20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 92 10 Јули 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ЅВОНИМИР БУДИНОСКИ БИЗНИСМЕН ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД ГО ПРОСЛАВИ 55-ТИОТ РОДЕНДЕН Со аеромитинг. падобрански десант, промоција на книга ио богат коктел, Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле го прослави 55-тиот роденден. На аеродромот присуствуваа и 3 маникенки кои симболизираа стујардеси. Вниманието на објективите повеќе беше насочено кон фото сесиите кои ги правеа маникенките отколку кон парадирањето на леталата. АМАК СП СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО НОВАТА КОШАРКАРСКА СЕЗОНА ШАПКАР: ОДИМЕ НА ТИТУЛА Фото: Стојан Стојановски definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 92

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 92

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 92 10 Јули 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ЅВОНИМИР БУДИНОСКИ

БИЗНИСМЕН

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO

АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД ГО ПРОСЛАВИ 55-ТИОТ РОДЕНДЕН

Со аеромитинг. падобрански десант, промоција на книга ио богат коктел, Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле го прослави 55-тиот роденден. На аеродромот присуствуваа и 3 маникенки кои симболизираа стујардеси. Вниманието на објективите повеќе беше насочено кон фото сесиите кои ги правеа маникенките отколку кон парадирањето на леталата.

АМАК СП СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО НОВАТА КОШАРКАРСКА СЕЗОНА

ШАПКАР: ОДИМЕ НА ТИТУЛА

Фото: Стојан Стојановски

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 92

2 AMAK PRES

DA NAPRAVIME REZIME

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Стојан Стојановски 2С студио

Лектор: Милчо Јованоски; Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

“ФРАНЦУСКИТЕ” УМЕТНИЦИ ЗАБАВУВАЧИ И КОМЕДИЈАНТИ

Поранешната важна држава Франција од секогаш била и ќе остане културна европска сила. Оваа држава несомнено ја има задолжено Европа со големо наследство од култура, уметност и традиција. Сите ние иако не разбираме француски (бидејќи во времето во кое живееме францускиот е сосема неважен јазик во светската комуникација) сме слушнале француски шансони. Скоро и да нема некој, а да не ја слушнал песната која отприлика на кирилица би дошла некако вака – Ооооооооооо радрмјааааа, оооооо радрмјаааа. Оваа песна сигурно ја напишал Французин, колку од културата, уметноста и наследството на Гранд Насион го создале Французи и колку од познатите имиња во историјата и литературата биле Французи. Надалеку се прочуени француските архитекти со нивните дворци ( иако половина од нив ги проектирале италијански архитекти, ама денес Французите тоа не сакаат да го признаат), па светот се воодушевува на величенствените одаи на Версај со кој постојано Французите се фалат пред светот, ама имаат поубав дворец во шумата Шамбор, кој го проектирале Италијанци и е повеличенствен и од познатиот Версај – дворецот каде водачите на Гранд Насион неколку пати во историјата потпишале капитулации. Во Париз и денес стои ремек делото Монализа. Французите ова сликарско ремек дело го чуваат во чист азот за да го направат вечно. Арно ама авторот Леонардо Да Винчи сите знаеме дека е Италијанец. И најпознатиот светски пророк на сите времиња Нострадамус бил Французин но, некако од секогаш темпераментните Французи во преден план ги исфрлале комедијантите по вокација и оние кои никогаш не сфатиле дека во тоа биле најдобри.Позната е Франција и во литературата. Покрај бројните дела кои ги дале нивните творци некако најмногу мене ми оставила впечаток книгата Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз. Тука е опишана парижанакта Есмералда која играла и пеела придружувана од коза која тропала на дајре. Многу интересно и оригинално. Но, прочуената забавувачка не била Французинка, таа била париска Циганка.Покрај Есмералда, Франција ја има и најпознатата куртизана во Европа, надалеку прочуената историска личност во Франција, Мадам Помпадур. Позната како љубовница на Кралот Луи 15 таа во историските читанки се споменува како најзаслужна што Франција ја отпочнала Седумгодишната војна, која Франција секако ја изгубила и потпишала пораз во Версај во 1763 година. Но денес историчарите не знаат дали таткото на познатата куртизана бил Французин. Имено денес се трага по докази дали таткото на Мадам Помпадур бил англиски дипломат во Париз со кој мајката на Помпадур имала љубовна врска. Ама ако не се знае кој е таткото, се знае која е мајката. А таа била Французинка. Во поновото време, т.е. времето кога растеше мојата генерација го паметиме смешниот Француски Жандарм Кришо. Кога ќе се сетам на овој француски полицаец прво на памет ми паѓа помислата дека тој е причина зошто се измислиле толку вицови за полицајците. Но ни дајрето на Есмерлда, здолништето од Помпадур, и делата во уметноста направени од Италијанците не се прочуле по светот колку еден човек кој не знае што е и од каде е, а во ова денешното е во центарот на сите циркузи. Тој е претседател на Франција, а роден бил во Солун и сега кога зборува и е трезен кажува дека бил всушност со Еврејско потекло од Унгарија, ама бил роден во Солун и ја сакал Грција. Па после нешто му се испомеша во главата па во Израел како да прекина да ги сака Грците и кажа дека ги сакал Арапите, па така стана првиот Евреин што покажа ваква голема љубов.Но, ова не треба да не чуди. Никола Саркози кој е претседател на Франција најверојатно има длабока, длабока криза на идентитетот. Човекот не знае што е. Дали е Французин, Унгарец, Евреин или Солунчанец. Со толку многу идентитети најверојатно има во главата голема забуна, страда од духовен немир и пати пропаднат во кризата на идентитетот, па така човекот најверојатно се пропи, па камен пијан излезе од средбата со Путин ( веројатно баќушка му дал Вотка) Фрустрациите тој ги исфрла и на телевизија, па така светот го обиколија снимките како Францускиот Претседател се кара и вика по обичен граѓанин, се расправа со техничар во телевизија и редица скандали кои веќе никого не можат да возбудат бидејќи станаа секојдневие кога е во прашање овој човек.Некако Французите имаат ореол постојано како Французи да се експонираат луѓе кои тоа не се. Кој има сега проблем со својот идентитет ???

