5
СОВРЕМЕНИ И НАЈНОВИ ТЕХНОЛОГИИ Новите технологиии се среќаваат постојано во човековиот живот. Нешто што порано било невозможно, сега е дел од нашето секојдневие. Желбата на човекот да постигне што повеќе, резултирала со наглиот развој на тех-нологијата, а тоа најмногу се гледа во комуникацијата меѓу човекот и комп-јутерот. Комуникацијата човек – компјутер (Human-Computer Interface, HCI) е овозможена со било кој софтвер или хардвер кој на корисникот му овозможува да комуницира со компјутерот. Тоа широко поле за истражување и развој со цел да се дизајнираат нови и помодерни начини на комуникација. Освен тоа, битни услови се едноставноста на користењето и употребната вредност при што мора да се има и современ изглед. Затоа HCI опфаќа и други полиња како што се човечкиот фактор, ергономијата, когнитинвата психологија, инженерството и науката за компјутерите (графички околини, софтверски алатки и сл.). Една од главните карактеристики е употребната вредност и функционалноста на самиот производ. Touchscreen Секојдневно се среќаваат монитори кои имаат способност да реагираат на допир на прстот кога ќе се помине по него. Тоа се touchscreen монитори. Има три основни начини на кој се препознава допирот: отпорнички, капацитивен и површински. Кај отпорничкиот начин на работа контактниот дел е составен од два слоја: проводнички и изолациски метален слој меѓу кои тече струја. Кога корисникот ќе го допре мониторот, меѓу слоевите во одредена точка се формира контакт. Доаѓа до промена на електричното поле во таа точка, па преку координатите на таа точка со одреден алгоритам се одредува која операција која ја задал корисникот. Кај капацитивниот начин слојот кој содржи електричено полнење се наоѓа на стаклената површина на мониторот. Кога корисникот ќе го допре мониторот, доаѓа до промена на количеството на полнење (електричното полнење оди кон корисникот), па се намалува количеството на електричното полнење на површината. Хардверот во аглите на мониторот го мери количеството на полнењето и така се одредува која точка е допрена. Површински звучен бран – сместени се два конвертори на х и у оската на мониторот. Тука има и рефлектори кои ги рефлектираат електричните сигнали од едниот конвертор на другиот. Конверторот што прима сигнали може да одреди дали сигналот е добиен од допир за да го лоцира. Овај дизајн на контектниот дел нема метални слоеви, но има проток на светлина и голема јасност на сликата. 1

sovremeni tehnologii

Embed Size (px)

DESCRIPTION

12

Citation preview

Page 1: sovremeni tehnologii

СОВРЕМЕНИ И НАЈНОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Новите технологиии се среќаваат постојано во човековиот живот. Нешто што порано било невозможно, сега е дел од нашето секојдневие. Желбата на човекот да постигне што повеќе, резултирала со наглиот развој на тех-нологијата, а тоа најмногу се гледа во комуникацијата меѓу човекот и комп-јутерот.

Комуникацијата човек – компјутер (Human-Computer Interface, HCI) е овозможена со било кој софтвер или хардвер кој на корисникот му овозможува да комуницира со компјутерот. Тоа широко поле за истражување и развој со цел да се дизајнираат нови и помодерни начини на комуникација. Освен тоа, битни услови се едноставноста на користењето и употребната вредност при што мора да се има и современ изглед. Затоа HCI опфаќа и други полиња како што се човечкиот фактор, ергономијата, когнитинвата психологија, инженерството и науката за компјутерите (графички околини, софтверски алатки и сл.). Една од главните карактеристики е употребната вредност и функционалноста на самиот производ.

TouchscreenСекојдневно се среќаваат монитори кои имаат способност да реагираат на

допир на прстот кога ќе се помине по него. Тоа се touchscreen монитори. Има три основни начини на кој се препознава допирот: отпорнички, капацитивен и површински.

Кај отпорничкиот начин на работа контактниот дел е составен од два слоја: проводнички и изолациски метален слој меѓу кои тече струја. Кога корисникот ќе го допре мониторот, меѓу слоевите во одредена точка се формира контакт. Доаѓа до промена на електричното поле во таа точка, па преку координатите на таа точка со одреден алгоритам се одредува која операција која ја задал корисникот.

Кај капацитивниот начин слојот кој содржи електричено полнење се наоѓа на стаклената површина на мониторот. Кога корисникот ќе го допре мониторот, доаѓа до промена на количеството на полнење (електричното полнење оди кон корисникот), па се намалува количеството на електричното полнење на површината. Хардверот во аглите на мониторот го мери количеството на полнењето и така се одредува која точка е допрена.

