16
Семинарска работа по предметот Имплантологија ИМЕДИЈАТНА И РАНА ИМЕДИЈАТНА И РАНА ПОСТАВА НА ИМПЛАНТИ ПОСТАВА НА ИМПЛАНТИ Стоматолошки факултет – Скопје Стоматолошки факултет – Скопје

Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Podelba na implantiranjeto vo odnos na vremenskiot period od zagubata(ekstrakcijata) na zabot.

Citation preview

Page 1: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Семинарска работа по предметот Имплантологија

ИМЕДИЈАТНА И РАНАИМЕДИЈАТНА И РАНА ПОСТАВА НАПОСТАВА НА ИМПЛАНТИИМПЛАНТИ

Стоматолошки факултет – СкопјеСтоматолошки факултет – Скопје

Ментор : доц. д-р Марија Пеева ПетрескаИзработил : Бојана Стефановиќ 6175

Page 2: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Јануари, 2013Скопје

Вовед

Во многу случаи имплантите се поставуваат на места каде забите се загубени многу месеци или години претходно.Традиционалните имплант хируршки протоколи како тој опишан од Branemark сугерираат екстракционите места да се остават 12 месеци комплетно да заздрави и созрее коската. Меѓутоа, ресорпцијата на коската во текот на времето често води до ситуација каде постои недостаток на коска за рутинска постапка на имплантирање.Така, хируршките протоколи се развија во насока на постава на имплантите во моментот на екстракција на забот, или брзо потоа, пред да настане сигнификантна коскена ресорпција.

Време на постава на импланти

Постојат различни препораки во однос на времето на постава на имплантите по екстракцијата на забите.Имплантот може да биде поставен имедијатно, веднаш по екстракцијата ,за време на истата хируршка процедура ( имедијатна постава на импланти ), или по неколку недели и во овој случај се означува како одложено – имедијатно.Заради посоодветна терминологија, овој протокол подолу ќе се означува како рана (early) постава на импланти.Разликите меѓу имедијатното и раното имплантирање се сумирани во табела 1.

Табела 1.

Имедијатна постава Рана поставаВреме на постава

За време на иста хируршка процедура со екстракцијата

на забот

2 - 6 недели по екстракцијата на забот

Предности -Редуциран број на хируршки процедури-Оптимална визуелизација на екстракционата рана-Флап елевација може да е непотребна

-Овозможува резолуција на било која инфекција-Овозможува меко-ткивното заздравување да ја покрие раната-Овозможува рано заздравување на коската

Недостатоци -Контраиндицирано доколку е присутна отворена инфекција-Потребна е голема претпазливост доколку екстракцијата е значително трауматска,да не се наруши

-Потребна е дополнителна хируршка процедура-Може да постои недостаток на коска за да се постигне примарна стабилност на имплантот

2

Page 3: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

процесот на заздравување

Раната постава претежнува на страната на претпазливоста и веројатно е попредвидлив, иако не постојат компаративни студии за да ја поддржат оваа изјава. Имедијатното имплантирање почесто се применува кога се надоместува антериорен заб.Екстракцијата треба да биде релативно право кон напред, екстракционата алвеола не премногу голема за да ја загрози стабилноста ( слика 1 и 2. ) и обезбедувањето на привремена реставрација да биде едноставно.Како контраст, случај кој бара повеќе и/или комплицирани екстракции може подобро е доколку се реши со одделни хируршки интервенции на екстракција и постава на имплант.Повеќето од последователните размислувања се однесуваат на замена на антериорен заб, бидејќи ситуацијата кај повеќекорените заби е обично многу покомпромитирана поголемите екстракциони алвеоли и помалку коска апикално од алвеолата.

Сл.1– Коренот на централниот инцизив е подолг и поширок од тој на латералниот инцизив. Растојанието меѓу врвот на коренот и подот на носната шуплина варира значајно.Коската апикално од коренот е значајна за осигурување на примарна стабилност

Сл.2 – Стандарден 4мм имплант со иста должина како и коренот на централниот инцизив може да постигне стабилност само во апикалниот дел.Подолг имплант би требало да се употреби.