Page 3: АМАК ПРЕС 92
Page 4: АМАК ПРЕС 92

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ПОД ЛУПА

Министерството за транспорт и врски, најавува засилени контроли на охридските плажи. Комисијата која работи во состав на ова министерство, ќе врши засилени контроли со цел да се види дали закупците на плажите, просторот за сончање го уредиле по европски терк, дали имаат служби за спасување и дали капачите се заштитени од скутери и глисери. Ако не се почитува договореното, од Министерството нагласуваат дека прво ќе се опоменуваат закупците за да се отстранат недостатоците, по што ќе следи раскинување на договорите. Според прописите кои стојат во договорот поголемиот дел од просторот на плажата треба да е слободен за користење без лежалки

и други реквизити. Сопствениците се должни да обезбедат и спасители на вода, како и да го обележат делот во вода кој е предвиден да се користи за капење, со што капачите ќе бидат заштитени од пловните објекти. На плажата треба да се постават и информативни паноа, безжичен интернет, но и да се постави часовник на видливо место. Организирано треба да биде и одржувањето на хигиената, а плажата соодветно да биде попесочена. На овој простор треба да биде застапено и зеленило, да има клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта и пешачки патеки. - Во рамките на сервисниот пункт треба да има шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен

јазол, тушеви, соблекувални, простор за оставање за чадори и лежалки и други реквизити - велат од ресорното министерство. Тие укажуваат дека чадорите за сонце и лежалките можат да се изнајмуваат по ценовник кој ќе биде објавен на видно место на плажата.Но и покрај вака прецизно наведените услови, кои пред се имаат за цел да го подигнат нивото на туристичките услуги во земјава и да привлечат што поголем број гости, ретко која плажа кај нас ги има исполнето во целина. Ретки се оние кои ангажирале служба за спасување во вода, а голем е бројот на оние плажи на кои целиот простор им е декориран со лежалки. Таму, велат туристите, одат оние кои секојдневно можат да си дозволат да издвојат средства за лежалка и чадор.

Нема спас од скутерџиите

Единствено отбележувањето на просторот за капење е видливо на сите плажи. Но целта ни одалеку не е постигната. Опасност за капачите и годинава се скутерџиите кои со вртоглава брзина се приближуваат на неколку метри од плажите преполни со гости натпреварувајќи се кој ќе успее да направи поголем бран и да фрли

посилен млаз по вртењето за 180 степени. Очигледно, егизибиционистите не се исплашија од најавените строги санкции и високи парични казни кои локалната власт ќе ги изрекува за секое непочитување. Имено, инспекторите на Капетанијата и езерската полиција ветија дека годинава безбедноста на капачите ќе им биде приоритет и дека скутерите и глисерите ќе бидат строго контролирани. За секое непочитување ќе изрекуваат казни од 300 до 500 евра.

Плажите како депонии

Најголемиот проблем кој и после три години е нерешен, и оваа сезона останува- кој ќе се грижи за чистотата на плажите. Од ЈП Комуналец неодамна ветија дека и оваа година без никаква помош од ресорното министерство ќе ја одржуваат хигиената, но сепак депонии никнаа на самиот старт од туристичката сезона. До самата плажа кај Славија купишта отпад и градежен шут се оставени пред очите на бројните туристи. Иако се поставени корпи за отпадоци на секој чекор сепак оваа слика е доказ дека нешто недостасува во свеста на човекот

Сузана Вренцовска

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ НАЈАВУВА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ

ФОТО: Љ.Т.

ФОТО: Љ.Т.

Page 5: АМАК ПРЕС 92

Охрид ќе биде преблокиран со туристи до крајот на август велат туристичките

работници, а се очекува и продолжување на сезоната во септември со конгресниот туризам. Хотелите се максимално исполнети со гости а резервирани се аранжмани за еден месец однапред. Во екот на сезоната задоволни се хотелиерите но и сопствениците во приватниот сектор. Цените за сместување со појадок во хотелите се движат од 20 до 35 евра, а во приватниот сектор ноќевањето чини од 300 до 500 денари, цената на апартманското сместување се движи од 20 до 50 евра на ден. Градоначалникот Александар Петрески вели дека оваа ќе биде бериќетна туристиччка сезона што позитивно ќе влијае на стопанското заживување на Охрид. Туристичките работници велат дека во Охрид во моментов има

оклу 10.000 туристи а нивниот број се зголемува за викендите со доаѓање на домашни туристи. Ова лето најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Албанија а ги има и холанѓаните и израелците со чие доаѓање се најавува и во идните години, а како заживување на туристичкиот дух од 80-те години на минатиот век Во екот на туристичката сезона има и минимално п о с к а п у в а њ е на храната и пијалаците во р е с т о р а н и т е

хотелите и кафулињата долж ривиерава.

Ангела Белевска

БЕРИЌЕТНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА

ФОТО: Љ.Т.

Page 6: АМАК ПРЕС 92

ЛОКАЛ

ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ МЕДИУМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – НОВИНАРИТЕ ПРЕПУШТЕНИ САМИ НА СЕБЕ

Радио Охрид деновиве од како пред неколку седмици било

известено дека рекламата нема да биде платена заради написите во нашиот весник Амак Прес Охридски Новини, испратило известување до фирмата Инфо Тех дека наскоро побарувањето кон неа ќе го наплати по судски пат. Имено како што дознаваме фирмата Инфо Тех имала потпишан договор со ова радио и согласно обврските од договорот радиото уредно и во договорените термини ја емитувало рекламата за Инфо Тех. Подоцна од како биле пробиени сите рокови за плаќање на рекламата од Инфо Тех на радиото му било пренесено дека рекламата нема да биде платена

заради написите и сториите во Амак Прес Охридски Новини во кои се третирала работата и активностите на раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски, а како аргумент за тоа бил посочен фактот дека весникот е во т.н сестрински врски со локалното радио. На ова од радиото одговориле со писмен допис во кој Инфо Тех се опомененува да го плати долгот, во спротивно целиот случај ќе заврши на суд. - Ја известивме Инфо Тех дека сториите кои во 2007 година ги објави Амак Прес Охридски Новини како и сите стории објавени низ годините не се предмет на договорот меѓу радиото и Инфо Тех и ниту неговото име ниту уредувачката полтика не се предмет на

