39
UNIVERZITET “SV.KLIMENT OHRIDSKI” – BITOLA EKONOMSKI FAKULTET – PRILEP SEMINARSKA RABOTA Po predmetot: Finansiski pazari i institucii Tema: Pazar na pari vo Republika Makedonija Mentor: Izrabotile: Prof.d-r. Gordana Vitanova Risteska Marija 123/07 SFR Efremova Zlatka 133/07 SFR

Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

UNIVERZITET “SV.KLIMENT OHRIDSKI” – BITOLA

EKONOMSKI FAKULTET – PRILEP

SEMINARSKA RABOTA

Po predmetot: Finansiski pazari i institucii

Tema: Pazar na pari vo Republika Makedonija

Mentor: Izrabotile:

Prof.d-r. Gordana Vitanova Risteska Marija 123/07

SFR

Efremova Zlatka 133/07 SFR

Prilep, april 2009

Page 2: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Sodr`ina

Voved ............................................................................................

........................3

1. Pazar na

pari ................................................................................................ ..

.4

1.1 Organizirawe na pazarot na

pari .............................................................6

1.2 Hartii od vrednost na pazarot na

pari ..................................................10

2. Pazarot na pari vo Republika

Makedonija .............................................13

2.1 Instrumenti na monetarnata politika na

NRBM ...............................15

2.2 Dr`avni hartii od

vrednost .....................................................................18

2.3 Privatnite penziski fondovi investiraat vo dr`avni obvrznici.22

2.4 Нов начин на купување на државни

записи..................................................23

Заклучок ............................................................................................

.....................24

Користена

литература .........................................................................................

..25

2

Page 3: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Voved

Vo ovaa seminarska rabota ќе стане збор за пазарот на пари, за

инструментите со кои што се тргува на овој пазар како и за учесниците на овој

пазар. Исто така ќе стане збор и за организацијата на пазарот на пари како и

подетално со кои хартии од вредност се тргува и како се тргува со истите.

Исто така како пример како се работи на пазарот на пари ќе ја земеме

Република Македонија, а поопширно ќе се задржиме за работата на централната

банка во РМ. Изложен е проспект за аукција на тримесечни државни записи

издаден од министерството за финансии.

3

Page 4: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Превземени се статии од интернет во врска со тоа дека пензиските

фондови купуваат државни записи и каков начин на купување на државни записи

постои.

1. Пазар на пари

Пазарот на пари представува простор кој што е организиран и на него под

определени услови се сретнуваат субјектите што располагаат со вишок на

финансиски средства и истите ги нудат на краток рок и субјектите кои имаат

недостиг на финансиски средства. Овде се врши трансакција на паричните

средства од суфицитарните кон дефицитарните субјекти а пред тоа се утврдува

рокот на варќање и цената, односно каматата.

Пазарот на парите се појавува со појавата на банките. Во банките доаѓа до

сместување на паричните средства од страна на суфицитарните субјекти, додека

пак истите тие средства банките им ги позајмуваат на дефицитарните субјекти

како краткорични кредити. Во современи услови на работење пазарот на пари е

меѓубанкарски пазар на пари. Односно, банките што располагаат со вишок на

4

Page 5: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

ликвидни парични средства им ги позајмуваат на банките на кои им се потребни

овие средства, на краток рок со одредена цена.

Пазарот на пари ги остварува следните функции1:

мобилизација и алокација на краткорочните финансиски средства;

обезбедување ликвидност на економските учесници во

трансакциите;

утврдување на цената на финансиските инструменти;

трансмисија на монетарната политика.

Мобилизацијата и алокацијата на краткорочните финансиски средства е

поврзана со активностите на банките и другите финансиски посредници кои

вршат прибирање на депозити и одобрување на кредити.

Обезбедувањето на локвидност на учесниците вклучува можност за

трансакторите да ги претворат краткорочните финансиски инструменти во пари

без високи трансакциски трошоци.

При утврдувањето на цената на финансиските инструменти процесот на

утврдување на цената на пазарот зависи од: операциите и работата на

централната банка, дистрибуцијата на информациите на пазарот и од структурата

на пазарот.

