33
Десктоп- оперативни системи 1.Вовед Во оваа семинарска работа подетално ќе го објасниме поимот оперативен систем, неговото значење, како и видовите на оперативни системи. Најмногу ќе се задржиме на обработка на десктоп оперативните системи. Ќе ги споменеме и ќе ги објасниме позитивните и негативните карактеристики на позастапените десктоп оперативни системи, како што се: Windows, Линукс, Убунту, SymbOS, AIX ( Advanced Interactive eXecutive ), OS/2, Singularity, Mac OS X, Debian, Amiga и Solaris. Сите овие оперативни десктоп системи се од големо значење за развивањето на компјутерската технологија, сите имаат свои добри и лоши страни, но сепак десктоп оперативните системи Windows се најзастапени и на некој начин владеат над сите останати. 1

informatika posledno

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

1.Вовед

Во оваа семинарска работа подетално ќе го објасниме поимот оперативен систем, неговото значење, како и видовите на оперативни системи. Најмногу ќе се задржиме на обработка на десктоп оперативните системи. Ќе ги споменеме и ќе ги објасниме позитивните и негативните карактеристики на позастапените десктоп оперативни системи, како што се: Windows, Линукс, Убунту, SymbOS, AIX ( Advanced Interactive eXecutive ), OS/2, Singularity, Mac OS X, Debian, Amiga и Solaris. Сите овие оперативни десктоп системи се од големо значење за развивањето на компјутерската технологија, сите имаат свои добри и лоши страни, но сепак десктоп оперативните системи Windows се најзастапени и на некој начин владеат над сите останати.

1

Page 2: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

2.Главен дел

2.1 Оперативен систем, значење и видови оперативни системи

Оперативниот систем го надгледува работењето на целиот компјутерски систем, го следи статусот на компјутерот и ги распоредува информациите според времето, им доделува процесорско време и примарна меморија на програмите кои се извршуваат на компјутерот и обезбедува интерфејс (посредник- тој може да биде текст- базиран кориснички интерфејс и графички кориснички интерфејс) помеѓу корисникот и хардверот. Сервиси на оперативниот систем се: управување со процесите, управување со меморијата, управување со влезно- излезните

уреди, управување со податоците и безбедност и кориснички интерфејс.

Сл.1 Графички приказ на поставеноста на оперативниот систем при употребата на сметачот.

Оперативните системи можеме да ги поделиме според бројот на корисници и според нивото на софистицираност, и тоа:

Оперативни системи за мобилни уреди Desktop оперативни системи Оперативни системи за мали сервери Оперативни системи за големи сервери Оперативни системи за суперкомпјутери

Овде можеме да додадеме дека корисничкиот интерфејс е најсофистициран кај Desktop оперативни системи, а најмалку кај големите сервери и суперкомпјутерите. Иако немаат многу софистициран кориснички интерфејс тие имаат најголема функционалност. Во Desktop оперативни системи спаѓаат: MS- DOS, Windows 1995, Windows 1998, Windows MIlenium Edition,Windows 2000, Windows XP, Linux, Unix, Macintosh OS X, IBM OS/2 и други.

Оперативните системи и генерално системскиот софтвер се едно од ретките, можеби и единствено поле на софтверот каде што иновациите и новите идеи се многу ретки. Првенствено поради конзервативноста во прифаќањето на нови идеи од страна на програмерот и корисникот, еволуцијата на системскиот

2

Page 3: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

софтвер драстично доцни во однос на развојот на хардверските компоненти на компјутерскиот систем. Зголемувањето на „моќта“ на системот, пристапот до ресурсите на компјутерскиот систем, комуникацијата со истите, контролата на меморијата и организационите процеси, како и се останато што спаѓа во полето на работи кои ги прави оперативниот систем се со мали измени исти како и пред 20 години. Значаен напредок постои единствено во графичкиот интерфејс на оперативниот систем, што е условено од желбите на пазарот првенствено за комерцијален развој на познатите оперативни системи. Сепак, негативна последица од пазарниот развој на оперативните системи е честото еволутивно назадување низ историјата на развојот на овој дел од софтверот.

Оперативниот систем ни ја олеснува комуникацијата и пристапот до ресурсите кои што ги поседува компјутерскиот систем и уредите за организација за нивно користење. Спаѓа во групата на основен системски софтвер и невозможно е да се замисли функционален компјутерски систем кој што не поседува некоја имплементација на оперативниот систем.

Оперативниот систем претставува основен системски софтвер кој што ги сокрива деталите на хардверот на компјутерскиот систем, ја олеснува работата на корисниците со цел да обезбеди поубаво и пријатно окружување. Овај пристап по дефиниција се означува како принцип на разубавување. Принципот на разубавување не треба да се сфати буквално затоа што не е единствена цел да се олесни пристапот до ресурсите, туку целта е да се обезбеди унифициран пристап до ресурсите на различни компјутерски системи. Исто така, под принципот разубавување се подразбира и обезбедување на сигурност на користење, бидејќи низ апстрактниот пристап кон ресурсите се забрануваат недозволените операциии над поедини ресурси.

