26
Содржина: 1. ВОВЕД:............................................... 2 2. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО СТАРИОТ ВЕК - ЧЕКОРИ И ИЗВОРИ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА....................................... 3 3. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКА ГРЦИЈА..................5 3.1 Општествено-економски услови........................5 3.2 Карактеристики и претставници.......................6 3.2.1 Ксенофон.......................................... 8 3.2.2 Платон............................................ 9 3.2.3 Аристотел........................................ 11 4. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКИ РИМ....................14 4.1 Општествено-историски услови.......................14 4.2 Карактеристики и претставници......................15 4.2.1 Катон............................................ 15 4.2.2 Тибериј и Гај Грах...............................16 5. ЗАКЛУЧОК:........................................... 17 6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:...............................19 1

економска мисла во стариот век

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: економска мисла во стариот век

Содржина:

1. ВОВЕД:.......................................................................................................2

2. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО СТАРИОТ ВЕК - ЧЕКОРИ И ИЗВОРИ НА

ЕКОНОМСКАТА МИСЛА...............................................................................3

3. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКА ГРЦИЈА...................................5

3.1 Општествено-економски услови.........................................................5

3.2 Карактеристики и претставници..........................................................6

3.2.1 Ксенофон..............................................................................................8

3.2.2 Платон...................................................................................................9

3.2.3 Аристотел...........................................................................................11

4. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКИ РИМ........................................14

4.1 Општествено-историски услови........................................................14

4.2 Карактеристики и претставници........................................................15

4.2.1 Катон....................................................................................................15

4.2.2 Тибериј и Гај Грах..............................................................................16

5. ЗАКЛУЧОК:...............................................................................................17

6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:...................................................................19

1

Page 2: економска мисла во стариот век

1. ВОВЕД:

Развојот на економската мисла е научна и наставна дисциплина

која ги изучува мислите за економскиот живот од најстари времиња до

денес. Според материјата што ја изучува спаѓа во групата општествени

науки, а во нејзините рамки во подгрупата економски науки. Во рамките

на економските науки спаѓа во подгрупата економско-теориски, како и во

подгрупата економско-историски науки, бидејќи ја изучува историјата на

економската теорија.

Развојот на економската наука како наставна дисциплина не е во

можност да ги изучува сите мисли за економскиот живот поради нивната

обемност и разновидност. Поради тоа има мошне потесен предмет на

изучување: ги изучува само позначајните мисли за економскиот живот,

почнувајќи од античкиот период до денешни дни. Како позначајни ги

сметаме оние мисли кои успеале најдобро да ја одразат економската

стварност во своето време.

Изворите за изучување на економската мисла се разликуваат и во

зависност од периодите за кои треба да се проследува економската

мисла. За изучување на економската мисла во стариот и средниот век

може да се користат дела од областа на филозофијата и литературата,

некои законици, Библијата, Коранот и др.

За изучување на економската мисла во времето на либералниот

капитализам може да се користат дела од самите автори, дела во кои е

направен осврт врз дотогашната економска мисла, разни монографски

изучувања, учебници и др.

Економската мисла во XX век е мошне разновидна и може да се

изучува од разни извори: дела на афирмирани автори, монографии,

осврти, учебници и др. За тој дел од материјата постои многубројна

литература и како основен проблем се јавува селекцијата на

релевантната литература. Во овој семинарски труд ќе го обработиме

делот за Економската мисла во стариот век.

2

Page 3: економска мисла во стариот век

2. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО СТАРИОТ ВЕК - ЧЕКОРИ И

ИЗВОРИ НА ЕКОНОМСКАТА МИСЛА

Појавата на првите мисли за економскиот живот во стариот1 век е

условена од настанувањето на стоковното производство при преодот од

првобитната заедница во робовладетелството. Со неговото настанување

дел од односите меѓу луѓето почнале да се манифестираат како односи

меѓу предмети (производи), така што економските појави станале

помалку разбирливи за обичниот набљудувач. Поради тоа се јавила

потреба од нивно толкување, а создадената потреба била предизвик за

настанување на разни толкувања. Во прво време толкувањата се

вршеле врз религиозна и здраворазумска основа, а мошне подоцна и со

користење научни методи.

