33
27.03.2014 1 Проект за меѓуетничка интеграција во образованието Центар за човекови права и разрешување конфликти Обука за меѓуетничка интеграција во образованието за Тимови за училишна интеграција Како би претставиле мултикултура на цртеж?

Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

  • Upload
    others

  • View
    19

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

1

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Центар за човекови права и разрешување конфликти

Обука за

меѓуетничка интеграција

во образованието за Тимови за училишна интеграција

Како би претставиле мултикултура на цртеж?

Page 2: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

2

Агенда за работа за 1. ден од обуката

1. Какво мултикултурно/ мултиетничко општество сакаме

2. Етничките стереотипи и предрасуди како предизвик

3. Потребата од меѓуетничка интеграција во образованието

Какво мултикултурно/мултиетничко општество сакаме

Етничките стереотипи и предрасуди како предизвик (1)

Page 3: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

3

• Изберете 15 картички преку кои на странец би му ја претставиле Македонија

• Распоредете ги избраните картички во две групи: (1) оние што се однесуваат на една култура (2) оние што се заеднички за повеќето култури

МУЛТИКУЛТУРНИ КАРТИЧКИ

почитување на

разликите

Што е мултикултура: сличности или разлики?

прифаќање на

сличностите

Page 4: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

4

коегзистенција на повеќе култури на еден простор

кои, освен што го споделуваат просторот, и се потпираат една на друга за да обезбедат

заедничка егзистенција

коегзистенција на повеќе култури на еден простор и сите

се прифатени и почитувани

коегзистенција на повеќе култури на еден простор

Мултикултурата како чинија за салата

1. 2. 3.

(1) Како се чувствуваат доматите на чинијата?

(2) Колку можат да контактираат со

краставиците и кромидот?

(3) Што добиваат, а што губат кога се сместени

на тоа место во чинијата?

Page 5: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

5

(1) Се чувствуваат загрозени

од другите и најубаво им е

кога се заедно на купче

(2) Контакти со краставиците

и кромидот немаат – се

дистанцираат од нив колку

што е можно повеќе

(3) Добиваат: чувство на

сигурност / губат: можност за

комуникација и запознавање

на краставиците и кромидот

1.

2.

(1) Најубаво се чувствуваат

кога се групирани заедно и

имаат свое место на чинијата

(2) Само некои од нив можат да

контактираат со краставиците

и со кромидот – другите се

изолирани и без можност за

контакти

(3) Добиваат: чувство на

сигурност / губат: можност сите

да комуницираат со краставиците

и кромидот и да ги запознаат

(повеќето знаат за другите само

од она што им го пренесуваат

оние што имаат контакти со нив)

Page 6: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

6

(1) Се чувствуваат комотно на

секој дел од чинијата, во било

кое опкружување

(2) Секој домат може слободно

да контактира со краставиците

и кромидот – во секој момент

е препознатлив како домат (ја

задржал својата форма, боја и

големина)

(3) Добиваат: можност за

запознавање, комуникација и

соработка со краставиците и

кромидот / губат: ???

3.

Мултикултурата како лонец со чорба ?

Доматите се сварени со

другите состојки

не се препознатливи и

веќе не се чувствуваат

како домати, туку како дел

од заедничка маса

во чорбата може да

доминира вкусот на

доматите, но и не мора,

ако има повеќе од некоја

друга состојка или некоја

„посилна“ состојка

МУЛТИКУЛТУРАТА Е ЗАМЕНЕТА СО АСИМИЛАЦИЈА

Page 7: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

7

коегзистенција

со сегрегација

коегзистенција

со паралелизам

коегзистенција

со интеграција

Какво мултиетничко општество сакаме?

На која од чиниите се прикажани односите меѓу:

• Албанците, Македонците и Србите

• Македонците, Албанците и Турците

• Албанците, Македонците и Ромите

Република Македонија како

мултикултурно/мултиетничко општество

1. 2. 3.

Албанци Македонци

Page 8: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

8

Албанци Македонци

Роми Срби Турци

1. 2. 3.

Истражувањата покажуваат ...

интер-персонална интер-групна

Како меѓусебно комуницираат?

