14
Октомври N O . 37 S-WORK

S-Work No.37

  • Upload
    trajan3

  • View
    231

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Online Magazine by NGO Star-Star Skopje, Macedonia.

Citation preview

Page 1: S-Work No.37

Октомври N O. 37S-WORK

Page 2: S-Work No.37

2

Филип има 31 година, висок е 182 сантиметри, смеѓ и згоден. Живее во Белград. По професија е фризер и две години е во среќна врска со Милош, правник во една мултинационална компанија. Веќе 4 години, Филип патува во Германија каде што за еден месец заработува поголема сума од своите дванаесет плати заедно во фризерскиот салон. Во Германија, не шиша и не извлекува прамени. Таму работи како сексуален работник. Ако го занемариме сеопшто исмејуваниот термин „проститут“ или „машка курва“, Филип за себе вели дека е сексуален работник кој нуди сексуални услуги. Според него „курвар“ претставува сосема нешто друго. Тоа е „прав маж“, кој трча по девојки со кратки здолништа и запишува цртички на креветот чекајќи ја онаа вистинската за него да се појави во вистински момент и која ќе успее да го смири, среди и смести во топло фамилијарно гнездо.

На Филип воопшто не му е непријатно да разговара за својата „сезонска“ работа во Германија. Инаку, сезоната обично му започнува околу католички Божик и Нова Година, кога луѓето традиционално се повеќе подготвени да потрошат повеќе.

„Во Хамбург, Хановер и Келн, сега веќе имам постојани клиенти на кои им го најавувам моето доаѓање. Милош знае со што се занимавам додека сум таму, и парите кои ги носам дома ги затвора сите кавги за тоа дали тоа што го работам е ОК или не е. Активните ескорт момци се подобро платени од пасивните. Постојат луѓе кои се спремни за секс да платат и до 400 евра.

Филип не се чувствува како жртва, искористена личност, принудена да го продава своето тело. Тој вели дека луѓето кои се подготвени да платат многу за секс, ги смета за несреќни. Слично мислење го делат повеќето мажи кои се занимаваат со сексуалната работа. На Балканот, според стереотипите жената која наплатува за секс се наоѓа на дното на социјалната скала. За мажите и не е толку страшно. Многу е полошо ако мажот не е во состојба да заработи доволно за своето семејство. Во септемврискиот број на магазинот GQ објавен е текст за сексуалното вознемирување на мажите во војска. Според податоците на Пентагон, отприлика околу 38 мажи се сексуално вознемирувани и злоупотребувани секој ден. Мажите речиси не се препознаваат како жртви на сексуална злоупотреба, како што е најдобро илустрирано од страна на насловот на статијата: „Сине, мажите не силуваат“.Интересен е фактот што многу често клиентите не знаат дека платиле за секс со маж. Тоа најчесто се травестити и трансексуалци, мажи кои ја работат сексуалната работа како жени. Ваквото изненадување, ги прави клиентите во најмала рака наивни. Ова најчесто се случува на отворена сцена.

Ако сте повеќе онлајн тип, интернетот е преполн со огласи во кои мажи нудат сексуални услуги на мажи. Меѓутоа, огласи во кои мажи нудат сексуални услуги на жени, до сега не сум пронашол.

Машката ВИП сексуална работа е омилена тема на таблоидите и често е на насловните страни, откако ќе снема материјал за политика, медиумите бараат инспирација за медиумски линч на одредени познати личности. Многу често во рубриката за трач можете

Како живеат машките сексуални работници на Балканот

Page 3: S-Work No.37

3

да прочитате како поранешни високи партиски функционери, директори на големи јавни претпријатија, државни секретари, дури и министри плаќаат за секс со други мажи, или пак овие услуги ги нудат бесплатно.

