56

Godisen Izvestaj 2010

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Godisen Izvestaj 2010 na Crven Krst na Republika Makedonija

Citation preview

Page 1: Godisen Izvestaj 2010
Page 2: Godisen Izvestaj 2010

Хуманост

ПРИНЦИПИ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогнена ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогашкога е тоа можно. Целта на движењето е да го заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе.

Непристрасност

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојувада ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

Неутралност

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогнена ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогашкога е тоа можно. Целта на движењето е да го заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничкоразбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе.

Независност

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и сепредмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваатво секое време, согласно со принципите на Движењето.

Доброволна служба

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

Eдинство

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да бидеотворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

Универзалност

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаковстатус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

Page 3: Godisen Izvestaj 2010

Одбележан 65- от јубилеј на Црвениот крст на Република Македонија..............5План на стратешко дејствување за претстојната деценија..............................8

Сигурно чекорење кон развој, модерно работење и соработка.............................9

Градење на организациски стандарди........................................................................................................................9Во чекор со современите начини на информирање до поефикасно комуницирање.............................................10Отворени пред јавноста..............................................................................................................................................10Поттикнување на волонтерско вклучување и дејствување.....................................................................................12Спој меѓу хуманитарниот и корпоративен свет........................................................................................................14Едуцираме, обучуваме, дејствуваме........................................................................................................................17Систематизиран пристап за развој и размена на искуства помеѓу ООЦК...............................................................18Ц-бар - примена на новиот метод за процена и самопроцена на Националнитe друштва...................................19

Меѓународна интеракција и случувања.................................................................................20

Со помош од големото семејство..............................................................................................................................208- Европска регионална конференција на Црвен крст/Црвена полумесечина.......................................21Цврсти пријателства..................................................................................................................................................22Заедно со соседите ....................................................................................................................................................23

Постигнувања во областите на дејствување.........................................................24

Лице в лице со предизвикот ......................................................................................................................................24Во служба на луѓето и хуманоста...............................................................................................................................28Градење на колективна здравствена свест...............................................................................................................34Првата помош спасува живот ....................................................................................................................................39Хуманост преку капка крв..........................................................................................................................................42За проактивна младина .............................................................................................................................................45Црвениот крст дел од ”Аларм за природата” ...........................................................................................................47Промоција за знаењата за Црвен крст и хуманата мисија.......................................................................................48Воспоставување на семејни врски.............................................................................................................................49

Финансиски извештај .....................................................................................................................50

Ревизoрски извештај................................................................................................54

Благодарност до волонтери, членови на организацијата, партнери и донатори..55

СОДРЖИНА

Page 4: Godisen Izvestaj 2010

4

На заминување на 2010 година се осврнуваме на нашите постигнувања

и предизвици кои беа дел од нашето секојдневие во текот на минатата

година. Во годишниот извештај за работа на Црвениот крст на Република

Македонија за 2010 година зборуваме за постигнувањата на нашите во-

лонтери и вработени, нивната мотивација и заложби во процесот на им-

плементирање на програмските активности на Националното друштво.

Во глобални светски рамки, а и во нашата земја, клучното прашање со

кое се судрувавме во изминатата година беше економската криза, гло-

балната потрошувачка и здравствените и социјални предизвици на лу-

ѓето. Сепак, многу малку простор се одвојуваше за едноставните добри

дела на хуманите луѓе. Токму затоа на страниците на овој извештај се

обидовме да прикажеме дел од постигнувањата на нашите волонтери и

стручната служба во насока на обезбедување на хуманитарна поддршка

за различните категории на корисници кои ги опслужуваме преку нашите

општински организации на Црвен крст. Помошта понекогаш се состоеше

само од топли зборови и подготвеност да се ислушаат потешкотиите на

нашите сограѓани, но солидарноста и вербата во хуманоста се моќни

сојузници кои човештвото го носат кон подобро утре.

Во годината кога го одбележавме 65 годишното постоење на нашата ор-

ганизација во служба на хуманоста, ја подготвивме новата стратешка

рамка на организацијата за следното десетолетие. Нашите заложби јасно

укажуваат дека Црвениот крст секогаш бил и ќе биде дел од секојдне-

вието на граѓаните на Република Македонија.

Овој извештај го испишаа нашите волонтери и вработени со своите ху-

мани дела прикажани во програмските дејности на нашата организација.

Голема благодарност за подареното време, за насмевките на нивните

лица додека ги извршуваа најодговорните задачи и активности на Црве-

ниот крст.

Голема благодарност и до нашите партнери и донатори кои овозможија

нашите планови да се претворат во дела, нашите заложби да станат ре-

алност, за да се задоволат дел од потребите

на нашите корисници.

Почитувани,

Page 5: Godisen Izvestaj 2010

5

ОДБЕЛЕЖАН 65- ОТ ЈУБИЛЕЈНА ЦРВЕНИОТ КРСТ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Долгиот пат на развој е проткаен со донесување на значајниодлуки, заклучоци и ставови со постојано докажување прекуредовни и вонредни активности пред домашната и меѓуна-родна јавност за она што денес претставува организацијатана Црвениот крст исправена гордо пред нејзините волонтери.Одбележувањето на шеесет и пет годишнината на Црвениоткрст на Република Македонија беше под покровителство наПретседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов.

Свечената академија по повод 65-години одформирањето на Црвениот крст на РепубликаМакедонија се одржа на 17 март во х.ХолидејИн на која присуствуваа видни гости меѓу коипокровителот на настанот Претседателот наРепублика Македонија, г-дин Ѓорге Иванов,Министерот за труд и социјана политика, ам-басадори на голем број на дипломатски пре-тставништа во државата, претставници набизнис заедницата, јавни личности од естра-дата, образованието, културата и спортот,претставници од странските делегации и на-ционални друштва на Црвен крст и Црвенаполумесечина, вработени и волонтери наЦрвениот крст. На академијата се обратијаПретседателот на државата и Претседателотна Црвениот крст на РМ, а оваа свечена при-года беше збогатена со доделување на најви-соките признанија на организацијата.Признанијата се доделија во знак на благо-дарност за успешна соработка и поддршка заинституционалниот развој на организацијата.

Свечена академија по повод 65-години одформирање на Националното друштво

Page 6: Godisen Izvestaj 2010

6

Меѓународни делегации присутни на одбележувањето на јубилејот

На свеченото одбележување на 65 годишнината на Црвениот крст на РМ присуствуваа делегации наканцеларијата на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од Будимпешта,Меѓународен комитет на Црвен крст од Белград, Турска Црвена полумесечина, Црвен крст на Србија,Црвен крст на Босна и Херцеговина, Црвен крст на Црна Гора, Црвен крст на Албанија, Црвен крст наБугарија и Црвен крст на Шпанија.

Гостите присуствуваа на сите поводни настани во текот на денот, а во нивна чест во просториите наЦрвениот крст на Република Македонија, беше организиран свечен прием од страна на Претседателотна Црвениот крст на РМ, д-р Милчо Трајков. На присутните претставници им беа доделени Јубилејнипризнанија - Јубилеен знак, во знак на благодарност за поддршката на Црвениот крст на РМ во неговиотразвој и заедничка соработка.

Доделени јубилејни признанија

Владата на Република Македонија

Златен медал на Црвен крстна Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, г-дин Д-р Ѓорге ИвановВисокиот комесаријат за бегалци

Министерството за здравствоМинистерството за труд и социјална политика

А.Д. Макпетрол - СкопјеМедиа Принт Македонија

Македонската Радио ТелевизијаУниверзитетот *Св. Кирил и Методиј* - Скопје

Црвениот крст на град Скопје

Јубилејна плакета

Црвениот крст на ГерманијаЦрвениот крст на Норвешка

Црвениот крст на Шпанија

Page 7: Godisen Izvestaj 2010

7

Page 8: Godisen Izvestaj 2010

8

Стратешкиот план 2020 на Црвениот крст на Република Македонија, ја изразува подготвеноста на орга-низацијата за превземање на активности за справување со предизвиците со кои ќе се соочува во след-ната деценија. Во него се консолидирани остварените резултати од Развојниот план 2006-2010 ипретходно подготвените документи во Националното друштво, во кои како предмет на интерес се зе-мени специфичните потреби и ранливи состојби во заедниците.Стратешкиот план пре-тставува добра основа заутврдување на приорите-тите во работата, унапре-дување на старите иподготовка на новиалатки за имплемента-ција на активностите, какои воспоставување нарамка за идни парт-нерства и соработки.

Елементите на Стратеш-киот план на Црвениоткрст на РМ се претставениво три поглавја, сведениво сеопфатна и меѓусебноповрзана рамка.Стратешкиот план наЦрвениот крст на Репуб-лика Македонија 2020,истовремено нуди дина-мичка рамка, со активновклучување на чините-лите кои ќе се пронајдатсебе си во разновидностана предизвиците кои неочекуваат во следната де-ценија. Самиот документпретставува покана засите наши членови, во-лонтери и поддржувачина нашата идеја, креа-тивно и на иновативенначин да се ангажираатво ефектуирањето настратешкиот план, со целда се постигнат посакува-ните резултати.

ПЛАН НА СТРАТЕШКО ДЕЈСТВУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ДЕЦЕНИЈА

Во текот на првата половина од 2010 година ЦКРМактивно работеше на изготвување стратешки планкој јасно ја насочи работата на Националнотодруштво. Собранието на ЦКРМ го разгледа и до-несе документот кој дава насока за превземањеконкретни активности во наредните десет години.

Page 9: Godisen Izvestaj 2010

9

Сигурно чекорење кон развој, модерно работење и соработка

Проектните активности се имплементираа во трипрограмски области и тоа: градење на ефикасенинформативен менаџмент систем, менаџмент наволонтери и вработени и мобилизирање на фон-дови. Третата завршна фаза на тригодишниотпроект ќе се заокружи во јуни 2011 година. Про-ектот ги опфати сите 34 општински организациии градската организација на Црвен крст на ГрадСкопје и во текот на имплементацијата на дветефази во 2010 година целосно беше поддржан одстрана на раководствата и управите на сите ин-тегрални делови на Националното друштво.

Успешната имплементација на проектот за интен-зивна надградба на капацитети резултираше сонови иницијативи за зајакнување на капаците-тите на општинските организации на Црвен крсткои беа имплементирани како подготовка за про-должување на ИНК процесот по завршувањето напроектната поддршка од страна на Фондот занадградба на капацитети на Меѓународната Фе-дерација. Како резултат на остварувањата ворамките на ИНК проектот, Црвениот крст на Ре-публика Македонија учествуваше во подготов-ката на студијата на Меѓународната Федерацијакоја има за цел да подготви рамка за подобру-вање на перформансите на Меѓународната Фе-дерација во делот на организацискиот развој инадградба на капацитети на организацијата.

ГРАДЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИСТАНДАРДИ

Во 2010 година Црвениот крст на Република Македонијаимплементираше активности од втората и третата за-вршна фаза на проектот за интензивна надградба на ка-пацитети(ИНК) поддржан од Меѓународната Федерација.Овој тригодишен проект е наменет за развој на мате-ријално - техничките и кадровски капацитети на општин-ско и државно ниво со цел Црвениот крст на РепубликаМакедонија поуспешно да се справи со предизвиците сокои се соочува ранливото население во локалните за-едници.

Page 10: Godisen Izvestaj 2010

10

компјутерска мрежна инфраструктура и електронско поврзување на Централата на Црвениот крст на Република Македонија соопштинските организации на Црвен крст. Во рамките на втората и третата фаза на ИНК проектот во 2010 година финализирана енабавката на целокупната серверска опрема за функционирање на системот. Подготвени се нови софтверски модули за систематскаобработка на податоците на Националното друштво во делот на подготвеност при катастрофи, финансиско и материјално работење,регистрација на волонтери и членови, прва помош, административно - канцелариско работење, крводарителство и курсни обукикои ги обезбедува Центарот за едукација и обука на Црвениот крст на Република Македонија. Кон крајот на 2010 година подготвенае и новата редизајнирана тријазична интернет страница на Националното друштво. Главните очекувања од новиот информативенсистем се дека ќе придонесе во планот за унапредување на внатрешното и надворешно известување и комуникации заедно соредовен мониторинг и евалуација на програмските и проектни активности на организацијата на национално и локално ниво.

Интегрирањето на технолошките достигнувања иможности на информативно комуникацискитетехнологии во работата на една организацијапретставува клучен елемент за суштинска надградба накапацитетите, овозможувајќи побрз проток наинформации, зголемена транспарентност и автоматскообработување на податоците на сите интегрални деловина Националното друштво. Примарна цел на овааактивност која е во процес на имплементација во текотна последните три години е воспоставување на

Знаејќи ја функцијата и потребата од вистински начин на информирање, ЦКРМ заедно со своите оп-штински организации создадоа нови критериуми во областа, преку кои останауваме отворени предјавноста. Имено, во 2010 година информирањето придонесе за воспоставување и одржување на системза комуникација и информирање со цел поблиска соработка помеѓу ЦКРМ и средствата за јавно инфор-мирање. Во склоп на информативниот систем, ЦКРМ исто така обездебуваше пошироко информирањена јавноста со цел континуирано известување на граѓаните за нашите активности. Како метод за успешноработење користевме современи начини на информирање со што успеавме да го привлечеме внима-нието на јавноста. Надворешната комуникација се остваруваше преку различни соопштенија и инфор-мации до електронските и печатените медиуми, преку организирани конференции за печат како иедукација и дисеминација преку работилници наменети за новинарите.

ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНИТЕ НАЧИНИ НА ИНФОРМИРАЊЕДО ПОЕФИКАСНО КОМУНИЦИРАЊЕ

OТВОРЕНИ ПРЕД

ЈАВНОСТА

Page 11: Godisen Izvestaj 2010

11

ПубликацииТрадиционалните недели дефинирани во законот за Црвениот крст, како иголем број на проектни активности и стратешки документи во рамките на из-давачката дејност на Националното друштво, и оваа година редовно беа на-дополнувани со креативни и атрактивни едукативни материјали во вид наброшури, флаери, постери, прирачници, доплатни марки и друг вид на изда-нија. Имајќи ги во себе хуманитарните пораки или насоките за дејствување,се постигнаа значителни резултати кај целните групи, а воедно и позитивно севлијаеше на подигањето на имиџот на Националното друштво. Со цел ситепубликации да бидат поблиски до лицата за кои се наменети, и оваа годинаЦКРМ сите свои изданија ги објави на македонски и на албански јазик, а делод нив беа преведени и на англиски јазик.

Веб страница на ЦКРМ и ООЦК

Редизајнирањето и надградувањето на интернет страницата на ЦКРМ овоз-можи простор за објавување на поголем број разновидни информации, чијаструктура таргетира различни категории на посетители. Ваквото збогатувањена веб страницата со невообичаена и интерактивна содржина придонесеза поголема атрактивност и посетеност на истата од сите граѓански струк-тури. Волонтерите и другите граѓани ја посетуваат страницата со цел дадојдат до информации за настани, места за донирање, па дури и начин навклучување во организацијата и нејзините активности.

Е-ВесникНеделните изданија на електронскиот весник на Црвениот крст, веќе тради-ционално претставуваат пример на успешна алатка за информирање на на-шите волонтери, партнери, соработници и подржувачи за активностите кои гиреализираме на локално, национално и меѓународно ниво. Во 2010 годинабеа подготвени 50 броеви на Е - весникот на ЦКРМ со вкупно објавени 499текстови. Покрај препраќањето на над 66 000 емаил адреси, истиот е редовноажуриран и објавуван на нашата веб страна со што целата јавност во Репуб-лика Македонија има можност поблиску да се запознае со нашите активно-сти.

Page 12: Godisen Izvestaj 2010

12

Во 2010 година ЦКРМ ја финализираше имплемента-цијата на втората фаза и ја започна третата фаза од им-плементацијата на ИНК проектот - Менаџмент соволонтери, финансиран од Меѓународната Федерација наЦрвен крст во која се опфатени последните 10 општинскиорганизации на Црвен крст - Берово, Македонски Брод,Делчево, Кратово, Крива Паланка, Радовиш, Штип, Него-тино, Демир Хисар и Гостивар. Овој проект значителнопридонесе во обезбедувањето на соодветна едукација и

Вид на едукативнаформа и активности

Имплементација намали проекти (II фазаИНК)

Одржани три состаноцина мрежата за волон-терски менаџмент воООЦК Прилеп, Крушево иЦК на град Скопје, (IIфаза ИНК)

Семинар за менаџментсо волонтери )

Семинар за менаџмент совработени

Семинар за мрежно по-врзување на тимовитеза волонтерски менаџ-мент

Состанок на мрежа за во-лонтерски менаџмент(III фаза на ИНК)

Аплицирање на мали про-екти за зголемување набројот на волонтери (IIIфаза на ИНК)

Зголемување на бројот на волонтери преку регрути-рање (соодветна теорија и пракса) и помош на ран-ливо население. Имплементирани 12 мали проектиза волонтерски менаџмент во 12 ООЦК.

Мониторинг на имплементација на 8 мали ИНК про-екти за зголемување на бројот на волонтери и созда-вање на унифициран систем за евиденција наволонтери и волонтерска активност (Преку рабо-тата на мрежата беа создадени два важни доку-менти- формулар за евиденција на волонтери иформулар за евиденција на волонтерска активност).Обука на тројца претставници од ООЦК вклучени вопроцесот за менаџмент со волонтери.

Истакнување на улогата на менаџментот со волон-тери во успешноста на работењето, надлежности,комуницирање и тимско работење.

Размена на искуства, пренесување на знаење, суми-рање на резултати од досегашната имплементацијана малите проекти за менаџмент со волонтери

Создавање на политики за регрутирање, задржувањеи излезни политики за волонтери.

Аплицирани 10 мали проекти за зголемување набројот на волонтери и помош на ранливото населениеза реализација во третата фаза.

Период на одржување Број на вклучениООЦК

Цел на активност

Две фази на импле-ментација: февруари– мај 2010 Ноември -фeвруари 2011

февруари - мај

5-7 ноември

18 - 20 ноември

3 - 5 декември

23 декември

31 декември

12 ООЦК

Вклучени 15 ООЦК – присутни II – состанок – присутни 8 ООЦК III – состанок – присутни 13ООЦК IV – состанок присутни 12 ООЦК

10 ООЦК - вкупно при-сутни 36 учесници

10 ООЦК- порисутни 12учесници

32 ООЦК и ЦК Скопје –присутни 37 учесници

3 ООЦК- присутни 8учесници

10 ООЦК

организација на активностите за унапредување на волонтерскиот менаџмент и работата со волонтери. Во текот на 2010 година беареализирани следниве активности наменети за унапредување на волонтерскиот менаџмент во Националното друштво на нацио-нално и локално ниво:

ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКОВКЛУЧУВАЊЕ И ДЕЈСТВУВАЊЕ

Page 13: Godisen Izvestaj 2010

13

Црвен крст на РМ во текот на имплементацијата на ИНК проектот во областа на менаџмент со волонтериреализираше активности кои продонесоа за развој и унифицираност во работата со волонтерите.Имплементацијата на 12-те мали проекти за менаџмент со волонтери придонесе за развој накапацитетите на ООЦК и зголемување на волонтерскиот активитет преку воведување на различниформи на регрутирање и мотивација. Како форма за размена на искуства, Интересната мрежа заволонтерски менаџмент придонесе за интеракција помеѓу волонтерите од различни ООЦК којарезултираше со создавање на значајни документи за развој на волонтерскиот менаџмент воНационалното друштво. ЦКРМ во 2011 година продолжува со имплементација на десетте мали проекти за менаџмент соволонтери заедно со десетте ООЦК вклучени во третата последна фаза на имплементација, каде понивното завршување ќе претстои период на евалуација на целокупните постигнати резултати.

Page 14: Godisen Izvestaj 2010

14

Црвениот крст на Република Македонија, со цел да сеобезбедат поквалитетни услуги на ранливото население иефикасно функционирање на Националното друштво, вотекот на 2010 година презеде активности и иницијативи замобилизирање на фондови од корпоративниот сектор.Позитивните искуства во досегашното работење со успешникомпании во земјата укажуваат на интерес и подготвностза соработка и поддршка на акции и кампањи на Црвениоткрст што претставува можност за воспоставување на

долготрајни партнерски односи со корпоративниот сектор за имплементација на заеднички општествено корисни програми.

Со цел да се промовираат развојните цели на Црвениот крст на РМ за мобилизирање на ресурси одкорпоративниот сектор во текот на годината беа остварени заеднички средби со неколку големи ком-пании во земјата. Од страна на компаниите беше искажана подготвеност за воспоставување на парт-нерство за имплементација на заеднички иницијативи и проектни активности за поддршка наранливи целни групи во заедниците. На средбите со компаниите им беа потенцирани можните при-добивки од партнерството и соработката со Црвениот крст.

Иницијативи за партнерска соработка

Како резултат на вклученоста на Националното друштво во севкупните напори за имплементација намерките и активностите за промовирање на општествената одговорност на корпоративниот сектор,Црвениот крст на Република Македонија и Стопанската комора на РМ, Сојуз на стопански комори наРМ и Стопанката комора на северозападна Македонија, со желба да ги регулираат взаемните односиза понатамошен развој и соработка за покренување на взаемни иницијативи и нивна реализација, на24 септември 2010 година потпишаа меморандуми за соработка. На оваа значајна средба присуству-ваше заменик министерот за економија, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни агенции,здруженија на граѓанскиот сектор, владини институции и установи, компании, вработени и волонтерина Црвениот крст.Воспоставената соработка со стопанските комори ќе придонесе во промовирањето на корпоративнатаопштествена одговорност на претпријатијата во Македонија, за обезбедување фондови за имплемен-тација на програмите на Црвениот крст на РМ наменети за поддршка на социјално корисни општественипрограми во интерес на ранливите целни групи.

Потпишување на меморандуми за соработка помеѓу Црвениот крст на РМ истопанските комори во Република Македонија

СПОЈ МЕЃУ ХУМАНИТАРНИОТ И КОРПОРАТИВЕН СВЕТ

Page 15: Godisen Izvestaj 2010

15

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на РМ, Сојузот на стопан-ските комори на РМ и Стопанската комора на северозападна Македонија на 18 ноември 2010 годинана Скопскиот саем, организираше средба со членките на коморите на која беше извршена промоцијана Стратегијата за мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор на Црвениот крст на РМ, 2010- 2015 година. Овој документ содржи развојни правци за воспоставување на систем за комуникација ипартнерство, како и зајакнување на капацитетите на Националното друштво за мобилизирање на фон-дови од корпоративниот сектор.Црвениот крст на РМ на претставниците на претпријатијата им понуди пакет иницијативи за соработкана локално и национално ниво, кои како партнери во имплементација на заеднички хуманитарни ак-тивности ќе овозможат подобрување на животот на ранливото население во заедниците, кое всушностпретставува наша мисија и заеднички напор на сите наши партнери и подржувачи во решавањето наопштествените проблеми во земјата.

.

Промоција на Стратегијата за мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на Проектот за интензивна надградба на капаци-тети , во областа на мобилизирање на фондови, во период од 11 - 13 февруари и од 10-12 декември2010 година, одржа две работилници за мобилизирање на фондови, предвидени со втората и третатафаза на имплементација на ИНК активностите во текот на 2010 година. На работилниците присуствуваакоординаторот на ИНК проектот и одговорното лице од ООЦК за мобилизирање на фондови од 22 оп-штински организации на Црвениот крст. Целта на работилниците беше да се изврши едукација на кадрина Црвениот крст за мобилизирање на фондови, преку пренесување на стекнати искуства на Меѓуна-родната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. За потребите на учесниците, бешеобезбеден прирачник за развој на ресурси на Меѓународната Федерација, кој е преведен на македон-ски и албански јазик. Прирачникот претставува едукативна алатка за примена на нови форми и методиза мобилизирање на ресурси, како и можност да се развијат методите кои Националното друштво гипрепознава и применува. Мобилизирањето фондови претставува суштински предуслов за успешнофункционирање на организацијата, за што стекнатите знаења и вештини во оваа област ќе се ставатво функција за зголемување на финансиската стабилност и воспоставување на ефикасен и одржлив си-стем за обезбедување на финансиски средства.

Обуки за мобилизирање на ресурcи

Page 16: Godisen Izvestaj 2010

16

Кампања на Црвениот крст - ,, Влезете во светот на хуманоста,,

Заедничка акција со АЛФА Банка

Заедничка акција со Македонски Телеком

Соработка со ONE

Црвениот крст на РМ во рамките на ИНК проектот во период 15 мај -15 јуни 2010 година организирашеКампања за промовирање на активностите на Црвениот крст и истата ја спроведе преку 25 општинскиорганизации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје, вклучени во процесот за надградба накапацитетите на Националното друштво. Активностите кои во текот на кампањата беа имплементиранипод мотото,, Влезете во светот на хуманоста,, имаа за цел регрутирање и задржување на волонтери наЦрвен крст заедно со мобилизирање на фондови и подигање на имиџот на Црвениот крст на РМ. Запоуспешно и координирано организирање на кампањата на 26 и 27 април 2010 година беа организи-рани две подготвителни работилници со претставници од обучените тимови на волонтери од општин-ските организации на Црвен крст кои ја проследија обуката за менаџмент на волонтери. Во текот накампањата беа имплементирани повеќе активности: работилници со учество на претставници на ло-кална самоуправа, владини претставници, здруженија на граѓани, корпоративен сектор, медиуми и др.

Црвениот крст на Република Македонија иво текот на 2010 година ја продолжи сора-ботката со АЛФА Банка за организирање назаеднички иницијативи за задоволување напотребите на ранливи целни групи.За таа цел АЛФА Банка обезбеди 39компјутери кои беа наменети за деца на со-цијално загрозени семејства на возраст од13 до 18 години. По повод Денот на волон-терството претставници на експозитурите наАЛФА Банка, во соработка со претставницина 14 општински организации на Црвениоткрст на 30 мај 2010 година ги доделија и ин-сталираа компјутерите во домовите на де-цата. Оваа акција обезбеди радост восемејствата и насмевки на 39 деца во Маке-донија, кои сега имаат можност да добијатповеќе информации кои ги нуди електро-нската комуникација.

Вработените во Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле Македонија на 6-ти октомври организирааакција за собирање и донација на облека, книги ииграчки. Акцијата освен во Скопје се организирашеи во 14 општини во земјата. По завршување на ак-цијата собраната помош од Црвениот крст во сора-ботка со вработените од експозитурите организирааактивности за доделување на помошта до ранливицелни групи население.

Водени од досегашната одлична соработка и под-дршка која Црвениот крст на град Скопје ја има сокомпанијата ОНЕ реализирани се низа хумани ини-цијативи кои имаа за цел да стигнат до што поголемагрупа граѓани.Компанијата традиционално ги поддржува актив-ностите на Црвениот крст, а за време на одбележу-вањето на 65 годишнината на Црвениот крст на градСкопје беше еден од покровителите на оваа манифе-стација. Во месец ноември со поддршка на ОНЕ и други сло-венечки компании во Македонија се отвори прифа-тилиште во рамките на Пунктот за бездомници коее опремено за привремено прифаќање и престој наоваа ранлива категорија на население.

