32
Универзитет Св. Кирил и Методиј Економски Институт - Скопје ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА: МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ (Семинарска работа од предметот:Стратегиски менаџмент ) Тема: Анализа на компанијата Њу Веј Лимитед

Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Универзитет Св. Кирил и Методиј

Економски Институт - Скопје

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА:

МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ

(Семинарска работа од предметот:Стратегиски менаџмент )

Тема: Анализа на компанијата Њу Веј Лимитед

Наставници: Студент:

Проф. Д-р Мирјана Борота Поповска Сања Бошкова

Проф. Д-р Дејан Пендев Досие број: 1077

Скопје,2010 година

Page 2: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

СОДРЖИНА

Вовед....................................................................................................................................3

1.Профил на компанијата...................................................................................................5

1.1. Мисија на компанијата................................................................................................6

1.2.Визија на компанијата..................................................................................................6

1.3.Биланс на успех.............................................................................................................7

2. Анализа на екстерно окружување...............................................................................10

2.1. Пест анализа...............................................................................................................10

2.2. Анализа на конкуренцијата според Портер............................................................12

3. Анализа на интерно окружување................................................................................14

3.1. Анализа на ресурсите на компанијата.....................................................................14

4. СВОТ анализа на

компанијата.....................................................................................18

5. Формулирање стратегија на компанијата...................................................................19

Резиме на англиски...........................................................................................................20

Користена литература......................................................................................................21

2

Page 3: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Вовед

Современиот бизнис свет не смее да си дозволи реализација на еден бизнис план

без претходно да се направи целосна анализа на истиот, како и на сите фактори кои

би можеле да влијаат на тој бизнис. Промената на еден од факторите во одредена

мера влијае на сите други, затоа е потребно обновување на анализата со цел таа да

биде веродостојна и точна. Секоја стратегиска анализа инволвира анализа на

интерното и екстерното окружување.

За да успее претпријатието тоа треба да е усогласено со сопственото окружување .

Треба да постои стратегиско усогласување помеѓу она што окружувањето го бара

од претпријатието и она што претпријатието може да му го понуди на

окружувањето.

Целта на овој труд е да одреди стратегија за понатамошна работа на оваа компанија,

која позитивно ќе влијае на успехот на истата во иднина и ќе го зацврсти нејзиното

место на пазарот за недвижности. Стратегијата ќе биде формулирана откако ќе се

направи анализа на екстерните и интерните фактори кои влијаат на работата на

компанијата. Предмет на анализа е компанијата Њу Веј Лимитед.

Во првиот дел од овој труд се дава целосна слика на профилот на компанијата,

нејзината мисија, визија и стратегиски цели како воведен дел кон анализата што

следува.

Вториот дел од трудот се состои од анализа на екстерното окружување кое

вклучува се што е надвор од компанијата и има потенцијално влијание врз истата.

Ова окружување се состои од општо и посебно окружување.

Општото окружување содржи фактори кои имаат индиректно влијание врз работата

на компанијата. Во овој дел е направена ПЕСТ анализа која ги прикажува

политичките, економските, социјалните и технолошките фактори како и нивното

влијание врз секторот за недвижности.

Посебното окружување, конкуренцијата, ги вклучува оние фактори кои имаат

директно влијание врз компанијата. Најдобар начин за анализа на овие фактори

претставува анализата на петте сили, според Мајкл Портер, која што е изработена

во овој дел.

Во третиот дел е опишано интерното окружување кое ги утврдува интерните

стратегиски фактори на компанијата, предностите и слабостите, кои ќе учествуваат

3

Page 4: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

во формулирањето на неговата стратегија. Во истиот дел е изработена и анализа на

ресурсите на компанијата.

Претходните анализи на интерното и екстерното окружување ја даваат целосната

СВОТ анализа на компанијата Њу Веј Лимитед.

Овој труд е заклучен со формулирање на соодветна стратегија и со одредување на

потребните услови за нејзина импликација.