3

Page 4: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Проценка

Проценката за имедијатно/рано имплантирање ги следи истите упатства како и кај доцното со тоа што постојат дополнителни работи на кои треба да се обрне внимание,поврзани со ефектот на екстракционата алвеола врз поставата на имплантот.Регијата треба да биде слободна од отворена инфекција и доколку постои било каков сомнеж имплантната постапка треба да биде одложена и доколку е неопходно, треба да бидат ординирани соодветни антибиотици.Главните фактори кои треба да се проценат , врз основа на добра радиографска снимка, вклучуваат :

1. Големина и облик на корени (Сл.1)- должина - ширина- облик- број на корени кај повеќекорени заби

2. Коскена потпора (Сл.2 и 3.)- висина на маргинална коска која го поддржува коренот на забот- растојание меѓу врвот на коренот и анатомските лимитации на коските ( пр. носната шуплина, подот на максиларниот синус, мандибуларниот канал и др.)

3. Тежината на екстракционата процедура- едноставна - хируршка процедура која бара отстранување на коска

4

Page 5: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Сл.3 – Подолг имплант со дијаметар од 4мм поставен поапикално на место подготвено апикално од апексот на алвеолата, близу подот на носната

шуплина.Коската апикално овозможува добра стабилност на имплантот.

Екстракција на забот/коренот

Есенцијално е екстракцијата на забот/коренот да се спроведе колку што е можно поатрауматски со цел да се спречи :

1. Фрактура на алвеоларните зидови ;2. Загуба на лабијалната плоча од коската ;3. Ексцесивна траума на алвеоларниот зид што може да води до некроза на коската или локализиран остеитис.

Во повеќето случаи се препорачува употреба на градуирано и внимателно луксирање и елевација на корените со специјално дизајнирани периотоми( Сл.4).

Ова овозможува градуирана дилатација на коронарниот дел на алвеолата и руптура на периодонталните влакна.Периотомот треба да се постави циркумференцијално околу забот, работејќи градуирано во длабочина со него се додека коренот не се елевира со мала сила.Внимателна екстракција со клешти е исто така дозволена, особено доколку мали ротациони движења се ефективни и доколку наслон на лабијалната кортикална плоча може да се избегне.Во некои случаи, изложување на алвеолусот преку флап елевација е неопходно, што дозволува инспекција на коската.Хируршкото отстранување на коска треба да биде сведено на минимум и изведено со постојана иригација доколку се користат машински ротирачки инструменти.По успешното отстранување на коренот, присутното гранулационо ткиво треба да биде киретирано од алвеолата и инфламираните периодонтални џебови треба да се ексцидираат.Некои клиничари препорачуваат рутинска киретажа на алвеоларните ѕидови за да се отстранат резидуалните периодонтални влакна.Поставата на имплантите треба да биде одложена доколку постои сомнеж за можна или присутна инфекција или можност за остеитис заради трауматско вадење на коренот на забот.Под овие околности и при планирани протоколи на рано имплантирање, мекото ткиво треба да биде затворено колку што може со

5

Page 6: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

сутури.Затварањето на мекото ткиво може да биде засилено со подобрување на флапот, вклучувајќи релаксациони инцизии и инцизија на периосталната површина на флапот.Антибиотици треба да бидат дадени таму каде што е потребно.Постава на имплантот

Препарација на имплантното лежиште во екстракционите алвеоли може да биде потешко отколку што навидум се чини.Кај имедијатно имплантирање алвеолата е неопходно киретирана.Кај раното имплантирање мекото ткиво се елевира за да се овозможи реинспекција на алвеолата и отстранување на било кое враснување на мекото ткиво.Коскеното ткиво треба да се остави недопрено.Хируршката препарација, помалку или повеќе, ја следи ангулацијата на алвеолата, доколку забот бил во задоволувачка позиција .Но, во некои случаи кои ги вклучуваат максиларните антериорни заби, коската од палатиналната страна на алвеолата е најдобра за да овозможи добра препарација на лежиштето и имплантна стабилност (Слика 5.).

Сл.5- Некогаш, најсоодветната коска која овозможува стабилност на

имплантот се наоѓа на палатиналната страна од алвеолата, особено кога

лабијалната плоча е многу тенка или е изгубена.

Меѓутоа, имплатот ќе биде позициониран

палатинално и притоа може да се изгуби

естетиката.