1. Агим и Зоран (наставници во исто училиште)

2. Зоран/Агим и Елвис (родител)

3. Агим/Зоран и Октај (родител)

4. Зоран/Агим и Бранислав (родител)

Page 9: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

9

(1) Поделба на НИЕ и ВИЕ/ТИЕ

(2) Колку се сите „принудени“ да мислат исто за да не бидат предавници

(3) Изразени негативни стереотипи и предрасуди за другите

интер-персонална интер-групна

Стереотипите и предрасудите се формираат и одржуваат под влијание на:

семејството училиштето врсниците медиумите

Page 10: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

10

ТЕФОНЦИ И РИМЕРИ

Тефонците се ученици во средното училиште „Надеж“. Познати се по тоа што си помагаат еден на друг, а особено на оние кои се во неволја. А, и кога има некоја неправда тие секогаш реагираат. Многу се вредни и посветени и секогаш настојуваат училиштето да го направат подобро место за живеење. Ги почитуваат настав-ниците, дисциплинирани се, секогаш се весели и мирољубиви. Најмногу од сè ги интересира учењето.

Сé ќе беше прекрасно во нивното училиште, ако во него не учеа и Римерите. Тие како да се создадени за неволји – вистински „бељаџии“ се. Секој ден прават по некој проблем во училиштето. Провоцираат и постојано ги задеваат другите. Кога ќе се појават на игралиште, сите мора да се тргнат. Секогаш се намуртени, како цел свет да им е крив. Вистински „забушанти“ се и не ги почитуваат ни наставниците. Кога ќе се случи некоја штета во училиштето, се знае дека тие тоа го направиле, но и покрај тоа, настрадуваат другите. Во нивните ранци може да се најдат предмети за тепање и правење проблеми, но не може да се најдат книги.

Page 11: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

11

Кој е Тефонец, а кој е Ример?

1 2 3

Етничките стереотипи и предрасуди како предизвик (2)

Потребата од меѓуетничка интеграција во образованието (1)

Page 12: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

12

Улогата на училиштето - 1

Анализа на ситуации:

1. Кои стереотипи/предрасуди се манифестирани во дадените ситуации?

2. Како училиштето придонесува/придонело за нивно постоење и засилување?

3. Што треба да се направи за да не се повторува таквата ситуација?

Ситуација 1.

Учениците од III4 го прашуваат класниот

Томе Петров дали може во новата учебна

година тие да учат во една од училниците што ќе се

реновираат за време на летниот распуст, со оглед на тоа

што слушнале дека се наменети за матурантите. На тоа,

класниот им одговара дека се сомнева во тоа, затоа што

директорката Вјолца Имери сигурно ќе им ги додели сите

реновирани училници на „албанските“ паралелки. Своето

мислење го поткрепува со „докази“ од минатото искуство:

„Благодарение на директорката, подобрите компјутери ги

добија учениците Албанци.“ Потоа, додава: „Сите Албанци

се такви – само за своите се грижат и сè сакаат да

приграбат за себе. Кога ќе добијат власт во раце, само на

нивните интереси мислат и што е уште пострашно, мислат

дека имаат право на тоа.“

Page 13: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

13

Ситуација 2.

Во наставничка канцеларија се дискутира околу

подготовката на завршната приредба во учили-

штето. Веќе е решено приредбата да ја водат

Ана и Игор – истакнати ученици од седмо и осмо

одделение кои веќе имаат и искуство во тоа, па нема

училиштето да се посрамоти пред гостите. Свој настап

ќе има и хорот од ученици со една народна песна, па ќе

следи централниот дел од приредбата кој веќе е осмислен

и подолго време се вежба со наставничката по македонски

јазик. Она што недостасува, е некоја музичка точка за на

крајот, па наставникот по музичко предлага да ги праша

Орхан и Надире да настапат заедно: тој многу убаво свири

на тарабука со татко му по свадби, па нема да има трема

од јавен настап, а таа прекрасно игра стомачен танц уште

од најмала. А, така ќе се вклучат и Роми во приредбата.

Ситуација 3.

