39

Analiza Na Trosoci

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Analiza na trosoci

Citation preview

Page 1: Analiza Na Trosoci
Page 2: Analiza Na Trosoci

Вовед

Целта на поглавјето е да создадеме инструменатариум кој ќе ни помогне да дознаете за тоа како фирмите ги извршуваат активностите и како тие ги донесуваат одлуките за производство на одредени производи и начинот на формирање на цените.

Секоја фирма, независно од формата на организацијата за да може да ја изврши својата економска активност неопходно е да ангажира фактори на производство.

Економските анализи се обидуваат да имаат широка перспектива за трошоците кои се создаваат во процесот на производство.

Доц. д-р Круме НИКОЛОСКИ

Page 3: Analiza Na Trosoci

Вовед

Неопхдно е да знаете што подразбираат економистите под терминот трошоци и како трошоците се менуваат во зависност од количеството на аутпут што го произведуваат фирмите.

Познавањето на трошоците е важна карактеристика во процесот на донесување на економски одлуки.

Aнализата на работењето на фирмата може да биде реална само доколку резултатите од нејзиното работењето ќе бидат искажани преку трошоците.

Неопходно е, да се научи проценката и споредбата на трошоците, позната како анализа на трошоци.

Page 4: Analiza Na Trosoci

Што се трошоци?

• Паричните издатоци, односно плаќања за ангажираните инпутите што фирмата ги користи во процесот на производство за определен временски интервал.

• За да може еден паричен издаток да биде сметан како трошок неопходно е тој да влезе во процесот на производство.

Page 5: Analiza Na Trosoci

Што се трошоци?

ПРИМЕР: Да претпоставиме дека сме

набавиле материјали во вредност од 200 000 денари, а во производство сме употребиле само 10 000 денари.

Во овој случај како трошок се сметаат само оние 10 000 деари коишто фактички влегле во производството, а не целиот износ на материјали од 200 000 денари коишто сукцесивно ќе влегуваат во производството.

Page 6: Analiza Na Trosoci

Трошоци

Постои директна поврзаност помеѓу трошоците и производството.

Обемот на трошоците на производство зависи од нивото на цената на производот и од износот на трошоците за инпутите.

Во процесот на производство секоја фирма врши различна комбинација на своите инпути со цел да произведе максимален аутпут со минимални трошоци.

Гледано од перспективата на фирмата таа може да ја менува количината на сите ресурси, капацитети, технологија и сл.

Page 7: Analiza Na Trosoci

Трошоци

Во зависност од времето трошоците можат да бидат краткорочни (на краток рок) и долгорочни (на долг рок).

Нашта анализа за трошоците на производство ќе ја насочимe на одлуките на фирмата што неопходно е да се донесат за краток рок.

Page 8: Analiza Na Trosoci

Видови на трошоци

• Вкупни, • Маргинални и • Просечни.

Page 9: Analiza Na Trosoci

• Најниски вкупни парични издатоци направени за ангажираните инпути на фирмата за да се произведе одредена количина на производ.

• Направените трошоци се поврзани со даден обем на производство.

Вкупни трошоци (TC = Total Costs)

Page 10: Analiza Na Trosoci

Се делат на: 1. вкупни фиксни трошоци (TFC = Total

Fixed Costs) и 2. вкупни варијабилни трошоци (TVC =

Total Variable costs).TC = TFC + TVC

• Вкупните трошоци се формираат под дејство на варијабилните трошоци.

Вкупни трошоци (TC = Total Costs)

Page 11: Analiza Na Trosoci

• Не се менуваат со промената на обемот на производство дури и кога фирмата од било која причина не работи.

TFC = TC - TVC

• Не реагираат на промените на количеството на аутпут.

• Најзначен фиксен трошок е амортизација, опрема, згради и камати.

Вкупни фиксни трошоци (TFC)

Page 12: Analiza Na Trosoci

• Се менуваат со промената на обемот на производство.

