40
Инвестициони фондови како институционални инвеститори СОДРЖИНА 1. ВОВЕД ................................................... ......................................................... ....... 2. 2. НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ..... 4. 2.1 Појава на првиот инвестиционен фонд………….………………………….. 4. 2.2 Развој на инвестиционите фондови …………….…………………………... 4. 3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ .................. 6. 4. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ..................... 7. 4.1 Поделба според специфичноста на функционирање ................................ 7. 4.1.1 Отворени инвестициони фондови .. …………………………………...7. 4.1.2 Затворени инвестициони фондови ……………... ……………………. 8. 4.1.3 Инвестициони фондови со удели …………………………………….. 9. 4.2 Поделба според целта на инвестирање ...................................................... 10. 4.2.1 Инвестициони фондови кои инвестираат во акции …………………10. 4.2.2 Инвестициони фондови кои инвестираат во должнички инструменти ………………………. 11. 4.2.3 Инвестициони фондови Даниел Додевски 1

seminarska - Finansiski pazar

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД ................................................................................................................... 2.

2. НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ..... 4.

2.1 Појава на првиот инвестиционен фонд………….………………………….. 4.2.2 Развој на инвестиционите фондови …………….…………………………... 4.

3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ .................. 6.

4. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ..................... 7.

4.1 Поделба според специфичноста на функционирање ................................ 7.4.1.1 Отворени инвестициони фондови ..…………………………………...7.4.1.2 Затворени инвестициони фондови ……………...……………………. 8.4.1.3 Инвестициони фондови со удели …………………………………….. 9.

4.2 Поделба според целта на инвестирање ...................................................... 10.4.2.1 Инвестициони фондови кои инвестираат во акции …………………10.4.2.2 Инвестициони фондови

кои инвестираат во должнички инструменти ………………………. 11.4.2.3 Инвестициони фондови

кои инвестираат во краткорочни финансиски инструменти ………. 12.

4.3 Приватизациони фондови ............................................................................. 12.

5. РЕГУЛАЦИЈА ....................................................................................................... 14.

6. ОРГАНИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ .............................................................................................................. 18.

7. NAT ( НЕТО ВРЕДНОСТ НА АКТИВА) .......................................................... 21.

8. ПРОВИЗИЈА .......................................................................................................... 23.

9. ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА ........................... 25.9.1 Законска рамка ................................................................................................ 25.9.2 Перформанси на инвестициските фондови .................................................... 25.9.3 Проспект – основа за избор на инвестициски фонд ...................................... 26.

10. ЗАКЛУЧОК ............................................................................................................ 27.

11. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ............................................................................ 28.

Даниел Додевски 1

Page 2: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

1. ВОВЕД

Брзиот развиј на финансиските пазари во индустриски развиените земји, истовремено бараше и развој на систем на современи финансиски институции кои се адекватни на потребите, пред се на инвеститорите а исто така и на корисниците на капитал. Таквата потреба се покажа како неопходна, затоа што банкарскиот сектор организиран на конзервативен начин, претставуваше кочница за натамошниот развој на пазарните односи и воопшто за финансиските пазари. Реорганизирањето и прилагодувањето на банкарскиот сектор на новонастанатите ситуации и на новите потреби е многу тешко поради повеќе причини, од кои најважната причина е неизвесноста и ризикот во работењето со пари и капитал. Од тие причини може да се заблагодари што земјите со развиени финансиски пазари, ја збогатија својата финансиска структура со низа нови далеку пофлексибилни и поефикасни институции од конзервативните и споро прилагодливите банкарски организации. Најтипични претставници на овие многу ефикасни институции на банкарско - финансиските пазари се инвестиционите фондови.

Инвестиционите фондови спаѓаат во редот на организации кои по многу карактеристики се разликуваат од другите финансиски учесници. Тие не се депозитни институции како банките, штедилниците, штедно-кредитните организации кои прибираат депозити од населението и од стопанските субјекти и тоа да им претставува најважен извор за финансисрање.Инвестиционите фондови имаат значајна позиција во финансиските системи на високоразвиените земји, зошто денес се сметаат како најпогоден начин за мобилизирање на заштедата на населението и нејзина ефикасна алокација во профитабилни пласмани на пазарите на капитал.

Брзиот раст на капиталот на инвестиционите и пензиските фондови во одредени високоразвиени земји ги донесе овие институции на самиот врв на институционалните инвестирања на финансиските пазари1. Станува збор за моќни финансиски институции чија финансиска моќ доаѓа до израз посебно во земји кај кои се превземаат првите чекори во поглед на преструктуирањето на сопственоста и трансформација на финансискиот систем т.е земјите во транзиција.

Во овој семинарски труд се разработуваат инвестиционите фондови од аспект на нивното настанување и развој, карактеристиките на инвестиционите фондови, нивната класификација во зависност од специфичноста на нивното функционирање и во зависност од целите на инвестирање, начинот на нивната регулација, организација и управување како и провизиите кои се наплаќаат.

- Во втората точка се дава краток осврт на настанокот и етапниот развој на инвестиционите фондови

- Во третата точка се претставени карактеристиките на инвестиционите фондови, преку кои се изразуваат нивните специфичности во нивното дејствување и воедни ги претставуваат разликте во однос на другите институции кои учествуваат на финансиските пазари.

- Во четвртата точка се претставува класификацијата на инвестиционите фондови т.е нивната поделба според нивните специфичности и начини на функционирање како и поделба според целите на инвестирање.

1 Mr. Muric Z 1998” Institucionalni investitori na finansijskom trzistu”

Даниел Додевски 2

Page 3: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

- Во петата точка се дава осврт на законската регулатива која треба да се почитува од страна на инвестиционите компании и со каја се регулира нивното работење.

- Во шестата точка претставен е начинот на организација на инвестиционите фондови и управувањето со портфолиото на инвестиционите фондови.

- Во седмата точка претставена е нето вредноста на активата NAV како еден од темелните параметри за перформансите на инвестиционите фондови, како и начинот на нејзината преметка.

- Во осмата точка претставени се модалитетите на наплата на провизија и висината на провизијата во зависност од типот на инвестиционите фондови.

2. НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ

Даниел Додевски 3

Page 4: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

2.1 Појава на првиот инвестиционен фонд

Најстарата инвестициона компанија, “Foreign & Colonial investment Trust”, која и дененска постои и функционира на финансиските пазари, е формирана во Лондон. Од почеток инвестирале само во државни обврзници, а од 1891 година го прошируваат својот фокус на инвестирања и на останати финансиски инструменти, пред се на многу сигурните обврзници издадени од американските железнички компании. Покрај инвестирањето во Америка , овој фонд бил исто така активен и на други финансиски пазари во светот. Тие се првиот инвестиционен фонд од Англија кој почнал да купува јапонски хартии од вредност и тоа уште од 1961 гидина.

Првиот модерен инвестиционен фонд е “Massachusetts Investors Trust”, кој е отворен во 1924 година со портфолио од 45 акции и актива од 50.000 долари. Овој фонд поставил концепт кој ќе доведе до првата револуција во инвестирањето и инвестиционите компании: континуирано продавње нови акции и откупување акции кои секогаш можат да се продадат според моменталната вредност на активата на фондот . Овој фонд и денеска постои но фунционира под друго име “State Steet Research” и управува со седум фондови во кои, без разлика сите инвеститори можат да купуваат удели.

2.2 Развој на инвестиционите фондови

Развојот на инвестиционите фондови може да се разгледа низ неколку аспекти од кои најважни се следните: развој на поединечни инвестициони фондови и форми на инвестирања, влијанието на алокацијата на заштедите на населението, влијанието на процесот на финансиски интермедијации.

