32

Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски
Page 2: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Издавач:

Општина Кочани

За издавачот:

Ратко Димитровски- градоначалник

Организатор на

манифестацијата:

Општина Кочани

НУЦК „Бели мугри“ - КочаниЈОУБ „Искра“ - Кочани

ОМУ „Ристо Јуруков“ - Кочани

Фотографии:

Љубинка АјтовскаФото „Луна“

Славчо Ивановски

Лектор:

Љубинка Ајтовска

Тираж:

500 примероци

Печати:

Униконзум - Кочани

Кочани, 2013

Почитувани,

Предизвик за секоја општи-на е да биде седиште на к у л т у р н и т е случувања во државата, да биде носи-тел на мани-фестацијата

„Град на културата“. Со поддршка од Министерството за култура, Ко-чани во 2012 година ја понесе оваа номинација и беше домаќин на врв-ни културни имиња и дејци, работе-ше со културната елита...

Во 2012 г. имавме квантитивно и квалитативно подобрување на кул-турната понуда во нашата средина. Манифестацијата придонесе за зажи-вување на културата на локално ниво и даде можност за создавање услови за развој на културниот туризам.

Со оваа манифестација на пуб-ликата ѝ понудивме богата култур-на програма со разновидни содржи-ни од сите дејности на културата.

Сите настани беа внимател-но конципирани да го задоволат вкусот на сите посетители, од сите возрасти. Манифестацијата отво-ри простор за подинамична меѓу-народна соработка - културна раз-мена со збратимените пријателски

2 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ОБРАЌА

ЊЕ ОБ

РАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ О

БРАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ О

БРАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ

Page 3: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

градови на Кочани, како унгарски-от Сигетсентмиклош, украинскиот Перејаслав Хмељницки, бугарскиот Казанлак, хрватскиот Крижевци...

Граѓаните на Кочани и сите љу-бители на културата и уметноста проследија околу 150 настани: те-атарски претстави, ревии на фил-мови, музички концерти, ликовни изложби, литературни промоции и многу други културни настани, кои се надградба на континуитетот на културната динамика која во Кочани постојано се зголемува и збогатува.

Радува фактот што постои тен-денција на зголемен број граѓани, кои се заинтересирани да бидат дел од овие културните случувања. Ова треба да биде дополнителен поттик за културното живеење во наредни-от период.

Да се биде носител на мани-фестацијата „Град на културата“ е навистина голема привилегија но, и одговорност. За Општина Кочани како организатор, домаќин на на-станите, ова е едно големо искуство и огромен исчекор во локалното културното живеење.

Се надевам дека секој од вас, почитувани граѓани, имаше убави доживувања за време на овој свое-виден кочански културен маратон!

Во ова издание се сместени дел од настаните што се одржаа во ма-нифестацијата „Град на културата - Кочани 2013“.

Градоначалник,

Ратко Димитровски

3WWW.KOCANI.GOV.MK

ОБРАЌА

ЊЕ ОБ

РАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ О

БРАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ О

БРАЌАЊ

Е ОБРА

ЌАЊЕ

Page 4: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Со огномет и музички изведби од учениците при Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“, на 18 ап-рил во вечерните часови, свечено бе-ше отворена манифестацијата „Град на културата“. Во фоајето на Центарот за култура беше приреден ликовен перформанс предводен од академ-

скиот сликар од Кочани, Александра Сандевска, при што секој од присут-ните можеше да остави своја трага на делата што се создаваа во моментот.

4 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ОТВОРА

ЊЕ НА

МАНИ

ФЕСТАЦ

ИЈАТА

ОТВОРА

ЊЕ НА

МАНИ

ФЕСТАЦ

ИЈАТА

ОТВОРА

ЊЕ

Page 5: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Манифестацијата ја отвори минис-терката Елизабета Канческа Милевска која во своето обраќање пред присутни-те истакна дека целта е на овој начин да се создаваат услови за рамномерен културен развој, намалување на култур-ните диспаритети, достапност на си-те граѓани до културните вредности и нивно масовно користење.

- Предизвик за секоја општина е да биде седиште на културните случу-вања во државата и со поддршка од Министерството за култура, да биде домаќин на врвните културни имиња и дејци, да работи со културната ели-та од татковината и од странство, рече во своето обраќање градоначалникот Ратко Димитровски.

