Upload
marija-runteva
View
280
Download
10
Embed Size (px)
DESCRIPTION
google sketch up
Citation preview
Активирање на програмата
ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО
ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Октомври,2009
Проект за основно образование
Програмата се активира со избор Google SketchUp преку менито Start. Со првото отворање на програмата се појавува прозорец на кој е потребно да се избере поглед: Perspective View или Top view како и единици мерки (изберете центиметри) a потоа притисни го копчето Continue. Наредниот екран е Learning Centar каде се добиваат лекции – основи на Sketch Up.
Изглед на основниот прозорец
Основниот прозорец на Sketch Up се состои од насловна линија ( title bar), главно мени (menus), линии за форматирање, кутии со алатки (toolbars) и работни површини drawing area), сцени, status bar – статусна линија и value control box – поле за прикажување вредности.
Title bar – Насловна линија
Насловна
линија
Главно мени Кутии со
алатки
toolbars
Статусна
линија
Работни
површини
Насловната линија содржи: close, minimize, maximize – од десната страна на линијата како и името на моментно отворениот документ.
Menus- менија
Главното мени содржи менија: File, edit, view, Camera, Draw, Tools, Window, Help,
Toolbars- Линија со алатки
Линијата со алатките е под главното мени. Видливоста на линијата со алатки се регулира со изборот на опцијата Toolbar од менито View.
Drawing area – Работна површина
Работната површина е простор за креирање модели. Видливоста на 3Д просторот е одреден со координатните оски x,y,z
Status bar- Статусна линија
Статусната линија се наоѓа на дното на просторот со сива боја. Од нејзината лева страна е прикажани која алатка во моментот е активна, а од десната страна се наоѓа Value control box кој ви дава информација за димензиите во кои цртате.
Scene
Сцената се креира со помош на Scene Manager
Главно мени
Мени File
New- отворање на нов документ
Open – отворање на постоечки документ
Save as –снимање на документ
Revert – за враќање на тековниот документ во моментот кога е последен пат снимен
Send to Lay Out – изработка на цртежот во програма Lay Out
3D Warenhouse – преземање на готови модели
Export: 3D Model, 2D raphics со следниот формат:JPEG,PNG, Epix….
Get Pro Exporters: Animation … Претходно креирани страници ги претвора во видео клип ави формат
Import: внес на постоечки документи
Print Setup… за регулирање на печатачот
Exit: за излез од програмата која ќе ве опомене да ли ви е снимена последната измена на документот.
Мени Edit Содржи опции за селекција/означување, копирање, сечење, прилепување, бришење објекти, групирање
Undo - За враќање на акцијата на назад
Redo – Враќа на претходна состојба
Cut – Го преместува објектот на clipboard и со команда Paste го поставува во документот на саканото место
Copy – Го копира објектот и со команда Paste го поставува во документот на саканото место
Paste – Содржината на Clipboard се пренесува во документот
Paste in Place – Содржината на Clipboard се пренесува во документот на истото место каде што е и оригиналот.
Delete – Го брише селектираниот објект
Delete Guides – Бришење на линиите водилки
Select All - означување на на објектите во моделот. Скриените објекти кои се одсечени со алатката section plane не може да се означат со select All.
Select None – отклонување на слекцијата од објектот
Hide – сокривање на означенот објект
Unhide – видливост на објектот
Lock – за “замрзнување “ компоненти игрупи кои се менуваат или се поместуваат
Unlock – за “одмрзнување” компоненти и групи кои претходно биле “замрзнати “
Make Component – за здружување на повеќе елементи на цртежот во една компонента
Make group – за просто групирање на повеќе елементи на цртежот
Close group/component – Затвотрање на работната рамка на групата или компонентите
Intersect – За креирање рабови на места каде два елемнти на цртежот се пресекуваат или преклопуваат.
Face (Entity Commands Sub- Menu - Посебно мени чија содржина се менува во зависност од од објектот кој е моментно селектиран и овозможува дополнителни манипулации со објектот
Мени View
Содржи опции кои ќе бидат видливи во прозорецот на програмата...
