26
БИЛТЕН БИЛТЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА БРОЈ 10

BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

BIlten 2 jan i fev ZNM 2013 2

Citation preview

Page 1: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕНБИЛТЕННА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈАНА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 10

Page 2: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

22

Дијалог по расчисна инцидентот со но

Здружението на новинарите во изминатите два месеца ги ис-користи сите домашни правни механизми за расчистување на иницидентот од 24 демември со

новинарите во Собранието. Кон крајот на февруари, ЗНМ во својство на правно лице и од името на неколку новинари кои беа инволвирани во инцидентот, подне-се барање до Уставниот суд за заштита на слободата и правото на јавно изразу-вање и мисла.

Претходно, Здружението поднесе претставка до Министерството за внатре-шни работи, во која се бараше Секторот за внарешна контрола и професионални стандарди да ја утврди одговорноста за исфрлањето на новинарите од собрани-ското обезбедување и барање до Собра-нието на Република Македонија во кое бараше објаснување по чија наредба новинарите беа спречени да ја следат се-дницата за буџетот. Исто така, слична ини-цијатива беше доставена и до Народниот правобранител Иџет Мехмети. Зависно од одговорот на Уставниот суд, предметот ќе биде проследен до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во овој период ЗНМ имаше интензив-на комуникација со претставниците на меѓународниот фактор во Македонија во обид да се расчисти инцидентот во Собра-нието и да се врати дијалогот со Владата за справување со предизвиците на слобо-

ЗНМ ќе се воздржи од какви било разговори со владините претставници за новото законодавство за медиумите, се додека институциите не го расчистат и не ја утврдат одговорноста за инцидентот од 24 декември со новинарите

ДЕБАТАТА ЗА НОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО ПОСЛЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Izdava: Zdru`enie na novinarite na

Makedonija, Gradski yid

blok 13, 1000 Skopje;

Tel: (+3892) 3298-139;

Faks: (+3892) 3116-447,

E-mail: [email protected]

Page 3: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

33

стувањето овинарите

дата на изразувањето и слободата на медиумите. Во контактите со претставниците на ОБСЕ, на Европската комисија и со претставниците на неколку амбасадори на европски земји во Скопје, беше прифатена аргу-ментацијата на раководството на ЗНМ дека дијалогот може да продолжи штом одговорните институции ќе го расчистат инцидентот од 24 декември и ќе ја утврдат одговорноста на оној што наредил без никаква правна основа да се спречат новинарите во извршувањето на нивните професионални обврски.

Освен тоа, претставниците на ЗНМ, во овој пери-од сугеририраа дека за нив не е прифатливо да се отвори каква било дебата за намерата на Владата да усвои ново законодавство за медиуми пред да се ра-счисти иницидентот со новинарите. Исто така, беше побарано таа расправа да се одложи после локалните избори, откако Анкетната комисија, формирана под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе го предаде извештајот за случувањата во Собранието.

Прв аргумент за одлагање на дебатата за ново-то законодавство после изборите беше дека ЗНМ не може да учестува во расправата без да се рас-чисти инцидентот во Собранието. Второ, дека так-ва дебата пред локалните избори во тек на избор-на кампања ќе биде контрапродуктивна поради високиот ризик таа да се политизира, и трето, дека времето е прекратко за да може Здружението да организира јавна дебата со членството и со сите заинтересирани страни.

На крај, позицијата на ЗНМ во врска со дијалогот и новото законодавство е дека ние сме подготвени да се вратиме на дијалогот откако ќе се расчисти ин-цидентот. Расправата за новото законодавство да се одвива во рамките на Работната група составена од претставници на Владата и на ЗНМ.

После локалните избори Министерството за јавна администрација и информатичко општество може да го објави концептот на новиот закон, а ЗНМ, додека не се објави извештајот на Анкетната комисија, ќе се воздржи од директни контакти со владините претста-вници за концептот, но ќе има интерни комуникации со членството и новинарите. По објавувањето на из-вештајот и откако ќе се утврди одговорноста за ини-цидентите, претставниците на ЗНМ ќе се вратат на дијалогот во рамките на Работната група. На првата средба, Здружението ќе ги претстави забелешките на новинарите за концептот на новото законодатвство и откако ќе се постигне согласност за потребата за донесување на таков закон, тој може да помине на Влада и ќе се проследи во собраниска процедура, по што ќе следува јавна дебата со сите заинтересирани страни.

Page 4: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

44

Санино во ЗНМ за инцидентот со новинарите Санино во ЗНМ за инцид

Генералниот директор за проширување на Ев-ропската комисија Стефано Санино, заедно со своите соработници, кон средината на јану-ари во Скопје, се сретна со претставници на Здружението на новинарите на Македонија,

при што се разговараше за инцидентот со новинари-те во Собранието и за начините за расветлување на инцидентот и за нормализација на односите.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги објасни околностите во кои се случи инцидентот со новина-рите и го повтори ставот на Управниот одбор дека за надминување на оваа ситуација потребно е надлеж-ните институции да го расветлат инцидентот и одго-ворните лица да понесат одговорност. Тоа ќе пока-же дека Уставот не е само декор, дека институциите

Заеднички беше заклучено дека надлежните институции ќе најдат начин да го расветлат случајот и ќе ја утврдат одговорноста за исфрлањето на новинарите од собраниската галерија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА ИНЦИДЕНТОТ

Page 5: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

55

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Санино во ЗНМ за инцидентот со новинарите дентот со новинарите функционираат и дека попречувањето на работата на новинарите не се толерира. „Понесувањето на одговорноста е најдобра превенција за слични ин-циденти во иднина”, рече Селмани.

За ЗНМ не е битна формата како институциите ќе го расветлат инцидентот, битно е декларативното изразување на жалење од страна на државниот врв да биде проследено со конкретни чекори за утврду-вање на одговорноста.

Според Селмани, разочарувачки ќе биде ако нема политичка волја да се расветли инцидентот и со тоа ќе се компромитира една инцијатива која имаше за цел на европски начин, низ дијалог да се решаваат прашањата на медиумите.