Оперативниот систем има за цел да го организира пристапот до ресурсите на компјутерскиот систем. Да ги прати зафаќањата и ослободувањата на ресурсите од страна на извршените процеси, да ја одржува листата на слободни ресурси, да допушта или да забранува ресурси и т.н. Со појавата на модерните компјутерски системи, оперативните системи првенствено служеа за организација на ресурсите што постана покомплицирана работа за операторите, односно работа која чини повеќе време на скапите mainframe компјутери и грешките би биле чести. Така го дефинираме принципот на ресурсите: Оперативниот систем е системски софтвер чија што основна цел е да ги организира ресурсите во компјутерскиот систем и да го уреди нивното доделување во процесите, односно обезбедува нивно ослободување. Податочниот систем е одговорен за именувањето, креирањето, бришењето, пребарувањето, модификацијата и заштитата на датотеките.

2.2 Десктоп оперативни системи

2.2.1 Windows оперативни системиWindows е името на еден од најраспространетите оперативни системи со затворен код. Се употребува

3

Page 4: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

како оперативен систем на персоналните компјутери (PC) и сервери. Windows е производ на софтверската компанија Microsoft. Microsoft Windows е фамилија на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Microsoft најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на MS-DOS како одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple Macintosh. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.

o Историја

Поради тоа што постарите верзии не се користат во моментот, ќе се задржиме на поновите. Во моментов, најкористена верзија кај персоналните компјутери е Windows XP, пуштен во употреба во Октомври 2001 година, верзија градена врз Windows NT кернел, која го задржува полесниот кориснички пристап од верзиите на Windows 95 и неговите следбеници.

Сл.2 Screenshot  на Microsoft Windows 1.0 оперативен системна која се покажуваат и MS-DOS извршни и други апликации

Се појавува во две различни верзии, домашна (Home) и професионална (Professional), каде во домашната недостига зголемената сигурност и мрежни карактеристики својствени за професионалната верзија. Во април 2003, бил претставен Windows Server 2003, кој ја заменува серијата на серверски продукти Windows 2000, со голем број на нови карактеристики и зголемена важност на сигурноста. Во исчекување сме за критиките за појавувањето на новите производи Windows Vista и Windows Server Longhorn, наследниците на Windows XP и Windows Server 2003, соодветно.

Microsoft Windows е фамилија на сопствени оперативни системи која започнува како додаток на постариот MS-

4

Page 5: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

DOS оперативен систем за IBM PC. Модерните верзии се базирани на поновото Windows NT јадро кое оригинално било планирано за OС/2. Windows се извршува на x86, x86-64 и на Itanium процесори. Постарите верзии исто така се извршувале и на DECAlpha,

Сл.3 Приказ на семејното дрво на Windows системите

MIPS, Fairchild (подоцна Intergraph) Clipper и PowerPC архитектури (некоја работа била направена за да го приклучи тоа наSPARC архитектура).Од јуни 2008, Microsoft Windows држи голема количина од worldwide desktop пазарната поделба. Windows исто така се користи на сервери, подржувајќи апликации како што се web опслужувачи и опслужувачи за бази на податоци. Неодамна, потроши значајни средства за маркетинг и за истражување и развој за да демонстрира дека Windows е способен да изврши било каква апликација за некое претпријатие, што резултирало во постојани записи за цената и перформансите и добро прифаќање во пазарот на претпријатијата.

Најшироко употребуваната верзија од фамилијата на Microsoft Windows е Windows XP, пуштена во употреба на 25 октомври 2001. Во ноември 2006, после повеќе од пет години од развојот, Microsoft го пуштил Windows Vista, главната нова верзија на оперативен систем од фамилијата на Microsoft Windows која содржи голем број на нови карактеристики и промени во архитектурата. Првак меѓу овие е новиот кориснички посредник и визуелен стил наречен Windows Aero, кој се карактеризира со голем број на нови безбедносни карактеристики како што се User Account Control, и неколку нови multimedia апликации како Windows DVD Maker. Сервер варијантата базирана на истото јадро, Windows Server 2008, е пуштена во почетокот на 2008.

5

Page 6: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

Windows 7 е најновата верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, нај популарен производ на корпорацијата Microsoft. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така на истиот датум беше пуштен во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.

o Карактеристики

Windows 7 вклучува голем број на нови функции како што се технологијата за допир и препознавање на ракопис, поддршка за препознавање на виртуелни хард дискови, подобрени перформанси на повеќе јадрените процесори.

Сл.4 Приказ на декстоп површина во Windows 7 Сл. 5 Лого на Windows 7

Нова верзија на Media Center, нов калкулатор со нови и подобрени функции. Многу нови нешта се додадени во контролниот панел. Windows Security Center е преименуван во Windows Action Center. Старт лентата има претрпено најголеми визуелни измени.

o Интерфејс.

6

Page 7: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

Најочигледната карактеристика на Windows оперативните системи е прозорецот кој претставува контејнер за други графички објекти. Обично овие прозорци содржат статусна лента, лента за наслов, копчиња за минимизирање, максимизирање и затворање на прозорецот, како и системско мени (кое исто така се нарекува windows мени или контролно мени). Друга карактеристика воведена од Windows 95 и NT 4.0 е така наречениот десктоп (или работна површина), која содржи различни икони кои корисникот може да ги отвора со двоен клик.