Page 17: Godisen Izvestaj 2010

17

ЕДУЦИРАМЕ, ОБУЧУВАМЕ,ДЕЈСТВУВАМЕ

Во 2010 година во Центарот за обука и едукација ЦОЕ наЦКРМ беа подготвени повеќе правилници, одлуки и другидокументи кои ја регулираат материјата на дејностите наЦКРМ а се во делот на нормативните акти за подобру-вање на стандардите при работа на спасителните служби,нивното лиценцирање и стручни материјали за работа.Остварени се повеќе контакти со Општинските организа-ции на Црвен крст и Црвен крст на Град Скопје, институ-ции, организации и компании со кои се реализирани

конкретни активности и тоа: контакти со ИЛСЕ, контакти со ИКАР, обучени се 45 спасители на вода (базени), 37 спасители за отворениводи, 24 учесници ја завршија школата за цртање, 13 учесници завршија тримесечен курс по хомеопатија, 15 учесници посетијатридневен бесплатен курс по прва помош за возрасни од Универзитетот Трето доба, 12 учесници завршија курс за реалистичноприкажување на рани и повреди и 10 ученици од основните училишта коишто завршија основен курс по англиски јазик. ЦОЕ ус-пешно соработуваше со повеќе владини и невладини организации, институции, агенции и компании.

Page 18: Godisen Izvestaj 2010

18

СИСТЕМАТИЗИРАН ПРИСТАПЗА РАЗВОЈ И РАЗМЕНА НАИСКУСТВА ПОМЕЃУ ООЦК

Црвениот крст на Република Македонија со цел развој наопштинските организации во текот на 2010 година за-почна процес за унапредување на перформансите во ра-ботењето во 13 општински организации на Црвен крст,особено во делот на имплементација на препораките одПроценката и анализата на работата на ООЦК и ЦК на ГрадСкопје 2006-2008 (Проценка 2009). Во овој процес беавклучени следните општински организации на Црвен крст:Неготино, Гевгелија, Куманово, Св. Николе, Струмица,

Дебар, Гостивар, Струга, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир. Со цел да се оптимализираат напорите и да се постигне по-зитивен напредок во програмските сфери кои произлегуваат од препораките од спроведената процена беа формирани тимови заимплементација на препораките утврдени во проценката и анализата на ЦКРМ. Основната задача на тимовите претставуваше по-стојано иницирање и планирање на развојни активности во секојдневното работење со цел унапредување на работата на ООЦК. Вотекот на 2010 година беа реализирани низа евалуациски посети, работилници за надградба на капацитетите и анализа на потребитезаедно со тимовите за имплементација на препораките во следниот редослед:

Со завршувањето на евалуационите семинари за проценка беше утврдено дека е потребно да се ини-цираат средби за размена на искуства помеѓу тимовите за имплементација на препораките. За таа целсе одржаа два состаноци во ООЦК Неготино и Куманово за постепено вмрежување, размена на искустваи меѓусебни препораки, помеѓу ООЦК вклучени во процесот. ЦКРМ во текот на целиот процес обезбе-дуваше постојана поддршка, отворена комуникација и соработка со ООЦК со цел да се следи остваре-ниот напредок и да се обезбеди поддршка во процесот на унапредување на состојбите во ООЦК.Согласно потребата од транспареност и отчетност на сите ООЦК кон ЦКРМ и потребата од унифициранначин на известување за планираните и спроведените активности, од јуни 2010, сите ООЦК месечнодоставуваа планови и извештаи за месечни активности до Централата на Националното друштво. Ова

Вид на едукативна форма иактивности

Спроведени евалуациски по-сети на ООЦК

Работилница со секретари наООЦК

Едукативни работилници

2 работилници

Евалуациски посети на ООЦК

Детектирање на потреби на ООЦК и по-добрување на оперативни капацитети

Изготвен план за претстојни активно-сти на тимовите за имплементацијана препораките за развој на ООЦК

Работилници за подготовка на месечнипланови и извештаи за активностите наООЦК, како и обука за изготвување на се-думесечни планови за акција за постапу-вање по препораките од Проценката 2009и шестмесечни извештаи за превземе-ните дотогашни активности согласнопрепораките.

Следење на имплементацијата на проце-сот за подобрување на состојбите воООЦК и евалуација на постигнатите ре-зултати преку самоевалуација и евалуа-ција преку поединечни анализи наизвештаите на плановите на ООЦК наактивностите, подготвени од страна наЦКРМ.

Детектирање на потешкотиите во спро-ведување на процесот на имплемена-цијата согласно активностите.

Период на реализација Број на вклучениООЦК

Цел на активност

март - мај

23 – 24 април

Мај

24 – 25 јуни1-3 октомври

Октомври – ноември

13 ООЦК

13 ООЦК

Опфатени 8 ООЦКод внатрешностаи 5 Скопски ООЦК

13 ООЦК Прва работилница– 35 учеснициВтора работил-ница 32 учесници

13 ООЦК

Page 19: Godisen Izvestaj 2010

19

даде придонес во планот на подобрување на протокот на информации и информираност за дејствува-њето и активностите во Националното друштво. 13 општински организации подготвија седумесечнипланови за акција за постапување по препораки на ЦКРМ од проценката како и шестмесечени извештаиза превземените активности според препораките на ЦКРМ произлезени од проценката. Процесот кон-тинуирано ќе продолжи со следење на развојните активности на ООЦК, нивно активирање на состано-ците на Развојната мрежа, како и проценка на состојбата по спроведениот процес за подобрување насостојбите на ООЦК.

Ц-БАР - ПРИМЕНА НА НОВИОТМЕТОД ЗА ПРОЦЕНА И САМОПРОЦЕНА НАНАЦИОНАЛНИТЕ ДРУШТВА

Минатата година претставници на Црвениот крст на Ре-публика Македонија учествуваа на две работилници ор-ганизирани од страна на одделот за организациски развојна Меѓународната Федерација одржани во Женева и воБудимпешта (26-28 октомври). Примарна цел на состано-ците беше споделување искуства за организирани актив-ности и идеи за ефикасно надградување на капацитети ворамките на Движењето наменети за изработка на студијаза подобрување на перформансите на Меѓународната Фе-дерација во делот на организацискиот развој и надградбана капацитети.

Како резултат на двете одржани средби и спроведеното истражување подготвена е алатка (Ц-БАР -Рамка за Процена на Надградба на Капацитети) која во иднина ќе се употребува од страна на нацио-налните друштва за вршење на процена на успешност на спроведување на програмски и проектни ак-тивности на националните друштва. На обуката организрана во Будимешта во месец октомври прекупрактични примери беа презентирани методите за работа кои треба да се применат од страна на Внат-решни Тимови за Процена на успешноста на имплементираните активности и постигнати резултати восферата на надградба на капацитети на националните друштва. Исто така беа презентирани и повеќеформулари за следење на напредокот во различни димензии и домени во процесот за надградба накапацитети. За потребите за спроведување на Ц-БАР процената во Црвениот крст на Р. Македонијабеше формиран внатрешен тим за спроведување на проценката, составен од претставници на стручнатаслужба, раководството, управата и општинските организации на Црвен крст. Во текот на месец ноемврии декември тимот подготви соодветна доказна документација за остварените постигнувања во работе-њето во изминатиот двегодишен период. Процесот на истражувањето и проценката на резултатитебеше финализиран во втората половина на јануари 2011 година со посетата на надворешен тим за про-цена на резултатите составен од претставници од Црвен крст на Црна Гора и Фински Црвен крст. Покрајвршењето на надворешна процена за спроведената внатрешна процена на Националното друштво,тимот кој го посети Црвениот крст на Република Македонија спроведе и процена и анализа на триго-дишната имплементација на проектот за интензивна надградба на капацитети.

Page 20: Godisen Izvestaj 2010

20

Изминатата година Црвениот крст на Р. Македонија оствари соработка со повеќе национални друштвана Црвен крст и Црвена полумесечина. Беа остварени повеќе работни посети на националните друштваво регионот, а исто така претставници на повеќе национални друштва учествуваа во обуките и работнитесредби кои ги организираше нашето национално друштво со цел да се разменат позитивни искуства изнаења за промовирање на активностите на Движењето.Помеѓу поголемите проекти кои беа имплементирани со меѓународни средства во 2010 година можеда се издвојат неколку проекти. Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечинаго финансираше проектот за интензивна надградба на капацитети (втора и трета фаза) како и проектотза намалување на ризици од катастрофи во Охридско-струшкиот регион. Меѓународниот Комитет наЦрвен крст обезбеди програмска поддршка во делот на дисеминацијата, службата за барање иорганизациски развој кои беа реализирани во 2010 година. Германскиот Црвен крст обезбедифинансиска поддршка за имплементација на 9 проекти на Централата, општинските организации наЦрвен крст и Црвен крст на Град Скопје. Проектите се имплементираа во периодот декември 2009 –ноември 2010 во рамките на унапредување на младински активности, подготвеност и дејствување прикатастрофи, социјално хуманитарни активности и здравствено превентивни активности. Еден проектод сферата на здравствено превентивна дејност беше имплементиран од страна на ЦК Охрид соподдршка од Австрискиот Црвен крст. Кон крајот на 2010 започна со имплементација и проектнатаподдршка на Турската Црвена полумесечина како поддршка за програмот Црвен крст во акција -Промоција на хумани вредности

Со помош од големото семејство

МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРАКЦИЈА И СЛУЧУВАЊА

Во текот на 2010 година Црвениот крст на Република Македонија оствари низа активности на меѓународен планнасочени кон обезбедување програмски и проектни сред-ства за надградба на своите капацитети, споделување напозитивни искуства и знаења и унапредување на билате-ралната соработка со национални друштва на Црвен крсти Црвена полумесечина и други меѓународни организациии агенции. Претставници на Црвениот крст на РепубликаМакедонија учествуваа на повеќе меѓународни конферен-

ции, семинари, состаноци, обуки и младински кампови. Меѓународните активности по дејности се интегрален дел на овој извештај.

Page 21: Godisen Izvestaj 2010

21

8 ЕВРОПСКА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ/ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Во перидот од 13 до 16 април во Виена, Австрија се одржа 8-та Европска конференција на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Наконференцијата присуствуваа околу 250 претставници на 45 национални друштва од Европската зона. На конференцијата присуствувааПретседателот на Меѓународната Федерација Тадатеру Коное и Генералниот секретар на Меѓународната Федерација Бекеле Гелета. Наконференцијата присуствуваше и Претседателот на Црвениот крст на РМ, Милчо Трајков. На конференцијата беа разгледувани три акту-елни прашања: Економската криза и нејзиното влијание врз хуманитарните проблеми во Европа, Стареењето на населението во Европаи мултикултурната интеракација од аспект на феноменот на зголемена миграција. Свое активно учество во рамките на работилницатаМултикултурна интеракција, како и презентација на проектот Заеднички развој на заедниците (ЗРЗ) - проект за вулнерабилните ромскизаедници во Македонија, имаше Претседателот на нашето Национално друштво. Конференцијата беше заокружена со усвојувањето наВиенските заложби кои ја утврдуваат политиката на Европската зона на Меѓународната Федерација на полето на Стареењето во Европаи Различностите и мултикултурниот дијалог кои ќе бидат полиња на посебен интерес и дел од политика на Европската зона во наредниотпериод.

Годината ја одбележа и успешната соработка со Високиот Комесаријат за Бегалци во делот на обезбе-дување поддршка за програмот за здравствена заштита на баратели на азил во Република Македонијакој го имплементираше Црвениот крст на Скопје во име на Националното друштво. Во текот на годинатапродолжи со имплементација проектот поддржан од страна на Глобалниот Фонд против СИДА, тубер-кулоза и маларија преку Министерството за здравство на РМ насочен кон оддржување на ниска прева-ленца на ХИВ/СИДА и проектот за туберкулоза - подобрување на контролата на туберкулоза воРепублика Македонија.

Page 22: Godisen Izvestaj 2010

22

СОРАБОТКА СОТУРСКА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Во перидот од 4 до 5 март 2010 година, Црвениот крст на Република Македонија беше посетен од 5-члена делегација на Турската Црвена полумесечина предводена од Претседателот на националнотодруштво г.дин Текин Кучукали. За време на дводневната посета на Националното друштво, делегацијатаоствари средби со раководството и управата на Црвен крст на Република Македонија при што стана зборза унапредување на меѓусебната соработка помеѓу двете национални друштва на национално и оп-штинско ниво и обезбедување на проектна поддршка за програмски дејности на нашето Националнодруштво. Исто така беше утврдена и рамката за потпишување на договор за соработка помеѓу дветенационални друштва. Претставниците на двете нациоанлни друштва разменија искуства и се заложијаза унапредување на соработката во сферата на подготвеност и дејствување при катастрофи, младинскатасоработка, крводарителството и првата помош и активности насочени кон мобилизирање на фондовиза имплементација на програмските активности на националните друштва.На покана на Турската Црвена полумесечина во периодот од 31 март до 4 април, делегација на Црвениоткрст на Република Македонија присуствуваше на изборното собрание на националното друштво. Завреме на посетата е потпишан Договор за заедничка соработка со Црвениот крст на РМ. Остварени секонтакти со претставници на Сириската Арабска Црвена полумесечина и Црвената полумесечина наКатар.