Генералниот директор за проширување на Ев-

ропската комисија Стефано Санино изрази надеж дека ситуацијата ќе се надмине брзо и ЗНМ, како важен чинител во овој процес, ќе се врати на разго-ворите со Владата и ќе учествува во решавањето на идните предизвици во медиумскиот простор.Санино верува дека за надминување на сегашната ситу-ација ќе биде потребна политичка волја од надлеж-ните институции, кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да ја утврдат одговорноста.

Беше заклучено дека консултациите помеѓу ЗНМ и Европската комисија ќе продолжат во интерес на надминување на сегашната ситуација и за про-должување на европската агенда за унапредување на слободата на изразувањето во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.

ОД 24 ДЕКЕМВРИ

Page 6: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

66

Претставници на Здружението на новинари-те на Македонија во почетокот на февруа-ри во Скопје се сретнаа со амбасадорот на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Ралф Брет, кој пока-

жа посебен интерес за инцидентот во Собранието, каде што на 24 декември тие беа спречени да ја сле-дат седницата за буџетот. Се разговараше и за напо-рите за расветлување на овој инцидент, со цел да се создават предуслови за продолжување на дијалогот со Владата за решавање на постојните проблеми со слободата на изразувањето и на медиумите.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани го инфор-мираше амбасадорот Брет за околностите на ин-цидентот во Собранието и го повтори ставот на Уп-равниот одбор на ЗНМ дека за да се нормализираат односите потребно е да се сноси одговорност за ин-цидентот. Со тоа македонските институции ќе демон-стрираат политичка волја да го расветлат инцидентот и заложба дека слични инциденти во иднина нема да се толерираат. Освен тоа, институциите со ваквиот сериозен пристап ќе покажат дека имаат капацитет да се справат со вакви предизвици и ќе покажат де-мократска зрелост.

Амбасадорот Брет изрази загриженост за ин-

цидентот со новинарите во Собранието и искажа спремност заедно со специјалниот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, да направат се што е во нивна моќ за да помогнат за решавање на проблемите.

Соговорниците разговраа и за последниот из-вештај на Репортери без граници, каде Македонија бележи пад за 22 места. Двете страни се согласија дека се потребни брзи и енергични мерки од влади-ните институции за брзо надминување на проблеми-те, за да се подобрат условите за работа на новина-рите и на медиумите.

Претставниците на ЗНМ ги информираа претстав-ниците на ОБСЕ и за активностите на Здружението за саморегулацијата во медиумите, за што амбасадорот Брет изрази подготвеност да го помогне процесот. Тој рече дека ОБСЕ силно го поддржува тој процес, како многу битен за слободата на изразувањето и за по-читување на професионалните стандарди и етика во новинарството.

Беше разговарано и за актуелни прашања во сферата на медумите и на новинарите во пресрет на локалните избори, а беше изразена и подготвеност од двете страни да продолжи досегашната добра со-работка за справување со идните предизвици.

ОБСЕ ЗАГРИЖЕНА ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО НОВИНАРИТЕ

Брет нуди помош за враќање на дијалоготАмбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет е подготвен, заедно со специјалниот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, да помогнат да се врати дијалогот за решавање на предизвиците со слободата на изразувањето

Page 7: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

77

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Во првите два месеца од годинава, европски дипломати во Скопје покажаа интерес да се сретнат со претставници на Здружението на новинарите на Македонија. Одвоени сред-би раководството на ЗНМ имаше со амба-

садорот на Холандија во Скопје Мирјам Шруман, со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Бу-гарија Аник ван Калстер, со првиот секретар на бри-танската амбасада во Скопје Кристин Винтербурн и со првиот советник на шведскиот амбасадор во Ско-пје Аша Петерсон. Во фокусот на разговороите беше последниот инцидент со новинарите во Собранието и воопшто состојата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија.

Амбасадорот Шруман изрази загриженост за инцидентот со новинарите и воопшто за политичка-

ЕВРОПСКИ АМБАСАДОРИ НА СРЕДБА ВО ЗНМ

Европски дипломати заинтересирани за состојбата со медиумите

Холаднскиот амбасадор во Скопје Мирјам Шруман и белгискиот амбасадор во Софија Аник ван Калстер, на средбата со претставници на ЗНМ, се интересираа за инцидентот со новинарите и за слободата на медиумите во Македонија

Page 8: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

88

та криза во Македонија, која, ако не се надмине, може сериозно да ги загрози ев-

роатлантските перспективи на Македонија. Шруман покажа разбирање за ставовите на

ЗНМ во врска со инцидентот со новинарите, како и за пристапот на Здружението за расветлување на случајот, како предуслов за нормализација на одно-сите и за продолжување на дијалогот, како европски начин за справување со предизвиците.

Шруман покажа посебен интерес за законот за медиуми најавен од Владата. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека дебатата за законот тре-ба да се одложи за после локалните избори, откако владините институции ќе го расчистат и ќе ја утврдат одговорноста за инцидентот со новинарите.

Беше разговарано и за извештајот на Репортери без граници, кој, според претставниците на ЗНМ, е објективен. Селмани рече дека лошиот имиџ на Ма-кедонија во светот во врска со слободата на изра-зувањето и на медиумите може да се поправи со храбри и брзи чекори од владините институции и без импровизации.

Двете страни изразија задоволство од досегаш-ната плодна соработка и се заложија во иднина да продолжи во обостран интерес. Претставниците на ЗНМ изразија благодарност за силната поддршка на холандската амбасада во остварување на целите на Здружението преку обезбедување техничка и екс-пертска помош.

Холандската амбасада како поддржувач и партнер на ЗНМ и во иднина ќе продолжи да се координира со останатите претставници на странските дипломат-ски претставништва и со институциите по прашања-та кои се битни за новинарите и медиумите.

На средбата со белгискиот амбасадор Калстер, претседателот Селмани информаираше за последни-те инциденти со новинарите, инсистирањето на ЗНМ да се расветли тоа и некој да понесе одговорност, како и за напорите на Здружението за зајакнување на слободата на медиумите. Освен тоа, двајцата соговорници разговараа и за причините за влошу-вањето на состојбата со слободата на изразувањето во Македонија, како и за начините за надминување на таа неповолна состојба.

