68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 191 / ПЕТОК 21.09.2012 година VIII ГОЛЕМ УСПЕХ НА МЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИ АРХИТЕКТИ НА ОПЕН ГАП РЕШЕНИЕ НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА SKOPJE DESIGN WEEK 2012: ДИЗАЈНОТ СЕКОЈДНЕВИЕ, А НЕ ЛУКСУЗ

Porta3 191

  • Upload
    porta3

  • View
    265

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura i ekologija

Citation preview

Page 1: Porta3 191

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

91 /

ПЕТ

ОК

21.0

9.20

12 го

дина

VIII

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МЛАДИТЕ

МАКЕДОНСКИ АРХИТЕКТИ НА

ОПЕН ГАП

РЕШЕНИЕ НА ДЕЛНИЦАТА

ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА

SKOPJE DESIGN WEEK 2012: ДИЗАЈНОТ СЕКОЈДНЕВИЕ, А НЕ ЛУКСУЗ

Page 2: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 201232

2

рубрика

Page 3: Porta3 191

365636

16

20

БРОЈ 191 ПЕТОК 21.09.2012 ГОДИНА Viii

По подолго време во државава ќе се отвори нов градежен фронт. Станува збор за делницата од паневропскиот коридор 10 Демир Капија - Смоквица како дел од магистралниот пат М-1 (Е-75). Со оглед на вонредно сложените теренски услови и бројни ограничувачки фактори, особено низ Демиркаписката клисура, патната делница долга 28 километри е една од најтешките за проектирање и изградба на вакви инфраструктурни објекти. Голем успех на младите македонски архитекти. Тимот од Архитектонскиот факултет во Скопје го освои второто место на конкурсот на интернет-платформата ОПЕН ГАП (opengap.net). Едно од образложенијата за наградата е дека станува збор за „проект длабоко поврзан со рефлексија, сеќавање и носталгија, кои нѐ воведуваат во процесот на творење“. Со голем интерес кај домашната публика помина второто издание на манифестацијата Skopje Design Week, која од 4 до 10 септември понуди разновидна програма, каква што ретко се случува во главниот град. Куршумли ан, просторот каде

што се одвиваа случувањата, стана седиште на поинакво воспримање на секојдневието видено низ призмата на уметноста и дизајнот. Плакатот не е обичен плакат, мебелот не е обичен мебел, тапетот не е обичен тапет, дури и храната станува попривлечна ако умешно се дизајнира. Дизајнот добива едно пошироко значење, што беше прикажано низ изложбите, работилниците, презентациите и предавањата. Како еден логичен континуитет на работата и аманетот на архитектот Борис Чипан, Заводот за заштита на споменици и Музеј - Охрид во соработка со Факултетот за архитектура и дизајн при Американ колеџ - Скопје, изработи еден нов проект насловен „Валоризација на објекти градени меѓу двете светски војни - објекти од градска архитектура“. Листата на заштитени споменици од културата ќе се прошири со петнаесет објекти со карактеристична градска архитектура изградена во периодот меѓу двете светски војни.

оД реДакцијата

Драги Читатели,

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

91 /

ПЕТ

ОК

21.0

9.20

12 го

дина

VIII

Насловна страница: парк на езерата,НАСЕЛБА АЕРОДРОМ, СКОПЈЕ

Автор: зоран стојановски- „жикол“

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВАлександар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Кате АНТЕВСКАКире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг: Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ГРАДЕЖНИШТВО 12РЕШЕНИЕ НА ДЕЛНИЦАТА

ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА

АРХИТЕКТУРА 16ГОЛЕМ УСПЕХ НА МЛАДИТЕ

МАКЕДОНСКИ АРХИТЕКТИ НА КОНКУРСОТ НА ОПЕН ГАП

SKOPJE DESIGN WEEK 2012 20

ДИЗАЈНОТ СЕКОЈДНЕВИЕ, А НЕ ЛУКСУЗ

ИЗЛОЖБИ 24САНТИЈАГО КАЛАТРАВА ВО ЕРМИТАЖ

ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ 36ВЕТЕРНИЦА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ДРВО

НАСЛЕДСТВО 38ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПРЕСОЗДАДЕМЕ

ВО ЧИНАРИ

ЕКСПЕРТ 46БРИТАНИЈА ЈА СТИМУЛИРА

ГРАДЕЖНАТА АКТИВНОСТ

ХОРТИКУЛТУРА 56ВЕГЕТАТИВНО РАЗМНОЖУВАЊЕ

Page 4: Porta3 191

IZIIS SAGA-BРешение за Европа

EUROCODE 2&8

Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба

IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради.

Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА

СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И

НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia

Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: [email protected]

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721

Факс 02 3112 163

Page 5: Porta3 191
Page 6: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 201236

6

инфо Дебата за поттикнување на енергетската ефикасност во МакеДонија

Треба да се обезбеди време за изградба на новите објектиЕнергетската ефикасност за Република Македонија е неопходност и еден од највредните и најекономичните ресурси кој обезбедува економска стабилност, заштита на околината и намалување на увозот на скапите енергенси

Во организација на Министерството за економија во Скопје се одржа конференција на тема „Поттикнување на енергетската ефикасност

во Република Македонија“. Целта на конференцијата беше да се поттикне дискусија за досегашните, тековните и идните активности на полето на енергетската ефикасност. Беа дадени експертски видувања, предлози за натамошните

чекори на надлежните институции. Министерот за економија Ваљон Сарачини рече дека пристапот до енергетските извори може да се појави како ограничувачки фактор во снабдувањето со енергија, а изградбата и користењето на нови извори бара анагажирање значајни инвестиции на одржлива основа. „За Владата, подобрувањето на енергетската ефикасност како дел од енергетиката е многу важен сегмент за економијата. Развојот и имплементација на

проекти во енергетската ефикасност има капацитет да создаде нови работни места, да придонесе за заштита на животната средина, да го подобри животот на граѓаните и да го намали увозот на енергијата“, рече Сарачини. Тој нагласи: „во септември 2010 година, Владата ја донесе Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност до 2020 година, а потоа го донесе и првиот Акциски план. Со стратегијата се дефинираат приоритетите поврзани со националните цели за безбедност и развој“.

Page 7: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 7

7

инфоМеѓунароДна конференција Earth SciEncE and climatE changE во Чикаго

Презентирани резултатите од најновите истражувања

Глобалното затоплување и климатските промени претставуваат актуелна тема за многубројни научни истражувања, а резултатите се публикувани во повеќе

списанија и соопштенија од конференции. Во организација на OMICS group, на крајот на август во Нортбрук, Чикаго, се одржа Меѓународната конференција за науки за Земјата и климатски промени (Earth Science and Climate Change). Конференцијата им овозможи на научниците и експертите да ги презентираат резултатите од своите истражувања и да ги разменат знаењата во тематските области на конференцијата како: знаење за Земјата и климатските промени, Земјата и нејзината динамика, почвена ерозија, прашања за глобалното затоплување и климатските промени, Земјата и екологијата, хидрологија,

географија и тековни истражувања, примена на науките за Земјата, како и Земјата и животната средина. Со конференцијатa претседаваше Dr. Alan Gadian од Универзитетот во Лидс (University of Leeds). Во меѓународниот издавачки одбор учествуваа професори од повеќе универзитети во САД и Велика Британија, како и истражувачи од реномирани научно истражувачки институции, кои се исто така членови на издавачкиот одбор на списанието Науки за Земјата и климатски промени. Од нашата земја на конференцијата присуствуваше проф. Катерина Доневска од Градежниот факултет во Скопје, која во рамки на постер-сесијата го презентираше трудот „Адаптација кон климатските промени: случај на систем за наводнување во семи аридни (полусуви) климатски услови“ од авторите проф. Катерина Доневска и м-р Ангелчо Панов.

Сарачини истакна дека Република Македонија, како потписник на Договорот за основање на енергетската заедница, треба да постигне национална индикативна цел за енергетски заштеди од најмалку девет отсто во 2018 година. „За реализација на предвидените мерки од Акцискиот план за енергетска ефикасност, каде се планирани конкретни активности и мерки за сите институции, се предвидени околу 406 милиони евра, додека доколку се реализираат сите активности, финансиските заштеди ќе бидат околу 835 милиони евра според цените на енергијата на пазарот кога е изработен Акцискиот план. Доколку се земат предвид либерализираните пазарни цени, финансиските заштеди ќе бидат околу една милијарда и 360 милиони евра“, додаде Сарачини. Абдилаќим Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање, посочи дека сите земји се соочуваат со два големи предизвици - да обезбедат континуирано снабдување со енергија и да ги ублажат климатските промени што настанале заради зголемена потрошувачка на енергија. „Република Македонија како земја - кандидат за полноправно членство во ЕУ е исправена пред предизвиците на ефикасно спроведување на сериозни реформи во општествениот систем од кои од особено значење за севкупниот развој има енергетската област. Енергетската сигурност подразбира редовно снабдување и задоволување на побарувачката на енергија при одржливи еколошки прифатливи услови и со цени кои не го забавуваат економскиот развој и не го загрозуваат животниот стандард на граѓаните“, појасни Адеми. Според професорот Константин Димитров, енергетската ефикасност за Република Македонија е неопходност и еден од највредните и најекономичните ресурси кој обезбедува економска стабилност, заштита на околината и намалување на увозот на скапите енергенси. „Енергетската ефикасност не ни е обврска на патот кон европската заедница, тоа е потреба да се обезбеди време за изградба на новите објекти. Секој денар вложен во енергетска ефикасност се враќа назад како три денари добивка. Од тие причини, интензивно се спроведува Стратегијата и Акциониот план за енергетска ефикасност“, рече Димитров. Во стратегијата и планот, како што нагласи, се внесени многу добри практики кои се применуваат во регионот и европската заедница. Нашата цел, истакна тој, е да се намали потрошувачката на околу 16 отсто до 2018 година.

Page 8: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 201238

8

Најголемиот саем за градежништво во Минхен ги очекува и македонските компании

Енергетска ефикасност, одржливост, интергенерациско градење и развој на градовите во 21 век се четирите главни теми кои ќе бидат во фокусот на интернационалниот саем

за градежништво и архитектура, БАУ 2013. Станува збор за една од најголемите светски манифестации, која на секои две години се одржува во Минхен, Германија, и успева на едно место да собере градежни компании, архитекти и проектанти од целиот свет. Саемот ќе се одржи од 14 до 19 јануари, следната година. Во организација на Германската стопанска комора во Македонија, „Порта3“ присуствуваше на прес-конференцијата што по повод саемот за градежништво се одржа во Белград. Беше потенцирано дека градежните компании, архитекти и проектанти од 40 земји во светот ќе имаат можност да се

претстават на 180.000 метри квадратни изложбен простор. „Во моментот околу 400 компании се наоѓаат на листата на чекање за да учествуваат на БАУ 2013. Поради големиот интерес компаниите се пријавуваат една година порано. Очекуваме рекордниот број посетители од лани, кој изнесуваше 235.000, да се надмине. На саемот ќе преовладуваат четири клучни теми, од кои акцент ќе се стави на енергетската ефикасност, бидејќи во Европа дури 40 проценти енергија се троши за градење објекти, а енергијата станува сè поскапа“, вели за „Порта3“ Маркус Спорер, проект-менаџер на Интернационалниот саем за градежништво. Годинава Кина е единствена земја надвор од Европа која според бројот на излагачи се наоѓа на листата топ 10 на БАУ 2013, а забележително е и дека земјите од ЕУ, што годинава беа актуелни поради економската криза, како Грција, Шпанија и Португалија, исто така имаат свои изложувачи, кои борејќи се со кризата дома, преку саемот се обидуваат да излезат на странските пазари. Од Македонија досега немало ниту една компанија-изложувач. Пред две години во Минхен се појави инженерскиот тим на „Адинг“, единствената македонска компанија која учествуваше како посетител. Од Србија годинава ќе учествува само една градежна компанија, „Албонд“. Во „Адинг“ објаснуваат дека, иако не учествуваат како изложувачи, редовно го посетуваат саемот за градежништво во Минхен, што го сметаат за водечки во Европа.

„На саемот ќе преовладуваат четири клучни теми, од кои акцент ќе се стави на енергетската ефикасност, бидејќи во Европа дури 40 проценти енергија се троши за градење објекти, а енергијата станува сè поскапа“, вели за „Порта3“ Маркус Спорер

инфо

Page 9: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 9

9

инфогрупацијата за агрегати, бетони и асфалти при коМорското зДружение за граДежништво

Да се почитуваат европските стандардиИ покрај големиот дел усвоени европски стандарди како домашни, минимален дел од 250-те фирми од таа област работат според нив. Тие најчесто ги применуваат старите македонски, американски и други стандарди

Само мал дел од патиштата и зградите за кои се користени производи од домашни фирми се градени со материјали кои ги задоволуваат европските стандарди. Групацијата за

агрегати, бетони и асфалти при коморското Здружение за градежништво, градежни материјали и неметали алармира дека и покрај големиот дел усвоени европски стандарди како домашни, минимален дел од 250-те фирми од таа област работат според нив. Тие најчесто ги применуваат старите македонски, американски и други стандарди. Ова, според Иван Ангелов, претседател на Групацијата не значи дека се вградуваат неквалитетни производи, туку дека не се почитува Законот за градежни производи, според кој кога ќе се усвои европски стандард, стариот домашен излегува од употреба. Елена Спасова Илиевска, член на Управниот одбор на Групацијата, пак објаснува дека кога нов асфалт се вдлабнува, се брчка или пука, не мора да значи дека материјалот

е неквалитетен и да се поврзе до несоодветниот стандард на домашниот материјал, зашто грешката често е во проектирањето. Најголем проблем за производителите на градежни материјали кои не ги преземаат европските стандарди и така го кршат Законот е тоа што своите производи можат да ги пласираат само дома, но не и на европскиот пазар, каде е задолжителна ЦЕ ознаката за квалитет. - Од формирањето во 2003 година до сега Институтот за стандардизација усвоил повеќе од 20.000 европски стандарди од различни области. Мислам дека претпријатијата не се доволно информирани, иако Институтот за стандардизација вршеше обуки и организираше семинари. За успешна инплементација на стандардите потребна е организирана, синхронизирана, стручна и сеопфатна акција на сите инволвирани страни, вклучувајќи го и Институтот за акредитација формиран во 2009 година - вели Ангелов.Самото добивање на сетификат за сообразност на производот не е скапо и

може да чини не повеќе од 5.000 евра. Но, до него води долг процес кој меѓу другото бара и нова организациона поставеност. Задача на фирмата која бара сертифицирање е да ги набави, проучи и да ги применува соодветните стандарди, потоа акредитирана лабораторија треба да ги провери мострите, потоа производот да се атестира, за што треба да се ангажира странска фирма, зашто во Македонија нема такво тело и на крајот Пазарниот инспекторат да провери дали се работи согласно со европските стандарди. - Да се работи според стандард не е едноставно и евтино, но тоа е единствениот исправен начин. Доколку работиме според стандарди, тогаш квалитетот на производите од различни производители ќе биде на исто ниво, извозно ориентираните фирми ќе можат да ги пласитраат своите производи во странство, а инвеститорите ќе бараат нивните добавувачи да работат според европските стандарди и во нивните проекти нема да можат да учествуваат фирми кои не ги применуваат - објаснува Ангелов.

Page 10: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012310

10

региони нови решенија за старото јаловиште кај пробиштип

Екологија и економија наместо проблемиВо јаловишната депонија има значителни количини на олово, цинк, молибден, кадмиум и други метали, кои на потенцијалниот инвеститор може да му донесат интересен профит, а самото јаловиште да доживее еколошка трансформација

Иван БојаџИскИ

Проблемот со старата јаловишна депонија која речиси се спои со Пробиштип и со години е жешка еколошка точка, наскоро ќе биде решен.

