8
Античка Македонија: Детален опис на античките градови Манолис Андроникос Антички македонски градови Пела Областа околу градот Пела била населена уште од Неолитскиот период, и се состои од голем број на локалитети од Бронзеното доба. Локалното население колонисти од Крит, според легендите и митовите биле населени од Македонците, кога тие преминале од Пиерија во Ематија и Пела. Пела веќе им била позната на Хекат, Херодот и Тукидит (V век п.н.е); на почетокот на IV век, и станала главен град на Македонското кралство по желба на Архелај I и бил еден од најпознатите градвои во античка Македонија. Овде живееле и работеле луѓе како Еврипид и Агатхон. Роденото место на Филип II, се зголемило за време на неговото владеење и на него била изградена огромна палата. Привлечени од новиот режим, уметници, поети, и филозофи пронашле на кралскиот двор голем подржувач на уметноста. Во времето на Касандар, градот бил проширен според т.н Хиподајмонски систем и биле изградени раскошни јавни згради и пространи приватни куќи со мозаични подови и прекрасни ѕидни фрески. Сега, Пела зафаќа 2 500 000 м² и била опкружена со одбранбени ѕидини. Првите ископувања на областа биле извршени од Проф. G. Oikonomou во летото 1914 г. Агората Оваа локација е од голема важност во секој антички град. Главниот дел на Агората, заедно со стоите кои ја опкружуваат, и продавниците по страните, формирале комплекс од згради од неверојатна висина. Агората била изградена во последната четвртина од III век п.н.е., и може да датира од раните години од владеењето на Филип V. Комплексот бил уништен или од земјотрес или од наездата на варварските тракиски племиња во 20-те години од I век п.н.е. Куќите во Пела Имаме два типа на куќи кои се идентификувани во македонскиот главен град: Едната со внатрешен перистил Втората со pastas или еден вид на портико. Собите за дневна употреба и собите за пречек на гостите се наоѓале на северната страна, која обично билана два спрата, додека магацините и визбите генерлано биле групирани на јужната страна. Една од побогатите куѓи со перистил, Куќата на Дионид, со нејзините прекрасни мозаични подови кои го прикажуваат Дионси како јава на Леопард и приказот на лавовски лов е опкружен со два внатрешни перистилни дворишта. Еднакво пространа куќа е она со мозаиќни подови со приказ на Лов на елени, Грабнувањето на Елена од Тезеј и фрагментираната сцена на Амазономахија. Мозаиците од Пела, вдахнуваат чуство на тридимензионален простор. Тие се обработени со користење на алтернативни бои и парчиња гранит. Репрезентативните сцени дали употребени како главен мотив како слики кои ги опкружуваат собите за банкет или како декорации на анте

Антички македонски градови

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

Антички македонски градови

Пела

Областа околу градот Пела

била населена уште од Неолитскиот

период, и се состои од голем број на

локалитети од Бронзеното доба.

Локалното население – колонисти од

Крит, според легендите и митовите

биле населени од Македонците, кога

тие преминале од Пиерија во Ематија

и Пела.

Пела веќе им била позната на

Хекат, Херодот и Тукидит (V век

п.н.е); на почетокот на IV век, и

станала главен град на Македонското

кралство по желба на Архелај I и бил

еден од најпознатите градвои во

античка Македонија. Овде живееле и

работеле луѓе како Еврипид и

Агатхон.

Роденото место на Филип II, се

зголемило за време на неговото

владеење и на него била изградена

огромна палата. Привлечени од

новиот режим, уметници, поети, и

филозофи пронашле на кралскиот

двор голем подржувач на уметноста.

Во времето на Касандар,

градот бил проширен според т.н

Хиподајмонски систем и биле

изградени раскошни јавни згради и

пространи приватни куќи со мозаични

подови и прекрасни ѕидни фрески.

Сега, Пела зафаќа 2 500 000 м² и била

опкружена со одбранбени ѕидини.

Првите ископувања на областа

биле извршени од Проф. G.

Oikonomou во летото 1914 г.

Агората

Оваа локација е од голема

важност во секој антички град.

Главниот дел на Агората, заедно со

стоите кои ја опкружуваат, и

продавниците по страните, формирале

комплекс од згради од неверојатна

висина. Агората била изградена во

последната четвртина од III век п.н.е.,

и може да датира од раните години од

владеењето на Филип V. Комплексот

бил уништен или од земјотрес или од

наездата на варварските тракиски

племиња во 20-те години од I век

п.н.е.

