12
БАЛЕТ

Балет

  • Upload
    bubpce

  • View
    239

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

БАЛЕТОТ (ballare - танцување) е танц од францускиот двор, подоцна развиен во Франција и Русија како концертна форма на танц. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Се изведува со придржба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц и поради тоа е прифатен ширум светот. Балетските претстави се кореографирани, вклучуваат мимика, глума и придружени се со музика, обично оркестарска. Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај него има и нео-класичен и модерен балет.

Citation preview

Page 1: Балет

БАЛЕТ

Page 2: Балет

БАЛЕТОТ (ballare - танцување) е танц од францускиот двор, подоцна развиен во Франција и Русија како концертна форма на танц. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Се изведува со придржба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц и поради тоа е прифатен ширум светот. Балетските претстави се кореографирани, вклучуваат мимика, глума и придружени се со музика, обично оркестарска. Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај него има и нео-класичен и модерен балет.

РАЗВОЈОТ НА БАЛЕТОТ КАКО УМЕТНИЧКА ФОРМА - 18-тиот век бил период на огромно напреднување на техничките стандарди на балетот и период кога балетот станал сериозна, драматична, уметничка форма на исто рамниште со операта. Клучен дел на овој напредок бил епохалниот труд на Жан - Џорџ Нувр, Lettres sur la danse et les ballets (1760), кој е фокусиран на развивањето на балетско движење, воведено од страна на францускиот кореограф Жан - Џорџ Нувр во 1760г. Го вклучува изразот на ликот и емоциите преку телата и лицата на танчарите - повеќе отколку преку разработени костуми и помагала, при кое движењата на танчарите се создадени да го изразат ликот и да асистираат при раскажувањето. Во ова време, жените играле второстепена улога како танчери, оптоварени со обрачи, корсети, перики и високи потпетици. Композитори како Кристоф Глук ги вовеле реформите во балетските композиции. Конечно, балетот бил поделен на три формални техники sérieux, demi-caractère и comique. Балетот почнал да се прикажува и во опери како интермецо. 19-тиот век бил период на огромна социјална промена која се рефлектирала во балетот како пребегнување од аристократската чувствителност, доминантна во претходните периоди преку романтичниот балет. Балерините како Мари Таглиони и Фани Елслер вовеле нови техники како pointework - играње на прсти, истакнувајќи ги балерините како идеална фигура на сцена. Професионалните либретисти ги зајакнале приказните во балетот и репетиторите како Карло Бласис ја кодифицирале балетската техника во основната форма која се применува и денес. Се измислиле и балетанки кои го подобруват pointework. Како реакција од индустријализацијата која вовела комплексна машинерија и фабрики и како реакција против формалните ограничувања се јавил романтизмот. Времето придонело кореографите да создадат романтичен балет, лесен и просторен. Балерините почнале да носат романтични балетски фустани со пастелни, лелеави здолништа кои ги разголуваат потколениците.

ОБУЧУВАЊЕ - Во класичниот балет, постојат најмалку седум методи на учење од кои најпознати се рускиот метод Ваганова, италијанскиот метод Цечети, англиските - методот на Royal Ballet School и методот на Royal Academy of Dance и американскиот Баланчајн. Tехниките кои се застапени во класичниот балет претставуваат шаблон за многу други танцови стилови, во кои се вклучуваат и хип-хоп, модерен и/или современ балет. За жените, типичната балетска одора вклучува розови, сини или месо-боја хулахопки и трико, кое може да биде во различни бои и стилови, со додатно набрано здолниште. Машката типична балетска одора вклучува хеланки со маичка која се прилагодува на формата или трико. За време на наставата, танчарите носат меки балетанки. Балерините најчесто носат розови или песок боја балетанки додека пак машките носат црни или бели. Често пати, се носат и греачи, за време на првиот дел од часот со цел да ги заштитат мускулите на танчарите сè додека тие не се загреат. За време на балетскиот час, од женските се бара да ја соберат косата во пунџа или на друг начин со цел да биде прибрана и да не смета на вратот. Целта на овие барања за класична балетска одора и фризура, е да му овозможат на танчарот слобода на движење и да им дозволат проценка на репетиторите за ставот и техниката на танчарот. Штом се постави формата на основната техника, жените започнуваат со носење шпиц патики додека мажите сè уште носат меки балетанки и учат понапредни скокови и вртења. Возраста на која танчарите почнуваат со en pointe варира од ученик до ученик. За да се биде во состојба да се игра на шпиц патики, најбитен фактор е силата.

Page 3: Балет

ИЛУЗИЈА НА ЛЕТАЊЕ - За да изведе рутини кои бараат повеќе напор, балетскиот уметник делува како да ги побива законите на физиката. Основната физика и разбирањето на човечката перцепција го овозможуваат ова. Потребен е висок степен на физичка подготвеност. На пример, при grand jeté, танчарот може да делува како да лебди. Физички, неговиот/нејзиниот центар на гравитација опишува парабола како што и еден проектил. За да го постигне ова, танчарот ги истегнува своите раце и нозе со што го камуфлира падот и ја наведува публиката да мисли дека тој/таа лебди. A Pas de Chat – чекор на мачкаta, ја создава истата илузија. Танчарот започнува со plié, па потоа за време на фазата во која чекорот се воздигнува, брзо ги крева и двете колена едно по друго, со колковите нанадвор издадени, така што за момент двете стопала се во воздух истовремено, разминувајќи се. За момент, танчарот делува како да лета во воздухот,а при приземјувањето треба да се внимава. Танчарот се навалува на колената, го свиткува стопалото од палецот кон петицата.