Локалната власт и Министерството за животна средина и просторно планирање изработија концепт со две можни решенија, а едното од нив во старт привлече и странски инвеститори. Ако работите се одвиваат со динамика која општината и министерството ја тераат последниве две години, тогаш може да се очекува преку економска експлоатација јаловиштето да доживее и еколошка трансформација. „Секако дека се работи за нашиот најголем проблем кој е приоритетен

за решавање кога станува збор за отстранување на секаква евентуална опасност по луѓето и животната средина. Но, мора да се има на ум дека станува збор за голем простор од 55 хектари, колку што зафаќа старото јаловиште, каде јаловината е напластена на просечна длабочина од дури дваесет метри. Таков простор не се решава преку ноќ, но ние сме упорни во идејата овој наш проблем и оваа пробиштипска потреба да ја решиме во што поскоро време и на најдобар можен начин“, вели Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип. Приоритет ѝ се дава на варијантата, депонијата да биде дадена под концесија на некоја странска компанија која работи со обоените метали. Ова се проценките,

во услови на нови технологии и високи цени на металите на пазарот, дека и од јаловишните депонии може да се остварува завиден профит, а во исто време комплетно да се решава и еколошкиот аспект. „Имаме компании од Кина, Англија и од Германија кои го најавија својот интерес за евентуално добивање концесија за експлоатација на јаловиштето. Нивни експерти беа во Пробиштип, зедоа мостри од јаловината за во своите лаборатории да ја испитаат нејзината содржина во однос на присуството на металите во неа. Тоа е процес кој бара време, но ние очекуваме до крајот на годинава, тие поконкретно да го соопштат својот интерес. Тоа за нас е најприфатливата варијанта бидејќи би значело вработување на 200 невработени

Старото јаловиште зафаќа простор од 55 хектари

Page 11: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 11

11

региони

лица од општината, би носело финансиски бенефит за Пробиштип и за сите времиња би го решило проблемот од аспект на заштитата на животната средина“, појаснува Тоневски. Второто решение, под услов за првото да не се одлучат потенцијалните инвеститори, претпоставува покривање на целото јаловиште со хумус и негово претворање во зелени површини засадени со разновидни дрвја. „Како министерство изготвивме проект за рекултивирање и ревитализација на овој простор. Ако првото решение не го биде, како министерство, заедно со локалната власт во Пробиштип, сме подготвени да влеземе во реализација на овој проект. Сакам да укажам на фактот што оваа депонија не е опасна по околината, но стои потребата тој голем простор да стане

употреблив. И ние како министерство со интерес го очекуваме ставот на заинтересираните странски компании, за економска експлоатација на јаловиштето бидејќи на тој начин остваруваме две стратешки цели – еколошка и економска“, ни изјави Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Надеж дека сепак ќе дојде до реализација на првата варијанта, која во еден проект ги става екологијата и економијата, дава фактот што металите денес се бараат на лаживче, односно сите метали се дефицитарни, што се потврдува и со постојаниот раст на нивната цена на светската берза на метали. Јаловишната депонија кај Пробиштип е создадена во години кога рудничката и флотациската

технологија не биле на ниво од рудата да можат да се вадат сите метали кои ги имало во неа. Оттука, проценките се дека во оваа депонија има значителни количини на олово, цинк, молибден, кадмиум и други метали кои на потенцијалниот инвеститор може да му донесе интересен профит. Впрочем, од пред една година во рудникот за бакар Бучим кај Радовиш започна да „тече“ бакарна руда која се добива од историското јаловиште на рудникот, создавано низ близу четиридецениската работа на овој руднички капацитет. На ваков начин се добива производство на 2.500 тони катоден бакар годишно. Покрај овој економски аспект на оваа инвестиција се остварува и еколошко прочистување на околината на рудникот. Истото е можно и во случајот со јаловишната депонија кај Пробиштип.

Јаловината е напластена на просечна длабочина од дваесет метри

Компании од Кина, Англија и Германија најавија интерес за концесија за експлоатација

Page 12: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012312

12

Решение на делницата од паневропскиот коридор 10 Демир Капија - Смоквица како дел од магистралниот пат М-1 (Е-75)ФакТоРИ Со оглед на вонредно сложените теренски услови и бројни ограничувачки фактори, особено низ Демиркаписката клисура, патната делница е една од најтешките за проектирање и изградба на вакви инфраструктурни објекти

Пишува: д-р Радојка Дончева, дипл.град.инж. професор на Градежен факултет, Скопје

Паневропскиот коридор 10 е главна транспортна комуникација на релација Север - Југ со меѓународно значење и е еден од десетте приоритетни коридори

во поширокиот европски простор. Овој коридор како приоритетна транспортна оска во Југоисточна Европа е одреден во ноември 2005 година од страна на Европската комисија. Трасата низ Република Македонија се идентификува со магистралниот пат М-1 со вкупна должина од 174,34 км дефиниран со државната патна мрежа, што ја поврзува Република Македонија со Република Србија и со Република Грција. Патниот коридор 10 е наменет исклучиво за моторен сообраќај со режим на непрекинати сообраќајни текови.

проектна ДокуМентацијаВрз основа на физибилити студијата е предложено варијантно решение на трасата, кое предвидува изградба на целосно нова траса на десната страна од реката Вардар. Постојниот магистрален пат во иднина, по пуштање на автопатот во експлоатација, ќе остане како пат за

мешовит сообраќај. Со оглед на вонредно сложените теренски услови и бројни ограничувачки фактори, особено низ Демиркаписката клисура, патната делница е една од најтешките за проектирање и изградба на вакви инфраструктурни објекти. Врз основа на Проектната програма од инвеститорот - Агенција за државни патишта, е изработена инвестиционо-техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект. Проектот е изработен од фирмата ILF Beratende Ingenieure ZT GmbH i ADT – OMEGA S.A, а со целосна координација од Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта. Како ревидент на целокупната проектно- техничка документација е Градежниот факултет од Скопје.

1. основни проектни елементиСпоред барањата на надлежните институции, според рангот и степенот на ограничувањата односно класата на теренот, е дефинирана предвидената брзина (Vpred =110км/час). Според таа брзина се дефинирани основните минимални гранични елементи во план и профил: минимален радиус

на хоризонталните кривини од 600 м; минимален параметар на преодната кривина во форма на клотоида 210 м; максимален напречен наклон во хоризонталните кривини 7% и минимален радиус на конвексна вертикална кривина од 13.000 м. Основните карактеристики на трасата, трупот на автопатот и објектите се одраз на конкретните теренски и просторни услови и просторни ограничувања. Трасата минува низ рамничарско-ридски и планински предели со мошне сложени геоморфолошки и геотехнички услови. Според предвидената брзина елементите на напречниот профил на автопатот со два раздвоени коловози со средна разделна лента се следните (сл.1):

за Vpred = 110 km/h сообраќајни ленти 4 х 3,50 м = 14,00 мрабна лента 2 х (0,50+0,20) м = 1,40 млента за застанувања по потреба 2 х 2,00 м = 4,00 мсредна разделна лента = 3,00 мригола + берма 2 х (0,75 м+1,00) м = 3,50 м во ископВкупно планум во ископ 25,90 м банкина во насип 2 х 1,50 м = 3,00 мВкупно планум во насип 25,40 м

Сл.1 Напречен профил

градежништво ДеМир капија - сМоквица

Page 13: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 13

13

Решение на делницата од паневропскиот коридор 10 Демир Капија - Смоквица како дел од магистралниот пат М-1 (Е-75) На оние места каде што надолжните

наклони на нивелација се поголеми од 4%, е предвидена додатна лента за бавните возила со ширина од 3,50 м. При денивелираните патни јазли се предвидени ленти за забрзување и за забавување, и истите се со ширина од 3,50 м. Режимот на сообраќајните текови е со непрекинат сообраќаен тек, нивото на вкрстување е денивелирано, а системот на експлоатација се предвидува со комерцијален режим на наплата и обезбедување на паралелни патишта за локален и мешовит сообраќај. 2. проектирањеСо проектната задача се дефинирани планерските и програмските услови, проектните основи и методологијата за изработка на техничката документација. При проектирањето е водено сметка за просторните ограничувања и задоволување на граничните геометриски елементи, кои се основа за безбеден и удобен сообраќај. Во текот на проектирањето се применети елементи поголеми од граничните елементи со што е создадено услов, а според актуелниот правилник за техничките елементи за изградба и реконструкција на јавните патишта и на објектите на патот, за зголемување на предвидената брзина. Имено, извршена е процена на брзината, поточно е определена пресметковната брзина или т.н. проектна брзина во слободен сообраќаен тек. Па така, на должина од 22 км е усвоена проектна брзина од 120 км/час, а на останатиот дел до крај на трасата проектна брзина од 130 км/час. Секако, врз основа на овие брзини е извршена и извесна корекција на одредни елемeнти на автопатот, како на пример за напречниот наклон во хоризонталните кривини, прегледноста, големината на радиусите во вертикалните кривини, сообраќајната сигнализација и слично. Должината на трасата изнесува 28,18 км. Предвидена е изведба на поголем број тунели, мостови, подвозници, надвозници и други објекти. Теренот низ кој поминува трасата на идниот автопат се карактеризира како рамничарско-ридски и планински терен. Почетокот на трасата се наоѓа северно од Демир Капија на крајот од постоечката делница на автопатот Неготино - Демир

Капија, а завршува на почетокот од постоечката делница на автопатот Смоквица – Гевгелија (сл.2). Најпрвин трасата оди североисточно од Демир Капија, ја сече реката Вардар два пати и поминува низ блискиот рид со тунел. На овој дел околу Демиркаписката клисура трасата се води одвоено, така што се проектираат два одвоени тунели за секоја насока на движење посебно, со должина од 1,192 м за левиот коловоз, а со должина од 1,161 м за десниот коловоз. На првиот премин преку реката Вардар должината на мостот за левиот коловоз е 130 м, а за десниот коловоз 163 м. На вториот премин преку реката Вардар се проектирани два моста за секоја насока на движење, и тоа со должина од 640 м, при што трасата го премостува постоечкиот магистрален пат М-1 Скопје граница со Грција, постоечката железничка линија и регионалниот пат Р-102. Во продолжение трасата поминува низ ридско-планински терен и ридот Бара, со тунел во должина за левиот коловоз од 1,155 м, а за десниот коловоз со должина од 1,295м. И овде трасата се води одвоено. Понатаму, трасата ги сече реките Стара Река, Голема Јаворица и Мала Јаворица на кои се предвидени мостови. На Стара Река е предвиден мост со должина од 200 м, и на река Јаворица мостови со должина од 250 м и 236 м. На река Петрушка е проектиран мост со отвор од 97 м. На трасата е проектиран и мост со должина од 100 м. Од км 22+000 до крајот на делницата на км 28+180 трасата поминува низ рамнински терен, оформена со големи радиуси на хоризонталните кривини и до 2.300 м. По км 22 па натаму, трасата се води југозападно од Милетково, а од км 27 до км 28 источно од Смоквица и завршува на почетокот од постоечката делница Смоквица – Гевгелија на постојниот автопат. На трасата се проектирани и одреден број потпорни ѕидови и соодветен број бетонски пропусти - цевкасти и кутијасти. Исто така, на трасата на автопатот на високите насипи се предвидени и потпорни конструкции од армирана земја, кои покрај основната улога ја имаат и улогата на намалување на појасот за експропријација.

патни јазлиЗа поврзување на патната мрежа и урбаните

центри со идниот автопат, а врз основа на анализа и прогноза на соoбраќајните текови, е извршен избор на локациите на патните јазли и за истите се изработени соодветни проекти на ниво на изработка на основен и изведбен проект. Предвидени се следните денивелирани патни јазли: Патен јазол „Миравци“ на км 21+500 за опслужување на општината Миравци и населените места западно од Вардар како Давидово, Милетково итн. и на патен јазол „Смоквица“ на км 27+500 на крајот на делницата во близина на Смоквица за опслужување на oпштината Смоквица и за поврзување на новиот автопат со постоечкиот магистрален пат.

приДружни услужни објектиПо должина на автопатот, на делницата Демир Капија – Смоквица, се предвидени придружни услужни објекти и тоа: станица за одржување и контрола на сообраќајот на км 18+000 и две паркиралишта од двете страни на автопатот, и тоа на км 9+000 и на км 26+500.

паралелен пат, Девијации и патни преМиниПредметниот автопат е планиран со комерцијален систем на експлоатација. Заради тоа постојниот магистрален пат ќе се користи за иден пат за мешовит сообраќај. На одредени места во реонот на идниот автопат се предвидени потребни патни премини за локални и полски патишта, како и девијации на постојни регионални патишта кои се во колизија со трасата на проектираниот автопат.

коловозна конструкцијаВрз основа на сообраќајното оптоварување, геотехничките и климатските услови, извршен е избор и димензионирање на коловозната конструкција на трасата на автопатот за девијациите и за рампите на денивелираните патни јазли. Главно, за трасата на автопатот е усвоена коловозна конструкција со следната структура:- асфалт бетон со дебелина од 6 см;- горна носечка подлога од битуменизиран носечки слој со дебелина од 2х7 см;- долна носечка подлога од дробеник - тампон со дебелина од 30 см.

градежништво

Page 14: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012314

14

ПОРТА 3 јуни 2011314

градежништво градежништво

3 јуни 2011 ПОРТА3 15преДМер со пресМетка на работитеЗа главните позиции на работи се составени одделни предмерски

работи и пресметка на трошоците за градење. За да се добијат предмерските и пресметковните големини, проектирани се карактеристични

и критични напречни профили. На основа на предмерските големини и единечните цени е изработена пресметка на трошоците за градење.

градежништво(сл.2)

Page 15: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 15

15

ПОРТА 3 јуни 2011314

градежништво градежништво

3 јуни 2011 ПОРТА3 15 За пресметка на вкупното чинење на работите земени се предвид: претходните работи, земјените работи, одводнување, објекти – мостови, вијадукти,

надпатници, подпатници, тунели, пропусти, армирана земја, денивелирани патни јазли, површински крстосници, коловозна конструкција, придружни

услужни објекти, експропријација, сообраќајна сигнализација и опрема на автопатот, технички мерки за заштита од бучава итн.

градежништво

Page 16: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012316

16

архитектура голеМ успех на МлаДите МакеДонски архитекти на конкурсот на опен гап

Второ место за тимот од Архитектонскиот факултетВо мај годинава на интернет-платформата ОПЕН ГАП беше објавен конкурсот за Инспиративен хотел, авангарден и иновативен концепт за објект во природа, на кој учествуваа студентите Мила Димитровска, Владо Данаилов, Гордан Витевски, Моника Новковиќ и графичкиот соработник Анастазија Манасиевска, под менторство на асистентот Јован Ивановски

анастасија нИколовска, дипл.инж.арх.

Тимот млади архитекти од Архитектонскиот факултет во Скопје го освои второто место на конкурсот на интернет-платформата ОПЕН ГАП (opengap.

net). Во мај годинава беше објавен меѓународен конкурс на кој учествуваа студентите Мила Димитровска, Владо Данаилов, Гордан Витевски, Моника Новковиќ и графичкиот соработник Анастазија Манасиевска, под менторство

на асистентот Јован Ивановски. Од пристигнатите трудови во процесот за оценување од страна на жири-комисијата, составенa од еминентни архитекти од Шпанија, истовремено и теоретичари на архитектурата, биле одбрани сто проекти,

Тимот од aрхитектонскиот факултет: Јован Ивановски, Моника Новковиќ, Мила Димитровска, Владо Данаилов и Гордан Витевски

Page 17: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 17

17

архитектура

Второ место за тимот од Архитектонскиот факултетод кои во првиот круг биле селектирани триесет, потоа во потесниот седум, за на крај да се доделат прва, втора и трета награда, како и три издвоени проекти. Проектот на тимот од Архитектонскиот факултет жирито го рангираше на второ место, а едно од образложенијата за наградата е дека станува абор за „проект длабоко поврзан со рефлексија, сеќавање и носталгија, кои не воведуваат во процесот на творење“. Сето ова беше повод наградените да одговорат на неколку прашања за нашето списание.

