од

кампањата „16 дена активизам“, а беше поддржан од

Американската амбасада во Скопје. Првонаграденото

видео учествуваше на Европскиот избор за најдобро

младинско видео кој се оддржа на 27ми Април во Брисел,

а беше во организација на Европската мрежа против

насилство врз жени (WAVE).

13.02 -16.02.2017 г., во хотел Порта во Скопје се одржа четири дневна обука за

прибирање на податоци на која присуствуваа 18 лица ангажирани како помошници

истражувачи одговорни за прибирање и внес на податоци, како и за поддршка за

целокупното спроведување на студијата. Обуката ја водеше проф. д-р Стефан

Минтон, ангажиран како меѓународен консултант кои заедно со двете национални

консултантки ја подготви методологијата за спроведување на националната студија за

насилство врз деца.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во

партнерство со Kанцеларијата на УНИЦЕФ, започна во октомври 2016 со подготвителни

активности за спроведување на студија за Идентификување и проценка на

институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување,

упатување и заштита во случаи на насилство врз деца, во рамките на системот за

заштита на децата. Спроведувањето на студијата е финансиски поддржано од

Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект

за заштита на децата од насилство и за инклузија на децата со попреченост.

Page 4: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

4

18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со

претставнички на политички партии – „Насилството врз жените - дел од агендата на

политичките партии во Република Македонија“. На работната средба беа присутни 19

претставнички од 12 политички

партии во Република

Македонија кои на 25 Ноември,

2016 година ја потпишаа

Заедничката Декларација:

Спречување и заштита од

различни форми на насилство

врз жените и семејно

насилство. Тимот на извршната

канцеларија на почетокот на

средбата ги презентираше

предходно имплементираните активности со политичките партии во Република

Македонија со фокус на родово базираното насилство. Беше претставена и

моменталната состојба со насилството врз жените и семејното насилство во

државата. Целта на оваа средба беше договарање на следни чекори и изработка на

план за акција. Оваа работна средба се одржа како дел од активностите во рамки на

проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република

Македонија“. Целта на оваа средба беше договарање на следните чекори и

изработка на план за акција.

МАРТ

Националната мрежа присуствуваше и го поддржа Маршот за женски права

кој беше организиран на 8ми Март,

Меѓународниот ден на жената од страна на

Платформата за родова еднаквост насловен

како „Дали е Среќен 8ми Март?“. Преку

транспарентите и пораките беше изразена

загриженоста за влошената економска,

социјална и политичка позиција на жените во

Македонија. Жените и мажите кои се

приклучија кон маршот испратија јасна порака

дека женските права мора да бидат приоритет

на идните влади и политичарките и политичарите мора да работат кон унапредување

на родовата еднаквост во земјата.

МАРТ - СЕПТЕМВРИ

Во овој временски период се спроведуваше теренско истражување за

потребите на „Национална студија за насилство врз децата“. Беа спроведени вкупно

550 интервјуа со вработени во релевантните институции и тоа: психолошко-

педагошката служба во основните и средните училишта, воспитувачки и негователки во

градинки, педијатри и доктори по семејна медицина, судии, јавни обинители,

испектори по семејно насилство и малолетничка деликвенција и стручни работници во

Центрите за социјална работа (психолози, педагози, социјални работници, правници).

Интервјуата ги водеа ангажираните 18 помошници истражувачи, а беа оофатени 30

општини во државата. Дополнително од страна на националните консултантки беа

спроведени 18 интервјуа со вработени стручни лица во институциите за згрижување на

Page 5: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

5

деца и тоа: Дом за деца без родителска грижа „11 Октомври“, СОС Детско село, ЈУ за

згрижување на деца со воспитно – социјални проблемии „25 Мај“, Завод за

згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Милановиќ“, Воспитно

поправен дом „Тетово“, Малолетнички затвор Охрид, Посебно основно училиште

„Иднина“ и Посебно основно училиште „Д-р. Златан Сремец“.

На својата втора посета, меѓународниот консултант проф. д-р Стефан Минтон

спроведе и 12 интервјуа со претставници од релевантните министерства.