На културните содржини во ЦК „Бели мугри“ им претходеа настани во Библиотеката „Искра“, отворањето на изложбата под наслов Кочанската ар-хитектура низ минато, чиј автор е Илин-ка Атанасова, коешто беше придруже-но со настап на ученици од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“.

5WWW.KOCANI.GOV.MK

ОТ

ВОРАЊ

Е НА М

АНИФЕС

ТАЦИЈА

ТА

Page 6: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Македонскиот пијано виртуоз Симон Трпчески, одржа концерт во Кочани. Вечерта на 15 декември беше посветена на триделниот такт, на песната и танцот. На програмата создадена специјално за единствениот концерт на Трпчески во Македонија годинава, се најдоа дела на Шуберт, Лист и композиции од македонските автори Шахов, Зографски...

Со Трпчески настапија студентите по оперско пеење Симона Чакарјанева, Иван Наумовски и Ангелка Гајтановска, а почесен гостин на концертот беше првиот дипломиран студент во неговата класа, кочанецот Андреј Наунов.

За крај, како изненадување за публиката, националниот уметник на Република Македонија со гостите ја изведе „Кочански семејни“, како што рече, по адаптација на Дамир Имери, создадена за концертот во Кочани.

Градоначалникот Ратко Димитровски заблагодарувајќи се за гостувањето, му подари оризова ракатка, симболот на Кочани.

6 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 7: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Кочани, како град на културата за 2012 г. беше домаќин на Канадскиот симфо нис-ки оркес тар. Под дири-гентнство на Бујар Ли-пај, со The West Coast Symphony настапи и квартетот „Мјузик про-гресив“. 

Кочанската пуб-ли ка проследи дела од Бизе, Глинка, Чај-ков ски, Офенбах, Дуке Бојаџиев, Марко Виде-новиќ.

На 13 јуни во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, концерт одржа Ма-кедонската филхармонија. Под диригентство на Борјан Цанев на програмата беа де-ла од Моцарт, Бетовен, Хајдн и Властимир Николовски.

Концерт-мајстор беше Владимир Костов, кој студи-ите по виолина ги завршил во класта на проф. Михајло Куфујонакис.

Со изведбата на десетина класични дела од познати автори, низ кои провејуваа современи ритмови и стилови, со рок-бендот „Танг Лонг“ и ме-шаниот хор, синфонискиот оркестар од Музичкото училиште „Илија Нико-ловски Луј“, под диригентство на Ле Фи Фи ѝ приреди одлично културно доживување на кочанската публика.

Полната сала ги награди му-зичарите со г р о м о г л а с н и аплаузи, оста-вјќи им, спо-ред нивните зборови, неза-боравни сеќа-вања од наста-пот во Кочани.

На 13 јуни во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, концерт одржа Ма-кедонската филхармонија. Под диригентство на Борјан Цанев на програмата беа де-ла од Моцарт, Бетовен, Хајдн и Властимир Николовски.

Концерт-мајстор беше Владимир Костов, кој студи-ите по виолина ги завршил во класта на проф. Михајло Куфујонакис.

С бСо изведбата на десетина класични дела од познати автори, низ коипровејуваа современи ритмови и стилови, со рок-бендот „Танг Лонг“ и ме-шаниот хор, синфонискиот оркестар од Музичкото училиште „Илија Нико-ловски Луј“, под диригентство на Ле Фи Фи ѝ приреди одлично културно доживување на кочанската публика.

Полната сала ги награди му-зичарите сог р о м о г л а с н иаплаузи, оста-вјќи им, спо-ред нивнитезборови, неза-боравни сеќа-вања од наста-пот во Кочани.

7WWW.KOCANI.GOV.MK

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 8: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

На отворената сцена  во Градскиот парк концерт одржа  Влат ко Стефановски – Трио. Пуб ликата беше све док на енергичен и моќен настап на Сте фа-новски и ужи вање со „Чукни во дрво“, „Као какао“ „Џипси меџик“, ин стру мен-талите „Јано мори“, „Учи ме мај ко, карај ме“...

Под наслов „Најдоброто од Ма-ке донија – нај до-брото од Кочани“, настапија и кочан-ски от гитарист Сте-фан Миладинов и гру пите Игуана и Ки рилична под-дршка.