На одвоените средби со првиот секретар на британската амбасада Кристин Винтербурн и со советникот на шведскиот амбасадор Петерсон, директорот на ЗНМ Драган Секуловски зборуваше за актуелни прашања во медиумската сфера, како и за целите на ЗНМ предвидени во програмата за работа за 2013 година. Тие беа информирани и за акцискиот план за подобрување на состојбата со медиумите, подобрувањето на медиумското законодавство, владините кампањи, реформата на МРТВ и унапредувањето на професионалните стандарди.

Во врска со последните случувања во медиум-ската заедница, соговорниците се согласија дека е потребно институциите да покажат одговорност и да пристапат кон решавање на проблемите, бидејќи тие негативно се одразуваат врз демократскиот развој на земјата и нејзиниот углед во светот.

Претставниците на шведската амбасада во Ско-пје покажаа интерес активно и координирано да учествуваат во следењето на состојбата на меди-умите и решавање на проблемите. Беа разгледани и можностите за конкретна соработка помеѓу ЗНМ и амбасадата за реализиација на некоја од целите на ЗНМ за оваа година.

Page 9: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

99

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Директорот на ЗНМ Драган Секуловски, кон средината на февруари во Скопје, учествуваше на состанокот што нови-нарските и медиумските организации го имаа со Ричард Ховит, известувачот за

Македонија за Европскиот парламент. Освен ди-ректорот Секуловски, на средбата присуствуваа и претставници на МИМ, ССНМ, МДЦ, МТВ и на СРД.

Целта на средбата беше Ховит од релевантни организации да се информира за состојбата со сло-бодата на медиумите во Македонија, коишто ќе му помогнат да го изготви извештајот пред Европскиот парламент за вкупната состојба во Македонија.

Учесниците на состанокот ги презентираа своите ставови за проблемите на новинарите и медиумите и предлагаа решенија за нивно надминување.

Ховит беше запознаен во детали и за инциден-тот од 24 декември во Собранието, каде што нови-нарите беа исфрлени од собраниската галерија.

Директорот Секуловски го повтори ставот на ЗНМ дека дијалогот со Владата може да продолжи откако институциите ќе го расветлат и ќе утврдат

одговорност за инцидентот. Во ЗНМ нема дилема дека сите предизвици со слободата на медиумите треба да се решат низ дијалог, но дека во текот на дијалогот нема да се толерира какво било прекр-шување на слободата на изразувањето. Секулов-ски потенцира дека е потребно сите страни да се однесуваат одговорно со цел да се врати доверба-та.

На средбата беше разговарано и за Извештајот на Репортери без граници, каде Македонија забе-лежува пад од 22 места во споредба со претходната година.Учесниците истакнаа дека треба сериозно да се работи во иднина на подобрување на услови-те за работа на новинарите со цел овозможување поголема слобода на медиумите.

Посебна тема на разговор беше и Акцискиот план за подобрување на состојбата во медиумите, каде што се дефинирани јасни мерки, како што се подобрување на медиумската легислатива, рефор-ма на МТВ, владините кампањи и подобрување на професионалните стандарди и етика во новинар-ството, за што придонесува ЗНМ.

ЗНМ на средба со Ричард Ховит

Page 10: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

1010

Здружението на новнарите на Македонија, кон крајот на февруари, до Уставниот суд поднесе барање за заштита на слободата и правото на јавно изразување и мисла во вр-ска со инцидентот со новинарите во Собра-

нието. Во барањето, изготвено од правниот тим на ЗНМ, се бара Уставниот суд да одржи јавна седница и врз основа на позитивните прописи да утврди дека со актот за исфрлање на новинарите од собраниска-та галерија е сторена повреда на слободата на изра-зувањето и истата да ја укине.

Правниот тим смета дека Уставниот суд има на-длежност да ги штити индивидуалните права и сло-боди на граѓаните согласно членот 110 од Уставот на Република Македонија и членот 51 од Деловникот на Уставниот суд.

Во апликацијата се аргументира дека со насилно-то исфрлање на новинарите од галеријата е прекр-шен членот 16 од Уставот на Македонија и членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Уставот ја гарантира слободата на говорот, јавни-от настап, јавното информирање, како и слободата на основање институции за јавно информирање, а

Европската конвенција гарантира дека секој има право на слобода на изразување, што вклучува сло-бода на сопствено мислење и примање и пренесу-вање на информации и идеи, без какво било ме-шање на јавната власт.

Во прилог на барањето, тимот цитира уште чети-ри пресуди од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, во кои се потврдува дека улогата на меди-умите како куче чувар во јавноста е витална за демо-

ЗНМ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ИНЦИДЕНТОТ

ЗНМ бара од Уставниот суд да утврди дека со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија е повредена слободата на изразувањето, гарантирана со Уставот на РМ и Европската конвенција за човекови права

Се бара заштита што новинарите Се бара заштита што нбеа спречени да известуваатбеа спречени да извес

Page 11: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

1111

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

кратскиот политички процес. Со две други пресуди Судот ја истакнува и функцијата на медиумите како заштитник на демократијата во однос на правото на јавноста да добива информации и идеи од јавен интерес.

Според барањето, интервенцијата на државата во конкретниот случај со инцидентот со новинари-те не исполнува ниту еден од условите предвидени во Европската конвенција, ограничувањето да е предвидено со закон, да е неопходно во едно демо-кратско општество и да има за цел да заштити точно определени вредности.

Правниот тим го отфрла аргументот дека одлу-ката за отстранување на новинарите од галеријата била донесена врз основа на членот 43 од Законот за Собранието, во кој се уредува одржувањето на редот во собраниската зграда. Интервенцијата на собраниското обезбедување не може да се опра-вда, бидејќи новнарите во ниту еден момент не го нарушија редот во галеријата. Освен тоа, интервен-цијата е во спротивност и со одредбите на Деловни-кот на Собранието и со Уставот, во кои се обезбе-дува јавност на седниците на Собранието. Во чле-

нот 77 од Уставот јасно е прецизирано во кој случај може да се исклучи јавноста од седниците. За тоа е потребна одлука на Собранието, за која ќе гласаат две третини од пратениците.

Поради сите овие причини правниот тим заклучу-ва дека интервенцијата на државата во конкретни-от случај не го задоволува тестот на неопходност и пропорционалност во едно демократско општество.