договорот. Јасно им кажавме дека во договорите не се споменува ни весникот, ни неговиот уредник ни братот на сопственикот на Инфо Тех. Ова е грубо мешање на приватни врски во работењето и е крајно непрофесионално. Најверојатно како што стојат работите деновиве случајот ќе се реши на суд - велат одговорните од радиото. Инфо Тех, нејзиниот сопственик и раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски кој е брат на сопственикот на Инфо Тех беа предмет на анализа на нашиот весник кој обелодени повеќе стории поврзани со ЛЕР, Инфо Тех и браќата Симоноски.Овој притисок насочен кон Радио Охрид, а наменет за нашиот весник е уште еден од серијата притисоци кои ги прават споменатата фирма и раководителот на ЛЕР. Јавноста ја информиравме за барањето вработените во ЛЕР да се потпишат на писмени ијави дека нема да комуницираат со новинарот Љупчо Таневски, кој исто така бил повикан во една од канцелариите на локалната каде раководители и луѓе назначени на влијателни функции го напаѓале, омаловажувале и навредувале со најпогрдни зборови. Во меѓувреме и новинарката Росица

Голабоска добила закани по личната безбедност, а нејзините претпоставени од страна на раководител во локалната самоуправа биле известени дека лично тој неа ќе и намести ситуација по која таа ќе бие уапсена и сместена во притвор. Росица Гоалбока приватно ангажирала адвокат и покренала судски спор кој треба да започне деновиве. За овие напади на медиумите, навредувања и закани кои се од таков вид што го загрозуваат слободниот живот на новинарот до сега ЗНМ не се има огласено ни еднаш. Ова здружение во Охрид практично и не постои и подолго време се користи за дружби и кафеански седенки и нема никаква активност која би била од корист за новинарите. Росица Голабоска гостувајќи на Радио Охрид кажа дека парите што планира да ги добие како отштета во судскиот спор ќе ги потроши на формириање на ново новинарско здружение кое би ги обединило разеднитетите охридски новинари и конечно би застанало во нивна заштита, заштита на елементарното достоинство на новинарите и би спроведувало конкретни кативност за нивна доедукација и усовршување.

Р.А.П.О.Н

ЗАКАНИ, УЦЕНИ, ПРИТИСОЦИ, БИЗНИС, ИНТЕРЕСИ И БРАТСКА ПОДДРШКА

Page 7: АМАК ПРЕС 92

ЗА АФЕРИТЕ ВО ЛЕР ЌЕ РАСПРАВА СОВЕТОТ

Советот на Општина Охрид на првата наредна седница ќе рас-права за информациите кои ги

пласираа Амак Прес Охридски Новини и порталот Мегастар, а со кои јавноста се запозна дека сајтот за проектот кој е вреден околу 200 000 евра, ''Духот на Охрид'' е регистриран на фирмата Инфо Тех ( фирма која е во сосптве-ност на Боре Симоноски, брат на Гоце Симоноски раководител на ЛЕР), а донациајта од ГТЗ вредна десетици илјади евра не се знае каде се наоѓа неодамна.-Денес на координација жестоко се борев овие прашања да се преточат во точки на дневен ред на седницата од 26 јуни, но заради консултации со струч-ните служби се согласив ова прашање да се расправа на првата следна седни-ца. Нема да отстапам ни милиметар од моето барање и ќе ја истерам работата до крај – изјави независниот советник Перо Петрески Калимеро и додаде дека во ова добил безрезервна поддршка од советникот Иван Огненов, додека како

што рече поедини советници се поста-виле воздржано.Претседателот на Советот Вчладо Чин-госки вели дека независниот советник Калимеро на координациајта побарал да се измени дневниот ред и овие ин-формации да влезат на расправа пред охридските советници, но сега се одлу-чиле да се оди на испитување на целите аферите кои ја вознемирија јавноста.- Јас на координациајта кажав дека сум запознат со овие информации кои ги пласираа Мегастар и Амак Прес Охридски Новини, но се договоривме оваа работа да се испита како се реги-стрирал сајтот, како се трошеле парите од проектот Духот на Охрид и зошто се вршела пресија вработени писмено да се обврзат да не се комуницира со уред-никот на Амак Прес. Овие прашања ќе се расправаат комисиски и ќе се рас-чистат до крај. Јас лично го потпишав договрот со ГТЗ и ако некој сега не знае каде е опремата тоа ќе мора да се рас-ветли – изјави Владо Чингоски, претсе-дател на Советот на Општина Охрид.

Чингоски со жестока реакција и на девијанцијата со која се барало од вра-ботени во ЛЕР да се обврзат писмено дека нема да комуницираат со новиан-ри и посебно со новианрот Љупчо Та-невски.- Тоа не смее нн да се случи, тоа тре-ба под итно да се испита, да се земат изјави од вработените и да се побара-ат докази по што мора итно да реаги-ра Градоначалникот согласно неговите ингеренции. Таква појава да се бара писмено вработени да се обврзат дека нема да комуницираат со некој нови-нар е нешто невидено и недозволено и мора да се испита, да се провери и зависно од тоа што ќе се констатира да се преземат крајно ригорозни мерки и мора да се искорени во корен – деци-ден е Чингоски.Останува да се почека следната седни-ца на Советот и да се види што ќе сра-ботат комисиите, а што советниците.