8 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 9: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Во рамките на манифестацијата „Град на културата – Кочани, 2012“, на сцена во Трговскиот центар во Кочани настапи македонската му-зичка дива Каролина Гочева. На концертот пееше стари маке-донски народни песни и дел од темите од нејзи-ниот најнов албум. Без штедење на емоциите, гласот на Гочева има-ше придружба само од хармоника и кларинет.

Концертот на Ка-ролина беше само дел од музичката вечер на која настапија и членовите на хрватската група „Теди Лајон Селекшн“.

„Теди Лајон Селекшн“ важи за креативен бенд со многу концерти, гала наста-пи, телевизиски настапи во живо.

Од градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, музичарите добија пригодни по-дароци.

9WWW.KOCANI.GOV.MK

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 10: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

По повод изградбата на фонтаната, во Трговскиот центар, Светскиот ден на културата, 10 јуни, Градот на културата - Кочани, го дочека со низа музички содр-жини. Силви бенд и Фолклорниот ансамбл од Куманово го прикажаа мјузиклот „Коштана“, а потоа настапи „Шајн“ – дуото Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов, а за кочанската публика пееше и македонската музичка ѕвезда Ѓоко Танески.

10 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 11: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Вечерта на 20 јули, концертот на „Суперхикс“ ја наполни летната тераса на мотелот „Гратче“. 

Во препознатлив ритам, младите одлично се забавуваа на настапот на ед-на од најпопуларните групи во Македо-нија и регионот.

Во Трговскиот центар во Кочани гостуваше „Синтетиксакс“ од Битола. Публиката имаше можност да ги слушне најголемите латино и светки музич-ки хитови поддржани од саксофон и гитара.

11WWW.KOCANI.GOV.MK

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 12: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

На 16 јули во Библиотеката „Искра“ беше промовиран романот „Лет број 555“ од кумановскиот ав-тор Бобан Богатиновски.

Делото го промовираше   про-фесорката по македонски јазик од СОУ „Гошо Викентиев“, Жаклина

Филипова Свеќароска. Извадоци од книгата читаше Наташа Анаста-сова.

Богатиновски, по професија лекар,   е познат писател,   член на Друштвото на писатели на Македо-нија.

Пред свеченото отворање на 48. издание на Драмскиот аматерски фестивал беше приреден книжевен портрет на Матеја Матевски. Слово за големиот македонски поет одржа академик Георги Старделов.

Драмскиот аматерски фестивал му подари портрет на Матеја Матев-ски, изработен во техниката масло на платно од академскиот сликар од Ко-чани, Александра Сандевска.

Стихови од Матевски интерпре-тираа актерите Силвана Јаневска,

48.. кии енн воо жаа

ал

Страшко Милошевски и Кристина Атанасова Арсова, во музичка при-дружба на вилионистиката Пламенка Трајковска, а во режија на Васил Шу-мански.

12 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ЛИТЕР

АТУРА

ЈАЗИК

ПРОМО

ЦИИ Р

ОДМО

КРАЈНИ

АВТОР

И ПОЕЗ

ИЈА ЛИ

ТЕРАТУ

РА ЈАЗ

ИК

Page 13: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Стихозбирката „Темја-нушка“ е поетски првенец на кочанскиот поет Зоран Мицев. Во неа авторот донесува 60-ти-на творби како израз на мла-дешкиот дух и неговиот неот-сонуван сон.

Во организација на Биб-лиотеката „Искра“, делото го промовираше Киро Герасимов, кој се јавува и како нејзин ре-цензент, а стихови од младиот Мицов читаше Катерина Дани-лова, член на поетскиот клуб  „Копнеж“.

По повод 21. годишнина од не-зависноста и самостојноста на Ре-публика Македонија, Библиотекаta „Искра“ организираше средба со по-етот, есеист и преведувач, членот на Друштвото на писатели на Македо-нија, Раде Силјан.

Професорката Љубинка Донева доближи дел од поетското творештво на Силјан, посебно акцентирајќи ја поезијата од „Пресликано вре-ме“, а актерот Страшко Милошевски илустрираше со стиховите на Силјан.

Меѓу гостите на средбата со Раде Силјан беше и познатиот македонски автор Паскал Гилевски.