Сл.6 Статусна лента во Windows 7

Копчето Start или старт менито, прикажено на работната лента (или task bar) која обично се наоѓа на долниот дел на работната површина, овозможува пристап на корисниците до инсталираните програми и други карактеристики на оперативниот систем. Благодарение на овие карактеристики, Windows овозможува лесно изведување на вообичаени, стандардни работи и задачи, од кои некои можат да бидат и многу комплексни, со многу малку познавање на компјутери.

o Употреба

Оперативниот систем Microsoft Windows е инсталиран на поголемиот дел персонални компјутери, токму поради неговата лесна употреба за обичните корисници. Според некои анкети, околу 90% од корисниците ги користат десктоп оперативните системи на Microsoft. Microsoft постигнал огромен успех на пазарот благодарение на доминацијата на MS-DOS во раните години на персоналните компјутери. Исто така е прва платформа за Microsoft Office пакетот и за не-конзолни компјутерски игри. Во минатото, компании кои сакале да бидат во компјутерскиот бизнис морале да создадат сопствен оперативен ситем (како што се Amiga, BBC Micro или ZX Spectrum) или да одберат друг оперативен систем - ексклузивна лиценца со еден продавач било многу поефтино отколку да се развие и поддржи нов оперативен систем и софтверска база.

7

Page 8: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

Сл.7 Графички приказ на употребата на некои од десктоп оперативните системи

Благодарение на договорите за лиценци што ги има Microsoft со многу компјутерски фирми, Windows често доаѓа веќе инсталиран на повеќето компјутери, што го прави предефиниран или единствен избор за повеќето корисници. За некои потрошувачи, Windows е единствениот валиден избор за компјутерска околина, или е наметнат од нивната работна околина. Исто така, тоа што корисниците не се запознати со други оперативни системи резултира со недостаток на желба за да се префрлат на друг оперативен систем. Значаен процент од компјутерските корисници едноставно немаат доволно техничко познавање за да инсталираат оперативен систем. И конечно, големата база на софтвер достапна исклучиво за фамилијата на Windows оперативните системи е најголемата причина за популарноста на Windows. Во последните години, многу компании почнале да произведуваат софтвер само за Windows, што е поттикнато од фактот дека веќе постојат голем број на корисници. Како последица на тоа што многу компании го поддржуваат единствено Windows е уште една причина за корисниците да го одберат Windows. Одржувањето на компатибилноста во новите верзии на Windows со големата колекција на софтвер дизајниран да

8

Page 9: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

работи на постари верзии на Windows, одзема голем дел од ресурсите на тимот за развивање на Windows. 

o Безбедност

Безбедноста е најголема слабост на Windows со години, дури и самиот Microsoft бил жртва на хакерски упади. Поради огромното користење на Windows оперативниот систем кај персоналните компјутери, многу креатори на “злобни“ програми го земаат токму него како цел наместо помалку користените оперативни системи како што се Linux, Unix, Mac OS X, итн. Windows првично бил дизајниран за полесно користење на еден персонален компјутер без мрежна врска, така што не содржел безбедносни карактеристики вградени во него. Windows NT и неговите наследници се дизајнирани за безбедност кај компјутери во мрежа и повеќе кориснички персонални компјутери, но не и за заштита од Интернет бидејќи во периодот кога биле дизајнирани Интернетот не бил од голема важност. Сето тоа искомбинирано со повремена појава на грешки во кодот, Windows е честа мета на пишувачи на црви и вируси. Понатаму, се до Windows Server 2003 повеќето верзии дури и на Windows NT биле продавани со предефинирано исклучени важни безбедносни карактеристики, додека ранливи, иако корисни, системските сервиси биле предефинирано вклучени. Microsoft јавно ги признаа многуте безбедносни проблеми веднаш по доаѓањето на новиот милениум, и тврдат дека безбедноста ја сметаат за прашање од најголем приоритет. Потребниот Automatic Update прв пат бил вклучен во Windows Me. Kако резултат на тоа, Service Pack 2 за Windows XP, како и за Windows Server 2003, многу ја зголемиле безбедноста на оперативните системи. Microsoft пуштаат во употреба безбедносни пакети преку Windows Update сервисот, приближно еднаш месечно (обично вториот вторник од месецот), иако критични надоградувања се достапни на пократки временски периоди кога тоа е потребно. Во Windows 2000, Windows Ме, Windows ХР и Windows Server 2003, надоградувањата автоматски може да се симнат и инсталираат ако корисникот го подеси на тој начин. Како друг чекор во однос на безбедноста, Microsoft издадоа бета верзија на Windows Defender (порано Windows AntiSpyware и Giant AntiSpyware), бесплатна програма дизајнирана да штити од несакан софтвер, која генерално била добро примена. Корисниците на Windows ХР можат да ја симнат програмата бесплатно од веб страната на Microsoft, и оваа програма е и дел од верзијата на Windows– Windows Vista.