ЈУЛИ

Во месец јули започна истражувањето за потребите на “Студија на опсег на

различните форми на сексуално насилство во Р.Македонија“. Во периодот од

28.07.2017 до 01.09.2017, со техниката анкетирање односно спроведување онлајн

прашалник на македонски јазик, се истражуваа ставовите, убедувањата и искуствата

на граѓаните во областа на сексуалното насилство. Прашалникот беше изработен на

бесплатната страна www.esurv.org и истиот беше споделуван на социјалните мрежи

Facebook и Twitter, на веб страната на Националната мрежа

http://www.glasprotivnasilstvo.org.mk/. Информации за истражувањето заедно со

прашалникот беа испратени до Министерствата на Р.Македонија и граѓанските

организаци. Прашалникот беше одговорен од вкупно 5136 испитаници, од кои 745

(14,51%) мажи и 4391 (85,49%) жени.

АВГУСТ

Во периодот август-септември 2017 со цел да се добие точниот број на случаи

на сексуално насилство кои биле пријавени и по кои се постапувало, а кои се

регулирани со Кривичниот Законик на РМ, Закон за превенција спречување и заштита

од семејно насилство, Закон за заштита од вознемирување на работно место и Закон

за спречување и заштита од дискриминација беа испратени барања за пристап до

информации од јавен карактер до Министерство за внатрешни работи, Министерство

за труд и социјална политика, Основното јавно обвинителство, Основните судови на РМ,

Народниот првобранител и Комисија за заштита од дискриминација.

22.08.2017 г., Националната мрежа испрати Јавно барање и Предлог политика

до кандидат(к)ите за градоначалници на локалните избори 2017 за вклучување на

специјализирани сервиси за жени и девојчиња жртви на различни форми на насилство

во предизборните програми. Тоа би значело воспоставување и обезбедување

одржливост на минимум пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански

регион, а со кој ќе се унапреди достапноста и пристапноста на сервисите за жените

од урбаните и руралните заедници, како и за жените со различни видови попречности.

Предлог политиката и Јавното барање се достапни на следниот линк:

http://bit.ly/2HFbhAf

СЕПТЕМВРИ

12.09.2017 г., во Јавна соба во Скопје, Националната мрежа одржа работна

средба со Претседателките на женските форуми на политичките партии во Р.

Македонија. Целта на средбата беше дискусиија околу Предлог политиката која

Националната мрежа ја изработи за воспоставување и овозможување одржливост на

Page 6: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

6

регионален пакет на сервиси за жени жртви на различни форми на насилство и

семејно насилство на локално ниво.

Во втората половина на септември беа контактирани сите кандидат(к)и за

градоначалници од Скопскиот, Вардарскиот и Полошкиот регион и со нив беше

споделена Предлог политиката за специјализирани сервиси за жени жртви на различни

форми на насилство вклучувајќи и семејно насилство во Р.Македонија во која е

образложено на кој начин е потребно да се поддржат жртвите на насилство. На

кандидат(к)ите им беше испратена и Јавната заложба за Унапредување на заштитата

на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно

насилство на локално ниво, која се очекуваше да ја потпишат на претстојните

регионални средби.

ОКТОМВРИ

02.10.2017 г., во хотел Лирак во Тетово се одржа првата Регионална средба за

кандидат(к)и за градоначалници и носител(к)и на советнички листи за Полошкиот

регион, во организација на Националната мрежа и Здружението на еднородителски

семејства „Една може“. Целта на

средбата беше претставување на

потребата од преземање на конкретни

мерки на локално ниво и

обезбедување на средства од

локалната самоуправа за

унапредување на пристапот до

сервиси за жените и децата. Од вкупно

44 кандидат(к)и за градоначалници од 9

општини во Полошкиот регион, Јавната

заложба ја потпишаа 11 кандидат(к)и за градоначалници.

04.10.2017 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа втората Регионална

средба со кандидат(к)ите за градоначалници и носител(к)ите на советнички листи од

Скопскиот плански регион. Од вкупно 62

кандидат(к)и во 18 општини, Јавната

заложба за унапредување на заштитата на

жените и децата жртви на насилство беше

потпишана од 23 кандидат/ка за

градоначалник.