Освен аргументацијата, во апликацијата во де-тали се опишува инцидентот во Собранието, ко-ристењето на физичка сила за исфрлање на но-винарите од галеријата без да добијат какво било објаснување. Со тоа новинарите беа спречени да ја извршат својата професионална должност, да из-вестуваат од овој настан, за кој постоеше огромен јавен интерес.

Во дел од барањето се пренесуваат и наводи од одговорите на Министерството за внатрешни рабо-ти и на Собранието на Република Македонија. Исто така, се напоменува дека целиот државен врв, тр-гнувајќи од Претседателот на државата, премиерот и спикерот на Собранието, изразиле жалење за ин-цидентот со новинарите.

ОД 24 ДЕКЕМВРИ

Се бара заштита што новинарите овинарите беа спречени да известуваатстуваат

Page 12: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

1212

Narodniot pravobranitel Ixet Mehmeti se proglasi za nenadle`en da postapuva po pretstavkata na Zdru`enieto na

novinarite na Makedonija zaradi spre~uvaweto na novinarite da ja sledat sednicata za buxetot, so {to bea povredeni ustavnite i zakonskite prava na novinarite za sloboda na izrazuvawe i informirawe. Sobraniskoto obezbeduvawe na 24 dekemvri bez nikakvvo objasnuvawe nasilno gi isfrli od sobraniskata galerija sobraniskite izvestuvaчи, so {to vovede cenzura na sledewe i prenesuvawe na informacii.

Narodniot prаvobranitel Mehmeti vakvata odluka deka e nenadle`en ja bazira врз Ustavot na Republika Makedonija, Zakonot za Narоdniot prаvobranitel i Zakonot za Sobranieто.

Vo ~lenot 77 od Ustavot i ~lenot 2 od Зakonot za Narodniot pravobranitel, vo koi se definiraат negovite nadle`nosti, stoi deka Pravobranitelot gi {titi ustavnite i zakonskite prava na gra|anite koga im se povredeni so akti, dejstva i propu{tawa na dejstvа od organite na dr`avnata uprava i od drugi organi i organizacii {to imaat javni ovlastuvawa.

Osven toa, Narodniot pravobranitel ima obvrska da spre~uva diskriminacija i da se zalaga za pravi~na zastapenost na etni~kite zaednici vo organite na dr`avnata vlast, op{tinite i

javnite ustanovi i slu`bi. Vo pismeniot dopis Narodniot

pravobranitel tvrdi deka se proglasil za nenadle`en da postapuva po pretstavkata na ZNM zatoa {to odlukata za isfrlawe na novinarite od galerijata e donesena od spikerot na Sobranieto povikuvaj}i se na ~lenot 43 od Зakonot za Sobranie-то. Spored toa, Narodniot pravobranitel ne mo`el da postapuva protiv organot {to go izbira.

Mehmeti za incidentot baral objasnuvawe i od Ministerstvoto za vnatre{ni работи, od kade dobil odgovor deka merkata bila prezemena “zaradi odrжuvawe na redot vo Sobranieto, pri шto od novinarite bilo pobarano da ja napuшtat galerijata i sednicata da ja sledat od pres- centarot”.

Vo dopisot Нarodniot pravobranitel ja povtoruva negovata reakcija za incidentot so novinarite, vo koјa toj izrazil zagri`enost za nastanot. “Slobodata na informiraweto e fundament na sekoe demokrаtsko opшtestvo bez што ne mo`e da ima napredok. Пrеkrшuvaweto na toa pravo ne moжe da bide vо interes na gra|anite i op{testvoto”, stoi vo dopisot.

Mehmeti smetal deka novinarite ne smeat da se popre~at vo vr{eweto na svojata profesijа i deka treba da im se ovozmo`i sloboden pristap do informaciite so cel objektivno da ja informiraat javnosta.

NARODNIOT PRAVOBRANITEL NENADLE@EN ZA BRKAWETO NA NOVINARITE OD SOBRANISKATA GАLЕRIJA

Mehmeti nemo}en protiv Sobranieto

Narodniot pravo-branitel veli deka ima nadle`nost da gi {titi ustavnite i za-konskite prava na gra|anite koga im se povredeni od organ-ite na dr`avnata uprava, no ne i od Sobranieto

Page 13: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

1313

Репортери без граници, кон крајот на јануари, го објави индексот за слободата на медиумите во светот за 2012 година, во кој Македонија е рангирана на 116. место, што споредено со претходната година за-бележува пад од 22 места.

„Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека оваа оценка реално ги отсли-кува состојбите во македонските медиуми. Идентично видување на состојбите има и ЗНМ за што постојано сме алармирале изминатата година“, реагираше ЗНМ по објавувањето на извештајот.

Според ЗНМ, загрижувачки е фактот што Македо-нија во индексот е најниско рангирана по слободата на медиумите од сите земји на Балканот.

„Во извештајот Македонија посебно се споменува во негативен контекст како земја која забележала пад од 22 места поради арбитрарното одземање на дозво-ли за работа на медиуми и поради влошување на усло-вите за работа на новинарите“, стоеше во реакцијата на Здружението.

За споредба, Македонија во рангирањето се наоѓа под Нигерија и пред Венецуела. Само четири европски земји-Украина, Русија, Турција и Белорусија, се подолу рангирани од Македонија.

Здружението потсети дека само пред четири години Македонија беше на високото 34. место на оваа листа на Репортери без граници.

„Крајно време е владините институции, но и поли-тичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите. Потребна е силна политичка волја да се ослободи просторот за да можат медиумите да ја ост-варат мисијата што ја имаат во секое демократско општество како ‘watchdog‘ и како отворена платформа за дебата за прашања од јавен интерес“, оцени ЗНМ.

Освен тоа, во реакцијата на ЗНМ се потенцира дека лошиот имиџ во светот за слободата на медиуми-те во Македонија нема да се смени се додека Влада-та и политичките партии ги третираат медиумите како средство за манипулација со јавноста и како средство за политичка пресметка со противниците.

РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ГО ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО СВЕТОТ

Последни сме на Балканот по слобода на медиумите

ЗНМ годишниот извештај на РБГ, во кој Македонија бележи пад од 22 места, го оцени како објективен поради арбитрарно одземање на дозволи за работа на медиуми и влошување на условите за работа на новинарите

Page 14: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

14

Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот иститут за медиуми, во те-кот на јануари и февруари, ги продолжија консултациите со новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите за потребата

од воспоставување механизам за саморегулација во медиумите, со кој ќе се зајакне примената на профе-сионалните стандарди и етиката во медиумите.

Во рамките на овие консултации, Работната гру-па за саморегулација, составена од претставници на ЗНМ, МИМ и медиумски експерти, се сретна со соп-ствениците, менаџерите и уредниците на неколку на-ционални медиуми во Скопје, како и со сопствениците на највлијателните медиуми од локалните медиуми и новинарите од Регионалниот центар во Куманово.

На овие средби со новинари, уредници и со претставници на сопствениците на медиуми, уште ед-наш беше потврдена поддршката за саморегулација преку која ќе се врати довербата на граѓаните во ме-диумите. Освен тоа, на овие состаноци беа истакнати и придобивките од овој систем, кој со години се при-менува во медиумите од земјите-членки на ЕУ и во сите земји од балканскиот регион.

На средбата со сопствениците и менаџерите на Медиа Принт Македонија, на која присуствуваа и главните и одговорните уредници на трите дневни ве-сници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, беше изразена подготвеност активно да учествуваат во про-

цесот на формирање на македонскиот совет за етика во медиумите. Претседателот на Управниот одбор на МПМ д-р Срѓан Керим истакна дека за нивната ком-панија саморегулацијата не е новина затоа што тие со години имаат воспоставено внатрешни механизми на саморегулација.

Идејата за саморегулација има силна поддршка и од македонскиот јавен сервис, Македонската ради-отелвизија, кој треба да биде столб на македонскиот медиумски систем и пример за воспоставување и примена на високи професионални и етички стан-дарди. На средбата со директорот Марјан Цветковски и неговиот заменик Харум Ибрахими и со сите одго-виорни уредници на телевизијата и радиото, беше изразена сестрана поддршка за намерата на Здру-

ПРОДОЛЖУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА

Новинарите за поголема етика во медиумите

Во пoследните два месеца, Работната група за саморегулација се сретна со менаџментот на неколку национални медиуми од Скопје, меѓу кои и со менаџментот на МПМ и на МРТВ, кои ја потврдија поддршката за формирање тело за саморегулација во медиумите

Page 15: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

15

жението за формирање на совет за етика во кој со свои претставници ќе учествува и јавниот сервис. Директорот Цветковски ги запозна претставниците на Работната група за саморегулација дека подгот-вуваат етички кодекст за новинарите на МРТВ, кој е комплементарен со саморегулацијата на ниво на македонски медиуми.

Претставниците на ЗНМ се заблагодарија на под-дршката за воспоставување на систем на медиум-ска саморегулација, кој воспоставува професионал-ни и етички стандарди, без кои не може да се зами-сли слободата на медиумите. Освен тоа, ЗНМ и дава силна поддршка на МРТВ во напорите да се издигне во вистински јавен сервис на граѓаните.

Во овој период Работната група се сретна и со менаџментот на националните телевизии Алфа и Тел-ма. На одвоените средби со генералниот директор на Алфа Младен Дамев и директорот на Телма Ристо Лазаров, беше повторена поддршката на сопствени-ците н а двете телевизии за вклучување во систем на саморегулација.

Иста поддршка за саморегулација беше потврде-на и на средбите со сопствениците на трите локални телевизии во Куманово, КРТ, Хана и Феста, како и од новинарите од овој регионален центар. Претсед-ателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека медиуми-те и новинарите мора да демонстрираат зрелост и да воспостават систем за саморегулација, бидејќи

слободата на медиумите претпоставува и одговор-ност за почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството. Според него, ако ме-диумите и новинарите не се саморегулираат постои голема опасност нивната работа да биде регулирана со закон.

Во рамките на консултациите со медиумите за са-морегулацијата, претставници на Работната група се сретнаа и со Сашо Митановски, претставник на Здру-жението на локалните радиодифузери, каде членува-ат стотина локални телевизии и радија. На средбата, Митановски изрази подготвеност да уествува во про-цесот на консултации за формирање на советот.

Во месец март Работната група треба да се срет-не и со преостанатите национални медиуми од Ско-пје и со претставниците на медиумите и новинарите од регионалниот центар во Тетово.

Процесот на консултации треба да заврши кон крајот на март, а финалната конференција, на која ќе се сумираат резултатите од консултативниот процес и ќе се промовираат нацрт-статутот и правилниците за работа на органите на советот за етика, се очекува да се одржи кон средината на април. На конферен-цијата треба да се договорат идните активности, пред се, консултациите околу анимирањето на членовите на органите на советот, како и подготвувањето на ос-новачкото собрание, кое треба да се одржи најдоцна до крајот на годината.

ПРОДОЛЖУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА

Page 16: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

1616

Делегацијата на Советот за печат на Косо-во, составена од извршниот директор Не-хат Ислами, координаторот за жалби Нора Бехлули и советникот за односи со јавност Керим Ондози, на покана на Здружение-

то на новинарите на Македонија, на 30 и 31 јануа-ри престојуваше во Скопје. Целта на посетата беше размена на искуствата со косовскиот Совет за печат, за подготовките на ЗНМ и партнерот Македонскиот институт за медиуми, за формирање на тело за са-морегулација во македонските ??? медиуми на ма-кедонски.

Во текот на престојот во Скопје, гостите од Косо-во имаа одделни состаноци со членовите на Работ-ната група за саморегулација, на кои ги споделија нивните искуства околу формирањето и работењето на Советот, кој со помош на ОБСЕ е формиран пред седум години. Овој Совет важи за успешна приказна

за саморегулацијата во регионот, кој е поддржан од сите медиумски актери, новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите.