Toolbars на програмата– алатки кои ќе бидат видливи во прозорецот
Scene Tabs – Вклучува и исклучува видливост на сцените
Hidden Geometry – конструктивни линии
Section planes – видливост на површините кои овозможуваат попречен пресек
Section Cuts – видливост на исечените површини
Axes – видливост на координатните оски
Shadows – Вклучува сенка
Fog – Ефект на магла
Edge Style – содржи опции за прикажување на линиите на објектот
Face Style – содржи опции за прикажување на различни видови видливости на објектот
Component Edit -
Animation –Содржи неколку опции за додавање страници, поврзување , бришење, прегледување и креирање анимации на објектот
Мени Camera
Содржи опции кои овозможуваат поставување камера на одредена положба, вклучување на перспектива, зумирање, орбита.....
Previous – за враќање ана претходно извршената акција на камерата над објектот
Next – Преглед на извршените акции над камерата
Standard Views – Овозможува пристап на стандардните погледи:Top, Bottom, Front, Back, Left, Right, ISO
Parallel Projection – паралелна проекција
Perspective – перспрктивна проекција
Two point Perspective
New Photo Match – внес на позадинска слика
Edit Photo Match – обработка на позадинската слика
Orbit – оваа алатка овозможува да се согледа тродимензионалноста на креираниот објект
Pan – Поместување на камерата по хоризонтална и вертикална оска
Zoom – Зголемување и смалување на објектот
Field of View – Го прилагодува објектот од аголот на набљудувачот кај перспективната глетка
Zoom Window – Обележува и зголемува одреден дел на моделот
Zoom Extents – Го поставува моделот во максимална големина
Zoom to Photo- Поставување на сликата во полна големина
Position Camera – Поставување на камерата од аголот на видливост на очната точка
Walk очка – Прегледување и влез во обкјектот од било која перспективна т
Look Around – алатка за разгледување
Мени Draw
Ова мени содржи линии кои може да се нацртаат
Line – Цртање со линија
Arc – Цртање на кружни лаци
Freehand – Цртање на криви линии
Rectangle - Правоаголник
Circle - Круг
Polygon – цртање многуаголник кој содржи од 3 до 100 страници
Sandbox – Моделирање на терени и пејсажи
МeниTools
Ова мени содржи алатки кои кои се содржат во кутијата со алатки и подоцна ќе бидат објаснети
Select – Означување на објектот
Eraser- Бришење на објектот
Paint Bucket – Кантица со боја
Move – поместување на објектот
Rotate - Ротација
Scale – Собирање или ширење на означениот објект во однос на другите елементи на тој објект
Push/Pull – Push овозможува смалување на висината на објектот/Pulling е процес во кој на објектот му се дава трета димензија
Follow me – Се дуплира површината по зададена патека
Offset – Копирање на зададената лимија со одредено одстапувањеод оригиналот
Tape Measure – Линија со маркирни точки за одредување на оддалеченоста..
Protactor - агломер
Axes – Поставување на координатни оски
Dimensions – Прикажување на димензиите на објектот
Text – прикажување на текст
3D Text – креирање на тродимензионален текст
Section plane – креирање на попречен пресек на објектот
Google Earth – поврзување со програмата Google Earth
Sandbox – моделирање терени и пејсажи
Мени Window
Ова мени содржи опции кои овозможуваат прикажување на кутија со материјали, компоненти кои може да се внесат во документот, подесување на сенки и ивици и сл.