2.2.2 Линукс

9

Page 10: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

  Линукс (познат и како ГНУ/Линукс) е јадро

т.е. кернел за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува стриктно на Линукс кернелот, но денес често се користи за да се опише целиот оперативен систем, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Линукс исто така станува се попопуларен како оперативен систем за работни станици (работна површина). Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилност ако прво доби репутација како платформа за хобисти и хакери, Linux помина долг пат откако Linus Torvalds го состави првиот кернел како студентски проект.

Сл. 8 Таск-маскота на Линукс

Модерниот Linux оперативен систем е софистициран, со пријатен кориснички GUI интерфејс (user-friendly), со многу можности и програми со кои може да им конкурира на сите оперативни системи. Linux е бесплатен. Користењето на слободен софтвер (open source software) значи дека не ви е потребна лиценца, не само за оперативниот систем но и за голем број на апликации кои можете да ги користите. Linux системот исто така има и голема сигурност. Тој е имун на вируси, црви, adware, spyware и тројански коњи, кои многу лесно се имплантираат во windows. Исто така Linux е компатибилен со скоро сите фајлови формати кои ги користите, но слободниот софтвер не ве ограничува со стандардните протоколи и фајлови формати. Тоа значи дека нема повеќе забранени опции од производителите. Исто така има лесна архитектура, што значи дека дозволува искористување на голем дел од перформансите на новите моќни машини. Исто така има

10

Page 11: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

поддршка и на постар хардвер. За разлика од новиот Windows Vista кој и покрај моќната машина што ја имате ќе продолжи да го гуши компјутерот. Linux има добра техничка поддршка со која им се овозможува помош на сите, професионалци или почетници. Ако сакате да започнете да користите Linux, само со неколку чекори ќе имате целосно оперативен Linux систем за учење или експериментирање. Дури не морате ни да го отстранувате Windows од компјутерот и ќе можете да избирате помеѓу двата оперативни системи.  

o Додатни опции за Linux.

Главно работната околина на визуелните Linux платформи, е поделена помеќу Gnome и KDE работна околина. Некој корисници работат на стандардната Gnome визуелна околина која што доаѓа со некои верзии на Linux, но некои преферираат да работат со KDE околината која многу личи на Windows. Linux овозможува да изберете една од овие две работни околини и повторно да останете на истиот оперативен систем. Постојат поголем број на Linux работни околини и системи. Тие не се разликуваат многу една од друга, но нив ги разработуваат различни организации и сите имаат некој посебни спецификации.

Сл. 9 Приказ на десктоп површина во Линукс оперативен систем од Убунту позадина

o Видови Линукс

11

Page 12: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

Suse Linux се разработува од компанијата Novell, која го разработува повеќе години. Оваа верзија на Linux не е бесплатна и се користи ако сакате да го користите овој систем во windows околина. Овој Linux најдобро се вклопува при секаква работна околина. Сепак ако не сакате да платите за оперативен систем може да го пробате Open SUSE кој што е бесплатен.

Xandros е уште една верзија која представува комерцијална Linux дистрибуција за почетници. Има верзии за домашна употреба и за бизнис цели, но сепак бизнис верзијата чини повеќе пари.

Mandriva е многу популарен Linux оперативен систем во Европа. Mandriva е добар избор за Linux корисниците бидејќи има силна хардверска поддршка и е лесен за инсталација и конфигурација. И за овој систем треба да платите. Тоа што е Open Source не значи дека е бесплатен туку дека можете да го измените според вашите потреби според ограничувањата со лиценцата. Red Hat Enterprise Desktop беше бесплатен до скоро време, но сега нуди добра поддршка за работни станици и сервери. Ако имате сервер, Red Hat е најдобра опција за негово одржување и стабилна работа.

Сл. 10 Графички приказ на употребата на различните верзии на Линукс

o Безбедност

Linux и UNIX имаат дворедна безбедност, што ограничува било какви промени кај основниот корисник, и кај профил на посебен корисник кај сите системи слични на UNIX. Додека

12

Page 13: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

основниот корисник има неограничена дозвола да влијае врз промените во системот, програмите кои ги извршува обичен корисник се ограничени во тоа каде може да ги зачуваат документите, кој хардвер може да го користат итн. Во многу системи, искористената меморија на корисникот, неговиот избор на програми, искористеноста на нивните дискови и други функции може да бидат заклучени.

Ова му овозможува на корисникот огромна слобода да го прави она што треба да биде направено, и притоа да не биде во можност да стави одреден дел од системот во опасност или да направи чистење и поголеми промени кои ќе влијаат на целиот систем. Опциите на корисникот се чуваат во простор од компјутерскиот систем наречен основен кориснички директориум, кој исто така може да послужи како локација каде корисникот може да ја зачува завршените работи, концепт кој подоцна ќе биде применет од Windows како папката “My Documents”. Доколку корисникот треба да инсталира софтвер надвор од основниот директориум или да направи промени кои ќе влијаат на целиот систем, тогаш корисникот мора да стане основен корисник привремено, најчесто со помош на “su” или “sudo” командата, на која ќе се одговори откако основната лозинка на компјутерот ке биде внесена. Ова дејство најчесто се сретнува како “go root” или “drop to root” кога се сака да се добие пристап до основниот корисник.

o Подршка на датотечни системи

Многу Linux распределби подржуваат некои или сите од ext2, ext3, ext4, ReiserFS, Reiser4, JFS, XFS, GFS, GFS2, OCFS, OCFS2 и NILFS. Ext-датотечните системи, особено ext2,ext3,ext4 се базирани на оригиналниот датотечен систем на Linux. Други датотечни системи беа развиени од компании за да ги задоволат нивните посебни потреби, или беа адаптирани од UNIX, Microsoft Windows, и други оперативни системи. Linux има целосна подршка за XFS и JFS, заедно со FAT, и HFS кој е основниот дадотечен систем за Macintosh.