На класен час, наставникот Исмет ја

поставува на дискусија со учениците

тепачката меѓу ученици Македонци и

Албанци што претходниот ден беше прикажана на сите

медиуми како ударна вест. Има намера да ги одврати

од можноста и тие самите да влегуваат во слични

тепачки, па им го поставува прашањето: „Што може да

се направи за да се спречи насилството меѓу младите?“

Прв одговара Блерим: „Ние не сме криви – тие

постојано провоцираат, навредуваат и нè напаѓаат, па

нè принудуваат да се браниме.“ На тоа, наставникот

реагира: „Што се мешате со нив? Кога ќе видите дека

се во близина, бегајте подалеку. Кога веќе знаете какви

се, немајте си никаква работа со нив!“

Page 14: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

14

Ситуација 4.

За време на посетата на споменикот на

паднатите борци од НОБ, Игор почнува на

глас да кажува како од дедо му знае дека

сите Албанци во Втората светска војна се бореле на страна

на фашистите и ги убивале Македонците заради одмазда

затоа што се бореле против фашистите. На тоа, Елена се

надоврзува, тврдејќи дека по војната, кога Албанците

изгубиле, почнале да се доселуваат на територијата на

Македонија од Албанија, со цел постепено да ја окупираат.

Тоа ги поттикнува и другите присутни ученици да кажат што

„знаат“ – дека Албанците намерно раѓале многу деца по

директива на политичките водачи, дека оџите не им

дозволувале да одат во школо за да може полесно да ги

манипулираат. Станува очигледно дека сите ученици ги

поддржуваат ваквите тврдења, додека наставникот само

молчи и се прави дека не слуша.

Ситуација 5.

Во едно основно училиште со настава на

македонски, драмската секција точка за

подготвила претстојната приредба со

која сака да го илустрира мултиетничкиот

карактер на РМ. Драматизацијата со комичен карактер,

прикажува група деца со различна етничка припадност што

живеат во иста зграда и одлично се дружат: Владо глуми

Македонче што е гение за компјутери, Дејан – Албанче што е

страв и трепет за другите деца во околината, Иван – Ромче

кое успева на некој волшебен начин да „обезбеди“ сè што ќе

посакаат од продавничките во соседството, Зоран –

Бошњаче, на кое сите му се смеат зошто постојано „тресе“

глупости и Сашо – Турчинче, кое го слуша само татко му и

само неговите наредби ги извршува. Драматизацијата, која

илустрира една случка на дружината, предизвикува

громогласно смеење во публиката и завршува со огромен

аплауз.

Page 15: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

15

Улогата на училиштето

1. стеротипи и предрасуди - во однесувањето на наставниците - во однесувањето на учениците - во наставните материјали

2. етноцентризам - во наставните програми - во наставните материјали - во воннаставните активности

Во ИНТЕГРИРАНОТО

ОПШТЕСТВО

1 2 3 4 5 6 7 8 9

Page 16: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

16

Во ИНТЕГРИРАНОТО

ОПШТЕСТВО

1 2 3 4 5 6 7 8 9

секој се грижи

само за

интересите

на сопствената

етничка заедница

секој се грижи само за заедничките

интереси, игнорирајќи ги

посебните интереси на сопствената

етничка заедници

Во ИНТЕГРИРАНОТО

ОПШТЕСТВО

1 2 3 4 5 6 7 8 9

секоја етничка заедница може да го развива само својот етнички идентитет

сите етнички

заедници

мора да

преземат само

еден единствен,

заеднички идентитет

Page 17: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

17

своја историја култура

литература

настава на свој јазик

вон-наставни

активности со свои

свои наставници

на час со свои

соученици

нивна историја култура

литература

настава на нивен јазик

вон-наставни

активности со нивни

нивни наставници

на час со нивни

соученици

Page 18: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

18

наша историја култура

литература

настава на наш јазик

вон-наставни

активности со наши

наши наставници

на час со наши

соученици

нивна историја култура

литература

настава на нивен јазик

вон-наставни

активности со нивни

нивни наставници

на час со нивни

соученици

настава на наш јазик

наши наставници

на час со наши

соученици

настава на нивен јазик

нивни наставници

на час со нивни

соученици

нивна историја култура

литература

вон-наставни

активности со нивни

наша историја култура

литература

вон-наставни

активности со наши

Page 19: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

19

наша историја култура

литература

настава на наш јазик

вон-наставни

активности со наши

наши наставници

на час со наши

соученици

ваша историја култура

литература

настава на ваш јазик

вон-наставни

активности со ваши

ваши наставници

на час со ваши

соученици

историја култура

литературана други

настава на друг јазик

вон-наставни

активности ?????