Model Info – Дава основни информации за објектот
Entity Info – Особини на објектот
Materialsт – Боја и позадина на објект
Components – Вклучување на готови објекти/ компоненти
Styles – Прикажување на објектот во различни стилови и медии
Layers – служат за да ја контролират видливоста на геометријата на големи модели
Outliner – Разложување на комплексни облици на прости
Scenes – Подесување на сцената
Shadows - Подесување на сенките на објектите
Fog - Подесување на параметрите на маглата
Photo Match – подесување на параметрите за слика
Soften Edges – Степен на затемнетост на површината и интензитет на линиите
Instructor – Лекции за користење на основните алатки
Мени Help
Ова мени содржи опции за помош во апликацијата
Toolbars – кутија со алатки
Алатките се поделени во категории:
1. Standard –стандардни алатки за отворање и снимање документи, копирање...
Алатки за
стартување
Проекции
Попречни
пресеци
Подесување
сенки на објектот
3Д облик на
објектот
Алатки за цртање Алатки за
измена на
геометриј
ата
Камера
Провид
ност на
објектот
2. Pincipal – алатки за селекција и измена на геометрија
3. Drawing – алатки за креирање на геометриски облици
4. Modification – алатки за работа со геометриски тела
5. Construction – алатки кои помагаат при конструкција и документирање на разни облици на модели
6. Camera – алатка за прегледување на геометриските облици
7. Walktrough – алатки за истражување на моделот
8. Face Style – за прикажување на транспарентоста на објектот, внатрешни линии, текстури..
9. Shadows – подесување на сенките на објектот
10. Views - проекции
11. Sections попречен пресек на моделот
12. Layers – служат за да ја контролираат видливоста на на геометријата со големи модели
13. Google овозможува соработка помеѓу sketch Up и други Google програми
14. Large Battons – овозмошува прикажувае на поголеми и помали икончиња
15. Sandbox – моделирање на терени и пејсажи
Standard – Основни алатки
New- отворање на нов документ
Open – отворање на постоечки документ
Save - снимање на документ
Cut – Сечење на објектот
Copy – Копирање на објектот
Paste – Прилепување на објектот
Delete – Бришење на објектот
Undo – Враќање на акцијата наназад
Redo – Поништување на вратената акција
Print – Печатење на документот
Model Info – основни подесувања
Principal Tools – Алатки за селекција и измена на геометријата
Select Tool – Селекција односно означување на објектот се врши со едноставен клик на објектот
Make Component – креирање на компоненти
Paint Bucket – кантичката со боја доделува боја на објектите
Eraser – гумичка, го брише означениот објект
Drawings – Алатки за цртање
Rectangle tool – алатка за цртање правоаголник
Line - линија
Circle - кружница
Arc – кружни лаци
Polygon Tool – многуаголник
Промената на бројот на страни на многуаголникот се врши со отворање на прозорецот Entity Info (meni Window)
Freehand слободна линија
Modification – Алатки за работа со геометриски тела
Move /Copy – поместува и пренесува копиран објект
Push/Pool – смалување на висината на објектот/ додавање на
трета димензија
Rotate - Ротација
Follow Me – Формира тело по зададена патека
Scale – Собирање или ширење на означена површина во однос на други елементи на даден објект
Offset – Копирање на зададена линија со одредено одстапување од оригиналот
Construction tools - алатки за конструкции и документирање на модели
Tape Measure -Линија со маркирни точки за одредување на оддалеченост
Dimension – Со поврзување на крајните точки се прикажуваат димензиите на објектот
Protactor - Агломер
Text Tool – Внесување на текст
Axes Tool – поставување на координатни оски
3D Text – Внесување на тродимензиомален текст
Camera
Почнува од Sketch Up содржи таков концепт на камера кој го прикажува моделот на кој работите точно онака како што вие би го гледале во реалноста. Ова е особено важно ако вашиот модел е таков што треба да се согледа и презентира, како што е куќата низ која би поминувале и во реалниот свет. Оваа програма овозможува да се
промени точката на гледање под одреден агол и висина на моделот и минува низ моделот како да е вистински – реален.
Orbit – Алатката орбит овозможува да се согледа тродимензионалноста на креираниот објект
Pan – Поместување на камерата по хоризонтална и вертикална оска
Zoom – Го зголемува или намалува објектот
Zoom Window –Обележува и зголемува одреден дел на моделот
Previous – Враќање на претходно зумираниот објект
Next – Поништување на претходната состојба и враќање
Zoom Extents – Го поставува моделот во максимална големина
Со помош на глувчето можно е вклучување на зумирањето на објектот.