Во овие дискусии, директорот Нехат Ислами одго-вори на многу прашања и дилеми од членовите на

ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОСОВСКИОТ СОВЕТ ЗА ПЕЧАТ ВО ПОСЕТА НА З

Регионални искуства зво македонските мед

Советот за печат на Косово им се става на располагање на ЗНМ и МИМ со нивното искуство и експертиза во напорите да се формира совет за етика во македонските медиуми

Page 17: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

1717

македонската Работна група за саморегулација во врска со почетоците на нивниот совет, орагнизацио-ната структура и процедурите за работа, системот на прием и разгледување на жалбите, односот на ме-диумите кон одлуките на Советот, финансирањето и идните планови за работа.

Ислами ја поздрави идејата за формирање со-вет за етика на медиумите во Македонија, бидејќи нивното искуство говори дека механизмот помага да се зајакне примената на професионалните стан-дарди и етиката во медиумите и ги штити медиумите и новинарите од разни политички и економски при-тисоци. Тој изрази подготвеност да се стави на рас-полагање на Работната група со нивните искуства и експертиза, статутот и сите други правилници за да се помогне формирањето на македонскиот совет за етика.

Здружението на новинарите на Македонија го

ангажира Ислами како надворешен експерт, со цел да се обезбеди помош со совети и застапеност во процесот на воспоставување механизам за саморе-гулација на медиумите во Македонија.

Посетата беше ораганизирана во рамките на проектот за поддршка на саморегулацијата во ме-диумите од британската амбасада во Скопје, која се спроведува од ЗНМ и МИМ. Следната посета на косовскиот Совет е предвидена кон крајот на април кога се предвидени средби со македонските нови-нари и уредници, како и со претставниците на маке-донските медиуми.

Од досегашните напори за воспоставување на систем за саморегулација во медиумите, ЗНМ, ос-вен директни средби со новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите, користело и експерт-ска помош од претставници на босанскиот, норвеш-киот и британскиот Прес совет.

ЗНМ

за саморегулација иуми

Page 18: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

Здружението на новина-рите на Македонија на 26 февруари на неговиот 67-ми роденден ги додели наградите за истражувач-

ко новинарство и за едногодишно остварување во печатените и во електронските медиуми за 2012 година, „Јашар Еребара“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Добитници на наградата „Јашар Еребара“ се телевизиите 24 Вести и Телма поради професионалното известување за инцидентите на 24 декември, а наградата „Крсте Петков Мисирков“ беше доделенa на сите собраниски известувачи заради нивното професионално од-несување во текот на тие настани.

Членот на Управниот одбор на ЗНМ Тамара Грнчаровска рече дека Комисијата за доделување на наградите годинава, поради ин-цидентот со новинарите во Собра-нието, решила овие признанија да ги додели на медиумите и новина-рите кои оставија трага како пози-тивен пример на висок професио-нализам.

Според Грнчаровска, инциден-тите покажаа дека новинарите, и покрај притисоците на кои се изло-жени во секојдневната работа, по-кажуваат дека се подготвени да ја бранат новинарската кауза.

Наградите од името на добит-ниците ги примија главниот и од-говорен уредник на 24 Вести Боби

Христов и директорот на Телма Ристо Лазаров, а од името на соб-раниските известувачи наградата ја прими искусната новинарка од Македонското радио Мира Костиќ.

Одговорниот уредник Христов рече дека наградата посебно им значи затоа што доаѓа од колеги-те, но дека новинарите на телеви-зијата не направиле ништо посеб-но, освен што само си ја вршеле својата професионална обврска да ја информираат јавноста за наста-ните на 24 декември. И директорот на Телма Ристо Лазаров се забла-годари за наградата и рече дека Телма со години има воспоставе-но еден новинарски стандард на известување. Колешката Мира Костиќ, која ја прими нагардата за едногодишно остварување во печатените и во електронските ме-диуми за 2012 година од името на собраниските известувачи, рече дека е почестена што ја прима оваа награда од името на колеги-те. Костиќ рече дека оваа награда ќе сведочи како позитивен пример за времето низ кое поминувало македонското новинарство.

На настанот учествуваа новина-ри, претставници на новинарски и медиумски организации, како и претставници на дипломатскиот кор, а присутните ги забавуваше и музички бенд. Настанот беше поддржан од Фондацијата Конрад Аденхауер во Македонија.

1818

ЗНМ ГИ ДОДЕЛИ НОВИНАРСКИТЕ НАГРАДИ ЗА 2012 ГОДИНА

24 Вести и Телма наградени за професионализмот на 24 декември

Наградата за едногодишно остварување во печатените и во електронските медиуми за 2012 година „Крсте Петков Мисирков“ ја добија собраниските известувачи поради отпорот кога беа исфрлени од собраниската галерија

Page 19: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

1919

Здружението на новинарите на Македонија во почетокот на јануари достави забелеш-ки на работната верзија на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност во Репу-блика Македонија за периодот 2013-2017

година изготвена од Советот за радиодифузија. Во коментарите по Нацрт-стратегијата, ЗНМ ги

пофали напорите на СРД да изготви стратегија за развојот на радиодифузниот систем во наредните пет години, но сепак има потреба за појасно дефи-

нирање на проблемите и предлагање конкретни мерки за нивно надминување.

ЗНМ даде конретни сугестии за осум прашања содржани во стратегијата, како што се Македонска-та радиотелевизија и Собранискиот канал, владини кампањи, комерцијалниот сектор, медиумскиот па-зар, говорот на омраза, саморегулацијата, плурали-зам на медиуми и медиумска концентрација.

Во врска со МРТВ, ЗНМ смета дека главен про-блем на јавниот сервис е обезбедувањето на неза-

СРД СО НАЦРТ-СТРАТЕГИЈА ЗА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ

ЗНМ со решенија за проблемите на радиодифузеритеЗНМ ја пофали намерата на СРД да усвои Стратегија за развој на радиодифузната дејност во следните пет години, но даде коментари во кои ги детектира изворите на проблемите и предлага мерки за нивно надминување

Page 20: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

2020

висен и стабилен извор на финанисирање. „Ако преовладува ставот дека главен извор

на финансирање треба да биде радиодифузната такса, тогаш потребно е да се предвидат механизми со кои ќе се гарантира целосна наплата на истата“, стои во забелешките на Здружението. Освен тоа, се предлага комбиниран систем на финансирање пре-ку радиодифузна такса и од буџетот на РМ.