МЕТОД - Иако постојат регионални варијанти, правилата и речникот на движења во балетот се исти насекаде низ свет. Различните балетски техники на обука се наменети за да создадат поинаков естетски квалитет од ученикот. Ова пред сè се забележува во високите издигнувања и динамични вртења во рускиот балет, додека пак италијанскиот балет настојува да биде поприземјен и се фокусира на брза, комплицирана работа со стопала. На пр. тарантела е добро познат италијански народен танц, за кој се смета дека влијаел на италијанскиот балет. Најистакнатите балетски методи се именувани според своите создавачи. На пример, двата распространети системи во Русија се познати како метод Ваганова по Агрипина Ваганова и метод Легат по Николај Легат. Добро познатиот метод Цечети се заснова на техника која ја развил и предавал италијанскиот танчар Енрико Цечети (1850–1928). Друг европски систем, кој се заснова на наставните методи на французинот Агуст Вестрис, се развил во Копенхаген од страна на Агуст Бурнонвил (1805–1879). Системот се учи главно како традиција во неговата татковина, Данска.

МАРИЈА ТАЉОНИ (23.4.1804г. - 24.4.1884г.), била балерина од ерата на романтичниот балет и чентрална личност во историјата на европското танцување. Родена е во Стокхолм, Шведска. Нејзиниот татко и учител Филипо Таљони, го направил балетот „Силфида” само за неа, кој ја прославил како балерина. Го напуштила Париската куќа во 1837г. и го прифатила тригодишниот договор со Балетот Марински во Санкт Петербург. По нејзиниот последен настап во Русија 1842г., нејзините балетанки биле продадени. Во класичниот балет ја вовела позата со прекрстени раце, кој прв пат ја извела во балетот „Жизел”, бидејќи сметала дека фигурата на нејзиното тело е несовршена , а ако ги прекрсти рацете ќе ја поправи . Професионалната балетска кариера ја завршила во 1847г., кога Париската оперска куќа, била реорганизирана на построги и

попрофесионални темели, таа се вратила во него. Заедно со директорот на новиот Танцувачки конзерваториум, Лисијен Петип и кореографот Луј Мерант, била во шесточленото жири на првото годишно натпреварување Corps de ballet. Подоцна држела часови за стандардни танци на деца, дами и мал број на балетски ученици. Нејзиното единствено кореографско дело е балетот „Пеперутка”, за нејзината омилена ученичка Ема Ливри. Јохан Штраус II во нејзина чест ја компонирал полката „Марија Таљони”, користејќи ја музиката од сите балети во кои настапила.

ТЕХНИКА МАРИ ТАЉОНИ, пионер на играње на прсти - Класичниот балет доста го нагласува методот и изведбата на движење. Дистинктивна карактеристика на балетот е надворешната ротација на бедрата од колкот, која се нарекува "turnout". Основата на танцот се состои од пет основни позиции и сите се изведуваат со turnout. Образованието за методите на танцот во училиштата, започнува кога се млади, а завршува со матура по средното образование. Од учениците се бара да ги научат имињата, значењата и прецизната техника на секое движење. Акцент се удира на зацврстување, пред сè, на долниот дел од телото, поточно нозете и срцевината (наречено и центар на

Page 4: Балет

абдоменот) бидејќи силна срцевина е потребна за сите движења во балетот, особено за вртењата. Акцентот се удира и на развивање флексибилност и силни стапала за "en pointe" - играње на прсти.

АВГУСТ БУРНОНВИЛ (21 Август 1805 година - 30 ноември 1879) е во Данска балетски мајстор и кореограф. Август бил син на Антоан Бурнонвил, танчер и кореограф обучен кај француски кореограф, Жан Жорж Нувр, и внук на Џули Аликс де ла Феј, родена Бурнонвил, од Кралскио шведски балет. Август бил роден во Копенхаген, Данска, каде што неговиот татко се преселил. Тој студирал кај италијанскиот кореограф Винченцо Галеоти на Кралскиот балет во Данска, Копенхаген и во Париз, Франција, кај француски танчер Огист Вестрис. Тој иницирал уникатен стил во балет познат како Бурнонвил школа. По студиите во од Париз, како млад човек, Август стана соло танчер на Кралскиот балет во Копенхаген. Од 1830г. -1877г. тој бил кореограф на Кралскиот

балет во Данска, за кои то создал повеќе од 50 балети кои восхитувале со нивното изобилство, леснотија и убавина. Тој создал еден стил кој, иако под влијание на балетот од Париз, тој е целосно негов. Како кореограф, тој создал голем број на балети со различни поставки кои се движат од Данска кон Италија, Русија во Јужна Америка. Ограничениот број на овие трудови опстојале до денес. Методот Бурнонвил станал познат надвор од Данска дури по Втората светска војна. Најпознати балети на Бурнонвил се Сулфида (1836г.), Наполи (1842г.) и Народна приказна (1854г.).

МЕТОДОТ БУРНОВИЛ е балетска техника и систем за тренирање осмислена од страна на данскиот балетски мајстор Аугуст Бурновил, кој тренирал со својот татко Антоан Бурновил и други познати француски балет мајстори. Тој бил под силно влијание на првото Француско училиште за балет, кое што го зачувало неговото учење и кореографијата, кога традиционалните француски методи почнале да исчезнуваат од Европскиот балет. Тоа што се смета денес дека "Бурновил стил" во основа е нефилтрирана техника на француската школа за класичен танц, од 19 век. Оваа техника има многу основна употреба на рацете, обично ги има во подготвена позиција. Водечкиот принцип на методот Бурновил е дека танчерката треба да настапи со природна грациозност, драматично влијание и хармонија меѓу телото и музиката, доброто држење на рамената, горниот дел на телото обично се врти со работење на ногата и го потенцира движењето. Големо внимание се посветува на формата и поставеноста на рацете кои се држат во предниот дел на телото во сите позиции, за да се биде анатомски точен. Пируетите се изведуваат во позиција со низок став. Бурновил метод забележува брз развој на техниката на нозете. Не треба да има видливи напори. Треба да има видлива разлика помеѓу брзината на нозе и грациозноста на рацете и торзото. Нозете се ритам, рацете се мелодијата