4

Page 5: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

1.Профил на компанијата

Темелите на Њу Веј Лимитед се поставени во 2004 година, кога компанијата

започнала да се занимава со оваа дејност на повисоко ниво, Проперти Менаџмент1 и

која во наредните пет години стекна значителен број на клиенти, како од

домашниот, така и од странскиот пазар. Компанијата Њу Веј Лимитед има издадено

повеќе од 60.000м2 деловен простор само во последните пет години, но пред се она

со што се гордее оваа компанија е квалитетот,а не квантитетот на сработеното. Како

позначајни достигнувања можат да се истакнат физибилити студијата за Сити

Галери, договорот за консалтинг и изнајмување на Бизнис Центарот Соравиа, како

и ексклузивниот договор за продажба на Соравиа Ресортот. Њу Веј беше

ангажирана од страна на Соравиа Инвест како лидер на пазарот за недвижности, за

развивање на нивната идеја за инвестирање во резинденцијалната недвижност.

Оваа компанија доби статус на заштитена трговска марка, со заштитен бренд за

сите дејности кои ги врши, а заедно со стекнувањето на ИСО 9001:2000, светски

стандард за квалитетот на услугите кои ги применуваме во полето на Проперти

Менаџментот го заокружи првиот петгодишен план на фирмата, воспоставен во

2004 година.

New Way Limited може да го задржи лидерското место на пазарот преку:

Понуда на јасен и концизен асортиман на услуги и производи

Потпишување на посебни договори2 со клиентите, кои се секогаш за одреден

ексклузивитет

Следење на најновите трендови и на тој начин создавајќи конкурентска

предност

Давање на двегодишна гаранција на одреден пакет на услуги

Слика 1. Основни активности на Њу Веј

1Усвоен интернационализам кој во слободен превод ја опишува дејноста на фирмата која обавува збир на одговорни обврски за сметка на друга компанија која се јавува како сопственик на деловен објект, зграда или било каква друга организирана недвижност 2 Non Disclosure Agreement

5

Page 6: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

1.1. Мисија на компанијата

Њу Веј Лимитед е лидер на домашниот пазар за недвижности и секогаш ги

задоволува потребите на клиентите и остварува цврсти врски со истите. Њу Веј

обезбедува ексклузивни недвижности, прецизни информации, конкретни анализи и

корисни консултантски услуги.

1.2. Визија на компанијата

Преку ефективна и ефикасна услуга компанијата се стреми да го задржи

лидерското место на пазарот на недвижности. Целта на оваа компанија не е да

стекне што повеќе клиенти, туку да пружи што поквалитетна услуга и поради

дејствува најмногу на полето на корпоративните недвижности. Освен квалитетот на

услугата Њу Веј исто така цели и кон проширување на својот бизнис преку

отворање на сопствени канцеларии во земјите од регионот, проширување на

понудата и поголема достапност на услугите кои ги нуди.

1.4. Биланс на успех

Директните трошоци се однесуваат на сите режиски трошоци, вклучувајќи ги и

бруто платите, кои во проектираниот период се предвидува дека ќе растат со просек

Њу Веј Лимитед

Проперти Менаџмент

Недвижности Маркетинг

Деловен простор

Резиденцијален простор

КанцеларииДуќани

Ексклузивни куќи

Луксузни станови

Управување со недвижен имот во сопственост со трета страна

Е-весникБрошуриРекламиРекламни плакати

6

Page 7: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

од 13% годишно( платите со 15%, а останатите трошоци со 11%).

Трошоците на оперативно ниво се однесуваат на набавната вредност на услугите

кои се извршуваат во агенцијата. Тие се планира да растат со 10% годишно.

Другите трошоци од работењето се однесуваат на трошоците од финансирање

(камати), банкарски провизии и курсни разлики.