06.10.2017 година, во хотел Романтик во

Велес, се одржа третата Регионална

средба за Вардарски плански регион. Од

вкупно 25 кандидат(к)и, Јавната заложба за

унапредување на заштитата на жените и

децата жртви на насилство беше потпишана

од 16 кандидати/ки за градоначалник.

Page 7: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

7

JАВНАТА ЗАЛОЖБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА

ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО ЈА ПОТПИШАА ВКУПНО 50 КАНДИДАТ(К)И ЗА

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ТРИТЕ ПЛАНСКИ РЕГИОНИ

Page 8: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

8

25.10.2017 година, во хотел Порта во

Скопје, се одржа конференција на тема

„Фемициди – убиства на жени затоа што

се жени“ во соработка со ОН.

Конференцијата на тема фемициди беше

прва конференција на оваа тема одржана

во регионот на Европа.

Говорници на конференцијата беа и:

Шалва Веил, професорка на Хебрејскиот

универзитет во Ерусалим и позната

истражувачка и гласноговорничка на

темите насилство врз жени и убиства на жени – фемициди, Луиза Винтон, постојана

координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП, Вирве Вимпари од

Делегацијата на ЕУ, Светлана Цветковска од Министерство за труд и социјална

политика, Силва Пешиќ-Советник за човекови права во Канцеларијата на постојаниот

координатор на Обединети нации и Билјана Чавковска-членка на Мрежата за

фемициди во Европа. На конференцијата присуствува повеќе од 200 гости.

На конференцијата Извршната директорка на Националната мрежа, Елена

Димушевска ги презентираше првичните наоди од „Анализата на случаите на

фемициди во Република Македонија“ која почна да се спроведува Септември 2017

година, а е очекувано да биде промовирана во првата половина на 2018 година.

Анализа ги обработува убиствата на жени во периодот 2008-2016 година. Во анализата

се земаат предвид повеќе фактори како: возраст на жртва/сторител; однос помеѓу

жртва и сторител; вработен/невработен статус; постоење на пријава во локална ПС и

ЦСР; метод на убиство; мотив за убиство; висина на пресуда; времетраење на судска

постапка и др. Анализата ќе биде финализирана во ноември 2017.

НОЕМВРИ

Во текот на месец ноември Националната мрежа продолжи со спроведување

на „Анализа на случаите на фемициди во Република Македонија“. За таа цел

продолжи со вршење на увид во случаите на убиства на жени, во Основните судови и

Основните јавни обвинителства низ Македонија за периодот од 2008 до 2016 година.

Во периодот од 01.11.2017 до 15.11.2017 за потребите на студијата на опсег на

различните форми на сексуално насилство во Р.Македонија Националната мрежа

спроведе интервјуа со експерти од Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје,

експерти кои образуваат на области од сексуалното насилство при Филозофскиот

факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, правни експерти во

области како мобинг и насилство, експерти од Канцеларијата за помош и едукација

на жртвите од мобинг при Сојузот на синдикатите на Република Македонија, вработени

во Центрите за социјални работи, експерти кои работат со лица со попреченост и

други релевантни актери.

Во овој период беа спроведени и фокус групи со претставници од граѓанските

организации кои работат на превенција на насилството врз жени во Македонија.

Page 9: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

9

16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ

27.11.2017 г., во рамки на кампањата „16 дена активизам“, Национална мрежа

против насилство врз жени и семејно насилство, ХЕРА и Министерство за здравство

одржаа предавање за родово-базирано насилство на учениците од четврта година

од медицинското училиште СУГС „Панче Караѓозов“, Скопје.

28.11.2017 г., во хотел Парк во Скопје, се одржа конференција на тема: „Родово

базирано насилство врз жени во спорт“ во организација на Националната мрежа

против насилство врз жени и

семејно насилство, ТАКТ, Агенција

за млади и спорт, со поддршка на

Амбасадата на САД во Република

Македонија. На конференцијата се

говореше за постоењето на

насилство и дискриминација во

спортот, начините на справување

со овие појави, потребата за

справување со овој проблем и

подигнување на свеста на

населението за навремено

препознавање и превенција на

насилството врз девојчињата и жените во спортот. Главни заклучоци беа дека е

потребна едукација на младите за да може да го препознаваат насилството и да ги

знаат начините на кои може да реагираат доколку се подложени на некој вид на

насилство.