АГРИПИНА ЈАКОВЉЕВНА ВАГАНОВА (6 јули 1879г. - 5 ноември 1951г.) била најзначаен руски, балетски педагог. Целиот живот и кариерата ги поминала во Петроград, во една од најзначајните балетски училишта на светот, која од 1957г. го носи нејзиното име. Откако дипломирала, станала член на Империјал балетот. Нејзините креации биле забележани од публиката, а критиката ја нарекла „кралицата на варијации”. Сепак, балет мајсторот на Империјал балетот, Маријус Петипа, ја немал в предвид за премиери и представи со големо значење. Титулата прима балерина ја добива една година пред да ја заврши балетската кариера. Потоа, таа започнува да предава педагогија. Развива свој систем на вежби, кој претставува комбинација од знаења кои ги стекнала во школото на Империјал балетот, со методите кои ги користела во Италија и Франција, како и со

сопствените решенија, до кои дошла во текот на својата балетска кариера. Овој систем денес е наречен „Методот на Ваганова”.

Page 5: Балет

МЕТОДОТ ВАГАНОВА е метод за учитење класичен балет, кој бил развиен од страна на Агрипина Ваганова која била студент на Царското балетско училиште во Санкт Петербург, каде дипломира во 1897г., а почнала да игра професионално за матичната компанија на училиштето, на Царскиот руски балет. Таа се повлекла од играње во 1916г. и ја продолжува учителската кариера. По Руската револуција од 1917г., таа се враќа во училиштето како професор во 1921г. Царскиот руски балет бил расформиран и повторно бил основан како Советскиот балет. Како учител, Ваганова осмислила свој начин за обука на класичен балет, спојувајќи елементи на француските, италијанските и др. методи, како и влијанија од други руски танчерки и учители. Овој метод станал познат во светот како метод Ваганова и таа била поставена за директор на училиштето, тренирала некои од најпознатите танчерки во историјата. Преку 30 години таа поминала во предавање балет и педагогија. Таа развила прецизна танц техника и систем на настава. Начелата на методот Ваганова вклучуваат развој на долниот дел на грбот, цврста рака и потребна сила, флексибилност и издржливост за балет. Голем дел од нејзината работа е фокусирана на способност на танчерката за изведување на класичните Рas de Deux - чекори за двајца и вештини потребни за еден таков настап. Во однос на педагошка обука, Ваганова го сконцентрирала вниманието врз прецизноста во наставата на наставниците, особено кога треба да ги учат што, колку долго треба да ги учат и во која количина. Методот Ваганова се смета дека е многу чист, со прецизни движења кои што ги изразуваат чистите линии со голема мекост. Иако некоја Ваганова обучена танчарка ќе биде многу силна и чиста, таа / тој се уште ќе бидат меки и ќе се претстават добро на сцената без роботска вкочанетост.

ЕНРИКО ЧЕКЕТИ (21 јуни 1850г., Рим - 13 ноември 1928г., Милано) е италијански балетан, мимичар и основач на методот Чекети. Како син на двајца танчери, тој е роден во гардеробата на Театарот Тородина во Рим. По славната кариера како танчер во Европа, тој отишол да игра за Кралскиот балет во Санкт Петербург, Русија, каде што дополнително ги усовршувал своите вештини. Чекети бил пофален за неговата агилност и сила во неговите настапи, како и за неговите технички способности, во играњето и по 1888г., тој бил широко прифатен како најголем балетски виртуоз во светот. По угледната кариера во Русија, тој се свртел кон наставата. Некои од неговите ученици биле многу познати танчерки на

Кралскиот балет, како што се: Ана Павлова и Вацлав Нијински. Тој исто така на многу балети им дал нова поставка, вклучувајќи ја и дефинитивната верзија од М.И.Петипа на Копелиа во 1894г., врз која речиси сите современи верзии на делото се темелат (верзија Чекети била нотирана во почетокот на 20 век, и денес е дел од Сергеевата Колекција).

МЕТОДОТ ЧЕКЕТИ е балетски тренинг метод осмислен од страна на италијанскиот балетски мајстор Енрико Чекети (1850-1928). Методот е стриктен систем за обука со посебна грижа за анатомијата во рамките на границите на класичните балетски техника, а се обидува да ги развие основните карактеристики на танцот, на своите студенти преку ригиден режим на тренирање. Целта била студентите да научат да танцуваат со проучување на интернационалните основните принципи, во обид да станат свои и независни, наместо да имитират движења изведени од страна на нивните наставниците. Методот традиционално има седум степени со испити до дипломирање. Методот Чекети се разликува од другите училишта, во напорите да се намали тренингот на танчерка за егзактна наука. Тоа наметнува фиксен режим, со сет на вежби за секој ден во работната недела. Ова гарантира дека различни типови на чекори ќе се практикуваат по планираниот редослед и дека со секој дел од телото подеднакво се работело. Секоја вежба се изведува од лево, како и од десно, почнувајќи со едната страна една недела, а другата следната недела. Како и кај сите балетски техники за обука, начинот Чекети го поучува ученикот да размислува за движењето на стапалото, ногата, раката и главата не како нешто одделно, туку во однос на целото тело, да се развие чувството за грациозните линии. Чекети утврдил дека е поважно да се извршува една вежба правилно еднаш,

Page 6: Балет

отколку да се направи тоа десетина пати немарно. Квалитетот, отколку количината е водечко правило. Методот на Чекети е класичен, се фокусира на линијата без екстраваганција или пребирливост на движењето. Методот вклучува сеопфатен речник на движења, вклучувајќи речиси четириесет "adages", компонирани од Чекети за развој и одржување на способностите на танцувачите. Иако инсистирал на строго почитување на неговата програма за секојдневна практика, тој, исто така учи дека лекцијата на денот треба да биде проследена со проучување нови чекори составени од страна на наставникот, за да се развие силата на студентот со "брзо учење" .