Од расположливите извори се дознава дека мисли за економскиот

живот во стариот век постоеле во некои земји на Исток (Вавилон,

Асирија, Египет, Кина, Индија и др.), потоа во античка Грција и антички

Рим и сл. Ќе наведеме некои од изворите со чија помош може да се

изучува економската мисла во спомнатите земји.

а) Мнозинството историчари на економската мисла сметаат дека

најстар извор од кој може да се изучува економската мисла во стариот

век, а преку неа и тогашната економска стварност, е Законот на

Хамураби (XVIII век пред нашата ера, или поточно, 1794-1750 год. п.н.е.).

Од него се добива одредена претстава за тогашните робовладетелски

односи во Вавилон. Имено, во него се содржани разни мерки за заштита

на интересите на државата и приватната сопственост на дворот и

храмовите, на граѓаните и на државните службеници и сл., потоа мерки

за заштита на робовладетелите, казнени мерки против робовите,

одредби за нормирање на наемнините во земјоделството.

б) Слично општествено-економско уредување како во Вавилон

имала и Асирија. Од некои тогашни закони се дознава дека и таму се

штителе робовладетелите, државата, приватната сопственост и др.

1 Николовски Д. (2007), " Развој на економска мисла " , Славјански Институт, Свети

Николе, стр.16

3

Page 4: економска мисла во стариот век

Таков е, на пример, Зборникот на закони на Асирија во XIV и XIII век

п.н.е.

в) Библијата, а посебно Стариот завет, овозможува да се добие

претстава за робовладетелските односи во Израел.

Од неа може да се види преминот од родовската заедница со

заедничка сопственост над земјата кон приватна сопственост и класно

диференцирање на израелското општество. Од одделни текстови во

Библијата можат да се видат обидите да се забрани лихварството, да се

памалат или избришат долговите, одвреме навреме земјата да се

прераспределува и да се попречи нејзиното концентрирање во мал број

раце, секоја седма или педесетта година да се ослободуваат робовите и

др.

г) Мисли за економскиот живот постоеле и во времето на Старото

Египетско Царство и посебно во Новото Египетско Царство во времето

на Тутмес III и Рамзес II. Тогашните мисли за економскиот живот "...се

однесувале најчесто на земјоделството и земјоделските работи,

изградбата на насипи и канали за наводнување, изградбата на храмови и

дворци... Како еден од изворите на економските идеи ... се јавува и

поезијата, која била најпрвин религиозна, митолошка, а подоцна и

световна, особено во слава на фараоните"

д) Претстава за производствените односи во Кина во стариот век

се добива од творештвото на тогашниот најпознат филозоф Конфучиј

(551-479 п.н.е.). Претстава за нив се добива и од творештвото на

неговите тогашни и подоцнежни следбеници и противници. Од

расположливите извори се дознава дека во Кина постоел висок степен

на материјална и духовна култура и дека таа била на мошне повисоко

ниво на развиеност од Европа.

ѓ) Од делото Наука за политиката (Артхашастра), кое било

создавано низ неколку векови (од IX век п.н.е. до III век од н.е.), се

добива претстава за кастинското уредување и за производствените

односи во тоа време во Индија. Делото е посветено пред се на

управувањето со државата, на финансиската политика и посебно на

даночната политика и др. Меѓутоа, од него не може да се утврди

прецизно дали станува збор за робовладетелство или феудализам.

4

Page 5: економска мисла во стариот век

Според некои толкувања во него се одразени односите во тогашното

робовладетелство, но кое имало полиберално однесување кон робовите.

Имено, робовите можеле да имаат имот и семејство, право на

самооткупување и сл.

е) Постојат мошне голем број извори од кои може да се изучува

економската мисла во античка Грција и антички Рим. Поради тоа

економската мисла во тие држави може да се земе како репрезент на

економската мисла во стариот век. Тоа се прави и поради фактот што

таа имала одредено влијание врз натамошниот развој на економската

мисла на подрачјето на Европа.

Значи, од скромните извори на економската мисла во стариот век

дознаваме дека не постоел систем на знаења за економскиот живот, туку

постоеле, главно, одредени здраворазумски размислувања на некои

мислители (филозофи, писатели и др.).

3. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКА ГРЦИЈА

3.1 Општествено-економски услови

Општеството на античка Грција2 се состоело од разни класи и

слоеви со свои интереси. Во него се издвојуваат аристократијата и

демосот, меѓу кои постоеле чести судири. Аристократијата била

владејачка класа, додека демосот го сочинувале слободни граѓани,

селани, трговци, занаетчии и др. Покрај аристократијата и демосот,

постоеле и робови кои биле третирани како орудија што зборуваат.

Тогашната стратификација на населението имала одраз и врз мислите

за економскиот живот, во кои се одразувале интересите на одделни

слоеви од населението.

Античка Грција била организирана во неколку мали државички-

градови, кои се нарекувале полиси. Одделни полиси биле организирани

во сојузи, меѓу кои најпознати биле сојузот на чело со Атина и сојузот на 2 Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски факултет, Скопје, стр.51

5

Page 6: економска мисла во стариот век

чело со Спарта. Поради тоа, некои историчари на економската мисла ја

сведуваат историјата на античка Грција на економската мисла на двете

тогаш најмоќни држави (Атина и Спарта). Во тој контекст е и гледиштето

според кое античка Грција не успеала да ги групира сите свои градови во

една држава и тие почесто биле ривали отколку сојузници. Меѓу сојузот

на чело со Атина и сојузот на чело со Спарта се воделе жестоки и

долготрајни борби, кои завршиле со познатите Пелопонески војни (431-

404 п.н.е) во кои победила Спарта. Нејзината победа се одразила врз

натамошниот развој на Грција, а и врз тогашната економска мисла.

3.2 Карактеристики и претставници

Мислите за економскиот живот во античка Грција биле

интегрирани во филозофијата, литературата, законодавството и др. Тие

не биле изградени како посебни теоретски системи, туку претставувале

осветлување на некои аспекти на тогашниот економски живот, и тоа

повеќе врз основа на интуиција и здраворазумски размислувања, а

помалку врз основа на научни методи. Според својот карактер тие

претставуваат составен дел на предисторијата на економската наука.

Во развојот на економската мисла во античка Грција се

издвојуваат три глобални периоди3. Во првиот период мислите за

економскиот живот се содржани во некои дела од областа на

литературата и филозофијата. Претстава за економската мисла во тоа

време се добива од еповите Илијада и Одисеја, кои му се припишуваат

на Хомер, како и од делото на Хезиод под наслов Денови и трудови.

Во еповите Илијада и Одисеја Хомер одразил и некои аспекти на

економскиот живот од X-VIII век п.н.е., а пред се интересите на

родовската аристрократија. Меѓу другото, во нив се среќаваат мисли за

богатството и трудот. Под богатство Хомер го подразбирал

располагањето со разни употребни вредности (бикови, коњи,

земјоделски инвентар, злато, сребро и др.).

3 Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски факултет, Скопје, стр.53

6

Page 7: економска мисла во стариот век

Времето на Хомер било време на натурално стопанство и време

на родовско уредување во кое владеел аристократскиот слој. Тие

карактеристики нашле одраз во творештвото на Хомер.

Хезиод (VIII и VII век п.н.е.) во своето дело под наслов Денови и

трудови ги одразил интересите и положбата на демосот во тоа време. За

Хезиод е карактеристично што го ценел трудот, но и што го сметал за

обврска. Тој се залагал домаќинствата да се издржуваат врз основа на

труд, а ги осудувал мрзливите и оние што живееле за сметка на туѓ труд.

Хезиод дал мошне сликовит опис на судирот меѓу аристократијата

и демосот. Тоа го опишува низ една бајка за јастребот и славејот.

"Јастребот фатил славеј, Го дигнал во височина и му се

потсмевал: ,што стенкаш, јас сум посилен од тебе и ти ќе бидеш таму

каде што ќе те однесам, а тоа што си искусен пејач ништо нема да ти

помогне. Ќе правам со тебе што ќе посакам: или ќе те изедам или ќе те

пуштам... Луд е оној што сака да се бори со посилниот, тој ќе биде

скршен, а покрај тоа ќе доживее само срам и страдање"

Во вториот период преовладувале мислители од Атина, кои му

давале поддршка на ширењето на стоковно-паричните односи и на

демократијата. Тој период траел до Пелопонеските војни, а најпознати

мислители биле Солон и Перикле.