На пазарот на пари се среќаваат понудата и побарувачката на парични

средства со краток рок на втасување и притоа може да се јави во два вида:

o меѓубанкарско купување на пари

o купување и продажба на краткорочни финансиски средства

Меѓубанкарското купување на пари представува тргување со краткорочни

кредити кои банките кои имаат вишок на парични средства, односно

суфицитарнате банки им ги позајмуваат на дефицитарните банки, односно

банките кои имаат потреба од парични средства. При тоа се запазува рокот на кој

се позајмуваат овие средства и според tоа се разликуваат: дневно меѓубанкарско

купување и продавање на пари и терминско купување и продавање на пари.

1 prof. d-r Gordana Vitanova, “Finansiski pazari i institucii”, Prilep, 2003.str. 49 .

5

Page 6: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Кај дневното купување и продавање на пари помеѓу банките можат да се

појават два случи во однос на тоа на колкав рок суфицитарната банка ги нуди

вишокот на средства и тоа: со рок од еден ден или со отказен рок од еден ден.

Ако го имаме првиот случај тоа значи дека банката што ги позајмила паричните

средства мора да ги врати наредниот ден.

Кај терминското купување и продавање на парични средства

дефицитарната банка треба да ги врати позајмените средства во рок од еден до

три месеци, па најдоцна и до една година.

При купувањето и продажбата на краткорочни хартии од вредност,

хартиите од вредност може да ги емитува банка која што има недостиг на

финансиски средства и истите да и ги продава на банка која што има вишок на

финансиски средства. Тоа е всушност примарана купопродажба на финансиски

средства, а секоја наредна е секундарна.

Можеме да сретнеме директно и индиректно купување и продавање на

финансиски средства. Кај директното понудата и побарувачакта се сретнуваат

кога меѓу субјектот што нуди и субјектот што бара средства нема никаков

посредник и тогаш тие склучуваат меѓусебен договор. Кај индиректното помеѓу

субјекткот што нуди и субјектот што бара се јавува некаков посредник што нуди

и бара финансики средства. Тоа најчесто е некоја банка или друга финансиска

институција.

1.1 Организирање на пазарот на пари

Се сретнуваат два модела на организирање на пазарот на пари и тоа:

o централизиран

o децентрализиран

Централизираниот пазар на пари всушност предствува концентрирање на

понудата и побарувачката на краткорочни финансиски инструменти каде што

6

Page 7: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

единстваната цена се утврдува преку берзата или пак од страна на централната

банка. Оваа цена е цена што се користи за сите трансакции кои што се случуваат

на пазарот на пари. Овој начин на организација е карактеристичен за земјите со

недоволно развиен финансиски систем.

Со зголемувањето на обемот на понуда и побарувачка на финансиски

средства како и со развојот на информациската технологија настанува

децентрализираниот пазар на пари. Цената на финансиските инструменти се

утврдува преку движењето на понудата и побарувачката, а при тоа се користат

разликите во цената на еден ист инструмент но на различни локации. Овој пазар

може да имаприсуство на олигполски елементи, односно различен степен на

конкурентност. Се предпоставува дека најефикасен е потполно конкурентнот

пазар но најчесто тој престанува да постои и се преоформува како олигополски

пазар.

Како учесници на пазарот на пари се сретнуваат:

- централната банка;

- деловните банки;

- специјалните посреднички финансиски институции.

Централната банка2 представува институција која што е целосно

автономна и самостојна во регулирањето, пропишувањето и спроведувањето на

правилата на однесување и работење на пазарот на пари. Овие правила се

задолжителни за сите учесници на пазарот на пари. Централната банка ги врши

следните активности:

o издава сопствени благајнички записи;

o нуди домашни и странски хартии од вредност;

o доделува краткорочни кредити на деловните банки врз основа

на нивното портфолио на домашни и странски хартии од

вредност;

2 Vo ponatamo{niot tekst podolu e navedeno pove}e za centralnata banka vo Republika Makedonija.

7

Page 8: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

o доделува краткорочни кредити врз основа на залог на

благајнички записи;

o доделува краткорочни кредити врз основа на обврзници;

o издава ломбардни кредити.

Еден од најзначајните инструменти со кои работи централната банка и ја

спроведува својата политика е инструментот на каматни стапки. Таа најчесто ги

користи есконтните, дисконтните и ломбардните стапки. Есконтната стапка е

онаа стапка според која централната банка врши одобрување на есконтни

кредити. Ломбардната стапка е стапка според која централната банка на

деловните банки им обезбедува кредити врз основа на хартиите од вредност.