30.11.2017 г., во хотел Холидеј ин во Скопје, Националната мрежа, во соработка

со агенциите на ОН, Министерство за здравство и Министерство за труд и социјална

политика, организираше панел

дискусија на тема „Жени и девојчиња

со попреченост – потенцијални жртви

на родово базирано насилство“.

Целта на дискусијата беше

актуелизација на проблемот на

насилство врз жените и девојчињата

со попреченост, кој мора да се

препознае како сериозен општествен

проблем и да му се посвети должно

внимание. Панел дискусијата беше

организирана во рамки на е

европската кампања „Step Up!“ која ја води Европската мрежа на жени против

насилство WAVE, за која Националната мрежа е имплементатор во Македонија.

Во насока на унапредување на пристапот до информации за жените со попреченост,

со финансиска поддршка на канцеларијата на УНДП во Македонија, Мрежата

изработи информативни брошури прилагодени за жени со интелектуална

попреченост и информативни брошури на Брајова азбука кои беа споделени на

Page 10: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

10

панел дискусијата, а дополнително беа дистрибуирани до сите граѓански организации

и институции кои работат со лица со попреченост.

ДЕКЕМВРИ

04.12.2017 г., Националната мрежа против насилство врз жените и семејно

насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои

сакаат да ја напуштат насилната средина – Интервентен женски фонд. Фондот е

наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат

насилната средина на кои ќе им се овозможи иницијална помош за обезбедување на

медицинска документација, храна, облека, ангажирање адвокат до моментот на

добивање бесплатна правна помош и др.

БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ:

ОНЕВИП – 143 477 / ТЕЛЕКОМ – 143 300

ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ: ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО,

200003247799194, СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

7.12 - 9.12.2017 г., Националната мрежа одржа тродневна средба со

организациите членките на Мрежата и Претседателките на женските форуми од

политичките партии во хотел

Бистра - Маврово. Целта на

средбата беше стратешко

планирање на активностите на

Мрежата и планирање на

активностите во соработка со

жените политичарки за

подобрување на заштитата на

жените од родово базирано и

домашно насилство. На првиот

дел од средбата беше

ревидирани Годишната програма за работа на Националната мрежа за 2018 година,

а беше и договорено тимот на извршната канцеларија да изработи План на активности

за годината која следи, а кои би биле заеднички имлементирани од Форумите на жени

и Нациоаналната мрежа.

26.12.2017 г., во хотел Порта се одржа промоција на „Студијата на опсег на

различните форми на сексуално насилство во Р. Македонија“. Студијата беше

изработена со цел добивање

сознанија за тоа колку сексуалното

насилство и сексуалното

вознемирување се препознава во

нашата земја, како и за тоа колку и

како се реагира при случаи на

сексуално насилство и

вознемирување, а достапна е на

следниов линк http://bit.ly/2ABcR1M

Page 11: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

11

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

ПОДЕЛБА НА ПРИХОДИ СПОРЕД ПРОЕКТИ

УНИЦЕФ -

Спроведување на

Национална

студија за

насилство врз

деца

45%

КтК – На пат кон

ЕУ: Спречување

на насилството

врз жените во

Република

Македонија

42.5%

Американска

амбасада-

Избор за

најдобро

младинско

видео

5.5%

Останати

проекти :

ФООМ,

МЦМС,

WAVE

5%

ЖЕНСКИ

ФОНД - 2%

Приходи по

проекти во

денари 2,226,000 2,083,618

268,310

242,094

90,000

Приходи по

проекти во % 45% 42.5%

5.5%

5%

2%

Page 12: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

12

ПОДЕЛБА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ

Категорија

Поделба на

трошоци процент

плати

(хонорари за извршна канцеларија) 1,516,357 ден. 34%

административни трошоци

(кирија, комуналии, сметководство,

банкарски трошоци) 371,195 ден. 8%

хонорари за соработници, - 33%

( хонорар за национални експерти,

хонорар за помошници истражувачи,

хонорар за преведувачи / толкувачи/ лектори,

хонорар за тим за застапување) 1,499,798 ден 33%

Трошоци за одржување настани,

патни трошоци за настани,

хотелско сместување за настани,

печатење на публикации 1,102,908 ден. 25%

вкупно потрошени средства во 2017 4,490,258 ден.