Сања Кљајич од Центарот за заштита на жртвите од трговија со луѓе кажува дека треба да се разликува принудната сексуална работа од доброволната. Најчесто луѓето кои се занимаваат со оваа работа се наоѓаат на маргините во општеството. Многу често, се случува ни самите тие да не знаат дека се жртви на експлоатација, бидејќи потекнуваат од сиромашни околини, погодни за манипулација, а со самото тоа се сексуално злоупотребувани. Постојат мажи кои сепак се занимаваат доброволно со оваа работа бидејќи тоа едноставно ги возбудува, и кои сметаат дека сексуалната работа им носи поголем профит.

Во сексуалната работа не се само хомосексуалци. Постојат и жигола, како што е случајот со Славиша Лазич, познат како Џанкарло, најпознатиот жиголо во Србија, кој има изјавено дека покрај парите, златните ланци и Ролекс часовниците од една, највероватно задоволна клиентка, на подарок добил и стан. Според него, најдобрата сезона за работа му започнува секогаш околу 8 Март, денот на жената. Џанкарло вели дека секогаш покрај грижата за физичкиот изглед, многу е важно образованието за успехот на еден жиголо. Тој редовно ги запишувал своите романтични реченици и нежни лирски стихови, бидејќи смета дека романтичната атмосфера е она за која дамите првенствено плаќаат, па потоа следува сексот. Неговите услуги ги користат дами во своите 50-ти години, но вели дека имал и клиентки кои биле и многу постари.

Она што во Тајланд и Амстердам е вообичаено мажите да ги посетуваат улиците со црвените фенери, за Јамајка е вообичаено средовечните жени да бараат мажи. Дури и на аеродромите ги чекаат згодни, шармантни млади момци кои се вљубуваат во нив на прв поглед. Насмеаните дами често знаат да платат и повеќе од доволно за времето поминато со овие момци.

Основниот проблем кој го имала оваа гранка од сексулната работа низ историјата е решена со Виаграта. Синото апче значително ја олеснува работата на мажите кои ја работат оваа работа. Ерекцијата, која порано прецизно покажувала да, ако лаже кожа, не лаже рог, денес престанува да биде мерило за слаткоречиви изјави на љубов и другите сексуални услуги кои се наплатуваат во денешницата.

Page 4: S-Work No.37

4

Парада на гордоста: Белград во боите на виножитото, учесниците задоволни: „Ова е првата вистинска Парада!“

Во Белград, минатиот месец на 20.09.2015 беше одржана Парада на гордоста и Парада на гордоста на транс-лицата, како и традиционалното движење од владата на Србија до Градската општина. И двата настани поминаа без поголеми инциденти, додека пак центарот на градот во текот на целиот ден бил обезбеден од полицијата.

Член на Организацискиот одбор на Парадата, Бобан Стојановиќ во едно од неговите интервјуа изјавил дека е презадоволен од овогодинешниот настан, оценувајќи го за прва вистинска парада на гордоста.

„Ова е прва вистинска Парада, се шетавме по главните улици, насекаде се вееја знамиња, луѓето беа среќни, се слушаше музика од камионите, беше весело и шарено и тоа е всушност „Прајд“, изјавил Б.Стојановиќ.

Тој изјавил дека е особено среќен што за време на Парадата е пренесена и друга порака – да бидеме солидарни со мигрантите кои се наоѓаат неколку метри од трасата на Парадата, проблем кој не смее да се игнорира.

Проблемот со кои се соочуваат мигрантите може да му се случи секому, и токму тоа е идејата на ЛГБТ популацијата – солидарност.

Тој истакнал дека за време на одржувањето на Парадата сè поминало во најдобар ред и немало поголеми инциденти во центарот на градот.

На Парадата на гордоста присуствувал и лидерот на една владина партија Чедомир Јовановиќ.

„Дојдов за да им пружам поддршка на овие луѓе затоа што сметам дека секој има право на живот во согласност со својата определеност, особено што е јасно дека тоа воопшто не ги загрозува другите. На Парадата присуствувам секоја година, бидејќи тоа ми е многу важно. Минатите години излегувањето на Парадата беше еднакво со излегување на борбен фронт. Денес, тоа не е така, затоа сакам да ја изразам целата моја почит спрема оние кои ова го овозможија“, изјавил Јовановиќ.

