18
СОУ „ Крсте П. Мисирков “ - Демир Хисар ТЕМА „ Генеративно размножување кај смени растенија“ Ментор Изработи Бисера Мијаковска Наташа Матевска Кристина Пауновска

СОУ

  • Upload
    m-

  • View
    427

  • Download
    10

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СОУ

СОУ „ Крсте П. Мисирков “ - Демир Хисар

ТЕМА„ Генеративно размножување кај смени

растенија“

Ментор Изработи

Бисера Мијаковска Наташа Матевска

Кристина Пауновска

Николина Јошевска

Март, 2011

Page 2: СОУ

Вовед

- Генеративно размножување

- Голосемени растенија

- Скриеносемени растенија

- Цикасови растенија

Page 3: СОУ

Генеративно размножување

Генеративното размножување се врши така што семето од растението се засева во

саксија или некој друг сад во кој има добра дренажа на неговото дно, заради обезбедување

место каде што ќе се исцедува водата. Најдобар супстрат, кој наедно обезбедува и

најоптимални услови за про'ртување на семето и никнување на растението, е мешавина од

еднакви делови на листовка и песок. На која длабочина ќе се засее семето зависи од неговата

големина. За најситното семе се препорачува претходно да се измеша со песок и така да се

распостеле на површината на веќе подготвен супстрат, додека поголемите семиња можат и

поединечно да се засеат на одредено растојание. За полесно про'ртување на ситното семе,

потребно е да се обезбеди непосреден контакт со супстратот. Тоа се постигнува со благо

притискање на површината со некоја летвичка, а потоа да се полее со туш со млака вода и да

се внесат засеаните семиња во просторија со температура на воздухот од 18 до 25 степени и

заштитени од директно сонце. Засеаното семе заедно со супстратот и садот се нарекуваат

уште и семениште. Потребно е семеништето постојано да се одржува умерено влажно. Кога

растенијата ќе поникнат и ќе достигнат одредена големина, треба да се пикираат, т.е. да се

пресадат на поголемо растојание во друг сад и на ист супстрат. Откако растенијата ќе зајакнат

и кога добро ќе се развијат, тогаш можат да се пресадат во саксии со димензија од 8 см, во

кои и понатаму продолжува негата на ист начин.

Page 4: СОУ

Голосемени растенијаГолосемениците или голосемените растенија се несистематска (немонофилетска) група на

еднодомни растенија со еднополови цветови, кои се групирани во машки и женски соцветија-

шишарки. Тоа се без исклучок дрвенестирастенија, со секундарно растење во дебелина. Во

секундарното дрво кај голосемениците, ксилемот е претставен само од трахеиди. Кај повеќето

голосеменици, во секундарното дрво, секундарната кора, а листовите, се присутни секреторни

канали, односно смолни канали во кои се излачува смола.

Листовите на голосемениците се иглести или лушпести, со мали исклучоци, тие се вечно зелени

(зимзелени) и егзистираат неколку години. Тие се одликуваат со присуство на семенов зачеток и

семе. При тоа, семеновите зачетоци не се затворени во плодните листови, односно се развиваат на

отворениот плоден лист (оттука го добиле и името).

Сите видови на борови се еднодомни растенија. Тие носат машки шишарковидни ,,цветови‘‘

кои се наоѓаат на кратки дршки и стојат на една оска. Содржат многу прашници. На својата долна

површина, овие прашници носат две поленови торбички. Од надворешниот слој на поленот

(ектегзина) се создаваат две воздушни торбички. Поленот се произведува во многу големо

количество и се распространува со ветрот (анемофилија). Зрелиот полен кај боровите се состои од

четири клетки: две проталиумови клетки, поленова цевка и генеративна клетка. По опрашувањето,

поленовата цевка и генеративната клетка образуваат стем-клетка и две спермални клетки.

Page 5: СОУ

Женските шишарки се соцветија кои се изградени од една централна оска, на која се

распоредени заштитни лушпи во чијашто основа се сместени плодните ливчиња. Во основата

на плодните ливчиња се наоѓааат 2 семенови зачетока свртени со микропилите надолу.

Семеновиот зачеток кај борот е составен од нуцелус, и од заштитна обвивка кој на врвот

формира отвор. Една клетка од нуцелусот се дели со мејоза и се добиваат 4 клетки –

макроспори, од кои 3 пропаѓаат, а само една продолжува да се дели. Како резултат на овие

делби се формираат примарниот ендосперм, во кој се формираат 2 архегонии. Секоја

архегонија има по една крупна јајце – клетка. Овие процеси се одвиваат многу бавно, дури и

по 20 месеци кај некои борови се врши оплодувањето.