Големиот продор на инвестиционите фондови на пазарите на капитал во развиените земји е резултат на зголемената доверба на населението и сразмерно се поголемото преферирање својата заштеда да ја инвестираат во купување на акции од овие институции. Така во одделни развиени земји, приливот на капитал во системот на инвестиционите фондови како и на сметка на приватните пензиски фондови е поврзан со одливот на депозити од системот на депозитни институции, како и со намалување на директното инвестирање во хартии од вредност и вложување во полиси за животно осигурување кај осигурителните компании. Во САД дел од финансиската актива на домаќинствата инвестирани во акции на инвестиционите фондови бележи раст од 1% во 1952 година на скоро 10% во 1991 година, додека во исто време учеството на заштедите на домаќинствата во пензиските фондови бележи пораст од 6% на 27 %. Повоениот период во САД се карактеризира со растечки тренд во поглед на алокацијата на заштедите на населението на сметка на инвестиционите фондови и приватните пензиски фондови. Слична ситуација постоела и во Англија, Австралија, Канада и Јапонија, додека во западноевропските зејмји ситуацијата била поинаква. Во Германија, Италија и Франција, инвестиционите фондови оствариле високи стапки на пораст на капиталот како резултат на брзиот прилив на новоформираните заштеди на домаќинствата во текот на 1980-те и почетокот на 1990-те години.Брзиот развој на инвестиционите фондови во високоразвиените земји е резултат на одлуките на населението да инвестира во хартии од вредниост кои носат повисоки стапки на принос од другите алтернативни инвестирања ( повисоки стапки на принос

Даниел Додевски 4

Page 5: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

од орочените депозити) , а притоа да не го зголемуваат во значајна мера ризикот на нивните пласмани ( поради диверзификацијата на портфолијата ) и поради високиот степен на ликвидност ( бидејки акциите на инвестиционите фондови можат брзо и лесно да се продадат на секундарниот пазар). Причина за тоа се и други поволности и иновации кои овој тип на институции им го нудат на своите акционери. Една од таквите погодности е и појавата на таканаречените чадор фондови ( umbrella funds), односно асоцијација на фондови во кои секој од фондовите претставува ентитет за себе и најчесто има сосема различни цели на инвестирање од другите фондови во групата. Ваква асоцијација може да биде создадена како од фондови кои се формирани од страна на еден основач, така и од фондови кај кои како основачи се појавуваат сосема раллични финансиски институции. Предноста на ваквиот тип на организирање се состои во тоа што инвеститорот е во можност во секој момент акциите од еден инвестиционен фонд да ги замени за акциите на друг фонд во групата, а притоа да не му бидат наплатени дополнителни провизии од оние кои ги плаќа при влезот во асоцијацијата т.е при првото купување на акции од некој од фондовите во групата. Предност за инвеститорите е и широката понуда на опции на инвестирања кои ги добиваат на едно место. Ваквите чадор фондови најчесто се формираат од страна на фондови со различни цели на инвестирање, а што е дизајнирано со намера што повеќе да се мобилизира и сочува капиталот внатре во асоцијацијата на фондови.Како други новитети и погодности кои го привлекуваат населението и инвеститорите се и индивидуалните пензионерски сметки IRA- Individual RetirementAccounts. Тие имаат постигната силна симбиоза со инвестиционите фондови, што најдобро се гледа од тоа што во 1990-те години околу 30% од сметките во инвестиционите фондови всушност биле IRA. Ги имало околу 19 милиони, со активна вредност од 127 милијарди долари.

Денешните инвестициони фондови многу малку наликуваат на фондовите од 1950-те и 1960-те години. Денес тие претставуваат модерни финансиски институции кои извршуваат и многу од традиционалните банкарски работи, освен депозитно-кредитните работи.

3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ

Некои од основните карактерискити на инвестиционите фондови се:

Даниел Додевски 5

Page 6: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

- До средства не доаѓаат преку прибирање на депозити, потпишување договори, туку преку емисии и продажба на свои хартии од вредност- акции и обврзници.

- Прибраниот капитал го инвестираат во многу сегменти на финансиските пазари во диверзифицирани пласмани на голем број финансиски инструменти

- Со портфолиото управуваат професионални менаџери, кои имаат висок степен на познавања, стручност и искуство во областа на финансиите, инвестирањето, хартиите од вредност, портфолио менаџмент, финансиските пазари и други финансиски дисциплини.

- Континуирано користење на услуги и познавања на најдобри стручњаци, професионални портфолио менаџери кои вршат анализа, селекција и избор на хартии од вредност во кои ќе се инвестира и кои ќе претставуваат составен дел на портфолиото на фондот.

- Користење на економии од обем и со нив и пониски трансакциони трошоци

- Многу висок степен на ликвидност и можност за брз поврат на средствата

- Нудење дополнителни услуги на сопствениците на акции, какви што се –чување хартии од вредност, осигурување, креирање пензиски планови, давање кредитни картички, помош околку извршувањето на платен промет итн.

- Фактор време - кој е поврзан со можноста да се капитализираат приходите т.е да се остварат високи стапки на принос на долг рок, бидејќи фондот може остварените позитивни резултати да ги реинвестира.

- Можност за пристап на меѓународни пазари, посебно на малите инвеститори кои без постоење на овие механизми на инвестирања не би имале доволно финансиска сила

4. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ИНЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ

Даниел Додевски 6

Page 7: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Постојат различни погледи и пристапи за класификација и поделба на инвестиционите компании и фондови. Два основи критериуми на поделба на сите инвестициони компании и фондови се:

1. Според специфичноста и функционирањето2. Според целта на инвестирање

4.1. Поделба според специфичноста и инвестирањето

Сите инвестициони компании функционираат врз база на основни принципи- да прибираат средства од помали инвеститори кои за возврат емитуваат акции или удели т.е потврди за учество во активата на фондот.Така прибраните средства се користат за инвестирање во многу финансиски инструменти. Меѓутоа во поглед на конкретните механизми на функционирање, постојат одреден специфичности помеѓу нив па оттаму може да се разликуваат три основни вида на инвестициони компании:

1. Отворени инвестициони фондови2. Затворени инвестициони фондови3. Инвестициони фондови со удели ( unit trust)

4.1.1 Отворени инвестициони фондови

“Mutual funds” – Американски термин. – Таквиот термин го добиле бидејќи постојано им се менува бројот на сопственици и пазарната вредност на капиталот. Како и други инвестициони компании и тие доаѓаат до средства преку продажба на сопствени акции. Овие фондови не котираат на берзи, бидејки индивидуални инвеститори остваруваат куповни и продажни трансакции директно во контакт со дотичните инвестициони фондови.

Она што е карактеристично во нивното функционирање е тоа што секогаш се подготвени јавно да ги продаваат акциите на нови инвеститори. Исто така , од друга страна тие се подготвени во било кое време да ги откупат своите претходно емитувани акции од инвеститирите.Отворените инвестициони фондови претставуваат многу моќни ученици и посредници на финансиските пазари. Ваквата моќ и брзиот раст на инвестиционите фондови се должи и на растот на цената на некои хартии од вредност – посебно акциите. Треба да се напомене дека инвестирањето во вакви инвестициони фондови може да носат и одредена доза на ризик, посебно во случај на пад на цената на хартиите од вредност, кризи и рецесии. Тогаш сопствениците на акции од отворените инвестициони фондови можат да претрпат загуби, но бидејки нивната вредност директно зависи од пазарната вредност на портфолијата на хартии од вредност со кои фондот располага, а чија цена во такви услуги стагнира или опаѓа.Unit investment trust претсавува еден вид на отворен инвестиционен фонд во САД кој најмногу инвестира во обврзници и не треба да се меша со Unit trust во Англија. Тие имаат релативно фиксно портфолио, па може да се каже дека се без активен портфолио менаџмент и дека учеството на инвеститорите во фондот е без неизвесности во врска со неговата портфолио структура.Unit investment trust издаваат откупливи потврди за учество во фондот и по тоа се блиски со отворените инвестициони фондови. Меѓутоа овие компании имаат фиксен број на тие потврди во оптек и немаат обврска да издаваат нови, по што се блиски со

Даниел Додевски 7

Page 8: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

затворените инвестициони фондови. Меѓутоа со оглед ан нивната пасивна структура, трошоците за водење на овие фондови се помали отколку кај класичните отворени или затворени инвестициони фондови.