други наставници

на час со други

соученици

Page 20: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

20

наша историја култура

литература

настава на наш јазик

вон-наставни

активности со наши

наши наставници

на час со наши

соученици

ваша историја култура

литература

настава на ваш јазик

вон-наставни

активности со ваши

ваши наставници

на час со ваши

соученици историја култура

литература на други

настава на друг јазик

вон-наставни

активности?????

други наставници

на час со други

соученици

Page 21: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

21

Какво училиште,

такви граѓани

Училиштето – креатор на општеството

ТОГАШ ...

• Ако АГИМ, ЗОРАН, ОКТАЈ, ЕЛВИС И БРАНИСЛАВ не се запознаат во училиште ...

• Ако не изградат меѓусебна доверба уште од мали, кога се ученици во основно и во средно училиште ...

• Ако не научат меѓусебно да комуницираат и да соработуваат ...

Page 22: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

22

СОСЕД КОЛЕГА

ПОЛИТИЧАР

КОГА ЌЕ ПОРАСНАТ

СОСЕД КОЛЕГА

ПОЛИТИЧАР

навивање на фудбалски натпревар

Page 23: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

23

Потребата од меѓуетничка интеграција во образованието (2)

Улогата на училиштето - 2

Анализа на ситуации:

1. Кои етнички групи се „поделени“ во ситуацијата?

2. Како се манифестира поделбата?

3. Што треба да се промени во дадената ситуација за да се олесни интеракцијата?

Page 24: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

24

Ситуација 1.

На огласната табла во едно стручно учи-

лиште во Тетово е ставено соопштение за

посетата на сите ученици од втора година

на едно стручно училиште во Струмица. Група ученици од

„албанските“ паралелки го чита соопштението и коментира:

„Што им е на нашиве – кој сака да оди кај оние во

Струмица? Ако тие навистина сакаа да се запознаат со

нас, ќе дојдеа тука! Повторно ние први да подаваме рака,

а тие ... И, кој ти гарантира дека нема да нè тераат и

некоја црква да посетиме и да се прекрстиме!“ Разговорот

го слуша еден од наставниците и за да ги смири, им вели:

„Сакале-нејќеле, посетата мора да се оствари. И за нас ќе

беше подобро да одевме во Струга, ама дојде наредба

дека мора да се поврземе со училиште од тој крај. Но, ако

мислите дека идејата е лоша, напишете петиција, па ќе ја

доставиме до надлежните, за во иднина.“

Ситуација 2.

На состанок во училиштето се

планира претстојната екскурзија за

полуматура во Охрид. Решено е дека

сите ученици од обата наставни јазици (4 паралелки на

македонски и 2 на турски) ќе одат заедно, како и

секогаш: за секој клас – по еден автобус. По пат ќе се

посети манастирот Св. Јован Бигорски, а низ Охрид, се

знае – Св. Софија, Св. Јован Канео, Св. Наум... Веќе е

одредена и групата што ќе свири – „Гоце бенд“.

Одлични се, нема што не знаат да отсвират од која и да

ти падне на памет стара или нова македонска песна,

сакаш забавна или народна. И повеќето ученици се

среќни со овој избор. Тоа го покажа и анкетата што ја

спроведе стручната служба.

Page 25: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

25

Ситуација 3.

Наставникот по физичко го подготвува

машкиот училишен фудбалски тим за

претстојниот државен гимназиски турнир.