Објектот се зумира со поместување на scrool тастерот напред – назад
Со притискаер на scrool се активира pan
Со притисок на scrool и shift се активира
Walkthrough
Position Camera – Поставување на камерата од аголот на видливост на очната точка
Walk – Преглед и влез во објект од било која перспективна точка
Look Around – Алатка за разгледување
View
Iso – Изометриска проекција
Top – Поглед одозгора
Front – Поглед однапред
Right – Поглед од десната страна
Back – Поглед од назад
Left – Поглед од лева страна
Sections – Пресеци
Section plane – Креирање на попречен пресек
Display Section plane - Прикажување на рамнината на пресекот
Display Section Cuts – Прикажување на отворени површини
Face Style
X- Ray – Провидност на објектот
Wireframe - Приказ на објектот како збир на линии, како збир на рабови на тродимензионално тело на кое површините не му се прикажуват
Hidden Line – Објект без сенчење и текстури
Shaded – Градација на светлоста
Shaded with Textures -Текстурални вредности на површините
Monochrome – Еднобојно
Shadows
Sketch Up овозможува на објектите да им се додаваат сенки кои ќе го приближат моделот до реалниот свет. На пример можете да потавите сенка спрема тековниот датум и времето.
Ground Shadows е поедноставена верзија на се нчење при која се нката се проектира само на базалната рамнина . Иако овој е побрз метод од стандардните сенки, не е толку реалистична и може да произведе и
чудни ефекти доколку деловите од објектот се наоѓаат под базалната рамнина.
Face shadows е потполна верзија на сенчење во која сенките се проектираат на останатите делови на на објектот.
Layers
Леерите служат за да ја контролираат видливоста на геометријата со големи модели. Тие имаа свои имиња како што се : Layer 1, Layer 2 или Chairs.
Дизајнирање во Sketch Up
Моделите во оваа програма ( геометриските тела ) настануваат со поврзување на линии кои всушност претставуваат рабови на тела. Геометриските слики се
креираат тогаш кога било кој три или повеќе линии се поврзуваат и формират рамнина. Со комбинација на рабовите и површините се добиваат 3D модели.
Координатни системи во Sketch Up
Sketch Up користи 3D координатен систем со позитивни и негативни оски x,y,z. X оската е претставена со црвена, Y со зелена, Z со сина боја. Површината која а сочинуваат црвената и зелената линија се вика базална рамнина (ground plane), додека местото каде се сечат сите три оски се вика координатен почеток (origin)
Разбирањето на координатниот систем е потребно заради правилно користење на т.н.
inference engine (механизам кој ги пребарува точките во близина на курсорот, ги препознава , а потоа ја фиксира алатката на нив) кој помага да нацртате реалистични модели.
Механизам за следење на карактеристични точки
Карактеристичните точки се наоѓаат на почетокот и на крајот на линијата (endpoint), на средината на линијата (midpoint), во пресекот на две линии (intersection) точки кои се наоѓаат на површините на фигурата (on face), точки кои се наоѓаат на работ на фигурата (on edge)lи сл.
Поголемиот број облици во Sketch Up можат да се нацртаат со помош на алатката за цртање линија, затоа првите чекори во совладувањето на оваа програма е да се научи како да се пратат напатствијата кои ќе ви се прикажани во облик на tool – tip.
Конструкција на облици
Sketch Up содржи неколку концепти за ефикасно цртање. Тоа се: dividing and healing,pushing and pulling, sticky geometry, autofold I intersections.
Од палетата изберете Iso поглед за видливост на сите три координатни оски. Од палетата избирате Rectangle и го цртате. Изберете опција Push/Pull преминете со глувчето преку горниот дел на правоаголникот , кликнете и влечете... Добиен е квадар.
Dividing and Healing Geometry
Алатката за цртање на линии Line Tool (моливчето) ви овозможува да ги поделите (dividing) површините и рабовите и независно да ги креирате. Аналогно со бришењш на линиите помеѓу површините, повторно ги спојувате во една ( healing) .