Собранискиот канал, според ЗНМ, треба да биде под контрола на Собранието. Тоа значи дека за фи-нансирањето на каналот и уредувачката политика е одговорно Собранието.

Во Нацрт-стратегијата отсуствува потребата за за-конско регулирање на владините кампањи во меди-умите. Затоа, ЗНМ инсистира средствата за таа на-мена да бидат транспарентно назначени во буџетот на државата и да се утврдат неутрални и јасни крите-риуми за начинот на распределба на кампањите во

медиумите. „Без законско регулирање на овие кампањи и се

остава простор на Владата да влијае врз медиумски-от пазар и да ја поткопува независноста на уредувач-ката политика во медиумите“, стои во коментарите на ЗНМ.

Здружението се согласува со оценката на СРД дека комерцијалните медиуми не обезбедуваат при-ходи од продажба на сопствена програма, но смета дека во стратегијата треба јасно да се истакне дека медиумскиот систем во Македонија е презаситен и неодржлив.

„Една од мерките за подобрување на програм-ската понуда треба да биде и преку збогатување на форматот и модернизација со опрема. Советот треба да се залага со дел од радиодифузната такса или од посебни фондови да се финансираат програми од ја-вен интерес во комерцијалните медиуми“, предлага

ЗНМ. Здружението нуди и мерки за заштита на меди-

умскиот пазар од нелојална конкуренција од најмоќ-ните радиодифузери преку дампинг цени на рекла-мирањето, кои предизвикуваат негативни последици по останатите субјекти. Советот треба да ги открие и да ги санкционира ваквите појави, дури да може да изрекува ригорозни мерки кога ќе утврди такво нешто. „Нужно е СРД да го штити медиумскиот пазар, без што не може да има слободни и независни меди-уми“, заклучува ЗНМ.

Во врска со говорот на омраза еснафското здру-жение смета дека тоа прашање не може да се реши само преку саморегулација, туку треба да се регули-ра со закон преку утврдување кривична одговорност согласно европските стандарди. „СРД потребно е да се заложи за усвојување на такво законодавство“, смета ЗНМ.

Точна е проценката дека има ниско ниво на почитување на про-фесионалните стандарди во меди-умите, но СРД не објаснува кои се причините и изворот на таа појава. Решение за тоа е саморегулација во медиумите, за која активно ра-боти Здружението на новинарите заедно со уредниците и сопствени-ците на медиумите. Предвидено е до крајот на 2013 да се формира совет за етика кој ќе ја зајакне при-мената на професионалните стан-дарди и етиката во медиумите.

ЗНМ смета дека во стратегијата треба да се предвидат мерки со кои ќе се намали политичкото влијание врз медиумите, бидејќи само така

тие ќе придонесат кон развојот на политичкиот плу-рализам, преку продукција на непристрасни вести и ќе пренесуваат разновидни ставови.

Една од мерките е утврдувањето на јасни закон-ски критериуми за распределба на владините кам-пањи, како и укинувањето на законската можност медиумите да донираат за изборните кампањи на политичките партии. Според ЗНМ, таквата законска можност е извор на корупција меѓу политиката и ме-диумите.

Добро е што СРД детектира дека во медиумски-от простор постојат медиуми со скриена медиумска поврзаност, но не веруваме дека таа состојба ќе се надмине само со прецизирањето на Меморандумот за соработка со Комисијата за заштита на конкурен-цијата. Потребно е Советот да бара јасни законски ингеренции во соработка со други институции да ги открие и санкционира ваквите појави.

Page 21: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

2121

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Институтот „Прогрес” и Фондацијата Фридрих Еберт, на 20 февру-ари (понеделник) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, орагнизираше стручна конфе-

ренција на тема: „Што се случува со слободата на изразување и медиумската слобода во Република Маке-донија?”.

На конференцијата учес-твуваа новинари, експерти, претставници на медиумите, на невладиниот сектор и на професионалните здруже-нија.

Во првиот панел насловен како „Слободата на изразу-вање и медиумската слобода во Република Македонија”, излагање имаше директорот на ЗНМ Драган Секуловски, директорката на МИМ Билја-на Петковска и потпретседа-телот на ССНМ Драган Анто-новски.

Тројцата излагачи конста-тираа дека во последните години постојано се влошу-ваат условите за работа на новинарите и на медиуите. Инцидентот со новинарите во Собранието од 24 декември покажува дека состојбата ес-калира.

Директорот Секуловски го повтори ставот на ЗНМ дека дијалогот со Владата ќе биде замрзнат се додека одговорните институции не го расветлат инцидентот со новинарите во Собранието и додека некој не понесе одговорност за тоа.

Во вториот панел се дебатираше за слободата на изразување и медиумските слободи од аспект на правната рамка и судската пракса во Републи-ка Македонија и Европскиот суд за човекови права

во Стразбур. На оваа тема излагање имаа судијка-та Цаца Николовска и адвокатот Филип Медарски. Експертите констатираа дека законите не се при-менуваат или селективно се применуваат. Освен тоа, досегашната судска практика покажува бројни слабости и затоа е потребно да се работи на едука-ција на судиите за соодветна примена на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО

Состојбата со слободата на изразувањето ескалира

Експертите констатираа дека досегашната судска практика е несоодветна и затоа е потребна едукација на судиите за правилна примена на законите

Page 22: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

2222

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и други партнерски организации, кон крајот на февруари, организраше стручна конфе-реција, на која се разговараше за улогата на

медиумите за одржување на фер и демократски из-бори. На конференцијата учествуваа претставици на ОБСЕ, Советот за радиодифузија, Државната изборна комисија, Граѓанската асоцијација Мост, Центарот за развој на медиумите и други новинарски и медиум-ски организации. Сите учесници, зависно од нивната надлежност, зборуваа за влијанието на професионал-ното известување на медиумите за одржување на фер и демократски избори.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани во уводното излагање рече дека идејата на конференцијата е уште еднаш да се потсетиме за важната улога што ја имаат медиумите за одржување на фер избори, преку по-читување на законските и етичките норми. Селмани рече дека сите актери кои имаат надлежност во сле-

СТРУЧНА КОНФЕРЕЦИЈА ЗА УЛОГАТА НА

МЕДИУМИТЕ НА ИЗБОРИ

Професионално известЗаеднички беше заклучено дека медиумите во текот на известувањето за изборната кампања треба да ги почитуваат законските и етичките норми со што ќе придонесат за одржување на фер избори

Page 23: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

2323

тување за фер изборидењето на известувањето на медиумите, да ги пре-земат сите неопходни мерки да се обезбеди профе-сионало медиумско покривање на изборите и да се спречат евентуалните злоупотреби. ЗНМ ќе ги повика новинарите во текот на изборната кампања да ги по-читуваат професионалните и етичките стандарди, а Советот за радиодифузија да го санкционира секое прекршување на изброните правила.