Солон (638-590 п.н.е.) е познат по неговите реформи со кои ги

штител интересите на трговците. Тој не бил задоволен со состојбите во

постојното општество, а це залагал за општество што нема да биде ни

многу богато ни многу сиромашно. Најсериозен проблем во времето на

Солон била презадолженоста. Поради тоа се зафатил со разрешување

на проблемот, а со цел да придонесе за остварување на концептот за

идеално општество. Солоновите реформи на тој план ги имале следниве

цели: разрешување на проблемот на презадолженоста (со целосно или

делумно отпишување на долговите), укинување на правото должникот по

основа на долгови да се претвори во роб и како таков да се продава,

заштита на занаетите, утврдување на земјишниот максимум и др.

Перикле (499-429 п.н.е.) е познат по тоа што во негово време се

ширеле стоковно-паричните односи и се развивала демократијата.

Политичката власт во времето на Перикле била во демосот, а

7

Page 8: економска мисла во стариот век

економската сила во рацете на плутократијата (богатите луѓе). Тоа е

време на брз општествено-економски и политички развој во Атина - се

развивале занаетчиството, трговијата, градежната дејност, трговската

флота, јакнела воената сила на Атина, се развивала општествената

мисла, се ширела демократијата.

И на крајот, во третиот период од развојот на економската мисла

во античка Грција предност му се давало на натуралното стопанисување.

Во тој период доминирале сфаќањата на Ксенофон, Платон и Аристотел,

во чии претежно филозофски и политиколошки написи се присутни

погледи и за некои економски прашања. Нивните погледи ќе ги

разгледаме пошироко и ќе ги третираме како репрезент на економската

мисла во античка Грција.

3.2.1 Ксенофон

Ксенофон4 е автор на делото Економикос, во кое првпат се

спомнува поимот економија. Ксенофон бил ученик на познатиот

филозоф Сократ и еден од најголемите поборници на натурален начин

на стопанисување во Спарта. Тој бил филозоф и економист.

Натурално стопанство. - Ксенофон се залагал секое домаќинство

да произведува се што му треба и да живее без помош од други

домаќинства. Како поборник на натурално стопанство бил жесток

противник на трговијата, а му давал предност на земјоделството кое го

сметал за најздрава и најпријатна стопанска гранка. За значењето на

земјоделството пишува:

"Кога цути земјоделстото, цутат и другите уметности, кога тоа

назадува, заедно со него назадуваат и сите други стопански дејности на

морето и копното" .

Поделба на трудот. - Во своето творештво Ксенофон се искажал

за повеќе аспекти на поделбата на трудот: разликувал труд на

организатори и труд на извршители, ја изучувал поделбата на трудот од

4 Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски факултет, Скопје, стр.57

8

Page 9: економска мисла во стариот век

аспект на употребната вредност, нејзиното постоење го поврзал со

развиеноста на пазарот и сл.

При објаснувањето на поделбата на трудот укажува на нејзиното

значење пред се за квалитетот на производите. Во таа смисла како

пример ја наведува храната што се служела на "Персискиот двор", а која

ја пробал како заробеник. Според него таа била многу квалитетна

благодарение на спроведената детална поделба на трудот при нејзиното

подготвување. Ксенофон зборува и за зависноста на поделбата на

трудот од развиеноста на пазарот во градовите.

Пари. - По прашањето на парите Ксенофон има противречни

гледишта. Од една страна се однесува непријателски спрема нив и се

залага за натурално стопанисување, а од друга страна високо ги цени и

ја истакнува страста на луѓето за трупање богатство. "Парите никој не ги

има толку за да не сака уште повеќе да ги има, ако некој ги има многу, тој

со закопување на вишокот во земја ќе чувствува исто задоволство како

кога би ги користел" .

3.2.2 Платон

Платон5 е филозоф, претставник на објективниот идеализам.

Основач е на тогашната Академија, во која се собирале неговите

пријатели и истомисленици да дискутираат и размислуваат за разни

прашања. Автор е на триесетина дела во кои како главен дискутант се

јавува Сократ. За нас од интерес се делата: Држава и Закони, бидејќи во

нив се искажал и за некои економски прашања.