Домаќин на турнирот е нивното училиште затоа што има

најдобри услови. Ќе се натпреваруваат тимови од повеќе

училишта, меѓу кои и најсилниот тим од една „албанска“

гимназија, која мора да ја победат за да ја одбранат честа

на „македонските“ гимназии. Влатко, Горан, Иван и другите

од тимот редовно доаѓаат и тренираат и навистина се

трудат да се подготват најдобро што може. Бидејќи ќе им

треба голема поддршка, наставникот посебно подготвува

и група навивачи кои, по часовите прават навивачки

транспаренти, а се разбира го вежбаат и навивачкиот хит:

„Излези момче право на тераса“, како и разни други видови

скандирања.

Ситуација 4.

Муарем и Сашо се знаат од најмали нозе

– цело детство го поминаа заедно, од утро

до вечер. Двајцата одат во исто училиште,

но во различни одделенија – Муарем е во VIIа, а Сашо во

VIIIв. Тоа што сакаат и во училиште и вон училиште да

бидат постојано заедно им креира проблеми. Другарите на

Сашо од неговото одделение постојано го задеваат што се

дружи со Ром и одбиваат да го примат Муарем во друштво

кога одат на забави или на некакви спортски активности.

Кога Сашо се пожали на класната, таа го посоветува на

училиште да се држи по страна од Муарем за да не ги

провоцира другите и да се заштити од проблемите.

Page 26: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

26

Ситуација 5.

Две одделенски наставнички од различни

училишта (едното во Кратово, а другото во

Дебар), што се запознале и одлично соработувале на

некој семинар, решиле да ги вклучат своите ученици во

спроведување заеднички проект преку интернет. Кога тоа

го гледа колешката од Кратово, спонтано коментира:

„Наместо да ги учиш дропки и равенки што ќе им требаат

во животот, ти губиш време со таму некои Албанци што

никогаш и нема да ги видат во животот.“ Во исто време, и

колешката од Дебар реагира: „Наместо да ги учиш дропки

и равенки, ти губиш време во допишување со таму некои

Македонци. Ако толку сакаш нешто да правиш баш со нив,

имаш тука такви колку ти душа сака.“

Page 27: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

27

Културен квиз

Page 28: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

28

систематско информирање

намалување на стереотипите

и предрасудите кон другите

Стекнувањето сознанија за другите

го намалува вообичаениот страв

од непознатото

55

прифаќање и

почитување на другите

• Кои се поукрасени: џамиите или црквите?

• Што е подобро, да се оди во црква,

или во џамија?

• По што се слични џамијата и црквата,

а по што се различни?

• Зошто се оди во црква и во џамија?

Кои прашања се

„поинтегрирачки“?

Зошто?

Page 29: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

29

споредби

меѓу

ние и тие

нагласување

на сличностите

и почитување

на разликите

нагласување

на разликите и

игнорирање на

сличностите

докажување

колку сме ние

подобри, а тие

полоши

согледување

на заедничките

основи

разединување

наместо

соработка

подготвеност

за соработка и

интеракција

круг на

сличности

круг на

разлики 57

Се будите по 20 години и сфаќате

дека е постигната интеретничка

интеграција во образованието.

• Кои се ефектите кај граѓаните?

• Што е поинаку?

Page 30: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

30

Што е мултикултурно образование?

• експонирање на сите ученици на содржини преку

кои се запознаваат со културата на другите (за да

се овозможи малцинските култури да учат и за

себе, а мнозинските да учат и за нив)

• целта е да се обезбеди почитување на другите

преку запознавање со нивната култура

• се внесува преку содржини (вербални и сликовни)

од областа на историјата, литературата, музиката,

ликовната уметност и сл.

• може, но не мора да се учи преку контакти со

другите

Што е меѓуетничко интегрирано

образование во РМ?