За каков конкурс станува збор? ОПЕН ГАП (opengap.net) е меѓународна интернет-платформа за размена на информации и искуства од полето на архитектурата и објавување на конкурси за студенти и професионалци. Во мај годинава беше објавен конкурсот за Инспиративен хотел, авангарден и иновативен концепт за објект во природа. Програмата за конкурсот вклучуваше два дела; првиот дел беше предлог за локација соодветна за инспиративен хотел, изолирана од градот, тивка, вклопена во импресивен природен предел, а во

вториот дел се бараше одговор на зададената програма, сместување и работен простор за 15 уметници како и заеднички простори за поттикнување на творењето и изложување.

како вие одговоривте на конкурсните барања? Локацијата што ја баравме подразбираше изолираност и тишина. Ние сакавме таа да биде дел од импресивните македонски планински предели, а воедно да биде пристапна. Наш избор беше кањонот Матка, што е близу до урбаната динамика на

Првонаграденото решение од Шпанија

Page 18: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012318

18

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

архитектура

инспиративен хотел art-EYriE*

„Движејќи се низ планинскиот пејзаж на кањонот Матка, доживувајќи ги трагите на човеково присуство и културно градителско наследство (црквата Св.Андреа XII век, манастир Св. Никола Шишевски XIV век), откриваме место за инспиративниот хотел. Место каде човековото творештво се чита низ спомените/спомениците создавани векови наназад. Инспиративниот хотел е споменикот на денешницата. Уште еден слој на патот на доживувања низ време и простор. Местото го создаваме со единствен гест, ѕид. Силен, но кршлив, фрагментиран во делови. Секој поединечно оживеан од уметникот што го населува, додека заедно ја формираат новата оска која го редефинира пределот. Црпејќи ги природните квалитети на местото (импресивни глетки), тишина... и употребувајќи ги основните архитектонски елементи, создаваме едноставна, но длабоко симболичка структура која се појавува на местото. Низ простор и време. Во паралелен простор и време.

Уметникот, со неговото присуство тука, избира да се одвои од неговата/нејзината/нашата секојдневна просторно-временска рутина и живее во простор и време за творење. Тука во ѕидот, во населената археологија на новото време. Помеѓу цврстата камена структура која се отвора кон пејзажот, тој/таа го доживува основниот, номадски живот во планинските височини. Тој/таа/ние сме тука во име на уметноста. Уметноста е присутна“.

(* eyrie 1: куќа или тврдина лоцирана високо на планина или рид 2: орловско гнездо)

Page 19: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 19

19

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

архитектура

градот Скопје, но истовремено нуди изолираност во природен пејзаж соодветен за креативно творење. Квалитетот на локацијата дополнително подразбираше и место кое припаѓа на веќе постоечка целина, место кое има минато исполнето со присуство на луѓе, трага кон која ќе се надоврземе. Присуството на црквата Св.Андреа и манастирот Св.Никола Шишевски ја дефинираа патеката по која се движеше формалниот одговор кон конкурсните барања. Хотелот го поставивме на највисоката точка од кањонот Матка, на висорамнината над манастирот Св. Никола Шишевски. Наша цел во обликувањето на хотелот беше со едноставни архитектонски елементи од просторот да создадеме место. Така се појави едноставна камена структура, ѕид кој ја пресекува патеката на движење, за потоа разделувајќи се, да овозможи продирање на пејзажот низ новата трага на присуство. Програмското задржување во рамки на линиската камена структура имаше за цел творечкиот процес дискретно да се засолни во дебелина на „ѕидот“, а однадвор да соопшти монументално присуство, нова интерпункција во природната разноликост, врамување и насочување на погледот кон моќните кадри на кањонот. Инспиративниот хотел не овозможува

„вистинска“ хотелска услуга, напротив, преку неговото едноставно формално и програмско обликување сакаме престојот внатре да претставува едно номадско искуство и целосно препуштање на уметноста.

кои имиња се најдоа во редот на комисијата и како тие го оценија проектот? Комисијата ја сочинуваа Рикардо Аграз од „Аграз Архитекти“, Алваро Моралес од „Екхаури + Моралес“, Салвадор Масијас од „Естудио АД11“ и Хорхе Амброси од „Амброси Архитекти“. Станува збор за архитекти кои зад себе имаат голем број изведени објекти и се активни учесници во теоретската мисла за архитектурата во Шпанија. Од пристигнатите трудови во процесот за оценување биле одбрани сто проекти, од кои во првиот круг биле селектирани триесет, потоа во потесниот седум, за на крај да се доделат прва, втора и трета награда, како и три издвоени проекти. Нашиот проект беше награден со второ место од комисијата, коментирајќи го како:"Проект длабоко поврзан со рефлексија, сеќавање и носталгија, кои не воведуваат во процесот на творење. Проект кој нуди неверојатно место, го прегрнува пределот и се поклонува кон природата, додека го разрешува програмот на чист и директен

начин. Зад проектот стои еднакво силен концепт. Продира низ пејзжот со силен гест, прави рез, создава неизбришлива трага во пределот. Проектот е претставен со извонредно ниво на графичка обработка."

кој е првонаграден проект? Првонаграден е проектот на шпанските архитекти Хорхе Антонио Руиз Болуда, Хозе Асенсио, Агустин Дура Хереро и Пол Диетерлен Еското (Jorge Antonio Ruiz Boluda, José Asensio, Agustín Durá Herrero, Paul Dieterlen Escoto). Проектот создава пловно место. Артифициелен осторв во Валенсија. Навраќајќи се на традицијата на градење објекти покрај вода во регионот, авторите создаваат место кое функционира како себе-доволна поетска машина за создавање уметност. Објект кој е едноставен, јасно решен и создава извонредно место сред вода...

какво е вашето искуство од учеството на интернационалниот архитектонски конкурс? Учеството на меѓународни конкурси е најдобар начин да се види како на еден ист архитектонски проблем размислуваат професионалци од различни страни на светот. Истовремено, тоа е објективен показател за стекнатото знаење од Архитектонскиот факултет.

Page 20: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012320

20

дизајн SKOPJE dESign WEEK 2012

Дизајнот секојдневие, а не луксузНа манифестацијата што се одржа во Куршумли ан имаше гости од цела Европа, меѓу кои и реномирани дизајнерски имиња од Финска, Велика Британија, Полска, Бугарија и други земји кате анТевска , андреа јамакоска

Со голем интерес кај домашната публика помина второто издание на манифестацијата Skopje Design Week, која од 4 до 10 септември понуди

разновидна програма, каква што ретко се случува во главниот град. Куршумли ан, просторот каде што се одвиваа случувањата, стана седиште на поинакво воспримање на секојдневието видено

низ призмата на уметноста и дизајнот. Плакатот не е обичен плакат, мебелот не е обичен мебел, тапетот не е обичен тапет, дури и храната станува попривлечна ако умешно се дизајнира. Дизајнот добива едно пошироко значење, што беше прикажано низ изложбите, работилниците, презентациите и предавањата во кои учествуваа гости од Финска, Велика Британија, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Бугарија и други земји.

Оваа година, земја во фокусот беше Финска, од каде што гостуваа седум реномирани дизајнери, а не помалку значајно беше претставувањето на уметничкиот колектив Le Gun од Лондон, потоа „Миксер“, најголемиот регионален фестивал на креативноста, Sofia Design Week и D Day од Загреб. На отворањето се претставија Art Directors Club, една од најголемите групи на креативци во светот и тоа со патувачката изложба на плакати. Во

Page 21: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 21

21

дизајн

останатите денови посетителите можеа да погледнат изложби кои главно се фокусираат на дизајн на ентериер, како маси, столици, ламби, тапети, но и накит, облека, храна и друго. Иван Исаиловиќ, од маркетинг агенцијата Super Dot од Белград, која го претстави својот бренд Mooshema - мушами и ламби, вели дека балканските дизајнери квалитативно не заостануваат зад нивните

колеги од другиот дел на Европа. „Ова е одличен настан, тоа што го гледаме е повеќе авангардно отколку комерцијално. И дизајнерите од Балканот се исто толку добри како оние од Финска и Велика Британија“, вели Исаиловиќ. Меѓу учесниците се најдоа и млади македонски дизајнери. Глигор Кузмановски, кој изработува накит од дрво, вели дека драгоцени се контактите што ги воспоставил со

останатите уметници. „Се претставив со колекција од брошеви, прстени, обетки и ланчиња, посветена на природните катастрофи со фокус на вулканите. Одлично поминав, интересот беше голем, воспоставив контакти па и договори“, вели Кузмановски. Покрај изложбите и бројните презентации, во рамки на Skopje Design Week беа организирани и четири типа на работилници : акупунктура на градот, детски работилници, продукт дизајн работилници и работилници

Дизајн на Барбара Бласин, Croatian Holiday

Мебел, Невен Ковачиќ, Croatian Holiday

Повеќенаменски мебел, Наида Беговиќ, Young Balkan Designers (Mikser)

Ламба, Нина Бачун и Роберта Братовиќ, Croatian Holiday

Page 22: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012322

22

дизајн

наменети за графички дизајн. City Acupuncture e интердисциплинарна работилница која преку соединување на архитекти, дизајнери, уметници и студенти од целиот Балкан организира групни интервенции во градовите Загреб, Сплит, Сараево, Белград и Скопје. Во Скопје, таа ги вклучи предавањата на Anne Van der Zvaag, на архитектот

Мартин Пановски и дискусијата со Антони Мазневски. Целта на работилницата беше на конкретен урбанистички опфат во населбата Дебар Маало да се детектираат одредени проблеми од урбанистички и социјален аспект, да се потенцираат критични локации, за на крај преку решавањето на проблемот и недостатоците да се овозможи креативна интервенција. Анализирајќи го дизајнираниот постер како општествен медиум осознаваме дека тој има можеби најголемо значење во пренесувањето на пораката што го засега секој граѓанин, особено во ситуација кога потенцира проблем кој е предмет на интерес за целото општество. Токму тоа ја претставува сржта и концептот на работилницата „Нацртај ми демократија“, дел од најновиот проект „Постер за утрешницата“, чија цел е да ја поттикне употребата на графичкиот дизајн и креативното размислување како алатки за промоција на активното граѓанство и свеста

за човековите права. Предавачи беа Ayse Karamustafa од Истанбул, како и Hervé Matine од Париз. Со нивна асистенција, учесниците најпрво изработуваа скици за постерите, користејќи бели листови, стари весници и списанија,

Прстен, Глигор Кузмановски, Македонија

Плакат, Art Directors Club

Стол, Casa Italia Ламба, Super Dot, Белград

Page 23: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 23

23

дизајн

за подоцна постерот да се изработи и во дигитална верзија. Отворената работилнца на Jade Folawiyo, дипломирана дизајнерка на производи, која потекнува од Нигерија, а живее во Лондон, се базираше на креирање на ново колективно

уметничко дело, користејќи методи за валкање и ’рѓосување на различни типови на метали. Примарната инспирација за создавање на ваква креација потекнува од апсорбирање на специфчности од визуелната култура и од традиционалните декоративни мотиви од македонската култура. На манифестацијата имаше и работилници посветени на најмладите. Работилницата „Тетовирање на велосипеди“, преку Dragon Custom, го пласираше уникатниот тип на детска работилница чија цел беше да им се даде можност на поединци да креираат рачно изработени велосипеди, а работилницата „Монтесори“ беше наменета за деца на возраст од 4 до 12 години. Skopje Design Week беше во организација на платформата „Министерство за задоволство“, чии членови се „Јавна соба“, „Плакарт“, „Завар дизајн“ и „парК- Центар за креативно живеење“.

Ламби, Анабет Филипс, Холандија

Послужавник, Маја Пуоскари, Финска

Tашна, Патриција Дона, Холандија

Page 24: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012324

24

изложби сантјаго калатрава во ерМитаж

Во потрага по движењетоСо монументална инсталација се претставени и макети, технички цртежи, скици и четири проекции, а фокусот е ставен на движењето како витален дел на творештвото на овој уметник

Со изложбата „Во потрага по движењето“, што е отворена до крајот на септември, Калатрава станува првиот современ архитект чија ретроспектива е поставена

во Ермитаж. На почеток на јули во санктпетербуршкиот музеј беше отворена најголемата изложба на светски познатиот шпански архитект. Изложените дела го следат развојот на иновативниот стил на Калатрава, кој го соединува дејствувањето на инженерот, архитектот и уметникот во една индивидуа. Со намера да го прикажат триесетгодишниот креативен импулс на архитектот, кустосите Кристина Карило де Алборноз и Ксенија Малиќ во поставката ги вклучиле и досега невидените слики и кинетички скулптури.Со монументална инсталација се претставени и макети, технички цртежи, скици и четири проекции, а фокусот е ставен на движењето како витален

Page 25: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 25

25

изложби

дел на творештвото на овој уметник. Според Калатрава, архитектурата може да се интегрира со движењето, резултирајќи со неверојатна претстава за движењето низ масата што не мора да биде нужно статична. За да се прикаже досега најсеопфатна изложба за Калатрава, управата на Ермитаж ја отстапила Николаевската сала во Зимската палата на музејот. Според зборовите на професор Михаил Пиотровски, директор на овој музеј, изложбата за Калатрава е најдобар начин да се отвори циклус на архитектонски изложби во рамки на проектот за уметноста на граница на 20 и 21 век. „Ермитаж, излагајќи ги работите на

Page 26: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012326

26

архитектот и инженерот паралелено со делата на големи сликари, потврдува дека архитектурата е како што се сметало во минатото и занает и уметност“, рече самиот Калатрава на прес конференција пред отворањето на изложбата. Според домаќините, пак, доаѓањето на шпанскиот мајстор и неговата изложба ќе одиграат сериозна просветителска улога. Таа може да придонесе во воспитување на добар архитектонски вкус кај рускиот посетител на изложбата. Мнозинството критичари се совпаѓаат со тоа дека инспирацијата Калатрава ја црпи во природата и конструкции создадени по природен пат. Во врска со тоа архитектот се занимава со објекти што се

изложби

Page 27: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 27

27

движат. Така, на изложбата може да се види проект на мост кој е во непрекинато движење, или фонтана, чии железни прачки претставуваат подвижни струи. Еден од најамбициозните проекти, предложен од архитектот, е црквата на Блажениот Хупинеро Сера во Лос Анџелес, чие движење на покривот, што се отвора или затвора го имитира мафтањето со крила на птица. Исто така и челичната конструкција на железничката станица Ориенте (Исток) во Лисабон потсетува на тропска шума, а сводовите на операта во Тенерифе се

како силуети на лисја од палма. За свој најголем професионален успех Калатрава го смета градењето на неколку објекти во неговиот роден град Валенсија, каде што му успеа зафрлениот индустриски реон да го претвори во културен центар. Покрај архитектура и дизајн, шпанскиот автор се занимавал и со керамика, која ја смета за претходник на кое било градежништво, па така на изложбата се поставени неколку висечки јајца, направени и исцртани лично од Калатрава. На изложбата можат да се

видат и и неколку објекти создадени како експеримент за New York City Ballet, кога на архитектот му предложиле да се испроба себе си во улога на сценограф. На прес-конференцијата на отворањето Калатрава призна дека со задоволство за Петербург би проектирал какво било здание или мост, со чија изградба тој во прв ред се прослави. Истовремено тој призна дека тоа би била тешка задача за него, бидејќи смета дека е невозможно да се наруши „небеската линија“ на градот или да се втурнува во историскиот центар.