4.1.2. Затворени инвестициони фондови

Closed end funds – по Американска терминологија, емитуваат фиксен износ на сопствени акции кои ги продаваат на примарниот пазар на акции по пат на јавна понуда. Затворените инвестициони фондови не откупуваат сопствени акции од нивните холдери. Маркетабилноста на овие акции се обезбедува со тоа што овие фондови котираат на берзите. На тој начин сопствениците на акции од затворените инвестициони фондови можат преку брокер да ги продаваат акциите на берза или на вонберзански пазар. Исто така индивидуалните инвеститори можат преку брокери да купат од постојните акции од затворените фондови. Во краен случај купопрдажните трансакции се вршат помеѓу стари и нови сопственици, при што брокерските куќи имаат посредничака и техничка улога.Затворените инвестициони фондови емитуваат само еднаш сопствени акции, како и други компании, но за разлика од нив неможат да вршат докапитализација т.е дополнително да емитуваат акции. Од тоа произлегува дека бројот на нивните акции е релативно константен и дека големината на нивните портфолија, практично е ограничена.Историски, затворените инвестициони фондови настанале порано од отворените инвестициони фондови, но значително заостануваат зад отворените инвестициони фондови. Сега односот помеѓу затворени и отворени инвестициони фондови е 20:1. Иако затворените инвестициони фондови се помалку популарни во однос на отворените, сепак нивниот број, значење и финансиска сила значјно се зголемувале во последните дваесет години.Денес границите помеѓу отворените и затворените инвестициони фондови се помали од порано. Една подваријанта од овие фондови - наречена е Интервални инвестициони фондови, нивна основна карактеристика е дека во одредени временски интервали (еднаш месечно или еднаш квартално) се однесуваат како отворени инвестициони фондови т.е вршат откуп на акции од нивните сопственици и нивна продажба.

Посебни и се попопуларен вид на затворени инвестциони фондови ее фондовите на недвижнини т.н REIT ( real estate investment trusts) кои идејата на инвестиционите фондови ја пренесуваат и на недвижностите. Расположливите средства ги инвестираат директно во недвижности или во хипотекарни кредити и заеми. Овие инвестициони фондови масовно се појавуваат во 60-те игодини, поминале низ силна криза за време на рецесијата на пазарот на недвижности во средината на 70-те и крајот на 90-те години, за денес да бидат многу популарни.

Основните разлики помеѓу двата најзначајни типа на инвестициони фондови - отворени и затворени се :

- Инвестиционите фондови од отворен тип спремни се во секое време да купат или продадат сопствени акции. Тоа не е случај кога се во прашање затворени типови на нвестициони фондови, каде тргувањето со акции од затворени инвестициони фондови се остварува исклучиво на берза или на вонберзански пазар, односно, доколку инвеститорот сака да купи или продаде акции тоа може

Даниел Додевски 8

Page 9: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

да го направи со посредство на својот брокер или во директен контакт со други инвеститори.

- Инвестиционите фондови од отворен тип, полесно обезбедуваат маркетибилност за своите акции во однос на фондовите од затворен тип. Таа се гледа во можноста што инвеститорот има можност да изврши конверзија на своите акции во пари кај фондот кој нив ги емитувал. Меѓутоа и покрај тоа што ваквата можност претставува преднос, сепак истовремено можноста за конверзија предизвикува капиталот на овие фондови да добие карактеристика на помала стабилност во однос на капиталот на затворените инвестициони фондови

- Инвестиционите фондови од затворен тип имаат фиксен обем и структура на капиталот кои можат повремено да бидат променети преку емисија на хартии од вредност – јавни акции. Во тој поглед, овие фондови имаат сличности со корпорациите од сферата на реална економија. Од друга страна, обемот на капиталот кај отворените инвестициони фондови подложен е на постојани промени согласно барањата на инвеститорите.

- Фондовите од затворен тип можат да емитуваат капитал кој има зајмовен и преференцијален карактер, додека фондовите од отворен тип тоа во принцип не го прават. Емисија на ваков капитал предизвикува левериџ, што кај отворените фондови тоа не е случај

- Вредноста на акциите кај инвестиционите фондови од отворен тип е во сразмер со вредноста на нивната актива (портфолио), додека во случај кај инвестиционите фондови од затворен тип вредноста на акциите се утврдува како резултат на понудата и побарувачката на пазарот на капитал

- Итн.

4.1.3. Инвестициони фондови со удели

Инвестициони фондови со удели (unit trust) – За разлика од осатанатите два типа на инвестициони фондови , овој вид се карактеризира со тоа што нема Управен одбор и нема портфолио менаџмент кои би управувале со фондот и со неговата актива.Овие фондови се каратктеристични за финансиските пазари во одделни земји како што е на пример Велика Британија. Тие не продаваат акции туку удели ( units ), кои претставуваат право на дел – учество и дел во активата на фондот. Овие фоиндови имаат одредени сличности со затворените фондови, бидејки бројот на сертификати е фиксен и непроменлив. Со нив , слично како и со акциите на затворените фондови може да се тргува на секундарните пазари. За разлика од претходните два вида на инвестициони фондови, инвестиционите фондови со удели се специјализирани за инвестирање во обврзници. Меѓутоа тие не се занимаваат со активно тргување, во смисла купување и продавање на обврзници на секунадарни пазари. Овие фондови, најчесто се потписници или купци на обврзници во приватен пласман.На тој начин сопствениците на фондот се запознаени со структурата на пламанот т.е со портфолиото на фондот. Портфолиото еднаш се креира и тоа е фиксно се до рокот на доспевање во иструментите во кои е инвестирано. Овој вид на фондови исто така извршуваат и услуги во врска со чување на обврзниците и во периодични временски интервали вршат исплата на камата на сопствениците на удели а на последниот ден од доспевањето ја исплаќаат последната камата и главницата.

Даниел Додевски 9

Page 10: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Уште една специфичност на овие фондови а воедно и разлика од останатите два вида на инвестициони фондови е дека тие имаат фиксен – точно утврден датум на престанок на работа. После исплатата на сите обврски спрема сопствениците на удели, фондот се расформира и престанува со работа. Нивниот животен век е различен и зависи од структурата на пласманите. Тие можат да се основаат за период од неколку месеци па се до 20 години. Инвестиционите фондови со удели исто така наплатуваат провизија, која обично се движи од 3,5% до 5,5%.

4.2. Поделба според целите на инвестирање

Друг критериум на поделба на инвестиционите фондови претствауваат целите и стратегиите на инвестирање во одделни сегменти на финансиските пазари. Во поглед на целите на инвестирање постојат големи разлики помеѓу фондовите. На тој начин на потенцијалните инвеститори им се нуди широк дијапазон на инвестициони алтернативи и различни комбинации на принос и ризик.Одделни фондови инвестираат во обврзници, други во инструменти на акционерски капитал, трети во краткорочни инструменти итн. Во рамки на секоја од споменатите групи може да се врши детална поделба – на оние кои инвестираат во раст на капиталната добивка, оние кои очекуваат пораст на дивидендата, комбинации итн.Неколку карактеристични инвестициони фондови во зависност од целта на инвестирањето се:

- Инвестициони фондови кои инвестираат во акции- Инвестициони фондови кои инвестираат во обврзници - Инвестициони фондови кои инвестираат во краткорочни финансиски

инструменти

4.2.1. Инвестициони фондови кои инвестираат во акции

Постојат повеќе различни видови на фондови во зависност од конкретните цели:

- Растечки фондови (growth funds) или таканаречени go-go фондови кои се ориентирани на високи стапки на раст и остварување високи капитални добивки на долг рок. Нивен приоритет не е дивидендата, туку раст на цената. Ваквата цел на инвестирање носи и високи стапки на ризик.

- Агресивно растечки фондови (aggressive growth funds), чија цел е брз пораст на капиталот. Овие фондови се обидуваат да најдат акции од мали брзорастечки компании и да остварат високи капитални добивки за краток временски период. Нивниот ризик е многу висок.

- Приходни и растечки фондови (income and growth funds) –претставуваат еден вид на средна варијанта помеѓу висок принос и низок ризик. Орентациона цел на овие фондови е да остварат максимални стапки на раст а истовремено да избегнат многу високи стапки на ризик. Поради тоа во основа инвестираат во акции на големи, познати и сигурни компании.