Табела 1. Биланс на успех на компанијата Њу Веј Лимитед3

2009 2010 2011 2012 2013

Вкупни Приходи 225,432 € 259,247 € 354,294 € 399,014 € 450,442 €

Директни Трошоци 115,200 € 130,176 € 147,098 € 166,222 € 187,830 €

Бруто Профитабилност 110,232 € 129,071 € 207196 € 232,792 € 262,612 €

Бруто профитна маржа 48,89% 49,78% 58,48% 58,34% 56,08%

Трошоци на Оперативно

Ниво 55,679 € 61,247 € 67,372 € 74,109 € 81,520 €

Оперативна Добивка 54,553 € 67,824 € 139,824 € 158,683 € 181,092 €

Оперативна

Профитабилност 24,19% 26,16% 39,46% 39,76% 40,20%

Други трошоци од

работењето 20,083 € 35,484 € 35,894 € 36,312 € 36,738 €

Добивка пред оданочување 34,470 € 32,340 € 103,930 € 122,371 € 144,354 €

Данок на Добивка 3,447 € 3,234 € 10,393 € 12,237 € 14,435 €

Нето Добивка (загуба) 31,023 € 29,106 € 93,537 € 110,134 € 129,919 €

Стапка на нето

профитабилност 13,76% 11,22% 26,4% 27,6% 28,84%

2.АНАЛИЗА НА ЕКСТЕРНО ОКРУЖУВАЊЕ

3 Друштво за книговодствени правно – финансиски, даночни и девизни услуги “Финк евт и др.” Доо Скопје

7

Page 8: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Секоја компанија претставува отворен систем, што значи дека растот и опстанокот

на организацијата зависат од карактерот на окружувањето. Затоа за секоја

компанија е важно да се запознае со карактерот на окружувањето со кое се соочува

или ќе се соочува во иднина.

Слика 2. Интерно, посебно и

општо окружување

Макроекономското окружување или општото окружување вклучува се што е надвор

од организацијата како на пример економските, политичките, социјално-

општествените и технолошките фактори. Овие фактори индиректно влијаат врз

работата на компанијата.

2.1.ПЕСТ анализа на компанијата Њу Веј Лимитед

Политички фактори

Агенциите за недвижности во Македонија се обврзани да работат според неколку

одредби од законот за правила и прописи, но истите не се заштитени со закон.

Кон средината на 2006 година постоеше иницијатива за регистрирање на

асоцијација на сопственици на агенции за недвижности во Република Македонија,

но таа идеја никогаш не се реализира. Денес постои Групација на агенции за

недвижности која е регистрирана и функционира во Стопанската Комора на РМ.

Моментално оваа групација работи на изготвување на Предлог- закон со кој ќе се

иницира државата како може најдобро да помогне во заштитата на клиентите

8

Page 9: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

(купувачите и продавачите на недвижности) и на Агенциите за промет со

недвижности како директни посредници.

Економски фактори

Рецесијата и глобалната економска криза што во изминатата година ја погоди и

Македонија, беше главната причина поради која најголемиот број на компании се

откажаа од проширување и од инвестирање во сопствен деловен простор. Голем дел

од деловните простори во Скопје останаа празни, куповната моќ на населението

опадна, па ретко кој се одлучуваше да купи стан или друг недвижен имот во вакви

услови на глобална рецесија. Агенциите за промет со недвижности како посредници

во купувањето и изнајмувањето на недвижности ова го почувствуваа врз својата

работа.

Намалената стапка на ДДВ за купување на стан од 18 на 5% не ги донесе

посакуваните резултати. Ова намалување беше направено со цел да се намалат

цените на становите, а со тоа и да се зголеми побарувачката. Но сепак, цените на

становите останаа исти, куповната моќ на граѓаните намалена, како резултат на

рецесијата, а побарувачката на станови, наместо предвиденото зголемување,

дополнително се намали.

Социјални Фактори

Популација

Гледано на подолг временски период врската помеѓу популацијата и секторот за

недвижности е интерактивна. Кога населението се зголемува, се зголемува и

побарувачката за недвижности. Исто така од големо влијание е и образовното и

културното ниво на луѓето со кои една агенција соработува.