РАЗМЕНА НАИСКУСТВА СОЦРВЕН КРСТ НАЛИТВАНИЈА

Во периодот од 24 до 28. 09.2010 година Претседателот на ЦКРМ оствари работна посета на Црвениоткрст на Литванија. Во текот на престојот одржани се средби со Претседателот и Генералниот секретар наЦентралата на Црвен крст на Литванија. При тоа потпишан е Договор за соработка кој ќе ги уредува ме-ѓусебните односи во делот на размена на искуства на двете национални друштва во повеќе програмскидејности на организациите. При посетата остварена е и посета на кампот за азиланти и бегалци во Каунаси градската организација на Црвен крст на Вилнус.

ЦВРСТИ

ПРИЈАТЕЛСТВА

Page 23: Godisen Izvestaj 2010

23

СРЕДБА СО ЦРВЕНИОТ КРСТ НА СРБИЈА

Двочлена делегација на Црвен крст на Република Македонија предводена од Претседателот д-р Милчо Трајков остварисредба со Црвен крст на Србија на 1 декември, кога е одржана и работна средба со Претседателот д-р Драган Радовано-виќ при што се разменија информации за развојните приоритети на двете национални друштва и интензивирање на ме-ѓусебната соработка и споделување на искуства од програмското делување. Во оваа прилика претставниците на дветенационални друштва истакнаа подготвеност за унапредување на меѓусебната соработка во претстојниот период со-гласно со потпишаниот договор за соработка.

135- ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА ЦРНА ГОРА

Во периодот од 28 до 29 ноември 2010 година двочлена делегација на Црвениот крст на Република Македонија присуству-ваше на одбележувањето на 135 - годишнина од формирањето на Црвениот крст на Црна Гора. На одбележувањето наовој важен настан присуствуваа делегации на Црвен крст на Србија, Црвен крст на Босна и Херцеговина, Албански Црвенкрст, Австриски Црвен крст, Дански Црвен крст, Турската Црвена полумесечина и претставници на Меѓународната Феде-рација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Меѓународниот Комитет на Црвен крст. Делегацијата на Црвен крст на Ма-кедонија оствари кратки билатерални средби со делегациите на Црвената полумесечина на Турција, Австрискиот Црвенкрст, Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Албанскиот Црвен крст, Црвениот крст на Србија и претставниците на Меѓу-народната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Меѓународниот Комитет на Црвен крст. Исто така бешеостварена и кратка средба со амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, г.дин Александар Василевски.

Двочлена делегација на Црвен крст на Република Македонија оствари посета на Црвен крст на Босна и Херцеговина во пе-риодо 02.12-04.12.2010 година. За време на посетата остварена е средба во Централата на Националното друштво во Сараевосо Претседателот г.дин Бранко Леко, Потпретседателот Сеад Хасиќ и Генералниот секретар Душко Кулушиќ. При тоа се раз-менети искуства за стратешките определби и имплементацијата на програмските активности на двете национални друштва.Исто така е посетена канцеларијата на Црвен крст на Федерацијата на БиХ при што е остварена средба со ПретседателотБранко Леко и Генералниот секретар Намик Хоџиќ. Во текот на престојот на делегацијата на Црвен крст на Република Маке-донија ја посети и канцеларијата на Црвен крст на Република Српска при што е остварена средба со Ѓоко Михајловиќ, Гене-рален секретар на ЦК на Република Српска и Потпретседател на ЦК на БиХ. За време на разговорите помеѓу двете националнидруштва се истакна потребата за унапредување на соработката помеѓу двете национални друштва особено на ниво на оп-штински организации на Црвен крст.

ПОСЕТА НА ЦРВЕН КРСТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Заедно со соседите

Page 24: Godisen Izvestaj 2010

24

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРЕДИЗВИКОТ

Постигнувања во областите надејствување

Активностите на планот за подготвеност и дејствување вослучај на катастрофи беа насочени во имплементација нацелите предвидени со Стратегијата за развоја на ЦКРМ напланот за подговеност и дејствување при катастрофи коисе спроведуваа во соработка со партнерски организациии владини институции како и членки на движењето наМеѓународна Федерација на Црвен крст. и Црвена полу-месечина.

Page 25: Godisen Izvestaj 2010

25

Со поддршка на Меѓународната Федерација, Црвениот крст на Република Македонија преку општин-ските организации на Црвен крст Охрид и Струга во втората половинаа на 2010 година го имплемен-тираше проектот за намалување на ризици од катастрофи. Со активностите за реализација на овојпроект и соработката со институциите во системот за управување со кризи на национално и локалнониво, беа постигнати следниве резултати:

Беа изработени и прифатени модели за подготвување на оперативни планови за заштита и спа-сување од несреќи и катастрофи за образовните институции кои се користат на ниво на Репуб-ликата.Во двата микрорегиони, согласно изработените планови за заштита и спасување од несреќи икатастрофи за образовните институции, беа подготвени сценарија за евакуација на ученицитеи персоналот во случај на несреќи и катастрофи, а се одржаа вежбовни активности во кои уче-ствуваа сите субјекти кои се дел од системот за управување со кризи. Беше подобрена комуни-кацијата и координацијата со локалните институции, подигната е свеста на учениците иперсоналот за заштита и самозаштита, инфраструктурни услови за евакуација во училиштата идр. Подобрени се капацитетите за проценка и дејствување во случај на несреќи и катастрофи вомикрорегионите опфатени со проектот.Обучени се лица на локално ниво за проценка на ризици и опасности, користење на информа-тивна технологија и применета е методологија на Црвен крст со алатки за процена на ранливости капацитети.Поттикнати се локалните и националните медиуми за поголема информираност на населениетоза заштита и самозаштита во случај на несреќи и катастрофи.Направена е проценка на капацитетите и потребите на локалните институции кои се дел од си-стемот за управување со кризи.Подигната е јавната свест за заштита и самозаштита од несреќи и катстрофи. Детектирани се ризиците и ранливите групи во микрорегионите Охрид и Струга.

Намалување на ризици од катастрофи

Page 26: Godisen Izvestaj 2010

Прифатена е методологија во локалните самоуправи за имплементирање на проектот и во оста-

натите училишта и градинки кои не беа опфатени со проектот.

Обебзедена е континуирана едукација и практично увежбување на учениците за заштита и само-

заштита во случај на катастрофи.

Имплементиран е унифициран систем за следење на можните ризици и катастрофи.

Стандардни оперативни процедури (СОП)

Tактичко показни вежби

Со стандардните оперативни процедури се утврдувапостапката на дејствување и се дефинираат чекоритево спроведување на активностите за одговор во слу-чај на катастрофи на сите субјекти кои се дел од си-стемот за управување со кризи и заштита испасување. Со финансиска поддршка на ГерманскиЦрвен крст, во 2010 година беа организирани три ед-нодневни работилници во Скопје, Прилеп и Охрид.На работилниците учесниците се запознаа со по-стоечките стандардни оперативни процедури наЦКРМ, ДЗС и ЦУК, со нивната фукционалност-при-мена и се дадени предлози за подобрување на ис-тите. Усогласени се терминологите на националнониво кои се користат при заштита и спасување одприродни непогоди и несреќи како и управување вокризна состојба и подобрена е координацијата и ко-муникацијата помеѓу партнерите при реализација наСОП, а нагласена е и потребата од унифицирање наобразци за известување за настаните.

Во септември и октомври 2010 година се одржаа 3тактичко показни вежби во Скопје, Охрид и Прилеп.На овие вежби беа изработени сценарија со кон-кретни задачи во институциите на субјектите, и тоаво Скопје (сценарио поплава), во Охрид, (сценариоавионска несреќа) и во Прилеп (земјотрес- евакуа-ција на ученици). Вкупно земаа учество околу 140лица (волонтери на ЦКРМ и преставници на субјек-тите кои се дел од системот за управување сокризи).

26

Page 27: Godisen Izvestaj 2010

,,Светлина 2010”

Во организација на Министерството за од-брана во периодот од 24 до 26 мај се одржавежба за спасување, евакуација и згрижу-вање на загрозеното население од природнакатастрофа – земјотрес на воениот полигонКриволак. На вежбата учествуваше медицин-ски и логистички тим на Републичката еди-ница на Црвениот крст за одговор прикатастрофи.

Психолошка поддршка во кризни ситуацииВо организација на Црвениот крст на Бугарија, финан-сиски поддржан од Австрискиот Црвен крст, во перио-дот од 01 до 05.09.2010 година, се одржа петодневнаобука во Лозен, Бугарија. На обуката за психосоцијалнаподдршка при кризни состојби, учествуваа вкупно 26психолози и доктори,меѓу кои имаше 4 претставнициод Црвениот крст на Република Македонија.

Во периодот од 12 до 13 април 2010 година, Црвениот крст наХрватска во соработка со Австриски Црвен крст беше домаќин наработен состанок за подготовка на предлог апликација за ИПА -социо - економската програма за креирање на мрежа за адаптацијакон климатските промени. На состанокот учествуваа преставници одЦрвениот крст на Австрија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. Беше изработен регионален предлогпроект за зголемување на учеството на НВО (креирање на мрежа на НВО) во донесување на одлуки,имплементација и мониторинг на политиките во областа на животната средина, креирање и уна-предување на иницијативите, програмите и политиките за адаптација од климатските промени врзоснова на споделените искуства на државите учесници на состанокот.

27

Имплементација на систем

за заштита од климатски

промени на регионално ниво

Page 28: Godisen Izvestaj 2010

28

ВО СЛУЖБА НА ЛУЃЕТО И ХУМАНОСТА

Недела на солидарност

Од 1 до 7 јуни 2010 година под мотото ,,Влезете во светот на хуманоста,, се одбележа Неделата на со-лидарност, со цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош заранливото население. На 11 мај 2010 година се одржа инструктивна средба со секретарите на општин-ските организации на Црвениот крст за промовирање на новата иницијатива за организирање на ак-цијата ,, Од куќа до куќа,, со цел обезбедување на парични прилози од граѓаните. Во оваа акција беавклучени 20 општински организации на Црвениот крст и Црвен крст на Град Скопје и беа извршени по-сети на семејства, во нивните домови, од страна на волонтери на општинските организации на Црвенкрст. Во акцијата се собраа вкупно 366.235 денари, од кои средства општинските организации обезбе-дија храна наменета за стари лица и лица со посебни потреби кои живеат во рурални средини. Во текотна неделата беа обезбедени 390 кг. храна, 8060 кг. облека и 946 пара обувки.

Page 29: Godisen Izvestaj 2010

29

Меѓународен Ден на гладта

Недела на грижа за старите лица

Црвениот крст на Република Македонија поповод одбележувањето на 16 Октомври - Меѓу-народниот Ден на гладта организираше кампања,која се спроведе од 16 до 22 октомври 2010 го-дина под мотото: ,,Помислете и на нас,,. Целта накампањата беше покренување на општото мис-лење на јавноста за проблемите на сиромаш-тијата, како и изнаоѓање на фондови за помош наранливото население. Во рамките на кампањатабеа организирани собирни акции за обезбеду-вање на храна во соработка со училиштата, голе-мите маркети, како и донации од граѓаните икомпаниите. Исто така се организираа акции засобирање на парични средства преку дистрибу-ција на вредносни бонови, акции за обезбеду-вање на ,,Сендвич за мојот другар,, организираниво училиштата, донација на сендвичи и пецива одразлични пекари и компании. Во рамките на од-бележувањето беа организирани хуманитарни за-бави од страна на клубовите на млади приопштинските организации на Црвениот крст, беаподелени оброци во училиштата наменети задеца на социјално загрозени семејства, како идруги хуманитарни активности. Од акциите сеобезбедија вкупно 609.759 денари од кои сред-ства беше набавена храна која заедно со собра-ната количина во вкупно 12.945 кг, како иобезбедената 12.495 кг. облека и обувки беше до-делена на социјални случаи, како и на социјалниинституции. Во рамките на кампањата беше организирана иакција за обезбедување на парични средства одстрана на корпоративниот сектор. Македонскапошта беше партнер во оваа акција која овоз-можи преку општинските организации на Црве-ниот крст без надомест да се испрататинформативни флаери до 13.000 компании во це-лата земја. Со цел акцијата да биде помасовноприфатена од страна на корпоративниот сектор,истата беше промовирана и преку трите стопан-ски комори во Македонија со кои Црвениот крстна РМ има потпишано меморандуми за сора-ботка. Во акцијата се обезбедија вкупно 203.200

Од 15 до 21 ноември под мотото:,,Староста евредна за почит,, се одбележа Неделата на грижаза старите лица. Целта за одбележување на неде-лата беше да се подигне свеста на населението запотребната грижа на старите лица, како и да сеобезбеди соодветна помош на старите и изне-моштени лица.Беа организирани предавања воосновни и средни училишта и дистрибуција наедукативен материјал, посети во домовите застари ли¬ца и пензионерските домови, со при-годни активности од страна на младите волонтерина ЦК (програма со културно-забавен и рекреати-вен карактер, дружење, разговори, доделувањена пригодни подароци и др.). Беа направени бес-платни здравствени прегледи, мерење на крвенпритисок и шеќер во крвта на старите лица. Завреме на неделата беа одржани работилници сотеми од областа на здравството и беше доделенапомош во храна, облека, пос¬те¬лнина, средстваза хигиена заедно со други хуманитарни активно-сти.

Page 30: Godisen Izvestaj 2010

30

Подобрување на социјализацијата на деца и младинци со посебни потребиЦрвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Град Скопје во соработка со Заводот за со-цијални дејности во 2010 година организираа заеднички активности за поддршка на децата со посебнипотреби. На 24 и 26 Март 2010 година, беа одржани две работилници за евалуација на реализиранитезаеднички активности за подобра социјализација на лицата со посебни потреби. Целта на работилни-ците беше да се утврдат постигнатите резултати, ефектите од имплементираните активности, како и дасе дадат насоки за идно дејствување на локално ниво. На работилниците присуствуваа претставницина шестнаесет општински организации на Црвениот крст, како и претставници на центрите за социјалнаработа и дневните центри за грижа на лицата со посебни потреби. Беа имплементирани разновидниактивности како што се креативни работилници со децата во дневните центри, едукации, социјалниигри, спортски и слични социјални активности.