- Индексни фондови (index funds) – кои се ориентирани кон тоа на сопствениците да им понудат приходи кои би биле приближно еднакви на просечните пазарни приноси. Понекогаш е можно овие инвестициони фондови да инвестираат и во фјучерси на пазарни индекси. Кај овие фондови постојат активни и пасивни менаџерски стратегии. Пасивниот менаџмент ја задржува портфолио структурата на ниво на пазарните индекси и обезбедува приход кој е

Даниел Додевски 10

Page 11: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

приближно еднаков на просечниот. Активниот менаџмент е насочен кон креирање такви портфолија на акции кои би донеле супериорни пиходи во однос на пазарниот просек.

- Специјализирани фондови (specialized funds) – кои се специјализирани за инвестирање само во специфични акции од компании од одредени гранки или области. Пример.-можат да се сретнат фондови кои се специјализирани за инвестирање во :акции на рудници за злато, фармацевска индустрија, компјутерска индустрија и слично. Се смета дека највисоки стапки на принос остваруваат инвестиционите фондови кои се специјализирани за акции во фирми во следните дејности: здравство, финансиски услуги, високи технологии, фармацевски индустрии, хемиски индустрии, рудници за злато, мали компании итн.

- Секторски фондови ( sector funds) – кои се сконцентрирани да инвестираат во одредени пазарни сегменти или сектори.

- Интернационални фондови (international funds) – чија основан цел е да се инвестира во акции во странски компании. Притоа може да се фокусираат на точно ордедени земји, региони ( посебна група на земји можат да бидат земји во транзиција), области или сектори.,

- Глобални фондови (global funds) – кои се разликуваат во однос на интернационалните фондови по тоа што нивното портфолио може да се состои од комбинација на домашни и странски хартии. Со други зборови, овие фондови прават таква комбинација на акции кои носат највисок можен принос за сопствениците без оглед од каде потекнуваат акциите.

- Балансирани фондови (balanced funds) – кои имат за цел да остварат средни стапки на принос во комбинација со прифатливо ниво на ризик.Затоа портфолиото се балансира со инвестирање во акции но и во обврзници. Многу често пропорцијата може да биде 60:40 во корист на акциите.

- Мулти фондови (multi funds) – кои претставуваат чекор кон други видови на фондови. Тоа се фондови во кои инвеститорите можат да бираат помеѓу голем број различни акции. Тие помалку личат на група на фондови, кои се означуваат со поимот- фамилија на фондови, која од своја страна претставува едно место за избор на права инвестициона алтернатива. (one stop shopping)

4.2.2. Инвестициони фондови кои инвестираат во обврзници (долговни инструменти)

Станува збор за фондови кои имаат многу претпазлив пристап при инвестирање. Нивнa основна цел е да ја сочуваат вредноста на капиталот и да остварат одредени позитивни, реални приноси во иднина. Во рамка на оваа група може да се разликуваат повеќе видови на фондови како:

- Фондови кои инвестираат во државни хартии од вредност со фиксен принос. Целта на овие фондови е на инвестоторите да им донесат сигурен но не висок принос, скоро без ризик.

- Фондови кои инвестираат во обврзници издадени од компании- нивната цел е исто така да остварат сигурен принос, но со нешто повисоки стапки на принос од претходно наведената група.

- Фондови кои инвестираат во таканаречени” junk”обврзници, т.е обврзници од низок ранг.Стратегиска ориенатција на овие фондови е да постигнат што

Даниел Додевски 11

Page 12: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

повисоки стапки на принос преку инвестирања во обврзници со високи каматни стапки. Меѓутоа таквата цел на инвестирање е поврзана и со високи стапки на ризик.

- Фондои кои инвестират во конвертибилни обврзници, кои даваат можност за замена во преференцијални или обични акции. Целта на овие фондови е да обезбедат релативно сигурни стапки на принос, со постојана можност преку успешно спроведување на конверзијата, на инвеститорите да им се даде можност да остварат повисоки стапки на принос.

- Фондови кои инвестираат во обврзници издадени од локални самоуправи- Меѓународни фондови - слично како и кај акциите и кај обврзниците постојат

интернационални фондови кои се фокуирани за инвестирање во обврзници на меѓународни финансиски пазари.

4.2.3. Инвестициони фондови кои инвестираат во краткорочни финансиски инструменти- фондови на пазар на пари

Станува збор за релативно нови видови на фондови кои ги вложуваат своите средства во краткорочни финансиски инструменти – ( комерцијални/благајнички записи, државни записи, депозитни сертификати, краткорочни обврзници издадени од локални власти итн.). Првиот инвестиционен фонд е креиран во 1971 година, под име “Reserve Fund” . Појавата на овие фондови е поттикната од нестабилноста, а во прв план од растечките стапки на инфлација. Овие фондови донекаде имаат карактеристика на депозитни институции.До средства доаѓаат така што продаваат акции. Инвестираат во инструменти на пазар на пари кои се многу ликвидни. Ликвидноста е една од основните карактеристики на овие фондови. Друга карактеристика која ги разликува во однос на останатите фондови е тоа што на акционерите, врз основа на нивните влогови, може да им се издадт чекови и кредитни картици, притоа можат да пропишат одредени услови за користење. Така на пр. во САД износот на чекот неможе да биде помал од 500 долари.

4.3. Приватизациони фондови

Инвестиционите фондови биле присутни во форма на приватизациони ( ваучер) инвестициони фондови во повеќето земји во транзиција во кои трансформацијата се базирала на бесплатно или скоро бесплатно доделување на куповна сила на полнолетното население. Инвестиционите фондови се составен елемент на масовната приватизација во повеќе земји во Централна и Источна Европа. Овие фондови настанале организирано, како национални инвестициони фондови,што било случај во Полска, или настанувале спонтано, самостојно формирани институции, што било случај во Словенија и Чешка.

Основната поделба на приватизационите фондови, која е прифатена од повеќе автори од оваа област е :

- Top – down- Bottom – up фондови

Даниел Додевски 12

Page 13: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Во случајот на Top-down форма, државата бира или основа фондови кои ќе учествуват во масовната приватизација. Едноставно тоа зачи дека граѓаните добиваат акции од еден или повеќе фондови. Главни претставници на ваквиот на чин на организирање на фондовите се Полска и Романија. Овој принцип и давало значајна можност во спроведувањето на постапката на масовна приватизација. Тоа значи дека Top-down фондовите и овозможуваат на државата како сопственик и како приватизатор да има влијание на карактерот и активноста на фондовите.

Bottom – up фондовите се карактеристични по тоа што прифатиле државата да има единствена можност да состави законска рамка за работењето на фондовите. Ваков тип на фондови биле присутни во Чешка, Литванија, Словенија и Русија. Со примената на овој модел, граѓаните добивале инвестициони ваучери, и имале можност да бираат помеѓу две можности: дали да инвестираат преку приватизационите инвестициони фондови или самостојно да инвестираат во некои од приватизираните пртпријатија. Инвестициони фондови од овој вид, биле организирани од страна на приватни претпријатија а начинот на собирање на ваучерите бил организиран преку огласување и маркетинг.