Демографски услови

Местоположбата на Агенцијата за недвижности е од круцијално значење за

работата на истата. Агенциите настојуваат нивните канцеларии да се наоѓаат на

фрекфентно и лесно пристапливо место. Канцеларијата на Њу Веј е лоцирана на

Рекорд, што важи за една од најатрактивните локации во Скопје каде што

сообраќајот со луѓе е најголем.

Миграција

Сведоци сме на постојана миграција, популацијата во Скопје постојано расте. Се

повеќе луѓето од помалите градови во Македонија доаѓаат во Скопје во потрага по

9

Page 10: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

подобра егзистенција. Оваа миграција ја зголемува побарувачката на недвижности,

односно на резиденцијален простор.

Технолошки фактори

Напредокот на технологијата позитивно се одразува врз работата на Агенциите за

недвижности. Веб страните овозможуваат лесен пристап до бараните информации,

го олеснуваат стапувањето во контакт на клиентите со агенцијата и обратно.

Њу Веј Лимитед ги следи светските трендови и секогаш се труди да биде во чекор

со времето. Своја веб страна Њу Веј Лтд. поседува од самиот почеток со работата, а

моментално се изработува новата веб страна која ќе биде многу поинтерактивна.

Исто така оваа компанија изработува Newsletter кој го добиваат повеќе од 1.500

компании во Македонија и кој ги содржи актуелните понуди на недвижности и

информации и анализи на пазарот за недвижности.

10

Page 11: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

2.1. Анализа на Њу Веј Лимитед според Портеровиот модел

Пазарот за промет со недвижности е доста конкурентен пазар, само во Скопје има

регистрирано повеќе од 80 агенции за промет со недвижности.

Конкуренцијата не преставува закана за една компанија, туку поттик за константно

подобрување. Колку поголема конкуренција, толку подобри производи и услуги се

нудат на пазарот, повеќе се мотивираат иновациите, инвентивноста, креативноста.

Конкуренцијата е добредојдена за секоја компанија, бидејќи ќе ја доведе до

промени во размислување и однесување кон напредок, а посебно пожелна и

корисна е за потрошувачите.

Анализа според Портер ја открива природата на конкурентското окружување преку

анализирање на 5 фактори и ни помага да откриеме дали преку конкуренцијата

може анализираната фирма да оствари профит. Петте фактори кои треба да се

анализираат се:

1.Ривалитет помеѓу конкурентските

фирми

2.Закана од потенијален влез на нов

конкуренти

3.Закана од потенцијален развој на

субстути

4. Моќ на добавувачите

5. Моќ на купувачите

Ривалитет меѓу конкурентските фирми

На пазарот за недвижности, само во Скопје има регистрирано околу 80 агенции за

промет со недвижности. Големиот број на агенции за недвижности не дозволува

одредена агенција да влијае во формирањето на цената и одредување на правилата

за работа. Цената на недвижности главно се формира во зависност од понудата и

побарувачката на тој пазар.

Успехот на една фирма зависи исклучиво од мислењето на клиентите. Не е доволно

само да имате добар производ по прифатливи цени, туку и препознатливо

име(бренд) и добра позиција во очите на потрошувачката целна група. Со таа цел

11

Page 12: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Њу Веј Лимитед го заштити своето име и има ексклузивно право на истото, а со

својата работа докажа дека е единствена. Оваа агенција е фокусирана на

изнајмување и продавање на луксузни недвижности со поголеми квадратури.

Главниот акцент во работата на Њу Веј се корпоративните недвижности иако не

заостануваат и со резиденцијален имот. Ова ги разликува од останатите агенции за

недвижности кои работат со секаков вид недвижности и со различни квадратури.

Токму оваа различност и овозможува на агенцијата Њу Веј да ја задржи

конкурентската предност.