13WWW.KOCANI.GOV.MK

ЛИТЕР

АТУРА

ЈАЗИК

ПРОМО

ЦИИ Р

ОДМО

КРАЈНИ

АВТОР

И ПОЕЗ

ИЈА ЛИ

ТЕРАТУ

РА ЈАЗ

ИК

Page 14: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Дваесет и две слики во маслена техника во циклус насловен „Про-должение“, првпат пред кочанската публика ја претставија на самостојна изложба Александра Сандева, род-нокраен ликовен уметник. Нејзината шеста изложба содржи дела исполне-ти со многу емоции.

Програмата на отворањето на изложбата беше збогатена со музич-ки дел во пијано изведба на Анита Накова од Штип.

Од 29 август до 2 септември, десетина ученици од основните и средните учи-лишта од Кочани, Скопје и Куманово беа учесници на првата детска ликовна ко-лонија „Свети Пантелејмон“ што во ор-

ганизација на Општина Кочани се одржа во манастирскиот комплекс

„Свети Пантелејмон“. Учесниците сликаа мотиви

од манастирскиот комплекс.Колонијата во Пантелеј се

одвиваше под менторство на академскиот сликар Алексан-дра Сандева од Кочани.

густ до 2 септември, десетинаОд 29 авд основните и средните учи-ученици одКочани, Скопје и Куманово беа лишта од К на првата детска ликовна ко-учесници

Свети Пантелејмон“ што во ор-лонија „Сција на Општина Кочани сеганизацганизац

а во манастирскиот комплекс одржаети Пантелејмон“. „Све

Учесниците сликаа мотиви манастирскиот комплекс.од

Колонијата во Пантелеј седвиваше под менторство на одкадемскиот сликар Алексан-ака Сандева од Кочани.др

14 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ЛИКОВ

НИ ИЗ

ЛОЖБИ

ЛИКОВ

НИ КО

ЛОНИИ

СКУЛП

ТУРИ Г

РАФИК

И АКВА

РЕЛИ Л

ИКОВ

Page 15: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

- Кочани и’ го нуди најдоброто на својата публика во манифестацијата „Град на културата“, затоа е овде Вла-димир Симеонов, рече неговиот коле-га, уметникот Менсур Вајда на отво-рањето на втората изложба во Коча-ни, десетта самостојна на Симеонов.

Динамичен и перспективен, Вла-димир уште од мал, на Малиот битол-ски Монмартр ја добива Златната мо-нета, награда што го мотивира про-фесионално да се ориентира.

Изложбата поставена во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“

Ликовни уметници од Ко-чани, меѓу кои и скулптори, се претставија со свои дела на групната изложба под наслов „Кочански бисери“.

Во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ беа изло-жени делата на Маја Анастасо-ва-Христова, Оливера Атанасо-ва, Јован Витановски, Слаѓана Га-врилова-Гранкова, Елица Досе-ва, Танас Дедов, Симона Ѓорѓева, Станко Ѓорѓиев, Елиза бета Сто-јанова-Зафирова, Надица Или-ева, Драгана Јовеска-Канго, Ма-рија Мицова-Гацова, Александра Сандева, Владимир Симеонов, Катерина Соколова, Надица Сто-илкова, Орхан Ќамил, Иван Ша-пков и Драган Тасевски.

во Кочани е селекција од 17 слики во маслена техника во кои има дел и од циклусот Прошетка низ Скопје.

15WWW.KOCANI.GOV.MK

ЛИКОВ

НИ ИЗ

ЛОЖБИ

ЛИКОВ

НИ КО

ЛОНИИ

СКУЛП

ТУРИ Г

РАФИК

И АКВА

РЕЛИ Л

ИКОВ

Page 16: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Претставата „Окрестарот Тита-ник“ на Аматерскиот театар при Цен-тарот за култура „Бели мугри“ од Коча-ни, во режија на Кристина Атанасова Арсова, ја понесе највисоката награда – Гран при, на 48. Драмски аматерски фестивал што се одржа во Кочани од 28 мај до 2 јуни, во рамки на манифес-тацијата „Град на културата“.

16 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ТЕАТАР

ДАФ М

ОНОД

РАМИ Е

ТИДА П

АНТОМ

ИМА Т

ЕАТАР

ДАФ М

ОНОД

РАМИ Е

ТИДА

Page 17: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Петтото монодрамско оства-рување, комплетно авторско де-ло на професорот по македонски јазик, Доне Донев е посветено на Методија Андонов Ченто, чија пре-миера беше прикажана на 17 ав-густ, во Центарот за култура „Бели мугри“.

