25
ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

  • View
    49

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

3-materijal

Citation preview

Page 1: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Page 2: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Ветарот може да се опише како стурењето на воздухот.

• Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект.

• Иако ветарот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Page 3: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Дејство на ветерот• Ветерот е значаен

метеоролошко-климатски елемент бидејќи е и фактор кој ја одредува климата.

• Тој со себе ги пренесува временските карактеристики на подрачјата од каде ја донесува воздушната маса.

• Неговото дејство се одразува на температурата, релативната влажност на воздухот, облачноста врнежите итн.

Page 4: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Тој претставува силно средство за промена на климата, како на мал така и на голем простор.

• Брзината на ветерот има големо влијание врз интензитетот на испарувањето од слободната водна површина, од земјината површина и од растенијата.

• Ветерот влијае врз зголемувањето на испарувањето и на тој начин создава поволни услови за извршување на разнинпролетни активности.

Page 5: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Во земјоделското производство честите и силни воздушни струења може да се користат како движечка сила.

• Проветрувањето и постојано обновување на воздухот околу растенијата влијае многу поволно врз истите.

• Тишината и мирниот воздух се многу штетни за растенијата.

Page 6: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Ветер со мала јачина е корисен во периодот на цветањето на растенијата бидејќи го овозможува опрашувањето на анемофилните растенија.

• Поголемите брзини се неповолни бидејќи доведуваат до однесување на поленовиот прав, што влијае врз намалувањето на опрашувањето.

Page 7: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Ветерот влијае и врз формирањето на росата.

• Слабите воздушни струења го зголемуваат количеството на роса, а силните воздушни струења го спречуваат формирањето на росата.

• Во текот на зимскиот период силните воздушни струења ја однесуваат снежната покривка од отворените и високи места, при што ја наталожуваат во ниските и вдлабнати терени.

Page 8: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Студените ветрови влијаат врз успорувањето на развојот на вегетацијата.

• Најголеми штети од ветрот настануваатво текот на вегетацискиот период на културата, а најмногу зависат од фазата на развојот на културата.

• Ветрот предизвикува полегнување и кршење на стеблата, ги кине цветовите и плофовите итн.

Page 9: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

РУЖА НА ВЕТЕРОТ

• За мерење на правецот и брзината на ветерот постојат инструменти, како што се:

• • - Ветроказ• - Анемометар• - Анемограф и др.• За означување смерот на

ветерот служи ружа на ветерот.

• Ружата на ветерот може да има 4,8,16.32,36 смера.

ВЕТРОКАС

Page 10: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Ружа на ветерот

Page 11: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Ветроказ

• Ветроказ е инструмент кој стои највисоко во метеоролошката станица. Тој претставува главна карактеристика на една метеоролошка станица.Со него се одредува правецот на ветерот и неговата силина.

Page 12: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Составен е од неподвижен дел кој е прицврстен со метална цевка, чиј долен дел е прицврстен за дрвен или метален столб кој има висина од 10m, а на отворен простор минимум 6m. На неподвижниот дел се наоѓа отвор во кој се прицврстени четири метални цевки ориентирани според страните на светот, од кои едната (северната) е обележана со буквата N. Кај некои ветрокази постојат и четири пократки метални цевки кои ги означуваат меѓуправците. Подвижниот дел е составен од метални двојни крила од противтег со кој се определува правецот на ветерот. На подвижниот дел истотака се наоѓа лимена плоча и скала (Бофорова скала) на која од надворешната страна се прицврстени 8 запци со нееднаква должина, со чија помош се определува положбата на плочата со што се одредува јачината, односно брзината на ветерот. Во текот на ноќта набљудувањето се изведува со електрично осветлување.

Fuessovog механички АНЕМОГРАФ

Page 13: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Јачина на бофори

Име на ветерот

Брзина во м/сек.

Опис на појавата во природата

0 Тишина 0 – 0,2 Тивко, чадот се крева право нагоре

1 Тивко ветре 0,3 - 1,5 Правецот на ветерот се забележува по движењето на чадот, а не според ветроказот

2 Ветре 1,6 – 3,3 Ветерот се чувствува на лицето,ветроказот се поместува

3 Слаб ветер 3,4 – 5,4 Лисјата и гранчињата се нишаат

4 Умерен ветер 5,5 – 7,9 Ветерот дига прашина

5 Умерено силен ветер

8,0 – 10,7

Се формираат мали бранови на копнените води

6 Силен ветер 10,8 – 13,8

Се раздвижуваат големи гранки,отежната е употреба на чадот

7 Многу силен ветер

13,9 – 17,1

Цели дрвја се нишаат, одењето спроти ветерот е отежнато

8 Виорен ветер 17,2 – 20,7

Ветерот ги крши гранките од дрвјата,одењето спроти ветерот е невозможно

9 Луња 20,8 – 24,4

Настануваат лесни оштетувања на куќите

10 Жестока луња 24,5 – 28,4

Ги корне дрвјата од земјата, прави големи штети на зградите

Page 14: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Ветроказот треба да ги поседува следниве својства:

• -подвижниот дел треба да биде доволно чувствителен за да може да ги прими промените кои настануваат кај ветерот;

• -неопходна е правилна вертикална поставеност, но и точна ориентираност;

• - подвижниот дел од инструментот треба да се наоѓа во рамнотежа;

• - при вртењето на подвижниот дел треба да има минимално триење.