вкупно префрлени средства за 2018 419,899 ден.

Page 13: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

13

АКТИВНОСТИ НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ-ЧЛЕНКИ НА НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА

АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ- Х.Е.Р.А.

8 Март 2017 - Марш за женски права, организиран од Платформата за родова

еднаквост

19 Април 2017 – Две работилници на тема Насилство, врски и односи, одржани од

младите едукатори на ХЕРА Млади, како модул од Сеопфатно сексуално

образование.

29 Мај 2017 – Прв семеен

центар, советувалиште за

семејно насилство со нова

локација. Новата адреса е Ул.

Костурски Херои Бр. 50, и

новиот телефонски број е

023200 -007. Семејниот центар

дава советувалишни услуги на

жртви на семејна насилство,

сторители на семејно

насилство, малолетни деца и

цели семејства. Информативно видео за услугите кои ги нуди центарот, и како да

се стигне до нив. https://www.facebook.com/infopsc/videos/1481982865155368/

19-23 Јуни 2017, Хотел Бистра, Маврово. – Тренинг за национални тренери за

справување со случаи на деца кои се жртви на насилство. На овој тренинг

учествуваа 14 претставници од Министерството за труд и социјална политика,

Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука,

Министерството за здравство, од други национални институции и невладини

организации. Тие ќе го пренесат своето знаење на членовите на меѓусекторските

тимови задолжени за случаи на деца жртви на насилство. Оваа обука е дел од

проектот „Заштита на децата од насилство и промоција на социјална инклузија на

децата со попреченост“ финансиран од Европската унија, кофинансиран од

УНИЦЕФ, а ја спроведува ХЕРА во партнерство со Канцеларијата на УНИЦЕФ во

Скопје и Terre des Hommes, како мастер тренери.

Јуни 2017 – Во 4 општини, се одржаа 4 трибини на темна Превенција од

малолетнички бракови и малолетничка бременост, со подигнување на свеста за

негативните последици и потребата од превенција на малолетничка бракови и

малолетничка бременост. Трибините се подржани од УНИЦЕФ.

10 - 13 Септември 2017 – Тридневна обука на тема „Клинички третман на жртви на

сексуално и родово базирано насилство“ што ја организира Министерство за

здравство во соработка со УНФПА, УНДП и Х.Е.Р.А. во хотел „Парк“ - Скопје. Обуката

произлезе од потребата за унапредување на здравствените капацитети и на

координацијата меѓу сите инволвирани страни во давањето на здравствени услуги

кај жртви на силување.

27 Септември 2018 – Обука на тема „Кој е минимален пакет на услуги за сексуално

и репродуктивно здравје што треба да им биде достапен на ранливите групи

граѓани во кризни состојби?“. Обуката беше спроведена во соработка со

Министерство за здравство и УНФПА со цел креаторите на политики да го увидат

особеното значење на репродуктивното здравје во услови на криза, а јавно-

Page 14: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

14

здравствените работници да ги надградат потребните вештини за превенција и

одговор на родово базирано насилство, заштита и грижа на бремени жени, мајки и

новороденчиња и спречување и заштита од сексуално преносливи инфекции.

28 Септември 2017 – Стручна

расправа „Абортусот не е

безбеден доколку е маратон

со пречки“ – Холидеј Ин,

Скопје.

Ноември – Декември 2017 – Во

рамките на проектот „

“Градење на меѓу-секторска

соработка преку формирање

на меѓусекторски тимови за

справување со случаи на деца

кои се жртви на насилство “

беа спроведени 4 дводневни

обуки во Скопје, Гостивар, Штип и Битола. Овие обуки ги спроведува национални

тренери, во соработка со ХЕРА и УНИЦЕФ.