изложби

Page 28: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012328

28

Сите посакуваме да живееме во здрава и пријатна животна средина која има позитивно влијание врз нашата и благосостојбата на нашите најблиски. Простор во кој може да закрепнеме од секојдневниот стрес или квалитетно да ги завршиме работните обврски. Современиот човек во затворените простории поминува најголем дел од животот. Токму поради тоа, внимателниот избор на градежните материјали кои се користат во објектите има клучно значење за oбезбедување хармонија и здравје за секоја индивидуа. Исцрпеноста, уморот или главоболката претставуваат модерни болести на времето во кое живееме. Никогаш не обрнуваме доволно внимание на нив, иако тие можат да претставуваат опомена за посериозна болест. Особено загрижувачки е доколку ваквите нарушувања на здравјето се појавуваат во домот, училиштето или на работното место. Појавата на болките при присуство во затворени простории може да е поврзано со вградените нездрави материјали во објектите, во кои се застапени радиоактивни или други штетни материи. Тоа е причината поради која од исклучителна важност е какви градежни материјали ќе одбереме при изградбата на нашиот животен простор. Здравјето е скапоцена вредност за која не смее да се прават компромиси! Гипсот е биолошки беспрекорно здрав материјал за градење, докажан преку постојаните научни испитувања во развиените земји. Производите на Кнауф од гипс се вистински регулатори на климата во затворените простории. Нивните супериорни својства за природно регулирање на влажноста овозможуваат пријатна атмосфера во екот на летните горештини, но и задржување на топлината во најстудените месеци од годината. Оптималната клима што ја овозможува гипсот благопријатно влијае на здравјето на луѓето. Гипсот е природен минерал кој се употребува во прехранбената индустрија, козметиката и во медицината. Причината за цврстата поврзаност со човечкото тело е позитивното влијание што го има врз него. Гипсот и човечката кожа имаат идентична pH – вредност. Вградувањето на градежни материјали од овој тип во домот, училиштето и во работниот простор се најдобриот подарок за здравјето на човекот. Со атестот е потврдено дека во градежните производи на Кнауф нема радиоактивност, тешки метали, биоциди и токсични испарувања, четирите штетни материи опасни по здравјето на човекот. Во Европската Унија постојат акредитирани институти кои се специјализирани

Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH

CERTIFICATE OF AWARDBased on the excellent test results, the Seal of Approval

is hereby awarded to

Knauf Radika ADMK-1250 Debar

for the test item

gypsum board

by the Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH.

____________________________Reimut Hentschel, Managing Director

Rosenheim, August 2011

The Seal of Approval is awarded for 2 years. In the interest of consumers, follow-up testing of the products must be performed in due time before the Seal of Approval expires. The applicant will have to reapply for these tests.

IBR Institut für Baubiologie Rosenheim GmbH D-83022 Rosenheim Münchener Straße 18 Tel. +49(0)8031 3675-0 Managing Director: Reimut Hentschel Commercial Register: HRB Traunstein 5362 VAT ID: DE 131182830

[email protected] www.baubiologie-ibr.de

Здравјето е бесценето – градете со здрави материјали

Page 29: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 29

29

за испитување на градежно-биолошките особини на гредежните материјали. Нивната оценка е услов за примена на одреден производ во гредешништвото. Континуираната контрола на производите го потврдува нивното беспрекорно позитивно влијание врз човекот, а македонското претставништво на Кнауф постојано се стекнува со врвни сертификати за материјалите произведени во фабриката „Кнауф Радика“ во Дебар. Поаѓајќи од опсежните истражувања, германскиот Институт за градежна биологија (IBR) од Розенхајм редовно ја наградува „Кнауф Радика“ со Печат за квалитет за гипсените плочи, последен пат во август 2011 година. „Институтот го потврдува целосното отсуство на VOC (испарливи органски компоненти), биоциди, тешки метали и радиоактивност“, се наведува во доделениот сертификат. Со овој суштински документ се кој се гарантира здравата животна средина во училиштето, домот или работното место на секој поединец. IBR претставува еден од двата најпрестижни институти во Европа за тестирање на влијанието на материјалите врз здравјето на луѓето. Основан уште во 1978 година, во IBR до денес успешно се сертифицирани материјали кои ги задоволиле исклучително строгите параметри во процесот на испитување, вреднување и оценување. Институтот е вистински заштитник од опасностите кои постојано го демнат човековото здравје, истражувајќи го степенот на присуство на следниве штетни материи во градежните производи: радиоактивност на материјалите, присуството на биоциди, формалдехиди, тешки метали, терпени, кетони, алкани, аромати и ситни честички прашина. Во моментов единствено 300 производи го имаат добиено Печатот за квалитет од овој институт, при што за забележување е дека Кнауф е една од компаниите што имаат добиено најголем број на сертификати за производите: гипсени плочи, системи за малтерисување и Aquapanel водоотпорни плочи. Водејќи се од неприкосновената вистина дека човековото здравје е бесценето, Кнауф создава производи кои претставуваат гаранција за благосостојбата на секој што живее и работи во објектите изградени со проверените материјали на оваа позната германска компанија. Македонија ја има среќата да го поседува едно од трите најчисти наоѓалишта на гипс во целиот свет. Во дебарскиот регион долги години наназад успешно функционира рудникот и фабриката за гипсени производи на Кнауф. Нашата земја е извозник на безбедни и строго контролирани гипсени материјали кои се високо вреднувани и почитувани од потрошувачите во земјите од регионот.

Здравјето е бесценето – градете со здрави материјали

Page 30: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012330

30

архитектура новата граДска библиотека во алМер, холанДија

Несекојдневна прошетка низ еден посебен дом на книгите...

Организацијата и конципирањето на просторот отстапува од секое традиционално формулирање на сегментите на една типична библиотека од нашите секојдневија. Не постојат строго дефинирани правци/коридори кои го иницираат движењето на корисниците. Елементите од ентериерното уредување како и соочувањето со необичната комбинација од безброј катчиња со најразлични содржини, групирани во една целина, го принудуваат корисникот да истражува, да го осознава просторот воедно задоволувајќи ги сопствените интереси и остварувајќи ги примарните цели.

андреа јамакоска

алМер - Метропола или преДграДие...Развојот на новите градови настанати како производ на економскиот пораст и порастот на популацијата секогаш се одвива во текот на краток временски период. Тие претставуваат јасен портрет на доминантните трендови и идеологии од своето време, но исто така од драстични

измени страдаат субсеквентните фази на урбанистичкото планирање. Градот Алмер е еден од најновоформираните градови како во Холандија, така и во Европа. Неговата изградба започнала во 1976 година како предградие на Амстердам, содржејќи лесно препознатливи, карактеристични холандски ниски градби. Градското

ткиво било организирано околу три нуклеуси Almere - Haven, Almere - Stad и Almere - Buiten, центри со три различни идентитети, разделени едни од други со зелен појас и парковски површини, меѓусебно независни резиденцијални средини чија големина била флексибилна во зависност од понатамошните аспирации за нивна експанзија. Основниот

Page 31: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 31

31

архитектура

Несекојдневна прошетка низ еден посебен дом на книгите...

фокус бил поставен само на аспектот на резиденцијалноста и задоволувањето на основните потреби, додека пак за останатите културни и комерцијални особености жителите на Алмер се потпирале на општествените центри во Амстердам, Утрехт и Хилверсум. Со текот на годините, непрестајната експанзија на Almere - Stad постепено ја зголемувала потребата за развој на општествени центри во склоп на самиот град и за ревитализација на градското ткиво, така што било донесено решение дека е неопходно постоењето од независен центар, со сопствен идентитет и пејзажна специфика. На конкурсот за изработка на мастер-планот победило архитектонското студио Office for Metropolitan Architecture (OMA) на чело со Рем Колхас, пречекорувајќи ги сите претходни традиционални принципи и идеологии за одржување на структурата на градот. Мастер-планот во 1994 година бил фокусиран на две фокални области, бизнис парк покрај железничката станица, и трговско-комерцијална и атрактивно-

забавна зона позиционирана покрај брегот. И двата концепти претставуваат целосен контраст на примарниот изглед на градот... не постојат повеќе хоризонтални сепарации на јавниот транспорт, пешачката и велосипедската зона, туку напротив, Рем Колхас ги организира урбаните функции по вертикала, со позиционирање на колскиот сообраќај во најдолната зона. На тој начин се создава мегаструктура од пешачка зона, настаната на вештачки денивелирана основа која овозможува изградба и организација на сите јавни содржини. На пониските нивоа се наоѓаат програмски содржини за задоволување на основните потреби на жителите, додека највисоките површини се предвидени за администрација и резиденцијални простори. Отстапувајќи од старата традиција на градот и планот за ортогонално, хоризонтално организирање на композицијата што се покажало како неатрактивно за жителите, новите елементи, кои се дел од мастер-планот на OMA, започнуваат да се градат

пофлексибилно, дисперзирано, навидум и непланирано. Сето она што е креирано досега, континуирано го експандира, но и „згрчува“ градскиот простор, креирајќи изненадувачки висти, кои ја претвораат прошетката низ градскиот центар во возбудливо искусување и уживање на просторот. Иако содржините во градското ткиво се разделени по зони, сепак, секоја структура креирана од различно светски реномирано архитектонско студио негува сопствен идентитет и единствена приказна која зборува за нејзиниот дизајн. Контрастните особености на различни фрагменти од кои повеќето бараат специфично индивидуално восприемање, ја уриваат секоја смисла на хомогеност на градот, го прават градското ткиво подинамично, атрактивно, занимливо место, како за жителите на градот така и за неговите посетители..

урбанистиЧки аспектиОбјектот на градската библиотека е изграден во централното градско јадро на Алмер како сегмент од Блокот 3,

Page 32: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012332

32

архитектура

еден од последните архитектонско - урбанистички проекти за новото градско јадро, дел од мастер-планот на OMА. На издолжена триаголна локација со терен во пад, објектот претставува доминантна, фокусна точка која директно навлегува во површината на градскиот плоштад. Неговиот триаголен облик целосно соодветствува и се претопува во опкружувањето. Самата позиција на објектот иницира движење кон Standhulsplein, плоштадот на градското собрание, отворање на визурите и формирање на агол - потенцирање на

главниот влез во библиотеката како специфичен сегмент од целокупната организација на волуменот. Како мултифункционален објект, програмата е организирана од станбен сегмент во кој се содржат 30 апартмани, комерцијални и деловни содржини распространети долж дијагоналниот фронтон на објектот и содржини од областа на културата позиционирани во југозападниот агол, 2.000 м2 стратешки резервирани за градската библиотека која е всушност и принципиелниот сегмент од целокупниот контекст...

архитектиКомплексот во целина претставува дело на архитектонското студио Meyer en Van Shooten Architecten, основано во Амстердам, Холандија, во 1984 година, чие целокупно творештво се карактеризира со чистота, ред, јасност, конзистентност, примена на разновидни материјали, иновативен дизајн и перманентност. Нивната појдовна идеологија цели кон воспоставување на иновативна интеракција и меѓусебна соработка со цел да се резултира со посакуваната солуција.„За еден објект да биде конзистентен

Page 33: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 33

33

архитектура

потребно е екстериерот да претставува интегрален аспект од ентериерот“.Архитектонското студио Concrete Architectural Associates, основано во Амстердам, Холандија, во 1997 година, со својот тим составен од млади креативци, архитекти и дизајнери е всушност создателот на ентериерното уредување на градската библиотека. Concrete Architectural Associates претставува интердисиплинарно креативно студио кое во својот домен опфаќа области од урбанистичко планирање, па се до индустриски дизајн. Нивното творештво

се дефинира како симултано, спонтано, драматично, воздржано, поетично, а основното мото кое им овозможува беспрекорно и непрестајно да создаваат и творат гласи „не постојат проблеми - постојат само солуции“...

основен концепт на ентериерното уреДување на библиотекатаИдејата за креирање на ваков специфичен концепт на ентериерно уредување произлегува од претходно извршена низа на студии, анкети и истражувања за тоа

кои се всушност корисниците на една библиотека, кои се нивните очекувања и интереси, и дали администрацијата на библиотеките би требало да се фокусира на понудата или побарувачката. Основниот предизвик за дефинирањето на ентериерното уредување произлегува од соединувањето на сите „јавни“ просторни содржини креирајќи МЕСТО, композиција која ужива во постојаната динамика и бројните различности... Несекојдневен е фактот што книгите не се организирани по броеви, туку се распоредени според нивните

Page 34: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012334

34

архитектура

издавачки куќи - склоп од различни продавници со отворен концепт. Секоја секција е дизајнирана во посебен стил во зависност од жанрот на книгите на кој му припаѓаат. Целокупниот простор е дефиниран од 5.000 метри должни во пултови за книги и дополнителните содржини на библиотеката, како интернет катчиња, детски катчиња, простори за читање - приватни и колективни, кафетерија, простори за учење, оддел за мултимедија, пултови за наплаќање... Од вака конципираниот простор се дефинирани два типа на корисници, т.е. оние корисници чија единствена цел е само да ја пронајдат книгата што им е потребна и да си заминат, и корисници кои без разлика на сопствената цел, уживаат во талкањето низ мултиколорниот „пејзаж“ од книги, истражувајќи различни светови, пронаоѓајќи простори каде би можеле да се релаксираат и да ги разлистуваат книгите и списанијата. Меандричните пултови за книги го дефинираат ентериерниот „пејзаж“ и креираат авантуристичка средина на непрекинато движење и динамика. Секој од пултовите за книги е составен од пет модуларни елементи - еден правилен

и четири неправилни, меандрирани. Сите дополнителни функции кои се составен и неизбежен дел од една библиотека се интегрирани во пултовите за книги - простори за седење, работни површини, инфо терминали, пултови за наплаќање, како и осветлувачките елементи и останати инсталации... така што ваквиот начин на креирање и конципирање на просторот дефинира единство на сите елементи, создава пријатна и топла атмосфера и буди особено чувство на спокојство. Влезниот хол, како пространа, отворена композиција ја потенцира енормноста и монументалноста на просторот. Од оваа фокусна точка постепено започнуваат да се развиваат програмските содржини и медиуми. Така, платформите се нижат по периферијата на волуменот, организирани како галерии во однос на централниот простор, секоја со различни перспективни визури кои ја збогатуваат динамиката и интригантноста, неопходни за просторното уживање. Особено специфичен сегмент од целата композиција претставува организацијата на вертикалните комуникации во внатрешноста.