Идеална држава. - Анализирајќи ја стварноста на своето време,

Платон дошол до сознанието дека во секој град (полис) постојат две

држави - држава на богати и држава на сиромаси. Тој не бил задоволен

ни од едната ни од другата, туку се залагал за градење на идеална

држава. Но најпрвин го објаснува настанувањето на државата. Според

него државата настанува поради тоа што секој од нас не може сам да се

задоволи себеси, а има потреби од многу нешта. Според тоа, еден човек

5 Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски факултет, Скопје, стр.61

9

Page 10: економска мисла во стариот век

соработува со друг било за една или друга корист и штом има потреба

од помош на мнозина, ќе се соберат многу учесници и помошници во

едно местожителство, а на таа заедница сме и го дале името држава.

Според замислите на Платон државата треба да се потпира на три

сталежи: производители, заштитници (војници) и управувачи

(филозофи).

Најнискиот сталеж, односно производителите, го сочинуваат оние

што се занимаваат со стопанска активност, а тоа се земјоделците,

занаетчиите и трговците.

Средниот и највисокиот сталеж ги смета за виши сталежи и се

залага да бидат ослободени од располагање со приватна сопственост.

Тие треба да имаат заеднички домови, храна, жени, деца и др., за да

можат да се ослободат од пороците што ги раѓа приватната сопственост,

односно да живеат врз комунистички принципи.

Поделбата на населението во три сталежи е извршена врз основа

на критериумот поделба на трудот. Имено, Платон сметал дека секој

човек е склон кон една работа која може да ја врши најдобро, па затоа

треба да се специјализира за неа. Тргнувајќи од наклоноста на луѓето,

сметал дека државата треба да ја управуваат најмудрите (филозофите),

да ја бранат најхрабрите (војниците) и средства за живот да

произведуваат оние кои од природата се предодредени за таа дејност.

Инаку, за совршено добра (идеална) држава ја смета онаа што е мудра,

храбра, умерена и праведна.

Трговија и пари. - Платон допушта постоење на ситна трговија, но

под услов со неа да се занимаваат странци (оние што живеат надвор од

Атина) или варварите што живеат во Атина.

Од творештвото на Платон се дознава дека познавал три функции

на парите, и тоа: мера на вредност, разменско средство и средство за

трупање на богатство. Тој ги одобрувал првите две, а бил против третата

функција.

Отстапување од концептот за идеална држава. - При крајот на

својот живот односно во делото Закони, Платон прави корекција на дел

од своите гледишта за идеалната држава. Тој ги предлага следниве

мерки за остварување на концептот на идеална држава: сиромашните

10

Page 11: економска мисла во стариот век

луѓе да се преселат во колониите; да се демаскираат сите алчни за

златото; да се извршува постепено касација на дел од долговите; да се

практикува доброволна разделба на некои членови на општеството со

дел од нивниот имот; вишите сталежи да имаат семејство и ограничена

приватна сопственост, да се ограничи бројот на населението; да се

регулираат цените и др.

3.2.3 Аристотел

Во рамките на своите филозофски учења Аристотел се искажал и

за некои економски прашања:6 богатство, стока, размена, пари и др.

Неговите погледи на овие прашања се содржани пред се во делата

Политика (прва книга) и Никомахова етика (петта книга).

Богатство. - Аристотел разликува два вида богатство: економија и

хрематистика. Под поимот економија подразбира збир на употребни

вредности што служат за задоволување на човечките потреби или

вештина за стекнување добра во производството. Во економија ги

вклучува натуралното стопанство, занаетчиството и ситната трговија и

смета дека тоа богатство е ограничено во ширењето, а лимитите ги

гледа во потрошувачката. Економијата ја смета за природен вид на

богатство. Денес, под поимот економија се подразбираат различни

работи: стопанство (збир на економски активности); севкупност на

економските науки, кои го изучуваат економскиот живот; штедливост и

др.