Дисконтаната стапка е стапка според која централната банка продава или купува

хартии од вредност на пазарот на пари.

Исто така централната банка носи одлука и за обемот на понудата на

парични средства преку паричните контингенти. Таа води сметка за стабилното

функционирање на пазарот на пари и за оптималната парична маса и при тоа го

утврдува паричниот контингент.

Исто така како инструмент на централната банка се јавуваат и

задoлжителните резерви. Тие се всушност и најуспешен инструмент со кој

централната банка ја обезбедува, насочува и регулира ликвидноста на деловните

банки, а со тоа ја регулира и понудата и побарувачката на пазарот на пари. Таа

всушност е износот што деловните банки мораат да го чуваат кај централната

банка. Стапките на задолжителна резерва ги пропишува централната банка и тоа

според: големината на деловната банка; видот на депозитот; седиштето на

банката и потеклото на средствата. Според големината на стапките деловните

банки вршат пресметка на задолжителните резерви кои секој месец мораат да ги

уплаќаат кај централнта банка.

Големо влијание централната банка има и преку купување и продавање на

хартии од вредност. Ова купување и продавање се нарекува и “отворен пазар”.

со самото продавање на хартиите од вредност централната банка ги повлекува

парите од оптек. Со купувањето на хартии од вредност деловните банки

8

Page 9: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

раполагаат со значително помала сума на пари одколку претходно, со што се

намалува и понудата на вишок на парични средства, односно понудата на

кредити.

На пазарот на пари деловните банки се јавуваат како учесници кои се

јавуваат во деловни односи со централната банка и во деловни односи со други

деловни банки. Деловната банка доколку врши работи за другите учесници на

пазарот на пари таа настапува во свое име, за своја сметка, со своја одговорност

и со свој ризик.

Само доколку централната банка ги прифати и од неа добијат лиценца

специјализираните посреднички финансиски институции можат да се јават како

учесници на пазарот на пари. Овие институции се основаат за посредување

помеѓу централната банка и деловните банки, од една страна, и сопствениците

на слободни парични средства, од друга страна. Специјализираните посреднички

финансиски институции можат да се поделат на два дела, и тоа:

- институции што вршат парични треансакции во свое име и за своја

сметка и располагаат со значајна сопствена пасива и портфолио на

хартии од вредност;

- институции што вршат парични трансакции за своја сметка и за свое

име и без да ангажираат сопствени средтва, ги доведуваат во врска

купувачите и продавачите на финансиски средства, а за тоа

наплатуваат провизија.

Значи купувањето и продажбата на краткорочни финансиски средства и

краткорочни хартии од вредност представуваат соновен предмет на работа на

пазарот на пари. Притоа треба да се истакне дека на пазарот на пари не се

продаваат и купуваат готови домашни и странски пари, а исто така не се тргува и

со сите краткорочни хартии од вредност. На пазарот на пари се тргува само со

слободни жирални пари. Оdnосно, сопствениците на вишокот жирални пари ги

нудат на пазарот на пари за да заработат камата. Во зависност од тоа дали се

тргува на примарниот или секундарниот пазар на пари ќе се разликува и тоа со

кои хартии од вредност ќе се тргува. На примарниот пазар на хартии од вредност

9

Page 10: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

понудата ја парават хартиите од вредност кои што ги емитува централната банка.

Додека пак на секундарниот пазар може да се тргува со сите хартии од вредност.

Предмет на работа на пазарот на пари се хартиите од вредност што

втасуваат за наплата најмногу до една година, а такви се :

депозитен сертификат;

благајнички записи на централната банка;

благајнички записи на деловните банки;

комерцијален запис;

банкарски акцепт;

трасирана меница;

државни обврзници.

Цената на жиралните пари и краткорочните хартии од вредност се

формира со нивното тргување и таа е цена според која се врши нивната продажба

и купување. Таа е каматата изразена преку каматните стапки.

1.2 Хартии од вредност на пазарот на пари

Хартиите од вредност со кои се тргува на пазарот на пари можат да се

класифицираат според различни критериуми и според тоа најприсутни се:

сертификатите, благајничките записи, краткорочните обврзници, комерцијалните

записи и банкарските акцепти. Хартиите од вредност на пазарот на пари најчесто

се класифицираат според издавачот и според тоа најприсутни се:

- инструментите на државата и централната банка како што се

краткорочните државни обврзници;

10

Page 11: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

- корпоративните краткорочни хартииод вредност како што се

комерцијалните записи;

- банкарските инструменти, односно, депозитниот сертификат,

благајничките записи и благајничкиот акцепт;

- посебни видови на инструменти како што се уделите на паричните

инвестициски фондови и краткорочните полиси на осигурителните

друштва.