5. РЕГУЛАЦИЈА

Даниел Додевски 13

Page 14: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Инвестиционите компании се високорегулирани финансиски ентитети кои можат да се основаат и кои мораат да се усогласени со бројни федерални закони во САД. За инвестиционите компании важат истите прописи како и за јавните акционерски друштва т.н Закон за хартии од вредност од 1933 год. и Закон за берза од 1934 год. Секоја емисија на хартии од вредност која ја емитува инвестиционата компанија мора да биде регистрирана кај Комисијата за хартии од вредност (SEC) и истата треба да биде проследена со проспект. Со оглед на тоа дека отворените инвестициони компании континуирано продаваат нови акции, тие континуирано ги регистрираат новите емисии.Законската регулатива која го регулира работењето на инвестиционите компании во САД во основа са сведува на Законот за инвестициони компании од 1940 год. и Законот за инвестициони советници од истата година. Овие закони со текот на време се надополнувани и осовременувани преку амандмани. Овие закони не гарантираат дека инвестиционата компанија ќе биде профитабилна, но за инвеститорите носат одредена сигурност.Со законот за инвестиционите компании утврдено е инвестиционите компании да морат да ги стават на увид на потенцијалните инвеститори не само своите инвестициони цели и политики туку и своите периодични пресметки и детална структура на провизијата која ја наплаќаат. Секоја промена на инвестиционите цели и политики на инвестиционата компанија, претходно мора да биде одобрена од страна на нејзините вложувачи – акционери. Секоја промена, тврдење, промоција и реклама направена од страна на инвестиционата компанија мора да биде точна, недвосмислена и несмее да ги доведе во забллуба потенцијалните инвеститори. Со законот се регулира составот на управниот одбор на инвестиционата компанија т.е предвидува членство на независни директори во него, како и природата на договорите со менаџмент компаниите. Законот за отворени инвестициони компании забранува да се емитуваат должнички хартии од вредност, влез во трговија на кратко купување на маргини, продаваат акции од фондот на маргини и притоа да наплатат повеќе од 90% приходи од продажба на акциите на име продажна провизија. Исто така, Законот пропишува секој инвестиционен фонд секојдневно да ја проценува својата актива врз основа на неговите моментални пазарни вредности и дека е должен да ги откупи акциите од секој инвеститор на негово барање. Треба да се има во предвид дека на инвестиционите фондови им се овозможува и ограничено задолжување кај банки во одредени ситуации и по однапред пропишани процедури.Со законот за инвестиционите компании е пропишано дека регулирани инвестициони компании се сметаат оние кои на своите акционери им дела најмалку 90% од својот годишен приход подложен на оданочување и да имаат т.н диверзифицирано портфолио. Под терминот диверзификувано, законодавецот подразбира дека портфолиото несмее да биде во сопственот повеќе од 10% од акционерскиот капитал на некоја компанија.За Инвестиционите ондови кои ги исполнуваат овие услови, Законот пропишува ослободување од данок на добивка од реализирани каматоносни или дивидендни приноси. Од данок не е ослободен акционер кој треба да плати данок на остварени приходи. Законот за инвестиционите компании пропишува некои специфичности во поглед на работењето на затворените инвестициони фондови. Законот им забранува рекламирање и дополнително емитување на акции, но им дозволува да позајмуваат средства преку емисија на обврзниции/или преференцијални акции, агресивна шпекулативна трговија

Даниел Додевски 14

Page 15: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

со опции и фјучерси и поширок спектар на инвестициони цели во однос на отворените фондови. Трговијата со акции од инвестиционите комапнии, како и сите други во САД, мора да биде во согласност со одредбите за фер трговија кои се пропишани од страна на SEC I NASD кои во сојата основа се потпираат на одредбите од Законот за берзи. SEC и NASD го утврдиле и максималниот износ на провизија во тргувањето со хартии од врдност од инвестиционите компании. Од 1993 год. вкупната провизија кај отворените инвестициони компании ограничена е на 8,5%.Законот за инвестициони советници бара секој инвестиционен советник да биде регистриран. Нив им се прпишани неколку широки одредби против потенцијални проневери. Со овој Закон е предвидено советниците т.е менаџмент компаниите да ги почитуваат обврските во поглед на известувања, евидентирања и откривања на податоци за нивната работа.Правен акт, од поново време, кои ја регулира инсајдерската трговија и недозволени операции со хартии од вредност се однесува и на инвестиционите компании. Со него инвестиционите компании се обврзани да ги превземаат пропишаните процедурите со кои се намалуваат можностите за инсајдерска трговија. Една од строгите забрани се однесува на т.н “самотрговија” ( self- dealing). Менаџмент компанијата не семее да спроведува одредени трансакции, како што се –продажба на акции на фондот од кои сакаат да се ослободат. Целта на ова е ризикот кои го поднесуваат инвестиционите комапнии да биде последица на ценовните движења на финансиските пазари а не да биде резултат на неетичка работна пракса на портфолио менаџментот.Во Велика Британија, инвестиционите фондови се исто така значајни институции. Во однос на САД постојат одредени терминолошки разлики. Инестиционите компании можат да се појават во дава основни облика и тоа:

- Трустови на удели -Unit Trust- кои имаат доста сличности на отворените инвестициони фондови во САД

- Инвестициони трустови – Investment Trust- кои одговараат на затворените фондови. Нивните акции, слично како и акциите на останатите јавни корпорации, котираат на Лондонската берза.

Коага се во прашање инвестиционите фондови во Велика Британија, регулативата е диференцирано поставена. Фондовите од затворен тип имаат право на изземање од плаќање на данок на капитална добивка ако претходно ги исполниле следните услови:

- Со нивните акции да се тргува на берза- Да остваруваат приходи, делумно или целосно, по основ на инвестирање во

хартии од вредност. Под тоа се подразбира, најмалку 70% од остварениот приход на инвестиционите фондови да се остварени на таа основа

- Инвестициониот фонд неможе да инвестира повеќе од 10% од својата актива во хартии од вредност кај било кој поеинечен ентитет. Ова не се однесува за инвестирање во хартии од вредност кај други инвестициони фондови

- Максимално 25% од активата на фондот може да бите агрегатно инвестирано во:- хартии од вредност коии не котираат на берза- акции во компании кај кои таквото вложувањње претставува 20% или повеќе од вкупниот акционерски капитал

Даниел Додевски 15

Page 16: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

- максимум 15% од нето прходот на фондот може да остане недистрибутирано на неговите акционери. Под тоа се подразбира, дел од приход од инвестирање во хартии од вредност.Како што се гледа, инвестиционите фондови од затворен тип имаат помалку ограничувања во поглед на структуирањето на нивните портфолија. Тоа се однесува на можноста поголем процент од капиталон на фондот да биде инвестиран во хартии од вредност од еден ентитет ( во однос на САД) , а особено можноста инвестициониот фонд да инвестира и во други облици на актива (кредитни пласмани, пласмани во недвижности итн.)

Кога се во прашање инвестициони фондови од отворен тип, регулаторните барања се следните:

- Организациониот носител на фондот и портфолио менаџментот, мора да бидат меѓусебно независни, организациониот носсител на фондот мора да има акционерски капитал кој е емитуван во износ не помал од од 500.000 фунти, од кои најмалку 250.000 фунти мора да бидат ефективно уплатени

- Компанијата која управува со портфолиото на инвестициониот фонд мора да поседува сопствен капитал во износ кој се утврдува од случај до случај, но не помалку од 25.000 фунти.

- Не се допуштени инвестирања во други облици освен во хартии од вредност- Максимум 5% од вредноста на активата на инвестициониот фонд може да биде

инвестирано во хартии од вредност кои не котираат на берзи- Максимум 5% од вредноста на активата на инвестициониот фонд може да биде

инвестирана во хартии од вредност кај еден ентитет- Фондот неможе да поседува повеќе од 10% од акционерскиот капитал кај било

кој поединечен ентитет итн.

Само оние инвестициони фондови кои ги исполнуваат гореспоменатите услови може да се стекнат со право да се рекламираат во јавноста. За самите фондови тоа е многу важно од аспект на рејтингот кој ќе го имаат кај поединечните инвеститори. При тоа, неопходно е фондот претходно да биде овластен од страна на надлежното државно министерство ( Department of Trade and Industry) . Во пракса, статусот на фондот се решава со преговори помеѓу претставници од онвестициониот фонд и дотичното министерство, на кои се расправа за сите прашања кои се релевантни за овој тип на финансиски институции.