Во последните години подршка за NTFS дадотечните системи на Microsoft Windows NT се појави во Linux, и сега е споредлива со други подршки за други UNIX дадотечни системи. ISO9660 и Universal Disk Format (UDF) ги подржуваат стандардните дадотечни системи користени кај CD, DVD и BlueRay дисковите. Возможно е да се инсталира Linux поголемиот дел од овие датотечни системи. За разлика од други оперативни системи, Linux и UNIX дозволуваат било кој датотечен системи да биде искористен без разлика на содржината која се наоѓа во нив, било да се работи за хард диски, обичен диск (CD, DVD), или USB.

13

Page 14: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

o Unix и Unix-like десктоп оперативни системи

Ken Thompson напишал B, главно базирано на BCPL, кој тој го користел за да пишува Unix, заснован на неговото искуство во MULTICS проектот. B беше заменето со C, и Unix се разви во голема, комплексна фамилија на внатрешно поврзани оперативни системи кои биле влијателни во секој модерен оперативен систем. Фамилијата на оперативните системи слични на Unix е поразлична група на оперативни систем, со неколку основни под категории вклучувајќи ги System V, BSD, и Linux. Името "UNIX" е заштитен знак на The Open Group која има лиценца за него за употреба со било кој оперативен систем кој бил покажан дека може да се прилагоди на нивните дефиниции.

"Unix-like" најчесто се користи да укаже на големо множество на оперативни сиситеми кои наликуваат на оригиналниот Unix. Unix-like системите се извршуваат на голема разновидност на архитектури на машините. Тие потешко се користат за опслужувачи во бизнисот, како и работни станици во академски и инженерски околини. Unix варијантите кои се софтверски слободни, како што се GNU, Linux и BSD, се популарни во овие области. Некои Unix варијанти како HP-UX на HP и AIX на IBM се дизајнирани за да се извршуваат само на тој хардвер на трговецот. Другите, како Solaris, може да се извршат на повеќе типови на хардвер, вклучувајќи ги и x86 опслужувачите и PC-ата. Mac OS X на Apple, базиран на хибридно јадро BSD различно добиен од NeXTSTEP, Mach, и FreeBSD, го заменил постариот оперативен систем на Apple- Mac OS (не-Unix).Внатрешната корисност на Unix беше побарана од основањето на POSIX стандардот. POSIX стандардот може да биде применет на секој оперативен систем, иако тој оригинално бил направен за многу Unix варијанти.

2.3 Убунту десктоп оперативен систем

е бесплатен оперативен систем кој користи линукс јадро. Зборот „ubuntu“ е стар збор од Африка што значи човечност. Ubuntu е еден од најпознатите ГНУ/Линукс дистрибуции. Целта на Ubuntu оперативниот систем е ажурирана и стабилна линукс дистрибуција за корисниците и е силно фокусирана на нејзината искористеност. Ubuntu е дериват на Дебиан, уште една популарна дистрибуција. Ubuntu може бесплатно да се симне од официјалната страна или може бесплатно да се нарача преку

14

Page 15: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

пошта.

Сл.11 е прикажана верзијата Ubuntu 6.10 Edgy Eft со терминал, десктоп позадина, прозорецот за преференци и GNOME менито

Проектот Ubuntu е започнат во 2004 од Canonical ltd., застапена од јужно-африканскиот бизнисмен Марк Шутлеворт. Бидејќи постојат повеќе работни околини, создадени се четири верзии на Ubuntu: ubuntu, kubuntu, xubuntu и edubuntu.

15

Page 16: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

16

Убунту-карактеристики

Ubuntu 9.04 (Jaunty Jackalope)Компанија / развивач Canonical Ltd. /

Убунту фондација

Фамилија на ОС Debian GNU/Linux

Работна состојба АктуеленИзворен модел Слободен

софтвер / Отворен код

Прво издание 20 октомври, 2004

Последно стабилно издание 9.04 од 23 април, 2009 [1]

Последно нестабилно издание 9.10 Alpha 1 од 15 мај, 2009

Достапни јазици Мултијазичен (повеќе од 55)

Метод на ажурирање APT (со достапни front-ends)

Менаџер за пакети dpkgПоддржани платформи i386 (x86),

amd64 (x86-64), SPARC

Тип на јадро Монолитско (Линукс)

Основен кориснички посредник GNOMEЛиценца GNU GPL, и

други лиценци

Мреж . место www.ubuntu.com

Page 17: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

2.4 SymbOS оперативен систем

SymbOS е слободен multitasking оперативен систем базиран на Z-80 8- bit компјутерски системи. Во реалноста е достапен за Amstrad CPC серии на компјутери како и за MSX модели почнувајќи од MSX2 стандард и најмногу за  Amstrad PCW модели. Спротивно на раните 8- bit оперативни системи базиран е на микрокернел

Сл. 12 Приказ на SymbOS MSX кој работи во 7 инчен екран (16 бои и 512x212 пиксели)

SymbOS го содржи Microsoft Windows како графички кориснички интерфејс, поддржува хард дискови со капацитет од над 128 GB и може да биде (booted) на непроширен Amstrad CPC-6128, 128K-MSX2 Amstrad PCW.

