2
Чаша со слика на Троја во витрините на Стоби Tuesday, 7. August 2007, 13:23 Многу вредни наоди што ја збогатуваат збирката на Стоби и сознанијата за неговата важност беа откриени во последното истражување на овој локалитет, проектот "Предримско Стоби - население и култура", кое заврши во минатата недела. Проектот траеше 35 дена, го организираше Асоцијацијата за култура "ИКОН", а го финансираше Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, со 20.000 американски долари. Ископувањето го поддржа и Министерството за образование и наука. - Населбата Стоби постоела долго време, околу 13 века. Досега беа откриени само слоевите од римскиот период, а со последното ископување ги откривме и тие од хеленистичкиот период, од вториот век пред нашата ера. Постојат индиции дека тука луѓето живееле и во неолитот - изјави Елеонора Петрова, раководителка на последното ископување на локалитетот, на конференцијата за новинарите, која се одржа во Стоби. Археолошкиот тим ги претстави најекслузивните наоди пронајдени годинава. Тие работеле на четирите објекти-профани градби: Домус Фулоника, палатата Перистерија, Цивилната базилика и Епископската резиденција. - Највредни наоди годинава се керамичките садови. Пронајдовме многу специфични форми, кои ги има само тука - садови со пајонски карактеристики (5 век пр.н.е.) меѓу кои е и ексклузивниот наод- фрагмент од хеленистичка мегарска чаша на која се претставени ѕидините на Троја, а над нив го пишува името на градот. Тоа е вонреден примерок, кој бил донесен од некој малоазиски град или, пак, бил произведен во некоја работилница во Стоби. Пронајдовме многу садови од хеленистичкиот, раноцарскиот, римскиот и доцноримскиот период - објасни Петрова. Во палатата Перистерија археолозите пронашле керамички сад со 15 бронзени тегови од првиот век пред нашата ера, тешки од 5 до 300 грама. Во "новиот" објект, во близината на северниот бедем се пронајдени 15 монети од 4 век и мала бронзена фигура (3 сантиметри) на богот Меркур. Во цивилната базилика е пронајден долниот дел од мермерна статуа. Археологот и професор Иван Микулчиќ работел на 12 гробови, датирани од 2 до 4 век пред нашата ера. Според него, тоа се гробови на автохтоното население, Пајони. Тие живееле во Стоби многу години пред Рим, но си ги задржале своите карактеристики и кога дошле Римјаните. Климе Коробар, претседател на ИКОМ, најави дека во март идната година ќе се одржи симпозиум и ќе бидат презентирани резултатите од ископувањето. Ќе присуствуваат археолози од земјава и од странство, а ќе биде издадена и публикација за триесетдневната работа. Со цел, како што рече Коробар, културата да бида достапна за сите граѓани. Покрај професорот Микулчиќ, на Стоби работеа и археолозите Воислав Санев, Мила Курбановска, Горан

Чаша Со Слика На Троја Во Витрините На Стоби

Embed Size (px)

DESCRIPTION

1

Citation preview

Tuesday, 7. August 2007, 13:23

, " - ", . 35 , "", , 20.000 . . - , 13 . , , . - , , , . . - : , , . - . , - (5 ...) - , . , , , . , , - . 15 , 5 300 . "" , 15 4 (3 ) . . 12 , 2 4 . , , . , . , , . , . , , . , , , , , , . . .