Од изложеното се гледа дека инвестиционите фондови во Велика Британија се изложени на пообемни регулативи ограничувања во однос на фондовите од затворен тип. Ваквата рестриктивност произлегува од :

- Можноста фондот да се рекламира во јавност- Рестриктивно барање во поглед на диверзификација на пласманите- Ограничувања во поглед на инвестирање во странство ( со исклучок во САД)

Една од карактеристиките на инвестиционите компании во Велика Британија е големиот обем на инвестирање во акции, а помалку во обврзници и инструменти на пазарот на пари. Се смета дека дури 55% од пласманите се насочени во акции во британските компании и дополнителни 38% инвестиции во акции во странски компании. До исклучително зголемување на финансиската сила и значењето на овие

Даниел Додевски 16

Page 17: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

финансиски институции на финансиските пазари, слично како и во САД, дошло во текот на 80-те години во XX век.

Во Германија исто така се прави разлика помеѓу основните видови на фондови. Меѓутоа тие поинаку се дефинирани во однос на англосаксонските земји. Станува збор за:

1. Јавни фондови – кои извршуваат работи со голем број на субјекти. Во однос на целите на инвестирањето тие можат да се поделат на :

- Јавни фондови кои инвестираат во обврзници ( retenfonds)- Јавни фондови кои инвестираат во акции (aktienfonds)

2. Приватни фондови – кои се фокусирани за работа со институционални инвеститори(осигурителни друштва, пензиски фондови итн.). Станува збор за таканаречени специјални фондови (spezialfonds)

Јавните фондови кои инвестираат во обврзници, во основа се ориентирани во инвестирање во краткорочни инструменти на пазарот на пари.

Во Јапонија исто така постојат инвестициони компании во облик на недепозитни институции. За нив се користи изразот – “Инвестициони трустови за хартии од вредност”, кои претставуваат облик на отворени инвестициони фондови. По јапонската регулатива, инвеститорите во тие фондови, најмалку две години неможат да ги повлечат своите средства од нив. Постојат и затворени фондови кои обично имаат рок на важност од 5 години а по истекот на тој период тие згаснуваат, а сопственоста од фондовите се распределува помеѓу нините сопственици. Може да постојат и т.н “ Off- shore” фондови, кои спонзорираат странски компании, со тоа што нивните хартии од вредност мораат да бидат деноминирани во домицилната валута.

И во други развиени земји, во кои инвестиционите фондови значително се застапени, регулативните механизмни не се разликуваат значително од веќе споменатите. Во основа регулативните барање се насочен кон обврската на инвестиционите фондови, активно да ги информираат своите акционери и потенцијални инвеститори за сите детали на своето делување. Исто така во повеќето земји, предвидени се ограничувања во поглед на инвестирањето во хартии од вредност кај поединечен ентитет ( што е во домен на посебени законски решенија или регулативи) .Регулаивните барања во овие земји се значително полиберални во споредба со регулативните барање кои се однесуваат на останатите финансиски институции, посебно банки, пензиски фондови и осигурителни компании. Тоа значително допринесе за развојот на инвестиционите фондови во поновиот период.

Даниел Додевски 17

Page 18: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

6. ОРГАНИЗАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ

Како осовачи на инвестиционите фондови се појавуваат различни типови финансиски институции како комерцијални банки, осигурителни компании, големи берзански фирми итн. Тоа е и логично со оглед на тоа дека тоа се институции кои се занимаваат со финансиско посредување и кај кои еден сегмент ( или целосно доколку се прашање берзански фирми) е поврзан со пазарот на капитал. Со тоа овие институции вршат работи кои се поврзани со дистрибуција( и откуп) на акции од инвестиционите фондови , како и технички работи поврзани со купопродажба на хартии од вредност од нивните портфолија. Основниот мотив за основање на инвестиционите фондови е од чисто економска причина, т.е од наплата на провизија при прожба на акции од инвестиционите фондови. Битно е инвестиционите фондови да бидат во потполност како билансно така и функционално одвоени од основновниот начин на функционирање на институциите кои нив ги основале. Тоа е неопходно со оглед на тоа дека инвестиционите фондови функционираат на сосема друг начин во однос на другите видови на финансиси институции, како и поради тоа што нивните акционерии се стекнуваат со право на принос исклучиво врз основа на остварените финансиски резултати на самиот фонд и независно резултатите од работењето на институциите кои се појавуваат како нивни основачи.

ОРГАНИЗАЦИОНА ШЕМА НА ИНВЕСТИЦИОНИ КОМПАНИИ 2

Слика бр. 1

СОПСТВЕНИЦИ НА АКЦИИ

↓↓↓

ИНВЕСТИЦИОНА КОМПАНИЈА ← ↓ ↓ ↓

ТабелаОрганизациона шема на инвестициски компанииИзвор: “Finansijska trzista instrumenti” Dr. Eric D.

2 Dr, Eric D. , 2003 “ Finansijska trzista Instrumenti” Белград, стр. 225

Даниел Додевски 18

СОБРАНИЕУПРАВЕНОДБОР

ИНВЕСТИЦИОНИСОВЕТНИЦИ

ИНВЕСТИЦИОНЕНФОНД 1

ИНВЕСТИЦИОНЕНФОНД 2

ИНВЕСТИЦИОНЕНФОНД 3

Page 19: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

На чело на инвестициониот фонд се наоѓа Управен одбор (одбор на директори) кои се избира од страна на акционерите на фондот. Составот на ова тело најчесто се предлага од страна на институцијата- основач на фондот, а може да го сочинуваат претставници од акционерите на фондот и дотични институции како и независни членови ( професионални менаџери) . Во САД со закон е утврдено, најмалку 40% од членовите на Управниот одбор да несмеат да бидат во никаква врска со институцијата која управува со портфолиото на инвестициониот фонд, ангажирана берзанска фирма или други заинтересирани субјекти. Задача на Управниот одбор е да одбере фирма ( менаџмент компанија) која ќе управува со портфолиото на инвестициониот фонд, а потоа да врши и надзор на нивното работење. Менаџмет фирма упраува со портфолиото на фондот- тоа подразбира инвестирање во склад со утврдените цели на портфолиото, повремена прекомпозиција на портфолиото, вршење економско-финансиска анализа, истражувања и други работи. Од менаџмент компаниите најчесто се појавуваат независни консалтинг фирми, специјализирани одделенија на големи берзански фирми, осигурителни компании итн. При тоа една менаџмент компанија може да има договори за управување со портфолијата на повеќе инвестициони фондови, формирани од страна на еден или повеќе разлиочни основачи.

Менаџмент компаниите имаат право на надомест врз основа на извршените услуги. Овој надомест се изразува како процент од пазарната вредност на активата на фондот. Годишната менаџмент провизија варира од фонд до фонд и може да се движи од 0,25% до преку 1% од пазарната вредност на активата на фондот, при то во САД најчесто изнесува околу 0,50%.

Договорот најчесто се прецизира, провизијата процентуално да се намалува како што расте активата на инвестиционите фондови, иако кај одделни инвестициони фондови провизијата може и да се зголемува со цел за дополнителна стимулација на портфолио менаџерите. Притоа висината на менаџмент провизијата зависи и од типот на инвестиционите фондови и примената на инвестициони политики. Таа е нешто повисока кај фондовите од отворен тип со оглед на посложеното оперативно управување со нивното портфолио. Исто така провизијата е повисока и кај фондовите кои инвестираат во корпоративни акции и посебно кај оние фондови чија инвестициона цел е да остварат повисоки капитални добивки. Кога се во прашање инвестициони фондови кои инвестираат во корпоративни обврзници, сируацијата е поинаква, со оглед дека цената на обврзниците е во инверзна релација во однос на осцилациите на каматните стапки. Екстремен случај претставуваат фондовите кои инвестираат исклучиво во државни обврзници, кај кои потребата од прекомпозиција на портфолиото е значително помала, па со оглед на тоа и провизиите на портфолио менаџметот се пониски.

Освен работите кои се однесуваат на непосредното управување со активата на фондовите, менаџмент фирмата исто така може да извршува и други работи како на пр. промоција на фондот. Извршувањето на овие работи е поврзано со одредени трошоци кои не се надоместуваат со провизијата која припаѓа на портфолио менаџерите. Овие трошоци се надоместуваат со приходите кои ги остварува инвестициониот фонд- тоа значи дека овие трошоци индиректно ги плаќаат акционерите на фондот, при што поголем број фондови го одредуваат горниот лимит во поглед на можните трошоци.