ЏОРЏ БАЛАНЧИН (22 јануари 1904г. - 30 април 1983г.) е роден како Гиорги Баланчивадзе во Санкт Петербург, Русија, од татко Грузиец и мајка Русинка. Бил еден од најистакнатите кореографи на 20-тиот век, пионер на балетот во САД, коосновач и балет мајстор во Њујорк Сити Балетот, тој го создал модерниот балет, врз основа на своето длабоко познавање на класичните форми и техники. Тој бил кореограф познат по својата музикалност, тој не ја илустрирал музиката, туку го изразувал тоа во танцот и работел интензивно со Игор Стравински. Триесет и девет од неговите 400 балети имале кореографија со музиката на Стравински. Неговата работа создала мост помеѓу класичниот и модерниот балет.

МЕТОДОТ НА БАЛАНЧИН е балетска техника развиена од кореографот Џорџ Баланчин и на почетокот се користела во Њујорк Сити Балетот. Тој барал екстремна брзина, многу длабоко plie - непречено и континуирано виткање на колената, неконвенционални рамена и раце, а акцент бил ставен на линиите. En-dehors pirouettes често се преземени од 4-та позиција на нозете, со исправена на задната нога и отворена предна рака. Исто така, забележлива е специфичната арабеска, со колкот на танчерот е отворена кон публиката, додека на страна раката е притисната на грбот, со користење на спирала да се создаде привид на подолга, повисока арабеска линија. Со Баланчин методот танчерите користат повеќе простор за помалку време, мора да бидат исклучително подготвени, флексибилни, а повредите можат да бидат чести за оние неискусните во оваа техника.

14 ВЕКСРЕДНОВЕКОВЕН ТАНЦ - Изворите за танцот во Европа во средниот век се ограничени, составен од некои цртежи во слики, неколку музички примери на она што може да биде танц, како и расфрлани алузии во литературните текстови. Првите детални описи на играње датираат од 1450г., Италија, се појавиле по започнување на ренесансата.

15 ВЕК Знаењето за италијанскиот танц кој потекнува главно од делата на тројца италијански танц мајстори: Доменико да Пјаченза, Антонио Корназано и Гиљермо Ебрео да Песаро. Нивните дела се однесуваат на слични чекори и танци. Главните видови на танци се опишани како bassa danze и Balli. Ова се првите европски танци кои се добро документирани.

16 ВЕККАМЕРЕН БАЛЕТ - Еден камерен балет е камерен музика со перформанси или дело кое има еден или повеќе балетски уметници. Композиција со додавање на танчери или целосен балет се изведува со помош на помалите ансамбли.РЕНЕСАНСНИ ТАНЦИ - припаѓаат на широка група историски танци. За време на периодот ренесанса имало разлика помеѓу национални танци и дворски танци. Дворските танци барале танчери кои биле обучени и каде често изведувале претстава и правеле забава, додека националните танци можеле да бидат изведени од секого. Танцовите опишувани како национални се: Chiarantana или Chiaranzana, кој станал популарен во текот на еден подолг период - околу два века. А, ренесансниот танц е сличен на бал.

Page 7: Балет

Знаењето за дворските танци било зачувано подобро од она за националните танци, бидејќи тие биле собрани од страна на мајстори за танцување, во ракописи, а подоцна и во печатени книги. Најраните преживеани ракописи што овозможуваат детални инструкции за танцот се од 15 век во Италија. Најраните печатени прирачници за танцот потекнуваат од крајот на 16 век, од Франција и Италија. Најстариот за танц прирачник е отпечатен во Англија и не се појавил се до 1651г. Танците во овие прирачници се крајно различни по својата природа. Тие се движат од бавни, дворски танци - bassadance, pavane, almain, до брзи, живи танци - galliard, coranto, canario. Првите, во кои нозете на танчерите ја напуштат земјата биле стилизирани за танцот Basse while, енергични танци со скокови и кревањата се нарекувале висок танц. Некои биле во кореографија, другите биле импровизирани на самото место. Танцот за двојки lavolta, вклучувал држење за раце на тачерот и танчерката, а танчерката била кревана во воздух и двојката прави 3/4 вртење. Другите танци, како branles, каде танцувале многу луѓе во круг или линија.INTERMEDIO или INTERMEZZO - Тоа е танц кој бил присутен во ренесансна Италија, тоа било театарски изведен спектакл со музика, танцот бил изведуван помеѓу два чина, кои биле играни за славење во специјални настани на Италијанскиот двор. Тој бил еден од предвесниците на операта и имале влијание на другите форми како што била на Англискиот двор masque. Интермедио биле пишувани и изведувани од касниот 15 век се до 17 век, по 1600г. оваа форма се соединила со операта. Сепак, интермедио продолжил да се користи во академиите а продолжувала да се изведува помеѓу чиновите на операта.BALLET COMIQUE de la Reine - Овој балет бил забава во кралските дворови, сега сметан за прв дворски балет. Тој бил поставен во Париз, во 1581г. на дворот на Катерина де Медичи, била направена кореографија од Балтазар, а танцувалa Кралицата Луиза и жените од дворот. Балетот бил познат како долг, траел четири часа и со расфрлан сценски дизајн, имал подобри костими и сконцентриран околу митот за грчката божица Кирка.