Потенцијален влез на нови конкурентски фирми

1. Потребни парични средства за започнување бизнис - Трошоците за

започнување на бизнис преку отворање на Агенција за недвижности не

претставуваат бариера за влез на нови конкурентски фирми, бидејќи не

постои лиценца или дозвола која треба да се добие за да се започне со овој

бизнис.

2. Диференцирани производи – Иако на македонскиот пазар на недвижности

постојат многу агенции за недвижности сепак недостасува квалитетна

агенција, која покрај прометот со недвижности би се занимавала и со

проценување и анализирање на пазарот, она што Њу Веј Лимитед го прави

веќе 4та година по ред. Такви интернационални компании постојат и тие

веќе имаат отворено свои филијали на Балканот, но нивниот интерес за

влегување на македонскиот пазар е многу мал. Њу Веј Лимитед соработува

со овие големи интернационални компании.

3. Предност со цената – Цената на недвижностите не ја одредуваат агенциите

за недвижност туку директно засегнатите страни како продавачите и

купувачите.

4. Лојалност кон марката – Со самата работа и долгогодишно постоење Њу

Веј Лимитед стана препознатлив бренд на пазарот за недвижности.

Лојалноста на клиентите е создадена преку квалитетната услуга која оваа

компанија ја нуди.

12

Page 13: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Закана од потенцијален развој на субстути

Моментално на пазарот не постои субститут за работата на Агенциите за

недвижности. Заинтересираните за недвижен имот можат сами да дојдат до истиот

или да ангажираат агенција која ќе го стори тоа за нив.

Евентуален субтитут на агенциите за недвижности, би можела да биде некоја

државна агенција, која би се финансирала од државниот буџет, а би ја вршела

истата работа. Доколку на пазарот се појави ваков субститут тоа би претставувало

закана за секоја агенција.

Моќ на добавувачите

Моќта на добавувачите претставува всушност моќ на продавачите во овој сектор.

Како директно засегнати, продавачите ја имаат моќта да одлучуваат за цената на

нивната недвижност ориентирајќи се според побарувачката на пазарот и според

вложените средства во понудената недвижност.

Моќ на купувачите

Моќта на купувачите или потрошувачите е една од силите кои ја обликуваат

структурата на конкурентската индустрија. Преговарачката моќ на потрошувачите

влијае на конкурентската сила на продавачот и има директно влијание врз неговиот

профит. Потрошувачите можат да постигнат намалување на цените, подобрување

на квалитетот на услугите и производите.

Моќта на потрошувачите е висока во секторот за недвижности. Побарувачката е

намалена, а понудата за недвижности зголемена. Овој фактор предизвикува опаѓање

на цената на недвижностите.

Во 2008 година побарувачката за недвижности беше многу висока, а тогашната

понуда не можеше да одговори на барањата. Цената на недвижности од класа А се

движеше околу 20 евра за м2. Денес за истите тие недвижности цената е околу 15€ -

17€/ м2.

13

Page 14: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

3. АНАЛИЗА НА ИНТЕРНО ОКРУЖУВАЊЕ

Интерното окружување ги утврдува интерните, стратегиски фактори на

претпријатието, предностите и слабостите, кои ќе учествуваат во формулирањето

на неговата стратегија.

3.1. Анализа на ресурсите на компанијата

Потпирањето на претпријатието врз конкурентска предност е детерминирано пред

се од ресурсите и способностите. Ресурсите се влезови во процесот на

производството за претпријатието. Ресурсите може да се класифицираат на видливи

и невидливи.4 Во видливи ресурси се однесуваат на финансиските, физичките,

организационите и технолошки ресурси во компанијата.

Видливи ресурси на Њу Веј Лимитед

Материјални ресурси

Финансиски ресурси Остварува бруто годишен профит од околу 130.000евра

Компанијата е кредитоспособна

Физички ресурси Компанијата е лоцирана во центарот на градот

Располага со современа опрема

Технолошки Њу Веј е единствената агенција која изработува Е-весник

Огранизациони Односите на вработените во Њу Веј се пријателски

Њу Веј Лимитед е во добар однос со своите клиенти

Невидливите ресурси се однесуваат на имотните права, човечките

ресурси,репутацијата, креативноста,способностите и културата на претпријатието.