Љупчо Таневски

Page 8: АМАК ПРЕС 92

8 AMAK PRES

LOKAL

Охридскиот Аеро-дром Св. Апостол Павле го просла-

ви јубилејот 55 години од првиот комерцијален лет. На охридското воздушно при-станиште по тој повод беше организиран аеромитинг, свечен коктел и промоција на монографијата 55 години Аеродром Охрид од Томис-лав Тунтев.На аеромитигнот кој привле-че најголемо внимание кај

посетителите и измами ин-терес кај повеќе охриѓани зедоа учество падобранци од десантните едници и клубовите од Македонија, едрилици и мали авиони, а за првпат по повеќе години беше дозволено граѓани да пристапат на платвормата и пистата од каде одбли-зу имаа прилика да про-следат полетување на два комерцијални авиони, од кој едниот во сопственост на израелска авиокомпанија со кој доѓаат туристи од Из-раел, а за чија безбедност се грижат агенти на изра-елската тајна служба МО-САД,.Инаку првиот комерција-лен лет на аеродромот во Охрид е изведен на 5 јули

пред 55 години. Летот бил на релација Белград - Скопје – Охрид. Првиот авион сле-тал во 9 и 45, авионот бил од типот Даглас ДЕ ЦЕ 3. По-летал во 7 часот и 30 минути од аеродромот во Земун кај Белград и носел 15 патници и 5 член екипаж.Кога првпат слетал авион во Охрид илјадници граѓани од Охрид и околината дошле на аеродромот да го видат ави-онот и тоа било своевиден

спектакл.Од тогаш до сега аеродромот е неколку пати реконструи-ран, а низ годинити работење бележи подеми и падови, а во 1988 година аеродромот забележал најголем број на патници кои поминале низ него, кога од него полетале и слетале преку 110 000 пат-ници.

Љупчо Таневки

АЕРОДРОМОТ ПРОСЛАВИ ЗНАЧАЕН ЈУБИЛЕЈ

Охридскиот Аеро-дром Св. Апостол

АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД ГО ПРОСЛАВИ 55-ТИОТ РОДЕНДЕН

ФОТО: Љ.Т.

ФОТО: Љ.Т.

ФОТО: Љ.Т.

Page 9: АМАК ПРЕС 92

КОМАРЦИТЕ СПОКОЈНО ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ОХРИД

Охрид е единствениот град во државава во кој не е извршена дезинсекција. Царство за

комарците и другите инсекти е точно овој град а охриѓани и туристите ќе се бранат против нивните убоди како знаат и умеат.Заводот за здравствена заштита нема да прска против комарците поради финансиските средства кои локалната самоуправа не ги доставила.“Станува збор за смешна сума од пет илјади евра кои за жал локалната самоуправа не успеа да ни ги досатави“, вели директорот на Заводот

за Здравствена заштита од Охрид , Атанаско Михаилов.Од локалната самоуправа, велат дека волја за запрашување против инсектите има, но дека општината не располага со потребните финансиски средства.Иако резултатите од десинсекцијата се најдобри доколку истото се спроведе кон крајот на месец мај, здравствените работници не ја исклучуваат можноста да се спроведе и во текот на летото доколку локалните власти ги обезбедат потребните финансиски средства.

Ангела Белевска

ОХРИД Е ЕДИНСТВЕНИОТ ГРАД ВО ЗЕМЈАВА КАДЕ НЕ Е ИЗВРШЕНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ИНСЕКТИ

ОТВОРЕНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ГАЛИЧИЦА

Галичица 2008“, беше наречен првиот рекреативен велосипедски маратон што

се одржа по повод отворањето на Велосипедската патека на Галичица на крајот од месец јуни.Маратонот на кој учествуваа 50 велосипедисти од земјава имаше промотивен карактер- претставување на првата патека за планински велосипедизам на планината Галичица. Организатори на спортскиот настан беа Националниот Парк “Галичица“,иницијативниот одбор за планинска велосипедска трка

низ Македонија “Сончев Круг“ и спортско рекреативното друштво “Енерџи“ од Скопје.Патеката за планински велосипедизам неколку месеци беше уредувана и подготвена со средства на НП “Галичица“, од таму велат дека оваа како и франкофонската патека што се отвори во месец април се ставаат во служба на развојот на туризмот на оваа планина не само во зима туку и во летниот период.

Ангела Белевска ФОТО: Љ.Т.

Page 10: АМАК ПРЕС 92

10 AMAK PRES

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Ѕвонимир Будиноски е еден од најмладите сопствени-ци на хотелски објекти во Охрид. Поголемиот дел од својот живот го минал во западно европските земји а тука се вратил да го инвести-ра својот капитал за идни-ната да ни биде поубава нам, македонците зошто како и ние така и тој неизмерно ја сака својата татковина.“Вреди да се инвести-ра во Македонија и секој кој има можност нека вложува во развојот на туризмот,културата или спортот само така може да оживее нашето стопанство, да има нови вработувања и секако да се остварува про-фит“, ни рече на почетокот од разговорот Ѕвонимир Бу-

диноски кој со мислите се врати триесеттина години назад во времето на свое-то детство кога со своите другарчиња играл џамлии и криенка низ сокаците на родното село Јабланица.“Преубаво беше чувството кога ние “малечки“ групно се организиравме да соби-раме сливи или јаболка а најсладок ни беше овошниот вкус кога по нас ќе потрчаа сопствениците на овошки-те“, смеејќи се раскажува Ѕвонимир кој вели дека от-секогаш го носи во себе немирниот дух кој во него влева позитивна енергија и го тера да оди напред до остварувањето на целта.А таа, одлучноста која е не-гова карактерна црта одре-

дила на 19 годишна возраст да тргне низ светот за да за-работува за леб и самиот да се пробива низ животните лавиринти за потоа да ужи-ва во благодетите на соп-ствениот труд. “Кога отидов прв пат во Италија,бев дете кое не по-седуваше документи за ле-гален престој а не знаев да кажам ни еден збор на италјански јазик. Заминав во период кога стопанство-то во некогашна Југославија бележеше “процут“. Ако тогашните плати во про-сек беа околу 1 200 тогаш-ни германски марки јас во Италија првите месеци бев платен помалку од 600 мар-ки. Но од секогаш сум сакал нови и непознати работи а

и верував дека ќе успеам да направам нешто од себе во странство. По 7-8 месеци ги добив документите за лега-лен престој а паралелно по-сетував часови за изучување на италјанскиот јазик по што се запишав и завршив средно училиште и виша школа за градежништво во Италија. Но ако учев тоа не значеше дека не можам да работам, ако се сака за се се има време“, вели Звонимир, кој се сеќава на првото него-во вработување како мајстор во една градежна фирма. По две години отворил сопстве-на градежна фирма која во наредните години се развива во позната компанија со 80-90 вработени лица. “Бев одлично прифатен од италјанците кои поради до-бро совладаниот јазик теш-ко можеа да препознаат дека сум странец. Италјанците се питом народ со сличен менталитет како нашиот благодарение на тоа а и на работното ангажирање стек-нав деловни партнери кои сега пак се гости во мојот хотел во Охрид“, истакнува Ѕвонимир кој пред три годи-ни почнал да размислува да се врати дома и да инвести-ра во сопствената земја.“ Во Италија претежно градиме,хотели, станбени згради и апартмани, 16 го-дини работиме за ист инве-ститор а тоа зборува за ква-литетното работење. Точно, таа работата во мојата гра-дежа фирма беше причината кај мене да се роди идејата да отворам сопствен хотел во Охрид. Хотелот “Гарден“ е изграден за период од го-дина и три месеци според