Краткорочните државни обврзници се хартии од вредност што ги емитува

државата и се издаваат со рок на втасување од еден, три, шест месеци или една

година. Тие се всушност дисконтни краткорочни инструменти и намена им е да

го финансираат државноит буџет. Во развиените земји краткорочните обврзници

се емитуваат еднаш неделно и тоа по пат на лицитација. На овие лицитации се

јавуваат финансиски институции а понекогаш и правни и физички лица. Кога ќе

ја поднесат понудата купувачита мораат да се определат дали ќе учествуваат со

назначен износ на принос што сакаат да го остварат или пак дека се согласни да

го прифатат приносот што ќе биде назначен со аукцијата. Одкако ќе ги купат

обврзниците купувачите потоа можат да ги продаваат со посредство на брокери и

дилери попазарни цени на секундарниот пазар или пак да ги држзт се до нивното

втасување. Кога државата врши откуп на обврзници таа не врши откуп на

обврзници се до рокот на нивното втасување.

Депозитниот сертификат представува посебен облик на хартија од

вредност, односно, тој е пренослива потврда што гласи на депониран износ на

пари кај банка или друга финансиска институција со рока на враќање најмногу до

една година. Тој ги содржи следниве елементи:

- ознака дека е сертификат;

- име на банката што го емитува;

- рок на втасување;

- износ на кој што е емитуван;

11

Page 12: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

- висина на каматната стапка;

- датум и место на издавање;

- сериски број;

- потпис на овластено лице.

При емисијата на депозитниот сертификат деловните банки се стекнуваат

со парични средства, додека пак купувачите со хартии од вредност.

Благајничкиот запис е хартија од вредност што гласи на определен

паричен износ, со определен рок на втасување и определена камата.

Благајничките записи ги издава централната банка или некоја деловна банка.

Издавањето на благајнички записи на централната банка се врши се со цел да се

намали количината на пари во оптек, или пак да се соберат средства за да се

покрие дефицитот во државниот буџет. Додека благајничкиот запис на деловите

банки е пренослива хартија од вредност што гласи на определен паричен износ

депониран во банката со определен рок на втасување и определена камата. Со

издавањето на благајничкиот запис неговиот издавач се обврзува дека на лицето

што го запишало ќе му го исплати во времето на доспеаноста означениот износ

на пари со договорената камата. Доколку благајnичкиот запис го издава некоја

деловна банка тој ги содржи следните елементи:

- ознака дека е благајнички запис;

- име и седиште на издавачот;

- име на купувачот;

- паричниот износ на кој гласи благајничкиот запис;

- рок на отплаќање на главнината и каматата;

- датум на издавање;

- правна клаузула и потпис.

Банкарскиот акцепт е трасирана меница на банката и акцептирана меница

од банката. Со самото постоење на акцептот банката има обврска на доносителот

да му ја исплаќа месечната сума во определен ден. Рокот на втасување на

12

Page 13: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

меницата најчесто се движи од 30 до 90 дена. Овој инструмент исто така се

користи и како средство за кредитирање во меѓународната трговија.

Комерцијалниот запис представува финансиски инструмент што го

емитуваат фирмите за да приберат краткорочни средства. Со самото издавање на

овој запис издавачот се обврзува по истекот на периодот заа кој што е издаден на

имателот да му ја исплати определената сума заедно со каматата.

Комерцијалните записи за фирмите се примамливи поради тоа што:

- овие средства се поефтини од банкарските кредити, бидејќи

каматанита стапки се пониски

- постапката за нивно издавање е поедноставна а трошоците за

емисија се пониски .

Комерцијалниот запис е дисконтна хартија од вредност и тој се емитува во

два облика и тоа како: директен, кога директно му се пласира на инвеститорот и

дилерски кога го откупуваат дилери за понатамушна продажба.

Кога се продаваат на примарниот пазар овие хартии од вредност ги

емитуваат компании со висок рејтинг, додека секундарниот пазар не е развиен

бидејќи најчесто дилерите ги држат до рокот на втасување. Со нив не се тргува

на секоундарниот пазар бидејќи тие се хетерогени финансиски инструменти.