Невидливи ресурси

Репутација на компанијата Њу Веј Лимитед е лидер на домашниот пазар за корпоративни недвижности, таа има одлична репутација кај клиентите.

База на податоци Њу Веј Лимитед преку повеќегодишното искуство располага со голема база на податоци, не само од секторот за недвижности.

Know-how Оваа компанија има издадено околу

4 Tangible/Intangible resources

14

Page 15: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

60.000м2 деловен простор, вработените во Њу Веј Лимитед ја познаваат својата работа и остваруваат пријателски односи со клиентите.

Човечки Вработените во Њу Веј Лимитед добро ја познаваат својата работа

Тие имаат повеќегодишно искуство во секторот за недвижности

Менаџерот на Њу Веј Лимитед има долгогодишно искуство во работата со недвижности, има добар однос со вработените, има остварено многу контакти

Способностите упатуваат на капацитетот на компанијата да ги искористува

ресурсите, за да оствари сакан ефект. Ресурсите се вреднуваат според 3 фактори,

колку еден ресурс е вреден, редок и колку е тежок за имитирање.

Ресурс Дали е вреден?

Дали е редок?

Дали може да се имитира?

Дали организацијата соодветно го користи?

Импликации

Компанијата е лоцирана во центарот на градот

Да Не Да Да Нема конкурентска предност, бидејќи и останатите фирми го имаат овој ресурс

Њу Веј е единствената агенција која изработува Е-весник

Да Да Да Да Долгорочна

конкурентска

предност

Односите на вработените во Њу Веј се пријателски

Да Не Да Да Нема

конкурентска

предност

Њу Веј Лимитед е лидер на домашниот пазар за корпоративни

Да Да Да Да Конкурентска

предност

15

Page 16: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

недвижности, таа има одлична репутација кај клиентите.

Голема база на

податоци

Да Не Да Да Нема

Конкурентска

предност

има издадено околу 60.000м2 деловен простор, вработените во Њу Веј Лимитед ја познаваат својата работа

Да Да Да Да Конкурентска

предност

Менаџерот има долгогодишно искуство во работата со недвижности, има добар однос со вработените, има остварено многу контакти

Да Не Да Да Нема

конкурентска

предност

Клучни ресурси на Њу Веј Лимитед

Човечки ресурси Мотивирани и амбициозни вработени со повеќегодишно

искуство.

Видливи ресурси Единствен на пазарот во изработка на Е-весник, кој служи за

информирање во врска со работата на Њу Веј Лимитед,

тековните понуди, ситуацијата на пазарот на недвижности и

реклама на клиентите.

Невидливи

ресурси

Лидер на домашниот пазар. Одлична репутација кај

клиентите.

16

Page 17: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

4.Свот анализа на Њу Веј Лимитед

SWOT АНАЛИЗА

ЊУ ВЕЈ ЛИМИТЕД

Внатрешни

Силни страни Слаби страни

1. Соработка со многу компании во Скопје

2. Единствени луксузни недвижности

3.Препознатлив бренд

4. Иновативни техники

5. Голем број на успешни зделки

6. Богата база на податоци

7. Добри односи меѓу вработените

8. Различна понуда од останатите конкуренти

1. Недостаток на кадар

2. Канцеларија само во Скопје

Надворешни

Можности Закани

1. Зголемување на профитот преку

електронски маркетинг и продажба

2.Зголемување на бројот на клиенти

поради честата миграција

3. Проширување на бизнисот

4. Воведување нови услуги

1. Намалена

побарувачка на

пазарот

2. Зголемена моќ на

купувачите

3. Појава на субститут

4. Рецесија

СВОТ анализата ни покажува која стратегија е најсоодветна за компанијата. Со вкрстување на јаките страни на компанијата и можностите кои ги нуди пазарот добиваме соодветна стратегија која ќе и помогне на компанијата во остварување на целите.