Во монодрамата Донев корис-тел материјали кои зборуваат за животниот пат на овој македонски револуционер, од неговото раѓање, до апсењето и пуштањето на сло-бода. При подготовката на текстот му помогнал синот на Ченто, Илија Андонов.

Петтото монодрамско оства-рување, комплетно авторско де-ло на професорот по македонски јазик, Доне Донев е посветено на Методија Андонов Ченто, чија пре-миера беше прикажана на 17 ав-густ, во Центарот за култура „Бели мугри“.

Во монодрамата Донев корис-тел материјали кои зборуваат за животниот пат на овој македонски револуционер, од неговото раѓање, до апсењето и пуштањето на сло-бода. При подготовката на текстот му помогнал синот на Ченто, Илија Андонов.

17WWW.KOCANI.GOV.MK

М О НМ О Н О Д Р АО Д Р А М А З АМ А З А

Ч Е Н Т ОЧ Е Н Т О( д а с е у б и е с е б е в о с е б е )( д а с е у б и е с е б е в о с е б е )

АВТОРСКИ ПРОЕКТ НА

ДОНЕ ДОНЕВ

ТЕАТАР

ДАФ М

ОНОД

РАМИ Е

ТИДА

Page 18: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Ожнеаните оризови снопови се вршеа со коњи, на гумно, а потоа во дворот на подрачното училиште „Ни-кола Карев“ во Тркање, следеше на-родна веселба.

Месната заедница, како органи-затор на настаните од „Деновите на оризот“ во ова село, постави изложба на рачни изработки, предмети од до-маќинството, а беше организирана и дегустација на јадења од ориз.

На 21. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ обичајот заж-нејување на традиционален начин се изведе на нивите во селото Тркање.

Најубавата жетварка за 2012, петнаесетгодишната Сара Ангелова ја зажнеја првата оризова ракатка, со благослови оваа година родот да би-де богат, а жетвата да оди лесно. Се пееја жетварски песни, а беше при-реден и традиционален жетварски ручек.

18 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ДЕНОВИ

НА КО

ЧАНСКИ

ОТ ОРИ

З ДЕНО

ВИ НА

КОЧАН

СКИОТ

ОРИЗ Д

ЕНОВИ

НА КОЧ

А

Page 19: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Централно место во културно-забавната програма имаше седен-ката со Сузана Спасовска, која во придружба на оркестар од изворни инструменти испеа познати народ-ни песни. На фолклорниот концерт

настапија гостите од Унгарија, Рома-нија и Хрватска.

На манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, Сашко Митев од селото Тркање беше избран за најус-пешен земјоделец во 2012 г.

19WWW.KOCANI.GOV.MK

ДЕНОВИ

НА КО

ЧАНСКИ

ОТ ОРИ

З ДЕНО

ВИ НА

КОЧАН

СКИОТ

ОРИЗ Д

ЕНОВИ

НА КО

ЧА

Page 20: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Петнаесетгодишната Сара Ан-гелова, членка на КУД „Руен“ од Ко-чани беше избрана за жетварска уба-вица за 2012 година на Изборот што се одржа на 28 септември на Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“, со што беше отворена 21. ма-нифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Од тринаесетте учеснички, за прва придружничка беше избрана Бојана Стојмировска од КУД „Руен“, а за втора Христина Ристова од ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.

Изборот на жетнарска убавица претавуваше своевидна театарска етида, приказ на вечната борба меѓу доброто и злото.

20 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ДЕНОВИ

НА КО

ЧАНСКИ

ОТ ОРИ

З ДЕНО

ВИ НА

КОЧАН

СКИОТ

ОРИЗ Д

ЕНОВИ

НА КОЧ

А

Page 21: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Во музичката програма наста-пија танцовиот состав „Роза“ од Ка-занлак, Република Бугарија и Сања Лефкова.

21WWW.KOCANI.GOV.MK

ДЕНОВИ

НА КО

ЧАНСКИ

ОТ ОРИ

З ДЕНО

ВИ НА

КОЧАН

СКИОТ

ОРИЗ Д

ЕНОВИ

НА КО

ЧА

Page 22: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Во пресрет на Петровден, на Пониква на Осоговските Планини  се одржa петтата средба на Власите од Македонија насловена „На Петровден сите на планина“.

Во рамки на средбата,  на која присуствуваа над илјада посетители од цела Македонија и

странство настапија пејачки групи, солисти и фолклорни ансамбли од Македонија.