Стратегиски и концептуално раслфрлани низ различни делови од протсторниот волумен, ескалатори, лифтовски јадра и рампи, дефинираат несконцентрирана траекторија на движење и овозможуваат корисникот да го апсорбира секој сегмент од ентериерот со специфична и уникатна идентификација. Начинот на позиционирањето на четирите нивоа, исто така придонесува за создавањето на непрекинатото циркуларно движење, од приземјето па се до последната платформа. Вака организираната внатрешност иницира формирање на централен атриум чија основа и облик претставуваат континуитет на каскадното движење и појавата на платформите низ приземјето. Транспарентноста овозможена од стаклената „завеса“, која се протега долж секоја од платформите кон атриумот, креира чувство на перцепирање на просторот како единствен, без никакви бариери - претопување на просторното обликување на атриумот со ентериерното обликување на библиотеката. Фасадната обработка на која се забележува хоризонтална поделба при обликувањето е предвидено

Page 35: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 35

35

архитектура

да претставува репрезент за она што се случува во внатрешноста на објектот. Таа е дефинирана од земјани површини од брановидна олеснета структура. Префабрикуваните бетонски блокови со измазнета површина и примената на сив бетон изработен од базалт создаваат специфичен визуелен ефект кој ја потенцира уникатноста на екстериерот на објектот. Организацијата и конципирањето на просторот отстапува од секое традиционално формулирање на сегментите на една типична библиотека од нашите секојдневија. Не постојат строго дефинирани правци/коридори кои го иницираат движењето на корисниците. Елементите од ентериерното уредување како и соочувањето со необичната комбинација од безброј катчиња со најразлични содржини, групирани во една целина, го принудуваат корисникот да истражува, да го осознава просторот воедно задоволувајќи ги сопствените интереси и остварувајќи ги примарните цели. Флексибилноста, достапноста и отвореноста на просторот се примарните фактори кои го дефинираат правецот на движење. Ваквата разноликост создава интригантна, занимлива, идеална креација - производ на неправилностите на просторот, меандрираните форми кои го формираат ентериерот. ... отворен простор во кој се сегрегирани безброј функционални катчиња и содржини, содржини кои сами за себе претставуваат индивидуална целина, но во однос на контекстот тие сите заедно формираат единствена структура...

www.evonik.comTel: 02/3230 453; 02 3177 715Mob: 070/277 060; 070/399 [email protected]

Page 36: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012336

36

дрвни конструкции ветерница за произвоДство на електриЧна енергија оД Дрво

Економска и еколошка исплатливостВетерница со висина од 100 метри изградена од дрво може да замени приближно 300 тони челик, а со тоа да ја намали емисијата не штетни гасови при неговото производствоалександар чеРепналкоскИ, дипл.инж. по дрвна индустрија

Енергијата добиена од ветерот е една од најчистите и најеколошките технологии за добивање на електрична енергија. Ветерниците сè почесто можеме да ги

забележиме во европските земји, независно дали се индивидуални или големи плантажи. Со цел да се зголеми производството на електрична енергија и профитот, се јавува потребата ветерниците да бидат повисоки и секако нивната градба да биде поевтина. Конвенционалните челични ветерници ја оправдуваат инвестицијата се до висина од 85 метри, најмногу заради растечката цена на челикот на светските берзи, а тука секако се јавува и проблемот за транспортирање на конструктивните елементи. Наспроти ова, со ветерниците направени од дрво можат да се достигнат многу поголеми висини со стабилна конструкција и секако економска исплатливост. Во областа Хановер во Германија, неодамна беше изграден првиот прототип на ветерница за производство на електрична енергија, комплетно направена од дрво. Ветерницата е 100 метри висока и е изградена од лепени ламелирани носачи и панели за фасада кои се поврзуваат на местото на изградбата. Материјалот што се користи во конструкцијата, покрај лепените ламелирани носачи, се попречно лепени плочи од дрвниот вид смрча кои се повторуваат на одредена висина во вид на платформи. Благодарение на попречно лепените елементи во плочите, промената

во димензиите на дрвото е сведена на минимум. Плочите, исто така, значително ја зацврстуваат конструкцијата, така што товарот се пренесува во повеќе насоки. За констукцијата се користи дрво со влажност од 12% (+- 2%) со што се избегнува опасноста од напад на микроорганизми и инсекти непожелни за дрвото. Плочите се произведени со технологија која заштедува енергија и не ја загадува околната природа, во согласност со германските стандарди за емисија на штетни гасови. Ветерницата од дрво, што може да достигне и до 150 метри висина, може да се изгради за два работни дена. Брзината на градбата на ветерницата се постигнува така што сврзните елементи се поставени како составен дел на самите конструктивни компоненти. Со оваа предност, подигнувањето на ветерницата се одвива брзо со тоа што нема дополнителна обработка на елементите на градежното место. Во зависност од почвата на која се гради, фундирањето може да биде со плитки или длабоки темели. Димензиите на темелите се идентични со темелите кај ветерниците изградени со челични конструкции. Исто така и визуелно дрвената ветерница не се разликува многу од челичната. Во процесот на проектирање многу внимание се посветува на исполнување на стандардите за конструктивна стабилност и противпожарна заштита. За разлика од челичните конструктивни елементи кои претставуваат проблем да се транспортираат заради нивните димензии

и тежината, транспортот на дрвените конструктивните елементи се одвива во стандардни транспортни контејнери без некои посебни оптоварувања. Развојната фаза на дрвената ветерница датира уште од 2005 година. Во проектот може да се забележи дека таа е одржлива, драстично намалува емисија на CO2, овозможува заштеди и може да се транспортира каде било во светот благодарение на уникатниот метод на конструирање. Ветерница со висина од 100 метри изградена од дрво може да замени приближно 300 тони челик, а со тоа да ја намали емисијата не штетни гасови при неговото производство. Секоја дрвена ветерница мора да биде изградена од материјал добиен со еколошки, економски и плански менаџмент со шумите. Првата компанија која се осмели да изгради ветерница од дрво,

Page 37: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 37

37

дрвни конструкции

TimberTower GmbH од Хановер, Германија, комбинира знаење од повеќе области со цел да создаде производ кој ќе биде лесен за транспорт и подигнување, а сепак ефикасен во производство на електрична енергија. Со издржливо и трајно проектирање и градење, компанијата TimberTower, на овој еколошки производ му дава гаранција од 20 години животен циклус. Како поголеми предности кои

се издвојуваат кај дрвните конструкции на ветерниците се ангажирање на помалку средства во целиот проект, полесен транспорт на конструктивните елементи, конструкцијата е изработена од материјал од обновливи извори и има висок процент на рецилкирање. Со зголемувањето на потребата од добивање на еколошки чиста енергија, компанијата TimberTower го прави последниот чекор

кон добивање на комплетно еколошки чист производ. Ветерницата од дрво е скоро 95 проценти природен производ кој може да се рециклира по употребата. За овој проект компанијата TimberTower доби награда за заштита на природата во регионот Хановер, а исто така ја доби и наградата Schweighofer за иновации во областа на дрвната индустрија и материјалите од дрво.

Page 38: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012338

38

наследство заштита на културно-историското наслеДство во охриД

Време е да се пресоздадеме во чинариКако еден логичен континуитет на работата и аманетот на Чипан, Заводот за заштита на споменици и Музеј - Охрид во соработка со Факултетот за архитектура и дизајн при Американ колеџ - Скопје, изработи еден нов проект насловен „Валоризација на објекти градени меѓу двете светски војни - објекти од градска архитектура“. Листата на заштитени споменици од културата ќе се прошири со петнаесет објекти со карактеристична градска архитектура изградена во периодот меѓу двете светски војни.

Ивана ГРупче, дипл. инж. арх.

Охрид, како духовно и културно засолниште, со сиот свој сјај и дух, во своето урбано милје поседува значајни културно-историски

содржини од дамнина, архитектонско сведоштво кое говори за времето во кое биле создадени и сведоштво на

премрежиња низ кои опстојувале низ вековите, за гордо да се исправат во денешно време. Заради тоа е неопходна нивна заштита и соодветни интервенции. „Време е да се пресоздадеме во чинари, да ги разграниме корените. Чинарите траат со милениуми. Со проникнувањето во традицијата нашиот живот се продлабочува: нема да бидеме луѓе само

од еден човечки век, туку гиганти со стотици животи“ - тоа се зборовите од книгата „Текстови за архитектурата“, кои како аманет ни ги остави професор Борис Чипан, укажувајќи на огромното значење на културното наследство и неговата заштита. Како одличен познавач, истражувач и професионален учесник во процесот на реставрациските, конзерваторските

Page 39: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 39

39

наследство

и реконструкторските зафати на архитектонското културно наследство, маркантниот Борис Чипан, пред сè голем архитект и голем вљубеник во својот роден крај, ја постави мислата - водилка по која треба да се водат следните генерации архитекти и сите оние што го носат Охрид во срцето. „И како роден крај Охрид за мене е незаборавна љубов.

Низ проучувањата на историјата, јас го познавам од зачетоците на неговото постоење. Не е место за емоционални изблици, иако не би се срамел ни од такви. Поради езерото и кристалното небо, поради неговото извонредно место во минатото и поради магичната особеност да ви затупка срцето кога минувате низ неговите стари улици, тој

ја заслужува не само мојата љубов. Сите сакаме таков да го љубиме. Но кој се осмелува да го запре одот на историјата, која е преполна со врвови и рамнини“ Како еден логичен континуитет на работата и аманетот на Чипан, Заводот за заштита на споменици и Музеј - Охрид во соработка со Факултетот за архитектура и дизајн при Американ колеџ - Скопје,

Page 40: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012340

40

изработи еден нов проект насловен „Валоризација на објекти градени меѓу двете светски војни - објекти од градска архитектура“. Во тој контекст, листата на заштитени споменици на културата во Охрид, наскоро ќе биде проширена со петнаесет објекти со карактеристична градска архитектура изградена во периодот меѓу двете светски војни. Како што истакна директорката на

Завод и Музеј - Охрид, Тања Паскали - Бунташеска, за разлика од објектите од XIX век, градската архитектура од периодот меѓу двете светски војни досега не е технички документирана. Знаејќи го овој факт, ја осознаваме големата вредност на изработката на овој проект. Проектот е реализиран во соработка со Факултетот за архитектура и дизајн при Американ колеџ - Скопје, под раководство

на катедрата на проф.д-р Кокан Грчев. Студентите при овој факултет изработија комплетна техничка документација за 15 значајни објекти, како што се Куќата - поранешна дирекција на Охридско лето, Куќата на Радио Охрид, Стар Чинар, ВИП, неколку куќи на ул.Димитар Влахов итн. На изработената техничка документација се изработуваат елаборати за заштита врз чија основа Управата за заштита на културно

наследство

Page 41: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 41

41

наследство во Скопје, ќе издаде пропишан режим за заштита на секој од објектите како би се задржал автентичниот израз. По доставувањето на елаборатите, Управата за заштита на културното наследство ги известува сопствениците и општината, и во рок од 15 дена по известувањето е должна да донесе решение за Споменици од втора категорија. Со тоа, истакна директорката Бунташеска, ќе бидат

одредени кои интервенции врз објектите ќе бидат дозволени да се прават, а кои не би смееле. Промени би можеле да се изведат во внатрешноста на просторот, но притоа да не биде нарушена конструктивната стабилност и постојниот архитектонски израз на објектот. Секако, прогласувањето на овие објекти за културно споменично богатство не значи дека нивната комерцијална функција

што веќе ја имаат повеќето од нив ќе им биде оневзоможена, напротив, нивните сопственици ќе можат да аплицираат во бројни меѓународни фондови, за одобрување средства за развој на туризам, угостителство, трговија, занаетчиство и др. До крајот на годинава, се очекува изготвување на решенијата за сите 15 објекти и збогатување на архитектонскиот споменичен фонд во Македонија.

наследство

Page 42: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012342

42

рубрика

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Б

www.geze.com

Page 43: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 43

43

рубрика

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Б

www.geze.com

Page 44: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012344

44

технологии суДот (патентот) оДлуЧи:

„Јаболкото“ побогато за една милијарда долариПо „термонуклераната војна“ на Стив Џобс, односно неговата реинкарнација, Тим Кук, светот ќе треба да размисли за (р)еволуција на постоечките закони за патенти. А кога законите ќе „паднат“, ќе се види дека најголем генератор на енормните приходи на ИТ компаниите се токму тие, патентите.

Трајче сТојанов, дипл.инж.арх.

Поради кршење на авторските права, „Самсунг“ треба да плати отштета на „Епл“ во висина од 1,051 милијарда долари. Парницата на деценијата, како што

многумина го нарекуваат спорот, беше во центарот на вниманието на светската јавност летово. Со симпатии кон едните или кон другите, со нетрпение се очекуваше да се види каков ќе биде исходот од овој важен настан. И со право, експертите предупредуваат на големи потреси во ИТ светот. Двата гиганти се добро познати во ИТ индустријата. „Епл инкорпорејтед“

е најголема ИТ компанија во светот по приход и

профит - повеќе од „Гугл“ и „Мајкрософт“ заедно. Во јули 2011 година, во екот на должничките кризи во светот, нејзините финансиски резерви беа поголеми од оние на Владата на САД. Нејзините ултра популарни производи, ајфон и ајпод, имаат одличен прием и продажба. „Самсунг Груп“, од друга страна, е јужно-корејски гигант одговорен за петина од извозот на 15-тата економија во светот. Познат е по своите одлични производи, по конкурентни цени. Оваа година, телекомуникацискиот дел на „Самсунг“ го доби приматот на најголем светски производител, преземајќи го првото место од „Нокиа“. Двете компании имаат енормни приходи, што е разбирливо со оглед на тоа што заедно држат околу 54 проценти од глобалниот пазар на интелигентни телефони (смартфони) и 90 проценти од профитот на пазарот што вреди околу 200 милијарди долари на годишно ниво. Иако изгледаат како

лути противници, редно е да се напомене дека

„Нашиот систем на патентирање е наменет да ја поттикне иновацијата, барем во теорија. Во последно време, тој е нешто малку повеќе од алатка за поразување на конкуренцијата, и не се само ’Епл‘ и ’Самсунг‘ во светот кои ги водат овие битки. Тука се и малите и иновативни компании, локални влади, странски компании кои се обидуваат да успеат во Америка, хобисти и дури индивидуални развивачи... ’Епл‘ и ’Самсунг‘ не се проблем сам по себе, туку синоним на расипан систем“ - Electronic Frontier Foundation, во врска со неодамнешната пресуда во спорот „Епл“ против „Самсунг“

Page 45: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 45

45

технологии

„Епл“ е најголемиот клиент на „Самсунг“ („Епл“ меѓу другото ги купува своите микропроцесори токму од „Самсунг“ во соработка вредна 5 милијарди долари). Почнувајќи од 2010 година, „Епл“ редовно го обвинуваше „Самсунг“ дека со лансирањето на своите смартфони, ги крши неговите авторските права, односно ги злоупотребува заштитените патенти во сопственост на „Епл“ од областа на дизајнот, ефектите и слично. На тоа, „Самсунг“ обвини дека „Епл“ всушност злоупотребува некои од неговите патенти, пред сè оние што се однесуваат на преносот на податоци, безжичната мрежа итн. Спорот од медиумите се префрли во судниците и тоа на четири континенти. „Епл“ побрза да издејствува забрана за продажба на дел од производи на „Самсунг“ во неколку земји (меѓу нив и земји од ЕУ), но преку жалбените процеси, овие одлуки беа поништени. Двете компании во неколку наврати се обидоа да постигнат вонсудски договор, но без резултат. Многумина експерти сметаат дека најреална слика за настанатата ситуација дава пресудата донесена на 24 август годинава од страна на еден јужно-корејски суд кој пресуди дека и двете компании се подеднакво виновни за кршење на авторските права и треба меѓусебно да се обештетат. Сепак, со пренесувањето на парницата во американскиот федерален суд во март 2012 година, „Епл“ се обиде да го заштити својот монопол врз најважниот пазар на смартфони во светот - американскиот. Во судницата „Епл“ обвини дека „Самсунг“ ги „украл“ најкритичните особености на нивните ајфон и ајпод – изгледот, стаклениот екран, заоблените агли, како и неколку визуелни ефекти во менито како распоредот на иконите, нивниот изглед, навигацијата итн. Во судското сослушување кое траеше од 30 јули па се до 24 август годинава, се анализираа и споредуваа

над 600 технички карактеристики на смартфоновите на двата конкурента. Конечно, судот досуди дека „Самсунг“ прекршил шест од седум патенти на „Епл“, додека „Епл“ не прекршил ниту еден на „Самсунг“. „Епл“ не успеа да добие 2,5 милијарди долари отштета колку што побаруваше, но сепак и една милијарда е многу. Згора на тоа, „Самсунг“ ќе мора да престане со продажба на неколку клучни телекомуникациски производи на американскиот пазар. По објавувањето на пресудата, акциите на „Епл“ пораснаа за 14 долари по акција, додека оние на „Самсунг“ паднаа за седум проценти. Воедно, пад доживеаа и акциите на „Гугл“, компанијата чиј оперативен систем индиректно е обвинет во кршење на авторските права на „Епл“. Познавачите на состојбите велат дека битката можеби е епска, но војната е „термонуклеарна“ како што еднаш предвиде (и посака) Стив Џобс, сега покојниот легендарен основач и извршен директор на „Епл“. Во основа, тоа не е војна меѓу „Епл“ и „Самсунг“, туку меѓу „Епл“ и „Гугл“, пред сè поради оперативниот систем „Андроид“ кој претставува водечка светска мобилна платформа. Статистиката вели дека „Андроид“ држи околу 60 отсто од светскиот пазар на смарт телефони. Во јуни 2012 година во светот постоеја околу 400 милиони уреди базирани на „Андроид“, додека

стапката на пораст беше по еден милион активации дневно. Застрашувачки бројки за „Епл“. Имајќи предвид дека „Самсунг“ е најголем корисник на оперативниот систем „Андроид“, не зачудува зошто „Епл“ се реши да го нападне својот најголем противник, партнер и светски колос. Со оваа пресуда, индиректно се потврдува обвинувањето на „Епл“ дека „Андроид“ крши авторски права на „Епл“, што е порака до останатите производители на самртфони да го напуштат „Андроид“ пред да бидат и тие повикани во суд. Најголем добитник во случајов е „Мајкрософт“, бидејќи неговиот оперативен систем Windows Phone 8 може да го заземе местото на „Андроид“. Од друга страна, неодамнешното преземање на Motorola Mobility од страна на „Гугл“ се смета за купување на „оружје“ за борба против „Епл“. Во таа насока, „Гугл“ веќе поднесе тужба против „Епл“ за кршење на авторски права кои беа во сопственост на доајенот во телекомуникациите што сега е во таборот на „Гугл“. Надвор од секакви комбинаторики и подготовки за бизнис војни и слично, лежи една застрашувачка вистина: законите за патентирање, односно заштита на авторските права во реалноста предизвикуваат апсурдна состојба во која губитници се веројатно корисниците (наспроти носителите на патентите). Во образложувањето на пресудата, судот потврди за кршење на неколку патенти во сопственост на „Епл“, меѓу кои и оние во кои „Епл“ го патентира обликот на своите уреди: правоаголник со заоблени агли, начинот на навигација и манипулација со менијата, матричниот распоред на икони итн. Дали е фер компанија или поединец да има ексклузивно право врз геометриски форми е едно од многуте прашања врзани со законите за патенти. По „термонуклераната војна“ на Стив Џобс, односно неговата реинкарнација, Тим Кук, светот ќе треба да размисли за (р)еволуција на постоечките закони за патенти. А кога законите ќе „паднат“, ќе се види дека најголем генератор на енормните приходи на ИТ компаниите се токму тие, патентите.