Куќите во Пела

Имаме два типа на куќи кои се

идентификувани во македонскиот

главен град:

• Едната со внатрешен перистил

• Втората со pastas или еден вид

на портико.

Собите за дневна употреба и

собите за пречек на гостите се наоѓале

на северната страна, која обично

билана два спрата, додека магацините

и визбите генерлано биле групирани

на јужната страна.

Една од побогатите куѓи со

перистил, Куќата на Дионид, со

нејзините прекрасни мозаични подови

кои го прикажуваат Дионси како јава

на Леопард и приказот на лавовски

лов е опкружен со два внатрешни

перистилни дворишта. Еднакво

пространа куќа е она со мозаиќни

подови со приказ на Лов на елени,

Грабнувањето на Елена од Тезеј и

фрагментираната сцена на

Амазономахија. Мозаиците од Пела,

вдахнуваат чуство на

тридимензионален простор. Тие се

обработени со користење на

алтернативни бои и парчиња гранит.

Репрезентативните сцени дали

употребени како главен мотив – како

слики кои ги опкружуваат собите за

банкет или како декорации на анте –

Page 2: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

собите се брилијантни примероци на

сликарстовот во антиката.

Палатата во Пела

Палаталниот комплекс на

Македонското кралство зафаќало

големина од 600 000 м². Распореден

во три независни неповрзани единици

распоредени страна по страна, целиот

комплекс од градби е комплетиран

хармонично и се состои од

вертикални и хоризонтални зони.

Долж целата јужна страна, комлексот

добива форма на веранда од

имресивна големина. Фрагменти од

дорски и јонски столбови од различен

дијаметар претпоставуваат дека

имало горен дел на некој од крилата

на комлексот згради, кој исто така

има и базен за пливање. Палаталниот

комплекс е датиран во првата

половина IV век п.н.е.

Едеса

Градот е споменат во

античките извори на Диодориј

Сицилиски, Страбон, Апијан и Ливиј.

Едеса е распространета на два дела,

едниот го зафаќа акрополисот (во

источниот дел од модерниот град) и

главниотград каде што се откриени

најраните податоци на населување на

на човекот уште во предисториско

време.

Акрополисот е опкружен со

ѕид околу ареа од 35 000 м², кој

завршува со Куќата на советникот,

храмовите на Зевс Хипсистос и

Дионис и другите јавни згради.

Долниот град е опкружен со

ѕид во форма на паралеограм, кој

опкружува ареа од 230 000 м².

Исто така во Едеса се откриени

гробници околу акрополисот и околу

периметарот на долниот град. Тие се

состојат од лаковидни гробници

исклесани во мека карпа, обично

семејни гробници со сликана

внатрешност (Ран византиски

период).

Ајга (Вергина)

Истражувањата на локалитетот

започнале во 1861 г. од страна на

францускиот археолог L. Heuzey, кој

заедно со архитектот H. Daumetго

ископувале источниот дел славната

хеленистичка палата во Вергина, во

областа Аја Тријада и исто така

македонската гробница кој се наоѓа

веднаш до Палатиса (откритието од

ископувањата водени од Лувр).

Константин Ромаиос,

професор на катедрата по археологија

на Солунскиот универзитет во 1938 г.

открил втора македонска гробница во

близина на Вергина, за која се

одкажало дека е најелегантна во

поглед на градбата на овие гробници,

со мермерен трон во погребната

комора.

Професорот Манолис

Андроникос, после многу години

потрошени на ископувањата кај

Големиот тумул, ја открил славната

монументална т.н гробница на Филип

II.

Палатата во Ајга (Вергина)

Палаталниот комплекс на Аја

Тријада платото, е најимпозантната

палата досега откриена во

Македонија. Изградена на многу

добра позиција на северните ридови

на Пиеријскиот планински венец,

доминира над реката Халиакмон.

Палатата е 104,50 м долга и

88,50 м широка. Сите одаи се

Page 3: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

распоредени околу една централна

одаја (внатрешен квадратен двор) со

должина на страна по 44,50 метри.

Четирите страни се ограничени со

стои (stoas) и доркси столбови. Целата

градба претежно била изградена од

камен и мермер.

Влезот на палатата се наоѓал

на источната страна. Трите

преткомори (antechambers) воделе до

источното портико на перистилот на

внатрешното двориште.

Реконструкција на Палатата во

Ајга (Вергина).

Источното крило од палатата

се верува било користено за

практикување на култови, како и за

јавниот живот кој одел заедно со

јавното појавување на лидерот на

државата (кралот).