17 ВЕКENGLISH COUNTRY DANCE - Ова е форма на фолклорен танц, а најраните документи за него се од касниот 16 век. За Кралицата на Англија - Елизабета Прва е запишано дека била забавувана од „Народни Танци”. Англиските национални танци биле популарни за време на Барокот и Регентот.

18 ВЕКБАРОК ТАНЦ - Овој танц припаѓа на Барокната ера во Европа од 1600г. - 1750г., многу е близок на Барокната музика, театарот и операта.OPERA-BALLET - бил популарен жанр во Француската барокна опера. Содржел многу музички танци, повеќе чинови, имало индивидуални настапи кои биле наречени - чинови на балетот.BALLET D`ACTION - е балетско движење кое започнало од Францускиот кореограф Жан Жорж Новер во 1760г. Вклучил експресија во карактерот и емоција низ телото на танчерите и нивните лица и подобрени костими. Движењето започнало со негатвната реакција на Новер, за тоа што тој го сметал фокусирање на танчерите на техничката експертиза и занемарувањето на вистинската цел на балетот.

19 ВЕКРОМАНТИЧЕН БАЛЕТ - бил дефиниран првенствено од ерата во балетот, која вклучувала идеи на Романтизмот од уметноста и литературата. Се смета дека започнал во 1872г. во Париз, со деби на балерината Мари Таглиони. За последен Романтичен балет се смета балетот „Coppelia” од 1870г. на Артур Сент - Леон. Многу романтични балети се фокусирале на конфликтот помеѓу човекот и природата, донесување на егзотичните светови од далечните земји и националните карактери. Во овој период предноста на танчерите опаѓа, за разлика од балерините кои го заземаат центарот на сцената. Исто така, развојот на „стоењето на прсти” сеуште било во почетна фаза. Многу литографии во периодот го покажуваат нејзинто практично лебдење, поставена само на врвот на ножниот

Page 8: Балет

палец. Оваа идеја на бестежинска состојба се искористила во балетите како „Сулфида” и „Жизел”, а познатиот скок бил испробан со Карлота Гризи во „Пери”. Другите карактеристики кои се разликуваат кај Романтичниот балет биле да се оддели идентитетот на сценаристот или авторот од кореографот и присуството на специјално напишаната музика за разлика од пастиш типични за балетот од крајот на 18 и почетокот на 19 век. КЛАСИЧЕН БАЛЕТ е најформален балетски стил кој се придржува до традиционалната балетска техника. Според областа на потеклото, постојат варијанти како рускиот, францускиот, британскиот и италијанскиот балет. Методот Ваганова, именуван по Агрипина Ваганова како и методот Цечети, по Енрико Цечети се руски и италијански методи, односно потекнуваат од оригиналниот француски метод. Класичниот балет е најпознат по неговите уникатни карактеристики и техники, како стоење на прсти, ротација со ногата од колковите и високите протегнувања; грациозните, течни, прецизни движења; и духовните квалитети.

20 ВЕКСОВРЕМЕНИОТ БАЛЕТ - е форма на танц на кого влијаеле и двата: класичниот балет и современиот танц. Тој ги земал нивните техники и користењето стоење на прсти од класичниот балет, иако се дозволува поголем опсег на движење, кое нема да може се придржува кон строгите линии на телото поставени од страна на училиштата за балетска техника. Многу од неговите концепти потекнуваат од идеи и иновации на модерниот танц, од 20 век, вклучувајќи ги и floorwork, балетски движења и вртења со нозе.МОДЕРНИОТ ТАНЦ - е танц форма развиена на почетокот на 20-ти век. Иако терминот современ танц, исто така се применува за категории од 20 век, сала за танци, модерен танц, како термин најчесто се однесува на концертниот танц од 20 век.ПОСТМОДЕРНИОТ ТАНЦ - е концертна танц форма на 20 век. Како одговор на композициските и презентациските ограничувања на современиот танц, постмодерниот танц го поздрави користење на секојдневните движења како валидна ефикасност на уметноста и се заложија за новите методи на танцовиот состав. Тврдејќи дека секое движење е танц, и секое лице е танчер, со или без обука, почетокот на постмодерен танц, бил тесно поврзан со идеологијата на модернизмот, а не со архитектонскиот, литературниот и дизајнот на движења на постмодернизмот. Сепак, постмодерното танцово движење брзо се развива за да може да ја прифати идеологијата на постмодернизмот, што се одразило во широк спектар на танцовите дела кои произлегуваат од Џадсон Танц театарот - почетокот на постмодерниот танц. Траејќи од 1960г. до 1970г. главниот удар на Постмодерниот танц бил релативно со краток живот, но неговото наследство живее во современиот танц - спој на модернизмот и постмодернизмот и во подемот на постмодерните кореографски процеси кои имаат произведено широк спектар на танцови дела во различни стилови.СОВРЕМЕНИОТ ТАНЦ - е жанр на концертни танцови кој содржи композициска филозофија, наместо кореографија, за водење на некореографските движење. Таа користи танцови техники и методи пронајдени во балет, модерениот танц и постмодерниот танц, а таа исто така влече од други филозофии движења, кои се надвор од кралството на класичната танцова техника. Терминот "современ танц" понекогаш се користи за да се опише за танц, што не е класичен џез или традиционални фолк / културен за танц,. Белег на современиот танц е свеста за ограничувањата на формата.НЕОКЛАСИЧНИОТ БАЛЕТ - е стил на класичниот балет во 20 век, пример се делата на Џорџ Баланчин. Тој се базира на напредната техника на Рускиот царски танц од 19 век, но необични се неговите детални наративни и тешкиот театарски амбиент. Она што е останато е играта сама по себе, софистицирана, но елегантно модерна, задржувајќи ги шпиц чевлите, естетски, но добро избегнувајќи мека драма, мимика по целата должина на приказната во балетот. Тим Шол, автор на „Од Петипа до Баланчин”, го смета Џорџ Баланчиновиот „Аполон” во 1928г. за првиот неокласичен балет. Аполо претставува враќање на формата како реакција на апстрактните балети на Сергеј Дигхилиев.ЕКСПРЕСИОНИСТИЧКИОТ ТАНЦ - е европска форма во 19 век, поврзан со германскиото експресионистичко движењето. Иако се смета како дел од поголем модерен

Page 9: Балет

танц, движењето е одделено од модерниот танц. Германската експресионистичкиот форма е позната како Ausdruckstanz и е поврзана со Tanztheater.