Од палетата изберете ја алатката за цртање линии (моливчето) и нацртајте на површината на квадарот линија, и изберете опција push/pull . Ќе ја добиете следнава слика...
Pushing and pulling
Pushing e процес при кој го преобликувате моделот така што еден негов дел го „одтурнувате” по одредена оска од почетната позиција .
Pulling е аналоген процес кој за разлика од претходниот кој го редуцира објектот, овој за време на преобликувањето го проширува.
Активирајте ја алатката Arc а потоа со алатката push/pull исечете го остатокот на
фигурата
Активирајте ја алатката Offset и копирајте ја зададената
површина како на сликата.
Манипулација со споени ивици и површини
Геометријата во Google Sketch Up е леплива , што значи дека се можни различни манипулации со прост иабор на рабови или површини и поместување на рабови или површини со алтката Move Tool. Постојат три примери на леплива геометрија во оваа програма:
1. Алатката моливче ја дели површината , а со помош на алатката Move Tool средниот дел е извлечен. На сликата е добиен ефект на покрив.
2. Левата страна е спуштена
3. Левата страна е извлечена во лево
Автоматска корекција на површините
Сите површини во Sketch Up секогаш мора да останат рамни ( не се признаваат закривености на површините). Заради тоа Sketch Up врши автоматски корекции (autofold) на површинитекои се неопходни за за извршување на било која операција која за резултат би имала извртени ликови. На сликата е прокажана извртена шестоаголна призма. Постапката за нејзино добивање:
1. Со алатката Polygon нацртај шестоаголник
2. Со алатката Push/Pull се извлекува и с се добива призма .
3. Призмата е заротирана со алатката Rotate Tool
Со вклучување на опцијата Hiden Geometry се прикажуваат скриените линии
Intersections ( boolean operations) - Комплексни геометриски облици
Sketch Up овозможува креирањена комплексни геометриски облици како што е прикажано на сликата при што со комбинација на две тела , квадар и цилиндер се добива ново тело. Постапката е следна: со засекување на двете тела, означување на едното ( цилиндерот) и вклучување на алатката Intersect with Model се фиксираат точките на пресекот на овие две тела што овозможува нови манипулации со нив , на примњр, бришење на цилиндерот за да можеме да добиеме сложена фигура. Постапката е прикажана на сликите.
Додавање детали во моделот
Додавањето на детали во моделот подразбира: components (компоненти), materials (материјали) и shadows (сенки)
Материјали
Sketch Up овозможува боење на површини со активирање на алтката кантица Paint Bucket, со помош на опцијата materijals за да се додаде на реалистичниот објект. Материјалите содржат бои и текстури а нив може да ги креира корисникор со помош на опцијата Edit или да се импортираат слики како текстури.
Groups and Components – објекти кои содржат други објекти.
Groups се користат за да се комбинираат неколку објекти во еден во случај на брзо изведување на операции во рамките на една група, како што е копирање или поместување. Особини на групата се:
- Брза селекција
- Геометрија независна од остатокот на цртежот
- Организација на моделот
- Материјали применети на група
- Сопствени координатни оски
- Порамнување и сечење во однос на другите објекти на цртежот
Components
Компонентите се групи кои имаат посебни особини за да можат да се внесуваат во други објекти. Било кој модел кој се креира може да биде компонента. Компонентите ги имаат следниве карактеристики:
- Инстанцирање- секоја внесена компонента се смета за инстанцана оригиналната компонента. Промената на оригиналната компонента ќе се рефлектира на секоја нејзина инстанца , но промената на инстанцата остануваат карактеристични само затаа инстанца
- Подобрување на перформансите- користење на компоненти ја штеди меморијата на компјутерот и ја забрзува работата
- Сопствени координатни оски
- Порамнување и сечење во однос на другите објекти на цртежот
Напомена: карактеристичните компоненти можете да ги дефинирате во текот на нејзиното креирање
Примери на дизајнирани објекти во Sketch Up