Програмата за Заеднички развој на за-едницата со поддршка на ГерманскиотЦрвен крст во текот на 2010 годинабеше имплементирана преку Општин-ската организација на Црвен крст наПробиштип. Во соработка со владиниинституции, локална самоуправа,здруженија на граѓани, волонтери наЦрвениот крст и претставници на ран-ливата заедница беа спроведени про-ектните циклус активности воранливата ромска заедница ,,Доне Бо-жинов,,. Врз основа на утврденитеприоритетни потреби на заедницата,со имплементација на микро проектотизвршена е изградба на бетонски тро-тоари покрај бараките, потпорен ѕид ибекатонски пристапни патеки до бара-ките во кои живее заедницата. Проме-нета е дел од атмосферскатаканализација и поставени се клупи заодмор покрај патеките. Извршени сеедукативни предавања за превенцијаод заразни болести кај жителите на за-едницата. Подобрена е соработката ивоспоставени се нови локални парт-нерски односи. Стекнати се нови веш-тини и знаења за работа кај членовитена ЗРЗ тимот кои можат истите да гиприменуваат за спроведување надруги натамошни активности. Со им-плементација на проектните активно-сти зголемен е бројот на новиволонтери, како и зајакнат е имиџот наопштинската организација.

Заеднички развој на заедницата

денари донирани од 174 компании во 24 општини во земјата. Од средствата се обезбедија 340 семејнипакети со храна и истите преку општинските организации се доделија на ранливи целни групи на насе-ление.

Page 31: Godisen Izvestaj 2010

31

Во рамките на Програмата за борба против трговија со луѓе, Црвениот крст на Република Македонијаво 2010 година имплементираше активности на превентивен план со цел да се подигне свеста на мла-дите за навремено препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата солуѓе и нивна самозаштита. Активностите се имплементираа во градот Скопје и ООЦК Битола, Охрид,Тетово, Кавадарци, Ресен и Гевгелија.

Беа организирани едукативни работилници наменети за младите во основни и средни училишта, какои едукација на младите волонтери во клубовите на млади на Црвениот крст. На едукативните сесиибеше дистрибуиран промотивен материјал за младите.Во текот на годината беа одржани вкупно 37 едукативни сесии со кои беа опфатени 976 младинци од11 средни училишта, 18 основни училишта, 1 средношколски дом и 3 Клубови на млади на општинскитеорганизации на Црвен крст и Црвен крст на Град Скопје.

Од 22 до 24 септември 2010 година воБелград, во организација на Црвенкрст на Србија се одржа третиот соста-нок на националните друштва од ре-гионот кои имплементираат програмаза превенција од трговија со луѓе. Насостанокот присуствуваа претстав-ници на национални друштва наЦрвен крст Србија, Македонија, ЦрнаГора, Белорусија, Данска, Норвешка иХоландија. Целта на средбата бешеразмена на искуства со акцент на мо-билизирање на млади волонтери ак-тивно да се вклучат во превентивнитеактивности за борба против трговијасо луѓе.

Со цел размена на искуства и за-цврстување на стекнатите вештини изнаења претставници на општинскитеорганизации и Црвениот крст на ГрадСкопје во текот на годината земаа уче-ство на повеќе едукативни работил-ници организирани во земјата, како ина меѓународен план.

Црвениот крст на Република Македо-нија од 2 до 9 декември 2010 годинасе вклучи во одбележувањето на,,Неделата на борба против трговијасо луѓе. Беа организирани 18 едука-тивни работилници со кои беа опфа-тени вкупно 491 ученик од 5 основнии 8 средни училишта, како и волон-тери од четири клубови на млади наЦрвениот крст.

Борба против трговија со луѓе

Недела на борба противтрговија со луѓе

Page 32: Godisen Izvestaj 2010

32

Проектот ,,Достоин-ствена старост,, соподдршка на Герман-скиот Црвен крст во2010 година се импле-ментираше преку Оп-ш т и н с к а т аорганизација на Црвенкрст Крива Паланка.Проектот има за целда обезбеди достоин-ствен живот на старитеи изнемоштени лицаод Крива Паланка и ру-ралните подрачја воопштина Ранковце,Петралица, Милу-тинце и Гиновци. Про-ектните активностибеа насочени конвклучување на старителица во општестве-ните активности на за-едницата, за нивноисполнето секојдне-вие и обезбедувањена помош за најранли-вите групи од селскитенаселби. Проектот сереализира преку функ-ционирање на Клуб напензионери во КриваПаланка и мобилентим за теренски актив-ности. Основната цел еподобрување на ква-литетот на живот настарите лица, прекуподобрување на нив-ната психо-социјалнасостојба, едукативни икреативни работил-ници, стекнување сонови вештини и кому-никации, грижа за нив-ното здравје, како ихуманитарна помош издравствена грижа заосамените и изнемош-тени стари лица од ру-ралните средини.

Црвениот крст на Република Македонија и Националниот совет на инвалид-ски организации на Македонија на 14 јуни 2010 година потпишаа Меморан-дум за соработка. Целта на потпишување на меморандумот беше и одформално правен аспект да се регулираат взаемните односи за понатамо-шен развој и соработка воспоставување на тесна соработка на организа-циите на национално и локално ниво преку размена на информации,искуства и координација на активностите за работи од заеднички интерес.

Клуб за пензионери

Партнерска соработка со Националниот совет наинвалидски организации на Македонија

Page 33: Godisen Izvestaj 2010

33

Долгогодишната плодна соработка со Црвениот крст на Баден Виртемберг од Германија која во конти-нуитет се остварува од 1992 година, и во 2010 година се потврди со донации во вкупна вредност од61.160 евра за реализирање на хуманитарни цели на Црвениот крст на Република Македонија. Помоштасе состоеше од болнички кревети, инвалидски колички, медицинска опрема, канцелариска опрема,средства за хигиена, облека и др. Црвениот крст на РМ донацијата ја дистрибуираше до здравственитеи социјални институции во Македонија, како и на ранливите целни групи. Црвениот крст на Баден Вир-темберг обезбеди и финансиска поддршка во висина од 16 000 евра за функционирање на Пунктот забездомници на Црвениот крст на Град Скопје. Преку работата на Пунктот се овозможува дневно згри-жување, храна, облека, хигиена и здравствена заштита на бездомниците. На 2 и 3 ноември 2010 годинапретставник на Црвениот крст на Баден Виртемберг го посети Националното друштво кој ја истакна под-готвеноста за идна плодна соработка со Црвениот крст на РМ.

Црвениот крст на Република Македонија се вклучи во активности за помош на настраданото населениезафатено од природни непогоди во текот на годината. За населението погодено од катастрофаленземјотрес што го зафати Хаити, Црвениот крст обезбеди помош во финансиски средства во висина од2.108.751 денари донирани од граѓани на Република Македонија, компании, организации и владиниинституции. Особено за истакнување е донацијата обезбедена од страна на Град Скопје.За настарадното население од поплавите во Република Албанија беше донирана помош во висина од484.502 денари, како и помош во храна , средства за хигиена и др. За населението погодено од земјотресот во Краљево доделена е помош во парични средства во висинаод 691.676 денари донирани од страна на Град Скопје и општината Ѓорче Петров.

Долгогодишна соработка со Црвен крст на Баден Виртемберг

Вклученост во меѓународна помош за настрадано население од природни непогоди

Page 34: Godisen Izvestaj 2010

34

ГРАДЕЊЕ НА КОЛЕКТИВНАЗДРАВСТВЕНА СВЕСТ

Носејќи го приматот на најголема хуманитарна граѓанскаорганизација, ЦКРМ преставува медиум преку кој се спро-ведуваат голем број на здравствено - превентивни актив-ности насочени кон конкретни целни групи како и општатапопулација на територијата на Р. Македонија. Нашето Нацио-нално друштво работи и дејствува во правец на пролонги-рање на животот и промоција на здравјето. Во 2010 година,ЦКРМ спроведе ред активности насочени кон подигање на

свеста кај населението за своето здравје, пружи помош на ранливите групи граѓани и се вклучи во глобалното одбележување насветските денови за борба против одредени заболувања. Во соработка со Министерството за Здравство, Глобалниот фонд и ред вла-дини и невладини институции инволвирани во здравствената дејност, Црвениот крст на Република Македонија успешно ги изреа-лизира следниве активности:

Page 35: Godisen Izvestaj 2010

35

21 - 28 февруари

2010Недела на борба против срцевосадови заболувања

Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на Р. Македонија и оваа година ja одбележа Неделатаза борба против срцевосадови заболувања под мотото “Сочувај го здраво вашето срце и крвните садови”. По тој повод бешеизготвена презентација за кардиоваскуларните заболувања и врз основа на истата беа спроведени едукации од страна намедицински лица – волонтери на ЦКРМ.

Одбележување на Светскиот ден за борба против туберкулозаНеделата за борба против туберкулоза

24 Март14-21 септември

Иако туберкулозата е заболување кое може да се превенира и лекува, сеуште е причина за смрт во светот. Акцентот на ак-тивностите беше ставен на подигнување на јавната свест за важноста од раното откривање и лекување на туберкулозата.Едукациите и подигнувањето на јавната свест се интегрален дел од активностите кои беа спроведени во насока на намалу-вање на бројот на заболени лица и смртноста од туберкулоза.

10 - 16 октомвриНедела на борба против шеќерната болест

Неделата на борба против шеќерната болест беше одбележана преку едукации, трибини и бесплатно мерење на шеќер вокрвта на одредени здравствени пунктови. Активноста ја спроведоа медицински лица - волонтери на Црвениот крст на Р.Македонија. Материјалот за едукацијата беше подготвен и навремено доставен до ООЦК а истиот содржеше информацииза типовите на шеќерна болест, симптомите, ризик факторите, заедно со најчестите заблуди поврзани со заболувањето.

1 - 30 ноември Месец на борба против болести на зависности

Едукација на младата популација за штетите предизвикани од болестите на зависност сеуште преставува најдобрата методаза превенција. По повод одбележување на месецот беше подготвен стручно - едукативен материјал кој беше дистрибуирандо сите општински организации на Црвен крст. Преку подготвената едукација на сликовит и интересен начин беа прикажанипоследиците од употреба на сите опојни средства. Работилниците беа одржани на деца од средните и основни училишташирум Републиката.

1-7 декември “Заштити се од предрасуди”

Целта на кампањата за борба против ХИВ/СИДА беше намалување на стигмата и дискриминацијата кон лицата кои живеатсо ХИВ/СИДА. Црвениот крст на РМ заедно со Општинските организации континуирано работи на едукација и информирањена населението за превенција на ХИВ, со посебен акцент и внимание кон групите со ризично однесување, на градење накапацитетите на врсничката едукација за ХИВ/СИДА. Исто така, Црвениот крст на Р. Македонија заедно со другите НВО Хопс,Хера, МФО и други заедно со Министерството за Здравство спроведе кампања насловена како “Заштити се од предрасуди”подржана од голем број на јавни личности и која имаше за цел сензибилизација на населението кон лицата кои се заболениод ХИВ/СИДА.

15 - 21 декември“И забалото е орган”

Под мотото “И забалото е орган” оваа година ЦKРМ ја одбележа неделата на забоздравствена заштита. Акцент беше ставенна правилното одржување на оралната хигиена кај децата, почнувајќи уште од најраната возраст. За таа цел беше изготвенилустриран материјал кој беше доставен до сите 34 ООЦК заедно со Црвениот крст на Град Скопје со насоки да се спроведатработилници во градинките и основните училишта. Овие работилници беа спроведени кај околу 3000 деца ширум Републи-ката. На децата од руралните средини им беа подарени четкички и паста за заби.

Page 36: Godisen Izvestaj 2010

36

Проектот “Подај ми рака” кој финан-скиски беше поддржан од Герман-скиот Црвен крст, сеимплементирше во ООЦК Ресен.Главната цел на проектот беше еду-кација на 150 средношколци за првапомош и врсничка едукација. Завреме на проектните активностбеше одржана и дисеминација зазначењето на Црвениот крст. Про-ектот траеше 9 месеци и беше ме-диумски покриен од страна налокалните медиуми.

Подај ми рака

Главната цел на овој проект е активно пронаоѓање на случаи со туберкулоза помеѓу групите кои се подособен ризик за заболување со туберкулоза како што е ромското население и зголемување на процен-тот на успешно излекувани случаи од ова заболување. За потребите на проектот беа изработени еду-кативно-информативни материјали и беа опфатени околу 1000 припадници од ромската популација.

Подобрување на контролата со туберкулоза во Р.Македонија

Веќе втора година на територијата на општина Охрид и Де-барца се спроведуваат проектни активности насочени конпомош и поддршка на младите мајките во однос на правилнодоење на своите новороденчиња и здравата исхрана кај ма-лите деца. Во рамките на проектот отворени се клубови во коисе одвиваат едукации ”мајка на мајка”, се разменуваат искустваи се добиваат практични совети од стручни лица – педијатри,за правилниот раст и развој на новороденчињата. За време напроектот се испечатија 1000 примероци на македонски и 300примероци на албански јазик од брошурите за “Оптималнодоење” и “Дохрана на мали деца”, заедно со 400 примероциод двата вида едукативни постери. Целната група на проектотсе 500 мајки од Охрид и руралните – селски средини од општи-ната. Проектот предизвика огромна заинтересираност кајмајките а истиот беше редовно следен од локалние медиуми.