Под хрематистика го подразбира богатството како збир на пари

или како вештина за стекнување на пари. Во хрематистика ги вклучува

крупната трговија и лихварството и тој вид богатство го смета за

безгранично. Во рамките на хрематистиката разликува две подгрупи:

"потребна хрематистика" (продажбата на добра што ја вршат

производителите на потрошувачите), која го има обликот стока - пари -

стока, и чиста хрематистика (продажба заради стекнување доход), која го

6 Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски факултет, Скопје, стр.64

11

Page 12: економска мисла во стариот век

има обликот пари-стока-пари. Според него првиот вид на хрематистика е

природен, а вториот неприроден вид на богатство.

Стока. - Од учењето на Аристотел се дознава дека правел разлика

меѓу употребна вредност и разменска вредност.

Имено, тој смета дека добрата се користат на два начина, едниот

е својствен за самите нив и се состои во својствата да задоволуваат

некоја човечка потреба, а другиот се состои во тоа што служат за

размена (за купување на други добра). Првиот начин на употреба на

добрата го смета за природен, а вториот за неприроден.

Размена. - Аристотел ја објаснува размената со фактот што луѓето

имаат некои добра во изобилство, а други им недостигаат. Со анализа на

размената успеал да открие дека постои еквивалентност (еднаквост)

меѓу добрата што се разменуваат едни за други. Меѓутоа, не успеал да

го открие тоа што ги прави добрата да бидат меѓусебно мерливи и

еднакви. Според него еднаквоста произлегува од парите. Аристотел не

успеал да даде правилен одговор, бидејќи постоеле разни

ограничувања. Имено, тогаш преовладувало натурално стопанство, па

размената била случајна појава и се воспоставувале различни односи

меѓу добрата што се разменуваат. Покрај тоа, главен носител на трудот

што произведувал добра биле робовите кои во тоа време биле

третирани како орудија што зборуваат. Маркс го смета за генијален

успех и самото поставување на прашањето на еднаквост на добрата што

се разменуваат.

Аристотел извршил анализа и на формите на размената. Како

прва форма на размена ја наведува трампата (С-С), која е

карактеристична за економијата (за богатството како збир на употребни

вредности). Со појавата на парите размената почнала да се врши во

форма на С-П-С, за потоа да се преобрази во форма на П-С- ГТ.

Последниов образец го сведува на трговија заради заработка и смета

дека е карактеристичен за хрематистиката. Како вид на хрематистика го

смета и лихварството, кое се сведува на давање пари на заем, односно

на П-ГТ. Со анализата на размената Аристотел дава придонес за

економската анализа.

12

Page 13: економска мисла во стариот век

Пари. - Аристотел е автор на договорната теорија на парите,

според која парите настанале со договор меѓу луѓето за да се олесни

размената. Како и Платон, така и тој познава три функции на парите:

мера на вредност, разменско средство и средство за трупање на

богатство. Првите две функции ги смета за природни, а третата за

неприродна функција на парите. На пример, за нивната функција како

мера на вредноста пишува:

Парите како мера, кои ги прават сите стоки комензурабилни,

вршат функција на изедначување. Без размена нема однос, без

еднаквост нема размена, без заедничка мера нема еднаквост.

Всушност ... нештата се меѓусебно толку различни што не можат да се

измерат со заедничка мера, но заради потребата тоа може во доволна

мера да се спроведе".

Ропство. - Според Аристотел ропството произлегува оттаму што

луѓето се раѓаат нееднакви, едни се раѓаат како слободни граѓани и се

предодредени за управувачи, а други за робови. Според тоа, робовите

по природа се робови. Инаку, за странците и робовите вели дека не се

слободни граѓани. Покрај робови по природа, што важи за робовите што

не биле Грци, Аристотел разликува и робови по положба, при што како

такви ги подразбира оние Грци кои, поради различни несреќни случаи,

станале робови.

Со своето творештво Аристотел дал придонес за развојот на

економската мисла и економската анализа. Како негов придонес се

истакнува следново:

"Разликувањето меѓу употребната и разменската вредност,

објаснувањето на еволуцијата на формите на размената, барањето на

причината за еднаквоста во размената на различни употребни

вредности, описот на трите функции на парите..."

Кон тоа треба да се додат и дел од неговите сознанија за

богатството и ропството. Во право е Хегел кога истакнува дека

Аристотел "е еден од најобемните и најдлабоките научни гении".