Со Договорот помеѓу двете институции –фондот (Управниот одбор) и менаџмент фирмата, јасно се дефинираат работите кои поединечните институции ќе ги

Даниел Додевски 19

Page 20: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

извршуваат како и надоместокот кои ќе го добијата за извршената работа, Во тој поглед можни се следните случаи:

- Прво, менаџмент фирмата да се сконцентрира на управување со активата на инвестициониот фонд ( структуирање на портфолиото, економско-финансиска анализа итн.), а сопствениците на фондот т.е управниот фонд да извршуваат работи поврзани со промоција на фондот како и т.н технички работи. Во овие работи спаѓаат дистрибуција на акциите на инвеститорите на пазар и нивен откуп – кај фондовите од отворен тип, наплата на приходи по основ на инвестирање ( дивиденди и/ или камати),дистрибуција на дивиденди или капитални добивки на акционерите итн.

- Второ, менаџмент фирмата, покрај основните да извршува и техички работи поврани со дистрибуција на акциите на инвестициониот фонд. Во овој случај менаџмент фирмата остварува право на извесен надомест, било тој надомест да се утврдува во вид на продажна провизија или како процент од пазарната вредност на активата на фондот.

- Трето, дистрибутивните работи ( вклучувајки и промоција на фондот) се пренесуваат на некоја независна фирма. Во тој случај оваа фирма остварува надомест од продажната провизија како и провизија ос трансакциите со хартии од вредност.

Во германскиот систем, јасно е утврдено дека сите технички работи на инвестиционата компанија, мора да се извршуваат преку некоја банка која ќе ја одбере државната агенција за супервизија на вредносни хартии и финансиски пазари. Таква банка во германскиот систем се нарекува “Depotbank” и таа има задача да врши супервизија на инвестиционите менаџери.

Даниел Додевски 20

Page 21: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

7. NAT ( НЕТО ВРЕДНОСТ НА АКТИВА)

За да може докрај да се разберат информациите за перформансите на инвестиционите фондови, мора подетално да се разработи нивната суштина, нивниот начин на работа, приходите и останатите карактеристики. Еден од темелните параметри на инвестиционите фондови воопшто, претставува нето вредноста на активата NAV.

Таа може да се третира како вредност која реално и припаѓа на една акција на фондот. Цената по која се врши купување или продавање на акции кај отворените фондови одговара на пазарната вредност на портфолиото на хартии од вредност со кои фондот располага. Таа цена на акциите се одредува врз основа на споменатата нето вредност на активата ( NAV net assets value) по една акција. Активата на отворените инвестициони фондови се состои од голем број на финансиски инстументи кои го сочинуваат портфолиото на фондот. Таа се менува секој работен ден, паралелнио со промените на цените на финансиските инструменти кои го сочинуваат портфолиото. За да може да се премета NAV, се земаат цените на хартите од вредност кои се наоѓаат во портфолиото на фондот и тоа на крајот од работниот ден т.е на затварањето на берзата на кои котираат и кои важат до крајот на следниот работен ден. Со множење на тие цени со количината т.е со бројот на хартите од вредност кои се наоѓаат во портфолиото на фондот и со собирање на останатите видови на актива ( готовина, краткорочни хартии итн.) се добива вкупната вредност на активата на фондот. Потоа се одбиваат обврските на фондот и тоа се дели со бројот на акциите на фондот.

NAV се одредува на следниот начин:

1. Готовина која ја поседува фондот 1002. Пазарна вредност на хартите од вредност 900

3. Вкупна пазарна вредностѕ на акциите на фондот (TVA) 10004. Обврски(пасива) на фондот (P) 120

5. Нето вредност на активата 880 се дели со6. Број на емитувани акции на фондот (N) 100

7. NAV 8,8

Одредување на нето вредност на актива на отворенинвестиционен фонд –NAV 3

Целата пресметка на NAV може да се претстави во облик на формула, притоа важни се три големини, како:

1. Пазарната вредност на активата на фондот (TVA) која с одредува по формула- Сума од цените на сите хартиите од вредност поммножено со бројот на хартии

3 NAV – net asset value

Даниел Додевски 21

Page 22: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

од вредност со кои фондот располага плус износот на готовина со кои фондот располага.Претпоставуваме дека тоа изнесува 1000 парични единици.

2. Износ на обврски( пасива- P) која мора да се одземе од вкупната пазарна вредност на активата.Претпоставуваме дека обврските изнесуваат 100 парични единици

3. Разликата од претходните две вредности претставува нето вредноста на активата која мора да се подели со бројот на емитуваните акции во моментот ( t ).

Земајки ги во предвид трите наведени големини, ја добиваме формулата за пресметување на NAV:

NAVt = (TAVt - Pt) / Nt

Во нашиот пример вредноста на NAV би изнесувала 8,8 (количник од 880 нето актива и 100 емитувани акции). Посебно треба да се истакне дека бројот на емитувани акции – Nt се менува во зависност од обемот на купување и продавање на акции од отворениот фонд.

Даниел Додевски 22

Page 23: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

8. ПРОВИЗИЈА

Инвестиционите фондови ги финансираат своите трошоци преку провизијата која ја наплаќаат од инвеститорите ( купувачите на акции од инвестиционите фондови). Износот на провизијата се одредува така да бидат покриени трошоците за портфолио менаџментот, трансакционите трошоци кои фондот ги има на финансиските пазари и трошоци за реклама кои се доста високи кај отворените инвестициони фондови. Во американската пракса постоја три на чини за покривање на провизијата:

- Најчесто применувана варијанта е таа каде што инвестициониот фонд наплаќа провизија кога индивидуалните инвеститори купуваат акции од инвестициониот фонд. Со секое купување на акции инвеститорите плаќаат целосна пазарна цена на активата на фондот, пресметана на една акција, плус провизија. За извршување на купопродажба на акции инвестиционите фондови може да ангажираат и брокерска куќа. Цените на акциите на отворените инвестициони фондови котираат по принцип на котациониот распон кои подразбира постоење на две цени – цени кои се нудат и цени кои се бараат ( bid-offer). Bid претставува цена по која инвестициониот фонд е спремен да ги откупи акиите од инвеститорите. Од друга старана се offer или ask, т.е тоа е цена по која фондот ги нуди своите акции на продажба. Доколку купувачот на акции од отворен инвестиционен фонд подоцна ги продаде акциите од фондот, тој ја добива полната цена на чинење на акциите. Максималната висина на провизијата во американскиот систем е лимитирана од страна на државната агенција за контрола на финансиските системи ( SEC ), така што во пракса провизијата се движи максимум 8,5%( за мали износи) до 1% за големи износи (пр.преку 500.000 американски долари). Инвестиционите фондови кои наплаќаат провизија при купувањето на акции од страна на инвеститорите се нарекуваат “load funds”.

- Другиот модалитет се состои во тоа, провизиите не се наплаќаат при купување на акции од фондот од страна на инвеститорите туку тие се наплаќаат подоцна на друг начин. Провизијата се наплатува во полн износ, само доколку инветиторот ги продаде акциите од фондот по одреден временски период после купувањето ( пр. после една година) со тоа што провизијата се намалува колку што е подолг периодот на држењето на акциите од страна на инвеститорот. Некои фондови наплаќаат провизија само кога вршат откуп на акции од сопствениците. Станува збор за т.н back and load funds. Износот на провизија кај таквите фондови се движи помеѓу 4% и 6%.

- Третиот модалитет во американската пракса е да се плаќа провизија во износ од 1,25% на просечната пазарна вредност на акциите. Во овој случај провизијата се наплаќа секоја година додека инвеститорот има во сопственост акции од инвестициониот фонд.