13

Page 14: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

2. Pazarot na pari vo Republika

Makedonija

Kako {to ve}e e navedeno, eden od glavnite u~esnici na pazarot

na pari e i Centralnata Banka. Vo ponatamo{noit kontekst }e bide

obrazlo`eno pove}e za nea i nejzinoto mesto i uloga na pazarot na pari

vo Republika Makedonija.

Независност на Централната банка

Se postavuv pra{aweto kои се целите и задачите на централната

банка дефинирани во нејзиниот статут и во практиката?

Народна банка ја подржува економската политика на земјата и финансиската

стабилност на земјата, без да се загрози остварувањето на основната цел,

почитувајќи ги начелата на пазарната економија3.

Народна банка ги врши следните функции4:

− ја утврдува и ја спроведува монетарната политика;

− ја регулира општата ликвидност на банкарскиот систем;

− ја регулира ликвидноста во плаќањата спрема странство;

− ја утврдува и спроведува политиката на девизниот курс на денарот;

− управува и ракува со девизните резерви;

− го уредува платниот систем, во согласност со закон;

− ги координира плаќањата и порамнувањата на сметките меѓу банките и

врши дистрибуција на готовина;

− издава дозвола за основање и работење на банка и штедилница и врши

супервизија на банките и штедилниците;

3 Согласно Законот за Народна банка на Република Македонија (“Службен весник на РМ“ бр. 3/2002, 51/2003, 85/2003 и 40/2004) во натамошниот текст: Закон, основна цел на Народна банка е одржување на ценовната стабилност (член 3 став 1 од Законот).4 член 10 од Законот

Page 15: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

− издава дозвола за вршење услуги брз трансфер на пари и врши надзор

над работењето на субјектите кои вршат услуги брз трансфер на пари во

согласност со закон;

− издава дозвола за работа на менувачниците и врши надзор над

работењето на менувачниците во согласност со закон;

− врши работи на чувар на имотот на пензиските фондови, во согласност

со закон;

− издава книжни и ковани пари;

− откупува ретки и оригинални монети од тлото на Република Македонија;

− врши работи за сметка на органите на државната власт и органите на

државната управа;

− ја претставува Република Македонија во меѓународните финансиски

институции, согласно со овој закон;

− воспоставува информативен систем; и dr.

Sega se postavuva pra{aweto kако се спроведува монетарната

политика (обврски за држење резерви, рефинансирање, операции на

отворен пазар, главни каматни стапки на централната банка, други

монетарни инструменти)? Кои се најновите промени во користењето на

монетарните инструменти? Во која мера директните инструменти на

монетарната контрола (како што се кредитни лимити, контрола на каматни

стапки, итн) се заменети со индиректните, пазарно ориентирани

инструменти (како што се операции на отворен пазар, инструменти за

кредитирање, итн)?

По монетарното осамостојување на Република Македонија на 26.04.1992

година, НБРМ презеде значајни измени и прилагодувања на оперативната рамка

со цел поуспешна имплементација на монетарната политика. Имено, во текот на

транзициониот пат на монетарните инструменти, НБРМ успеа постепено да ги

напушти директните инструменти и да премине кон целосна примена на

индиректните инструменти. Последниот директен монетарен инструмент

(кредитните лимити) беше укинат во април 2000 година.

15

Page 16: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

2.1 Instrumenti na monetarnata

politika na NBRM

Денешниот сет на НБРМ ги опфаќа следниве инструменти:

1. Задолжителна резерва

− Задолжителна резерва во денари

− Задолжителна резерва во девизи

2. Операции на отворен пазар

− Емисија на благајнички записи

− Кредитни операции

− Девизни своп операции

3. Ломбарден кредит

Задолжителната резерва е традиционален инструмент на монетарната

политика на НБРМ, кој ги обврзува банките и штедилниците во Република

Македонија, да издвојуваат средства на сметките кај централната банка. На тој

начин се овозможува контрола на понудата на пари од страна на централната

банка и нејзино индиректно влијание врз нивото на кредитна мултипликација.

Сите банки во Република Македонија имаат обврска да издвојат 7,5% од

депозитите кои влегуваат во основата за пресметка на задолжителната резерва,

додека за штедилниците, стапката изнесува 2,5%. Основата на задолжителната

резерва се утврдува како просек од состојбата на депозитите за секој календарски

ден од претходниот месец. Периодот на одржување на обврската на задолжителна

резерва е од 11-ти во тековниот месец до 10-ти во наредниот месец5.