2.5 AIX ( Advanced Interactive eXecutive )

е серија од Unix оперативни системи развивана и продадена од IBM за неколку од нивните компјутерски платформи. AIX фамилијата на оперативни системи е создадена во 1986 год, која стана стандардниот оперативен систем за RS/6000 серии .

2.6 OS/2

OS/2 е компјутерски оперативен систем на почетокот креиран од Microsoft и IBM, а натаму развиван ексклузивно од IBM.

17

Page 18: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

Кратенката претставува Operating System/2 затоа што беше воведен како дел од истата генерациска промена издадена како Personal System/2 линија на втора генерација персонални компјутери.

2.7 Singularity

Singularity е експериментален оперативен систем кој е направен од компанијата Microsoft во 2003 година. Singularity претставува високо-сигурен оперативен систем на кој кернелот, драјверите и апликациите се сите напишани во управувачки код.

Сл.13 Screenshot на Singularity, Microsoft Research оперативен систем,кој работи во вируелен компјутер.

o РаботатаНиво x86 кое го прекинува испраќањето на кодот е напишано во

јазиците асемблер и Ц. Откако овој код си го направи своето, тоа се повикува на кернелот, чие траење и garbage колектор се напишани во Sing # (проширена верзија на Spec #, кое само по себе е продолжување на C #) и ќе трае во небезбеден режим. Хардвер- апстракција слојот е напишан во C + + и работи во Safe Mode. Постои исто така и некој C код, за да се справи со дебагирање(debugging). Компјутерскиот BIOS е повикан во текот на 16-битната real mode фаза на подигање; откако еднаш се повивкува на 32-битен мод, никогаш повторно не се повикува на BIOS-от , но се повикува на драјвери за уредот напишани во Sing#. За време на инсталацијата, Common Intermediate Language (CIL) (Заеднички среден јазик (ЦСЖ) ) opcodes се собрани во x86 opcodes со помош на компајлерот Барток.

18

Page 19: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

o безбедност-дизајн

Сингуларитет е микрокернел оперативен систем. За разлика од повеќето историски микрокернели, неговите компоненти се извршуваат на ист адресен простор (процес), кој содржи "софтвер-изолирани процеси" (голтки). Секој SIP има свои податоци, изглед на код и е независен од другите голтки SIPs. Овие SIPs- голтки се однесуваат како нормалните процеси, но ги избегнуваат трошоците на задача- прекинувачите. Заштитата во овој систем е обезбедена од низа правила кои се нарекуваат invariants кои се заверени од страна на статични анализи. На пример, во memory-invariant states не смее да има крос-референци (или мемориски покажувачи) помеѓу две голтки; комуникацијата помеѓу голтки се случува преку повисок ред комуникациски канали управувани од страна на оперативниот систем. Invariants се проверуваат за време на инсталацијата на апликацијата. (Во Singularity инсталацијата е раководенa од страна на оперативниот систем.) Повеќето од invariants се потпираат на користење на безбедносни мемориски-управувачки јазици, како на пример Sing#,, кои имаат т.н garbage колектор, кој не им овозможува користење на произволни покажувачи ,но им овозможува користење на код за да се провери дали ќе се сретнат со одредени цели.

Singularity 1.0 беше завршен во 2007 година. Singularity Research Development Kit (RDK) беше издаден под Shared Source license која дозволи некомерцијална употреба и е достапна преку CodePlex. Верзијата 1.1 беше издадена во Март 2007,а верзијата 2.0 беше пуштена на 14 Ноември 2008 година. Системот моментално е во процес на развој.

2.8 Mac OS X

Mac OS X е серијал од оперативни системи и графички кориснички посредници базирани на Unix, изработувани, дистибуирани и продавани од Apple Inc. Од 2002 година, Mac OS X оди заедно со сите нови компјутерски системи од Macintosh. Наследник е на Mac OS 9, последната верзија на „класичниот “ Mac OS, којшто е главниот оперативен систем на Apple од 1984 година.

Сл.14 Логото на MAC OS X

Mac OS X, чиј X прикажан со римски број го претставува бројот 10 е значаен дел од идентитетот на брендот, е десктоп- оперативен

19

Page 20: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

систем базиран на Unix. Изграден од технологија развиена во NeXT компанијата помеѓу втората половина на 1980-тите и со купувањето на компанијата од страна на "Епл" кон крајот на 1996 година. Од својата шеста издадена верзија- Mac OS X v10.5 "Леопард" па натаму, секоја верзија на Mac OS X која работи на Intel процесори се има стекнато со UNIX 03 сертификација.