Уред за регистрација на смерот и брзинзта на ветерот кај Fuessoviot механички анемограф

Page 15: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Трака на Fuessoviot механички анемограф

Page 16: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

АНЕМОМЕТАР

• Анемометрите истотака се инструменти за мерење на брзината и правецот на ветерот. Постојат неколку видови на анемоматар, а тоа се:

• - рачен анемометар• - електричен

анемометар• - електричен

далечински анемометар

Page 17: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

РАЧЕН АНЕМОМЕТАР

• Рачниот анемометар служи за мерење на брзината на ветерот на различни височини, но најчесто на височина од 2m над почвата.Конструиран е така што може да ја покажува брзината во м/сек. Но постојат и анемометри кои покажуваат само поминат пат за одредено време.

Page 18: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Приемниот дел е претставен со три или четири шупливи метални полутопки. Шупливиот дел на едната полутопка секогаш е свртен кон издадениот дел на соседната полутопка. Под дејство на воздушните струења полутопките се вртат во круг со брзина која одговара на брзината на ветерот. Приемниот дел е прицврстен за вертикална оска. Со помош на рамка заштитен е од оштетувања. На долниот крај се наоѓа завртка која е во врска со стрелките кои го покажуваат бројот на поминатите метри во одредено време. Под стаклениот капак се наоѓа бројник со една голема стрелка во средината и две или повеќе мали стрелки. Големата стрелка се движи по скала која има поделба од 0 до 100. Оваа поделба го покажува изминатиот пат во метри. Малите стрелки се движат по скали со поделба од 0 до 10.

Page 19: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Инструментот може да биде и со бројник, на кој се отчитува вредноста на брзината на ветерот. Од десната страна на инструментот се наоѓа кочница со која се вклучува, односно исклучува инструментот. При мерењето инструмнтот се зема во десната рака и се издигнува во висина. Во левата рака се зема штоперица (кај некои инструменти таа е вградена). Рачниот анемометар е многу чувствителен инструмент, во надворешната средина се наоѓа само додека ефективно се користи. Инструментот се чува во посебна кутија со цел да се заштити од оштетувања и прав. Приемниот дел не смее да се допира со раце, ниту пак, принудно да се придвижува.

Page 20: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Електричен рачен анемометар

• Се одредува моменталната брзина на ветерот, а може да се одреди и средната брзина на ветерот, максималниот удар во времето на мерењето, како и рафалноста на ветерот.

Page 21: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Приемниот дел на овој инструмент е поставен на височина од околу 10 m. Тој е претставен со шупливи метални полутопки. Шупливиот дел на полутопката секогаш е свртен кон издадениот дел на соседната полутопка. Движењето на приемниот дел се пренесува на мал електричен генератор кој произведува струја која е пропорционална на брзината на вртењето на приемниот дел. Инструментот се наоѓа во вертикална положба.

Page 22: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Електричен далечински анемометар

• Се состои од два дела: комбиниран приемен дел со кој се одредува правецот и брзината на ветерот, кој се поставува на отворен простор и два покажувачи ( за правецот и брзината) кои се поставуваат во матичната зграда. Крилото за правецот на ветерот е идентично како кај видливиот ветроказ. Под дејство на ветерот, крлилото се врти околу оската. Во внатрешноста на куќичката се остваруваат електрични контакти кои со електрични спроводници се пренесуваат на покажувачот на правецот кој се наоѓа во зградата на станицата.

Page 23: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Приемникот за брзината на ветерот се состои од три полутопки кои се прицвртсени за оската, која со долниот дел навлегува во куќичката во која се наоѓа генераторот. При движењето на полутопките во генераторот се произведува струја која е пропорционална на брзината на ветерот. Произведената струја се одведува со спроводник во покажувачот за брзината на ветерот кој се наоѓа во метална кутија, а се состои од ружа на ветерот над која се движи стрелката. Покажувачот за брзина на ветерот е сместен во метална кутија и се наоѓа покрај кутијата за покажување на правецот на ветерот.

Page 24: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

Анемограф

• Претставува инструмент кој постојано ги бележи правецот и брзината на ветерот. Анемографот се состои од приемен дел и дел за регистрирање на податоците.

Page 25: ИНСТРУМЕНТИ- ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЕТРОВИ

• Приемниците се поставуваат на покривот од зградата од метеоролошката станица или на посебен столб. Приемникот за правецот на ветерот е претставен со крило кое е прицврстено на вертикална оска која преку преносниот дел е поврзана со уредот за регистрирање. Приемниот дел за брзината на ветерот е претставен со три полутопки. Нивното движење се пренесува преку преносниот систем на делот за регистрирање. Приемникот за моментална брзина работи на аеродинамичен принцип, односно принцип на Питова цевка. Приемникот за динамичкиот притисок е сместен во кракот на приемниот дел за правецот на ветерот, од каде со посебна цевка се пренесува до манометарот кој, пак дејствува на уредот за регистрирање. Делот за регистрирање на податоците се состои од три уреди: за бележење на правецот, на средината и на моменталната брзина на ветерот. Уредите се наоѓаат во специјална метална кутија.