Опрашувањето кај голосемените растенија се одвива со ветер. Откако ќе заврши

опрашувањето, започнува оплодувањето со никнување на поленовата цевка, која во текот на

зимата престанува да расте. Напролет продолжува растењето на поленовата цевка. Паралелно

со растењто на поленовата цевка, генеративната клетка се дели на 2 клетки, од кои едната е

стерилна, а од другата се формираат 2 спермални јадра. По оплодувањето прво се формира

проембрион, од кој со низа последователни и сложени процеси се формираат 4 ембриони.

Секој ембрион има сопствена дршка. Опастанова само 1 ембрион со најмногу хранливи

материи, а дргите 3 ембриони пропаѓаат.

Семето е незаштитено – голо, има кожеста семенова обвивка и еден крилест израсток,

кој служи за расејување со ветер.

Page 6: СОУ

Скриеносемени растенија

Скриеносемените (цветни) растенија (научно: оддел Magnoliophyta, по растението

магнолија, уште и Angiospermae, од латински angi = затворено, грчки sperma = семе)

сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат цветните растенија, кои воедно се и доминантната

форма на растенија на Земјата. Овие растенија се главниот извор на храна за повеќето цицачи

и човекот, како и извор на повеќе материјали и природни производи. Тука се вклучени

најмногу грмушки и тревести растенија, повеќето познати дрвја (освен боровите и другите

четинари), како и некои специјализирани растенија од типот на сукуленти, паразити и водни

растенија. Познати се околу 230 000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето

копнени екосистеми. Околу две третини се наоѓаат во тропските региони, каде се во голема

опасност од истребување како резултат на човечката дејност. Само околу 1000 видови се од

поголема економска важност, а како хранлив ресурс служат околу 15 видови.

Цветот како основно обележје на скриеносемените растенија

Различни бои и форми на цветови.

Карактеристично обележје на скриеносемениците е цветот, чија функција е размножување преку

развиток на семе. Цветот е силно изменет изданок составен од четири основни делови поредени во

одделни кругови. Надворешниот круг се состои од чашкини ливчиња (sepala) кои обично се зелени.

Внатрешниот круг е изграден од венечни ливчиња (petala) кои исто така се изменети листови, но

најчесто се повпечатливо обоени. Третиот круг го сочинуваат прашниците(stamen), односно машкиот

дел од цветот кој произведува полен. Највнатрешниот дел од цветот е женскиот и е претставен со

плодните листови (pistillum-и) кои се сраснати и образуваат плодник (carpellum).

Семето кај скриеносемениците се развива во јајчник, дел од плодникот кој ги обвива и заштитува

овулите што содржат јајце клетки. Семето се развива од овулата по опрашувањето и оплодувањето.

Овулите и семињата, сепак, не се среќаваат само кај скриеносемениците. Нив ги има и кај

голосемените растенија. Развитокот на семиња од овулите затворени во јајчник (овариум), кој се

Page 7: СОУ

зголемува во плод како што оплоденото семе расте, е единствена карактеристика за

скриеносемениците.

Еволуција

Цветот веројатно еволуирал од некоја изумрена голосемена група на растенија која

поседувала хермафродитни шишарки кои се опрашувале со помош на инсекти. Денешните

голосеменици најчесто се опрашуваат со ветер (анемофилија), но кај некои фосили постојат

индикации за опрашување со инсекти (ентомофилија).

Генеративните органи се група од растителните органи со кои растението се размножува. Генеративни органи на растението се:

Цвет Семе

Плод

Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. По формирањето на спорите или гаметите и после оплодувањето, од него се образуваат семето и плодот.

Всушност, цветот е видоизменет изданок со ограничено растење кој се образува од врвното стеблено меристемско ткиво кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Преминувањето на врвниот меристем од вегетативна во репродуктивна состојба настанува постепено. Обично цветниот меристем е кратко активен и активноста му опаѓа со самото формирање на цветот.

Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед - прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг.

Елементи на цветот

Полен на стигма од лилјан.

Page 8: СОУ

Цветни елементи : A = плодница; B = устенце; C = полуантера; D = лигула; E = столбче со устенце

Цветни елементи : A = плодница; B = долен дел од столбчето со венечни ливчиња; C = полуантера; D = столбче со устенце

Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува,

велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо

изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа

(Receptaculum).

Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) и репроgуктивни

(фертилни) елементи.

Page 9: СОУ

Заштитни елементи

Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од

тоа од какви листови е изграден, може да биде:

перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се

разликуваат по форма, големина и боја:

o венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните

o чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините

перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои

се идентични:

o чашка (Calyx или Sepala), зелени ливчиња со заштитна функција, од 2 до 5 во еден круг

o венче (Corolla или Petala), живо обоени ливчиња со заштитна функција, секогаш повеќе од две

o

Репродуктивни елементи

Цвет на Дневен лилјан, каде се забележуваат шест прашници и стигмата (устенцето) на плодникот

Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни

поколенија:

прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои

се образува поленот. Еден прашник е составен од:

o прашнички конец (Filamentum)

Page 10: СОУ

o прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии)

полуантери (Theca)

сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum)

плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови

"жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од:

o устенце (Stigma), за прифаќање на поленот

o столбче (Stylus), го поврзува устенцето со

o плодница или јајчник (Ovarium), се образуваат и развиваат семеновите зачетоци од кои се

формира плодот.

Видови на цветови

Цветови на повеќе главоцветни растенија, меѓу кои и на Rudbeckia fulgida.

Цветовите можат да се поделат врз база на различни критериуми.

Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме:

спирални (ациклични) - елементите имаат спирален распоред на издолжена цветна ложа. Вакви се

цветовите на лутичињата.

кружни (циклични) - доста чести цветови, елементите поредени во круг на силно скусена цветна ложа.

полукружни (семициклични) цветови - поедини елементи имаат спирален, а други кружен распоред.

Според местоположбата на прашниците и плодниците, има:

хермафродитни - двополни цветови, на кои има и прашници и плодици, како кај перуниката

еднополни цветови - машки или женски, поретки, на кои има само прашник или само плодник

стерилни - бесполови цветови, имаат само околуцветник, како кај георгината.

Според местоположбата на машките и женските цветови, има:

Page 11: СОУ

еднодомни - се развиваат на една единка, како кај пченката (кочан - женски, метличка - машки цвет)

дводомни - се наоѓаат на различни единки, односно појава на посебен пол, како кај врбата

тридомни - машките, женските и хермафродитните цветови се наоѓаат на три различни единки.

Симетрија на цветот

Асиметрични - не може да се поделат на две еднакви делови

симетрични - може да се поделат на еднакви делови:

o правилни (актиноморфни) - со најмалку две рамнини на симетрија

o неправилни (зигоморфни) - со најмногу една рамнина на симетрија.

Оплодувањето е процес кој почнува кога поленот ќе падне на устенцето – на плодникот. В

оприсуство на вода поленовото зрно ’рти во поленовата цевка, која се издолжува низ столпчето,

потоа минува низ микропилата и доаѓа до ембрионалната торбичка. Паралелно со издолжувањето на

поленовата цевка генеративното јадро на полеот се дели на 2 спермални јадра. Едното јадро е ја

оплодува јајце – клетката и од овој зигот натаму ќе се развие ембрионот на семето. Другото јадро ја

оплодува централната клетка и од добиениот триплоиден зигот ќе се формира ендоспермот на

семето. Значи, настанало двојно оплодување. Двојното оплодување е карактеристично само за

цветниците ( се оплодуваат и јајце – клетката и централната клета).

Кај скриеносемените растенија спорофитната генерација е најразвиена и трае во текот на целиот

живот на растението,. Гаметофитот е крајно редуциран и е сведен на гамети како единствени

хаплоидни клетки во развитокот на скреносемените растенија.

Семе

Page 12: СОУ

Семе од лен

Семето е репродуктивен растителен орган присутен кај семените растенија (голосеменици и скриеносеменици)

Цикасови растенија

Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се карактеризираат со голема

круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски

растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а

припаѓаат на одделот Cycadophyta.

Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да

се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија,

Пацифичките Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка,

каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска

клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно

Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала

компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста

застапени. Од овие растенија се прави саго.

Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат

слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува

невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.

Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија

Page 13: СОУ

Користена литература

- Интернет- Учебник за IV година

Page 14: СОУ

Цикасови растенија

Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се карактеризираат со голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а припаѓаат на одделот Cycadophyta.

Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија, Пацифичките Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка, каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Од овие растенија се прави саго.

Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.

Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија.

Page 15: СОУ

Користена литература

- Интернет- Учебник за IV година