ЅВОНИМИР БУДИНОСКИ- БИЗНИСМЕН

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА ЗА ИДНИНАТА ДА НИ БИДЕ ПОУБАВА

МОЈОТ ЖИВОТ ВО ИТАЛИЈА БЕШЕ ПРЕУБАВ. НО НИ МОИТЕ ИТАЛЈАНСКИ ПРИЈАТЕЛИ НИ БОГАТСТВОТО НА КОЕ СПИЕВ НЕ БЕА ЗАМЕНА ЗА ТОПЛИНАТА ШТО МИ ЈА ДАВА СЕМЕЈСТВОТО И МОЈОТ НАРОД

Page 11: АМАК ПРЕС 92

11www.amakpres.com.mk

европските стандарди и норми секако почитувајќи ги овдешните градеж-ни правила. Објектот има 30 соби со 65 легла, два луксуз-ни апартмани и семинарска сала“, вели Будиноски кој во исто време изразува чудење за нелогичните посети на тури-стичките инспектори кои на-место да ги ловат сопствени-ците на нелегалните објекти за сместување, секојдневно ги посетуваат хотелите од рангот на хотелот “Гарден“. “Добрата услуга и пријатниот однос со гости-те се гаранција објектот да биде редовно посетуван а секако за тоа е неопходна не-гова беспрекорна среденост и чистота. На запад велат најважно е нештото да биде одлично средено од надвор зошто надворешниот изглед е најава за она што е внатре, тоа ти е исто како убаво сре-дена девојка или госпоѓа која со својот надворешен изглед привлекува внимание“, ше-говито вели Ѕвонимир, кој додава дека хотелот моментално е полн со го-сти од Словенија, Франција,Србија и Албанија а минатите неколку месеци имало и групи туристи од Грција. “Некои туристички работници велат дека туризмот е одлично развиен во земјава, јас не се согласувам со тоа и велам дека туризмот како стопанска гранка уште многу, многу може да се развива. За тоа е потребна беспрекор-

на чистота во Македонија а посебно во Охрид како туристички центар. За жал

хигиената не ни е на завидно ниво. Го-стите особено од Словенија често пати ми велат дека Охрид е преубав град но не е доволно чист. Ме радуваат фести-валите кои се одржуваат: Фестивалот на комедијата ,на францускиот филм, потоа Балканскиот фестивал, а наско-ро ни почнува и Охридско лето, секако тие со она што го нудат привлекуваат туристи но нив мора да ги натераме да ни доаѓаат и во зима. Затоа неопходно

е да има културни случувања и во тој период од годината. Можеби Охрид е единствениот туристички центар во земјава во кој нема професионален теа-тар кој и тоа како ни е потребен.“Овој млад бизнисмен секојдневно ја минува релацијата Охрид- Струга, во Охрид е често со деловните партнери и ги остварува работните ангажмани во хотелот “Гарден“ кој постојано го уре-дува и преуредува со цел максимално да ги задоволи гостите кои уживаат во преубавиот амбиент. Слободното време го минува во родната Струга уживајќи во друштво на сопругата Валентина и двете преубави деца, близначињата Сања и Бојан.“Тие се моето најмило семејство, тие се суштината на мојот живот. Ја имам максималната поддршка од мојата со-пруга која сама се снаоѓа околу домаш-ните обврски кога сум во Италија. Што се однесува до конкуренцијата јас како туристички работник воопшто не се плашам од неа, зошто за секој човек

под сонцето има место. Сите ние хоте-лиерите нудиме нешто свое, различно од другиот а сепак привлечно и инте-ресно за туристите“, ни рече на крајот од разговорот, Ѕвонимир Будиноски, кој љубезно не поздрави и побрза накај аеродромот “Св. Апостол Павле“, за да го стигне летот за Италија- земјата која ја посетува на секои 14 дена.

Ангела Белевска

Page 12: АМАК ПРЕС 92

12 AMAK PRES

КЛОД ЛЕЛУШ ДОБИТНИК НА ЗЛАТНАТА МАСКА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ФРАНЦУСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД

ЉУБОВТА И ФИЛМОТ СЕ СОВРШЕНА ДВОЈКАСЦЕНИТЕ КОИ ГИ ПОТРЕСОА МОИТЕ ГЛЕДАЧИ НАСЕКАДЕ НИЗ СВЕТОТ, НЕ БИЛЕ МНОГУ СКАПИ. НАПРАВЕНИ СЕ СКОРО БЕСПЛАТНО А ОСВОИЛЕ ТОЛКУ СРЦА. ПАРИТЕ НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО ВРЕДНОСТА НА ФИЛМОТ. ЕДИНСТВЕНО ЉУБОВТА МОЖЕ ДА МУ ДАДЕ ВРЕДНОСТ НА ЕДЕН ФИЛМ. КОГА ГО ПРАВЕВ ФИЛМОТ „ЕДЕН ЧОВЕК ЕДНА ЖЕНА“ НЕМАВ НИШТО НО ТОЈ ФИЛМ СТАНА ГОЛЕМ.

ИНТЕРВЈУ

Ја добивте Златната палма во Кан како и два Оскари, од кои едниот за најдобар филм од

неанглиско говорно подрачје. Колку Ви значат признанијата? Колку тоа Ви помага во Вашата кариера?