Според неофицијални извори, на Парадата учествувале околу 1000 луѓе, кои за време на целиот настан биле постојани обезбедувани од страна на полицијата.

Учесниците на настанот носеле знамиња со боите на виножитото, а органзаторите носеле голем транспарент со мотото: „Мои права, мои барања“.

Обраќајки им се припадничата на транс и ЛГБТ популацијата, поборничката на правата на транс-лицата, Хелена Вуковиќ ја истакнала потребата за сензибилизација на Државниот завод за вработување и други социјални и здравствени услуги, кои постојано имаат контакт со транс-лицата.

Page 5: S-Work No.37

5

„Никој не е слободен додека не сме сите слободни, а се надеваме на подобро следната година“, изјавила Хелена која смета дека во последните 9 месеци, откако таа излегла во јавност како транссексуалец, се зголемила видливоста на овие луѓе во општеството.

Хелена претставува симбол на борбата за еднаквост и правата на трансродовите луѓе во Србија, мајор во пензија на Армијата на Србија. Хелена Вуковиќ, иако таа самата негира, сепак е најпрепознатлива меѓу транс заедницата во Србија, но и пошироко во регионот. Таа е препознатлива по својата храброст за повеќето јавни борби кои ги имала против дискриминацијата која таа лично ја има доживеано во Српската армија . Хелена е првата личност во историјата на транссексуалните лица кои биле поканети на средба од страна на Националниот парламент.

Парадата на гордоста на транс-лицата е првата манифестација од таков тип која се организирала во Београд. Притоа, Хелена ја испратила својата порака до надлежните институции.

„Ова не е само Парада на гордоста организирана на едно место со богата програма. Пораката е, всушност, дека ние сме тука, ние постоиме, но ние не сме се уште легално признаени. Поради тоа, во согласност со ова се и нашите барања кон владините институции. Се разбира, нашите барања ги изнесуваме на наш својствен начин, преку сето ова шаренило и бои кои го покажуваат и одразуваат богатството на различностите„.

Сепак, за време на парадата пред црквата Свети Марко во Белград, се собрале и околу 70 луѓе кои протестирале против одржувањето на Парадата на гордоста. Во моментот кога учесниците се доближиле токму до ова место, поповите кои бил дел од демонстрантите започнале да го чадат местото.

Парадата завршила во Пионерскиот парк во 13 часот попладне. Повеќето граѓани, дури 88%, не ги поддржуваат насилствата врз припадниците на ЛГБТ популацијата, покажува истражувањето кое било спроведено во јуни.

Ова истражување било спроведено од страна на агенцијата „Ипсос стратешки маркетинг“, чии резултати покажуваат дека процентот на граѓани кои се против насилство во споредба со минатогодишното истражување е поголем, кога беше 84 %. од граѓаните на Србија.

Page 6: S-Work No.37

6

Page 7: S-Work No.37

7

Урбаниот центар за правда (UJC) преку својот проект за сексуалните работници (SWP) го објави првиот извештај во САД во кој се испитува работата на сексуалните работници на затворена сцена. Проектот „Зад затворени врати“ ја анализираше сексуалната работа на затворена сцена во Њујорк, вклучувајќи интервјуа со сексуалните работници кои работат самостојно или во бордели, ескорт агенции и приватни клубови. Во извештајот се нагласува екстремното насилство кое сексуалните работници го доживуваат од своите клиенти и опасните влијанија од изолацијата и стигмата со кои тие се соочуваат.