Сл. 15 Приказ на Барс десктоп

Првата верзија што беше издадена е Mac OS X Server 1.0 во 1999 година, а подоцна е издадена и десктоп-ориентираната верзија, Mac OS X v10.0 "Гепард" на 24 март, 2001 година. Изданија на Mac OS X се именувани по големите мачки: на пример, Mac OS X v10.6 е наведено од страна на Apple и корисниците, како "Барс". Серверот издание, Mac OS X Server, е архитектонски идентично со својот десктоп колега и вклучува алатки за да се олесни управувањето на работни групи на Mac OS X машини како и да обезбеди пристап до мрежните услуги. Овие алатки се за е-пошта transfer agent, Samba сервер, сервер LDAP, име на домен серверот, и други. Тоа се вчитува на Xserve серверот на Apple хардвер, но може да се работи на скоро сите компјутерски модели на Apple кои тековно се во продажба.

Apple, исто така создава специјализирани верзии на Mac OS X за употреба на своите потрошувачки уреди. На пример IOS, кој е базиран на Mac OS X, работи на iPhone, iPod Touch, iPad како и на 2-ра генерација на Apple телевизија. Неименувана варијанта на Mac OS X со поддршка на 1-ва генерација на Apple

20

Page 21: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

телевизија.

2.9 Debian

Сл. 16 Приказ на десктоп површина во Дебиан оперативен системDebian е оперативен систем составен од софтверски пакети

објавени како слободен софтвер со отворен код, под лиценца на GNU General Public Licence како и други лиценци за слободен софтвер. Примарната форма, Debian GNU / Linux, која ги користи Linux кернелот и ГНУ алатките за оперативен систем, [4] е популарна и влијае во дистрибуцијата на ГНУ / Линукс. Таа е дистрибуиран со пристапот до складиштата кои содржат илјадници софтверски пакети спремни за инсталација и употреба. Debian е познат по релативна доследност во Unix и слободна софтвер филозофија, како и користење на заеднички развој на софтвер и тестирање на процесите. Debian оперативниот систем може да се користат како десктоп, но и како сервер оперативен систем. Тој се фокусира на стабилноста и безбедноста, а се користи како база за многу други дистрибуции. Многу дистрибуции се базирани на Debian, вклучително и на Ubuntu, MEPIS, Dreamlinux, Damn Small Linux, Xandros, Knoppix,Backtrack, Linspire, aptosid како и (поранешен sidux), Kanotix, Parsix и LinEx, меѓу другите. Debian е познат по богатството на опции. Стабилната верзија вклучува повеќе од 25.000 софтверски пакети за дванаесет [15] компјутерските архитектури. Овие се движат од архитектури на Интел / AMD 32-bit/64-bit архитектури кои обично се наоѓаат во

21

Page 22: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

персоналните компјутери на АРМ архитектурата се наоѓаат во вградени системи и IBM eServer zSeries главно. Истакнати карактеристики на Debian APT се пакетот систем за управување , складишта со голем број на пакети, строга политика во врска со пакетите, и високиот квалитет на верзиите. [14] Овие практика овозможува лесна надградба помеѓу различните верзии, како и автоматска инсталација и отстранување на пакети.

Стандардната Debian инсталација овозможува користење на Gnome десктоп околината. Тоа вклучува популарни програми како што се OpenOffice.org, Iceweasel (ребрендирање на на Firefox), Evolution пошта, ЦД / ДВД пишување програми, музички и видео плеери, image гледачите и уредници и PDF гледачи. Исто така постојат и претходно вградени CD слики за KDE софтвер Компилација, Xfce и LXDE . Останатите дискови, кои опфаќаат пет ДВД или над триесет ЦД-а, ги содржат сите пакети и затоа тие не се неопходни за стандардна инсталација. Друга метод на инсталација е преку нет инсталирање CD која е многу помала од нормалната инсталирација ЦД / ДВД. Таа ги содржи само најосновните елементи потребни за да почне инсталација и преземања на пакети избрани за време на инсталацијата преку Apt. Овие CD / DVD слики слободно може да се добијат со превземање од веб страна,преку BitTorrent, jigdo или да ги купат од онлајн продавници.

2.10 Amiga

AmigaOS е оперативен систем кој се користи на Amiga компјутери. Со својот изглед во 1985г. предизвика сензација, поради напредните функции кои ги содржи, од колапсот на Commodore и напредокот на Windows доведоа до негово практично исчезнување од пазарот.

AmigaOS има два главни дела. Првиот е наречен KlickStart, a вториот Workbench. Kickstart во реалноста е ROM за сите Amiga компјутери, додека за Workbench се вели дека е оперативен систем. Во текот на своето постоење, компанијата Commodore kickstart и Workbench ги издава заедно. Но бидејќи последните kickstart верзии се произведени 1993г. сите подоцнежни верзии на Workbench при својата инсталација прават надоградба или ажурирање. Има повеќе верзии кои се произведени од страна на AmigaOS. Тие се:• Kickstart/Workbench 1.0, 1.1 (Amiga 1000)- 1985/86г. • Kickstart/Workbench 1.2 (Amiga 500,Amiga 2000) – 1987г.• Kickstart/Workbench 1.3 (Amiga 500, Amiga 1500, CDTV, Amiga 2000) – 1988г.• Kickstart/Workbench 2.0, 2.1 (Amiga 500 plus, Amiga 600, Amiga 2000, Amiga 3000) – 1990г.• Kickstart/Workbench 3.0/3.1 (Amiga 1200,Amiga 4000, CD32) – 1993г.