Македонските гробници

Големиот тумул беше огромен

куп на змеја кој се издигал на

западниот дел од тумуларните

гробници, и е без паралела со ниеден

дел од Грција. Неговиот дијаметар

изнесувал 110 м., а неговата просечна

висина била 12 м. Со ископувањата

започнати со 1952 г., досега се

откриени три гробници.

Горбницата на Филип II

Гробницата на Филип II е една

од најголемите во оваа категоријана

споменици досега ископувани.

Направена е од камен, освен

мермерните двојни врати на влезот на

фасадата и поделениот ѕид околу 10

м. во должина и 6 м. во широчина, се

состои од дромос, преткомора и

комора и е со заоблен покрив.

Дорската фацада која малку

заликува на дорски храм била

украсена со два полустолбови и две

имитации на аглести столбови на

краевите.Над ентаблурата (епистилот

и фризот украсен со триглифи и

метопи), педиментот или фронтонот е

заменет со голем фриз, уникатен во

целата антика, презентираат лов на

лавови, мечки, антилопи и елени во

шумски пејсаж.

Ѕидовите на преткомората

биле украсени со бела и црвена боја

украсени со розети. Во средината на

левата страна на преткомората се

наоѓал мермерен ковчег во кој се

наоѓал пак, златен ковчег, кој содржел

кремирани остатоци завиткани вп

пурпурно-златна ткаенина и златен

венец. На подот се наоѓал златен

горитос (сличен на футрола за лак и

стрели, само што овој се

прицврстувал на седлото на коњот),

врвови од стрела, гривни,, остатоци

од органска материја, златен венец,

алабастер и др.

Погребната комора содржела

поголеме број на луксузни наоди.

Исто така во левиот ќош на комората

бил наједн исто така златен ковчег со

остатоци од коски завиткани во

пурпурна ткаенина, и бесценет златен

Page 4: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

венец. На подот се наоѓале околу 20-

тина сребрени садови, железни

штитници за нозе со златна

декорација,, бронзени и ќерамички

садови, зелезен шлем, златна

дијадема, меч со железна рачка, штит

прекрасно орнаментиран и голем број

на помали артефакти од железо кои

најверојатно доаѓаат од дрвениот

мебел, најверојатно погребниот

кревет. Гробницата е датирана во

третата четвртина од IV век п.н.е.

Гробницата на Принцот

Гробницата на Принцот.

Гробницата на Принцот се

наоѓа на кратка оддалеченост од

северниот дел на гробницата на

Филип II, и е многу слична со нејзе.

Се состои од една преткомора и една

комора, изградена е од камени

блокови, има дорска фасада и

мермерни двојни врати и таа исто

така е украсена ос богат фриз на

Page 5: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

ентаблурата, иако не преживеала

бидејќи целата композиција била

насликана на органска материја

(кожа) која не го издржала процесот

на распаѓање.

Во погребната комора е

изразена едноставноста. Во средината

на комората се наоѓала четвртста

камена структура во која се наоѓала

сребрена урна врз која се наоѓал

златен венец. Она што останало од

дрвениот мебел и декоратвините

елементи во сребро и железо, му се

припишуваат на богатството на

покојникот. Сребрените садови и

железните држачи за лампи биле

придружувани од 27 сребрени садови

во југозападниот агол.

Во предкомората, ѕидовите се

украсени со приказ на трка на кочии,

каде што се пронајдени златните

остатоци од облека, каде што се

пронајдени остатоци од железни

краеви на копја. По хронолошки

редослед, Гробницата на Принцот е

подоцнежна од онаа на Филип II.

Гробницата на Ромаиос

Фасадата на оваа гробница е

декорирана со четири полустолбови

од јонски тип, со двојните мермерни

врати. Оваа гробница целосно се

ралзикува од другите гробници

бидејки има тријаголен фронтон и

ентаблура украсена со волутни и

розетни орнаменти. Во преткомората

ѕидовите биле украсени со грифони

кои раскинуваат елени, по аглите на

гробницата изграфирани сфинги. До

влезот во комората се наоѓа трон

изработен од т.н син мермер.

Гробницата на Евридика

Гробницата се состои од

погребна комора и преткомора,

фасада украсена со јонски столбови

без триаголниот фронтон, и мермерен

трон и потпираш за нозе кој се наоѓа

пред вратите на комората. Овој трон е

уникатен наод. Според откриениот

мермерен ковчег и остатоците од

пурпурна ткаенина на коските

укажуваат на прпадност на

покојникот на кралското семејство. За

овој покојник се вели дека е жена и

тоа не било која туку мајката на

Филип II, Евридика.