Според извештајот, 46% од сексуалните работници доживеале насилство во текот на нивната работа, а 42% биле загрозени или тепани поради фактот дека се секусални работници. Покрај тоа, 14% пријавиле насилство во полиција, а 16% биле сексуално злоупотребувани од самата полиција. Сара, учесник во едно од интервјуата вклучени во самиот извештај опишува ситуација во која нејзиниот клиент со себе носел нож: „Клиентот кој влезе имаше нож. Стоев во ќошот, имав големо претчувство дека ќе бидам нападната и силувана... Не отидов во полиција да го пријавам, бидејќи така ќе знаат што всушност работам“.

„Многу од луѓето/клиентите се навистина бездушни кон сексуалните работници“, вели Јуху Тукрал, директор на проетот за сексуални работници, кој смета дека ова ниво на насилство е неприфатливо, иако сексуалната работа не е легализирана.

Уште една учесничка во овој проект, Летиција, додава во извештајот: „Само сакам да се најде начин да ни се помогне со проблемот кој го имаме со полицијата...нас ни е потребно некој што ќе не заштити доколку се случи некој да не претепа. Тука, полицијата не ве апси, тие си играат со тебе мислејќи дека ве поседуваат“.

8 % од испитаниците според извештајот претпреле некаков вид насилство. Повеќето од жените изјавиле дека им се заканувале, биле тепани, силувани или пак нивната заработувачка била одземена од макроата. Интервјуираните испитаници биле на возраст од 19 до 54 години вклучувајќи жени, транссексуалци и мажи. 40 % од нив се родени надвор од САД.

Дури 67 % од испитаниците започнале да ја работат сексуалната работа, поради неможноста да пронајдат друга работа која ќе им ги покрива секојдневните трошоци. Дел од нив пред да се вклучат во оваа работа,

Сексуалните работници на затворена сцена се изолирани и стравуваат од насилства

Page 8: S-Work No.37

8

работеле како келнерки или чистачки. Тие како имигранти без дозволи за работа ја гледаат сексуалната работа како најдобра економски одржлива опција. Бидејќи сексуалната работа е незаконска, многу често резултира со екстремна изолација на сексуалните работници, која пак претставува бариера за пристапот до правни, финансиски, образовни, здравствени и други потребни услуги. Сексуалните работници објасниле дека стравуваат од потенцијално апсење од страна на полицијата и сите негативни последици кои следуваат потоа, објаснувајќи дека им е потребна поддршка и полесен пристап до социјални, правни и здравствени услуги.

Инцијативата за подобрување на животните услови во Њујорк, отсекогаш ги опфаќала сексуалните работници во својата мрежа. Сепак, Тукрал нагласува дека „овие операции резултираат со апсењата од страна на полицијата кои ги дестабилизираат животите на многу сексуални работници.” Ваквата активност ја плаќа исклучително високата цена на јавноста, при тоа се губат вредни ресурси во општеството”, додаде Мелиса Дитмор, ко-автор на извештајот. „Ригорозното полициско работење создава атмосфера на страв и изолација што ги спречува сексуалните работници да пријавуваат насилство и други кривични дела“.

Тукрал има за цел, градот да направи две работи: насилството врз сексуалните работници да се сфати како сериозна работа од страна на полицијата; и да понуди соодветно долгорочно решение за овој проблем. „Јасно е дека постои потреба за јавна дискусија околу проблемите со полицијата и насилството. Треба да се слушне гласот на сексуалните работници, со цел ефикасно и продуктивно да се одговори на потребите и проблемите со кои се соочуваат во заедницата“.

Page 9: S-Work No.37

9

Добредојдовте во светот на необичниот интернет форум за оценување на сексуалните работници

„Со овој завршив навистина многу брзо за 40 долари“.

Во својата критика на нејзината услуга на форумот за оценување на сексуалните услуги во Монтреал, клиентот под прекар „Дрк***“ кажува дека иако сексуалната работничка Ени* не е баш некоја убавица, меѓутоа многу добро си ја работи својата работа за малку пари.

Добредојдовте во светот на интернет форумот на сексуалните работници кој им овозможува на членовите да разговараат за изгледот и вештините на сексуалните работници и да ги оценуваат.

