6
УНИВЕРЗИТЕТ „ КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА РОДОВИ СТУДИИ ЕСЕЈ: КВОТИ Ментор: Кандидат: Проф/Д-р

ESEJ 1 - KVOTI

Embed Size (px)

DESCRIPTION

квоти

Citation preview

Page 1: ESEJ 1 - KVOTI

УНИВЕРЗИТЕТ „ КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА РОДОВИ СТУДИИ

ЕСЕЈ:

КВОТИ

Ментор: Кандидат:

Проф/Д-р

Скопје, Април, 2013 година

Page 2: ESEJ 1 - KVOTI

Родово балансираната квота воведена во изборниот законик во 2006 г.

обезбедува рамномерно учество на помалку застапениот пол низ целата листа за

парламентарни и за локални избори. Оваа мерка има за цел претставување на

правичноста и заради потпора при поставувањето на прашањата на политичката

агенда.

Развојот на родовата машинерија преку организирани форми на локално и

на национално ниво има голема поддршка за зацврстување на прашањата битни

за жените преку Законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Овој закон

ги поставува основите на релациите во националната машинерија

Законот за работни односи со одредени амандмански измени се однесува

на родителското отсуство и на големината на периодот на породилното отсуство.

Тука се и законските измени и програмските поставувања во здравствената

сфера, како задолжителните гинеколошки прегледи за секоја жена еднаш во

годината.

Кога станува збор за женското организирање и поставување на прашањата

на политичка агенда, можеме да истакнеме дека учеството на жените во

политиката и во одлучувачките органи е важно како потпорен механизам за

поставување други прашања од интерес за воведувањето на квотата на

кандидатските листи во Собранието на Р. Македонија. Оваа квота најпрвин беше

партиска квота, па прерасна во државна законска обврска на Парламентарните

избори 2002. За неа се лобира на изборите на локално ниво за унапредување со

рамномерна застапеност, т.е. за квота од 30% на целиот дел на листата (од

Парламентарните избори 2002), по што се доби рамномерната застапеност на

локалните избори за 30% од помалку застапениот пол на горниот дел на листата и

30% од помалку застапениот пол на долниот дел на листата

Сите овие и други теми поставени пред виделината на јавноста, вметнати

во програмите на политичките партии и на крајот резултирајќи со законски измени,

како и сите други предизвици претставени пред нас, се резултат на здружената,

солидарна активност. Тие се резултат на заедничко пронаоѓање на приоритетите

Page 3: ESEJ 1 - KVOTI

и огромна меѓусебна поддршка што резултира со брза, навремена и соодветна

акција и со воспоставени практики.

1. Програми кои ги споменуваат жените низ целиот документ, но исто така од-

делуваат посебен дел за родови прашања или еднакви можности. На овој, би се

рекло најсеопфатен начин, се укажува на потребата за двојно делување кога

станува збор за јакнење на жените. Низ посебни мерки но и соодветно

вклучување во главните активности.

2. Партии кои го употребуваат таканаречениот “gender mainstreaming” пристап т.е.

пристапот на воведување на родови прашања во главните текови на програмата.

Во овој случај жените се споменуваат низ целата програма без при- тоа да се

осврнат на нив во посебно поглавје.

3. Програми во кои жените се споменати само во посебно поглавје, со што се

укажува на свесноста на партијата за позицијата на жените, па затоа и се посебно

споменати. Но, овој пристап лесно доведува и до маргинализација на жените во

партијата и нивно сведување на само уште една дополнителна активност, надвор

од главните активности и прашања за кои се залага таа политичка партија.

4. Партии кои воопшто не се осврнуваат на женските прашања и родовата еднак

вост во рамките на нивните програми. Останува да се истражи по детално дали

овој пристап е резултат на убедување на партијата дека жените се рамноправ- ни

во општество, а со тоа и нема потреба од посебен осврт во програмата. Кога беа

анализирани по детално областите во кои најмногу се споменуваат же- ните, т.е.

на кој начин се споменуваат прашањата поврзани за квалитетот на животот на

женските човекови права, би можело да се каже дека немаше многу

изненадувања.

Тие се спомнуваат во т.н. „традиционални –женски“ области како што се

социјалата и образованието или области кои имаат за цел да ја унапредат,

заштитат или промовираат биолошката функција на жената. Конкретно ова се

однесува на здравството (гинеколошките прегледи против карцином на матката,

заштита од ХПВ-Human papilloma Virus) и демографската и популационата

Page 4: ESEJ 1 - KVOTI

политика. Но, исто така, во програмите се спомнуваат и т.н. „специфични“ женски

прашања како што е насилство врз жените како и прашања кои говорат за

вкупната популација но даваат осврт и на потребите на жените на пр.

самовработување и економско јакнење. Би можело да се каже дека ова е резултат

на погоре објаснетиот пристап на програмите на ПП кон прашањата кои ги

засегаат жените.

Во најопшта смисла, квотите имаат стратешка цел да стават крај на пречките со

кои жените традиционално се соочувале кога се обидувале да учествуваат и да

приста- пат кон сферите на одлучување (Дуарте 2001 година).

Може да се постигне поголема застапеност на жените во политиката. Постојат два

типа на родови квоти: а) тие што се рефлектирани во законот и поврзани со

изборниот систем и б) доброволни квоти од страна на политичка партија. Сеуште

нема јасен одговор кои се поефикасни и преку кои се постигнуват потрајни

резулта-

ти. Напоредно со применување на квотите, политичките партии би требало да го

зајакнат и потенцијалот на жените членки, а со тоа да осигураат доволен број на

подготвени кандидатки со кои би ги пополниле квотите. Во оваа анализа, нашиот

предмет на истражување беше да видиме дали партиите имат доброволни родови

квоти и дали ги градат капацитетите на жените членки преку применување на

квотите и во обуките.

Page 5: ESEJ 1 - KVOTI