Диференцијација ( С4М4) Зајакнување на својата позиција на пазарот (С3О2)

17

Page 18: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

5. Формулирање стратегија на Њу Веј Лимитед

Формулирањето на стратегијата претставува долгорочен план за ефективно управување во светлината на интерните и екстерните фактори на окружување.

Деловната стратегија на компанијата се темели на постојаниот и стабилен раст на компанијата кој се остварува со освојување на нови пазари и нови целни групи на потрошувачи. Брзото менување на пазарот ни носи нови предизвици и можности кои успешно ги совладуваме со помош на деловната стратегија.

Клучни индикатори на деловната стратегија: •  стабилен и постојан раст на нашата компанија во сите сегменти од нашето делување; •  постојан раст и оптимизација на процесите во компанијата; •  постојано намалување на трошоците; •  стабилен раст на додадената вредност; •  зголемување на компетитивните способности; •  целно развивање на процесите и водството на вработените; •  одговорен однос кон вработените, доставувачите и околината

Интегрирана стратегија и диференцијација за Њу Веј Лимитед

Стратегијата за диференцијација за Њу Веј Лимитед подразбира проширување на асортиманот на услуги кои оваа компанија ги нуди. Покрај досегашните услуги, промет со недвижности, проперти менаџмент и маркетинг, компанијата ќе понуди на пазарот за недвижности и консултантски услуги кои повторно би го опфаќале секторот за недвижности.

Имликацијата на оваа стратегија подразбира:

Вработување на нов кадар со претходно работно искуство и познавање на овој пазар.

Промоција на новите услуги преку ТВ, весници, интернет маркетинг, брошури и рекламни плакати

Контактирање на компании кои имаат потреба од консултантски услуги

Нашите клиенти имаат потреба од различни услуги кои го засегаат секторот за недвижности. Стратегијата за диференцијација овозможува исто така и уникатност на пазарот, а во исто време и одговарање на потребите на клиентите.Стратегијата овозможува конкурентска предност на долг временски период. Предностите од раниот влез на пазарот се единствени генератори. Трошковите можат да се зголемат, но со тоа и одржливоста на диферецијацијата зголемува.

Одржување на стратегијата во однос на 5те сили

18

Page 19: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

Во однос на влезот на нови конкуренти – Ги зголемува бариерите за влез

Во однос на добавувачите – Њу Веј Лимитед остварува добри односи со добавувачите. Има голем број добавувачи и стандардизирани процедури на избор за недвижностите кои ги нуди.

Во однос на купувачите – единствен однос цена/квалитет, диференцирана понуда на ексклузивни недвижности – цената не е во прв план туку квалитетот на услугата која ја нуди

Во однос на конкуренцијата- со своите услуги Њу Веј Лимитед се издвојува од останатите фирми, супериорна понуда на недвижности

Во однос на субститути – сеуште не постои супститут на пазарот.

Стратегија за раст за Њу Веј Лимитед

Стратегијата за раст се однесува на проширување на бизнис активностите на Њу Веј Лимитед на друг пазар. Од претходна анализа на пазарот воочено е дека реални можности за влегување на нов пазар постојат во Србија и Бугарија. Оваа стратегија би се остварила со отворање на канцеларија на таргетираниот пазар.

Импликација на стратегијата за раст на Њу Веј Лимитед: Наоѓање атрактивна локација за канцеларија Обезбедување на потребните финансиски ресурси преку кредит Вработување на нов кадар Маркетинг на компанијата Њу Веј Лимитед на тој пазар Конктирање со досегашните клиенти од тој пазар

Resume

In order to address the complexity of the strategic management concept we have chosen to

develop a model with the purpose to connect and relate the external and internal

19

Page 20: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

perspectives by conducting an in-depth analysis of a chosen company. The model also

strives to be easily communicated, applicable and understandable for managers and

employees on different levels within the organization. This leads us to the purpose of this

thesis: “to develop a simplified model that combines the external and internal perspective

of strategic management and apply this to a chosen company”. The research was

conducted through a case study on New Way Limited. The model was tested on the

company in question by analysing the company’s internal and external environment with

the means of analysis tools such as PEST-analysis, Porter analysis and the SWOT

analysis.