Клубови за промоција на оптимално доење надоенчиња и правилна дохрана на мали деца

Организирање на флуорографски акции за ромско население со цел активно пронаоѓање на случаи сотуберкулоза

Изработка на стратешки и оперативни планови на локалната самоуправаГлавната цел на овој проект е изработка на локални акциони планови за подобрување на контролатана туберкулоза на локално ниво. Црвениот крст имаше улога на фасцилитатор во креирањето на овиеоперативни стратешки планови. Во текот на реализацијата на овој проект користена е методологијатана проектот ЗРЗ (заеднички развој на заедниците). На ниво на секоја ООЦК има локален координатор,формиран е локален тим составен од членови на локалната самоуправа, општи лекари, претставницина антитуберкулозните диспанзери, центри за социјална работа, образовни институции, претставницина ООЦК итн.

Проекти по здравствено – превентивна дејност:

Page 37: Godisen Izvestaj 2010

37

Проектот за намалување на штети од употреба на дроги се реализира во три ООЦК Прилеп, Велес иКичево. Оваа програма е насочена кон намалување на штетните последици од користењето на дроги,пред сé кон намалување на ризикот од ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц, други крвно и сексуално преносливиинфекции, предозирање, здравствени последици и социјални штети. Во 2010 година. во трите центрибеа дистрибуирани 19280 игли, 10665 шприцеви и 7300 кондоми. Извршени се 3489 основнимедицински услуги, советувања и едукација за ХИВ/СИДА, хепатит и други крвно и сексуалнопреносливи инфекции, советување за бесплатно тестирање за ХИВ/СИДА, едукација за безбедноинјектирање и безбедни сексуални односи на клиентите и нивните партнери, совети за штетните ефектиод користењето на дроги и информирање за видовите на третман. Извршени се 1748 социјални услуги,информирање и советување од социјални работници, 179 услуги и советувањa од правни лица.Реализирани се 3 семинари и неколку работилници за обука на претставници од здравствените исоцијалните центри, полицијата, претставници од локалната самоуправа и други институции,претставници на медиумите со цел запознавање и активности за обезбедување на нивна поддршка воборбата против стигмата и дискриминацијата кон оваа целна група.

Со поддршка на Германски Црвен крст започна и реализацијата на креативните работилници со основнацел ресоцијализација на стабилизираните клиенти и воспоставување на работни навики со цел полесноадаптирање во средината во којашто живеат. Во оваа насока беа реализирани 31 работилница воцентарот во Прилеп и 39 работилници во центарот во Велес. Изработените предмети и накит беапродавани на специјално организирани по овој повод продажни изложби, а средствата обезбеденипреку нивната продажба беа наменети за деца без родители или социјално загрозени семејства.

Намалување на штети од користење на дроги

Page 38: Godisen Izvestaj 2010

38

Редуцирање на здравствените последици на населението од високите температури

Црвениот крст на Р. Македонија веќе неколку години наназад превзема активности за редуцирање напоследиците предизвикани од климатските промени со посебен акцент на заштита на здравјето на на-селението од високите температури. Во соработка со СЗО и Министерството за Здравство, беа реали-зирани низа активности кои имаа за цел подигање на свеста кај населението за можните ризици врзнивното здравје кои можат да се појават како резултат на високите температури. Црвениот крст на Р.Македонија, заедно со СЗО, Министерството за Здравство, Управата за Хидрометеролошки работи, Ин-ститутот за јавно здравје, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Ин-ститутот за медицина на труд и др, беше дел од навремениот систем за рано предупредување за појавана топлотен бран т.н АЛЕРТ систем и соодветно на тоа имаше можност за навремена подготовка и пре-вземање на активности согласно здравствениот акционен план и своите можности. Беа подготвени идистрибуирани едукативни флаери до соодветните институции, организации и целни групи, бесплатносе делеа шишиња со вода, се мереше крвен притисок и се вршеше транспорт до домовите на лицатана коишто им беше потребно. Во Црвениот крст на Град Скопје функционираше бесплатна СОС теле-фонска линија за топлотни бранови на која граѓаните можеа да добијат информации како да го заштитатсвоето здравје во услови на појава на топлотен бран, со учество на 40 волонтери, кои дежураа во текотна летните месеци на инфо линијата.

Page 39: Godisen Izvestaj 2010

39

Црвениот крст е лидер во едукацијата за превенција, под-готовка и одговор при соодветна живото-загрозувачка си-туација нудејќи ги своите услуги на населението со целмасовно оспособување и градење на побезбедни и по-здрави заедници.

ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ!

Црвениот крст на Р.Маке-донија преку своите ООЦКконтинуирано како ре-довна активност реализи-раше едукации закандидати за возачи намоторни возила во текотна 2010 година. При тоа сонив беа опфатени 12 000кандидати за возачи намоторни возила.

Прва помош за возачи намоторни возила

Со цел оспособување навработените од јавните иприватни претпријатија занавремено и квалитетноукажување на иницијалнапрва помош при повреда наработно место, кое некогашзначи и спасување на чо-вечки живот Црвениот крстна РМ преку ООЦК нудиобука од ваков тип во текотна целата година. При тоаоваа година со едукациитебеа опфатени 2100 врабо-тени од јавните и приват-ните претпријатија.

Прва помош на работнотоместо за кандидати одјавните и приватнитепретпријатија

ЕДУКАЦИИ

Page 40: Godisen Izvestaj 2010

40

Во чекор со европските успеси

Под надлежност на Европската Конвенција за Првапомош - First Aid Convention of Europe (FACE) во пе-риодот од 08-11 јули 2010 година во Белград, Србијасе одржа 24-тиот Европски натпревар по прва помош.ЦКРМ учествуваше со своја екипа од ООЦК Центар одСкопје. На овој натпревар првото место и припаднана екипата од Британски Црвен крст, второто на Сло-венечки Црвен крст и третото место на екипата од Ир-скиот Црвен крст. Членовите на екипата на Црвенкрст на РМ беа најмлади учесници и покажаа нави-стина одлични познавања и вештини за давање напрва помош во најразлични симулирани ситуации иго освоија 10-тото место.

Светски ден за Одбележување на жртвите од сообраќајот на патиштата

Генералното Собрание на Обединетите Нации на 26ти октомври 2005 година го прогласи Светскиот денза сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, кој се одбележува на третата недела во ноември и гиповика сите земји членки и интернационални заедници да го прифатат и да го одбележуваат овој ден.Црвениот крст на РМ има долгогодишна традиција на полето на зголемување на безбедноста на со-обраќајот на патиштата како партнер на владините и невладините организации. Едукативно-информа-тивните материјали се поврзани со подигнувањето на јавната свест за безбедно однесување на ситеучесници во сообраќајот како и обука на идните возачи за давање на прва помош на лица повредениво сообраќајни незгоди. Црвениот крст на РМ е дел и од Глобалното партнерство за безбедност на патиштата (Global Road SafetyPartnership) и на 21.11.2010 година се приклучи кон одбележување на овој Светски ден со едукативнипредавања по училиштата со цел подигинување на свеста кај најмладата популација за почитување направилата и прописите за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и со демонстра-тивно прикажување на првата помош и реалистично прикажани повреди.

Светски ден по прва помош

На 11.09.2010 година под мотото Прватапомош - спасува живот, Општинските орга-низации на Црвениот крст го одбележааСветскиот ден на првата помош преку орга-низирање на активности за привлекувањена вниманието кај јавноста и демонстри-рање на правилно укажување на првапомош во спасувањето на човечки животи ипроверка на нивното познавање за укажу-вање на прва помош при најразлични реа-листично прикажани повреди.

Page 41: Godisen Izvestaj 2010

41

На 25.09.2010 година во Скопје со учество на 25 екипи се одржа19-тиот Државен натпревар на екипите по прва помош. Главнатацел на овој натпревар беше промовирање на првата помош кајмладата популација и пошироко во јавноста, нагласувајќи ја ху-маната компонента да се поттикне натпреварувачкиот дух и дружењето помеѓу младите кои сеактивни во областа на првата помош како и да се промовира значењето на правилно и навременоукажана прва помош. Победник на натпреварот по прва помош беше екипата на Кисела Вода,второпласирана беше екипата на ООЦК Карпош, а трето место и припадна на екипата на ООЦКЦентар.

Државен натпревар по

прва помош

Page 42: Godisen Izvestaj 2010

42

ХУМАНОСТ ПРЕКУ КАПКА КРВ

Црвениот крст на Република Македонија во 2010 годинареализираше 56.846 крводарувања и планските обврскиги исполни со 103.36 %.Резултатите постигнати во крводарителството во 2010 го-дина, а споредени со резултатите во 2009 година се подо-бри за 3.247 единици крв или за 5.91 %.Во градот Скопје во 2010 година се реализирани вкупно15.057 единици крв или планот е исполнет со 96.31 %, што

во споредба со 2009 година бележи подобри резултати за 2.482 единици крв.Планските обврски ги реализираа 20 општински организации на Црвен крст, и тоа : Битола 109.42 %, Валандово 123.68 %, Велес212.95 %, Виница 280.89 %, Демир Хисар 107.33 %, Дебар 120.18 %, Делчево 157.94 %, Кавадарци 141.23 %, Кочани 110.60%,Кратово 123.70 %, Крива Паланка 116.17 %, Крушево 265.36 %, Неготино 101.22 %, Охрид 156.19 %, Прилеп 103.59 %, Пробиштип133.54 %, Свети Николе 189.77 %, Штип 255.13 %, Гази Баба 100.35 % и Центар 188.13 %.

Меморијална крводарителска акција „Борис Трајковски”

Меморијалната крводарителска акција “Борис Трајковски” се одржа на 6-ти март 2010 година во Домотна АРМ во Струмица на која крв даруваа 70 крводарители од Скопје и Струмица, а за крводарителитебеа обезбедени маички со ликот на Борис Трајковски.

Page 43: Godisen Izvestaj 2010

43

65 години на крводарителството во Р.М.

На 17 март 2010 година, во Скопје се одбележа 65 годишнината од формирањето на Црвениот крст наРепублика Македонија и Денот на крводарителите.На овој ден се одржаа повеќе крводарителски акции, теренски активности на младите на Црвениот крстна улицата “Македонија” каде беа промовирани активностите на Црвениот крст преку издавачки-про-пагандни материјали, пантомима изведби, изложби на филателиски марки и постери. Во вечерните ча-сови во хотелот “Холидеј Ин” се одржа Свечена Академија под високо покровителство на Претседателотна Република Македонија Ѓорге Иванов. На Свечената академија се доделија признанија јубилејна пла-кета за Претседателот Иванов како повеќекратен крводарител, на Министерството за здравство кое це-лосно ги поддржува активностите за крводарителство што ги остварува Црвениот крст на Р.М. и на АД“Макпетрол” како најдобра компанија која дава целосна поддршка на активностите на нивното друштвона крводарители.

Светски ден на крводарителството

По повод 14 јуни Светскиот ден на крводарителството, на 13 јуни во организација на Црвениот крстСтруга во автокампот Ливадиште беше организирана крводарителска акција и културно-забавна мани-фестација која беше поддржана од ФОН универзитетот, Петта приватна гимназија, Хедис, Систина и А1како медиумски покровител. На оваа крводарителска акција крв даруваа 70 крводарители. На 14 јуни во Скопје, на улица “Македонија” (пред спомен куќата на Мајка Тереза), младите на Црвениоткрст со делење на информативно-пропаганден материјал и со пуштање на црвени балони во воздух насимболичен начин и со соодветни пораки го одбележаа Светскиот ден на крводарителството.

Page 44: Godisen Izvestaj 2010

44

Работилница за крводарителствосо млади од Клубот 25

Во организација на Клубот 25 на Црвениоткрст на Град Скопје во почетокот на јули воСтруга беше организирана едукација замлади мотиватори во крводарителство. Наоваа здравствено-превентивна работилницаучествуваа 20 млади мотиватори за крвода-рителство. Активностите на Клубот 25 се под-држани со проект на МеѓународнатаФедерација на Црвениот крст и Црвената по-лумесечина.

Мотиватори во крводарителство –борци за хуманата свест Во организација на Црвениот крст на Република Македонија во периодот од 2-5 септември 2010 годинасе одржа семинар за едукација на мотиватори во крводарителство. Семинарот го отворија Државниотсоветник во Министерството за Здравство Прим. д-р Киро Салвани и Претседателот на Црвениот крстна Република Македонија Д-р Милчо Трајков. На семинарот зедоа учество 22 мотиватори од Скопје, Би-тола, Прилеп, Куманово, Велес, Струмица, Кавадарци, Кичево и Ниш. Гостин предавач на семинаротбеше Д-р.сци.мед. Драган Анџелиќ од Институтот за трансфузија на крв од Белград - Србија на тема“Интерперсонална комуникација - предуслов за успешна мотивација во крводарителство”. Академикд-р Жан Митрев кој зеде учество на работилницата заедно со неговите соработници од Специјалнатаболница за кардиохирургија “Филип II” одржа предавање на тема “Потрошувачката на крв во модернатакардиохирургија”. За време на семинарот, учесниците имаа можност да ги збогатат своите знаења и ис-куства со одржани предавања на актуелни теми поврзани со крводарителството, и тоа: за крводарител-ството во Република Македонија, за искуствата од Србија, Италија, Хрватска, Словенија и од Црвенатаполумесечина на Турција.