КОРЕОГРАФИЈА е уметност за дизајнирање на секвенци од движења, а во буквална смисла зборот значи „танцот пишува”. Инаку, терминот кореографија првпат се појавил во Американско - англискиот речник во1950г. Тоа е играчка уметност, која ја изведува балеина, балетан или целиот балетски ансамбл.

КОРЕОГРАФ е човек кој ги создава танцовите, тој одлучува кои чекори ќе ги користат танчерите, кореографот работи со балетски играчи, со славни личности - кога треба да се осмисли кореографија за спот или концерт, ја осмислуваат кореографијата за мјузиклите - кои можат да бидат изведени како театарска претстава или како филм.

ДИВЕРТИСМАН е концертна програма, составена од танцови - игри кои се различни по жанр и карактер.

СОЛИСТ е балетски уметник - уметничка, кој ги изведува главните и споредните улоги во претставите или солистичките делови.

АНСАМБЛ - може да биде машки и женски, тоа се балетски играчи кои играат заеднички сцени, без подеинечни делови.

БАЛЕРИНА е уметничка која има балетско образоание и игра балет. На почетокот зборот балерина означувал истакната солистка, тоа што денес се нарекува примабалерина. Денес зборот балерина ја означува секоја членка на балетската трупа, а и секоја женска личност која има балетско образование.

ПРИМАБАЛЕРИНА е најистакнатата солистка во балетската трупа и ги игра водечките - главни улоги. Овој термин се користи за уметничка која игра класичен репертоар. Една балетска група може да има повеќе солистки со оваа титула. Оваа титула не се доделува во трупите кои играат модерен балет.

ПРИМАБАЛЕРИНА АСОЛУТА е највисоката титула која може да ја добие некоја балерина. За да се добие оваа титула изведбата, глумата и заедничката игра со партнерот, балерината треба да ги остварува на сцената со најголемо совршенство. Исто така, сето тоа треба да биде проследено со грациозност, движењата да се изведуваат со голема леснотија, при што публиката добива слика дека балерината едноставно лебди. Оваа висока титула ја имаат добиено само неколку балерини: Пјерини Лањани и Матилда Кшесинска од Италија, Галина Уњанова и Маја Плисецкаја од Русија, Марго Фонтејн од Англија, Алисија Алонсо од Куба, Алесандра Фери, Светлана Захарова, а иако ја нема оваа титула Ана Павлова била сметана за примабалерина асолута.

БАЛЕТАН е уметник кој има балетско образование, може да биде член на ансамбл, да биде солист и да ги изведува главните улоги, а титулата на балетаните која е на исто ниво со примабалерина е балет мајстор.

ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ

Националност: РусинЖивот: 1840г. Камско - Воткинск - 1893г. ПетроградПишувал: балети, опери, симфонии, композиции за хор, песни, камерна музика, солистички композиции за клавир и виолина.

П.И.Чајковски бил еден од најголемите руски композитори и симфоничари кој со своите креации ја одбележа ерата на доцниот романтизам, како еден од најсестраните и најплодните. Во руската

Page 10: Балет

музика се појавил истовремено со композиторите на „Руската петорка”, но не бил нивни член. Неговата музика која го задржала рускиот карактер, била многу добро прифатена. Но, таа соджела повеќе западни елемнети кои успешно ги комбинирал со руската народна музика. На пет години веќе знаел да свири клавир, на четрнаесет години компонирал валцер који ги посветил на неговата почината мајка. Предавал хармонија на Конзерваториумот во Москва и пишувал музички критики. Потоа се посветил на оркестарското диригирање, откако го пребродил стравот од јавните настапи. Во Русија, Европа и САД, настапувал како диригент, притоа диригирајќи на сопствените дела. Материјалната независност и престојувањето во други земји, му било овозможено од неговата мецена - Надежда Вон Мек. Нивното допишување овозможило да се дознаат податоци за неговата работа и естетските погледи. Многу негови дела се инспирирани од настаните во неговиот живот. Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет. Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, а неговуите три балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од најизведуваните балети на сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишните времиња“.

ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО ( синопсис )ВОВЕД - Младиот Зигфрид, задлабочен е во своите мечти и фантазии за измислената девојка во бело. Но таа е само илузија. Во својата надеж да ја сретне и да се вљуби во точно таква тој заспива. Одненадеж се појавува чуден човек – тоа е волшебникот на злото – Ротбарт. Тој дознава за мечтаењата на младото момче и решава да докаже, дека вистинската љубов е само измислица на писателите, поетите и уметниците. Затоа создава план во кој на почитта, славата, љубовта, ќе им ги спротивстави предавството и каењето... ЧИН 1: прва сцена „Парк на Замокот“ Слугите на кралството танцуваат на пољанката. Забележувајќи го младиот принц кој спие, тие се изненадени: тој е облечен во чудна облека! Нашиот млад херој се буди.. Каде е тој?! Се околу него е непознато и чудно, сите му се поклонуваат. Во секој момент треба да се појави неговата мајка – Големата Кралица! Наеднаш му станува јасно дека го сметаат дека е тој  наследникот на круната – Принцот Зигфрид! По се изгледа тоа е сон, но тој сон е неочекуван и пријатен, а да се биде малку во улога на Принц, е  интересно! Нашиот херој е преоблечен. Тој по првпат ја гледа Големата Кралица, а таа нежно го бакнува и му го подарува семејниот медалјон. Навистина интересна игра. Продолжува веселиот празник во чест на полнолетството на Принцот Зигфрид. Во далечните кралства веќе се испратени покани и невестите - кандидатки веќе се на пат. Утре треба да биде избрана таа која ќе му се допадне на принцот. Гледајќи ги белите лебеди како прелетуваат тој посакува да оди на лов кај езерото. втора сцена „Езеро“ Злобниот Ротбар ликува: се оди по неговиот замислен план. Ги претворил белите лебеди во девојки – лебеди. Меѓу нив, прекрасната Одета, на која Зигфрид треба да и се заколне во вечна љубов. На брегот на езерото тие се сретнуваат. Принцот е восхитен од убавината на девојката. Неговото срце трепери – тој е убеден дека ја нашол својата љубов. ЧИН 2: прва сцена „Дворец“Во дворецот се е подготвено за свечената церемонија. Се собираат гостите. За Принцот Зигфрид танцуваат волшебно убави невести од различни држави. Но тој неможе да го направи својот избор – во неговото срце живее само Одета. Неочекувано пристигнува непозната кандидатка за невеста - сестрата на Одета – Одилија. Таа е прекрасна и маѓепсаниот од нејзината убавина Зигфрид и се колне на Одилија во вечна љубов. Но магијата бргу исчезнува. Зигфрид го раскинува гревот кој го направи кон Одета. Мора да оди на езерото, да ја види и да побара прошка од неа. втора сцена „Езеро“ На езерото е бура! Одета плаче. Ротбарт го чека Зигфрид на подготвениот за него решавачки испит. Зигфрид се појавува. Тој ја нарушил клетвата, ја предал својата љубов и го уништил сопствениот идеал! Тој ја моли Одета да му прости и и објаснува дека некој раководи со неговото волја. Тој не може да ја предаде сопствената љубов! Пред нив возникнува генијот на Злото – Ротбарт и Зигфрид сфаќа кој бил тој човек. Само арбалетот може да го запре овој демон! Зигфрид пука од арбалетот во Ротбарт, но наместо тој, погодена е Одета. Очаен Зигфрид се фрла во бездната по неа.

Page 11: Балет

ЕПИЛОГ - Сонцето се издига на хоризонтот...Злобниот волшебник е разочаран - ако постои самопожртвување, постои и љубов. Тој го запира сонот. Младото момче се буди... Неговата љубов и стремеж кон идеали не исчезнаа! Како награда, судбината му испраќа непроценлив подарок. Пред момчето се појавува девојка. Таа е вистинската, за која тој мечтае цел свој живот. Таа е, таа која што тој ја љуби и и се восхитува!!! Се упатуваат трчајќи еден кон друг, кон својата среќа, Сето тоа го набљудува Генијот на Злото – Ротбарт. Тој е силен, но да ја победи вистинската љубов не е во неговата моќ. Да се уништи тој – не е можно, но можно е да се победи!!! Ротбарт заминува.

АЛЕКСАНДАР ГЛАЗУНОВНационалност: РусинЖивот: 1865г. Санкт Петербург - 1936г. ПаризПишувал: симфонии, симфониски песни, увертири, суити, сценска музика, кантати, балети

Тој е руски композитор на доцниот романтичен период, музички учител и диригент. Припаѓал на генерацијата меѓу Руската петорка, со Чајковски од една страна, меѓу композитори како Стравински, Прокофјев, Шостакович, од друга страна. Неговото симфониско изразување не се темело врз „бо јата на звукот ” на инструменталните системи, туку на јасноста на полифонијата и музички логика. Глазунов е роден во семејство на книго - издавачи,

каде што многу се музицирало - мајка му била талентирана пијанистка. Со осум години почнал да го изучува пијаното, со единаесет да компонира. Тој бил самоук и напредувал многу брзо како музички студент. Помеѓу 1879г. и 1881г. студирал хармонија и композиција со Николај Римски-Корсаков, кој со знаењето на студентот бил исклучително импресиониран. Во 1882г., кога имал 16 години, била изведена неговата прва симфонија. Кога композиторот на партитурата ја разгледал 50 години подоцна, тој рекол дека на оваа композиција не е потребно да се смени ниту една нота. Искрено, Глазунов, во смисла на музика пораснал необично брзо. Работел како директор на Конзерваториумот во Санкт Птербург помеѓу 1905г. и 1928г., а исто така го реорганизрал институтот во Петроградскиот Конзерваториум, а потоа и Конзерваториумот во Ленинград, по Болшевичката револуција. Најпознатиот студент во неговиот мандат, во првите години бил Дмитри Шостакович. Глазунов бил значаен по тоа што тој успешно ги усогласил национализмот и космополитизмот во руската музика. На прво место бил композитор на инструментални дела. Во 1928г. тој ја напуштил Русија и патувал низ Европа и САД. Тој починал во Париз.