TVC = TC - TFC

• Реагираат на промените на количеството на аутпут.

• Најзначајни варијабилни трошоци се трошоците за работната сила, суровините, и енергијата.

Вкупни варијабилни трошоци (TVC)

Page 13: Analiza Na Trosoci

Табеларен приказ на TC, TFC, TVC

Q TC TFC TVC

0 112 112 0

1 128 112 16

2 142 112 30

3 154 112 42

4 160 112 48

5 172 112 60

6 188 112 76

7 210 112 98

8 240 112 128

9 278 112 166

10 322 112 210

Page 14: Analiza Na Trosoci

Во анализата на трошоци исто така се пресметуваат: просечните и маргинлните трошоци.

Други видови на трошоци

Page 15: Analiza Na Trosoci

• Се добиваат кога одделните видови вкупни трошоци ќе се поделат со бројот(количество) на произведени единици аутпут.

• Тие се трошоци по единица производ

Просечни трошоци

Page 16: Analiza Na Trosoci

Просечни трошоци

Просечни фиксни трошоци – Average fixed cost, (AFC) = TFC / Q

Просечни варијабилни трошоци – Average variable cost, (AVC) = TVC / Q

Просечни вкупни трошоци – Average total cost, (ATC) = AFC + AVC

Page 17: Analiza Na Trosoci

Со зголемување на количеството на аутпут фиксните трошоци по единица аутпут опаѓаат. Зошто?

Затоа што иста големина (износ) се дели со зголеменото количество на аутпут.

Просечни фиксни трошоци (AFC) = TFC / Q

Page 18: Analiza Na Trosoci

Преглед на кривата на просечни фиксни трошоци (AFC) - TFC / Q

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца п

рои

звод

112

37,3

11,2

0Количество на аутпут

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 1213 14 15 16

AFC

Page 19: Analiza Na Trosoci

• АТC има облик на буквата U, затоа што е збир - ATC = AFC + AVC

• Покрај тоа штo ATC е трошок по единица производ (аутпут), тој сепак не ни покажува за колку ќе се промени вкупниот трошок (TC) доколку фирмата го промени нивото на производство.

• Износот за тоа колку се зголемува вкупниот трошок ни го покажуваат маргиналните трошоци.

Просечни вкупни трошоци, (ATC) = AFC + AVC

Page 20: Analiza Na Trosoci

• Ни го покажуваат зголемувањето на вкупните трошоци направени како резултат на производство на дополнителна единица на производ (аутпут).

•Трошоци за дополнителна единица на аутпут.

•MC зависат само од варијабилните трошоци и затоа тие се: F (VC).

Маргинални трошоци (MC = Marginal Costs)

Page 21: Analiza Na Trosoci

• Се пресметуваат како однос на промената на вкупните трошоци и промена во вкупниот аутпут.

MC = Δ во TC / во Δ Q

Маргинални трошоци (MC = Marginal Costs)

Page 22: Analiza Na Trosoci

Табела на вкупни, маргинални и просечни трошоци

Q TC TFC TVC ATC AFC AVC MC

0 112 112 0        

1 128 112 16 128 112 16 16

2 142 112 30 71 56 15 14

3 154 112 42 51,3 37,3 14 12

4 160 112 48 40 28 12 6

5 172 112 60 34,4 22,4 12 12

6 188 112 76 31,3 18,6 12,6 16

7 210 112 98 30 16 14 22

8 240 112 128 30 14 16 30

9 278 112 166 30,89 12,4 18,4 38

10 322 112 210 32.,2 11,2 21 44

Page 23: Analiza Na Trosoci

Што ни открива графиконот на MC и на ATC?

Кривите на MC и ATC меѓусебно се поврзани. Позицијата на маргиналните трошоци (MC) во

однос на вкупните просечни трошоци (ATC) ни покажува дали просечните вкупните трошоци (ATC) ќе имаат тенденција на пораст или тенденција на опаѓање.