Со стратешки цели кон сигурни успеси Промоцијата на документот “Стратегија за крвода-рителство за 2010-2015 година” се одржа на 29 јуни2010 година. Промотор на документот беше Држав-ниот секретар во Министерството за Здравство Д-рЗоран Стојановски. Овој настан се одржа во паркотна хуманоста во Црвениот крст на Република Маке-донија во присуство на високи претставници на Ми-нистерството за Здравство, Републичкиот завод затрансфузиологија, членови на Извршниот одбор наЦКРМ., претставници на општинските организациина Црвен крст, истакнати крводарители, мотиватории гости.

Page 45: Godisen Izvestaj 2010

45

Клубови на Црвениот крст за едукација и превенција

ЗА ПРОАКТИВНА МЛАДИНА

Проектот „ Клубови на Црвениот крст заедукација и превенција “ е имплементи-ран од страна на Црвен крст на град Скопјесо поддршка од Германски Црвен крст.Станува збор за проект со цел зајакнувањена капацитетите на постоечките центри во20 училишта на територија на град Скопје,за едукација на младите за подобрувањена сопственото здравје, стекнување навештини за препознавање и помош наранливи групи на население и регрути-рање на нови волонтери во организа-цијата. Преку клубовите спроведени севкупно 39 работилници и тоа за: првапомош, превенција од зависности, СПИ,трговија со луѓе, доброволно крводару-вање, подготвеност за катастрофи, до-машно насилство, разрешување наконфликти и пандемска инфлуенца. Об-учени се вкупно 350 ученици од 20 учи-лишта кои подоцна подготвија и успешнореализира 39 мали проекти за добробитна заедницата.

Page 46: Godisen Izvestaj 2010

46

Младински летен камп “100 % Црвен крст”, Велестово 2010 година Под слоганот 100% Црвен крст, во периодот од 24-30 Јули 2010 година на падините на Галичица или по-точно во с. Велестово, се одржаа летен камп за младите волонтери на Црвен крст на РМ, на кои се спро-ведуваа две обуки и тоа една за врснички едукатори за превенција од ХИВ/СИДА и сексуалнопреносливи болести и една за реалистичко прикажување на рани и повреди. Обучени беа вкупно 46нови врснички едукатори, обучени според Y-PEER стандардите за врсничка едукација, како и 15 новишминкери од вкупно 19 ООЦК. Кампот се одвиваше во објект кој беше обезбеден од страна на ООЦКОхрид, со дополнително подигнати шатори и тенди за работа. По завршените обуки обучените врснички едукатори се здобија со инструкции за реализација на те-ренски активности за до крајот на годината, пропратени со прирачници и презентации, додека дел одновообучените шминкери своето прво искуство за практична работа го демонстрираа во рамките надржавниот натпревар по прва помош кој се одржа на 25.09.2010 година во Скопје.Покрај учесниците за време на кампот, свој финален тест имаа 8 новообучени тренери за врснички еду-катори кои под супервизија на нивните тренери успешно одржаа обука на нови едукатори и се стекнаасо квалификација тренери за врснички едукатори.

Младите врснички едукатори во кампањите за подигање на свеста

Врсничките едукации во рамките на пре-вентивните кампањи за подигање на све-ста кај младите за заштита на сопственотоздравје, и оваа година претставуваа едниод главните активности на клубовите намлади на Црвениот крст од ООЦК и ГЦК. Во2010 година Црвен крст на РМ ги зголемисвоите капацитети со нови 76 врсничкиедукатори и 8 тренери за обука наврснички едукатори.

Тема

Превенција од ХИВ/СИДА исексуално преносливи ин-фекции

Борба против трговија солуѓе

Превенција од насилство воучилиштата

Превенција од болести на зависности

Број на работил-ници за врсничкаедукација

Вкупен број научесници на рабо-тилниците

211

32

73

9

5473

907

1755

282

Page 47: Godisen Izvestaj 2010

47

ЦРВЕНИОТ КРСТ ДЕЛ ОД„АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА”

Во периодот 23-28 Јуни во Авто-кампот Љубаништа во Охрид се одржа Еко-музички фестивал „Алармза природата“ каде свое претставување имаше и Црвен крст на Република Македонија со дел од актив-ностите кои ги работат со младите. Настанот својот најголем интензитет го имаше за време на викендоткога настапуваа поголемиот дел од музичките ѕвезди од Македонија и странство, со дневна фреквенцијана околу 10.000 посетители. За време на фестивалот свое претставување имаа околу 50 невладини ор-ганизации кои работат за и со млади во различни програмски дејности.Младите волонтери на Црвениот крст организираа еден постојан и еден подвижен пункт преку кои седистрибуираа едукативни материјали кои ги издава ЦКРМ со најголем акцент на заштита и самозаштитаза време на топлотните бранови и превенција од сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА. Спаси-телите на вода од ООЦК Охрид демонстрираа вадење на давеник од езеро и укажување на прва помошкаде сите заинтересирани имаа можност да пробаат да направат преврска на повреден дел од телотоили да пристапат кон реанимација на фантом кукла. Како подршка на организаторот во рамките на интервенциите за укажување на прва помош на самитепосетители, волонтери од ООЦК Охрид и претставници од Централата на Црвен крст на РМ имаа 28 ин-тервенции (исекотини, сончаница, повреди при поставување на шатори, каснувања од инсекти, греба-ници, изгореници, свиткан зглоб и сл.), додека за вечерните концерти кога посетеноста беше најголемаООЦК Охрид обезбеди медицинско возило и дежурна екипа за периодот од 22:00-06:00 часот. Волонтерите на Црвен крст заедно со претставници на извиднички организации и движењето на еко-лози на Македонија учествуваа во неколку еколошки акции за чистење на охридското крајбрежје.

Page 48: Godisen Izvestaj 2010

48

ПРОМОЦИЈА ЗА ЗНАЕЊАТАЗА ЦРВЕН КРСТ И ХУМАНАТА МИСИЈА

Реализираните активности во програмата задисеминација во текот на 2010 година главно беанасочени кон имплементација и примена на новитеприрачници за дисеминација на МХП за посебницелни групи. Реализацијата на активностите започнасо спроведување на 6 евалуациски посети надисеминациски сесии за општа дисеминација на МХПпред посебни целни групи спроведени од страна на

Промоција на петте прирачници за дисеминација на МХП за посебни целни групи за млади,законодавна и извршна власт, локална власт, новинари и структури на безбедност, одбрана и здравствои еден прирачник за општа дисеминација за МХП пред активните дисеминатори од повеќето ООЦК сеодржа на 15 ноември 2010 во просториите на ЦКРМ. Обуката согласно петте прирачници за дисеминација на МХП за посебни целни групи и еден прирачникза општа дисеминација за МХП, се одржа на 20 и 27 ноември 2010 година, во просториите на ЦКРМ.Десет дисеминатори, со претходно искуство и знаење за МХП, преку овие дообуки се стекнаа со знаењеза методологијата и потребната теорија за дисеминација на МХП пред посебни целни групи согласноприрачниците. Стратешкиот план за дисеминација 2008-2010 измина со завршетокот на извештајната година. Со целконтинуитет во работењето се отпочна со низа активности за изработка на новиот Стратешки план задисеминација 2011-2015 година со што се изработи и соодветна анализа на стратешки план задисеминација 2008-2010. Како неопходна потреба за зајакнување на капацитетите во делот на општата дисеминација за Црвенкрст на 11 декември 2010 година се спроведе еднодневна обука за нови единаесет дисеминатори заопшта дисеминација на територија на град Скопје.

Црвен крст во акција- Промоција на хумани вредностиПроектот “Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности”, препознатлив како ЦКА-ПХВ, епроект кој постои уште од далечната 1997 година и претставува алатка за регрутирање, обучување изадржување на млади волонтери во општинските организации. Неговото импементирање е дове-рено на Црвениот крст на град Скопје кој ја импленентира програмата во сите ООЦК во Р.Македонија.Во текот на 2010 година ЦКА-ПХВ програмата резултираше со уште еден успешно имплементиран ци-

претходно избрани дисеминатори.

Page 49: Godisen Izvestaj 2010

49

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИ ВРСКИ

Хуманитарните предизвици на Движењето наЦрвениот крст и Црвената полумесечина од неговотоформирање па до денес, неминовно со себе ја носати потребата од воспоставување на прекинати семејниврски, како последица од природни катастрофи иликатастрофи предизвикани од човекот. Напорите да сеодговори на потребите на населението кое се нашлово потреба од ваква помош е континуирана заложбана нашето Национално друштво.

Реализирани активности

Службата за барање на Црвениот крст на Република Македонија беше домаќин на 3-та Регионална средба на Службите забарање на националните друштва од регионот. Средбата се одржа во Охрид од 06 до 08.10 2010 година, а според дневниотред беа разработувани содржини кои се во согласност со целите на Стратегијата за воспоставување на семејни врски на Дви-жењето 2008-2018 година.

Според статистичките податоци на Службата за барање на Црвениот крст на РМ, во текот на изминатата година започнатисе 8 случаи на исчезнати лица, од кои 6 се однесуваат на лица исчезнати како резултат на економски миграции, а во дваслучаи странките имаа потреба од документи кои го потврдуваат нивниот статус на воени заробеници за време на Вторатаcветска војна.

клус, со повеке од 1050 обучени млади волонтери, 35 обучени дисеминатори за работа со млади, 35спроведени дисеминациски сесии и 35 успешни обуки за изработување и документирање на малипроекти. Успешно изработени се 113 мали проекти за добробит на заедницата од страна на младитеволонтери.Традиционално беше организирана свечена манифестација и доделување на ПХВ златниот пехар којоваа година беше доделен на волонтерите на ООЦК Берово.Новина во текот на 2010 година беше соработката со дваесетте училишни клубови на Црвениот крстна град Скопје во кои беше имплементиран ЦКА-ПХВ проектот. Оваа соработка резултураше со 20 ус-пешно имплементирани еднодневни обуки, вклученост на 600 ученици и 20 наставници, 40 успешноизработени мали поекти и 50 претставници на финалната работилница. ЦКА-ПХВ програмата беше презентирана и во Шри Ланка со цел да се даде поддршка во имплемента-цијата на оваа програма во националното друштво.

Page 50: Godisen Izvestaj 2010

50

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Црвениот крст на Република Македонија преку финансискиот извештај ги прикажува планираните иреализирани приходи и расходи, и претставува потврда за успешно имплементираните програмски ипроектни активности поддржани од домашни и странски партнери на организацијата.Работењето на организацијата прикажано преку финансики податоци покажува успешно завршенагодина со остварување на Буџетот од 123.42% за разлика од 2009 кога остварувањето изнесуваше118.72%. Сопствените проходи се реализирани со 95.24% и бележат пад во однос на 2009 година когаостварувањето изнесуваше 134.86% и учествуваат со 13.51% од вкупно остварените приходи. Приходитеод органи и донатори претставуваат наменски приходи, кои во најголем дел директно се префрлаат воопштинските организации, каде се користат за имплементација на проектни активности. Овие приходисе реализирани со 129.41% и зафаќаат 86.49 % од вкупно реализираните приходи во 2010 година. Во делот на расходите може да се утврди дека трошењето е контролирано и наменско, што е основнацел на секоја организација. Од вкупно реализираните расходи, функционалните односно програмскитетрошоци бележат пораст во однос на претходната година и изнесуваат 66.89%, расходот за плата навработените изнесува 13.73%, а материјалните трошоци изнасуваат 19.38%. Од вкупно реализиранитерасходи, 33.36% се однесуваат за потребите на централната канцеларија и бележат пад во однос на2009 година кога изнесуваа 44.36%, што е резултат на рационално трошење во централната канцеларија,44.83% се директно префрлени во општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје,додека останатите 21.82% се средства кои се потрошени во централната канцеларија, а се однесуваатза реализација на програмски активности на општинските организации на ЦК и ЦК на град Скопје.Дел од вишокот на финансиските средства односно, позитивната разлика помеѓу приходите и расходитесе наменски средства кои се однесуваат на проекти чија реализација продолжува во 2011година. Од страна на Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ беше формирана комисија, која извршивнатрешна ревизија на финансиското и материјално работење. Исто така беше ангажирана надворешнанезависна ревизирска куќа, која изврши ревизија согласно Законот за ревизија и Меѓународнитестандарди за финансиско известување и сметководствените прописи кои важат во РепубликаМакедонија. Спроед мислењето на ревизорската куќа, финансиската состојба на организацијатаЦрвениот крст на РМ е прикажана реално и објективно. Финансискиот извештај се однесува само на работењето на централната канцеларија на Црвениот крстна Република Македонија.