РАЈМОНДА ( синопсис )ВОВЕД - Таинствената Бела Дама - покровителка на познатата фамилија на младата грофица Рајмонда де Дорис се појавува над древниот фамилјарен замок осветлена од месечевиот сјај. Таа секогаш доаѓа тука во најтешките моменти од животот на станарите на замокот за да ги заштити од опасноста, грешките и за да го зачува мирот во семејството. Сегашното нејзино појавување е предизвикано од многу важен настан во животот на убавата Рајмонда - изборот на брачниот сопатник. Белата Дама - чуварка на семејните тајни и традиции, сака да и помогне и да ја заштити од искушение. Таа раскажува една средновековна рицарска легенда во која се величат благородството, љубовта и посветеноста на долгот.ЧИН 1: Во замокот дојдоа пријателите, благородните дами, трубадурите за да и го честитат на Рајмонда роденденот. Дојде славниот рицар Жан де Бриен, познат по своите воени подвизи, да ја поздрави Рајмонда и да се прости пред воен поход. Сенешаљ ги известува гостите за доаѓање на грофицата Сибила, таа се поздравува со Жан де Бриен и ги известува гостите за пристигнување на Рајмонда. Грофицата Сибила и ја подарува на внуката венчаницата и го доведува до неа Жан де Бриен. Тој и ја изјавува на Рајмонда љубов и нејзе и подарува бел воздушест шал. Се појавува кралот Андреј I - Унгарски со придружба. Тој и честита на Рајмонда и ги благословува рицарите. Во чест на младата домакинка на замокот гостите танцуват валцер. Меѓу нив Рајмонда - зрачи со среќа и

Page 12: Балет

радост. Рицарите предводени од Жан де Бриен се колнат на верност на татковината и тргнуваат во поход. Грофицата Сибила и Рајмонда ги испраќаат. Другарките се трудат да ја оттргнат Рајмонда од тажните мисли. Белиот шал ја потсетува девојката на Жан де Бриен и неговата љубов.Одненадеж, како виор, влетува во сала гордиот и властољубив сарацински рицар Абдерахман, кој има многу слушнато за убавината на Рајмонда и дошол да и подари за роденден скапоцени подароци. Тој на прв поглед се заљубува во Рајмонда, и спротивно на дворската етика страсно  и изјавува љубов. Неговото признание ја плаши и во исто време ја магепсува Рајмонда, ги буди во нејзината душа непознатите чувства. Абдерахман и подарува на Рајмонда црвен како оган, богато украсен со скапоцени камења шал, и брзо исчезнува. Гостите си заминуват. Збунетата Рајмонда се обраќа за совет кон грофицата Сибила. Таа е исто така збунета како и нејзината внука во чии раце се наоѓаат и двата шала - белиот и црвениот. Рајмонда ги стиска и двата шала - незнае кој од двата рицари да го избере. Сибила ја смирува  вознемирената Рајмонда, а другарките за да ја развеселаат донесоа китара. Сепак срцето на Рајмонда е полно со немир.Изморена од немири и загриженост девојката заспива во фотеља. Прекриен со мрак дворот на замокот веднаш се осветлува со месечева светлина. Се појавува Белата Дама. Рајмонда како маѓепсана  станува од фотељата, ги подава двата шала кон Белата дама, барајки одговор кој од двата рицари да биде нејзин избраник. „Тој што ќе го избере твоето срце“- одговори покровителката. Белата Дама  ја носи Рајмонда во светот на волшебните  сни. Замавнува со белиот шал - и пред нив изникнува фантастична градина обвиткана со магла. Маглата се губи, и Рајмонда го гледа Жан де Бриен опкружен со млади девојки. Таа се стрчува кон него, но тој е воздржан и надмоќен во чувствата кон неа. Уште само миг, и Жан де Бриен како да се раствара во маглата. Рајмонда сака да го запре својот избраник ама тој исчезнува. Белата Дама замавнува со црвениот шал. Пред Рајмонда се појавува Абдерахман. Нивниот дует е полн со страст. Девојките ги обиколуват обидувајки се да ги разделат, но Рајмонда и Абдерахман секој пат повторно се заедно. Белата Дама замавнува со белиот шал. Визијата исчезнува.Првите сончеви зраци ја будат Рајмонда. Кон неа брза грофицата Сибила, ја прегрнува и ја смирува внуката која е вознемирена од сонот.ЧИН 2: Свечена сала во замокот. Рајмонда и Сибила заедно со фрејлините, пажовите и другарките прават подготовки за свечена прослава во чест на победата на Жан де Бриен. Доаѓат гости: благородни дами, господа од соседните замоци, пријатели,трубадури. Сите чекат на враќањето на херојот. Музиката најавува нечие доаѓање. Рајмонда брза кон вратата, ама пред неа се појавува гостин што не го чекала - Абдерахман. Во согласност со дворската етика грофицата Сибила го поканува сараценскиот рицар да влезе, по него во сала влегува неговата бројна придружба.Не обрнувајки внимание на никого, Абдерахман и ја нуди на Рајмонда раката и срцето.Таа е збунета. Од една страна - чувство на долг, а од друга - упорност на прекрасниот сарацен, кој и го ветува раскошен живот полн со уживања, и го реметат срцето и умот. Не размислувајки , Абдерахман ја обвиткува девојката со црвениот шал и се обидува да ја носи со себе. Се појавуваат Жан де Бриен и кралот Андреј I со рицарите кои само што се вратиле од походот. Меѓу сарацените и рицарите пламнува судир. Со гест на владетел, кралот го запира судирот и предлага на Жан и Абдерахман да го решат спорот во двобој. Се чини дека среќата е на страна на сараценот. Уште само миг и Жан де Бриен ќе биде победен, но неочекувано се појавува Белата Дама, која со своите волшепства му ја враќа силата на Жан. тој му нанесува смртен удар на соперникот. Распаметена Рајмонда притрчува до Абдерахман. Зачуден Жан и ја пружа на невестата својата рака, но таа се оттргнува од него. Белата Дама ги обвиткува рамениците на девојката со белиот шал, и Рајмонда веднаш го заборава Абдерахман. Кралот ги спојува рацете на вљубените. Грофицата Сибила и кралот Андреј ги поздравуват гостите на свадбата на Рајмонда и Жан де Бриен, чијашто љубов минала низ тешките испитување. Над замокот се појавува Белата Дама.

     АСАН ЕРОЛ VIII а