Претставникот на ОБСЕ Мауро Килво рече дека нема демократија без избори, а фер избори не може да има без слободни медиуми. Тања Поповска од Граѓанската асоцијација Мост рече дека медиуми-те играат голема улога во креирањето на вкупната слика за изборите, а директорот на ЦРМ Роберто Беличанец зборуваше за законската рамка што го уредува начинот на медиумското покривање на из-борите. Според него, има потреба од промена на за-конодавството, бидејќи одредени делови, како што е можноста медиумите да даваат донации за партиите, поттикнуваат корупција во медиумите, а правилникот

за однесувањето на медиумите пред изборната кам-пања ја органичува дебатата во медиумите. Тој по-бара медиумите да ја означат бесплатната политичка реклама за партиите.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи зборуваше за решенијата од Изборниот законик, кои ја регулираат улогата на медиумите во избори. Претседателот на СРД Зоран Трајчевски рече дека од досегашното набљудување на известувањето на медиумите за изборите забележале помали прекршувања на законските прописи во според-ба со претходните избори. Трајчевски смета дека ваквата состојба е резултат од обуките што Советот ги одржувал со претставниците на медиумите околу нивните законски об-врски во следењето на изборите.

Професорката на Високата школа за новинарство Снежана Трпевска рече дека медиумите имаат обвр-ска во текот на изборната кампања да организираат дебата со сите учесници на изборите. Трпевска забе-лежа дека во предизборното известување на меди-умите е забележан скриен говор на омраза.

Page 24: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

2424

Триесетина новинари од електронски и пе-чатени медиуми, како и студенти од земја-ва, кон крајот на ноември лани во Скопје, беа дел од проектот „Во потрага по висти-нити информации - лустрација и дијалог“,

кој го организираа Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Фондацијата Кон-рад Аденауер. Во рамките на проектот за време на дводневната работилница на 23 и 24 ноември беа присутни и германските новинари со огромно искуство во сферата на лустрацијата Питер Грим и Јоханес Белајтес, кои своите истражувања им ги пренесоа на македонските колеги. Грим и Белај-тес одговараа на десетиците прашања кои им ги поставија новинарите и студентите со што преку нивните искуства се обидоа да се решат некои од дилемите поврзани со процесот на лустрацијата во земјава.

Проектот на Здружението на новинарите на Маке-донија и Фондацијата Конрад Аденауер придонесе за доближување на неколку, навидум неспоиви све-тови и обид за презентирање на поинакво видување на процесот на лустрација и компарација на нови-нарската работа во Македонија и во Германија. Ма-кедонските новинари имаа можност да добијат исцр-пна анализа на новинарската пракса и на правната рамка за лустрацијата во Германија која ја презенти-раа нивните германски колеги.

Големиот број прашања и отворената и неисцр-пна дискусија придонесоа за приближување и меѓу-себно запознавање со проблемите и со предизвици-те со кои се соочуваат новинарите кои пишуваат за лустрацијата, како во Македонија така и во Герма-нија.

Македонските новинари, кои беа од различни ме-диуми, како електронски така и пишани, ја увидоа

ДВОДНЕВНА НОВИНАРСКА РАБОТИЛНИЦА

Германски искуства за лустрацијата

Page 25: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

2525

Здружението на новинарите на Македонија и Центарот за економски анализи, кон крајот на јану-ари, организираа дводневна обука на новинари кои следат економски настани. Целта на обуката беше да се зголеми познавањето на новинарите околу на-чинот на подготвувањето на еден буџет, да стекнат нови вештини во новинарските истражувања од економски теми и со тоа да се зголеми фискалната транспарентност. Новинарите низ теоретски пре-давања и практични вежби беа запознаени со сите аспекти поврзани со централниот буџет и буџетите на општините.

Во текот на обуката беше презентирана веб стра-ница за буџетот (www.mkbudget.org) на која нови-нарите можат да најдат корисни информации, како да ги следат институциите во трошењето на јавните пари.

Претставниците на ЦЕА ги презентираа резулта-тите од анкетата во која голем број новинари има-ат општи познавања за начинот на донесување на буџетот, меѓутоа, немаат специфични познавања за буџетските дефицити, буџетскиот циклус, класифи-кацијата на буџетот на економска, функционална и програмска.

Во анкетата најголем дел од новинарите се изјас-ниле дека имаат потреба за информации за буџетот, но дека тие се неквалитетни и тешко достапни.

ОБУКА ЗА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Нови познавања за трошењето на јавните пари

потребата од попрофесионален пристап , макотрпна и трпелива работа и, пред се, потребата од поина-ков пристап и гледање на проблемот на лустрација-та. Проектот им помогна на поискусните новинари да бараат нови агли за истражување, а на помладите им даде увид и различни гледишта за македонскиот и за германскиот модел на лустрација и справување со минатото. На крајот од работилницата беа фор-мирани четири групи на новинарски тимови од по тројца новинари и уредници со различно искуство. Со тимовите раководеа новинарите Драган Антонов-ски и Александар Манасиев. Тимовите имаа задача да истражат по една тема од сферата на лустрацијата која или не била воопшто застапена во медиумите или пак недоволно била обработена. Дел од приказ-ните беа објавени и во познати македонски меди-уми, како што се Радио Слободна Европа и неделни-кот „Република“.

На работилницата, организирана од ЗНМ и Фондацијата Конрад Аденауер, двајца германски експерти пред триесетина македонски новинари говореа дека известувањето за лустрацијата е сериозен предизвик за секој новинар

Page 26: BIlten 2 jan i fev ZNM 2013

Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.