Page 51: Godisen Izvestaj 2010

51

0.00

10,000,000.00

20,000,000.00

30,000,000.00

40,000,000.00

50,000,000.00

60,000,000.00

0.00

5,000,000.00

10,000,000.00

15,000,000.00

20,000,000.00

25,000,000.00

30,000,000.00

35,000,000.00

40,000,000.00

Сопствени изворина приходи

Плати и надоместоци

Приходи од органи/ донатори

Расходи за мате-ријали и услуги

Функционалнирасходи

Реализирано во 2010Буџет 2010

51,077,285.0063.041.640,00

Реализирано во 2010Буџет 2010

51,077,285.00 54,426,954.50

Приходи во 2010

Расходи во 2010

Реализирани приходи во 2010

Реализирани расходи во 2010

Сопствени приходи

Министерство за здравство

Министерство за финансии

ОБСЕ

ИФРЦ

Турска полумесечина

ИНК

ЗРЗ

ГФ ХИВ-

Германски Црвен крст

Шпански Црвен крст

Австриски Црвен крст

Светска здравствена организација

ГФ ТБ-

ИЦРЦ

Надградба

Приходи во 2010 година

8.518.426,0013,51%

86,49%

13,73%19,38%

66,89%

7.475.093,0010.545.502,00

36.406.358,00

54.523.214,00

Page 52: Godisen Izvestaj 2010

52

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 01.01.2010-31.12.1010

ПРИХОДИ

ОПИССопствени

извори

на приходи

Приходи од органи

/донатори

Буџет

2010

Реализирано

Од сопствени

извори

Реализирано

Од органи и

донаториРеализирано

2010 %

74 ТРАНСФЕРИ И ДОНАЦИИ

741

Министерство за Финансии Од Буџетот на РМ(

- )средства за програмски активности 6,324,000.00 6,324,000.00 6,323,600.00 6,323,600.00 99.99

741 ( ) 10,500,000.00Крводарителство Министерство за Здравство 10,500,000.00 8,000,000.00 8,000,000.00 76.19

742 - 300,000.00 1,000,700.00Социјално хуманитарна дејност 1,300,700.00 103,105.00 132,201.00 235,306.00 18.09

742 4,259,000.00Организација и развој 4,259,000.00 254,100.00 12,305,990.50 12,409,095.50 100.00

742 4,400,000.00 1,217,739.00Прва помош 5,617,739.00 2,277,198.00 2,277,198.00 40.54

742 5,600,985.00Здравствено воспитание 5,600,985.00 6,564,170.50 6,564,170.50 117.20

742 953,500.00Младина 953,500.00 3,213.00 3,213.00 100.00

742 1,052,345.00Катастрофи 1,052,345.00 2,093,672.00 2,093,672.00 198.95

742 Дисеминација 129,500.00 129,500.00 203,945.00 203,945.00 157.49

742 -ЦК во акција ПХВ 600,516.00 600,516.00 6,000.00 1,847,404.50 1,853,404.50 308.64

742 0.00Информирање и комуникација 0.00 0.00

742 120,000.00Служба барање 120,000.00 51,879.00 51,879.00 43.23

742 / 0.00Меѓународно оделение меѓународна соработка 0.00 112,171.50 112,171.50

742

Активности за обезбедување финансиски

средства и други приходи 500,000.00 500,000.00 0.00

742

Финансии други приходи кредит за( )/

кола задршка од вработени/ 0.00 0.00 3,432,497.00 3,432,497.00 100.00

72 НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ 0.00

725 ( ) 1,875,000.00Од ООЦК по основ на котизација 1,875,000.00 547,416.00 547,416.00 29.20

725 / 30,000.00Донација од физички лица 30,000.00 10,203.00 10,203.00 34.01

725 / 300,000.00Донација од правни лица Продажба на возила 300,000.00 495,787.00 495,787.00 165.26

725 ( ) 450,000.00Доплата марки од законот на ЦК 450,000.00 344,945.00 344,945.00 76.65

723 / 1,464,000.00Од закупнинана деловен простор дуги приходи 1,464,000.00 1,487,385.00 1,487,385.00 101.60

725 500,000.00 8,500,000.00Од регистрација возила 9,000,000.00 11,935,820.00 11,935,820.00 100.00

725 1,000,000.00Од Едукативен Тренинг центар 1,000,000.00 103,993.00 103,993.00 100.00

725

Приходи од продажба капитални

средства други приходи Фонд на солидарност/ /

/ 0.00Фонд за развој 0.00 4,404,944.00 4,404,944.00

ВКУПНО ПРИХОДИ 8,944,000.00 42,133,285.00 51,077,285.00 8,518,426.00 54,523,214.00 63,041,640.00 123.42

Буџет Реализирано во2010 2010 % % 2009

ВКУПНО ПРИХОДИ 51,077,285.00 63,041,640.00 123.42 0.00

Сопствени извори на приходи 8,944,000.00 8,518,426.00 95.24 0.00

Приходи од органи донатори/ 42,133,285.00 54,523,214.00 129.41 0.00

118,72

134,86

114,03

Page 53: Godisen Izvestaj 2010

53

РАСХОДИ

ОПИС Од сопствени

извори

Од органи и

донатори

Буџет

2009

Реализирано

Од сопствени

извори

Реализирано

Од органи и

донатори

Реализирано

2009

%

ТЕКОВНИ РАСХОДИ

401 ОСНОВНИ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ 4,612,000.00 288,000.00 4,900,000.00 5,049,510.00 0.00 5,049,510.00 103.05

402 ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 2,906,000.00 144,000.00 3,050,000.00 2,400,448.50 25,135.00 2,425,583.50 79.53

ВКУПНО РАСХОДИ ЗА ПЛАТИ 7,518,000.00 432,000.00 7,950,000.00 7,449,958.50 25,135.00 7,475,093.50 94.03

420 ПАТНИ И ДНЕВНИ РАСХОДИ 150,000.00 200,000.00 350,000.00 616,629.00 160,472.00 777,101.00 222.03

421 КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 605,000.00 0.00 605,000.00 716,004.50 0.00 716,004.50 118.35

422 ЗАТОПЛУВАЊЕ 0.00 0.00 0.00 1,623,853.50 0.00 1,623,853.50 0.00

423 КОМУНИКАЦИЈА И ТРАНСПОРТ 1,420,000.00 145,825.00 1,565,825.00 1,636,412.50 510,700.50 2,147,113.00 137.12

423 МАТЕРИЈАЛИ 1,806,988.00 4,053,485.00 5,860,473.00 1,054,818.50 3,959,446.50 5,014,265.00 85.56

424 ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ 750,000.00 0.00 750,000.00 582,019.50 88,555.00 670,574.50 89.41

425 ДОГОВОРНИ УСЛУГИ 4,273,500.00 5,832,181.00 10,105,681.00 4,380,765.00 4,830,916.00 9,211,681.00 91.15

426 ДРУГИ ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ 300,000.00 0.00 300,000.00 164,063.00 14,611.00 178,674.00 59.56

463 ТРАНСФЕРИ ДО НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ 0.00 21,249,200.00 21,249,200.00 0.00 24,397,775.00 24,397,775.00 114.82

ВКУПНО ТЕКОВНИ РАСХОДИ 9,305,488.00 31,480,691.00 40,786,179.00 10,774,565.50 33,962,476.00 44,737,041.50 109.69

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ

483 КУПУВАЊЕ НАМЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА 500,000.00 1,436,106.00 1,936,106.00 344,079.50 1,712,686.00 2,056,765.50 106.23

483 КУПУВАЊЕ НАМОТОРНИ ВОЗИЛА 0.00 0.00 0.00 0.00 0.00 0.00

481 ОСНОВНО И СПЕЦИЈАЛНО ОДРЖУВАЊЕ 405,000.00 0.00 405,000.00 158,054.00 0.00 158,054.00 105.37

ВКУПНО КАПИТАЛНИ РАСХОДИ 905,000.00 1,436,106.00 2,341,106.00 502,133.50 1,712,686.00 2,214,819.50 94.61

ВКУПНО РАСХОДИ 17,728,488.00 33,348,797.00 51,077,285.00 18,726,657.50 35,700,297.00 54,426,954.50 106.56

0.00

Буџет Реализирано во2010 2010 % % 2009

ВКУПНО РАСХОДИ 51,077,285.00 54,426,954.50 106.56 0.00

Плати и надоместоци на вработени 7,950,000.00 7,475,093.50 94.03 0.00

Расходи за материјали и услуги 8,054,738.00 10,545,502.50 130.92 0.00

Функционални програмски расходи( ) 35,072,547.00 36,406,358.50 103.80 0.00

2010 2010Буџет Реализирано

РАЗЛИКА 0.00 8,614,685.50

Финансиска СлужбаЖаклина Поповиќ

Генерален СекретарСаит Саити

108,45

100,66

160,32

93,76

Page 54: Godisen Izvestaj 2010

54

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ

Ние извршивме ревизија на приложените финансиски извештаи на „ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” (во понатамошниот текст Организација),кои што го вклучуваат Билансот на состојба на ден 31 декември 2010 година, како и на Билансот на приходи и расходи и Извештајот за промени во делов-ниот фонд за годината која завршува на тој ден и прегледот на значајните сметководствени политики и други објаснувачки белешки. Приложените финансиски извештаи за 2010 година се состојат од извештаите за редовното работење на Организацијата како и извештаите за проектите:1) Кампања за ХИВ/СИДА; 2) Служба за барање, дисеминација и подготовка; 3) Заеднички развој на заедницата; 4) Интензивна надградба на капацитети;5) Глобален фонд за одржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА во РМ; 6) Глобален фонд за зајакнување на превенцијата, дијагностика и третирање натуберкулоза; 7) Меѓународна федерација на Црвен Крст и Црвена Полумесечина; 8) Шпански Црвен Крст и 9) Германски Црвен Крст (9 проекти) и извеш-таите за двата фонда: 1) Фонд за развој и 2) Фонд за солидарност. Проектите се финансирани од посебни донатори и истите се реализираат преку посебни(наменски) потсметки на Организацијата. За нив Организацијата не изготвува посебни финансиски извештаи.

Одговорност на менаџментот за финансиските извештаиМенаџментот на Организацијата е одговорен за подготвување и објективно презентирање на овие финансиски извештаи во согласност со Законот за смет-ководство на непрофитни организации и Меѓународните сметководствени стандарди за јавниот сектор на готовинска основа објавени во Република Маке-донија. Оваа одговорност вклучува: обликување, имплементирање и одржување на интерна контрола која што е релевантна за подготвувањето иобјективното презентирање на финансиските извештаи кои што се ослободени од материјално погрешно прикажување, без разлика дали се резултат наизмама или грешка, избирање и примена на соодветни сметководствени политики, како и правење на сметководствени проценки кои што се разумни вооколностите.

Одговорност на ревизоротНаша одговорност е да изразиме мислење за овие финансиски извештаи врз основа на нашата ревизија. Ревизијата ја спроведовме во согласност со Ме-ѓународните стандарди за ревизија. Тие стандарди бараат да ги почитуваме етичките барања и да ја планираме и извршиме ревизијата за да добиеме ра-зумно уверување за тоа дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешно прикажување.Ревизијата вклучува извршување на постапки за прибавување на ревизорски докази за износите и обелоденувањата во финансиските извештаи. Избра-ните постапки зависат од расудувањето на ревизорот, вклучувајќи ја и проценката на ризиците од материјлно погрешно прикажување на финансискитеизвештаи, без разлика дали е резултат на измама и грешка. Кога ги прави тие проценки на ризикот, ревизорот ја разгледува интернта контрола реле-вантна за подготвувањето и објективното презентирање на финансиските извештаи за да обликува ревизорски постапки кои што се соодветни со околно-стите, но не за целта на изразување на мислење за ефективноста на интерната контрола. Ревизијата исто така вклучува и оценка на соодветноста накористените сметководствени политики и на разумноста на сметководствените проценки направени од страна на менаџментот, како и оценка на севкуп-ното презентирање на финансиските извештаи.Ние веруваме дека ревизорските докази кои што ги имаме прибавено се достатни и соодветни за да обезбедат основа за нашето ревизорско мислење.

Мислење на ревизоротСпоред нашето мислење, приложените финансиски извештаи на „ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” ја прикажуваат реално и објективно во ситезначајни аспекти, финансиската состојба на организацијата на ден 31 декември 2010, како и резултатите на нејзиното работење и промените во фондовитеза годините кои завршуваат на тој ден, во согласност со Законот за сметководство на непрофитни организации и Меѓународните сметководствени стан-дарди за јавниот сектор на готовинска основа објавени во Република Македонија.

ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗАВИСНИОТ РЕВИЗОР

Скопје, 1 март 2011 година

УправителЗвонко Кочовски, Овластен Ревизор

Овластен ревизорЕлена Петровска-Лазаревски

До:Раководството на

ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ

Page 55: Godisen Izvestaj 2010

55

БЛАГОДАРНОСТ ДО ВОЛОНТЕРИ, ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПАРТНЕРИИ ДОНАТОРИ

Нашите постигнувања и оптимизам се должат назалагањата и придонесот на нашите волонтери,членови на организацијата , раководството, управатаи вработените и искрено им се заблагодаруваме занивната посветеност и залагања за постигнувањатана Црвениот крст на Република Македонија во 2010година. Истовремено сакаме да ја изразиме својатаблагодарност за континуираната поддршка на нашите

партнери во земјава и странство, владините институции, невладините организации, медиумите, претпријатијата,граѓаните на Република Македонија.

Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечинаМеѓународен комитет на Црвен крстГермански Црвен крстЦрвен крст на Баден Виртенберг Турска Црвена полумесечинаАвстриски Црвен крстАмериканска АмбасадаМинистерство за одбранаМинистерство за труд и социјална политикаМинистерство за внатрешни работиЦентар за управување со кризиДирекција за заштита и спасувањеЗаеднцата на единици на локална самоуправаUNDP

НВО РубиконНВО Волонтерски Центар СкопјеКИМ - НеготиноЖито Вардар - Велес,

Пекабеско - Скопје, Здравје-Радово, Метро АД Скопје, Мирана - Велес,Жито Леб - Охрид,

Жито Полог- Тетово, Јадран - Неготино,Кожувчанка - Кавадарци, МИК Свети Николе Бонум-СкопјеСтопанска комора на МакедонијаСојуз на стопански комори на Македонија

Стопанска комора на северозападна МакедонијаМакедонска поштаСкопски саемМакедонски телекомОНЕВИПАЛФА БанкаОхридска банкаMc DonaldsЕВРОПА 92ЈугорекламЕкономикс плусАкадемски печатГенексПрва КнигаЏорданоЕАМ Штип

Особена благодарност до:

Page 56: Godisen Izvestaj 2010