Организатор е пејачката група „Грамостеањ“ од Скопје со фи нан-сис ка поддршка на Општина Кочани, како дел од манифестацијата „Град на културата- Кочани, 2012“.

На 6 јуни, во Биб-лиотеката „Искра“ во Кочани беше отворе-на изложба на фото-графии на тема Де-коративна пластика од верски исламски објекти.

Авторите на из-ложбата, позајмена од Одделот за исто-рија на уметност од Музејот на Македо-нија, Борче Топуков-ски и Татјана Канчев-

ска Смичковска преку триесетина фотогра-фии прикажаа дел од исламските сакрални објекти градени по-меѓу XV и XVII век во Македонија.

22 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ЕТНО Е

ТНО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО

Page 23: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Изградена е Етно-куќа во Кочани, проект на Општина Кочани и Општина Рила од Програмата за прекугранич-на соработка на Европската унија. Создаден е простор на три нивоа – подрум, приземје и кат на кој се претставуваат старите занаети од Кочанско и автентични етно- елементи. Со Етно-куќата Кочани доби специфична музејска инфра-структура што го претставува локалното етнолошко богат-ство.

На отворањето беше претставена изложбата на фо-тографии од старата архитек-тура во Кочани, а археологот Илинка Анастасова го промо-вираше делото „Свети Атана-сиј – енеолитско светилиште кај село Спанчево, Кочанско“.

Изградена е Етно-куќа во Кочани, проект на Општина Кочани и Општина Рила од Програмата за прекугранич-на соработка на Европската унија. Создаден е простор на три нивоа – подрум, приземје и кат на кој се претставуваатстарите занаети од Кочанскои автентични етно- елементи. Со Етно-куќата Кочани доби специфична музејска инфра-структура што го претставува локалното етнолошко богат-ство.

На отворањето беше претставена изложбата на фо-тографии од старата архитек-тура во Кочани, а археологот Илинка Анастасова го промо-вираше делото „Свети Атана-сиј – енеолитско светилиштекај село Спанчево, Кочанско“.

23WWW.KOCANI.GOV.MK

ЕТНО Е

ТНО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО ЕТ

НО

Page 24: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

На 29 ноември, во прос-ториите на Библиотеката „Ис-кра“ беше промовирано делото „Печатарството и издаваштво-то во Кочани од 1945-2012“ од авторот Киро Герасимов.

За значењето на делото говореа Ратко Димитровски, прв графички инженер во Ре-публика Македонија и градона-чалник на Општина Кочани и Драги Аргировски, новинар во пензија.

Аргировски го оцени Ге-расимов како еден од најпро-дуктивните кочански автори, кој и со ова дело остава значај-ни податоци за развојот на пе-чатарството и издаваштвото во Кочани.

Неколкугодишните истражува ња и прибирање на значаен матери јал од историјата и животот на Кочани резултираше со печатење на монографијата „Кочани“. Промоцијата беше организирана на 5 октомври во салата на Мулти-културниот центар во Ко чани.

Централно место во ова дело има фотографијата. Промотор на моногра-фијата беше проф. д-р Александар Стојмилов, кој истакна дека сета материја во неа е изложена како една целина, така што читателот преку текст богато ислустриран со фотографии добива една комплетна претстава за просторни-от развој на Кочани, неговото историско минато, занимањето на наеселението и неговите етнолошки специфичности.

24 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

ЛИТЕР

АТУРА

ЈАЗИК

ПРОМО

ЦИИ Р

ОДМО

КРАЈНИ

АВТОР

И ПОЕЗ

ИЈА ЛИ

ТЕРАТУ

РА ЈАЗ

ИК

Page 25: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Непочитувањето и непознавањето на стандардниот македонски јазик е слично на недоволната грижа за сопствениот изглед и личната хигиена или недостиг на самопочит. Оттука, едно од духовните богатства на народот е не-говиот јазик.

Со цел да придонесе во градењето на свеста кон јазикот како најголемо национално богатство, Општина Кочани во рамките на програмата „Град на

културата“ организираше трибина на која пре-давања имаа професорите на Универзитетот

„Гоце Делчев“ од Штип, и научни работни-ци од Институтот за македонски јазик

„Крсте Мисирков“ во Скопје, Снежа-на Веновска-Антевска, Гоце Цве-

тановски и Билјана Маленко.