Површински звучен бран – сместени се два конвертори на х и у оската на мониторот. Тука има и рефлектори кои ги рефлектираат електричните сигнали од едниот конвертор на другиот. Конверторот што прима сигнали може да одреди дали сигналот е добиен од допир за да го лоцира. Овај дизајн на контектниот дел нема метални слоеви, но има проток на светлина и голема јасност на сликата.

Touch screen

1

Page 2: sovremeni tehnologii

Multi-touchПотсетува на touch screen кој може да препознае повеќекратни симултани

допирни точки, како притисок, независност на допирите и позицијата. Препознава гестови и интеракција на повеќе прсти и раце. Во зависност од големината на мониторот, некои уреди овозможуваат повеќе од еден корисник да работат на нив.

Multi touch

Техника без допирИако touchscreen мониторите се повеќе се користат, се појави и нов начин

на комуникација кој што реагира без допир. Ова би се користело најмногу во медицината при операциите. Значајно е тоа што сензорите на овој дисплеј читаат движења оддалечени до 15 цм од мониторот. Потоа софтверот што е вграден во овој уред ги преведува движењата во команди. Се користат заедно со екраните кои реагираат на допир а за работа користат повеќе инфрацрвени сензори кои ќе ја одредуваат релативната положба на прстите, рацете или други објекти во однос на уредот со мерење на количината на светлина на различни позиции на екранот.

Техника без допир

2

Page 3: sovremeni tehnologii

3D display3Д дисплејот на корисникот му овозможува да гледа тридимензионална

слика. Постојат повеќе видови на 3Д дисплеи: а) стереотипски слики или 3Д слика – техника која овозможува создавање

на илузија на длабочина на сликата. Илузија на длабочина на фотографија, филм или било која друга дводимензионална слика се создава така што сликата му се прикажува на секое око во две различни локации. Мозокот добива впечаток дека сликата ја гледа во длабочина односно тридимензионално. Во оваа техника се користат наочари.

б) автостереотипски 3Д дисплеи работат на начин каде не се потребни наочари.

3D display

Сензорска ракавицаЕ интерактивна направа, слична на обична ракавица која овозможува

распознавање и контрола на движењата во роботиката и виртуелниот свет. Сензорските ракавици се пример за електромеханички направи со апликации кои препознаваат допир. Апликациите за допир вклучуваат симулација на препознавање на притисок, слика, температура и површина. Способноста за контрола на движењата вклучува користење на сензори за определување на движењата на раката и прстите на корисникот и нив ги претвора во сигнали кои понатаму ги имитира виртуелна рака или рака од робот.

Сензорска ракавица

3

Page 4: sovremeni tehnologii

ХолографијаХолографија е техника која овозможува да се фотографира предмет со

тоа што еден ласерски зрак ќе се раздели на два посебни. Првиот зрак се одбива од предметот што се фотографира, а тогаш на вториот му се дозволува да се судри со рефлектираната светлина од првиот. Кога ќе се случи тоа, тие создаваат интерференциски ефект, кој се снима на парче филм. Кога низ таквиот филм ќе помине ласерски зрак, се појавува тродимензионална слика на предметот што бил фотографиран, наречена холограм. Тродимензионалноста на таквите слики е застрашувачки уверлива. Холографијата овозможува нов принцип на работа на компјутерите на база на оптички мемории. Со помош на холографијата со сноп на електрони е снимена и внатрешноста на атомот. Е сложена и скапа постапка и се применува само кога со други методи не може да се постигнат подобри резултати.

Heliodisplay

Овој уред не користи холографска техника но визуелно има многу сличен ефект. Тоа е интерктивен планарен приказ (зраците не се сечат,а рамнината е поделена на повеќе затворени области) со кој тридимензионални статични или подвижни слики се прикажуваат во просторот без видлива позадина. Важно е да се знае дека не станува збор за тридимензионален приказ, туку прикажување на тридимензионален објект во две димензии. Уредот прво емитува „невидлив ѕид“ а потоа се проектира сликата. Дисплејот може да биде интерактивен односно сликата да реагира на „допир“. Во базата на уредот е вградена камера со висока резолуција која ги снима движењата. Уредот за движења ги интерпретира движењата и ги преведува во паралелно поместување на сликата на дисплејот. Ако позадината на приказот е потемна квалитетот на сликата е подобар. Се очекува да се користи на саеми, рецепции, луксузни канцеларии, музеи, телеконференции. Може да се замисли како екран што лебди осетлив на допир.

4

Page 5: sovremeni tehnologii

5