Page 46: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012346

46

експерт британија ја стиМулира граДежната активност

Станбени и инфраструктурни објекти за поголем економски развојНајавен е комбиниран пакет на мерки во доменот на домувањето и градежништвото од кој се очекува да ја потпомогне реализацијата на 70.000 нови станбени единици и отворање 140.000 работни места, како и гаранции вредни 40 милијарди фунти за големи проекти од доменот на инфраструктурата...

д-р владимир Б. лаДИнскИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Со почетокот на септември и завршувањето на Параолимписките игри „Лондон 2012“ полека стивнува еуфоријата за успешно организираните

летни олимписки и параолимписки игри, и постигнатите одлични резултати на националниот олимписки и параолимписки тим. Уште по завршувањето на олимписките игри почнаа да се пројавуваат согледувања дека економските придобивки од игрите

можеби нема да ги исполнат очекувањата. Ова особено се однесува за остатокот на земјата со оглед на очекувањата дека и таму ќе има зголемен обем на посетители, што според првичните реакции како да не се има реализирано.

Page 47: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 47

47

експерт

Додека се чека да се сумираат официјалните резултати од олимписките и параолимписките игри, почетокот на месоцот беше одбележан и со првите промени на кабинетот и најави на нови мерки со кои британската влада се обидува да го стимулира економскиот развој во земјата. При ова значајно место заземаат мерките за стимулирање на градежната активност во земјата. Па така, на 1 септември беа одобрени нови прописи во доменот на урбанистичкото планирање од кои се очекува да се зголеми бројот на станбените единици во градските центри и да се потпомогне зголемувањето на посетители во нив. Според новите прописи за урбанистичко планирање е овозможено канцеларискиот простор и магацините над продавниците да се пренаменат во најмногу два стана, и тоа без потреба да се бара урбанистичка согласност за пренамената и адаптацијата на просториите. Преку овие промени не само што ќе се поедностави системот за урбанистичко планирање, туку ќе се овозможи побрзо и поевтино да се обезбедат нови станбени единици во постојните, но нецелосно искористени простори и објекти. Со ваквиот пристап се создава потенцијал да се потпомогне зголемувањето на бројот на попристапни по цена станбени единици и да се обезбеди подобро искористување на постојното градежно земјиште. Се разбира, со олеснувањето на ограничувањата и прописите за урбанистичко планирање за адаптација на нестанбените простори над продавниците, исто така може да се потпомогне и зголемувањето на виталноста на градските центри преку зголемување на бројот на посетители и зголемување на можностите за регенерација на градските центри.За разлика од некои претходни мерки, кои поминаа релативо незабележително низ медиумите, сегашната најава на владата привлече многу поголемо внимание, но истовремено предизвика и многу повеќе реакции во јавноста. Најавен е комбиниран пакет на мерки во доменот на домувањето и градежништвото од кој се очекува да ја потпомогне реализацијата на:

• до 70.000 нови станбени единици, вклучително со единици по пониски цени и можности за оние што по прв пат купуваат станбена единица да можат да го направат тоа;• 140.000 работни места и поттик на градежништвото;

• Гаранции вредни 40 милијарди фунти (околу 50 милијарди евра) за големи проекти од доменот на инфраструктурата и 10 милјарди фунти (околу 12,5 милијарди евра) за изградба на нови станбени единици.Овој пакет вклучува низа мерки наменети за поткрепа на деловните организации, претприемачите и оние што по прв пат купуваат станбени единици, придружени со мерки за укинување на непотребните бирократски бариери во системот на урбанистичко планирање, и се состојат од:• Отстранување на ограничувањата за фирмите што градат станбени единици

за да се овозможи изградбата на 75.000 станбени единици чија изградба не е отпочната, бидејќи тие не се економски оправдани. Ова е поврзано со постојните прописи кои им даваат можност на општините да го условат давањето на урбанистичка согласност за изградба на станбени единици за пазар со задолжително вклучување на одреден процент на станбени единици во рамките на комплексот за лица со ниски приходи. Според новите прописи, доколку од фирмата што ги гради станбените единици можат да докажат дека изградбата на станбени единици за лица со ниски приходи ја прави

реализацијата на проектот економски неоправдана, тогаш обврската за изградба на станови за лицата со ниски примања ќе биде отстранета за да се изградат само становите наменети за пазар.• Нови законски прописи за државни гаранции вредни до 40 милијарди фунти за големи инфраструктурни проекти и до 10 милијарди фунти за изградба на нови станбени единици. Законот за финансиска поддршка на инфраструктурата, the Infrastructure (Financial Assistance) Bill, ќе вклучи издавање на гаранции за долгот на станбените асоцијации и приватните претприемачи.

• Изградба до 15.000 нови пристапни по цена станбени единици и активирање на 5.000 празни станбени единици преку примена на нов фонд во вредност од 300 милиони фунти (околу 375 милиони евра) - погореспомантите инфраструктурни гаранции.• Изградба на дополнителни 5.000 станбени единици за изнајмување по пазарни наемнини, а со цел да се поткрепи приватниот сектор за изнајмување на станбени единици.• Илјадници барања за урбанистичка согласност за големи комерцијални и станбени комплекси ќе бидат префрлени од редовната постапка за издавање на урбанистичка согласност во итна постапка за големи инфраструктурни проекти. Во услови кога општинските служби неажурно ги разгледуваат барањата за издавање на урбанистичка согласност, претприемачите ќе можат да изберат по барањето за урбанистичка согласност да решава државниот урбанистички инспекторат. Повеќе барања за урбанистичка согласност ќе можат да бидат префрлени на итната постапка за разгледување на жалби и поплаки.

• 16.500 домаќинства кои сакаат да го купат својот прв дом ќе бидат потпомогнати со 260 милиони фунти (околу 325 милиона евра), фонд наменет за обезбедување на потребниот депозит за купување на првиот дом за овие домаќинства. Ова претставува продолжување на веќе успешната програма за купување на првиот дом (First Buy).• За временски ограничен период ќе бидат олеснети урбанистичките прописи за да се овозможи полесно подобрување на постојните станбени и деловни објекти, со што би се потпомогнале илјадници домаќинства и фирми.

Infrastructure (Financial Assistance) Bill Bill 66 of 2012-13 RESEARCH PAPER 12/54 12 September 2012

The Infrastructure (Financial Assistance) Bill was introduced to the House of Commons on 6 September 2012. The legislation would allow the Government to provide financial assistance of up to £50 billion in support of infrastructure investment. The limit could be increased by order. The Government would have to report to Parliament on any commitments made under the Bill’s provisions at the end of each financial year.

This briefing has been prepared to inform the Second Reading debate on the Bill.

Lucinda Maer Grahame Allen Aliyah Dar

Page 48: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012348

48

Москва

greenpeace ја прекинува кампањата против газпромЕколошкото здружение Greenpeace објави дека ја прекинува кампањата против руската компанија за природен гас Газпром, предизвикана од истражувањето што компанијата го спроведува во арктичкиот круг. Неодамна, неколку активисти ја „окупираа“ платформата на Газпром во Печорското Море. Како причина за прекин на оваа кампања се наведува дека акцијата ја постигнала својата цел, односно влијаела на јавната свест во врска со проблемите при истражувањето на извори на нафта и гас во арктичкиот круг.

(Oil&Gas Eurasia)

бразилија

Petrobras ја гради првата офшор рафинерија за нафтаБразилската нафтена компанија Petrobras, објави дека ќе ја пушти во работа првата пловечка рафинерија за нафта во светот до 2014 година. Рафинеријата веќе се гради во Кина, а изградбата ќе чини 310 милиони долари. Petrobras проценува дека ваквиот концепт ќе овозможи складирање на сировата нафта во пловечки терминали, со што ќе се заштеди на трошоците поврзани со поморскиот транспорт. Ова е важно бидејќи Petrobras проценува дека 91% од нафтата и 76% од природниот гас се произведува на офшор полиња.

(UPI)

брисел

аргентина и индонезија обвинети за дампинг на биодизел горивотоЕвропските производители на биодизел поднесоа тужба по повод дампингот на европскиот пазар на повеќе милиони тони аргентински и индонезиски биодизел, со што се нанесува штета на европската индустрија соочена со банкроти и намалено производство. Челникот на Европскиот Одбор за биодизел (EBB), кој обединува 75 произведувачи и околу 80% од вкупното производство на биогоривата во Европа, соопшти дека таа организација активно работи на спроведувањето на итни мерки од страна на Европската Унија, односно ретроактивна примена на какви било антидампиншки царини за увоз на аргентинска и индонезиска стока. Европската комисија на својот сајт објави дека аргентинскиот и индонезискиот биодизел се продава по исклучително ниски цени и со тоа ѝ нанесува материјална штета на индустријата на ЕУ.

(energetika-net)

еко инфо

Page 49: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 49

49

подготви: Даниела млаДеновска

брисел

газпром под истрага од европската комисијаЕвропската комисија соопшти дека ќе спроведе истрага за активностите на рускиот енергетски гигант Газпром, поради сомневања за монополски потези на пазарот за природен гас во централна и источна Европа. Комисијата изрази загриженост поради можноста Газпром да ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот, и ќе испита дали компанијата го отежнува слободниот проток на гас меѓу земјите членки на ЕУ, ја спречува диверсификацијата на набавките и влијае на неоправдано зголемување на цената. Истрагата се спроведува по извршените инспекции во компаниите за природен гас во земјите членки на ЕУ во јуни 2011 година. Русија покрива две петтини од потребите на Европа за природен гас, а енергетската политика веќе подолго време е извор на тензии помеѓу официјална Москва и ЕУ.

(BBC)

париз

ајфеловата кула еколошки се освестуваАјфеловата кула наскоро ќе произведува дел од енергијата за сопствени потреби преку соларни панели и ветротурбини. На првиот кат, кој е најпростран, работите веќе се во полн ек, со што кулата ќе стане подостапна, попривлечна и поеколошка. Освен соларните панели и ветротурбини, се предвидени и уреди за собирање на дождовницата. На тој начин енергетските перформанси на кулата ќе бидат подобрени за 30%. Реконструкцијата треба да заврши кон крајот на 2013 година и ќе чини 25 милиони евра. Ајфеловата кула, изградена по повод Светската изложба во Париз во 1889 година, е еден од најпосетуваните споменици во светот.

(energetika.ba)

брисел

крај за жаречките светилкиОд септември во Европската Унија повеќе не смеат да се произведуваат жаречки светилки, па дури и оние од 25 вати. На трговците ќе им биде дозволено само да ги распродадат залихите. За осветлување се препорачуваат светлосните диоди ЛЕД, кои трошат само 5 отсто споредено со класичните светилки. Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производство на десет термоелектрани. Забраната веќе ја има спроведено или, пак, е планирана во поголем дел од светот, како што се и моќните САД, Индија, Бразил, Австралија, Кина и Филипини.

(Deutsche Welle)

еко инфо

Page 50: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012350

50

екологија се оДржа гоДишната конференција за воДа во стокхолМ

Визија за водата и безбедноста на нашата храна

Водечките експерти за вода деновиве издадоа строго

предупредување во врска со производството на храна, потенцирајќи дека светската

популација во наредните 40 години можеби ќе мора

целосно да се префрли на вегетаријанска диета за да

се спаси од катастрофалниот недостиг на храна.

Повеќе од 2.500 политичари, претставници од Обединетите нации, невладини организации и истражувачи од 120 земји, од 26 до 31 август се сретнаа во

Стокхолм, Шведска, на годишната Светска недела на водата за да разговараат за проблемите со водоснабдувањето, состојбата со водните ресурси и

справувањето со недостигот од вода во светот. Секоја година Светската недела на водата се осврнува на одредена тема за да обезбеди подетално истражување на теми поврзани со водата во светот, преку стотина работилници и семинари. Темата за 2012 година беше „Водата и безбедноста на храната“. Светската недела на водата, како што јавија светските медиуми, се затвори со визија на помладата генерација

научници за чекорите што треба да се преземат сега за да имаме безбедна вода и храна до 2050 година. Еве што велат тие.

Светот во 2050 година е свет во кој:- луѓето имаат еднакви санитарни услови, безбедна вода, храна и здравје;- постојат здрави екосистеми;- има соработка во донесувањето одлуки меѓу бизнис заедницата и владите

сашо куЗмановскИ

Page 51: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 51

51

екологија

Климатските промени, сушите што им се закануваат на плодните почви и недостигот од вода за наводнување ќе имаат огромен негативен ефект врз производството на храна во светот, во годините што следуваат. Тоа ќе повлече радикални мерки за да се прехрани популацијата што до 2050 година се очекува да достигне до 9 милијарди луѓе, предупредуваат научниците.

со запоставените групи - жените, младите и малубројните заедници;- гледаме во иднината;- имаме информирани и свесни граѓани кои ја знаат вредноста на храната и на водата и мудро ги користат ресурсите.

Според младите научници, ние сепак живееме во свет во кој:

- 2,6 милијарди луѓе имаат скромни санитарни услови;- околу 800 милиони луѓе немаат безбедна вода за пиење;- една милијарда луѓе навечер си легнуваат гладни;- 3 милијарди луѓе се ненахранети;- 60 отсто од сервисите што ги обезбедуваат екосистемите се влошени;- една милијарда луѓе страдаат од прекумерна тежина;- луѓето фрлаат околу 50 отсто од произведената храна.

Младите научниците препорачуваат:- да се инвестира во одржливо земјоделство;- да се привикнеме на поефикасна диета;- да фрламе помалку храна;

- полесно да се адаптираме;- да ја разбереме врската меѓу водата, енергијата и храната;- да им се помогне на заедниците;- да учиме од сопствените грешки.

Иницијативата на младите научници допре до политичарите што ги подготвуваат стратегиите за развој, а коишто присуствуваа на Светската недела на водата, информираат од организацијата на престижната конференција.