Но, како и кај другите услужни дејности, така и во оваа, често има негативни крититки на Интернет кои имаат конкретно влијание на еден бизнис.

Целта на интервјуирањето на некои од сексуалните работници и клиенти е да се истражи колкаво е влијанието на овие форуми врз нивната работа особено поради присуството на вулгарниот речник.

Интересно е тоа што самите сексуални работнички не го осудуваат овој форум и воглавно тврдат дека истиот има многу позитивни страни.

Page 10: S-Work No.37

10

„Тука, сексуалните работници имаат можност за економско осамостојување, ги делат ресурсите со други сексуални работници во поглед на безбедноста“, кажува Одри Гарсија*, бивша сексуална работничка и локален организатор на монтреалската група за односи со јавноста „Стела“. „Сексуалните работници се навистина важна алатка“.

Таа кажува дека за сексуалните работници (кои се нарекуваат уште и работници кои нудат услуги), овој форум за оценување претсавува корисна платформа преку која тие можат да комуницираат една со друга и да разменуваат совети и жалби.

Исто така има и финансиската добивка. „За некои сексуални работници, ова претставува единствено место каде што можат да се огласуваат, бидејќи огласувањето по други Интернет страни може да биде мнгоу скапо“, изјавува Гарсија.

Page 11: S-Work No.37

11

Меѓутоа, Гарсија вели дека со новите построги закони за сексуалната работа во Канада, според кои огласувањето на сексуалните услуги како и користењето на истите (меѓу многуте други видови на давање на сексуални услуги) претставува криминален акт. Со ваквиот закон, се намалува посетата на овие интернет страни и форуми, при тоа се ограничува и разговорот кој може да го водат корисниците. Иако, повеќето интернет форуми за сега својот спас го гледаат во правење на хостинг надвор од земјата, во некоја законска сива зона, сепак многу од корисниците се исплашени и се помалку ги посетуваат овие страни.

Иако речникот на овие форуми е најчесто вулгарен и шовинистички, сепак Гарсија вели дека тоа е одлика на слобода во говор поради анонимноста на оценувачите. „Како и на секој друг интернет форум, луѓето зборуваат на начин на кој не би смееле да зборуваат во своето друштво со реално присутни луѓе. Користат речник кој никогаш не би го користеле во други ситуации, си даваат слобода, која можеби во своето секојдневие ја немаат“.

Гарсија вели дека овие коментари не се ништо полоши од оние на другите сајтови посветени на други теми и професии. „Студентите ширум земјата даваат оценки за своите професори, коментирајќи како професорот изгледа, како се облекува и сл. Ваквите коментари ја објективизираат личноста, но тоа не значи дека форумите за оценување на сексуалните работници во тој поглед се полоши“.

Што се однесува на клиентите, сексуалните работници велат дека овие сајтови може да послужат како некој вид заштита на потрошувачите. „Сум слушнала многу приказни од клиентите кои ангажирале некој, а токму таа личност ги ограбила или пак не била она што тие очекувале да биде“, објаснува Серпент Либертин, поборничка на правата на сексуалните работници во Чикаго.

Но, жените се сложуваат дека системот на оценување има и темна страна. „Еден од проблемите е ако клиентот смета дека на било каков начин е оштетен, ќе напише лоша приказна и со тоа ќе им наштети на девојките кои работат“, објаснува Либертин, додавајќи дека некои приказни кои понекогаш го содржат името на сексуалната работничка и нејзиниот личен контакт се потоплно измислени.

Според зборовите на Либертин, стравот од негативни коментари може да ги натера жените да не се придржуваат до безбедносните мерки и да прават нешто што не саакаат. „Тоа, навистина ги наведува луѓето сè повеќе да ризикуваат, бидејќи знаат дека нивните клиенти ќе зборуваат едни со други за тоа кој што прави и како прави“, кажува Либертин. На пример, некои од клиентите почнале да се жалат на форумот дека девојките користат кондоми. „Не можете да добиете оцена 10 доколку не пружите незаштитен орален секс, анален секс или ако сте бисексуалец“.