Според некои современи економисти Аристотел е првиот

аналитички економист. Тоа произлегува оттаму што се искажал за некои

економски проблеми кои ќе бидат предмет на изучување кај некои

13

Page 14: економска мисла во стариот век

подоцнежни економисти и се обидел по аналитички пат да ги бара

причините за одредени економски појави и да ги толкува самите појави.

На пример, се залагал појавите да се расчленуваат на едноставни,

најмали елементи; го применувал аналитичкиот метод; го објаснувал

потеклото на државата, приватната сопственост и ропството.

4. ЕКОНОМСКАТА МИСЛА ВО АНТИЧКИ РИМ

4.1 Општествено-историски услови

Во споредба со античка Грција античкиот Рим бил на пониско

материјално и културно ниво на развиеност. Тој претставувал

олицетворение на воена сила и настојување за освојување на туѓи

територии.

На врвот од својата сила Римјаните успеале да го освојат речиси

целиот за нив познат свет, од Персија во Азија и Египет и Картагина во

Африка се до Галија и Пиринејскиот Полуостров во Европа.

Во антички Рим не можело ропството да се оправдува со тезата

дека некои од луѓето се раѓаат по природа да бидат робови, а други за

да управуваат со нив. Вакво толкување не било можно поради тоа што

меѓу робовите имало заробени лекари, филозофи и други кои биле на

повисоко културно рамниште од римските робовладетели. Поради тоа

ропството се оправдувало со правни моменти, односно со тезата дека

победникот може слободно да располага со својот плен, со победениот.

Во античкиот Рим многу се развило правото (познато е римското

право) и затоа тој е позаслужен за развојот на правните науки, а помалку

за развојот на економската мисла.

4.2 Карактеристики и претставници

14

Page 15: економска мисла во стариот век

Една од карактеристиките на економската мисла во антички Рим е

што доминирало изучувањето на проблеми и прашања од областа на

земјоделството. Нивното изучување било мотивирано од настојувањето

да се унапреди земјоделството врз основа на робовладетелскиот труд.

Поради тоа преовладувале мислители што се залагале за зачувување на

постојните општествено-економски односи, но имало и мислители кои

биле за промени.

Како репрезенти на економската мисла во антички Рим ќе го

разгледаме творештвото на Катон, кој ги одразувал интересите на

робовладетелите, и погледите на браќата Грах, кои ги одразиле

интересите на плебсот.

4.2.1 Катон

Катон7 е автор на делото "За земјоделството", во кое се залага за

натурално стопанисување врз основа на робовски труд и во кое дава

совети како да се постапува спрема робовите.

Натурално стопанство. - Како приврзаник на натуралниот тип на

стопанство, Катон се залага секој домаќин да си произведува се што му

треба, да го купува она што не може да го произведе на своето

стопанство, да ги продава вишоците на производи и др. Во учењето на

Катон се среќаваат и елементи на меркантилизам, а тие се состојат во

гледиштето: повеќе да се продава, а помалку да се купува.

Совети за робовладетелите. - Како искусен робовладетел, Катон

настојува своите искуства да ги пренесе и на други робовладетели. Тој

им советува да набавуваат робови од различна народност и со различен

говорен јазик, за да се оневозможи нивно групирање и договарање за

подигнување на бунтови, да набавуваат помлади робови кои можат

полесно да се воспитуваат, да се прави раздор меѓу робовите со цел

полесно да се владее со нив, да се продаваат старите робови пред да

7 Николовски Д. (2007), " Развој на економска мисла " , Славјански Институт, Свети

Николе, стр.22

15

Page 16: економска мисла во стариот век

станат неупотребливи и др. Се смета дека изреката "Раздели, па владеј"

потекнува од Катон.

Анимална теорија. - Катон е познат и по т. н. анимална теорија,

според која робовите треба да се хранат во зависност од тоа со каков

интензитет работат во текот на денот и годината. Во времето кога

работат поинтензивно и понапорно треба подобро да се хранат. И

обратно. Значи, третманот и односот што се имал спрема работниот

добиток, Катон механички го пресадува и во односот на

робовладетелите спрема робовите. Поради тоа објаснувањето што го

дава е наречено анимална теорија.