27 Ноември 2017 – Предавање во средното медицинско училиште од СУГС „Панче

Караѓозов“, Скопје на тема препознавање на родово базирано насилство врз жени

и девојчиња, во соработка со Национална мрежа против насилство врз жени и

семејно насилство и Министерство за здравство.

25 декември 2017 - Билтен за семејно планирање бр. 8, посветен на платеното

породилно отсуство како една од особено важните политики што имаат голем

потенцијал да придонесат кон унапредување на здравјето на мајките и на

новороденчињата. https://hera.org.mk/bilten-za-semejno-planiranje-br-8/

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Во рамки на проектот „Проговори против семејното насилство“, чија цел е

подигање на свесноста за проблемот семејно насилство, психо-социјална

поддршка на жртви на семејно насилство, Кризен центар „Надеж“ одржа 12

работилници по две во градовите Куманово, Валандово, Кичево, Струга и 4

работилници во Скопје. Организирани се повеќе од 50 групни психо-социјални

сесии со повеќе од 100 жртви и потенцијални жртви на семејно насилство.

Одржана беше и улична акција на плоштадот Филип 2 во Автокоманда.

Во рамки на проектот „Грижи се за себе“, чија цел е подигање на свеста и

економско јакнење на жртви на семејно насилство, беа одржани 5 работилници за

жртви на семејно насилство како и 5 работилници за економско јакнење на жени.

Со овие работилници беа обучени повеќе од 150 жени за проблемот и справување

со истиот. Беше одржана и улична акција во Скопје, Капитол Мол.

Во Кризниот центар во 2017 година згрижени се вкупно 52 жртви, од кои 36 жени и

16 деца

ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „КЛЕА“ БИТОЛА

17.05. 2017 - организирана регионална работилница под името „Унапредување

на системот за заштита на жртвите на родово и семејно насилство на Локално

ниво“. На работилницата поканети беа со претставници од граѓанските

организации, од локлните самоуправи, Центарот за социјална заштита, МВР и

Page 15: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

15

адвокати од Битола Ресен и Демир Хисар. На работилницата беше презентиран

Прирачникот за заштита од семејно насилство издаден во рамките на проектот

„Здружени кон промени“ со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна

соработка од програмата Цивика Мобилитас. Презентирани беа формите на

родово базирано и семејно насилство, информации за стандардите од

Инстанбулската Конвенцијата, обезбедување квалитетни сервиси за жртвите,

разграничување на родово базираното насилство, терминологија врзана за

родовите прашања и сл.

МУЛТИЕТНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ “ФЛОРЕНС НАЈТИНГЕЈЛ”

28.08.2017 и 27.09.2017 год. – оддржана трибина за здравствена едукација на жени

жртви и потенцијални жртви на семејно насилство.

23.09.2017 год. - споделени информации од истражувачки наоди за семејно

насилство со преставници на МИМ (Македонски Институт за Медиуми) за

медиумски прилог за ТВ емисија, од истражувањето спроведено во 2016 година

како активност на Мултиетничко здружение “Флоренс Најтингејл” од

Институционален грант на Civica Mobilitas.

07.12.2017 год. - Мултиетничко здружение “Флоренс Најтингејл” се приклучи кон

активностите на “Кампањата за 16 дена активизам против семејно насилство”-

учество во Утринска емисија на ТВ АЛСАТ по повод 16 дена активизам против

семејно насилство со слоганот “Со срце за секоја една”. Линк од емисијата:

https://www.youtube.com/watch?v=FvuOeprs4g8

Во текот на целата година, функционираше и канцеларија за бесплатна правна

помош и психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство која е

интегрален дел од секојдневното работење на организацијата.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ НА ОПШТИНА СВ.НИКОЛЕ

8 март - пред споменикот на паднатите жени борки одржан е говор за женските

права, родовата еднаквост и борбата против семејното насилство.

