12
NO. 29

S-Work No.29 February

  • Upload
    ngostar

  • View
    222

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Sex Work is Work

Citation preview

Page 1: S-Work No.29 February

NO. 29

Page 2: S-Work No.29 February

10 000 мажи и сеуште бројам...

Гвинет Монтенегро избрала да работи како ескорт дама, а пред да се повлече од оваа професија еден час со неа чинел 1000 долари.Престанала да работи пред 3 години и вели дека не жали за ништо, но доколку би можела да се врати 20 години назад, некои работи би ги направила поинаку.На 19 години станала стриптизета, а на 21 година елитна проститутка.Иако тврди дека растела во побожно христијанско семејство, таа се определила за оваа работа. Заработувала од 500 до 1000 долари на час, а сега се одлучила да ја објави книгата за животот кој го живеела.Гвинет цело време ги лажела родителите дека се занимава со манекенство, но кога имала 24 години преживеала сообраќајна несреќа и се им признала на родителите.

Page 3: S-Work No.29 February

Нејзината нормална недела била преполна со секс, алкохол, дрога, а ниту оргиите не и биле непознати. Воглавно работела во Мелбурн, но станала позната низ целиот свет, па затоа патувала и авионски до некои клиенти, меѓу кои имало и адвокати, музичари и политичари.„Најубаво искуство ми беше кога едно момче ме изнајми да му правам друштво на Бора Бора, тој ме третираше како човечко суштество и го искористив тоа искуство да се одморам од се.“ - вели Монтенегро.Таа подоцна одлучила да ја промени својата професија и да стане пилот на 29 години, но бидејќи и откажал едниот бубрег морала да се повлече. Сега е партнер во бизнис за логистичко програмирање.Гвинет Монтенегро не е нејзиното вистинско име, под тој псевдоним таа ја напиша книгата „10 000 мажи и уште бројам” во која детално го опишува својот живот како ескорт дама.Сепак Гвинет во неколку интервјуа има контрадикторни ставови околу сексуалната работа, еднаш дека е среќна што тоа го работела, а друг пат дека се кае за изборот. Но во последните нејзини медиумски појавувања таа вели дека се кае што работела како ескорт дама.

Page 4: S-Work No.29 February

ЕСКОРТ ДАМА И НА 96 ГОДИНИ

96-годишната Мили Купер се преселила во Лас Вегас во 1945 година и во ескорт кариерата спиела со 3500 мажиЛАС ВЕГАС - Мили Купер има 96 години и работи како дама за придружба. Неделно има по двајца клиенти, а секоа придружба ја наплатува и до 1500 долари. Годишно заработува 100000 долари и е задоволна со својата заработувачка. Со таа професија се занимава уште од крајот на Втората светска војна, а почнала откако нејзиниот сопругот ненадејно починал.Од Лондон на 27 години се преселила во Лас Вегас откако се вљубила во еден богат Американец. Откако тој ненадејно починал, поради себе и поради својата ќерка морала некако да се снајде бидејќи веќе немала никакви извори на приходи.Отворила сопствена агенција и договарала средби со девојките кои работеле за неа. Иако имала пауза од 25 години и не се занимавала со придружба, одлучила да се врати на старата работа, но овој пат самостојно.„Денешните девојки одат по градот слаби, речиси голи и имаат големи гради. Целата индустрија стана одвратна, јас барем одржувам некакви стандарди. Облечена сум елегантно, а мојата клиентела ја сочинуваат фини господа”, вели Мили.

Page 5: S-Work No.29 February

10 фотографии против стигмата врз квир сексуалните работнициБенџамин Фридриксон отрки моќно оружје во борбата против стигмата врз квир сексуалните работници: леќите на неговата камера. Искрените и често реалистични фотографии на Фридриксон ги опфаќаат годините кога тој работел како сексуален работник во Средниот запад на САД како и неговото искуство со сероконверзија (периодот во кој личноста продуцира детектирачки ХИВ антитела). Сликите овозможуваат прогонувачки суров опис на интимноста која ги преиспитува хетерохормативните препоставки за геј животот.

Page 6: S-Work No.29 February

Фридриксон го започна фотографскиот проект во 2005 пред да стане сексуален работник, затоа што бил незадоволен од начинот на кој медиумите ги претставувале геј телата. „Започнав да ги фотографирам моите пријатели, познаници, клинети и себе си. Ние не можевме да се вклопиме во мејнстирм „калапот“ - изјави тој за Мик. Подоцна, тој започна да работи во секс индустријата.

Page 7: S-Work No.29 February

„Како што напредуваше проектот, јас станав сексуален работник што ме инспирираше уште потемелно да го документирам мојот сексуален живот и ми помогна да го финасирам проектот. Беше навистина интересен дел од мојот живот. И откако дознав дека сум ХИВ позитивен, проектот повторно се измени“- вели тој. Сликите на Фридриксон ги уриваат стереотипите. Тие претставуваат разни типови тела во различни состојби на голотија, ја уништиваат погрешната перцепција дека сите геј тела се слични. Неговите модели, иако сите позираат кршливо, имаат различна појавност. Некои се млади и мускулести, другите се созреани и тетовирани.

Page 8: S-Work No.29 February

Овие фотографии исто така помагаат во уништувањето на стигмата која постои врз геј сексуалните работници, група на луѓе која е двојно маргинализирана поради изборот на професијата и сексуалноста. Иако медиумите ги портретираат геј машките сексуални работници како сомнителни ликови кои дремат на камјонџиски паркинзи, фотографиите на Фридриксон даваат освежувачка алтернатива, која вклучува интимност и фамилијарност.

Page 9: S-Work No.29 February

Изреки од познати личности за сексуалната работа

„Можеш да ја забраниш проституцијата, но неможеш да ја направиш непопуларна.“ -Martin Behrman

„Слободата и сексуалните работници се најкосмополитски елементи под сонцето.“-Georg Büchner

„Неможам да разберам зошто проституцијата е нелегална. Продавањето е легално. Сексот е легален. Тогаш зошто продавањето секс е нелегално!? Во тој случај, зошто треба да биде нелегално да продадете нешто што е совршено легално да го подарите?“-George Carlin

Page 10: S-Work No.29 February

„Земја без бордели е исто што и куќа без тоалет.“-Marlene Dietrich

„Проститутките се обвинуваат дури и од страна на феминистките зошто го продаваат своето тело, но тие не го продаваат своето тело, тие го изнајмуваат. Домаќинките се тие кои го продаваат своето тело откако ќе се омажат“. -Florynce Kennedy

Page 11: S-Work No.29 February
Page 12: S-Work No.29 February