4.2.2 Тибериј и Гај Грах

Браќата Грах8 се познати по залагањето за аграрна реформа, со

која голем број од тогашните безземјаши би добиле земја. Според

нивните замисли реформата треба да се спроведе на следниов начин:

Да се утврди земјишниот максимум што може да го има еден

земјопоседник ( 500 утра по поединец).

Земјата што е над максимумот да се одземе од земјопоседниците

и да се раздели на лица што немаат земја.

Новоосвоената земја преку завојување на странска територија да

се раздели на граѓани од Рим, односно на неа да се населат безземјаши

од делови на Римската Империја,

Помладиот брат Гај се залагал на селаните да им се доделат и

орудија за работа со кои ќе ја обработуваат земјата, итн.

Залагањата за аграрна реформа не биле реализирани, а браќата

Грах биле убиени. Инаку, нивните барања во тоа време биле

револуционерни. Тибериј Грах зборува и за неповолната положба на

плебсот во тоа време.

5. ЗАКЛУЧОК:

8 Николовски Д. (2007), " Развој на економска мисла " , Славјански Институт, Свети

Николе, стр.24

16

Page 17: економска мисла во стариот век

Развојот на економската мисла е научна и наставна дисциплина

која ги изучува мислите за економскиот живот од најстари времиња до

денес. Изворите за изучување на економската мисла се разликуваат и во

зависност од периодите за кои треба да се проследува економската

мисла. За изучување на економската мисла во стариот и средниот век

може да се користат дела од областа на филозофијата и литературата,

некои законици, Библијата, Коранот и др.

Појавата на првите мисли за економскиот живот во стариот век е

условена од настанувањето на стоковното производство при преодот од

првобитната заедница во робовладетелството. Со неговото настанување

дел од односите меѓу луѓето почнале да се манифестираат како односи

меѓу предмети (производи), така што економските појави станале

помалку разбирливи за обичниот набљудувач. Поради тоа се јавила

потреба од нивно толкување, а создадената потреба била предизвик за

настанување на разни толкувања. Во прво време толкувањата се

вршеле врз религиозна и здраворазумска основа, а мошне подоцна и со

користење научни методи. Од расположливите извори се дознава дека

мисли за економскиот живот во стариот век постоеле во некои земји на

Исток (Вавилон, Асирија, Египет, Кина, Индија и др.), потоа во античка

Грција и антички Рим и сл.

Општеството на античка Грција се состоело од разни класи и

слоеви со свои интереси. Во него се издвојуваат аристократијата и

демосот, меѓу кои постоеле чести судири. Аристократијата била

владејачка класа, додека демосот го сочинувале слободни граѓани,

селани, трговци, занаетчии и др. Покрај аристократијата и демосот,

постоеле и робови кои биле третирани како орудија што зборуваат.

Тогашната стратификација на населението имала одраз и врз мислите

за економскиот живот, во кои се одразувале интересите на одделни

слоеви од населението. Мислите за економскиот живот во античка

Грција биле интегрирани во филозофијата, литературата,

законодавството и др. Тие не биле изградени како посебни теоретски

системи, туку претставувале осветлување на некои аспекти на тогашниот

економски живот, и тоа повеќе врз основа на интуиција и здраворазумски

17

Page 18: економска мисла во стариот век

размислувања, а помалку врз основа на научни методи. Според својот

карактер тие претставуваат составен дел на предисторијата на

економската наука.

Во споредба со античка Грција античкиот Рим бил на пониско

материјално и културно ниво на развиеност. Тој претставувал

олицетворение на воена сила и настојување за освојување на туѓи

територии. Една од карактеристиките на економската мисла во антички

Рим е што доминирало изучувањето на проблеми и прашања од областа

на земјоделството. Нивното изучување било мотивирано од

настојувањето да се унапреди земјоделството врз основа на

робовладетелскиот труд. Поради тоа преовладувале мислители што се

залагале за зачувување на постојните општествено-економски односи,

но имало и мислители кои биле за промени.

6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

18

Page 19: економска мисла во стариот век

Николовски Д. (2007), " Развој на економска мисла " , Славјански

Институт, Свети Николе

Стојков М. (2002) , " Развој на економска мисла " Економски

факултет, Скопје

19