сите во вегетаријанци Водечките експерти за вода деновиве издадоа строго предупредување во врска со производството на храна, потенцирајќи дека светската популација во наредните 40 години можеби ќе мора целосно да се префрли на вегетаријанска диета за да се спаси од катастрофалниот недостиг на храна. Ако луѓето се префрлат на вегетаријанска диета се отвора можност да се зголеми количеството на вода за потребите на земјоделството во услови на суша и пораст на температурите на воздухот, велат научниците. Режим на

исхрана богат со производи од животинско потекло троши пет до 10 пати повеќе вода отколку вегетаријанската диета, а дури една третина од светските обработливи површини се користат за производство на житарки за исхрана на животните.Ова истражување на врвните научници за вода од Меѓународниот институт за вода од Стокхолм, како што пренесува Интернет-порталот Екологист, доаѓа по предупредувањето од Обединетите нации дека во наредните пет години светот може да се соочи со втора глобална криза за храна. Цените на пченката и на пченицата од јуни годинава на светскиот пазар пораснаа за речиси 50 проценти, поради сериозните суши во САД и во Русија и слабите монсунски дождови во Азија. Експертите велат дека порастот на цените ќе има уништувачки ефект во земјите во развој што зависат од увоз на храна, вклучувајќи делови од Латинска Америка, Северна Америка и Блискиот Исток. Недостигот од храна во 2008 година довел до граѓански немири во 28 земји, според информациите објавени од Екологист.- да фрламе помалку храна; воздухот, велат научниците. Режим на информациите објавени од Екологист.

Тропскиот појас

Page 52: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012352

52

екологија биогорива

Помеѓу профитот и одржливиот развој

Даниела млаДеновска

Се претвора ли производството на биогориво единствено во високопрофитабилен бизнис, газејќи дури и врз идејата на која се темели - идејата за одржлив развој?

Една третина од вкупната потрошувачка на енергија во светот ја сочинуваат горивата што се користат во сообраќајот. Во моментов, бигоривата сочинуваат мал

дел од вкупната енергетска потрошувачка, но се очекува пораст, особено поради квантифицираните обврски и регулативата што ја стимулира потрошувачката на биогорива. Директивата за обновливи извори на енергија на Европската комисија (2009) обврзува на минимум учество на биогоривата од 10 проценти во сообраќајот до 2020 година. Нема сомнение дека биогоривата се појавија како сериозна алтернатива во напорите за задоволување на енергетските потреби во духот на одржливиот развој. Но од самиот почеток се следени од низа контроверзии: користење на земјоделско земјиште погодно за одгледување храна, уништување на шумите, зголемување

на цените на храната и сл. Не помалку загрижувачки се и состојбите со човековите права на полињата каде се одгледуваат суровините за биогоривата. Влијанието на биогоривата врз цените на храната почна посериозно да се анализира во 2008 година, со почетокот на економската криза, и првата криза за храна по повеќе од 30 години. Токму во 2008 година, според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO), храната поскапела за 53 насто во споредба со претходната година. Индикативно е дека порастот на цените на храната е пропратен и со пораст на цената на нафтата, и тоа токму во период на пошироко прифатена комерцијална употреба на биогоривата. Се разбира, појавата на биогоривата не може да се смета како единствена и многу битна причина за порастот на цените на храната. Но, извесно е дека зад целата таа приказна за одржливост, односно еколошка подобност на биогоривата,

некои факти се премолчуваат. Се претвора ли производството на биогориво единствено во високопрофитабилен бизнис, газејќи дури и врз идејата на која се темели - идејата за одржлив развој? Потсетувајќи се дека одржливиот развој по дефиниција е развој кој ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја доведе во прашање можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби, начинот на производство на биогорива во многу земји укажува дека до поимот одржливост мора да се постави еден голем прашалник. Во моментот во комерцијална употреба се два вида биогориво: биоетанол (во смеса со бензини) произведен од шеќер/скроб од шеќерна трска, пченка или жито; и биодизел (во смеса со дизел гориво) произведен од маслото од сончоглед, палми или репка. Новите видови биогорива, како на пример оние што се произведуваат со помош на алги, се развиваат со цел намалување

Page 53: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 53

53

екологија

на негативното економско влијание и подобрување на концептот на одржливост.

зошто ни се потребни биогоривата?Развојот на биогоривата се темели на трите глобални предизвици:

1. Енергетска сигурност Енергетската сигурност се дефинира како константна расположивост и снабдување со достапната енергија за потрошувачите. Ризиците по енергетската сигурност, вклучуваат прекини во снабдувањето, ограничена расположивост и нестабилност на цените на енергентите. Во овој контекст, можноста за производство на биогорива од суровина која локално се поседува е атрактивна за многу земји.

2. Економски развојИнвестирањето во биогорива придонесува за економскиот развој на една земја, особено преку отворањето на нови работни места и можноста за дополнителен приход на фармерите. Ова е особено значајно за земјите во развој, каде значителен дел од населението се занимава со земјоделство.Глобалниот економски развој, пак, од своја страна придонесува за драматичен пораст во потрошувачката на енергија. Во земјите во развој, потрошувачката на енергија се очекува да се зголеми за 84 насто до 2035 година, па новите енергетски извори, особено биогоривата може да имаат битна улога во задоволувањето на потребите за енергија.

3. Намалување на климатските промениВо Велика Британија, на пример,

сообраќајот учествува со 20 отсто во вкупната емисија на стакленички гасови. Очекувањата се дека со соодветна постапка за производство, биогоривата ќе емитуваат значително помалку стакленички гасови отколку кое било фосилно гориво.

Но, следните примери илустрираат некои од проблемите поврзани со комерцијалната употреба на биогоривата во различни земји:

саД - биоетанол оД пЧенкаСАД се најголемиот производител на биоетанол во светот. Рапидниот пораст на производството на биоетанол од пченка, мотивиран од економски причини, се наведува како причина за зголемување на цената на пченката и другите житарки во земјите во развој. Од јуни до сега цената е зголемена за околу 50 насто и е највисока во историјата. Дури 40 отсто од пченката во САД се користи за производство на етанол, кое од 2007 година е субвенционирано од федералната влада.

бразил - биоетанол оД шеќерна трскаБразил има највисока потрошувачка на биоетанол во светот, а воедно е и најголем извозник. Иако бразилскиот концепт на производство на биоетанол е посочен како еден од најуспешните, сепак е жестоко критикуван поради сериозни нарушувања на биодиверзитетот во одредени области. Злоупотребата на работничките права е исто така често посочуван проблем.

Малезија - биоДизел оД палМино МаслоМалезија е втор најголем производител

на палмино масло во светот (прва е Индонезија). На повеќе ендемски видови на животни им се заканува целосно изумирање, поради драстично изменетите услови на животната средина. Од друга страна пак, производителите на палмино масло, во потрага по ново земјиште за обезбедување суровина за биодизел, принудуваат на иселување значителен број екстремно сиромашно население.

нов пристап во произвоДството на биогориваРазвојот на новите технологии за производство на биогорива има за цел економски прифатливо производство кое ќе генерира помалку стакленички гасови и ќе користи помалку ресурси од природата во споредба со актуелните технологии. Како најинтересна алтернатива, треба да се спомене производството на биогориво од алги, што се наоѓа во експериментална фаза, и е поврзано со поголеми трошоци. Сепак, една од најголемите предности на овој концепт е дека алгите можат да се одгледуваат на места кои во никој случај не се конкуренција на земјоделското производство. Сосема е извесно дека производството на биогорива мора да се соочи со нови приоритети. Освен глобалните предизвици за енергетска сигурност, економски развој и намалување на климатските промени, на високо место мора да се постават и моралните вредности. Моралните вредности поврзани со актуелното и идното производство на биогорива вклучуваат: грижа за човековите права, солидарност, одржливост и правда. Само на тој начин, производството на биогорива ќе остане доследно на причината поради која постои.

Page 54: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012354

54

екологија оДржлив развој

И маркетингот ја загадува средината!Секојдневно сме сведоци на прекумерно купување на добра и производи, кои најчесто се со краток век на траење, со што многу брзо стануваат отпад

никола нешкоскИ, инж. жив. средина / еко-менаџер,

претседател на НВО ,,Еко – Логик“

Уште од времето на индустриската револуција, индустриските и земјоделските активности биле вршени без да се размислува на можните

последици врз животната средина. Се ова се случувало бидејќи во тоа време луѓето не биле доволно запознаени со можните негативни ефекти кои можат да произлезат од овој вид на активности. Во овој случај, свесно или не, предноста била дадена кон економскиот развој, а не кон зачувувањето и унапредувањето на животната средина. Како резултат се добива економски прогрес преку индустриски развој, но истовремено и деградирана животна средина. Потребен е таков вид на развој кој ќе го зголеми економскиот развој, и во исто време нема да придонесе за преголеми барања во однос на животната средина и природните ресурси, нема да генерира загадување (или ќе генерира во рамките на дозволеното, според пропишаните правила). Ваков развој придонесува кон

поздрава и почиста животна средина, ваков развој ја претставува иднината на човештвото. Овој концепт претставува развој кој може да биде одржлив во долг временски период, развој од кој ќе добиеме сите, сегашните и идните генерации, како и животната средина и сите живи организми во неа. Одржливиот развој бара сите ние да си ги задоволиме основните потреби во животот, при што на овој начин сите на светот ќе добиеме шанса да си ги оствариме своите желби и стремежи за подобар живот.,,Децата ги добиваат ударите што ги заслужиле нивните родители“. Оваа поговорка многу убаво ја опишува иднината што им ја оставаме на нашите деца, на нашите идни генерации.Како род, ние луѓето сме ненаситни. Треба да правиме разлика помеѓу тоа што го сакаме и тоа што ни треба, бидејќи постои огромна разлика. Секојдневно сме сведоци на прекумерно купување на добра и производи, кои најчесто се со краток век на траење, со што многу брзо

стануваат отпад. На пример: зошто да купиме нов автомобил кога стариот ни е стар само неколку години? Со добра грижа и сервисирање на кое било моторно возило, тоа може да не служи беспрекорно повеќе од 15 години. Но, од друга страна, доколку сите луѓе ги користат своите автомобили на овој начин, тогаш аналогно на ова би паднала потрошувачката на автомобили, со што ќе се намали економијата на државите. Помалку продадени автомобили, помалку увезени/извезени автомобили итн. Производителите на автомобили и на други производи трошат енормно големи суми на пари за да ги убедат потрошувачите да го заменат она што го имаат со нови производи кои имаат исти или слични карактеристики. Ова е маркетинг, алатка која од една страна е добра за водење на бизнис, но од друга има негативно влијание врз животната средина, бидејќи колку повеќе продукти се произведат и продадат, толку повеќе ќе се генерира отпад.Самите си ја кроиме својата судбина. За жал, ја кроиме и судбината на нашите деца.

Page 55: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 55

55

оДбележан МеѓунароДниот Ден на заштита на озонската обвивка екологија

Македонија е во предност во движењето за заштитата на животната средина

Со работилница и промоција на брошура на тема „Енергетска ефикасност“ и кај нас беше одбележан Меѓународниот ден на заштита на озонската обвивка - кој годинава е

поврзан со одбележувањето на 25 години од усвојувањето на Монтреалскиот протокол. - Република Македонија од 1997 година е дел од семејството на членки на Протоколот, кој е единствен еколошки документ, усвоен од сите 196 земји-членки на Организацијата на Обединетите нации. Од тогаш во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање постои и Канцеларија за заштита на озонската обвивка која континуирано работи во насока на остварување на главната цел - редукција на 99 отсто од потрошувачката на супстанциите што го осиромашуваат озонот, рече по повод јубилејот министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од Монтреалскиот протокол, како што рече Адеми, нашата земја доби три престижни меѓународни награди на Програмата за животна средина при Обединетите Нации. Постојаниот координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП Диадра Бојд на министерот Адеми му додели плакета како потврда и признавање за улогата на ресорното министерство, Владата и граѓанското општество за заштитата на озонскиот слој за идните генерации. - Овде сум да и честитам на Владата и на сите инволвирани страни за напорите за зачувување на озонскиот слој. Благодарение на напорите на Владата во справувањето со овој проблем, Македонија е во предност во движењето за заштитата на животната средина, истакна Бојд. Министерството за животна

средина и просторно планирање, како што нагласи, вистински се заложи да ја подобри положбата на ова поле. - Неговата мала, но ефикасна озонска единица во соработка со агенциите на Обединетите нации успеа да ги стави во преден план безбедното управување и користење на хемикалиите во националните политики за одржлив развој, додаде Бојд. Министерот Адеми истакна дека плакетата е признание за вработените во ресорното министерство, за сите државни

институции во Република Македонија, за сите граѓани, невладиниот сектор, како и за сите поранешни министри. - Оваа плакета и овој настан денеска е пример дека кога сме конзистентни, кога продолжуваме со проекти кои почнаа можеби и пред неколку години, резултатите се присутни. Оваа плакета е пример за соработката на државните со меѓународните институции, кои ги поддржуваат ваквите активности и проекти, рече Адеми.

Page 56: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012356

56

хортикултура

ВЕГЕТАТИВНО РАЗМНОЖУВАЊЕ

Растенијата што ги посакувате, а не сте во можност да ги купите, можете да ги размножите во овој период од годината. Постојат два начина на нивно

размножување: вегетативно и генеративно. Вегетативното размножување е начин на размножување на нови единки од одреден вид по пат на вкоренување на живи делови

од конкретно матично растение. Оваа појава е резултат на големата способност на младите растителни ткива да ги оформат органите што им недостатсуваат, формирајќи здраво растение. Кога треба да се избира помеѓу вегетативното (безполово) и генеративното (полово) размножување предност се дава на вегетативното, поради големиот број на предности кои ни ги нуди. До

вакво размножување не се доаѓа по пат на оплодување и создавање на семе, а подоцна и на садење на семето, како и чекање на периодот на никнење како што природно се одвива репродукцијата во природата, туку станува збор за безполово размножување, со што во голема мера се зарбзува размножувањето. Друга предност на вегетативното размножување е тоа што во овој случај не доаѓа до оплодување

Филип ФИлИпоскИ, дипл.шум.инж.

За сигурен успех при вегетативното размножување многу е важно да се запазат одредени принципи при изборот на резниците што ќе ги вкоренуваме. За секој вид треба внимателно да се одбере видот на резници кои ќе се искористат за негово вкоренување (дали ќе бидат стеблени, лисни, коренови), за да се добијат посакуваните резултати. Треба да се избегнуваат делови кои се пребујни или слаби, инфицирани и заболени.

Page 57: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 57

57

екологија

и мешање на гените од двата родитела, туку настанува еден вид на клонирање на матичното растение. Друга предност е тоа што на овој начин може да се размножат видови кои не се способни да произведат семе во услови на нашето поднебје (не може да процвета, семето не дозрева на време и слично). За сигурен успех при вегетативното размножување многу е важно да се запазат одредени принципи при изборот на резниците што ќе ги вкоренуваме. Матичното растение од кое ќе бидат отсечени резниците треба да биде здраво, а резниците со нормална, препорачана големина (во зависност од видот 5 до 30 см.). За секој вид треба внимателно да се одбере видот на резници кои ќе се искористат за негово вкоренување (дали ќе бидат стеблени, лисни, коренови), за да се добијат посакуваните резултати. Треба да се избегнуваат делови кои се пребујни или слаби, инфицирани и заболени. Пред да се стават во супстрат, резниците треба да се подготват. Зависно од потребите на видот се сечат со одредена должина, а

потоа се отстрануваат поголемиот дел од листовите или се потсекуваат, за да се намали губитокот на вода при процесот на транспирација на листовите. Кај одрвенетите резници треба да им се отстрани кората во долниот дел, за полесно закоренување. Некои видови тешко се закоренуваат, па за таа цел е потребно да се користат фитохормони. Тие претставуваат хемиски стимулатори кои го иницираат закоренувањето. Најчесто се во прашкаст облик, а се користат со едноставно вронување на долниот дел од резникот што ќе биде под земја во хормонот, по што се пикира во супстратот. Многу е важно да се внимава и каков супстрат се користи за закоренување на резниците. Младите корени не се многу силни и затоа е најдобро супстратот што ќе се користи да овозможува непречен развој на коренот, односно тој да биде порозен. Најчесто, за подготовка на супстрат за вкоренување се користат два типа на материјал во сооднос 1:1. Како најкористени материјали се земаат тресет и песок. Исто така, многу е важно тој да биде дезинфициран

затоа што младите резници се многу подложни на инфекции и напади од штетници. Треба да се внимава веќе употребениот супстрат за вегетативно размножување да не се користи повторно без негова претходна преработка.

in VitrO разМножувањеРазмножувањето „ин витро“ претставува микровегетативно размножување со помош на делење на растителни ткива. Предностите на овој начин на размножување, во однос на класичното вегетативно размножување, се зголемениот раст, поцврсто дрво и поголеми пупки. Со оваа техника се добиваат совршено здрави резници, неоштетувајќи ги родителските (матичните) единки. Техниката на размножување ин витро се врши далеку од какви било микробиолошки или патолошки организми, во стерилизирани средини. Младите резници се одгледуваат во простории во кои се контролира светлината, температурата и влагата.