Во монографијата „Гр-довци – од дамнина до ве-чнина“ авторот Венцо До-нев внесе дел од животот на едно од постарите населени места во Кочанско.

„Тоа е запис за мемо-ријата на едно време што ос-тавило траги во земјата и над земјата, во документите, спо-мените и легендите за село-то, почнувајќи од антиката до денес. Книгата донесува атмосфера, сведоштва, ду-ховити сеќавања, мирис на селската прашина, звук на грамофон во првата селска дискотека, селски фудбал-ски натпревар на кој доаѓа двеилјадна публика, селски кафеани со жива музика...“ - ќе рече еден од рецензенти-те на делото, проф. д-р Лазар Лазаров.

25WWW.KOCANI.GOV.MK

ЛИТЕР

АТУРА

ЈАЗИК

ПРОМО

ЦИИ Р

ОДМО

КРАЈНИ

АВТОР

И ПОЕЗ

ИЈА ЛИ

ТЕРАТУ

РА ЈАЗ

ИК

Page 26: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Уметнички состави од градот Ка-занлак, Бугарија: балерините од Ба-летско-танцовиот центар „Грација“, под уметничко раководство на Ала Ангелова и мешаниот хор „Севтопо-лис“ под диригентство на Дора Коше-ва, на 28 август беа гости на Кочани, во рамки на манифестацијата „Град на културата“.

Балетскиот состав важи за љуби-мец на граѓаните на Казанлак, фор-мација што ја разнесе славата на до-лината на розите низ цела Бугарија и стекна пријатели и високи оценки од меѓународните комисии во Полска, Русија, Словачка, Франција, Кина и Македонија.

Хорот „Севтополис“ се претста-ви со духовна музика. Тој ја продол-жува традиција на казанлшката хор-ска школа со богат и разнообразен репертоар кој вклучува световни ком-позиции и обработка на современи теми.

26 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 27: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Од 25-28 декем-ври во салата на Цен-тарот за култура „Бе-ли мугри“ се одржа дванаесеттиот Ново-годишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.

Овој пат концер-тот беше инспириран од филмот „Хари По-тер“, а се реализира-ше под мотото „Но-вогодишна магија“. Околу двесте сегаш-ни и поранешни уче-ници од Музичкото училиште и профе-сори по музика, ор-ганизирани во дет-ски и младински хор, камерен оркестар и електричен бенд ис-полнија познати но-вогодишни и божиќ-ни композиции.

27WWW.KOCANI.GOV.MK

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 28: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Поезија и музика со Пламен Сивев и Точка БГ во бавчата „Оазис“ во летниот период од манифестацијата.

Концертот на џез составот „Фримоушн“ од Виена и саксо-

фонистката Едит Летнер, ја воодушеви кочанската публика која можеше да ја проследи изведбата на специфични џез нумери, проткаени со елементи на африкански, ориентален, па и етно, македонски ритам. Одличниот звук, на-дополнет со префинетоста на импровизациите на Летнер донесоа долги апла-узи и повторно враќање на сцената.

Гостувањето на „Фримоушн“во Кочани беше организирано со помош на нашиот иселеник во Австрија, Спасе Ар-

сов, и самиот музичар, некога-шен член на групата „Тене-

си“ од Кочани, и еден од зачетниците на

рокенролот кај нас.

28 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 29: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Машкиот и жен-скиот хор на културно-то друштво „Шмарје“ од истоимената населба во Словенија, настапија во Кочани. Донесоа слове-нечки народни песни во хорска изведба. Се претставија и со далма-тински, но и со македон-ски композиции.

Костадинка Велковска, хрватска театарска, телевизиска и филмска ак-терка со македонско потекло и хрватскиот композитор, далматинецот Тони Етеровиќ одржаа концерт во ЦК „Бели Мугри“, во рамки на манифестацијата „Град на културата – Кочани, 2012“.

Велковска настапи со монолог на Штолцерова од Крлежината „Под мас-ката“, а централно место имаа шансоните по кои таа е препознатлива. Некол-ку песни исполни и композиторот Тони Етеровиќ, а уметниците изведоа и по-знати македонски песни.

Во рамките на концертот на хорот од Шмарје-Сап, свој настап имаше и старо-градскиот ансам-бл при Центарот за култура „Бели мугри, кој испол-ни неколку ком-позиции од кочан-скиот крај.