Дион – градот на музите

Дион бил најзначајниот световен

центар на античките Македонци. Тука

Архелај I, на крајот од V век п.н.е.,

прв одржувал фестивали каде жртви

му се посветувале на Зевс Олимписки

и на пиеријските Музи и организирал

театарски и гимнастички натпревари,

како на пр. “Олимпија во Дион” кој се

прославувал се до 100 г. п.н.е.

Тука Филип II го прославил

освојувањето на градот Олинт и тука

Александар Велики му принесол

голема жртва на Кралот на сите

богови. И на крај тој бил светилиште

на богот Зевс (Dias, Zeus). Дион

никогаш не станал голем и важен

центар. Првите римски колонисти

најверојатно се населиле на ова

подрачје во 43 г. п.н.е., како резултат

можеби на активностите на Брут;

масовното транспортирање на Италци

во градот и основањето на градот

како колонија, кое било извршено од

Август, веднаш по неговата победа во

“Битката кај Актиј” (31 г. п.н.е).

Првите ѕидини откриени во градот се

датирани во времето на Касандар или

300 г. п.н.е., а биле уништени во 220

г. п.н.е.

Page 6: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

Големата терма (бања)

Големата терма или јавните бањи во

Дион, биле лоцирани на јужниот дел

од градот, каде биле заштитени од

северните ветришта и каде

комуницирале со главната авенија, му

посакувале добредојде на туѓинецот,

како и денесе низ јужната порта. Со

простран атриум во центарот и

јавните тоалети, продавници и

работилници околу периферијата,

јавните бањи биле комплекс во кој

поединецот можел да поседи и по

неколку сати. До главната зграда се

доаѓало преку отворениот

надворешен двор кој преку неколку

скалишта се поврзувал со главниот

пат, поминувајќи го одеонот (odeion)

на десно; имале пливачки базени,

соблекувални, соби со топла и со

ладна вода, соби за релаксација, сауни

и соби за масажа. Комплексот се

снабдувал со вода од организиран

водовод кој се наоѓал под него и

хипокаустен систем кој овозможувал

топол воздух или греење. Северното

крило од комплексот можеби се

користело за терапии. Мозаичните

подови и статуите на божиците и

нимфите им давале на собите во

Големата Терма, луксузен и

монументален карактер.

Вилата на Дионис

Големата вила на Дионис т.н по

големиот мозаик на кој е претставена

животна сцена на богот на виното, кој

го украсува подот на главната

просторија, бил изграден во 200 г. од

н.е и сеште е еден од најимресивните

дела на антички Дион.

Во близина на бањите, се наоѓал

голем двор со јонски перистил и

ходник кој водел до трпезаријата на

куќата, наречен tablinium, од страна

на Римјаните.

Највоодушевувачката просторија во

целата куќа, секако е халата за банкет,

со квадратна основа од 100 м², чиј под

е украсен од мултиколоритен мозаик

со сцени од Дионисиевиот циклус.

Главната сцена е претстава од епски

карактер, односно тоа е Трумфот на

Дионис. Самиот бог е претставен

фронтално, гол во кочија влечена од

морски пантери, како држи ритон во

десната рака и thyrsos во левата рака.

Самиот живот во вилата згаснал од

ненадеен пожар кој ја претворил

вилата во урнатини.

Светилиштето на Деметра

Тоа е всушност комплекс од

две простории, надвор до самата

јужна порта на градот, кое било

насочено кон исток и било уништено

од пожар, веројатно при крајот на IV

век п.н.е. Светилиштето е така

наречено поради пронајдената

мермерна глава на божицата, мала

статуета со најзина претстава како

епиграфски споменик на кој јасно се

гледа дека и е посветено на Деметра.

Светилиштето на Изида

Со копањето на исушениот

канал во 1978 г. на локација каде

претходно било регистрирано дека

претставувала област во која се

обожавал култот на Артемида

Елитејска, божицата на раѓањето,

резултирало со откривањето на

теменосот на Изида, египетската

божица кој заедно со Серапис,

Анубис и Харпокрит биле обожавани

во античка Македонија од

Хеленистички времиња па се до

Page 7: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

крајот на Римската Империја.