Наградите ми ја дадоа слободата за да ги направам моите филмови. Ми овозможија да бидам слободен уметник и среќен сум и кога имам успеси но и кога доживувам неуспеси. Имам поминато низ се.Тоа ми овозможи да видам како се работи во филм, како се работи со една камера. Направив 41 филм и 41 пат се вратив во школо. Низ животот се научив сам, секој од мојте филмови го измисли следниот мој филм цело време патувам и се надевам дека тој пат ќе трае уште неколку години. Секој филм кој ќе го направам во иднина ќе биде голем подарок. Денес се чувствувам како дете а мојот следен филм ќе го доживеам како мој прв филм. Мојата љубов кон филмот е уште посилна и со таа љубов ќе зборувам до крајот на мојот живот. Љубовта и филмот се совршена двојка кои ми овозможуваат да бидам среќен

и да уживам во сите моменти. Наградите од друга страна овозможуваат многу луѓе да дојдат и да го погледнат филмот. Пред да ја добијам наградата за филмот „Еден човек една жена“ направив шест филма но никој не дојде да ги погледа. Од кога ја добив наградата сите го видоа филмот.

Љубовта е главната тема во вашите филмови. Од каде црпите инспирација за темите?

Моите филмови секогаш се движат помеѓу реалното и ирационалното. Голем дел од животот потрошив размислувајќи зошто е тешко да се живее во двојка. Тоа е главна тема на сите мои филмови. Затоа, да ,ги сакам и ги снимам љубовните филмови. Животот го живеам како во една куќа каде имате прегледност на се. Јас сум човек кого се го интересира. Ги гледав луѓето кои поминуваа ги сонував нивните соништа и секој ден можам да пишувам по едно сценарио. Таа алтернатива на лоши и добри вести кои ги примам во животот тоа е единственото што го движи светот

и што ме држи во инспирација. Го сакам филмот во неговата целина Секојдневно сум репортер на мојот живот и на се што гледам околу мене. Нема еден ден а да не пишувам и тоа ме одржува во живот до ден денес.

Македонија често се споменува како место во која секое делче од земјата е погодно за сниамње филм. Како може да ги привлече светските филмаџии, преку релативно ефтината работна сила или убавите локации ?

За да се направи еден филм потребни се многу пари кој се важна работа за еден филм и сметам дека тоа ќе ги привлече режисерите. Но пред се сметам дека природните убавини се она поради кое треба да дојдат режисерите. Имав прилика да се прошетам и посакав да се вратам тука со камера и доколку најдам идеа сигурно ќе снимам филм тука затоа што се е прекрасно. Ова езеро е толку величенствено што треба да се погрижам да влезе еден ден во моите филмови и се надевам дека тоа ќе се случи.

За Македонската кинематографија ?

Во животот треба да зборуваме за работи кои ги познаваме јас не знам доволно работи за македонската кинематографија и не можам да дадам коментар. Не сум ги гледал македонските филмови за да дадам оценка.

Француската кинематографија е една од најживите во светот.Годишно се прават 260 филмови но публиката сака само многу мал број од нив да види. Како треба да се бориме против комерцијалните филмови?

Има добри и лоши филмови но без разлика на тоа какви се секој од нив носи ризик. Моите симпатии се насочени кон авторските филмови кои во годините што доаѓаат ги очекува

Page 13: АМАК ПРЕС 92

13www.amakpres.com.mk

1

уште подлабока криза и затоа треба да се бориме за да ги заштитиме. Најдобриот начин да се бориме против американскиот филм е на публиката да и се смачи од тие филмови бидејки сите наликуваат еден на друг. Тие воопшто не личат на филмови туку на видео игри. Во секој случај публиката треба да одлучи. Таа е заслужна за успехот на американскиот филм но во иднина треба и да се едуцира и да ги сака вистинските филмови. Фимот е една од најприродните уметности бидејќи сите ние доаѓаме на свет со очи кои се најубавата камера. Кога правиш филм нема ограничувања. Може да се прави во најголем луксуз но и во најскромни услови. Јас го почувствував сето тоа. Бев многу сиромашен во животот и правев сирмашни филмови а потоа се подзбогатив и правев побогати филмови. Моето задоволство беше огромно и со едните и со другите. И смеата и солзите се безгранични. Сцените кои ги потресоа моите гледачи насекаде низ светот, не биле многу скапи. Направени се скоро бесплатно а освоиле толку срца. Парите немаат никаква врска со вредноста на филмот.

Единствено љубовта може да му даде вредност на еден филм. Кога го правев филмот „Еден човек една жена“ немав ништо но тој филм стана голем.

За Охридскиот филмски фестивал ?

Во моето 30 годишно искусто во филмот сфатив една работа дека работите не се случуваат онака како што ги замислуваме во една или друга насока се случува нешто сосем непредвидено. Кога дојдов овде ми се случи нешто многу повеличенствено од она што го очекував и во моментов сум среќен човек. Се разбудив во 5 часот изутрина и кога го видов езерото си реков ова е најпрекрасното нешто тука.Овој град заслужува ваков фестивал и треба да продолжи да стане традиција да доживее многу изданија, но и да се

шири во светот. Досега направив 41 филм добив големи награди а денес сум многу среќен што ја добив наградата за животно дело „Златна маска“.

Сузана Вренцоска

Page 14: АМАК ПРЕС 92

14 AMAK PRES

КУЛТУРА

ПОЧНУВА 48-ТО ИЗДАНИЕ НА “ОХРИДСКО ЛЕТО“СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ВИОЛИНИСТ ОД РУСИЈА, ДИМИТРИЈ СИТКОВЕЦКИ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, ЧЕТРИ ДЕНА ЌЕ ДАВА ЧАСОВИ ПО ВИОЛИНА НА НАШИ СТУДЕНТИ. ГОДИНАВА ПРВ ПАТ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА И ЗА ПРВ ПАТ ЕДНА ОД ПРЕТСТАВИТЕ ЌЕ СЕ ОДИГРА ВО ВОДИТЕ НА ЕДЕН ОД ОХРИДСКИТЕ БАЗЕНИ......