Машкиот и жен-скиот хор на културно-то друштво „Шмарје“ од истоимената населба во Словенија, настапија во Кочани. Донесоа слове-нечки народни песни во хорска изведба. Се претставија и со далма-тински, но и со македон-ски композиции.

Во рамките на концертот на хорот од Шмарје-Сап, свој настап имаше и старо-градскиот ансам-бл при Центаротза култура „Бели мугри, кој испол-ни неколку ком-позиции од кочан-скиот крај.

29WWW.KOCANI.GOV.MK

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 30: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Проф. д-р Гордана Јосифова Неделковска, на 18 декември, во салата на Правниот факултет во Кочани одржа концерт на обоа, Јосифова-Не-делковска во Кочани настапи во пијано придружба на Елена Атанасовска – Ивановска.

Публиката проследи дела од Бах. Телеман, Дебиси, Колин, Енио Мориконе, а ја изведе и македонската „Не си го продавај Кољо чифликот“, во аранжаман на Кире Костов.

Во салата на Мулти-културниот центар, кон-церт на флејта одржа Ан-гелина Катмерова.

Во пијано придружба на проф. Марија Вршкова, Катмерова понуди врвна програма од флејтовата литература. Изведе дела од Демерсман, Рајнике, Кулау и Тафанел.

Во салата на Мулти-културниот центар, кон-церт на флејта одржа Ан-гелина Катмерова.

Во пијано придружба на проф. Марија Вршкова, Катмерова понуди врвна програма од флејтовата литература. Изведе дела од Демерсман, Рајнике, Кулау и Тафанел.

Проф. д-р Гордана Јосифова Неделковска, на 18 декември, во салата на Правниот факултет во Кочани одржа концерт на обоа, Јосифова-Не-делковска во Кочани настапи во пијано придружба на Елена Атанасовска – Ивановска.

Публиката проследи дела од Бах. Телеман, Дебиси, Колин, Енио Мориконе, а ја изведе и македонската „Не си го продавај Кољо чифликот“, во аранжаман на Кире Костов.

Во салата на Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани се одржа кон-церт на туба и пијано со Виктор Карапанџов и Невенка Трајкова.

Карапанџов е професор по туба во Средното му-зичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, a Невен-ка Трајкова, пија-но придружбата на Карапанџов,  е уметнички сора-ботник на Факул-тетот за музичка уметност во Штип.

На програма-та беа дела од Ва-генсел, Даулин, Лохман...

30 КОЧАНИ ГРАД НА КУЛТУРАТА

МУЗИК

А КЛАС

ИКА К

ОНЦЕР

ТИ ПО

ПРОК

ЏЕЗ ФО

ЛК ЕТН

О БАЛЕ

Т МУЗИ

КА КЛА

СИКА

Page 31: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски

Во организација на Биб-лиотеката „Искра“ и Лите-ратурниот клуб „Копнеж“ од Кочани, на 11 мај во салата на Мултикултурниот центар се одржа Детскиот поетски фес-тивал „Мајски цвет“.

Учествуваа 11 училишта и 7 библиотеки од Кочани, Скопје, Велес, Штип, Струми-ца, Делчево, Пробиштип, Ра-довиш и Пехчево.

Во Библиотеката „Искра“ беше приреден портрет на роднокрај-ниот автор, Дарко Спа-сов.

Спасов е преведу-вач од словенечки, чеш-ки, од англиски. Рабо-ти со драмски тексто-ви, проза – раскази, по-езија, романи, стручна и литература за деца од најрана возраст. За де-сетина години напра-вил 34 преводи. Публи-ката ја поздрави со фра-зата Litera scripta manet или Пишаниот збор ќе остане.

П р в а т а награда ја до-би песната „Фејсбук зави-сник“ на Оти-лија Арсенова од ОУ   „Сини-ша Стоилов“ од Зрновци.

31WWW.KOCANI.GOV.MK

ЛИТЕР

АТУРА

ЈАЗИК

ПРОМО

ЦИИ Р

ОДМО

КРАЈНИ

АВТОР

И ПОЕЗ

ИЈА ЛИ

ТЕРАТУ

РА ЈАЗ

ИК

Page 32: Bilten grad na kulturata1 - kocani.gov.mkkocani.gov.mk/gragjani/publikacii/c51014da25b43e12826f420e81eb277… · 9 ... Силјан беше и познатиот македонски