Combining the two perspectives results in identifying the current capabilities and

competences and the direction of how to use these in order to meet market demands and

gain competitive advantage. The developed model combining the internal and external

perspective of strategic management is normative; On the other hand, the model

contributes both to the understanding of strategic management and its practical

application through a combination of the two strategic management perspectives which

results in an understanding of what is going on in the organization and in the

environment. While the internal analysis shows the company where it currently stands, the

external analysis on the other hand, shows the company in what direction to go.

To conclude it is important to balance an organization’s internal efforts with the external

market conditions and avoid excluding one or the other from the strategic management

process.

Заклучок

Секоја компанија која сака да биде конкурентна на пазарот мора да ги следи активностите на компаниите кои ги смета за своја конкуренција. Во ера кога иновациите во производи, услуги, процеси и маркетинг го движат успехот на

20

Page 21: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

компаниите, секогаш е вредно да се знае конкурентното окружување во кое компанијата работи со цел да се понуди нешто што ќе претставува дополнителна вредност за купувачите, а и воедно компаративната предност.

Но како просторот за диференцијација на производ и цена се намалува, компаниите стануваат свесни дека квалитетот на купувачкото искуство станува пресуден фактор за создавање лојални клиенти и зголемување на пазарното учество (market share).

Придобивки од истражувањето: 

Идентификување на клучните параметри кои го дефинираат општото окружување на компанијата

Класификација на конкурентите според нивното реално влијание врз вашето пазарно учество како лидери, ривали, потенцијални ривали, нови играчи итн.

Добивате точна слика за понудата на вашите конкуренти во споредба со вашата и задоволството на клиентите од нивната услуга наспроти вашата

Добивате конкретни насоки за донесување на одлуки за посигнување на компаративна предност во однос на конкуренцијата

Идентификување на работната атмосфера внатре во компанијата и на сите интерни фактори кои влијаат врз профитот на компанијата

Од оваа истражување можевме да согледаме дека компанијата Њу Веј Лимитед активно работи подолго време на пазарот за недвижности и ужива одлична репутација меѓу клиентите. Лесно се носи со предизвиците на современото општество и е свесна за своето окружување.

Поради фактот што и самата компанија врши анализа на пазарот, можеме да заклучиме дека компанијата е свесна за општите фактори кои влијаат врз работата на сите компании, а многу поважно, таа е свесна за своите конкуренти и за можната закана од нив во иднина.

Наметнувајќи се како лидер на пазарот за корпоративни недвижности, а воедно и како компанија која се занимава со промет на исклучиво луксузни недвижности компанијата обезбедува конкурентска предност која се труди, преку диференцијација, да ја зачува на подолг временски период.

Користена литература

1. Бранко Ракита: Меѓународен бизнис и менаџмент, Економски факултет - Белград,

2006

21

Page 22: Стратегиска анализа на Њу Веј Лимитед

2. Бобек Шуклев: Деловно планирање, Економски факултет, Скопје, 2002

3. Бобек Шуклев, Љубомир Дракулевски “Стратегиски Менаџмент”, Економски

факултет, Скопје, 2001

4. Бобек Шуклев: Деловно планирање, Економски факултет, Скопје, 2002

5. Fred L. David: “Strategic Management”, Macmillan Publishing Company, New York,

2007. (8th Edition)

Библиографија

www.quickmba.com – Објаснување на 5те сили според Мајкл Портер

www.webforum.org – Global competitiveness report

www.mindtools.com – Објаснување на ПЕСТ анализата

http://hbsp.harvard.edu/ - Онлајн курсеви за менаџмент

22