• обезбедување што е можно повеќе заеднички активности меѓу учениците кои учат разделени според јазикот на наставата (на пр., Мак и Алб) или по друга основа (како Ром)

• кога не е можно преку наставните активности, се постигнува преку воннаставни активности

• не е толку важно што учениците ќе прават, туку да прават заедно нешто што е од заеднички интерес

• важен е продуктот од заедничката активност (определен преку заедничката цел), како што е важен и процесот на доаѓање до продуктот (низ непосредна интеракција)

Page 31: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

31

Целта е учениците да се научат на која

им е неопходна за компетентно живеење во

мултиетничко општество

• да се намалат предрасудите преку контакт и

интеракција меѓу припадниците на различните

етнички/културни заедници

• да се зголеми соработката – активностите треба

да се одвиваат во кооперативна атмосфера, а не

во компетитивна

• да се создадат односи на меѓузависност –

продуктот од активностите да зависи од

заедничкото учество на сите

Мултикултурен саем на храна

• Дали е продуктот (саемот) резултат на заедничка активност на припадниците на различните етнички/јазични заедници? Од каде се гледа тоа?

• Дали во процесот (подготовката на саемот) е обезбедена непосредна интеракција на припадниците на различните етнички/јазични заедници? Од каде се гледа тоа?

Page 32: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

32

Општина 1

Една општина, во која има две училишта со настава на

албански јазик, решила да организира настан под името

„Мултикултурен саем на храна“. Осумдесетина ученици се

распоредиле во шест групи кои, откако направиле темелно

истражување на традиционалната храна на неколку етнички

заедници што живеат во РМ, со помош на нивните родители

подготвиле по две традиционални јадења и по еден десерт што

вообичаено се подготвуваат за поважните семејни празници во

куќите на припадниците на етничките заедници. Потоа, заедно

со своите наставници ги наместиле штандовите на кои ја

изложиле храната, сервирана на традиционален начин. Така, на

саемот имало шест штанда: еден со традиционална албанска,

еден со традиционална македонска, еден со традиционална

турска, еден со традиционална ромска, еден со традиционална

влашка и еден со традиционална српска храна. Учениците од

двете училишта имале можност да ги разгледаат сите

штандови и да пробаат по малку од изложената храна на

различните етнички заедници.

Општина 2

Една општина, во која има едно училиште со настава на

албански јазик и едно со настава на македонски и на турски

јазик и со значителен број ученици Роми, решила да

организира заеднички настан под името „Мултикултурен саем

на храна“. Учениците од секое училиште, со помош на нивните

родители, подготвиле по две традиционални јадења и по еден

десерт што вообичаено се подготвуваат во куќите на

припадниците на нивната етничка заедница за поважните

семејни празници. Потоа, заедно со своите наставници и

родители ги наместиле штандовите на кои ја изложиле

храната, сервирана на традиционален начин. Така, на саемот

имало четири штанда: еден со традиционална албанска, еден

со традиционална македонска, еден со традиционална турска

и еден со традиционална ромска храна. Учениците од двете

училишта имале можност да ги разгледаат сите штандови и да

пробаат по малку од храната на „другите“ етнички заедници.

Page 33: Обука за меѓуетничка интеграција во образованиетоpmio.mk/wp-content/uploads/2014/05/Den-1.pdf · на фашистите и ги убивале

27.03.2014

33

Општина 3

Една општина, во која има едно училиште со настава на

албански јазик и едно со настава на македонски и на турски

јазик и со значителен број ученици Роми, решила да организира

заеднички настан под името „Мултикултурен саем на храна“. По

20 ученици од секоја етничка група застапена во двете

училишта се распоредиле во четири „мешани“ групи со

подеднаков број Македонци, Албанци, Роми и Турци. Секоја

група со помош на тројца родители подготвила традиционална

храна за една етничка заедница: по две јадења и еден десерт

што вообичаено се подготвуваат во куќите на припадниците на

дадената етничка заедница за поважните семејни празници.

Потоа, секоја „мешана“ група ученици, заедно со „мешана“

група наставници и родители го наместила „својот“ штанд на

кој ја изложила храната што ја подготвила, сервирана на

традиционален начин. Така, на саемот имало четири штанда со

традиционални храни: албанска, македонска, турска и ромска.

Учениците од двете училишта имале можност да ги разгледаат

сите штандови и да пробаат по малку од храната на „другите“

етнички заедници.

Врската меѓу мултикултурното и

меѓуетничкото интегрирано образование

• мултикултурното образование не мора да биде

интегрирано, а интегрираното е добро да биде

придружено и со мултикултурно

• не сите мултикултурни активности сами по себе

придонесуваат за интегрирано образование