Жените велат дека оваа ситуација е се полоша со оглед на фактот дека повеќето од администраторите на страната на форумот финансиски ги стимулираат клиентите да бидат што е можно поексплицитни во своите коментари и оцени, наградувајќи ги популарните

Page 12: S-Work No.37

12

учесници со бесплатно членство.

Либертин вели дека токму поради тоа се појавиле нови клиенти на кои едноставно им претставува хоби непрекинато да коментираат и оценуваат нови девојки. „За овие типови најбитно е што во моментот е тренд, која од девојките има најмногу коментари или пак која е нова“. Дури постојат и т.н „хобисти“ кои пишуваат коментари без воопшто да имале претходен личен контакт со девојките, што пак им штети на нивната репутација.

Целта на контактирањето неколку од тие самонаречени хобисти, од кои повеќето го користат форумот секојдневно, е да се утврди што всушност ги мотивира тоа што го прават. Само еден од нив се согласил да даде свое интрвју преку е-меил.

Брајан Џексон*, ИТ професионалец во своите 60-ти години кој живее на територијата на Монтреал, вели дека повеќе од 30 години редовно плаќа за сексуални услуги. Тој тврди дека има потрошено вкупно околу 4 милиони долари на своето хоби, а неговиот профил на форумот на заедницата за оценување

на сексуалните работници во Монтреал покажува дека учествувал во дискусии на форумот повеќе од 2000 пати.

„За повеќето хобисти-ветерани, ова е нормална активност, и не се разликува многу од секојдневното одење во теретана“, вели Џексон. „Како и сите хобисти, најмногу ги сакам помладите, да речеме помеѓу 19 и 23 години, и кои се нови во оваа работа. Најпопуларни се оние типови на девојки како на пример „девојка од соседството“.

Брајан вели дека иако неговата навика и концептот на неговото хоби постои многу порано од појавувањето на овие сајтови, сепак смета дека со појавување на форумот ескалирала целата „ситуација“. „Некогаш сум морал да земам по еден или два слободни дена, за да пронајдам пристојна млада девојка“, вели тој. „Сега, хобистите имаат на располагање по десетина девојки во секое време“.

Гледано од негов аспект, Џексон вели дека ваквите форуми не даваат никакви погодности за сексуалните работници. „Критиките за девојките се брутални, дури ако девојката имала само една лоша вечер, тоа ќе ја оцрни.“

„Сите постови се навредливи, но ова е сурова професија. Секогаш се гледа најлошто“, признава Џексон.

Page 13: S-Work No.37

13

Сепак, Гарсија тврди дека не се сите хобисти лоши клиенти. „Се зависи од тоа со која од сексуалните работнички сте исконтактирале“, вели таа. „Нема да добиете исти одговор“. Џексон вели дека знае за девојки кои имаат позитивна реакција. „Девојките со кои јас се состанувам, кажуваат дека клиентите кои ги запознале преку интернет огласите се прилично подобри од оние кои ги наоѓаат во бар или стриптиз клуб“.

Гарсија смета дека критиките на интернет форумите многу повеќе зависат од тоа како луѓето го користат интернетот, отколку како клиентите гледаат на сексуалните работници.

„Мислам дека најнепријатното во врска со интернет форумите е тоа што содржините често излегуваат од контекст“, вели Гарсија. „Повеќето луѓе ги сметаат сексуалните работници како жртви, дека се искористени, меѓутоа читајќи ги сите тие прикази и коментари, многу лесно ќе откриете кој всушност ја поткрепува оваа теорија“.

„Секако, овие работи се толкуваат на погрешен начин. Луѓето не сакаат да читаат за други луѓе кои се осудуваат врз основа на нивната сексуалност“.

Page 14: S-Work No.37

14

Во издание на Поддржано од