22

Page 23: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

• AmigaOS 3.5, 3.9 - 1999 /2000г.• AmigaOS 4.0 (подршка за PowerPPC процесорите) – 2006г.• AmigaOS 4.1 - 2008/2009г.

Сл. 17 Сл.18

Сл. 19

2.11 Solaris

Соларис е оперативниот систем на Unix, првобитно развиен од Sun Microsystems. Тоа е замената на нивните претходни SunOS од 1992 година. Oracle Соларис, како што е сега познато, е во сопственост на Oracle Corporation од купувањето на Sun Oracle во јануари 2010 година .Соларис е позната по својата приспособливост, особено на Спарк системи, а за кои потекнуваат многу креативни функции како што се DTrace, ZFS и Time Slider. Соларис поддржува Спарк-базирани и x86-базирани сервери, работни станици и други продавачи , со напори да се пренесат на дополнителни платформи. Соларис е регистриран како компатибилен со единствена Unix спецификација.

Соларис е историски развиен како неслободен софтвер,кога во јуни 2005 година Sun Microsystems објави повеќе од codebase под

23

Page 24: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

лиценца CDDL, и го основал OpenSolaris проект со отворен код. Со OpenSolaris Sun Microsystems сака да гради заедница околу софтверот за инвеститорот и корисникот. По преземањето на Sun Microsystems во јануари 2010 година, Oracle одлучи да ја прекине дистрибуцијата OpenSolaris . Сепак, почнувајќи со Solaris 11, ажурирање на Соларис кодот се уште ќе биде дистрибуиран под лиценца CDDL, откако целосно бинарни изданија се направени. Oracle, исто така, ќе биде технолошки партнер на програмата, наречена Oracle технологија мрежа (OTN), за да дозволи нивните индустриски партнери да пристапат во развојот на Соларис изворниот код.

Сл. 20 Десктоп површина во Соларис ОССл.21

Сл.22 Логото на Соларис ОС

24

Page 25: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

3.Заклучок

Оперативниот систем го надгледува работењето на целиот компјутерски систем, го следи статусот на компјутерот и ги распоредува информациите според времето, им доделува процесорско време и примарна меморија на програмите кои се извршуваат на компјутерот и обезбедува интерфејс (посредник- тој може да биде текст- базиран кориснички интерфејс и графички кориснички интерфејс) помеѓу корисникот и хардверот.

Во Desktop оперативни системи спаѓаат: MS- DOS, Windows 1995, Windows 1998, Windows MIlenium Edition,Windows 2000, Windows XP, Linux, Unix, Macintosh OS X, IBM OS/2 и други.

Windows е името на еден од најраспространетите оперативни системи со затворен код. Се употребува како оперативен систем на персоналните компјутери (PC) и сервери. Windows е производ на софтверската компанија Microsoft.

Линукс (познат и како ГНУ/Линукс) е јадро т.е. кернел за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за слободен софтвер.

Убунту е бесплатен оперативен систем кој користи линукс јадро. Зборот „ubuntu“ е стар збор од Африка што значи човечност. Ubuntu е еден од најпознатите ГНУ/Линукс дистрибуции.

SymbOS е слободен multitasking оперативен систем базиран на Z-80 8- bit компјутерски системи.

25

Page 26: informatika posledno

- Десктоп оперативни системи

AIX е серија од Unix оперативни системи развивана и продадена од IBM за неколку од нивните компјутерски платформи.

OS/2 е компјутерски оперативен систем на почетокот креиран од Microsoft и IBM, а натаму развиван ексклузивно од IBM.

Singularity е експериментален оперативен систем кој е направен од компанијата Microsoft во 2003 година.

Mac OS X е серијал од оперативни системи и графички кориснички посредници базирани на Unix, изработувани, дистибуирани и продавани од Apple Inc.

Debian е оперативен систем составен од софтверски пакети објавени како слободен софтвер со отворен код, под лиценца на GNU General Public Licence како и други лиценци за слободен софтвер.

4. Користена литература

http://en.wikipedia.org/wiki/Singularity_(operating_system) http://sh.wikipedia.org/wiki/Debian http://en.wikipedia.org/wiki/Debian http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:IPA_for_English http://mk.wikipedia.org/wiki/Mac_OS_X http://en.wikipedia.org/wiki/File:Symbos-msx2.gif http://en.wikipedia.org/wiki/Microsoft_Windows

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC

http://mk.wikipedia.org/wiki/Windows_7

http://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft_Windows

http://mk.wikipedia.org/wiki/Linux

http://mk.wikipedia.org/wiki/Ubuntu_Linux

http://mk.wikipedia.org/wiki/Mac_OS_X

26