Со подигање на фестивалското знаме и палењето на традиционалниот оган,

на 12 јули на Античкиот театар спектакуларно ќе биде отворено 48-то издание на најпрестижната музичко сценска манифестација во земјава, Охридско Лето.На импозантната сцена на Античкиот театар во 21 часот, свеченоста ќе ја отвори светски познатата оперка дива Џеси Норман во придружба од 200 други уметници кои ќе извадуваат традиционални песни “Од Америка со љубов“, диригентската палка ќе биде во рацете на Рејчл Ворби од САД. Нивниот и настапот на членовите од Македонската Филхармонија и Македонската опера и балет ќе биде таков уметнички склоп кој долго ќе остане во меморијата на неколку илјадната публика која ќе ужива таа вечер. Претседателот Бранко Црвенкоски, Премиерот Никола Груески, дипломатскиот кор од земјава како и политичари од странство меѓу кои ќе биде и Министерот за култура на Нигерија и други претставници од Азија и Африка ќе бидат дел од публиката. Билетите за првата фестивалска ноќ чинат 2000 денари и можат да се купат во дирекцијата на фестивалот, и во продажните места во централното градско подрачје во Охрид како и во билетарницата на Македонската Опера и Балет. За другите фестивалски вечери цената на билетите ќе се движи од 200 до 300 денари.Интересот за годинешното издание е енормно висок а тоа го потврдува и фактот што билетите за настапот на виолинистката Сара Ченг која ќе свири на завршната ноќ веќе се продадени.Покрај двете звучни имиња од Америка, Џеси Норман и Сара Ченг со кои се обележува почетокот и крајот на фестивалот ќе настапат познати уметници како од драмскиот така и од музичкиот дел.Меѓу драмските претстави ќе бидат: “Тартиф“, во изведба на Словенечкиот народен театар од Љубљана, Драмскиот

театар од Скопје премиерно ќе ја изведе шекспировата, “Сон на летната ноќ“. Актерите од Санкт Петерсбург- Русија ќе ја одиграат претставата “Паника. Човек на раб на нервен слом“. Театарот “Камбурова “од Русија премиерно ќе ја одигра претставата “Четири годишни времиња“. Од музичките имиња белег ќе остават настапите на виолинистите: Пјер Омаж(Франција) и Димитриј Ситковецки (Русија). Ана Виницкаја (Русија) ќе настапи на пијано, а нејзината сонародничка, Наталија Гутман, на виолончало. На 8 август на Античкиот театар гала концерт ќе одржи светски познатиот баритон од Македонија, Борис Трајанов и Инва Мула – сопран од Албанија. Двајцата уметници ќе настапат во придружба на членовите од Македонската Филхармонија под водство на диригентот, Франческо Роса од Италија.Годинава за прв пат во рамките на фестивалот ќе биде отворена самостојна ликовна изложба. Честа му припадна на македонскиот сликар Мирослав Масин кој својата изложба “Човекот настанал од охридската пастрмка“, ќе ја отвори

на 5-ти август во Центарот за култура “Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Светски познатиот виолинист од Русија, Димитриј Ситковецки, четри дена ќе ги учи нашите млади виолинисти за вештините во свирењето.“Како организатори сметаме дека годинешното ќе биде едно меѓу најдобрите фестивалски изданија, а тоа се должи на масовните, крупни проекти кои ќе се реализираат во рамките на фестивалот.Од драмските претстави 9 ќе се одиграат на сцената на античкиот театар. Годинава покрај познатите сцени, Антички кој веќе го спомнав,Црквата Света Софија и Долни Сарај ќе се користат како сцени и предворјето кај Хотелот Парк-пред брегот на езерото, а една од претставите ќе се одржува во водите на некој од охридските базени“, изјави директорот на Охридско Лето, Тони Симоновски.‘Најзначајната и најмасовна културна манифестација во земјава будно ќе ја следат околу 200 новинари од Македонија, Србија, Бугарија, Германија, Русија и Швајцарија.

Ангела Белевска

Page 15: АМАК ПРЕС 92

www.amakpres.com.mk 15

Page 16: АМАК ПРЕС 92

16 AMAK PRES

Неодамна во Центарот за кул-тура “Григор Прличев“, Кул-турно уметничкото друштво

“Гердан“, го одржа јубилејниот кон-церт по повод 40 години од неговото постоење.Бројната публика два часа уживаше во изведбата на 150-те играорци кои на сцената ги заиграа, охридските сплето-ви: чанчето, велгошкото,невестинското, тешкото.... Бурни беа аплаузите кога за-играа ветераните. Старите играорци како да заборавиле на годините или обратно тие на нив, зошто и сега играа со истата енргија и занес како и тогаш пред 40 години кога на терасата од хо-телот “Палас“ прв пат танцуваа јавно пред публика. “Годините и воопшто не не плашеа, видовте и сами одлично го одигравме “Тешкото“, а се подготвував-ме само една недела. Играва не враќа назад во нашата младост а бројната публика ни даваше сила да дадеме се од себе и најдобро да се претставиме“, изјави најстариот ветеран кој заигра на сцената, Ристо Трајкоски.Претседателот на КУД “Гердан“,

Методија Баракоски, вели дека млади-те играорци се интересираат за фол-клорот и даваат се од себе да научат правилно да играат оро. Веќе две години младите, учат да играат и пеат во простории-те на старото училиште “Св.Кирил и

Методиј“ во населбата Кошишта. Иако просторот не е убаво уреден задоволни се што ги имаат минималните услови за вежбање, а дружењето и желбата да се осознае и научи нашиот фолклор ги тера да продолжат напред.

Ангела Белевска

КУЛТУРА

Неодамна во Центарот за кул-тура “Григор Прличев“, Кул-

40 ГОДИНИ КУД “ГЕРДАН“

АНТОНИЈА ШОЛА НА ОХРИД- ФЕСТНа фестивалот “Охрид

фест-Охридски трубадури“, на третата

интернационална вечер ќе настапи популарната Антонија Шола. Таа ќе ја испее песната “Божји пат“, а во Охрид ќе пристигне со своето момче и менаџер, Лука Цицин Саин. Автор на музиката и текстот на песната “Божји пат“ е Антонија Шола, препевот на македонски е на Огнен Неделкоски а

аранжманот на Силвио Пасариќ. Со оваа нумера Шола, настапи на хрватскиот Радиски фестивал и освои две награди. Награда на читателите на весникот “ 24 часа“ и награда на слушателите.На фестивалот, “Охридски трубадури-2008“, покрај Шола ќе настапат и познатите:Ана Николиќ, Ребека Дремељ, Дееп зона и ДЈ Балтазар, Тања Жагар, Стеван Феди и др.