МC е поврзан со секоја новопроизведена единица, и доколку МC е помал од просечните трошоци на сите претходно произведени единици, тогаш АТC ќе имаат тенденција на опаѓање.

Page 24: Analiza Na Trosoci

Што ни открива графиконот на MC и на ATC?

При пониски нивоа на единици аутпут (MC) е помал во однос на просечниот вкупен трошок (ATC) така што ATC се намалува

При пониски нивоа на единици аутпут (АТC) е висок затоа што (FC) се распределува за само неколку произведени единици..

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца п

рои

звод

$18161412108642

0 4 8 12162024

AТC

MC

Аутпут

Доц. д-р Круме НИКОЛОСКИ

Page 25: Analiza Na Trosoci

Што ни открива графиконот на MC и на ATC?

Потоа, како што се зголемува аутпутот, (ATC) се намалува се додека аутпутот на фирмата не достигне 20 единици аутпут.

Доколку фирмата произведе повеќе единици аутпут ATC повторно почнува да расте затоа што значително се зголемуваат AVC.

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца п

рои

звод

$18161412108642

0 4 8 12162024

AТC

MC

Аутпут

Доц. д-р Круме НИКОЛОСКИ

Доц. д-р Круме НИКОЛОСКИ

Page 26: Analiza Na Trosoci

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца п

рои

звод

Пр

од

укти

вн

ост

на р

аботн

иц

ите

$18161412108642

0 4 8 12162024

987654321

0 4 8 12162024

AТC

MC

Аутпут Аутпут

AP по работниц

и

MP по работници

Кога MP>AP → AP↑ бележи пораст

Кога MP<AP → AP↓ бележи опаѓање

MP=AP → AP max кривата на MP jа сече кривата на АP во нејзиниот максимум.

Кога MC<ATC → ATC↓- бележат опаѓање

Кога MC>ATC → ATC↑- бележат пораст

Кога MC=ATC → ATC min – кривата на MC ја сече кривата на ATC во нејзиниот мин.

Поради дејството на законот за опаѓачки маргинални приноси, маргиналниот производ бележи опаѓање, додека маргиналниот трошок бележи пораст.

Page 27: Analiza Na Trosoci

На долг рок сите инпути се варијабилни, а со тоа исто така сите трошоци на производство се варијабилни.

Реално гледано, на долг рок фирмите можат да купат нови машини и опрема (нова технологија), коишто ќе овозможат зголемување на количеството аутпут. Тоа обично води кон намалување на просечните вкупни трошоци на долг рок.

со нова и подобра технологија фирмата може да го зголеми производниот капацитет и обемот на производство.

Крива на просечни вкупни трошоци на долг рок – Long-Run Average Total Cost Curve

Page 28: Analiza Na Trosoci

Економистите често зборуваат за минимум ефикасно ниво на производство.

Под минимум ефикасно ниво на производство се подразбира изнаоѓање на оптимално ниво на производство од страна на фирмата со минимални просечни вкупни трошоци на долг рок.

Крива на просечни вкупни трошоци на долг рок – Long-Run Average Total Cost Curve

Page 29: Analiza Na Trosoci

Кога фиксните трошоци по единица производ се намалуваат, може значајно да се дејствува врз намалување на просечните вкупни трошоци на долг рок.

Кривата на вкупните просечни трошоци на долг рок ги покажува најниските трошоци на производство за различни нивоа на аутпут, при дадена технологија и дадени цени на инпутите.

Крива на просечни вкупни трошоци на долг рок – Long-Run Average Total Cost Curve

Page 30: Analiza Na Trosoci

Економии од обем• Својство на просечниот вкупен трошок

(ATC) да опаѓа на долг рок со зголемување на количеството на аутпут.

Дизекономии од обем• Својство на просечниот вкупен трошок

(ATC) да расте на долг рок со зголемување на количеството на аутпут.