Задолжителната резерва во денари банките ја исполнуваат на просечно

ниво, при што, имаат право на дневно користење на средствата од задолжителна

резерва до 80% од обврската. Како средства со кои се исполнува обврската за

5 www.nbrm.org.mk (posetena na 20.04.2009)

16

Page 17: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

задолжителна резерва се користат депозитните пари на сметките на банките кај

НБРМ и готовината во благајната на банките.

Обврската за задолжителната резерва, штедилниците ја издвојуваат на

посебна сметка кај Народна банка и ја одржуваат на фиксно ниво.

Задолжителната резерва на банките во девизи, се издвојува на посебни

девизни сметки на Народна банка во странство и се исполнува во евра. Системот

на исполнување на девизната задолжителна резерва на банките е на фиксно ниво.

Стапката на надомест за издвоените средства на задолжителна резерва во

денари во моментов изнесува 2%, додека за издвоените средства на

задолжителна резерва во девизи, НБРМ плаќа надомест во висина на каматната

стапка на депозитите по видување во странство.

Операции од типот на отворен пазар. Основен монетарен инструмент, кој

НБРМ го применува со цел да го компензира влијанието на автономните фактори

кои предизвикуваат промени во нејзиниот биланс, се благајничките записи.

Доминантноста на овој инструмент во однос на останатите монетарни

инструменти на НБРМ произлегува од влијанието на автономните фактори врз

ликвидноста на банките. Со оглед на тоа дека промените на овие фактори од

средината на 1999 година, на нето основа делуваат во насока на зголемување на

ликвидноста во банкарскиот систем, НБРМ преку емисија на благајнички записи

делува во насока на стерилизирање на вишокот на ликвидност во банкарскиот

систем.

Емисијата на благајнички записи се врши преку аукции кои се одржуваат два

пати неделно, на редовна основа (во среда и петок). Благајничките записи се

продаваат по дисконтиран износ, а на денот на доспевање, НБРМ ја исплаќа

номиналната вредност на благајничките записи. Аукциите на благајнички записи

можат да се спроведуваат од типот на тендер со износи и тендер со каматни

стапки. Во моментов, НБРМ применува аукции од типот на тендер со износи,

при што нуди за продажба неограничен износ на благајнички записи со рок на

допсевање од 7 и 28 дена со фиксно утврдени каматни стапки на ниво од 6,0%

и 9,0%, респективно.

17

Page 18: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Сигнализирањето на сопствените интенции, НБРМ го остварува преку

промена на официјалните каматни стапки. Клучна улога на официјална каматна

стапка на НБРМ има каматната стапка на благајничките записи.

Кредитните операции, беа основен инструмент на монетарната политика на

НБРМ во периодот од монетарното осамостојување до втората половина на 1999

година. Меѓутоа, зголемениот девизен прилив во земјата по завршувањето на

кризата во Косово доведе до зголемување на ликвидноста во банкарскиот систем,

намалување на задолженоста на банките по основ на користење на кредити од

НБРМ и постепено зголемување на интересот за купување на благајнички записи

на НБРМ6.

Кредитните операции се спроведуваат по пат на одржување на аукции со

примена на тендер со износи или тендер со каматни стапки. Како колатерал при

одобрување на кредити преку аукциите, НБРМ ги прифаќа благајничките записи

на НБРМ и државните записи на РМ.

Во моментов, НБРМ не го применува овој инструмент на монетарната

политика.

Девизните своп операции се ретко применуван инструмент од страна на

НБРМ чија основна цел е ублажување на неочекуваните ликвидносни удари

предизвикани од влијанието на автономните фактори преку емитирање или

повлекување на денарска ликвидност во банкарскиот систем. Девизните своп

трансакции можат да се спроведуваат аукциски или на билатерална основа.

Нивната рочност и фрекфентност не се стандардизирани. Овој монетарен

инструмент поголема примена имаше во текот на 2001 година кога постоеше

привремено поголема побарувачка за девизи на девизниот пазар.