Ангела Белевска

Page 17: АМАК ПРЕС 92

www.amakpres.com.mk 17

СПОРТАМАК СП СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО НОВАТА КОШАРКАРСКА СЕЗОНА

ШАПКАР: ОДИМЕ НА ТИТУЛА

Ако пред три години младиот тим од Охрид имаше амбиции да биде дел од елитното

кошаркарско друштво, минатата година да биде меѓу најдобрите шест екипи, апетитите за следната сезона се далеку поголеми. Раководството на Клубот сега се подготвува за борба на два фронта, освојување на една од титулите во домашното првенство и излегување на европската сцена, со настап на ФИБА Евро купот. За ваквите зголемени, а според луѓето од тимот и оправдани амбиции, АМАК СП на чело на стручниот штаб го постави Марјан Лазоски, човекот кој според Христијан Шапкар, потпретседател на охридскиот прволигаш е “ловец” на титули Амбициите за следната сезона

се далеку поголеми. По големото изненадување кое го направивме минатата сезона во Првата лига, завршувајќи на третата позиција, со најмладиот тим во лигата, сега одиме чекор напред. Пред нас стои предизвикот да се освои шампионската титула или купот на Македонија за преодниот пехар на Вечер. За таа цел правиме шампионска екипа, далеку поискусна од минатава сезона, избравме тренер кој е “ловец на титули”. Марјан Лазоски зад себе го има Купот на Македонија и финалните средби за шампионската титула во два наврата, но и големо меѓународно репрезентативно искуство. Наша цел е и достојно да се претставиме и на европската сцена, вели потпретседателот на АМАК СП,

Христијан Шапкар. Покрај веќе докажаниот тренер, Клубот кој од следната сезона ќе се натпреварува и во ФИБА Евро купот, ги обнови договорите со браќата Стојаноски, репрезентативецот Војдан и Дамјан, најдобриот одбранбен играч Влатко Неделков, најдобриот стрелец во македонската лига Џарид Фрај и крилниот центар Дејан Вегов. Новите македонски имиња кои ќе го засилат АМАК СП се репрезентативниот бек Ефтим Богоев и поранешниот кошаркар на Вардар Осигурување Александар Совковски Охридскиот прволигаш е посилен и за искусниот бек Игор Трајковски и за Никола Кузески. Ги задржавме најдобрите играчи од тој млад тим кои ќе бидат костур на екипата. Покажаа дека можат да се носат со далеку поискусни и докажани играчи и успешно го понесоа товарот на првенството. Во план сме екипата видно да ја засилиме со странски играчи, вели Шапкар за кого предизвик претставува да се игра во ФИБА еврокупот. Амбициите на АМАК СП се да создаде и свои играчки потенцијали и за таа цел ќе се формира и кошаркарска школа за играчи до 20 години која ќе се натпреварува во новоформираната македонска лига. Најбитното од се, велат од Клубот, е тоа дека таа школа ќе претставува расадник за нови кошаркарски имиња, а наедно ќе придонесе во развојот на кошарката во Охрид која, посебно со формирањето на АМАК СП, бележи значителни резултати.

Сузана Вренцовска

СПОРТ

Page 18: АМАК ПРЕС 92

ЗА ПРВ ПРОТИВНИК АМАК ГО ДОБИ ЗЛАТОРОГСПОРТ

АМАК НА ЕВРОПСКАТА СЦЕНА

АМАК СП единствениот клуб од македонската лига кој се натпреварува во Евро Челенџ

купот, во првото коло се среќава соСловенечкиот Златорог Лашко. Првиот натпревар ќе се игра во СРЦ Билјанини Извори на 14 Октомври. Реваншот е седум дена потоа во Словенија.Победникот пак од овој дуел, во второто коло од Евро челенџ купот, ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Унгарскиот Корменд и Холандскиот Ајфел Тауерс . За да стигне до осумтте слободни места по групите во Евро-Челенџ Купот, АМАК СП ќе треба да ги помине двете квалификацски кола. Во ова натпреварување ќе учествуваат 32 екипи, поделени во 8 групи, а директно ќе се пласираат осумте пријавени екипи со најдобар рејтинг. Останатите учесници ќе бидат 16-те елиминирани екипи од двете квалификациски кола во Еврокупот, плус осумте екипи, кои

ќе ги поминат квалификациските кола.Инаку охридскиот АМАК најавува високи дострели во домашното првенство. Новиот тренер Марјан Лазоски со подготвување на екипата ќе стартува на 6 август. Здружението на прволигаши за оваа натпреварувачка сезона одлучи да не менува многу. И понатака десете

екипи ќе одиграат 18 натпревари, по кои првите 6 екипи ќе обезбедат место во Првата “А“ лига, каде ќе одиграат уште 10 натпревари. Потоа следува плејоф, во кој ќе учествуваат првите 6 екипи.Двете првопласирани екипи обезбедуваат директно пласман во полуфиналето, а екипите од 3 до 6 место ќе стартуваат од четвртфиналето.Екипите од 7. до 10. место во регуларниот дел ќе се борат за опстанок. Промени има во термините на одигрувањето на Купот и Ол Стар натпреварот кој ќе се одигра на 22 декември. Завршницата на Купот на Македонија ќе се одигра од 4 до 7 март. Првата “А“ лига е предвидено да стартува на 24 јануари, а ќе заврши на 11 април.

Сузана Вренцоска

Page 19: АМАК ПРЕС 92

IN MEMORIAM САШО КИЧЕЕЦ САЛЕ

Охрид на 05 јули 2008 се прости со Сашо Кичеец еден од најпознатите охридски адвокати. Меѓу охриѓани попознат како Сале, тој над 20 години беше еден од сопствениците на култниот кафе бар Мецофорте каде ноќните журки ги паметат генерации и генерации охриѓани и илјадници туристи од целиот свет. Сале, еден од најпрепознатливите урбани

ликови во нашиот град роден е на 13.06.1961 во Охрид каде практично го помина целиот свој живот.Сале беше пријател со половина Охрид, а другата половина го почитуваше како човек, адвокат, угостител, познаник. Се избори со многу битки во

животот, но за жал не успеа да ја победи подмолната болест која кај него како и кај многумина дојде без најава и можност да му се даде шанса за живот.

Нека почива во мир.

Page 20: АМАК ПРЕС 92