25.11.2017 – 10.12.2017 година - за време на кампањата 16 дена активизам против

насилството врз жените снимена е една ТВ емисија со К1 ТВ од Велес и една прес

со локалната ТВ Свет

Во текот на целата година беше обезбедена претходна правна помош, беа

подготвувани правни поднесоци (тужби за развод на брак) на жени жртви на

семејно насилство од општина Св.Николе. Се упатуваа жртви преку комуникација и

координација со други здруженија и со релевантни институции како Центар за

социјални работи, полициска станица Св.Николе и општина Св.Николе со цел

пружање соодветна помош на жртвите на насилство.

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ „СЕМПЕР“-БИТОЛА

25.11. 2017– 10.12.2017 година - за време на кампањата „16 дена активизам против

насилството врз жените“ Семпер одржа две работилници со основци од ОУ „Св.

Климент Охридски“, Битола и ОУ „Даме Груев“ Битола на тема родово базирано

насилство. Во рамки на оваа кампања реализиравме улична акција на „ Широк

Сокак“ за дистрибуција на информативно едукативен материјал и една трибина

за пошироката јавност во Центарот за култура во Битола на тема насилство врз

жените вклучувајќи го и семејното насилство.

Page 16: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

16

ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „АНТИКО“

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени беа

спроведени следниве активности:

27.11.2017 Тетово, ОУ Гоце Делчев -Работилница со педагошка стручна служба

на тема „Чекори кон подобра заштита од насилството врз жени и семејното

насилство“

27.11.2017 Ресен, Совет на Општина Ресен -Работилница со жени на тема

„Координирано планирање и спроведување мерки за заштита и услуги за

поддршка на жените жртви од семејно насилство“

28.11.2017 Пробиштип, ОУ Браќа Миладиновци -Работилница со ученици од 9то

одделение на тема „Препознавање и заштита од родово базираното

насилство“

28.11.2017 Општина Аеродром, Урбана заедница на Горно Лисиче Запад

Работилница со жени на тема „Препознавање, превенција и заштита од

родово базираното насилство“

29.11.2017 Могила, ОУ Браќа Миладиновци, с.Будаково -Работилница со жени од

рурални средини на тема „Препознавање и заштита од родово базираното

насилство“

29.11.2017 Куманово, ОУ Браќа Рибар с.Сопот, -Работилница со жени од

рурални средини на тема „Препознавање и заштита од родово базираното

насилство“

30.11.2017 Липково, Совет на Општина Липково -Интерсекторска работилница

на тема „Координирано планирање и спроведување на мерки за поддршка и

заштита“

30.11.2017 Јегуновце, ООУ Симче Настовски, с.Вратница -Работилница со

ученици од 8-9то одделение на тема „Родово базирано насилство“

01.12.2017 Делчево, Дневен центар Делчево -Работилница со млади со

попречености на тема „Заштита од родово базирано насилство“

02.12.2017 Гостивар, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар

Интерсекторска работилница на тема „Координирано дејствување -

превземање на адекватни мерки од делокругот на надлежности на сите

релевантните служби“

04.12.2017 Куманово, Совет на Општина Куманово -Интерсекторска

работилница на тема „Координирано дејствување – планирање на услуги за

оснажување и поддршка“

04.12.2017 Тетово, ОСУ Кирил Пејчиновиќ -Работилница со средношколци од 1ва

до 4та година на тема

„Препознавање и заштита од

родово базираното насилство“

04.12.2017 Кичево, ОСУ Дрита -

Работилница со средношколци на

тема „Препознавање и заштита од

родово базираното насилство“

05.12.2017 Теарце, ОУ Кирил

Пејчиновиќ -Работилница со

ученици од 8-9то одделение на

тема „Препознавање и заштита од родово базираното насилство“

Page 17: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

17

04.12.2017 Гостивар, Црвен Крст Гостивар Работилница со млади на тема

„Облици на насилство врз жените и домашното насилство и мерки на

заштита“

07.12.2017 Шуто Оризари, ОУ 26ти Јули -Работилница со ученици од 8-9то

одделение на тема „Препознавање и заштита од родово базираното

насилство“

07.12.2017 Прилеп, ОУ Кирил и Методиј -с.Канатларци -Работилница со жени од

рурални средини на тема „Облици на насилство врз жените и домашното

насилство и мерки на заштита“

Во текот на 2017година голем

дел на активностите на ЖГИ

АНТИКО беа насочени и кон

Ратификување на

Истанбулската конвенција, се

со цел да дадеме придонес

кон создавањето на еден

побезбеден свет и

достоинствен живот без

насилство за секоја индивидуа.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ НА ГРАД СКОПЈЕ

ОЖС во партнерство со Општина Карпош и Комисијата за еднакви можности на

жените и мажите во 2017 г. го реализираше проектот ,, Отворени денови во

Општина Карпош”. ОЖС спроведе неколку трибини на територија на општина

Карпош за превенирање на семејното насилство како и интензивна едукација на

населението, особено со група на жени во ризик и потенцијални жртви на СН.