Економии и дизекономии од обем

Page 31: Analiza Na Trosoci

• Во услови кога фирмата функционира со заштеда (намалување) на трошоците поврзани со зголемената употреба на инпутите станува збор за економии од обем.

• За да се реализираат вакви заштеди, фирмата ќе го зголеми нејзиниот аутпут.

Економии од обем

Page 32: Analiza Na Trosoci

• Фирмата може да ги намали нејзините трошоци со зголемување на производството од Q1 на Q2 – обем

на производство што ја поставува на пониско ниво кривата на просечни вкупни трошоци на краток рок (од ATC1 на ATC2).

• Поголемо ниво на производство овозможува специјализација и поделба на трудот.

Економии од обем

Page 33: Analiza Na Trosoci

Кривата на просечни вкупни трошоци на долг рок- LRATC почнува да се појавува на ниво на аутпут Q3, над кое пак настапуваат дизекономиите од обем.

Фирмите реализираат економии од обем преку првата крива на просечни вкупни трошоци на краток рок - SRATC.

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца

0 Количина

SRATC2 SRATC3

SRATC4

LRATC

SRATC1SRMC1

SRMC2

SRMC3

SRMC4

Q3Q1 Q2

Page 34: Analiza Na Trosoci

Дизекономии од обем

Со поголемо ниво на производство се јавуваат проблеми во управување, комуникација и координацијата во поголемите фирми и тоа доведува до зголемување на трошоците.

Дизекономиите од обем се однесуваат на намалената продуктивност којшто настанува кога постои еднакво зголемување на сите инпути (ниту еден инпут не е фиксен).

Дизекономиите од обем настануваат од десната страна на кривата на просечни трошоци на долг рок каде постои растечки наклон, а тоа значи дека просечните трошоци се зголемуваат.

Page 35: Analiza Na Trosoci

Кривите на маргиналните и просечните трошоци математички се поврзани. Кривата на просечни трошоци на долг рок е со опаѓачки наклон се додека се наоѓа над кривата на маргинални трошоци на долг рок. Двете криви се сечат во најниската точка на кривата на просечни трошоци на долг

Марги

нал

ни

и

просе

чн

и

трош

оц

и н

а д

ол

г рок

0Количина

SRATC2 SRATC3

SRATC4

LRATC

SRATC1SRMC1

SRMC2

SRMC3

SRMC4

Q3

LRMC

Q2

Page 36: Analiza Na Trosoci

Испрекината црвена линија ја претставува кривата на вкупните просечни трошоци на долг рок, при што таа ги поврзува минималните точки на кривите на краток рок.

Криви на просечни вкупни трошоци на краток рок -Short-Run Average Total Cost Curves

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца

0Количина

SRATC2 SRATC3

SRATC4

LRATC

SRATC1SRMC1

SRMC2

SRMC3

SRMC4

Q3

Page 37: Analiza Na Trosoci

Својство на просечниот вкупен трошок да не се менува на долг рок и покрај промената на количеството на аутпут. Тие се прикажани со рамната страна на LRATC.Обликот на кривата на трошоци на долг рок зависи од постоењето на економии и дизекономии од обем.

Константни приноси од обем

Page 38: Analiza Na Trosoci

Детерминанти на обликот на кривата на трошоци на долг рок Long-Run Cost Curve-

Тр

ош

оц

и п

о е

ди

ни

ца

0Количина

LRATC$

Page 39: Analiza Na Trosoci

Важноста на економии и дизекономии од обем

Економиите и дизекономиите од обем играат важна улога во реалниот свет на донесување одлуки за производство на долг рок.

На долг рок и на краток рок кривите на просечни трошоци имаат ист U-облик, но основните причини за овој облик се разликуваат.

Економиите и дизекономиите од обем се одговорни за обликот на кривата на вкупни просечни трошоци на долг рок.

Во услови на дадена технологија и дадени цени на инпутите, фирмата е во можност да ги минимизира вкупните просечни трошоци со изборот на обемот на производство, односно со големината на аутпут.