Вегетативно размножување на Sansevieria

Page 58: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012358

58

арт инфо гоДишна изложба на ателје „аДора“

Најмладите и најталентираните ја споделија својата креативност

На почетокот на септември во Паркот на езерата се реализираше годишна изложба на школата за рекреативно цртање, сликање и вајање ателје „Адора“. Школата за цртање постои четири години, во досегашното искуство имаме направено три годишни

изложби каде што е презенитрано работењето на различни возрасни групи на ученици во најразлични техники. Оваа година изложбата беше посветена на најмладите и најталентирани уметници. Учесниците беа деца на возраст од седум до 13 години и со најголемо задоволство ја споделија својата креативност и уметност. Школата за цртање, сликање и вајање работи по утврдена програма која овозможува запознавање и темелно проучување на техниките - пастел, туш, јаглен, молив, темпера, акварел, масло на платно, акрил и др. Часовите се одржуваат во пријатен уметнички амбиент кој се наоѓа на булеварот Јане Сандански. Прошетавме низ изложбата на ателје „Адора“ во Паркот на езерата во општина Аеродром. И навистина уживавме во цртежите на талентираните дечиња. Накратко поразговаравме со нив за нивната работа, интереси и желби.

Мила Младеновска (7). Мила, видно возбудена, пристигна прва уште пред да започне изложбата официјално. Таа ни кажа дека кога ќе порасне би сакала да стане уметник, а во моментов ужива да црта животни и природа.

Page 59: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 59

59

арт инфо

Ања Митрева (8). Ања е едно од помалите девојчиња во групата. Најмногу сака да црта животни. Сè уште не знае дали цртањето би останало само хоби или можеби нејзина идна професија во животот. Но, има време, сигурни сме дека со тек на време ќе го направи вистинскиот избор.

Мелани Маријановиќ (9). Малата Мелани ужива да црта портрети на девојки. Сега за сега, желба и е да биде уметник, а црта веќе една година.

Душана Петреска (10). Душана црта веќе две години. Сака да црта девојки и цртани ликови – принцези. Црпи инспирација од целата околина. Во иднина би сакала да има и своја индивидуална изложба.

Лара Крстеска (10). Започнала со цртање пред неколку месеци и мора да забележиме дека и оди одлично. Сака да црта животни и природа. Во иднина, љубовта кон цртањето би ја комбинирала со професијата што сака да ја работи – моден дизајнер.

Дејан Зафировски (25). Ни го претставија како едно од „повозрасните деца“. Заради работни обврски паузира со сликањето веќе една година. Ова е негово хоби уште од дете, кога имал само пет години. Се обидувал неколку пати досега да конкурира со своите цртежи во странство, но не добил никаков одговор. Неговите цртежи се навистина фасцинантни, а во иднина би сакал да има и сопствено ателје.

Горазд Данчевски (11). Горазд црта веќе две години и најмногу сака да црта природа. Би сакал да стане уметник, па можеби за некоја година ќе може да посетиме и негова лична изложба.

Page 60: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012360

60

музеи букурешт

Музејот на романскиот селанец - тивок ритуален домРедовите од црвена тула, големите прозорци под лаковите, елегантната силуета на главната кула која потсетува на камбанариите на старите манастири, го прават музејот палата на убавата уметност

кате анТевска, историчарка на уметност

„Не знаеме како другите се чувствуваат, но ние се чувствуваме дома во нашиот музеј. Еден поглед во собите со сликани

ѕидови, преполни со убавина, уредени со едноставни фамилијарни предмети, е доволен да бидеме среќни“. Ова се впечатоците на вработените од Музејот на ромаскиот селанец во Букурешт, кој ја има добиено престижната награда Европски музеј на годината. Приказната за селанецот од Романија е многу подлабока отколку што се чини на прв поглед. Старите селани не биле опкружени со премногу работи околу себе. Имале неколку предмети, кои не биле премногу декоративни, безлични, ниту пак неоргански. Приказните кажуваат дека во секој скромен дом, секојдневните алатки имале моќ да спасат од смрт. Некогаш, се верувало дека трагичните случувања ја

пренесувале енергијата токму врз нив, па затоа овие навидум обични садови добивале неочекувана моќ, која се пренесувала и врз домовите. Затоа, овој жив музеј, кој е замислен да им пркоси на мртвите работи, всушност ги доловува магиските значења и приказани без зборови. Конструкцијата на музејската зграда, вклучувајќи го и нејзиниот дизајн, е направена од автохтон стил, кој наликува на типичен манастирски ентериер. Изградбата е завршена во 1941 година и е пример на т.н. нео-романски стил кој е инспириран од традиционалната романска архитектура од 17 век. Таа е дело на архитектот Н.Гика Будешт, водечки член на автохтоната архитектонска школа. Внатрешноста е декорирана со многу флорални и зооморфни мотиви. Редовите од црвена тула, големите прозорци под лаковите, елегантната силуета на главната кула, која потсетува на камбанариите на старите манастири, го прават музејот палата на убавата уметност. Впечатлив,

Музејот на романскиот селанец во Букурешт

Ентериер

Page 61: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 61

61

музеи

раскошен, но и тивок дом на секој што ќе го посети. Во 60-тите години на минатиот век кон главната градба е изграден нов дел со канцеларии и помошни соби, карактеристичен за уметноста во периодот на романскиот комунизам, кој е во тотална дисхармонија со стилот на Будешт. Музејот на романскиот селанец е најбогатиот музеј во Романија со повеќе од деведесет илијади експонати. Поставките не се конципирани хронолошки, туку се групираат според намената и симболичното значење на предметот, што прави посетителот да влезе во еден поинаков музејски свет, кој не бара само голо набљудување на експонатите, туку откривање на нивното скриено, понекогаш и ритуално значење. Керамичката колекција има парчиња од 19 век, кои потекнуваат од цела Романија. Колекцијата на костими, пак, е исто разновидна со облеки од сите провинции на државата. Некои од овие парчиња биле донирани или подарувани на познати личности. Драгоцени експонати се и декоративните ентериерни парчиња, дрвото и мебелот, како и збирките на куќи и капии направени од Антоние Могос и религиозните предмети. Неодамна, во рамки на Музејот на

романскиот селанец започна проект кој предвидува формирање на Музеј на детеството. Едно поинакво патување низ детските сеќавања, кое треба да одговори на прашањата за почетокот и крајот на детското време. Се на се, интересен музеј, нетипичен, излезен од оската на баналноста. Тоа го потврдуваат и оние што го посетиле, најрекувајќи го, ни помалку ни повеќе, „најубавиот музеј во светот“.

Ентериер

Традиционална облека

Керамика од Музејот

Page 62: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012362

62

совети

Дом во 25м2Есенва, сопругот и јас се вселуваме во гарсониера од 25м2 и во неа треба да го организираме нашиот дом. Важен ни е секој сантиметар, па ве молиме за совет околу уредувањето на овој мал простор.

Катерина и Владо Соколовски, Куманово

Исправно поставениот мебел е гаранција за чувството на комфор во домот. При организацијата на просторот, мебелот не го поставувајте да пречи при

движењето, пред вратите или пред друг мебел кој често се користи. Мебелот за седење нека биде расклопен така што може да се користи и за спиење. Ѕидовите затворете ги со мебел што е можно помалку за да не се намали просторот визуелно и да не се добие ефект на затворен простор кој притиска. Најдобро е мебелот да се групира тематски, а комуникациите да се ослободат за непречено движење. Десно од влезот, врамен во комоди кои се

отвораат одозгора и можат да служат за складирање на многу работи, поставете го расклопниот тросед. Дење тој ќе служи за седење, а ноќе за спиење. За да обезбедите непречена комуникација и повеќе простор во бањата, вратата од бањата заменете ја со шибер врата.Во нишата, до балконот, организирајте кујна, а трпезариската маса поставете ја на ѕидот до балконските шибер врати. Веднаш до бањата формирајте помирен дел за читање и слушање музика во кој ќе го сместите плакарот и релакс фотелјата што симболизира удобност и никогаш не излегува од мода. Не внесувајте премногу декоративни работи во просторот. Не трудете се на

секаквите работи да им најдете место во станот. Едноставно, ослободете се од непотребните предмети и нередот. Дури и кога е сè на свое место, покрај многуте работи, домот изгледа неуредно и амбиентот не може да ве опушти.

Билјана сТевковска-савИЌ, дипл.инж.арх.,

[email protected]

пред

потоа

Page 63: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

Кинеската архитектура веќе подолго време е во експанзија. Кина досега понудила цела низа ремек-дела, почнувајќи од Кинескиот

ѕид, преку Олимпиското село и стадионот „Птичје гнездо“, па се до цели градови специјално изградени за популација од над 100.000 луѓе. Деновиве Кинезите повторно го привлекоа вниманието на архитектите ширум светот, а би рекле и на обичните луѓе. Откако започна да се гради т.н. „Порта на Истокот“ во градот Суџоу, многумина ставија цртка на уште едно епохално здание. Но како што структурата наближуваше кон врвот, впечатокот се покажа погрешен. Наместо триумфална капија, каква што има во многу велеградови низ светот, новиот кинески градежен момент наеднаш се претвори во голем прашалник, додека за нас во адекватен материјал за најчудните градби. Сепак, непристрасните посматрачи укажуваат дека станува збор за објект кој во градежна смисла ги поседува сите квалитети. Поагајќи од металната конструкција преку стаклените површини

се до модерната еко-градежна компонента, објектот е убав и привлечен. Но, тоа беше до првите 10-ина катови кога фантазијата на секој човек укажуваше на голема триумфална порта, а сега, при крајот, погледот кон облакодерот го буди прашањето...зарем ова не се големи панталони?! Напливот од критики стана голем кога еден корисник на Твитер објави фотографии и напиша дека објектот треба да се вика „Гаќите на Истокот“, по што следеа уште поенергични и безобразни наслови. Објектот од технички аспект ќе има 74 ката, а вкупната инвестиција ќе чини 445 милиона фунти. Најчудно е што за ваквиот статус на новото кинеско чудо, „најзаслужно“ е британското студио „РМЈМ“, кое е дизајнер на објектот и ужива голем углед меѓу ерхитектите низ светот, бидејќи станува збор за реномирано студио формирано во Единбург, во Шкотска во 1956 година. Иако тие се обидувале да појаснат дека објектот е одраз на моменталниот статус и значење на Кина во светот, малкумина го сфатиле тоа позитивно. Без оглед на се, Кинезите познати по својата традиција

и чесност, поточно фирмата „Суџоу Чајнинг“ ќе продолжи да го финансира објектот што треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2012 година. Сличен е проблемот и со новиот кинески медиумски центар „Феникс“, кој заеднички со „Порта на Истокот“ се предмет на многу подбивања, бидејќи станува збор за уште една 55-метарска зграда која за многумина има форма на познатиот англиски пудинг. „Порта на Истокот“ која ќе биде висока 300 метри, ќе биде највисоката зграда во провинцијата Џиангцу. За споредба за каква структура се работи, доволно е да се знае дека ќе биде шест пати поголема од Триумфалната порта во Париз. Покрај овие 74 ката, објектот ќе има четири подземни нивоа за паркинг и два ката на врвот, кои ќе бидат ботаничка градина, со што севкупно објектот ќе има 81 кат. Без оглед на коментарите, злобни или позитивни, Кинезите од другите провинции се меѓу првите туристи, кои читајќи ги објавите на Интернет, побрзаа да ги видат новите „панталони“ на Истокот. Секако, за нив тоа е „Порта на Истокот“, додека за западните посетители, обични „гаќи“ кои некој џин си ги заборавил во Кина.

Tриумфална капија или џиновски панталони?! Драган РИсТов

Page 64: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012364

64

1. remedios Simon e дизајнерот на лустерoт Spiro, именуван според деликатно изработените концентрични модули од фурнир низ кои продира светлината.

2. Кинескиот архитект ma Yansong го дизајнирал овој послужавник за alessi, изработен од не`рѓосувачки челик и дрво.

3. Софа инспирирана од боровите дрва во Villa Borghese во Рим. Металните ногалки се претвораат во гранки кои служат како потпора на задниот дел од софата. Дизајнот е на noe lawrance.

4. Столици од Paolo rizzato наменети за внатрешни и надворешни простори, направени од метални ногалки и 100% рециклирана пластика која го блокира УВ зрачењето со што се спречува губењето на бојата.

подготви: сандра Дончева ТеоХаРова, дипл.инж.арх.

1

излог

3

2

Page 65: Porta3 191

21 септември 2012 ПОРТА3 65

65

излог

3

4

Page 66: Porta3 191

ПОРТА 21 септември 2012366

66

спортски храмови “Oil dOmE” - еДМонтон, канаДа

сашо куЗмановскИ

Нафтена капка над Едмонтон

Инспирација за дизајнот на новата арена во Едмонтон е капка нафта! Да, легендарните Едмонтон Оилерс, еден од најпопуларните

хокеарски клубови во Канада, наскоро ќе се преселат во нова арена која има дизајн како и прекарот на клубот. Сопственикот на Оилерс, Дерил Кац, вели дека дизајнот е идеја на клубот, која подоцна беше разработена од “360 Аrchitecture”, кои стојат зад комплетниот проект. Групацијата

“Katz” стои зад финансирањето на проектот, но соодветни субвенции се очекуваат и од градот Едмонтон. Изградбата на „Оил Дом“ треба да го претстави Едмонтон како прогресивен град, но и центар на еден од најголемите светски нафтени региони. Покривот на објектот во вечерните часови ќе свети како разлеана нафтена капка и ќе ѝ даде сосема поинаква визија на арената. Многумина, по прикажувањето на проектот, ја нарекоа арената и нафтена купола, но тоа ќе остане како дилема за оние што први ќе ја посетат. Комплетната сума потребна за изградба

на „Оил Дом“ е околу 450 милиони долари, но засега нема никакви конкретни пресметки, затоа што целиот проект е сè уште на одобрување кај градските власти во Едмонтон. Капацитетот на арената ќе биде 18.500 места, а отворањето е предвидено за сезоната 2015/16 во НХЛ лигата. „Оил Дом“ ќе биде исклучиво хокеарска арена, а се очекува да генерира нови 120 вработувања. Во рамките на арената ќе биде преселен клупскиот музеј, ќе се отворат два фан-шопа, ресторан, две бистроа, а ќе има и голем канцелариски простор.

ФакТИ за „ОИЛ ДОМ“ - Едмонтон, Канадакапацитет: 18.500 места период на градба: 2012-2015Цена на градба: 450 милиони долари придружни објекти: ресторан, фан-шоп, бистроа, канцелариски просторииДизајн: 360 ArchitectureИнвеститор: Katz Group

Page 67: Porta3 191
Page 68: Porta3 191