Проект “Здружени сили за заеднички

интереси“ поддржан од Антико и COSV,

со главна цел цел: Зајакнување на

влијанието на граѓанското општество во

унапредување на односите преку

партиципативна демократија чиј резултат

е препознавање од страна на јавните

институции за важноста од вклучување на

граѓанските организации за подобување

на владеењето. Со овој проект се

заснова цврсто партнерство помеѓу

граѓанските организации и локалните

креатори на политиките. Поточно, со овој проект ОЖС стекна право на менторска

Организација.

Долгорочно сместување и психосицијална поддршка на жртвите од семејно

насилство во шелтерот на ОЖС”- поддржан од советот на Општина Карпош, во

соработка со комисијата за еднаки можности меѓу жените и мажите. Преку овој

проект се воспостави тесна соработка со жртвите преку директна комуникации за

тоа како тие да се справат во критични ситуации. Истовремено се одржуваа

предавања-сесии за стекнување самодоверба преку директен контакт меѓу

стручните лица и жртвата, кое досега се покажа како најефикасен начин за

охрабрување и стекнување самодоверба. Тимот во Шелтерот работеше на

Page 18: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

18

психосоцијалната поддршка и третмани со жртвите како и реинтеграција на

корисничките сместени во Шелтерот.

Проект поддржан од МТСП – “ Oбезбедување пристап до безбедно сместување до

1 година во специјализирани женски засолништа за жени и деца жртви на семејно

насислтво”.

Проект поддржан од Германската Амбасада Обезбедување на секојдневни

работи за потребите за жртвите сместени во Шелтерот на ОЖС за поудобен

престој во прифатилиштето.

Една во Општина Бутел на тема” Меѓуврсничко

насилство во училиштата”, и во две Урбани Заедници

и во Карпош на тема: "Насилство врз жените и

девојчињата", и " Отворено да проговориме за

насислтвото врз децатa како тивки сведоци на

насилство"

За време на кампањата 16 дена активизам против

насилство врз жени , ОЖС одржа 3 трибини.

Fashion Group вo City Mall и "Добредојде" Macedonia

Welcome Centre, се придружија на кампањата со тоа

што во продавниците на Fashion Group вo City Mall,

купената роба се продаваше со попуст од 10% , а

средствата беа наменети за Шелтерот на ОЖС.

Амбасадорот на Франција Г-дин Кристијан Тимоние

приреди прием во Француската резиденција за

собирање донации за Шелтерот на ОЖС. Поканети беа претставници од бизнис

секторот, амбасадорите и институциите.

Page 19: Годишен извештај - glasprotivnasilstvo.org.mk · 4 18.02.2017 г., во хотел Белви во Скопје, се одржа работна средба со претставнички

19

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

УПРАВЕН ОДБОР - ЧЛЕНКИ

Неда Чаловска – Хелсиншки комитет за човекови права на Р.М. –Претседателка на УО

Маја Балшиќевска – Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А

Маја Дилберова – Кризен центар „Надеж“

Иванка Соколова – Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија

„Женска акција“-Радовиш

Ѓунер Небиу – Женска граѓанска иницијатива „Антико“

ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Елена Димушевска - Извршна директорка

Андријана Николовска - Финансиски менаџер

Наташа Димитровска - Комуникации и застапување

Љупка Трајановска - Проектен асистент

Александра Петкова - Проектен асистент

ДОНАТОРИ

ЧЛЕНСТВО ВО НАЦИОНАЛНИ И МЕЃУНАРОДНИ МРЕЖИ