Ломбардниот кредит претставува краткорочен колатерализиран кредит, кој

е на располагање по дискреција на банките кои се соочуваат со недостиг на

ликвидност на крајот на работниот ден. Како колатерал за одобрување на

ломбарден кредит служат благајничките записи на НБРМ и државните записи на

РМ. Заложените хартии од вредност се во висина од 105% од износот на

6 www.nbrm.org.mk (posetena na 20.04.2009)

18

Page 19: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

кредитот. Каматната стапка на ломбардниот кредит во моментов изнесува 11% и

има улога на горна граница за флуктуациите на пазарните каматни стапки7.

Генерално, инструменталната рамка на НБРМ овозможува непречено

спроведување на нејзината стабилизациона монетарна политика, што се огледа во

остварувањето на ниски стапки на инфлација во изминатата деценија, блиски до

нивото на стапките на инфлација во рамки на ЕУ.

Со цел понатамошно прилагодување на инструменталниот сет на НБРМ кон

поставеноста на монетарните инструменти на ЕМУ, НБРМ ја разгледува

можноста за воведување на раположливи депозити (deposit facility) со цел

формирање на коридор на движењето на пазарните каматни стапки.

2.2 Dr`avni hartii od vrednost

Портфолиото на dr`avni hartii od vrednost го сочинуваат:

Државни записи (ДЗ) - 3, 6 и 12 месечни; и

Државни обврзници (ДО) - 2 и 5 годишни.

Државните хартии од вредност (ДХВ) се безризични хартии од вредност кои

во име на Владата на РМ ги издава Министерството за финансии на РМ.

ДХВ се продаваат преку аукции кои се организирани прекy Народната Банка

на Република Македонија. На аукциите директно можат да учествуваат само

овластените директни учесници (сите банки во РМ), а останатите заинтересирани

резиденти и нерезиденти можат да учествуваат индиректно, односно, преку

банките.

Номиналната вредност на една ДХВ е 10.000,00 денари, а каматната

стапка се одредува пазарно, во зависност од понудата и побарувачката.

Државните записи се издаваат и исплатуваат по номинална вредност, а се

уплатуваат по дисконтирана вредност. Државните обврзници се издаваат,

7 www.nbrm.org.mk (posetena na 20.04.2009).

19

Page 20: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

исплатуваат и уплатуваат по номинална вредност, а на нив се плаќа купонска

камата.

ИСТОРИЈАТ – Првата емисија на ДХВ е извршена во 2004 година со

емисија на 3 месечни државни записи. Поради промотивната кампања и големиот

интерес на инвеститорите за овој безризичен инструмент во истата година се

изврши промоција и на 6 месечни државни записи. Како резултат на овој тренд

во 2005 година беше промоворан и 12 месечен државен запис и на првата 2

годишна државна обврзница.

Slednava slika pretstavuva prospekt - Aukcija na trimese~ni

dr`avni zapisi8.

8 www.finance.gov.mk

20

Page 21: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

21

Page 22: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Makedonskiot pazar na dr`avni hartii od vrednost ima kratka

istorija so po~etok od 2004 godina, so skromno portfolio i karkteristiki

na re~isi nerazvien sekundaren Pazar na dr`avni hartii od vrednost. No

sepak, dosega{noto iskustvo, me|unarodnata praksa i teoretskite

koncepti se dovolni za otpo~nuvawe na inicijativata za voveduvawe na

posrednici na pazarot na dr`avni hartii od vrednost koi }e go podobrat

negoviot razvoj9.

По овој краток, но експанзивен развој, Министерството за финансии веќе

воспостави пракса во рамките на еден месец да има 2 редовни аукции на 3 месечни

државни записи и 1 редовна аукција на 6 месечни државни записи. Останати

инструменти, исто така, се присутни на редовна основа, но нивното темпо

попрецизно се дефинира во КАЛЕНДАРОТ.

ПОРТФОЛИОТО на домашниот јавен долг досега го сочинуваат државните

записи од 3 месеци, 6 месеци и 12 месеци и државните обврзници со рок на

достасување од 2 години и 5 години.

Od grafikonot {to e prezentiran podolu se gleda dvi`eweto na

dr`avnite hartii od vrdnost na R.M,. vo 2006 godina, od kade {to jasno

se sogleduva dvi`eweto na kratkoro~nite hartii od vrednost (3m, 6m i

12m) , {to e i cel na ovaa seminarska rabota.

9 “Bilten” – Ministerstvo za finansii na Republika Makedonija. Januari-Fevruari 2006.

