Upload
dangkhuong
View
262
Download
3
Embed Size (px)
Citation preview
МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието)
Четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во
образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност
за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на
образовниот систем. Во фокусот на проектните активности се учениците,
родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори.
Во ООУ,, Ѓорче Петров₺функционира тим на МИОкој го сочинуваат: Зоран
Бошковски, Дивна Мицкова Гаврилова, координатор, Викторија Даниловска, Елена
Думиќ, Весна Скилевска, Софка Димитриевска, Ружица Димоска.
Овој тим на вработени или исто така наречен СИТ( System Integration Team)
функционира веќе две години. Својот прв состанок го имаше во 2014 година. На
ова претходеа неколку дневни обуки организирани од УСАИД.
Досега се реализирани повеќе средби и работилници со ОУ,, Дитурија₺- Сарај,
нашето партнер училиште.
Се изработуваат и ОЖВ работилници во склоп на училиштето од страна на
наставниците.
Прватаглавна активност беше отварањето на кино салата. Оваа активност
беше реализирана во период на 2013/ 2014 година.Отварањето на истата
се изврши на 14. 02. 2014 година.
Втората главна активност беше отварање на трепезарија и кујна во склоп
на училиштето. Оваа активност беше реализирана во соработка со партнер
училиштето ОУ,, Дитурија₺- Сарај. Соработаката се одвиваше во период од
18.10.2014 година додека официјалното отварање беше на 11. 11.2014
година. Во овој период беа реализирани повеќе средби со наставници,
родители и ученици од двете училишта.Беа формирани тимови за
подготовка и изработка на приредба, готвење и изработка на храна,
стопанскиот развој на двете општини и песни и литературини творби
на двата јазика. Во оваа активност со финанасиска помош од 1, 300, 000,
00 денари учествуваше Општината Ѓорче Петров.
Исто така беа реализирани работилници и средби по повод верските празници:
Велигден и Курбан Бајрам.
Во тек се и подготовки за изработка на дебата и квиз со учениците од двете
училишта.