Изграден во времето на династијата

на Северите (II-III век од н.е),

теменосот се состоел од четири

храмови наместени страна по страна

на западната страна на квадратната

област, затворена од лаковидни

градби. Најголемиот храм, бил

изграден на висок подиум со

монументални скали, бил во простил-

тетрастил јонски тип на храм

(столбовите биле додадени подоцна);

бил посветен на Изида Локија и имал

пронаос и cella. Храмот кој се наоѓал

северно од главниот бил посветен на

Афродита Хиполимпијска, а тој на

јужниот дел најверојатно на богот

Ерос. Инаку храмот на божицата

Изида е утврден по инскрипциите на

ѕидовите на храмот на кои јасно се

гледа дека е посветен на оваа божица.

Хеленистичкиот театар

Хеленистичкиот театар во

Дион бил откриен во 1970 г. Тој се

состои од оркестра со дијаметар од 26

м. Под оркестрата се наоѓал подземен

коридор со две одаи. Сцената или

скената, било малку повнимателно

конструирана: ѕиодвите биле

изградени од мермер, а проскената

била со покрив од дорска ентаблура.

Тетатарот најверојатно бил напуштен

после 168 г. п.н.е.

Олинт

Олинт бил главен град на

Халкидичката лига и најпознат по

ораторските Филипики на Демостен,

бил основан пред почетокот на

Пелопонеската војна, со

пренесувањето на голем број на

граѓани. Бил изграден според

Хиподајмонскиот план.

Систематските ископувања од

амриканскиот професор Д. Робинсон,

во периодот помеѓу двете светски

војни, Олинт го доживел својот

процут во Доцно-класичниот период.

Според легендата, Олинт бил основан

од синот на речниот бог Стримон,

Олинт.

Класичниот Олинт бил член на

првиот Атински сојуз иако подоцна

ги напуштил своите тирански

заштитници во 440 г. п.н.е и во

следните неколку години станал

најнаселениот и најбогат град во

регионот.

Силата на градот бил доведена

под сомнеж со конфликтот со Аминта

III (393-373 г. п.н.е), чиј главен град

Пела, го освоил зжсамо за кратко

време. Исто така стапил во конфликт

со Спартанците (382-379 г. п.н.е),

каде Спарта го натерала Олинт да се

предаде. Олинт пак проживел во

времето на Тебанската хегемонија и

бил споменат како сојузник на Атина

околу прашањето за градот Амфипол;

Филип II го зграбил моментот и му ја

понудил на Олинт, територијата

околу Потидеја, како замена за

неговото пријателство. Сепак

зголемувањето на моќта на

Македонското кралство го натерала

Олинт да потпадне под нејзината

власт и целото население да биде

претворено во робови.

Амфипол

Основан од страна на

Атињаните во 437 г. п.н.е. под

водство на Хагнон, син на Никија,

Амфипол се развил во еден од

најважните градови на Македонскиот

север. Изграден на локација на

тракискиот град Енеја Ходои (Девет

Начини), чие минато достигнало и до

Page 8: Антички македонски градови

Античка Македонија: Детален опис на античките градови

Манолис Андроникос

праисторискиот период, брзо станал

најнаселен град во областа. Тој се

наоѓал на внатрешните патишта и ја

контролирал реката Стримон и

блиските златни рудници на

планината Пангеј, од каде исто така се

експлоатирале шумите за изградба на

бродови.

Град со мултиетничко

население, Амфипол бил составен од

Јонци, Тракијци и други Атински

колонисти; тој бил богат град и на

важна стратешка позиција помеѓу

Атина и Спарта. Во 357 г. п.н.е

паднал под власта на Филип II и

станал еден од најмоќните и

најчуствителните центри на неговото

кралство. Амфипол е познат по тоа

што бил појдовна точка од каде што

Александар и неговата армија тргнале

во големиот освојувачки поход на

Азија и поради тоа што овде заминале

во егзил, неговата жена Роксана и

неговиот син Александар IV, и накрај

овде умрел Филип V.

Неговите светилишта

Помеѓу најважните се

светилиштето на музата Клио (во

првата половина од IV век п.н.е) и

светилиштата посветени на источните

и египетските божества Кибела и

Атис, потоа светилиштата во чест на

Асклепиј, Атена, Диоскури и

Херакле. Посебно место помеѓу

боговите зафаќа светилиштето на

Артемида Таурополис и речниот бог

Стримон, претстави кои се појавуваат

на монетите на градот уште во

Хеленистичкиот период.

Гиманзиумот

Гимназиумот во Амфипол,

изграден врз модел на класично-

хеленистичка куќа е изграден околу

централен двор опкружен со

перистил, на четирите страни се

наоѓаат “стои” (stoae), на другиот

крај се наоѓаат хипостални одаи кои

ги задоволувале потребите на

атлетите.