Висината на провизијата зависи и од типот на инвестициониот фонд, во зависност од тоа дали се работи за инвестиционен фонд кои своите пласмани ги држи исклучиво во акции или исклучиво во обврзници. Бидејки акциите покажуваат значително повеќе осцилации во поглед на пазарната цена, потребна е многу повеќе аналитичка работа за да се обезбеди оптимална комбинација на акции во портфолиото на инвестициониот фонд. Цената на оврзниците инверзно осцилира во однос на пазарните каматни стапки, па со оглед на тоа за нив е потребна помалку аналитичка работа. Затоа провизиите за

Даниел Додевски 23

Page 24: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

инвестиционите фондови кои своите пласмани ги држат во акции се поголеми во споредба со инвестиционите фондови кои своите средства ги пласираат во обврзници. Пример, во Австралија провизијата за купување акции од инвестициони фондови кои пласираат средства во обврзници изнесува 2%-3%, а кај инвестиционите фондови кои ги пласираат средствата во акции провизијата изнесува 3%-5%.

Инвестиционите компании по правило располагаат со повеќе инвестициони фондови, предноста на ваквиот организационен модел се состои во тоа што индивидуалните инвеститори имааат можност да ги менуваат инвестиционите фондови во рамките на “чадорот” без да плаќаат провизија. Така на пример, индивидуалниот инвеститор може да излезе од инвестициониот фонд кој пласира средства во акции и да влезе во инвестиционен фонд кои пласира средства во обврзници и притоа да не плати никаква провизија, бидејки провизијата е претходно платена при купувањето на акции од инвестиционата компанија.

Даниел Додевски 24

Page 25: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

9. ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

9.1 Законска рамка

Работењето на инвестиционите фондови во Р.Македонија е регулирано со посебен Закон за инвестициски фондови4. Во март 2007 година, донесен е Законот за изменување и дополнување на законот за инвестициони фондови. Со овие измени се изврши намалување на основната главнина потребна за основање на отворен и затворен инвестиционен фонд, од 2.000.000 ДЕМ на 500.000 евра. Исто така се извршено е и намалување на основната главнина која е потребна за основање на друштво за управување со инвестиционен фонд која изнесува 100.000 евра, а за секој нов инвестиционен фонд основната главнина се зголемува за 50.000 евра. Дополнителна измена која е направена со овој закон е и давањето на можност за основање на нов вид на инвестициони фондови, поточно приватни фондови. За основање на приватен фонд не е потребно добивање на одобрение од Комисијата за хартии од вредност . Прибирањето на парични средства во приватните фондови ќе се врши преку приватна понуда наменета на однапред таргетирани инвеститори. Во приватните фондови инвестираат добро информирани инвеститори како што се банки, пензиски фондови, осигурителни компании, државата директно или преку владини агенции, корпоративни инвеститори-фирми и сл. За разлика од другите друштва за управување со инвестициски фондови, друштвата кои раководат со приватните фондови треба да имаат основна главнина од 50.000 евра, а за секој нареден уште по 25.000 евра. Контролата е особено важна активност заради заштита на правата на инвеститорите, за правната сигурност на пазарот на хартии од вредност и за јакнење на довербата на инвеститорите во институциите на пазарот на хартии од вредност.Согласно Законот за инвестициски фондови, главен регулатор на пазарот на инвестициските фондови - со исклучок на приватните фондови е Комисијата за хартии од вредност. Таа врши контрола на инвестициските фондови, друштвата за управување со инвестициски фондови и депозитарната банка. Контролната функција на Комисијата за хартии од вредност започнува со давање на одбрение за основање на друштвата за управување со инвестициски фондови и инвестициските фондови, потврдување на проспектот и продолжува во текот на целокупното работење.Контрола на сметката на инвестициските фондови ја врши депозитарна банка, која претставува чувар на имотот на фондот.

9.2 Перформанси на инвестициските фондови

Пазарот на хартии од вредност како дел од финансискиот сектор и покрај зголемен интерес и обем на тргување сеуште е недоволно развиен и далеку од меѓународните пазари на капитал. Пошироката популација сеуште не е доволно информирана, нема доволно познавања за работењето на инвестициските фондови, што придонесува и понатаму доминантни вложувачи да бидат корпоративните вложувачи, додека поединците голем дел од своите средства сеуште ги чуваат во банкарски депозити.

4 www.pravo.org.mk

Даниел Додевски 25

Page 26: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Додека во светот постои огромниот интерес, сепак отворените фондови во Р.Македонија не успеаа да го привлечат доволно вниманието на домашните инвеститори. И покрај тоа што законските прописи кои го регулараат овој сегмент од пазарот на капитал беа донесени уште 2000 ‐ тата година, сепак првите друштва за управување беа основани дури во 2007 година (заедно со настанатите измени во Законот за инвестициски фондови).

Р.Македонија беше меѓу последните земји во регионот која немаше инвестициони фондови. Иако изминаа повеќе од две години од нивното основање, сепак оваа индустрија се наоѓа на самиот почеток од својот развој.

Во 2010 год. во Р.Македонија функционираат:

- 4 друштва за управување со отворени инвестициски фондови- 6 отворени инвестициски фондови- 8 друштва за управување со приатни фондови- 13 приватни фондови

9.3 Проспект – основа за избор на инвестициски фонд

Една од најважните работи при избор на фондот за потенцијалните инвеститори е Проспектот на фондот. Во проспектот на фондот се дадени целите на фондот, инвестициските политики на фондот, неговото управување, провизиите при влез или излез од фондот, надоместоците кои се на товар на фондот, фунционирањето на фондот во изминатиот период и други значајни работи за фондот.Проспектот на фондот ги објаснува програмите и политиката која се води од старана на управителите за постигнување на целта на вложување. Врз основа на инвестициската политика на фондот може да се определи или пак може во самиот проспект да биде дадена очекуваната стапка на принос на фондот, а исто така и очекуваниот ризик.

10. ЗАКЛУЧОК

Даниел Додевски 26

Page 27: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

Значењето на институционалните инвеститори, посебно на инвестиционите фондови се гледа во нивното се поголемо учество во финансиската актива на земјите со развиени финансиски пазари. Конкурентноста на фондовите се гледа со преминот на штедењето од класично банкарско штедење во инвестиционо, пред се поради повисокиот принос кои фондовите можат да им го понудат на своите сопственици.

Динамичниот раст го карактеризираат следните фактори:

- фондовите можат да дадат релативно повисоки стапки на принос(повисок од орочените штедни депозити и депозити по видување)

- релативно повисоки стапки на сигурност ( ко проилегува од диверзификацијата на портфолиото)

- релативно повисок степен на ликвидност( акциите на фондот можат да се продат)

Со тоа тие се катализатори на штедењето кон инвестирање во финансискиот систем на земјите со развиени финансиски пазари, и заземаат се поголемо учество во рамки на финансискиот систем.

Иако за инвестициските фондови во Македонија се уште не се знае доволно, сепак се зголемува интересот за нив кај домашните компании, но уште повеќе кај граѓаните. Сепак, пред да се инвестира, се прават повеќе анализи и стручни совети. Прв предизвик со кој се соочуваат инвестициските фондови е како да ја придобијат довербата на граѓаните, кои по правило се најбројни инвеститори преку фондовите. Вложувањето во инвестициските фондови е еден вид долгорочно штедење кое може да донесе значително поголеми приноси.Во инвестициските фондови се слеваат парите на поединечните инвеститори, кои купуваат удели. Така прибраните средства потоа се вложуваат во различни хартии од вредност. Покрај во Р. Македонија паритеможат да се пласираат и во други земји, во зависност од оценката на инвестициските експерти. Практично, тоа е и главната предност на инвестициските фондови, бидејќи преку пласирањето во разни акции, всушност, се намалува ризикот од загуба на пазарот на капитал. За уплатените пари граѓаните или фирмите добиваат документ за удели кои значат учество во дел од имотот на инвестицискиот фонд.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Даниел Додевски 27

Page 28: seminarska - Finansiski pazar

Инвестициони фондови како институционални инвеститори

1. Мr. Buric Z. , 1998 “ Institucionalni investitorina finansijskom trzstu”, Beograd2. Dr. EricD. 2003 “Finansijska trzista I instrumenti”, Beograd3. Тихомир Јовановски 1994 “Финансиски пазар, Економски центар” Скопје4. www.pravo.org.mk 5. Министерство за финансии www.finance.gov.mk6. Mакедонска берза за хартии од вредност

Даниел Додевски 28