Исто така може да овозможи и попалатинална ангулација на имплантот за да се засили шраф ретенцијата на протетичката реставрација доколку тоа е пожелно.Од помош е доколку иницијалната препарација на лежиштето започне со тркалезна фреза, што лесно пенетрира низ алвеоларниот зид.Бушење во ангулираната површина во алвеолата е потешко отколку бушењето во релативно рамната површина на алвеоларната коска. По тркалезната фреза следи стандардна секвенца на дрилови и следи проверка на ангулацијата на лежиштето. Во најголемиот број случаи, потребно е да се подготви лежиштето апикално од природната алвеола за да се осигура стабилноста и осеоинтеграцијата на имплантот во зрелата коска.Во ситуации каде има малку или воопшто нема коска апикално од алвеолата, се бира поголем

6

Page 7: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

дијаметар на имплантот или процедурата се одложува за да се овозможи адекватно коскено заздравување на алвеолата.

Селекција на имплант

Многу помага доколку постои можност за препокривање на радиографиите со транспарентни контури на имплант дизајнот во различни достапни дијаметари и должини.Идеално, имплантот треба да биде малку поголем од коренот кој го заменува , да осигура добро налегнување во подготвеното лежиште во алвеолата , а оттаму и висок степен на иницијална стабилност.Ова е една од докажаните предности на системите специјално дизајнирани за оваа цел , како што е Frialit. Frialit 2 има дизајн на скалест цилиндар со различни дијаметари, за да се олесни постигнувањето на овие цели(Слика 6).Другиот имплант систем кој е добар во овие ситуации е AstraTech ST (single tooth)(Слика 7).Тој има поширока конична јака (достапно во 4,5 и 5мм дијаметар на врвот) која дава добро налегнување во повеќето антериорни забни алвеоли, а апикалниот дел дава добра иницијална стабилност со помош на паралелните навои на имплант дизајнот.

Сл.6 - Frialit 2, скалест цилиндар Сл.7 - AstraTech ST имплантимплант, развиен за имедијатнапостава

Идеално, треба да има 4-5 мм здрава коска апикално од алвеолата која ќе се подготви и поврзе со имплант со доволна должина.Кај имплантите со паралелни страни дизајн често постои празнина помеѓу коронарниот дел на алвеолата и имплантната површина.Големината на празнината е критична.Празнина од 1-2 мм би требало да се исполни со коска и осеоинтеграцијата би требало да се случи.Таму каде празнината е поголема, може да се графтира, препорачливо со автогена коска од местото на препарација или соодветно донор место.Дополнително, често е можно да се редуцира големината на празнината користејќи притисок на

7

Page 8: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

прстите врз зидовите на алвеолата или пак со нежно фрактурирање на тенките коронарни зидови на алвеолата со соодветен инструмент.Наведените постапки се главно применливи за постава во антериорна еднокорена алвеола и обично е невозможно за моларни лежишта.Секвенците на имплантната постава во екстракционите алвеоли е прикажано на сликите 8 – 10, илустрирајќи некои од точките споменати погоре и како различните системи се справуваат со оваа ситуација.

А – преоперативна фотографија која ја покажува естетиката на

природните заби

Б – радиографија која покажува фрактура

на корените во цервикалната третина

8

СЛИКА 8

Page 9: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

В- корените се извадени и лежиштата испрепарирани во алвеолите;водечки борер во делумно испрепарирано лежиште

Г -

AstraTech ST импланти поставени во своите лежишта

Д – 2

недели по интервенцијата регијата добро заздравила.Постои комплетно покривање со меко ткиво.Имплантите се оставени покриени 6 месеци.

9

Page 10: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Ѓ- Крајниот резултат, 2 години по цементирањето на коронките

БА

В Г

Д Ѓ

Слика 9

10

Page 11: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Серија фотографии кои покажуваат имедијатна постава на максиларен канин кај пациент со Dentinogenesis imperfecta користејќи Frialit 2 систем

11

Page 12: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

12

Page 13: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Слика 10Серија од фотографии кои покажуваат рана постава на два Branemark

импланти за замена на максиларните централни инцизиви.Заклучок

Имедијатната и раната постава на импланти може да понуди високопредвидливи разултати , кои во клиничките студии се покажале како подеднакво добри или дури подобри од традиционалните хируршки протоколи.И покрај тоа, има многу потенцијални фактори кои мора да се земат во предвид и оценат ,со цел прецизно да се одреди стапката на успех.

13

Page 14: Imedijatna i rana postava na implanti - seminarska rabota

Користена литература :

1. Implants in clinical dentistry – R.M.Palmer, B.J.Smith, L.C.Howe, P.J.Palmer

2.Immediate placement of implants into extraction sockets – Rosenquist B., Grenthe B. (1996)

14