22

Page 23: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

2.3 Privatnite penziski fondovi

investiraat vo dr`avni obvrznici

Приватните пензиски фондови ги инвестираа парите на осигурениците во

државни обврзници. До Нова Година во двата фонда се зачлениле близу

100.000 луѓе.

Средствата што досега беа уплатени на сметките на нашите членови ние

вчера веќе ги инвестиравме во државни хартии од вредност и од денес

продолжуваме со тековните уплати“, вели Јадранка Мршиќ, директор на КБ Прво

пензиско друштво. „Ќе продолжиме инвестициите да ги правиме во државни

хартии од вредност и по банкарски депозити. Ние сме задоволни од бројот, тој е

во рамки на очекувањата и ја покажува довербата на пензиските осигуреници во

реформираниот пензиски систем“10.

Slednata statija e prezemena od Internet i naveduva nov na~in na

kupuvawe na dr`avni zapisi.

2.4 Нов начин на купување на државните

записи

На македонскиот пазар на државни хартии од вредност од денеска се

воведува нов начин на купување при што граѓаните ќе може да доставуваат

понуди за купување само со износ, а не и со цени. Цената што ќе ја добијат на

ваквите наречени неконкурентни понуди е еднаква на просечната цена постигната

на аукцијата.

Министерството за финансии информира дека неконкурентните понуди се

воведуваат со цел поедноставување на процедурата за учество на аукција, која

покрај износот за аукцирање, бара од учесниците и поголеми знаења и повеќе

10 www.mbdp.com.mk (posetena na 20.04.2009)

23

Page 24: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

информации за определување на каматната стапка, се наведува во соопштението.

На овој начин Министерството сака да допре до една поширока таргетна група

позната како мали инвеститори, која на почетокот ќе се однесува само на

физичките лица.

Износот за неконкуретните понуди пред секоја идна аукција ќе биде

дефиниран во Проспектот за државни хартии од вредност како процент од

износот на овие хартии од вредност понуден за продажба на аукцијата. На првата

аукција е определен за еден процент од понудениот износ, односно еден процент

од 1.450.000.000,00 денари кај тримесечните државни записи и еден процент

од 450.000.000,00 денари кај шестмесечните државни записи11.

11 Izvor: http://www.sitel.com.mk/vesti_detmk.asp?ID=17059&kategorija=Економија (objavena 10.04.2007)

24

Page 25: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Заклучок

Од оваа семинарска работа може да се заклучи дека учесниците на

пазарот на пари односно, централната банка, деловните банки и

специјализираните посреднички финансиски институции при нивното тргување со

краткорочни хартии од вредност на овој пазар внимаваат на ризичноста на

хартиите со кои ќе тргуваат како и на приносот кој тие можат да им го донесат.

Македонскиот пазар на пари иако нема долга традиција и не е доволно

развиен прилично добро работи во нашата држава со оглед на тоа дека има мал

број на заинтерсирани лица кои што тргуваат на овој пазар.

25

Page 26: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Koristena literatura

1. Законот за Народна банка на Република Македонија (Службен весник

на РМ“ бр. 3/2002, 51/2003, 85/2003 и 40/2004);

2. www.nbrm.org.mk;

3. www.finance.gov.mk;

4. “Bilten” - Ministerstvo za finansii na Republika Makedonija.

Januari-Fevruari 2006;

5. www.mbdp.com.mk;

6. www.sitel.com.mk/vesti_detmk.asp?ID=17059&kategorija=Економија

7. prof. d-r Gordana Vitanova, Finansiski pazari i institucii,

Prilep, 2003.

26

Page 27: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

Sodr`ina

Voved ............................................................................................

........................2

1. Pazar na

pari ................................................................................................ ..

.3

1.1 Organizirawe na pazarot na

pari .............................................................5

1.2 Hartii od vrednost na pazarot na pari ....9

2. Pazarot na pari vo Republika Makedonija

…………………………….12

2.1 Instrumenti na monetarnata politika na

NRBM ...............................14

2.2 Dr`avni hartii od vrednost

…………………………………………….17

2.3 Privatnite penziski fondovi investiraat vo dr`avni obvrznici 20

2.4 Нов начин на купување на државни

записи..................................................21

Заклучок ............................................................................................

.....................22

Користена

литература .........................................................................................

..23

27

Page 28: Pazarot Na Pari Vo Republika Makedonija (Seminarska Rabota)

28